Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЈАС СУМ СПРЕМЕН ЗА БОРБА...А ВИЕ МОЈА ГЕНЕРАЦИЈО?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1




Quote: Депресијата на мојата генерација


[Image: 20120807-depresija-m.jpg]
Пишува: Урош Милошевски

И сега што? Прашање кое секојдневно се поставува. Или што утре, задутре, догодина... Ќе биде ли подобро? Ќе биде ли полесно? Ќе биде ли воопшто... Оптеретени сме до максимум. Секој ден, секаде, за никаде...

Денес сме сите образовани. Стручњаци...Експерти за се, од игла до локомотива... Се си знаеме бре...најдобри сме! А пак секојдневно и со години си ја кркаме суровата реалност, како поп-алва или оџа-баклава. Се срамиме да си признаеме дека ја утнавме работата... Тонеме самите во себе. Вредностите одамна се изгубени, како и нашата генерација... А можеше поинаку..., секако дека можеше, а и мораше!

Завршивме факултети, магистриравме, докториравме...Наоружани сме со знаење до заби. И? Работа немаме, или имаме...онаа за 300 евра. Си работиме бе...приватно...со вујче, копаме бунари...Што работиме бре? Дома дреме генерацијава...будна до 5, спие до 2...и така секој ден! Без работна навика, без волја, без идеја... А фино не советуваат...да го направиме првиот чекор...да измислиме топла вода...да станеме Стив Џобс, Бил Гејтс... Ама слабо нешто... Чекаме од родителите решение, а тие немоќно ги шират рамениците. Па што да ти прават бре? Ќе платат струја, парно и бензин и ќе им остане за семки... Сакаме да се осамостоиме да формираме семејство...ама како? Со 300 евра плата и 1100 евра квадрат? Епа ако си мангуп купи стан... Или да..., ќе живееме повторно сите заедно, како во некои други времиња...или никогаш не сме ги поминале тие времиња? Ама први сме во Европа, трети во свет...не знам за што беше...абе најдобри сме...барем така чув на телевизија...

Станавме зависници, вистински. Зависници од дрога, алкохол, компјутери, телефони... Децата веќе не растат во паркот пред зграда...тие растат пред компјутер со некои насилно нереални животни, со пукање, порно филмови... Мајките веќе не ги викаат за ручек од тераса, туку им ѕвонат на мобилните телефони... Нема веќе џамлии, жмурка, фудбал, баскет...нема, децата станаа дигитализирани идиоти...

А ние? Нашата генерација? Онаа што требаше да ја издигне оваа држава... Онаа што требаше да направи квалитативна промена? Онаа што требаше да ги смени лошите навики? Што направивме ние? Ништо... Се претопивме во минатите генерации, потонавме со нив, нема никаква промена... Станавме робови...вистински робови... Без идеја, без иницијатива, без бунтовност, без мадиња... Станавме политички заморчиња и потрчковци на богатите газди...Си ја продадовме младоста, духот, енергијата... Седиме по кафани пиеме ракија со мешана и правиме муабет за историја, за патриоти, за предавници, за рекетари, за кој колку украл, за кој каква кола земал на лизинг а има 30 и живее во гарсоњера со баба му дедо му и родителите... А што прави нашата генерација од Европа? Не знам, немам доволно да одам да видам... Или имам? Не, со 300 евра не се оди во Лондон, Париз, Мадрид, Минхен... Или се оди? Со паштета, патлиџан, ајвар и цигари од дома... Не, така ич не одам! Ама бев јас всушност... Европска тура, 18 дена, 10 во автобус...испотен, леплив, смрдлив... Абе браќа и сестри со 500 евра не можеш да ја видиш цела Европа... Ама, боље ишта него ништа...

И? Како од утре? По старо...бајато, веќе видено... Се правиме глупи со сила...или сме? Не се спротиставуваме, на никого, за ништо! Главата во песок и шибај. Нит сум видел, нит сум чул... Ќути ќе те разберат! Не ќутам! Нека ме разберат, нека знаат дека не чини. Лошо е! Сакам да биде подобро! Сакам да се цени мојот труд, сакам да се цени моето образование, сакам да се цени мојот интелект, сакам да се цени мојата држава, сакам да се цени добра музика, филм, книга, сакам да се цени она што вистински вреди... Ок е дечко, ќе биде... Кога? Никој не знае... Некој ден... "Па на вас е сега редот, еве вие бидете паметни па оправете ја државава..." -Епа баш би сакале, ама не можеме... Залепени ви се задниците...Кора имаат фатено, не мрдате бе брат... Ама сам кој си оди? Дур има овци ќе има волна! Додека мојата генерација спие...многу лоши работи се случуваат додека мојата грнерација спие!

