Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Брз курс за „непросветлениот“ Фрчкоски
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ТРИ ПРИМЕРИ ЗА „ПАКУВАЊАТА“ НА УДБ-а!



Да се тврди дека УДБ-а не „пакувала“ случаи по самостојноста на Македонија е срамота и греота кон македонскиот граѓанин. Кон секој граѓанин, а особено кон сите оние стотици кои, како и мене, ги искусиле „пакувања“ на своја кожа, поради што некои од нив, како и јас, мораа чарето да си го бараат во емиграција. Во текстов-реакција, ќе се обидам преку три примери да му појаснам на читателот низ примери како работела „службата“ и како безочно во спротивното ги лаже човек кој е професор, кандидат за претседател на држава, поранешен министер, колумнист, „експерт“ за сѐ и сешто, меѓу другото и за човекови права.

пишува Јордан Петровски

Кога искусен и возрасен човек ќе прочита текст, како овој на творецот на македонскиот Устав Љ.Д.Ф., ќе се посомнева дека и точките и запирките во текстот се лага. Толку лага, толку потценување на интелектот на граѓаните на Македонија нема да си дозволи ни преварант на „три шибице" од Камениот мост. Во мојов текст ќе се задржам само на тврдењето дека немало „пакување,“ според напишаното во „Репресијата и ДПМНЕ.“

Пример прв

Дали случајот „СИНА ПТИЦА“ не е пакување? Главен актер е Маноил Јаковлевски, за кого „пакувачите“ од УДБ-а велат:



„...се потврдени сознанијата дека се поврзал со екстремното и милитантното крило на оваа партија [ВМРО ДПМНЕ, м.з.] кое заговара насилно и оружено загрозување на поредокот на Република Македонија загарантиран со Уставот. За таа цел веќе превзема активности за испитување на можности за нелегално купување оружје во странство и негово нелегално внесување во Републикава. …

[Image: predlog-za-sledenje-1-1-1-1.jpg]

[Image: predlog-za-sledenje-2-1-1-1.jpg]

„...За таа цел претседателот на ‘Задграничниот комитет’ Мане Јаковлески од Берлин и секретарот Ристо Паргов од Брисел во неколку наврати престојувале во Бугарија каде воделе преговори со претставници на бугарската армија, за што со одредени потврдени сознанија располага и СДБ.“ (Предлог за следење на М.Ј. од страна на Втората управа во СДБ при МВР, поднесен од Началникот Добри Величковски на 2.12.1991, одобрен истиот ден од Потсекретарот Слободан Богоески)

[Image: sina-ptica-2.jpg]

Мане Јаковлевски, како што знае целата македонска јавност воопшто не е суден, ниту осуден, а сознанијата „се потвредни“!? Не станува збор за ништо друго, туку за успешен обид да се „спакува“ дека ВМРО ДПМНЕ е терористичка и пробугарска партија. „Нашиот“ Маноил, по „пакувањето“ е награден и од УДБ-а и од Георгиевски и од Груевски!

Пример втор

Во средината на деведесетите од Народна Банка на Македонија против Драган Далаверски е покрената Кривична пријава за затајување на 200 илади германски марки. На 22. јуни 1995. год. било поднесено барање за покренување на Истражна судска постапка кај судијата при Основен суд во Куманово, Светислав Трајковски. Во текот на наредните три години, четири пати е закажуван претрес на кој Даравелски воопшто не се појавил, бидејќи не бил пронајден за да му се врачена судската покана. Улогата на Даравелски во моето следење, економско уништување и во наметнувањето на криминоген имиџ на владата на Георгиевски, а што го дознав откако си го земав моето досие, по сѐ изгледа се причините за „неможноста“ да биде пронајден и да му ја врачат поканата за појавување пред суд. Но, затоа Ице „Поштарот“ брзо го пронајдоа...

[Image: 200iljadimarki.jpg]

Кога дојде на власт ВМРО ДПМНЕ во 1998. год. за ова разговарав и со Љубчо Георгиевски, за што впрочем веќе сум дал изјава во јавноста:



„Во исто време, на Георгиевски повторно му посочив на судбината на судскиот спор кој Народна Банка на Македонија, веќе неколку години безуспешно го води против Даравелски поради неисплатени обврски кон НБМ во износ од 200.000 ДМ. Кој може да објасни како и зошто, експонирани членови на ВМРО ДПМНЕ (татко и син) уживаат таква благонаклоност од страна на СДСМ, кога се знаеше како таа власт се однесуваше кон идеолошките неистомисленици!?“


Од понатамошниот развој на настаните во годините потоа, јасно му е на секој што ќе го чита овој текст, како реагирал Георгиевски и луѓето околу него во врска со случајот со Даравелски. И тука, без сомневање, станува збор за „пакување“ и тоа успешно, наменето за криминализација и УДБОИЗАЦИЈА на врвот партијата. Далаверски беше награден и од УДБ-а и од Георгиевски!!



Пример трет, во неколку „слики“


Следниот пример ќе објасни и едно неуспешно, но без сомнение „пакување“ со многу труд од страна на УДБ-а, а го пишувам врз основа на извадоци од моето досие:



Слика прва: 23.10.1996. год.:



„Иако беа превземени мерки и активности, не беа во целост потврдени сознанијата и податоците поради кои [Јордан Петровски, м.з.] беше заведен ... поради што предлагаме истиот да се дерегистрира од ПО, бидејќи нема основ за понатамошен оперативен третман.“ (СБ#1049/96 „Предлог за дерегистрирање“)

[Image: scan0506_1.jpg]

„РЕШЕНИЕ

за ДЕРЕГИСТРИРАЊЕ ... за лицето ПЕТРОВСКИ Душан ЈОРДАН ...

