Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ БЕЗ ЕТИКА И МОРАЛ ВО МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА КЕ ИМА "ПОДОБРО УТРЕ" ??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Колумна која заслужува внимание. Причина заради која заслужува внимание е темата која ја обработува: "односот кон етиката и морал во политиката", основниот проблем заради кој Македонија е на самото дно во скоро сите области од живеењето.



Quote: За одговорноста на фантом функционерите со поданички менталитет


Kога на Сократ му сугерирале да ја избегне чашата со отров, тој рекол – „не можам, зошто тој демон внатре, во градите ми пречи во тоа“.

Демонскиот порив од отровот наречен „власт“ е толку присутен што го доведува во прашање опстанокот на вредносниот систем кој треба да ја обезбеди функционалноста на правната држава и демократијата. Отруени (опиени) од власт, водачите на народот забораваат на нивниот внатрешен „морален агент“ кој ги опоменува секогаш кога ќе заборават дека поданичкиот менталитет ќе ги направи робови на туѓа волја, фантом-функционери и слепи извршители на туѓи идеи.

Еден од подолго присутните проблеми во РМ, е разбирањето и односот кон етиката и морал во политиката. Во европските земји, етичките принципи во политиката се појавиле пред стотина години, како резултат на политичкото созревање, јавната критика и сфаќањето дека носителите и вршителите на јавни функции се „слуги на народот“ и дека се во функција на општото добро и општиот интерес.

Македонските политичари и функционери, кои во догледно време нема да ги достигнат европските стандарди за градење на нивниот политички интегритет, не заслужуваат да ги понесат атрибутите - одговорени, а најмалку зрели политичари. Одговорноста на функционерите кај нас е само пуста желба, празно изборно ветување, априлска шега или „безпредметна“ дебата на гласниците на етиката, законитоста и правдата. Македонската јавноста скоро и да не памети позитивни примери на признанија за морална или политичка одговорност, а за материјална или кривична уште долго ќе чекаме. Нашите политичари и функционери речиси никогаш (чест на примерите кои се бројат на една рака) не поднесуваат оставка, туку чекаат (и молат Бога) да бидат сменети, а подоцна рехабилитирани како повторена шанса за „докажување на сопствената неодговорност“. И се` така во круг ....

Во демократските системи оставката како легитимна институција се поднесува или поради чувство на одговорност односно вина, или поради несогласување со политиката на извршната или законодавната власт. Контурите на оставката се важен дел од политичката култура на функционерите; тие се индикатори за одговорноста на носителите на јавни функции на кои може да им се верува. Оставката може да биде и крајно средство за „убедување“ и „притисок“ врз власта. Неприфаќањето на оставка според сите правни и морални критериуми е неприфатливо, бидејќи никој не може и нема право да бара од функционер да врши некоја улога спротивно од својата волја, совест и ум.

На нашата политичка сцена се одржува култот за функционери како полубогови/султани; постојано се гради митот за нивната непогрешливост, принципиелност, праведност, посебност, визионерство, попларност и сл. Наспроти себе-перцепцијата и султанскиот менталитет кој се храни и одржува од политичките поданици, нашироко е присутна нарцисоидноста, суетноста и авторитарната ароганција. Поднесувањето оставка во таква состојба на (само)свест - кога политичарите и функционерите сметаат дека се незаменливи - за нив би значело дезертирање, обезглавување на народот, лишување од нив – незаменливите.

Во овој контекст, кај нас оставката како чин на морална или политичка одговорност е многу ретка појава, а институтот морал во политиката сe уште не заживеал. Афористичарите велат дека "најмасовното политичко движење во Македонија се именува како бегањето од одговорноста".

Политичарите и функционерите кои одлучиле да бараат доверба од народот и прифатиле да бидат предмет на јавна политичка дебата и граѓанска проценка, а со тоа и предмет на јавна критика во поглед на начинот на кој ги извршуваат своите функции, треба да бидат подготвени да обезбедат транспарентност и одговорност во извршувањето на функцијата, но и подготвеност да понесат одговорност доколку ги прекршат правилата на работењето, достоинството на функцијата, јавноста, моралот и етиката во политиката.

