Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 10 Vote(s) - 3.5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЈАНКО БАЧЕВ И НЕГОВИТЕ СТАВОВИ
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

Јанко Бачев избра страна и , дефинитивно, ги погази своите порано искажани ставови и принципи. Во денешниот главен термин на МТВ1 ( од 19 и 30) Бачев на прес беседеше за сите гревови на СДСМ од пред 100 години. Нормално, за информацијата на А1 за правење спискови на вработените во администрација за изборните потреби на ВМРО-ДПМНЕ премолча. Го гледав и самиот се посрамив поради постпката на Бачев. А, тој ми беше еден од надежите за почеток на промените во МК. И планирав да гласам за него.
10-05-2011, 09:07 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

(10-05-2011, 09:07 PM)hristo Wrote: Јанко Бачев избра страна и , дефинитивно, ги погази своите порано искажани ставови и принципи. Во денешниот главен термин на МТВ1 ( од 19 и 30) Бачев на прес беседеше за сите гревови на СДСМ од пред 100 години. Нормално, за информацијата на А1 за правење спискови на вработените во администрација за изборните потреби на ВМРО-ДПМНЕ премолча. Го гледав и самиот се посрамив поради постпката на Бачев. А, тој ми беше еден од надежите за почеток на промените во МК. И планирав да гласам за него.

Пак Христо и јас во исти кош.

Го видов сега и јас. Дали да го жлиш или да го плукаш. Туку, што да му се мислам јас, Грујо и онака ќе го фрли откако го избриша задникот со него...
11-05-2011, 12:57 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

(11-05-2011, 12:57 AM)Solenik Wrote:
(10-05-2011, 09:07 PM)hristo Wrote: Јанко Бачев избра страна и , дефинитивно, ги погази своите порано искажани ставови и принципи. Во денешниот главен термин на МТВ1 ( од 19 и 30) Бачев на прес беседеше за сите гревови на СДСМ од пред 100 години. Нормално, за информацијата на А1 за правење спискови на вработените во администрација за изборните потреби на ВМРО-ДПМНЕ премолча. Го гледав и самиот се посрамив поради постпката на Бачев. А, тој ми беше еден од надежите за почеток на промените во МК. И планирав да гласам за него.

Пак Христо и јас во исти кош.

Го видов сега и јас. Дали да го жлиш или да го плукаш. Туку, што да му се мислам јас, Грујо и онака ќе го фрли откако го избриша задникот со него...

Не можам да си го објаснам овој потег на Бачев, по ниеден основ. Како прво, и онака не верувам (можеби грешам) нема гласачко тело кое на Грујо може да му заврши работа за пратеник, значи како прво зошто на самите ДПМНЕ им е потребен? Оние ваму-таму малку луѓе кои во она што го зборуваше го разбрале, тешко да гласаат за него после коалицијата со Груевски.
Второ, после такви обвинувања дека таму вриело удбаши па нејќеле да спроведат лустрација, за името, за што ти не-сега пак со нив! Неговите колумни во Фокус почиваа на ревносна критика на власта!
Како и да е, по се изгледа сите коалиции се можни во Македонија и мене во иднина ништо нема да ме чуди после првите афектни 2 минути.

11-05-2011, 01:32 AM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8

(11-05-2011, 01:32 AM)Nikola Wrote:
(11-05-2011, 12:57 AM)Solenik Wrote:
(10-05-2011, 09:07 PM)hristo Wrote: Јанко Бачев избра страна и , дефинитивно, ги погази своите порано искажани ставови и принципи. Во денешниот главен термин на МТВ1 ( од 19 и 30) Бачев на прес беседеше за сите гревови на СДСМ од пред 100 години. Нормално, за информацијата на А1 за правење спискови на вработените во администрација за изборните потреби на ВМРО-ДПМНЕ премолча. Го гледав и самиот се посрамив поради постпката на Бачев. А, тој ми беше еден од надежите за почеток на промените во МК. И планирав да гласам за него.

Пак Христо и јас во исти кош.

Го видов сега и јас. Дали да го жлиш или да го плукаш. Туку, што да му се мислам јас, Грујо и онака ќе го фрли откако го избриша задникот со него...


Како и да е, по се изгледа сите коалиции се можни во Македонија и мене во иднина ништо нема да ме чуди после првите афектни 2 минути.


Абе сеа на ред иде да видиме овие со змијата и магарето у чиј скут ќе седнат после избори(ЛДП)....оти тие уште погласни беа за разлика од Бачев Icon_razz
(This post was last modified: 11-05-2011, 01:43 AM by Makedonec.)
11-05-2011, 01:42 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(11-05-2011, 01:42 AM)Makedonec Wrote: Абе сеа на ред иде да видиме овие со змијата и магарето у чиј скут ќе седнат после избори(ЛДП)....оти тие уште погласни беа за разлика од Бачев Icon_razz


Bravo Pos23Pos23Pos23PosPosPosPos
11-05-2011, 02:02 AM
Reply
alexdgreat
Unregistered

 

