Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПРОТЕСТИТЕ НА ОПОЗИЦИЈАТА ВОВЕД ВО ДЕМОКРАТИЈА ИЛИ ВОВЕД ВО ХАОС!!!???
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1


Quote:Црвенковски: Горд сум на моите пратеници!


[Image: opozicija%20protest%202.jpg]
Се гордеам какви пратеници имаме. Бетон пратеници. Денеска се поздравивме со сите. Реков, вие влегувате во Парламент и од таму излегување нема. Не знам кога ќе се видиме, ама кога ќе се видиме ќе се видиме како победници. Од вечерва чекориме за нешто поскапо, многу повредно од буџетот за 2013. Ако продолжи вака, утре власта ќе суспендира и Устав и дебата, ќе изврши убиство пред наши очи на демократијата на Македонија. И тоа не каде било, туку во Собранието. И ако тоа се случи, тоа е крај. Што сакаат ќе прават, ќе соберат луѓе од улица и ќе ги однесат и никој нема да знае. Ако ова им помине од Македонија веќе не бива држава. Овде застануваме и не ве пуштаме понатаму. Од вечерва си го враќаме и парламентот назад и улицата назад, рече лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, на вечерашното обраќање пред насобраните граѓани и политичари пред Собранието, кои дојдоа да изразат поддршка на пратениците на опозицијата кои ноќеска ќе останат во законодавниот дом.

- Утре ќе нѐ видат колку нѐ има. Во 8.30 почнуваме пред парламентот и ќе трае колку што треба до победа. Дојде моментот кога ќе се види од кој материјал сме направени и на која точка може да нѐ стопат. Или ќе видат како се кали челикот во Македонија. Громови и метеори да паѓаат има да издржиме. Сакаат борба ќе добијат борба - порача Црвенковски.

Тој наведе дека се собрани вечерва затоа што државата „ни ја водат во погрешен правец, кон провалија, затоа што ситуацијата ни е катастрофа“.
- Затоа што бројот на сиромашни расте, само вчера Владата на Груевски нѐ задолжи на домашниот пазар за нови 100 милиони евра и за што се трошат тие пари, кои сите ние ќе мора да ги враќаме за 2,3 или 5 години. 350 милиони евра фрлија во камења, во мермер и во бронза, затоа што Груевски решава да си ги лечи своите фрустрации, споменици градиме, а живите луѓе ни страдаат.
ВМРО-ДПНМЕ и ДУИ изигруваат лажни патриоти, го караат народот, предизвикуваат конфронтации и тензии, а сложно братски делат тендери и провизии. Тука сме затоа шест и пол години ја газат слободата, демократијата. Станавме земја на политички затвореници, ги завладеаја медиумите, ги понижија новинарите, нема независно судство, нема синдикати, тие ја бранат владата наместо правата на работниците. Секој стопанственик коски корне колку му е тешко, ама пред камери мора да аплаудира. Еден долг заменуваат со друг долг. Тука сме затоа што ја закопаа иднината на младите луѓе. Сите земји од регионот нѐ претркаа. Ако почекаме и други земји ќе нѐ блокираат во европските интеграции - објасни Црвенковски.

Тој рече дека опозицијата предложила буџет не затоа што тоа е интерес на СДСМ, туку затоа што сакале овој народ да не биде задолжен за нови 250 милиони евра.
- Не мора да се трошат пари за владини реклами. Владата на Груевски нека ги штеди парите на овој народ. Две недели водат агресивна кампања, вадат луѓе на улица. И што се случува: Тие доаѓаат пред седиштето на опозицијата. Единствена земја каде се протестира пред опозицијата - додаде Црвенковски.
23-12-2012, 11:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

[Image: opozicija%20protest%203.jpg]


[Image: opozicija%20protest%204.jpg]


[Image: opozicija%20protest%206.jpg]


[Image: opozicija%20protest%208.jpg]
23-12-2012, 11:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

[Image: opozicija%20protest%209.jpg]


[Image: opozicija%20protest%2010.jpg]


[Image: opozicija%20protest%2011.jpg]


[Image: opozicija%20protest%2012.jpg]


[Image: opozicija%20protest%2013.jpg]
23-12-2012, 11:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4



23-12-2012, 11:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5



Јас сум секогаш против насилно рушење на власт. Насилното рушење на власта не ја изразува вистинската волја на народот. Bистинската волја се изразува само на фер и демократски иабори.
23-12-2012, 11:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Народот ќе го брани Парламентот од Црвенковски


Еруптира незадоволството на граѓаните од последните деструктивни политики на СДСМ и Бранко Црвенковски кои го блокираат донесувањето на Буџетот за 2013 година.