Лицето се води под псевдоним ‘ЦРНИ’

О б р а з л о ж е н и е



Од податоците и образложението од поднесениот Предлог .... се констатира дека повеќе не постојат причини за понатамошно водење на ПО, заради што е

одлучено како во диспозитивот.“ („Решение за дерегистрирање“)


[Image: scan0186.jpg]

Слика втора:23.12.1996 година

„Информативен разговор во кој зеде учество и главниот инспектор џџџџџџџџџџџџџџџџџ е обавен на наша иницијатива, а имаше за цел согледуввање на однос и држање на Петровски према нас... [НЕЛИ СУМ ДЕРЕГИСТРИРАН!?] како и извесна компромитација пред неговите пријатели и истомисленици кои, редовно навраѓаат во ресторанот.



Во врска со спорот со фирмата ‘Фирма’ по наша иницијатива, Петровски прифати да побара помош и од бугарската амбасада...“ (СБ#1254/96)





Во тоа време ме заинтересира што е играта т.е. што стои зад ненадејната и неочекувана грижа на УДБ-а за финасиското здравје на моето претпријатие. Проценив дека во играта само можам да настрадам јас, а јас, а веќе немав што повеќе материјално да изгубам. УДБ-а тоа веќе претходно го одработи, нејзини луѓе ми зедоа сѐ, за што докази повторно има во моето досије во врска со мојот бизнис партнер: „[Тој, м.з.] е наша пријателска врска од порано ... зел роба во вреднсот од 1,5 милиони марки и не им дал пари.“



Затоа прифатив да го направам следниот чекор. Тоа се одигра кога инспекторот Кузман Јовановски, со возило кое тој го возеше со цивилни таблички ме одвезе во бугарската Амбасада, на состанок кој јас го договорив претходно, благодарејќи на убавите впечатоци кои ги понел тогашниот Амбасадор Димитров од мојот ресторан. Бугарскиот амбасадор Димитров неколку месеци пред тоа беше гостин во мојот ресторант, не мој, туку го доведоа луѓе од кумановскиот театар, после театарската представа „Црнила“. Откако се запознавме му објаснив на господинот Димитров дека имам побарувања од фирма од Бугарија и дека водам легален судски спор. Притоа го прашав дали можам да очекувам помош од амбсадата—оти тоа беше задачата која ми ја постави УДБ-а, да барам помош од Амбасадорот во цивилната парница со моите должници. Амбасадорот беше многу јасен, таква можност не постои. Единствено може да го замоли економското аташе да провери до каде е спорот и зошто е закочена судската постапка. За да го стори тоа ќе треба да му го дадам бројот на предметот.



Му го пренесов разговорот на инспекторот Кузман Јовановски по патот за Куманово, со заклучок дека нема никакви шанси да ми се помогне. Јовановски беше упорен на Амбасадорот да му ги дадам бараните податоци. Тоа ми беше премногу нелогично и сомнително. Утредента се јавив на должникот од Бугарија. Се случи чудо, човекот одговори на мојот телефонски повик, иако дотогаш, кога и да се јавев него го „немаше“. Го прашав дали има шанси да го прекинеме спорот и да ми го плати долгот. Уште едно чудо доживеав—рече дека ќе ми даде дел од парите. Веднаш прашав каде, за да појдам таму: дали да се сретнеме на граница или тој ќе дојде во Куманово. Одговорот беше најголемото чудо. Ќе ми ги дал парите преку „нивното посолство“. Сѐ ми стана јасно. Заклучив дека не сум веќе загрозен само јас и затоа играта мораше да ја прекинам.



Слика трета: 28.10.1997. год.:



„..Разговорот е обавен по наша иницијатива, а имаше за цел добивање безбедносно интересни сознанија и податоци од евентуално реализираните задачи кои му беа поставени на последниот контакт одржан на 03.09.1997 година ... а кои му беа исто така поставувани и од негова страна прифатени на контактот остварен на 19.12.1996 година...


Оперативен коментар: Ваквото двојно однесување на Петровски е сомнително. Истиот на неколку наврати ветува дека ќе ги реализира договорените задачи, кои одат во негов прилог, но и во прилог на ДБК, а пак воопшто не е направен обид за нивно реализирање.“ (СБ#1119/97)



„Пакувањето“ не им успеа



На дента на исплатата, јас ќе отидев во амбасадата на Бугарија во Скопје со возачи на ДБК, ќе ги земев парите, а штом ќе излезев надвор, истите тие од ДБК што ме возеле до амбасадата, ќе ме уапсеа со куферче полно пари. И ете, крунски доказ дека државата Бугарија го финансира ВМРО ДПМНЕ! Замислете ја веста што ќе се вртеше по медиумите: „Јордан Петровски, познат финансиер на ВМРО ДПМНЕ, фатен со куферче полно пари како излегува од бугарската Амбасада!“



ДБК со мене подготвуваше многу јасна, провидна местенка. На ВМРО ДПМНЕ, кусо време пред изборите од 1998. год., ќе му се залепеше етикетата дека е пробугарска партија. Истовремено, ќе имаше и оправдување за дотогашното мое следење од страна на ДБК, божем ете, јас навистина сум бил бугарски човек. Затворен случај. И јас ќе станев јунак како Мане.



Слика трета: 03.06.1998 година



ПРИЗНАНИЕТО НА ОБИДОТ НА МЕСТЕНКАТА



На моето сведочење во текстот Полиција и Политика во неделникот Денес Инспекторот Јовановски одговара во Службена белешка дека сум:



„…западнал во моментална финансиска криза која беше искористена како посебен момент за обавување и прифаќање на разговор од истиот. ... Во врска со неговиот спор со фирмата ‘Фрима’ по наша иницијатива Петровски прифати да побара помош и од бугарската амбасада во Скопје.“


[Image: scan0325.jpg]

[Image: scan0507.jpg]


Цената што не прифатив ја знам и таа ја платив. Морав со сопругата на 50 години да барам азил и да почнав буквално од нула нов живот, да им го одземам детството и младоста на синовите. Конечната цена кој ќе ја плати? Дали пак јас што се дрзнав да покренам Кривична пријава или Груевски, Јанкуловска & Cо., кои лажат па сушат дека ќе спроведат лустација. Во лагата Шутка со сѐ кумановски Средорек и Бараке, не можат вода да им носат. „Сумата“ ќе биде многу голема. Судам по стравот кој го имаат: дури до Канада пратија, нивни „Оперативен работник“ со тапија и „педигре“ да ги организира „пријателските врски“ и „позитивните граѓани.“ Другарите од Обвинителството, Судскиот Совет, Основниот Суд СКОПЈЕ 1 се глупираат во одолговлекувањето на процесот. Да ти е жал кога гледаш колку ниско може да падне човек за да купат ден и предметот да застаре. А немаат уште многу; им требаат само уште пет години, пет поминаа, успеаа да не сторат ништо.



