Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 10 Vote(s) - 2.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонија од 1941 година до 1944 година
Author Message
mungos
Unregistered

 
#1

16 јуни 1943 година во кавадаречкото с.Ваташа бугарските окупаторски војници стрелаа 12-те млади Македонци од селото: Васил Хаџи Јорданов, Ферчо Поп-Ѓорѓиев, Диме Чекоров, Блаже Ицев, Ванчо Гурев, Пане Џунов, Данко Дафков, Илчо Димов, Герасим Матаков, Пане Мешков, Ристо Ѓондев и Перо Видев. Во нивна чест е изграден и споменикот во близина на селото, во месноста Моклиште и испеана е народната песна "Ми заплакало селото Ваташа".

Во летото 1943 година, кога по низа успешни акции на партизанските одреди на Третата оперативна зона, “Добри Даскаловви и “Сава Михајлов”, со своите удари врз окупаторската полиција, војската и контрачетниците, партизаните ја придобија љубовта на својот народ, окупаторот, со три полка бугарска војска и јаки одреди полиција, под команда на полковникот Апостолов, командант на 56.п.полк, во времето од 7 до 16 јуни 1943 година, презема офанзива заради уништување на партизаните.


Бидејќи не успеа да ги разбие или уништи партизаните, се нафрла на мирното население. Ѕверствата што тогаш ги изврши бугарскиот окупатор во Тиквешијата се споредувани со оние што германската фашистичка војска ги вршела во окупираните територии. Во оваа окупаторска казнена експедиција се стрелани или на друг свиреп начин убиени околу 80 цивилни лица. Кулминација на овие погроми над цивилното население во овој крај е масовното стрелање во Ваташа. На 16 јуни 1943 година, на роденденот на бугарскиот престолонаследник, на најѕверски начин се убиени 12 младинци од Ваташа,меѓу кои деца и ученици од 14 до 16 години. По приведувањето, наводно заради сослушување,тие неколку часа се изложени на бескрупулозна тортура, а потоа над селото стрелани со митралез и потоа одново бодени со ножеви, на некои им се бодени очите, на други им е разбиена главата. Во исто време, во Кавадарци се стрелани 5 лица, меѓу кои две жени на 50 години - Рајна Соколова и Фруса Чедомирова. Во Неготино се стрелани 4 лица.

Споменикот беше откриен на 11 октомври 1961 година во спомен на денот кога 12 младинци биле свирепо убиени од бугарскиот окупатор во месноста Чаир во Моклиште, 12 километри од Ваташа.

На споменикот е запишано: „Смртта стана немоќна пред нашата младост испарвена, пред очите наши загледани, уште тоа утро во иднината“. На местото на кое се стрелани е подигнат и Спомен-парк во кој се засадени 12 јавори како симбол на дванаесетте млади животи.
[Image: 728.jpg]
24-02-2010, 11:50 AM
Reply
mungos
Unregistered

 
#2

КОЛКАВИ ОСЛОБОДИТЕЛИ БИЛЕ БУГАРСКИТЕ ФАШИСТИ 1941 г.

Многу од нас во Македонија имаат слушано за злосторствата кои ги направиле Бугарите,Албанците и Италијаните за време на Втората Светска Војна но изненадувачки е тоа што Италија и Албанија им се извинија на Македонските граѓани поради сите злосторства додека Бугарија тврди дека тие не биле окупатори. Тие ја ослободиле Македонија во 1941.Но дали било право ослободување како што Русија нив ги ослободи, или ослободување за окупирање. Епа, еве еден пример како било тоа “ослободување“ кое е познато низ цел свет поради ѕверската култура на нашите соседи ослободители.
24-02-2010, 11:51 AM
Reply
mungos
Unregistered

 
#3

[Image: 330.jpg]
Бугарите "позираат" пред главите од заробени Македонци партизани
[Image: 332.jpg]
Улични ликвидации по градовите во Македонија на Македонци патриоти, Раде Јовчевски - Корчагин
24-02-2010, 12:01 PM
Reply
mungos
Unregistered

 
#4

[Image: 387.jpg]
Масовна ликвидација с. Дабница - Прилеп
[Image: 397.jpg]
[Image: 707.jpg]
Масовен колеж до последните денови на Бугарската окупација (Беровско)
[Image: 715.jpg]
Силување па ликвидација, Вера Циривири Трена
Животот на големите личности, не ретко, започнува едноставно, а продолжува со големи дела кои остануваат запишани во историјата. Токму така животот го започнала и го завршила Вера Циривири од Прилеп. Родена е 1920 година, од мајка Васка и татко Коста Циривири. До своите пет години таа не знаела за татко и, бидејќи тој се наоѓал во Пожаревачкиот затвор. Мајката Васка, заедно со својата ќерка Вера, секое изгрејсонце го пречекувала во бескрајните широки тутунови полиња. Подоцна во 1935 година Вера од напорната работа во Монополот, се разболува и со нејзината мајка оди на лекување во Белград каде што татко и Коста работел како шивач. Во тоа време шивачкиот дуќан на Коста Циривири на улицата "Босанска° во Белград било познато сврталиште на револуционери, уметници и поети од Македонија: Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Борка Талески, Кузман Јосифоски-Питу, Кочо Рацин и други. Со сите нив Вера станала истомисленик околу истата идеја - национално и социјално ослободвање на Македонија. Во 1940 година станува член на Комунистичката партија, а истата година на Илинден таа е еден од организаторите на прочуената манифестација што повод националниот празник ја организирале младите македонски патриоти. Кога започнала војната во Македонија, Вера на својата мајка и рекла: "Мајко, јас заминав, земјата треба да се брани!°. Пукнале првите пушки во Прилеп и набрзо се организираат партизански одреди. Вера Циривири е меѓу првите што им се приклучила.. Оди од село во село, од град во град со задача да агитира за вооружена борба против окупаторите. Во повеќе села Вера се претставувала како Трена, некаде како Светлана, некаде како Ленче. Бугарските окупаторски власти давале 20.000 лева само жива да ја фатат. Набрзо по партиска задача заминува за Штип, каде што во ноќта на 14 јули 1944 година, куќата во која се наоѓала ја блокира полицијата. Вера се подготвила за бегство, ги фрлила чевлите и боса почнала да бега кон соседните куќи. Во моментот кога го прескокнувала ѕидот на оградата од некоја соседна куќа, паѓа погодена од полициските агенти кои ја гонеле. И пред да ги затвори очите, со силен глас извикала: "Ние ќе победиме! Ние ќе победиме!°. Во тој момент за да не се предаде жива во рацете на непријателот, Вера се самоубила. Тоа се случило на денешен ден, точно пред 60 години. Мртвото тело на Вера Циривири-Трена бугарските полициајци го избоделе со бајонети и го фрлиле во Брегалница, надевајќи се дека од неа нема да остане трага. За среќа, таму се нашол некој овчар и сам ја погребал подалеку од реката Брегалница.
24-02-2010, 12:04 PM
Reply
raspberry Offline
Senior Member
****

