Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Божјиот Закон за заштита на приватната сопственост и слободата на луѓето
Author Message
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 466
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#1

Божјиот Закон за заштита на приватната сопственост и слободата на луѓето

Божјите закони кој Бог му дал на Мојсеј за Евреите да ги спроведуваат ги регулираат меѓучовечките односи во Еврејското општество . Тука ќе се задржиме на Божјиот Закон за заштита на приватната сопственост и слободата и ќе направиме споредба со Христијанството колку го спроведува и ако не дали спроведувало и спроведува подобар Закон од Божјиот за истата тематика – заштита на приватната сопственост и слободата на луѓето .

Еве го Божјиот Закон кој му бил даден на Мојсеј некој 1300 години пред новата ера ( пред И:Х.) односно пред некој 3300 години од денес .:

Левит 25:

1 И му рече уште Господ на Мојсеја, на планината Синај, велејки:

2 "Јави им на синовите Израилеви и кажи им: кога ке дојдете во земјата, што ви ја давам Јас, земјата што ви ја давам нека ја празнува саботата Господова;
3 шест години засејувај ја нивата своја и шест години режи го лозјето свое и прибирај ги плодовите нивни,
4 а во седмата година е сабота за земјата - нека има одмор земјата; тоа е сабота Господова: не ја сеј нивата своја и не го режи лозјето свое.
5 Она што само ке израсне на нивата твоја, не го жнеј, и грозјето од нережаните лози твои не собирај го: нека биде тоа година за починка на земјата.
6 И за време починката на земјата тоа нека биде храна за сите вас - за теве и за твојот роб, за робинката твоја, за наемникот твој и за придојдениот, населен кај тебе;
7 а добитокот твој и за sверовите што се на земјата твоја, тие плодови нека им бидат храна.
8 И изброј седум саботни години, седумпати по седум, за да ти излезат во седумте седмици четириесет и девет години;
9 и објавете го со трубен глас по целата земја ваша седмиот месец, во десеттиот ден од месецот; во денот на очистувањето затрубете со труба по целата земја ваша;

10 - и осветете ја педесеттата година и објавете СЛОБОДА по земјата за сите жители; тоа да ви биде година на ПРОШТАВАЊЕ ; и секој да се врати во својот имот, и секој да се врати при родот свој.

11 Педесеттата година да ви биде година на проштавање; во таа година не сејте и не жнејте го она што ке израсне само од земјата, и да не го собирате она што Му е свето на Господа,
12 зашто тоа е знак за ОПРОСТУВАЊЕ: свето да ви е тоа - од нивите јадете ги плодовите нивни.
13 Во таа ПРОШТАЛН А година СЕКОЈ нека се врати на ИМОТОТ СВОЈ .
14 Ако си му продал нешто на ближниот свој, или ако си купил нешто од ближниот свој, не оскрбувај го ближниот свој;
15 ти треба да купуваш ОД ближниот свој според бројот на годините по прошталната, и според, бројот на годините на приходот тој треба да ти продава;
16 ако остануваат многу години, зголеми ја цената; ако оставаш за малку години, намали ја цената; според бројот на годините определи ја цената.
17 Не оскрбувај го ближниот свој; бој се од твојот Господ Бог, зашто Јас сум Господ, вашиот Бог.

18 Извршувајте ги заповедите Мои, пазете и ИСПОЛНУВАЈТЕ ги ЗАКОНИТЕ Мои, и спокојно ке живеете на земјата;

19 и земјата ке ги дава своите плодови, и ке јадете до наситка и спокојно ке живеете на неа.
20 Ако кажете: што ке јадеме во седмата година, кога не сме посеале ништо, не сме собрале производи наши,
21 Јас ке испратам благослов Мој во шестата година, и таа ке даде плод за три години;
22 а во осмата година ке сеете, па ке јадете од старите производи до деветтата година; и додека не узреат плодовите нејзини, ке јадете од старото.