Поновата политичка историја на РМ познава многу примери од кои треба да (на)учиме како треба да се избегнува чашата со отров и да не им даваме шанса на политички демони со заспана свест за одговорност, да не водат во „светлината на својата вистина и чесност“. Ако сите функционери во РМ во општо-познатите примери заминеа од функциите, заради одговорност, зрелост и совест, сите тие ќе дадеа личен прилог за еден повисок вредносен систем, за еден морален став, за еден етос. Ќе направеа да веруваме во власта, ќе укажаа дека треба да се прифатат други правила на игра и дека ќе се знае дека луѓето кои доаѓаат се обврзани на високи морални принципи и ќе им се верува на такви луѓе.

Но, се работи пак, за истиот демон .... Примерите за оставки заради банални причини во земји од Европа и поширока, нашите политичари и функционери ги сметаат за потези на „слаби политичари кои не умеат да ги користат бенефитите од функцијата“. Кој бенефит побогу ! Хеликоптерски и авионски несреќи, поплави, изгубени животи на невини претепани деца, туристи, пилоти, офицери, војници, полицајци; луѓе без егзистенција, сиромаштија, човечки страдања, болести, несовесни „професионалци“, предавства, понижувања, обвинителски и судски гафови, општонароден грабеж, лаги и што ли уште не, но повторно недоволно „јако“ за соборување на нашите политичари и функционери. Нивната „одговорност“ е толку „функционална“, што ги направи фантоми со поданички менталитет.

Секој функционер, државен, јавен и друг службеник (човек воопшто), кој останува и работи против својата волја создава трагична ситуација, трагична и за самите нив - непосредни учесници во власта, но и за народот. Основен двигател на човековата активност е внатрешниот мотив. Ако нема посветеност и одговорност, тогаш го нема моралниот агент и позитивниот внатрешен импулс, а тоа влијае разорно на функционирањето и оддржливоста на системот. Таквиот систем создава/го создаваат т.н., функционери фантоми кои дејствуваат било на слепо како откината опашка од глувче, било под диктат на еден горе, кој на своите фантоми им диктира правила на игра, на однесување, во секој поединечен случај. Од искривените внатрешни мотиви и (зло)дела на амбицираните фантом-функционери не страда само системот (правен, политички, економски, социјален), страдаат сигурноста и правилата на игра кои треба да бидат гарант за иднината на граѓаните.

„Функционалноста„ и „одговорноста“ на функционерите фантоми создава опасен духовен, етички и морален ваккум во најсуштинска смисла на зборот. Во овој ваккум простор се раѓа недоверба помеѓу граѓаните, недоверба во власта и институциите, стравот (барем во алузија) да се побара одговорност од една страна, и политичка манипулација, лицемерие и неодговорнос на најодговорните кои стремат кон диктат на современи феуди во услови на едноумие и волунатаризам. Султанскиот менталитет на феудите и поданичките манири на слепите поддржувачи, во време на отсуство на моралност и одговорност го забрзува општествениот пад во безизлезност и правна несигурност.

Кога водата ќе ни стигне до уста, а бегството од одговорноста ќе услови пропаѓање во секаква смисла, Нам (на народот) ќе ни остане да избираме помеѓу две опции: 1. или ќе се подготвуваме/ќе не подготват за живот по потопот („По мене – Потоп“); 2. или пак, ќе ги повикаме на одговорност „пред народот и во име на народот“, фантом-функционерите и современите феуди со султански менталитет.

Ние граѓаните кои не сме слепи поданици на „одговорните“ функционери имаме своја одговорност кон извесноста на нашата и иднината на нашите деца. Нашата одговорност ќе биде поголема ако дозволиме, неправејќи ништо да се удавиме во стихијата на безправедноста, неодговорноста и политичкиот мајтап со нашиот здрав разум!

Сократовиот демон е лукав, но ние (народот) заедно сме посилни!


Фросина Ременски

Универзитетски професор


Оваа колумна како да е пишувана по моја нарачка. Се надевам Коњаникот и Cesniot Makedonec ке ја прочитаат неколку пати.
10-02-2012, 01:40 AM
Reply
Cesen Makedonec Offline
Member
***

Posts: 182
Joined: Nov 2010
Reputation: 0
#2

Каква врска имам Јас со ова?
11-02-2012, 06:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(11-02-2012, 06:14 PM)Cesen Makedonec Wrote: Каква врска имам Јас со ова?