Posts: 287
Joined: Feb 2010
Reputation: 9
#5

Сложил си няколко снимки на убити и искаш да ме убедиш, че са убити от българи?Я преброй моля те колко са избити от сърбите по време на окупацията и колко от гърците след това сравни колко са избити от българите и колко от тях са комунисти.Да се обзаложим ли, че няма да са повече от 200 чoвека?И после виж колко комунисти и антифашисти са избити в България и дали случайно няма да излязат 3-4 път повече?
И погледни моля те кой е освободил Апостолски и Колишвески от смъртни присъди....
И друг въпрос защо само известна съпротива има по време на 2-та световна ,а през останалите войни няма и защо ВМОРО се присъединява към българската армия?
А да и провери моля те колко от офицерите и полковете са македонски да не се окаже някрая, че сами сте се окупирали?...
24-02-2010, 12:29 PM
Reply
veritas Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,691
Joined: Feb 2010
Reputation: 7
#6

Първият партизански отряд в Македония е бил български.

http://images18.snimka.bg/003264796-big.jpg

http://images18.snimka.bg/003264795-big.jpg

Войнишки партизански батальон "Христо Ботев"

Войнишки партизански батальон "Христо Ботев" e български партизански отряд, създаден от дезертирали български военнослужещи по време на партизанското движение в България през 1941-1944.

Образуван от войниците от 1/15 граничен подучастък в село Конско, Гевгелийско, преминали начело с командира си поручик Дичо Петров на страната на партизаните на 14 декември 1943.

През зимата на 1943-1944 батальонът, в състав 75 души, въоръжени с пушки, леки и тежки картечници и гранати, се прехвърля през Беласица в България. Провежда акции в околностите на Кюстендил и Трън. На 12 май 1944 се присъединява към Втора софийска народоосвободителна бригада. Получава задача да се свърже с Първа и Втора средногорска бригада. По пътя е обкръжен от жандармерия на 23 май 1944 край село Батулия, Софийско и е почти напълно разгромен.

http://bg.wikipedia.org/wiki/Войнишки_па..._батальон_"Христо_Ботев"

А тук за самият Христо Ботев:

Христо Ботьов Петков, известен като Христо Ботев, е български национален герой, революционер, поет и публицист, роден на 25 декември 1847 г. (нов стил — 6 януари 1848 г.) в град Калофер в семейството на учителя, книжовник и обществен деец, даскал Ботьо Петков (1815-1869) и Иванка Ботева (1823-1911).

http://bg.wikipedia.org/wiki/Христо_Ботев
24-02-2010, 07:29 PM
Reply
raspberry Offline
Senior Member
****

Posts: 287
Joined: Feb 2010
Reputation: 9
#7

А за тоя батальон Христо Ботев,,,Devil3


24-02-2010, 07:33 PM
Reply
raspberry Offline
Senior Member
****

Posts: 287
Joined: Feb 2010
Reputation: 9
#8

ааа ти си ги дал извинявай....
[Image: 003264796-big.jpg]
24-02-2010, 07:36 PM
Reply
veritas Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,691
Joined: Feb 2010
Reputation: 7
#9

За днес стига, но следват още изненади за бракята македонци.
24-02-2010, 07:47 PM
Reply
raspberry Offline
Senior Member
****

Posts: 287
Joined: Feb 2010
Reputation: 9
#10

[Image: 005347742-big.jpg]
За тези които не са чели ботевата Молитва..

МОЯТА МОЛИТВА

"Благословен бог наш..."

О, мой боже, правий боже!
Не ти, що си в небесата,
а ти, що си в мене, боже -
мен в сърцето и в душата...

Не ти, комуто се кланят
калугери и попове
и комуто свещи палят
православните скотове;

не ти, който си направил
от кал мъжът и жената,
а човекът си оставил
роб да бъде на земята;

не ти, който си помазал
царе, папи, патриарси,
а в неволя си зарязал
мойте братя сиромаси;

не ти, който учиш робът
да търпи и да се моли
и храниш го дор до гробът
само със надежди голи;

не ти, боже на лъжците,
на безчестните тирани,
не ти, идол на глупците,
на човешките душмани!

А ти, боже, на разумът,
защитниче на робите,
на когото щат празнуват
денят скоро народите!

Вдъхни секиму, о, боже!
любов жива за свобода -
да се бори кой как може
с душманите на народа.

Подкрепи и мен ръката,
та кога въстане робът,
в редовете на борбата
да си найда и аз гробът!


Не оставяй да изстине
буйно сърце на чужбина,
и гласът ми да премине
тихо като през пустиня!...
24-02-2010, 08:06 PM
Reply
Pirinec-Vrhovist Offline
Воjвода
****

Posts: 399
Joined: Dec 2009
Reputation: 15
#11

(24-02-2010, 11:50 AM)mungos Wrote: 16 јуни 1943 година во кавадаречкото с.Ваташа бугарските окупаторски војници стрелаа 12-те млади Македонци од селото:

Види бе мунгос-е тоа е фашиски режим на секаде...не е само во Македония! Во цела България партизаните и комунистите са тепани! Неможе да го изкарвате тоа дека е на етническа основа!!! Знам дека ви куца идентитетот и ви са потребни такви работи,но тоа е само и единствено фашиски режим кой е прогонувал партизани и фашисти!
Еве ке ти дадам пример:

Шестте ястребинчета

Шестте ястребинчета са 6 деца от село Ястребино, разстреляни на 20 декември 1943 г. заедно с родителите си (екзекутирани са общо 18 човека), обвинени в укриване и подпомагане на преминали в нелегалност членове на БЗНС. Извършител е картечната рота на подпоручик Коста Йорданов[1]. Съществува и предположение, че става въпрос за отмъщение от страна на партизани за предполагаемо предателство.[източник?] Децата са:

* Стойне (7 г.), Иван (9 г.) и Надежда (12 г.) – 3 от общо шестте деца на Петър Калайджийски
* Димитринка Стоичкова (11 г.)
* Близначките Ценка и Цветанка (13 г.) – от семейството на Иван Димитров

След разстрела им заедно с останалите възрастни са заровени в плитък гроб, който на следващия ден е разкопан, а телата на загиналите са изгорени на клада