Што ќе беше со мене да прифатев да го „спакувам“ доказот дека ВМРО ДПМНЕ се финасира од Бугарија. Мислам дека денеска ќе бев во Македонија, ќе бев близу до Груевски, ќе бев член на неколку управни одбори и по сѐ еден од ОСНОВАЧИТЕ НА ПАРТИЈАТА. Можеби Фрчко ќе ме канеше и на свадба каде што ќе седев до сеста Достиќ, Путин и Сталин душа да ѝ простат.


***

Еве наведов три детални случаи на „пакување“ од времето на Љ.Д.Ф., кој денес се чуди од каде научиле овие од ДПМНЕ така сурово да репресираат. Доказите покажуваат токму кон него—затоа и таква поддршка ужива истиот од ДПМНЕвциве на Груевски.












(This post was last modified: 19-03-2012, 12:19 AM by ЈорданПетровски.)
19-03-2012, 12:17 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2


Quote:Објавено: пред 12 часа

FRCKO:
1. vo dekemvri 1991 godina, koga e izdaden predlogot za sledenje, minister e Jordan Mijalkov;
2. Koga se obidle da go "namestat" (noemvri 1996), minister e Tomislav Cokrevski;

Kakva vrska ima Frckoski so ovaa rabota?



Со обидов да одговорам на овој читател но администраторот не го пушта коментарот:



Quote:За Фрчковски:

Министерувањето на Јордан Мијалков завршува на 19 декември 1991 година, тогаш загина во сообраќајка. Значи Фрчковски од Мане прави соработник, Фрчковски не покренува кривична пријава.


...За таа цел претседателот на ‘Задграничниот комитет’ Мане Јаковлески од Берлин и секретарот Ристо Паргов од Брисел во неколку наврати престојувале во Бугарија каде воделе преговори со претставници на бугарската армија, за што со одредени потврдени сознанија располага и СДБ.“ (Предлог за следење на М.Ј. од страна на Втората управа во СДБ при МВР, поднесен од Началникот Добри Величковски на 2.12.1991, одобрен истиот ден од Потсекретарот Слободан Богоески)

Досието ЦРНИ е отворено со цел да се добие соработник. Докази колку се сака, но ке наведам само еден. По Уставот на Р. М и по Уредбата 10/92 кои ги донел самиот Фрчковски стои следното: Предходна Обработлка може да трае најмногу 12 месеци, по тоа се следи едно од трите ЗАКОНСКИТЕ решениа, значи во мај 1994 година Фрчковски требал да постапи вака:
1. ако се докажани идициите се отвора Оперативна Обработка
2. се поднесува кривична пријава
3. ако не се докажани индициите се прекинува следењето



Судскиот процес кој е поведен 2007 година а кој го опструира владата на Груевски ке го покажеше/покаже тоа.

пс. неможам да ве разберам, го објавивте текстот а коментарот кои појаcнува битна работа не го објавувате. Зошто ???
(This post was last modified: 19-03-2012, 11:08 PM by ЈорданПетровски.)
19-03-2012, 11:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3


Quote:Објавено: пред 6 часа

Cvetko:

Ovoj Jordan so drugar Martin Trenevski i so drugar Cvetin Cilimanov pri kabinet na Ivanov ,se razbira deka moraat nesto da pakuvaat taka prizemno Udbaski.
Cvetin glavniot proteze na Jordan uste od vremeto na dnevniot vesnik ,zaboravil da pravi hronologija na nastani.Dali Jordan bil ili nebil sorabotnik,pa toj sam eve ovde jasno pisuva ,deka sorabotuval.


Мојот коментар е објавен:


Quote:Објавено: 19.03.2012 16:37

Jordan :

За Фрчковски:

Министерувањето на Јордан Мијалков завршува на 19 декември 1991 година, тогаш загина во сообраќајка. Значи Фпчковски од Мане прави соработник, Фрчковски не покренува кривична пријава.


...За таа цел претседателот на ‘Задграничниот комитет’ Мане Јаковлески од Берлин и секретарот Ристо Паргов од Брисел во неколку наврати престојувале во Бугарија каде воделе преговори со претставници на бугарската армија, за што со одредени потврдени сознанија располага и СДБ.“ (Предлог за следење на М.Ј. од страна на Втората управа во СДБ при МВР, поднесен од Началникот Добри Величковски на 2.12.1991, одобрен истиот ден од Потсекретарот Слободан Богоески)

Досието ЦРНИ е отворено со цел да се добие соработник. Докази колку се сака, но ке наведам само еден. По Уставот на Р. М и по Уредбата 10/92 кои ги донел самиот Фрчковски сто следното: Предходна Обработлка може да трае најмногу 12 месеци по тоа се следи едно од трите ЗАКОНСКИТЕ решениа, значи во мај 1994 година Фрчковски требал да постапи вака:
1. ако се докажани идициите се отвора Оперативна Обработка
2. се поднесува кривична пријава
3. ако не се докажани индициите се прекинува следењето



Судскиот процес кој е поведен 2007 година а кој го опструира владата на Груевски ке го покажеше/покаже тоа.

пс. неможам да ве разберам, го објавивте текстот а коментарот кои појанува битна работа не го објавувате. Зошто ???

20-03-2012, 07:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

(20-03-2012, 07:16 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Објавено: пред 6 часа

Cvetko:

Ovoj Jordan so drugar Martin Trenevski i so drugar Cvetin Cilimanov pri kabinet na Ivanov ,se razbira deka moraat nesto da pakuvaat taka prizemno Udbaski.
Cvetin glavniot proteze na Jordan uste od vremeto na dnevniot vesnik ,zaboravil da pravi hronologija na nastani.Dali Jordan bil ili nebil sorabotnik,pa toj sam eve ovde jasno pisuva ,deka sorabotuval.



