Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Во Атина, Грција и Бугарија расправаа за Македонија

Грција и Бугарија ги повторија веќе добро познатите ставови за Македонија и за македонската интеграција во ЕУ на денешниот Совет за соработка на високо нив меѓу Бугарија и Грција.

Од среде Атина, грчкиот премиер, Андонис Самарас, уште еднаш порача дека иредентизмот не води никаде.

„Задоволен сум со почитувањето на принципите и критериумите што постојат во Европа. Во вакво време на криза и проблеми во целиот свет, конфликтите и иредентизмот не водат никаде. Секоја земја мора да сфати дека таквите политики не можат да бидат услов за интеграција“, изјави Самарас.

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов пак, рамо до рамо со Самарас, уште еднаш „удри“ по филмот „Трето полувреме“ и по добрососедските односи.

„Бугарија најмногу ја поддржа Македонија во нејзината европска интеграција, но не можам да прифатам да се прават филмови против Бугарија на тема спасување на Евреите за време на нацизмот. Бугарија спаси 50 илјади Евреи и тоа го признаваат сите, вклучувајќи го и Израел“, изјави Борисов.

Тој, исто така, го повтори ставот на Бугарија за почитувањето на добрососедските односи и „заемното почитување на сите страни“, истакнувајќи дека Бугарија ја поддржува интеграцијата во ЕУ и НАТО на сите земји од Балканот доколку се исполнуваат овие услови.

Инаку, во рамките на втората седница на Советот за соработка на високо ниво меѓу владите на Грција и Бугарија, денеска во Атина во присуство на двајцата премиери беа потпишани седум документи за соработка меѓу двете земји.

http://www.time.mk/read/ac588a8633/c408e...index.html
Без Ботев няма България
17-12-2012, 05:15 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9



Самарас и Борисов ja официјализираа „љубовта“ - Македонија е лош сосед!


Атина, 17. декември 2012 (ИНПРЕС)
извор: Канал 5 фото: архива

Премиерите на Бугарија и Грција Бојко Борисов и Андонис Самарас одржаа заедничка средба во Атина, на која главна тема биле Македонија.

На заедничката конференција за печатот Борисов и Самарас во Атина го искажале заемното задоволство од одлуката на ЕУ во Брисел за блокирањето на интеграцијата во ЕУ на Македонија со поставувањето на новиот услов - добрососедство, јави Канал 5.

Напуштањето на иредентизмот, почитувањето на добрососедство како важна европска вредност се дел од едногласните заклучоци во Брисел, изјави Борисов, кој го посочи и филмот „Трето полувреме“ како дел од таа „недобрососедска политика“.

- Бугарија како ретко која земја спаси 50 илјади Евреи. Да можевме да ги спасиме сите, ќе ги спасевме, ама не можевме. Нашата толерантност и добрососедство имаат граници. Бугарија не заслужила да се прават филмови против неа, изјави Борисов во Атина.

Ова за Борисов е главната причина добрососедските односи да влезат како критериум. Бугарскиот и грчкиот премиер споменаа дека важно за мирот и стабилноста во регионот е сите земји од западен Балкан да бидат дел о ЕУ, но не заборавајќи да го споменат критериумот.

- Во еден ваков период на криза, на тешкотии за целиот свет, вештачките заострувања, иредентизмот не води никаде, изјави Самарас.

Интересно е да се спомене дека ниту еден од двајцата премиери во ниеден случај, ниту во делот од нивните говори каде што зборуваа за Западен Балкан и добрососедски односи и индиректно мислеа на нашата земја, ниту пак во одговорот на новинарското прашање кое бараше конкретно да се каже ставот, не ја споменаа нашата земја ниту под уставното име ниту пак под референцата ФИРОМ. (Крај)

http://www.time.mk/read/ac588a8633/2e53e...index.html
Без Ботев няма България
17-12-2012, 05:16 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Кој има корист од бугарската позиција за Македонија?!

Одлуката на Бугарија да се спротивстави на определувањето датум за почеток на преговорите за присоединување на Македонија кон ЕУ се покажа како добредојдена за антибугарските кругови покрај Вардар. Тие и досега го користеа секој подобен случај за националистичка пропаганда, а сега веќе имаат и исклучително силен аргумент во поддршка на нивната теза - Бугарија објави на највисоко ниво дека не го поддржува предлогот нејзиниот сосед да направи важен чекор кон членството во Унијата. Тоа нема да биде лесно заборавено и ќе биде истакнувано исто толку често колку и фактот дека Бугарија беше првата држава која ја призна независноста на Македонија.

Надежите дека категоричната позиција на Бугарија ќе ги натера противниците на добрососедските односи да го преразгледаат своето поведение се чини понереално со оглед дека според низа аналитичари целта на раководството во Скопје не беше да добијат датум за членство, туку тоа да го направат на начин што недостигот од напредок да биде објаснет со „злите соседи“ - Бугарија и Грција.

Можеа ли и покрај провокациите властите во Софија да го поткрепат членството на соседната и братска држава, и дури да лобираат за неа, така како што Полска лобираше за балтичките републики, Грција за Кипар, или Романија за Молдавија? Одговорот на ова прашање е повеќе негативен. Во спротивно, раководството ризикуваше да стане објект на напади од националистите кои повеќе пати бараа оставка на министерот за надворешни работи поради, според нив, благонаклониот однос кон соседните земји како Македонија, Србија и Турција.

Во желбата да го одвлечат вниманието од внатрешните проблеми и да го насочат кон односите со соседите национал-популистите од Македонија наоѓаат и верен сојузник во Бугарија, колку и тоа парадоксално да звучи.Тој сојузник се т.н. „дежурни македонисти“ - неколку јавни личности кои си изборија углед на експерти за Македонија, а кон кои повеќето медиуми секогаш се обраќаат за да ги коментираат односите меѓу двете држави. Интересно е што освен интересот кон Македонија, сите нив ги поврзува и пристрасност кон поранешната Државна безбедност.

Замислете си кој го формира јавното мислење за односите во однос на Македонија и ќе видите дека тоа е еден многу ограничен круг. Не сум приврзаник на конспиративните теории, но нема како да не забележам дека со години за компетентни за оваа тема се сметаат единствено луѓе како агент Кардам, Тервел, Телериг, агент Иван или агент Завадски. Тие продолжуваат да се во фокусот на општественото внимание единствено заради тензиите помеѓу Бугарија и Македонија и очигледно имаат интерес на секој начин да го поддржат.

Меѓу нив би можел да биде откриен и агентот кој носи имиња на средновековни бугарски владетели, беше министер во актуелната влада и е директор на најголемиот музеј во Бугарија. Тој човек, често нарекуван професор без да има право на таа титула има секоја недела или дури и секојдневно изјави во јавноста, а кои во никој случај не помагаат за подобрување на односите меѓу двете земји. Тажно е, но факт е дека најгласниот аргумент кој Бугарија успева да го спротивстави на историчарите - лажговци, од Скопје се тврдењата на еден псевдо професор.

Најлошото е што, како што раководството во Скопје успеа голем дел од јавното мнение во земјата да го убеди против Бугарите, така и тие кругови во Софија ги натераа мнозинството од граѓаните од Бугарија да се однесуваат со потсмев ако не и со непријателство кон македонскиот народ.

Тоа го покажува и последното објавено национално истражување на јавното мислење, според кое 44 проценти од Бугарите сметаат дека земјата не треба да ја поддржи кандидатурата на Македонија за ЕУ, освен доколку Скопје ја прекине антибугарската пропаганда. Од испитаниците 18 проценти се на мислење дека Бугарија воопшто не треба да ја поддржи кандидатурата на Македонија за ЕУ, а едвај осум проценти се за безусловна поддршка.

Јасно е дека во вакви услови бугарските власти не можеа да изразат поддршка за евроинтеграцијата на Македонија бидејќи би ризикувале да го навлечат гневот на избирачите, засилен од круговите кои имаат интерес од поддржувањето на тензиите. Лошо е што јасно изразената позиција на Бугарија предизвика нов бран од антибугарска реторика во Скопје и одново налеа вода во воденицата на оние кои сакаат спорот да трае што подолго.

