Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПРОТЕСТИТЕ НА ОПОЗИЦИЈАТА ВОВЕД ВО ДЕМОКРАТИЈА ИЛИ ВОВЕД ВО ХАОС!!!???
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#41

Quote:Со тепање и влечење опозицијата исфрлена од Собранието

[Image: Screenshot_43-604x272.jpg]
Тепање, влечње, солзи. Обезбедувањето на ваков начин ги исфрли од собраниската сала пратениците од опозицијата.

Бремена пратеничка од опозицијата беше брутално исфрлена, нападната беше и пратеничката Радмила Шеќеринска и еден од поранешните претседатели на Собранието, Тито Петковски.

Ова е фашизам, ова е невидено, извикуваа револтираните пратеници кон обезбедувањето.

Откако беше избркана опозицијата беше внесен претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, кој ја започна седницата на која според најавите треба да се донесе и буџетот.
24-12-2012, 02:08 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#42


Quote:Нов скандал: Пратениците на СДСМ сосила извадени надвор од Собрание

[Image: SobranieIncidenti10.jpg&imgSize=300]

Откако ги избраа новинарите, собраниското обезбедување на сила ги избрка и пратениците на СДСМ. Репортерот на Капитал јавува дека новинарите кои стојат на скалите во Собранието виделе како повредени ги носат пратениците на СДСМ, Радмила Шеќеринска и Митре Вељановски, а на пратеникот Миле Андонов му била скината облеката. Пратеникот Стојко Пауновски изјави:
„Не влечеа и не клоцаа со нозе, не удираа“.
24-12-2012, 02:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#43

Quote:ВИДЕО: Црвенковски очекуваше поддршка, се соочи со револт

Очекуваше денес неговите симпатизери да го кренат гласот или да подготват државен удар. Црвенковски остана затекнат пред Собрание. Илјадници против него, стотици за него.

[Image: bc.jpg]

Мислеше дека ќе го крене народот против Груевски, а народот сам се крена против лидерот на СДСМ.

Ги гледаше со неверување граѓаните кои му порачаа дека е доста од него и дека е редно време да си оди.

[Image: bc1.jpg]

Црвенковски на протестот стоеше во придружба на потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски и струмичкиот градоначалник Зоран Заев. Спроти нив илјадници изреволтирани граѓани од нивната политика.


[Image: bbb.jpg]
Бранко Црвенковски денес се соочи со разликата во неговите поддржувачи и оние кои не му веруваат. Лидерот на СДСМ денес со свои очи виде што граѓаните мислат за него. Останува отворено прашањето дали ова ќе биде доволно за да се повлече од лидерската функција на опозицијата која дополнително ја турка во пропаст.
24-12-2012, 02:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#44

Quote:Почна седницата за буџетот – нема тон, нема слика, нема новинари !!!

[Image: sednica-pocna-300x198.jpg]

Почна седницата на Собранието со прва точка предлог-буџетот за 2013 година. Во Собранието не се присутни пратениците на опозицијата. Пред околу еден час и новинарите беа отстранети од галеријата на собраниската сала со образложение дека нема да има седница.
Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници бара итно да им се овозможи непречен пристап на колегите во Собранието за да можат да ги извршуваат своите професионални задачи. Затворање на собраниска седница и насилно исфрлање од страна на полицијата и обезбедувањето на новинарските екипи од вообичаените просториите од каде се следат седниците на парламентот значи нивно попречување на работата и нивниот професионален ангажман а воедно значи забрана за вистинито и објективно информирање за настаните кои ја засегаат јавноста.
Работата на собраниските известувачи е нивна професионална обврска и задача и поради тоа ги повикуваме институциите да им овозможат на новинарите, снимателите и фоторепортерите да им овозможат да ја извршуваат својата работна задача. Исфрлањето на новинарските екипи од парламентот во моментот кога таму се случува настан од интерес на јавноста е досега непознат преседан за новинарската професија. Доколку на медиумите не им биде овозможено непречено да ја извршуваат својата работна задача ССНМ ќе ги информира сите релевантни домашни и меѓународни организации за заштита на новинарите . Воедно ги повикуваме колегите да информираат професионално, точно и вистинито во интерес на јавноста и граѓаните.
24-12-2012, 02:23 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#45