Quote:Објавено: пред 54 минути

Jordan:

Цветко ке биде убаво да се представиш со вистинско име и презиме за да знам што ти e причината за манипулацијата. Јас сум напишал многу јасно до каде сум "соработувал" и зошто:

"Ме заинтересира што е играта, што стои зад ненадејната и неочекувана грижа на УДБа. Проценив дека во играта само можам да настрадам јас, а јас немав веќе што да изгубам. УДБа тоа веќе го одработи, нејзини луѓе ми зедоа сé ..."

Но не ке е на одмет Цветко, да го прочиташ и ова:


"Со новата доктрина УДБа прогонот не го прави за да на "Предмет на Обработка" му ги докаже наводните индиции кои формално послужиле како покритие за отворање на досието, и конечно да го уапси и осуди Осомничениот. Тоа УДБа не го прави од неспособност или од не знаење, туку заради тоа што целта на системот на работа е да се здобие со нов кодош - при што од секој „противник“ сака да направи "свој" човек, СОРАБОТНИК. Во 1996 станувам „ДЕРЕГИСТРИРАН“, под причина: „Иако беа превземени мерки и активности не беа во целост потврдени сознанијата и податоците поради кој беше заведен ... поради што предлагаме истиот да се дерегистрира од ПО, бидејќи нема основ за понатамошен оперативен третман.“
Од изјавата за „ДЕРЕГИСТРАЦИЈА“ се подразбира дека веќе нема да има следење, нема сослушувања, нема прислушкувања, но не е така. Оттука почнува главната операција која ви го одредува животот. Ако станете соработник ќе немате проблеми во бизнисот, кариерата, ситните и крупните прекршоци, кражби па и убиства. Ако одбиете, инспекторот Кузман вака ми објасни: „со ова (моето обзнанување во неделникот „ДЕНЕС“ на обидот на УДБа да обезбеди доказ дека ВМРО ДПМНЕ се финансира од Бугарија) си ставил печат и на твоите деца“.
Тука, во постдерегистрациските постапки на УДБа е најголемиот злостор. УДБа вака го објаснува повикувањето на сослушување после дерегистрацијата: „западнал во моментална финансиска криза која беше искористена како посебен момент за обавување и прифаќање на разговор од истиот.“ На разговорот инспекторите пројавија интерес за мое побарување од фирма од Бугарија кое датираше од 1993 година. Ми дадоа и „совет“: „Во врска со неговиот спор со фирмата **** по наша иницијатива Петровски прифати да побара помош и од бугарската амбасада во Скопје“. Ме заинтересира што е играта, што стои зад ненадејната и неочекувана грижа на УДБа. Проценив дека во играта само можам да настрадам јас, а јас немав веќе што да изгубам. УДБа тоа веќе го одработи, нејзини луѓе ми зедоа сé: „...е наша пријателска врска од порано...зел роба во вреднсот од 1,5 милиони марки и не им дал пари“. Затоа прифатив да го направам следниот чекор."


Онаа најважното Цветко, обидот за местенката на УДБа, сум го објавил во текстот под наслов "Полиција и Политика" во неделникот ДЕНЕС на 28.05.1998 година. Еве линк до трекстот се разбира ако не му пречи на администраторот да го обајави:


http://www.forum.kotle.ca/showthread.php?tid=1825

20-03-2012, 08:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

(25-03-2012, 10:27 PM)ЈорданПетровски Wrote: РЕПРЕСИЈАТА И ДПМНЕ


Колумна на Љубомир Данаилов Фрчковски

Има две зачудувачки појави кои не ме оставаат раат сиве овие години на владеење на ДПМНЕ!
Едната е фрапантниот број млади потрошени деца кои ги запали, драматично оштети оваа партија, со начинот на нејзиното владеење и регрутација. Млади деца-борци (како од африканските граѓански војни), која оваа елита или што и да е од таа партија ги ‘‘окрвави‘‘ со репресија и кршење на рбетот и ги фрли на улица да талкаат: недоучени, недоваспитани, демократски ивалиди, оштетени на самиот почеток на своите кариери со доза на латална смеша од: репресија, послушност, затапеност и ничкосување глава под ‘‘партиските каузи и лидеро‘‘. Од тој човечки материјал никогаш повеке ‘‘керпич‘‘ нема да биде. Истовремено, а можеби демонската идеја на планот е токму тука - тој уништен, млад посев нема друга алтернатива освен да се држи до партијата која го оштетила, бидејки само таму и под нејзините закони некако вирее и има некаква перспектива. Оштетено младо мноштво ни остава ДПМНЕ во наследство. Наместо да го образува и учи на либерални вредности на човековите права, за солидарност и демократија, за моралност на борба, исправеност и храброст на сочелување со неправдата–го здрви со ископлексираност на жртва дребност која проецира квази големина во антиквизацијата, во поистоветување кое слабите го прават со воините, во ‘‘врескаво македонче‘‘ кое мора да мрази за да постои! ДПМНЕ го дефинира научно етичкиот хоризонт на своите млади од Паљурци до Табановце, со светилник во Белград и кафичот кај Ноле !
Овој факт ме растажува и вознемирува истовремено!