ШЕСТТЕ ЯСТРЕБИНЧЕТА

Едва ли има честен българин, чието сърце да не трепне, запознавайки се с трагичните събития в село Ястребино на 19.12.1943г.
Трите деца-Стойне,Иван и Надежда са от едно семейство-на бедния чакълджия Петър Калайджийски.
Най-малкият е СТОЙНЕ-седемгодишен!, първокласник, роден на 18.12.1936г. Той още не може да изговаря буквата "р", но е първенец на класа, чете най-изразително, изписва най-красивите букви, макар понякога да няма пари за тетрадка и молив.
ИВАН е деветгодишен!, роден на 19.12.1934г. Съсредоточено и будно дете. Мечтае да стане машинист.
Най-голяма е НАДЕЖДА-дванайсетгодишна!, родена на 16.11.1931г. Мечтата и е да стане учителка.
ДИМИТРИНКА Петкова Стоичкова е родена на 3.11.1932г. Баща й е член на БЗНС.
Четири от невинните жертви на фашизма са от семейството на Иван Димитров. Две от тях са сестричките близначки-Ценка и Цветанка, родени на 5.03.1930г. След като завършват първоначалното си образование в Ястребино се записват в прогимназията в село Любичево.Всеки ден в студ, мраз и виелици, тринайсетгодишните! деца ходят до съседното село и се връщат. Те знаят къде се укрива батко им Митко с другарите си и поддържат връзка с тях. Носят им храна, дрехи, информират ги за обстановката в селото.
КРАЯТ НА 1943 година!!!
Неспокоен е Тузлушкия край. Ястребино е снабдителна база на партизаните от Омуртагския отряд, а за фашистите-опасно "комунистическо" гнездо. На Никулден-по стар стил-19.12.1943г. многохилядна войска, полиция и жандармерия нахлуват в селото.
В дома на предания ятак и стар комунист Петко Калайджийски нахлуват въоръжени войници. Подкарват цялото семейство-родителите с ТРИТЕ ДЕЦА -Стойне, Иван и Надежда към кметството.
Не е отминато и семейството на Петко Стоичков. В дома са бащата, майката и единайсетгодишната! Димитринка. Отвеждат и тримата.
Полицаи нахлуват и в дома на тринайсетгодишните! Ценка и Цветанка. Отвеждат ги заедно с майка им и баща им.
Кметството на село Ястребино е претъпкано с арестувани. Разпитът не продължава дълго. Не трепва озверялото сърце на подпоручик К. Йорданов. ВЪПРОСИТЕ В ПИТАЩИТЕ ОЧИЧКИ НА ДЕЦАТА ОСТАВАТ БЕЗ ОТГОВОР! Малцина освобождават. Фашистите подбират жертвите си-осемнадесет души, от които
ШЕСТ ДЕЦА!
След пладне ги извеждат извън селото. Край селската горичка ги спират и зловещ картечен изстрел ги покосява. Незасегнат между труповете остава най-малкя-СЕДЕМГОДИШНИЯ ПЪРВОЛАК Стойне. ЗАШЕМЕТЕН и УПЛАШЕН ТОЙ МОЛИ ДА НЕ ГО УБИВАТ. ЖЕСТОК ЗЛОДЕЙ СТРЕЛЯ И ДЕТЕТО ПАДА МЪРТВО!!!
Трагедията, разиграла се на 19.12.1943г. в Ястребино, не е завършила. На следващата нощ убийците продължават гаврата с жертвите си. Изваждат набързо заринатите трупове и далеч от димящото село ги изгарят на клада, за да заличат престъпленията си...

[Image: q.gif]

Има низ цела Бг вакви примери како Ястребино и Ваташа!Нема нормален човек кой би оправдал вакви злосторства,но таков е бил режимот!
Којшто има очи ќе види.
Којшто има уши ќе чуе.
Којшто ја љуби вистината ќе разбере.
24-02-2010, 08:32 PM
Reply
mungos
Unregistered

 
#12

И тоа ти дава право да плукаш по тој кој ќе рече дека тогаш се случил овој настан.Значи според тебе и Хитлер со неговите слуги се добри оти такво било времето.


Не сте здрави сите што наоѓате изговори на вакви масакри.
24-02-2010, 11:25 PM
Reply
ivan mihajlov Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,067
Joined: Feb 2010
Reputation: 8
#13

(24-02-2010, 11:25 PM)mungos Wrote: И тоа ти дава право да плукаш по тој кој ќе рече дека тогаш се случил овој настан.Значи според тебе и Хитлер со неговите слуги се добри оти такво било времето.


Не сте здрави сите што наоѓате изговори на вакви масакри.

И ФАШИСТИТЕ И КОМУНИСТИТЕ СА ИЗРОДИ И ЕДНИТЕ И ТУГИТЕ СА ТЕЛАПИ ЛУГЕ ..ПРВО ТЕПХА ФАШИСТИТЕ ПОСЛЕ ДОЙДОА КОМУНАРИТЕ И ТЕ ТЕПАА НАРЕД .ВО МАКЕДНИЯ НИКОЙ НЕ ТЕПАН ДЕКА СЕ Е САМОПРЕДЕЛАЛ КАКО МАКЕДНЕЦ БУГАРСКИТЕ ФАШИСТИ СА ТЕПАЛИ КОМУНИСТИ ОВЕ Е ВИСТИНАТА КАКО ПРАВЕХА И ВО БУГАРИЯ ФАШИЗМОТ НЕМА ИДИНИТЕТ ОВЕ Е ИДЕОЛОГИЯ!
25-02-2010, 12:52 AM
Reply
mungos
Unregistered

 
#14

Балистичката организација во Македонија во Втората светска војна (1941 - 1944 година)

ТЕРОР ВРЗ МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ


* Балистите ги напаѓале селата по Маврово и по Шар Планина во обид да го истераат македонското население и да го уништат партизанското движење. Во тие напади биле убивани цели семејства, биле спалувани куќи, домови, вели историчарот Ѓорѓи Малковски.

Во многу нешта минатогодишната криза е слична со карактерот на мојата најнова книга "Балисти", вели историчарот проф. д-р Ѓорѓи Малковски. Интересот за проучување на балистичката организација во Македонија во текот на Втората светска војна (1941 - 1944 година) произлезе од моите поопстојни проучувања и на другите политички партии, организации и групи кои, исто така, дејствувале во Македонија. Балистите претставувале воена, но и политичка сила, потенцира Малковски. Нивното влијание особено било изразено по септември 1943 година, односно по капитулацијата на фашистичка Италија. Во основа биле верни соработници и на германската војска, а учествувале во сите борби против единиците на македонската војска на целата територија на Западна Македонија. Тие биле финансирани, раководени, обучувани и вооружувани од германската војска. Германците многу бргу ја почувствувале нивната главна цел, Западна Македонија да ја зачуваат во рамките на "Голема Албанија", истакнува проф. Малковски.

Тој вели дека покрај балистичката организација во Македонија, за истите политички и национални цели опстојувале и многу други албански милитантни, паравоени и политички организации. Тие директно биле поврзани со окупаторите, но прво со Италијанците кои учествувале во поделбата на Македонија по навлегувањето на германските сили во поранешната кралска Југославија.

Честопати за Македонија, вели Малковски, се судрувале интересите на Бугарија и Италија кои биле поддржувани од парамилитантни насилни албански организации.

Меѓу првите кои ја поддржале окупацијата на Македонија на делот каде што се стационирале италијанските трупи била Фашистичката партија на Италија во Албанија која била доминантна политичка сила по 1939 година.

