hristo
Super Moderator
     
Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation:
33
|
(24-12-2012, 02:06 PM)acko Wrote: (24-12-2012, 10:07 AM)hristo Wrote: Ацко, ако мислиш дека преку ноќ ке се создаде некоја политичка партија со вистински демократски вредности, чесна , одгворна со сите европски нишани, а народот ,пак, преку ноќ ке застане цел позади неа-грешиш? Тоа значи дека не живееш во Македонија, туку некаде далеку, можеби во Канада! Македонија како млада независна држава, без колективна меморија на државност и развиена демократија и демократска традиција, со народот каков што ние е, не може да се породи во еден политички ден, момент и да станеме како една Данска, Шведска и т.н. Демократското породување на Македонија ке е долго и со породилни маки. Тоа е процес. Тезата на Јорадан, дека само преку вистинска лустрација ке се демократизира Македонија е пуста желба. Како го замислува тоа? Овие две најголеми политички партии ке се тргнат на страна, а Јордан со бел коњ ке влезе во Скопје! А, позади него-Ацко, Христо, Гној... Таа е неостварливо. Ти, како се качуваш на 5-ти спрат, ако нема лифт? Со крилја или по скали? Јас по скали. А, видиш, Ацко, во Македонија- лифт немаме. Сакам да кажам, дека процесот на демократизирањето во РМ ке е бавен и постепен. Затоа секој чин, кој ке доведе до скалило погоре во развој на демократија во Македонија треба да се , ако не подржи, барем поздрави. Знаеш што е причина за спорот помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ или не? Спорот е обид на ВМРО-ДПМНЕ да ги прекрши уставот и деловник на Собраниието. Ако се вратиш порано, ке си спомниш како Никола Груевски беседеше- имаме мал број на пратеници и опозицијата не саботира. Биднаа избори ( 2008) и биднаа повеќе пратеници. Потоа му сметаше Претседателот. И тој го кочел. Бидна и смена на Претседателот. Дојде ептем негов човек. Безгласна буква. После му засмета Уставниот Суд. Помина и тоа. Сега Уставниот Суд не му е повеќе пречка. Па, потоа дојдоа смени во Совет за радио дуфузија. Во меѓувреме медијумите се ставија под негова контрола. Малку останаа кои поишуваат покритички кон неговата власт. Па, синдикатите, коморите, асоцијациите се ставија под контрола. Остана само опозицијата и место каде таа делува. А, тоа е Собраниео. Е, сега, се сака и тоа да се елиминира. Јас така ги гледам работите. Легитимно е право на опозиција на овој начин да реагира. Е, сега, ке почнат прикаски -зарем на тој човек ( Бранко) да се верува? Топ- тан со омразениот Љубчо Георгиевски. Е, па , Ацко, тие се на политичката сцена. Те нема тебе и тие како тебе. Седиме дома и преку форуми се правиме ем патриоти ем демократи. Тоа во РЕАЛНИОТ живот не поминува. А, пак, и ова да помине на Груевски, ке значи негова апсолутна власт. Имаше, порано, теза во КОТЛЕ дека Македонија треба да го допре дното ( крајното) и после маката да го натера народот да испили нови партии со нови погледи. Но, цената на тоа ке е голема-години на сиромаштија и безнадежност, дадатен одлив на многу млади. Ние не сме Словенци, кои на стандард кои го имаат во однос на нас, стануваат против политичките елити, барајки подобро владеење. И, тоа ке дојде, но во овој момет е неостварливо.
А, за “ Некои велат дека доколку јадеш ќотек може да ти дојде умот, па да видиме дали е вистина. “, потполно си грешка. Ако ќотекот е начин да се опаметиш, човештвото уште ке беше под власт на фараони, цареви, кралеви. Малку ли ги тепаа тие што им се спротиставуваа? Па, не ги дотепаа, туку човештвото продолжуваше во својот развој.