Втората појава, всушност единствената црвена линија на владеењето на ДПМНЕ во периодот за кој зборувам, е РЕПРЕСИЈАТА.
Репресијата насекаде: во казнената политика на сите предложени закони (корбач за Македонците, само тоа тие го разбираат - е легалистички цинизам на ДПМНЕ и секој диктатор кон народот); во односот кон медиумите; во односост кон затворите и притворот; во односот кон политичките противници; во однос кон своите ренегати; во односот кон универзитетот и професорите; во односот кон судиите; во односот кон здравството и лекарите; во однос кон бизнисмените или тие што така се нарекуваат; во однос кон вработените во администацијата и нивните семејства и т.н.
Нивните медиски слуги се обидуваат често таа огромна репресија која задушува во општеството по 20 години изградба на демократија да ја релативизираат со компарација со некои примериод почетоците на независноста (како што се обиде едно гнасиче од уредниче деновиве). Но споредбата е невозможна, разликата е огромна.
Вообичаено може да се има некаква толеранција кон нервозата која владеела во новонастанатите држави од распадот на СФРЈ и начинот на кој реагирале полициските и воени органи – земајки ја во предвид несигурноста стравот и неизвесноста за расплетите кои демнеле врз новонастанатите држави, но дури тоа и такво време и инциденти неможе да се споредат (во случајот на Македонија) со систематската репресија која денес се одвива во државава.
Никогаш во Македонија никој од опозицијата и политичките противници не бил вака прогонуван, пакуван со наместени случаеви и затваран, за да биде неутрализиран или да му се свети!
Никогаш во Македонија судството не било така понижено, исплашено, пердашено и сменувано ,малтретирано и уништено како сега под ДПМНЕ.
Никогаш јавниот обвинител не бил толку напикан во дупка и користен како ‘‘маша‘‘ како денес .
Никогаш до сега со сите афери набројани и пребројани по двапати – не се користел и злоупотребувал затворот и притворот како денес за освета и повторно како во тешките денови на комунизмот за затвараме ПОЛИТИЧКИ ПРОТИВНИЦИ во местени судски и полициски случаеви .
Никогаш до сега бизнисот и бизнисмените не биле такви КЕТМАНИ едно мислат друго зборат трето прават, исплашени, рекетирани замолчани понижени.
Никогаш во Македонија не се заканувалесо губење на работноместо (како во комунизмот за време на т.н.диференцијација) на политичките противници со законот за Лустрација;
Никогаш во Македонија не се прекршил Уставот толку многу пати тенденциозно и намерно и не се почитувал Уставниот суд ,со презир својствен на гола моќ.
Никогаш до сега не се упропастила, партизирајки ја државната администарција, како денес .
Со еден збор никогаш во Македонија СЛОБОДАТА не била вака системски загрозена како сега и никогаш не се употребувала така груба, отворена репресија како сега.
Никогаш никој не си диозволил личните освети да ги матерјализира преку полицијата во наместени случаеви на елиминации на политички противници иако спротиставените дебати биле жестоки. Она гнасиче од уредник кој го споменав, ја споменува аферата ‘‘сина птица‘‘ за компарација. Па таа афера е лирска оперетка со взаемни љубовни изјави во споредба со начинот на кој го спакуваа и му се осветија на Љубе. Таа од денешен аспект треба да се преименува во афера ‘‘сина птичка синоличка‘‘, морону еден !

Дали овој процес може да се поправи ,дали е реверзибилен? Или ке остави трајни оштетувања врз и не така длабокото демократско искуство на Македонецот? И уште пострашно прашање за нас Македонците: кој тоа нас Ни го прави? Како со В.Михајлов: самите на себе, до коска, до дебилизирање!

Пишува : Љубомир Д. Фрчкоски



На оваа колумна се овие одговори;


Оние кои можат—прават; оние кои не можат—репресираат!


ТРИ ПРИМЕРИ ЗА „ПАКУВАЊАТА“ НА УДБ-а!
25-03-2012, 10:36 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#6

Може ли некој да ја постира најновата колумна на Фрчолина? Имам чувство дека е бисер.
20-04-2012, 01:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Дали колумнава е најава, подготвување на теренот за себепромовирање во жртвен јарец на ПРОЧИСТУВАЊЕТО ?????????


Quote:ЖРТВЕН ЈАРЕЦ
(колумна)

Културата на жртвен јарец (scapegoating), според влијателната кнога на Том Даглас, Жртвени јарци – трансферирање на вината, е културен инстикт на човекот кој живее во општествена заедница! Таа се покажува како една од најуниверзалните форми на индивидуално и групно однесување. Моќно функционира кај попримитивните, колективистички општесва, но се наоѓа и кај оние развиените - во делот на трансферирање на вината за несреките и кризите кон објект на жртва-виновник, најчесто потполно невин.
Правењето жртвени јарци во колективистичката ритуалност го обединува несигурното граѓанство со повикување на општа закана (борба против исламскиот радикализам или барањето на Б.Ц. за четригодишен мандат после ‘‘криминалната‘‘ приватизација и сл.). Имено го одвлекува вниманието од вистинските причини за несигурноста и конзервативно ги зацврснува значењата на објектите и вредностите кои биле загрозени – со нова лажна мобилизација на убедување и акција кон жртвениот јарец во кој е ‘‘откриена ‘‘ заканата (Џозев Кембел, Бер Воган и др.).
Слично како со поимот ЛУСТРАЦИЈА кој се наоѓа во паганските ритуали и се одвивал напролет, кога се обвинува НЕКОЈ со негов прогон или ритуално убиство. Заедницата верува дека по лустрацијата ке започне подобар живот, исчистен од злото и насилството кое е закачено за прогонетата, убиена жртва. Лустрациајта со тоа е ‘‘благотворно насилство‘‘, кое понатаму се заменува со жртвено животно, начесто јарец и оттаму – жртвен јарец!

Како општеството е поколективистички детерминирано и попримитивно, оваа ритуалност на жртвени јарци е појасна и по-јавна! Следниот одредувачки фактор е кризата на општеството. Како општествената вознемиреност расте или се одржува висока, така овие ритуали во политиката се редовни и покрвави! Сиромаштијата, неизвесноста на развојот на нацијата, миграциите, културните борби– создаваат манипулативна основа за политичките лидерства на полесниот пат да ја одржуваат контролата. Создаваат култура на постојано барање и жртвување на жртвени јарци! Се обидуваат да ја редуцираат психичката неудобност од кризата, но и да ја насочат политичката акција. Денес тоа го нарекуваме спинување на лажни теми и дилеми.
Но последиците од етаблирање на ваква култура на жртвени јарци се долгорочни, антииндивидуалистички, антилиберални и конечно, антидемократски. Прво се стимулира лажно, но моќно чувство на солидарност и некаква супериорност на групата - кон жртвата и тоа што таа претставува. Актот на насилтво и прочистување со јавно жртвување е некаква чудна потврда на исправноста на вредностите на групата на која се припаѓа и на некој начин го мие злото кое се чини. Како да поединците не учествуваат во јавното бесчетие на жртвување невини! Моќта на етикетирањето на некого како девијантен, морално виновен, различен, странец симболично потсетува на неизвесноста, заканата, крајното зло! Жртвите поседуваат некаква ‘‘морална мана‘‘ корумпирани, кршеле човекови права, приватизирале и сл – кое ги прави подобни да бидат обвинети и ритуално казнети.