[Image: sl11-500.jpg]

Државата се мобилизира против антинародната политика на СДСМ. Гoлем број на здруженија, пензионери, земјоделци, бизнисмени, спортски работници, уметници, деновиве излегоа на масовни протести против опозициската партија, а според последните информации до кои дојде Курир, утре народот ќе излезе на голем масовен протест со цел да им укаже на опозиционерите дека моментална политика која ја водат е погрешна.

Курир дојде и до неофицијални информации според кои револтот на дел од граѓаните е толку голем што можен е упад во седиштето на СДСМ, како резултат на револтот кој опозициската партија ги предизвика меѓу народот. Социјалните мрежи вријат од гневни коментари насочени кон опозициската партија и лидерот Црвенковски поради блокадата на Буџетот.

Иницијативата „Фронт на народот, фронт за Македонија“ денеска побара итно спречување на блокадите во Собранието на Република Македонија и донесување на буџетот на државата. Очекуваат опозицијата итно да престане да го држи во заложништво народот и да го ослободат буџетот без никаква уцени.

На денешната прес-конференција поддржувачите на иницијатаивата најавија и мирен протест утре, напладне пред Собранието и ги повикаа сите засегнати граѓани да излезат и да им се пдидружат.

Еден од иницијаторите актерот Роберт Велјановски информира дека водени од нивната слободна и демократска мисла, од идеите за подобро секојдневие и иднина, залагајќи се за остварување на своите, како што вели, заслужени права и интереси се обединиле во Фронт на народот, фронт за Македонија, а се организирале преку социјалните мрежи.

- Се обединувме со цел да се спротивставиме на штетните политики на политичките сили и политичарите кои го кочат развојот на општеството и ги блокираат нашите примања, плати, пензии, социјална помош, субвенции, вработувања и кои спречуваат проекти од културата, изградба на училишта, патишта, болници, сали и остнати инфраструктурни објекти кои се од значење за граѓаните, рече Велјановски.

Политичарите итно, потенцира тој, да ги тргнат своите раце од нашите пари, да престанат да го држат во заложништво народот и да го ослободат буџетот без никаква задршка и уцена. - Буџетот се пари на народот. Народот има потполно право на тие пари, рече Велјановски.

Никола Стаменов, претставник на земјоделците од Струмичкиот регион изјави дека се самостојна граѓанска иницијатива поттикната од, како што посочи, неразумното однесување на политичарите, односно пратениците кои, вели, преку деструктивност и неразумно однесување предизвикуваат серија проблеми.
Иницијативата Фронт на народот, фронт за Македонија ја поддржуваат луѓе од различни сфери од општеството, земјоделци, актери, уметници, професори, претставници на граѓани, лица кои примаат социјална помош, пензионери, студенти...
23-12-2012, 11:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7


Протести и контрапротести, ова заличува на деновите на владеењето на Милошевиќ во Србија.
Дали Македонија мора да го изоди и тој дел од патот. Зар никој не извлече поука од онаа што се случи во Србија и после милошевиш а еве и после владеењето на насилно воспоставената власт на 5 октомвристите.
23-12-2012, 11:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8



23-12-2012, 11:48 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#9

Ги повикувам кретените кои се за Грујо и за Бранко да се собераат утре пред Собранието и да се искршат од ќотек. Некои велат дека доколку јадеш ќотек може да ти дојде умот, па да видиме дали е вистина. Icon_razz

24-12-2012, 12:05 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

(24-12-2012, 12:05 AM)acko Wrote: Ги повикувам кретените кои се за Грујо и за Бранко да се собераат утре пред Собранието и да се искршат од ќотек. Некои велат дека доколку јадеш ќотек може да ти дојде умот, па да видиме дали е вистина. Icon_razz

BravoBravoBravo
24-12-2012, 12:19 AM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#11

(24-12-2012, 12:05 AM)acko Wrote: Ги повикувам кретените кои се за Грујо и за Бранко да се собераат утре пред Собранието и да се искршат од ќотек. Некои велат дека доколку јадеш ќотек може да ти дојде умот, па да видиме дали е вистина. Icon_razz

PosPosPosPosPos
Пу, да не пукниш...
Let me hear you make decisions without your television.
24-12-2012, 12:26 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12



24-12-2012, 12:30 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13



24-12-2012, 01:46 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#14

Најсмешно е што едната страна ја донесе Македонија до питачки стап,другите само ја продолжија таа работа.А сега протестираат за што,кој да се дограбчи до фотелјата.Само што стариот истрениран дресер,ги повикува кучињата на војна и сака да с'сне,но и вториот дресер ги одврзува своите кучиња на војна...се надевам дека ќе го слушнат советот на Ацко.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
(This post was last modified: 24-12-2012, 01:56 AM by basilius_2.)
24-12-2012, 01:52 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#15

Утре нели е работен ден? Кој ќе излезе на двата протеста, само невработените? Icon_razz

24-12-2012, 01:53 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#16

Јоцо, глеј што пишува твојот другар Милчин.

