Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 10 Vote(s) - 3.5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЈАНКО БАЧЕВ И НЕГОВИТЕ СТАВОВИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#81

Quote:БАЧЕВ: ПРИФАТЕТЕ ГО ПЛАНОТ НА НДМ И АЈДЕ СИТЕ НА ИЗБОРИ

Петок, 25 . 02 . 2011

Повод за денешното мое обраќање до јавноста е запознавање на јавноста со планот на НДМ за отстранување и на последниот предуслов СДСМ да се врати во Собранието и најпосле да започне процедурата за распишување избори кои нема да бидат бојкотирани од никого.

За нас во НДМ нема дилема. Недозволиво е Република Македонија во очите на демократските држави да се претставува како незрела демократија која не може да обезбеди учество на сите политички партии на претстојните вонредни парламентарни избори.

Затоа, еве го нашиот предлог план:

НДМ предлага договор, според кој, телевизиите А1 и Сител за време на предизборната кампања нема да емитуваат изборна пропаганда.

Нивното известување во предизборната кампања да се сведе само на корисни информации за граѓаните оклу начинот и техниките на гласање.

Се разбира, со ова А1 и Сител не треба да трпат финансиски последици, бидејќи познато е дека медиумите најголем приход имаат токму од изборната пропаганда за време на предизборната кампања.

Затоа, предлагаме на овие телевизии да им се додели еднократен паричен износ како своевидно обештетување.

За спроведување на овој план предлагаме да се формира едно тело со претставници од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, А1, Сител и Советот за радиодифузија кое ќе ги прецизира сите неопходни детали.

Ова тело меѓудругото да предвиди и најстрога казна – одземање на лиценцата за работа на А1 и Сител доколку го прекршат договорот за неемитување на изборна пропаганда.

Дотолку повеќе што, Сител и А1 нема да трпат последици со тоа што само петнаесетина дена колку што трае предизборната кампања нема да имаат изборната пропаганда, бидејќи најважното прашање за нив ќе биде решено - финансиски ќе бидат обештетени.

НДМ изразува надеж дека во постоечките околности, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе го сфатат ваквиот план како најдобар можен начин за разрешување на проблемот со неучеството на СДСМ на изборите.

Всушност, со овој план на НДМ го постигнуваме за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ толку поскакуваното избалансирано известување во време на предизборната кампања.

Ја користам приликата да ја запознам јавноста со двете барања на НДМ во контекст на собраниската расправа која ќе започне деновиве за Изборниот законик:

Прво, територијата на Република Македонија да биде определена како една изборна единица со што се овозможува доследна реализација на демократското начело - секој глас да има еднаква бројна вредност и најоптимално совпаѓање на процентот на освоени гласови со добиените пратенички мандати.

Дотолку повеќе што, според постојниот неправеден изборен модел од шест изборни единици, некоја партија може да освои и 30 до 40 илјади гласови, и пак да остане без пратенички мандат.

Второ, право на надомест од буџетот да имаат сите претставници на сите политичи партии кои на избирачките места на денот на изборите го контролираат изборниот процес.

Имено, во Македонија има околу 2900 избирачи места во кои партиите предлагаат претставници кои го следат зборниот процес.

Меѓутоа, според Изборниот законик претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во избирачките одбори во тие околу 2900 избирачки места, на денот на изборите добиваат надоместок од Буџетот, а претставниците на другите партии се на финансиски товар на самите партии.

Познато е дека на денот на одржувањето на изборите, од започнувањето на изборите во 7 часот наутро, па, се до затворањето на гласачките кутии во 19 часот навечер, на избирачките места се присутни претставници на сите политички партии како овластени предлагачи и извршуваат иста задача – контрола на изборниот процес.

Оттука, претставниците на сите политички партии учесници на изборите, треба да добиваат надоместок од Буџетот, а не само претставниците на владеачката партија и оние на најголемата опозициска партија.

На крај, ја користам приликата да ја информирам јавноста дека НДМ подржува распишување на избори. На потез се СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Ако се искрени и не блефираат нека го прифатат планот на НДМ и ајде да се соочиме со народот на избори.
02-03-2011, 04:10 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#82

Quote:ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА ГО РАЗБИ ПЛАНОТ ЗА СПАСУВАЊЕ НА А1 ТЕЛЕВИЗИЈА!

По повод десетгодишнината од војната во 2001 година, во минатата колумна пишував за причините поради кои Република Македонија излезе посрамена и понижена од таа војна. Но, не заради неспособноста на македонските безбедносни сили да се справат со терористичката ОНА, туку како резултат на задкулисните политички сценарија на домашните политички актери во тоа време. Како своевидно продолжение на претходната колумна, во оваа прилика ќе се осврнам на прашањето околу манипулациите со таканаречениот воен данок, кој го воведе Никола Груевски за време на војната во 2001 година како тогашен министер за финансии. Секако, интересно е да се спомене и најновото недозволиво инволвирање на македонската тајна полиција во политичките пресметки помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во врска со блокираната сметка на А1 телевизијата.

Имено, во услови на војна во државата, Груевски како тогашен министер за финансии во месец јули 2001 година воведе воен данок со кој беше оданочена секоја финансиска трансакција во земјата со 0,5 проценти од нејзината вредност. Овој данок всушност беше одговор на зголемените трошоци во министерствата за одбрана и внатрешни работи за време на војната. Според Груевски, сумата пари што се очекуваше да се прибере од воениот данок до крајот на 2001 година се проценуваше на 80 милиони тогашни германски марки. Оваа сума беше оценета како доволна за активностите на безбедносните органи во одбраната на земјата Дотука се беше во ред, бидејќи нема нешто повозвишено од одбрана на територијалниот интегритет на државата!

ВОЕН ДАНОК ЗА ПРИВАТНИ ЏЕБОВИ

Патем, амбициите на Груевски да го воведе новиот данок како вонреден извор на средства за финансирање на вонредните расходи кои произлегоа од интервенциите на безбедносните сили, не ги поматија ниту многуте негативни коментари. Критиките за воениот данок пристигнаа од економските експерти, од стопанствениците и на крајот од пратениците при усвојувањето на законот. Коментарите главно се сведуваа на тоа дека Груевски, кој како министер за финансии премногу расипнички и нетранспаренто ги троши државните пари создавајќи партиски богаташи, премногу лесно се одлучи на зголемување на даночното оптоварување, не водејќи сметка за и онака слабата кондиција на македонското стопанство. Повратно, министерот Груевски изјавуваше дека, иако е војна, ние имаме економски најуспешна година во последните 20 години. Сигурно ви звучи премногу познато во контекст на актуелната реторика на Груевски за лидерската позиција на Македонија и за време на светската економска криза!

Меѓутоа, споменатите коментари на воениот данок се покажаа како оправдани, бидејќи министерот Груевски во услови на војна одби да ги укине сите јавни набавки, со исклучок на оние непходните за одбраната и полицијата. Значи, иако во Македонија беснееше војна, тендерите и понатаму останаа редовна појава, преку кои воените профитери со благослов на власта финансиски се нафатираа додека гинеа македонските бранители во одбраната на земјата. Планираните 80 милиони германски марки беа собрани многу порано, но, воениот данок не беше укинат. Сцената за воено профитирање беше поставена, бидејќи не 80 милиони марки, туку на годишно ниво од воениот данок во буџетот се инкасираа цели 103 милиони евра (во меѓувреме, заклучно со 2001 година, дојде до конверзија од германски марки во евра). Значи, беа планирани 80 милиони марки (40 милиони евра) од воениот данок, а беа собрани фантастични 103 милиони евра. Притоа, Груевски се послужи со мала итрина, кога велеше дека воениот данок изнесува само 0,5 проценти од секоја финансиска трансакција, бидејќи овој данок во реалноста не беше 0,5 проценти, туку една иста стока се оданочуваше меѓу 3 и 5 проценти. Поточно, за еден производ се наплатуваше воен данок и до 8 пати додека стигне во малопродажбата, односно, 0,5 проценти се земаше при наплата на царина, при купување на стоката, при продавање на стоката, при продажба на мало, при купувањето на мало..!

Се разбира, сето тоа ќе беше оправдано, доколку овие пари завршија за одбрана на земјата, но, како што споменав, тендерите за време на војната не беа укинати и најголем дел од средствата прибрани со воениот данок всушност завршија во приватни џебови. Дури, иако воениот данок согласно законските прописи требаше формално да фигурира во листата на даноци заклучно со 2001 година, сепак, власта, соочена со буџет оптоварен со трошења за луксуз, реши да го задржи дури до 31 декември 2002 година, иако во 2002-рата немавме војна во земјата. Министерот Груевски утврди дека за да се пополни буџетскиот дефицит, потребно е негово продолжување уште најмалку една година. Значи, на прв поглед една парадоксална ситуација во која даночните обврзници беа задолжени со воен данок до крајот на 2002 година, иако во 2002-рата немаше војна. Невиден феномен - во 2001 година во Македонија имаше војна без прогласена воена состојба, а во 2002 година немаше војна, ама имаше воен данок!?

