Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СОВРЕМЕНИОТ ДАМЈАН ГРУЕВ И НЕГОВИОТ БАРОН МИНХАУЗЕН
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1



Увод во темава ке биде писмото на Драган Богдановски упатено до председателот на Д.О.О.М - Н.О.Ф.М, Др. Богољуб Андоновски, писмо во кое Богдановски му нуди место на Генерален секретар на Др.Андоновски во партијата која ке создаде "македонската патриотска интелегенција" со "подршка од македонската емиграција" .




[Image: scan0058-2.jpg]


[Image: scan0059-1.jpg]



23-06-2012, 02:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Дел од најновата книга на Др. Бранислав Синадиновски "БОРИС ЗМЕЈКОВСКИ-СОВРЕМЕНИОТ ДАМЈАН ГРУЕВ"




[Image: Zmejko-kniga2.jpg]
[/quote]
23-06-2012, 02:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Во писмото Богдановски како ИНИЦИЈАТОРИ за ФОРМИРАЊЕ на ДПМ споменува АКАДЕМИК и дваица УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОРИ:




[Image: scan0058_1-1.jpg]





Др.Синадиновски вели дека ИНИЦИЈАТИВАТА е: НЕГОВА на Динката, Змејко и Драган:




[Image: Zmejko-kniga2_1.jpg]
23-06-2012, 02:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

(23-06-2012, 02:57 PM)ЈорданПетровски Wrote: Во писмото Богдановски како ИНИЦИЈАТОРИ за ФОРМИРАЊЕ на ДПМ споменува АКАДЕМИК и дваица УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОРИ:




[Image: scan0058_1-1.jpg]





Др.Синадиновски вели дека ИНИЦИЈАТИВАТА е: НЕГОВА на Динката, Змејко и Драган:




[Image: Zmejko-kniga2_1.jpg]




За да се совпаднат писмото на Драган Богдановски и книгата на Др. Синадиновски ке треба да чекаме Др.Синадиновски да стане академик, Змејко да стане универзитетски професор, ке биде проблем вториот универзитетски професор, бидејки Динката е починат. Можеби Др. Синадиновски ке "пронајде податок" дека Динката всашност бил универзитетски професор и во истовреме диркторувал во "МАКЕДОНКА"

Жално е и во истовреме срамно е ова што го прави Др. Синадиновски, додуша не му е и прв пат ама се надевам дека ке му е последен пат.
23-06-2012, 10:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Политичката платформа на ДПМНЕ, која Драган Богдановски му ја пратил на ДР. Богољуб Андоновски:




[Image: scan0062.jpg] [Image: scan0063.jpg][Image: scan0064.jpg][Image: scan0065.jpg][Image: scan0066.jpg]

05-07-2012, 07:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Манифестот со кој Драган Богдановски ја промовира ДПМНЕ:



[Image: 22741_1331949905983_1448079960_30952614_3151312_n.jpg]

[Image: 22741_1331949865982_1448079960_30952613_2818965_n-1.jpg]



Дали некаде на овие документи ги гледате имињата на Синадиновски, Змејковски, Јаковлевски?
05-07-2012, 07:57 PM
Reply
Gorgi Offline
Junior Member
**

Posts: 3
Joined: Jul 2012
Reputation: 0
#7

(05-07-2012, 07:57 PM)ЈорданПетровски Wrote: Манифестот со кој Драган Богдановски ја промовира ДПМНЕ:



[Image: 22741_1331949905983_1448079960_30952614_3151312_n.jpg]

[Image: 22741_1331949865982_1448079960_30952613_2818965_n-1.jpg]



Дали некаде на овие документи ги гледате имињата на Синадиновски, Змејковски, Јаковлевски?

