Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
АЛЕКСАНДАР САМАРЏИЕВ ЖРТВА НА АНТИМАКЕДОНИЗМОТ ИЛИ ...!!???
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#21

Го прочитав текстот од “ утринскиот“, но и ги погледав 3-те слики од репортажата. Првиот впечаток е дека куќите се убави и нови и нема квадратен сантиметар неасфалтиран простор. Нашите села, од урбан аспект, се неколку стотини години поназад.
02-10-2012, 08:28 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22


Quote:Писмо од Тодор Петров: Aлександар беше погребан пред 2 дена, кај Солун


Некои луѓе може да се лажат некое време, ама сите луѓе не може да се лажат цело време. Вистината некогаш е бавна, ама е незаборавна, таа секогаш има виделина, кога и да е.

Атина за првпат во својата историја ја окупира Македонија во Балканските војни 1912-1913 година. Тоа е историја на насилни прогонства, невидени ѕверства, асимилација, денационализација...

Впрочем, во односите меѓу Скопје и Атина државното име Македонија е алиби, се работи за окупацијата на македонската земја и за геноцидот врз македонскиот народ кој континуирано трае до денес. Атина за првпат во својата историја ја окупира Македонија во 1912 година. Македонија никогаш не била грчка!

На прашање до нашите, постарите, Македонците од Егејскиот дел на Македонија “Шо ста виа?“ Одговараа “Ми даљ знајме бре синко, ниа сма ут тука, тукашни сма.“ А, на прашањето “Шо ј’зик лафте?“ Ќе одговореа “Тукашин ј’зик лафме!“ На дополнителното прашање “Мер не знаахте шо ста?“ Одговорот беше “Ниа знаахме, знајме оти сма М’кидонци, ама не знаахме кој на питува, грчки, бугарски иљ српски агенти. Шо деца ги изде мисичинта. Ќи ти и п’рберат ут прет порта, ќи и утепат на границта и ќи ти и донцаа утепани дома. Бигале, ќи ти кажаа и толко.“ Ете таа е вистината за Македонците во Егејскиот дел на Македонија. Како законот на сицилијанската мафија: кој прв ќе прозбори, прв го нема, иако сите ја знаат вистината.

Порано беа монархофашистите, денес тоа е Златна Зора. Дивеењето на неонацистичката Златна Зора е креација на грчките тајни служби за акција против имигрантите и Македонците во Елада.

Впрочем, Македонците во Елада немаат права, Атина нив воопшто не ги признава, и дома и насилно прогонетите надвор од Грција. Македонското прашање Атина го смета за производ на Студената Војна и за да го затвори, после распаѓањето на поранешна СФР Југославија, прави се’ за промена на државното име на северниот им сосед Македонија.

Но, се раѓаат деца, нови генерации Македонци, кои го бараат нашето место под сонцето, кои ја откриваат вистината за Македонија, затоа што си ја сакаат татковината, каде и да се. Идат нови времиња, новите технологии отвораат нови хоризонти за Македонија, грчката лага Елада има рок на траење.

Толку околу воведот за лулката на демократијата, а сега за настанот кој предизвика лавина од шпекулации во Грција, но пред се во Македонија.

На 29 јули 2012 година сите македонски медиуми објавија вест дека Александар Самарџиев од Грција, во четвртокот попладне, на 28 јули 2012 година, среде Солун, бил претепан од страна на членови на грчката неофашистичка партија Златна Зора. Македонските медиуми известија дека Александар Самарџиев се наоѓал во болница каде што му биле санирани тешките повреди со кои се здобил од страна на повеќечлената неофашистичка група. И дека се верува дека нападот бил поради активностите и залагања на Александар Самарџиев за интересите на Македонците во Грција.

- За инцидентот ме извести неговата мајка. Тој студира на факултет во Солун. Им се заканувале да го сменат своето презиме, ја пренесоа македонските медиуми изјавата на Стилјан Самарџиев за Нетпрес, братучед на Александар Самарџиев.

Ова не е прв пат семејството Самарџиеви да си имаат проблеми поради нивните залагања. Претходно Стилијан беше на двапати приведен од страна на грчката полиција и задржан во затвор од 1 до 11 август и од 16-24 август. Најпрво беше приведен поради поставување на македонското знаме пред полицијата во Солун, а потоа и поради најава истото да го стори на антимакедонски собир во Солун. Него го очекува судски процес поради нарушување на јавниот ред и мир и навреда на грчкото знаме.

Оваа вест не ја објави Светскиот Македонски Конгрес, ниту Тодор Петров.

Тогаш кога се објави веста, никој во Македонија не се посомнева во тепачката, никој не побара медицинска белешка за здравствената ментална состојба на Стилјан Самарџиев? Веста не ја демантираа ниту грчкото Министерство за внатрешни работи, ниту грчкото Министерство за надворешни работи, ниту Болницата “Папаниколау“ во Солун каде што бил сместен Александар Самарџиев. Тогаш македонските медиуми не се посомневаа во автентичноста на настанот, ниту се затрчаа во Солун за потврда на веродостојноста. За неа не пројави јавен интерес ниту македонската Влада, македонското Министерство за надворешни работи, македонскиот конзул во Солун.

