Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПРОТЕСТИТЕ НА ОПОЗИЦИЈАТА ВОВЕД ВО ДЕМОКРАТИЈА ИЛИ ВОВЕД ВО ХАОС!!!???
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(26-01-2013, 02:21 PM)ЈорданПетровски Wrote:

Прво ги истераа новинарите од салата,за да не снимаат кога потоа ги “ замолуваа“ пратениците на СДСМ да ја напуштат собраниската сала.

27-01-2013, 08:31 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

27-01-2013, 01:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Иванов предлага формирање експертска комисија за „24 декември“

Од Кабинетот на претседателот соопштија дека писмото со иницијативата е испратено до Вељаноски, Груевски и Црвенковски

Претседателот на Република Македонија Ѓoрге Иванов, донесе одлука да поведе иницијатива за формирање објективна непартиска експертска комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември 2012 година, во и пред Собранието на Република Македонија, но и за настаните кои претходеа.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, писмото со иницијативата е испратено до претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, до премиерот Никола Груевски и до претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.

- Република Македонија се наоѓа во еден исклучително значаен период поврзан со реализацијата на поставените стратешки цели. Последниот заклучок на Европскиот совет, иако не ги исполни нашите очекувања, сепак претставува перспектива за следниот чекор во евроинтеграцијата, добивање датум за почеток на пристапните преговори. Настаните кои претходеа, но кулминираа на 24 декември 2012 година во и пред Собранието на Република Македонија, претставуваат предизвик на овој пат, на кој како држава мора да дадеме одговор, наведува претседателот Иванов во писмата упатени до Вељаноски, Груевски и Црвенковски..

Во него додава дека е потребно сите заедно да вложиме максимални напори да ја исправиме негативната слика која се создаде за Република Македонија. - Во таа насока, повикувајќи се на нашата последна средба со комесарот Штефан Филе, имајќи ги предвид државните и интересите на нашите граѓани, одлучив да иницирам формирање на објективна непартиска експертска комисија која ќе има мандат да ги утврди фактите за споменатите настани. Во овој момент не гледам не можам да видам друг начин за утврдување на фактите и објективно согледување на ситуацијата. Предизвиците кои ни се наметнаа како на држава и кои стојат на патот на напредокот мора да се надминат, за да не се остварат замисли за нашата иднина кои, никому, кој го посакува најдоброто за Република Македонија не му одат во прилог, наведува претседателот во писмата.

Според иницијативата, Комисијата ќе има пет членови, од кои еден експерт ќе биде предложен од претседателот на државата, еден од владејачкото мнозинство, двајца од опозицијата и еден странски експерт без право на глас кој би бил предложен од претседателот на Собранието. Претседателот на комисијата би бил предложен од шефот на државата, но избран со консензус. Комисијата ќе има единствено мандат да ги утврдува фактите за настаните од 24 декември 2012 година, но и настаните кои претходеа на тој ден.

Претседателот се надева дека предлогот ќе биде прифатен и ќе бидат предложени експерти како членови на комисијата од страна на претседателот на Собранието, на Владата и лидерот на СДСМ.

Quote:Црвенковски го одби предлогот на Иванов за експертска комисија

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, попладнево го одби предлогот на претседателот Ѓорѓе Иванов да се формира експертска комисија која ќе ги утврди настаните на 24 декември и претходно.

„Вашиот предлог за формирање „експертска комисија“ за утврдување на фактите го оценуваме како уште еден обид да се одложи соочувањето на актуелната власт со сопствената одговорност, и затоа за нас е неприфатлив. Ниту на домашната, ниту на меѓународната јавност не им се потребни комисии за да се утврдат фактите, бидејќи снимките со вистината за прекршување на процедурите, Деловникот, Законите и Уставот и суспендирањето на македонската демократија веќе го обиколија светот“, напиша Црвенковски во писмото до Иванов.
Тој притоа уверува дека кај СДСМ постои искрена политичка волја заеднички да ги утврдат и реализират сите предуслови за одржување слободни и фер предвремени парламентарни избори како прв неопходен чекор за нормализирање на односите и враќање на демократијата во земјата.

