ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,634
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
|
28-11-2012, 02:55 PM |
|
hristo
Super Moderator
     
Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation:
33
|
Ерол Ризаов реплицира на ставовите на учесниците во емисијата на Миленко Неделковски:
Quote:Ќе има ли сибирска зима
Ерол Ризаов
На десет дена пред одлуката дали ќе тргнеме по патот на Европа, главни вести во Македонија се албанските знамиња
Нема ни трага од драматично најавуваната сибирска зима и големи студови. Температурите нешто паднаа, ама по убавото циганското лето уште бајаги се над нулата, па си тераме прекрасна доцна есен. Додуша календарски зимата уште не стасала, а на 12 декември точно ќе се знае како Македонија ќе презими. Ќе има ли кочан зима, студои, магли и мраз, снег до колена, завеани градови и села или ќе имаме блага медитеранска зима со сончеви денови, убав снег по планините и бериќетни дождови. Како ќе биде времето зимава во Македонија ќе соопшти опсерваторијата од Брисел која ја мери температурата секој ден кај нас и на целиот Балкан. На десетина дена пред одлуката кога конечно ќе почнеме преговори со ЕУ во бриселскиот метео дневник на климатски промени има една реченица: Македонија е уште како во басните за штурците и мравките.
На десет дена пред историската одлука дали ќе тргнеме на патот за европеизација и прогрес, главни вести во Македонија се албанските знамиња, прославата на 100 годишнината на албанската држава и каде се наоѓа македонскиот премиер. Дали е во Америка, или застанал на некоја попатна станица. Ах, да ќе заборавев за малку, стана многу важно и тоа зошто претседателот на државата не оди на централната свеченост во Тирана на стогодишнината на Албанија, кога веќе не можеше да стаса на претпремиерата во Скопје. Претседателот наш, многу се налутил. Ја „откажал својата посета поради инциденти“ соопшти неговиот кабинет. Нема појаснување дали се работи за инциденти во Албанија или за инциденти на Албанците во Македонија. Знам дека нашиот претседател не се плаши ако му фрлат некое јајце, како на премиерот, ама ова со развиорените знамиња среде Скопје му дојде како капак на сите гајлиња што наеднаш му се насобраа. Па така Албанците нека си слават во Скопје, Приштина и Тирана сербес како во своја куќа, а ние за да бидат раат ќе им го скратиме нашето присуство на нивната слава. Се надевам дека и премиерот нема да скршне до Вашингтон оти и таму Белата куќа ќе го одбележува празникот на Албанците.
Тоа се главно нашите маки и јанsи деновиве во пресрет на денот кога очекуваме до почне еден историски процес кој дефакто ја спасува Македонија од исчезнување. Дежурните бранители на македонштината таа опасност не ја земаат предвид. Жестокиот судар на големите емоции и оскудното знаење кај нив предизвикува ерупција од глупости кои јавно се пласираат по разни естрадни емисии кои имаат амбиции да креираат политика. Првоборците против европското едноумие си направиле свое шоу на истомисленици кои се разликуваат само по степенот на радикализмот. Една од генијалните нивни тези е како тоа Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ и НАТО. Се согласувам со тоа дека секогаш има друга можност, ама за не дај боже. Работата е дали има подобро решение од авроатланските интеграции за Македонија. Нашите забавувачи ни ги понудија Русија, Кина, неврзаните земји и се разбира други сојузи како замена за ЕУ и за НАТО. Тука има само една мала фалинка што не ја земаат предвид нашите геополитички стратези. А, тоа е дали Русите, Кинезите, Неврзаните земји, ја сакаат Македонија за сојузник и каков е нивниот интерес тоа да го направат. Да тргнеме со ред. Рускиот човек во ЕУ е Грција. Односите меѓу Русија и Грција имаат длабока историска подлога. Политички шарлатани можат да наклапаат дека Русија на сметка на Грција ќе арбитрира за било што во корист на Македонија. Само тој што не ја знае барем елементарно кинеската политичка доктрина може да тресне дека по еден сојуз на Македонија со Тајван сега ќе уследи исто таков сојуз со Кина. За приближување до неврзаните доцниме едно 20 години. Хрватите таму добро профитираа при носење на некои одлуки во ОН и тоа само како посматрачи. Редовно ја добиваат подршката на неврзаните при гласањата во ОН.