Tolku od "herojot" Bacev i sega uste Cvetanov da si legne na brasnoto i ke si izbie nasiov mentalitet. Sekoj ima cena so koja moze da bide kupen.
Najgolemite heroi vsusnost se najgolemi kukavici. kutriot selanec Bacev i 2 doktorati da zeme pak nikoj nema da go smera za k.rfaktor. Slatki se parite od spomenicite i ulicite. Moze mu vetile figura vo muzejot na vmro.
11-05-2011, 08:33 AM
Reply
goran16ta Offline
локал патриот
***

Posts: 118
Joined: Oct 2010
Reputation: 8





Со кое лице излегва пред огледало ?!
Си продолжува со изјавите ама сега само против Б.Ц. а како награда даваат дел од неговите прескоференции на ѕинго тв Glava_vo_zid
Pishtoldzija
14-05-2011, 12:06 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3

Се прашувам: бидејќи НДМ се бори за зачувување "македонските национални интереси" дали тоа значи дека оваа партија ќе исстапи од Коалицијата за подобра Македонија после соопштението од Велинова дека прифаќањето на "прекар" е прифатливо решение за лидерот на оваа коалиција.

Понатаму, Бажев зборува изборни фалсификати направени од страна на СДСМ за време на владеењето на оваа Коалиција. Тогаш, зарем одговорноста на спречување на тие фалсификати не припаѓа на Владата?
14-05-2011, 01:34 PM
Reply
Marko_Polog Offline
Member
***

Posts: 86
Joined: Jan 2010
Reputation: 6

Jas sepak mislam deka podobro mozat da se branat nacionalnite interesi ako si vnatre nego nadvor pred mikrofon...se nadevam deka nacionalniot interes ke mu ostane prioritet broj.1
14-05-2011, 07:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(14-05-2011, 07:05 PM)Marko_Polog Wrote: Jas sepak mislam deka podobro mozat da se branat nacionalnite interesi ako si vnatre nego nadvor pred mikrofon...se nadevam deka nacionalniot interes ke mu ostane prioritet broj.1



Партијата на Јанко не е на изборни листи, така да нема шанси да влезе во Парламентот некој нивни член а со тоа да делува одвнатре.
15-05-2011, 02:28 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12

нешто замрел муабетов на темава, па да обновам...пост-изборно...

читам во момент на http://www.sec.mk ( http://www.sec.mk/ppi2011/media/konrezul...ultati.pdf )
Quote:Р. Бр. листа 5 - Добиени гласови 438138

ВМРО - ДПМНЕ (ВМРО - ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО),
Социјалистичка Партија на Македонија, Демократски Сојуз,
Демократска Обнова на Македонија - ДОМ, Демократска Партија на Турците на Македонија,
Демократска Партија на Србите во Македонија, Сојуз на Ромите од Македонија,
Обединета Партија за Еманципација, Партија на Правдата, Странка на Демократска Акција на Македонија – СДА ,
Партија на Власите од Македонија, Партија за Интеграција на Ромите, Бошњачка Демократска Партија – БДП,
Демократски Сили на Ромите – ДСР, Трајно Македонско Радикално Обединување – ТМРО,
Нова Либерална Партија, Народно Движење за Македонија,
ВМРО – ДП (ВМРО - Демократска Партија), ВМРО – Обединета ВМРО – ОБ,
Татковинска Македонска Организација за Радикална Обнова – Вардар - Егеј - Пирин – ТМОРО – ВЕП,
Македонска Алијанса и ВМРО Македонска.

ова НДМ на Бачев е?
(This post was last modified: 20-07-2011, 12:57 AM by toni_a.)
20-07-2011, 12:56 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12

бтв, името на партијата е доста интересно...и незнам дали има нешто заедничко со следново (цитат):

Quote:„...Македонското Народно Движење (Македонски Народен Покрет) или МАНАПО било левичарско движење формирано во 1936 од страна на прогресивните македонски студенти кои студирале на универзитетите во Белград и Загреб во периодот помеѓу двете светски војни....
Членовите на овие друштва, во 1936 година во Охрид одржале нелегален состанок на кој било формирано движењето на македонските студенти наречено Македонски Народен Покрет, или Македонско Народно Движење, скратено МАНАПО, со политичка декларација како програмски документ, потпишана од околу 200 македонски студенти....
Движењето МАНАПО имало обележје на народен фронт и било во непосредна врска со македонските комунисти...“
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%9...0%9F%D0%9E

?
(This post was last modified: 20-07-2011, 01:26 AM by toni_a.)
20-07-2011, 01:22 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12

некако нема коментари, мада побудата и интересот да пишам ми доаѓаат од токму вакви моменти:

Quote:...Тој е едниствениот критик на ДПМНЕ...

пс - башка што на времето бев етикетиран како грујовист...ама тоа е друг муабет. Муабетот е дали Бачев е грујовист или не?
лично јас не сум фактор....
(This post was last modified: 22-07-2011, 04:36 AM by toni_a.)
22-07-2011, 04:33 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Колумна на Јанко Бачев за Радио Илинден Мелбурн


Пишува

Јанко БАЧЕВ

На денешен ден Република Македонија на 8 април 1993 година стана 181 членка на ООН под привременото име „Поранешната Југословенска Република Македонија“ (ПЈРМ).