Иванов денеска претпладне упати писмо до Црвенковски, до премиерот Никола Груевски и до претседателот на СОбранието, Трајко Вељаноски, во кое иницира формирање непартиска експертска комисија која ќе ги расчисти настаните од 24 декември во Собранието.
„Се согласувам со вас дека сите заедно треба да вложиме напори да ја вратиме земјава на вистинскиот пат, бидејќи Република Македонија после „црниот понеделник“ се наоѓа во длабока политичка криза. Ниту еден политички одговорен субјект не смее да стане соучесник во очигледното сценарио, според кое, настаните пред и за време на 24 декември, треба да се прикажат во поинакво светло, или да се прикријат на одредено време. Наш заеднички интерес како одговорни политичари е да сториме сé што е во наша моќ, да не дозволиме од кого било и во каква било друга форма, никогаш повеќе да не ни се повтори „црниот понеделник“ и да биде доведена во прашање демократијата како цивилизациска вредност и достигнување.
Оттука, здружената опозиција „Сојуз на иднината“ изминатиов период нагласува дека е неопходно да се направат напори за постигнување политички договор со кој ќе се избегне понатамошно продлабочување на политичката криза“, додава Црвенковски во одговорот на писмото на Иванов.
27-01-2013, 05:16 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(27-01-2013, 01:56 PM)ЈорданПетровски Wrote:

Јас избројав само 356 присатни. КУРИР тоа ке го потврдиSmajlito Друго што забележав е непостоење на знамето од Кутлеш ( 16-крако знаме на Античките Македонци). Ова јасно укажува на разнишаниот и поделен идентитет на современиот Македонец. Некои својот идентитет го поврзуваат со Античките Македонци, а некои само со Словените. А, се вели дека географската одредница на името Македонија, дефинитивно, ке го смени идентитетот на современиот Македонец. Ама, не кажуваат кој идентитет ке се смени? На оние кои мавтаат со античкото знаме, или на оние со државното знаме.

27-01-2013, 05:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Демократскиот дострел е сеуште СТАПОТ. Da_ne_si_ludDa_ne_si_ludDa_ne_si_ludDa_ne_si_ludDa_ne_si_lud
27-01-2013, 05:44 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(27-01-2013, 05:44 PM)ЈорданПетровски Wrote:

Демократскиот дострел е сеуште СТАПОТ. Da_ne_si_ludDa_ne_si_ludDa_ne_si_ludDa_ne_si_ludDa_ne_si_lud

Стевче ништо не згрешил. Тој само ја повтори онаа библиската: око за око-заб за заб. Сепак, мислам дека беше кажано на симболичен начин. Нели после завршетокот на 2-та Световна војна, на пример, имаше судски процеси за носителите на злото на таа војна! Или тоа беше недемократска постапка??Pishtoldzija

27-01-2013, 06:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(27-01-2013, 06:11 PM)hristo Wrote:

Христо, Стевче не повикува на СУДСКА ПОСТАПКА. Како што ни Груевски не овозможи да се поведе судска постапка против злосторите на тоталитаризмот.
СТАПОТ е инструмент на диктаторски режими. Стевче само потврди дека нема во ништо да се разликуваат од Гуевски.
27-01-2013, 06:37 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(27-01-2013, 06:37 PM)ЈорданПетровски Wrote:

Јордан, во светот на надреализам и симболизам секој конзумент на тие уметнички творби , си ги објаснува или разбира тие дела на свој начин.

27-01-2013, 07:11 PM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0

(27-01-2013, 07:11 PM)hristo Wrote:
(27-01-2013, 06:37 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(27-01-2013, 06:11 PM)hristo Wrote:
(27-01-2013, 05:44 PM)ЈорданПетровски Wrote:

Демократскиот дострел е сеуште СТАПОТ. Da_ne_si_ludDa_ne_si_ludDa_ne_si_ludDa_ne_si_ludDa_ne_si_lud

Стевче ништо не згрешил. Тој само ја повтори онаа библиската: око за око-заб за заб. Сепак, мислам дека беше кажано на симболичен начин. Нели после завршетокот на 2-та Световна војна, на пример, имаше судски процеси за носителите на злото на таа војна! Или тоа беше недемократска постапка??Pishtoldzija

Христо, Стевче не повикува на СУДСКА ПОСТАПКА. Како што ни Груевски не овозможи да се поведе судска постапка против злосторите на тоталитаризмот.
СТАПОТ е инструмент на диктаторски режими. Стевче само потврди дека нема во ништо да се разликуваат од Гуевски.

Јордан, во светот на надреализам и симболизам секој конзумент на тие уметнички творби , си ги објаснува или разбира тие дела на свој начин.

Jordan vlasta da go koristi stapot kako institucionalizirano i ozakoneto sredstvo, preku legalni bugetski pari ,preku reket , preku sud,obvinitelstvo i sto ne.
A opozicioner ne smee da kaze i verbalno za stapot , e kako da se podigne i dade malku hraborost na uceneti i uplaseni od 2006 navamu.

Islusaj go general Stojance Angelov doagaat pozeski denovi.
27-01-2013, 07:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

[Image: kolona1.jpg]

На профилот на Фејсбук на извесен Богац Олабајме е објавена фотографијава на која се гледа целата колона составена од учесниците на протестниот марш што го организираше денеска здружената опозиција во Скопје.

