Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЛАТАС НЕ ВЕРУВА ВО КОМИСИЈАТА ЗА ЛУСТРАЦИЈА !! ДАЛИ АЏИЕВ ПОДГОТВУВА ИЗНЕНАДУВАЊЕ????
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ДОБРА ИДЕЈА СО ЛОШИ МЕТОДИ, ПО ДЕФИНИЦИЈА Е КАТАСТРОФА


Лустрација: ОЗНА све дозна - ама документи нема!


[Image: Dragan%20Latas1.gif]

Процесот на лустрација е на пресвртница. Дознаваме дека оригинални и верификувани документи за полициска соработка нема колку што се очекувало, па се најавува можност за пресуди врз основа на оговарања и белешки со мислења на полицајци кои никого не обврзуваат, а полицаецот ги прави за да оправда земени пари за дневници или да прикаже на шефовите дека нешто работи. Соработниците на УЧК од 2001 стануваат херои, а соработниците на полицијата и војската - кодоши. За која држава работи македонската Комисија за лустрација?!


Откако Комисијата за верификација на фактите ги лустрираше високите функции во државата, сега следни се новинарите. Приоритети и селекција нема, Комисијата не прави редослед, туку органите со кои соработуваат ги истражуваат сите случаи и кога ќе добијат одредени релевантни податоци за одредено лице доставуваат информација до лустраторите, вели претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев. Доколку се утврди дека некој уредник или новинар бил соработник со тајните служби, медиумот, односно сопственикот, сам ќе си процени дали кодошот ја загрозува веродостојноста на медиумот и дали ќе го разреши од функција.
- Тргнавме од претседателот на државата, пратениците, премиерот, министрите, па судските органи, академиците, Уставниот суд и сега веќе почувствувавме дека имаме можност да ставиме во функција и други и во рамки на Комисијата водевме расправа и рековме, ќе ги ставиме и новинарите и носителите на јавни функции во други институции регистрирани согласно законот. Во тоа влегуваат нели политички партии, невладини организации, верски заедници и новинарите, односно основачите на приватни медиуми и новинарите и уредниците, вели првиот лустратор Томе Аџиев во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Претседателот на Комисијата смета дека редоследот на лустрирање не е пореметен со тоа што под лупа се новинарите, пред да се проверат политичарите од поранешната и актуелната власт, кои носеле и се уште носат одлуки. Аџиев убедува дека нема можност да се сокријат некои досиеја, бидејќи сите досиеја што постојат се евидентирани во УБК, во Агенцијата за разузнавање и во Архивот на РМ.
- Сите се дојдени на дневен ред, сите се проверуваат, кој прв ќе излезе, ќе излезе. Може да излезе условно кажано некој на висока функција, ќе го провериме и ако бил соработник ќе го сработиме тој предмет, ќе утврдиме, ако излезе новинар, новинар ќе биде, селекција нема, законот е така направен сите да се битни, вели Аџиев.

Процесот на лустрација е на пресвртница. Дознаваме дека оригинални и верификувани документи за полициска соработка нема колку што се очекувало, па се најавува можност за пресуди врз основа на оговарања и белешки со мислења на полицајци кои никого не обврзуваат, а полицаецот ги прави за да оправда земени пари за дневници или да прикаже на шефовите дека нешто работи. Соработниците на УЧК од 2001 стануваат херои, а соработниците на полицијата и војската - кодоши. За која држава работи македонската Комисија за лустрација?!


Лустрацијата против новинарите

Работата на новинарите се истражува врз основа на сознанија стекнати од забелешки на некој полицаец или усмени кажувања, а не врз основа на документи од кои јасно би можело да се види дали некој новинар бил во функција на полициски соработник, како и причините за тоа. Под ова се подразбира увид во службена полициска постапка во која уредно се забележува дека лицето Н.Н. доброволно станало соработник на полицијата што се докажува со негов потпис, а исто така, и пишани белешки лично од соработникот, со кои се докажува дека тој свесно и доброволно давал информации за полицијата од кои имал било каква корист за себе или за својата кариера.