(24-12-2012, 01:18 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(24-12-2012, 09:21 AM)hristo Wrote:
(23-12-2012, 11:35 PM)ЈорданПетровски Wrote: Јас сум секогаш против насилно рушење на власт. Насилното рушење на власта не ја изразува вистинската волја на народот. Bистинската волја се изразува само на фер и демократски иабори.

Да, бе, Јордане, па и за тоа се работи- за фер и демократски избори. Него, да те прашам нешто? Уште ја држиш тезата дека во Македонија владее УДБ-а и дека сите политички партии ( или скоро сите) се под нејзина контрола? Дали и ова што се случува денеска во РМ е само квази спор помеѓу двата политичка блока, или ова што го гледаме и што топрва ке го гледаме и слушаме е вистински спор, вистинско несогласување помеѓу нив, т.е. дека не е политичка местенка, за да се создаде привид на формална демократија?



После "реакциите" на Груевски за извештајот на Венецијанската Комисија немам дилема дека протестиве и контрапротестиве се дело на службите.
Независно од исходот на протестите и контра-протестите, никој не може да го избрише, потисне или заборави извештајот на Венецијанската комисија. Веројатно не веруваш дека во МК ке има постојани немири, само за да се потисне во втор план извештајот на Венецијанската комисија!?

24-12-2012, 02:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#46

Исфрлени пратеници



24-12-2012, 02:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#47

(24-12-2012, 02:32 PM)hristo Wrote:
(24-12-2012, 01:18 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(24-12-2012, 09:21 AM)hristo Wrote:
(23-12-2012, 11:35 PM)ЈорданПетровски Wrote: Јас сум секогаш против насилно рушење на власт. Насилното рушење на власта не ја изразува вистинската волја на народот. Bистинската волја се изразува само на фер и демократски иабори.

Да, бе, Јордане, па и за тоа се работи- за фер и демократски избори. Него, да те прашам нешто? Уште ја држиш тезата дека во Македонија владее УДБ-а и дека сите политички партии ( или скоро сите) се под нејзина контрола? Дали и ова што се случува денеска во РМ е само квази спор помеѓу двата политичка блока, или ова што го гледаме и што топрва ке го гледаме и слушаме е вистински спор, вистинско несогласување помеѓу нив, т.е. дека не е политичка местенка, за да се создаде привид на формална демократија?



После "реакциите" на Груевски за извештајот на Венецијанската Комисија немам дилема дека протестиве и контрапротестиве се дело на службите.
Независно од исходот на протестите и контра-протестите, никој не може да го избрише, потисне или заборави извештајот на Венецијанската комисија. Веројатно не веруваш дека во МК ке има постојани немири, само за да се потисне во втор план извештајот на Венецијанската комисија!?




Не си ме разбрал. Јас не реков дека заклучокот на Венецијанската комисија е причина за протестите. Туку некористењето на извештајот од страна на Груевски зборува за тоа дека зад сево ова стојат службите. Извештајот му оди во полза на Груевски. Прочитај го параграфот 26 и ке ме разбереш за што зборувам.

пс. извештајот ке и послужи на некоја идна власт да го стави и Груевски во ист кош со комунистичката власт каде што впрочем му е местото.
(This post was last modified: 24-12-2012, 02:41 PM by ЈорданПетровски.)
24-12-2012, 02:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#48

Quote:ВМРО ДПМНЕ сама си го донесе буџетот

[Image: vmrobudzet.jpg]

Предмалку со 65 гласа за , и 4 против режимот сам си го донесе буџетот.