23 Земјата НЕ СМЕЕ да се ПРОДАВА ЗАСЕКОГАШ , зашто земјата е Моја; вие сте при Мене придојдени и преселеници;

24 по целата земја на вашите имоти дозволувајте земјата да се откупува.
25 Ако брат ти, кој е кај тебе, осиромаши и го продаде својот имот, тогаш да дојдте неговиот најблизок роднина и нека го откупи продаденото од братот негов.
26 Но, ако нема свој, кој да го откупи, тој самиот ке успее и ке најде колку што треба за откуп;
27 тогаш да ги пресмета годините од продажбата своја и да го врати другото на оној кому му го продал, И ПОВТОРНО ДА ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДЕНИЕТО СВОЕ .
28 Ако, пак, не најде колку што треба, за да врати, продаденото нека остане во рацете на купувачот се‘ до шестата проштална година, а во светата година да стане слободно и повторно да влезе во имотот свој.
29 Ако некој продаде кука за живеење во град ограден, таа може да се откупи се‘ додека не измине годината на продажбата нејзина - во текот на годината таа може да се откупи.
30 Ако, пак, не се откупи додека не измине годината од продажбата нејзина, куката што е во градот, со тврда ограда, засекогаш ке остане во рацете на купувачот и родот негов, и нема да му се врати во прошталната година.
31 А куките по селата, што не се оградени наоколу, треба да се сметаа за ниви; тие секогаш ке можат да се откупуваат, НО ВО ПРОШТАЛНАТА ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРАТАТ.
32 А што се однесува до градовите на левитите, куките во градовите на владението нивно, секогаш можат да ги откупуваат левитите;
33 ако некој од левитите нема средства да откупи, тогаш продадената кука во градот на нивниот имот ке биде вратена во времето на прошталната година, зашто куките во градовите на левитите се нивно владение ме у синовите Израилеви.
34 А селата околу нивните градови НЕ СМЕАТ ДА СЕ ПРОДАВААТ, зашто тие се НИВНО ВЕЧНО ВЛАДЕНИЕ .
35 Ако братот твој осиромаши и изнемогне при тебе, поткрепи го исто така како да е твој придојден или преселеник, та да живее кај тебе.
36 Не земај му НИ ЛИХВА НИ ПЕЧАЛБА , и бој се од твојот Бог; Јас сум Господ; братот твој нека живее при тебе.
37 Не давај му сребро свое СО ИНТЕРЕС, а и храната твоја не давај му ја СО ПЕЧАЛБА .
38 Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ве изведе од Египетската земја за да ви ја дадам земјата Хананска и да бидам ваш Бог.
39 Кога ке осиромаши кај тебе братот твој, и ти се продаде, НЕ ТОВАРИ ГО СО РОПСКА РАБОТА;
40 тој треба да ти биде како наемник, како преселник, нека ти работи до прошталната година,
41 а тогаш нека си отиде од кај тебе, тој самиот и децата негови со него во прошталната година, и нека се врати ме у родот свој и пак да влезе ВО ИМОТОТ НА ТАТКОВЦИТЕ СВОИ
42 бидејки тие се Мои слуги, кои Јас ги изведов од Египетската земја: ТИЕ НЕ СМЕАТ ДА СЕ ПРОДАВААТ КАКО ШТО СЕ ПРОДАВААТ РОБОВИТЕ.
43 Не ТОВАРАЈ ГО со многу работа и бој се од твојот Господ Бог.