Normalno da gi nema! Tie kako sorabotnici na SDB se dopolnitelno vkluceni!
I ne samo Mane i Zmejko, tuku i Gojko! Se toa so DPMNE e proekt na makedonskata i sojuznata tajna sluzba.
Samo Jordane ne li povrzuvas? Se obiduvas da se pretstavis kako analiticar, ama kako ne ti paga vo oci faktot deka toj Minhauzen (se soglasuvam se raboti za psihopat) e blizok so uste dvajca tvoi "prijateli" Janko (tvrdat psihoapt so tapija) mnogu blizok so Minhauzenot i bez kogo nemase nitu da magistrira nitu pak nezakonski da doktorira pod vcudovicuvacki okolnosti (vo tek e proverka na tie okolnosti, ama glavnoto iznenaduvanje e intervencijata od DBK do inspektorot vo Ministersvoto za obrazovanie, da sopre istragata!
Inaku Janko so pomos na DBK izbegnal pravosilna presuda zatvor za lazno pretstavuvanje i reket! Za negoviot serial od 30 kolumni vo 30 dena, upatenite kazuvaat deka takvi tekstovi isto kako tekstovite na Mirka se od struktura od DBK koja preku nego vlijaela na politickite procesi, no problemot nastanal koga ludiot Janko bez znaenje na toj centar go napadnal Srzan Kerim i se obidel da go reketira, ama ovoj se pozalil kaj S.M. i sega Janko odvreme navreme po kazna odi vo misteriozni misii vo zapadna Evropa, a po sekoe negovo patuvanje nekoj patriotski orientiran Makedonec patuva vo ... . Se zboruva deka Janko e vlav, nikoj ne go potvrdil toa, no ne go ni demantiral ...
Janko e mnogu blizok i so tvojot prijatel od Carev Dvor !!! Ha...haa uste da ti najavi deka ti doaga vo gosti - togas pisuvaj testament brat!
17-07-2012, 10:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

(17-07-2012, 10:36 PM)Gorgi Wrote:
(05-07-2012, 07:57 PM)ЈорданПетровски Wrote: Манифестот со кој Драган Богдановски ја промовира ДПМНЕ:




Дали некаде на овие документи ги гледате имињата на Синадиновски, Змејковски, Јаковлевски?

Normalno da gi nema! Tie kako sorabotnici na SDB se dopolnitelno vkluceni!
I ne samo Mane i Zmejko, tuku i Gojko! Se toa so DPMNE e proekt na makedonskata i sojuznata tajna sluzba.
Samo Jordane ne li povrzuvas? Se obiduvas da se pretstavis kako analiticar, ama kako ne ti paga vo oci faktot deka toj Minhauzen (se soglasuvam se raboti za psihopat) e blizok so uste dvajca tvoi "prijateli" Janko (tvrdat psihoapt so tapija) mnogu blizok so Minhauzenot i bez kogo nemase nitu da magistrira nitu pak nezakonski da doktorira pod vcudovicuvacki okolnosti (vo tek e proverka na tie okolnosti, ama glavnoto iznenaduvanje e intervencijata od DBK do inspektorot vo Ministersvoto za obrazovanie, da sopre istragata!
Inaku Janko so pomos na DBK izbegnal pravosilna presuda zatvor za lazno pretstavuvanje i reket! Za negoviot serial od 30 kolumni vo 30 dena, upatenite kazuvaat deka takvi tekstovi isto kako tekstovite na Mirka se od struktura od DBK koja preku nego vlijaela na politickite procesi, no problemot nastanal koga ludiot Janko bez znaenje na toj centar go napadnal Srzan Kerim i se obidel da go reketira, ama ovoj se pozalil kaj S.M. i sega Janko odvreme navreme po kazna odi vo misteriozni misii vo zapadna Evropa, a po sekoe negovo patuvanje nekoj patriotski orientiran Makedonec patuva vo ... . Se zboruva deka Janko e vlav, nikoj ne go potvrdil toa, no ne go ni demantiral ...
Janko e mnogu blizok i so tvojot prijatel od Carev Dvor !!! Ha...haa uste da ti najavi deka ti doaga vo gosti - togas pisuvaj testament brat!