Претходно беа избркани пратениците на опозицијата и новинарите на опозијата.
24-12-2012, 02:46 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#49

(24-12-2012, 02:06 PM)acko Wrote:
(24-12-2012, 10:07 AM)hristo Wrote: Ацко, ако мислиш дека преку ноќ ке се создаде некоја политичка партија со вистински демократски вредности, чесна , одгворна со сите европски нишани, а народот ,пак, преку ноќ ке застане цел позади неа-грешиш? Тоа значи дека не живееш во Македонија, туку некаде далеку, можеби во Канада! Македонија како млада независна држава, без колективна меморија на државност и развиена демократија и демократска традиција, со народот каков што ние е, не може да се породи во еден политички ден, момент и да станеме како една Данска, Шведска и т.н. Демократското породување на Македонија ке е долго и со породилни маки. Тоа е процес. Тезата на Јорадан, дека само преку вистинска лустрација ке се демократизира Македонија е пуста желба. Како го замислува тоа? Овие две најголеми политички партии ке се тргнат на страна, а Јордан со бел коњ ке влезе во Скопје! А, позади него-Ацко, Христо, Гној... Таа е неостварливо. Ти, како се качуваш на 5-ти спрат, ако нема лифт? Со крилја или по скали? Јас по скали. А, видиш, Ацко, во Македонија- лифт немаме. Сакам да кажам, дека процесот на демократизирањето во РМ ке е бавен и постепен. Затоа секој чин, кој ке доведе до скалило погоре во развој на демократија во Македонија треба да се , ако не подржи, барем поздрави. Знаеш што е причина за спорот помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ или не? Спорот е обид на ВМРО-ДПМНЕ да ги прекрши уставот и деловник на Собраниието. Ако се вратиш порано, ке си спомниш како Никола Груевски беседеше- имаме мал број на пратеници и опозицијата не саботира. Биднаа избори ( 2008) и биднаа повеќе пратеници. Потоа му сметаше Претседателот. И тој го кочел. Бидна и смена на Претседателот. Дојде ептем негов човек. Безгласна буква. После му засмета Уставниот Суд. Помина и тоа. Сега Уставниот Суд не му е повеќе пречка. Па, потоа дојдоа смени во Совет за радио дуфузија. Во меѓувреме медијумите се ставија под негова контрола. Малку останаа кои поишуваат покритички кон неговата власт. Па, синдикатите, коморите, асоцијациите се ставија под контрола. Остана само опозицијата и место каде таа делува. А, тоа е Собраниео. Е, сега, се сака и тоа да се елиминира. Јас така ги гледам работите. Легитимно е право на опозиција на овој начин да реагира. Е, сега, ке почнат прикаски -зарем на тој човек ( Бранко) да се верува? Топ- тан со омразениот Љубчо Георгиевски. Е, па , Ацко, тие се на политичката сцена. Те нема тебе и тие како тебе. Седиме дома и преку форуми се правиме ем патриоти ем демократи. Тоа во РЕАЛНИОТ живот не поминува. А, пак, и ова да помине на Груевски, ке значи негова апсолутна власт. Имаше, порано, теза во КОТЛЕ дека Македонија треба да го допре дното ( крајното) и после маката да го натера народот да испили нови партии со нови погледи. Но, цената на тоа ке е голема-години на сиромаштија и безнадежност, дадатен одлив на многу млади. Ние не сме Словенци, кои на стандард кои го имаат во однос на нас, стануваат против политичките елити, барајки подобро владеење. И, тоа ке дојде, но во овој момет е неостварливо.
А, за “ Некои велат дека доколку јадеш ќотек може да ти дојде умот, па да видиме дали е вистина. Icon_razz“, потполно си грешка. Ако ќотекот е начин да се опаметиш, човештвото уште ке беше под власт на фараони, цареви, кралеви. Малку ли ги тепаа тие што им се спротиставуваа? Па, не ги дотепаа, туку човештвото продолжуваше во својот развој.