За оваа намена биле издвоени околу 100 милиони швајцарски франци кои биле употребени за инсталирање на партијата во Албанија и во Западна Македонија. Во оваа организација највлијателни биле Албанците Кољ Биба Миракај како и Исмаил Хуса од Мат, Албанија. Оваа организација се инволвирала во сите пори на албанското општество и притоа ги вклучувала во своите редови и младите Албанци од 14 до 17 годишна возраст, потенцира историчарот Малковски.

ОРГАНИЗАЦИИ

Проф. Малковски најпрво ја наведува албанската организација "Легалитет" која била верна и приврзана на албанскиот крал Ахмет Зогу. Таа била основана од мајорот Абас Купи, попознат во Албанија како База Цани, во 1943 година. Оваа организација имала две појаки, односно поголеми групи од кои во северниот дел на Тирана била стационирана едната, а другата се наоѓала во Скадар. На чело во групата во Тирана бил Џемаил Наип, а на скадарската Сали Мифтија. Се верува дека оваа организација имала околу 5.000 членови од кои 1.500 биле вооружени офицери и бајрактари. Друга организација која влијаела во Македонија била "Кресник офицер". Нејзина задача била борба против партизанските единици на македонската војска.

Почетоците и појавата на дејствувањето на организацијата "Беса" се забележуваат во Белград пред започнувањето на Втората светска војна, вели Малковски. Еден од основачите бил Шаип Камбери, а формирањето се случило во Тетово. Во овој град подготовките биле доверени на Идриз Ибрахим - Црцр. Нивни задачи биле: задолжително меѓу муслиманите да се шири пропаганда која истакнувала дека тие не можат да бидат Турци освен Албанци и да се шират симпатии кон Албанија. "Фаша" била фашистичка организација, истакнува историчарот, која во своите редови зачленувала службеници кои биле вработени во државни институции.

Проф. д-р Ѓорѓи Малковски, автор на книгата "Балисти"

Покрај оваа организација, во својот најнов научен труд Малковски ги наведува и "Башкими дибраи", "Ринија Шкиптаре", "Балила", "Роја грејзие", како и "Зото", "Таша" и други. Сите имале единствена и основна цел да го протераат македонското население од Западна Македонија, користејќи се со силувања, насилства, грабежи, палење на домови...

Балистичката организација на политичката сцена на Албанија се појавила при крајот на 1942 година, во месец ноември, образложува професорот Малковски.

За нејзин основач се смета дека е Митхат Фрашери, попознат под псевдонимот Љумо Скендо. Членовите на организацијата истапувале со тезата дека албанскиот народ за време на Втората светска војна не смее да се изложува на уништување и затоа треба да се почека со вооружената борба.

На Фрашери најблизок соработник му бил Хасан Доста кој пред да пристапи кон балистичката организација бил министер за правда во владата на квислингот Мустафа Круја. Во најтесното раководство биле велепоседниците: Абас Ељмени, Скендер Мучо, Нуредин бег Флора и други. Организација била директно поддржувана од воено-политичката известителна служба на Вермахтот (Абвер) која му помагала на Хитлер да ги освојува териториите. "Бали комбетар" - балистичката организација имала добра организирана мрежа во Западна Македонија, наведува Малковски.

Прешова Шефки од Гостивар, Фиќири Зинија од Гостивар и Џемо Хаса (Од лево на десно)

Тоа особено се почувствувало по капитулацијата на Италија, во септември 1943 година. Главен балистички центар станал Гостивар, а со него раководел Кадри Сали. Во Тетово окупаторот комуницирал со адвокатот Шаип Камбери.

Организацијата имала инсталирано повеќе општински комитети, а меѓу првите бил оној во Тетово во кој членувале: Фати Салиница, Шаип Камбери, Менди Мустафа бег и Усеин Делара бег. Комитетот во Тетово ја имал целата власт, командата, жандармеријата, префектурата и другите институции на власта што биле инсталирани од албанските окупатори. Комитетите во основа работеле по зацртана програма на балистичката организација, вели Малковски. Прво, мобилизирање и вооружување на албанските маси за борба против партизанското движење. Второ, преку борба да се создаде "Голема Албанија" со новите краишта Струга, Дебар, Кичево, Гостивар, Тетово и Косово, се до Бакарно Гумно и Санџак. Трето, да се собираат материјални средства за одржување на балистичките сили и за купување оружје.

Балистичката организација во Македонија имала најголем центар во Гостивар. Како команданти на балистичките вооружени формации во Гостиварско се истакнале Џемо Хаса "Хасани" од Симница, Акиф Речани од Речани, Мустафа од Трница, Феим Јонузи од с. Здуње и други.

Најголем замав ширењето на организацијата имало со појавувањето на Џемаил Хасани - Џемо (1908 - 1945 година) од село Симница, Гостиварско. Џемо во 1942 година, пред појавувањето на балистичката организација, се одметнал со 40 Албанци и го тероризирал македонското население. Него Италијанците претежно го искористиле за борба против партизаните и му давале месечна плата од 50 илјади леки. Во кичевската околија балистите ги раководел Мефаил Еипов од Зајас, додека во Струга организатор бил Ремзи Шакир бег. Штабот на балистите за целата кумановска околија бил формиран во с. Матејче. Водач бил Суљо од с. Отља кој порано бил командант на контрачета составена од Албанци. Членови на штабот биле Мула Џафер Азизи-оџа, Мула Илијас Керими-оџа од село Матејче, Џемаил Џемаили од с. Никуштак и други. Ова јадро било директно поврзано со балистите од Косово и со германската војска со која координирано ги напаѓале единиците на македонската војска во кумановскиот терен, објаснува Малковски.

УЦЕНИ

Членовите на балистичките комитети добивале плата која била собирана од селаните како и од опљачканите имоти на Македонците. Структурата на вооружената и воената сила на балистите била т.н, вулнетари или доброволна војска. Тие биле организирани на целата територија на Западна Македонија. Во Дебар нивниот број изнесувал од 1.200 до 1.500 лица распоредени во пет до шест чети. Во струшкиот крај бројот на вулнетарите изнесувал од 700 до 800 души, кои биле поделени во две чети. Првата чета броела 500 души, а командант бил мајорот Бекир ага. Втората чета се состоела од 300 лица чиј командант бил мајорот Тефик Власи. Во Ростуше дејствувала една чета од 400 души со која командувал Али Маличи. Во Кичево со вулнетарите командувал Мефаил, а во Гостивар Џемо Хаса.

Во општиот план за разбивање на вооружената борба и создавање на страв меѓу македонскиот народ, балистите покрај воени дејствија на широко спроведувале акции на палежи, грабежи, силувања и убиства врз незаштитеното македонско население. Овие акции ги изведувале сами или во координација со германските или италијанските воени сили. Тие ги изведувале на целата територија на Западна Македонија, но пред се во селата со чисто македонско население.

