(15-02-2010, 03:37 AM)acko Wrote: Сме виделе најразлични бројки за Македонците во дијаспората, но кои се точните?
На форумов има доста членови од САД и Канада, па можат да изнесат свои информации и проценки...
Друго прашање... Колку е моќна македонската дијаспора? Како стоиме во споредба со соседите?
Трето... Каква е соработка помеѓу Македонците и македонските организации во дијаспората, дали постојат големи поделби кои штетат на нашите интереси?
Четврто... Во Македонија за доста контроверзна се зема МПО, дали нив треба да ги сметаме за наша организација?!
Пето... Штетноста или користа од влијанието на ’нашите’ служби...
Моја лична проценка е дека има грубо околу 10 милиони Македонци (прва, втора и трета генерација) кои живеат надвор од границите на Република Македонија. Секако, најголемиот број се на териториите на етичка Македонија.
1. Во регионот помеѓу Торонто, Канада и Детроит / Чикаго / Њу Џерзи, има најмалку еден до два милијони Македонци, од кои околу половина милијон се изјаснуваат како Македонци.
Има еден голем проблем кога станува прашање за давање на прецизни бројки, бидејќе мнозината Егејци се бројат како Грци. Некогаш по нивен избор - одат во Грчки цркви и се делкарираат како Грци, некогаш не по нивна вина - заради Грцизираните имиња и местото на потекло автоматски ги бројат во Грци иако тие одат во наши Цркви и даваат голем придонес за Македонската комуна давјќи пари за градење на цркви, формирање на граѓански здруженија, спортски екипи и слично.
Од Вардарците, обично сите се декларираат како Македонци, иако во скорешниве години има едно загрижувачко малцинство кое се припојува кон Српската комуна.
Пустец-преспанците ги има малку, но се можеби најчитите души што било кој ќе ги сретне - и се Македонци до крај.
Пиринци нема. Чест е случајот да се најдат Бугари кои бараат азил под изговор дека се Македонци кои Бугарија ги дискриминира и обично добиваар азил без проблем. Но тие си се држат со Бугарската комуна.
2.Силата на дијаспората е променлива низ годините. Беше далеку по силна и влијателна до пред шеесетите години на минатиот век кога службите на СФРЈ почнаа да се мешаат и да ги растураат нашите Зрдуженија.
Има голем број на успешни Македонци, кои не се докрај употребени кон нашата кауза - не по нивна вина.
Нашата сила почнува пак да расне благодарение на неколкумина "млади" кои ги консолидираат старите сили и му даваат нов елан на нашиот дух. Благодарение на тие "млади" успеваме да воспоставиме директни линии на комуникација и со Владите на Северна Америка. Тие беа впрочем причината за офијалната посета на Грујо во Канада минатата година, а има и има и посета на "лагер" во С.А.Д. која доколку ја заслужи му е на располагаже на идниот Премиер на Р.М. Полека но сигурно се оформуваат слични врски и во неколку Западно Европски земји.
3. Како што веќе спомнав, до шеесетите имаше добра слога меѓу Македонците. Во последниве 50-60 години "службата" работеше интензивно и се створија голем број на разидувања меѓу Македонците. Незнам дали ќе можеме да се повратиме од тоа. Споредено со другите комуни, моментално сме "аматери".
4. М.П.О. на времето била голема организација со многу влијание меѓу Македонците, како и меѓу Северно Американците. Денес М.П.О. е малте-не непосотоечки ентитет кој комунистичките служби го користат како страшло за Македонците во Р.М. Неможам да се сетам кога последен пат имам слушнато за нив, но сигурно има 20-30 години од нивното последно "УРА".
5. Мислам дека погоре го продискутирав ова. Обично службите користат Македонски емигранти од кои голем дел не се ни свесни дека раборат во полза на службата. Најчесто ова се луѓе со понизок капацитет, пролетери, кои се задоволуваат со позиција во Црковната Управа, каде добиваат "титула" президент, благајник и слично; имаат причинина да носат машна секоја недела и нивните жени се фрст леди и имаат шанса да "лапнат" 200-300 долари секои два-три месеци од црковната каса.
Поважните службеници имаат недефинирани бизниси, но секогаш се во црковните одбори и баратаат со големите проекти, како градење на нови цркви каде што има голем проток на пари.