Христо, за какви скали и демократија зборуваш кога после сите избори во Македонија тaпкаме во место, па назадуваме, па повторно тапакаме, па демек малку ќе тргнеме, но не тргаме и се така? Дали тој твој начин на делување до сега дал резултати со бирање на единствените опции и гледање низ единствените отворени прозорци? Тој прозорец гледа и кај командант Коки, да не треба да носиме маици со натпис ’Коки херој на македонската слобода’? Или ладничко е за маици?

Неколку пати имам пишувано дека за многумина Сталин бил единствената алтернатива за Хитлер, па видовме колку се офајдија во голем дел од Европа и каква демократија и слобода добија.

Затоа не прифаќам размислувања дека постои само една алтернатива.

Јас сум против овој буџет на власта, но против сум и тоа како опозицијата ја разбира економијата. Против сум и власта на ваков начин да донесе буџет, па опозицијата има право да се буни. Иако до некаде и Груевски е во право. Навистина, што би се случило кога секоја опозиција би ги блокирала институциите? Некогаш тоа ќе биде оправдано, некогаш неоправдано, но ако таков начин стане пракса, тогаш зошто воопшто се организираат избори?

Поентата е да се донесе устав и закони со кои ќе се ограничи можноста власта да ја загрозува слободата на граѓаните и да ги уредува сите сегменти од нивниот живот. Само закони не вршат работа, затоа што и тие се менливи, затоа е потребен повеќеслоен заштитен систем од власта.

Што тоа значи во случај со буџетот? Ќе има одредено колку државата ќе може да се задолжува (дали воопшто треба да се задолжува?), тоа е решение за задолжувањето, исто се покрена и прашањето за рекламите, тие или ќе се забранат или ќе се одреди некоја минимална сума. И се така...

Тоа околу тепањето беше иронија. Но, искрено не ги разбирам двете групи. И што оечкуваш РЕАЛНО да направам? Требаше да отидам пред Комитетот во Куманово и на чело со Циц да тргнам во Скопје и да се пресметувам со приврзаниците на Груевски? Да појдам со нив и да рушам власт, да бранам Устав?

Кога видов дека на последните избори повеќе од 700 000 македонски граѓани гласаа за Грујо и за Бранко ми се смачи. Сега кога гледам дека има луѓе спремни да се тепаат за нив двајца, уште повеќе ми е мака. Немој со тоа дека едните излегле да се тепаат за слободата и демократија. Тие излегле затоа што тоа така им е наредено, утре истите ќе застанат на друга страна и ќе се тепаат да ја зашитат власта. А ти Христо и тогаш ли ќе ја прифаќаш единствената алтернатива и ќе гледаш низ единствениот прозерец? Дали тогаш ќе навиваш во тепачката за овие кои се недомократски и антиевропски ориентирани?

Не верувам дека власта е толку слаба, а опозицијата толку моќна за да на насилен пат ја превземат власта. Но, доколку би постоела таква можност, јас никогаш нема да и дадам подршка. Напротив, подобро незаконски буџет, отколку незаконска власт. Ако се случи такво нешто, тогаш Ацко ќе превземе ’реални’ чекори, а ќе видам дали и ти ќе си останеш на зборот, дека ќе застанеш до мене. Icon_razz

Сега читам и дека биле истерани и новинарите од галеријата. Ете уште една глупост на власта, но тоа треба да биде казнето на избори.

П.С. Христо, дали пратиш повеќе што се случува во Словенија? Таму треба да и се даде подршка на власта!!! Читав интересни анализи дека тоа што се случува во Словенија потсетува на антибирократската револуција на Милошевиќ. А многу добар беше и ставот дека ’Словенците сакаат капиталстички стандард, а комунистички систем’.