Доколку овие претпоставки ги нема, а на новинарите им се суди, според забелешки од некој полицаец и негови лични мислења за некој новинар, тогаш секој новинар може, без основа, да биде третиран како полициски соработник. Овој лабав критериум на Комисијата за лустрација ги доведува сите новинари, во зависност од полициската волја и слободна процена, дали некого тие ќе прогласат за свој соработник и ќе му ја запечатат кариерата или пак ако е од "нивните", ќе му прогледаат низ прсти, за што тој новинар, ќе им биде должен и ќе мора понатаму навистина да одработува за полицијата, доколку сака да ја сочува својата работа.
Ова е исклучително сериозна закана по слободата на новинарот, а незаконски стекната моќ за полицијата да ги контролира новинарите.

За споредба, на новинарот не му е дозволено да пишува текст, без да има доказ во оригинални документи или изјави на сведоци. Доколку постапи со истиот критериум на кој се повикува Комисијата за лустрација, новинарот би бил осуден за клевета.
Комисијата за лустрација има сериозна задача да ја уништи на подолг период судбината на слободното новинарство, воопшто, и да ја стави во полициска функција, или пак, врз основа на оригинални и прецизни документи, да утврди кои новинари навистина напредувале во својата кариера или пак се стекнале со некоја добивка како кодоши, соработници на полицијата, со што би помогнале на слободното новинарство да утврдат критериум според кој успехот во работата се темели на професионалност и чесност, а не на привилегии од полицијата.




На мене ми е многу чудно, весникот кој прв дознаваше кој е кодош и кој не го зеде во одбрана Милчина бидејки и за Милчин, комисијата немаше потпишан соработнички лист одеднаш рони крокодилски солзи за можноста некој новинар да биде означен како кодоШ по истиот принцип.

Од што се исплаши Латас.?? Дали е тој во прашање или некој негов близок соработник. се надевам ке разбереме набргу.
(This post was last modified: 21-11-2011, 05:43 AM by ЈорданПетровски.)
21-11-2011, 05:38 AM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#2

Quote:Работата на новинарите се истражува врз основа на сознанија стекнати од забелешки на некој полицаец или усмени кажувања, а не врз основа на документи од кои јасно би можело да се види дали некој новинар бил во функција на полициски соработник, како и причините за тоа. Под ова се подразбира увид во службена полициска постапка во која уредно се забележува дека лицето Н.Н. доброволно станало соработник на полицијата што се докажува со негов потпис, а исто така, и пишани белешки лично од соработникот, со кои се докажува дека тој свесно и доброволно давал информации за полицијата од кои имал било каква корист за себе или за својата кариера.

Доколку овие претпоставки ги нема, а на новинарите им се суди, според забелешки од некој полицаец и негови лични мислења за некој новинар, тогаш секој новинар може, без основа, да биде третиран како полициски соработник. Овој лабав критериум на Комисијата за лустрација ги доведува сите новинари, во зависност од полициската волја и слободна процена, дали некого тие ќе прогласат за свој соработник и ќе му ја запечатат кариерата или пак ако е од "нивните", ќе му прогледаат низ прсти, за што тој новинар, ќе им биде должен и ќе мора понатаму навистина да одработува за полицијата, доколку сака да ја сочува својата работа.
Ова е исклучително сериозна закана по слободата на новинарот, а незаконски стекната моќ за полицијата да ги контролира новинарите.

Realno i tocno.
I taka lustracijata vo Makedonija e farsa,mozebi na krajot sepak ce se osvestat lustratorite i ce procenuvaat cesno i bez pritisok.
21-11-2011, 04:35 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#3

(21-11-2011, 04:35 PM)Larsson Wrote: Realno i tocno.
I taka lustracijata vo Makedonija e farsa,mozebi na krajot sepak ce se osvestat lustratorite i ce procenuvaat cesno i bez pritisok.

Неколку пати имам пишувано, единствен начин да се тргнат сите флеки што и се лепат на лустрацијата е таа да се прави крајно транспарентно. Тоа значи дека сите досиеа ќе се стават на располагање на јавноста. ДПМНЕ преку Силвана Бонева поднесоа измени кои подразбираат да се објават имињата на кодошите и нивните досиа, белешки и сл., но така нема да се расчисти дилемата до крај. Секогаш ќе постои сомнежот дека има други кои што се сокриени.

21-11-2011, 06:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

(21-11-2011, 06:29 PM)acko Wrote:
(21-11-2011, 04:35 PM)Larsson Wrote: Realno i tocno.
I taka lustracijata vo Makedonija e farsa,mozebi na krajot sepak ce se osvestat lustratorite i ce procenuvaat cesno i bez pritisok.

