Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ НА СОРОС И ГЕМ КЕ ИМ УСПЕЕ ДЕТРОНИЗАЦИЈАТА НА ЦРВЕНКОВСКИ??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Zarko Trajanoski

Ги поддржувам протестите пред СДСМ, ама од друга причина. Протестирам, затоа што најголемата опозициона партија досега нема организирано ниту еден протест против диктатурата на Груевски! Очигледно, на политичарите од опозицијата им е убаво, па затоа не организираат протести, туку митинзи, на кои се гради култот кон "лидерот".




Ваква оштра критика од штабот на ГЕМ-СОРОС досега не била упатена на адресата на Бранко Црвенковски.
23-09-2012, 04:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote: ЕКСКЛУЗИВНО: Бранко Црвенковски сепак кандидат на СДСМ за Град Скопје ??


Недела, 07 Октомври 2012 23:49

Според извор на ОхридСкај , лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски сепак кандидат за градоначалник на СДСМ за Град Скопје.



Со вакви "куршуми": Милчин, Фрчолина, Жаролина и друштво не го рушат Црвенковски
(This post was last modified: 08-10-2012, 12:33 AM by ЈорданПетровски.)
08-10-2012, 12:30 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3


Quote:ДБК ИЗБИРА ЛИДЕР НА СДСМ

Според информациите со кои располага еден постар безбедњак токму 'службата' одиграла клучна улога и во смената на Петар Гошев од кормилото на СДСМ и доаѓањето на Црвенковски на негово место. Единствениот расположен за јавни изјави, Бачев, се согласува со податокот, и дури ни појаснува:
-Интересна е изјавата на Петар Гошев за 'Дневник' од 8 септември 2001 г., кога вели дека пред првите парламентарни избори во 1990, како тогашен претседател на СКМ-ПДП, го посетиле високи полициски функционери и му предложиле 'помош' во изборите, но тој ги одбил и им рекол да си ја вршат само својата законска дејност. Допуштам дека Гошев е искрен во својата изјава, но ако и ден-денес искрено верува дека навистина ги тргнал полициските структури од изборниот процес, и дека дополнително неговата смена во СКМ-ПДП била 'демократски чин' во 'демократска' Македонија, тогаш само можам да му честитам на простодушноста, но не му завидувам на наивноста. Во оваа прилика да спомнам дека Гошев можеби не знае дека во почетокот на деведесетите години, тогашните личности од политичко-полициски центар кој во тоа време му нуди 'помош' всушност ќе го подготви неговото сменување. Со план и инструкции подготвен од 'безбедњаците' во СДБ, преку своите грижливо одбрани 'комсомолци' со кои се во силни релации уште од нивните студентски денови, перфектно ќе ја извршат задачата за елиминирање на Гошев од челната позиција во 'државотворната' партија, што ќе добие свое финале на тогашниот партиски конгрес на СКМ-ПДП каде ќе биде инагуриран 'малиот'-Црвенковски. Но со тек на времето малиот ќе порасне и од тогашните првенци на центарот или подземната мрежа, кој има свој контиуитет од 1945-та година, ќе биде определен за наследникот кој целосно ќе ја завладее мрежата.
08-10-2012, 12:47 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:НОВИ МОМЕНТИ ЗА СЛУЧАЈОТ 'ХАРД РОК'

И така благодарение на весникот на Латас, конечно добивме една верзија за случајот Хард Рок. Најавувајќи дека соговорникот 'се споменува како организатор на внатрепартиската тепачка пред изборите во 1994', Вечер ни откри дека тогаш 'во дискотеката Хард Рок физички се пресмета групата на Фрчковски и Киро Глигоров од една, и на Бранко Црвенковски и Лазе Китановски од друга страна'. Е ова е веќе вест. Се разбира, писателот сака да каже дека 'лошите момци' се Киро и Фрчко, а добрите Бране и Лазе. Па ќе се поентира 'уз тезата' дека 'ќотекот го изеде Фрчковски и неговата група која ја организираше тепачката'. Ах, уште еден нов момент. Тепачката за која имаше 30-сетина сведоци, а на чуден начин потоа обвинителството ја запре истрагата, иако претходно имаше и притворени, сега дознавме дека Роли по тој основ во судски спор добил надомест на штета од еден милион денари (16 000 евра).