Еве зошто:




(05-02-2012, 03:15 AM)ЈорданПетровски Wrote: Cesen Makedonecu, не гледам одговор на ова:


(04-02-2012, 08:08 PM)ЈорданПетровски Wrote: Проблемот по се не е до изворот туку до нашите поимања на основните работи: ЧЕСНОСТА и МОРАЛОТ.
Ако си заборавил Груевски ветувањето за влез во ЕУ и НАТО ги даде во предизборието, значи дел од луѓето гласале за него поради тоа ветување. Ако си ти во таа група дали ке се чувствуваш измамен.
Дали денеска Груевски има МОРАЛНО ПРАВО да е на власт со гласовите на тие луѓе.
За да ги доразјасниме работите докрај. Дали Македонија треба да влезе во ЕУ.

(This post was last modified: 11-02-2012, 08:25 PM by ЈорданПетровски.)
11-02-2012, 08:25 PM
Reply
Cesen Makedonec Offline
Member
***

Posts: 182
Joined: Nov 2010
Reputation: 0
#4

Уште еднашка - каква врска имаат твоите промашени теми и твоето одбивање да зборуваш за нив со мене?
11-02-2012, 10:38 PM
Reply
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#5

Quote:Кога квакаат квачките:

МАНИПУЛАТИВНА ХИПЕР-ИНФЛАЦИЈА СО ЦЕЛ ДА СЕ ОДБЕГНЕ ЛУСТРАЦИЈА!

Пишува Душан Петровски

Поради презафатеност со други обврски, за оваа седмица немав немав намера да пишувам колумна. Но, масовните преминувања во ДПМНЕ, како и колумната „За одговорноста на фантом функционерите со поданички менталитет“ од Фросина Ременски, не ми дозволија да останам рамнодушен.

Минатата недела пишував за повторно-оборените провизии во Законот за дополнителен услов за извршување на должност. Тогаш се осврнав на низа Членови од Уставот на Република Македонија кои биле систематски повредувани од страна на СДБ/ДБК за политички придобивки на Власта. Во неделата пред тоа пишував зошто потребата од лустрација не е прашање кое ги засега само оние кои се директно оштетени од работата на СДБ/ДБК во периодот откриен со Законот за пристапување и увид во досиеја (1944-2000), туку е проблем кој го тангира секој жител на Република Македонија. Мојата колумна која ѝ претходеше на оваа разгледуваше спечифично едно од пречекорувањата на СДБ/ДБК за време на Независноста. Со сето изнесено, на секој рационален, самозагрижен човек ќе му стране јасно дека лустацијата е прашање „Број 1“ за својот добробит. На мое длабоко разочарување, темава останува очајно запоставена.

За жал неделава што измина беше (и сѐ уште е) доминирана со квази-расколот во патријата на Љубчо Георгиевски и преминот на неопределен број членови на оваа паритија во владеачката ДПМНЕ. Ставот на Комитетот по оваа прашање го изнесе нашиот претседател, а текот на настаните само го потврди напишаното. Сѐ поочигледно е дека „Расколот во Народна“ е само „чадна бобма“ која треба—и успешно го работи тоа—да го сврти народното внимание од веста која стаса од Уставен. Односно, се вршат напори по секоја цена да се сузбие отворена дискусија за потребата од лустрација. Зошто инаку се крена толкава прашина за една истрошена школка од човек како Љубчо Георгиевски, да се отиде дури до таму, да „македонскиот Шешељ,“ Тодор Петров, бара Георгиевски да биде затворен заради велепредавство? Односно, зошто баш сега? Во она што Петров го изнесува како обвинение—Татковинската војна—нема ништо што станало новост токму сега!

[Image: Thecouragetobedifferent.jpg]

Власта мора да се чувствува сериозно загрозена од нешто доколку ја чувствува потребата да преде конртоверзија по контроверзија со волкава брзина, та и успехот на ракометната репрезентација да биде фрлен во заборав за неполни недела дена. Кога луѓето губат доверба во хартиената валута која ја печати владата настапува период на хипер-инфлација, при што народот сѐ побрзо се обидува да ги откачи книжените пари, а владата сѐ побрзо го зголемува количеството на истите. Хипер-инфлацијата неизбежно води во целосен економски колапс, кој се должи на изгубената народна доверба во владата. Стапката на „емисија“ на нови мамки за одметнување на народното внимание на Власта во моментов сѐ повеќе добива димензија на хипер-инфалција.


Созревање е потребно, но чие?