Неколку пати имам пишувано, единствен начин да се тргнат сите флеки што и се лепат на лустрацијата е таа да се прави крајно транспарентно. Тоа значи дека сите досиеа ќе се стават на располагање на јавноста. ДПМНЕ преку Силвана Бонева поднесоа измени кои подразбираат да се објават имињата на кодошите и нивните досиа, белешки и сл., но така нема да се расчисти дилемата до крај. Секогаш ќе постои сомнежот дека има други кои што се сокриени.



Ацко, Груевски свесно сака лустрацијата да не успее. Ако постои вистинска желба, лустрацијата многу лесно може да се спроведе.
Во досиеата ги имаме запишано со полно име и презиме луѓето кои по службена задача работеле на оформувањето на досиеата.




[Image: 59ykhx.jpg]



Значи, Груевски треба да ни овозможи ние, кога тоа досега веке не го сторил Јавниот Обвинител по службена допжност, да поднесеме кривични пријави против лицата кои работеле на составувањето на досиеата. Тие лица се врската со НАРЕДБОДАВАЧИТЕ, најбитните луѓе и со соработниците и кодошите, кои се посебно "поглавје".

Се додека ние како прогонувани не добиема законска можност да ги гониме оние кој нас не прогонувале ке нема ПРОЧИСТУВАЊЕ, УДБа и КОМУНИЗМОТ вечно ке живеат во Македонија.

(This post was last modified: 21-11-2011, 11:06 PM by ЈорданПетровски.)
21-11-2011, 11:05 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#5

Според мене,процесот на лустрација го направија како да е некој испит на кој ако одговорите како треба ќе добиете оценка со кој сте го поминале испитот.Или пак кога ве фатиле како мамите на испитот ве бркаат од настава.
А испитот во Македонија се поминува или ако сте уциле или сте го подмитиле професорот.Или пак една група на студенти ќе избегаат, или пак ќе го опструираат обидот да се направи испитот.Но и да сте во добри односи со професорот.
Во овој случај професорот е Томе Аџиев, а студентите гледаат начин на кој да се спасат од испитот,бидејќи не училе.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
(This post was last modified: 21-11-2011, 11:29 PM by basilius_2.)
21-11-2011, 11:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Еве една службена белешка која најубаво ке одговори на сите прашања:



[Image: k2lil0.jpg]


[Image: 29px253.jpg]





21-11-2011, 11:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

[Image: 11j5f92.jpg]


Кодошот е Ивица во Куманово познат под прекар Коска.!!
Ке издвојам неколку работи:

1. Во времето на атентатот на Глигоров јас не сум бил во Македонија, во Македонија се вратив една недела по атентатот, така да Коска воопшто неможел да разговара со мене.
2. Дека јас сум увозник од Украина на клупи за албанскиот универзитетово Мала Речица. Три комплета училници подарив на училиштето Браќа Миладиновци во Куманово, со другите 9 комплета затворив долг кон фирмата Техноком.
3. Дека некој полицаец ми се заканувал со револвер во мојот ресторан.
4. Дека сум бил подготвен да се дистанцирам од партијата.


Дали е битно, за да за Ивица Коска, се донесе решение дека бил соработник на УДБа се пронајде потпишан од него соработнички лист кога во службената белешка стои следново:

-Изворот не информира дека во договор со нас, веднаш по експлозијата вечерта отишол во ресторанот "Баба Цана" ....

-Изворот е инструиран да дознае ....


Онаа што е најбитно, инспекторот ја прифаќа лагата на Ивица за наводниот разговор со мене. Инспекторот знае, бидејки сум следен и прислушкуван дека не сум во Македонија. Tоа зборува дека Инспектотот а со тоа и УДБа не ја бараат вистината и доказите за мојата делување на рушење на уставниот поредок. УДБа имала сосема друга цел ....


Tука на оваа службена белешка стои и ВРХОВИЗАМ.


Една битна напомена, Ивица Коска го нема на првата страница во лицата кои давале искази за мене.





(This post was last modified: 22-11-2011, 12:07 AM by ЈорданПетровски.)
22-11-2011, 12:03 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Оваа служна белешка е од разговорот со лицето Тасев Тодор тогаш вработен во АРМ како Потполковник.