[Image: A86D249B606FB94D93F178D3B4AD71E7.jpg]
За периодот кој го опсервираме, и главните ни ликови: Бране, Фрчко и Лазе, плус уште еден 'тешкаш' тутунскиот бос Данчо Шутурков, занимлива е епизодата кога Шутурков посакал да се види со Роли. За ова тој сега раскажува дека се консултирал со Лазе и откако Лазе му кажал дека е 'нивен', иако демек 'играл со сите', тој заминал со неколкумина кај Шутурков дома. Според верзијата на Роли за Вечер, Шутурков побарал да бидат пријатели, а за возврат му понудил 300 000 швајцарски франци, да им се нашле за лобирање во негова полза. Јакуповиќ вели дека не ги зеле парите ама за ова му кажале на премиерот и партискиот шеф Бранко Црвенковски, затоа што демек не сакале да му работат зад грб. Роли вели дека Бранко бил лут на Шутурков ама како воспитан, нели, се заблагодарил на информацијата.
Дека Роли бил близок со најверојатниот претседател на собраниската комисија за контрола на ДБК, а тогаш и комшија со Шутурков, се гледа и од делот каде Роли раскажува како бил кај Лазета дома и случајно го виделе Фрчкота како со 'голфот ГТИ' кој вредел околу 40 илјади евра влегува кај тустунскиот бос. И она што е занимливо, е дека 'почнале да го сликаат'. Сликите ги има, разбира се, Љазе, а Бране не знаел за средбите. Инаку поентата беше дека Фрчко си заминал со натоварена кола.
И сега, ај нека каже некој дека нема штоф и сведоци кои можат да ја разјаснат улогата на тајниот центар на СДСМ во самостојна Македонија.



(This post was last modified: 08-10-2012, 12:55 AM by ЈорданПетровски.)
08-10-2012, 12:50 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5


Quote:Друже Ефтов, зошто се глупираш?



Пред извесно време, некаде по социјалниве мрежи, ја прочитав шпекулацијата за наводните амбиции на помладиот колега Васко Ефтов да стане генерален секретар на СДСМ. Се разбира, познати ми се релациите на Ефтов со луѓе од раководството на оваа партија и неговата лоша, би рекол дури и непристојна навика, да зборува од името на партијата, оставајќи впечаток дека е интимус на Бранко Црвенковски. Но, искрено, не ми беше познато дека Ефтов веќе настапува во ролјата на неформален генсек на најголемата опозициска партија, нанесувајќи си и на себе, но и на СДСМ, голема штета.

Васко Ефтов го знам од раните деведесетти години, кога дојде во „Вечер“, по препорака на Бранко Калеников, таткото на денес славните браќа Каленикови. Бидејќи несомнено стануваше збор за вонсериски талент, веднаш го ангажиравме во внатрешно-политичката рубрика, во која тоа време јас бев уредник (сосема кратко, бидејќи Панде Колемишевски брзо сфати дека мора да ме смени). Ефтов потоа се пресели во „Пулс“ и мислам дека тој имено тогаш ја доживеа онаа класичната криза на идентитетот, што ја доживуваат младите новинарски таленти, кога пребрзо ќе дојат до „многу важни“ информации, поради кои стануваат робови на заблудата дека „менаџирајќи“ ги информациите, всушност, ги менаџираат и процесите.

Ја проследив неговата полемика на Фејсбук, со претставници на „соросоидната лустрирана групација“, ама посредно, бидејќи поради некои, за мене необјасниви причини, мене пристапот до неговата страница ми е блокиран. Можеби станува збор за банална грешка, а можеби и не. Сеедно. Заклучокот е ист - Васко дебело се изглупирал, измислувајќи теорија на заговор, според која „неколку навидум некомпатибилни групации“ водат „синхронизирана војна“ против СДСМ, а меѓу нив е и „соросоидно-лустрираната групација, која смета дека треба да биде и понатаму сива еминенција во државата“ и која, онака „успут“, ги финансира сите опозициски портали во државата. Неговата недоветна приказна содржи толку многу внатрешни контрадикции (на пример, зошто таа групација би финансирала опозициски портали, ако намерата ѝ е да го уништи СДСМ?), што таа навистина не заслужува посериозен коментар.

