Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Дали комунистите им ја украле победата на вмро во 1945 година
Author Message
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#1

Дали комунистите им ја украле победата на вмро во 1945 година

Веќе 6-та година одкако е Груевски на власт се негира се што е Македонско а со тоа и Македонската историја .
Дел од таа негација е и дека Македонскиот народ предводен од Македонските комунисти во текот на Втората светска Војна извојувале победа и ја создале Македонската држава всушност ја возобновиле после 1000 години .

Најпрво координирано со сите платени форумџии , блогераши , радио телевизиска пропаганда тврдеа дека самиот Македонски народ онака самоиницијативно што би рекол покојни Милошевич а сега истото го вели и Груевски дека сесобрале СПОНТАНО патака из чиста мира решиле да се борат . Бидејќи видоа дека вакавата теза е смешна и никој не наседнува на такви глупоти сега ја сменија тактиката а со тоа и тврдењата со цел да се фалсификува историјата и да се негира се што е Македонско .

Па така на гостувањето на Александар Диневски во емисија “Политико” на ТВ “Наша” со водител Сашко Ивановски гостинот тврдеше дека нее можно комунистите да ја предводеле НОБ од причина дека тој поседува списоци дека во цела Македонија имало само 50 ( со збор : ПЕДЕСЕТ ) комунисти на цела територија на Македонија . Исто така тврдеше дека народот во текот на НОБ бил предводен од ВМРО и дека тие ја извојувале победата и ја создале Македонската држава арно ама овие “само 50 комунисти” со разни интриги им ја украле победата и се прогласиле на победици .
И тоа не било проблем кога би било личен став на само еден човек ама проблем е што е тоа истата пропаганда која ја шири и ДПМНЕ и Владата преку Никола Груевски како државна политика .

Но тврдењата на Грусвеки и ДПМНЕ се едно а ајде сега да видиме што кажуваат историските факти .

1)


Тврдењето на Груевски и неговата пропаганда дека се до создавањетоа на КПМ – комунистичка партија на македонија во 1943 година во Македонија не постоеле комунисти и било каква комунстичка организација па со тоа не бил можен организиран отпор и организирана борба против освојувачите .

Ајде да ги видиме историските докази :

1 )

Македонска комунистича организација и те како постоела
Постоел ПК- покраинскаи комитет за Македонија во склоп на КПЈ –комунистичка партија на Југославија која била централизирана партија .

Доказ 1 :

Савез комуниста Југославије

Савез комуниста Југославије (мк. Сојуз на комунистите на Југославија); слв. Zveza komunistov Jugoslavije), до 1952. године Комунистичка партија Југославије (мк. Комунистичка партија на Југославија; слв. Komunistična partija Jugoslavije), је била комунистичка партија у Југославији. Партија је основана 1919. године у Београду под називом Социјалистичка радничка партија (комуниста) (мк. Социјалистичка работничка партија (комунисти); слв. Socialistična delavska partija (komunistov)). Након почетног успеха на изборима, краљевска влада ју је је забранила и она је остала илегална револуционарна организација све до почетка Другог светског рата, 1941. године.

Током рата од 1941. до 1945. године, предводила је Народнооослободилачки партизански покрет, који је поразио силе Осовине и њихове марионетске савезнике, ослободио Југославију, и победио у грађанском рату.


КПЈ до завођења диктатуре

На Другом партијском конгресу, одржаном од 20. до 25. јуна 1920. године у Вуковару, усвојен је први програм Партије, у којем су излажене идејно-политичке основе и циљеви револуционарне борбе и промењено је име партије у Комунистичка партија Југославије. За нове секретаре партије изабрани су Филип Филиповић и др Сима Марковић.

На општинским изборима у марту и августу 1920. ПАРТИЈА ЈЕ ОСВОЈИЛА ОПШТИНЕ у многим градовима (Београд, Загреб, Осијек, СКОПЉЕ , Ниш и др.), а на изборима за Уставотворну скупштину, новембра 1920, добила је 59 мандата, од укупно 419 посланичких мандата и заузела треће место по броју посланика у Скупштини. У лето 1920. године КПЈ је имала преко 65.000 чланова, а уједињени синдикати око 210.000.