Колку пати досега Јанко одел во западна Европа по налог на С.М.
Кој е другиот мој пријател кој е близок со Минхаузен.
пс. нешто Бачев ти има "згрешено", да не те споманл во серијалот?
(This post was last modified: 18-07-2012, 01:57 AM by ЈорданПетровски.)
18-07-2012, 01:57 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Книгите ги раскараа основачите на ВМРО-ДПМНЕ


[Image: 648D645B98B8E640A5BC96CCDB6FD1DA.jpg]

Гојко Јаковлески во писмо до јавноста упати канонада обвинувања за книгата „Борис Змејковски - современиот Дамјан Груев“ од Бранислав Синадиновски, што беше објавена неодамна

Даниела Трпчевска

Нови обиди да се разгори расправата околу основачите на ВМРО-ДПМНЕ и нивната улога во зацврснувањето на партијата. Гојко Јаковлески од Берлин, кој тврди дека е основач на ВМРО-ДПМНЕ, во писмо до јавноста исфрла канонада обвинувања за книгата „Борис Змејковски - современиот Дамјан Груев“ од Бранислав Синадиновски, што беше објавена годинава. „Книгата е полна со невистини, лаги, без срам и перде, и авторот во неа се обидува целосно да ја прекрои историјата на основањето на ВМРО-ДПМНЕ, да се внесе како идеолог, заедно со уште двајца, што е ноторна лага. Оние вистинските, пак, кои вложиле труд и пари се збришани“, пишува Јаковлески, додавајќи дека „никој, па и некојси Бранислав Синадиновски, некогашен амбасадор на СФРЈ, кој кариерата ја градел како комунист, со оваа книга не ќе може да ја изопачи вистината, да го замаи народот и да се прогласи како еден од идеолозите на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Не, господине Синадиновски, ти не си идеолог на ВМРО-ДПМНЕ и да напишеш уште илјада книги, не можеш да бидеш тоа што не си“, упатува порака Јаковлески и додава дека постои само една вистина за формирањето на ВМРО-ДПМНЕ. „Татко на ВМРО-ДПМНЕ, нејзин идеолог е исклучиво само Драган Богдановски, друг не постои. Тоа треба да им биде јасно на сите. Програмата и Статутот на партијата се дело на Богдановски, кои беа објавени во новогодишниот број на весникот „Млад борец“, декември 1989 година“, вели Јаковлески.

Според него, авторот на речиси 400 страници се обидува вистината за партијата целосно да ја промени, и покрај тоа што има куп документи и многу живи учесници, активни пред одржувањето и на самото Основачко собрание. Тој смета дека на овој начин се прави обид со фалсификат да се преправи историјата.

„Во уводниот дел авторот нагласува дека целта на книгата е младите генерации да ја дознаат вистината за личноста и делата на Борис Змејковски, како и за другите тројца идејни творци на ДПМНЕ – Драган Богдановски, Костадин Диневски-Динката и д-р Бранислав Синадиновски. Ако навистина целта е вистината да допре до младата генерација, зошто не ја пишува вистината, туку се служи со тежок фалсификат, со фабрикување лаги, измислува личности, настани и што уште не“!

Раскажувајќи за неговото пријателство со Драган Богдановски, тој вели дека во 1990 година добил повик од него за да го запознае со идејата за формирање на ДПМНЕ. „Средбата со македонските патриоти кои ќе се вклучат во реализацијата на идејата за формирање партијата се одржа во Минхен на 31 мај 1990 година. Покрај мене, на состанокот присуствуваа Драган Богдановски, Љупчо Георгиевски, Борче Змејковски и Владо Транталовски. Меѓу другото, дискутиравме и за името на партијата. Мојот став беше дека пред ДПМНЕ не треба да стои префиксот ВМРО, бидејќи овие четири златни букви не треба да се користат за политички цели и на првите парламентарни избори мое мислење беше дека и без префиксот ќе постигнеме голем успех. Драган ме праша дали се согласувам Љупчо Георгиевски да биде претседател на партијата. Му забележав дека е многу млад и имав резерва дека ќе може успешно да раководи со партијата. На ова ми одговори дека е млад, многу интелигентен, има харизма и е прав војвода!“, пишува Јаковлески.

