Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПОЧИНА КИРО ГЛИГОРОВ, ДИЛЕМАТА ДАЛИ ЈА СОЧУВА ИЛИ ЈА РАЗНЕБИТИ МАКЕДОНИЈА ОСТАНА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

(11-01-2012, 03:57 PM)ЈорданПетровски Wrote: Една од големите лаги на Васко е дека Голубовски бил во игра за председател на собранието во преговорите помеѓу Георгиевски, Гошев и Андов. Голубовски после состанокот на езерото Младост веке не е член на ВМРО ДПМНЕ. Преговорите помеѓу Георгиевски, Гошев и Андов започнуваат после состанокот на ВМРО ДПМНЕ езерото Младост во Велес.
Голубовски за председател на собранието е во една друга комбинација. тој преговара без знаењето на партискиот врв со бившата комунистичка влада, Глигорие Гоговски и затоа е приморан да поднесе оставка на состанокот на езерото Младост.



[Image: scan0163.jpg]
12-01-2012, 02:57 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22



После неуспехот на Голубовски, за да се спроведе планот на воениот врв за зачувување на Југославија се глумат преговори помеѓу Љупчо, Гошев и Андов за наводна поделба на власт помеѓу Македонски партии. Вистинската цел на тие преговори е да се подготви план Б. Планот Б е устоличвање на Киро Глигоров а преку него да се спроведуваат плановите на YUТА и ОПЕРА. Во тоа КОС успева. Сведочењето на Андов за избор на владата и игрите околу доделувањето на мандатот од страна на Глигоров го потврдува тоа.




Quote:СЕГА: Господине Андов, многу контроверзи предизвика Вашето тврдење во неделникот “Фокус”, дека при создавањето на првата македонска влада, под влијание на Белград, Киро Глигоров ги одбил кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за премиер. Во интервју за минатиот број на “Сега”, Глигоров ја отфрли Вашата теза и изјави дека одлучил да ги одбие кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие “не соодветствувале на неговата претстава за профилот и за квалификациите на еден премиер на влада пред која се исправени вонредно тешки задачи”. Да расчистиме најнапред една битна работа - имаше ли Глиоров уставно право да избира и да се води од своите субјективни мислења за кандидатите?

Андов: Не, немаше. Такво уставно право претседателот во Македонија нема. И по стариот Устав, по амандманите со кои беше иновиран, претседателот го немаше тоа право. Значи, Глигоров, 1991 година, во февруари и март, кога одлучуваше на кого ќе го даде мандатот, немаше право да се раководи од некоја негова престава “за профилот и квалификациите на еден премиер на влада пред која се исправени голем број на задачи”. Тој, едноставно, беше должен да го даде мандатот на личноста што ќе му биде предложена од партијата која на изборите добила најмногу пратеници, а тоа беше ВМРО-ДПМНЕ. Исклучиво на пратениците во Собранието им е дадено право да одлчучат дали ќе го изберат предложениот кандидат или пак тој нема да добие потребно мнозинство гласови. Според тоа, Глигоров во 1991 година, без оглед од што се раководел, го прекрши Уставот и, едноставно, ги третираше како непостоечки резултатите од повеќепартиските избори.
...
СЕГА: Врз основа на што тврдите дека однесувањето на Глигоров во тие години беше раководено од Белград? Имате ли некакви докази за тоа?

Андов: Дека Глигоров сам не решил да не го даде мандатот на било кој предлог за премиер што ќе дојде од ВМРО-ДПМНЕ, туку дека тој став дошол од Белград, на македонската јавност и беше соопштено од еден наш врвен разузнавач, уште пред неколку години, во телевизиската емисија на новинарот Васко Ефтов “Во центарот”. Таа изјава Глигоров не ја демантираше. А како што знае јавноста, тој со деманти реагира многу често и на поблаги изјави.

13-01-2012, 03:11 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23


Ке прескокнам една епизода, врзана е за Драган Богдановски, Змејковски, Транталовска. Ке биде објавена посебно. Но по редоследот на случувањата местото и е тука.