Милчин: Ќе стане ли Никола Николае?

Не сакам да ја вршам работата на Латас и компанија, но интересно е што од толку диктатори токму сега Милчин реши да го спореди Груевски со Чаушеску. Гледам дека во текстот најмногу се бави со контрапротестите што ги организира ДПМНЕ, во ред е тоа, но од каде токму сега желбата да праша дали Груевски ќе заврши како Чаушески, токму сега кога се најавуваат протести?! Би било добро да сакал да ги спореди само методите на владеењето, а не и да предвидува кој и како ќе заврши, па да се работи само за несреќен избор.

24-12-2012, 01:59 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#17

(24-12-2012, 01:59 AM)acko Wrote: Јоцо, глеј што пишува твојот другар Милчин.

Милчин: Ќе стане ли Никола Николае?

Не сакам да ја вршам работата на Латас и компанија, но интересно е што од толку диктатори токму сега Милчин реши да го спореди Груевски со Чаушеску. Гледам дека во текстот најмногу се бави со контрапротестите што ги организира ДПМНЕ, во ред е тоа, но од каде токму сега желбата да праша дали Груевски ќе заврши како Чаушески, токму сега кога се најавуваат протести?! Би било добро да сакал да ги спореди само методите на владеењето, а не и да предвидува кој и како ќе заврши, па да се работи само за несреќен избор.

Ацко сигурно ќе се спојат протестите со Ново Годишните и Божиќните празници,се надевам тоа ќе бидат добро платени одмори.Сега го гледаме "Професионалец" само со Македонски актери.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
(This post was last modified: 24-12-2012, 02:41 AM by basilius_2.)
24-12-2012, 02:40 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

(24-12-2012, 01:59 AM)acko Wrote: Јоцо, глеј што пишува твојот другар Милчин.

Милчин: Ќе стане ли Никола Николае?

Не сакам да ја вршам работата на Латас и компанија, но интересно е што од толку диктатори токму сега Милчин реши да го спореди Груевски со Чаушеску. Гледам дека во текстот најмногу се бави со контрапротестите што ги организира ДПМНЕ, во ред е тоа, но од каде токму сега желбата да праша дали Груевски ќе заврши како Чаушески, токму сега кога се најавуваат протести?! Би било добро да сакал да ги спореди само методите на владеењето, а не и да предвидува кој и како ќе заврши, па да се работи само за несреќен избор.



Милчин е во сериозна паника. Доби удар одкаде најмалку се надеваше, од Венецијанската Комисија. Само крваво сценарио, односно сценариото Чаушеску мисли дека ке го спаси. Но за Милчин, со паѓањето на Тадиќ, веке нема спас па и да заврши Груевски како Чаушеску.
24-12-2012, 03:00 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#19

Според мене поентата на тоа што Бранко, излезе на протести укажува дека Бранко сака да покаже заби на Грујо а пак овој вториов да му ги покажи забите на Бранко.Но со овие методи и двајцата ги покажуваат дека сакаат и двајцата да бидат автократи.Во Антиката кога се протестирало против опозицијата со тоа се оправдулвало зошто да се воведе диктатура.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
24-12-2012, 05:11 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#20

(23-12-2012, 11:35 PM)ЈорданПетровски Wrote: Јас сум секогаш против насилно рушење на власт. Насилното рушење на власта не ја изразува вистинската волја на народот. Bистинската волја се изразува само на фер и демократски иабори.

Да, бе, Јордане, па и за тоа се работи- за фер и демократски избори. Него, да те прашам нешто? Уште ја држиш тезата дека во Македонија владее УДБ-а и дека сите политички партии ( или скоро сите) се под нејзина контрола? Дали и ова што се случува денеска во РМ е само квази спор помеѓу двата политичка блока, или ова што го гледаме и што топрва ке го гледаме и слушаме е вистински спор, вистинско несогласување помеѓу нив, т.е. дека не е политичка местенка, за да се создаде привид на формална демократија?

24-12-2012, 09:21 AM
Reply