Според него, на фотографијата најлево крајот е спроти „Веро 2“, а најдесно е почетокот на новиот Цветен пазар, кај зградата на „Нова Македонија“.
27-01-2013, 10:29 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(27-01-2013, 10:29 PM)ЈорданПетровски Wrote: [Image: kolona1.jpg]

На профилот на Фејсбук на извесен Богац Олабајме е објавена фотографијава на која се гледа целата колона составена од учесниците на протестниот марш што го организираше денеска здружената опозиција во Скопје.

Според него, на фотографијата најлево крајот е спроти „Веро 2“, а најдесно е почетокот на новиот Цветен пазар, кај зградата на „Нова Македонија“.

Абе, точно 356 како што кажав, а која бројка ке ја потврди КУРИРSmajlito

28-01-2013, 08:37 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(27-01-2013, 05:16 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Иванов предлага формирање експертска комисија за „24 декември“

Од Кабинетот на претседателот соопштија дека писмото со иницијативата е испратено до Вељаноски, Груевски и Црвенковски

Претседателот на Република Македонија Ѓoрге Иванов, донесе одлука да поведе иницијатива за формирање објективна непартиска експертска комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември 2012 година, во и пред Собранието на Република Македонија, но и за настаните кои претходеа.

Quote:Црвенковски го одби предлогот на Иванов за експертска комисија

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, попладнево го одби предлогот на претседателот Ѓорѓе Иванов да се формира експертска комисија која ќе ги утврди настаните на 24 декември и претходно.

„Вашиот предлог за формирање „експертска комисија“ за утврдување на фактите го оценуваме како уште еден обид да се одложи соочувањето на актуелната власт со сопствената одговорност, и затоа за нас е неприфатлив. Ниту на домашната, ниту на меѓународната јавност не им се потребни комисии за да се утврдат фактите, бидејќи снимките со вистината за прекршување на процедурите, Деловникот, Законите и Уставот и суспендирањето на македонската демократија веќе го обиколија светот“, напиша Црвенковски во писмото до Иванов.

Quote:ЕК ја поддржува иницијативата на Иванов

[Image: Peter-Stano.jpg]

Европската комисија целосно ја поддржува иницијативата на претседателот Ѓорѓе Иванов за формирање на експертска група што ќе ги разгледа околностите за настаните на 24 декември минатата година и ги повикува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ внимателно да го разгледаат овој предлог. Ова е пораката што во име на Комисијата денеска ја соопшти Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за прошриување Штефан Филе.

- ЕК целосно ја поддржува иницијативата и ги повикуваме двете страни внимателно да ја разгледаат, бидејќи мислиме дека е многу важно да се истражат и анализираат настаните што претходеа, што донесоа и следеа по настаните во и околу Парламентот тој ден. Ние сметаме дека работата на таквата комисија треба да биде независна, непристрасна и базирана на европските стандарди, земајќи предвид меѓународна експертиза за она што ќе го констатира за тоа да биде објективно, изјави Стано за дописникот на МИА од Брисел.

Според гласноговорникот на Европската унија, многу е важно дека препораките и заклучоците од работата на таквата комисија ќе бидат земени предвид и од страна на Европската комисија во подготовката на пролетниот извештај за Македонија.

- Тоа значи дека резултатите од работата на оваа експертска група нема да завршат под тепих, потенцира Стано.
28-01-2013, 03:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(28-01-2013, 03:35 PM)ЈорданПетровски Wrote:

Quote:СДСМ до ЕК: Експертската комисија нема смисла без претходен договор за предвремени избори

Во врска со денешната изјава на Петар Стано, портпарол на еврокомесарот Штефан Филе, СДСМ го соопштува следниот став:

Ги поздравуваме и имаме целосно разбирање за напорите кои од името на Европската комисија, ги вложува еврокомесарот Филе за изнаоѓање на решение за излез од политичката криза во Република Македонија.

После „црниот понеделник“, Македонија се наоѓа во длабока политичка криза за чиј излез е потребен политички договор за слободни и фер предвремени парламентарни избори, кои ќе го обноват изгубениот легитимитет на Собранието и ќе го повратат демократскиот капацитет на сите државни институции.

Иницијативата за формирање на „експертска комисија“ што би требало да ги разгледа околностите за настаните на 24 декември, нема никаква смисла без претходен политички договор за предвремени парламентарни избори и во никој случај не е’ и не може да претставува решение за излез од моменталната политичка криза во која се наоѓа земјата.