ТЕНДЕРИ ЗА НОВОПЕЧЕНИТЕ БОГАТАШИ

Значи, суштината на воениот данок беше поинаква, а на министерот Груевски како чувар на државното ќесе му се видело ептен убаво и по завршувањето на војната да има воен данок, преку кој ќе се намируваат тендерите со јавните набавки добивани од новопечените богаташи. Произлезе дека математиката со која излезе Груевски како министер за финансии, дека од воениот данок ќе се приберат 80 милиони марки е нереална. Односно, преку воениот данок во државната каса се извлекоа неколку пати повеќе од најавените 80 милиони марки. Вонредното пљачкање на македонските граѓани со воениот данок можеби ќе беше простено, доколку власта успееше да ја одбрани земјата. Меѓутоа, се покажа дека воениот данок бил во корист на поединци за нивно лично богатење преку јавните тендери кои не беа укинати дури ниту за време на војната во 2001 година!

Оттука, десет години по војната во Македонија во 2001 година, сеуште нема одговор на прашањето, каде заврши разликата од 80-те милиони марки (40 милиони евра) што беа проектирани и употребени за безбедносните сили до собраните 103 милиони евра од воениот данок? Дали во Македонија постоеја сили водени од лукративни причини, подготвени и за време на војна да преземаат активности кои немаат никаква врска со одбрана на земјата? Дотолку повеќе што македонските граѓани со свои пари преку воениот данок го платија сопствениот пораз. Односно, го платија личното богатење на новопечените богаташи и победата на политичарите кои ги запоседнаа фотелјите, кои длабоко ги понижија сопствените безбедносни сили и македонскиот народ. Поточно, како резултат на вкупните поразителни активности за кои детално пишував и во мојата претходна колумна, произлезе Рамковниот договор, кој беше наметнат, изнуден со уцени и во одредени одредби капитулански по Република Македонија. И Македонците во војната во 2001 година очекуваа Македонија да биде одбранета како национална држава на македонскиот народ со гарантирани права за сите нејзини граѓани. Па, кој ќе остваруваше профит, тогаш со пљачкањето на граѓаните преку воениот данок?

Патем, без оглед на тоа, кој што мисли за рамковниот договор, тој и понатаму останува длабоко трауматичен за македонската национална свест. Дури, се најавува дека годинава ќе следи и официјален јубилеј по повод десетгодишнината од потпишувањето на Рамковниот договор кој беше потпишан на 13 август 2001 година. Значи, Македонија најверојатно е уникатен пример на меѓународната сцена, бидејќи ќе слави национален пораз. Токму рамковниот договор доведе до обезличување на македонската држава, односно, нејзино конституирање како некаква збирштина на заедници на местото на дотогашната унитарна и национална држава на македонскиот народ и сите нејзини граѓани, која беше разбиена како државно-правна организација по војната во 2001 година!

ПЛАНОТ НА „ПРИЈАТЕЛИТЕ НА А1„

Болно е сознанието дека од сите наброени заедници во преамбулата на македонскиот устав, само Македонците и Ромите немаат сопствена национална држава. Дури, поразите за Македонија се редат и во поствоениот период, со најавите за обештетување на припадниците на терористичката ОНА, само затоа што убиваа македонски бранители. Иронијата да биде поголема, дури и бранителите, како припадници на легалните безбедносни сили за време на војната во 2001, сеуште мака мачат како да остварат социјални права од воениот конфликт. Никаде во светот не постои правна ситуација, каде агресорот на крајот од војната се наградува со пензија за своите борци. Во вакви ситуации, познато меѓународно правно-признато стојалиште е амнестијата, што, пак, веќе е наша реалност. Значи, погубната македонска историја продолжува. Домашните политички демагози продолжуваат да се коцкаат со интересите на својот народ. Доколку пак се постигне согласност за неприфатливиот идеолошки консензус помеѓу Груевски и Ахмети (пензии за борците на ОНА), тоа ќе биде климавото столче под нозете на македонскиот премиер!

Во продолжение на текстот и околу недозволивото инволвирање на македонската тајна полиција во најновите случувања со А1 телевизија. Имено, јавноста деновиве е сведок, како Велија Рамковски и неговите соработници се на ново соочување со истражниот судија и јавниот обвинител во процесот Пајажина. По неколкуте промени на сумата, сега обвинителството пресметало дека штетата за државата е седум милиони евра. Поточно, нови милионски суми штета пресмета Државното обвинителство. Прво беа 4 милиони евра. Потоа штетата се намали на 2 милиони евра и на таа сума беше замрзната сметката на А1 телевизијата се до последното наменско проширување на 7 милиони евра. Пред Кривичниот совет е одлуката за сметките, но неизвесноста и понатаму опстојува, бидејќи Советот веќе триесетина дена не одлучува дали ќе ги одмрзне сметките на А1 телевизијата. А неизвесноста ќе потрае уште некое време штом се инволвирала и тајната полиција, иако сметам дека јавното инаетење на власта со А1 на крај ќе заврши со ситуација во која оваа телевизија најнормално ќе си ја врши работата во претстојната предизборна кампања. Е, сега, каде е тука врската на тајната полиција?

Имено, на една скорешна средба во тесен круг на многу познати луѓе (за потребите на овој текст ќе ги именувам како „Пријателите на А1„) било договорено да се обезбедат потребните 2 милиони евра за колку што беше последното блокирање на сметката на А1. Планот бил да се уплатат средствата, да се намири државното побарување од 2 милиони евра, сметката да биде одмрзната и телевизијата најнормално да продолжи со работа. Меѓутоа, власта со новото брзопотезно проширување на истрагата во Пајажина од два на седум милиони евра го растури споменатиот план на „Пријателите на А1„ по претходно осуетување на овој план од тајната полиција!

ВМРО-ДПМНЕ КАКО ЕКСТРЕМНО КРИЛО НА СДСМ!

Со оглед на профилот на личностите кои биле на средбата и ја договарале операцијата - уплаќање на 2 милиони евра и одмрзнување на сметката на А1, едноставно е незамисливо некој од нив да ја провалил работата или пак да бил озвучен на тој состанок, како во случајот со средбата во хотелот „Александар Палас„ во 2000 година, во обидот за создавање ново парламентарно мнозинство за рушење на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски. Оттука, останува само можноста, тајната полиција да го провалила планот на „Пријателите на А1„ за одмрзнување на сметката преку примена на оперативно-технички средства и методи, како на пример, тајно набљудување и следење, тајно следење на телефонските комуникации, озвучување на просторијата каде е држен состанокот по претходно дознавање на локацијата..!

Како и да е, ова се недозволиви активности на тајната полиција во однос на една легална и легитимна актиност на „Пријателите на А1„за одмрзнување на сметката на А1. Овие мерки на тајната полиција единствено би биле оправдани само доколку истата имала оперативни сознанија дека споменатите два милиони евра се прибавени на незаконски начин. Но, во јавноста деновиве не слушнавме дека некој е приведен поради прибавување на незаконски суми од 2 милиони евра, што само е дополнителна потврда дека во случајов има инволвирање на тајната полиција во политичките пресметки помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, со краен резултат - наменското проширување на истрагата од два на седум милиони евра!

Значи, тајната полиција се враќа на старата пракса на нејзино инволвирање во домашните политички состојби, кое нешто, пак, обилно го вршеше во демократска Македонија во изминатите дваесет години, иако тоа е недозволиво во едно демократско општество. Ако е за некаква утеха, во случајот со сметката на А1 барем еднаш видовме дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се во право. Имено, точно е тоа што го кажува премиерот Груевски, дека извршната власт нема законска можност да влијае врз судството за одмрзнување на сметката на А1, иако реалноста е поинаква. Меѓутоа, во право е и Бранко Црвенковски кога не сака да оди на избори доколку не се отстрани и последната пречка што го оневозможува нормалното работење на А1, бидејќи без оваа телевизија е јасно дека Црвенковски нема што да бара на избори. Во секое зло - добро!

П.С
Големиот број телевизиски кадри што деновиве ги гледаме од најголемиот партиски собир на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа на 5 и 6 март во Битола, претставуваат најголема потврда на моите кажувања дека во таа партија во моментов нема ВМРО-ДПМНЕ, туку таму имаме некакво крило на СДСМ, можеби во поекстремна варијанта. Патем, после Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, оние кои со право подолго време ја оспоруваат изворната идејна позиција на сегашното ВМРО-ДПМНЕ, најпосле на отворена сцена го добија маневарскиот простор за таквите свои обвинувања!