Од лошите меѓудржавни односи, сепак најмногу страдаат луѓето со оглед дека бесмислените недоразбирања водат до застој во економските односи, како и во развојот на важни заеднички проекти, како тој за железничка линија која треба да ги поврзе Софија и Скопје. Затоа, ако сакаат реален напредок Бугарија и Македонија треба да ги насочат напорите кон заеднички проекти. Проекти кои би овозможиле на луѓето од двете страни на Беласица „да се радуваат на својот труд“ и дај Боже, некој ден одново „да се сакаат како браќа“, ако си дозволиме да го парафразираме Никола Вапцаров чие име наместо да обединува неодамна беше вмешано во недостоен и сосема бесмислен спор. Нема да е лошо и Бугарите и Македонците пред да се опсипат со заемни обвинувања, да направат обид и да си претстават како изгледаат нивните противречности погледнати од страна. За европјаните спорот е „балкански“ во лоша конотација, како термин, кој произлезе од братоубиствените конфликти на Полуостровот.

На долгорочен и глобален план ниту една од земјите нема интерес ова да продолжи и колку порано граѓаните на двете држави си положат сметка за „темнината која им ги заслепува очите“ толку подобро. Затоа е неопходен општествен притисок спорните прашања да бидат решени до март 2013 година и тогаш Македонија да добие датум за почеток на преговорите, а Бугарија да биде искрен поддржувач на понатамошните напори на земјата на европскиот пат.

http://sitel.com.mk/koj-ima-korist-od-bu...makedonija
Без Ботев няма България
17-12-2012, 05:36 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Грција и Бугарија обединети против Македонија

Бугарската делегација ќе биде предводена од премиерот Борисов, кој доаѓа во Атина во придружба на 11 министри. Во пресрет на средбата, Аврамопулос со навредливи зборови кон нашата земја.

[Грција и Бугарија обединети против Македонија ]

Шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос денеска ќе се сретне со неговиот бугарски колега, Николај Младенов во рамките на вториот состанок на високо ниво за соработка меѓу Грција и Бугарија.


Бугарската делегација ќе биде предводена од премиерот Борисов, кој доаѓа во Атина во придружба на 11 министри. Во пресрет на средбата, Аврамопулос со навредливи зборови кон нашата земја.

„Постои заедничка голема загриженост за напливот на феномените на националистичката и популистичката реторика и негувањето на клима на нетолеранција. Една земја која изјавува дека има европски амбиции и ориентација, како што е поранешната југословенска република Македонија мора да докаже во пракса дека го цени и го почитува принципот на добрососедски односи, изјавил шефот на грчката дипломатија во одговорот на прашањето на новинарот од бугарската новинска агенција - како ја оценува позицијата на Софија во однос на одредени кругови во Скопје кои го извртуваат минатото и идентитетот на бугарската култура во регионот./www.kanal5.com.mk

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=101714
Без Ботев няма България
17-12-2012, 07:47 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Грција и Бугарија го зацементираа сојузништвото

И двајцата премиери зборуваа за Македонија без да ја споменат со име

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ


Атина - Премиерите Андонис Самарас и Бојко Борисов со остар тон испратија порака од Атина, ако нема подобрување во добрососедските односи, Македонија ќе остане да чека пред вратата на Европската унија. Како и во Брисел, Грција и Бугарија беа категорични дека двете држави ја поддржуваат европската иднина на Западниот Балкан, но кандидатите-држави мора да се однесуваат европски и да ги почитуваат принципите на Унијата. Грчкиот и бугарскиот премиер на заедничката прес-конференција, по вториот заеднички состанок на високо ниво за соработка меѓу Грција и Бугарија, индиректно зборуваа за Македонија, избегнувајќи конкретно да и' се обратат на нашата држава. Бугарскиот премиер со остар тон потенцираше дека секое пријателство и толеранција има граници, а индиректно зборувајќи за филмот „Трето полувреме“ објаснуваше колку Евреи има спасено Бугарија за време на Втората светска војна.

На новинарско прашање дали на заедничкиот состанок премиерите разговарале за европската перспектива за Македонија, Самарас истакна дека се разговарало за европската перспектива на целиот Балкан. Изрази особено задоволство што во Брисел и Димитрис Аврамопулос и Николај Младенов имале идентични ставови околу тоа прашање. Бугарија и Грција се согласуваат целосно со текстот, кој како што потенцираше Самарас бил едногласно донесен на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел. Грчкиот премиер нагласи дека со овој текст ЕУ прв пат официјално потенцира дека предуслов за членство е почитувањето на добрососедските односи. „Ќе се следи напредокот во ова поле, нешто што значи дека некои држави може да напредуваат кон ЕУ, а некои ќе задоцнат доколку не се однесуваат соодветно. Во еден период на криза и тешкотии во целиот свет вештачките заострувања не помагаат. Иредентизмот не води никаде“, истакна Самарас. Индиректно обраќајќи и' се на македонската Влада посочи дека секоја држава која навистина сака да се интегрира во ЕУ, како место на компромиси и дијалог, не може да успее во тоа со политиката на иредентизам.

„Задоволен сум што Бугарија и Грција се согласуваат со европските процени и критериуми. Тоа се принципи на кои може да се заснова една модерна демократија, како што се Бугарија и Грција“, истакна грчкиот премиер. Неговиот бугарски колега исто така одлучи да не ни се обрати директно, а како и Самарас се задржа на потребата за почитување на добрососедските односи. Борисов демонстрираше вознемиреност најмногу поради филмот „Трето полувреме“. Посочи дека Бугарија е една од државите која најсилно ја поддржува европската перспектива на Балканот, а тоа го покажала и преку поддршката за либерализација на визниот режим.

„Меѓутоа толеранцијата, добрососедството и пријателството имаат свои граници. Бугарија има спасено најмногу Евреи за време на фашистичкиот режим, над 50.000. Ако можевме, ќе ги спасевме сите Евреи, но успеавме само 50.000. Други држави ни толку не направиле, има две-три држави што спасиле само 300-400 луѓе. И Бугарија да заслужи да се прават филмови против неа?!“, потенцираше Борисов, додавајќи дека и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху читал писмо од германски амбасадор во кое се потенцира дека Бугарија не дозволувала иселување на Евреите за време на фашистичкиот режим. Нагласи дека токму поради тоа Бугарија останува јасна и категорична за важноста на добрите соседски односи.

Двајцата премиери нагласија дека членството на државите од Балканот во ЕУ е неопходно за регионалниот мир, стабилност и просперитет. Тие се надеваат дека, како што Бугарија и Грција ги запазувале добрососедските односи и ги решавале своите проблеми преку дијалог, дека така ќе се однесуваат и сите држави од регионот кои сакаат да станат дел од Унијата.

Во Атина двете држави вчера потпишаа шест документи и меморандуми за соработка во областа на дипломатијата, туризмот, земјоделството, културата и образованието и технологијата. Грчкиот премиер Самарас најави дека во февруари планира официјална посета на Софија. Борисов, освен со Самарас, се состана и со грчкиот претседател Каролос Папуљас, кој ги спореди грчко-бугарските врски со врските на Германија и Франција, споменувајќи дека се надминати тешкотиите и проблемите од минатото. Беше оценето дека средбата поминала во добра клима, а и од грчката и од бугарската страна беше потенцирано дека грчко-бугарските стратешки односи значително се продлабочиле со оваа средба. Самарас потенцираше дека стратешката врска на Бугарија и Грција може да помогне да се зголеми нивното влијание и безбедност во рамки на целиот регион.

Грчкиот шеф на дипломатијата, Димитрис Аврамопулос, во интервју за бугарската информативна агенција нагласи дека иако чувствителните прашања за Грција и Бугарија околу политиката на македонската Влада се разликуваат, сепак постои голема заедничка загриженост за напливот на националистичките феномени и популистичката реторика, како и за негувањето клима на нетолеранција од македонска страна. Аврамопулос побара од нашата држава во пракса да покаже дека ги почитува добрососедските односи.

