Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ФОКУС КЕ Е: ДЕМОКРАТСКИ ДНЕВЕН ВЕСНИК ИЛИ ДНЕВНО ГЛАСИЛО НА ЦРВЕНКОВСКИ !!!! ???
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1



Quote:В среда излегува првиот број на дневниот весник „Фокус“
Објавено: пред 2 часа


[Image: logo%20fokus.JPG]
Долго најавуваниот нов дневен весник „Фокус“, дело на основачот Никола Младенов, треба да излезе в среда. Покрај главната и одговорна уредничка Јадранка Костова, во екипата на овој проект се и долгодишниот уредник и основач на „Дневник“, Бранко Героски, поранешниот шеф на македонската дипломатија Александар Димитров, сега како дипломатски уредник, како и познатите уредници на А1 телевизија, Борјан Јовановски и Младен Чадиковски.

Дневниот весник стартува со колумнистички „дрим тим“. Серијата колумни ја отвора Љубчо Георгиевски, а во првата колумнистичка постава се и Мендух Тачи, Љубомир Фрчковски, Стевче Јакимовски, Андреј Жерновски и Крсте Шајноски. Дневен „Фокус“ подготвува и специјално изненадување за своите читатели - есклузивни дописи од сите балкански метрополи. Во првиот број, специјално за весникот, пишува Денис Латин, водителот на популарната хрватска емисија „Латиница“.

Првиот број на дневниот весник „Фокус“ донесува и интервју со еврокомесарот Штефан Филе, сведоштво на Виолета Бошковска за непристојниот предлог што лично, по телефон, ѝ го соопштил заштитениот сведок, како и други ексклузивни теми и содржини.

Весникот ќе се дистрибуира низ целата земја.



Што ке слушнеме ново од Љупчо, Фрчко, Стевче. НИШТО !!!! На екипава треба да и го додадат и Унковски од титовите леви сили и Млекце, нели ЦЕЛО Е КОГА СЕ ИМА СЕ.
14-11-2011, 11:12 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#2

(14-11-2011, 11:12 PM)ЈорданПетровски Wrote: Што ке слушнеме ново од Љупчо, Фрчко, Стевче. НИШТО !!!! На екипава треба да и го додадат и Унковски од титовите леви сили и Млекце, нели ЦЕЛО Е КОГА СЕ ИМА СЕ.

Они се зезнати типови....ако треба и бесплатен ќе го направат весникот...битно мора да се испразнат негдеSmajlito

п.с а не ни верувам весников да биде поскап од 10ден.
15-11-2011, 12:50 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

После оваа што следи надолу, овој состав во ФОКУС може само да го комбинира само УДБа.



Quote:Tачи олеснувач меѓу Црвенковски и Георгиевски


[Image: D7BAF02B62348C41ACC5697C4033BB0C.jpg]

Допрва ќе се види дали опозицијата ја научила лекцијата од нејзиното расцепкување на парламентарните избори

Александра М. Митевска


Постепено се топи мразот меѓу Бранко Црвенковски и неговите некогаш лути противници, Љупчо Георгиевски, Мендух Тачи и Руфи Османи, откако лидерот на СДСМ повика на обединување на сите опозициски настроени субјекти и поединци. Но, дали последните намигнувања меѓу четворицата ветерани на македонската политика, кои формално се позиционирани во идеолошки спрoтивните политички табори, ќе резултираат со поконкретна соработка наспроти актуелните носители на власта, Никола Груевски и Али Ахмети, е прашање на кое во овој момент тешко може да се одговори.

Поранешниот премиер, Љупчо Георгиевски, пред јунските избори го навлече гневот на конзервативното вмровско гласачко, кога изјави дека за неговата ВМРО-НП е поприфатлива соработка со СДСМ, отколку со ВМРО-ДПМНЕ. Деновиве, додека медиумите објавуваа дека дел од подмладокот на Народна се вратил во ВМРО-ДПМНЕ, Георгиевски повторно изјави дека би соработувал со Црвенковски, за, како што вели, да им се даде смисла на замрените процеси.

„Знам дека за многумина е чудна, далечна и многу спорна евентуалната соработка меѓу Георгиевски и Црвенковски. Но, да потсетам дека во текот на кампањата за предвремените парламентарни избори проценив дека комитетите на ВМРО-НП повеќе беа подготвени да соработуваат со СДСМ, отколку со ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Георгиевски за „Дневник“.

