Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 5 Vote(s) - 2.6 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
УАПСЕН ВРАНИШКОВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:СЕ ЧЕКА ПРАВОСИЛНА СУДСКА ОДЛУКА


Вранишковски се враќа во Идризово

[Image: 57BAEEA469C65D42A769A98D840C92EF.jpg]

Судските власти во Бугарија, одлучиле да ги прифатат аргументите на македонското Министерство за правда. Изворите на Вечер велат, дека се чека само правосилност на судската одлука


Ексвладиката на МПЦ, Јован Вранишковски е пред екстрадиција, дознава Вечер. Софискиот основен суд, пред нова година донел одлука Вранишковски да и биде испорачан на Македонија, каде треба да ја одлежи две и полгодишната затворска казна. Судските власти во Бугарија одлучиле да ги прифатат аргументите на македонското Министерство за правда. Изворите на Вечер велат дека се чека само правосилност на судската одлука. Вранишковски го обжалил решението на Основниот суд и денеска Апелациониот суд во Софија треба да расправа по неговата жалба.

Доколку одлучи да ја отфрли, тогаш на Вранишковски не му остануваат други правни мерки, и тој во најскоро време, откако претходно бугарските и македонските власти ќе ги дефинираат деталите, ќе биде екстрадиран.

Во македонското Министерство за правда, се уште немаат добиено каков било одговор од бугарската држава. Сепак, очекуваат Бугарија да ги почитува меѓународните конвенции.
За одлуката на Основниот суд, знаат и во Јовановата ПОА. Меѓутоа се воздражуваат од коментари се додека не добијат правосилна пресуда.

Вранишковски беше приведен на бугарско-српската граница на 17 ноември, по меѓународна потерница распишана од Македонија.

(М.Н.)
(This post was last modified: 04-01-2011, 12:50 AM by ЈорданПетровски.)
04-01-2011, 12:49 AM
Reply
jingiby Offline
Posting Freak
*****

Posts: 994
Joined: Aug 2010
Reputation: 15
#2

Освободихме осъдения в Македония духовник NEWS bg, 04.01.2011, 13:02, Ина Друмева.

Софийски апелативен съд отмени решение на Софийски окръжен съд и отказа да екстрадира архиепископ Йован Вранишковски - глава на Охридската архиепископия.

Освен това състав на САС отмени забраната архиепископът да напуска границите на България и отмени мярката му за неотклонение „домашен арест". Решението е окончателно и не подлежи на обжалване.

Минути преди съдът да обяви решението си Йован Вранишковски заяви пред българските медии, че целият случай се гради на един „политически монтиран" процес. Духовникът разказа, че преследването срещу него и последователите му е започнало през 2002 г.

„Тогава встъпихме в единство със Сръбската православна църква и решихме дългогодишния разкол", допълни Вранишковски.

Той е бил осъден на 2 години и половина затвор за разпалване на национална и верска омраза в Македония. Обжалвал е пред европейските институции и присъдата му е била намалена на 8 месеца, които е излежал.

Софийски окръжен съд разреши екстрадицията му заради друго дело в Македония, което е приключило с осъдителна присъда. Вранишковски е осъден за длъжностно присвояване на 250 хил. евро. Това е сумата, отпусната за период от 4 години за издръжка на Македонската православна църква.

„Очевидно, за да продължат тези преследвания в Македония, съдът ме осъди на две години и половина затвор", обясни архиепископът. Той посочи, че преди това е бил оправдаван по това обвинение два пъти.

Присъдата е само последица и резултат от искането на македонските власти да го направят бездействен в страната, обясни духовникът пред българския съд.
Според него може да се намери решение на ситуацията, единствено ако Македония отстъпи и не прави проблема политически.

По време на съдебното заседание Софийски апелативен съд разпита двама свидетели по делото - свещеник и монахиня. Те разказаха, че на 24 февруари 2004 г. петима въоръжени и маскирани мъже нахлули в манастира, в който живеел Йован Вранишковски, затворили всички духовници в една от килиите, събрали в чували всички икони и много от вещите в параклиса и отрязали косите на монахините.

Свидетелите разказаха пред съда, че след това всички монаси били изведени от сградата, а петимата въоръжени запалили манастира. Вранишковски е бил задържан, а последователите му - изгонени от манастира, в който живеели.