Борисов првпат во Атина

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на аеродромот „Венизелос“ беше пречекан од грчкиот премиер Андонис Самарас, со кого ова му е прва средба, а наедно и негова прва посета воопшто на Атина. Затоа пак, средбата во Атина не беше прва за двајцата министри за надворешни работи Николај Младенов и Димитрис Аврамопулос. На 4 и 5 јули годинава Младенов беше со делегацијата на претседателот Росен Плевнелиев во посета на Грција, а на 29 септември на ГС на ОН во Њујорк двајцата повторно имаа средба. Најголем одек, сепак, имаше трипартитниот состанок во Софија на 13 декември меѓу министрите за надворешни работи на Бугарија, Романија и Грција, кога договорија заеднички став за евроинтеграцијата на Македонија, што се претвори во вето пред една недела.

На 27 јули 2010 година Софија беше домаќин на првата заедничка владина седница меѓу владите на Бугарија и Грција. Премиер на Грција тогаш беше Јоргос Папандреу, а големата делегација од министри, со која Папандреу пристигна во Софија, им даде повод на грчките весници тогаш да се запрашаат што ги доведе во Бугарија во време кога меѓународните кредитори и финансиски институции инсистираа за преговори за иднината на обврските на Атина. Тогаш Грција и Бугарија потпишаа серија договори за соработка во различни области, но Софија остана резервирана кон нафтоводот „Бургас-Александрополис“, а подоцна се откажа и од проектот „Белене“, кој исто така беше предмет на разговори.

Грција е на второто место по Романија по бројот на туристи во Бугарија, а помеѓу 150.000 и 200.000 бугарски државјани живеат и работат во оваа земја. Исто така, Грција е на трето место според регистрирани фирми во Бугарија, по Турција и Русија, со над илјада и петстотини. (Н.Р.)

http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemI...AA7D785EE6
Без Ботев няма България
18-12-2012, 07:38 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Борисов и во Атина се жали за „Трето полувреме“

Бугарија е земјата која спасила најмногу Евреи за време на Втората светска војна, 50 000 лица, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Атина, не пропуштајќи уште еднаш да зборува за македонскиот филм „Трето полувреме“.

- Ако сме можеле ќе сме ги спаселе сите Евреи во светот, но не сме можеле и сме ги спасиле тие 50 илјади. Другите земји ни тоа не го направиле, далеку, далеку помалку, една, две држави спасиле по 300 до 400 лица. И Бугарија да заслужи да се прават филмови против Бугарија? Поради своето пријателство, поради својата љубов, поради својата отвореност ... Тоа е исто како сега да обвиниш некој дека во Африка има луѓе што страдаат од жед или од глад, рече Борисов.

Тој повтори дека премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху „пред сите цитирал писмо од тогашниот германски амбасадор до неговата администрација во Германија, кој вели дека бугарскиот народ не дозволил егзодус на Евреите“. - Јасни и категорични сме и затоа точката добрососедство е толку важна, рече Борисов во Атина.

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID...929FA52EF9
Без Ботев няма България
18-12-2012, 07:42 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Борисов и Самарас утврдуваа што е добрососедство

Седницата злоупотребена

Одржувањето заеднички седници на две влади не е ново и има многу примери и во регионов и во светот. Бугарија, на пример, освен со Грција, заеднички владини седници има и со Турција и со Романија, Грција има со Турција, Германија, на пример, имала заеднички владини седници со Франција, Израел и со Kина, САД со Kина...

Македонија досега не одржала заедничка владина седница со друга држава иако имало две иницијативи за со Србија и со Бугарија. Но, ниту една не е реализирана.

Дипломати сметаат дека тоа е корисен механизам за соработка ако се има добра политичка волја и конкретни проекти.

- Ваквите седници се корисни, се утврдува листа со заеднички приоритети и се дава поголема политичка тежина за нивно спроведување - велат нашите извори.

Сепак, поранешен македонски дипломат оцени дека вчерашната седница во Атина била искористена за злоупотреба на европски и демократски механизам. Според него, генерално, тоа е „многу интересен механизам за цементирање на односите во ЕУ кога се заканува нејзино разградување, но во случајов се работи за злоупотреба во односот кон Македонија“.

Жана П. БОЖИНОВСКА

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0697B3BB3D...8E3CBFCD4A
Без Ботев няма България
18-12-2012, 07:45 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Министрите за култура на Грција и Бугарија: Македонија не е добро дете

„Македонија не е добро дете“ заклучиле министрите за култура на Грција и Бугарија Костас Цаварас и Вежди Рашидов при нивната вчерашна средба во рамките на втората седница на Советот за соработка на високо ниво меѓу двете земји.

rashidov-500

Електронското издание на „Прото Тема“ јави дека „двајцата министри разговарале за прогласувањето на 2013 година за година на Кирил и Методиј, при што Рашидов на Цаварас му го изразил своето незадоволство“ од Македонија.

- Ние ја почитуваме автономијата на другата земја но ако Македонија не стане добро дете нема да ги поддржиме. Денес тие викаат дека Кирил и Методиј се нивни, утре можат да кажат нешто друго, ја цитира весникот изјавата на бугарскиот министер.

Цаварас му честитал на Рашидов „за неговиот јасен став за прашањето, истакнувајќи дека заштитата на културното наследство не е ништо друго освен обид да се зачува историјата без фалсификати и измами поради националистичка и популистичка себичност“, пишува „Прото Тема“.

- Никој нема право да ја извртува историјата без последици, рекол Цаварас и додал дека „секој за себе може да тврди што сака, но историската вистина е конечниот суд за тоа кој е некој, од каде доаѓа и што претставува“.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/96131-M...dobro-dete
Без Ботев няма България
18-12-2012, 10:20 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Отвратителен наслов - Бугариге го изгласале ама в Македония задължително нещата трябва да се преставят като на война

Бугарите плачат - Македонец победи во бугарскиот Big Brother

Македонецот Лестер е победник во овогодинешното издание на бугарскиот Big Brother. Лестер заедно со манекенката Цеце Орешкова беа единствените македонски претставници. На социјалните мрежи се редат негативни коментари од страна на Бугарите кои се зачудени како може Македонец да победи во Бугарија. За победата Лестер доби нов автомобил

http://press24.mk/story/lester/foto-buga...ig-brother
Без Ботев няма България
18-12-2012, 04:40 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Пишува македонскиот Божидар Димитров.
Тоя кавал не беше ли и кандидат за президент ? Icon_razz

Koлумна: Македонија и Бугарија добрососедски, а може ли братски?

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Го прочитав интервјуто на бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов, за бугарски “Стандард“, вели “Скопје да се замисли како ја изгуби нашата поддршка“ (во Европската Унија, м.з.).

И навистина, како братот на братот душман му стана? Европската Унија, се разбира, не инсталира европејци како супернација, во Бугарија си останаа истите Бугари, Роми и Турци, оние од времето на Сталин и Живков. Менталитетот не е манифестација преку ноќ, тоа е вековен процес... Одете на граница и ќе ви стане се’ јасно: ќе ве пречекаат истите Бугари како и пред Европската Унија. Тие, не Ние во нив, Тие во нас гледаат државни непријатели... Па претреси, па каде одите, за што одите, ви фали ова, ви треба тоа... Како и во времето на Живков... Проблемот на Бугарија не се Македонците во Македонија, та да плаче заедно со Грците прозивајќи го Брисел за добрососедски односи со Македонија. Нека се преслуша гласно Софија како звучи антимакедонизмот во Бугарија во медиумите, науката, полицијата, политиката, за да си одговори, тоа тие нам ни се непријатели или ние ним? Проблем на Софија се Македонците во Бугарија. Патем, во Бугарија нема македонско малцинство, во Бугарија само Ромите и Турците не се Македонци. Но, тоа се други релации, времето ќе ги нивелира.