Дали ДПА, по растурањето на традиционалното партнерство со ВМРО-ДПМНЕ во 2008 година, сега ќе биде мост за соработка меѓу СДСМ и ВМРО-НП, поради добрите релации на Тачи со Георгиевски? И, ќе се урне ли со тоа перцепцијата дека е невозможна поблиска комуникација меѓу партии од двата идеолошки спртиставени табори, и покрај тоа што такви примери имало и има на политичката сцена? Доволно е да се спомне коалицијата што моментно е на власт.

Тачи ја поздрави минатата недела иницијативата на Црвенковски за формирање широк опозициски фронт, по примерот на ДОС во Србија. Но, неговите забелешки дека е потребен нов договор меѓу Македонците и Албанците и дека треба отворено да се каже дека е неопходна промена на името испровоцира реакција од СДСМ дека ДПА не е во позиција да условува.

Потоа, Црвенковски, во интервју за „Утрински весник“, изјави дека во овој момент е многу тешко да се предвиди дали е можна и формална соработка меѓу СДСМ, ВМРО-НП и ДПА.

„Но, факт е дека буквално сите политички партии, без разлика дали доаѓаат од левиот или од десниот идеолошки блок, од македонскиот или албанскиот политички кампус, упатуваат се' пожестоки критики кон власта на Груевски и делат една заедничка оценка - дека оваа политика е погубна за иднината на земјата. Очигледно е дека коалициониот потенцијал на Груевски се' повеќе се смалува, а фронтот против него станува се' поброен и посилен“, рече Црвенковски.

Во меѓувреме, се јави и Руфи Османи, кој рече дека е подготвен да седне на иста маса со Тачи и не ја исклучи можноста за соработка со СДСМ, иако побара прво Црвенковски да се извини за гостиварските настани во 1997 година.

Познавачите на политичките состојби веруваат дека опозициските партии ја научиле лекцијата од предвремените парламентарни избори, кога разединетоста ги чинеше помалите партии излегување од Парламентот или невлегување во него. Од друга страна, гласовите што тие ги прокнижија, собрани на куп, математички, ќе можеа да ја намалат разликата меѓу власта и опозицијата, па можеби и ќе се отвореше простор за други комбинаторики при составувањето на парламентарното мнозинство.

СДСМ, на изборите на 5 јуни, обезбеди околу 370 илјади гласови поддршка, наспроти 440 илјади со кои ВМРО-ДПМНЕ го подигна мошне високо прагот за извојување изборна победа. Разликата од околу 70 илјади гласови ја „пополнија“ избирачите што им дадоа поддршка на ВМРО-НП, ЛДП, Достоинство, на Обединети за Македонија... Разликата од околу 48 илјади гласови меѓу ДУИ и ДПА, пак, веројатно, ќе беше помала доколку дел од гласовите на албанското гласачко тело не завршеа на контата на ПДП, ДУИ, НДУ..., а само новоформираната НДП на Руфи Османи собра близу 30 илјади гласови поддршка.

Прашањето што сега се наметнува е дали ќе се дозволи истата грешка да се повтори и за престојните локалните избори, на кои сега опозицијата, со право, ги фрла сите карти, бидејќи, во изминатите 20 години плурализам, изборите за градоначалници и за советници секогаш го навестувале исходот на наредните парламентарни избори. Навистина, локалните избори се сосема поинаква приказна од парламентарните, почнувајќи од изборниот модел (мнозински за избор на градоначалници и пропорционален за избор на советници во 86 единици на локалната самоуправа). Сепак, секое растурање на гласовите би ги намалило шансите на опозиционерите да ги разнишаат неприкосновените позиции што сега ги имаат владејачките партии на локално ниво, бидејќи контролираат речиси две третини од општините во државата. А, без тоа тешко ќе се постигне главната цел - да се принуди ДУИ и реално да сврти нов лист или локалните избори да го отворат патот за нови предвремени парламентарни избори.





Quote:08.05.2008

Тачи поднесе кривична пријава против Верушевски

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, со тројца адвокати денеска во хотелот “Холидеј Ин” пред јавноста соопшти дека поднел кривична пријава, како што кажа “против луѓето од тајната служба во владеењето на СДСМ и ДУИ што го отворија неговото приватно досие, односно против поранешниот директор на Агенцијата за разознавање Зоран Верушевски“.

Тачи во март, годинава, од собраниската говорница кажа дека по наредба на тогашниот директор на агенцијата за разознавање Зоран Верушевски е наредено да се отвори неговото приватното досие, за да биде следен од страна на тајните служби за неговите политички активности.

Минатиот месец Мендух Тачи доказите и ги врачил на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.