Во меѓувреме универзитетската Професорка Фросина Ременски минатава недела даде критика на македонските политичари каде што, меѓу другото, напиша:

Quote:Еден од подолго присутните проблеми во РМ, е разбирањето и односот кон етиката и морал во политиката. Во европските земји, етичките принципи во политиката се појавиле пред стотина години, како резултат на политичкото созревање, јавната критика и сфаќањето дека носителите и вршителите на јавни функции се „слуги на народот“ и дека се во функција на општото добро и општиот интерес.

Македонските политичари и функционери, кои во догледно време нема да ги достигнат европските стандарди за градење на нивниот политички интегритет, не заслужуваат да ги понесат атрибутите - одговорни, а најмалку зрели политичари.
Јас не сум следбеник на теоријата дека европските владејачки елити дошле до „созревање дека се ‘слуги на нардот.’“ Таквиот начин на гледање на нештата е согласен со социјалистичкиот поглед дека обичниот граѓанин е неспособен самиот да се грижи за своето добро. Притоа логиката која се следи е дека Сонцето изгрева бидејќи петелот кукурика. Моето гледање е од далеку попрактична перспектива. Имено, изумот на печатарската преса и ширењето на писменоста (која дотогаш била ограничена само на вискокласното малцинство), а низ неа и идеите на слбодните мислители придонеле до настаните на Француската револуција, проследена со Наполеонските војни, и конечно револуционерната 1848. год., при што на тогашната владејачка елита во Европа ѝ дале на јасно знаење дека народот почнал да се просветлува, односно созрева. Обезглавувањето на Луј XVI. го сторило она што два века подоцна беше стрелањето на Чаушеску (но, за Чаушеску ќе образложам во некоја друга прилика).

Имено, случувањата од почетокот на Француската револуција биле јасен знак за европската владејачка елита дека народот повеќе не гледа на нив како на полубогови, кои се извршители на божествена должност на Земјата. На владејачка елита тогаш ѝ станало јасно дека, во името на својот личен добродит (да не ги снајдат масовни убиства), морала да отстапи дел од своите привилегии на обичните смртници. Притоа биле задоволени три од основните предуслови за економски развој: стабилна „врзана“ валута, почитување на приватната сопственост, и слободата во тргувањето („Економска пресметка во социјалистичката заедница“ Лудвиг вон Мизез; 1920. год.). Ваквиот расплет го носи развојот на Западна Европа отсликан во Индустриската револуција. Притоа се случило нешто што ни самите владејачки елити не можеле претходно да замислат: дека преку отстапувањето на своите привилегии нивните животи ќе станат многу подобри одошто биле дотогаш. На пример, пред Индустриската револуција и покрај сиот раскош, царските палати немале внатрешен водовод или тоалет шољи; додека аристократите, како и кметовите, умирале од секојдневните вируси кои се должат на недостаток на санитација.

Во Република Македонија, мое мнение е дека, Власта отсекогаш била свесна за својата повредливост од гневот на народот. Бидејќи секој човек природно е првенствено засегнат за себе, она што навистина ја плаши Власта—особено оние кои се издадените фигури—е да не ги снајде судбината на Луј XVI. Системот околу нив е нивниот одбранбен штит. Иако, на пример, во случај на крвава револуција каква што се случи во Египет, повеќе веројатно е дека системот ќе остане неоштетен, сепак издадените марионети ќе настрадаат. Затоа е неопходно предењето на нови манипулации со кои да се одметне народното внимание.


Кога немаш ништо, немаш што да изгубиш

Госпоѓа Ременски пренесе уште еден многу пати изречен сентимент во македонската јавност, а во кој, повторно се разидуваме во гледањето на нештата:

Quote:На нашата политичка сцена се одржува култот за функционери како полубогови/султани; постојано се гради митот за нивната непогрешливост, принципиелност, праведност, посебност, визионерство, попларност и сл. Наспроти себе-перцепцијата и султанскиот менталитет кој се храни и одржува од политичките поданици, нашироко е присутна нарцисоидноста, суетноста и авторитарната ароганција. Поднесувањето оставка во таква состојба на (само)свест - кога политичарите и функционерите сметаат дека се незаменливи - за нив би значело дезертирање, обезглавување на народот, лишување од нив – незаменливите.

