ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,632
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:![[Image: EE48ACCF73019A469A7A136D7A336C7E.jpg]](http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/EE48ACCF73019A469A7A136D7A336C7E.jpg)
Ким Мехмети
Државата ќе опстои ако и Албанците ја сметаат за своја
1. Не е никаков патриотизам да палиш чие било знаме. Toa e кукавичлак и нечовечност некого да мразиш и физички да го нападнеш само затоа што не е од твојот етнитет. Почитта кон другите етнички и државни симболи е мерка за почитта кон сопствените симболи. Јунаштво е да го штитиш другиот од сопствената деструкција, а не обратното. Оттука таквите постапки никој не може ниту да ги прифати, а камоли да ги оправда. А што се однесува до формите за одбележување на 100-годишнината на независноста на Албанија и на албанското знаме, тоа го определуваат славениците и никому не треба да му пречат ниту маршевите, а ниту големината на знамињата. Колку што знам, во Македонија нема закон што ги определува формите на славење и одбележување на празничните денови, ниту, пак, законска регулатива што ја определува големината на знамињата при одбележување значајни датуми од историјата на Албанците. Големината на своето знаме, Албанците не го определуваат според тоа колку тоа знаме ги иритира другите, туку колку ги искажува нивните стремежи за подобра иднина, колку се обединети под знамето што со векови ги обединувало. Ако некој е провоциран од големината на албанското знаме и од маршот на орлите, тогаш таквите можеби ги иритира и ги провоцира нешто повеќе од тоа: постоењето на Албанците во Македонија.
2. Црвеното знаме, со црниот двоглав орел на неа е постаро од Албанија, тоа е знамето на Скендербег, станува збор за знаме во кое се проткаени стремежи на Албанците за реализирање на вековниот идеал: еден народ, еден јазик, една држава! Оттука, црвеното знаме со црниот двоглав орел на неа, не е само државно знаме на Албанија, туку етнички симбол на сите Албанци. Значи тоа е знамето со кое се идентификуваат и овдешните Албанци, кои под тоа знаме и со тоа знаме дале свој придонес во сите достигнувања на овој народ уште пред да постои Македонија, вклучувајќи го и прогласувањето на независноста на Албанија. За тие што не знаат, мало потсетување: документот за независноста на Албанија го потпишале и претставници од краиштата на денешна Македонија, министер на одбраната во првата албанска влада бил Мехмет Паш Дерала од Гостиварско. Ова само колку да знаат нашите сограѓани Македонци дека ние овдешните Албанци ниту сме биле, ниту ќе бидеме надвор од општоалбанскиот идеал, кој ниту во минатото ниту денес, не се храни со несреќата на другите, ниту според големосрпската логика „за крвта и тлото“, туку со проевропски идеали.
3. Одлуката на Иванов да не присуствува на прославата во Албанија ја отсликува непочитта на претседателот на државата кон своите сограѓани Албанци во Македонија. Тој со ова покажа и непочит кон ДУИ, која стори се' да му собере онолку гласови за да биде задоволен цензусот и без чија помош никогаш немаше да биде избран за претседател на државата. Со неприсуството на Иванов на прославата во Албанија, тој го потврди тоа што ние Албанците го знаеме од дента кога е именуван претседател на земјата – тој е претседател само на Македонците и на челниците на ДУИ.
4. Никола Груевски повеќе пати до сега докажал дека има проблеми со реалноста, дека живее во неговата иреална Македонија, каде што му се мешаат проектите за изградба на минатото, со тие за преиначување на сегашноста. Распнат меѓу тие иреалности, тој постојано е надвор од времето и просторот. Едноставно, соочувајќи се со реалноста што не сака да ја прифати – дека оваа држава може да опстои само ако неа ја чувствуваат како своја и овдешните Албанци – тој остана заложник на напорите да глуми дека е премиер на сите граѓани на Македонија, а да дејствува само како Македонец. Како таков тој се' повеќе и повеќе станува премиер на Македонците и на ДУИ, а се' помалку на сите граѓани. Изедначувајќи го својот однос кон овдешните Албанци со тој што го има кон ДУИ, Груевски заборави дека овдешните Албанци не се сопственост на оваа партија, ниту пак, дека тие кон власта го имаат истиот вазалски однос што Али Ахмети го има кон Груевски.
5. Сали Бериша и Хашим Тачи дојдоа во Македонија затоа што тука живее дел од албанскиот народ, затоа што овдешните Албанци се дел од севкупната историја на овој народ, затоа што овдешните Албанци придонеле и за независноста на Албанија и за ослободувањето на Косово. Тие дојдоа тука затоа што Скопје било и ќе остане значајно теме на триаголникот Тирана -Приштина - Скопје. И затоа што Скопје низ вековите било средиште на многу значајни настани поврзани со вековните идеали на Албанците. Нивните пораки треба да се читаат со азбуката на современиот свет. Пораките на Тачи и Бериша не се повик за присилно менување на границите, туку порака до сите дека Албанците и може да прифатат да живеат во пет балкански држави, но само ако им се овозможи заедно да се грижат за нивната етничка „градинка“ која ја сочинуваат сите нешта значајни за одржување на целината на еден народ.
6. Односите меѓу Албанија и Македонија нема да зависат толку од изјавите на Тирана и Скопје, туку од гласот на овдешните Албанци и од тоа колку тие ќе бидат подготвени својата иднина да ја градат како граѓани на оваа земја. Оттука, Македонија не треба да ги анализира изјавите на Бериша, туку односот на овдешните државници кон своите сограѓани Албанци. „Независноста“ на сите албански територии од Превеза до Прешево и Скопје, мора да се случи, ако сме искрени во изјавите дека сите овдешни народи се за европеизиран Балкан и за Балкан во Европа без граници. Како е можно да се реализира оваа европеизација на Балканот ако некој и понатаму мисли Албанците од овие простори да ги подели со ѕидови?
7. Јас сум приврзаник на идејата мојата држава самата до одлучи за своето име. И колку што знам, насекаде низ Албанија и Косово, Македонија се именува според уставното име. Албанија само ја почитува реалноста што ја прифати Македонија: да биде примена во ОН со привременото име.
|
|