Quote:МЕНДУХ ТАЧИ ГО ИМА ЦРВЕНКОВСКИ ВО РАКА

Говорите на Мендух Тачи и особено директните критики и политички закани кон Бранко Црвенковски како сива еминенција во СДСМ и Претседател на Македонија кулминираа со објавувањето на информацијата дека тајната полиција водела досие за Мендух Тачи. И тоа додека тој беше пратеник. Досието е водено во времето на Црвенковски како премиер, а кога министер за полиција беше Хари Костов. Оваа вест ја потврди и во Собранието на Македонија ја соопшти министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, по што Мендух јавно си го подигна досието од МВР. Колку што досието му го оптовари животот на самиот Мендух, бидејќи неспорно дека прочитал непријатни работи, толку на Црвенковски и на Хари Костов им го зема сонот, бидејќи едниот беше премиер, а другиот министер за полиција. Значи, двајцата, преку тајната полиција како безбедносен државен орган, најдиректно ги злоупотребиле своите функции за лична и политичка полза, а на штета на Мендух Тачи. Само овие информации се доволни за Црвенковски и Костов да не смеат ниту да помислат на политичка кандидатура во наредните пет години колку што важи Законот за лустрација. Ваквата оценка е врз основа на јавните информации објавени за досието на Мендух Тачи, а може само да се замисли што ќе излезе на површина доколку Законот за лустрација се спроведе и доколку лустрационата собраниска комисија побара информација за кандидатите Црвенковски, Костов… но и за многумина со кои тие соработувале. Секако двајцава, а особено Црвенковски не е наивен да ì отиде на “мечката на дупката” и да се кандидира, за што треба да даде лустрациона изјава. Подобро мудро ќе почека пет години да престане важноста на Законот за лустрација, а и без тоа за власта на ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат тешки денови.


Кој на кого треба да му биде олеснувач. Дали Тачи на Георгиевски или Георгиевски на Тачи.!!!

15-11-2011, 01:16 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4


Quote:МЕНДУХ ТАЧИ МУ СЕ ЗАПНА НА ЦРВЕНКОВСКИ, А ПРЕМИЕРОТ ГРУЕВСКИ ТВРДИ:


Не сум запознат со наводните закани од Црвенковски кон Тачи


Според сознанијата на Тачи, претседателот Црвенковски ги упатил заканите во петокот, во неговиот кабинет, на средба со директорот на Агенцијата за разузнавање (АР), Кире Наумов, и висок функционер на ДБК, кој вчера не сакаше да го именува, а ден претходно рече дека се работи за директорот на ДБК. Наводно, Црвенковски рекол дека ќе му го истребе целото семејство, сосе куче и маче. Кабинетот на Црвенковски, изјавите на Тачи ги оцени како обид за вовлекување во полемика.



Заменик-претседателот на ДПА, Мендух Тачи, нема да поднесе кривична пријава за заканите за животот што, наводно, му ги упатил претседателот Бранко Црвенковски, бидејќи го смета за луд и смета дека тие закани ги упатил под дејство на дрога и алкохол. Според него, Црвенковски му се заканува поради неговиот настап од собраниската говорница пред две недели, кога го обвини претседателот дека е криминалец и бандит.

- Два-три дена се борам да им објаснам на граѓаните, и посебно на партиските членови и моето семејство дека, очигледно, човекот е вон себе и никој не смее да го зема за сериозен. Мислам дека кога ги упатил заканите, бил под дејство на кокаин и алкохол - изјави вчера Тачи.

Според сознанијата на Тачи, претседателот Црвенковски ги упатил заканите во петокот, во неговиот кабинет, на средба со директорот на Агенцијата за разузнавање (АР), Кире Наумов, и висок функционер на ДБК, кој вчера не сакаше да го именува, а завчера рече дека се работи за директорот на ДБК. Наводно, Црвенковски рекол дека ќе му го истребе целото семејство, сосе куче и маче. Тврдењата на Тачи, вчера ги потврди сопартиецот Рефет Елмази, заменик-министер за внатрешни работи.

- Јас лично, вечерта во понеделникот, имав контакт со директорот на АР и го прашав за заканите. Тој ми потврди дека биле упатени на таа средба, и беше зачуден од тоа што ненадејно го слушнал од претседателот - тврдеше вчера Елмази.

Заменик-претседателот на ДПА вели дека не ги сфаќа сериозно заканите на Црвенковски. Според него, нема место за загриженост. И покрај тоа, Елмази најави дека и МВР и неговата партија ќе ги следат сите потези на Црвенковски и ако е потребно ќе реагираат за да го спречат во неговите намери.

За разлика од ставот на ДПА и МВР, премиерот Никола Груевски вчера рече дека не бил запознат со наводните закани. Затоа, одби да коментира било што.