13-01-2012, 03:15 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24

Втор избор на влада и повторно кршење на Уставот од страна на Глигоров околу додела на мандатот




[Image: Gligorovkrshenjenaustav1.jpg]


[Image: gligorov1A.jpg]

13-01-2012, 03:32 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25



[Image: scan0621.jpg]



[Image: Gligorovkrshenjenaustav2.jpg]




Овие кршења на Уставот никој не ги спомена деновиве.
13-01-2012, 03:36 AM
Reply
ogan Offline
Junior Member
**

Posts: 20
Joined: Jan 2012
Reputation: 0
#26

(12-01-2012, 02:57 AM)ЈорданПетровски Wrote:
(11-01-2012, 03:57 PM)ЈорданПетровски Wrote: Една од големите лаги на Васко е дека Голубовски бил во игра за председател на собранието во преговорите помеѓу Георгиевски, Гошев и Андов. Голубовски после состанокот на езерото Младост веке не е член на ВМРО ДПМНЕ. Преговорите помеѓу Георгиевски, Гошев и Андов започнуваат после состанокот на ВМРО ДПМНЕ езерото Младост во Велес.
Голубовски за председател на собранието е во една друга комбинација. тој преговара без знаењето на партискиот врв со бившата комунистичка влада, Глигорие Гоговски и затоа е приморан да поднесе оставка на состанокот на езерото Младост.



[Image: scan0163.jpg]

Tapshanje pretpostavuvam si clen na dpmne i toa od povisok rang citam stari postovi dosta si informiran! Zatoa ne veruvam deka od neznaenje proturas vakva dezinformacija ! Ili pak nekoj te izmanipuliral !!!
Fakt e vo stenogramite vo Sobranie vo bibliotekata mozes da pobaras uvid, ke vidis deka vo periodot po izborite pred slucajot na velesko ezero e odrzana edna podgotvitelna sredba na lidersko nivo plus i kiro i starova na istata, na koja od edna strana sedele site drugi a od drugata starova i golubovski.Starova bukvalno im se obratil na site, eve golubovski neka se naviknuva na ovaa pozicija kako sto e dogovoreno. Tajnite razgovori so Gosev pod mentorstvo na sluzbata gi pravel Ljubco, procitaj sto pisuvaa mediumite togas! Velesko ezero e tokmu zatoa za da se izigra dpmne da ostane so prstot vo usta Icon_razz)))
18-01-2012, 12:49 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27

(18-01-2012, 12:49 AM)ogan Wrote: Tapshanje pretpostavuvam si clen na dpmne i toa od povisok rang citam stari postovi dosta si informiran! Zatoa ne veruvam deka od neznaenje proturas vakva dezinformacija ! Ili pak nekoj te izmanipuliral !!!


Јас воопшто не протурам дезинформации. Сето што сум го напишал сум го документирал а и ти самиот го потврдуваш.


(18-01-2012, 12:49 AM)ogan Wrote: Fakt e vo stenogramite vo Sobranie vo bibliotekata mozes da pobaras uvid, ke vidis deka vo periodot po izborite pred slucajot na velesko ezero e odrzana edna podgotvitelna sredba na lidersko nivo plus i kiro i starova na istata, na koja od edna strana sedele site drugi a od drugata starova i golubovski.Starova bukvalno im se obratil na site, eve golubovski neka se naviknuva na ovaa pozicija kako sto e dogovoreno.



Јас сум напишал дека голубовски за Председател на собранието не бил предвиден во разговорите Георгиевски, Гошев, Андов. Преговорите помеѓу овие троица започнуваат по состанокот на езерото Младост. Tи сам велиш дека: pred slucajot na velesko ezero e odrzana edna podgotvitelna sredba na koja od edna strana sedele site drugi a od drugata starova i golubovski


(11-01-2012, 03:57 PM)ЈорданПетровски Wrote: Една од големите лаги на Васко е дека Голубовски бил во игра за председател на собранието во преговорите помеѓу Георгиевски, Гошев и Андов.