Грција не почувствува дека мора да демантира некоја тепачка во Солун, само затоа што е објавена во Македонија, една како и ни една, со кризава илјадници се тепаат низ цела Елада, по митинзите стотици шетаат раскрварени во судирите со полицијата.

...Викендов што измина бев во Швајцарија на визитација кај македонските заедници. Веста за Александар Самарџиев ја прочитав во градот Локарно.

Бев вознемирен, а кој не би, затоа што само пред неколку месеци, едно дете, Македонец, студент во Солун, со кого комунициравме на македонски јазик, постојано ми праќаше пораки на профилот на Фејсбук, очајнички ме молеше детето да го заштитам, да му помогнам, затоа што веќе не знае што да стори, му се заканувале дека ќе го убијат бидејќи на својот профил на Фејсбук пишувал дека е Македонец. Неколкупати ме молеше детето да го спасам да не го убијат. Го пресретнувале на факултетот, му се заканувале, го следеле од Златна Зора. Помина време од тогаш. Го терав да оди во полиција да пријави, ми рече дека бил, ама ништо не преземале.

И денес чувствувам голема вина затоа што не му помогнав, барем да му организирав престој во Македонија, ама со што и кај кого?!

На 29 септември вечерта, Стилјан Самарџиев телефонски ме извести дека, за жал, Александар Самарџиев им подлегнал на повредите: искршени раце, ребра, здробен нос, целото тело во модринки... починал... Бев длабоко потресен.

...Тодор Петров не организира прес-конференција за Александар Самарџиев во Швајцарија затоа што претходно спровел истрага на лице место. А, беше ли некој на лице место од тие што ја пренесоа веста? На 29 септември околу 23.00 часот ми се јавија од МТВ, ме вклучија во ТВ Дневникот со изјава за настанот и го осудив убиството. А, кој не би?

Еве го и разговорот кој македонската јавност го слушна во ТВ дневникот во 23.15 часот. Вреди да се преслуша, за да нема шпекулации, какви што има, многумина си ги тенчеа болните фрустрации на името Тодор Петров деновиве



МТВ: Како што најавивме, пред неколку часа почина Александар Самарџиев, студент кој беше претепан од активистите на грчката радикална партија Хриси Авги или Златна Зора. Со повеќе информации го вклучуваме Тодор Петров претседателот на Светскиот Македонски Конгрес. Господине Петров, ако се слушаме, што навистина и всушност се случи во Солун?

Тодор ПЕТРОВ: Добровечер, поздрав до слушателите и гледачите на Македонската телевизија од Швајцарија. Братучедот на Стилјан Самарџиев, деветнаесетгодишниот Македонец Александар Самарџиев, студент во Солун, кој беше претепан од членови на неонацистичката Златна Зора, со закана да го смени презимето тој и целата негова фамилија, вечерва во 17 часот им подлегна на тешките повреди во болница и почина во Солун. Лесна му земја и Бог да го прости, нашето сочуство до семејството.

Македонците во целиот свет го осудуваат овој грозоморен чин и ја повикуваат демократската јавност во Грција и Европа на мобилизација против повампирувањето на фашизмот во Грција.

Македонците беа жртви на монархофашизмот во Втората Светска Војна и во Граѓанската Војна во Грција, за жал, историјата и во дваесетипрвиот век се повторува.

Македонците заедно со грчките партизани во ЕЛАС во Втората Светска Војна го поразија грчкиот фашизам и се вградија во темелите на државноста на Елада и ним им припаѓаат сите граѓански и човекови права и слободи, како еднакви меѓу еднаквите и рамноправни меѓу рамноправните.

Жалиме за смртта на Александар Самарџиев и упатуваме порака до Владата во Атина: Грција или ќе се пресмета со фашизмот и неонацистичката Златна Зора или Грција нема да ја биде!

За Македонците смртта на Александар Самарџиев е провокација за војна.

Апелираме до грчките власти да ја заштитат фамилијата на Самарџиеви, и на Александар и на Стилјан, од закани за ликвидација и да ги преземат сите законски средства против сторителите на ова убиство.

Ги повикуваме Македонците на претпазливост и самозаштита!

МТВ: Господине Петров Ви благодарам на информациите, секако се градуваме од ставот за војна.

Од која војна се огради новинарот, од Втората Светска Војна, од Граѓанската војна во Грција, само тој знае. Чул не дочул, иако јас не повикав на војна! Како и да е.

Утредента, на 30 септември, присуствував на 20 годишниот јубилеј на Македонската православна црковна општина “Свети Наум Охридски“ во Тринген. Од сабајле бев бомбардиран со смс-пораки и телефонски јавувања од Македонија за хаосот во македонскиот медиумски простор околу точноста на изјавата. Не ги следев коментарите и вестите по порталите во Македонија, бидејќи немав пристап до лап-топ и интернет.

На барање на новинарот Александар Спасовски од ТВ СИТЕЛ, по смс-порака на мобилен, дадов изјава и на 30 септември 2012 година, објавена на порталот Press24. Еве ги и тие одговори и прашања.

ПРЕСС24: Многу Ве обвинуваат за вчерашниот настап на МТВ, каков е Вашиот коментар? Убиен е Александар или не? Какви информации имате?