Од кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, пак, посочуваат дека тој ниту досега дозволил, ниту отсега ќе дозволи да биде вовлечен во полемики или давање коментари по повод провокациите, навредите и конструкциите искажани во изјавите на Тачи.

- Сценариото кое во подолг временски период се обидува да го реализира тој е премногу провидно и на премногу ниско ниво за да го заслужи вниманието на претседателот - пренесува кабинетот на Црвенковски.

Обвинувањата на Тачи за наводни закани од претседателот, доаѓаат пред средбата на Црвенковски и Груевски, најавена за утре.

Гоце МИХАЈЛОСКИ
15-11-2011, 01:23 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5


Quote:Претседателот на отстрел, серијал на Тачи од големи навреди


[Image: 91DB0D32EA35E94EABC89EEDC21CE2E0.jpg]
Студено ракување: Бранко Црвенковски и Мендух Тачи на потпишувањето на Декларацијата за фер избори во мај 2006 година

Заканите со 150 мажи против претседателот се уникатни. Кабинетот на Црвенковски без коментар на настапите на лидерот на ДПА во сенка

СОЊА КРАМАРСКА

Невидено омаловажување на институцијата претседател на државата од страна на висок политички функционер е на сцена веќе подолго време во Македонија, но не предизвикува никакви бранувања во, инаку, чувствителните политички кругови. Главен актер во непријатниот серијал е лидерот на ДПА во сенка, Мендух Тачи, чија партија е во коалиција со владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Тачи во последниов месец го бомбардира претседателот Бранко Црвенковски со етикети и омаловажувања од најразличен тип.

Последното во серијалот невидени омаловажувања на највисоката државна и политичка институција е изјавата на Тачи што ја даде за една од националните телевизии, во која вели: „Сега на сите ни е јасно зошто Македонија боледува веќе 17 години од вакви болесници како Црвенковски“. Вознемирен од наводни закани што Црвенковски ги упатил кон него и кон неговото семејство, Тачи ќе му порача на претседателот: „Тоа само зборува за неговиот страв, за неговото мало срце. Што се однесува до семејството, знам дека тој е сам. Моето семејство има над 150 мажи. Мислам дека не би се дрзнал да проба такво нешто“.

Според пишувањата на дневниот весник „Време“ и извештаите на националната телевизија А1, приказната почнала со минатонеделната средба во Кабинетот на шефот на државата меѓу Црвенковски и директорите на агенциите за разузнавање и контраразузнавање, Кире Наумов и Сашо Мијалков. На оваа средба, според пишувањата на „Време“, Црвенковски преку Мијалков ја испратил пораката до Тачи да го остави него и неговото семејство на мира, како што тврди весникот, со напомена дека Тачи и неговото семејство во спротивно може да имаат проблеми со Црвенковски и со неговите луѓе.

Според извештајот на А1 телевизија, пораката на Црвенковски до Тачи го мобилизирала дури и заменик-министерот за внатрешни работи, исто така од редовите на ДПА, Рефет Елмази, кој деновиве вознемирено се распрашувал за содржината на разговорот кај директорот на Агенцијата за разузнавање, Кире Наумов. Нема информации ниту детали дали и што разговарале Елмази и Наумов, но вчера предупредувањето на Тачи до претседателот Црвенковски за 150 мажи во семејството Тачи, кои се подготвени да го бранат Тачи од Црвенковски, беше топ-тема во политичките кулоари и медиумските кругови.

Од Канцеларијата за односи со јавноста на шефот на државата не се расположени да ги коментираат настапите на Мендух Тачи, ниту пак даваат одговор дали спомнатата средба навистина се случила, но поради интересирањето на медиумите, кусо одговорија дека претседателот Црвенковски одбива да биде вовлечен во полемики или давање коментари по повод „провокациите, навредите и конструкциите искажани во изјавите на Мендух Тачи“. „Сценариото кое во подолг период се обидува да го реализира Мендух Тачи е премногу провидно и на премногу ниско ниво за да го заслужи вниманието на претседателот“, се вели во кусиот коментар од претседателскиот кабинет.

Нема информации дали службите задолжени за безбедноста на претседателот на државата ја испитуваат сериозноста на заканите на фронтменот на ДПА, Мендух Тачи, што е прво правило во држави каде што физичката заштита на институцијата претседател е безбедносно прашање од највисок приоритет. Овде, поради нарушените кохабитациски односи меѓу Владата и претседателот, ниту една од преостанатите државни институции или прворангирани политички партии се' уште не се оградила од малициозноста и приземноста со која еден од главните политички лидери во земјава „комуницира“ со шефот на државата.