Авторот е Претседател на Народно движење за Македонија

16-03-2011, 11:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#83

Quote:Milorad Kovac

Катастрофален текст составен од шпекулациите на кретенот јанко бачев.Ова врска нема со реалноста. До коага ќе му верувате на тој умноболен човек?

Quote:Goran Sikijovski

хаха Милорад ако се шпекулации и "нотарни лаги" како што некој велеше слободно поднеси му тужба бе пријателе и победи го на суд ! Да го докажеш спротивното
Што не ти се бендиса во текстот на бачев за вонеиот данок или за а1 телевизија ?или ...пак целиот текст....

Инаку по што утвреде дека бачев е умноболен човек ?ти да не си фб психијатар со навреди и омалажување далеку ќе стигниме сите пријателе

Quote:Blazo Stojanoski

е е , ке поднесат тужба , ама за тоа треба мадина , сами ке се фатат во стапица ако поднесат тужба

Quote:Milorad Kovac

Јас го познавам Бачев уште кога го вработија во МВР.Неговите гафови кога се закануваше на судии во Гевгелија, кога го чекаше Смиленски да го рекетира, но закасни бидејќи Лјубчо го возеше во својот премиерски мерцедес не го спречија во неговите малоумни обиди да се збогати злоупотребувајќи ја службената легетимација на МВР и кога беше избркан од таму. Кретенот Бачев лажно претставувајќи се како разузнавач го злоупотребува Фокус за пишување на клевети и лаги заради што за кратко ќе биде префрлен во затворот Шутка.

Quote:Групација Дисиденти Јордан Петровски:

Не е баш така како што велите: ПОЛИЦИЈАТА МЕ УАПСИ, ЗАТОА ШТО ВО „ФОКУС„ НОСЕВ ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИЦИСКО СЛЕДЕЊЕ НА НИКОЛА МЛАДЕНОВ

Петок, 03 . 03 . 2006 Интервју, Јанко Бачев, „Фокус„ / новинар: Зоран Димитровски
Во вторнико...т, на 28 февруари, околу 11,30 часот, Јанко Бачев, екс разузнавач и лидер на Народно движење за Македонија, на пат кон редакцијата „Фокус„ каде што требаше да го донесе документот на Управата за безбедност и контраразузнавање според кој е издадена наредба за оперативно-безбедна обработка на сопственикот на „Фокус„ Никола Младенов, во Оперативната акција „Конто„, имал блиска средба со полицијата.

Поради наводен сообраќаен прекршок, при што автомобилот му бил одвлечкан од пајак-службата, а тој завршил со лисици, Бачев бил уапсен и приведен во полициската станица „Пролет„. Автомобилот притоа му бил отворен и од чантата му ги извлекле факсимилите од документите на УБК. За среќа, Бачев како секој добар безбедњак сочувал и копии кои ги донесе во „Фокус„ при што видно вознемирен даде интервју за нашиот неделник.

♦ ФОКУС: Што ви се случи во вторникот на 28 февруари?

• БАЧЕВ: Дента, околу 11,30 часот, според договорот, се упатив со мојот автомобил „БМВ„ кон редакцијата на “Фокус” за да донесеам копија од документот, што ја набавив од сопствени извори, според кој УБК издала наредба за оперативна проверка на сопственикот на весникот Никола Младенов поради аферата „Швајцарски сметки„. На пат кон „Фокус„, бидејќи требаше да подигнам пари од Комерцијална банка во Градскиот трговски центар, го паркирав накратко автомобилот на т.н. сообраќаен остров во центарот на Скопје, кај семафорите спроти спроти Собранието на РМ, при што ги вклучив и четирите позициони светла. На островот имаше и други паркирани автомобили. По десетина минути, се вратив и заблежав дека ми ја нема колата, при што, вознемирен, се обратив до дежурниот полицаец за да го прашам што се случило. Тој со провокативна смислена реакција дрско ми се обрати и на најбрутален начин, без никаков законски основ, ми стави лисици и реши да ме приведе на очиглед на огромен број граѓани. Влегов во полициското комби и ме одведоа во полициската станица „Пролет„. Таму бев задржан на информативен разговор околу 1 час без да ми дозволат присуство на адвокат. На разговорот уште еднаш ме предупредија окмолу она што го изнесувам во јавноста како поранешен припадник на МВР.

16-03-2011, 11:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#84

Quote:Milorad Kovac

Г-дине Петровски, верувајте дека не го познавате Бачев и му верувате на неговите изјави-шпекулации. Никола Младенов никогаш не добил документи од Бачев за негово тајно следење. Бачев беше приведен во МВР заради злоупотреба на службената легетимација на МВР, која не ја раздолжил за што имал законска обврска. Барем Вие сте интелектуалец и дотолку ги разбирате работите. Ја следам Вашата голгота со тајното досие кое Службите го воделе за Вас од идеолошко-политички побуди. Не наседнувајте на измамници од типот на кретенот Јанко Бачев.

Quote:Групација Дисиденти-Јордан Петровски:

Господине Ковач, многумина изјавија дека Бачев не ја говори вистината и се заканија дека ке го тужат Бачев за неговите изјави или написи. Досега јас не прочитав ниту за една пресуда по тие тужби. Тоа зборува дека во изјави...те на Бачев има вистина. Јас Бачев не го познавам но онаа што го прочитав во неговиот серијал кој излезе во Шпиц пред изборите 2006 година се совпаѓа со многу мои сознанија. Тоа е пресудното зошто верувам во напишаното од Бачев. Колку што знам тој поднел оставка а не е избркан од службата.
Не го свакјајте оваа како моја одбрана на Бачев туку говорам за онаа што јас го знам и врз што судам.

Quote:Milorad Kovac

Колку што сум информиран Бачев има две правосилни судски пресуди за клевета од Срѓан Ќерим, а за уште 6 постапки против него се чека правосилност. Тој самиот јавно побара помилување од претседателот Ѓорѓи Иванов што експресно беше одбиено. Човекот е измамник и верувам дека со добивањето на правосилни пресуди во наредните месеци ќе биде затворен и ќе му биде изречена мерка за безбедност да не смеат медиумите да објавуваат негови изјави и колумни.

Quote:Групација Дисиденти-Јордан Петровски:

Господине Ковач не е баш така, Бачев бара помилување за да го објави досието на Керим а не за дела кои ги сторил:

Бачев: Ако Иванов ме помилува, ќе го обелоденам досието на Керим!

19.10.2010 ѓ Автор: Шпиц
...
Поранешниот контраразузнавач Јанко Бачев го повикува претседателот Ѓорге Иванов да му вети помилување, за да може да ги обелодени фактите за наводната соработка на Срѓан Керим, директорот на МПМ, со некогашните разузнавачки служби. Бачев, кој е претседател на Народното движење за Македонија, не сака да ризикува да заглави од една до четири години в затвор, како што Законот за лустрација им се заканува на сите кои ќе кажат податоци за кодошите на тајната полиција.
- Единствената можност јавноста сега да ја види вистината за Керим е во рацете на претседателот на државата Ѓорге Иванов. Водејќи се од националните и државните интереси и од нашата искрена определба да ги тргнеме личностите кои со кодошење вршеле или се уште вршат државни функции, го повикуваме претседателот Иванов, во смисла на членовите 1 и 3 од Законот за помилување, да вети помилување од кривично гонење, за да и овозможиме на јавноста најпосле да го добие одговорот на прашањето за кое чисто досие зборуваше неделава по медиумите Срѓан Керим - вели Бачев.

Quote:Milorad Kovac

Зарем Вие верувате во тоа дека тој навистина има такви досиеа? Тој во континуитет се служи со дезинформации за да ја привлече јавноста дека тој е во право и дека е нечија жртва. Зарем Вие заборавивте дека тој му беше коалиционен партнер на Груевски верувајќи му дека ќе го ставел директор на ДБК. Кога сфати дека е прочитан од Груевски почна да пишува во Фокус за наводни криминали на оваа власт кои не му сметаа кога потпишуваше коалициони договори.

