Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Zdravje na zenata
Author Message
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#1

Менопауза - факти и заблуди

[Image: menopauza.jpg]

Во периодот меѓу 40 и 55 година од животот резервите на јајце – клетки кај повеќето жени се исцрпуваат, а јајниците веќе не создаваат толкаво количество естроген (основниот женски хормон) колку што е потребно за продолжување на менструалниот циклус…

Неколку години периодот меѓу менструациите станува се подолг. Конечно, овулацијата прекинува, менструацијата сосема исчезнува, а бременоста веќе не е можнa. Тоа е менопауза, природно завршување на репродуктивните години на жената.

Симптоми

Другите симптоми на менопаузата можат да вклучуваат напливи на жештина, кои главно се чувствуваат во горниот дел на телото, сушење и стенчување на ѕидот од вагината поради што половите односи може да бидат болни, а може да се јават и различни емоционлни компликации.

Возрасните жени и жените кои родиле многу деца можат да ја изгубат силата на мускулите во пределот на карлицата која ја држи матката и грлото на матката на место. Лекувањето може да биде неопходно, ако симптомите предизвикаат голема мачнина. Намаленото ниво на естроген влијае на ресорпција на калциумот во коските, а може да предизвика и пораст на нивото на холестерол во крвта. Опасноста од остеопороза е голема во менопаузата, зашто се помалото количество естроген го забрзува трошењето на калциумот во коските.

Хормонални третмани

За да можете да се противставите на некои последици од менопаузата распрашајте се за предностите и недостатоците на дополнителното хормонално лекување. Конвенционалната медицина, исто како и алтернативните начини на лекување на тегобите лекуваат со надоместување на естрогените кои организмот веќе не ги создава во доволно количество. Во конвенционалната медицина се применува дополнително хормонско лекување, иако ова делумно е противречно поради придружните појави што ги предизвикуваат.

Што да направите сами?

Превентус.мк ве советува да го зголемите внесувањето на калциум и да почнете да вежбате под оптоварување за да ја избегнете остеопорозата, а за лекување од нападите на жештина и намалување на опасностите од болести на срцето и крвните садови, внесувајте од 400 до 800 МЕ витамин Е на ден.

Факти и заблуди поврзани со менопаузата

Заблуда: менопаузата ги прави жените емоционално нестабилни.
Факт: повеќето жени немаат никакви емоционални проблеми, тегобите што се појавуваат може да се лекуваат.

Заблуда: со менопаузата се губи сексуалната желба.
Факт: недоволната влажност на вагината може да го направи сексуалниот однос болен и да ја намали сексуалната желба, но може да се лекува со вагинални или естрогенски кремови. Менопаузата може да влијае на либидото позитивно или негтивно, кај некои жени во менопаузата се зголемува сексуалната желба.

Заблуда: менопаузата го нарушува животот на жените.
Факт: повеќето жени во менопаузата имаат малку или никакви тегоби, додека една четвртина имаат лесни, излечиви симптоми. Во културите во кои постарите луѓе се почитуваат, жените најмалку се жалат на симптоми на менопауза.
08-03-2012, 07:11 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#2

Ургентна контрацепција - каде грешат македонските жени?

[Image: preventus%20urgentna%20kontracepcija.jpg]

Современите жени денес немаат потреба да стравуваат од несакана бременост, ја имаат моќта сами да ја планираат својата иднина. Иако постојат различни начини за заштита од несакана бременост како што се презервативите и пилулите, главна дилема кај секоја жена е што во оние моменти кога сте заборавиле да се напиете пилула или пак презервативот пукнал...

Медицината направи голем напредок и ја создаде така наречената ургетна контрацепција или попозната како таблети Ден потоа. Во светот овие таблети не се никаква табу тема и се лесно достапни за сите жени кои имаат потреба од итна контрацепција.

Кога станува збор општо за контрацепцијата Македонките досега покажаа дека не можат да се пофалат со големи познавања од оваа област.

Со години загрижувачки се процентите на девојки кои се сексуално активни, но не користат никаква заштита, како и фактот дека другата половина кои користат презервативи веруваат дека со нив се 100% заштитени од бременост и сексуално преносливи болести.

Но, што кога ќе дојде до невнимание и постојат големи шанси за бременост, во овие моменти единствено решение за кое имаат мало познавање девојките би била таблетката Ден потоа.

