Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОМИТЕТОТ ЗА ДЕМОКРАТИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ВС СОРОС,"ХЕЛСИНШКИ", УСТАВЕН, ВЛАДАТА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,632
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

(25-12-2012, 01:47 AM)ЈорданПетровски Wrote: ДАЛИ СЕ ДАВАЛЕ СЕЛЕKТИВНИ ИНФОРМАЦИИ

Уставен суд молчи дали прикрил документи до Венециската комисија


[Image: 4653444145FA604884C42D7DC76DB283.jpg]

Судот утре треба да одржи редовна седница. Не е познато дали тема ќе бидат последните обвинувања од Kомитетот за демократизација. Претседателот на Уставниот суд Бранко Наумовски не беше достапен за коментар

Уставниот суд сè уште не ја разгледал информацијата за наводно селективно информирање на Венециската комисија за Законот за лустрација. Највисоката судска инстанца не заседавала za ставот на Kомитетот за демократизација на Република Македонија, кој пред два дена објави дека Уставниот суд криел дел од документите што се однесуваат на Законот. Kако последица на ова, наводно и мислењето на Венециската комисија е негативно во делот дека таа може да се користи како средство за одмазда врз политичките неистомисленици.

Затоа, Венециската комисија усвоила погрешно мислење, според кое, објавувањето на кодошите по 1991 година нема правна основа и дека се врши според политички идеолошки и партиски причини. Претседателот на Судот Бранко Наумовски вчера беше недостапен за да ги коментира информациите.




Новинарoт не успеал да добие одговор од Председателот Наумовски, Комитетот доби, одговорот ке биде објавен утре. Треба јавноста да биде запознаена какви луѓе седат на чело на највиталните институции, колкави се нивните познавања за индивидуалните човекови права и слободи, нивните поимања за демократијата, нивната подготвеност да го штитат Уставот на Македонија.
25-12-2012, 02:15 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,632
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22






25-12-2012, 11:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,632
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23



Quote:РАСПРАВИИТЕ ЗА ЛУСТРАЦИЈА ОБЈАВЕНИ НА "ЈУТЈУБ"

Уставниот суд на маки поради Венециската комисија

[Image: 897BB1E8D70209499288382E615717DB.jpg]

Не криеме документи што се однесуваат на лустрацијата и не се занимаваме со поединечни случаи, туку само ја оценуваме уставноста на законите. Дури и Комисијата смета дека ако биле водени досиеја и по 1991 година, има основа за лустрација, вели претседателот на судот Бранко Наумовски

Градимир Марковски

Уставниот суд не оценува поединечни случаи и ситуации, туку дава оценка за тоа дали Законот за лустрацијата е во согласност со Уставот. Ниту сме криеле документи ниту имаме што да криеме, вели за „Дневник“, претседателот на Уставниот суд Бранко Наумовски по обвинувањата од страна на Kомитетот за демократизација на Република Македонија и претседателот Јордан Петровски дека највисоката судска инстанција до Венециската комисија доставила селективни информации за спроведувањето на процесот на лустрација. Петровски, кој и самиот во деведесеттите бил следен од тајните служби, обвини дека Уставниот суд не ги дал сите релевантни документи во врска со лустрацијата. Секретарот на Венециската комисија Томас Маркет го информирал дека тие не биле информирани за 4.000 досиеја кои по независноста се воделе од страна на државната безбедност врз основа на правилник за работа објавен во „Службен весник“ кој бил достапен и за Уставниот суд, но не и за јавноста. Венециската комисија, според Петровски, не била информирана ниту за користењето телекомуникациска опрема и следење без судски налози и затоа донела такво мислење според кое објавувањето на кодошите по 1991 година нема правна основа и се врши според политички идеолошки и партиски причини.

Претседателот на Уставниот суд вели дека дури и Венециската комисија во своето мислење за Законот се произнесува дека ако во Македонија по 1991 година биле прекршувани човековите права од одредени структури, тоа може да биде основа за Законот за лустрацијата да се однесува и на периодот по осамостојувањето на Македонија.