И во Словенија дојде до драматично влошување на односите меѓу тамошниот претседател и владата, кои се од различни партии, што деновиве кулминира со крадење на компјутерот на претседателот Јанез Дрновшек од просториите на неговото Движење за правда и развој. Словенечкиот парламент ги отфрли двата предлога на Дрновшек за гувернер на Банката на Словенија, а Дрновшек налутено им порача: „Кражбите и анонимните закани не се доволни, дојдете за да покажете што се' уште сте во состојба да направите“.

Но, словенечкиот пример не може да биде утеха на политичките елити во Македонија, бидејќи Словенија одамна ја надминала фазата на приближување кон модерната европска заедница и може да си дозволи такви куриозитети. Серијалот лични напади и навреди на лидерот на ДПА во сенка, Мендух Тачи, врз претседателот на државата немаат ништо заедничко со политичката битка што треба да се одвива меѓу партиите, туку се само одраз на степенот на политичката култура што владее во земјава и влошената клима меѓу власта и опозицијата.
15-11-2011, 01:27 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6


Quote:РУФИ ОСМАНИ - ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИК?


Руфи Османи и е познат на македонската јавност како еден од главните актери на "опскурните" гостиварски случувања во 1997 г. Според некои, тој беше заслужено осуден поради грубо кршење на законите на државата, други, пак, го сметаат за несреќна жртва на политичките превирања во Македонија

Форум плус: Се сметате ли себеси за политички затвореник? Врз кои аргументи ја темелите вашата припадност кон оваа групација?

Руфи Османи: Лично мислам дека судскиот процес поврзан со трагичните гостиварски настани беше типичен политички процес. Имам неколку аргументи во полза на оваа констатација: Ноќта помеѓу 8. и 9. јуни 1997 г., кога тогашниот парламент го усвои Законот за службена употреба на знамињата на националностите, Законот стапи во сила веднаш, на полноќ, во пакет со крвавата интервенција на полицијата за симнување на знамињата кои Законот ги легализираше истата ноќ; понатаму, екстремно вооружената полицијата и нејзините налогодавци делуваа по претходно утврдено сценарио, кое ги поттикна безредијата и изврши насилство врз цивили, убивајќи тројца недолжни граѓани. А, за да биде заокружено лицемерието докрај, во судскиот процес вината за тешките последици ми беше припишана мене, како градоначалник на Гостивар, и покрај фактот што јас цело време, додека мојот град крвавеше, бев во притвор без никаква можност за влијание врз настаните. Врвот на таквиот монтиран процес беше изречената казна од 14 години затвор. Тоа не им се изрекува дури ни на лица кои се прогласуваат за виновни за извршен геноцид во Хаг.


Форум плус: Се сметате ли за жртва на "игрите" меѓу албанските партии во Македонија?

Руфи Османи: Се сметам за “политичка жртва” на тогашната власт на чело со Глигоров и неговиот пулен Црвенковски, кои преку позајмениот српски политички рецепт негуваа илузија дека ќе го решат “албанското политичко прашање” преку примена на секаков вид репресија. Таквото менаџирање на меѓуетничките односи им се врати како бумеранг со востанието од 2001 г. Албанските политички партии до 2001 г. беа само марионети во рацете на дотогашните македонски владетели и нивното влијание во донесувањето одлуките беше маргинално. Во конкретниот случај, за нив воопшто не постоела дилема дали треба да има интервенција во Гостивар, туку единствените размислувања оделе во правец на тоа колкава репресија треба да се употреби.
15-11-2011, 03:38 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#7

Ах! Нечие омилено четиво се претвори во комуњарски мегафон! А1 се враќа ама во печатено издание! Што ќе прават револтираните читатели на досегашниот формат на Фокус?
а) Ќе протестираат пред редакцијата деноноќно, ќе подигнат шатори и ќе предизвикуваат улични немири,
б) Ќе почнат со издавање на сопствена верзија на Фокус придонесувајќи кон содржините со сопствени гласини и дојавки што ги слушнале и/или измислиле,
в) Покорно ќе продолжат да си го читкаат весничето и понатаму верувајќи во исправната визија на Младенов и Јадранка да ги ухлебат Геро, Борјан и Чадиковски во редакција.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
15-11-2011, 06:49 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#8