Ним им помагале и качачките банди, како на пример, бандата на Елез Јусуфи чии синови Цене, Јусуф и Садик крстареле по гостиварско-тетовската област, на просторот од планината Бистра се до Шар Планина. Тие биле присутни се до 1943 година, но продолжиле со ограбувањето и во наредните години. Последниот грабеж Цене Елези го извршил на 6 јуни 1946 година кај месноста Афметковица. Овој познат качак македонската власт успеала да го уапси во 1949 година во с. Жеровница, истакнува Малковски.

Во мијачките, горнореканските и планинските предели на полошкиот регион дејствувала качачката банда на Мурат и Мифтар Каљоши, која била разбиена во 1944 година. Во почетокот македонското население за да се одбрани од качачките банди и нападите од балистите изнајмувала семејни професионалци кои се бореле против бандитите.

На шести ноември 1942 година, балистите навлегле во селата Селце, Ростуше и Тресонче. Тие го уценувале населението од селата и барале да им платат големи износи пари. Населението од Селце било уценето за 200 илјади лека, ростушани за 80.000, Тресонче за 150.000, а селаните од Лазарополе дури за 200.000 лека.

Балистите ги напаѓале селата по Маврово и по Шар Планина во обид да го истераат македонското население и да го уништат партизанското движење. Во тие напади биле убивани цели семејства, биле спалувани цели куќи, домови...

Ослободувањето на Македонија во 1944 година не значело и дефинитивно уништување на балистичките банди, бидејќи познатите водачи Џемо, Мефаил, Хамзо Реџепи и други се одметнале во шума. Тие правеле проблеми се додека македонската војска не ги фатила или убила водачите и ги разбила балистичките банди во Македонија, додава Малковски.
25-02-2010, 01:05 AM
Reply
mungos
Unregistered

 
#15


Прешова Шефки од Гостивар, Фиќири Зинија од Гостивар и Џемо Хаса (Од лево на десно)
Балисти


Балисти се нарекуваат припадниците на албанската националистичка и анти-комунистичка организација Бали Комбетар (алб. Balli Kombëtar = Народен фронт) основана во 1939. година. Во организацијата членувале и припадници на албанските малцинства во Црна Гора, Србија, Македонија и Грција. Политичката програма на оваа организација вклучувале обединување на етничките територии на албанците во регионот и создавање на Голема Албанија. Иако декларативно балистите биле антифашисти, сепак им помагале на силите на оската во воените операции во текот на Втората светска војна, особено во Македонија, Грција и на Косово.[1] На денот кога е објавена капитулацијата на Италија (8 септември 1943 година) Бали Комбетар склучил спогодба со Германците и објавил дека Албанија е обединета и независна, оправдувајќи го привременото присуство на германските сили како потреба на борбата против англоамериканско-советската коалиција. Со овој договор Бали Комбетар се ставил во отворена служба на Германците и ги прифатил германските офицери како главен команден кадар на своите оружени формации или како инструктори. Во оваа смисла, некои историчари, главно етнички албанци, гледаат на балистите како на квинслиншка националистичка власт која остварила контрола над етничките албански територии.

Во 1943. Комунистичката партија на Албанија им објавила војна на балистите што довело до граѓанска војна. Со крајот на Втората светска војна и победата на комунистите во Југославија и Албанија, балистите биле прогонувани, затворани и убивани. Голем дел од нив емигрирале во Европа и САД.
Организација

Во април 1943 година Бали Комбетар дефинитивно ја поставил својата организациона форма која изгледала вака: Во Тирана било седиштето на Централниот комитет, во сите седишта на окрузите имало т.н. окружни комитети, додека во околиите - поткомитети, а во секое село селски одбор. Окружните комитети во поголемите градови биле поделени на реонски комитети (или поткомитети) кои имале свои групи (од 10 до 15 души) раководени од постари и поистакнати балисти. При реонскиот комитет дејствувале и организирани младински групи, вооружени со огнено оружје, а биле користени за борба против народноослободителното движење, како и за вршење на грабеж и насилно земање помош за балистите.
Балистите во Македонија

Најистакнат политички раководител на Македонската балистичка организација бил Кадри Сали, претседател на организацијата во Гостивар и претседател на Фашистичката партија во Гостивар, член на Корпоративниот комитет во Тирана и член на Окружниот комитет на организацијата на Косово. Најголем замав ширењето на Организацијата имало со појавувањето на Џемаил Хасани - Џемо (1908-1945) од с. Симица, Гостиварско. Најпрвин Џемо во 1942 година, пред појавувањето на балистичката организација, со околу 40 души Албанци се одметнал в шума, наводно за борба против Италијанците, а, всушност, оттаму вршел терор врз македонското население. Италијанците, за да го искористат за борба против партизанските единици во Македонија, го поткупиле за големи пари, а му дале и чин мајор. Неговата месечна плата изнесувала околу 50.000 леки, додека членовите на неговата група уживале многу привилегии. Затоа, тој целосно се ставил во служба на италијанската власт. По доаѓањето на Германците, тој и со нив ја продолжил соработката. Со благослов на Италијанците, а потоа и на Германците, балистите вршеле такви злосторства, насилија, пљачкосување и друго, што предизвикало страв и иселување на македонскиот народ. Во Кичевска околија балистите ги раководел Мефаил Еипов - Мефо од с. Зајас, кого најпрво Италијанците го унапредиле во чин капетан, а потоа и Германците го исползувале за свои цели.

Џемо Хасани ги собирал масите под паролата: "Бидете со мене и тргнете во борба против партизаните за да не ве мобилизираат Германците за источниот фронт". Луѓето ги вооружувал со италијанско оружје. Тоа било причина македонското население, за да се спаси од натамошните непријателски активности против него, да бега на територијата под бугарска окупација. Балистичката организација во Западна Македонија во 1944 година нараснала во оружена сила со околу 9-10.000 членови. Наоружани од Германците, воделе тешки борби со Македонската војска. Покрај тоа, имале огромни привлегии, поради што на крајот станале добро организирана оружена организација, која била единствена власт и како таква ги спроведувала и ги штитела "законите" на албанската власт во Западна Македонија. Нејзиното дејствување било директно на терен, и тоа не само политички и пропагандно, туку и со оружени дејства.

Резултатите од нивното проширување и дејствување по однос на бројната состојба на македонскиот народ биле катастрофални, бидејќи цели семејства и села, за да спасат жива глава, бегале од своите огништа. Тоа било причина да се промени демографската состојба на населението во полза на албанското население, како и промена на културните, социјалните, економските и други прилики во сферата на општественото живеење.

ОЗНА (подоцна УДБА и КОС) ја презеле борбата против балистите во западна Македонија, кои броеле околу 8.000 по крајот на Втората светска војна. Во периодот 1945-1948 биле разбиени нивните групи, а водачите биле убиени.
25-02-2010, 01:07 AM
Reply
mungos
Unregistered

 
#16

БАЛИСТИЧКИТЕ ЅВЕРСТВА ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА

Балистичките ѕверства врз Македонците во западна Македонија по ништо не заостанувале од ѕверствата на останатите окупатори на нашата земја.
Македонски жени и деца биле живи горени од страна на албанските фашисти во времето на нивното оргијање во западна Македонија.

