Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЧИИ ПРЕДСТАВНИЦИ СЕ ПРАТЕНИЦИТЕ-НА ИЗБИРАЧИТЕ ИЛИ НА ПАРТИЈАТА?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Нишај врата за пратеничка плата


Стратегијата за уништување на кредибилитетот и самата логика на постоење на македонскиот Парламент ја прогласуваме за успешна. Во последните неколку години Собранието постои само затоа што треба да ја задоволи формата што ја налага парламентарната демократија како систем на државно уредување! И секако, за 123 избраници на партиите (затоа што немаме отворени листи, па нив, секако, не ги избираат директно граѓаните) да има како да го трошат нашиот, а да го полнат нивниот буџет. За спектарот на епитети што си ги делат еден на друг со кој дебатите и репликите им личат на караница на продавачи на пазар да не зборуваме. Ајде да анализираме како суштински функционираат.

Прво, вниманието на јавноста во последните години, а од минатите избори пак, особено е дефокусирано од парламентарните седници. Сe помал е бројот на новинари и на известувања за текот на седниците. Па така, на пример, вториот ден од расправата за ребалансот на државниот Буџет помина без новинари. Се сеќавате сигурно како само „Капитал“ ја извади фамозната реченица на пратеникот Славе Гошев - „ќе трошиме како сакаме - власт ли сме што ли сме“. Лесно им е кога мислат дека никој не ги слуша... А зборуваме за ребаланс на државната каса! Ако за таа тема не се интересни расправите на пратениците, замислете само какви се оние за некои мали законски измени кои честопати знаат да сокријат крупна општествена промена.

Вака опуштени, со сe помало медиумско внимание врз нив, еве како работат пратениците. Илјадници евра пари на даночните обврзници се фрлаат во воздух поради начинот на којшто кај нас се практикува парламентарната демократија. Седници што почнуваат со големи задоцнувања, секојдневно процедурално барање паузи по поводи поврзани со теснопартиските агенди, десетици пријавени пратеници за дискусија кои со часови го повторуваат она што веќе го кажал првиот од нив – сето тоа го дозволува Деловникот. Само еден работен ден на Собранието, во просек, чини 15 илјади евра. Собраниските служби ја немаат пресметано сумата која напразно се троши од буџетот поради различните „демократски“ опструкции на работата на Парламентот.

За што ги плаќаме овие луѓе? Секоја чест на исклучоците, но таму се собрани ликови на кои пратеничката фотелја им е успех за кој не можеле ни да сонуваат, претворени во гласачки апарати и во прваци за безделничење, па потоа имаме ситуации кога немаат поим за каков закон притиснале копче „ЗА“. Гајле им е... и онака, законите други ги „месат“...



Првиот чекор кон воспоставување на демократија во Македонија е промената на изборниот закон.
Пратениците мора да имаат одговорност пред избирачите а тоа може да се постигне со промената на изборниот закон, да се врати пропорциналниот изборен систем и да биде само со еден изборен круг.
Забрана на формирање постизборни коалиции за да се формира влада односно влада да формира партијата која ке освои најголем број на пратеници.
(This post was last modified: 05-07-2012, 01:44 PM by ЈорданПетровски.)
05-07-2012, 01:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Dragan Arsovski

Jordan,alal vera,bas za ova tema ednas i zameriv na Sinadinovska i navistina mi posoci eden paragraf posveten na taa tema.Ama toa ne e dovolno,za da svati ovoj narod potrebno e vistinsko sekojdnevno bombardiranje od mediumite.Tesko deka ke dozvolat vrakanje na proporcionalniot ama barem da se sprovede noviot metod veke predlozen(ama po se izgleda neprifatliv od banditite i edni i drugi) so dopisuvanje broj na listite(onoj koj glasacite go sakaat za pratenik) pa barem malku da se ublazi ovoj panagur izboren zakon.Vaka kako sto e drzavnikot i pastirot(spored zaslugite i lojalnosta) ke im stavat reden broj za rajot.Samo kako cekor kon vrakanje na proporcionalniot.Narodot e poveke od sutracki,sto bi rekla Najcevska,no eve im eden primer,jas sum od Kratovo i dokolku se kandidiram kako nezavisen,i ako site do eden kratovcanec glasaat za mene jas nema da dobijam mandat...alo pa sto birame be luge,za cija volja stanuva zbor!!!
15 minutes ago · Like



Quote:Jordan Petrovski

Тоа е најголемата аномалија, неможноста да се избере поединец. Оснивте на демократијата почиваат врз правото на поединецот. Сегашниов изборен закон би требало да е неуставен. Што велиш ти Тале, е или не е неуставен
7 minutes ago ·
05-07-2012, 02:28 PM
Reply