[Image: 2eqfe3o.jpg]


[Image: jj7exf.jpg]



Воочете ја разликата помеѓу онаа што го прави Ивица Коска и Тасев. Дали Тасев треба да се прогласи за кодош/соработник. Јас велам не, тој ја исполнува граѓанската должност. За мене УДБа имала индиции дека сум соработник на странска служба, Тасев рекол што знае за мене но и превзел обврска ако дојде до сознанија за мојата антимакедонска дејност тоа ке го соопшти на СДБ.

Се наметнува прашање, зошто оваа група на луѓе во која е и Тасев е напишана со полни имиња и презимиња.
Читајки го и проучувајки го досиeто, никаде не ги сретнав нив, освен во првите службени белешки и тоа не сите. По се тие не го положиле "приемниот испит" за соработник и УДБа за да ги казни, сметајки дека јас нема да го проучам досието и врз нив ке ја фрлам целата вина.
22-11-2011, 12:37 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9


Quote:ДАЛИ СИТЕЛ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ АЏИЕВ ЗА ЕВЕНТУЛАНА ЗАШТИТА ОД ЛУСТРАЦИЈА НА ДЕЛ ОД СВОИТЕ НОВИНАРИ?

Понеделник, 21 Ноември 2011

И Сител одпочна со напади врз Томе Аџиев.До вчера омелиениот нивни лустратор сега е нивни плен .Се бара влакно во јајце и кај Аџиев ,а дали со тоа значи дека Сител во својата екипа има потенцијални соработници на тајните служби.

За подсетување Драган Павлович Латас од страна ан МВР добри за половина час писмен документ дека не бил соработник со СТРАНСКИ ТАЈНИ СЛУЖБИ , што само по себе има значение дека можеби и бил соработник со тајните служби на екс Југославија или во сегашна Македонија?Тоа никој не го знае осем вработените во државниот архив , УБК и АР.Како и да е чим Сител напаѓа некого ,тука мора да има позадина.
22-11-2011, 01:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10


Quote:Драган Павловиќ-Латас, главен и одговорен уредник на Вечер" и одговорен уредник на Сител


Секој кој за одредена информација имал некаква корист, треба да одговара


Работата на новинарите се истражува врз основа на сознанија стекнати од забелешки на некој полицаец или усни кажувања, а не врз основа на документи од кои јасно би можело да се види дали некој новинар бил во функција на полициски соработник, како и причините за тоа. Под ова се подразбира увид во службена полициска постапка во која уредно се забележува дека лицето Н.Н. доброволно станало соработник на полицијата, што се докажува со негов потпис, а исто така, и пишани белешки лично од соработникот, со кои се докажува дека тој свесно и доброволно давал информации за полицијата од кои имал каква било корист за себе или за својата кариера.
Доколку овие претпоставки ги нема, а на новинарите им се суди, според забелешки од некој полицаец и негови лични мислења за некој новинар, тогаш секој новинар може, без основа, да биде третиран како полициски соработник. Овој лабав критериум на Комисијата за лустрација ги доведува сите новинари во зависност од полициската волја. Нивна слободна процена е дали некого тие ќе прогласат за свој соработник или ќе му прогледаат низ прсти, затоа што тој новинар ќе им биде должен и ќе мора понатаму навистина да одработува за полицијата. За споредба, на новинарот не му е дозволено да пишува текст без да има доказ во оригинални документи или изјави на сведоци. Комисијата за лустрација има сериозна задача да утврди кои новинари навистина напредувале во својата кариера или пак се стекнале со некоја добивка како кодоши.