Ацко, прави партија или ке стоиш на ред да се вчлениш во партијата што ке ја правиме јас и Фетак. А, тоа што сум ветил и ке исполнам. На Јордана ке му понудиме место на Претседател на Македонија. Не гледам никој друг во МК, кој толку се посветил на македонската кауза, без да го гледа личниот интерес. А и ке биде независен. Ние и сега со него спориме, а тек кога ке биде претседател? Тогаш, ке фрчи на сите страни, но Македонија ке напредува.

24-12-2012, 03:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#50



24-12-2012, 03:09 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#51

(24-12-2012, 02:46 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:ВМРО ДПМНЕ сама си го донесе буџетот

[Image: vmrobudzet.jpg]

Предмалку со 65 гласа за , и 4 против режимот сам си го донесе буџетот.

Претходно беа избркани пратениците на опозицијата и новинарите на опозијата.

Аирлија работа. Македонија доби свој Лукашенко.

24-12-2012, 03:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#52



24-12-2012, 03:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#53

Еве каква демократија не очекува со оние кои ги подржува Героски. На оваа мое мислење:



Quote:Jordan Petrovski

За да дојдеме до изворот на проблемот ке мора да се потсетиме на 1994 кога власта беше подготвена да УБИВА и на 1997 кога власта не ги призна потписите за предвремени избори. Проблемот е во СИСТЕМОТ кој не е демонтиран со осамостојувањето на Македонија и со носењето на нобв Устав. Причина за тоа е фактот што со државата останаа да управуваат "најдобрите синови на едноумието".


Следи овој одговор:


Quote:Branko Geroski:

"Јордане, привремено ќе те исклучам од мојот профил. Во ова време, твоите тиради ми се неприлични и крајно некоректни. Остани си со здравје во Канада. Ќе те вклучам кога ќе победи демократијата."


Со одговорот Героски го потврди моето мислење.
(This post was last modified: 24-12-2012, 04:07 PM by ЈорданПетровски.)
24-12-2012, 04:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#54



24-12-2012, 04:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#55



24-12-2012, 04:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#56

Дали Црвенковски со оваа сака да го ублажи поразот или најавува битка до последен член.!??



Quote:Црвенковски: Од утре почнува општа граѓанска непослушност

[Image: protest-%20kontra%20protes%203.jpg]

Главата горе. Овој ден ќе се памети и како трагичен и како голем. Од денес во Македонија нема Устав, нема демократија, нема парламент, нема влада. Има диктаторски режим од една страна и народот од друга. Тие таму 7 дена го делеа народот и го караа меѓу себе. Денес Груевски го направи пресудниот чекор. Од денес Груевски реши, а Македонија го доби својот Слободан Милошевиќ. Беа тепани новинари, пратеници, народ. Денес го нахушкаа народот да предизвикаат судир и крвопролевање – изјави пред граѓаните собрани пред Собранието, претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Тој му упати порака на премиерот Никола Груевски дека ако сака да биде Милошевиќ ќе си го добие својот 5 октомври, датумот на кој падна поранешниот српски диктатор во 2000-та година.

- Од денес нема парламент и нема наши пратеници таму. Денес е голем ден затоа што патот е чист. Знаеме со кого си имаме работа. Од утре почнува општа граѓанска непослушност. За слобода, за демократија, за подобра Македонија. Денес ги гледав оние платеници и послушници на власта со нивните плакати на кои пишуваше: „Бранко готов си! Бранко оди си!“ Сакам да им кажам нешто. Дури дишам и дури мрдам ќе продолжам и не се повлекувам од оваа битка. Ова е наша земја, ние ја градевме и создававме и пак ќе ја ослободиме. Од утре почнуваме, одиме до крај, запирање нема – им порача лидерот на СДСМ на граѓаните.

Претходно, пратеникот Игор Ивановски, им рече на присутните дека пратениците влегоа внатре во парламентот да ги одбранат народните пари, но беа насилно и бесправно спречени.

