Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Заблуди за бесплатното здравство
Author Message
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#1

Убав и храбар текст во Дневник, поточно ова е писмо на некој лекар, за жал новинарите не се нафаќаат да пишуваат за вакви работи.

Министерот место да тепа бубашваби и да се впушта во лов на сестри кои пушат, подобро нека се зафати со вакви реформи.
*************
******
***


Заблуди за бесплатното здравство

Во дваесетгодишната транзиција единствена реформа е само промена на името од Фонд за народно здравје во Здравствен фонд, а Домот за народно здравство - Здравствен дом. Kолку социјалистичкото здравство беше „бесплатно“ во СФРЈ во 1974 година, странски стручњаци направија анализа:

Прво, многу скапо здравство полно со идеолошки социјалистички институции: непознати во западниот свет за кои огромен дел од здравствениот денар се трошеше за реновирања, одржување, комуналии, огромни зградишта, преполни, со превработеност и огромно расипништво, како институти и заводи за претшколска, школска медицина, за систематски прегледи, за физикална медицина, за трудова медицина, за патронажна служба, за домашна посета, за лекарски уверенија и др.

Со посебна поделба на: примарно здравство - општ лекар во ординација, чиновничка канцеларија и кој како свртничар дава упати за секундарното здравство; специјалисти за ДНЗ кои вршат лабораториски и др. испитувања и една кеса со лекови, па по 5-6 дена пациентот се упати во терцијарно здравство - болница каде што се вршат нови испитувања и нова кеса со лекови; на крај се упатува кај „супспецијалист“ - со нови испитувања и нова кеса со лекови.

Втора карактеристика - нехумано, бидејќи државниот здравствен работник е под државна заштита со загарантирана „плата“ од која вечно е незадоволен и загарантирано работно место.

Трета карактеристика: митото и корупцијата е составен дел на тоа здравство и со административни мерки не го искорени ни СССР, ни Полска, Чешка, ниту другите тогашни комунистички земји. Затоа во сите посткомунистички земји се направија реформи: да се добие поевтино и поефикасно здравство.

Општиот лекар од чиновник станува домашен, фамилијарен лекар, теренец, кој покрај сите систематски прегледи, вакцинации, патронажни посети, лекарски уверенија, ги згрижува во домашни услови хроничните и геријатриските случаи во домашни услови и членови од семејството ги научува да учествуваат во негата, исхраната, кинезитерапија, вежби и масажи на овие болни. Премногу е скапо сместување по болници и заводи и Брзата помош по 20 км да оди за давање една инјекција или инфузија.

Трансформацијата на општиот лекар - чиновник треба да оди многу побрзо, како во Бугарија.

Трансформација на Фондот за народно здравје во Здравствена компанија и отворање на други заради конкуренција, каде што граѓанинот кој плаќа (граѓанско општество) склучува договор за здравствено осигурување каде што прецизно е одредено колку е провизијата, колкав е солидарниот фонд (заради кој се осигурани) и колку му останува за месечна потрошувачка.

Овие се финансиски институции каде што не може 10 да се уплати, а 100 да се потроши, ниту едни да плаќаат други да трошат. Форсирање отворање на уличните амбуланти (не како сега со концентрација на средства во поедини амбуланти со персонал на минималец - плаќање) и по број на картони, туку со завршени услуги бидејќи само конкуренцијата води до пониски цени и квалитет.

Втората категорија граѓани (невработени, социјални случаи...) мора прецизно да се евидентираат и да им се дава картичка на која пишува: Услугите што ги добивате во здравството или образованието, не се „бесплатни“ туку тоа го плаќа вашиот комшија (роднина), сограѓанин... Мора да се менува лошата матрица, дека нема ништо бесплатно, туку тоа го плаќа твојот сограѓанин и секој што бара од државата - бара од своите сограѓани.

Овие лица добиваат здравствени или образовни услуги во општинските амбуланти или училишта каде што работат волонтери, стажанти и само 30-40 отсто се службеници, финансирани од општинските социјални фондови. Исто и државните болници во кои државата инвестира огромни средства да не испадне фрлање средства во буре без дно, туку со приватизација на дејноста да се вклучат во конкуренцијата во здравствениот пазар.

Така тоа го направи Бугарија пред повеќе години, а во 2011 година и Албанија.

Д-р Јован Николов, Скопје

09-01-2012, 03:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

(09-01-2012, 03:52 PM)acko Wrote: Убав и храбар текст во Дневник, поточно ова е писмо на некој лекар, за жал новинарите не се нафаќаат да пишуваат за вакви работи.

Министерот место да тепа бубашваби и да се впушта во лов на сестри кои пушат, подобро нека се зафати со вакви реформи.
*************
******
***


Заблуди за бесплатното здравство

Во дваесетгодишната транзиција единствена реформа е само промена на името од Фонд за народно здравје во Здравствен фонд, а Домот за народно здравство - Здравствен дом. Kолку социјалистичкото здравство беше „бесплатно“ во СФРЈ во 1974 година, странски стручњаци направија анализа:

Д-р Јован Николов, Скопје



Оваа писмо, оваа согледување на Д-р Јован Николов јасно ни укажува каде е проблемот. Проблемот е во СИСТЕМОТ. Македонија не чепна во системот на едноумието и "клати врата земај плата", ништо за овие 20 години. Груевски сега системот "клати врата земај плата" го користи со полна пареа, само да остане на власт. Ја задолжува државата а од тие задолжувања ја плаќа армијата административци во замена за гласовите кои ке му ги дадат на изборите.
Докторов, секоја му чест напишал за здравството, дали ке се одважи некој од универзитетските професори да напише за виското образование, таму сум убеден дека е поголем бунарот без дно во кој се фрлаат народни пари.
09-01-2012, 04:17 PM
Reply