Тодор ПЕТРОВ: Вчерашната изјава на МТВ е вистина и веродостојна. Жалам што неверните и продадените беа лишени од задоволството на директен пренос. Верувам дека кога наредниот пат Златна Зора ќе ликвидира некој од неверните во Македонија, сликата ќе им биде комплетирана. Бог да го прости Александар.

ПРЕСС24: А, дали Вие го познавате Александар и можете ли да ни кажете во кое село живее, сакаме да одиме таму со камера и на погреб, ако веќе не е погребан?

Тодор ПЕТРОВ: Родителите проколнаа, стоп за медиумите. Замолија за дискреција. Да не им одиме утре на погреб на цела фамилија. Се’ во свое време.“

Порталот за жал, извлече погрешен наслов “Погребот на Самарџиев е утре!“ Ама, мајка природа.

Стилјан Самарџиев, во недела неколкупати ми се јави со молба да реагирам до медиумите да не објавуваат дезинформации за убиството на Александар Самарџиев, да не ја вознемируваат неговата фамилија, дека се заплашени од закани со ликвидација и да се стави крај на сите шпекулации. Не успеав да реагирам до македонските медиуми, затоа што ги немав со себе нивните е-маил адреси, немав пристап до интернет оти бев на друга локација со друг повод.

Кога се вратив во Македонија, ги прочитав сите коментари и дезинформации на бројни медиуми. Се изненадив од шпекулациите на неколку медиуми, кои постојано пласираат дезинформации со намера, против лица и власта, а се блиски до СДСМ во опозиција. Работилницата што ја создаваше СДСМ, во жолтата зграда до Владата, очигледно турбо работи. Ист им е менталитетот, тие со демократијата одамна расчистиле, ти се платени да “јадат живи луѓе“.

Во името на Светскиот Македонски Конгрес упатив оградување од сите новинарски наслови, поднаслови и коментари на објавите кои немаат врска со моите изјави, а беа пренесувани со цел дезинформирање на јавноста од само ним познати причини.

Веднаш по објавувањето на веста, значи, почнаа да пристигнуваат контрадикторни известувања, сомневања и деманти од повеќе страни дека такво убиство воопшто се случило. Она што посебно интригира е фактот дека додека грчките “демократски“ власти сè уште “ја проверуваа информацијата“, некои наши медиуми веќе го прогласија убиството за “наводно“, “непостоечко“, “измислено“ и “лага“.

ПЛУСИНФО на 30.09.2012 објави вест со наслов “Тодор Петров повика на војна со Грција!“http://www.plusinfo.mk/vest/59280/VIDEO-Todor-Petrov-povika-na-vojna-so-Grcija-ubistvoto-ushte-nikoj-ne-go-potvrduva.

И од тоа се направени стотици копии на безброј профили и блогови со најпогрдни зборови и лични навреди и клевети. А Тодор Петров кажа сосема друго: “За Македонците смртта на Александар Самарџиев е провокација за војна.“ Грчките монархофашисти водеа Граѓанска војна во Грција 1946-1949 година во која жртви беа Македонците. И ај сега коментирај клевети, затоа што други умоболни сакаа да си прават сосема поинакви приказни.

Sky.mk на 30.09.2012 година објави вест “Немало убиство на Македонец во Грција, сe' е лага на владината кујна!?“ http://www.sky.mk/makedonija/32053-Немал...кујна.html.

Од sky.mk, како да се портпарол на Златна Зора, велат: “Немало убиство на Македонец во Грција, туку се' e лага на владејачката кујна што работи за нечии интереси во пресрет на добивање на датум за преговори за Македонија, која преку свој претставник, несуден кандидат за претседател повика на војна, искористувајќи ја лажната вест добиена преку фејсбук на лице познато за манипулирање на јавноста во однос на состојбите со јужниот сосед. Претставници на Златна Зора Грција во ограноците на Лерин и Овчарани се чуделе какви се овие дезинформации на Македонската Радио Телевизија, која пренела вест дека Македонец бил убиен во Солун од страна на фашистичката организација. Според дописникот на Скај од Солун, во Грција по ваквата информација сметаат дека државната телевизија се служи со непроверени информации и лаги со кои се вознемируваат сопствените граѓани и прават намерна штета во односите на двете земји.

Најуваат и остар протест од Грчкото МНР кон властите во Скопје кои ја лажирале оваа манипулација за пропаганди цели и преку грчките пратеници ќе го известат и Брисел. Скај дознава дека претставници од Златна Зора цела недела пуштале деманти до провладините режимски медиуми во Македонија и дека против лицето кое го изјавило тоа сеуште го бараат за да го информираат дека ќе поднесат тужба за клевета. Порталот Прес24, кој важи за близок до власта објави дека пред грчката амбасада има засилени полициски патроли. Аналитичари во неофицијален разговор ја опишуваат состојбата со цел да се создаде хаос во Македонија со непроверени и лажни информации, нешто слично како во времето на Слободан Милошевиќ во Србија.“

Ајде да ја анализираме веста на sky.mk. Негирањето на трагичниот настан започна токму со овој портал, за подоцна веста да биде преземена и од другите медиуми. Интересно е дека веста е објавена на 30 септември во 4 часот наутро. Значи, вестите на МТВ во кои дадов изјава беа во 23.00 часот (по грчко време во 24.00), а во 4 часот (5 часот по грчко време) sky.mk веќе објави лаги. Може да претпоставите кои се спиновите и од каде се врските и службите. Во веста на sky.mk се вели:

“Претставници на Златна Зора Грција во ограноците на Лерин и Овчарани се чуделе какви се овие дезинформации на Македонската Радио Телевизија, која пренела вест дека Македонец бил убиен во Солун од страна на фашистичката организација.“

Сомнително е како sky.mk во рок од 5 часа по полноќ успеа да најде грчки преведувачи, да најде контакт со Златна Зора во Лерин и Овчарани, па и да ги контактира до 4 часот наутро (5 часот по грчко време)?!