Петровски, исто така, телефонски стапил во контакт со Наумовски. Во разговорот кој го објавил на „Јутјуб“, претставникот на Kомитетот за демократизација повторно го обвинува претседателот на Уставниот суд за селективност. Петровски вели дека Уставниот суд при барањето за мислење од Венециската комисија морал да го потенцира фактот дека во Македонија и по 1991 година биле прекршувани човековите права.

- Во барањето до Венециската комисија никаде не сте навеле дека во Македонија и по 1991 година се воделе тајни досиеја за политички затвореници. Не сте ги дале сите документи. Сте направиле пропуст, му се обраќа Петровски на Наумовски.

- Законот го разгледувавме двапати. Ние не истражуваме поединечни случаи, туку единствено разгледуваме дали Законот е во согласност со Уставот. Затоа поднесовме иницијатива. Венециската комисија даде свое мислење. Дали Законот е противуставен или не ќе одлучат судиите во Уставниот суд. Можеби ќе го прифатат мислењето, а можеби не. Вас ли треба да ве прашаме што да поднесеме? Мене не ме интересира кој и за што бил прислушуван, туку уставноста. Уставниот суд донесува конечни и извршни одлуки. Јас не сум ниту државна безбедност ниту суд или комисија за лустрација. Ако слушаме секого како вас, Уставниот суд би се претворил во месна заедница. Барајте си го вашето право како граѓанин, а со Уставниот суд немојте да се задевате, возвраќа Наумовски на обвинувањата.

Проевски останува на ставот дека ќе поднесе кривична пријава до Уставниот суд за прикривање документи, а од судско соочување не бега ниту претседателот на судот.

Според расположливите информации, Венециската комисија излезе со став дека Законот за лустрацијата остава широки можности за политичка злоупотреба. Според Kомисијата, тој претставува средство за пресметка со политичките неистомисленици, не треба да го опфаќа периодот до 1991 година и со него не треба да бидат опфатени новинари, сопственици на медиуми, професори, верски заедници. Сепак, во ставот на Kомисијата во ниту еден дел не е споменато дека Законот за лустрацијата се коси со Уставот.
#



РАСПРАВИИТЕ ЗА ЛУСТРАЦИЈА ОБЈАВЕНИ НА ЈУТЈУБ јас ке додадам и на КОТЛЕ!!!


(25-12-2012, 11:59 PM)ЈорданПетровски Wrote:

26-12-2012, 01:07 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,632
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24

Quote:Мирјана Најчевска:

„Заради ова, јас како доктор по правни науки, како редовен универзитетски професор и научен советник, како експерт за дискриминација при ООН и како долгогодишен бранител на човековите права сметам дека оваа и ваква власт не може да биде сменета. Оваа и ваква власт може и треба да биде срушена, како што Картагена морала да биде разрушена.“




Бранител, ама на кои права?? "Експерт" кој нерекол збор за прогонот на луѓе после 1991 година. Прогонувани заради инаква идеологија од комунистичката, онаа де омилената на Најчевска, онаа за која таа е спремна да гинат други и недолжни и на што повикува денеска. Најчевска со друшвото околу неа се еден од причинителите што се појави Груевски, тие се причината што институциите на системот кои требаше да ја контролираат власта станаа инструмени на власта.
Затпоа мора под итно да се донесе закон за лустрација по препораките на Советот на Европа, закон базиран на Резолуцијата 1096, закон кој ке го примени целосно членот 7, член кој гласи:

-„Собранието исто така препорачува, казнивите дејства што биле сторени за време на комунистичкиот тоталитарен режим да се гонат и казнуваат врз основа на општоважечките казнени закони. Доколку тие предвидуваат застарување на одредени злосторства, рокот може да се продолжи, бидејќи се работи за процедурално, а не за содржинско значење. Доколку донесувањето и употребата на ретроактивни казнени закони е забрането, но дозволено е судење и казнување лица за дејства или пропуштања, кои во време на сторувањето не биле казниви според домашното право, казниви се во согласност со општите начела на правото на цивилизираните народи. До толку повеќе; доколку лицето ги прекршувало човековите права, неговиот приговор дека само извршувал наредби не ја исклучува ниту противправноста, ниту неговата индивидуална вина.“