Сматрајући Комунистичку партију за претњу, краљ Александар је, оптужујући КПЈ да припрема преврат, искористио сукобе са жандармеријом и војском у штрајковима рудара Босне и Херцеговине и Словеније, те је објавио „Обзнану“, тј. наредио је да се до доношења Устава забрањује свака комунистичка активност.

Чим је усвојен нови устав, Скупштина је 2. августа 1921. године донела "Закон о заштити државе", којим је комунистичка активност квалификована као злочиначка. У образложењу тог закона КПЈ је оптужена као кривац за неуспели атентат на регента Александра и атентат на министра Милорада Драшковића.


КПЈ за време Шестојануарске диктатуре

Политичка криза која је настала након убиства у Скупштини, утицала је да краљ Александар 6. јануара 1929. године изврши државни удар, укине Устав из 1921, распусти Народну Скупштину и заведе диктатуру је значила обрачун са левичарским покретима и партијама.


Током 1937. године унутар КПЈ су формиране Комунистичка партија Хрватске и Комунистичка партија Словеније.

Из Википедије, слободне енциклопедије

И сега ?
Што стана со “само 50 комунисти”
Па “само 50 комунисти “ ли победиле 1920 година и ја освоиле власта во Скопје ?

Доказ 2 :

Македонија во Втората светска војна

Развојот на народно-ослободителната борба на Македонија се одвива во текот на 1942 година. На Јануарското советување одржано во Скопје на 7 јануари 1942 година. На ова советување учествувале 25 делегати и други кумунистички дејции. На советувањето било одлучено во иднина партизанските одреди треба да бидат мали и подвижни, да имаат народен карактер, а нивната цел е преку развивање на националноослободителната борба да се извојува национална слобода на македонскиот народ. Во однос на дејноста на ПК било одлучено засилување на партиската политичка активност сред селаните.

ПК и Покраински штаб под влијание на внатршната и надворешната состојба, во март 1942 година донеле одлука за организирање на нови партизански одреди. Беа формирани уште четири одреди во Битолско, Крушевско, Мавровско и на Шар Планина. Во Пиринскиот дел на Македонија беа формирани нови партизански групи во Горноџумајско, Неврокопско и Петричко и беше извршен оружен напад на германската станица за врски во Горна Џумаја.

Борбата во 1942 година, покрај дејствувањето на партизанските одреди, е исполнета со разни форми на отпор во кој на свој начин чествувал целиот народ. Чести биле атентатите, демонстрациите, саботажите и многу други активности со кои се негиралала окупаторската власт. Атентати биле организирани врз преставниците на окупаторската власт како и нивните соработници. Во 1942 година во Скопје бил извршен атентат врз агентот Мане Мачков, во Велес бил ликвидиран полициски соработник, во Битола бил извршен атентат врз полицискиот началник и др.

Разгорот на народно-ослободителната борба на Македонија се одвивал во текот на 1943 година. По формирањето на КПМ и неговиот централен комитет било решено Главниот штаб на НОПОМ и другите воени штабови да излезат на терен за непосредно раководење на оружената борба. Беа формирани и пет обласни комитети на КПМ и пет оперативни зони на НОВ и ПОМ, со задача да се поврзат со воено-политичките раководства на отпорот во Албанија, Бугарија и Грција.

Наскоро потоа бил формиран Народноослободителниот баталјон Мирче Ацев како прва регуларна воена единица на НОВ и ПОМ. и ПОМ.

Од Википедија, слободната енциклопедија

Како што може да се види и пред осамостојувањето од КПЈ до кога постоела како ПК-покраински комитет за македонија и формалното создавање на самостојна КПМ на Македонија цело време комунситчката организација била главен организатор на борбите за ослободување на Македонија и Македонскиот народ .

И сето тоа според Груевски и неговата пропаганда го направиле “само 50 комунисти “

Е сега вака :
Ако одиме по логика дека после 1920 кога комунситите победиле на многу места на изборите па и во Скопје после што комунистичката организација била забранета а нели па да собира членови со членски книшки и од кога преминала во илегала може да се земе дека имало само 50 комунисти .
Арно ама последица би било дека бројот на членови на ВМРО бил НУЛА – КОМПИР од причина што во Бановина Вардарска и Грција оваа организација била забранета . ВМРО како терористичка организација си постоела во Бугарија која и ја организирала и финансирала и како знаеме создавала свој петоколонашки формации во Макеоднија но и по тешките злосторства над немоќното невооружено цивилноМакедонско население во Македонија ...оти толкаво им било “јунаштвото .”