Интересно е тоа што веста е “според дописникот на Скај од Солун“, а не спомнуваат име и презиме на тој дописник?!

Во веста sky.mk најуваат “остар протест од грчкото МНР кон властите во Скопје кои ја лажирале оваа манипулација за пропаганди цели, како и дека преку грчките пратеници за тоа ќе го известеле и Брисел“?!

Како е можно грчкото МНР да реагира меѓу 24.00 наполноќ и 5 часот наутро, кога сите спијат? Не може ништо да се изјави пред тоа да се провери, а тоа оди тешко после полноќ. Патем, кога се сретнаа грчките пратеници да дискутираат на оваа тема за да sky.mk знаат дека дури и до Брисел ќе се жалат?

Понатаму, sky.mk дознава дека “претставници од Златна Зора цела недела пуштале деманти до провладините режимски медиуми во Македонија и дека против лицето кое го изјавило тоа сеуште го бараат за да го информираат дека ќе поднесат тужба за клевета“?!

Тешко е да се добие ваква вест после полноќ, освен добро спакувана лага. Порталот sky.mk треба да објави, со име и презиме, кој се заканил со тужба?

И за крај, веста на sky.mk завршува со констатацијата, дека “Аналитичари во неофицијален разговор ја опишуваат состојбата со цел да се создаде хаос во Македонија со непроверени и лажни информации, нешто слично како во времето на Слободан Милошевиќ во Србија“?!

Со кој аналитичари sky.mk разговараа во 4 часот сабајле?

Недозволиво е некој да го пере мозокот на народот и да пишува дека Златна Зора ќе поднесе тужба за клевета! Најмалку што се очекува е sky.mk да заработи тужба поради објава на непроверени и лажни информации. Од овој натпис се создаде врева дека веста за смртта на Александар Самарџиев е лага со цел македонската јавност да не поверува во грозоморното убиство. После ова, дополнителна врева предизвика ВИНОЖИТО кое го известило Македонското МНР дека немаат слушнато за убиството. ВИНОЖИТО и Стилјан Самарџиев не се во добри односи, коментар не е потребен.

За тие, на кои се уште не им е јасно, Тодор Петров не е член на ниту една политичка партија! Тодор Петров не е адвокат, ниту апологет, ниту експозитура или извршител на ВМРО-ДПМНЕ, односно на власта!

Но, тоа sky.mk не ја демотивира да продолжи во истиот стил. Веќе на 01 октомври објавува коментар со наслов “Смртта“ на Александар Самарџиев е спин на власта?“ И дека “целиот случај е уште една лакрдија на режимот“?! Која власт, кој режим? Зарем Стилјан Самарџиев е креација на ВМРО-ДПМНЕ, на власта? Зарем Тодор Петров е креација на Љубчо Георгиевски бугаринот, кој денес е спин на СДСМ и на Софија?

Во ДНЕВНИК на 30 септември 2012 година, новинарката Иванка Костова, во својот коментар “Непотврденa вест ги зовре Македонија и Грција“ http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=83A557...7D22F4EC8E, за Стилјан Самарџиев тврди дека “имал здравствени проблеми“, изедначувајќи го со Васко Глигоров кој пред три години како пациент од Душевната болница “Бардовци“ испрати до грчките медиуми апел за ослободување, бидејќи наводно власта го држела во Бардовци поради своите прогрчки ставови. Група Грци тогаш дојдоа со автобуси да проверат дали е болен.

Македонските медиуми чекаа одговор од грчките власти, а Министерството за надворешни работи на Грција со соопштение ги отфрли информациите дека во Солун се случил инцидент во кој починал Александар Самарџиев. За портпаролот на грчкото МНР Григорис Делавекурас тоа е нечија морбидна фантазија и ја повика македонската Влада да биде “попретпазлива и да не остава простор за вештачко заострување и зa пораст на национализам“.

Најмалку што може, дезинформаторката (ни “н“ нема од новинарка во себе) Иванка Костова од ДНЕВНИК треба да заработи кривична за клевета. Како на некои сега им текна дека Стилјан е ментално болен? И со кои проверени информации новинарката на ДНЕВНИК тоа го изјавува, со медицинска белешка, со судско решение? Точно е дека во Грција не е нормално Македонец да шета со маица на која има 16-зрачно сонце, а Стилјан Самарџиев тоа го прави, да го имаш истетовирано 16-зрачното сонце на телото, а Стилјан Самарџиев тоа го има. Таму нормално е да молчиш и да живееш во страв да не вперат прст во тебе “Држ те го Македонецот!“ Ете затоа меѓу тие “нормални“ Стилјан Самарџиев не е нормален. Стилјан Самарџиев смета дека на грчките неонацисти и фашисти треба да им се одговори со иста мерка и тој тоа не го крие. Се разбира, далеку од поддршка на наци-фашизмот.