- Додека ние бараме пари за нови работни места, тие ги бројат тендерите и спомениците. Не нè пуштија внатре затоа што на овие арамии и апаши им се важни само парите. Тие лопови и фашисти мораа да ја повикаат полицијата да нè отстрани од Собранието. Иако го изгласаа буџетот, денес цел свет гледа која е оваа Македонија. Од денеска не сме држава. Оваа зграда е дом на фашистички платеници – рече Ивановски и додаде „Кренаа пендреци на нас и четири наши пратеници се во болница. Повредена е и бремена пратеничка. Немаат усул во крадењето на народните пари. Еве ви ги парите, ние ќе ја вратиме државата назад“.

Ивановски додаде дека ова денеска е победа за народот и дека не го признаваат парламентот во ваква форма.

- Од денес парламент нема, ние сме сите народ и ќе продолжиме додека не го вратиме нанзад она што Македонија го имаше во 1991 година – рече тој на крајот.

По ова се растури групата на симпатизери на СДСМ, кои се разотидоа по говорот на Црвенковски и Ивановски. Остана само групата на ВМРО-ДПМНЕ, која сè уште е пред Собранието заедно со полицијата.

М.В.
24-12-2012, 05:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#57




24-12-2012, 05:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#58



24-12-2012, 05:29 PM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0
#59

Se razmisluvam Hristo za tvojata ,ponuda i resenost , jas sum na um Acko i negovata generacija i site onie sto od 90 izlegle od mnogu pricini se tie koi treba da ja povedat Makedonija napred.
Toa e poradi nasa usmrdenost na ovdesnoto odnesuvanje.
Jas bi sakal da recam ona sto Jordan go potencira i so taa Venecijanska komisija za osuda na komunizmot , da be Jordane taka e ama samo ako pred toa se donese Akt deka Makedonija ja sozdale partizani od 1940 do 1945-48.
Ona sto denes se slucuva e ona sto moralo da se sluci 92-93,pa 94-95,pa 98-2004-06.
Znaejki deka kasni vostanieto od sever kon jug eve i po ovie temperatuti neka e sto stapa po grbot na drugiot.
Seta e sto iako Gruevski go cita Kotle ,dozvoli Stavrevski da go dovede do ovde ,a od tuka nema vrakanje.
Koj i da padne sega utre ,za mesec ,dva ,ili godina ,ama promena ke ima i togas isto go ceka drugiot.
Makedonija vleguva vo zadocnet i pubertet i klimakterium i toa ke nosi mnogu traumi po Makedonija i Makedoncite.
Gruevski imase sanasa da ja stokmi Makedonija i ekonomski i pravno ,i za EU i za NATO.
Toj si go stokmi kumot i plejada drugi ebivetri od Socijalisticka partija ,bocogazlevci na Milosevic.
Toa vo Srbija mina znaeme kako , traese dolgo , a denes gledame deka Dacic i Nikolic i Vucic ja menuvaat Srbija.
Toa mora da go znae Gruevski i da stori se Makedonija do maj da najde izlez za vo EU i NATO.
Vremeto veke ne raboti za nego. Vreme ne raboti ni za Acko i Jordan.Toa samo privremeno raboti za Branko a sigurno raboti za luge koi znaat od se da gledaat realno i da postapat pragmaticno.
Na Makedonija ke i trgne.Toa veke se sluci.
Sekoj ke znae sto moze sto ne.
Sozrevame i postapuvame kako ni kazuva razumot do sea se bese manipulacija , ama denesni pendreci se realni, a sepak imat dva kraja.
Koga togas , ama eve doziveavme Branko i SDSM peea Makedonijo , se tepaa za Makedonija a del i za sebe ama toa e , i nie i tie mora da zneme i da naucime se moze so UM i SILA.
Slovenija,Grcija,EU,Rusija ,Ukraina ,Hrvatska , pa i nie sme del od ovoj svet.
Sreken Bozik.
24-12-2012, 05:44 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#60