Сепак единствената алтернатива, освен НАТО и ЕУ, по се' изгледа по наш избор ќе остане да се свртиме кон самите себе и нешто да одработиме, ако веќе не можеме да откриеме нафта и закопано баснословно богатство, рудници на злато и дијаманти, лек за неизлечиви болести. Единствениот излез за малите земји без природни богатстава останува само демократијата и образованието. И на двете работи ептен сме тенки. Ем полуписмени, ем мераклии за камшик. Ако е така исчезнувањето е веќе почнато.
Еве еден најсвеж пример за ЕУ која само што не се распаднала како што милуваат да кажат некои наши патриоти: градоначалничката на Софија Јорданка Фандакова му кажа на својот скопски колега Коце Трајановски дека досега од ЕУ обезбедиле милијарда евра само за 70 инфраструктурни проекти во Софија. Велат, кога ова го чул наш Коце побарал шеќер и вода.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F9354...1EC5CDC8F3
|
|
29-11-2012, 02:16 PM |
|
ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,634
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:Миленко за лека ноќ!
Роберто Беличанец 01.12.2-12
Реакциите после Пресинг покажаа дека во поларизирано општество само поларизирани реакции и можеш да добиеш.
Во принцип се сведоа на три типа – да ми честитатаа цариници и обични луѓе преку пораки. Луѓе со новинарско искуство да ми забележуваат дека “сум бил несериозен и требало да го разобличам на културан начин“ и преродбеничката субкултура која и онака се занимава со мојата фризура наместо со тоа што е под неа – настанот да си го толкува по маалски приниципи фасцинирана од способноста на Миленко некому да му каже дека тој е мажиште најслилно и најјако. Нејсе – состојба редовна до овде. Но, она што ме загрижи и е во потполност спротивно на линијата на мислење за која се залагам се реакциите на поддржувачи кои изнашишаа дека г-н. Неделковски е “Свиња“, “Дебиленко“ и слични зборови кој тој не ги смета за ништо друго освен народен јазик од малку пооштар тип.
Тука имам сериозен проблем. Јас не прифаќам дека Г-н. Неделковски е нешто друго освен човек. Секое друго етикетирање не само што е проблематично од аспект на пристојна комуникација туку исто така ми е проблематично затоа што го амнестира дотичниот господин дека не е свесен за тоа што го работи. Не, дами и господа, Миленко и уште неколку медиумски доброволни даватели на туѓа крв се свесни човечки суштества и се и тоа како свесни што работат. И не можат да бидат амнестирани од одговорност преку ваков говор со кој им се дава целосен легитиметитет за тоа што го прават. Не знам дали се разбираме, човечкото суштество е свесно за околината во која што делува и одговорно за своите постапки, животните или лицата со ограничени потреби се изземени од одговорност токму заради нивната неспособност да разлачат добро од лошо и заради нивната неспособност да ги предвидат последиците од нивните постапки.
Имено Г-н. Неделковски и компанија ните се луѓе што се несвесни дека стојат пред камера, нит се без искуство во масовна комуникација, ниту пак се луѓе кои не ја знаат моќта на медиумиот. Ако не од друг тип на фидбек, тогаш од “имање женски“. Настрана што низ оваа реченица ѕирка дел од бедата на мотивацијата за вербално малтретирање на нацијата и нејзино хушкање да го помине животот во омраза, таа ја отсликува свесноста за моќта на телевизијата. Уште еден доказ дека се работи за човек свесен за своите постапки.
Затоа ве молам сите – престанете да го етикетирате г-н. Неделковски со вакви епитети. Такво амнестирање не можеме да си дозволиме.
|
|
01-12-2012, 11:55 PM |
|