16-03-2011, 11:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#85

Quote:Boris Lazarov

G-dine Kovac,se izvinuvam sto se vmesuvam vo diskusijava,no sakav da ukazam deka i samiot sopstvenik na"Fokus"-N.Mladenov go zagubi sporot protiv Crvenkovski za slucajot"Svajcarski smetki".Vo nepostoenjeto na tie smetki ne znam dali e ubede...n i sudijata sto ja donese presudata.So vakvo sudstvo,cest e da se zagubi od Kerim(ex pretsedatelot na Ustaven e edinstveniot potvrden sorabotnik na sluzbi,a Min.za pravda e posledniot republicki sekretar za pravda na SRM,a sega osven minister e i clen na sudski sovet.Za odisejata so negovata sopruga,a i za rabotenjeto na mn.dr.sudii,tuka nema dovolno prostor da se kaze se).Presudata na Bacev od slucajot so Kerim e samo potvrda za zastiteniot status na Kerim i sl.vo RM.Poz

Quote:Milorad Kovac

Не се потпирајте на неговите изјави и колумни. Тоа се чисти дезинформации. Прашајте ги луѓето кои го познаваат и кои работеле со него. Сите се дистанцираат од него потврдувајќи дека човекот сега тешко да успее да извади лекарско уверение.

Quote:Групација Дисиденти-Јордан Петровски:

Господине Ковач еве го последното интервју на Керим во кое иако беше прашан не спомена ништо за Бачев.

пс.ако го немал досието зошто Иванов не му вети помилување па така ке беа о...ткртиени лагите на Бачев или пак Мијалков знае што има Бачев во раце па нема помилување од Иванов???

Quote:Milorad Kovac

Зарем еден претседател би си дозволил да биде вовлечен во политички игри на еден кретен како Јанко Бачев. Јас верувам дека Иванов добил информации за каква личност се работи и не дозволил да биде вовлечен во вакви валкани игри.

Quote:Milorad Kovac

Соопштение по повод изјавата на Бачев
15:11 - нед., 18.07.2010

Денешните обвинувања искажани во изјавата на г-динот Јанко Бачев пред медиумите, со кои се тврди дека ,,Секцијата за безбедност и разузнување при Г-2 Управата на Генералштабот на ...АРМ вршела недозволиво повикување на армиски старешини на информативни разговори“, како и ,,нивно малтретирање“, се неосновани и истите ГШ на АРМ ги отфрла како невистини и шпекулации.

Во оваа прилика сакаме да укажеме дека секцијата Г-2 која е дел од организациско- формациската структура на Генералштабот, работи во рамките на нејзините надлежности и службени овластувања, а задачите редовно ги извршува во тесна соработка и координација со Воената Служба за безбедност и разузнување кој е дел од Министерството за одбрана.

Без намера да навлегуваме во детали од денешната прес-конференција на НДМ, пред јавноста во Република Македонија сакаме да појасниме дека тврдењата за наводно ,,свесно подметнување пред Претседателот и Врховен командант на документ (се мисли на Стратегијата за одбрана на Република Македонија) со вграден ,,дефект“од страна на ГШ на АРМ“ се неточни и крајно злонамерни, ако се знае дека на средбата со Врховниот командант која се одржа на 16.07.2010 година, присуствуваше и министерот за одбрана, г-динот Зоран Коњановски.

ГШ на АРМ заедно со МО во изминативе неколку години во континуитет напорно работеше на спроведување на сеопфатни и темелни реформи во одбраната, со една единствена цел – изградба на единствен одбранбен систем, компатибилен со НАТО Алијансата, со што даде огромен придонес во приближувањето на Република Македонија кон НАТО. Паралелно со реформските процеси, Армијата во ниеден момент не го доведе во прашање извршувањето на со Уставот и законите определените задачи, пред се одбраната на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. При тоа, ГШ на АРМ менаџирајќи успешно со овие процеси, најчесто во исклучително тешки услови, секогаш бил подеднакво доследен во своите надлежности кон институцијата Претседател и Врховен командант на Вооружените сили на Република Македонија. АРМ високиот рејтинг на меѓународен план и угледот кај граѓаните во Република Македонија, го стекна напорно и пред се со доследно и професионално извршување на задачите и никој нема право на ваков начин да се обидува да става дамка врз угледот на нејзините припадници.

Жалиме за изнесените обвинувања од страна на господинот Бачев, но во исто време немаме причина за загриженост, од причина што истите се неаргументирани и доаѓаат од лице кое не упатено во процесите кои ја третираат одбраната.

ГШ на АРМ како и досега останува отворен за соработка со медиумите во Република Македонија, а транспарентноста во работата, ја смета како главен императив за успешно функционорање на секоја модерна армија.
16-03-2011, 11:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#86

Quote:Milorad Kovac

Како политикантски мотиви кои немаат допирни точки со реалноста ги оценува МВР вчерашните тврдења на Јанко Бачев дека Јован Вранишковски имал дозвола за пиштол и патна исправа издадени од МВР.

МВР во демантот ја испраќа следната фактографија... за Вранишковски: поседува пиштол марка “Берета“ регистриран на 23.01.2002 година во Битола и има личен пасош издаден на 25.12.2003 година, а забрана за патување во странство e ставена на 18.07.2005 година со важност до 18.07.2006 година.

- Од предоченово јасно може да се увиди дека во текот на мандатот на актуелното раководство на Министерството за внатрешни работи, институцијата му нема издадено ниту дозвола за оружје, ниту патна исправа,ниту пак каков било друг документ - се вели во соопштението на МВР.

Quote:Milorad Kovac

Do Makedonskata i svetskata Javnost

Maj 1 vi, 2008

Dr.Stojadin B.Naumovski E-mail: pomni@makedonija.tv
...
Demant vo vrska so partijata Narodno Dvi`ewe za Makedonija:

Otkako pro~itav vo dnevniot pe~at (A1 Televizija) deka koalicijata na VMRO-DPMNE se pro{irila so u{te edna partija vo likot na “Narodno Dvi`enje za Makedonija” predvodena od Janko Ba~ev, se nametna imperativ da vo interes na javnoto informirawe i vo interes na vistinata, a se razbira i vo interes na Makedonija i Makedoncite go objavam ovoj tekst.

Jas, kako eden od osnova~ite na Makedonskoto Narodno Dvi`enje u{te od pred re~isi 20 godini , javno se distanciram od partijata “Narodno Dvi`enje za Makedonija”. Nivnata objavena programa vo mnogu ne{to se poklopuva i ja citira Programata na MND (Makedonskoto Narodno Dvi`enje) ~ij {to so-osnova~ sum jas, no jas li~no nemam nikakva li~na vrska so G-din Janko Ba~ev i ne gi zastapuvam interesite na negovata partija nitu pak nego li~no.

U{te pove}e, jas u{te od porano (pred pojavata na partijata na Ba~ev) javno sum se deklariral kako eden od osnova~ite na Makedonskoto Narodno Dvi`ewe koe {to podocna evoluira{e vo Makedonsko Narodno Dvi`enje-POMNI, a od ~ii redovi podocna be{e sozdadena i partijata (Prerodba i Obedinuvawe na Makedonskite Nacionalni Ideali)-POMNI.

Znaej}i gi faktite povrzani so G-din Ba~ev, kako i imaj}i gi makedonskite nacionalni interesi kako vodilka, jas li~no se somnevam vo namerite na G-din Ba~ev, koj {to kako porane{en slu`benik na MVR, prekr{uvaj}I go Zakonot za lustracija, a voden od oportunizmot na spomnatata Koalicija na VMRO-DPMNE, so svojata aktivnost samo mo`e da i nanesuva {teta na iskrenata akcija na Makedoncite koi se borat za za~uvuvawe na svojot identit i dr`ava, pritoa vnesuvaj}i nepotrebna zabuna od koja mo`e polza da imaat samo neprijatelite na Makedonija.

Javno go postavuvam pra{aweto na Zakonot za Lustracija i u~estvoto vo pretstoe~kite izbori na lica koi {to aktivno rabotele vo slu`bite na sistemot ili pak se opfateni so istiot Zakon vo pretstojnite predvremeni Izbori 2008. Ova samo po sebe gi proziva i drugite potpisnici na Koalicionen dogovor so VMRO-DPMNE, a ja doveduva vo pra{awe namerata i na samata Koalicija.

G-dinot Janko Ba~ev, zaedno so mnogumina drugi treba da bide obfaten od istiot zakon, osobeno sega koga nastapuva na izborite vo koalicija so VMRO-DPMNE koja {to be{e do v~era na vlast, a zgora na toa nastapuva kako Pretsedatel na partija koja svoeto ime i programa gi ima kopirano od postoe~ka organizacija i deklariran entitet kako {to e Makedonskoto Narodno Dvi`ewe.

Povtoruvam deka ova u{te porano sum go potenciral, a veruvam deka mu e poznato i na gospodinot Ba~ev. Ne mi e poznato deka G-din Janko Ba~ev javno se distanciral od na{ata (na{ite ) organizacii, zatoa smetam deka pojavuvaweto na negovata partija na izborite vo postoe~kite uslovi mo`e da gi zavede i zbuni na{ite simpatizeri i aktivisti na ist na~in kako {to toa go pravea neprijatelite na Makedonija u{te od pred poveke od 100 godini( a prodolzuvaat so istite taktiki i do den denes).