Прашањето што сакам да го отворам тука го сметам за едно од поинтересните од аспект на тоа дали приемот под ПЈРМ бил неопходен или станува збор за лоша проценка на државниот врв да инсистира на приемот во ООН со име кое е различно од државното име избрано од народот.

Домашните политички актери кои беа инволвирани во срамниот прием во ООН сметаат дека доколку РМ не влезеше во ООН постоела опасност од нејзино исчезнување. Меѓутоа, веднаш да кажам дека приемот во ООН под ПЈРМ е крупна историска грешка со последици до денешно време. Во прилог на моето тврдење, со оглед на просторот, најпрвин една кратка анализа на тогашните внатрешни и надворешно-политички околности како и (не)остварувањето на причините за неопходноста на приемот под ПЈРМ изнесени од претседателот Киро Глигоров при неговото обраќање до нацијата на 30 март 1993 година, на една недела пред приемот во ООН.

Имено, тогашниот генерален секретар на ООН, Бутрос Бутрос-Гали, на средбата со Глигоров во Париз на 15 јануари 1993 година, како и на средбата со министерот Денко Малески во седиштето на ООН на 22 јануари 1993 година, им пренесе дека не можат да се добијат потребните гласови во Советот за безбедност за прием со уставното име и затоа е подобро во тој момент да не инсистираме барањето да биде ставено на дневен ред, бидејќи може да биде контрапродуктивно. Притоа, внимавајте добро, Гали дури ги предупредил Глигоров и Малески за последиците за името што сами ќе ги сносиме доколку по секоја цена инсистираме на прием во ООН во тој момент.

РМ поднесе барање за прием во ООН во јули 1992 година, но ова барање остана заглавено во фиоките на ООН, иако поволен момент е тогаш да се инсистирало на прием заради тоа што ЕЗ се уште нема единствена надворешна политика како Договорот од Мастрихт кој влезе во сила подоцна, во 1993 година.

ЕЗ по состанокот во Единбург од декември 1992 година почна со доделување на економска помош за РМ и притоа изрази согласност да пристапиме до меѓународните финансиски институции, иако не бевме членка на ООН, со што добивме т.н. економско признавање.

РМ во тоа време веќе беше дефакто призната држава затоа што склучуваше аранжмани, стапуваше во директни преговори, заклучуваше економски зделки, имаше признавање од повеќе држави, на своја територија од декември 1992 година веќе ги имаше Мисијата на ОЕБС и силите на УНПРОФОР во чии редови се присутни и американски војници како гарант за стабилноста и територијалниот интегритет. САД уште со распаѓањето на СФРЈ во ниту еден момент не ја доведоа во прашање македонската самостојност. САД никогаш не застанаа зад ставовите на ЕЗ за промена на името и постојано во некаква дипломатска обланда истакнуваа дека се подготвени да поддржат решение кое е прифатливо за Грција и за РМ, иако одредени кругови во државата настојуваа да ги прикажат овие американски ставови како контрадикторни и со многу недоречености, најверојатно, не можејќи да ја апсолвираат вистината дека светските процеси се управуваат со поинакви политики од оние што ги замислуваат оние кои не се наоѓаат зад сцената.

Истовремено, РМ не направи доволно обид на вистински начин да ја апсолвира пријателската наклонетост на Турција во контекст на затегнатите односи меѓу Турција и Грција. Тогаш Турција дури изјавуваше дека безбедноста на РМ претставува и нејзина грижа и во оваа насока можеби требало да се инсистира од страна на РМ за формално склучување на спогодба од воената област (склучена дури на 11 ноември 2008 година) со што ќе се создадеше одредена рамнотежа спрема Грција од аспект на притисоците од грчка страна.

Се разбира, моето тврдење дека срамниот прием во ООН е крупна историска грешка би било нецелосно без да се разгледаат и причините поради кои РМ се согласи за таков прием. А причините ги кажа Глигоров на 30 март 1993, во неговото обраќање до нацијата преку државната телевизија. Со оглед на просторот, во однос на причините најсумарно да кажам дека се сведуваат на тоа дека според Глигоров, приемот во ООН ќе ја направи РМ сигурна, безбедна, и економски посилна.

Меѓутоа, по приемот во ООН, РМ не стана посигурна и побезбедна, ниту, пак, економски посилна. Глигоров поентираше дека со приемот во ООН се решава безбедноста на РМ преку системот на колективната безбедност и затоа не било толку битно со какво име ќе биде приемот, туку единствено релевантен е самиот прием. Но, се пропушта од вид дека номиналниот прием во ООН тешко дека ја гарантира безбедноста на една држава, а понекогаш дури и ја разгорува војната. Примерот на БиХ и Хрватска од тоа време беше мошне поучен, но, по се изгледа, недоволно проучен. Тие беа номинално признати држави и примени во ООН, но, на нивните територии избувнаа жестоки војни. Или случајот со Сојузна Република Југославија која во периодот од 1992 до 2000 година, функционира како држава со полн капацитет во меѓународните односи иако не е членка на ООН. Подоцна, на 1 декември 2000 година СРЈ стана членка на ООН, но, подоцна во 2006 се распадна како држава токму како членка на ООН. А од аспект на македонската војна во 2001 година, е јасно дека треба да се направат многу други работи освен номиналниот прием во ООН.