Един от свидетелите сподели, че е посещавал архиепископа в ареста по време на празници, за да му даде светото причастие, но македонската полиция не го пуснала да се срещне с арестувания монах.

Защитникът на Йован Вранишковски, адвокат Йонко Грозев, подчерта, че ако той бъде върнат в Македония има реална опасност преследването срещу него и последователите му да продължи и положението му да стане по-тежко.

Припомняме, Вранишковски беше задържан на 17 ноември 2010 г. на границата с Гърция заради издадена заповед за издирване от Интерпол. Софийски окръжен съд реши да екстрадира архиепископа заради влязла в сила присъда, постановена от Македонски съд.
[Image: 03079b0284b1ec94.jpg]
04-01-2011, 12:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ОФИСКА АПЕЛАЦИЈА ЈА УКИНА ОДЛУКАТА ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА


Вранишковски од Софија отпатува за Белград


Зошто бугарските судски институции за една недела донесоа две контрадикторни решенија, никој не коментира. Изворите на ВЕЧЕР не ја отфрлаат можноста за политичко влијание врз одлуката на Апелацискиот суд


Апелацискиот суд во Софија направи пресврт во екстрадицијата на Јован Вранишковски. Наместо да допатува во Идризово, ексвладиката на МПЦ отпатува за Белград. Второстепениот софиски суд одлучил да ја укине одлуката за екстрадиција на Основниот суд, со што практично Вранишковски од вчера е на слобода. Софиска апелација освен што потврдува дека е укината одлуката за екстрадиција, не ги соопштува мотивите зошто во последен момент одлучила да ја прифати жалбата на Вранишковски. Ова решение, според бугарските судски процедури, е последно и по него нема право на жалба.

Зошто бугарските судски институции за една недела донесоа две контрадикторни решенија, никој не коментира. Изворите на ВЕЧЕР не ја отфрлаат можноста за политичко влијание врз одлуката на Апелацискиот суд, особено ако се земе предвид и моментот дека Јован 40-дневниот екстрадициски притвор го отслужи во домашни услови.

Од Македонската православна црква исто така не ја коментираат одлуката Јован де не биде екстрадиран, но неофицијално велат дека не се изненадени од овој потег на бугарските власти.
Извори за ВЕЧЕР велат дека Вранишковски, всушност, месец и половина и не бил во класичен домашен пртвор. Секојдневно можел да се забележи на софиските улици, а држел и предавања на Богословскиот факултет пред студенти, афирмирајќи ја неговата ПОА и напаѓајќи ја македонската држава. Неколкупати имал и средби со бугарските архиереи, кои изминативе години не му беа нешто многу наклонети. Црковни извори за ВЕЧЕР коментираат дека Бугарската православна црква, всушност, ја одиграла клучната улога Јован да не биде екстрадиран, за возврат Вранишковски сега ќе треба да им одработува, исто како што тоа со години го правеше за црковен Белград и за Атина. Тоа, велат истите извори, не треба да ја исклучи и варијантата дека неговото приведување на 17 ноември можеби е и изрежирано сценарио. На тој начин доби можност непречено да конаткитира со бугарската јавност.

Одулката на софискиот суд сепак не менува ништо во делото на Вранишковски. За него и понатаму останува меѓународната потерница. Следниве години неговото движење повторно ќе биде ограничено на реалција Србија - Бугарија - Грција. Влез во Макендонија му е оневозможен во следните 5 години.
Марјан НИКОЛОВСКИ

АГАТАНГЕЛ: ГОЛЕМ УДАР ЗА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА

Одлуката на Софискиот Апелациски суд да не го испорача Вранишковски не е удар само на Македонската православна црква туку тоа е голем удар на македонската држава. Со оваа одлука Бугарија, иако е членка на Европската унија, самата ги крши правата, а не осудува нас", изјави вчера митрополитот на Повардарска епархија, Агатангел.


Маневски ја чека одлуката на Софискиот суд
Потерницата за Вранишковски останува во сила!
Министерот за правда Михајло Маневски вчера изјави дека не ја добил одлуката на Апелацискиот суд од Софија и не може да ги коментира причините поради кои Судот одлучил да го одбие барањето за екстрадиција на Јован Вранишковски. Тој вели дека постапката е поведена во согласност со Конвенцијата за екстрадиција на осудени лица, доставени се сите потребни документи и извршени сите потребни дејствија за екстрадиција. Според тоа, вели тој, одлуката на бугарските власти не се однесува за ниедна друга држава освен само за Република Бугарија.
- За нас останува пресудата и си останува во сила издадената потерница. Се работи за корупциско кривично дело за коешто е изречена казна од надлежниот суд, вели Маневски.