Уште еднаш нагласуваме дека кај здружената опозиција постои искрена политичка волја заеднички да ги утврдиме и реализираме сите предуслови за да се постигне политички договор за нормализирање на односите и избегнување на понатамошно продлабочување на кризата.
28-01-2013, 05:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Груевски и Вељаноски ја заборавија титулата на претседателот

Премиерот Никола Груевски ја прифаќа иницијативата на претседателот на државата Ѓорге Иванов за формирање независна експертска комисија која би расправала за настаните од 24 декември лани. Во официјалното писмо од Кабинетот на премиерот до претседателот, Груевски наведува неколку забелешки на предлогот на претседателот кои ги нарекува „извесна доза на дискриминација за нас“. Според премиерот неправедно е тоа што двајца претставници во комисијата да ги предложи опозицијата, а само еден владејачкото мнозинство. Втората забелешка на премиерот е претставник на меѓународната заедница како член во Комисијата. „Учество на претставници на меѓународната заедница во комисии кои треба да се осврнат на домашни внатрешно политички работи не е најдобро одбран пристап за легитимација во една суверена и самостојна држава,“ му пишува Груевски на Иванов.

Сепак, за премиерот е прифатлива иницијативата на шефот на државата.

„Но сепак, и покрај овие забелешки, а имајќи го во предвид моментумот и сакајќи да покажеме конструктивност и отвореност и гледајќи ја улогата на меѓународната заедница од аспект на нејзината поддршка на интегративните процеси, а нејзиното учество во комисијата како извесен мониторинг на случувањата, ние немаме што да криеме, сме подготвени за дијалог и за расветлување на вистинските случувања, и затоа Ве информирам дека ја прифаќаме Вашата иницијатива за формирање на оваа комисија, и тоа и со вака предложениот состав во кој опозицијата има два, а владејачкото мнозинство само еден претставник,“ се вели меѓу другото во писмото од премиерот.

Премиерот Груевски, во официјалното писмо на претседателот на државата не му се обраќа со титулата, односно, како како што налага протоколот, со „Почитуван господин претседател“, туку со „господине Иванов. Но, Груевски не заборавил да ја наведе во писмото сопствената титула - претседател на Влада на РМ. Ист е случајот и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, кој на претседателот му се обраќа во писмото со „почитуван“.

28-01-2013, 05:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

28-01-2013, 11:14 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6

A Pavle Trajanov vo opozicija li e, ili e vo vladata????
29-01-2013, 01:47 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(29-01-2013, 01:47 AM)Larsson Wrote: A Pavle Trajanov vo opozicija li e, ili e vo vladata????

Во влада е. Коалиционен партнер на Грујо Icon_razz
29-01-2013, 01:50 AM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6

(29-01-2013, 01:50 AM)ЈорданПетровски Wrote:
(29-01-2013, 01:47 AM)Larsson Wrote: A Pavle Trajanov vo opozicija li e, ili e vo vladata????

Во влада е. Коалиционен партнер на Грујо Icon_razz

Znam deka e vo vladaIcon_razz Icon_razz Icon_razz ,nego mnogu mi nesto "diplomaticen" dobiv vpecatok kako i toj da e vo opozicija...Surrender
29-01-2013, 11:59 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Kога кошмарот станува јаве

На крајот нешто и за опозицијата. Пред крајот на минатата година, со отворањето на дискусиите за буџетот, опозицијата конечно ја сфати играта. Таа првпат сфати дека оваа власт не ги краде изборите на самиот ден на гласање, туку дека тоа се прави многу пред тоа. Главната алатка за таквата манипулација е буџетот или пред с` законите за нови задолжувања кои го следат истиот. Иако буџетот беше донесен на начин каков што беше, таа битка не беше залудна. Денес мислам дека настаните околу буџетот ја ставаат опозицијата во ситуација во која самата со своите одлуки ќе ја креира идната политичка разврска. Не е воопшто спорно дека опозицијата легитимно може да ги бојкотира локалните избори. Што тоа ќе значи понатаму, никој не може да предвиди. Но јас мислам дека без никаков комплекс таа треба да излезе на избори и што побрзо тоа да го објави. Таа мора на локално ниво да ја покаже својата сила и веднаш потоа да го одржи тој фамозен конгрес, од кој ќе произлезат одлуки, документи и програма со кои неизбежните предвремени парламентарни избори најдоцна наесен ќе бидат со извесна победа на опозицијата. Тоа треба да биде легендарен конгрес во кој довербата или изборот на ново раководство ќе биде најнезначајната содржина. А дотогаш, враќањето на мандатите на пратениците останува како опција која сигурно може да изврши притисок за предвремени избори. За да се покаже колку е тоа сериозна одлука во која власта се сомнева, најдобро е најнапред уште еднаш Црвенковски да се жртвува, да даде пример и најпрво тој да се откаже од пензијата и од другите привилегии (освен обезбедувањето) кои заслужено ги има стекнато на основа што некогаш ја добил довербата на народот избирајќи го за претседател на државата.

Kире НАУМОВ
07-02-2013, 12:44 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

09-02-2013, 10:30 PM
Reply