Размислувам околу неодамнешните повампирени идеи за некаква Голема Албанија, прикриено поддржани од страна на некои наши партии.
Таквото размислување ме наведе да се навратам на последните настани во Македонија од времето кога и во практика егзистираше ваквата чудовишна творба.
Но, наидов на одредени пречки.
За ѕверствата на балистите мошне малку е пишувано во публикациите за пошироката јавност.
Сепак успеав да најдам две книги, во кои се опишани само мал дел од злосторствата на балистите.
Читам за еден од најголемите масакри над македонското население - масакрот во село Беличица.
Овој крвав настан делумно е опишан во книгата од авторот Нешо Марковски, кој бил еден од преживеаните партизани кои не успеале да го одбранат селото пред надмоќниот балистички непријател.

МАСАКРОТ ВО БЕЛИЧИЦА

Во оваа книга, под наслов, Беличица во пламен, за големоалбанскиот масакр врз македонското село Беличица, читаме:

Штом видоа дека нема веќе отпор, како гладни хиени фашистите се устремија кон селото, кон селаните и загинатите борци.
Нивниот водач Аќиф Речани, искачен врз купот ѓубре што се наоѓаше среде Горното Маало, со кренати раце гласно извикуваше:
"Ска мал Беличица!" (Је нема повеќе Беличица!).
А потоа нечовештината почна да се покажува во својата вистинска лика.
Ги започнаа своите оргии врз мртвите и беспомошните.
Почнаа да ги палат селските куќи.
Загинатите партизани ги обезличуваа со камења и ножеви, им ги вадеа забите, ги претресуваа и им ги одземаа личните предмети, пукаа со огнено оружје во мртвите тела и им ја соблекуваа облеката за да ја однесат како "воен трофеј".
А со неколкутемина тешко ранети и неподвижни, што уште не беа подлегнати на смртоносните истрели, посебно се "пресметаа".

Во продолжение авторот ги опишува убиствата на неколкумина партизани
(меѓу кои бил и еден Албанец).
За убиството на партизанот Борче Кочовски, авторот пишува:

Борче Кочовски се обидоа да го одоброволат за да им каже некои важни информации.
На сите прашања молчеше, а потоа гласно им рече:
"Зарем не гледате, ене погледајте, ене го денот, блиску е кога на сите вам ќе ви суди народниот суд.
Пресудата веќе ви е изречена... Да живее слободна Македонија!"

Веднаш го застрелаа, а потоа со камења му ја обезличија главата.

Саво Тасевски, ранет, но се уште жив, го фрлија во огнот на една запалена куќа и уште пукаа врз него.
Сиот во пламен и со тешки изгоретини излезе од огнот, но по неколку часа почина.

Потоа разулавените балисти влегоа во куќите, безмилосно ги убиваа беспомошните жени и деца и ги палеа нивните домови.
Го почнаа она за кое дојдоа - да го уништат селото.

Една по една куќа вивнуваше во оган.
Беличица беше во пламен.
Со селото гореа и неговите жители.
Старата болна Лиска Јовановска балистите ја застрелаа в кревет. Четириесетиседумгодишната Ана Бибовска се обиде да побегне, но не успеа.
Ја вратија во нејзината куќа и тука ја убија заедно со Параскева Трајковска, а потем и двете ги фрлија во куќата што веднаш ја запалија.

Калина Јовановска, најубавата девојка во Беличица но истовремено многу храбар и активен комунист... загина со крената глава.
Анестија Богуческа и Наталија Богуческа, свекрва и снаа, долго им се спротивставуваа на балистите, заштитувајќи ги трите малолетни деца.
И двете загинаа една до друга.
Тоа им беше малку на балистите, па мртвото тело на Анестија дури го набија на колец.

Старата Сара Богуческа се обиде своите две внучки Ценија и Грозда Богучески да ги засолни во плевната.
Но и тука ги пронајдоа, ја запалија плевната и десетина балисти постојано пукаа, се додека плевната сосема не изгоре, а во неа Сара, Ценија и Грозда.

И Соломонија Јовановска ја снајде истата судбина - изгоре во запалена плевна.
Таа пред тоа неколкупати сета во изгоретини по снагата излегувала од огнот, но балистите пак ја фрлале во пламенот.
Мајката и синот Ленка и Тодор Ѓурчиновски, исто така ѕверски ги убија и ги фрлија да изгорат во огнот на запалената стара трошна куќа.

За балистичките ѕверства среќаваме сведоштва и во книгата на Јован Павловски Судењата како последен пораз (Скопје, 1986).
Од оваа книга ќе го издвоиме сведоштвото на балистот Алија Зибери, кој, подоцна на своето судење, го дал следното сведоштво:

Јас се сеќавам дека учествував во стрелањето на заробени партизани кај село Лавце, над Тетово, како и кај село Жеровјане, Тетовско...
Ги стрелавме со пушки и ги оставивме незакопани.
Кај село Жеровјане стрелавме седум души и во ова стрелање учествувавме јас, Дуло, Риза и Наиф.
Овие групи ни ги даваше Џемо Симница, а тој ги земаше од тетовскиот затвор.

Балистот Ферми Бајрами сведочи:

Една ноќ во почетокот на 1945 година дојдоа во село Горјане Алија, Назиф и Абдула, кои во тоа време беа илегалци и живееја во шума...
Со нив беше и Џемо Хаса од Симница и уште триста други души.
Во близината на мостот на река Маздрача, кај село Жеровјане, на патот Тетово-Гостивар, почнавме борба со партизаните...
Лично Абдула Амити ми кажа оти кај село Лавце убиле 12 до 14 партизани.
Алија ми кажуваше дека во селото Дуф ја фатиле ќерката на попот и Абдула, Алија и Назиф ја обесчестиле и тоа во нејзиниот двор и се смееле со неа.

ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО КУЗМАНОВСКИ - УБИЕНО ОД БАЛИСТИТЕ

Од истата книга на Јован Павловски читаме и за еден од најкрвавите настани во кои настрадале Македонци од страна на подивените балисти.
Настанот се случил во Тетово на 07.06.1943 година. Притоа читаме:

Беше убава јунска ноќ, некаде околу полноќ.
Во семејството на Јордан Кузмановски, сточар од Тетово, се се смири: помина уште еден ден, исполнет со подготовки за свадбата на ќерка му Марица, која во неделата требаше да се омажи во Скопје.
Беше петок и жените по стариот тетовски обичај се вратија од бања...
Ноќта, топлата јунска ноќ, ја пресекоа повеќе истрели.
Кога соседите истрчаа на улица, тие можеа да видат како четворица луѓе на дрвени скали носат нешто.
Беше тоа железната каса на Јован Кузмановски.
Оние што влегоа во куќата се сретнаа со најѕверското и најподмолното злосторство во Тетово, направено кога и да е: веднаш до дворната врата лежеше избоден со ножеви најсатриот син на Јордан, Глигор Кузмановски.
На чардакот една преку друга лежеа мајката Зора и ќерката Марица, заклани со ножеви и убиени со пушка.
А Марица требаше само по 24 часа да го стави на глава свадбеното венче.
Во една од собите стенкаше тешко ранет помалиот син Симо, а домаќинот Јордан Кузмановски збираше душа во дворот...
Соседите на селска кола го натоварија Јордан Кузмановски и неговите два сина и ги однесоа во болница.
Симо умре уште додека го префрлаа во колата, а малку подоцна, на пат за болница, умре и стариот Јордан.
Утредента во Скопската болница умре и најстариот син Глигур.
Имаше само 24 години.