Приемот во ООН не доведе ниту до економски развој, бидејќи Македонија остана закована на европското дно, а ја имаше и криминалната приватизација со благослов на Глигоров. Со таквата приватизација се изврши економска диверзија врз Републиката и економско злосторство врз сопствениот народ, бидејќи речиси целото општествено богатство, создавано педесетина години од сите работни луѓе во социјализмот, им беше поклонето на десетина лица.

Понатаму, Глигоров велеше дека РМ како членка на ООН станува рамноправна во светските настани, и, без нас, како што рече, првпат во историјата, нема да може ништо да се решава во светската заедница. Но, во однос на уверувањето на Глигоров дека со приемот во ООН, РМ станува рамноправен субјект без кој нема ништо да се решава, во оваа прилика само ќе кажам дека принципот на рамноправност во ООН е фикција. Доколку во салите или во фоајеата на ООН зборувате дека државите се рамноправни, луѓето почнуваат да се смеат. Одвреме навреме, на малите држави им се дава сатисфакција со формален и спектакуларен карактер, на пример, пишување извештај за штетите од тропската мува. Како и да е, произлезе дека не се остварија причините поради кои РМ инсистираше по секоја цена на срамниот прием во ООН.

Инаку, претседателот Глигоров до крајот на животот, на прашањето што ќе се случеше ако РМ останеше надвор од ООН велеше дека ќе беше уште полошо, иако не е јасно што е тоа полошошто би можело да ја снајде РМ, кога остана закована за европското дно по сите параметри, а членството во ООН не ја спаси дури и од најлошото – војната во 2001 година, со тешки последици по Македонија и Македонците имајќи го предвид т.н. рамковен договор кој и понатаму останува длабоко трауматичен за македонската националан свест.

Дури, Глигоров истакнуваше дека приемот во ООН под ПЈРМ има историско значење. Но, македонскиот народ не го чувствува како историски ваквиот прием. Во РМ нема официјално чествување на 8 април. Значи, на срамниот прием во ООН никој не сака да се навраќа. Познато е дека историските датуми се одбележуваат со официјални и големи народни веселби и свечености.

Инаку, клучниот аргумент на Глигоров и неговите политички соработници дека ќе беше уште полошо ако РМ не влезеше во ООН под ПЈРМ, е фактот што го постојано повторуваа(т) во изминатите 20 години дека во таков случај ќе дошло до поделба на РМ од соседите.

Меѓутоа, накратко да ја разјаснам и оваа врвна манипулација. Имено, немаше основа во тоа време да се верува во воен атакт и поделба на земјата од страна на соседите. Дури, соседите тргнувајќи од сопствените интереси повеќе ја посакуваа самостојноста на РМ отколу да ја видат на страната на спротивниот ривал (кај некој од соседите). Во тоа време нема реална закана од воен напад од Бугарија, Албанија или пак од Грција која како членка на НАТО би војувала со РМ во услови кога САД, како водечка сила во НАТО, јасно застанаа зад опстанокот на РМ, или, пак, од Србија, која повремено преку ЈНА (во тоа време веќе под целосна контрола на Србија и составена само со српски војници) само блефираше со можна воена ескалација и во РМ. „ЈНА„ всушност никогаш и немаше концепт да отвора ново воено жариште и во РМ и тоа не како резултат на некакви алтруистички причини, туку заради немањето доволен капацитет за отворање на трет фронт и во РМ како и реалниот интерес на Србија спрема БиХ отколку за РМ. Впрочем, тоа може да се види и од повлекувањето на „ЈНА„ која, според договорот требаше да си замине од РМ до 15.4.1992, а си замина и порано во март поради најавата дека ЕЗ ќе ја признае БиХ (што и се случи во Луксембург на 6 април 1992) и потребата делот од „ЈНА„ од поранешната Трета армиска област (Косово и Македонија) да се лоцира благовремено во БиХ за да ја започне тамошната војна. Бидејќи, веднаш по повлекувањето од РМ, „ЈНА„ ја започна војната во БиХ по нејзиното признавање од ЕЗ, тогаш јасно е дека „ЈНА„ немала замисла и моќ да отвора нов фронт и во РМ.

Затоа, прашањето зошто немаше војна во РМ, треба да се гледа од аспект на стратешките интереси на „ЈНА„ (Србија) за војување на другите жаришта на југословенски простори отколку како резултат на наводната мудра политика на државниот врв на РМ во тоа време.

Интересно е да спомнам дека со една внимателна анализа на Повелбата на ООН може да се изведе аргументот дека Повелбата не прави суштинска разлика во положбата на земјите-членки и земјите не- членки на ООН. За волја на вистината треба да се каже дека некаква поволност за земјите-членки на ООН е тоа што нивните претседатели секоја трета недела во септември имаат обраќање во Генералното собрание на ООН, меѓутоа, тоа и не е некаква поволност за државите како РМ, бидејќи нивните претседатели и така ретко кој ги слуша во пленараната сала на Генералното собрание. Сведоци сме дека на редовните годишни заседанија на Генералното обрание салата е полна само кога зборуваат американскиот, рускиот или левичарските претседатели на латиноамериканските држави или кога зборуваше своевремено кубанскиот лидер Фидел Кастро или поранешниот југословенски водач Јосип Броз Тито.