Убеден сум дека ќе легнат работите и се’ ќе се дознае. Нам четири деца ладнокрвно ни убија кај Смиљковското зереце, па уште чекаме докази, притворените велат сме невини. Сега, едно семејство е ставено во менгеме на “војната“ меѓу две држави и служби, пред Европа. Од една селска идила семејството на Александар Самарџиев е исправено на крстопат, да молчат или да ги нема сите. Исто како на Сицилија, сите ја знаат вистината, ама кој прв ќе прозбори, прв го нема. Да не очекуваме аутопсија и прес-конференција на грчкото МВР и МНР со признание за убиство бидејќи некој се декларирал за Македонец, кога Златна Зора е полициска креација за да не нема?! Да не очекуваме прес-конференција на родителите?!

Ќе дојде време, се’ ќе се дознае. Не може да снема човек! Ако е лага дека е убиен, нека го најдат жив! Не станува за живиот Александар Самарџиев од Крушоради, 35 годишен, кој нема врска со студентот Александар Самарџиев. Во Егејска Македонија има повеќе фамилии Самарџиеви, па и во родното место на Стилјан.

Дури се одеше дотаму “наводното убиство“ да се прогласи за сценарио на грчките тајни служби за фрлање дамка врз Македонија пред претстојниот (очекувано позитивен) извештај на Европската Комисија за напредокот на земјава кон ЕУ. Која болна фантазија.

Главен аргумент на сите овие дезинформации беше дека се работи за непроверени информации и тоа од медиуми кои НАЈЧЕСТО во Македонија пренесуваат токму непроверени информации што и’ одговараат на опозицијата со цел дезинформирање на јавноста. Комоцијата дека никој нема да ги тужи за клевета или навреда им остава голем простор за маневар во креирањето на лаги.

На 31 јули 2012 година, на порталот ohridsky.com беше објавена сензационалистичка вест “Тодор Петров е манипулант и соработник на руските тајни служби!“ На 27 јули 2012 година, дневникот ФОКУС објави шокантна вест “Лидерот на ВМРО-НП за заканите од претседателот на СМК:

Тодор Петров го пречекувал Љубчо гол како Прометеј“. Миленко Неделковски деновиве вели: “Тодор Петров е странски платеник, што го користи секој момент да нанесе штета на оваа држава“. Веста дека Тодор Петров е странски платеник ја шири и Јанко Илиевски од ЈАДИ БУРЕК... Бобан Нонковиќ бара суспензија на Тодор Петров од работа и постапка од јавниот обвинител заради повик на бунт и војна, а ако не било така “Владата ќе покажала дека е вмешана во сето ова“?! Па, другарката Билјана Ванковска, исфрустрираната Виолета Теофиловска од македонското радио... Кои болни луѓе, кои болни инсинуации. И сите овие дезинформации ги врти иста булумента на медиуми, исти невладини организации, исти “независни експерти“, кои како мршојадци имаат задача против Македонците и македонските работи.

Со која веродостојност можат да се прифатат овие дезинформации за Тодор Петров како проверени информации? Значи, изјавата на Тодор Петров за осуда на убиството на Александар Самарџиев е лага поради непроверени информации, ама објавите на сите овие “силни“ медиуми дека Тодор Петров е странски платеник и соработник на странски тајни служби е вистина? И од никој од нив демант или извинување! Каде Тодор Петров повика на војна со Грција? Која перверзија од новинарство! Со кои докази се шират вакви клевети и лаги? И не првпат, туку повеќепати досега? Кој нив ги “инструира“ да шират вакви невистини и навреди, нарушувајќи ги достоинството, честа и приватноста на луѓето? Но, тоа е систем на владеење, ако не беше така немаше комунистите да владеат 80 години, како Орвел и неговата 1948.

Македонските медиуми манипулираа дека им биле потребни повеќе извори за веродостојност на информацијата. Ами зошто објавија вест дека Александар Самарџиев претепан е пренесен во болница? Ами, нели ТВ-АЛФА објави вест дека, тие ја контактирале најголемата болница “Папаниколау“ во Солун, каде беше сместен Александар Самарџиев.

- Она што го знам е дека тој е сместен тука во болницата, соопштија од грчката болница “Папаниколау“.

(http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36...ntId=55770).

Во потрагата по факти, за веродостојноста на убиството, македонските медиуми коментираа дека освен тврдењето на Стилјан Самарџиев, во јавноста не се појавил ниту некој од неговото семејство, ниту, пак родителите на Александар Самарџиев, да ја потврди оваа информација, што предизвика сомневање и дали воопшто постои Александар Самарџиев, по грчки Самарѕис.