Министерот за правда не сака да навлегува во коментирање на шпекулациите дали станува збор за правна или политичка одлука.
- Засега ова е неофицијално и не можам да се впуштам во коментирање на причините зошто така одлучил второстепениот суд кој одлучувал по жалба, а првостепениот суд се согласил да се изврши екстрадиција на Вранишковски. Тоа значи дека и кај бугарските власти и кај судовите имало различни мислења за едно исто прашање, така што ќе видиме кога ќе дојде одлуката кој мотивот за второстепениот суд да одлучи така како што одлучил, вели Маневски.

Вранишковски беше приведен во ноември минатата година од бугарската полиција на граничниот премин Калотина, на границата со Србија, врз основа на меѓународната потерница што ја издаде Интерпол, а по налог на Основниот суд од Велес, кој го осуди на 2,5 години затвор за проневера на 250.000 евра од црквите и манастирите на Пелагониската, Брегалничката и Повардарската епархија во коишто работеше.
(This post was last modified: 05-01-2011, 12:12 AM by ЈорданПетровски.)
05-01-2011, 12:12 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Да не го заборавиме ова:


(16-12-2010, 11:41 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: [Image: 201866-01-02.jpg]

..... Грција бара сојузници за Грчко-Израелското влијание на Балканот. Познати се Бугарско-Турските односи а со тоа е јасно дека Бугарија ке биде подржувач на тој нов сојуз. Присуството на Србија е од две причини: едната да се убеди Србија да влезе во овој сојуз, што е малку веројатно и другата причина е да се изврши пријателски притисок на Бугарија да не го екстрадира Вранишковски во Македонија.


Да се запрашаме зошто нашиот министер за надворешни работи не отиде во Бугарија за да поразговара.
05-01-2011, 12:27 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#5

Вранишковски нема да биде екстрадиран во Македонија, како што и мислев. Укината му е мерката притвор и забраната за напуштање на бугарските граници. Србија и Бугарија убаво ни го турија, нема што. Не за џабе оној Јеремиќ се кезеше на средбата...Апла очекуван исход. Се е јасно како 2 и 2. Но, да не заборавиме за тоа колку нашиве играат за Србија, а колку се игнорантни спрема Бугарија. Бугарија ни залепи шамарчина, која до негде ни е заслужена, но и која јасно ни кажува какви се нашите релации со Србија.
06-01-2011, 07:41 PM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#6

Всъщност,сега като попрочетох за случая се оказва,че апелативния съд е нарушил закона като не екстрадира Вранишковски.След издадена присъда от Македонски съд е пусната заповед за издирване от Интерпол.По всички международни договори България е длъжна да екстрадира сърбоманския владика в Македония,а го пуска...не разбирам защо изобщо са го задържали...
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
08-01-2011, 04:00 PM
Website Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#7

Абе,защо тази тема е в раздел "религия"?? Pop
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
08-01-2011, 04:06 PM
Website Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Уапсен Вранишковски на граничниот премин Меџитлија
Објавено: пред 21 минути


Денеска при обид да влезе во Македонија, на граничниот премин Меџитлија, на границата со Грција, беше уапсен Архиепископот охридски и Митрополит скопски од таканаречената Православна охридска архиепископија, г.г. Јован и одведен во затворот Идризово во Скопје, информираат од канцеларијата на Архиепископијата охридска и Митрополија скопска.

„По лажните обвинувања од расколничката организација во Република Македонија, во 2010 г., Архиепископот Јован беше осуден на затворска казна, но од причини што судскиот процес се вршеше во негово отсуство, тој има законско право да побара повторување на постапката. Затоа се очекува дека за три до пет дена тој треба да биде ослободен од затворот и да му се овозможи нова судска постапка во која ќе се брани од слобода“ - се наведува во мејлот испратен до Плусинфо.

Во соопштението уште се вели дека на 16 Ноември 2010 година Архиепископот Јован беше уапсен на бугарската граница по потерница на Интерпол од Македонија, токму заради издржување на оваа затворска казна, но Судот во Бугарија го ослободи со образложение дека судската пресуда од Македонија е резултат на гонењето кое Архиепископот веќе девет години го поднесува врз религиозна основа, а не затоа што вистински бил виновен според кривичниот законик.