Vo ponatamo{niot tekst naveduvam pove}e ilustracii i javni nastapi, deklaracii vo koi go potvrduvam pogore napi{anoto.

http://www.makedonija.tv/intervju_na_voi...merica.htm

http://64.233.167.104/search?q=cache%3Ay...topDefault.

aspx%3Ftabindex%3D0%26tabid%3D1%26ArticleID%3D81290%26EditionID%3D1266

Quote:Групација Дисиденти-Јордан Петровски: Господине Ковач овој дел ви недостасува:

Второ, дали МВР смета дека одземањето на пасошот и пиштолот на Вранишковски е работа само на раководството на МВР кое нив ги издало, а не континуирана работа на полицијата?

Во овој ко...нтекст, дали во следна прилика МВР конечено ќе ги одземе пасошот и пиштолот за да се прекине оваа комедијантска претстава во која Вранишковски наводно бега а властите божем го гонат?
16-03-2011, 11:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#87

Quote:Групација Дисиденти-Јордан Петровски: Господине Ковач :

ВОЕНИ СТАРЕШИНИ НА АРМ ПОВИКУВАНИ НА ИНФОРМАТИВНИ РАЗГОВОРИ ОД РАЗУЗНУВАЧКИ СТРУКТУРИ ВО ГШ НА АРМ
Недела, 18 . 07 . 2010

...НАРОДНО ДВИЖЕЊЕ ЗА МАКЕДОНИЈА на денешната прес конференција се осврна на недозволивото повикување на армиски старешини на информативни разговори од страна на Секцијата за безбедност и разузнавање при Г – 2 Управата на Генералштабот на АРМ.

Еве линк кадеможе да се види дека Бачев го има списокот;

http://www.ndm.org.mk/ndm/index.php?opti...s&Itemid=1

Quote:Milorad Kovac

Вранишковски е посебна тема во која сега не би се впуштал. Сакав само да дадам мал придонес кон расветлувањето на личноста Јанко Бачев, за кого ако проверите на google што се изјавил тој, ќе заклучите дека Бачев е стар најмалку 75 години од кои најмалку 40 години работел во УДБА и бил најблизок соработник на Тошо Шкартов.

Quote:Групација Дисиденти Јордан Петровски:

Господине Ковач, збор беше за пиштолот и пасошот на Вранишковски. Бачев е во право или не со таа изјава??? Ако не е во право Бачев, кој требало да му го одземе пиштолот и пасошот на Вранишковски???

Quote:Slavica Nikolovska

Ke ispadne sega Bacev kriv za se oti gi otkriva rabotite,a Vraniskovski dobar i prav.

Quote:Milorad Kovac

Вранишковски никогаш не може да испадне прав, бидејќи се работи за предавник од најлош тип. Што се однесува за пиштолот јас лично не верувам дека МВР може да направи превид, да не му го одзела, ако навистина го поседувал.Верувам дека тоа е уште една дезинформација на Бачев за да се додвори на јавноста како голем сезнајко.

Quote:Групација Дисиденти-Јордан Петровски:

Господине Ковач, еве изјава на Бачев дека не бил избркан од МВР туку сам си заминал:

(Повод: Одговор на демант на Горан Митевски во "Шпиц од 26 јули 2006 година)
Во својот демант до "Шпиц" од 26 јуни годинава, во кој патем ...ништо не демантира, Горан Митевски лаже дека сум суспендиран од МВР. Напротив, во јануари 2002 самоиницијативно си заминав од МВР за да се посветам на политичка активност во новоформираното Народно движење за Македонија, чиј претседател сум во моментов. За мене беше преголем товар да продолжам мирно да седам и да земам буџетска плата, и пред моите очи да се продуцираат сплетки и да се разнебитува државата.
Митевски, исто така, безочно лаже дека сум вршел упади во судови и дека сум се заканувал на судии. Тоа беше легална и нужна акција за борба со организираниот криминал, изведена стручно и пофесионално, за што постојат илјадници страници доказен материјал.
Во спомнатата "Анска Река" токму јас сум жртва на насилничкото однесување на Никола Ќуркчиев, Петра Митева и Зоја Лега Станоевска. За финансиски да ми наштетат, тие со здружени сили и со фалсификати исконструираа стечај на фирмата, во која имав акции, легално купени акции на македонската берза. Целата документација за незаконското уништување на мојот приватен имот е прибрана во службена преписка со државните органи, а против сторителите на овие злоупотреби поднесов кривични пријави до МВР и до јавното обвинителство.

Јанко Бачев

16-03-2011, 11:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#88

Quote:Milorad Kovac

И Вие продолжувате да верувате на неговите изјави. Тогаш сигурно му верувате и за поштениот начин на стекнување на акции во Анска Река. Зошто не го објави исходот од кривичните пријави до МВР и ЈО, како што наведува во изјавава. Ќе Ви одговорам дека такви негови кривични пријави не постојат. Со злоупотрена на службена легитимација од МВР незаконски сакал да дојде до документи за да се прикаже како сопственик на акции кои не ги поседувал.

Quote:Групација Дисиденти-Јордан Петровски:

Господине Ковач еве уште една закана за кривична пријава:
(Демант на Горан Митевски во "Шпиц" од 3 јули 2006 година)
По објавениот демант од Горан Митевски, авторот Бачев продолжи да го спомнува неговото име и одговори на де...мантот. Митевски поднел кривична тужба за Бачев и од редакцијата на "Шпиц" побара да се објави барем следниов нејзин дел:
Наведената содржина на текстот е тенденциозна, односно невистинита, подготвена без факти и со несомнена намера. Лицата што учествувале во набавките на муницијата и беспилотните летала беа на функции во МВР директно подредени и одговорни пред министерот, а не како што пишува авторот на текстот, "дека во тоа време без знаење на директорот Митевски не можеле да се вршат спомнатите набавки". Тоа добро го знае авторот на текстот, како поранешен припадник на МВР, но целта му е поинаква.
Имено, обвинетиот автор на текстот, Јанко Бачев, заедно со Зоран Дрндаревиќ алијас "Итар Пејо", помлад аналитичар во Агенцијата за разузнување, повеќе месеци подготвуваа серијал написи за моја дискредитација, за по победата на опозицијата на 5 јули да го оневозможат моето евентуално враќање на висока позиција во МВР. Обвинетиот Јанко Бачев за време на воениот конфликт во Република Македонија беше суспендиран од Управата за безбедност и контраразузнавање за повеќе злоупотреби на службената должност и овластување, а Зоран Дрндаревиќ, по добиените информации дека тогашниот министер Љубе Бошковски планира негово сменување од УБК (поради изнесување на четири досиеја со назнака "државна тајна строго доверливо" од УБК и неговите чести контакти во тој период со Бранко Бојчевски, за кои подоцна се потврди дека заеднички ја правеле и конструкцијата "Раштански лозја" и "Љуботен"), во тој период успеа да најде засолниште во Агенцијата за разузнавање.
Општопозната е и нивната улога за време на парламентарните избори во 2002 година, кога сега покојниот претседател Трајковски од парламентарната говорница ја разоткри нивната активна улога во добивањето на изборите на СДСМ против ВМРО-ДПМНЕ.
Горан Митевски

Quote:Групација Дисиденти-Јордан Петровски:

Господине Ковач, одговорот на Бачев:

(Повод: Демантот на Горан Митевски во "Шпиц" од 03 јули 2006)