Младите Македонки со поделни мислења за оваа тема, некои веруваат дека Ден потоа е вистинско решение против несаканата бременост, но некои сметаат дека многу девојки не се вистински запознаени со предностите и ризиците кои ги носат овие таблети.

„Во суштина контрацептивните таблети пред пет, шест години беа строго забранета тема, македонките со неверување им приоѓаа, но денес почнуваат да се интересираат за нивната намена и влијание. Лично досега ги немам употребувано но познавам девојки кои редовно ги употребуваат“, изјави за превентус.мк Марија, новинар и радио-водител.

Дали таблетите се користат правилно или пак доаѓа и до злоупотреба на истите зборуваат и искуствата на овие млади девојки.

Сведок на едно такво искуство е дваест и три годишната Тања, асистент и ПР во маркетинг агенција.

„Апчињата ден потоа кај нас се користат многу неправилно поради недоволната едукација за начинот на нивната употреба. Девојките не се добро запознаени што всушност претставуваат овие таблети и какви несакани ефекти истите предизвикуваат. Досега не сум ги користела но од искуство на моите другарки имам информација дека доста се користат и никој од нив не го зема во предвид фактот дека само еднаш годишно е дозволена употреба на овие таблети“, вели Тања за превентус.мк.

Помеѓу помладите студенти владее малку поинаква ситуација, дел од нив се и Ивана и Наташа кои даваат голема поддршка за овие таблети. Главна причина за тоа се грешките кои често ги прават младите и се поголем е бројот на девојки кои забременуваат во текот на нивните студентски денови.

Дваесет и две годишната Сашка, верува дека и во Македонија полека почнува да се буди свеста за сексуалната едукација на младите, таа се надева дека еден ден сите девојки ќе бидат запознаени со овие апчиња.

„Познавам девојки кои ги имаат употребувано и им имаат помогнато иако имам слушнато различни приказни за нив како на пример: дека се штетни, дека по нив не можеш да раѓаш, дека ќе имаш ризична бременост, дека се пореметува и циклусот и слично.

Потребно е внимателно да се прочита упатството за да нема несакани реакции и да имаат ефект. Според мене треба да се внимава да не дојде до нивна употреба, но ако се сигурни дека тие се единстениот излез не гледам зошто да не ги употребат, медицината оди напред“, вели Марија.

Суштината на таблетната ургетна контрацепција е да се дадат високи дози на гестагени кои би влијаеле на едометриумот, се со цел да не дојде до вгнездување на оплодената јајце клетка.Kontracepcija preventus Контрацепција превентус

„Со таблетите за ургетна кнтацепција најдобро е да се делува во првите 72 часа, колку порано се земаат таблетите поголем е процентот нивната намена да биде успешна.
[Image: preventus%20urgentna%20kontracepcija%202.jpg]

Доколку се делува во првите 24 часа успехот е до 80%. Кај нас на пазарот се користи левоноргестрел во доза од 1,5 мг ,две таблети на 12 часа или микрогунон 3 таблети веднаш и 3 таблети по 12 часа.Сите овие контрацептиви не одат на рецепта“, вели за превентус.мк д-р Боривоје Павловски, специјалист по гинекологија и акушерство.

Тој додава дека овие таблети може да имаат низа несакани ефекти како што се: повраќање и желудечни болки, мигрена, појава на акни, задржување на течност, чуство на напнатост во градите, нервоза и друго.

Според д-р Павловски вториот начин на ургетна контрацепција кој се состои од пласирање на спирала во првите 72 часа е уште поредок и многумина не се запознаени со овој метод. Тој предупредува дека многу е мал бројот на жени во Македонија кои користат контрацептивни средства за заштита од несакана бременост. Иако не постојат официјални статистички податоци за бројот на жени кои ги користат според личното искуство на д-р Павловски, нивниот број процентуално би бил едноцифрен. Со толку напредна медицина секоја жена има можност да донесе најдобрата одлука за сопственото здравје. Сепак останува фактот дека на македонските жени им е потребна итна и масовна едукација за здрав и заштитен сексуален однос, кое е значањето на анти беби пилулите и пред се на ургентната контрацепција.

Јована Печијаревска
10-03-2012, 07:44 PM
Reply