Не може Софија да вели Македонците се Бугари, а кога во Македонија ќе се изгради некој споменик повеќе од времето на Тито, веднаш да реагираат Скопје ја краде бугарската историја?! Е, како може Македонците да се и Бугари и да ја крадат бугарската историја?! Односно, ако Македонците се Бугари, како може да ја крадат бугарската историја?! Толку од Европската Унија, пусто Сталин и Живков. Како и да е, децата растат. Па каде беше Бугарија кога Македонија беше во Југославија, а не со Варшавскиот пакт и НАТО Алијансата? Пустиот Живков, си умре со дупки на колениците од панталоните молејќи пред Сталин! А, ви текнува ли, со хулахопки, пенкала и мастики за џвакање правеме пари во Бугарија. Сега Софија ни држи лекции од Европска Унија. Туку ајде... знаеш како се вели, пеј живеј, прави се на Тошо и терај го магарето.

Како и да е, да сме и малку самокритични. Нашата надворешна политика е дефанзивна, стерилна, конзервирана. Во услови на агресија од сите страни по сите основи, не е доблест само визуелизацијата на просторот со историја. Треба акција, потребна е офанзива! Тоа на нашата надворешна политика и’ недостасува одамна. Ако се направи попис на советниците кои треба власта да ја опсервираат со информации за да не’ има, отколку што не силуваат за да не’ снема, салдото е катастрофално. Знаењето не се гради со дипломи, туку со искуство. Таков ков на луѓе, за жал, во власта ретко има, а не оти во Македонија ги нема... не се по волја на власта. И не оти е неприфатлива генерациската смена на администрацијата, тоа се природни процеси, ама кога тоа се прави по хоризонтала и по вертикала, со дипломци, колку и да се убави и здрави, умот не се донира, тој се кумулира и времето го креира... Ми текнува, ни доаѓа делегација конгресмени од САД, старци со седумдесет години, со бели коси, со очи како скенери, а цело време насмеани и олабавени, ние пред нив здрвени, просек дваесетипет трисет години, како деца од детска градинка меѓу пензионери во Старски дом, гревчиња...

МАКЕДОНИЈА треба да понуди договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. МАКЕДОНИЈА треба да понуди формирање Совет на високо ниво меѓу двете влади кој ќе заседава еднаш годишно наизменично во двете земји, за билатерална, регионална и меѓународна координација, размена на искуства и информации, и заемна соработка на сите нивоа. МАКЕДОНИЈА треба да иницира проекти за реална соработка меѓу двете држави. Така ќе се рушат бариерите и предрасудите меѓу двете земји и двата народа. Така ќе си се најдат сите од двете страни на границата, роднините од иселените Македонци после Илинденското востание 1903 година, роднините од иселените Македонци после Балканските војни 1912-1913 година, Македонците иселени после Лозанскиот договор од 24 јули 1923 година за размена на население меѓу Грција и Бугарија...

Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов го предложи истото, се разбира, според призмата на своите интереси. Ние треба да се бориме и избориме за нашите интереси. Проблемот е, зошто друг да ни трие лук на глава кога ние можеме и мораме да ја носиме иницијативата пред сите. МНР и Владата и Претседателот и Собранието со години добиваат предлог Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција, Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Србија, Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Албанија, од Светскиот Македонски Конгрес, ама кому збориш... Ех, Македонијо, Македонијо... Е, па, ајде бре луѓе, малку акција! Ајде господине Иванов, ајде господине Груевски, ајде господине Поповски, ајде!


http://mkdnews.com/%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1...0%BA%D0%B8
Без Ботев няма България
18-12-2012, 07:25 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Марш за правата на Македонците


"Денес, во ова време, во Европа, во Европската унија, во држави-членки на НАТО се кршат основните, примарни човекови права. Денес Македонците во некои држави во нашето соседство не смеат да кажат дека се Македонци, немаат право да учат на својот мајчин јазик, немаат право да имаат своја црква. Денес имам дилема дали живееме во средниот век. Тоа не се случува некаде далеку, не се случува во некои држави чии имиња не можеме да ги запаметиме или чија локација и местоположба не можеме да ја најдеме на географската мапа. Тој недостиг на основните права се случува на 50, 100, максимум 200 километри од кое било место во Република Македонија. Тоа се случува околу нас и, за жал, се случува во држави-членки на највисоко развиената Унија, односно алијанса на држави што цивилизацијата воопшто ја памети. Дајте да размислуваме за тоа, дајте да читаме и да се едуцираме за тоа, дајте инвестирајте фондови од НВО и разните фондации на оваа тема, дајте да зборуваме и дајте да маршираме за основните човекови права на Македонците...
... Затоа ние денес имаме право, но и приоритетна обврска, да им ги понудиме нашите стандарди во демократијата на сите наши соседи."

http://kurir.mk/komentari/kolumni/92651-...akedoncite
Без Ботев няма България
18-12-2012, 07:29 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бојко Борисов скаран со историјата и со вистината

Наспроти тврдењата на Борисов и речиси целата бугарска научна јавност според која бугарската војска била само набљудувач на погромот на Евреите во Македонија и Тракија светската наука со поинакви информации за улогата на соседна Бугарија во Втората светска војна.

[Бојко Борисов скаран со историјата и со вистината ]

Бугарскиот премиер вчера во Атина потврди дека главната причина за блокадата на официјална Софија за Македонија е едно уметничко дело.

Во недостаток на валидни аргументи Бојко Борисов спомена дека Македонија ќе остане надвор од унијата поради љубовната приказна од филмот трето полувреме на режисерот Дарко Митревски чие дејство се одвива во времето на бугарската депортација на македонските Евреи.

Бугарија упорно негира дека има одговорност за смртта на 97 насто од Евреите во Македонија и дека за тоа се виновни германските окупациони власти.

Наспроти тврдењата на Борисов и речиси целата бугарска научна јавност според која бугарската војска била само набљудувач на погромот на Евреите во Македонија и Тракија светската наука со поинакви информации за улогата на соседна Бугарија во Втората светска војна.

Во поставката на Меморијалниот музеј на 6 милиони Евреи жртви на холокаустот во Берлин прецизно се наведува кој е виновен за смртта на 12 000 евреи од таканаречените нови територии каде владеела царска Бугарија.

Во пролетта 1943 година Бугарија ја окупира југословенската Македонија по што окупаторите ги предадоа македонските Евреи на третиот рајх, пишува на официјалните документи во германскиот музеј.

За улогата на бугарската армија и полиција сведочи и скопјанката Нета Коен жената по чија животна приказна е снимен филмот Трето полувреме која во интервјуто направено од бугарски граѓани пред 14 години за фондацијата на Стивен Спилберг експлицитно раскажува кој го извршил погромот на македонските Евреи.

Горан Момироски

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37...tId=101851
Без Ботев няма България
18-12-2012, 07:31 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Попоски: Атина и Софија се солидаризираат во блокирањето

Клучна наша цел е зачленување во НАТО и ЕУ и понатамошно создавање на клима на добрососедство. Не смееме да дозволиме тоа да се базира на креирање на перцепции, туку единствено на факти, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, коментирајќи ги нападите кои на македонска адреса пристигнаа заеднички од Атина и Софија, кои дури недипломатски не нарекоа "лошо дете". Министерот Попоски потенцира дека може за нив во услови на криза е атрактивна политиката на солидаризирање во блокирањето и зголемување на отпорот кон определени процеси кои всушност би требало да ја генерираат неопходната стабилност на Балканот.
- Тоа што е клучно е дека тие оценки треба да ги базираме на факти, а не на желби за креирање на определена перцепција. Стојам на оценката дека во ниту еден параметар Република Македонија не нуди никаков аргумент за декредибилизирање на аспектот за добрососедство. Убеден сум дека со една таква политика која е базирана на реалност и на градење на мостови ние можеме да се придвижиме напред. Тоа е нашата придобивка. Немаме влијание врз одлуките кои се носат во други држави, но можеме да ја шириме таа енергија која ја имаме за поврзување на Балканот. Наша стратешка цел е сите овие земји од регионот да бидат дел од НАТО и ЕУ. Тие што сакаат тоа да го постигнат мора да покажат конкретни гестови, изјави Попоски.

