Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЕДНОУМИЕТО И БОЛНАТА СУЕТА БЛЕСНАА СО СИОТ СЈАЈ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,130
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1



[Image: 4956639046_7c998a37f6.jpg]



Quote:реда, 21 декември 2011, 12:32


Љубе Бошкоски му се извини на премиерот Груевски


[Image: 21122011123251_boskovski.jpg]
Груевски за изречените клевети и за непријатностите што ги предизвикал со изнесувањето невистини и навреди за време на изборната кампања за предвремените парламентарни избори годинава

- Јавно се извинувам на Никола Груевски за изречените клевети од моја страна, а кои се предмет на приватна тужба по која се води постапка пред Основен суд Скопје, како и за сите останати клевети и навреди кои во изминатиот период ги изреков за него, без оглед дали за тоа сум тужен или не- стои во писменото јавно извинување.

Овие невистини, вели Бошкоски, ги изрекол врз основа на погрешни информации и податоци кои во изминатиов период му биле подметнати од определен круг на лица.

- Жалам за непријатностите што сум ги предизвикал со јавното изнесување невистини и навреди за Никола Груевски- вели Бошкоски во писмото.



Главна одлика на сите диктатори е да ја покажат моќта. Покажување на моќ преку понижување на довчерашниот "соборец", сопартиец, соистомисленик кој станал "идеолошки" противникот е најомиленото задоволување на егото, самобендисаноста на диктаторот.
Оваа што се случува со Брат Љубе е порака до сите сопартијци на Груевски што ке ги снајде ако се дрзнат да го напуштат "единствениот исправен пат" пат по кој ги води "големиот водач".
21-12-2011, 01:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,130
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2





Quote:Бошкоски од Шутка му се извини на Мијалков

[Image: saso%20mijalkov.jpg]
Љубе Бошкоски, претседателот на Обединети за Македонија, од притвор во затворот во Шутка му се извини на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков за, како што пишува во изјавата, навредите што му ги упатил во предизборната кампања



- Јавно му се извинувам на г-дин Сашо Мијалков за изречените навреди клевети, а кои се предмет на три приватни тужби. Овие клевети и навреди ги изреков врз основа на погрешни информации и податоци, кои во изминатиов период до мене случајно или намерно беа доставувани од одреден круг луѓе - пишува во изјавата на Бошкоски.

Иако на изјавата стои потписот на Бошкоски и местото и датумот кога е таа напишана, документот не е пишуван на рака туку на компјутер. Бошкоски, на кој му се суди за нелегално финансирање кампања и за злоупотреба на службената положба, веќе четврти месец е во притвор. Претходно во изборната кампања за предвремените парламентарни избори тој од Антикорупциската комисија бараше директорот на УБК Мијалков да биде кривично гонет поради, како што тврдеше, сомнителни бизниси во Чешка. Официјална реакција од Мијалков нема.
21-12-2011, 02:05 PM
Reply