(11-01-2012, 03:57 PM)ЈорданПетровски Wrote: Голубовски за председател на собранието е во една друга комбинација. тој преговара без знаењето на партискиот врв со бившата комунистичка влада, Глигорие Гоговски и затоа е приморан да поднесе оставка на состанокот на езерото Младост.

[Image: scan0164.jpg]



(18-01-2012, 12:49 AM)ogan Wrote: Tajnite razgovori so Gosev pod mentorstvo na sluzbata gi pravel Ljubco, procitaj sto pisuvaa mediumite togas! Velesko ezero e tokmu zatoa za da se izigra dpmne da ostane so prstot vo usta Icon_razz)))



Разговорите помеѓу Љупчо, Гошев и Андов воопшто не беа тајни. Тие започнаа по состанокот на езерото Младост.

Еве што вели за тоа љупчо Георгиевски;


Quote:Бевме многу наивни

Вие тогаш имавме 23-24 години. Андов и Гошев велат дека вие сте сакале да бидете премиер.

Го прочитав тоа, но не - мислам дека тоа се нивни лоши спомени. Во таа фаза никогаш не сум се гледал како премиер. Единствено ме интересираше ВМРО-ДПМНЕ да добие што повеќе места во владата. Мојата позицијата не беше никаков проблем. Тогаш се правеа триста комбинации во кои Георгиевски не се ни спомнуваше. Во преговорите јас лично навивав и сакав Гошев да го видам како премиер, затоа што тој имаше имиџ на економист. Но, тој како да избега од таа позиција, повеќе сакаше за претседател и тоа мене не ми беше спорно, меѓутоа сакав да знам што добива ВМРО-ДПМНЕ во целата таа ситуација. Се согласувавме со сите варијанти, ние бевме многу меки, повеќе нишаневме на тоа да добиеме повеќе министерски места отколку некоја трите позиции да биде наша. Андов беше конструктивен во целата ситуација, можеби затоа што беше задоволен со позицијата на претседател на Собранието, која веќе беше фиксирана за Реформските сили. Но, сите тие игри беа игри на Сојузот на комунисти и нивни внатрешни пресметки. Дури и комбинацијата која ние ја прифативме, владиката Михаил да биде претседател беше произлезена од Сојузот на комунистите. Неа јас несвесно ја прифатив, затоа што ми изгледаше интересно. Најверојатно тоа беше пресметка со Гошев на некое крило внатре меѓу комунистите.



Дали предлогот за владиката Михаил беше предлог на Љупчо Георгиевски или на ВМРО-ДПМНЕ?

Можеби ова е многу добар момент да го расветлиме тој момент. Предлогот дојде од Божин Павловски, директорот на „Мисла“. Кога ми ја кажа таа идеја морам да кажам дека ми стана симпатична. Го прашав дали тоа ќе го прифатат Гошев и Андов. Не можам сега точно да се сетам дали неговиот одговор беше дека веќе зборувал со нив и дека прифатиле или дека допрва ќе зборува. Меѓутоа, пред да ја изнесам таа идеја пред Гошев и Андов јас веќе имав потврда од Божин Павловски дека тие се согласуваат со тоа решение. Таква беше играта на тоа решение. Отпосле, преку некои други информации, разбрав дека Божин Павловски можеби со Петар Гошев или со некој друг од СКМ веќе ја имале направено таа стратегија. Едноставно, јас ја купив идејата, која веќе беше креирана во Сојузот на комунистите, само не знам од која структура таму. Затоа бев многу изненаден кога СКМ го урна тој предлог на една од седниците на нивниот централен комитет. Инаку, со владиката Михаил немав никаква посебна комуникација претходно.


Изјава на Андов:


Quote:По изборите, доаѓа до познатите тројни средби меѓу партијата на Андов, на СКМ-ПДП и ВМРО-ДПМНЕ, на кои, по договорот Андов да ја преземе функцијата претседател на Собранието, Гошев и Љубчо Георгиевски ќе се надмудруваат кој ќе ги преземе преостанатите две функции - претседател на Републиката и претседател на Владата.