Според него, на средбата во Минхен биле договорени сите детали за одржување на Основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје на 17 јуни 1990 година, но во книгата сето тоа било прескокнато да се спомене.

„Змејковски и Синадиновски намерно ја избегнуваат вистината да им ја соопштат на читателите, не ги спомнуваат фактите за да можат да ја пласираат конструираната лага и невистина. Господинот Борче Змејковски несомнено има големи заслуги за формирањето на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ во градовите и во селата во Македонија, меѓутоа неговото ниво на образование во тие години и како возач на Динката реално немал капацитет и време да биде идеолог на партијата“, тврди Јаковлески.

Препукувањето меѓу некогашните основачи на партијата трае веќе подолг период, а продолжува да се разгорува откако годинава беа објавени неколку книги во кои се зборува за битните моменти од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ и за клучните случувања околу осамостојувањето на земјава.

Неодамна во јавноста излезе и книгата на Љупчо Георгиевски, еден од основачите и долгогодишен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, кој во неа објаснува важни моменти од осамостојувањето на државата, но и се присетува на моментите кога се родила идејата за политичко дејствување, идејата за формирање на ВМРО-ДПМНЕ и првото Основачко собрание во Скопје. Георгиевски во книгата наведува дека Змејковски и Богдановски, заедно со него, го понеле најголемиот товар за формирањето на партијата.


Змејковски: Шпиони на УДБА се претставуваат како основачи

Борис Змејковски вели за „Утрински весник“ дека е беспредметно да дава какви и да е коментари за „вакви натрапници“. „Ако е некој фалсификатор, тогаш токму тие се оние што ја фалсификуваат историјата. Би го запрашал само Јаковлески дали постојат некакви документи за неговата улога во партијата? Илузорно е да се занимавам со вакви обвинувања. Најголемите профитери, кодоши и шпиони на УДБА сега тврдат дека се основачи на партијата. Во сите документи јас фигурирам како генерален секретар на партијата од нејзиното основање. Колку и да се трудат, не можат да направат фалсификат на таа вистина“, одговара Змејковски на обвинувањата упатени од Гојко Јаковлески.
30-08-2012, 02:50 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10


Quote:Обвинувања за основањето на ВМРО-ДПМНЕ



Kнигата „Борис Змејковски современиот Дамјан Груев“ е срамна книга, а нејзиниот автор Бранислав Синадиновски напишал куп лаги обидувајќи се да ја прекрои историјата на оваа партија, обвини вчера Гојко Јаковлевски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во дописот што го испратил до нашата редакција Јаковлевски е револтиран од наводите во книгата при што од критиките не го поштедува ниту Борис Змејковски.

- Синадиновски се обидува целосно да ја промени вистината за ВМРО-ДПМНЕ во ситуација кога има куп документи, многу живи учесници, кои биле активни пред, на самото основачко собрание на партијата и потоа. Тој и нарачателот на книгата, без никаков морал и етика, сакаат да се прогласат за идеолози, за најзаслужни за нејзиното формирање и опстанување. Срамотa е личностите што учествувале и кои дале голем придонес за основањето и ширењето на вмровската идеологија да ги маргинализираат, да не ги споменуваат, а за нивните придонеси во книгата нема ниту збор - истакнува Јаковлески.

Авторот на книгата Бранислав Синадиновски вчера ни рече дека е изненаден од приземното ниво што го користи Гојко Јаковлески.

- Очигледно е дека тој не ја прочитал книгата или не го сфатил тоа што е напишано во неа. Јас сакам да полемизирам на културен начин, но не и со вакви квалификации - ни рече Синадиновски.

Јаковлески, кој живее во Берлин, Германија, посочува дека постои само една вистина за формирањето на ВМРО-ДПМНЕ и според неа нејзиниот идеолог е исклучиво и само е Драган Богдановски.

- Друг не постои. Тоа треба да им биде јасно на сите. Борче Змејковски, несомнено има големи заслуги за формирањето на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ во градовите и селата во Македонија, меѓутоа реално немал капацитет и време да биде идеолог на партијата - тврди Јаковлески.