Инаку, на Ефтов му е совршено јасно дека со оваа негова камиказе акција, тој му нанесува огромна штета на СДСМ - ги компромитира обединувањето на опозицијата (што, сепак, се случи вчера, а никој за тоа, замислете, не го прашал Васета) и митингот на 28 октомври, кој е многу важен во овој миг. И бидејќи Ефтов знае каква грешка прави, тој, во стилот на Илија Димовски, за очекуваните негативни последици од оваа негова харанга нѐ обвинува нас, „соросоидите“. Затоа, веројатно единствениот одговор што колегата Васко го заслужи од нас, е оној со кој го почести прозваниот Владимир Милчин, кој прво културно му кажа на генсекот дека нас нема да нѐ обесхрабрат неговите етикети, за потоа да му стресе отворено в лице: „Море, носи се!“

Јас, пак, имам повеќе разбирање и сентименти за Ефтов, па затоа сакам на дечкото да му кажам уште три работи.

Прво, не сум толку разочаран од неговата небулозна конструкција за „соросоидната“ групација (чиј дел, претпоставувам, сум и јас), колку од начинот на кој Васко зборува за СДСМ. Вчудоневиден сум како ги рецензира луѓето од раководството на партијата и како ги оценува минатите и сегашните настани поврзани со неа. Во СДСМ треба добро да се замислат за ова. Имено, впечаток е дека Ефтов навистина зборува и настапува со вокабулар, а можеби и со капацитет, на генерален секретар на таа партија. И тоа не како некој обичен, безличен секретар, теренец (што би се рекло, „организациски секретар“), туку како „политички секретар“ (помладите не знаат, но во КПЈ постоеја и двете функции). Јас немам информации дека во СДСМ е извршено едно такво значајно кадровско зајакнување и тоа ме загрижува. Ако тоа навистина е сторено, ред е, другари, некој да нѐ извести.

Второ, со сета почит кон популарноста на Васко на Фејсбук - а еве како ја (зло)употребува! – нашиот млад колега треба да знае дека ние, „заговорниците“ од „соросоидно лустрирана групација“, веќе неколку години одиме низ градовите во Македонија и организираме дебати, на кои зборуваме за погубноста на политиките на Никола Груевски и за потребата граѓаните на Македонија да се изборат за слобода, за демократија и за европските вредности на живеење. Немаме никакви „побарувања“ од СДСМ, никој од нас нема намера да стане ни генсек, ни сива, ни колор еминенција. Опозицијата од нас има само полза.

Нашите посетители се главно приврзаници на СДСМ и на другите опозициски партии. За разлика од Васко и неговата славна тастатура, ние нашата битка ја водиме и во своите колумни и јавни настапи, но и со средби и дебати со граѓаните. Баш и не се сеќавам на тие средби некој да ги спомнал Ефтов, неговите постови на Фејсбук и неговото „секретарување“ со СДСМ. Можеби најблиску до тоа бевме на последната дебата на Прилеп, ако Ефтов и неговите пријатели од СДСМ не се потрудеа да ги одвратат локалните приврзаници на таа партија масовно да ја посетат нашата трибина. Штета!

И трето, една моја лична порака до Ефтов. На релативно млад човек му приличи малку повеќе скромност. Не ми е јасно како воопшто Васко помислил да го мери својот скромен и очигледно сѐ поштетен „придонес“ за каузата, со огромниот придонес на Милчин. Навистина не разбирам кој тоа го набуцкал безобразно да го дискредитира и да го „лустрира“, во стилот на Латас, Миленко, Мирка... Не ми е јасно како тоа воопшто младиот колега помислил во таа своја атака да ги вплеткува и опозициските медиуми, меѓу кои, претпоставувам, е и Плусинфо, најпосетениот опозициски портал во земјата.

Што и да мислел дека прави, Васко направил само едно - си направил мечкина услуга и во самиот СДСМ. Не верувам дека најмоќната опозициска партија може да си го дозволи луксузот заради суетата на Ефтов и на неговите тајни брифери, да поведе војна со единствените невладини организации кои ја поддржуваат слободната мисла и со единствените медиуми кои шират опозициско расположение во земјата. Едноставно, не можам да замислам таква лудост.