А од старото Макеодонско ВМРО не останало ама баш ништо .

06-07-2012, 03:36 PM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#2

2 )

Ајде а да ги виме заседанијата

Настарана што во текот на војаната командантите имале заседанија состаноци сепак ајде да ги видиме државотворните Заседанија

Груевски со неговите здруженија на погрчени бегалчиња на кој ВМРО ДПМНЕ им е само параван тврди дека НОБ била предводена од Ванчо Михајлов и Тодор Алексанров и дека тие се вистинските водачи на борбата за ослободување а ете дека тие “само 50 комунисти “ им ја украле победата и ја фалсификувале историјата .
Нели гледаме дека Груевски и ДПМНЕ масовно го величаат Ванчо Михајлов и Тодор Алексндров им ставаат имиња на улици а во населба Кисле Вода му направија споменик со што само потврдија дека се наследници не на Македонското ВМРО туку на Бугарското чија цел била негирање на Македонија и Македонците о нивно – наше уништување .

Еве го Заседанието на АСНОМ :


Прво заседание на АСНОМ
По објавувањето на одлуката за свикување на АСНОМ, се пристапи кон избирање на делегатите за Собранието. Самиот начин на кој се избирале делегатите за АСНОМ не е сосема јасен. Во „Зборникот на документи од АСНОМ", издаден од Институтот за национална историја, има еден спис на ЦК КПМ од кој се гледа дека „електорскиот процес" се опишува вака - обласните комитети треба да ги избираат пратениците за "Прохор Пчински" на местни конференции од по 5 - 6 лица.

Првото заседание на АСНОМ е одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински. Заседанието започна со изведување на песната „Изгреј зора на свободата“. На заседанието, кое во 17.15 часот го отвори најстариот делегат, учителот Панко Брашнаров од Велес, со присуство на делегати од сите краишта на Македонија и на претставници на големите сили учесници во антифашистичката војна - САД и Велика Британија.

Панко Брашнаров го отвори заседанието со следните зборови:

“ ...Другарки и другари народни претставители, Во овој момент, во ова историско место „Св. Отец Прохор Пчински“ и на овој историски ден - ИЛИНДЕН -, кога објавувам да е отворено Првото Антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија, душата ми е преполнена со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ ДЕСЕТВЕКОВНИОТ РОПСКИ СРАМ од пропасти на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава.

Во овој момент, земјата на нашите покојници - многубројни народни герои, паднали и посејали коските си по цела Македонија, им станује по лека и они во мир веќе го гледаат изгревот на нашата слобода, гледат идеална дружба на старите Илинденци - на Гоце Делчев и денешните Илинденци - младата македонска војска, и поставените темели за остварението на идеалот на две поколенија, на две епохи - слободна, обединена Македонија. Во знак на почитание спрема падналите јунаци, ја ве поканувам да им ја изразиме со еден минут молчание нашата вечна, бескрајна признателност (при помен на жертвите одава се минутно молчение). Вечна слава на падналите герои за слободата на Македонија! Другари народни претставители, жив сум свидетел на два Илиндена - 1903 и 1944 година. Во моите спомени се нижат безброј моменти за илиденската народна епопеја и Крушовската република. Бескрајни беа напорите на вооружениот македонски народ, огромна беше жаждата му за слобода, борбата го дари со слободна Крушовска република. Но разјарениот башибозук и турската регуларна војска се нафрлија и го затрупаја оазисот на слободна Македонија - Крушовската република го потушија востанието и го стегнаја искрвавениот македонски народ во ново ропство. Животворениот извор на слободата не секна. Македонија ја поделија, ропствата се менија, но борбата на македонскиот народ не престана. Кога сите поробени народи на Југославија се дигнаја против денешниот непријател на целото човечество фашизмот, и македонскиот народ се нареди во таја борба. Тој во неа виде возможност да ја помогне општата борба на сите поробени народи и целото слободољубиво човечанство и да го оствари својот вековен национален идеал. И ете како резултат на тригодишни крвави борби, македонскиот народ ја врза својата судбина со СУДБИНАТА НА СИТЕ ЈУГОСОВЕНСКИ НАРОДИ , помогна со крф и борба да се дојде до нова, братска, демократска и федеративна Југославија. Денеска на фториот, славен Илинден, последен Илинден на неослободена Македонија, се стават темелите на македонската држава во која да се обедини и заживее нашиот народ онаков среќен живот каков го заслужува по своите претрпени ропски маки и петвековни борби. Да е жива нашата мила македонска федерална држава! Да е жива федеративна, демократска Југославија, заеднички покров на братските јужнословенски народи!