44 Ако сакаш да имаш свој роб и своја робинка, купувајте си роб и робинка од народите што се околу вас; од нив да си земате робови и робинки.
45 Исто така и од децата на преселниците, населени ме у вас, можете да купувате; и од нивните роднини во земјата ваша ако ги има, и тие да ви бидат сопственост.
46 Можете да ги предавата во наследство и на синовите ваши по вас како вечен имот; а браката ваши, синовите Израилеви, не обременувајте ги СО МНОГУ РАБОТА.
47 Ако твојот придојден или твојот преселник се збогати, а братот твој пред него осиромаши и му се продаде на придојдениот, населен при тебе, или на некој друг од родот на придојдените,
48 тогаш по продажбата тој може да биде откупен; некој од браката негови треба да го откупи,
49 или братат на неговиот татко, или синот на стрикото негов треба да го откупи, или кој и да било од родот негов во племето, да го откупи, или самиот тој, ако се снајде да се откупи.
50 И да се пресмета со купувачот свој, сметајки од годините, кога се продал, па се‘ до прошталната година, и до го врати среброто за кое се продал според бројот на годините, при што да се пресмета и тоа дека кај него бил и како наемник - според бројот на годините,
51 и ако остануваат уште многу години, тогаш сразмерно на нив да го врати својот откуп во сребро, за кој бил купен;
52 ако, пак, остануваат уште малку години до прошталната година, да пресмета и сразмерно на годините на служењето да плати за својот откуп.
53 Во текот на сите години тој да биде кај него како наемник, но тој не треба да биде преоптоваруван СО РАБОТА пред твоите очи.
54 Ако, пак, не се откупи на тој начин, тогаш во прошталната година ДА ИЗЛЕЗЕ самиот тој и децата негови со него,
55 затоа што синовите Израилеви се Мои слуги; тие се Мои деца, што ги изведов од Египетската земја. Јас сум Господ, вашиот Бог."

Ете тоа е Божјиот Закон .

1 ) Слободата

Прво што е очигледно од самиот закон е дека 1300 год пред новата ера Евреите имале Закон со кој се забранува робовладетелството меѓу Евреите . Ропството било укинато – законски забрането .

Ајде споредба со Христијанството

Почетокот на Христијанството е всушност почеток на Феудализмот = масовното робовладетелство . За разлика од претходниот општествен систем – Робовладетелството кое така се нарекува бидејќи законски било дозволено ПОЕДИНЦИ да имаат статус на робови додека во феудализмот имаме појава на МАСОВНО робовладетелство . Знеме дека во Робовладетството со статус на робови се здобивале луѓе кој неможеле да вратат долгови или се родиле од родители робови . Зголемен број на робови имало само кога се воделе крајно брутални војни или побуни . Но во Робовладетелството 90 проценти биле слободни селани кој плаќале данок но биле слободни , 8 проценти биле слободни работници- занаетчии , наемни работници , 1 процент робови и 1 процент робовладетели . Робовите биле многу скапи и робовладелите ако ништо друго им давале кров над глава и јадење и пиење се грижеле за нив .

За разлика од тоа кај Феудализмот – Христијанството имаме 98 проценти робови од вкупното население и тоа селани , работници итн ,потоа 1 процент слободни свештеници , газди на занаети и 1 процент на робовладетели – аристократи . Во феудализмот-христијанството има 98 проценти робови и два проценти слободни .

Затоа и тогаш луѓето и денес нам ни е јасно зошто Робовладетелството било многу понапредно општество од феудализмот – Христијанството – масовното робовладетелство .Во мрачниот Христијаски –Феудален свет луѓето само можеле да ги сонуваат убавините на Римската империја , Грчката цивилизација , Македонската , Египетската ,Персиската итн.

Феудализам
За целото време на феудализмот во Европа ,христијанската црква била идеолошки столб и бранител на феудализмот, бидејќи како и крупниот феудалец, и кметовите биле заинтересирани за одржувањето на феудалниот општествен поредок, кој црквата го претставувала на своите верници како божја волја и секоја побуна против него го обележувала како најтежок грев (од делата на црковните писатели Кметството е божји дар, Работејќи за владетелот и слушајќи ја службата божја, ние го љубиме Бог). Црквата редовно ги анатемисуваласите антифеудални движења (селски востанија, еретички движења, борбата на граѓаните против феудалците, граѓанската или буржоаска култура и сл.), помагајќи им така на световните феудалци во задушувањето на антифеудалните движења. Најостар вид на класна борба во времето на феудализмот претставувале селските востанија. Нив ги имало многу во сите земји, но поради неорганизираноста на селаните никогаш не успевале.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Феудализам