А кој знае, можеби јас и грешам... Можеби во комшии на Бихаќка, кога следниот пат ќе побарам средба на највисоко ниво (што и не ми се случува баш често), наместо Бранко Црвенковски, ќе ме пречека другарот Васко Ефтов. Генсекот Ефтов! Ако биде така, ќе му раскажам на Васе еден виц. Туку, кој да дочека, еве, ќе му го раскажам сега. Го прашала Фата својот Мујо: „Мујо, знаеш ли што им рекол господ на големите ебачи?“ Мујо се замислил и одговорил: „Не знам, Фато. Што?“ А Фата: „Нормално, од кај ќе знаеш!“
23-10-2012, 10:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Еве ја причината за текстот на Героски:


Quote:Vasko Eftov

Bi sakal da ve zamolam da go procitate ovoj post i na nego da se potsetite za tri ili za devet meseci. Ke se iznacitate vo narednite nekolku nedeli i meseci se i sesto i vo osnova toa moze da bide svedeno na edna sinhronizirana vojna na nekolku navidum nekompatibilni grupacii no koi sega pokazuvaat isti celi-po sekoja cena da bide narusena opoziciskata koalicija i na slednite lokalni izbori ( i mozni predvremeni parlamentarni izbori ? ) opozicijata da ima sto e mozno polos rezultat. Tie tri grupacii sega atakuvaat na tri mozni ( spored nivno mislenje ) "slabi tocki": Prvo, ke se rastura koalicijata megju Branko Crvenkovski i Menduh Taci; Vtoro, dobivanjeto pozitiven izvestaj od EU znaci sigurna pobeda na vlasta na slednite lokalni izbori; Treto, Branko Crvenkovski namesto na starite sdsmov...ski kadri dobitnite mesta im gi dava na koalicionite partneri ( vo skopskite opstini ) a vo nekoi bitni gradovi ( Bitola i slicno ) ne ja pocituva voljata na opstinskata organizacija na SDSM. Ako napravite analiza ke vidite deka tie ataci vrz SDSM se vodat od tri adresi: od vladinite mediumi, od sorosoidno-lustriranata grupacija koja smeta deka treba da bide i ponatamu siva eminencija vo drzavata ( taa gi finansira site opoziciski portali vo drzavata ) i od nekoi strukturi vo SDSM finansirani od minco-sterjovisticki penezi. Tie ataci se pravat svesno pred golemiot miting na opozicijata na 28 oktomvri koj spored site najavi bi trebalo da prestavuva pocetok na baranjeto za predvremeni parlamentarni izbori vo zemjata. I celata akcija bi trebalo da finisira idnata prolet so mozna Panorama vo redovite na SDSM ( kako paradigma na onoj sudir megju strukturite na Gruevski i Ljubco Georgievski vo skopskiot hotel Panorama ). Zatoa bi vi sovetuval pocituvani clenovi na ovoj klub da ne prosuduvate i procenuvate emotivno tuku postojano da si ja povtoruvate starata vistina-deka ne e zlato se sto sjae. I se razbira-da se potsetite na ovoj moj post koga za toa ke dojde vreme Icon_razzВиди повеќе



Quote:Владимир Милчин

Му препорачувам на васко да седне со Илија Димовски и да се договори за тоа против кого заговараат „соросоидите“, против ВМРО-ДПМНЕ или против СДСМ. Вака нема ама баш никаква логика
Вака нема ама баш никаква логика.
Вчера во 05:07 · Ми се допаѓа · 11


Quote:Vasko Eftov

Mislis na istiot Ilija Dimovski koj kako mlad politicar bese vklucen vo obukite finansirani od Fondacijata Soros !? Kako sto bese vklucen i Gjorgi Ivanov. Kako sto Jovanco Donev denes eden od glavnite ideolozi na VMRO DPMNE bese dolgogodisen Pretsedatel na UO na Fondacijata Soros. I site tie ili nivnite obuki slucajno ili namerno bea "finansirani" koga ti vlade bese vo konflikt so SDSM. Gledas vlade kako ostanalo vo tebe onaa komunistickoto-jas so Ilija Dimovski sme vodele vojna protiv tebe. Vidi bogati. So Ilija Dimovski koj pisuvase tekstovi na fejsbuk branejki ja odlukata na Alfa za zabrana na mojata emisija. Zatoa vlade nemoj so tie "kursumi" bidejki tie se polni so vlazen barut.
Вчера во 05:52 · Изменет · Ми се допаѓа · 8



Quote:Владимир Милчин Во твоето подметнување, Васко, има една дебела лага. А таа е тврдењето дека Димовски, Иванов и Донев биле што биле во Фондацијата кога јас сум бил во конфликт со СДСМ. Пукаш со ќорфишеци. Инаку, во фондацијата не бараме партиски книшки кога вклучуваме млади луѓе во обуки (Димовски). А колку што си спомнувам, ниту Донев ниту Иванов биле идеолози на ВМРО-ДПМНЕ кога биле во Управниот одбор на ФООМ. Она што не ми се допаѓа во политиката и праксата на СДСМ го критикувам јавно и немам потреба од трансмитери. Мене нема да ме замолчат ни етикетите од типот „соросоидно-лустрирана групација“, без оглед дали идат од тебе или од Латас. Бедно!
Вчера во 06:55 · Ми се допаѓа · 5


