Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЈАГМА И ЗА СРПСКИ ПАСОШИ!!
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#1

Дали Македонија, перспективно, ке стане држава на Албанци, Срби, Бугари...??? Оваа моја депримирачка и дефетистичка теза ја кажувам после оваа прочитана информација. Понапред, а и сега тековно има , исто така, јагма за бугарски и албански документи:

Quote:Во Куманово дојдоа претставници од амбасадата на Република Србија во Македонија, предводени од конзулот Драгица Јаниќ. Денеска имаше голема посетеност, а досега се поднесени над 500 барања.

Ние сме само тука да помогнеме да се приберат документите и да се предадат. Луѓето добиваат потврда дека документите се предадени. Обединета српска заедница се залага граѓаните да не одат во Скопје, туку претставници на амбасадата дојдоа во Куманово за да ги примат документите и да им кажат што недостасува од нив. Документите е важно да не се постари од шест месеци. Државјанства ќе се издаваат без никакви трошоци, се е покриено од Влада на Република Србија - рече Часлав Јовановиќ, претседател на “Обединета српска заедница“.

За да се аплицира за државјанство на Република Србија потребно е: државјанство на РМ, извод од матична книга на родени, венчаница, копија на лична карта или пасош, барање, молба и изјава за добивање на државјанство и документ кој докажува српско потекло.

Обединета српска заедница планира “Конзуларни денови“ да организира и во иднина за оние кои овие два дена не успејале да ги соберат и да ги предадат потребните документи. Тие објаснуваат дека по неколку членови од едно семејство поднесуваат барања за добивање на српско државјанство.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/...nstvo.html
06-07-2012, 10:57 AM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#2

Што ? Кој смеел да отвори ваква тема ?
Леле ако ве разбере одговорниот уредник на Сител телевизија Дража Павловиќ - Чича кој е воедно и Војвода Српског четничког покрета у Бановини Вардарској .
Тешко вам ! Партал ќе ве направи на Сител .
Него имате среќа баш сега вршат промоција на новата најавна шпица на Сител па се зафатени малку .

SPREMTE SE SPREMTE CETNICI




17-07-2012, 12:46 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#3

(17-07-2012, 12:46 PM)Flok Wrote: Што ? Кој смеел да отвори ваква тема ?
Леле ако ве разбере одговорниот уредник на Сител телевизија Дража Павловиќ - Чича кој е воедно и Војвода Српског четничког покрета у Бановини Вардарској .
Тешко вам ! Партал ќе ве направи на Сител .
Него имате среќа баш сега вршат промоција на новата најавна шпица на Сител па се зафатени малку .

SPREMTE SE SPREMTE CETNICI




Флок, мислиш дека дошло време поотворено да се промовира српската кауза во Македонија?? Мислиш дека тестото е стасано за српски колачи во Македонија? Со кого тоа твојот “ Војвода Српског четничког покрета у Бановини Вардарској .“ ке прави сојуз во РМ за реализација на идејата: Дали со традиционални пројугословени во СДСМ или ке најде материјал во ова посрбено ВМРО-ДПМНЕ. Или ке земе малку од едни и од други?

17-07-2012, 05:31 PM
Reply