Quote:СПОРЕД ДОВЕРЛИВИ ДОКУМЕНТИ НА ДБК ОД 1999 ГОДИНА

Латас бил соработник на српската тајна служба


Главниот и одговорен уредник на телевизијата „Сител“ и на весникот „Вечер“, Драган Павловиќ-Латас, бил соработник на тајната српска разузнавачка служба во времето кога на власт во Белград беше Слободан Милошевиќ, пишува во службените белешки на македонската Дирекција за безбедност и контраразузнавање (ДБК) до кои дојде „Време“. Во нив, меѓу другото, е детално опишано и неговото директно учество во организацијата на палењето на американската амбасада во Скопје во 1999 година. Во документите на ДБК, кои се однесуваат за периодот од март 1999 до март 2000 година, детално е опишано дејствувањето на српската тајна служба преку функционерите на амбасадата на СРЈ во Скопје. Во нив, освен Латас, се споменуваат и имиња на други соработници на тајната служба кои организирале и прибирале информации за дејствувањето на силите на НАТО во Македонија. Се споменуваат и организирани акции во Прилеп и во Битола за врбување на соработници кои би работеле за српската кауза во земјава. Драган Павловиќ-Латас во документацијата на ДБК е евидентиран како лице за кое има податоци дека соработува со српската тајна служба која дејствувала преку амбасадата на тогашна СР Југославија во Скопје. Во освртот на дејствувањето на амбасадата во нашата земја со евиденциски број 69 од март 2000 година во прегледот на лицата кои соработуваат со амбасадата под реден број седум е уредникот на телевизијата „Сител“ - Латас. - Павловиќ-Латас Драган, роден на 25.2.1960 година, одржува многубројни и блиски контакти со вработените во амбасадата, најчесто со Раде Ѓорѓевиќ од кого при легендирани телефонски разговори повеќе пати договорил да прими или да предаде разни пратки, или да го извести за завршена работа. Во договор, по потреба и по претходна организација од страна на амбасадата, често пати престојува во СР Југославија. Агентурната мрежа што Службата за државна безбедност на Р. Србија ја има формирано во Р. Македонија е организирана во систем од по три извршители, а една од тројките за пренос на информации во Белград била составена од Драган Павловиќ-Латас, Милован Дрецун и Мирослав Лазански, военополитички коментатори во СРЈ - стои во документацијата на ДБК. Во една од службените белешки на Управата на ДБК - Скопје од 19 март 1999 година детално е опишана подготовката на демонстрациите пред американската амбасада во Скопје, која истата година беше нападната од група граѓани што протестираа поради воздушните напади на САД и на НАТО врз соседна Србија, а демонстрациите завршија со палење на дел од објектот. - Уште од самиот почеток Ѓорѓевиќ му рече на Латас дека е многу несреќен поради тоа што се случува во неговата земја и дека го повикал за да му пренесе поздрав од Белград од „Големиот човек“, цитирајќи му ги неговите зборови: „Кажи Латасу да је ово тренутак да максимално помогне својој отаџбини“ - пишува во извештајот на информаторот на ДБК за средбата која Павловиќ, Раде Ѓорѓевиќ од Амбасадата на СРЈ и уште едно лице ја имале во еден познат скопскиот ресторан во Градскиот парк. Понатаму, според оваа службена белешка, Ѓорѓевиќ му дал задача на Павловиќ да се види со видни личности од српската заедница во Македонија за да организираат демонстрации пред српската амбасада, но така што тоа да изгледа како спонтано собирање, на што Латас му одговорил дека ќе му се јави на некое лице со кое заедно успешно ќе се организираат и дека „американската амбасада ќе стане пепел“.
23-11-2011, 02:47 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:КОЈ Е КОЈ ВО ОВАА ДРЖАВА?

[Image: novologo.gif]

СРПСКИ СЛУЖБИ И БУГАРСКИ СЕРВИСИ

Дали е негова лична одлука, или сугестија на југословенските служби, Бучковски кон крајот на мај 1999 година, на состанок со Црвенковски на кој присуствував и јас, да инсистира за свикување голем анти-НАТО митинг, со образложение дека расположението на јавноста оди на таа страна, а плус би било големо враќање на СДСМ по загубените избори. Дали, потоа, таков митинг е одржан?!



Quote:Латас контактирал со странски служби


Поранешниот директор на Управата за контраразузнавање, Горан Митевски

Оливера Војновска


Како се чуваат документите во УБК и како е можно вакви доверливи материјали да излегуваат во јавноста?

Документите се чуваат во Службата за аналитика на Управата за безбедност и контраразузнавање, каде што се архивираат сите материјали што ги пишуваат оперативците. Според информациите што се лиферувани во медиумите, одредени министри и одговорни лица по заминувањето од функцијата зеле со себе вакви документи и си формирале лични датотеки на податоци, правеле приватни архиви. Не е првпат да излезе материјал од Управата за контраразузнавање, за жал, тоа е лоша практика.



Дали министерот за внатрешни работи има увид во документацијата на УБК?