Професорка Ременски, како и многу Македонци, и пропоненти на социјализмот бараат „Просветлен деспот.“ Но, основоположинците на САД биле свесни во (условно кажано) грешната природа на човекот; затоа тие суверенитетот на држвата ја ставиле во рацете на граѓаните, а ѝ ги ограничиле правата на владата—за разлика од претходната практика. Воведувањето на владеењето на правото ја прави потребата од „Просветлениот деспот,“ и личните морал и етика на политичарите застарени концепти. Законот препишува што е морално и етички, а што не е. Сакале да го признаеме тоа или не, Член 2 од Уставот на Република Македонија јасно изнесува дека во „Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните.“ Тоа значи дека доколку во Македонија постои, а навистина постои, култ на функционерот како полубог, носителот на ова нешто е самиот граѓанин, кој своеволно ја прифаќа улогата на потчинет. Како поткрепа за овој став ќе го приложам фактот дека деновиве на форумот на овој портал најактивни и најпосетени теми се оние кои се поврзани со Љубчо Георгиевски—бидејќи сѐ уште постојат македонци кои се држат за него како слепци за стап. Но, ништо поарни не се ни оние кои во името на неговиот наследник излегуваат со мненија како она на Тодор Петров.

Како што веќе напоменав, човековата природа е капиталистичка—да си ги гледа своите лични интереси, а не социјалистичка—да се грижи за доброто на другите. Затоа слободата vis-à-vis демократија е постојана борба, каде што битките се водат секојдневно и во секој поглед. Оттука, приватниот граѓанин, доколку навистина има желба за да биде слободен и просперитетен, мора секојдневно да се бори против тенденциите на неговите сограѓани да го експолатираат.

Но, човекот кој се бори за да го одбрани она што е негово е секогаш далеку поенергичен борец, одошто оној што се обидува да се здобие со нешто ново. Слободата, која според Член 12 од Устав на РМ е неприкосновена, може да се одмери објективно само на еден начин: според тоа дали плодовите на човековиот труд се комплетно негови или некој надвладетел ги ужива делумно или во целост. Манипулативната хипер-инфлација чија цел е одржување во траење на култот на функционерот како полубог се „мерки и активности“ наменети слободата на Македонецот vis-à-vis плодовите на неговиот труд да останат задушени.

Во сето ова, двете страни на конфликтот—владејачката елита и народот-кмет—остануваат несвесни дека подобрувањето на состојбата на кметот ќе придонесе и до подобрување на состојбата на владетелот. Затоа обете страни свесно и своеволно се ангажираат во интригите на СДБ/ДБК, поради што не постои волја за спроведување на лустрација, особено ако земеме в предвид дека при спроведувањето на „Претходните обработки“ од 90-тите години на минатиот Век биле ангажирани од 50.000-100.000 поедници вон рамките на СДБ/ДБК; нешто за кое жива душа не проговорила додека тоа се случувало! Во меѓувреме, додека Република Македонија сѐ повеќе заостанува зад светот и додека делот од населението кој е наклонет кон превземање на ризици—оној што треба да биде стопанственичката класа која ќе придонесе за општиот економски развој—сѐ повеќе ја напушта државата, македонскиот народ тргнува по патот на инверзна природна селекција. Во државата ќе пристигнуваат отпадоците од развојот кој се случува вон нејзините граници, но народот сѐ повеќе ќе се враќа кон примтивното општество на неговите предци кои, ете според најновата Владина пропаганда, ја сочинувале најстарата Европска цивилизација.

Авторот е член на советот при Комитет за демократизација на Република Македонија
13-02-2012, 04:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Дали на овој човек му е местото во политиката. Истото прашање треба да се постави и за Грујо.






15-02-2012, 02:35 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#7

И ова, би требало, да спаѓа во ова тема:

Quote:Универзитетот ФОН презентираше документ на кој се гледа дека првичната верзија за рангирањето за најдобар Универзитет во Македонија претрпело промени.



Од ФОН презентираат скениран документ од првичното рангирање на Универзитетите во Република Македонија, кое врз основа на фактичките поднесени податоци ги дава официјалните ранкинг резултати на ФОН. Во документот се гледа дека ФОН е на 4.место, веднаш зад УКИМ, Штуловиот и Штипскиот универзитет.

- Го поставуваме прашањето, кој и со какви мотиви има презентирано неточни податоци на вчерашната прес-конференција и истовремено најавуваме дека во духот на академизмот, оваа ситација ќе ја изведеме на целосна чистина со реперкусии по сите инволвирани актери во оваа недолична и неакадемска ситуација – вела
т од Универзитетот ФОН.

http://www.plusinfo.mk/vest/33730/FON-go...Makedonija
17-02-2012, 11:49 AM
Reply