(24-12-2012, 05:44 PM)fetak Wrote: Se razmisluvam Hristo za tvojata ,ponuda i resenost , jas sum na um Acko i negovata generacija i site onie sto od 90 izlegle od mnogu pricini se tie koi treba da ja povedat Makedonija napred.
Toa e poradi nasa usmrdenost na ovdesnoto odnesuvanje.
Jas bi sakal da recam ona sto Jordan go potencira i so taa Venecijanska komisija za osuda na komunizmot , da be Jordane taka e ama samo ako pred toa se donese Akt deka Makedonija ja sozdale partizani od 1940 do 1945-48.
Ona sto denes se slucuva e ona sto moralo da se sluci 92-93,pa 94-95,pa 98-2004-06.
Znaejki deka kasni vostanieto od sever kon jug eve i po ovie temperatuti neka e sto stapa po grbot na drugiot.
Seta e sto iako Gruevski go cita Kotle ,dozvoli Stavrevski da go dovede do ovde ,a od tuka nema vrakanje.
Koj i da padne sega utre ,za mesec ,dva ,ili godina ,ama promena ke ima i togas isto go ceka drugiot.
Makedonija vleguva vo zadocnet i pubertet i klimakterium i toa ke nosi mnogu traumi po Makedonija i Makedoncite.
Gruevski imase sanasa da ja stokmi Makedonija i ekonomski i pravno ,i za EU i za NATO.
Toj si go stokmi kumot i plejada drugi ebivetri od Socijalisticka partija ,bocogazlevci na Milosevic.
Toa vo Srbija mina znaeme kako , traese dolgo , a denes gledame deka Dacic i Nikolic i Vucic ja menuvaat Srbija.
Toa mora da go znae Gruevski i da stori se Makedonija do maj da najde izlez za vo EU i NATO.
Vremeto veke ne raboti za nego. Vreme ne raboti ni za Acko i Jordan.Toa samo privremeno raboti za Branko a sigurno raboti za luge koi znaat od se da gledaat realno i da postapat pragmaticno.
Na Makedonija ke i trgne.Toa veke se sluci.
Sekoj ke znae sto moze sto ne.
Sozrevame i postapuvame kako ni kazuva razumot do sea se bese manipulacija , ama denesni pendreci se realni, a sepak imat dva kraja.
Koga togas , ama eve doziveavme Branko i SDSM peea Makedonijo , se tepaa za Makedonija a del i za sebe ama toa e , i nie i tie mora da zneme i da naucime se moze so UM i SILA.
Slovenija,Grcija,EU,Rusija ,Ukraina ,Hrvatska , pa i nie sme del od ovoj svet.
Sreken Bozik.

Ништо не правиме со Ацко. Лесно се заведува. Ги прифатил некритички сите тези на Јордан. Јас и ти сме мерка за нова партија. Не треба исклучивост. Само ум и срце. Туку, нешто ми текна. Еве, Христо ПРВ во жална и несреќна Македонија( слилувана невеста од србокомунистите, што би кажале браќата Блгари) дава решение за проблемот со донесување на Закон за бранители. Како што сите знаете на тој предлог закон ДУИ, партнер во Владта, поднесе преку 15.000 амандмана. Со предлог на тој закон ВМРО-ДПМНЕ се покажа како патриотска партија која мисли на бранителите, а ДУИ, па, со тој голем број на амандмани ( никогаш да не се донесе) испаѓаат патриоти пред своите гласачи. Но, денешната ситуација ке ги оголи двете квази патриоски партии. Ако можеше на ваков начин, со кршење на деловникот на Собранието да се донесе буџетот, зошто тоа да не може да се направи и со законот за бранители. Без расправа во матичната Комисија, да добие заверка од Правната комисија и да оди директно до пленараната седница. Ако може еднаш да се крши деловникот, ке може и втор пат. Невината девојка губи невиност само еднаш. А и ноктето на независната и правно едуцираната Б. Дулиќ, претседател на таа комисија, ке биде заздравено.

24-12-2012, 06:12 PM
Reply