Министрите според редот на работите немаат увид во материјали од оперативните работници. Тие имаат аналитички материјали кои се пресек на повеќе вакви материјали. Ваков материјал не може да биде доставен ниту до министер ниту до директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Последното ниво кое чита вакви материјали е началникот на Управата за контратрзузвање. Меѓутоа, од повеќе вакви материјали се прави пресек, аналитичка информација која укажува на одредена појава дека некое лице е можно да работи за странска разузнавачка служба. Таквиот аналитички материјал сигурно се доставува до министерот и до директорот на Управата за контраразузнавање.



За каков документ станува збор во написот во „Време“, Латас тврди дека се работи за фалсификат и најавува тужба?

Во тој период јас не сум бил началник на Управата за контраразузнавање и го немам видено документот, меѓутоа, според формата и содржината, ми личи дека е веродостоен. Начинот на кој е напишан, терминологијата што е употребувана, укажува дека тоа е документ од Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање. Тоа е изворен материјал од оперативен работник, односно извор, каков што користи Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање. И тој кажува за одреден настан што се случил во ресторанот „Езерце“, средба на Драган Павловиќ - Латас со припадник на амбасадата на тогашна Сојузна Република Југославија кој работел за безбедносните структури.

Латас може да тужи. Меѓутоа, Латас бил интерес на службите за безбедност и во Република Македонија и на некои странски разузнавачки служби. Така што тој и да тврди дека не е точно ова, сепак, кон него, како безбедносно интересно лице, во минатото се применувани оперативно-тактички и технички мерки, поради неговите контакти со странски разузнавачки служби. Значи, Латас може да тужи за конкретниот документ и да се докажува веродостојноста. Но, мислам дека тој не е во право, бидејќи, според содржината и формата, овој документ личи дека е веродостоен. Затоа, мислам дека не е на место неговата тужба.



Дали кога Вие бевте директор Управата имавте сознанија за активностите на Латас?

Да, додека јас бев директор имаше информации дека Латас контактира со лица од странски амбасади, меѓутоа никогаш не успеавме да собереме доволен број докази за тоа да го докажеме и да има завршница од сите тие активности. А, завршницата е со поднесување кривична пријава според член 316 од Кривичниот законик за шпионажа, при што се докажува дека одредено лице соработува со странска разузнавачка служба во Република Македонија. Не само со српската, Латас контактираше со повеќе странски служби, но не би сакал да ги споменувам.



Quote:ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА ВО ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА ( 19)