Лупање во гради? Јачање? Солун е наш Атина ќе ја делиме? Мртов шиптар добар шиптар? Лош филм момци... Очајно лош филм! Обично доаѓа кога нема идеи, кога нема решенија...а нема! Не се другите криви за сопствената неспособност! Нацинализмот, самобендисаноста, од нас почнал светот...ЛОШ ФИЛМ! Разбудете се! Не врви, не иде... Или иде? Па...за одвлекување на вниманието од катастрофалната реалност...и криминално богатење на поединци...е за тоа иде... И не возат и не возат и не возат на тој филм...а ние? Ние спиеме...мојата генерација спие! Лизни ваму, лизни таму...може ќе те вработат...може ќе лапаш 300... Ама такви времиња се дојдени...Се се менува...ама требаат мадиња...ги имаме? Јок!

Шпански па хрватски па турски...серии нормало! А квиз? А документарец? А дебата? Што ќе ни е...Си лапаме султани и пиштолџии секој ден! Башка имаш Миленко, Јанко, Латас...е они знаат стварно се! Они ти се како мајка и татко! Имаш и "пинк" имаш и "пајнер" имаш и наша копија на пинк и пајнер... Имаш и деца кои на памет го знаат новиот албум на Аца Лукас, идол им е Кеба, доживуваат емотивна екстаза на "муштулук" "београд"... Но нели, за вкусови не се збори...ама јас си зборам, таков сум, тоа не може да ми го одземете...или може? А....да, ќе заборавев, има и други деца..."различни"... Не разбрани од средината, општеството... Черга систем... Црни маички, долги коси, пирсче, стартка, лоша хигиена... Никој не ги разбира...они се кул разбираш, во друга димензија... Депресии драги мои...депресии!

И сега сум хејтер, така? Ништо не ми чини... Епа не ми чини! Што да правам кога "разумен компромис е разумен компромис" или така нешто...Пораснав со тоа срање! Доста веќе, ми се повраќа!
Значи ли тоа дека ќе лапам 300 и ќе се тргнам на страна (како мојата депресивна грнерација)?
Не! Нема да ме фатите на кондиција! Мора да го смениме филмот!
Не си одам од тука бе! Не одам...не земам пасош од друга држава...не ја продавам душата! Тука сакам филмот да успее, да биде добар...Тука да растам деца...Во мојата земја...ама визионерска, прогресивна...Свој на своето! Ова парче земја не е добиено на поклон...за него се гинело...со генерации! И нема потреба некој да ми кажува кој сум и што сум...кои ми се корените...си ги знам јас корените! Не ми продавајте реклами, јас не живеам во телевизор! Дај те ми перспектива... Овозможете ми да живеам како мојата генерација во Европа! Ослободете ме! Ама слободата не се поклонува...за слобода треба борба! Јас сум спремен за борба...а вие моја генерацијо? Се гледаме таму...во првите редови...за подобро утре, зошто немаме резервна татковина...барем не јас...
07-08-2012, 10:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

(07-08-2012, 10:48 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote: Депресијата на мојата генерација


Ама слободата не се поклонува...за слобода треба борба! Јас сум спремен за борба...а вие моја генерацијо? Се гледаме таму...во првите редови...за подобро утре, зошто немаме резервна татковина...барем не јас...



Дали го познаваш противникот со кои треба да се бориш. Фрчко опишувајки го Груевски се опишал себе, а со тоа ја отсликал и позицијата и опозицијата, затоа ја пренесувам неговата колумна:



Quote:КУЌАТА НА ЈОЗЕФ ФРИЦЛ

(колумна)