Во културната теорија (онаа на Мери Даглас, на пример) се распарава за тоа како општествата мислат за ризикот, ужасот, стравот и сл! Имено, на колективно ниво ОБВИНУВАЊЕТО е неопходно! Тоа има влијание и ги управува портите низ кои информациите треба да поминат! Неправедното обвинување ,на жртвените јарци, исто така е катарзично, бидејки дозволува вентилација на фрустрациите и поместување на агресујата кон (за власта) погодна цел.
Прифакањето и раководењето со ризикот во општеството, претпоставува расподелување на вината! Определување на тоа кој е одговорен за непријатностите (криминологија на другиот, Даглас) станува централна активност.
А како модерниот човек е сеуште суштество кое, на овој или оној начин верува во мистични сили, мал е чекорот до негова политичка манипулација во криза. Мал е чекорот до потполна лага на виновниците и жртвите!
Ова е мала вежба, драги мои, на уште еден аспект од севкупната примитивизација и нурнување во срцето на темнината, на која сме изложении во периодот на ДПМНЕ во Македонија.

Пишува: Љубомир Д. Фрчкоски
10-06-2012, 02:40 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8



Quote:ФРАНЦУСКИОТ БАКНЕЖ



Научивме да живееме со лицемерието, драги мои, но ова што го прави ДПМНЕ и нивниот лидер Н. Груевски со законот за бранителите и сета каша околу и по Слупчане е просто одвратно! Имено, ДПМНЕ и нивниот лидер најнепринципиелно, против законот за амнестија кој сами го донесовме и против меѓународното право, долно се согласи со анулирање на четирите хашки случаи од кои д...ва се напросто – непростливи (оние каде жртви се цивили, за што тогаш пишувавме). Ги рани македонските семејства, ги растури шансите за серизен процес на помирување. Сега Амнести Интернешнал бара да се откријат и казнат извршителите на злосторствата против цивилите и да се најдат телата и остатоците на исчезнатите 14.000 лица од војните во поранешна Југославија (сосе овие нашиве) – а нашите патриотски власти молчат- срамно!
Истот тој и ДПМНЕ одбива да ги реши внатрешно раселените лица (сите Македонци) кои со години живеат и умираат по прифатни центри, се како последица од конфликтот во 2001?!
Десет години ги шиканира бранителите и ги дели по партиска основа, за да сега само како инструмент за освета кон Ахмети за Слупчане – демек носи (наполно непотребен, со минимални корекции) нов закон за бранителите, кој бил, внимавајте, дури сега „исправен и добар“ шлапотат оние навиени пингвини дпмневски?!
Лидерот на ДПМНЕ дал некаква беса кон Ахмети дека за бранителите и за припадниците на ОНА нема да се расправа во нивната влада и коалиција, за сега за инает тоа да го прекрши од детска освета! А зошто воопшто дава ваква беса? Согласно Охридскиот договор постои одредба за РЕСОЦИЈАЛИЗИЦИЈА на припадниците на ОНА. Толкувањето на терминот ресоцијализација би подразбрало нивно целосно вклопување во новото општество, произлезено после конфликтот. Тоа, имено, подразбира и неков систем на помош и програми на социјални бенефити на припадниците на бунтовниците. Зошто тоа се одлага да се стори? Ако се потребни пари од буџетот, а веројатно се – тогаш тоа треба да се стори со закон. Ако не сакаш во истиот закон со бранителите (и веројатно не мора) тогаш донеси посебен закон! И што друже Никола тука е спорно? Ако не ти стиска, што си се нафатил влада да водиш? Не е таа работа за со карирана кошула до колена да се шеташ, тоа излегува малку по ‘‘тре комплике‘‘!

Али Ахмети е приказна за себе. Треба да престане да глуми некаква одговорност од повисок ред за албанските интереси и за Македонија или да одава впечаток дека е во консултација со Американците. Всушност прави каша од се и ги доведува во прашање виталните интереси на Албанците од Македонија и со тоа и стабилноста на Македонија. Имено, нема објаснување неговата „љубов“ кон Груевски и неговата политика која е во суштина грубо антиалбанска (и попат антимакедонска исто така). Ако има некоја лична хемија кон Груевски нека го грабне пред камери и нека го залапа со еден „француски бакнеж“ длабок со јазик, како Хонекер на Брежњев – ќе ни стане појасно! Вака не можеме да ја објасниме неговата ентузијастичка партиципација во најлошата и најнедемократската влада во Македонија, која, згора на тоа, кон него се однесува на најпонижувачки начин ?

Ако ДУИ сепак позитивно изненадат и излезат од владата тогаш треба да се подготви нови владеачко мнозинство, а не техничка влада. Имено, тоа мнозинство би имало 64 пратеника (еден повеќе од сегашново) и би било сериозно стабилно за целосно владење до крајот на овој владин мандат. Нема потреба од никакво брзање или чувство на нелегитимност! Можноста ДПМНЕ да улови мал раст на рејтингот со тоа што ќе биде демек симнат од ДУИ, неможе да се мери ниту од далеку со крадењето на 100.000 гласа кога ДПМНЕ ги организира на изборите. Допнително ќе му се оневозможи заплашување на админстрацијата (30-тина илјади гласа). Што значи ДПМНЕ ќе си дојде на вистинската мера.
Се е подобро од уште едни избори организирани од ДПМНЕ (посебно вонредни какви планираат за Ноември)!
ДПМНЕ без полиција и државна безбедност е партија во расуло и оваа генерација на јуноши кај нив ќе се растурат во паника.

