(18-02-2013, 04:32 AM)Zoograf Wrote: Се вратив кон таблицата после толку време, да видам зошто тогаш мислев дека македонскиот е поодалечен стсл. од например српскиот, односно дали чешката студија држи вода. Од горе наведено некои зборови постојат во српскиот (на пример нарицање, ама тоа е повеќе во смисол на жалопојки) . Другите примери се слични, но имаш следни зборови који или ги нема кај нас или се поодалечни во конкретната селекција : побити, идеш, послаше, влас, ослуша, потом, ходити, (с)потакне, радују, самрти,пришли и можеби уште некој збор.
Второ - колку и да посакуваш да го гледаш македонскиот како најблизок до старословенскиот, има еден голем проблем - ние на почетокот на 19 век сме зборувале со многу турцизми, до толку што Исус е Ефендија (т.е. Господ/Господин), а Богородица Султана (т.е. Царица небеска) кај Кирил Пејчиновиќ. Ми се чини Конески изброја повеќе од 3,000 турцизми. Има и грцизми, ама тие се многу помалку (чудно кога ќе се земе духовното влијание) И тогаш започнува (ре)словенизација на јазикот ни - т.е. увоз на воглавно руски зборови и исфрлување на турските и грчките зборови. Првиот бран е во почетокот на 19 век, а последниот 1944-48. И така денеска всушност сме многу поблиски до другите словенски јазици, отколку пред 2 века.
На пример, съмрти не е самрти, туку е смрти. И спореди го токму тој дел со рускиот, стсл, смърти его, руски смерти его - неговата смрт. Во македонскиот нема потом, ама има потем, а исто така и по тоа не е многу далеку од по том, коешто е падеж т.е. акузатив, а ние и Бугарите како што знаеш падежите сме ги изгубиле и дошло до изедначување на некои форми, а потем е вкочанет падеж како што е и впрочем, патем итн. А како тоа немаме ходити, па имаме оди, во бугарскиот исто така е ходи, само што ние заедно со падежите сме го изгубиле и инфинитивот, т.е. губењето на инфинитивот веројатно е почетокот на губењето на падежите. Исто така, не мислам дека тука е ходити:
Аще ли като ходитъ нощъioн(м) потъкнетъ сje јако свјата нјаст о нем.
На бугарски:
Ако ли като ходи нощем препъва се защото светлина няма в (околу?) него.
Е сега, во бугарскиот има еден глагол потъква коj е со значење опструира, ремети, прекршува, доведува во опасност, а којшто веројатно е во сродна семантичка врска со сопнува.
На охридски (ќе се обидам

) би било вака:
Ако ли кога одит ноќе се сопнува зашто светлина нема во него.
Исто така нема радују туку е радоујом(н) сје за вас. Во српскиот тоа се развило во радујем се за вас. Во бугарскиот е радвам се за вас, а во македонскиот се радувам за вас. Е во кумановскиот/кратовскиот е радују се за вас.
И како испаѓа сега, сме биле Срби, па дошле Турците и не турцизирале, па дошле Русите и не бугаризирале?
Но всушност, старословенскиот бил конзервативна форма која се употребувала во црквите, а според тоа и во образованието. Кониковото евангелие веќе почнува да покажува губење на падежниот систем, а во оној речник од 16. век јазикот е речиси идентичен како денешниот во тој дел од егејска Македонија и многу сличен на битолскиот. Значи под црковната конзервативна форма си течеле паралелни процеси на промена на јазикот помеѓу народот. И овде во твоите примери се забележуваат некои аналитични тенденции. Значи не е дека сме зборувале со падежи (што би било српски нели, а зошто не чешки на пример, бидејќи св. Горазд бил од Моравија а исто така има претпоставки дека и св. Климент бил од таму?)
Што се однесува до турцизирањето и грцизирањето, најпрвин погледни го твојот пример кај што вели: етеръ Лазаръ. Тоа етер веројатно е од грчкиот јазик - хетер - различен, некој, некој друг и сл. Значи влијание од грчкиот а подоцна од турскиот имало постојано. Но не сме ние изолирани во поглед на тоа. И во српскиот имало голем број на турцизми кои подоцна биле исфрлени од употреба. Чесите и словаците биле изложени на таква силна германизација што морале да позајмуваат директно од рускиот и од српскохрватскиот за да не бидат целосно германизирани. Исто така, слушни како зборуваат во Далмација, а па да не зборуваме за Босна, кога станува збор за турцизирањето нели.
Кои се карактеристиките на стсл.? Падежна конструкција, шт и жд, дуал.
Во рускиот има падежи, шт и жд, нема дуал.
Во српскиот има падежи, нема шт и жд, нема дуал.
Во бугарскиот нема падежи, има шт и жд, нема дуал.
Во македонскиот нема падежи, нема шт и жд (освен шч и жд дијалектно) нема дуал.
Во поглед на фонетскиот дел веќе има некои сличности како ноѕе и сл.