Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГРУЈОВАТА БИТКА ЗА „ТИФУСАРИТЕ“
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

ГРУЈОВАТА БИТКА ЗА „ТИФУСАРИТЕ“


[Image: 300px-Sutjeska_povlacenje_1943.jpg]

Обзнанувањето на „доказот“ за Милчиновиот кодошлак е само обид да се дисциплинира и да му се ослабне позицијата на Милчин. Тој е финасиер, а можеби и предводник на крилото кое сака реформи во СДСМ, со кои СДСМ би можела да победи на избори. Но, реформи и победа со Црвенковски на чело на партијата не може да има.

Зошто го велам ова? За Груевски, Црвенковски и Фрчкоски според злоделата, кршењето на Уставно загарантираните човекови права кои ги сториле од 1991 до 1998 година, против членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ, и воопшто против демократијата во Македонија требаше да се први кои ќе ги лустрира Комисијата за верификација на факти.

Комисијата тоа можеше да го стори и преку досието на лустрираните Николче Бабовски од Битола и Михаил Андреев од Велес. Целта на лустрацијата, според господинот Аџиев, е да се откријат НАЛОГОДАВАЧИТЕ и ИЗВРШИТЕЛИТЕ на злоделата кои се повод за лустрацијата.

Николче Бабовски бил соработник на службата од пред 1998 год. Тоа многу јасно е напишано во ПРЕДЛОГОТ за АНГАЖИРАЊЕ ЗА СОРАБОТНИК Ев.бр.106 од 14.04.1998 година:

„-Во минатиот период Бобовски Никола активно се користел по известителна линија спрема СРЈ (СФРЈ, СРЈ постои од 27.04.1992) под псевдоним ‘ВЕТЕРИНАР’ при што беше континуирано присутен со актуелни сознанија.



-...ветеринарен факултет во Белград. Во тој период бил мошне активен во студенската организација и еден од иницијаторите и предводниците на македонските студенти во СРЈ.“



Бабовски студирал во првата половина на осумдесетите години од минатиот Век (ако се суди по неговата година на раѓање) и кодошел Македонци. Но, Комисијата не обзнанува по која линија го работел тоа, иако тоа е заведено во досието.

За Михаил Андреев од Велес, се вели дека информирал на тема македонски националисти од 1990 до 1994 год., значи кодошел симпатизери и пропадници на ВМРО ДПМНЕ. Службени белешки од неговото досие Комисијата не истакнала.

На крај да ја споменам и мојата судска постапка против Фрчкоски и уште осум лица од МВР, која Груевски не дозволува по никоја цена да мрдне од мртва точка. Последните случувања, именување на трет истражен судија, молкот на Судскиот совет на мојата Преставка во која е документиран фалсификатрот на Јавната Обвинителка, неодговарањето на моето барање од мај годинава да бидам известен до каде е постапката упатено до судот во Скопје, прејасно зборува дека Груевски по секоја цена сака да ги заштити Црвенковски и врвот на УДБа.



Тука можете да ги слушнете аудио снимките од разговорите со овластените лица од судскиот совет;







и од Основен суд Скопје 1:


















09-08-2012, 12:29 AM
Reply