Значи, со оглед на неделивоста на меѓународниот мир и безбедност помеѓу земјите-членки и земјите кои не се членки на ООН, јасно е дека иако сè уште не е членка на ООН, РМ во реалноста е дел од системот на колективната безбедност. Всушност, една држава својот базичен интерес многу повеќе може да го оствари преку врските со некоја моќна земја, отколку преку номиналното членство во ООН.

Затоа, РМ во тој момент било подобро да го избегне номиналниот прием без содржајна уставотворна и државотворна основа и да инсистира на уставното име и да чека подобра прилика. Следствено, секоја друга солуција во врска со приемот во ООН, како на пример, т.н. етапен прием со воспоставување најпрвин на набљудувачки статус, (стаусот набљудувач базира на практиката во ООН, бидејќи не постојат правила за него во Повелбата) и стрпливо да се работи на добивањето на членство во ООН или пак, дури и барањето за прием да останеше закочено до денешно време, се чинат за поадекватни во обидот да се сочува уставното име, отколку сегашната состојба на еднаш остварено право за промена на името макар и привремено како ПЈРМ.

Настрана фактот што процесот на независноста и приемот на РМ во ООН по многу нешта е уникатен и апсурден пример на меѓународната сцена. На пример, РМ се стекна со независност наспроти волјата на тогашниот државен врв, кој до последен момент се залагаше за зачувување на Југославија. Понатаму, РМ се согласи ООН да станат своевидни иноватори, бидејќи првпат во својата историја ООН примија една држава без име и без знаме, а РМ е единствена од сите членки на ООН чиј претседател двапати поднесуваше барање за прием во ООН: најпрвин на 30 јули 1992 година а потоа и на 7 јануари 1993 година. А уникатноста на штета на РМ дојде и при приемот кога во пленарната сала на Генералното собрание седеа амбасадорите членките на ООН што не е на нивото на чинот на приемот на една земја во членство во ООН (барем најмалку присуство на министрите за надворешни работи).

Значи, РМ остана заробена во стратегијата на Глигоров, кај кого врз определбата по секоја цена да бидеме примени во ООН, најверојатно влијание имала и неговата возраст (75) во тоа време, во контекст на неповторливата можност во историјата да биде запишано дека во ООН се обрати како прв македонски претседател. Патем, Глигоров ја кажа и легендарната изјава дека името ПЈРМ е се на се, за два месеци, и дека нема да има никакви други последици само затоа што два месеци во ООН се употребувала една смешна формула-ПЈРМ.

Меѓутоа, севкупно, добивката од понижувачкиот прием на РМ во ООН е помала од загубата од аспект на фактот што, сведоци сме дека штом еднаш РМ се согласи на промена на уставното име при приемот во ООН, макар и во привремена форма, ваквата промена предизвикува политички контроверзи и ги отежнува напорите за воспоставување државното име. Нo, ако е за утеха, постојат механизми за враќање на уставното име на РМ во ООН. Во секое зло, добро. Анализата на правото на ООН, појаснува дека правно-технички, остварувањето на правото на РМ за враќање на уставното име во Организацијата е можно со преземањето на потребните активности преку четири главни органи на ООН. Меѓутоа, ова претпоставува една претходна постапка за манифестирање политичка волја кај РМ да покрене постапка за остварувањето на меѓународно правно-признато право да носи име по сопствен избор. Но, за жал, ниту една досегашна владејачка гарнитура досега не се охрабрува да ја редефинира погрешната македонска ориентација со исклучителното прифаќање на политичкиот наместо правниот пристап за изнаоѓање на решение за името. Кога тоа би завршило успешно, уште сега е многу веројатно дека постапката на големи исчекувања во ООН би била завршена во прилог на РМ, да го оствари своето право да го носи името „Република Македонија“.

Авторот е доктор по меѓународно право

08-04-2012, 01:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36





26-05-2012, 06:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

И за овој настан провладините медиуми ни збор. Книгата е посветена на тоа како да се реши спорот со Грција, како да се ВРАТИ ИМЕТО МАКЕДОНИЈА.