Quote:Vasko Eftov

Eve go vlade tekstot koj e presvrtnata tocka vo poslednata faza od tvoeto odnesuvanje. Ke go postiram linkot za site da go procitaat. Od togas pa navamu ti ja imas staveno celata tvoja masinerija protiv opozicijata. Zosto? Bidejki opozicijata ne se postoroi vo odbrana na golemiot vlade. Zosto vlade ne si pomislil nitu ednas deka mozebi lugjeto koi ja vodat sega opozicijata ne veruvaat vo tvojata nevinost!? I zatoa ne sakale da te branat. Eve go toj link : СДСМ до 15 август ги повлекува членовите во Комисијата за лустрација?
Вчера во 07:00 · Ми се допаѓа · 3
23-10-2012, 10:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Roberto Belicanec

XXX можеби?
Вчера во 07:09 · Ми се допаѓа · 1


Quote:Vasko Eftov

Ne go branite vlade bidejki taka em poveke go zapletkuvate em pokazuvate deka nemate verba vo nego deka sam moze da se brani Icon_razz
Вчера во 07:12 · Ми се допаѓа · 3


Quote:Владимир Милчин

Ако мислиш дека си го фатил зајакот, ќе треба да се вратиш во времето, кога СДСМ го гласаше првиот закон за лустрација. Но, забораваш една друга работа. СДСМ беше тој што најави повлекување, па оспорување пред Уставен суд. Јас не ги влечев за уши. Ниту барав такво нешто од нив.
Вчера во 07:14 · Ми се допаѓа · 2


Quote:Vasko Eftov

Jas mislam vlade deka ti mozes da napravis edna ogromna rabota ovaa vlasat da zamine vo istorijata. Da pocnes vlade da ja falis vlasta. Vo onoj moment vlade koga ti ke pocnes da ja falis vlasta togas bidi siguren deka vlasta ke im zboktisa na gragjanite.
Вчера во 07:16 · Ми се допаѓа · 2


Quote:Roberto Belicanec

Васко ти го напаѓаш Владе? Или го браниш СДСМ? Или што? Ај сега да пратиме се у ПМ и после да викаме овие се криви ако ги изгуби опозицијата изборите? Не те разбирам, ако некој прави раздор во моментов во опозицијата (сфатена широко) тогаш ти го правиш. Зошто? Не знам. Нека ти биде! Толку од мене. Доста е!
Вчера во 07:16 · Ми се допаѓа · 3


Quote:Владимир Милчин

За да нема недоразбирање, Игоре, јас не сум СДСМ од формирањето на владата на Бучковски. Точно е дека сум остар критичар на Груевски и толку.
Вчера во 07:22 · Ми се допаѓа · 1


Quote:Владимир Милчин

А јас мислам, Васко, дека твоето фалење на СДСМ е штетно токму за СДСМ.
Вчера во 07:24 · Ми се допаѓа · 2
23-10-2012, 10:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Vasko Eftov

Директорот на "Сорос" смета дека со партијата полесно се разбира кога таа е во опозиција

Владе Милчин поднесе оставка во ЦО на СДСМ

Потребна е вистинска, а не декларативна европеизација на Македонија, вели Владимир Милчин


Вчера во 07:34 · Ми се допаѓа · 1


Quote:Vasko Eftov

Interesen tekst Vlade. Izgleda ne si daval ostavki vo SDSM samo koga Buckovski bil lider. Ama sega vlade taa ostavka od 1996 godina sakas da ja zaboravis. Zosto vlade? Bidejki ne sakas da procitaat lugjeto deka ne si vo dobri odnosi so Crvenkovski !? Mnogu naivno se obiduvas da se branis vlade. Fala bogu sto e ova nekoe drugo vreme i site nie koi ne se soglasuvame so tebe nema da "pomineme" kako Risto Siskov !?
Вчера во 07:37 · Ми се допаѓа · 3


Quote:Vasko Eftov

Eve vlade sto izjavuvas vo intervjuto dadeno za portalot Sky: Sky: Како ја оценувате кавгата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ?