Се манипулира дека родителите на Стилјан Самарџиев изјавиле дека не се информирани за овој случај, ниту, пак, жителите на селата во Воденско од каде што се тврди дека е Александар Самарџиев не се запознаени оти имало ваков инцидент. Дополнително сомневање се создаде и од тоа што досега никој не слушнал Стилјан Самарџиев да говори дека има братучед кој заедно со него се “бори за правата на Македонците“. А, зарем треба сите да знаат? Колку родители воопшто знаат што децата им работат кога се надвор од дома и со денови ги нема? Неофицијално се дозна дека македонски конзулат, веднаш по лиферувањето на веста, побарал информации и од полицијата и од болниците во Солун, но го добил истиот одговор:

нема ваков случај! Па, секако нема, кога нашите во болницата прво бараа македонски државјанин, за да после сватат дека Александар Самарџиев на грчки не е исто што и на македонски и дека претепаното момче е грчки државјанин.

А, што да кажат родителите на Александар Самарџиев, кое загинало поради одмазда, за да го спасат барем другото девојче? А, што да кажат родителите на Стилјан Самарџиев, кое им е единствено дете родено во поодминати години? Кога дома ќе Ви дојдат од тајната полиција, со закани, ако не кажете дека ова е лага ќе Ве нема, кој да чекате да Ве заштити? Македонија? Македонските “независни“ медиуми? Грчките власти?

Што да каже Стилјан Самарџиев, кому грчката тајна полиција му вели, изјави дека сето ова е лага ако не сакаш и тебе да те нема, а Златна Зора го бомбардира со пораки “ти си следниот фиромски предавник“?!

Во Грција, откако се крена прашина за случајот Александар Самарџиев, оценките беа, дека не е возможно да има ваков случај и да биде скриен од грчките медиуми, кои постојано ги имаат на удар десничарите од Златна Зора. Наводно немало докази. Кенеди го убија и еве до ден денешен во САД немаат докази. И сега? Што да правиме? Каде е фантомот? Се бараат докази за убиството на еден Македонец за да се верува? Па, грчките служби ги сокриле доказите за да си ја заштитат државата, а таа манипулација ја прифатија и ја наметнаа преку своите извршители и во Македонија! И што правиме сега? Порано Грците или ликвидираа или депортираа Македонци од Егејска Македонија, Господ знае каде. Цела Граѓанска војна од 1946 до

1949 година инсталираа за да ги снема Македонците од Егејска Македонија.

Зарем времињата се променија? Еве и ние живееме во општество со крвна одмазда. Тие што немаат пари ги чуваат машките деца дома од страв за ликвидација, тие што имаат пари, менуваат идентитет и бегаат во странство. Жената на полицаецот од Гостивар, кој во самоодбрана на своето дете уби двајца, зарем очекуваме да остане да живее во тој град, со истиот идентитет, без да побегне надвор од Македонија за да го заштити своето дете од ликвидација поради крвна одмазда? Самата Златна Зора е креација на грчката тајна полиција против имигрантите и Македонците во грција! Зарем очекуваме болницата “Папаниколау“ во Солун да даде аутопсија, семејството на Александар Самарџиев да организира прес-конференција, Грчката Црква да каже каде е гробот, Македонците да му изградат споменик на Александар Самарџиев во неговото родно место за аџилак како на гемиџија?!

Смртта на Александар Самарџиев не е шоу реалити. Сите очекуваа име на селото на Алаксандар Самарџиев и местото каде детето е закопано. И што треба сега, да се каже името и утре сто тв екипи од Македонија да потрчаат по изјави во селото? Па, со екипите да дојдат сите грчки служби и членови на Златна Зора од цела Грција, кои претходно се заканувале?

Па, фанови од Македонија да го посетуваат гробот на 19-годишниот Александар како на аџилак, а Златна Зора да има мртва стража за да го крши споменикот и ја брани Грција?

Родителите на Александар Самарџиев проколнаа, стоп за медиумите.

Замолија за дискреција. Да не им одиме утре на погреб на цела фамилија.

Јас на Стилјан Самарџиев му верувам! Мозаикот тоа го покажува! На неверните ни фотографијата не им помага! Може ли на неверникот да му се докаже дека Исус Христ постои за да верува во верата на христијаните? А, кога и да е, вистината ќе излезе на виделина! Најлесно е со ад акта “Мистеријата откриена - Стилјан измислува“. Но, се’ во свое време. Ова невреме викендов, донесе ново време. И ништо не е исто денес како што беше вчера. Некоја истрага ќе ги открие сите траги и лаги.

Тодор Петров не чувствува вина за вистина, треба да се извинат сите кои објавија дека Тодор Петров повикал на војна со Грција, што е клевета, затоа што таква изјава од него нема!

Лесна му земја на Александар Самарџиев, крвнички претепан на 28 септември од неонацисти на Златна Зора затоа што е Македонец, починат на

29 септември во 17 часот, погребан на 30 септември во 14 часот, близу Солун, меѓу Воден и Солун, но не Мавровуни (Треболец). Бог да го прости Александар! Почивај во мир ангелу на Македонија! Амин!

