Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПРОТЕСТИТЕ НА ОПОЗИЦИЈАТА ВОВЕД ВО ДЕМОКРАТИЈА ИЛИ ВОВЕД ВО ХАОС!!!???
Author Message
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

Насила ги туркала, дај нели да ја пушти толпата внатре. Пробај Јордане во Канада на пр. така со толпа да пробаш насилно да влезеш во владина зграда...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
27-02-2013, 04:00 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6

Quote:Судир на демонстрантите и полицијата во Штип

http://www.novatv.mk/index.php?p=1&navig...&vest=1128


Dali otporot vleguva vo nova faza,za kratko vreme imame bliski sredbi pomedju otporasite i policijata....

28-02-2013, 10:07 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

(28-02-2013, 10:07 PM)Larsson Wrote:
Quote:Судир на демонстрантите и полицијата во Штип

http://www.novatv.mk/index.php?p=1&navig...&vest=1128


Dali otporot vleguva vo nova faza,za kratko vreme imame bliski sredbi pomedju otporasite i policijata....
Изолирани инциденти кој покажува колку се очајни. И двата инциденти биле во Штип, не е ништо планирано во “централата“ на некој нивни пленум...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
01-03-2013, 05:11 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(01-03-2013, 05:11 AM)МрачниотКоњаник Wrote:
(28-02-2013, 10:07 PM)Larsson Wrote:
Quote:Судир на демонстрантите и полицијата во Штип

http://www.novatv.mk/index.php?p=1&navig...&vest=1128


Dali otporot vleguva vo nova faza,za kratko vreme imame bliski sredbi pomedju otporasite i policijata....
Изолирани инциденти кој покажува колку се очајни. И двата инциденти биле во Штип, не е ништо планирано во “централата“ на некој нивни пленум...

Е, Мрачен, ја знаеш она: цигла по цигла-куќаSmajlito

01-03-2013, 12:31 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6

(01-03-2013, 05:11 AM)МрачниотКоњаник Wrote:
(28-02-2013, 10:07 PM)Larsson Wrote:
Quote:Судир на демонстрантите и полицијата во Штип

http://www.novatv.mk/index.php?p=1&navig...&vest=1128


Dali otporot vleguva vo nova faza,za kratko vreme imame bliski sredbi pomedju otporasite i policijata....
Изолирани инциденти кој покажува колку се очајни. И двата инциденти биле во Штип, не е ништо планирано во “централата“ на некој нивни пленум...

Mracen ,abe ovie "salonskive" znaele i na "barikadi" da stojat...vruco a?

Znam deka "Pastirot" najvece se plasi od narodot i od toa da ne bide najsakaniot ,najumniot i najdobriot vodac,ama znaes kako vikaat koja kucka jade mast,jade i stap...

Uste poloso za Grujo ako ne se planirani od centralata,tuku ocaen narod napadja nekordinirano,kaj ce stigne i kogo ce stigne...
01-03-2013, 12:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:ФЕЈСБУК ЈА УРНА „ИМПЕРИЈАТА“, А ЗОШТО НЕ МОЖЕ И „ИМПЕРАТОРОТ“?

[Image: esma-lozano1.jpg]

Конечно, по приличен број години, дочекавме јавноста во Македонија да промени нешто, да каже дека не и’ се допаѓа и тоа да биде отстрането. Не поминаа ни 24 часа од премиерното прикажување на спотот со песната „Империја“, која е предвидена да не’ претставува на „Евросонгот“ во Шведска, а МРТВ се јави со соопштение дека „видео записот не ги задоволува стандардите и критериумите за достојно представување на Македонија пред евровизискиот аудиториум и се оградува од него“.

Демек, од пуста наивност тие му дозволиле целосна слобода на продуцентот „Егзит Б Продукција“ во „креативниот пристап и реализацијата на видео записот“, а ете тој како им вратил - со недостојно претставување. Кутрите луѓе верувале, очекувале, се надевале, но кога на 27 февруари седнале да гледаат телевизија, заедно со другите гледачи, сфатиле оти ова не тоа што тие замислиле дека треба да биде. Или пак, морале да дозволат емитување, зашто веќе бил закажан преносот. Гарант е така.

А, сите знаеме дека не е. Никој не правел ништо на своја рака и спотот не е случајно баш таков. Да ја немавме жестоката реакција на народот преку социјалните мрежи, сега МРТВ ќе се гордееше со своето „ремек-дело“, во кое покрај музиката се „вткаени нашата традиција, историјата, природните убавини, и секако - идентитетот“. Тој ќе беше доказ кои сме, од каде доаѓаме, колку знаеме и што можеме (ако не повеќе, тогаш во последниве шест-седум години). Сето тоа ќе и’ го плесневме на Европа во лице за само три минути. И нормално, таа ќе беше тотално зашеметена, грогирана, пред фрлање пешкир во рингот.

Но, се случи реакција. И тоа многу негативна. Со потсмев на килотони, а тој е во ваква ситуација најефикасното оружје.

И бидејќи спин-докторите на власта не се глупи како оние на спротивната страна, сфатија веднаш дека не станува збор за обична песна, за естрада, за површна забава на народот, за некакви лесни ноти, па експресно ја повлекоа. Овој спот му нанесе на Груевски повеќе штета од „ладата нива“, постерите со стисната тупаница и од сите „длабокоумни“ коментари на силните опозициски пера.