(14-11-2011, 11:12 PM)ЈорданПетровски Wrote: Што ке слушнеме ново од Љупчо, Фрчко, Стевче. НИШТО !!!! На екипава треба да и го додадат и Унковски од титовите леви сили и Млекце, нели ЦЕЛО Е КОГА СЕ ИМА СЕ.
Рака на срце Јордане, додека се расправаше со мене околу твојата утната дојавка со есенската капитулација со името, ти ги повтори скоро сите комуњарски предизборни пароли на СДСМ...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
15-11-2011, 06:53 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#9

(15-11-2011, 06:49 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Ах! Нечие омилено четиво се претвори во комуњарски мегафон! А1 се враќа ама во печатено издание! Што ќе прават револтираните читатели на досегашниот формат на Фокус?
а) Ќе протестираат пред редакцијата деноноќно, ќе подигнат шатори и ќе предизвикуваат улични немири,
б) Ќе почнат со издавање на сопствена верзија на Фокус придонесувајќи кон содржините со сопствени гласини и дојавки што ги слушнале и/или измислиле,
в) Покорно ќе продолжат да си го читкаат весничето и понатаму верувајќи во исправната визија на Младенов и Јадранка да ги ухлебат Геро, Борјан и Чадиковски во редакција.

Мислам дека го испушти точниот одговор, кој по твојот редослед ке се означи со буквата “ г “. Значи:

г) Ќе печатат нов дневен весник, чија содржина ке биде афирмација и промоција на македонските интереси и раскринкување на политичкото-полициско подземје.

15-11-2011, 09:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

(15-11-2011, 09:49 PM)hristo Wrote: Мислам дека го испушти точниот одговор, кој по твојот редослед ке се означи со буквата “ г “. Значи:

г) Ќе печатат нов дневен весник, чија содржина ке биде афирмација и промоција на македонските интереси и раскринкување на политичкото-полициско подземје.


Мислам дека за оваа си во право 102,7%. Никој друг освен овие, неможе да даде појасна слика за полициско - политичкото подземје.


-Фрчко низ колумните треба да напише автобиографија.
-Љупчо ке пишува за ангажманите со Далаверски, Јаначковиќ, Маноли ...
-Геровски ке ипишува со чии пари и за чии потреби го направија ДНЕВНИК
-Истото можда го стори и Николче за неделникот ФОКУС
15-11-2011, 11:08 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#11

(15-11-2011, 11:08 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(15-11-2011, 09:49 PM)hristo Wrote: Мислам дека го испушти точниот одговор, кој по твојот редослед ке се означи со буквата “ г “. Значи:

г) Ќе печатат нов дневен весник, чија содржина ке биде афирмација и промоција на македонските интереси и раскринкување на политичкото-полициско подземје.


Мислам дека за оваа си во право 102,7%. Никој друг освен овие, неможе да даде појасна слика за полициско - политичкото подземје.


-Фрчко низ колумните треба да напише автобиографија.
-Љупчо ке пишува за ангажманите со Далаверски, Јаначковиќ, Маноли ...
-Геровски ке ипишува со чии пари и за чии потреби го направија ДНЕВНИК
-Истото можда го стори и Николче за неделникот ФОКУС

Гледаш, информации од прва рака...единствено ако другата агенда не ги минува нивните црвени линии...ако ги имаат.Icon_surprised

16-11-2011, 08:28 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12



[Image: naslovna%20fokus%20za%20plusinfo.JPG]
16-11-2011, 07:43 PM
Reply
poprushev Offline
Super Moderator
******

Posts: 157
Joined: Dec 2009
Reputation: -3
#13


Quote:Никола Младенов: Колку чини слободата


[Image: nikola-mladenov-prv-uvodnik-dneven-fokus.jpg]
среда 16 ноември, 2011

После 16 години, неделникот “Фокус” прераснува во дневен весник. Во 1995-та, тој беше со нетрпение чекан од приврзениците на ВМРО-ДПМНЕ. Денес, пак, на него се радуваат блиските на СДСМ. На почетокот бевме етикетирани како вмровци, денес сме жигосани како комуњари. Нормално, од власта. Или, поточно, од политичките партии, кои својата превртливост сакаат да ја оправдаат со некаква наша недоследност. Демек, ние сме биле тие што сме ја менувале страната. Вистината, пак, е сосема спротивна.

Политичките партии беа тие што ги менуваа ставовите, зависно од тоа, дали стануваа власт или заминуваа во опозиција. Штом ќе се добереа до власта, веднаш почнуваа да мрштат чела на се што ќе се дрзне да ги критикува. Паднеа ли од неа, автоматски вклучуваа мозок и го констатираа отсуството на можноста за слободно мислење и негово јавно изразување. Во тие моменти, среде паднатите властодршци, “Фокус” в миг се трансформираше од црн ѓавол, кој не им давал мир додека владееле, во безмалку единствен простор за пласирање на нивните опозициски мислења!