Не само што Христијаснтвото вовело масовно робовладетелство туку Црката станала најголем робовладетел кој воопшто некогаш постоел во историјата бидејќи била наголем феудалец .Дури и денес е најголем земјопоседници.
Им ја украла земјата на слободните луѓе земјосопственици и ги направила робови .
Значи Божјиот Закон забранува робовладетелство а Христијаството гарантира дека Исус се залагал за уште покрволочен облик на робовладетелство – феудализмот масовно робовладетество .Нели "во името на Исуса Христа кој се жртвуваше за нас"

Ајде да видиме
Нов Завет
Евангелие по Јован 8:

33 Му одговорија: "Ние сме Авраамово потомство и НИКОГАШ НИКОМУ НЕ СМЕ МУ РОБУВАЛЕ. Како велиш Ти: 'Ќе бидете слободни?'"
34 Исус им одговори: "Bистина, вистина, ви велам дека секој што прави грев, роб му е на гревот.
35 А робот не останува дома довека, Синот останува довека.
36 И така, ако Синот ве ослободи, навистина ќе бидете слободни.
37 Знам дека сте Авраамово потомство,

Павле до Коринќаните
1 Коринќаните 7:23 Скапо сте платени! Не станувајте им робови на луѓето!

Е добро бе каде видоа ова Христијаните дека Исус или апостолите барале да се укине Божјиот закон со кој се забранува - укинува робовладетеството ?
Со која одредба каде тоа ?
Каде кој рекол дека тие-Христјанските водачи требада бидат новите робовладтели дури неспоредливо покрволочни од тие во робовладелскиот свет бидејќи вовеле масовно робовладетелство ? Христијанските водачи да бидат робовладетели а верниците да бидат робови .

И зошто Евреите би прифаќале некое ново учење кое е многу полошо за нив .
Да ги споредуваш Божјиот Закон на Ереите и-со Христијанството е како да споредуваш авион со тротинет .

2) Приватната сопственост
Денес Црквата фрла дрвја и камењапо комунистите
Зошто ?
Затоа што токму како и Божјиот закон на луѓето им ја гарантираше приватната сопственост . Ете затоа .
Ниту една банка не смееше да бара хипотека на недвижен имот .
Лихварството и интересот – каматата со која луѓето би ја изгубиле приватната сопственост беа забранети исто како што гарантира и бара и Божјиот Закон .
Никогаш никому на врата не тропнал никаков извршител да му конфискува имот .
Комунистите исцело ја гарантираа приватната сопственост на луѓето точно според одредбите на Божјиот Закон
Лихварството , интересот – камата , хипотеки , коцки , кладби итн со која би се загрозила приватната сопсвеност на луѓето беа забранети во Социјализмот исто како што е пропишано и во Божјиот Закон .

Е тоа им смета на Црквата Христова и нејзината политичка појава – ДемоХристијанството
Сакаат луѓето да се бидат несреќни да бидат злоставувани .
А тоа е веќе чист случај злоба и злонамерност
Се што нуди Црквата Христова е садомазохизам ..изопаченост.


И дали навистина Исус и апостолите барале да се напушти Божјиот Закон и на луѓето да им се краде нивната приватна сопственсот како што тоа го тврдат Црквата Христова и нејзината политичка појава Демохристијанството
Каде тоа го пишува ?
Дајте доказ повикајте се на нов завет да видиме каде е кажано такво нешто.
Точно е дека пишува дека Исус бара да се простува ама бидејќи Божјиот Закон предвидува проштавање на некој 5-6 гдини а потоа враќање на имотот кој во меѓувреме несмее да се препродава тоа значи дека треба побрзо да се врати
А не вака што лаже Христијанството дека жртвите требале да им простуваат на измамниците и криминалците уценувачи за овие уште повеќе да добијат во сила. Исус бара континуирано-перманентно простување ама како подобрување на Божјиот Закон
А не вака како си тера Христијанството дека треба континуирано да им се простува на криминалците за овие да ги злоставуваат и крадат луѓето цело време. Па тоа е изпаченост садомазохизам .