27-12-2012, 06:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,632
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25

Мислам дека вреди да го препрочитаме писмово до Штефан Фуле и да го споредиме со изјавите на Венецијанска Комисија



(01-10-2011, 01:57 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:БРИСЕЛСКИТЕ СЛУЧУВАЊА



Почируван Господин Фуле,

[Image: file-crna-gora-junu-pocinje-pregovore-slika-45808.jpg]

Случувањата од минатата недела на панел дискусијата „Silencing the Press“ се последица на погрешната политика на ЕУ кон Македонија. Имено, за изминативе дваесет години, Еворпската Заедница не изврши притисок врз ниедна власт во Македонија да раскине со комунизмот. Истата грешка ја повторивте и вие сега Господин Фуле со вашите изјави за осуда на едната страна во „спорот“ во споменатиот циркуски скандал.

На мое големо разочарување, Вие застанавте во одбрана на луѓе кои заедно со нивните ментори се главните виновници поради кои во Македонија нема демократија и нема демократски медиуми. Нивниот однос кон демократијата резултираше со премиер и власт олицетворена во Никола Груевски. Борбата на формално две спротивставени страни е всашност внатрешен судир помеѓу идеолошки исти луѓе. Вие, со Вашето вмешување во спорот суштински браните недемократи од недемократи, комунисти од комунисти. Ако навистина сакате да ѝ помогнете на Република Македонија да тргне по патот на демократијата и владеењето на законот тогаш обидете се да проникнете во суштината на проблемот. Обидете се да разберете дека „демократите“ кои ги штитите се истите лажни дисиденти кои протестираа против Тито и таканаречените цревени буржуи. Тогаш менторите на денешниве квази-новинари не бараа демократија и човекови слободи, туку беа лути на Титовото скршнување од комунистичкиот пат. Значи, тие беа комунистички радикали. Превејаниот манипулант Тито им даде звучно име, нарекувајќи ги „анархо либерали“, а со името им додели и возвишени титули на професори, режисери, писатели, глумци итн. Тие и нивните деца денеска се чувари на комунистичкиот Свет Грал. Така во 1990. год. на Македонија ѝ се случи предвесници на демократијата, и наводни борци против комунизмот да бидат професори по марксизам и „анархо либералите“ на кои Тито им го остави аманетот да го сочуваат комунизмот .

Господине Фуле комунизмот кон своите вистински противници секогаш бил немилосрден казнувајќи ги со ликвидации, прогон, затвори, атентати на кариери, економско уништување и бришење на секаква трага за постоење на такви луѓе. Дали такви луѓе гледате во едната или во другата група? Нема Господине Фуле. Вистинските поборници на демократијата и борци за раскин со идеолошкото едноумие Вие и Евроамбасадорите не можете да ги сретнете во Република Македонија. Тие луѓе денеска се или душевно или буквално умртвени. За нив квази-новинарите кои ги земате за ваши штитеници никогаш не напишале збор. Треба да се запрашате зошто овие „демократи“ кои наводно сега се обесправени не проговорија јавно до ден денеска за прогонот на ИДЕОЛОШКИ И ПОЛИТИЧКИ НЕИСТОМИСЛЕНИЦИ НА РЕЖИМОТ што продолжи со несмалена жештина и по воведувањето на повеќепартизмот во Македонија. Доказ за оваа мое тврдење се преку 4.000-те досијеа кои Тајната полиција ги отворила на ИДЕОЛОШКИТЕ И ПОЛИТЧКИТЕ неистомисленици (на Режимот), единствените вистински поборници за демократија и почитување на човековите права на единката. Тоа за преоблечените комунисти е смртен грев. Кога ќе споредите досие отворено во времето на едноумието со досие отворено во времето на безумието, после 1991. год.—време на лажниот повеќепартизам, ќе видите ист вокабулар и исти причини за прогон. Во тие досијеа и случувањата околу нив е доказот дека ова што го доживуваме денес е ништо друго освен внатревежимска пресметка; односно практично олицетворение на желбата на Груевски да воспостави контрола врз целото комунистчко семејство и да стане нов Тито.