18-01-2012, 04:14 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#28

Уште еден поглед кон делото на Киро Глигоров:

Quote:Глигоров и независна Македонија
17 сеп 2012 09:10

Во рамките на југословенската федерација, Македонија беше на маргините. Вината за тоа беше кај нас, не во Белград. Толкави ни беа капацитетите. Бевме поголеми Jугословени од сите и ја запоставуваме македонштината. Читавме „Политика”, гледавме ТВ Загреб… Се срамевме од и критикувавме се наше. Впрочем, и денес купуваме главно увозни производи, место домашни.

Ристо Никовски

Во такви услови, креирани или, макар, толерирани од тогашното раководство, истото не можеше да сфати дека дезинтеграцијата на федерацијата е започната, напредната и – неизбежна. Дека иднината лежи во целосно независна македонска држава. Додека Словенците веќе подолго време имаа разработени пост-југословенски планови и заедно со Хрватска предлагаа конфедеративно уредување, нас и самиот распад не затекна целосно неподготвени и збунети.

Политичките првенци на Македонија не ни помислуваа дека треба да го менаџираат процесот. Институциите, кои мораа да подготвуваат што побезболно одвојување од заедничката држава – не беа ни информирани што следи. Граѓаните уште помалку. Огромниот дел не ни претпоставуваше што не чека. За медиумите и партиската пропаганда, Југославија предолго беше нешто неприкосновено.

Во Македонија, поранешниот систем не изгради ниту искусни политичари, камо ли државници, со ретки исклучоци. Среќна околност за државата беше што од Белград се врати Киро Глигоров, кој долги години помина блиску до Тито, еден од политичките гении на 20-тиот век. Ако не беше тој, кој ќе го водеше македонскиот брод низ торнадото? Кој?

Денес му се префрла дека предолго работел на зачувувањето на Југославија и дека со Изетбеговиќ останале последните мускетари на таа линија. Во тоа има вистина. Ама тоа не беше случајно. Денес, после 20 години, гледаме дека точно овие две држави се сеуште спорни! Недовршени! Тоа најдобро потврдува дека Глигоров мораше така да се однесува. А Изетбеговиќ уште повеќе – БиХ помина и низ долга војна. Над двете земји се надвиснуваше истата опасност. Македонија се спаси. БиХ – не.

Точно е и дека референдумското прашање беше двосмислено. Меѓутоа, дека Глигоров бил за независна македонска држава не мора да се докажува. Како таков тој бил жигосан уште за време на Втората светска војна кога, преку АНОК, се залагал за самостојна Македонија.

Значи, факт е дека Глигоров беше максимално внимателен при распаѓањето на Југославија, ама невкусно е да се тврди, целосно неаргументирано, дека тоа било поради некакво просрпство или пројугословенство. А дека бил пратен од Белград е прво – смешно, а потоа – аматерско подметнување.

Глигоров беше длабоко свесен за опасностите со кои се соочуваше македонската држава и затоа така се однесуваше. Покрај целосната неподготвеност на политичарите и народот за крајот на федерацијата, кои ги затекна кога се врати во Македонија, тој поаѓаше и од значајните воени капацитети на ЈНА во земјата, која веќе беше српска војска. На сигнал од Белград, за само неколку саати, војската можеше да ја земе власта во свои раце и да диктира што понатаму. Меѓународната заедница ќе кренеше мала врева, ќе го осудеше чинот и, главно – толку. Сега добро знаеме дека Милошевиќ разговорал со Мицотакис и Самарас околу поделба на Македонија, што само потврдува дека стравот и воздржаноста на Глигоров биле основани. Впрочем, на опасноста од Србија реагираа и САД, кои испратија неколку стотини свои војници во УНПРЕДЕП, во декември 1991. Ги пратија не толку за да ја зајакнат Македонија, колку за да не падне во рацете на Србија.