Во врска со заклучокот во Брисел, и покрај опструкциите, министерот е задоволен од потврдата дека постојат сили во рамките на ЕУ и фактори како во земјите-членки, така и во институциите, кои се исклучително посветени да се задржи кредибилитетот на процесот за проширување и кои се заложија максимално Република Македонија и формално да ги отпочне преговорите. Според Попоски, крајниот резултат е баланс помеѓу оние кои сакаа да се продолжи опструкцијата и оние кои сакаа да се продолжи со кредибилниот напредок во европските интеграции.
- Сметам дека за нас е исклучително значајно што беа препознаени сите клучни остварувања кои беа направени изминатата година и тоа што не беше презентиран ниту еден аргумент дека Република Македонија не е подготвена, сосема спротивното, во многу сегменти покажавме исклучителни резултати од аспект на реформите и остварување на европската агенда, изјави Попоски.

Попоски оценува дека изминатата 2012 е успешна година за македонската дипломатија, во која земјава постигна многу резултати на билатерален и мултилатерален план.
- Наша конечна цел полноправно членство во НАТО и во ЕУ. Во меѓувреме, исклучително мораме да посветиме внимание на создавање на зголемени можности за економски развој, тоа е најбитно за нашите граѓани, рече министерот.

Шефот на македонската дипломатија не одговори конкретно на прашањето дали се очекува медијаторот во спорот со името Метју Нимиц наскоро да дојде во Скопје.
- Тоа е нешто што се одвива. При последната можност во која медијаторот Нимиц се состана со двајцата претставници во овој процес најави дека сака да ги посети двата главни града. Тоа што го имаме истакнато ние во минатото е дека секогаш Македонија имала отворени врати и поактивен пристап во тој процес. Тоа е констатирано и од Меѓународниот суд на правдата кој недвосмислено упатува на тоа каде постои прекршување на меѓународното право. Ниту во овој аспект ние го немаме прекршено и се надеваме дека господинот Нимиц ќе може да ја работи својата работа на ефикасен начин и се надеваме дека при било која следна можност ќе можеме да ги слушнеме неговите идеи и врз основа на тоа да се произнесеме, рече Попоски.
Македонското МНР вчера организираше новогодишен прием за дипломатскиот кор во земјава, каде биле разменети мислења за она што ја одбележа изминатата година и за она што не очекува во следната.

(В.С.)

http://vecer.com.mk/?ItemID=07BAC26BE974...C68430F730
Без Ботев няма България
19-12-2012, 08:09 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Иванов и силни в едно изречено - се едно да кажеш индианец и компютър

ИВАНОВ ИСПРАТИ СИЛНИ ПОРАKИ ДО атина и до СофиЈа

Минатото не треба да ни ја краде иднината


Дијалогот е незаменлив за добрососедските односи кои, сепак, се двонасочна улица, порача претседателот Ѓорге Иванов на вчерашното годишно обраќање во Собранието.

- Ние мора да си помагаме, а не да си попречуваме. Блокадите и попречувањата се на штета и на тие што блокираат, а најголема жртва е целиот наш регион. Целосно сме отворени кон сите наши соседи. И понатаму ќе настојуваме да ги развиваме добрососедските односи - рече Иванов.

За него се неприфатливи обвинувањата од кого било за наводен иредентизам и национализам кој доаѓа од Македонија. Со зборовите „животот е краток, а соседот вечен“, Иванов порача да не се создава лажна претстава за состојбата со добрососедските односи.

- Реалната слика е дека македонското општество нема никаков проблем со ниедно соседно општество. Низ каква искривена призма треба да гледаме за во оваа реална соработка да видиме отсуство или недостиг на добрососедски односи? Земјите од нашиот регион едноставно не можат да си дозволат минатото да продолжи да им ги краде сегашноста и иднината - рече тој.

Според Иванов, нашите врски со соседството се длабоки, роднински, пријателски, деловни, спортски, културни и духовни и, како што рече: „Никаков излет на поединец желен за власт по секоја цена не може тоа да го промени иако има апсурдни или навредливи изјави на малкумина ’дежурни‘ политичари од соседството“.

Пораките за добрососедството на Иванов уследија по само еден ден од пораките што стигнаа од Атина од премиерите на Грција и на Бугарија, Андонис Самарас и Бојко Борисов, кои со своите кабинети одржаа заедничка седница.

За грчките медиуми оваа седница и генерално грчко-бугарските односи се пример за соработка кој треба да го следат сите земји од Балканот и пошироко. За медиумите најинтересна беше пораката што двајцата премиери вчера ~ ја испратија на Македонија - дека почитувањето на добрососедските односи е клучно за членство во ЕУ.

„Та Неа“, повикувајќи се на дипломатски извори, пишува дека меѓу Грција и Бугарија постои „заемно разбирање“ за прашањето за името, но додава дека Софија е загрижена од порастот на национализмот од страна на Македонија „кој се манифестира и со неодамнешните најави дека на скопско-бугарската граница ќе се постави јарбол со македонско знаме висок 60 метри“. Според „Етнос“, двете земји испратиле заедничка порака до Скопје за почитување на добрососедските односи и оти Атина и Софија се одлучни да го спречат развојот на национализмот и порастот на иредентизам во регионот. А телевизијата „Мега“ во својот извештај јави дека Борисов не ја криел својата лутина за „скопскиот филм во кој Бугарите се обвинуваат дека им предале Евреи на нацистите“.

Електронското издание на „Прото тема“, пак, јавува за средбата на министрите за култура на двете земји, Kостас Цаварас и Вежди Рашидов, кои заклучиле дека Македонија не е добро дете. Тие разговарале за прогласувањето на 2013 за година на Kирил и Методиј, при што Рашидов на Цаварас му го изразил своето незадоволство од Македонија.

- Ние ја почитуваме автономијата на другата земја, но ако Македонија не стане добро дете, нема да ја поддржиме. Денес тие викаат дека Kирил и Методиј се нивни, утре можат да кажат нешто друго, ја пренесува весникот изјавата на бугарскиот министер.

Цаварас му честитал на Рашидов „за неговиот јасен став за прашањето, истакнувајќи дека заштитата на културното наследство не е ништо друго освен обид да се зачува историјата без фалсификати и измами поради националистичка и популистичка себичност“.

- Никој нема право да ја извртува историјата без последици - рекол Цаварас и додал дека „секој за себе може да тврди што сака, но историската вистина е конечниот суд за тоа кој е некој, од каде доаѓа и што претставува“.



Kако Брисел ќе го оценува добрососедството?

Европската комисија не сака да каже врз основа на што и која алатка ќе ја употреби во пролетниот извештај во оценувањето на остварувањето на Република Македонија во однос на добрососедските односи и постигнувањето решение за прашањето за името.

Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, вчера на редовен брифинг потврди дека Kомисијата ќе оценува според заклучоците, но не кажа како, јавува МИА.

- Јазикот употребен во заклучокот на Советот е јасен, има јасни процедури и распоред, па нема што ново да кажуваме и додаваме ние од Kомисијата. Ние ќе постапиме како што е наведено во заклучокот - одговори Стано.
#

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CC4B386D59...7A0F6F6BD8
Без Ботев няма България
19-12-2012, 08:10 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ЕдиториЈал

Услови за добрососедство се нижат ...


Младиот Македонец Лестер триумфираше на бугарското реално шоу „Биг брадер“ и доби нов автомобил, беше веста која се појави во вчерашните бугарски медиуми. Проследена беше делумно со негативни коментари од типот „како може Македонец да биде победник“, но и со дополнување дека Лестер стана љубимец на бугарската публика.

Убава вест...уште повеќе што во моментов е еден вид одговор на сите тврдења за омраза, лоши односи меѓу соседите, за антибугарско расположение... Можеби и добра порака до политичарите што значи добрососедство и немање предрасуди. Зашто, ако не беше така, ниту Лестер ќе се пријавеше да учествува во реално шоу во Бугарија, ниту бугарските гледачи ќе гласаа за Македонец.