Зошто го велам ова? – Лустрацијата која ја спроведува Груевски е строго контролирана. Овој процес се става исклучиво во функција да послужи како задскривање на вистинското решавање на проблемот со употребата на Тајната полиција во партиски и идеолошки цели. Меѓутоа, внимавајте од ова погоре да да не стекнете погрешен впечаток дека досега лустрираните не биле соработници или пак дека се општо невини. Бидете сигурни дека од нивната невиност нема ни „н“. Дека се работи за дозирана пресметка, најубаво говори фактот што само еден од прогонетите (јас), по игра на случај повел постапка пред Суд, додека сите други не можат да побараат правда пред органите на правната држава. Имено, според македонскиот закон судска постапка е невозможна за прогонуваните бидејќи досиејата кои можат да ги користат како доказен материјал им се доставени предоцна за да можат да поведат постапка. А бидејќи поминал законскиот рок, тогаш според судот делата се сметаат за застарени. Ова беше обработено на сајтот http://www.kotle.ca ; http://www.cd-macedonia.com во случајот на Блажо Стојаноски од Прилеп. Резолуција 1.096 на Советот на Европа од 27.6.1996. год. (член 7) предвидува решение за такви случаи и вели:

„Собранието исто така препорачува, казнивите дејства што биле сторени за време на комунистичкиот тоталитарен режим да се гонат и казнуваат врз основа на општоважечките казнени закони. Доколку тие предвидуваат застарување на одредени злосторства, рокот може да се продолжи, бидејќи се работи за процедурално, а не за содржинско значење. Доколку донесувањето и употребата на ретроактивни казнени закони е забрането, но дозволено е судење и казнување лица за дејства или пропуштања, кои во време на сторувањето не биле казниви според домашното право, казниви се во согласност со општите начела на правото на цивилизираните народи. До толку повеќе; доколку лицето ги прекршувало човековите права, неговиот приговор дека само извршувал наредби не ја исклучува ниту противправноста, ниту неговата индивидуална вина.“

Владата на Груевски оваа препорака не ја испочитува. Причината е многу јасна за нас кои сме биле прогонувани и кои ги гледаме денешните позиции на луѓето кои биле НАЛОГОДАВАЧИ и директни извршители. Ако се дозволи судска постапка, колку судството да е под контрола на власта тоа нема да може да го изджи притисокот на јавното мнение и ќе мора да осуди неколкумина од извршителите; бидејќи за нивната вина постојат непобитни докази во самите досијеа. Една пресуда ќе значи судски прецедент ин а тој начин ќе го сруши ѕидот на молчењето.

Врв на дрскоста која беше резултат на убеденоста дека ЕУ нема ништо против македонското нерасчистување со комунизмот беа кандидатурите за председателските Избори од 2009. год. Според однесувањето на евроамбасадорот Фоуре се стекна убедување дека е пожелно во Македонија комунизмот да остане на власт. Подршката која г. Фоуере ја искажа за председателскиот кандидат на социјалдемократите, г. Фрчкоски—Министерот на полиција во времето кога е обновен прогонот—беше прејасен сигнал за комунистичкото крило предводено од Груевски дека не мора да менува ништо во начинот на владеење и дека е пожелно да продолжи со истите методи.

Сега би сакал да се осврнам конкретно на случката во Европарламентот со г Шацимаркакис, г Фоуре, и двете банди на македонски квази-новинари. Имено, додека ви се познати фашистичко-комунистичките методи на провладините претставници, се чини дека не сте доволно запознаени со минатото на оние кои Шацимаркакис ги згрижува како страдалници. Комитетот кој јас го претставувам во мај 2010. год. пред јавноста изнесе скандал од 2008. год. директно поврзан со г Велија Рамковски, сопственик на медуимскиот картел во кој беа вработени згрижените квази-новинари. Тогаш една ТВ куќа ја превзема снимката од Ѕоу Тубе која ние ја прикачивме неколку месеци порано. На снимката г Рамковски зборува за неговото поимање на слободата на новинарството и за начинот како ги третира новинарите кои не се повинуваат на неговите наредби за кого и што смее да се пишува.