Синадиновски истакнува дека е неприфатливо да се користат такви квалификации за Борис Змејковски.

- Главен идеолог на ВМРО-ДПМНЕ е македонскиот народ - истакнува Синадиновски. (Б.Ѓ.)
30-08-2012, 03:49 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Постојат документи кој ја создал ВМРО-ДПМНЕ


[Image: F6AB77613EDA9A4697E00B60689A5AB9.jpg]

Има само една вистина – партијата е производ на Движењето за обединување на Македонија, а нејзин основач е Драган Богдановски, тврдат некои од основачите од дијаспората

Даниела Трпчевска


Нека престане чукањето в гради кој ја формирал ВМРО-ДПМНЕ, оти постојат документи што докажуваат кој ја формирал партијата. Таа е производ на ДОМ – Движењето за обединување на Македонија, чиј претседател беше Драган Богдановски. Од него подоцна се формираше ДПМНЕ, како партија која беше иницирана во дијаспората. Шест месеци подоцна беше донесена одлука партијата да се прошири и во Македонија и тука да го продолжи своето дејствување. Со предлог на Борис Змејковски беше додаден префиксот ВМРО, по што се формираше ВМРО-ДПМНЕ. Борис Змејковски воопшто не фигурираше во првичната партија ДПМНЕ, која се формираше во дијаспората, и за тоа сведочат многу документи. Ова го тврдат заслужни членови на ВМРО-ДПМНЕ кои финансиски ја поддржувале партијата од дијаспората.

Соговорниците со кои разговаравме вчера, а кои инсистираат на анонимност, нудат серија документи и преписки меѓу основачите на партијата во дијаспората, во која во детали се образложува идејата за формирање на партијата, чекорите што биле преземени и притисоците на кои биле подложени идеолозите на ВМРО-ДПМНЕ, кои биле следени од тајните служби.

„Сите што учествуваа во формирањето на ДПМНЕ надвор од Македонија може да се каже дека се основачи на партијата, па и сите оние што биле на основачките собранија во земјава имале свој удел како основачи. Ако Љупчо Георгиевски и Змејковски биле основачи, тогаш зошто се одделија и формираа свои партии, кои немаа поддршка како што има партијата од која излегоа. Зошто не формираа партија со иста тежина или не го повлекоа членството од ВМРО-ДПМНЕ со нив? Тоа само укажува дека не била силата кај нив, или идеологијата им била погрешна“, коментираат дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ од дијаспората.

Според нив, најбитен документ што ги потврдува ваквите тези е писмото кое Драган Богдановски, основачот на партијата, го испраќа до Душко Дојчиновски на 1 февруари 1990 година. Во него тој го информира за постоењето на Демократската партија за македонско национално единство во дијаспората и за плановите таа да се прошири со дејствување и во Македонија.

„Во врска со илинденската партија за која зборуваш дека треба да ја создадеме, ние веќе надвор во емиграцијата ја создадовме таа партија под името Демократска партија за македонско национално единство, која наскоро ќе испрати службено барање до Собранието на Југославија, до Сојузниот извршен совет, до Собранието на Македонија, до Републичкиот извршен совет на СРМ, до Народното собрание на Бугарија, до парламентот на Грција и до владата, во кое се бара партијата да се конституира и внатре во сите три дела на Македонија и како ДПМНЕ да работи по парламентарен пат за македонското национално и територијално обединување“, се вели во писмото на Богдановски.

Тој истовремено информира дека ќе бараат од трите балкански влади меѓународна гаранција оти нема да бидат затворени функционерите кои ќе се вратат во Македонија за да ја конституираат и легализираат партијата. „Моето враќање назад во СРМ ќе зависи од процесот на демократизацијата и од одлуката што ќе ја донесе раководството на нашата партија која сега се конституира до сите земји во кои живее македонска емиграција“, пишува Богдановски, кој во прилог ја доставува и политичката платформа на ДПМНЕ која веќе била изработена.