Но, другата страна на реалноста, онаа што ја создаваат политичарите е сосема поинаква. Македонија во таа реалност стана „лошото“ дете за чие однесување се грижат соседите. Тие не се задоволни од нејзиното однесување и ја користат секоја пригода да ја искараат. Ја учат што е добро однесување, се лутат на секој потег, а никако отворено да кажат што е нивниот рецепт за добро однесување или како што го нарекуваат „добрососедство“.

И ако барањата на Атина се апсолвирани и добро познати, барањата од Софија с` уште се непозната. Опсегот се чини е голем, од Kирил и Методиј, преку јазикот, па с` до јарболот на кој ќе се вее македонското знаме на граничниот премин кон Бугарија. Уште повеќе што овие барања се претворија во услови. Ако сака Македонија да влезе во клубовите во кои веќе членуваат и Грција и Бугарија ќе мора да ги исполни сите. Ама, нивниот број секојдневно расте. Човек дури да се праша дали ќе може нешто да се каже или да се направи, а во Софија да не се гледа како провокација.

Па така, среде Атина, каде што премиерите на двете пријателски земји и добри соседи, одржаа заедничка седница на нивните кабинети, и, и покрај многуте обврски, Бојко Борисов најде време да зборува за „Трето полувреме“, објави дека Грција и Бугарија се договориле до март идната година да отворат уште еден граничен премин „Маказа“, ама иако инсистира на добрососедски односи, покрај сите работи што ги кажа за Македонија, не го искористи моментот да каже кога неговата земја ќе изгради пат до граничниот премин „Kлепало“ кој ќе ги поврзе со Берово.

И тоа е дел од добрососедските односи на кои постојано се инсистира. И дотука с` е познато. Останува уште да разбереме како Бугарија ги разбира добрососедските односи, за да можеме да сметаме на тамошната поддршка.

Но, во меѓувреме, може и да се праша што точно сака од Македонија, бидејќи тоа што го побара министерот Младенов наиде на исклучително позитивен одговор од Скопје. Останува да се ефектуира. А другото прашање на кое можеби треба да си даде одговор самата Бугарија е дали пристапот ~ е погрешен. Можеби таа греши некаде?

Жана П. БОЖИНОВСКА

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F17755044F...891837D947
Без Ботев няма България
19-12-2012, 08:14 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Борисов и Самарас на прес-конференција се пофалија колку се лоши

Сите грчки медиуми јавуваат за втората седница на Советот за соработка на високо ниво меѓу Грција и Бугарија што се одржа вчера, а посебно ставаат акцент на ставовите на премиерите Самарас и Борисов. Заеднички заклучок на сите е дека грчко-бугарските односи се пример за соработка што треба да го следат сите земји од Балканот и пошироко и дека Грција и Бугарија имаат стратешка соработка.

Медиумите во своите наслови ја истакнуваат пораката што и ја испратија вчера двајцата премиери на Македонија дека почитувањето на добрососедските односи е клучно за членство во Европската унија.

"Та неа" пишува дека од Атина се испратени две пораки - за соработка и разбирање на Балканот и едно предупредување до Скопје да ги почитува добрососедските односи и да не предизвикува вештачки кризи. Весникот цитира дипломатски извори според кои меѓу Грција и Бугарија постои "заемно разбирање" за прашањето за името, но додава дека Софија е загрижена од порастот на национализмот од Македонија кој се манифестира и со неодамнешните најави дека на скопско-бугарската граница ќе се постави јарбол со македонско знаме висок 60 метри".
"Етнос" пишува дека двете земји испратиле заедничка порака до Скопје за почитување на добрососедските односи и оти Атина и Софија се одлучни да го спречат развојот на национализмот и порастот на иредентизам во регионот.

"Експрес" и "Нафтемборики" го цитираат Самарас дека е задоволен од тоа што во последниот текст усвоен едногласно од ЕУ добрососедските односи се наведуваат како предуслов за членство во Унијата". "Катимерини" пишува дека Грција и Бугарија ги продлабочуваат односите, "То вима" информира дека Самарас во февруари ќе ја посети Софија.

Телевизијата Мега во својот извештај јави дека Борисов не ја криел својата лутина за скопскиот филм во кој Бугарите се обвинуваат дека им ги предале Евреите на нацистите". Телевизијата, исто така, го пренесува неговото тврдење дека Бугарија за време на Втората светска војна спасила 50 илјади Евреи.

Ќе пукнат од мака што Унгарија ја призна ПЈРМ како Република Македонија
Речиси сите грчки медиуми објавија дека Унгарија ја призна Република Македонија под уставното име. Медиумите ја пренесуваат изјавата на портпаролот на унгарското МНР, Габор Калета, кој изјави: Унгарија сега ја признава Македонија како Република Македонија во билатералните односи". Според него, унгарската влада наскоро детално ќе ја образложи својата одлука.

(Р.В.)

http://vecer.com.mk/?ItemID=12F0A859F1B3...3427AE990D
Без Ботев няма България
19-12-2012, 09:38 AM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

18.12.2012

Поглед

Ефхаристо, бај Бојко

Љупчо Поповски

Најстрашно би било ако македонската јавност и македонската политичка елита го оцени грчко-бугарскиот самит во Атина (во кој беа вклучени целите состави на двете влади) како создавање своевидна „антимакедонска оска на злото“. Таква оцена насочена кон самоизмама би била ужасно контрапродуктивна, би ги натерала двата клучни соседа целосно да ни го свртат грбот, а ние прометејски да си ја натовариме на грб улогата на „херои- маченици“.

Но, ужасно е тешко да ги оттргнеш ваквите мисли што надоаѓаат како циклони откако ќе ги прочиташ изјавите на Бојко Борисов и Андонис Самарас насочени кон Македонија, во кои се предупредува нашата држава дека секоја толеранција има граници. Премиерите се фалеа дека нивните шефови на дипломатии, Младенов и Аврамопулос, речиси се гушкале со истоветните ставови во Брисел околу прашањето на Македонија. Министрите за култура, Цаварас и Рашидов, и' се потсмевале на нашава држава, зборувајќи дека „Македонија не е добро дете“, а грчкиот претседател Папуљас ги спореди односите меѓу двете држави со француско-германската оска на мирот и прогресот.

Секако дека кога од Скопје ги слушаш ваквите работи може да ти се крене косата на глава. Но, гневот не ги решава проблемите, само може да ги влоши. Секој што има поодговорна функција во државава треба неверојатно сериозно да си постави прашањето зошто дојде до ваквиот развој на настаните. Каде згрешивме? Што пропуштивме? Што не видовме? Што сакаме?

Бугарија и Грција ќе ја прогласат 2013 година за година на Кирил и Методиј, сесловенските просветители, кои сакавме со векови да ги држиме во нашата прегратка, а сега ги отфрламе бидејќи не биле Александрови чеда. Ние, всушност, сме способни од се' да се откажеме во замислениот фантазмагоричен проект за единствени библиски потомци. Она што мислиме дека ќе ни остане, бидејќи, наводно, е наше, подоцна ќе го предадеме без поговор и ќе останеме без ништо – без историја, без идентитет, без иднина.

Не ни треба да фрламе рој остри стрели кон Софија. Ни треба способна дипломатија, а не рахитична како оваа, која ќе знае да ги одреди приоритетите, насоките и стратегијата како да ги поправиме односите со соседите.

Затоа што станува драматично. Неспособноста на оние што мислат дека многу знаат ја падна на колена оваа земја. Затоа ќе ги гледаме оние што до вчера не се разбираа како стануваат заљубени сојузници. На наша штета.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9A111...D2BFD230E9

Гледах ги македонсите коментари, анализи и т.н. на новата уж българска позиция...

Едно нещо не разбирам – нима в Македония не си дават сметка, че де юре и де факто - Гърция и България са съюзници – още преди края на Студената война май...;

Граница с Турция;
Мюсюлмански малцинства;
Членство в НАТО и ЕС;

И т.н. и т.п.