Владимир Милчин: Ни прва ни последна. Нивните „кавги“ се дел од филозофијата на нивното владеење. Груевски и Ахмети одвреме навреме си сервираат топки кои можат да ги забијат и да си го набилдаат рејтингот како бранители на националните каузи на Македонците и Албанците. Актуелната „кавга“ е стапица за беспомошната опозиција (од една страна СДСМ, од другата ДПА) која мисли дека нема друг излез освен да секундира во фингираниот дуел. А да прогласеа мораториум на своето учество во работата на Собранието до враќањето на Груевски отаде океанот кајшто је мобилизира дијаспората? Тоа ме потсетува на капитулацијата кога, од страв да не бидат одново етикетирани како „комуњари“, гласаа за првиот лустрациски закон, а Бранко Црвенковски побрза да го потпише. Не помина многу време, Уставниот суд го поништи! Опозицијата, а најмногу СДСМ, секогаш скапо ја плаќа кооперативноста со ВМРО-ДПМНЕ. Кооперативноста на опозицијата заради „повисоките државни интереси“ груевистите ја разбираат како слабост и страв. Нив ги интересираат само партиските интереси и затоа безмилосно ги газат државните. Господа опозиционери, нема високи државни интереси кои би го оправдале дувањето во иста тиква со груевистичкиот режим!
Вчера во 07:49 · Ми се допаѓа · 3


Quote:Vasko Eftov

Gledas vlade kolku lesno etiketiras: sekoj koj ne razmisluva kako tebe ili ne raboti kako sto ti mislis ili imas interes vednas mu zakacuvas etiketa deka duva vo ista tikva so grujovistickiot rezim. Kolku totalitarno povedenie za nekoj koj ima polna usta so demokratija. Po ovoj stav od tvoeto intervju i Crvenkovski duva vo ista tikva so Gruevski bidejki ne te branel tebe vlade. Ajde te molam ne se brukaj poveke.
Вчера во 07:51 · Ми се допаѓа · 3



Quote:Владимир Милчин

Море, носи се! Бројот на Утрински пишува токму за оставката во времето на Бучковски. И не ми подметнувај од фалсификатите на Аџиевски за Шишков. Инаку, моите несогласувања со Црвенковски никогаш не биле тајна. Колку што гледам во фрагментот од интервјуто за „кавгата“, јас токму пишувам за првиот закон, тоа што ти го напишав. Но, да завршиме, ти им ја залепи етикатата (со лага!) на „лустрираните соросоиди“. И немој да глумиш посредник меѓу мене и Црвенковски. Нема потреба, а и контрапродуктивно е!
Вчера во 08:00 · Ми се допаѓа · 5


Quote:Vasko Eftov

Ne se nerviraj vlade ne si ni prv ni posleden sto ima izgubeno debata so mene. Da imas ubav den Icon_razz Tolku od mene. Poradi respekt kon tvoite godini i poradi faktot deka se naogjas vo navistina teska situacija jas ke ja prekinam ovde debatata.
Вчера во 08:04 · Изменет · Ми се допаѓа · 3
23-10-2012, 10:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Vasko Eftov

Друже Ефтов, зошто се глупираш?
пред 6 часа · Ми се допаѓа · 1


Quote:Vasko Eftov

Kolku znae da boli porazot vo edna debata Icon_razz Za srekja jas ke pominam podobro od Risto Siskov Icon_razz Ubav den na site prijatelki i prijateli. Procitajte ja debatata pogore i ke vidite kako sum gi predvidel site potezi. Da ste zivi i zdravi Icon_razz
пред 6 часа · Ми се допаѓа · 8


Quote:Vasko Eftov

Gero se ima sam izbrisano od klubot. Ako ne se lazam nego go imase dodadeno Rubin Ivanovski i eden den podocna Gero se imase izbrisano. No ne sakam da procitam ni zbor navreda za nikoj od niv na ovoj post ili na klubot. Pominaa kako pominaa vo ovaa debata kako Germancite kaj Stalingrad i sega da im dozvolime malku da go pokazat besot od porazot. Patem receno, jas ne go ni poznavam Branko Kalenikov a vo Vecer sum primen na konkurs koga Pretsedatel na Rabotnickiot Sovet bese Lambe Fidanovski tatko na novinarot Zoki Fidanovski od Alfa. Tolku za taa tema Icon_razz Setete se na ovoj post za nekolku meseci. Togas ve cekam da dojdete i da mi kazete kolku sum bil vo pravo.
пред 6 часа · Ми се допаѓа · 3
23-10-2012, 10:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Мислев дека Милчин кога ја прекина дискусијата со мене на ФБ и ме блокора дека има слаб ден ама од дискусијва со Васко гледам дека толку му е нивото. Затоа и останал на ниво на апаратчик.