Ваквата теза во своето писмо до јавноста ја изнесе и Гојко Јаковлески од Берлин, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ. „Со Драган Богдановски бевме блиски пријатели и соработници над пет децении, не' споија илинденските идеали за обединета Македонија. Во развојот на задграничните политички организации е значајно и тоа што во ресторанот ’Ново Скопје‘ во Западен Берлин во 1972 година, на средбата што ја имав со Благоја Шамбевски–Шамбе и Јован Гарвански, се договоривме партијата да го промени името од Ослободителен комитет на Македонија (ОКМ) во Движење за ослободување и обединување на Македонија - ДООМ. Меѓутоа, по грешка беше насловена со едно „о“ помалку и беше насловена во ДОМ. Подоцна оваа грешка беше исправена“, објаснува Јаковлески.

Тој додава дека во почетокот на 1990 година, Богдановски, кој живеел во Гетеборг, Шведска, му се јавил и го запознал со идејата за формирање на ДПМНЕ. „Откако добро размислив, ја прифатив идејата и по два дена му се јавив и му го соопштив мојот позитивен став. Средбата беше одржана во Минхен на 31 мај и на 1 и 2 јуни 1990 година. Покрај мене, на состанокот присуствуваа Драган Богдановски, Љупчо Георгиевски, Борче Змејковски и Владо Транталовски“, пишува Јаковлески.

И Богдановски барал Змејковски да биде исклучен од партијата

„Ве молам браќа и сестри да му дадете поддршка на претседателот Љупчо Георгиевски во неговите настојувања да го исчисти раководството на нашата партија од криминалните елементи од типот на Борче Змејковски кои ги користат своите раководни места за лични интереси“. Ова се наведува во писмото кое Драган Богдановски го испратил од Шведска до членовите на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Во писмото понатаму се наведува дека Змејковски самиот се прогласил за генерален секретар на партијата и дека не бил избран на тоа место од ниту еден форум на партијата.

Некои од основачите на партијата од дијаспората тврдат дека станува збор за оригинална преписка во која се наведува сумата на пари кои од дијаспората биле испраќани во земјава и за партијата и на лични сметки на некои од членовите.



-Ако ја говорат вистината зошто инсистираат на анонимност.

Драган Богдановски во времето кога ја основа ДПМНЕ не е председател на ДООМ, дел од членовите на Координативниот совет не се членови на ДООМ.
Целта на основањето на ДПМНЕ е сосема инаква а за тоа ке имате можност да читате деновиве.

Драган Богдановски на 5 мај 1993 година формира своја партија пoд името : МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛЕН ФРОНТ со седиште во Прилеп. Партијата набргу згаснува бидејки немала скоро никакво политичко влијание.

-Ако судиме по изјавата на "анонимусите" тогаш силата не била ни кај Драган Богдановски



04-09-2012, 12:29 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12



Quote:Јаковлески го потсетува Змејковски на Минхен и 1990 година

[Image: 60264A06F540A345B9683215DED1F928.jpg]

Еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Гојко Јаковлески од Берлин, тврди дека поради страв за семејството, морал да дејствува во сенка

Даниела Трпчевска



„Бев еден од основачите и активен учесник во подготовката и основањето на ВМРО-ДПМНЕ, но во договор со моите сомисленици, Драган Богдановски и Благоја Шамбевски, моето име не смееше да се појавува никаде. Прво поради мојот статус како политички емигрант во Германија и поради односите на Германија со Грција, како и на репресалиите на кои беше изложено моето семејство. Татко ми постојано ми пишуваше: ’Синко, беа тие и овие, ме предупредија дека на син ти може да му се случи најлошото’. Мојот карактер беше да дејствувам зад кулисите, како човек во сенка“.

Вака еден од основачите на партијата, Гојко Јаковлески од Берлин, му одговара на сопартиецот Борис Змејковски, кој во изјава за „Утрински весник“ го запраша јавно дали постојат некакви документи за неговата улога во ВМРО-ДПМНЕ.