Зошто? Затоа што го разголи чисто, на вистинскиот начин. Неутрално го покажа апсурдот на актуелната политика и на гротескното играње со историски величини, достојно само за мајтап. Во тоа беше силата на јавноста во овој момент. Но, се разбира ќе биде само момент, бидејќи јавноста нема за што, односно за кого да се фати за понатаму. Овој пат притисокот се покажа успешен само зашто не беше контаминиран од Јани, Андреј П., Бендевска, Најчевска, Геро, Фрчко... Некои од нив се огласија и на оваа тема, но не стигнаа со својот „авторитет“ да повлечат рачна кочница кај граѓанството. Едноставно, глупоста наречена „Империја“ е толку голема, што критиката од ни еден, колку и да е неомилен лик, не можеше да ја спаси.

Од овој случај може да се повлече паралела и кон начинот на кој се однесуваат Македонците кон своите политичари. Не му е на народот сеедно што власта толку бескрупулозно и со таква ароганција ја затвори „А1“, барем 90 отсто од луѓето се свесни дека антиквизацијата нанесува огромна штета на националните интереси, никој нормален (значи повеќе од 95 проценти) не верува дека врбите во Вардар се уметничко дело, па и уште вредно 250.000 евра, како што на сите им е јасно дека плажите и галиите покрај екстремно загадена река, лавовите, биковите, коњите, водоскоците, тениските игралишта... и речиси сето друго што го гледаме пред нас, е бесрамно крадење народни пари. Да не зборувам за хашките случаи, таблите на училиштата, Талат - минситер за одбрана итн итн. Но, што може да направи јавноста? Ако е надежта во овие што до вчера земаа мегафони на „ладата“, тогаш се губи еланот за промени. Тоа е евидентно за секој што сака да го види. Таа (јавноста) има сила само кога постои вистинска алтернатива. Во случајот со „Империја“, тоа е друга песна за „Евросонг“, па дури и повлекување. Може Македонија без тоа, но не може без влада. Некои луѓе мора да седат во тие фотелји на Илинденска број 2, институциите мора да функционираат вака или онака, државни органи мора да има. Затоа е важна алтернативата. Без неа, и јавноста е немоќна.

Во 1998 година ВМРО ДПМНЕ, со Љубчо Георгиевски на чело, победи чисто и убедливо на парламентарните избори. Се’ навестуваше дека тоа ќе биде долготрајно владеење на таа партија, или како што некои од нив велеа „барем 20 години“. Но, по само еден месец се случи шок - владата го призна Тајван, и одеднаш, преку ноќ, настана комплетно ладење за политиките на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи и без никој да ја убедува, јавноста знаеше дека СДСМ не би направил никогаш таков потег, кој во меѓународните односи се смета за мерна единица за корумпирност. За никакви милијарди долари, за никакви инвестиции, за никаква коалиција со Васил Тупурковски, а всушност за добра провизија. И рејтингот на Георгиевски веднаш падна. Веќе за две години, на локалните избори во 2000-та, условот за предвремени парламентарни избори, кои тогаш ги бараше СДСМ, беше десет отсто повеќе гласови на советничките листи. А денес, по седум години владеење на Груевски, опозцијата ќе се смета за победник со само еден глас повеќе.

Тоа е зашто народот не верува дека овие од Бихаќка се вистинска алтернатива и оти ќе бидат поинакви од власта кога ќе дојдат на нејзиното место. А не верува, бидејќи не добил ни сигнал, а камоли јасен доказ за тоа. Го критикуваат Груевски што енормно го зголеми државниот буџет, но ни еднаш не рекле дека тие ќе го вратат на нивото од 2006. или 2002 година. Непосредно пред 24 декември поднесоа конструктивен предлог во Парламентот со барањето да се намалат трошоците на државата за 203 милиони евра во оваа година. Поминаа два месеца, слушнавме се’ и сешто, но веќе никој од опозицијата не ги спомна тие 203 милиони. А, беа требаше да бидат најважниот аргумент во одбраната на бунтот од 24 декември.

Истото важи за односите со ДУИ, односно за повремените „кнедли“ што мора да ги голтне Груевски. Колку и да употребува остра реторика, опозијата не може да убеди никого дека и таа нема да ги понуди за голтање истите кнедли. Спротивно од она со Тајван.

Заклучок: јавноста има сила само кога може да избира. За „Евросонг“ го можеше тоа, и ја собори „Империјата“. Токму од истата причина, „Императорот“ засега е сигурен.


Миодраг Мишолиќ

П.С. И уште посигурен по последниот дебакл на Бранко Црвенковски и на неговиот „бетонски бојкот“, односно денешниот пораз пред европратениците во натегањето за изборите на 24 март.
Кога имаш дилетанти за политички противници, треба да само да се чуваш некоја песна за „Евровизија“ да не те заебе. Другото ти е сигурно.

INTERVJUA




Многу лесно и аргуметирано објаснување зошто ОТПОР нема подршка кај поголем дел од граѓаните.
02-03-2013, 12:33 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

Вие досега тоа не го сфативте Јордане?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
02-03-2013, 01:18 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(27-02-2013, 04:00 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Насила ги туркала, дај нели да ја пушти толпата внатре. Пробај Јордане во Канада на пр. така со толпа да пробаш насилно да влезеш во владина зграда...



Коњанику во Канада власта не дава повод за насилно влегување во парламентот.
Но ајде да претпоставиме да се случеше ова во Канада, министри да издаваат наредби во Парламет да се отстранат пратеници и новинари, таа партија на наредните избори граѓаните на Канада ке ја избришана од политичкиот живот на Канада.
07-03-2013, 02:06 PM
Reply