По првиот демант на Митевски во "Шпиц" од 26 јуни кога побара затворска казна за мене само затоа што (внимавајте!) сум се др...знал да пишувам за злоупотребите на тајната полиција, ова лице и со вториот демант во "Шпиц" од 3 јули уште еднаш не увери во сплеткарењата и интригите на тајниот центар на СДСМ во СДБ, преку своите проверени кадри да пласира манипулации, конструкции и лаги за мое дискредитирање во јавноста. И овојпат со презентирање факти ќе се обидам да ги разобличам овие диригирани политичко-полициски сплеткарења.
Митевски тврди: "Имено, обвинетиот автор на текстот, Јанко Бачев, заедно со Зоран Дрндаревиќ, алијас Итар Пејо, повеќе месеци подготвува серијал написи за моја дискредитација, за по победата на опозицијата на 5 јули да го оневозможат моето евентуално враќање на висока позиција во МВР".
Еве ги фактите. Јас во својата работна кариера не сум имал никави допирни точки со извесниот Зоран Дрндаревиќ, а толку повеќе што по моето заминување од МВР во јануари 2002 ниту еднаш го немам видено ова лице. Напротив, во еден период Горан Митевски, како директор, и Зоран Дрндаревиќ, како началник на битната Втора управа во тајната полиција, го сочинуваат раководниот тим и беа најблиски соработници, па сегашното глумење на нивно наводно непријателство можеби е чудно за јавноста, но за мене секако не. Бидејќи, се повторува веќе испробано сценарио од 1998 година за прилепување кон ВМРО-ДПМНЕ. По целосното расветлување на неговата улога, Митевски дури отворено кажува дека пак се надева на висока позиција во МВР, па во оваа насока баш би сакал да го видам тој лудак од здружената коалиција "За подобра Македонија" што би го предложил.
Митевски во демантот си придава нереално значење, кажувајќи дека серијалот повеќе месеци е подготвуван за него. Мојот серијал од седумдесетина компјутерски страници се однесува на многу значајна тема од нашата понова историја, а Митевски е спомнат само три-четири пати во текстовите.
Нова конструкција на Митевски: "Обвинетиот Јанко Бачев за време на воениот конфликт беше суспендиран од УБК за повеќе злоупотреби на службената должност и овластување..."
Еве ги фактите: Изнесеното е флагратна невистина, бидејќи т.н. војна во Македонија беше во 2001 година, односно нешто како почеток се зема јануари со настаните во Танушевци, а беше формално окончана со рамковниот договор во август 2001. Јас за цело време на војна, а и по неа, сум активен припадник на СДБ. Од СДБ излегов дури во јануари 2002 и продолжив со политички ангажман во новоформираната партија Народно движење за Македонија, чиј претседател сум во моментот. Во мојата десетгодишна работна кариера во МВР не сум имал ниту една суспензија!
Митевски за својот соработник од раководство на СДБ, Зоран Дрндаревиќ, кажува дека изнесувал некакви досиеја и учествувал во конструкцијата "Раштански лозја". Со ова фактички Митевски несвесно потврдува еден дел од мојот серијал, каде што кажувам дека и за време на т.н. владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога министер во МВР е Љубе Бошковски, всушност СДСМ преку своите инсталации го "работел" брат Љубе како "бавча", бидејќи станува очигледно дека "местенките" на Бошковски всушност му ги правеле луѓето што тој ги назначуваше за раководители во СДБ. А по се изгледа не е далеку моментот кога ќе се расветли нивната улога и во експедитирањето на Бошковски во Хаг.
Митевски: "Општопозната е нивната улога за време на парламентарните избори во 2002 година, кога сега покојниот претседател Трајковски од парламентарната говорница ја разоткри нивната улога во добивањето на изборите на СДСМ против ВМРО-ДПМНЕ".
Фактите: Тука веќе се работи за невидена интрига на тајниот центар на СДСМ во СДБ, кој го пишувал демантот. Бидејќи, за дејствувањето на тајните служби за време на изборниот процес во 2002 година, кои ги спомнува сега покојниотТрајковски, се мисли всушност на инсталациите на СДСМ во СДБ за време на т.н.владеење на ВМРО-ДПМНЕ. А во тоа време токму Горан Митевски со својата одбрана дружина ги раководи клучните делови во МВР, се до завршувањето на изборите на 15 септември 2002 година, кога ВМРО-ДПМНЕ е катастрофално поразено, додека, пак, јас многу порано, уште во јануари 2002 година, веќе излегов од МВР поради концепциски судир со министерот Бошковски и продожив со политички ангажман, оти не успеав во напорите да го тргнеме силното т.н. КОС крило во службата.
Врз основа на изнесените факти, безпредметна е секаква понатамошна полемика со лица што манифестираат селективна сенилност само за да ме дискредитираат во јавноста. Затоа, го советувам Митевски да се заложи за побрзо процесуирање на најавената тужба за мене, за да можам со големо задоволство да му поднесам противтужба и најпосле да ги расчистиме сите дилеми и по судски пат.

( Објавено во "Шпиц" на 13 јули 2006 година)
Јанко Бачев
16-03-2011, 11:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#89

Quote:Milorad Kovac

Се сеќавам на пишувањата во Шпиц и обвинувањата на Бачев кон Митевски дека формирал Здружение за спас на брат Љубе со цел доживотно да го пикне Љубе во затвор како инсталација на СДСМ. Сите знаеме дека Љубе излезе од Хаг, а верувам дека Бачев ќе заврши таму каде што му предвидуваше на Љубе да заврши. Некои проценки зборуваат дека Бачев нема да ги дочека изборите на слобода, па верувам потоа ќе сфатите на кого сте му верувале.

Quote:Групација Дисиденти Јордан Петровски:

Господине Ковач, јас ве запрашав за оваа најава на тужба од годподинот Митевски објавен во ШПИЦ, дали ја знаете разврската. Дали господинот Митевски го тужел Бачев и ако тужел како завршило сето тоа.

Quote:Milorad Kovac

Не сум сигурен ама мислам дека сите што го тужеле Бачев порано или покасно ќе го добијат на суд. Не се работи дека само Срѓан Ќерим го добил заради состојбата во која се наоѓа нашето судство. Сигурно и други го добиле само не објавиле во ме...диумите. Кретен како Бачев со толку дезинформации и шпекулации јасно е дека сите пријави против него ќе бидат добиени во корист на тужителите. Никола Младенов комплетно се оградува од неговите пишувања, бидејќи знае дека се тенденциозни. Проблемот во државава е што луѓето се палат од такви написи, па Фокус е доста читан.

Quote:Групација Дисиденти-Јордан Петровски:

Господине Ковач, оваа најава на тужбаод господинот Митевски е од 2006 година , неможе да не е решена досега. Гледам знете за Бачев скоро се па и дека ке го апсат до изборите, неможда не занете дали го изгубил спорот од гос...подинот Митевски.
За Керим незнам дали го добил спорот бидејки Басчев пак пишуваше пред извесно време за Керим. На видото што ви го дадов, Керим во интервјуто го одбегна одговорот за Бачев.

Quote:Milorad Kovac

Зошто не го прашате Митевски за тужбата?Ако сакате ќе ви го најдам мобилниот за да му се јавите?

Quote:Групација Дисиденти Јордан Петровски:

Господине Ковач, јас само ви предочив новински и видео сведоштва. Господин Горан Митевски ниту го знам лично ниту би сакал да го вознемирувам за глупости. Едноставно стекнав убедување дека за Бачев знаете се па неможев да прифатам дека не знаете за судски спор помеѓу бивши колеги: Митевски-Бачев.

Quote:Milorad Kovac

Тоа е нивен проблем кој треба да го решат

Quote:Milorad Kovac

Гледам дека го подржувате кретенот Бачев и сигурно таа информација можете од него да ја добиете.

Quote:Групација Дисиденти-Јордан Петровски:

Господине Ковач, јас ви го напишав ова на почетокот на нашата дискусија :

"Не го свакјајте оваа како моја одбрана на Бачев туку говорам за онаа што јас го знам и врз што судам."

"Јас Бачев не го познавам но онаа што го прочи...тав во неговиот серијал кој излезе во Шпиц пред изборите 2006 година се совпаѓа со многу мои сознанија. Тоа е пресудното зошто верувам во напишаното од Бачев."

Очекував дека ке демантирате барем едно мое тврдење но освен навреди и инсинуации не видов ништо друго. Тоа е најлошто од воспитанието на комунизмот кое уште многумина неможат да го искотенат и заради што Македонија се повеке тоне во калта на интригите, криминалот се повеке станува полициска држава каде што плуканицата за одредена личност е и обвинител и судија.

Quote:Milorad Kovac

Неможам да сфатам каде се совпаднале Вашите сознанија со серијалот на Бачев во Шпиц пред изборите во 2006. Но тоа е Ваша проценка и гледам дека моите ставови за Вас се навреди и инсинуации. Господ нека Ви е на помош.
16-03-2011, 11:48 PM
Reply
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#90

Quote:Пишува м-р Јанко БАЧЕВ

Details
Created on Saturday, 19 March 2011 13:35
Last Updated on Saturday, 19 March 2011 13:35

СИТЕЛ И А1 ТЕЛЕВИЗИЈА, ДА НЕ СМЕАТ ДА ЕМИТУВААТ ПРЕДИЗБОРНА ПРОПАГАНДА!