„А јас го прашувам Змејковски дали ме виде на средбата во Минхен во 1990 година и дали, можеби, се сеќава што ми рече другиот ден од престојот. Го потсетувам на неговите зборови: ’Не верував дека ќе биде нешто од нашата работа, но кога те видов тебе, се уверив дека ќе биде нешто! А дали ме виде на Основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ, во Скопје, на 17 јуни 1990 година“, вели Јаковлески.

Тој го потсетува Змејковски дека по Основачкото собрание, неколку месеци по првите парламентарни избори во земјава, им понудил помош во партијата. Немал никакви политички амбиции, дошол да помогне со совети, а не да бара функција.

„Кон крајот на декември 1990 година, од Берлин дојдов во Скопје, на средба договорена однапред, но Змејковски не се појави со оправдување дека бил зафатен. По се' изгледа не им бев интересен за нивните планови за власт, бидејќи им пречев. Подоцна истата судбина ја доживеа и Драган Богдановски, и тоа полошо. Змејковски беше тој кој прв почна да бега од мене, плашејќи се да не бидам конкуренција“, тврди Јаковлески.

Брис Змејковски, кој пред неколку дена се вклучи во полемиката околу основачите на ВМРО-ДПМНЕ и кој стои зад идејата за формирање на партијата, изјави дека во сите документи тој фигурира како генерален секретар. Во меѓувреме, ги обвини основачите од дијаспората дека „најголемите профитери, кодоши и шпиони на УДБА тврдат дека се основачи на партијата“.

„Од Борис Змејковски очекував да се извини за сторените фалсификати, но тој продолжува да сее невистини и да ја манипулира македонската јавност. Ме навредува дека сум профитер, но јас немам искористено од државната каса ниту за едно кафе или вода. Напротив, во Македонија вложив капитал кој со труд го спечалив во Германија и секој месец мои девизи влегуваат во нашата држава“, реагира Јаковлески, кој живее во Берлин, а поради идеите за слободна, независна и обединета Македонија, имал забрана десетина години да доаѓа во Македонија.

„Поради тоа што во ресторанот ’Ново Скопје‘ во Берлин ја имав поставено картата на етничка Македонија, исто така, текст за Македонија и карта на етничка Македонија беа отпечатени во менито, имав тешки проблеми и во Македонија и десет години имав забрана да доаѓам. И како што тврди Змејковски, ако ние сме соработувале со УДБ-а и таа соработувала со нас, тогаш и таа била патриотска институција. Меѓутоа, беше познато УДБ-а работеше со сите средства да ја спаси гнилата Југославија, но победи нашата опција“, вели Јаковлески во писмото испратено од Германија, во кое директно му одговара на Змејковски за нападите за профитерство и за фалсификување на историјата.




Денеска разговарав со новинаркава која ги пишува текстовите. Целта ми беше да и понудам документи од кој се гледа кој се членовите на КООРДИНАТИВНИОТ КОМИТЕТ на ДПМНЕ, партијата која ја "основал" Драган Богдановски и со тоа да и помогнам да дојде до вистината. Но таа ми рече дека ги има тие документи. Ја прашав па зошто тогаш не ги објави и зошто манипулира, не добив одговор. Инсистираше да слушне од мене во кое својство се јавувам јас, кога и реков дека не сум од основачите и дека има веродостојни документи за процесот на спојувањето на ВМРО и ДПМНЕ таа не беше многу заинтересирана за тој дел од приказната. Но сепак ми даде нејзин емаил да и пратам неколку текста од коисе надевам ке осознае малку повеке за темата за која пишува.



пс. нема да го коментирам денешниов текст, до крајот на неделата ако даде Господ ке излезе првиото продолжение од текстот кој конечно ке ја каже вистината.
04-09-2012, 12:41 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13


Quote:Кој финансирал, а кој бил движечка сила во ВМРО-ДПМНЕ


[Image: 30F41CA19C0476488E380B6CA3C7EB58.jpg]
Борис Змејковски и Драган Богдановски ја анимирале заспаната економска емиграција, тврди Бранислав Синадиновски