А потоа, ааа потоа! Ќе ни остане една концептуална уметничка акција – сите со француски клучеви и растурај тоа спомениците!

Пишува : Љубомир Д. ФрчкоскиВиди повеќе



Основно правило во државите кои се демократски е после секое губење на мнозинството, се оди на ИЗБОРИ.
Жалосно, односно трагично е ваква небулоза да напише професор на правен факултет, активист за човекови права.
Колумнава го одсилкува неговото вистиско јас. Јас кое вели, сакам да сум власт по било која цена.
13-09-2012, 06:00 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#9

Фрчко, мува не го лази. Продолжува да ја “ тепа “ власта:

Quote:Фрчковски направи список на споменици за уривање
Македонија | 17. септември 2012 - 22:40
Уметничкиот холокауст Скопје 2014 почнува да се деконструира со радост за тоа достојна, имено прво со собирање на грозморните скулптури од новата зграда на МНР и Мостот на уметностите со се четирите од Триумфалната капија“ - пишува Фрчковски во својата колумна

1824

Екс-министерот и партиски функционер на СДСМ, Љубомир Фрчковски излезе со нова колумна во опозицискиот Фокус во која повикува на уривање на спомениците од проектот Скопје 2014. Текстот насловен како Операција Француски клуч, повикува на уривање и дисолокација на спомениците и градбите.
„Операцијата Француски клуч мора да расчисти некои од најлошите споменици во Скопје 2014 кои како пранги не можат да бидат третирани никако поинаку, освен како суровина за вистинска уметност. Значи тие нема да се уништуваат или фрлаат туку ќе се третираат како основа за концептуален уметнички чин. Операцијата ќе ја изведува полетна уметничка младина и ентузијазирани граѓани, организирани по принципот на вмровски тројки (од 19 век): три групи со француски клучеви во рака, со нив оди една група со шмиргл-шајбна и една тројка со апарат за заварување“ пишува Фрчковски во најновата колумна.
Фрчковски предвидува дека тој процес на уривање ќе го следи како што вели „радосен восклик - Растурај тоа спомениците“
„Уметничкиот холокауст Скопје 2014 почнува да се деконструира со радост за тоа достојна, имено прво со собирање на грозморните скулптури од новата зграда на МНР и Мостот на уметностите со се четирите од Триумфалната капија“ - пишува Фрчковски во својата колумна.
Фрчковски на уривање на спомениците повика и во својата претходна колумна за опозицискиот Фокус, што резултираше со бура незадоволство меѓу граѓаните, кои се огранизираа и му однесоа подарок, француски клуч. Но Фрчковски се сокри пред гостите и не сакаше да зборува пред камерите


http://www.time.mk/read/5e2caa0f41/c1ff6...index.html
18-09-2012, 08:26 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

(18-09-2012, 08:26 AM)hristo Wrote: Фрчко, мува не го лази. Продолжува да ја “ тепа “ власта:

Quote:Фрчковски направи список на споменици за уривање
Македонија | 17. септември 2012 - 22:40
Уметничкиот холокауст Скопје 2014 почнува да се деконструира со радост за тоа достојна, имено прво со собирање на грозморните скулптури од новата зграда на МНР и Мостот на уметностите со се четирите од Триумфалната капија“ - пишува Фрчковски во својата колумна

1824

Екс-министерот и партиски функционер на СДСМ, Љубомир Фрчковски излезе со нова колумна во опозицискиот Фокус во која повикува на уривање на спомениците од проектот Скопје 2014. Текстот насловен како Операција Француски клуч, повикува на уривање и дисолокација на спомениците и градбите.
„Операцијата Француски клуч мора да расчисти некои од најлошите споменици во Скопје 2014 кои како пранги не можат да бидат третирани никако поинаку, освен како суровина за вистинска уметност. Значи тие нема да се уништуваат или фрлаат туку ќе се третираат како основа за концептуален уметнички чин. Операцијата ќе ја изведува полетна уметничка младина и ентузијазирани граѓани, организирани по принципот на вмровски тројки (од 19 век): три групи со француски клучеви во рака, со нив оди една група со шмиргл-шајбна и една тројка со апарат за заварување“ пишува Фрчковски во најновата колумна.
Фрчковски предвидува дека тој процес на уривање ќе го следи како што вели „радосен восклик - Растурај тоа спомениците“
„Уметничкиот холокауст Скопје 2014 почнува да се деконструира со радост за тоа достојна, имено прво со собирање на грозморните скулптури од новата зграда на МНР и Мостот на уметностите со се четирите од Триумфалната капија“ - пишува Фрчковски во својата колумна.
Фрчковски на уривање на спомениците повика и во својата претходна колумна за опозицискиот Фокус, што резултираше со бура незадоволство меѓу граѓаните, кои се огранизираа и му однесоа подарок, француски клуч. Но Фрчковски се сокри пред гостите и не сакаше да зборува пред камерите


http://www.time.mk/read/5e2caa0f41/c1ff6...index.html



Еве ја целата колумна:



Quote:ОПЕРАЦИЈАТА „ФРАНЦУСКИ КЛУЧ“
(колумна)