Локалните избори кои ни се приближуваат ќе бидат навистина бојно поле! Она за референдум, за конечно ќе се биде или не, на опозицијата - навистина ќе се остварат. Не можеби толку од опозиционите амбиции, туку од ќошето во кое власта е набутана и од кое не гледа излез освен во брутално крадење на изборите!
Индициите за таков тек се се појасни. Сите предлози на опозицијата за промени и адаптирање на изборниот закон се отфрлени. Сите буквално, сосе предлозите на ОБСЕ! Целосно се антагонизирани партиските блокови со рана, невидена, црна пропаганда од власта кон лидерот на опозицијата, пропратена со закани за апсења на останатите десни партиски лидери, дел од опозициониот блок. Реториката на наводните реализации на програмата на власта стануваат обсесивно-налудничави во интензитетот и фантазмагоријата. Од нивно следење станува јасно: Владата не очекува некој да верува во нив рационално, туку пораката од нивната агресивна илузорност е друга: нема да попуштиме до смрт! Намерата е повторно и повторно да се покаже сила и одлучност за казнување и освета врз непослушните и непослушноста. Таквата лудачка слика за „цврстина“ станува цел самата за себе, како кафез во кој е заробен извиканиот „цврст пастир“. Тој робува на таа слика за себе! Штабот на преродбата нема повеќе нови идеи, старите ги заострува и свеста дека се идеите стари, ги нервира и дополнително ги жести.
Груевски не си остава политички простор за пораз од опозицијата и Црвенковски и воопшто не може себеси да се замисли во опозиција. Тој пораз за него е „невозможен“ и во неговите политички координати, неправеден и антиисториски. Подготвен е да ја спречи непријатната демократска фалинка - народот да се праша за такви работи, сепак. Имено подготвен е повеќе од претходно да ги КРАДЕ ИЗБОРИТЕ.
Со тој политички факт опозицијата мора да смета и сериозно да се подготви за борба, сега, од нејзина страна „до смрт“, за регуларни избори.

Изборите и воопшто стварноста во Македонија под ДПМНЕ на Груевски, наликуваат на куќата на Јозеф Фрицл, од аферата „Фрицл“ во Австрија. Имено, тие се просторот во кој манијакот татко, во својот свет на доминација, задоволство и обсценост ја реализирал својата верзија за „праведна контрола“.
Фрицл одбивал да биде виден како монструм кој ја силувал својата ќерка со години во подрумот на фамилијарната куќа. Тој одговара дека без него таа одамна би била мртва од дрога, алкохол или насилство, таму надвор на улиците! Тој се гледа како протективен, заштитнички татко кој ги штити правата на своите деца да бидат насилно третирани надвор!
Исто со Груевски, кој држејки ја Македонија изолирана и слаба, давејки ја нејзината демократија и кршејќи ги правата на нејзините граѓани - смета дека ја штити од предавството на името, од заверата однадвор или доминација на црните транзициски политичари и нивната политика, одвнатре. Кога Николае Чаушеску го запрашале за укинување на правата на граѓаните за патување во странство, тој одговара дека државата со тоа штити уште поголемо човеково право на сигурен, безбеден живот на истите ѓраѓани внатре во земјата. Така и нашиов Никола штити уште поголемо право на Македонците на своето име и нив ги штити од измама на олигарсите и транзиционерите.
Фрицл се покажува „сосема човечен“ во одговорите, како вели Ниче „и премногу човечен“. Тој вели дека на приземјето на својот дом често слушале заедно музика со децата и телевизорот постојано работел, биле задоволно семејство.
За да навечер во подрумот во простории без прозорци ја посетувал затворената ќерка силувајќи ја, ја чувал од зло на надворешниот свет! Домот на Фрицл е Фројдовски сегментиран: првиот спрат - свесност, радост, рутина, форма. Подрумот: потсвест, обсценест, контрола, насилство, задоволство. Супер его - демек ја штител ќерката.
Исто Грујо: реклами, радост, земјата напредува на сите полиња, реализирани се стотици проекти, Македонците пеат и изведуваат слетови! Избори: подрум, потсвест, насилство кражба, народот е стока која треба да се краде и лаже на очи и да и се втерува страв, се силува демократијата - од (супер его) добра намера да се заштити Македонецот(ката) од транзициони лажови и завера на „меѓународната“.
Соседите запрашани за Фрицл, велеле дека тој бил мирен човек и добар комшија (Fricl mon prochain), не можат да поверуваат дека тој можел да прави со години такво монструмско нешто.
Исто со Груја, дел од гласачите запрашани за него одговараат дека тој е скромен човек, одговорен и вреден, „еден од нив“ имааат доверба. Неможат да поверуваат дека тој можел да прави такво нешто со изборите и со демократијата.
Фрицл посетувал свештеник, кој го тешел и му простувал, го куражел Climb every mountain (не се знае што овој се му се исповедал). Така и со МПЦ и Груја, таа го куражи, распаљује по опозиција и го тетоши режимот мајкин, христијански непредавнички! Му вели: качи се на планинава Стамбол да го видиш!

Фрицл, драги мои, заврши на доживотна робија, сепак, јебига!!

Пишува: Љубомир Д. Фрчкоски
08-08-2012, 12:57 AM
Reply