Во моментот кога е пишувана оваа колумна во понеделникот на 14 март, сеуште не е одржана најавената лидерска средба помеѓу Бранко Црвенковски и Никола Груевски на која ќе се разговара за отворените прашања во пресрет на претстојните парламентарни избори. Ставот на опозициската СДСМ е јасен - доколку Груевски не ги исполни условите за демократски избори, тогаш опозицијата ќе ги бојкотира изборите. Патем, како знак на добра волја, Црвенковски минатиот петок соопшти дека деблокирањето на сметката на А1 не е предуслов за разговори, туку тоа ќе биде тема на меѓупартиски разговори, а остануваат и на другите претходно соопштени услови.

Севкупно, македонските граѓани очекуваат на директната средба Црвенковски-Груевски да се изнајде начин за излез од политичката криза, и, притоа, да падне договор за денот на вонредните парламентарни избори. Односно, лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да се договорат, дали да имаме предвремени избори во мај или во јуни на кои ќе учествуваат сите политички партии, или, пак, Груевски ќе го преземе ризикот и ќе оди сам на избори. Иако не е најбитно, дали предвремените избори ќе бидат во мај или јуни, туку битно е да падне договор за правилата на изборната игра, посебно прашањето со блокираната сметка на А1 да биде расчистено!

ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОР ЗА БЛОКИРАНАТА СМЕТКА

Значи, колку и да испорачуваат барања од СДСМ, сепак, во суштина, блокираната сметка на А1 и понатаму останува главниот услов поставен од опозициската СДСМ, која бара премиерот Никола Груевски да ја одмрзне сметката, како што ја замрзнал, по што ќе го прифатат неговиот повик за предвремени избори. Од друга страна, во случајот со блокираната сметка на А1, токму Груевски во јавноста демонстрираше непопустливост со изјавите кои се сведуваат на тоа дека не сака ниту да помисли, а камоли да разговара за одмрзнување на сметката на А1 телевизија, правдајќи се дека тоа е одлука на судот. Дури, Груевски јавно им порача на социјалдемократите дека власта не може да ги менува судските одлуки, и дека доколку не се вратат во собранието, владеачкото мнозинство самото ќе ги донесе измените на изборниот законик и ќе организира избори, без оглед на тоа, дали СДСМ ќе учествува или нема да учествува на изборите.

Меѓутоа, ако е така, зошто сега наеднаш Груевски прифаќа средба со Црвенковски на која ќе се преговара и за блокираната сметка на А1, без оглед на тоа што Црвенковски изјави дека барањето за деблокирање на сметката на А1 не е предуслов, туку прашање кое ќе биде предмет на преговори. Значи, Груевски ќе преговара и за блокираната сметка на А1, а цело време ја убедува јавноста дека тоа е одлука на судот и дека извршната власт нема никаква можност да интервенира во судот. Произлегува дека разрешницата со блокираната сметка на А1 сепак ќе биде прашање на политички договор, како што и одлуката да се затвори оваа телевизија била политичка одлука. Повторно на виделина излегоа контрадикциите кои редовно го следат Груевски во неговото повеќегодишно владеење со земјата, односно, тоа што го кажува како цврст и јасен став по извесно време да излезе дека не било баш така!

Како што споменав, главното барање на опозицијата да не ги бојкотира изборите е деблокирање на сметката на А1 телевизија. Сметам дека е преоптимистички да се очекува дека само на една лидерска средба Црвенковски-Груевски ќе биде затворено прашањето со блокираната сметка на А1. Затоа, за надминување на политичката криза јавноста најверојатно ќе биде сведок на повеќе лидерски средби, независно од тоа дали ќе бидат очи во очи помеѓу Црвенковски и Груевски, или, пак, во поширок состав со учество на претседателите на сите парламентарни партии. Доколку отворените прашања околу претстојните избори се префрлат на маса со учество на сите парламентарни партии, тогаш не гледам ниту една причина, зошто да не бидат поканети и претставници на вонпарламентарните партии. Дотолку повеќе што прашањата поврзани со изборите се однесуваат на сите политички партии како учесници во изборниот процес, заради што треба да се даде можност на партиите, без оглед дали се парламентарни или вонпарламентарни, да дадат свои видувања и идеи за надминување на изборните проблеми. А најповеќе заради тоа што во моментот имаме парламентарни партии кои имаат многу помала политичка тежина од некои вонпарламентарни партии!

ПЛАН ЗА ДЕБЛОКАДА

Со еден збор, прашањето за избори не е прашање само меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и останатите парламентарни партии. Може на средбата Црвенковски - Груевски, или, пак, на средба на претседателите на сите парламентарни партии да се разговара за сите отворени прашања за изборите, дури и да дојде до евентуален договор, но, останува потребата за една средба на сите парламентарни и вонпарламентарни партии. Само политички дијалог во таков состав ќе помогне да се организираат фер и демократски избори за најкратко време.

Како и да е, за нас во Народно движење за Македонија (НДМ) нема дилема. Недозволиво е Република Македонија во очите на демократските држави да се претставува како незрела демократија, која не може да обезбеди учество на сите политички партии на претстојните вонредни парламентарни избори. Затоа, во оваа прилика сакам да презентирам своевиден план за надминување на најавениот бојкот на изборите од страна на СДСМ, доколку, се разбира, на споменатата средба Црвенковски - Груевски во меѓувреме не дојде до договор за излез од политичката криза во која е заглавена земјата повеќе од месец и половина.

Имено, НДМ предлага договор, според кој, телевизиите А1 и Сител за време на предизборната кампања нема да емитуваат изборна пропаганда. Поточно, нивното известување за време на предизборната кампања да се сведе само на корисни информации за граѓаните околу начинот и техниките на гласање. Се разбира, со прифаќањето на овој план, телевизиите А1 и Сител како приватни компании не треба да трпат финансиски последици, бидејќи познато е дека медиумите голем профит остваруваат токму од платената изборна пропаганда за време на предизборната кампања. Затоа, на овие две телевизии мора да им се додели еднократно утврден паричен износ како своевидно обештетување, заради тоа што нема да емитуваат изборна пропаганда за време на предизборната кампања.

За спроведување на овој план потребно е да се формира едно тело со претставници од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, А1, Сител и Советот за радиодифузија, кое ќе ги прецизира сите неопходни детали. Ова тело, меѓудругото, да предвиди и најстрога санкција - одземање на лиценцата за работа на А1 и Сител, доколку го прекршат договорот за неемитување на изборна пропаганда во претстојната предизборна кампања. Дотолку повеќе што Сител и А1 нема да трпат никакви финансиски последици со тоа што петнаесетина дена, колку што трае предизборната кампања, нема да имаат платена изборна пропаганда (законските рокови при вонредни избори се пократки), бидејќи најважното прашање за нив ќе биде решено - финансиски ќе бидат обештетени!

НАМЕСТО ШЕСТ - ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА!

Сметам дека во постоечките околности, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ треба да го сфатат ваквиот план како најдобар можен начин за разрешување на проблемот со неучеството на СДСМ на изборите. Дотолку повеќе што на секој му е јасно дека без А1 телевизија, СДСМ нема што да бара на избори, во услови кога Сител не ја крие својата блискот со власта. Дури, не е претерано ако кажам дека со споменатиот план на НДМ се отстранува и последниот предуслов СДСМ да се врати во Собранието и најпосле да започне процедурата за распишување избори кои нема да бидат бојкотирани од никого.

Со овој план се постигнува посакуваното избалансирано известување во време на предизборната кампања, бидејќи, горе - долу, во моментов имаме речиси рамномерна наклонетост на останатите медиуми спрема власта и опозицијата. Впрочем, во Македонија веќе на секој му е јасна блискоста на одреден медиум со одредена политичка гарнитура.

Останува нејасно само, зошто медиумите сеуште одбиваат и самите отворено да ја декларираат политичката наклонетост кон едниот или другиот политички табор, ако се знае дека токму во демократските земји медиумите јавно го признаваат тоа и воопшто не им пречи фактичката додавка на провладин или опозициски медиум. Впрочем, и македонските известувачи кога информираат од странство за настани што ги слушнале или прочитале во тамошните медиуми, редовно за изворот потенцираат дека станува збор за провладин или за проопозицски медиум!

Секако, за поздравување се и силните најави што деновиве ги слушаме од власта, дека ќе направела се за да се одржеле фер и демократски избори. Па, ете, доколку власта и навистина искрено сака фер избори, нека прифати најмалку две измени на собраниската расправа која ќе започне деновиве за Изборниот законик.

Прво, власта да ги прифати залагањата на повеќе политички партии во земјата, вклучително и НДМ, територијата на Република Македонија да биде една изборна единица. Со тоа ќе се спречи некои партии да бидат изманипулирани со заобиколување на демократското начело - секој глас да има еднаква бројна вредност. Република Македонија како една изборна единица овозможува и поадекватно претставување на македонските гласачи, преку свои претставници во Собранието, што во крајна линија би значело и поголем легитимитет на македонскиот парламент.