Христијанството е против Божјиот Закон бидејќи секогаш имало и ќе има злобни криминални крајно нечесни намери кон луѓето како што од секогаш имало .

Христијанството во сите негови варијанти било како религии или како вери никогаш ниту можело ниту може да се мери - споредува со Божјиот Закон во било кој дел .

Божјата ПРАВЕДНОСТ изразена преку Закон неможе никако да се споредува со злобата и злонамерноста на Црквата Христова (во сите нејзини варијанти кој постојат )
(This post was last modified: 24-03-2012, 08:26 AM by Flok.)
24-03-2012, 08:23 AM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 466
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#2


3) Правата на работниот народ

Меѓу другите права кој Божјиот закон ги дава е и тоа дека еден ден во неделата е ден за одмор
Ова право на Евреите Божјиот Закон им го дал уште пред 33 века (1300 год пред новата ера – пред И.Х )
Христијанството ова право го негирало и го негира .
Интерсно е дека дури со појаата на идеологиите и синдикатите во 20 век со многу тепачки и крвопролевања работниците се избориле за вакво право ..еден ден во неделата да им биде ден за одмор .
После падот на Социјализмот и идеологиите ова право работниците го изгубија во цел свет па така денес немаат вакво право .

Еве го правото кое Божјиот Закон го дал :

Стар Завет

Излез 20:10 а седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог; тогаш немој да вршиш никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни керката твоја, ни слугата твој, ни слугинката твоја, ни волот твој, ни ослето твое, ниту придојдениот, кој се нао а кај тебе.

Излез 31:14 Пазете ја, пак, саботата, оти таа е света за Господа и за вас. Кој ке ја оскверни, да се погуби; бидејки секој, кој ке врши некаква работа во тој ден, таа душа нека се истреби од народот свој.

Излез 31:15 Шест дена нека се работи; а седмиот ден е сабота, ОДМОР, свет на Господа; секој, кој ке работи во саботен ден, нека се предаде на смрт.

НО
А Христијанството ваквото право го негирало и негира повикувајќи се на Новиот Завет кога Исус лекувал и во сабота кој ден бил одреден како неработен ден за одмор .
Еве го тоа :

Нов Завет

Лука 13:14 А настојникот на синагогата Му забележа дека Исус исцели во сабота, па му рече на народот: "Има шест дена кога треба да се работи! Bо тие денови доаѓајте и лекувајте се! А не во саботен ден!"

Лука 13:15 Но Господ му одговори, велејќи: "Лицемери! Дали секој од вас не го одврзува својот вол или магаре од јаслите во сабота и не го води ли да го напои?

Лука 14:3 Исус проговори и им рече на закониците и фарисеите: "Дали е дозволено или не е да се лекува во сабота?

Ете тоа е кажувањето од кое Христијанството извлекува злонамерен заклучок и ги лаже луѓето дека Исус го укинал ова право .
Арно ама ако се види споредбата јасно е дека луѓето неможат стоката да ја остават да гладува и да биде жедна во денот за одмор а од друга страна Исус точно е дека лекувал што и е работа арно ама како што пишува никогаш не наплатувал за својата работа нит барал пари ниту имал тарифа за наплата на таквата работа. Можел да остави кој колку сака да даде по своја волја .Болеста кај луѓето е болест , болката е болка та била сабота – ден за одмор или не секој сака да биде излечен што поскоро .

4) Право надоместок за работа

Левит 19:13 Не навредувај го ближниот свој. Наградата на наемникот твој не смее да остане кај тебе до утредента.