Кога подлабоко ќе се анализираат потезите на Глигоров, во периодот 1991 – 1995, лесно ќе се увиди дека клучот на неговата политика беше изјавата која ја дал во Крањ, на 11 април 1991, по средбата на претседателите на југословенските републики („Нова Македонија”, 16 јули 2012, „Претседателот Глигоров и потпретседателот Георгиевски”). Рекол – „Македонија е заинтересирана за живот во југословенската заедница, но ако некоја република се отцепи, ние нема да останеме во остатокот на федерацијата”. Глигоров беше прецизен – или цела федерација, или без нас.

Голема мудрост и државништво се крие во неговата мисла. Значи, ние не сме носители на распадот на федерацијата ама, еден ли замине, ние сме вториот. Така, Србија немаше аргумент да преземе било што против Македонија. А, да не забораваме, таа ја доби оваа земја со Букурешкиот мир и Версајскиот договор и, во 1944 година, доброволно се откажа од неа. Да не беа комунистите во прашање, тоа никогаш немаше да се случи. Тој чин ние мора високо да го почитуваме. Мораме и да се прашаме – дали во случај Македонија да се појавеше како носител на распадот на Југославија, Србија немаше да интервенира и да се повика на Букурешкиот мир и Версајскиот договор и да си го бара назад ова парче земја? Тоа можеби не би било сосема легално, ама откако војската би ја земала контролата и би формирала влада со таква политика… Кај би ни бил тогаш крајот? Народот не беше спремен за отпор. Имаше про-југословенство, тајни служби, ЈНА…

И контраверзното референдумско прашање ја имаше истата цел: да не го провоцира Белград за каква било акција. Глигоров беше доследен – остануваме заинтересирани за Југославија ама, нели, цела. А подолго време беше веќе кристално јасно дека таква – веќе нема да ја има. Главната порака беше дека Македонија не го води орото и не е против Србија. Во прашање е класичен и врвен прагматизам. Да се избегне војна. Да се постигне целта, а цената да не биде превисока. Тој тоа и го постигна.

Глигоров имаше истенчен, државнички нерв за политиката и, во огромен процент, потезите кои ги влечеше на надворешно-политички план, во критичниот период од 1991 до 1995 година, беа апсолутно во корист на Македонија.

Денес, ние можеме и да оценуваме дека македонската надворешна политика, во периодот 1991-1993, предолго играше на картата на Југославија. Меѓутоа, во дадените услови, воопшто не беше возможно, камо ли лесно, да се оцени до кога и колку да се тактизира. Кога да се заостри политиката, а кога да се проголта по некоја кнедла. Причина за таквото однесување, во голема мерка, беше и резултат на неспремноста на меѓународниот фактор да ја признае земјата. Место целосна подршка за мирољубивата политика, светот долго ја држеше Македонија во одредена изолација и без вистински маневарски простор.

Да потсетиме дека е тоа и период кога Албанците ги бојкотираа референдумот и донесувањето на Уставот, кога организираа паравојска и референдум за Илирида… Објективно, тие немаа ниту аналитика, ниту планирање од геостратегиски калибар кои би продуцирале такви чекори. Што мислите, сето тоа беше масло само на нашите Албанци или имаше вмешано и надворешни фактори? Пресудете сами. Јас немам дилеми.

Тие што тврдат дека САД се ангажирале околу опстанокот на Македонија и дека биле наш партнер, меѓу повеќето работи, треба да објаснат зошто тогаш Вашингтон ги призна Словенија, Хрватска и БиХ во април и таму испрати амбасадори во август 1992, а Македонија ја призна во февруари 1994 (после две години), а амбасадор во Скопје испрати во јули 1996 (после четири години)? Подобар доказ од тоа колку се „грижеле” за нас – нема. Поточно е да се каже дека очекувале распад и на тоа интензивно работеле (оспорување на името, толерирање на блокадата на границата…).

Некои очигледно ги измешале картите кој е кој и кој е што во независноста на Македонија.

http://www.time.mk/read/NONE/8e16521115/index.html
18-09-2012, 09:20 AM
Reply