България трябва внимателно да балансира между интересите на Гърция и Турция в своята външна политика и в този контекст македонското прашане уви е маргинално и тя така и го третира...;

Та в Македония, ако не разбират, че Гърция и България реално са съюзници и че всяка държава се съобразява - първо - със собстените си интереси – рано или късно ще трябва да пускат шалтера ...;

Тъй че евхаристо – благодарско - мерси – това е положението...

Разбира се, и аз - както и много други - не приемам новата българска позиция – просто не ми е симпатична...и смятам, че Жельо Желев е абсолютно прав – но кой да слуша...

Но пък изглежда, от друга страна, че Македония изобщо не е в състояние да се раздели с югославското си минало и си представя света не като ЕС...а като Югославия /бивша/; и сигурно в тази македонска представа – югославяните са ги молили наремето да се придружат, а сега евро-съюзниците поставят условия – хеле пък гърци, а сега и българи...и проблемът разбира се не е в интерпретирането на историята, а в нейното игнориране...; но какво да се прави – всеки с проблемите си;

Както и да е – та по същия начин – сърбите и македонците – са съюзници /и те преди края на Студената война.../

Граница с Албания;
Мюсюлмански малцинства;
Нежелание – де факто – за членство в НАТО и ЕС;

Та на Македония и се налага внимателно да балансира между интересите на сърби и албанци, и в този смисъл отношенията с България за нея са маргинална тема и тя така я третира – "Ефхаристо бай Бойко"...; или нещо от сорта „бугарите само чекаа позади кьоше...” и т.н. и т.п.

Отношенията на Македония с Гърция – е, уви, българският модел на отношения с Гърция е единствено възможният за Македония...; и ако трябва – с малко патетика -
е да - България....предаде заветите останали от няколко загубени войни... разбра един вид, че войните са загубени и т.н. и т.п. не знам дали има благородно предателство – след като има благородна лъжа...но друга тема, а и всеки с проблемите си;

Та може би и македонците трябва най-после да разберат, че гражданската война в Гърция е загубена, че източният блок не съществува, че Югославия я няма и т.н. и т.п. и – което е най-болезнено в случая, че никой повече няма да им предлага концесии – т.е. – да ги корумпира – само защото Делчев и Тодор Александров са били българи...;
19-12-2012, 11:34 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија спаси најмногу Евреи, не заслужува филм против неа


Додека сѐ уште е нејасно како ќе се одвива соработката меѓу Македонија и Бугарија, што сега е и услов за европската интеграција на земјава, владите на источниот и на јужниот сосед веќе ја одржаа во Атина втората средба на високо ниво, на која потпишаа и низа договори




Атина и Софија на иста линија за Македонија: Самарас и Борисов

БОРИСОВ ВО АТИНА

Една од темите за кои разговараа бугарскиот премиер Бојко Борисов и неговиот домаќин, грчкиот премиер Андонис Самарас, очекувано беше и Македонија.

- Јасни и категорични сме. Точката за добрососедство е многу важна. Во нашата надворешна политика ние бевме категорични и мојата лична позиција е таква, дека колку побрзо државите од Западен Балкан ќе влезат во НАТО и во ЕУ толку ќе биде подoбро за мирот и просперитетот на целиот Балкан. Меѓу Бугарија и Хрватска и Словенија е Србија, која не е во ЕУ, но не е природно да е така. Косово е како црна дупка на Балканот, но не е природно да е така. Колку побрзо ќе ги надминеме тие процеси, толку ќе биде подобро. Затоа, кога требаше да се одлучува за безвизното патување мислам дека Бугарија и Грција беа од тие што најмногу ги поддржуваме, и Црна Гора и сите. Но толерантноста, добрососедството и пријателството имаат свои граници - рече Борисов.

На заедничката прес-конференција Самарас, пак, исто така го нагласи принципот за добрососедство како услов за европска интеграција.

- Ја потврдивме европската перспектива на Западен Балкан, но со почитување на принципот за добрососедство - рече Самарас.

Бугарскиот премиер не ја пропушти можноста повторно да искаже револт поради македонскиот филм „Трето полувреме“.

- Бугарија е државата што спасила најмногу Евреи за време на Втората светска војна. Педесет илјади лица се спасени од бугарскиот народ, кога не му дозволил на Хитлер да ги убие. Ако сме можеле, ќе сме ги спасиле сите Евреи на светот. Но сме можеле и сме ги спасиле тие 50.000. Другите држави и тоа не го направиле, многу помалку, една-две држави спасиле по 300-400 лица. И Бугарија да заслужи да се прави филм против неа? Заради пријателството, заради љубовта, заради својата отвореност... Тоа е исто како да обвиниш некој дека во Африка има жедни и гладни луѓе. Зошто не ги спасат? Има толку богати држави - рече Борисов.

Бугарскиот премиер, очигледно лут за историските теми, во Атина тврдеше дека тие добиле поддршка за нивната верзија и од израелските власти.

- За Бугарија, за бугарскиот народ, премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, излезе и кажа пред сите и го цитираше писмото на тогашниот германски амбасадор до администрацијата во Германија, во кое пишува дека бугарскиот народ не може да разбере колку е важно да се иселат Евреите и не дозволува тоа да се направи - вели Борисов.

Викендов бугарскиот шеф на дипломатијата Николај Младенов во интервју за бугарската агенција Стандард тврдеше дека никоја не сакал да ѝ ја одземе историјата на земјава.

- Се надевам дека политичките лидери во Македонија ќе преиспитаат каква им е политиката што ги донесе во ваква состојба и ќе направи корекции. Никој не сака да ги одземе независноста, суверенитетот и историјата на Македонија. Напротив, сакаме заедно со нив и со сите наши соседи да живееме во нормални односи во ЕУ - вели Младенов.

Инаку, Борисов во Атина допатува со придружба од десетина министри. Покрај меморандумот за разбирање меѓу двете министерства за надворешни работи, беа потпишани и договори за соработка во областа на образованието, културата, туризмот, земјоделството и спортот.


Автор: Фросина Димеска

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22758
Без Ботев няма България
19-12-2012, 11:50 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Както се е засилила истерията ми намирисва на ново вето догодина , па пак се чудете защо

Израел прво му изгради, а потоа го тргна споменикот на царот Борис

Во музејот на холокаустот во Ерусалим во 1998 година беше поставена спомен-плоча на царот Борис Трети и неговата жена Јоана за спасувањето на 50.000 бугарски Евреи за време на Втората светска војна, но во 2000 година споменикот е отстранет поради протестите на македонските Евреи и израелската истрага, која утврди дека лично царот ја одобрил депортацијата на 11.000 Евреи од Македонија и од Тракија




Ги спаси бугарските Евреи, а ги жртвуваше македонските: царот Борис Трети срдечно се поздравува со Адолф Хитлер

И ЕВРЕЈСКАТА ДРЖАВА ЧЕКА ОФИЦИЈАЛНО ИЗВИНУВАЊЕ ОД СОФИЈА

Бугарија ја прифати одговорноста за геноцидот на повеќе од 11.000 Евреи од Македонија и од Тракија, кои нејзината окупациска власт ги депортираше во логорите на смртта за време на Втората светска војна. Ова, како што во 2008 година пишуваше највлијателниот израелски весник „Хаарец“, го признал претседателот Ѓорги Прванов пред својот израелски колега Шимон Перес при посетата на Ерусалим. Единаесетте илјади Евреи, како што се објаснуваше во текстот, биле жители на регионите Тракија во Грција и на Македонија во Југославија, територии што во април 1941 година биле анектирани кон Бугарија, како награда од нацистичкиот режим за соработката со тогашните власти.

Со ваквото признание Прванов всушност стана прв бугарски државник што ја призна вината на неговата земја за депортирањето на македонските Евреи, но четири години подоцна остана и последен со таков став.

Актуелниот премиер Бојко Борисов очигледно сѐ уште е навреден од содржината на македонскиот филм „Трето полувреме“, во кој во еден сегмент се прикажува токму учеството на бугарската окупациска власт во холокаустот на македонските Евреи.