Во снимките Рамковски се заканува на новинарите да не објавуваат ништо во врска со неколкуте високопрофилни случаи на корупција во кои се вмешани високи државни функционери и проминентни олигарси. Една од овие државни функционери, Петра Митева—поранешна директорка на Управата за јавни приходи, беше задолжена да им изврши инспекција на фимите во сопственост на г Рамковски во 2006. год. Нејзината Управа состави смешен извештај во кој тврдеше дека не постоеле никакви неправилности во даночното работење на фирмите на дотичниот. Симптоматично е што две години подоцна, кога г-ѓа Митева се најде себе си под истрага за неповрзана злоупотреба на јавна должност, г Рамковски отворено пред целиот новинарски состав на „Време“ се закани на новинарите да ја заштитат Митева. Оваа епизода е доволна за да може да се заклучи дека медиумски конгломерат кој е длабоко заглавен во тешки долгови на даноци, вмешан во сериозни финансиски проневери и други криминални активности не може да се очекува да ја има улогата на чесен стражар против злоупотребата на државните институции.

Групата на новинари кои беа присутни на тирадата на Рамковски која подоцна беше објавена во опишаната снимка набргу мораше да замине од картелот на Рамковски, бидејќи не им беа исплаќани плати, придонеси за пензиско и социјално осигурување. Тоа беше последната група на навистина независни новинари во Македонија. Тогаш никој не крена глас, па ни нивните колеги кои денеска плачат на вашето рамо.

Има уште многу да се пишува, но не сакам да ви одземам премногу време. Затоа, ќе ви ја објаснам суштината на работата на идеолошката полиција, која во Република Македонија сè уште постои под името Служба за државна безбедност:

Идеолошката полиција прогонот не го прави за да на Прогонетиот („Предмет на Обработка“) му ги докаже наводните индиции кои формално послужиле како покритие за отворање на досието, и конечно да го уапси и осуди Осомничениот. Да нема недоразбирање, тоа Службата не го прави од неспособност или од незнаење, туку заради тоа што целта на системот на работа е да се здобие со нов кодош—при што од секој „противник “ прави „свој“ човек, бидејќи, целта е, нели, Едноумие! Дали господине Фуле можете да верувате дека од 4.000 досијеа Идеолошката полиција, ако навистина индициите постоеле, не можела да обезбеди докази за ниту еден да биде изведен пред суд?



Со почит,

Јордан Петровски

Претседател на Комитет за демократизација на Република Македонија, Сент Катеринс, Онтарио, Канада






(21-12-2012, 04:21 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Томас Марктерт: „Досиејата ја менуваат сликата“

известува Душан Петровски


Деновиве Европската Комисија за Демократија преку Право (Венецијанска Комисија) се произнесе со Мислење во однос на Закон за определување на ограничувачка мерка за вршење на јавна должност (Лустрација) по барање поднесено од Уставен Суд на РМ.

[Image: images?q=tbn:ANd9GcSksuocP8XISYmoLBQYaTw...EZvwZKHlGQ]

Како што можеше да се предвиди, Мислењето стана предмет на различни толкувања од различните заинтересирани странки. Пред сѐ, гарнитурата која гравитира околу Сорос Фондацијата во Македонија живо се обидува да наметне толкување дека Венецијанска е на нивна страна—односно има исто толкување за лустрација после 1991 год. како нивнито. Тука ќе дадеме пример од Жарко Трајаноски, кој им објаснува на „забеганите лустратори“ дека:

„Венецијанска комисија вели дека нема смисла нашава лустрација по 1991 - од политички, идеолошки, и партиски причини - и дека е неприфатлива стигматизацијата и дискриминацијата на опонентите, како средство за политичка борба во држава во кој...а владее правото“
“Нема легитимна цел лустрирање на поранешни носители на јавна функција.“