АА/ВЃ



Овој коментар е бајаги интересен:


Quote:"Откако со пресудата во Хаг паднаа грчките аргументи дека Македонија краде нечија историја, сега знаеме што ќе биде тактиката во иднина: сега Грција ќе не обвинува дека не ги почитуваме верските слободи. Сега треба внимателно да се следи кој од домашната јавност ќе му даде поддршка на Вранишковски, преку тоа, тој што знае да чита, ќе може многу да прочита."
(This post was last modified: 12-12-2011, 01:29 PM by ЈорданПетровски.)
12-12-2011, 01:27 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#9

имавме национални напади од аспект медиуми и слобода на говор (ЕУ ниво),
потоа следеше пресудата од Хаг во корист на МК...

а сега се (по)јави „Јофо Враната„ ....

епа, ај со среќа нека ни е!

цитат: „Овој коментар е бајаги интересен„

не што е само интересен, него ги поставува работите во правилно светло! дава почетна позиција...

бтв, мислам дека нема да успееш да одречеш што ти бев спомнал во последниот ПМ....а го користам како почеток во овој пост...

пс - и нема да е лошо да кажеш за чиј цитат (извор) станува збор ;-)
0+0+0=60%
(This post was last modified: 14-12-2011, 01:22 AM by toni_a.)
14-12-2011, 01:16 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#10

само мало надополнување:

се радувам дека не сум сам!
0+0+0=60%
14-12-2011, 01:25 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#11

еве слика (принт) од приватните ми пораки:

[Image: unbenanntok.jpg]


баш ме интересира дали овие цитати кои ги вади Јордан се поклопуваат АМА ептен случајно, туку така, со тоа што сум го пишал (пред да постирам превод од „Тубата„ на форумов) !?


мислам, навистина ни фали една „типка„ тука...Ањѓа на времето и беше ник, доколку не се лажам...она би објаснила! или??? Smajlito
0+0+0=60%
(This post was last modified: 14-12-2011, 02:04 AM by toni_a.)
14-12-2011, 02:03 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12


Quote:KОЈА Е ЗАДНИНАТА НА НЕОЧЕKУВАНОТО ПРЕДАВАЊЕ НА ВРАНИШKОВСKИ


Грчка одмазда за поразот во Хаг

[Image: 388281B94C41F4489F90A363B66E6B83.jpg]

Зад доброволното враќање на Јован Вранишкоски во земјава се крие посебна грчка стратегија за повторно претставување на Македонија како земја во која се задушуваат верските слободи во новонастанатата ситуација, по позитивната одлука на Меѓународниот суд во Хаг. Ваквата стратегија, со актуализирањето на случајот во кој еден верски достоинственик се става во затвор откако бил осуден во отсуство, има за цел првенствено да се анулираат позитивните страни што за нашата земја ги донела одлуката на хашките судии, кои оценија дека Грција неосновано ги попречува нашите евроатлантски интеграции. Затоа, каква и да биде одлуката што деновиве ќе ја донесе македонското правосудство за евентуалното обновување на случајот на поранешниот велешки владика што МПЦ го расчини откако ~ се приклучи на Српската православна црква, таа ќе биде проблематизирана од аспект на задушувањето на верските и граѓанските слободи во земјава.

Вакво размислување вчера можеше да се чуе во круговите на МПЦ, откако по сосема неочекувано доброволно предавање на Вранишкоски на македонските власти во јавноста се појавија дилеми дали тој чин во заднината го крие и сценариото за деблокирање на со години замрзнатите меѓуцрковни преговори со СПЦ. Според тоа сценарио, повторувањето на судењето на Вранишкоски и евентуалната блага казна за него, би отворило пат кон нови преговори за признавање на автокефалноста на МПЦ која, како што е познато, чека амин од црковен Белград.

Повторна злоупотреба

Македонски владици што сакаат да останат анонимни, неочекуваниот пресврт во однесувањето на Вранишкоски најмногу го припишуваат на грчките игри и на овој начин да го (зло)употребат, бидејќи неговата употребна вредност е само да предизвикува проблеми со верските слободи во Македонија. Тие ја дозволуваат и можноста во ова сценарио да се вплеткани и српските црковни структури кои, според нив, сега бараат начин како да се ослободат од Вранишковски, бидејќи веќе е извесно дека замислениот проект со инсталирањето паралелна црква во Македонија доживеал дебакл.