Quote:На саемот во Москва книга на Јанко Бачев за грчко-македонскиот спор


[Image: 12.jpg]
На македонскиот штанд на саемот на книгата во Москва кој започнува денеска, премиерно ќе биде изложена книгата „Македонија и Грција – битка за името“ на лидерот на Народното движење за Македонија, Јанко Бачев.
Книгата која содржи резиме на англиски и руски јазик, излезе од печат деновиве и претставува всушност публикација на докторскиот труд на Бачев одбранет своевремено на Катедрата по меѓународно право и меѓународна политика на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на тема: „Правните механизми во ООН и прашањето околу името на Република Македонија„.
Бачев во книгата сугерира дека е созреан моментот Македонија да направи радикален пресврт и проблемот со името од политичкиот да го префрли на правниот терен каде што припаѓа и во оваа насока ги изложува правните механизми што стојат на располагање на Македонија во ООН за враќање и употреба на името Република Македонија преку четири главни органи на Организацијата: Секретаријатот, Советот за безбедност, Генералното собрание и Меѓународниот суд на правдата.
Ова е прв научен труд, кој на еден сеопфатен, аналитички и научно издржан пристап ги истражува и обработува правните механизми за враќање и употреба на името Република Македонија во ООН, земајќи предид дека прашањето со овие правни механизми не бил предмет на подлабоко и сеопфатно научно истражување во кое би се анализирале во нивната целовитост и комплексност.
Притоа, Бачев изразува задоволство доколку книгата биде корисна литература на сите оние што сакаат да ја знаат едноставната вистина дека македонското име мора да се одбрани и дека постојат правни механизми како да се стори тоа.
Рецензенти на книгата се универзитеските професори Васил Тупурковски кој за оваа пригода напиша и писмена препорака за објавување на книгата и Татјана Петрушевска која беше ментор при изготвувањето на докторскиот труд.
Промоција на книгата во Македонија се најавува за овој месец во пресрет на отворањето на шеесет и седмото Генерално Собрание на Обединатите нации кое започнува со работа на 20 септември 2012 година.

12-09-2012, 01:44 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Премногу манипулација, премалку вистина за македонската независност


Република Македонија во септември 1991 година се стекна со независност на еден дел од својата етничка територија и само за еден дел од македонскиот народ. Периодот од 21 година независност е добра прилика да се осврнам на некои прашања кои фрлаат поинаква светлина на процесите од тоа време.

Јанко Бачев

Дотолку повеќе, по ова прашање секој ги гледа работите од свој агол, а тогашните македонски челници во своите книги веќе си ги прикажаа настаните единствено според свое субјективно наоѓање, со цел да си обезбедат достојно место во процесот на создавањето на македонската држава.

Веднаш да кажам дека осамостојувањето беше апсурден случај на меѓународната сцена, бидејќи Македонија стана самостојна држава наспроти желбата на македонскиот државен врв, кој до последен момент се залагаше за зачувување на поранешна СФРЈ, и тоа од оправдани причини: тогашниот претседател Глигоров како долгогодишен сојузен функционер, и своевремено во релации со КОС (за ова и за псевдонимот на Глигоров пишував во мојата колумна во „Неделно време“ од 16 април 2006) дојде од Белград како делегиран човек, за да се обиде да го спречи македонското осамостојување.

Тогашниот собраниски претседател, Стојан Андов, промовирајќи ја својата партиска платформа јавно обзнани дека е можна суверена Македонија, но, само во рамките на суверена Југославија. Дури, на 8 септември 1991 година, Стојан Андов во попладневните часови брзопотезно го напушти Скопје при што вечерта преспива во Дојран, за наредниот ден, рано сабајле ја напушти државата заминувајќи во Грција.

Третиот дел – експертската влада, во тоа време беше еден интересен спој на министри, од кои еден дел имаа надежи за независна Македонија, еден дел под влијание на Бугарската национална разузнавачка служба и еден дел под влијание на КОС.

Како и да е, за жал на тогашниот македонски државен врв, меѓународните процеси не им одеа во прилог, бидејќи, наспроти нивните залагања, моќните светски актери имаа зацртано дека СФРЈ мора да се распадне по секоја цена.

Така бидна и самостојната македонска држава. Поточно, благодарение на тоа што независна македонска држава фигурира(ше) во американските интереси во регионот.

Инаку, претседателот Глигоров дури во декември 1991 година ја отвори својата последна карта – независна Македонија, откако ЕЗ на состанокот во Брисел од 16 декември 1991 година донесе декларација со која побара од југословенските републики да се изјаснат дали ги прифаќаат поставените услови за признавање кое ќе се применува од 15 јануари 1992 година со што се означи крајот на СФРЈ.

Со еден збор, македонски челници до последен момент се залагаа за зачувување на СФРЈ.

Збор-два и за референдумското прашање. Собранието на 6 август 1991 година донесе одлука за референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат за прашањето: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверените држави на Југославија”.

Европските авторитети ваквото референдумско прашање со „додавка“ го протолкуваа во смисла дека Македонија со референдумот се определи за суверена држава, но, во рамките на асоцијацијата на југословенските држави.

На пример, на 7 декември 1991 година до претседателите на југословенските републики е упатен извештај од Арбитражната (Бадентеровата) комисија во кој се констатира дека Македонија со референдумот се определи за суверена држава во рамките на асоцијацијата на југословенските држави, за разлика од Словенија и Хрватска за кои во извештајот јасно е забележана нивната волја за независност.

Во овој контекст, евидентна е коректноста на Роберт Бадентер, бидејќи подоцна во Мислењето број 6 на Комисијата од 11 јануари 1992 година, во делот каде се оценуваат и цитираат клучните документи врз основа на кои се препорачува признавање на Македонија од ЕЗ не се спомнува референдумот од 8 септември 1991 година.