(Интегрален текст од писмото на Тодор Петров до медиумите)
02-10-2012, 10:37 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#23

И сега!?
03-10-2012, 12:47 PM
Reply
Kasandar Offline
Member
***

Posts: 118
Joined: Jun 2010
Reputation: 0
#24

МКД.мк: Уапсен Стилјан Самарџиев

Порталот МКД.мк од локални извори дознава дека вчера антитерористичкото одделение на грчката полиција го уапсило Стилјан Самарџиев, откако во семејната куќа на Самарџиеви во селото Крушоради, Леринско, пронашла оружје.
-Полицијата дејствувала откако на грчките блогови и медиуми биле објавени фотографии на Стилјан со оружје, преземени од неговиот фејсбук-профил, кој повеќе не е активен. По истрагата било утврдено дека оружјето, калашников, е лажно, па Самарџиев ќе биде испитан и пуштен на слобода, пишува МКД.мк.

Стилјан Самарџиев денoвиве ја крена на нозе македонската јавност со тврдењата дека неговиот братучед Александар Самарџиев бил претепан од членови на „Златна зора“, по што им подлегнал на повредите.

Ваквата информација не доби никаква потврда, а изворите за МКД.мк тврдат дека Самарџиев е ментално нестабилна личност и дека неговото семејство ќе побара лекарска помош за него.
03-10-2012, 04:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25

(03-10-2012, 12:47 PM)hristo Wrote: И сега!?




Quote:Кумуцакос го прашува Филе од каде се информира


Испровоциран од твитот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе поврзан со наводното убиство на Македонец во Солун, европратеникот упатува неколку прашања до Европската комисија

Грците го обвинуваат Филе дека прифатил апсолутно неоснована информација

ГРЧКИ ЕВРОПРАТЕНИК МУ ПИША НА ЕВРОКОМЕСАРОТ

Европратеникот од Грција Јоргос Кумуцакос, во македонската јавност повеќе познат како поранешен портпарол на грчкото министерство за надворешни работи, не остана нем на твитот на еврокомесарот Штефан Филе за информациите околу наводното убиство на Македонец во Солун. Кумуцакос со писмо упатено до Европската комисија бара одговори на неколку прашања. Како што беше објавено на неговата лична интернет-страница, а пренесено и од грчките медиуми, европратеникот наведува дека на 30 септември на државната телевизија биле објавени непостојни вести за наводно убиство во Солун од страна на екстремистичка организација. Кумуцакос пишува дека откако портпаролот на грчкото МНР категорично негирал и побарал од соседната земја да не дозволи пораст на национализмот и нетолеранцијата, еврокомесарот одговорен за проширување прифатил апсолутно неоснована информација и на социјалната мрежа коментирал непостојни инцидент.

Кумуцакос прашува дали јавната реакција на Филе се основала на информација обезбедена од соодветните служби во Европската комисија. Оттаму тој заклучува дека ако било така, тогаш се отворало сериозно прашање за веродостојноста на начинот на кој се вреднувале и обработувале информациите, но и за изворите што се користеле за нивно собирање.

„Треба да се нагласи дека, меѓу другото, и од такви информации се подготвува извештајот за напредокот на односите на Европската Унија со ПЈРМ. Какви мерки треба да се преземат и кои промени да се направат за да се одбегне во иднина ваквиот проблем“, прашува Кумуцакос во писмото.

Пратеникот, кој е од иста партија со актуелниот грчки премиер Андонис Самарас, го прашува Филе и дали во извештајот за напредокот на земјава ќе биде нотирана, како што пишува, и неприфатливата практика на медиумите од земјава да објавуваат непостојни настани со што ја дезинформираат јавноста, па дури и самиот Филе.

„Не може одговорниот за проширување и надлежните служби на комисијата да бидат пренесувачи на непроверени вести, кои со очигледни причини брзаат да ги објават некои медиуми во Скопје. Таквите грешки сериозно влијаат врз веродостојноста и објективноста на надлежните институции на ЕУ во пресрет на објавувањето на годишниот извештај за напредокот на пристапниот процес на ПЈРМ“, наведува Кумуцакос.

Веднаш по појавувањето на информациите за наводното убиство на Македонецот Александар Самарџиев во Солун, еврокомесарот Филе на социјалната мрежа Твитер наведе дека бил загрижен поради инцидентот и побара воздржаноста и смиреноста да надвладеат за да не се затруеле односите. Одговорот, напиша тој, е во целосна истрага.

Филе, кој неделава беше во официјална посета на Атина, доби прашања и од грчките новинари поврзани со неговите пишувања на социјалните мрежи. Тој објаснуваше дека целта не му било да се создаде поголема еуфорија туку, напротив, причините за таквите пишувања биле да се повика на смиреност и на целосно испитување на фактите.

Инаку Кумуцакос како еден од погласните грчки европратениците кога се работи за случајот со Македонија, по една од грчките блокада на добивањето датум за почнување на преговорите за влегување во ЕУ, тврдеше дека тоа не се случило туку дека се работело за едногласна одлука донесена од Советот на министри. Ваквото писмо до Филе европратеникот го пишува кратко време пред објавувањето на извештајот за напредокот на земјава, во кој се очекува да биде повторена препораката за почнување на преговорите.