Очигледно, ништо не се променило во политички плуралната Македонија. Таа е само формално таква, а во суштина е сестра-близначка на социјалистичката и претходничка. И денес, како и тогаш, власта не бира средства во битката со оние што не мислат како неа. Настојува да ги замолчи на секој можен начин. Едни паѓаат на привилегиите што им ги нуди, други пропаѓаат во монтирани процеси од секаков тип, до кои никогаш не би дошло, доколку жртвата свиткала кичма и продолжела да пее по владеачките ноти. Законот повторно не важи за сите. Тоа, пак, не води до непомирливиот спор меѓу “Фокус” и секоја власт. Ние сакаме општество на слободни луѓе, кое нуди еднакви шанси за сите, тие сакаат збирштина од безрбетници, кои успеваат благодарејќи на слепата послушност на партиското племе. И тука нема компромис!

За да дојдеме до посакуваната цел, за да станеме дел од современиот европски свет, ние мораме да создадеме простор за различното мислење, кое ќе се соопштува без страв од било какви последици. За таа цел, неделната доза се покажа недоволна, па, еве, стигнавме до дневен “Фокус”. Во таа битка вложуваме се. Го заложуваме сопствениот личен и професионален интегритет. Неделниот “Фокус” ги вложува сопствените средства во дневното издание, за да остане свој, за да можеме секому да му кажеме што мислиме.

Но, многу повеќе, за да ги охрабриме сите граѓани, да знаат дека не се сами во желбата за создавање услови за живот, достоен на времето што го живееме. Со таа мисла, ве повикувам на ова возбудливо патување, кое на крајот ќе покаже дека нема цена, која не вреди да се плати за да се стигне до слободата. Само така ќе стигнеме до Македонија, во која народот ја контролира власта, а не таа него. Која и да е!
17-11-2011, 10:20 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#14

Ако не друго, требаше Маледнов да излезе со бројката на тиражот, тоа го направи во првата колумна кога излезе првиот број на неделникот. Напиша печатиме Х изданија, ако продадеме Y ќе бидеме задоволни...

17-11-2011, 04:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

(09-05-2012, 06:56 AM)hristo Wrote:
(07-05-2012, 01:21 PM)ЈорданПетровски Wrote: Единствено нешто што е точно во текстот, е тоа дека Никола Младенов му е конкурент и плагијатор на Латаса. "Плагијатот" се состои во тоа што Младенов копирајки го Латас, почна да работи за службите.



После ова твоја изјава, во Македонија не се поздравувам со никого! Сите ми се сомнителни. А и жената си...почнав да ја гледам под око. Прво пуштам таа да почне да јаде од приготвеното, па после јас. Така ке биде додека не заживее вистинската лустрација. После, ке се вратиме во нормалниот режим на живеење.23





(15-11-2011, 11:08 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(15-11-2011, 09:49 PM)hristo Wrote: Мислам дека го испушти точниот одговор, кој по твојот редослед ке се означи со буквата “ г “. Значи:

г) Ќе печатат нов дневен весник, чија содржина ке биде афирмација и промоција на македонските интереси и раскринкување на политичкото-полициско подземје.


Мислам дека за оваа си во право 102,7%. Никој друг освен овие, неможе да даде појасна слика за полициско - политичкото подземје.


-Фрчко низ колумните треба да напише автобиографија.
-Љупчо ке пишува за ангажманите со Далаверски, Јаначковиќ, Маноли ...
-Геровски ке ипишува со чии пари и за чии потреби го направија ДНЕВНИК
-Истото можда го стори и Николче за неделникот ФОКУС





Христо, го читаш, дневнниот и неделниот ФОКУС. Чии ставови за лустрацијата застапува сега Младенов??
09-05-2012, 09:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Дали писмото на ФОКУСОВЦИ е автентично незнам, го објавил Миленко Неделковски. Многу бргу ке видиме што е вистина;


Quote:Миленко Неделковски


Па види бога ти каде работела Мери “И-Вуиќ-би-Ја-Опнал“, каде на црно (криминално) бил вработен Младен Чадиковски (навикнат е он од кај “Кралот на Смоките“ - Велија), види, мајката, од каде е избркан од работа Саше “Хомичус“ фром Чашка...
Па види каде газдата не дозволува Синдикално организирање?! Види каде толку многу се читани текстовите на Геропулос и Фрчко-Сака-Грчко, што немаат пари за плати...