Христо, за какви скали и демократија зборуваш кога после сите избори во Македонија тaпкаме во место, па назадуваме, па повторно тапакаме, па демек малку ќе тргнеме, но не тргаме и се така? Дали тој твој начин на делување до сега дал резултати со бирање на единствените опции и гледање низ единствените отворени прозорци? Тој прозорец гледа и кај командант Коки, да не треба да носиме маици со натпис ’Коки херој на македонската слобода’? Или ладничко е за маици?
Неколку пати имам пишувано дека за многумина Сталин бил единствената алтернатива за Хитлер, па видовме колку се офајдија во голем дел од Европа и каква демократија и слобода добија.
Затоа не прифаќам размислувања дека постои само една алтернатива.
Јас сум против овој буџет на власта, но против сум и тоа како опозицијата ја разбира економијата. Против сум и власта на ваков начин да донесе буџет, па опозицијата има право да се буни. Иако до некаде и Груевски е во право. Навистина, што би се случило кога секоја опозиција би ги блокирала институциите? Некогаш тоа ќе биде оправдано, некогаш неоправдано, но ако таков начин стане пракса, тогаш зошто воопшто се организираат избори?
Поентата е да се донесе устав и закони со кои ќе се ограничи можноста власта да ја загрозува слободата на граѓаните и да ги уредува сите сегменти од нивниот живот. Само закони не вршат работа, затоа што и тие се менливи, затоа е потребен повеќеслоен заштитен систем од власта.
Што тоа значи во случај со буџетот? Ќе има одредено колку државата ќе може да се задолжува (дали воопшто треба да се задолжува?), тоа е решение за задолжувањето, исто се покрена и прашањето за рекламите, тие или ќе се забранат или ќе се одреди некоја минимална сума. И се така...
Тоа околу тепањето беше иронија. Но, искрено не ги разбирам двете групи. И што оечкуваш РЕАЛНО да направам? Требаше да отидам пред Комитетот во Куманово и на чело со Циц да тргнам во Скопје и да се пресметувам со приврзаниците на Груевски? Да појдам со нив и да рушам власт, да бранам Устав?
Кога видов дека на последните избори повеќе од 700 000 македонски граѓани гласаа за Грујо и за Бранко ми се смачи. Сега кога гледам дека има луѓе спремни да се тепаат за нив двајца, уште повеќе ми е мака. Немој со тоа дека едните излегле да се тепаат за слободата и демократија. Тие излегле затоа што тоа така им е наредено, утре истите ќе застанат на друга страна и ќе се тепаат да ја зашитат власта. А ти Христо и тогаш ли ќе ја прифаќаш единствената алтернатива и ќе гледаш низ единствениот прозерец? Дали тогаш ќе навиваш во тепачката за овие кои се недомократски и антиевропски ориентирани?
Не верувам дека власта е толку слаба, а опозицијата толку моќна за да на насилен пат ја превземат власта. Но, доколку би постоела таква можност, јас никогаш нема да и дадам подршка. Напротив, подобро незаконски буџет, отколку незаконска власт. Ако се случи такво нешто, тогаш Ацко ќе превземе ’реални’ чекори, а ќе видам дали и ти ќе си останеш на зборот, дека ќе застанеш до мене.
Сега читам и дека биле истерани и новинарите од галеријата. Ете уште една глупост на власта, но тоа треба да биде казнето на избори.
П.С. Христо, дали пратиш повеќе што се случува во Словенија? Таму треба да и се даде подршка на власта!!! Читав интересни анализи дека тоа што се случува во Словенија потсетува на антибирократската револуција на Милошевиќ. А многу добар беше и ставот дека ’Словенците сакаат капиталстички стандард, а комунистички систем’.
Ацко, прави партија или ке стоиш на ред да се вчлениш во партијата што ке ја правиме јас и Фетак. А, тоа што сум ветил и ке исполнам. На Јордана ке му понудиме место на Претседател на Македонија. Не гледам никој друг во МК, кој толку се посветил на македонската кауза, без да го гледа личниот интерес. А и ке биде независен. Ние и сега со него спориме, а тек кога ке биде претседател? Тогаш, ке фрчи на сите страни, но Македонија ке напредува.
|
|