[Image: komucakos.jpg]
Јоргос Кумуцакос

Автор: Фросина Димеска




ЕУ реши да направи промена во стратегијата околу приемот на Македонија и Србија, нешто слично како кај приемот на Бугарија и Романија. Извештајот требало да биде поволен за Македонија, освен во делот за правосудството и да има датум за почеток на преговорите.
На кого во МАКЕДОДОНИЈА не му одговараше Македонија да добие датум за преговори е познато. И на ПОЗИЦИЈАТА ама и на ОПОЗИЦИЈАТА.
Опозицијата од страв дека со оваа Груевски ке распише предвремени избори и со сигурност ке ги добие со убедливо мнозинство. Тука греши опозицијата. На Позицијата од барањето на ЕУ јасно да ги каже роковите за исполнување на условите.
ЕУ со датумот на преговори ке ИСПОРАЧА точна "сатница" односно условен почеток на преговори со неколку услова, од кои два се најбитни:

1. Решение на спорот со Грција
2. Лустрацијата

Тие услови ке иницираа предизборна кампања која ке биде исклучиво врзна за исполнување на задачите за почетокот на преговорите, Значи ке ги истераа на чистина и оние кои се за "зачувување" на името и оноие кои се за промена. А тоа не им одговоара и на двете страни.

Затоа најсигурно решение е во извештајот да нема датум запреговори. Единствен кој мложе да го попречи извештајот со условен датум за преговори е Грција.
04-10-2012, 01:21 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#26

@ЈорданПетровски
Само да те поправам дека не постои збор "позиција" како антитежа на "опозиција", тоа е иста грешка како да се каже "морално" наместо "задолжително". Има власт и опозиција. Се надевам дека не ти пречи ако ти укажувам на такви технички грешки.
Let me hear you make decisions without your television.
04-10-2012, 02:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27

(04-10-2012, 02:11 PM)Gnoj Wrote: @ЈорданПетровски
Само да те поправам дека не постои збор "позиција" како антитежа на "опозиција", тоа е иста грешка како да се каже "морално" наместо "задолжително". Има власт и опозиција. Се надевам дека не ти пречи ако ти укажувам на такви технички грешки.



Воопшто не ми пречи, забелешката ти е на место. Има Власт и Опозиција.
04-10-2012, 02:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#28




[Image: IMG_02102012_201323.jpg]


Целата повика се усредсреди врз Тодор Петров а веста прва ја пренесе Македонска Нација. Зошто ли??
06-10-2012, 01:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#29





06-10-2012, 06:25 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#30

(01-10-2012, 06:22 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Демократски Сојуз бара одговорност за сите што ја проширија веста за случајот Самарџиев


Демократскиот Сојуз на Павле Трајанов ги повика Владата и Јавниот обвинител да го расчистат случајот со Александар Самарџиев и да утврдат одговорност кај медиумите поради ширење на лажни вести кои можат да имаат далекусежни последици.

„Последните години сведоци сме на масовно отворање на веб портали преку кои се објавуваат шпекулации, невистини и клеветнички содржини. Слична е состојбата и во некои од електронските и печатените медиуми. Демократскиот сојуз се залага за слобода на изразувањето, како темел на слободата на говорот и слободата на печатот, за вистината, како цивилизациска и демократска вредност, и за одговорноста, која ги гарантира слободата на изразувањето и вистината. Демократскиот сојуз сака да предложи промени (амандмани), доколку од новинарската фела добие конкретни и образложени предлози“, пишува во соопштението од партијата.


Приказната за тоа дали веста за Александар Смарџиев е вистината или не е одговорот ке го доЧекаме малку подоцна.За Чудење е изјавата на Демократскиот сојуз каде отворено се повикува за ограниЧување на медиумската слобода. Ако веста се потврди за невистинита,тога¨ кривиЧната одговорност треба да се бара кај Стилјан Самарџиев.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
19-10-2012, 03:45 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#31

(19-10-2012, 03:45 AM)basilius_2 Wrote:
(01-10-2012, 06:22 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Демократски Сојуз бара одговорност за сите што ја проширија веста за случајот Самарџиев


Демократскиот Сојуз на Павле Трајанов ги повика Владата и Јавниот обвинител да го расчистат случајот со Александар Самарџиев и да утврдат одговорност кај медиумите поради ширење на лажни вести кои можат да имаат далекусежни последици.

„Последните години сведоци сме на масовно отворање на веб портали преку кои се објавуваат шпекулации, невистини и клеветнички содржини. Слична е состојбата и во некои од електронските и печатените медиуми. Демократскиот сојуз се залага за слобода на изразувањето, како темел на слободата на говорот и слободата на печатот, за вистината, како цивилизациска и демократска вредност, и за одговорноста, која ги гарантира слободата на изразувањето и вистината. Демократскиот сојуз сака да предложи промени (амандмани), доколку од новинарската фела добие конкретни и образложени предлози“, пишува во соопштението од партијата.


Приказната за тоа дали веста за Александар Смарџиев е вистината или не е одговорот ке го доЧекаме малку подоцна.За Чудење е изјавата на Демократскиот сојуз каде отворено се повикува за ограниЧување на медиумската слобода. Ако веста се потврди за невистинита,тога¨ кривиЧната одговорност треба да се бара кај Стилјан Самарџиев.
Што може друго да се очекува од комунистичко политичко-полициско куче.

An inch today is tomorrow’s mile.
21-10-2012, 05:39 PM
Reply