5) Казни за неспроведување - непочитување на правата на Законот :

Казна за непочитување на денот за одмор како што видовме е смртна казна

Казна за робовладетлство :

Второзаконие 24:

7 Ако биде фатен некој дека украл некого од браката свои, од синовите Израилеви, И ГО ЗАРОБИЛ И ГО ПРОДАЛ , таквиот ЗЛОЧИНЕЦ да биде предаден на СМРТ: ТАКА ИСТРЕБУВАЈТЕ ГО ЗЛОТО од самите себе.

Казната за робовладетлство – за непочитување на божјиот закон за слободата на луѓето е СМРТ
Сосема праведна казна мора да се признае .
А ете Христијанството било најголемиот робовладетел што воопшто некогаш постоел во историјата .Ниту еден робовладетел во Античките –робовладетелски општества немал толкав број на робови како што ги имало Христијанството .Севкупниот број на робови од Антиичкиот робовладетлески свет за цело време во сите страни од светот не е ниту 1 процент од вкупниот број на робови во Христијанството – феудализмот –масовното робовладетелство Воппшто Христијанството е најголемиот робовладетел на сите времиња .


6)
Сума Сумарум :
И во Античкиот свет владетелите владееле не само по своја волја туку носеле и Закони
Па така си постоело и Римско право
Заедничко за сите нив е тоа што тие ‘‘права“ – закони фаворизирале само една повластена елита – врхушка а сите други ги обесправувале – им ускратувале било какви права и правда а само им наложувале обврски . Единствен исклучок од тоа време кој дава еднакви права за сите луѓе е Божјиот Закон кој преку Мојсеј им бил даден на Евреите .

Е Христијанството гарантира дека сето тоа е грешка дека луѓето несмеат да имаат исти права туку едни (меѓу кој самите тие - христијанските водачи ) да бидат над законот – фаворизирани а сите други да бидат обесправени .
Па евреите навистина би биле луди ако се откажат од законот кој им нуди права (уште пред 33 века) а некој од тие права луѓето ги немаат ниту денес во 21 век .
И еден таков Закон да заменат со што ? Со христијанство – масовно робовладетелство ?
Ако Исус барал еден таков Закон да се замени со Христијанство тогаше Евреите биле апсолутно во право што барале смртна казна за него според Законот бидејќи се залагал за нечовечност нехуманост за робовладетелство .Во таков случај и Римјаните што го ликвидирале може да земеме дека биле големи праведници слободољубци оти ги спасувале ги бранеле слободните луѓе кој биле 98 проценти од населението од Христијанството кое се залагало а ете после 3 века и ја реализирало својата мрачна злобна намера за масовно робовладетелство - тотално обесправување на огромен број луѓе .

Стар Завет

Второзаконие 4

5 Ете, ви ги изнесов наредбите и законите, кои ми ги предаде Господ, Бог мој, за да постапувате така во замјата, во која влегувате, за да ја наследите.
6 И така, пазете ги и исполнувајте ги, зашто во тоа е вашата мудрост и вашиот разум пред очите на сите народи, кои, откако ке ги чујат сите тие наредби, ке речат: овој голем народ е мудар и разумен народ.

8 - И ИМА ЛИ некој голем народ СО ТАКВИ ПРАВЕДНИ НАРЕДБИ И ЗАКОНИ , КАКО ЦЕЛИОТ ОВОЈ ЗАКОН , што ви го предавам денес?

14 Тогаш Господ ми заповеда да ве научам на наредбите и законите, за да ги исполнувате во земјата во која влегувате, да ја наследите.
45 тоа се заповедите, наредбите и законите, кои Мојсеј им ги кажа на синовите Израилеви во пустината ОТКАКО БЕА ИЗЛЕГЛЕ од Египет,


Излегле од Египет 1300 год пред нова ера

25-03-2012, 08:55 PM
Reply