Од Википедија, слободната енциклопедија

Договорот кој бил одобрен и од Сталин за широка Балканаска федерација од Југославија Бугарија , Албанија и Грција но со интеренцијата на САД и Англија во Грција пропаднал . Со тоа почнала студената војна . Панко Брашнаров потоа избрал страна работел за Бугарија – Советскиот Сојуз и завршил на Голи Оток .

Понатаму :

Второ заседание на АСНОМ

По ослободувањето на Македонија од 28 до 30 декември 1944 година во Скопје се одржува Второто заседание на АСНОМ, или поточно, Првото вонредно заседание на АСНОМ. Покрај делегатите на заседанието присуствуваат и: потпретседателот на Националниот комитет за ослободување на Југославија Едвард Кардељ, Димитар Влахов, Светозар Вукмановиќ – Темпо, претседателот на Отечествениот фронт на Бугарија Добри Трпешев и претставници на советската и англо-американската воена мисија.

Од Википедија, слободната енциклопедија

Трето заседание на АСНОМ

Трето заседание на АСНОМ (односно, Второто вонредно собрание) се одржува од 14 до 16 април 1945 година. На ова заседание се извршени измени во надлежностите на Президиумот на АСНОМ, кому му се одземени извршните функции. Тие и се предадени на Владата на НР Македонија, која е избрана на 16 април, на чело со Лазар Колишевски. Во склоп на Собранието се формирани неколку одбори, а согласно новите прилики, АСНОМ продолжува да работи како Народно Собрание на Македонија.

Од Википедија, слободната енциклопедија

Заклучок :

Гледаме дека комунистите цело време си организирале Заседанија создавале Македонска држава .

А каде е тука ВМРО ?

Знаеме дека Македонското ВМРО имало богато искуство оклоку таквите заседанија – конгреси . Рилски конгрес , Смилевски конгрес ..еден куп .

Прашање :

Нели “само 50 комунисти” цело време идаваат документи од нивните заседаија со кој написмено го кажуваат државното уредување и дека Македонија ќе биде дел од Југословенската федерација .
Нели “само 50 комунисти “ а сите други биле ВМРО и си молчеле не се согласувале ама ич па пустото не им текнало и тие да си одржат нивно Заседание со нивни документи дека македонија ќе биде капиталистичка и дека ќе биде неутрална .
Не им текнало ?
Или нигде ги немало ?
Или ги имало ама биле усрани газови оти биле слуги на окупаторот па како поразена страна единствена надеж им била да спасат жива глава оти се знаело што следи за предавниците .
Народот ?
Па народот многу добро знаел дека само КПЈ го гарантирала постоењето на Македонија и македонскиот народ во време кога сите го негирале .
06-07-2012, 03:37 PM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#3

3 )

Ајде да видиме оганизациска структура и број на борци :



Главен штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија


Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија (Главен штаб на НОВ и ПОМ) е главното командно тело на македонскиот народ во Вардарскиот дел на Македонија во текот на народно-ослободителната борба на Македонија.