Во разговорот што го имав со Киро Глигоров на 31 октомври 2001 година, на прашањето кој е авторот на референдумската формулација, истиот воопштено ми напомена дека авторството е на државниот врв во тоа време. Во разговорот што го имав во МАНУ на 15 ноември 2001 година со Блаже Ристовски (потпретседател во првата влада во 1991 година), за референдумското прашање ми посочи дека летото 1991 година на средба во потесен круг во државната вила во Охрид, Киро Глигоров извадил едно ливче на кое било напишано референдумското прашање и притоа кажал дека ако така не се постави прашањето, граѓаните можат да се произнесат негативно.

Како и да е, созреан е моментот да се расветли нарачателот на проблематичното референдумско прашање, со кое, како да прашавме – ако може во Југославија.

На крај, накратко и за наводната опасност од војна и во Македонија во тоа време и наводната поделба на земјата од страна на соседите.

Во тоа време нема реална воена закана од Бугарија, Албанија или од Грција која како членка на НАТО би војувала со Македонија во услови кога САД, како водечка сила во НАТО, јасно застанаа зад нашиот опстанок. Немаше закана и од Србија, која преку ЈНА (во тоа време веќе е под контрола на Србија и составена само со српски војници), само блефираше со можна воена ескалација и во Македонија.

Дури, соседите од свои интереси повеќе ја посакуваа самостојноста на Македонија отколу да ја видат на страната на спротивниот ривал (кај некој од соседите).

ЈНА всушност никогаш и немаше концепт да отвора ново воено жариште и во Македонија и тоа не како резултат на некакви алтруистички причини, туку заради немањето доволен капацитет за отворање на трет фронт и во Македонија како и реалниот интерес на Србија спрема БиХ во која 40 отсто од населението се Срби, отколку за Македонија каде 2 отсто од населението се Срби.

Впрочем, тоа може да се види и од повлекувањето на ЈНА која, според договорот требаше целосно да си замине од РМ на 15 април 1992 година, а си замина и порано во март поради најавата дека ЕЗ ќе ја признае БиХ (што и се случи во Луксембург на 6 април 1992) и потребата делот од ЈНА од поранешната Трета армиска област (Косово и Македонија) да се лоцира благовремено во БиХ за да ја започне тамошната војна.

Бидејќи, веднаш по повлекувањето од Македонија, ЈНА ја започна војната во БиХ по нејзиното признавање од ЕЗ, тогаш јасно е дека ЈНА немала замисла и моќ да отвора нов фронт и во Македонија.

Затоа, прашањето зошто немаше војна во Македонија, треба да се гледа од аспект на стратешките интереси на ЈНА (Србија) за војување на другите жаришта на југословенски простори отколку како резултат на наводната мудра политика на државниот врв во тоа време.

Ете, со оглед на просторот, најсумарно тоа се фактите за македонската независност. Се разбира, секој има право на сопствено мислење за ова извонредно значајно поглавје од нашата историја, но, никој нема право на сопствени факти.
14-09-2012, 12:00 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:НДМ: Да се скрати апанажата на 3 месеци


[Image: 67.JPG]

Народно движење за Mакедонија (НДМ) денеска побара во буџетот за 2013 да се скрати апанажата од 12 на 3 месеци, бидејќи смета дека е голем и непотребен товар.

- Со намалување на апанажата се надминува и една крајно апсурдна ситуација, како на пример, случајот кога еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ како нареден од листата на оваа партија, дојде на местото на еден починат пратеник на 11 април 2008 година. Но, истиот ден парламентот се распушти и беа распишани предвремени парламентарни избори кои се одржаа на 1 јуни 2008 година. Значи, внимавајте добро, со учество на само една собраниска седница, односно, со само еден ден пратенички мандат, овој пратеник се стекна со апанажа од 12 месеци и човекот ни крив ни должен си заработи 14.000 евра без ништо да работи 12 месеци - рече претседателот на НДМ Јанко Бачев.

Тој истакна дека иронијата да биде поголема, апанажа од 12 месеци добиваат и функционери што биле разрешени поради нестручно и несовесно работење, а дури, и функционери осудени со правосилна пресуда. Бачев за споредба додаде дека во Англија апанажата трае само 3 месеци.

НДМ побара да се укине надоместокот на трошоци за користење приватни автомобили, а пратениците и другите функционери да користат градски и меѓуградски превоз.
- Владата да го намали возниот парк од околу десетина илјади службени возила што ги користи јавната и државната администрација. Неоправдано е службеници од разно-разни подрачни служби, при нивното секојдневното службено доаѓање во централните органи да користат службени автомобили, иако Македонија како мала земја добро е поврзана со градски и меѓуградски автобуски или железнички превоз - смета Бачев и додава дека во богатата Данска имало само 18 службени возила.

23-12-2012, 04:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:EМ ШУТО, ЕМ САКА ДА БОДЕ



Во неодамнешната емисија „Прес центар„ на АТВ, во еден момент ја изложив идејата дека е трагично што Македонија со капитулантскиот рамковен договор од 2001 година е сведена на некаква збиршина на заедници иако уставите на речиси сите европски држави содржат референци за мнозинскиот народ, односно започнуваат со „ние народот„. И не случајно, бидејќи едно од основните права што ги гарантира современото меѓународно право е правото на самоопределување на народите кое е трајно право и кое постои се додека постои народ како негов титулар.