Што е најбитно, на овој начин се доаѓа до еднакво вреднување на секој глас во изборниот процес, со што се овозможува најоптимално совпаѓање на процентот на освоени гласови со добиените пратенички мандати. Дотолку повеќе што, според постојниот неправеден изборен модел од шест изборни единици, некоја партија може да освои и околу 40 илјади гласови (во секоја изборна единица по околу 6 до 7 илјади гласови), и пак да остане без пратенички мандат, бидејќи за едно пратеничко место се потребни околу 8 илјади гласови. Доколку пак, Македонија е една изборна единица во која ќе се бројат сите освоени гласови, бројката од добиени 40 илјади гласови може да донесе четири пратенички места!

БУЏЕТСКИ ПАРИ ЗА СИТЕ ПАРТИИ

Второ, во услови кога СДСМ побара рамномерно распоредување на буџетски средства на медиумите за време на предизборната кампања, тогаш, ајде рамномерно да распоредиме буџетски средства и на политичките партии кои учествуваат во изборната кампања. На пример, недозволиво е право на надомест од буџетот да имаат само претставниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, кои на избирачките места на денот на изборите го контролираат изборниот процес. Во Македонија има околу 2.900 избирачи места во кои партиите предлагаат претставници кои го следат изборниот процес.

Меѓутоа, според Изборниот законик, големиот број претставници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во избирачките одбори во споменатите 2.900 избирачки места, на денот на изборите добиваат паричен надоместок (дневница) од Буџетот, а претставниците на другите партии се на финансиски товар на самите партии. Иако, познато е дека на денот на одржувањето на изборите, од започнувањето на изборите во 7 часот наутро, па, се до затворањето на гласачките кутии во 19 часот навечер, на избирачките места се присутни претставници на политичките партии како овластени предлагачи кои извршуваат иста задача - цел ден седат покрај избирачките кутии и го контролираат изборниот процес.

Оттука, мора претставниците на сите политички партии во избирачките одбори да добиваат надоместок од Буџетот, а не само претставниците на владеачката партија и оние на најголемата опозициска партија. На тој начин се надминува дикриминацијата по основ на политичкото уверување и политичката припадност меѓу претставниците на овластените предлагачи во изборните органи.
Впрочем, кога се работи за буџетски пари, мора да важи правилото - или пари за сите, или за ниедна политичка партија, доколку, се разбира, сакаме рамноправен старт на изборите на сите учесници во изборниот процес. Буџетските пари мора да се распоредуваат подеднакво на сите политички субјекти, кои, како учесници на изборите, се еднакви во правата и обврските на политичката сцена. Во никој случај не може да постои ниту најмала можност за нивна дискриминација во поглед на еден од значајните сегменти - правото на еднаков пристап до буџетските средства!
На крај, да ја информирам јавноста дека НДМ подржува распишување на предвремени избори. На потез се СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Ако се искрени и не блефираат, нека го прифатат планот на НДМ и ајде да се соочиме со народот на избори!

Авторот е Претседател на Народно движење за Македонија
19-03-2011, 02:58 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#91

(19-03-2011, 02:58 PM)Solenik Wrote:

Соленик, имаш коментар што и оваа колумна на Јанко Бачев е испечатена во најновиот ФОКУС, еден од “ оперските мегафони “!

19-03-2011, 03:11 PM
Reply
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#92

(19-03-2011, 03:11 PM)hristo Wrote: Соленик, имаш коментар што и оваа колумна на Јанко Бачев е испечатена во најновиот ФОКУС, еден од “ оперските мегафони “!

Коментарот ќе го најдеш е во низата за А1.
19-03-2011, 03:40 PM
Reply
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#93

Инаку ако сакаш коментар за самиот текст, потполно се согласувам со напишаното. Впрочем не гледам тенденциозност ниту спрема ДПМНЕ, ниту СДСМ, а богами (не се шегувам) биту спрема НДМ.
19-03-2011, 04:56 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#94

Не видов дека е прикачено на страницава а го видов на интернет па решив да ги прикачам овие клипови.

(This post was last modified: 24-03-2011, 01:05 AM by Nikola.)
24-03-2011, 01:04 AM
Reply
poprushev Offline
Super Moderator
******

Posts: 157
Joined: Dec 2009
Reputation: -3
#95

24-03-2011, 07:04 AM
Reply
poprushev Offline
Super Moderator
******

Posts: 157
Joined: Dec 2009
Reputation: -3
#96

24-03-2011, 07:05 AM
Reply
poprushev Offline
Super Moderator
******

Posts: 157
Joined: Dec 2009
Reputation: -3
#97

24-03-2011, 07:06 AM
Reply
poprushev Offline
Super Moderator
******

Posts: 157
Joined: Dec 2009
Reputation: -3
#98

24-03-2011, 07:06 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#99

(24-03-2011, 01:04 AM)Nikola Wrote: Не видов дека е прикачено на страницава а го видов на интернет па решив да ги прикачам овие клипови.

Го изгледав интервјуто на Бачев. Прашање кое ми се наметнува каде е Јавниот Обвинител Швргоски.
24-03-2011, 02:30 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17

Quote:Во моментот кога е пишувана оваа колумна во понеделникот на 14 март, сеуште не е одржана најавената лидерска средба помеѓу Бранко Црвенковски и Никола Груевски на која ќе се разговара за отворените прашања во пресрет на претстојните парламентарни избори. Ставот на опозициската СДСМ е јасен - доколку Груевски не ги исполни условите за демократски избори, тогаш опозицијата ќе ги бојкотира изборите. Патем, како знак на добра волја, Црвенковски минатиот петок соопшти дека деблокирањето на сметката на А1 не е предуслов за разговори, туку тоа ќе биде тема на меѓупартиски разговори, а остануваат и на другите претходно соопштени услови.

Како прво со цел да се обезбеди, нормално функционирање на судската власт, како и независноста на истата, неможе судството да е изложено на притисоци од страна на СДСМ,сметката на А1 да биде деблокирана.
Бидејќи А1,сторила криминално дело, ако се направи тоа,тогаш другите криминалци ќе бараат политичка заштита од сторените криминали.
А тоа го говорам поради фактот што на форумот пред едно 6 месеци,имаше снимка каде Велија Рамковски го објаснува сиот негов криминал.

Quote:Имено, НДМ предлага договор, според кој, телевизиите А1 и Сител за време на предизборната кампања нема да емитуваат изборна пропаганда. Поточно, нивното известување за време на предизборната кампања да се сведе само на корисни информации за граѓаните околу начинот и техниките на гласање. Се разбира, со прифаќањето на овој план, телевизиите А1 и Сител како приватни компании не треба да трпат финансиски последици, бидејќи познато е дека медиумите голем профит остваруваат токму од платената изборна пропаганда за време на предизборната кампања. Затоа, на овие две телевизии мора да им се додели еднократно утврден паричен износ како своевидно обештетување, заради тоа што нема да емитуваат изборна пропаганда за време на предизборната кампања.

СТЕЧАЈ ЗА МЕДИУМИТЕ И „НОВИНАРИТЕ“ ВО МАКЕДОНИЈА !

Quote:Прво, точно е дека власта со политички притисок и со селективно гонење на криминалот удира по А1 Телевизија, како најескпонирано и најопасно оружје и на Рамковски и на Црвенковски. Во тоа нема сомнение, исто како што нема сомнение дека А1 ТВ, односно менаџментот на телевизијата, правел криминал врз основа на кршење на повеќе закони од областа на финансисиите и даноците. Истото важи и за весниците регистрирани на „Перо Наков“ бб, Шипц, Време и Коха.

Нема сомневање дека се колатерална жртва со Велија, се А1, иако и тие со години, исто, така ги кршеле законите. Значи, ниту во криминалот има сомневање (иако во неговото докажување се тргна полуподготвено, килаво и процедурално сомнително), ниту пак има сомневање во селективноста на власта, т.е. на деснава банда, во гонењето и расчистувањето со тој криминал, поради добро познати мотиви.

Quote:Потполно е исто со поновиот случај со Утрински Весник. Нема никаков сомнеж околу тоа дека деснава банда го смета за антивмровски и за непријател. Но, исто така, нема никаков сомнеж околу фактот дека тоа е весник со еден од најмалите тиражи во Македонија, дека речиси и нема рекламни клиенти, а се слуша и дека со години прави загуби во компанијата што го издава, кои се мерат со стотици илјади евра годишно. Сето ова значи, дека вистината никогаш не е баш црно- бела и оти има повеќе лица (најмалку две), кои секогаш треба да се истражуваат за да се претендира на нејзе.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
24-03-2011, 03:29 PM
Reply