- Бугарија е државата што спасила најмногу Евреи за време на Втората светска војна, 50.000 лица ги спасил бугарскиот народ, кога не му дозволил на Хитлер да ги убие. Другите држави и тоа не го направиле, многу помалку, една-две држави спасиле по 300-400 лица. И Бугарија да заслужи да се прават филмови против неа? Заради пријателството, заради љубовта, заради својата отвореност... Тоа е исто како да обвиниш некој дека во Африка има жедни и гладни луѓе. Зошто не ги спасат? Има толку богати држави - рече Борисов завчера во Атина.

Но, според историските толкувања, сепак Бугарија не е толку невина кога се во прашање македонските Евреи, па споредбата со гладните во Африка и не е многу соодветна.

Според историчарот Новица Велјановски, актуелната бугарска власт се обидува да докаже дека Софија во периодот на Втората светска војна навистина се грижела за судбината на Евреите што биле под нејзина контрола.

- Но тоа е делумно точно, само за бугарските Евреи, не и за оние од територијата на Македонија. Велам делумно, бидејќи тогашните власти во Софија ги обележуваа бугарските Евреи и ги иселија од главниот град, како еден вид оправдување пред Хитлер, кој бараше и нивна депортација. Но за македонските Евреи не им требаше оправдување и тие настрадаа под власта на тогашна Бугарија - истакнува Велјановски.

Имено, тогашната бугарска власт, односно царот Борис Трети и премиерот Богдан Филов соработувале со нацистичкиот режим, па се сметаат за виновни и за смртта на македонските и на тракиските Евреи, кои по нивна наредба биле уапсени, а потоа и депортирани во логорот Треблинка. Дури 98 отсто од вкупното еврејско население од Македонија загинало во озлогласениот нацистички логор во Полска.


Еден од вагоните во кои се пренесувани македонските Евреи во логорот на смртта во Треблинка / Фото: Игор Бансколиев

Само силните можат да кажат - згрешив

Иако се ретки, сепак, и некои тамошни научници го признаваат тоа. Деновиве бугарскиот професор по филозофија Динчо Желјазков при обраќањето во Ќустендил зборуваше и за односот на бугарската држава кон Евреите од Македонија и од Тракија.

- Има една вистина што се знае, но се премолчува. За неа не се зборува официјално. Вистината дека животот на оние 11.343 мажи, жени и деца од Вардарска Македонија и од Егејска Тракија, како и неколкуте години живот во гранична ситуација на одземени права, понижени, ограбени и во очекување на најлошото, на Евреите во старите предели, се една цена. Цената за остварување на бугарскиот национален идеал, државната граница да се совпаѓа што е можно повеќе со границата на нацијата. Но таа цена е тешка и тежината со годините расте. Таа е сѐ друго, но не и нормална. Таа е резултат на бугарска акција, на администрација, на полиција, за жал, и на војската, а за уште поголема жал и на бугарските наставници во Македонија и во Тракија. За неа треба да се преземе вина. Тоа што го прават и во други земји не е оправдување. А да се префрли целата вина на Хитлер и на Германците едноставно не е сериозно. Само силните можат да кажат - јас згрешив. Барем тоа, ако не соберат сили и за христијанското, исполнето со покајание „моја е вината“ - рече Желјазков.

И Нисам Јоша, застапник на македонските Евреи во Израел, бараше од Бугарија формално и јавно извинување како што тоа го направил претседателот Жак Ширак за депортација на 75.000 француски Евреи пред и за време на Втората светска војна. Тој таквата изјава ја даде по признанието на Прванов пред четири години. Според Велјановски, пак, бугарскиот државен врв и сега се обидува да го игнорира тој факт, односно да не се зборува за овие историски вистини, кои фрлаат темна дамка врз сликата што сакаат да ја прикажат кога станува збор за Евреите.

Тој вели дека царска Бугарија не покажала интерес да ги заштити македонските Евреи, туку напротив, ги искористила за да ѝ се додвори на нацистичка Германија.

- Па, дури и пред претставниците на нацистичка Германија се обидуваа да се прикажат како многу ревносни во однос на Евреите од Македонија. Така, Александар Бечев, првиот човек на бугарското биро за еврејското прашање, дури и ги фалсификувал бројките за депортирани македонски Евреи, прикажувајќи поголема бројка од реалната - додава Велјановски.

ВМРОВЕЦ ГИ СПАСИЛ ЕВРЕИТЕ ОД ЌУСТЕНДИЛ

Бугарскиот професор Росен Василев, кој сега предава политички науки на Универзитетот во Охајо, а во осумдесеттите години на минатиот век бил и бугарски дипломат во Обединетите нации, објаснува дека во бугарското општество постои поделеност за спасувањето на Евреите. Во текст за форумот „Нова политика“ објаснува дека комунистите го обвинуваат царот Борис Трети за предавство, нехуманост и за антисемитизам, како и за истребување на Евреите од Македонија, Егејска Тракија и од Пирот (во Србија, но во тоа време под бугарска окупација). Од друга страна, десничарите како поранешниот претседател Петар Стојанов, до денешен ден тврдат дека царот е тој што ги спасил бугарските Евреи од сигурна смрт во гасните комори.

„Под нивно влијание бил поставен негов споменик во „Јад Вашем“, музејот на холокаустот во Ерусалим, во чест на Борис и неговата жена, кралицата Јоана, за спасувањето на бугарските Евреи за време на Втората светска војна. Но контроверзниот споменик беше отстранет во 2000 година по енергичните протести на бугарските Евреи родени во Македонија и по полуофицијалната израелска истрага, која утврди дека лично царот ја одобрил депортацијата на повеќе од 11.000 Евреи од териториите што за време на војната ги анкетираше Бугарија“, пишува Василев.

Инаку, истиот центар „Јад Вашем“ пред две години му додели посебно признание на лидерот на ВМРО и учител Владимир Куртев, за спасување на бугарските Евреи.

На церемонијата во ерусалимскиот музеј во присуство на министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Младенов, Куртев беше прогласен за Праведник на светот, со што стана дваесетти Бугарин што ја доби таа висока титула за своето учество во борбата за правата на Евреите во Бугарија за време на Втората светска војна.

Куртев е еден од четворицата ќустендилци што во 1943 година го создаваат општествениот комитет за спасување на бугарските Евреи. На 9 март 1943 година тој ги организира своите соработници да одат во Софија на средба со заменик-претседателот на парламентот Димитар Пешев и да се бунат против депортирањето на тамошните Евреи.

За бугарски министер, Македонија „не е добро дете“

Македонија „не е добро дете“ и ако не се промени, нема да ја добие нашата поддршка, порачал бугарскиот министер за култура Вежди Рашидов на средбата со грчкиот колега Костас Ѕаварас.
- Ја почитуваме автономијата на другата земја, но ако ФИРОМ не стане „добро дете“ нема да ги поддржиме. Денес велат дека Кирил и Методиј се нивни, утре може да кажат нешто друго - истакнал Рашидов.
Според онлајн-изданието на „Прото тема“, Ѕаварас одговорил: „Секој за себе може да тврди што сака, но историската вистина е конечниот суд за тоа кој од каде е и што претставува“.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22759



Без Ботев няма България
19-12-2012, 11:59 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Лудница брат


Дали знаеме да ја читаме Европа?


...

Точно е дека грчката позиција за името е ирационална исто како што е точно дека за време на Втората светска војна, Бугарија беше окупатор и егзекутор на Македонија, што е непријатно за бугарското колективно паметење. Со бледскиот договор од 1956 година им го простивме долгот на воени репарации, но денес Софија го заборава тој подарок. Србија со законот за репарации од 1991 година го поништи значењето на овој договор, Македонија не реагираше. Софија може да приговара, но ја нема таква моќ во рамките на ЕУ како што ја има Атина.




(Авторот е универзитетски професор и член на ЛДП)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=04CF93037...5AB99F3E1B
Без Ботев няма България
19-12-2012, 01:48 PM
Reply