Во овој контекст, еден од гостите, Мерсељ Биљали, во недостиг на аргументи и флагратно незнаење остро се нафрли на оваа моја констатација спротиставувајќи „аргумент„ дека не е точно изнесеното од моја страна и дека никаде во уставите на европските држави не се употребува „народ“ туку само формулацијата граѓаните.

За жал, на ова констатација на Биљали се налепи и Димитар Мирчев, најверојатно од колегијални причини (Мирчев и Биљали се професори на ФОН универзитетот).

Притоа, Биљали уште навредливо довикна дека требало добро да ги прочитам европските устави. Да, ова е точно од Биљали, бидејќи, ние, Македонците, постојано треба да читаме и да се докажуваме, за разлика од Биљали и албанското малцинство кои воопшто не треба да читаат, бидејќи нивниот статус во државата го добиваат врз основа на проценти, а не врз основа на знаење, способност и достигнување.

Да потсетам, со фалсификуваниот попис од 2002 година албанското малцинство во државата лажно е прикажано дека изнесува 25,17 отсто, со цел, да ги задоволи потребите од рамковниот договор, кој предвидува албанската заедница да ги добие правата ако учествува со над 20 отсто. Патем да спомнам, од доказите приложени кон кривичната пријава поднесена од Народно движење за Македонија на 24 септември 2009 јасно се гледа дека пописот во 2002 година е фалсифкуван, а реалната бројка на македонските Албанци е околу 17 отсто.

Но, да се навратам на она што во емисијата го презедов како јавна обврска, односно да аргументирам, прво, дека Биљали е сеуште фрустриран од покажаното незнаење на јавниот оглас за советник на поранешниот премиер Владо Бучковски, и второ, дека речиси сите европски устави ја содржат формулацијата „народ„.

Имено, нa 1 април 2005 година беше објавен јавен оглас за вработување на државен советник на Бучковски за надворешна политика. Со цел да ја тестирам јавната определба на тогашниот премиер Бучковски за стручна, компетентна и непартизирана администрација, се пријавив огласот. Согласно законската процедура, во Агенцијата за државни службеници се спроведе постапка за полагање на стручниот испит за да се види кој од пријавените кандидати е најстручен и најкомпетентен да го советува премиерот Бучковски во областа на надворешната политика. На крајот, премиерот Бучковски за советник си го избра Мерсељ Биљали, иако овој кандидат немаше најдобар резултат, односно целосно се избербати со покажаното незнаење, беше послабо рангиран од мене по основ на знаење, способност и достигнување по спроведениот стручен испит. Значи, според логиката на правото и запишаното во законот дека при вработувањето на државните службеници се применуваат критериумите: знаење, способност и достигнување, требаше да бидам избран, но, според логиката на процентот Мерсељ Биљали станаа државен советник на Бучковски!

Околу формулацијата „народ„ во европските устави: Германскиот устав од 1949 година во Преамбулата меѓудругото зборува за реализацијата на правото на самопределување на ГЕРМАНСКИОТ НАРОД; Преамбулата на францускиот устав од 1958 ја содржи свечената реафирмација на приврзаноста на ФРАНЦУСКИОТ НАРОД кон декларацијата од 1789; Во Уставот на Словенија се зборува за трајно и фундаментално право на СЛОВЕНЕЧКИОТ НАРОД на самопределување/.../ во чија основа лежи токму трајното и неотуѓиво право на СЛОВЕНЕЧКИОТ НАРОД на самоопределување; Хрватскиот устав ја дефинира Хрватска како „национална држава на ХРВАТСКИОТ НАРОД„ Словачкиот устав започнува со „Ние, СЛОВАЧКИОТ НАРОД„ Романскиот устав зборува за независна, унитарна и неделива НАЦИОНАЛНА романска држава. Во летонскиот устав се вели дека „ЛЕТОНСКИОТ НАРОД го усвојува/.../ следниот Устав; Естонија во Преамбулата ја искажува непоколебливата волја и верба за опстојување на сопствената држава, која се заснова на неуништивото право на ЕСТОНСКИОТ НАРОД на самопределување; Литванската Преамбула која зрачи со многу поетика - вековна државност, борба за слобода и независност на ЛИТВАНСКИОТ НАРОД, Албанскиот Устав, според Преамбулата, го донесува НАРОДОТ на Албанија кој ја потенцира „вековната аспирација на АЛБАНСКИОТ НАРОД за национален идентитет и единство... Со оглед на просторот, тука ќе застанам со набројувањето.

Меѓутоа, од примерите јасно се гледа дека сите устави содржат референци на мнозинскиот народ и историскиот континуитет на односните народи.

Како заклучок, во случајот на Биљали очигледно е дека рамковниот договор се покажува како хедикеп, бидејќи да не беше овој договор кој овозможува статус врз основа на процент, тогаш господинот Процент, односно Биљали, ќе читаше повеќе.

проф. д-р Јанко Бачев
Лидер на партијата Народно Движење за Македонија
16-03-2013, 10:25 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6

I ???
17-03-2013, 02:14 AM
Reply