Секако дека ова е само мал дел од балистичките злосторства против Македонците.
Оттаму сето ова треба да ни биде опомена за да не дозволиме повампирување на идеите кои повторно ќе донесат вакви погроми на Македонците.

***

Почетокот на март, 1998 година. Го завршив читањето на книгите. Се тешам дека сето тоа било само историја. Било и поминало. Се одморам. Го вклучувам телевизорот. Рекоа дека имало некакви демонстрации во Скопје. И тоа на Градскиот плоштад. Гледам и има што да видам. Илјадници збеснати демонстранти го исвиркуваат македонскиот јазик, го газат македонското знаме и физички ги напаѓаат мирните Македонци кои вџашено го набљудуваат сето тоа. Гледам и не ми се верува. Рој прашања ми навираат во главата. Кој им го дозволи сето тоа? Каде им беше умот на градските татковци на Скопје кои го овозможија ова дивеење токму на скопскиот централен плоштад? Така, тие директно помогнаа во оваа голема пропагандна услуга на Македонија. Милиони гледачи ширум светот слушнаа за Македонија и видоа дека среде Скопје се вејат туѓи окупаторски знамиња и јавно се понижува македонската држава и јазик. А полицијата? Ќе постапи ли исто како лани? Ќе ги фати ли газачите? А семејството Кузмановски? А невестата Марица, која наместо да се мажи, в црна земја ја закопаа? А пискотот на изгорените жени и деца од Беличица? А искршените стакла од колата на несреќниот скопјанец кој случајно минувал крај разулавените демонстранти?... Прашања без одговори. Гневно го исклучувам телевизорот и пуштам радио. Звуци од една позната мелодија ме отргнаа од размислувањето. Случајно или не, првите стихови што ги слушнав од оваа мелодија беа: ...Доста беше разбуди се/ Свести се не спи ти...
25-02-2010, 01:08 AM
Reply
mungos
Unregistered

 
#17

ОРГАНИЗАЦИОНАТА ПОСТАВЕНОСТ И ДЕЈСТВУВАЊЕТО НА ФАШИСТИЧКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА БАЛИ КОМБЕТАР
ФАШИСТИЧКАТА БАЛИ КОМБЕТАР И ЕГЗОДУСОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ


На денот кога е објавена капитулацијата на Италија (8 септември 1943 година) Бали Комбетар заклучил спогодба со Германците и објавил дека Албанија е обединета и независна, оправдувајќи го привременото присуство на германските сили како потреба на борбата против англоамериканско-советската коалиција. Со овој договор Бали Комбетар се ставил во отворена службан на Германците и ги прифатил германските офицери како главен команден кадар на своите оружени формации или како инструктори

27 ноември 2004 година, Скопје Македонија - Отворената денационализација и асимилација на македонскиот народ и се поприсутниот терор вршен над населението од страна на качачките банди и балистите биле причина да дојде до масовно иселување на Македонците од територијата на Западна Македонија. Тој процес на иселување посебни драматични димензии добил од есента 1942 година. Така, во овој период (ноември - декември 1942 година) само од кичевска и галичка околија на територијата под бугарска власт преминале преку 300 Македонци.