Пред формирањето на ГШ, оружената борба ја раководеле: Воена комисија – Методија Шаторов-Шарло, Коце Стојановски-Металец, Бранислав Шикиќ-Бруно, Љубомир Лековиќ- Горски и Илија Јакимовски, Покраински воен штаб – Лазар Колишевски-Митре, Михаjло Апостолски-Дончо, Мирче Ацев-Стојче, Страшо Пинџур-Jосиф, Цветко Узуновски-Абас, Трајко Бошкоски-Тарцан, Перо Иваноски-Тиквар, Кузман Јосифовски-Питу, Иван Дојчиновски-Димче и Оперативен воен штаб, како помошен орган на ПВШ – Перо Иваноски-Тиквар, Трајко Бошкоски-Тарцан, Киро Крстески-Платник и Стиф Наумов.

ПВШ прераснува во ГШ на Народноослободителната војска на Македонија и НОПОМ во состав: Цветко Узуновски, Михајло Апостолски, Мирче Ацев, Страшо Пинџур и Љупчо Арсов (јуни 1942), а подоцна биле кооптирани Кузман Јосифовски и Стиф Наумов.

Го раководел дејствувањето и организирањето на НОПО, реорганизацијата на месните воени штабови, издавал Билтен (од октомври 1942) и др. ГШ на НОПОМ прераснува во ГШ на НОВ и ПОМ во состав: Михаило Апостолски – командант, Цветко Узуновски – политички комесар и Страхил Гигов – заменик политички комесар. Подоцна комесари биле Бане Андреев и Борко Темелкоски, а заменик на командантот Панче Неделковски (март 1943).


Македонската војска имала над 64 000 борци (октомври–ноември 1944). Во ноември ГШ на НОВ и ПОМ бил преименувн во ГШ на НОВ и ПОЈ за Македонија и така функционирал до февруари 1945 година, кога бил преименуван со наредба на ВШ на НОВ и ПОЈ во ГШ на ЈА за Македонија. Во мај 1945 бил укинат

Од Википедија, слободната енциклопедија

Како што може дасе види имало комлетна организациска структура .
Македонската војска имала над 64 000 борци а некаде се наоѓа бројка дека 1945 имало повеќе од 100 000 војници .

И сега :

Нели тие “само 50 комунисти “ испратиле 5- 10000 војска наСремски фронт .
Содавале институции и ликвидирале се што им било сомнително се што може да го загрози содавањето на македонската држава .
А пази имало 64 000 војска под оружје како што велат Груевски и негова споулавена братија сите биле ВМРО-овци и никој ништо не им можел на тие “само 50 комунисти “ .
Тие “само 50 комунисти “ содале огромна индустрија , патишта , цели градови наново никнувале .Луѓето во нвно време живееја мирно и спокојно .
Нека и ме вечна слава негде до 1985 година починаа си замина од овој свет . Кога беа земата се тресеше под нивните нозе .Ги бивало за војна , за организација , за индустријализација ...за се ги бивало .Способни луѓе до немај каде .

Наградно прашање :

Ако “само 50 комунисти “ можеле да го направат сето тоа според логиката на Грујо и негова пропаганда ....
Алоооо
Што ќе беше ако беа 5000 ?
Ќе прегазеа се и ќа ја освоеја и Индија и како од шега ќе ги освоеле Москва и Вашингтон .Денес Македонците ќе владееја со цел свет .

Мене ми е јасна целата таа искомлексираност на Груевски и ДПМНе од причина што никогаш немале успех во минатото да создадат држава но гледајќи како се однесуваат совршено е јасно дека тоа никогаш и не било можно . Борбата на ВМРО секогаш била борба за лични интереси а под владеење подразбирале малтретирање на населението и негово ограбување – пљачкање со цел лично збогатување . Не само што никогаш и не било можно да создадат држава туку се гледа дека се пропалици и растурикуќи па од алчност и неспособност и готова држава на тацна да им сервираш за кратко време ќе ја растурат – раскрчмат .

Така што фалсификувањето на историјата и пропагирање на тези демек комунистите им ја украле победата 1945 со текот на времето ќе биде оквалификувана како дело на споулавени лудаци .