- Ако тој сакаше да му се повтори судската постапка како што сега бара, зошто не се предаде порано, туку токму сега, по одлуката на судот во Хаг. Аргументот за барањето ќе му беше ист и тогаш и сега. Значи, повторувањето се случува во време кога на грчката страна ~ е потребно да се организира за да ги намали позитивните ефекти што за нас ги донесе пресудата со која нашиот јужен сосед е јасно означен како страна што ја крши меѓудржавната спогодба - вели владика, член на Светиот синод на МПЦ.

Тој првенствено мисли на случајот од ноември минатата година кога бугарските власти го притворија Вранишкоски откако се појави на нивната граница, по барањето на нашите органи, но подоцна решија да го пуштат. Инаку, поранешниот велешки владика најголемиот дел од времето откако избега од Македонија за да не ја отслужи две и полгодишната затворска казна го поминувал во Грција. Само одвреме-навреме учествувал на богослужби со српски владици кои, иако често ја потенцираа потребата тој да биде ослободен од вината за да има некакви разговори, сепак биле разочарани од ефектите на Вранишкоски меѓу верниците во Македонија.

- Нека не ве чуди тоа што тој се согласил и сега да биде употребен на ваков начин. Kога еднаш ќе дозволите да ве употребат, тогаш само прашање на време е кога тоа ќе се повтори. Ако СПЦ сакаше и досега да има некакви преговори, ќе се најдеше начин тоа да се направи со него на слобода во Србија или во Грција, каде што досега престојувал - вели еден друг македонски владика.

Неофицијални црковни извори, пак, потврдуваат дека некои македонско-српски црковни контакти постојат, но тие се водат на пониско ниво.

Намалена употребна вредност

Прашањето што сега се наметнува е дали новото сценарио што почна да се реализира ќе го има ефектот што веројатно го планира грчката страна. Своевремено, кога Вранишкоски исто така ја издржуваше првата затворска казна во „Идризово“ поради направените злоупотреби, тој случај повлече негативни реакции во меѓународната јавност. За него во 2005 година до тогашниот премиер Владо Бучковски реагираа дури и вселенскиот патријарх Вартоломеј, како и бискупот Јозеф Хомајер, претседател на Европската бискупска конференција. Хомајер дури испратил и писмо до Хавиер Солана, тогашен висок претставник на ЕУ, од кога побарал заштита на правата на верските и на слободите на изразувањето.

Меѓутоа, оттогаш работите се сменети. Вселенскиот патријарх Вартоломеј пред неколку години на погребот на српскиот патријарх Павле порача дека решение за црковниот проблем мора да се бара со „црквата во Скопје“, мислејќи на МПЦ, иако дотогаш се нагласувало дека црковниот проблем во Македонија е решен со создавањето на т.н. ПОА. Таков став пред повеќе месеци повтори и деканот на солунскиот Теолошки факултет кој е близок до вселенскиот патријарх, што беше јасна порака за маргинализација на Вранишкоски.

- Тоа беше јасен став дека МПЦ е страната со која ќе треба да се преговара за да се дојде до решението. И затоа е јасно дека употребната вредност на Вранишкоски веќе не е толку голема колку што беше порано - вели еден владика на МПЦ.

Патријархот Вартоломеј, пак, сега е зафатен со конфронтацијата со Руската православна црква околу настојувањата да си добие повлијателна положба во семејството на православните цркви.

Молк во српските медиуми
Според сознанијата, сосема е неизвесно дали овој случај ќе биде тема на средбата во петок на македонскиот и на српскиот претседател Ѓорге Иванов и Борис Тадиќ. Инаку, темата на црковните односи постојано била предмет на разговор за да се помогне тој процес. Српската страна искажувала став со кој „случајот Вранишкоски претставува работа на македонското правосудство“.

Од друга страна, пак, во српските медиуми веста за неговото доброволно предавање е третирана како информација без поголемо значење. Се потенцира само дека се очекува повторување на судската постапка. Порано, за неговото притворање реагираше и државното раководство на Србија.