Во арпил 1943 година Б. комбетар дефинитивно ја поставил својата организациона форма која изгледала вака: Во Тирана било седиштето на Централниот комитет, во сите седишта на окрузите имало т.н. окружни комитети, додека во околиите - поткомитети, а во секое село селски одбор. Окружните комитети во поголемите градови биле поделени на реонски комитети (или поткомитети) кои имале свои групи (од 10 до 15 души) раководени од постари и поистакнати балисти. При реонскиот комитет дејствувале и организирани младински групи, вооружени со огнено оружје, а биле користени за борба против народноослободителното движење, како и за вршење на грабеж и насилно земање помош за балистите. Најистакнат политички раководител на тукашната балистичка организација бил Кадри Сали, претседател на организацијата во Гостивар и претседател на Фашистичката партија во Гостивар, член на Корпоративниот комитет во Тирана и член на Окружниот комитет на организацијата на Косово. Најголем замав ширењето на Организацијата имало со појавувањето на Џемаил Хасани - Џемо (1908-1945) од с. Симица, Гостиварско. Најпрвин Џемо во 1942 година, пред појавувањето на балистичката организација, со околу 40 души Албанци се одметнал в шума, наводно за борба против Италијанците, а, всушност, оттаму вршел терор врз македонското население. Италијанците, за да го искористат за борба против партизанските единици во Македонија, го поткупиле за големи пари, а му дале и чин мајор. Неговата месечна плата изнесувала околу 50.000 леки, додека членовите на неговата група уживале многу привилегии. Затоа, тој целосно се ставил во служба на италијанската власт. По доаѓањето на Германците, тој и со нив ја продолжил соработката. Со благослов на Италијанците, а потоа и на Германците, балистите вршеле такви злосторства, насилија, пљачкосување и друго, што предизвикало страв и иселување на македонскиот народ. Во Кичевска околија балистите ги раководел Мефаил Еипов од с. Зајас, кого најпрво Италијанците го унапредиле во чин капетан, а потоа и Германците го исползувале за свои цели. На денот кога е објавена капитулацијата на Италија (8 септември 1943 година) Б. Комбетар заклучил спогодба со Германците и објавил дека Албанија е обединета и независна, оправдувајќи го привременото присуство на германските сили како потреба на борбата против англо-американско-советска коалиција. Со овој договор Б.Комбетар се ставил во отворена служба на Германците и ги прифатил германските офицери како главен команден кадар на своите оружени формации или како инструктори. Водачите на балистите започнале со мобилизација на албанското население на верска основа и под паролата за создавање на Голема Албанија, дозволувајќи им притоа на своите приврзаници да пљачкаат слободно и да вршат терор. Џемо Хасани ги собирал масите под паролата: "Бидете со мене и тргнете во борба против партизаните за да не ве мобилизираат Германците за источниот фронт". Луѓето ги вооружувал со италијанско оружје. Тоа било причина македонското население, за да се спаси од натамошните непријателски активности против него, да бега на територијата под бугарска окупација. Балистичката организација во Западна Македонија во 1944 година нараснала во оружена сила со околу 9-10.000 членови. Наоружани од Германците, воделе тешки борби со Македонската војска. Покрај тоа, имале огромни привлегии, поради што на крајот станале добро организирана оружена организација, која била единствена власт и како таква ги спроведувала и ги штитела "законите" на албанската власт во Западна Македонија. Нејзиното дејствување било директно на терен, и тоа не само политички и пропагандно, туку и со оружени дејства. Резултатите од нивното проширување и дејствување по однос на бројната состојба на македонскиот народ биле катастрофални, бидејќи цели семејства и села, за да спасат жива глава, бегале од своите огништа. Тоа било причина да се промени демографската состојба на населението во полза на албанското население, како и промена на културните, социјалните, економските и други прилики во сферата на општественото живеење. При пребројувањето на населението во 1942 година Албанците не им дозволувале на Македонците да се запишат како Македонци, туку како Срби или Бугари. Веднаш по окупацијата албанската квислиншка власт со сите средства се ангажирала за албанизација на цела Западна Македонија и дискриминација спрема целокупното неалбанско население. Првиот атак на албанизација бил во насока на менување на презимињата и личните имиња. Тие морале да добијат албанска форма. Со еден распис на Министерството за внатрешни работи биле забранети наставките "иќ", "ов", "ски" и биле третирани како остатоци од Кралството Југославија. Така, во сета административна комуникација била дозволена во употреба само албанската форма со завршеток на "и", "а" и "у", додека многубројните топономи во Западна Македонија добиле албанска форма, од што јасно произлегувала великоалбанската тенденција на квислиншките власти за тотална албанизација и создавање етнички чиста територија. Отворената денационализација и асимилација на македонскиот народ и се поприсутниот терор вршен над населението од страна на качачките банди и балистите биле причина да дојде до масовно иселување на Македонците од територијата на Западна Македонија. Тој процес на иселување, посебни драматични димензии добил од есента на 1942 година. Така, во овој период (ноември - декември 1942 година) само од кичевска и галичка околија на територијата под бугарска власт преминале преку 300 Македонци. По одржувањето на Втората призренска лига, во септември 1943 година, односно по капитулацијата на Италија, настануваат тешки денови за македонскиот народ. Таму, по обемните дискусии, биле прифатени, а потоа дадени и насоки кои се преточиле во директиви "... за борба против христијаните кои сакаат да организираат своја држава. Партизан или друго лице, кое ќе се фатело во борба против Голема Албанија, веднаш ќе било убиено. Така Комитетот бил многу лошо настроен кон христијанското население и издавал наредби тоа да се уништува и протерува, а неговата земја да ја земаат Шиптарите". Сите овие мерки биле дел од големата замислена акција на албанските квислинзи и на балистите за почнувањето на континуираниот процес кон конечно истребување на македонското население. Отцепено од другите делови на Македонија со вештачки создадената граница меѓу италијанско-албанските и бугарските окупатори и изложено на систематска големоалбанска денационализаторска политика и на масовен терор и пљачкосувања од башибозуците од Албанија и од балистите во Македонија, македонското население од сите краеви, а најмногу од Гостиварско (посебно во Горна Река, Мавровско, Мијачко и некои планински села во Горни Полог) ги изгубило речиси сите надежи и можности за натамошен живот и опстанок на своите родни огништа, кои жилаво ги бранеле за време на петвековното турско ропство и во поранешните неколку векови од разните други странски завојувачи (византиски, бугарски, српски итн.). На тој начин "започнал процесот на миграционите движења на населението од спомнатите села во такви размери, какви во поранешните векови се нема случено. Повеќето селски домаќинства нашле привремено засолниште во Гостивар и неговите најблиски рамничарски села, а некои се префрлиле преку вештачки создадената граница во Скопје и во другите градови на Македонија и Бугарија". Сето тоа оставило трајни последици во однос на бројната состојба на македонското население во Западна Македонија. Тоа на крајот резултирало со драстично намалување на населените места во Западна Македонија (села и градови) со Македонци, кое првпат по толку векови и милениуми се спровело за време на Втората светска војна, променувајќи ја на тој начин драстично демографската структура на штета на дотогаш мнозинското македонско население.
25-02-2010, 01:08 AM
Reply
ivan mihajlov Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,067
Joined: Feb 2010
Reputation: 8
#18

АМИН !!!!! АДЕ СЕГА СПРИ МАЛЦЕ СРБО-КОМУНАРСКАТА ПРОПАГАНДА ОТ ТИТОВО ВРЕМЕ И АКО СИ ПОНЕ МАЛМКО ПИСМЕН НАПИШИ ЕДИН ПОСТ КОЛКО ЛУГЕ ИЗТЕПАА ТИТОВИТЕ КОМУНАРЕ И ТЕХНИТЕ ЕНИЧАРЕ ВО ВАРДАРСКА МАКЕДНИЯ ..КОЛКО ЛУГЕ УМРЕХА ВО ИЗИДОВО И ГОЛИ ОТОК Nenene
25-02-2010, 01:16 AM
Reply
Pirinec-Vrhovist Offline
Воjвода
****

Posts: 399
Joined: Dec 2009
Reputation: 15
#19

(25-02-2010, 01:16 AM)ivan mihajlov Wrote: АМИН !!!!! АДЕ СЕГА СПРИ МАЛЦЕ СРБО-КОМУНАРСКАТА ПРОПАГАНДА ОТ ТИТОВО ВРЕМЕ И АКО СИ ПОНЕ МАЛМКО ПИСМЕН НАПИШИ ЕДИН ПОСТ КОЛКО ЛУГЕ ИЗТЕПАА ТИТОВИТЕ КОМУНАРЕ И ТЕХНИТЕ ЕНИЧАРЕ ВО ВАРДАРСКА МАКЕДНИЯ ..КОЛКО ЛУГЕ УМРЕХА ВО ИЗИДОВО И ГОЛИ ОТОК Nenene

Аман!Не питай такви работи забранено е....браката серви нищо не са правили!Они со перо са ги галили....а тие документи за геноцид от сервите са българска пропаганда незнаеш ли?Devil3 А и да са верни они им прощават все на них Shok

П.С. Един споменик нема по Вардаро за србски геноцид! mungos коментар да имаш за тоа защо е така?
Којшто има очи ќе види.
Којшто има уши ќе чуе.
Којшто ја љуби вистината ќе разбере.
(This post was last modified: 25-02-2010, 01:39 AM by Pirinec-Vrhovist.)
25-02-2010, 01:38 AM
Reply
demmian
Unregistered

 
#20

(24-02-2010, 07:47 PM)veritas Wrote: За днес стига, но следват още изненади за бракята македонци.

Случајно ми падна во очи оваа твоја глупост...откако си на форумов паметна работа немаш напишано,само пастираш некакви бугарски глупости и документации,кои се повеќепати прочешлувани од ваша страна!

А,ти реков престани да се обраќаш со ,,браќа македонци,да знаеш колку саркастично звучи!

Лицемерие...браќа ти на друго место да си ги бараш!
25-02-2010, 01:45 AM
Reply