(08-10-2012, 12:47 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:ДБК ИЗБИРА ЛИДЕР НА СДСМ

Со план и инструкции подготвен од 'безбедњаците' во СДБ, преку своите грижливо одбрани 'комсомолци' со кои се во силни релации уште од нивните студентски денови, перфектно ќе ја извршат задачата за елиминирање на Гошев од челната позиција во 'државотворната' партија, што ќе добие свое финале на тогашниот партиски конгрес на СКМ-ПДП каде ќе биде инагуриран 'малиот'-Црвенковски. Но со тек на времето малиот ќе порасне и од тогашните првенци на центарот или подземната мрежа, кој има свој контиуитет од 1945-та година, ќе биде определен за наследникот кој целосно ќе ја завладее мрежата.



Требеше Милчин и неговото весело друштво да разбеарат дека коалицијата помеѓу Љупчо и Бранко е возможна само по налог на ГАЗДАТА. Пораката дека не "рачуна" на нив, ГАЗДАТА им ја прати кога го пушти Тадиќа низ вода.
23-10-2012, 11:18 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#11

Добар си Јордане, добар си... Уште пред еден месец точно си проценил во кој правец ќе се одвиваат работите. Bravo

24-10-2012, 04:45 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Дел од гласилата што ги финансира Милчин:


[Image: IMG_24102012_084738.jpg]


(This post was last modified: 26-10-2012, 11:39 AM by ЈорданПетровски.)
26-10-2012, 11:37 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13


[Image: IMG_24102012_092012.jpg][Image: IMG_24102012_092112.jpg]
26-10-2012, 11:42 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14


[Image: IMG_24102012_093004.jpg]
26-10-2012, 11:45 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

[Image: IMG_24102012_085706_1.jpg][Image: IMG_24102012_085758.jpg]
26-10-2012, 11:47 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16


[Image: IMG_26102012_112350.jpg]
26-10-2012, 04:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

[Image: IMG_26102012_112201.jpg]
26-10-2012, 04:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18




Quote:Утревечер обврска и чест е да се биде на плоштадот Македонија



За секој од нас што сака Македонија да биде слободна и демократска земја, а не деспотска прчија на Никола Груевски, за секој што сака нашата татковина да стане дел од Европа, а не повторно да ни се вратат визите и изолацијата, за секој човек што посакува да се извлечеме од оваа сиромаштија и во ова кризно време поправедно да се распредели општественото богатство, а не кликата на ДПМНЕ и нејзината партиска фаланга да се луксузираат со народни пари, за секој вистински патриот што се труди нашата земја со своите соседи да развие пријателски односи и веќе ги проѕира намерите на оваа власт, која од сите свои неистомисленици направи „предавници“ и „грчки шпиони“, а еве, гледаме, самата води тајни преговори за предавство на името - за сите нас, велам, да се биде присутен на митингот на што утревечер (недела, 19.30 часот) го организира најголемата опозициска партија, СДСМ, е обврска, но и голема чест и задоволство.

Моето лично задоволство е дотолку поголемо што овој голем настан доаѓа непосредно по конечното обединување на сите опозициските партии во еден фронт. Се случи она што многумина го сметаа за невозможно - Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски и другите опозициски лидери си пружија рака, се обединија во една единствена сила, која ќе се бори на Македонија да ѝ ги врати слободата и демократијата, за утре, кога овој деспотски режим ќе замине во заборав, повторно сите партии и нивните лидери да поведат жестока, но фер и демократска битка, за симпатиите и за гласовите на македонските избирачи. Затоа, митингот на кој ќе се демонстрира таа сплотеност и волја, претставува вистински референдум за иднината на Македонија. Утревечер демократските и проевропски сили мора јасно и недвосмислено да порачаат дека нема да дозволат грст авантуристи, кои со популизам и пропаганда го залудеа народот, да ја прокоцкаат иднината на нашата татковина. Црвенковски, Георгиевски и сите кои беа дел од елитата што ја создаде независна Македонија, имаат историска обврска да ги поразат овие авантуристи, кои безмилосно го уништуваат она што незаслужено им падна в раце - нашата држава, во чие создавање тие не вложија ама баш ништо!