„Нерегистрираната и регистрираната ВМРО-ДПМНЕ се формирани во Скопје во бараката ’Македонска‘ или, поточно кажано, тука е иницирано нивното формирање, а не во странство. Во книгата ’Борис Змејковски - современиот Дамјан Груев‘ од Бранислав Синадиновски јасно е кажано кои се четворицата основачи и идеолози на партијата, меѓу кои, за жал, го нема Гојко Јаковлески“. Ова се наведува во реакцијата на Борис Змејковски и авторот на неговата книга Бранислав Синадиновски, кои во опширно писмо до „Утрински весник“ одговараат на обвинувањата изнесени од дијаспората за тоа кои се вистинските основачи на ВМРО-ДПМНЕ, за финансирањето на партијата и за финансиските злоупотреби.

Во писмото Синадиновски наведува дека бил прв партиски министер за надворешни работи, додека Змејовски бил прв генерален секретар на партијата. Македонската емиграција, според нив, била исклучиво економска, а не политичка, за разлика од српската и хрватската. Тоа било и причина Борис Змејковски да ги пренесе првите партиски документи на ДПМНЕ во Шведска, а потоа тајно да го префрли со автомобил и Драган Богдановски во странство.

Целта била да се анимира заспаната македонска економска емиграција во создавањето на новиот политички субјект и на новата македонска држава, во што „успехот бил никаков“.

„Покрај Костадин Диневски-Динката, Бранислав Синадиновски и повремено Драган Богдановски, чие здравје поради долгогодишниот затвор беше нарушено, а тој живееше и од постојан страв од полицијата, главна моторна, движечка сила во создавањето на ВМРО-ДПМНЕ, односно во организирањето на нејзиното основачко собрание, присобирањето на потписите на 120 лица (меѓу кои на прво место е името на Борис, а ги нема имињата на Љупчо, Драган, Гојко), во ширењето и разгранувањето на партиската мрежа низ републиката, беше Борис Змејковски и неговиот брат Владо Змејковски и мал број нивни истомисленици“, се наведува во дописот.

Во куќата на Борис Змејковски се наоѓал првиот партиски штаб и на таа адреса била регистрирана и партијата.

Борис во почетокот со свои средства ја финансирал активноста на партијата, а Бранко ја опремил приемната канцеларија во денешниот штаб на партијата. „На тој план македонската економска емиграција немаше никаков удел“, се додава во писмото.

Во него се тврди дека, освен Драган Богдановски, никој од македонската економска емиграција не бил избран во ниту едно партиско тело ниту, пак, учествувал во донесувањето каква било одлука на партијата. „Во тие судбоносни мигови за историјата на Македонија, мирно си седеа во странство и си го тераа својот приватен бизнис“, се тврди во дописот.

Книгата за „Борис Змејковски - современиот Дамјан Груев“ од Бранислав Синадиновски беше објавена пред седум месеци е и само една од неколкуте книги што се објавија во изминатиот период и што зборуваат за историјатот од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Секоја книга од свој агол ги толкува историските случувања, што предизвика низа реакции во јавноста. Гојко Јаковлески од Берлин неодамна испрати писмо во кое тврдеше дека активно учествувал во основањето на партијата и финансиски го помагал нејзиниот развој. Тоа што не се експонирал во партијата го објаснува со прогонот и константните притисоци на кои било подложено неговото семејство.

Синадиновски и Змејковски во последното писмо велат дека се неосновани обвинувањата за наводен криминал, без да се има документи за тоа.

„Ако Гојко и сличните на него анонимуси тврдат дека ниту силата ниту идеологијата не била кај Борис Змејковски, тогаш тие се контрадикторни, затоа што ниту силата ниту идеологијата не беше ниту кај Драган Богдановски, бидејќи тој ја напушти ВМРО-ДПМНЕ и во 1993 година во Прилеп основа нова партија, која веднаш се распадна. Тоа зборува дека отсекогаш и силата и идеологијата на партијата била во македонскиот народ“, се наведува во писмото. (Д.Т.)


07-09-2012, 01:34 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14




[Image: IMG_15092012_164215_1.jpg][Image: IMG_14092012_184738_1.jpg]
15-09-2012, 09:57 PM
Reply