Ова според Комитетот за Демократизација на Република Македонија е манипулација со она што е изнесено во Мислењето. Затоа, Комитетот за Демократизација на Република Македонија стапи во контакт со секретарот на Комисијата, Томас Маркерт, со цел да добиеме појаснение на Мислењето. Господинот Маркерт ни објасни дека Мислењето пред сѐ се заснова на историски преседенти од други Источноевропски држави, како и на материјалите кои ѝ биле приложени на Комисијата од страна на Уставен Суд на РМ. „Оваа Мислење е затворено,“ нѐ советуваше Маркерт кога го прашавме дали може да доставиме додатни материјали.

КДРМ: „Господине Маркерт, дали Комисијата е свесна дека во периодот кој му следи на Устав на РМ од 1991. год. Службата за Државна Безбедност отпочнала да води околу 4.000 досиеа?“

[Image: images?q=tbn:ANd9GcSe-JTFSzstt8FHP2bG1Zf...HxhqXABf_Q]

Томас Маркерт: „Ова е покриено со кажаното во Параграф 26 и 27 (види подолу) и претставува ‘посебни историски и политички услови’ во уставно општество. Комисијата дава Мислење чија што цел не е да даде пресуда, бидејќи не ѝ се познати сите детали. Оттука следи дека Уставен Суд (на Р Македонија) треба да го примени Мислењето земајќи ги в предвид сите податоци.



КРДМ: „Значи при формирањето на оваа Мислење на Комисијата не ѝ било познато дека Службата за Државна Безбедност на Македонија обработувала лица при што се служела со Правилник за Работа кој бил објавуван во Посебен Службен Весник на РМ достапен само до државните органи (меѓу кои и Уставен Суд), но не и до јавноста? Притоа, при водењето на досијеата биле користени мерки како прискушкување на телекомуникациски направи и следење без обезбедување на судски налози. Дали на Комисијата ѝ е познато дека откатко беа отворени досијеата во 2000. год. Јавното Обвинителство не превзеде никакви мерки во однос на кршењето на човековите и уставни права во однос на овие досијеа? Дали ви е познато дека кривичните дела кои биле сторени во водењето на досијеата биле затсарени уште при самото отворање на досијеата, при што оштетените немале можност да бараат законски лек?“



Томас Маркерт: „Тука би морал да кажам дека доколку Комисијата била запознаена со овие детали тогаш Мислењето би гласело поинаку, бидејќи во тој случај има смисла за лустрација, и покрај тоа што станува збор за период петнаесетина години подоцна. Сепак, сакам да сме на јасно дека ние даваме општи мислења, и се обидуваме да не носиме пресуди.“

КДРМ: „Тогаш да го заокружиме она што го велите: Со оглед на даденото дека СДБ водела досијеа за граѓани на РМ при што се служела со анти-уставни мерки, и земајќи ги в предвид Параграф 26 и 27, дали има смисла за лустрација во Македонија за пероидот кој му следи на 1991. год.?“

Томас Маркерт: „Земајќи го в предвид она што го велите, би рекол дека тоа ја менува сликата.“

На оние кои им е познат правничкиот јазик, лесно може да им стане јасно дека образложението е далекусежно. Венецијанската Комисија дава Мислење во однос на она што ѝ е приложено како дело. Но, земајќи го в предвид работењето на СДБ пост-Устав 1991. год., станува јасно дека Мислењето какво што е дава оправдание за лустрација за овој период бидејќи таквото работење на државните органи претставува „посебен историско-политички услов“—осносно демоктратскиот поредок бил превратен од страна на старите комунистички врховници и хронично биле вршени тешки дела против човековите права. Овие прекршивања, се подложни на затворски казни. Едниствениот проблем во Македонија, како што му беше објаснето ин а г. Маркерт, е во тоа што делата биле застарени уште во моментот кога доказите станале достапни.