06-07-2012, 03:38 PM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#4

Quote:Алоооо
Што ќе беше ако беа 5000 ?
Ќе прегазеа се и ќа ја освоеја и Индија и како од шега ќе ги освоеле Москва и Вашингтон .Денес Македонците ќе владееја со цел свет .
Pos Pos

Кои беа партизаните во Македонија
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
06-07-2012, 07:51 PM
Website Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,541
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5


Quote:“Поларизацијата на силите во националноослободителното движење во Вардарскиот дел од Македонија отворено се манифестирала есента 1943година….
….се наметнало прашањето за крајна цел на националноослободителната војна :создавање на сепаратна или единствена МАКЕДОНСКА национална држава.
….прашање на единството на националноослободителната борба во трите дела на Македонија.
По тие клучни прашања и во Главниот штаб и во движењето во целина се поларизирале две политички струи :комунистичка, револуционерна-пројугосливенска, (србокомунистичка),раководена од Светозар Вукмановиќ –Темпо (кој во Македонија бил испратен со неограничени овластувања од југословенското политичко и воено раководство) и национално демократската, предводена од Методија Андонов –Ченто.
Првата (во која влегувале :Михајло Апостолски, командант на ГШ на НОВ и ПОМ , Цветко Узуновски, политички комесар, Страхил Гигов, Никола Минчев, Елисие Поповски и др.) дејствувала за доследно спроведување на политиката на КПЈ: сепаратно продолжување на национално-ослободителната војна во Вардарскиот дел од Македонија и согласно со АВНОЈ-ските решениа, создавање македонска држава-федерална единица во југословенската федерација.
Национанодемократската струја се застапувала за воспоставување единство на националноослободителната борба на целата територија на Македонија, во сите нејзини делови, под единствена команда на ГШ на македонската национална војска, за ослободување на земјата и создавање самостојна и независна македонска демократска држава.Согласно со тоа се застапувала за пренесување на борбените дејства на македонската војска и во другите делови на Македонија. Кон крајот на ноември и во почетокот на декември 1943година кога по силната непријателска офанзива, се наметнала потреба од повлекување на единиците од западниот регион на Вардарскиот дел од Македонија и кога Светозар Вукмановиќ наредил нивно префрлање во Србија, по острото спротивставување на Методија Андонов –Ченто, Главниот штаб донесол одлука за упатување во Егејскиот дел од Македонија.....
06-07-2012, 09:16 PM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#6

Quote:Стотици и илјади се страниците испишани од србо-комунистите во Македонија за «борбата против бугарскиот окупатор», но не кажуват дека таа «борба» се води во окупираниот од Италианците дел на Македонија.

И кој води таа борба – партизани – главно Срби, Црногорци, Шиптари, црвеноармејци.

Не можејки да најдат во Македонија доволно приврзаници на својата антибугарска политика па дури и сред комунистите, титовистите изпраќат од Шумадија свои верни орудија. Лазар Колишевски беше еден од тие верни српски воспитаници. Тој пристигна во Прилеп на 8 октомври 1941 г. со специјална порачка од Тито да организира провокација во градот спроти бугарската власт. Колишевски е одгледан во српско сиротиште како сирак со специјалните грижи на српската пропаганда во Југославија. Завршил средно образование во Крагуевац, во срцето на Шумадија . Назначен е од Србите на служба кај кралската армија во воениот арсенал во Крагуевац.

Лазар Колишевски е типичен пример на современен јаничар – го заборавил своето потекло и ги предал интересите на својот народ на Србите. Дури и Вера Ацева, видната комунистичка дејка дава таква карактеристика за Колишевски : «Тој што растел и живеел надвор од Македонија до 1941 г. не го е почувствувал ропството на македонскиот народ во кралството Југославија и денес не може да разбере или не сака да разбере дека неговата положба како српски комунист нашата беше коренито различно». Во својата дејност во Вардарска Македонија Колишевски се потпира исклучиво на Срби, Цинцари или на местни србомани воспитувани во Србија. Така нареченото «востание» во Прилеп од 11 октомври 1941 г. Колишевски исто го организира со помошта на верните српски орудија.

11 октомври 1941 г. е национален празник на Република Македонија, како «спомен за востанието против Бугарскиот окупатор», а всушност на тој ден во Прилеп беше извршена една терористичка акција – востанието завршува заклучно со исечување на електричниот кабел на улицата и стрелање во патролниот стражар пред седиштето на полицијата. Во неа главен извршител, човекот кој што стрелаше оддалеку во поставениот стражар пред полицискиот участок беше Душко Наумовски. Тој е србин од Крушевац чии што родители по потекло се од Прилеп, но уште по турско време се преселиле во Србија и се посрбиле.