Им честитам на организаторите и на храбрата одлука митингот да го одржат на Плоштадот Македонија. Доста беа митинзи на Илинденска бб. Има и ќе има комични коментари дека со тоа СДСМ сака, наводно, да порача дека се помирува со проектот „Скопје 2014“, дека го оправдува трошењето стотици милиони евра народни пари за идиотски градби и споменици, дека сдсмовски конечно ќе им се поклонат на Александар и на мадињата на Букефал. Какви будалштини! Тоа е обид да се спинува вистинското симболично значење на овој потег - имено, силите на отпорот, после долго и неоправдано задоцнување, сепак одлучија на Македонија да ѝ го вратат нејзиниот плоштад, нејзиниот урбан нуклеус, кој никогаш не смееја да дозволат да прерасне во вакво царство на кичот и на архитектурата на Третиот рајх. Сите големи политички победи во овие две децении почнале тука, на плоштадот Македонија - тука нека почне и походот за ослободување на Македонија од овој ненароден режим.

Конечно, големиот митинг на обединетата опозиција ќе биде силна и јасна порака и до македонските пријатели во Брисел и во Вашингтон, кои сѐ уште, за жал, коваат планови со Никола Груевски, надевајќи се дека нивните дипломати во „фотофинишот“ ќе успеат од него да создадат проевропски политичар, наместо она што е - бледа копија на Слободан Милошевиќ. Митингот ќе им помогне да сфатат дека играат на погрешна карта, дека Груевски ќе ги искомпромитира сите нивни планови и дека народот е во право кога вели дека тој којшто со ѓаволот тикви сади, од глава му се кршат. Цивилизирана, слободарска, демократски ориентирана и вистински европска Македонија утре вечер ќе биде на плоштадот Македонија, додека на Илинденска бб ќе свети по некое придушено светло во кабинетите, каде што Филе попусто се надева дека се смислува нешто паметно и мудро.

Ќе мине долго време за и самиот Никола Груевски да сфати дека овој мој апел за отворена поддршка на една силна и обединета опозиција, што се раѓа пред неговите очи, е и во негов интерес, во интерес на неговата партија и во интерес на Македонија. Можеби во очите на европските бирократи е доволно оваа наша мала држава да биде мирна, стабилна и никому да не задава главоболки. Но, секој умен човек знае дека ако не биде слободна, демократска, искрено мултиетничка и европски ориентирана, Македонија, едноставно, ќе ја изгубиме. Порано или подоцна. Иако гледам дека власта му е најголема страст, не верувам дека Груевски ѝ посакува таква судбина на својата земја. Оти, тркалото се врти. Порано или подоцна, Никола ќе мора да си ги собере парталите и да се исели од Илинденска бб, а потоа ќе треба да се среќаваме на улица и да се погледнуваме в очи. Искрено му посакувам да стори нешто денес, за утре да може да чекори со крената глава.



Дали оваа може да се толкува како порака упатена до Милчин и Бранко. Проштално писмо на Геро до Милчин и групацијата ФОРУМ и пристапница кон дрштвото на Бранко.

Останува да ја видиме реракцијата на Николче и Јадранка.



27-10-2012, 03:26 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#19

(27-10-2012, 03:26 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Утревечер обврска и чест е да се биде на плоштадот Македонија



Дали оваа може да се толкува како порака упатена до Милчин и Бранко. Проштално писмо на Геро до Милчин и групацијата ФОРУМ и пристапница кон дрштвото на Бранко.

Останува да ја видиме реракцијата на Николче и Јадранка.



Еве зошто веќе неколку месеци не купувам Фокус... Додека е овој таму нема шанси. Кога ќе си отиде, а Николче и Јадранка барем и лажно се извинат, можеби ќе почнам повторно да купувам.

27-10-2012, 04:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20


Quote:Фрчкоски за „Граѓански“

Фрчкоски го искритикува поддржувањето на опозицијата на предлог законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

- Опозицијата не смее да греши.Има време да се коригира, но и опасност да ја антагонизира сериозната НВО-групација


-Правењето фронт со интелектуалци и со НВО ги обврзува да права брзи консултации. Тие не го прават тоа.



Стаса аберот и од "Грпацијата ФОРУМ":
27-10-2012, 11:38 PM
Reply