Бранко Ѓорѓевски




Дали со зелениот болд се подготвува "убоито" оружје, нормално за домашна употреба на Груевски, за пресметка со секое укажување за недемократијата во Македонија.
Да појаснам, Милчиновци, Фокусовци, Жарковци .... не ги сметам за цели против кои ке се користи оружјето. Тие ке се "муницијата" која ке ја користи оружјето.
14-12-2011, 08:20 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#13

(14-12-2011, 08:20 AM)ЈорданПетровски Wrote: Дали со зелениот болд се подготвува "убоито" оружје, нормално за домашна употреба на Груевски, за пресметка со секое укажување за недемократијата во Македонија.
Да појаснам, Милчиновци, Фокусовци, Жарковци .... не ги сметам за цели против кои ке се користи оружјето. Тие ке се "муницијата" која ке ја користи оружјето.

колку што знам, веќе има пресуда!
таа пресуда не го брка ниту Грујо ниту Свети Грујо.

доаѓањето на Јофо Враната ќе ја брка/тормози државата - Република Македонија.


пс - ама сум слушнал/прочитал дека во одредени кругови се архивираат имиња на таквите...само незнам зошто и со која цел?
имаме „новинари„ и „застапници„ за права и демократии кои само чекаат да лапнат дополнителна дневница. потоа, истото ќе се пресликува на надворешно ниво од малку по-платени кучиња.

важното е што ќе се лае против МК. аф,аф...
0+0+0=60%
(This post was last modified: 14-12-2011, 09:26 AM by toni_a.)
14-12-2011, 09:20 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#14

пс - бтв, сум слушнал дека во одредени кругови се архивираат имиња (информации) на кодоши...ама незнам со која идна цел/намера???
ова сосема сериозно.
0+0+0=60%
(This post was last modified: 14-12-2011, 09:31 AM by toni_a.)
14-12-2011, 09:30 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#15

како размислување:
и, без да си играм играчки, лично имам школски од (со) издавачки куќи....

што е проблем, доколку се собере доволно материјал да се издаде некоја книшка??? :-D

0+0+0=60%
(This post was last modified: 14-12-2011, 09:46 AM by toni_a.)
14-12-2011, 09:44 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16


Quote:Вранишковски за три дена ќе биде на слобода

Јован Вранишковски, расчинетиот владика од Македонската православна црква-ОА, за три дена ќе биде пуштен од затворот „Идризово“, каде што требаше да ја издржува затворската казна од две и пол години за злоупотреба на 250 илјади евра црковни пари

Оваа одлука ја донел велешкиот суд, со што пресудата е надвор од сила. По една година бегство од државата, Вранишковски беше уапсен пред три дена, при обид за влегување во Македонија на граничниот премин Меџитлија.




Има ли "пилот во авинот"
15-12-2011, 06:46 PM
Reply
nikoj Offline
Member
***

Posts: 218
Joined: Dec 2010
Reputation: 6
#17

(15-12-2011, 06:46 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Вранишковски за три дена ќе биде на слобода

Јован Вранишковски, расчинетиот владика од Македонската православна црква-ОА, за три дена ќе биде пуштен од затворот „Идризово“, каде што требаше да ја издржува затворската казна од две и пол години за злоупотреба на 250 илјади евра црковни пари

Оваа одлука ја донел велешкиот суд, со што пресудата е надвор од сила. По една година бегство од државата, Вранишковски беше уапсен пред три дена, при обид за влегување во Македонија на граничниот премин Меџитлија.




Има ли "пилот во авинот"

Imame li AVION e prasanjeto, za pilot ke se snajdeme.
DOBIV GREEN CARD FOR USA. VEKE SE OSEKAM KO AMERIKANEC.
15-12-2011, 09:17 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#18

правиш криминал, бегаш... се враќаш, и ти прават - пу,пу,неважи!
Bag

0+0+0=60%
16-12-2011, 12:40 AM
Reply
KRAZISTA
Unregistered

 
#19

TReba Stefanottt i kompanija da se zatvori a nE JOVAN....kade se krijat drugite srbomanski-vladici....
17-12-2011, 06:44 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#20

Распопов сепак не излезе на слобода. А некој се прашуваше дали има пилот во авионот...
Татар, па ти би требало да знаеш зошто темава е тука а не некој друг форум. Котле е разузнавачки рингишпил скроен по мерка на ВМРО-БНД а возен од одметници од УДБА. Ти си најблиску до изворот, онака службено.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
21-12-2011, 07:29 PM
Reply