Господо - другови, “професиналци“ во продавање на новинасркиот газ, сега правец на ѓубриштето на историјата. Народот, не се секирајте, нема да ве заборави! Ќе ве памети како предавници, продадени грчки подлизурковци, спинери, лажови, манипуланти, неморални и изпоачени личности. Ќе ве памети како новинарски проститутки.

Овој народ е премногу умен и интелигентен за да го прелажете и изманипулирате.

Господ да не ми пише за лошо, ама ептен ви се ситам и си уживам. Купив 150 грама бајадери, 200 грама индиски ораси, мало шише Џејмисон и средна Кохиба.
Јеботе, па ова е јаче од секс.


Quote:ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ФОКУС-овци:

Ве молам, мислам дека е важно да ги проверите и објавите следниве работи кои сеоднесуваат на весникот ФОКУС .... Ви пишувам анонимно, но сликата што беше денеска во редакцијата не ме остави рамнодушен....

Денеска попладне беа отпуштени 42 луѓе од весникот ФОКУС и тоа: 35 луѓе од дистрибуцијата на весникот и 7 луѓе од редакцијата, со што во прашање е доведено излегувањето на дневниот весник Фокус, а најверојатно и неделникот...
На состанок, на кој после повеќе месеци во редакцијата дојде и сопственикот Никола Младенов беа поделени откази за 7 новинари од редакциите за култура, спорт, свет, забавна, лектори, технички уредници, како и 35 луѓе од дистрибуција каде што имало 40 а сега останаа само 5 луѓе.Дел од тие кои добија откази, а се вработени на
неодредено време, одбија да ги потпишат отказите што им ги подели Бранко Геровски, двајца од нив уредници на рубрики, третата технички уредник, (Сашко Димовски, Ирена димовска, Александар Мишков) и побараа образложенија. другите кои беа избркани се
хонорарни (ама постојани соработници) од рубриките култура, забава, лектори...
Луѓето кои добија откази со плачење ја напуштија редакцијата а плачеа и колегите кои не можеа да го поднесат овој стрес..Покрај отказите, за утре е закажан нов состанок на кој директорката Биљана Младенова најави дека пак ќе има намалување на платаите
за нови 20 посто покрај намалувањето во јуни 2012, па сега платите ќе бидат намалени за 40 проценти!!! покрај се што ни беше кажано, ја чувме и неверојатната вест, дека дневниот Фокус нема да излегува еден ден во неделата (пример, среда или петок)
бидејќи истата екипа ќе го прави и неделникот Фокус.
Покрај отпуштањата вработените во Фокус немаат земено плата и хонорари, кои изминатиов период ги добивавме во половинки...Во јануари исплатена е една половинка најверојатно за ноември....Во редакцијата, за чудење на сите, од јуни 2012 работат речиси 90 посто новинари-хонорарци кои ниту се осигурани, ниту имаат некакви договори со редакцијата. значи, едноставно, главните новинари кои ги пишуваат сите теми работат НА ЦРНО...а никој не реагира на тоа....
Отпуштените колеги најавија дека ќе ја известат ТРУДОВАТА инспекција за таа еднаш засекогаш да му стави крај на таквото работење...за ваша информација, новинарите во Фокус кои се ХОНОРАРЦИ, уствари работат на црно, без никакви договори се: Владо Апостолов, Ирена Мулачка, Влаентина Стојанчевска, Мирослава симоновска, саше Димовски, Љубен Димановски, малден Чадиковски, Соња Јанкоска, Гордана Ваљакова, Елена манчевска, роза петкова, Зоран Спасовски, Јулија Илиевска.....и уште многу од
другите сектори....
Затоа, ВЕ МОЛИМЕ, ОБЈАВЕТЕ ЗАТОА ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ФОКУС, ПА СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ТРУДОВАТА ИНСПЕКЦИЈА ЌЕ РЕАГИРА И ЌЕ НЕ ЗАШТИТИ...бидејќи Никола Младенов забрани и синдикално организирање во Фокус...

поздрав од името на екипата на Фокус...


07-02-2013, 09:51 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#17

(07-02-2013, 09:51 PM)ЈорданПетровски Wrote: ... за ваша информација, новинарите во Фокус кои се ХОНОРАРЦИ, уствари работат на црно, без никакви договори се: Владо Апостолов, Ирена Мулачка, Влаентина Стојанчевска, Мирослава симоновска, саше Димовски, Љубен Димановски, малден Чадиковски, Соња Јанкоска, Гордана Ваљакова, Елена манчевска, роза петкова, Зоран Спасовски, Јулија Илиевска.....и уште многу од
другите сектори....

Нели паѓа в очи дека мнозинството се жени?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
07-02-2013, 10:30 PM
Reply