Сепак, тука се јавува прашањето: Зошто Уставен Суд не приложил до Комисијата ништо во однос на досиејата водени после 1991. год.—осносно зошто Уставен се обидел да прикрие дел од случајот? КДРМ ќе се обиде да добие одговор на ова прашање преку Кривична Пријава до Уставен Суд.

Според образложението на Венецијанска и нејзиниот секретар, повторно излегува дека КДРМ бил во право кога ја советуваше Владата на РМ како поднесувач на Законот за лустрација дека телото на законот мора да содржи Преамбула со образложение зошто е неопходна оваа мерка за периодот после донесувањето на Устав на РМ.

Еве ги релевантите Параграфи од Мислењето на Венецијанска Комисија:

Параграф 24


Следи дека засновање на одлука за лишување на лице од позиција врз основа на однесување кое датира – најмалку 21 година, а можеби и 78 години, може – ако воопшто – да биде оправдано само врз основа на најсериозни прекршувања, во конкретно масивни и повторувани прекршувања на основните права, кои истовремено би биле основ за значителна затворска казна под кривичниот закон.


Параграф 26


Венецијанската Комисија забележува дека Европскиот Суд за Човекови Права (ЕСЧП), во една
прилика одреди дека примена на лустрациски мерки во однос на дела строени после завршувањето на тоталитарен режим биле прифатливи и не ја нарушуваат Европската Конвенција за Човекови Права (ЕКЧП). Во случајот на Жданока против Латвија централното прашање беше статутарна одредба која забранува на лица кои „активно учествувале после 13-ти јануару 1991. год.“ во Комунистичка Партија на Латвија (КПЛ) да учествуваат во парламентарни избори (1998 и 2002). Одредбата била донесена од Парламентот поради тоа што кратко време после Декларацијата за Независност од 4-ти мај, 1990. год., КПЛ била вмешана во организирање и спроведување на државни удари во јануари и август 1991. год. против новоформираниот демократски режим. Откако било согледано и особено земени во обзир историскиот и политички контекст во кој оспорената мерка била превземена, било заклучено дека било разумно од страна на легислатурата да претпостави дека водечки лица во КПЛ имале анти-демократско држење, поради што ЕСЧП пресуди дека немало прекршување на Член 3 од Протокол Бр. 1. Конкретно, ЕСЧП пресуди дека додека такви мерки не можат да бидат прифатливи во контекст, на пример, на држава која што има долго-воспоставени рамки на демократски институции, сепак може да се сметаат за прифатливи во случајот на Латвија со оглед на историскиот и политички контекст кој водел до нејзиното установување, како и со оглед на заканата кон новиот демократски поредок поставена од препородот на идеи кои, доколку им се дозволи да здобијат корени, можат да станат способни да го возвратат тоталитарниот режим.

Параграф 27


На Венецијанската Комисија не ѝ е познато дека постоеле посебни историско-политички услови (т.е. движења или активности вперени кон нарушување на демократскиот поредок или кон загрозување на заштитата на човековите права) во „поранешната Југословенска Република Македонија“ по прифаќањето на Уставот. Треба да биде забележано дека овој контекст ,,поранешната Југословенска Република Македонија“ била држава-членка на Советот на Европа од 1995. год., и како таква, била под надзор за својата демократска ефикасност и усогласеност со Европски стандади.

08-01-2013, 01:49 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,632
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26

(13-03-2013, 02:28 AM)ЈорданПетровски Wrote: Еве го писмото со кое Уставниот суд се обиде да го анулира мислењето на господинот Томас Маркерт искажано во раговорот со нас.
Несакавме досега да обзнаниме дека сме запознаени со писмото и содржината во него.
Ние уште во почетокот на фебруари реагиравме за писмово до Венецијанската Комисија и до господинот томас Маркерт. Одговорот засега нема да го презентираме. Ке сочекаме да се изјасни Уставниот суд. Од изјаснувањето ке следат нашите следни чекори, односно дали ке ја поднесеме кривичната пријава против Преседателот на Уставниот суд или не.


[Image: Odgovor1venkom_zps23271593.jpg]


[Image: Odgovor2VenKom_zps481d685d.jpg]
13-03-2013, 02:30 AM
Reply