УДБАШКИ ЈУРИШ НА АМБАСАДАТА

И покрај тоа што Македонија стекна независност, македонската СДБ понатаму остана во силни релации со разузнавачките структури на Милошевиќ во Србија. Практично, СДБ со години во Македонија дејствуваше како разузнавачки центар на Централата во Белград.
По формирањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 1998 година се создадоа претпоставки да се изврши радикална реформа и во СДБ, во насока на етаблирање ефикасна, професионална и високооперативна служба. Во СДБ беше испратен Љубе Бошковски, како политичка логистика за почнување на толку посакуваните реформи. Прво што им предочив е дека мора веднаш да ја реформираме тајната полиција зашто во спротивно таа ќе не реформира нас. За жал, настаните што следеа го потврдија второто.
На почетокот работите добро тргнаа, пред се со расчистување на организираниот криминал. Во 1999 година за неполни три месеци беа приведени 42 директори од т.н. средно ниво, што имаше несомнено големи позитивни последици за државата. Се создаде клима дека даноците мора да се плаќаат или ќе следува бескомпромисно расчистување со бизнисмените. Државниот буџет ефикасно се полнеше.
Тогашниот опозиционер Црвенковски веќе почнува да го фаќа немир. Беше свесен дека, ако така се продолжи, ВМРО-ДПМНЕ навистина ќе владее наредните сто години, како што најавуваше. Тајниот центар на СДСМ во СДБ веднаш почна со своите игри за благовремено да се прекине овој за нив непожелен тек на настаните. Прво почна да ги инсталира посакуваните кадри за да обезбеди континуитет во контролата на тајната полиција. Во прилог на тоа му оди одбојноста на Георгиевски кон "маргиналната и небитна СДБ", како и лекомисленоста и во одредена мера, авантуризмот на Бошковски.
Овие околности набргу му овозможија на тајниот центар на СДСМ реално да го контролира СДБ. Ефектот на тоа беше попречување на сите акции спрема т.н. крупни олигарси, иако кај владата во тие почетни моменти постоеше политичка волја да се справи со нив. Наместо да следува втор бран приведувања, поради наведените причини, планот тивко беше напуштен. Малубројната група агенти во СДБ, кои недвосмислено стоеја на патриотско-националната македонска линија, беа маргинализирани, а акциите запрени.
Истовремено тајниот центар на СДСМ обилно ги користеше механизмите на службата за оцрнување и дискредитација на тогашната влада и на премиерот Георгиевски. Беа продуцирани најразлични инциденти и афери, меѓу кои, секако една од најзначајните, беше обидот за палење на амбасадата на САД во Скопје.
Овој настан се реализираше во копродукција на безбедносните структури од Белград и инсталациите на КОС во македонската СДБ, и тоа во мошне чуствителниот период на големо антинатовско расположение поради нападите врз СРЈ. Во мотивите за овој инцидент важна улога има и суетноста и осветољубивоста на Црвенковски, кој беше незадоволен од тоа што во тој период американскиот амбасадор Кристофер Хил имаше одлични односи со премиерот Георгиевски.
Легендираното покритие за реализирање на сценариото беше организирањето протестен митинг на Србите во Македонија. Црвенковски притоа дава виза членството на СДСМ да се активира за учество на овој протест. За овие детали ќе биде задолжен Миле Зечевиќ, сегашен директор на СДБ, инаку со силни семејни релации со луѓе од југословенските безбедносни структури. Сценариото перфектно ќе функционира. Во даден момент голем број граѓани ќе дојдат пред амбасадата на САД за насилно да влезат во неа. Во тој момент тајните структури на СДСМ во СДБ, кои цело време се на врска со т.н.оперативен штаб на опозицискиот СДСМ, кој го раководи Црвенковски, оценуваат дека е потребно да се изнајде начин еден дел од полицискиот кордон пред амбасадата да се повлече, а останатите да се пасивизираат и да не го попречуваат народот да влезе во амбасадата. Црвенковски му издава таква наредба на Бранко Бојчевски, кој е дел од штабот на СДСМ. Бојчевски, пак, му се јавува на својот човек Борко Марковски од скопската полиција, кој раководи со полицијата пред амбасадата, и му ја пренесува наредбата. Истовремено, специјални агенти на СДБ шират психолошка пропаганда помеѓу полицајците во стилот "кого браните?", "оваа предавничка влада е готова" и слично. За да биде "легално" повлекувањето на дел од полицијата од пред амбасадата, смислена е варијанта дека е потребно да се одведе дел од полицијата пред хотелот "Александар Палас" за, наводно, да се заштитат возила на странските претставништва од "разулавената" маса граѓани.
За среќа, тогашниот министер Павле Трајанов, успеа да го осуети пеколниот план. Тој дојде лично на местото на настанот и влезе во амбасадата преку еден од тајните влезови на објектот и лично го презеде раководењето со полицијата. Веднаш издаде наредба за активирање и на специјалните полициски сили. Штабот на СДСМ, најверојатно уплашен од ваквиот развој на настаните, ги пасивизира митингашите. Немилиот настан ќе заврши со неколку запалени возила и фрлени факели во внатрешноста на објектот.
Заменик-секретарот во стејтдепартментот Строуп Талбот подоцна упати јавна благодарност до Трајанов за заштитата на американската амбасада и за спречувањето пошироки политички импликации.
Посебно што ми остана во сеќавање од овој немил настан е тоа што во еден момент настапи целосна блокада на сите полициски комуникациски средтства (радиостаници-телефони), кое нешто траеше околу шеесет минути.
До ден-денес не е расветлен овој многу битен момент, односно, кој е тој субјект што во критичниот момент имал таква извршна или технолошка моќ и знаење да го блокира системот за комуникации и да направи невидена диверзија во системот на комуникација, токму во моментот кога беше потребна непрекината и постојана врска помеѓу припадниците на МВР.




Дали е потребен некој коментар. Каков доказ е потребен да се уапста сите актери на палењето на американската амбасада.
(This post was last modified: 23-11-2011, 03:28 AM by ЈорданПетровски.)
23-11-2011, 03:23 AM
Reply