Главниот организатор на акцијата во Прилеп е како веќе посочивме, одгледаниот во Крагуевац Колишевски, а инициатор е Тито, кој што сака по тој начин да демонстрира, дека ЈКП располага во Вардарска Македонија со свои истомисленици и ги следи местните структури на ком. партија кои се раководат од него, а не да кореспондират со БКП какво што беше решението на ПК начело со Методи Шаторов – Шарло.

Партизанско движење во Македонија во текот на Времето на бугарското присуство всушност немаше. Мали партизански формировки дејствуваа во италианската зона во Дабарца и во германската зона во Егејска Македонија.

Повеќе од четириесет години во Скопје се шпекулира со илјадниците борци против «бугарскиот окупатор». Тие и сега зимат државни пензии. Тие борци се појавија кога бугарските органи, армијата и администрацијата се повлекоа од Вардарска Македонија во текот на првите денови на септември 1944 г. по наредба на комунистичката влада на Бугарија. За сравнување инвазијата на партизани во Вардарска Македонија е направена во текот на октомври 1944 г. после кога од името на новата комунистичка власт беше објавена мобилизација.
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
06-07-2012, 09:51 PM
Website Reply
Playboytaxi Offline
Senior Member
****

Posts: 614
Joined: Jun 2010
Reputation: 24
#7

Kakvi komunisti,kakvi gluposti? Ako ne beshe Sovetskata Crvena Armija,koga komunistite ke zemeha vlasta i ke napraveha Mk drjava,jazik i azbuka? VMRO prvo sakaha Avtonomia,a posle Nezavisna Mk drjava,kako edinstvenio vozmojen nachin vo toja moment Bulgarite vo Mk da dobijat svoboda i da si gi otvorat svojte Bulgarski shkoli i crkvi,koj beha zatvoreni od srbite i grcite.
My Blog with hundreds of original VMRO and other old documents related to Macedonia:
http://macedoniandocuments.blogspot.com/...lchev.html



08-07-2012, 03:20 PM
Website Reply
Тодор Offline
Македонски Българин
***

Posts: 111
Joined: Oct 2010
Reputation: 27
#8

Комунистичката идеологија, во почетокот на 20 век со преминувањето на светот од земјоделско во индустријско општество, поготово од кога Русија ја прифати и почна истата да ја турка низ светот, беше неизбежно и во Вардарска Македонија да добие приврзаници.

Така наречената “Народно Ослободителна Војна“ не беше ништо друго туку Световна Револуција за воспоставување на комунизмот. Комунистите, во Југославија, Блгарија, Румунија и во сите други земји кои станаа комунистички за времето на 2та СВ и веднаш по неа, ја имаа последната шанса за остварување на нивната цел (Проширување на Комунизмот низ светот).

Поточно во Вардарско немаше потреба од никакво ослободување. Народот, пристигнатите Германските Војски веќе ги прифати како ослободителни, доколку периодод од 1919 до 1941 се смета за окупаторски, а пристигнувањето на Блгарските војски беше прифатено како народно обединување. Но тоа не е причина во Вардарско да немало членови на ПК за Македонија на КПЈ. Немало Комунистичка Партија на Македонија бидејќи Москва одсекојпат била со мнение дека Македонците се Блгари или Срби и треба да припаѓаат на едната или другата партија.

Уште во 1941 ПК за Македонија ги прекинува врските со КПЈ и се завртува према КПБ. Со доаѓањето на Темпо во Вардарско при крајот на 1943, веднаш по АВНОЈ, присилно се извршуваат промени во ПК а при крајот на 1944 се извршува присилна мобилизација. И од таму се тие 65000 до 100000 “комунисти“. А до тоа време бројката од 50 комунисти не е далеку од вистинската.

И затоа не ги прегазија Индија, Москва и Вашингтон, за срќа што Тито ги прати во Срем, инаку не бар сега цел свет ќе ја изучуваше фалшивата по потреба нарачана историја.
Небото да е книга, морето мастило, не ще можам да напишам своите ядови.
12-07-2012, 12:39 AM
Reply