Ослободувањето од секој репресивен систем на вредности наметнати преку политичката моќ има елементи на револуција! Таков ќе биде и проектот ослободување на Скопје 1945-2012. Проектот кој предизвика интерес ќе има хардверски дел, операција наречена - ФРАНЦУСКИ КЛУЧ и софтвер, проект на персонално ослободување, дешокирање и нормализација, наречен: МAKE LOVE ...NOT BAROK или Расшколувано знаење за барокот!
Операцијата “Француски клуч” мора да расчисти со некои од најлошите споменици во Скопје - 2014, кои како пранги неможат да бидат третирани никако поинаку – освен како суровина за вистинска уметност. Значи тие нема да се уништуваат или фрлаат туку третираат како основа за концептуален уметнички чин.
Операцијата ќе ја изведува полетна уметничка младина и ентузиjазирани граѓани, организирани по принципот на вмровски тројки (од 19 век): три групи со француски клучеви во рака, на нив оди една група со шмиргл-шајбна и една тројка со апарат за заварување!
Ослободувачкиот процес, хепенингот, ќе започнува со анархичната самонаредба, радосен восклик: РАСТРТУЈ ТОА СПОМЕНИЦИТЕ!
Уметничкиот холокауст Скопје-2014 почнува да се деконструира со радост за тоа достојна, имено прво со собирање на грозоморните скулптури од новата зграда на МНР и Мостот на уметноста, заедно со четирите од Тримфалната капија. Од нив 80-тина, на три мета-локации на влезовите во Скопје, ќе се направат три пирамиди на уметничко ѓубре, низ кои ќе има инсталирано телевизори кои емитираат Low-Fi ТВ сигнал, со т.н. снег и пречки (маестрално направени претходно во правецот траш-арт и видео перфоманс на Нам Јунг Пајк, Микеланџело Пистолето, Ж.Вангели и сл.).
За Триумфалната капија, како посебен проблем ќе биде замолен преку директна спогодба, концептуалниот и ленд –арт уметник Христо Јавашев – да ја обмота со целофан (како што стори со германскиот Рајхстаг).
Фамилијата скулптури Филипови или Александрови оди туто-комплето во Градскиот парк, каде се инсталира од нив нов луна парк. Околу нив тобогани, клацкалки и електрични автомобили на општа радост на децата.
На Мостот на уметностите на испразнетите постаменти замолени се да доаѓаат личности од Распеани Скопјани, со песни и рецитали од Гинзберг, Буковски, Керуак, Фанте, Шпато, Маџиров и тоа кога ќе им се ќеифне за тоа. На еден постамент може да се појавиме и јас и Милчин во поза на споменикот на ослободителите на Москва.

Предавања на слободните универзитети на скалите на кејот се редовни за расшколуваното знаење за барокот и самоослободувањето. Она што Квентин Крисп вели: Погледнете во себе и запрашајте се: дали има нешто во Вас што се уште не сте го отвориле.
Под-хепенинзи по целиот град, ќе бидат понудени а ла карт: водење љубов на некој од коњите или лавовите; ќе биде етаблирана традиционална Геј-парада, која ќе завршува со геј танци околу копјата на македонската фаланга и ќе кулминира со ставање цветче во газињата на фалангистите...и на тоа слични радосни акции!
Некои од скулптурите ќе се префрлат во други градови на Македонија (Самоил во Охрид, Гемиџиите во Велес и сл ).
Мошне важно, драги мои ќе биде редизајнирање на Музејот на македонската борба, со оддел во подрумските простории (Ид–от на таа борба, според Славој Жижек) во која ќе биде поставката на восочни фигури под наслов МАКЕДОНСКИТЕ ФАШИСТИ. Тие ликови заедно со низот на имињата во сив гранит издлабени на илјада две-три стотините Македонци, цветот на македонската граѓанска интелегенција - убиени од нив или по нивна наредба (Ванчо Михајлов, Тодор Александров и сл).
И така тоа и на тоа слично: Револуцијата тече и ги јаде нивните скулптури, а не своите деца!

ПС 1. Организирам тури во Хотел Родина, Софија, за врели журки, зад затворени врати! Цена по договор !

ПС 2. Друже Н.Младенов ни ги искрадоа колумниве по вмровски сајтови и телевизии. Наплатуваш ли нешто од вмровскиве вљубеници во Моиве колумни? Да земеме некоја пара за плати на новинари страдни !

Пишува : Љубомир Д. Фрчкоски
18-09-2012, 03:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

(18-09-2012, 08:26 AM)hristo Wrote: Фрчко, мува не го лази. Продолжува да ја “ тепа “ власта:

Quote:Фрчковски направи список на споменици за уривање
Македонија | 17. септември 2012 - 22:40
Уметничкиот холокауст Скопје 2014 почнува да се деконструира со радост за тоа достојна, имено прво со собирање на грозморните скулптури од новата зграда на МНР и Мостот на уметностите со се четирите од Триумфалната капија“ - пишува Фрчковски во својата колумна

1824

Екс-министерот и партиски функционер на СДСМ, Љубомир Фрчковски излезе со нова колумна во опозицискиот Фокус во која повикува на уривање на спомениците од проектот Скопје 2014. Текстот насловен како Операција Француски клуч, повикува на уривање и дисолокација на спомениците и градбите.
„Операцијата Француски клуч мора да расчисти некои од најлошите споменици во Скопје 2014 кои како пранги не можат да бидат третирани никако поинаку, освен како суровина за вистинска уметност. Значи тие нема да се уништуваат или фрлаат туку ќе се третираат како основа за концептуален уметнички чин. Операцијата ќе ја изведува полетна уметничка младина и ентузијазирани граѓани, организирани по принципот на вмровски тројки (од 19 век): три групи со француски клучеви во рака, со нив оди една група со шмиргл-шајбна и една тројка со апарат за заварување“ пишува Фрчковски во најновата колумна.
Фрчковски предвидува дека тој процес на уривање ќе го следи како што вели „радосен восклик - Растурај тоа спомениците“
„Уметничкиот холокауст Скопје 2014 почнува да се деконструира со радост за тоа достојна, имено прво со собирање на грозморните скулптури од новата зграда на МНР и Мостот на уметностите со се четирите од Триумфалната капија“ - пишува Фрчковски во својата колумна.
Фрчковски на уривање на спомениците повика и во својата претходна колумна за опозицискиот Фокус, што резултираше со бура незадоволство меѓу граѓаните, кои се огранизираа и му однесоа подарок, француски клуч. Но Фрчковски се сокри пред гостите и не сакаше да зборува пред камерите


http://www.time.mk/read/5e2caa0f41/c1ff6...index.html



Да ја тепа власта ама никаде не го тепа едноумниот систем. Систем кој тој го доусоврши. Тука лежи тајната зошто мува не го лази.
(This post was last modified: 18-09-2012, 07:21 PM by ЈорданПетровски.)
18-09-2012, 07:19 PM
Reply