[undefined=undefined]Повторувањето е мајка на знаењето во бугарија има се’, само бугари не’
[/undefined]
Пишува Тодор ПЕТРОВ
Бидејќи повторувањето е мајка на знаењето... ...Македонија не е држава без историја, како што мислат во Софија. Македонците се стара цивилизација.
Еее, заврши векот на лагите за Македонците и за Македонија! Во Балканските војни 1912-1913 година, Македонија по волја на големите колонијални сили, беше поделена меѓу Албанија, Бугарија, Грција и Србија, режимите во овие земји извршија геноцид врз Македонците кој трае до денес... По дисолуцијата на поранешна СФР Југославија, во 1992 година, повторно реинкарнира темата Македонија... Ќе престанат да лажат: Не е до името и дали некогаш сме биле, до окупацијата и геноцидот е, во тоа е вистината и затоа агресијата по сите основи и од сите страни! Кога веќе сме околу Софија, со сите маала со Македонци од цела Македонија, вреди да си припомниме: Во Бугарија има се’, само Бугари не’! Во Бугарија нема македонско малцинство, затоа што Македонците се мнозинство!
Во Бугарија само Ѓупците и Турците не се Македонци! И не е прашањето, дали Македонците во Македонија се Бугари, туку има ли Бугари во Бугарија без македонски корени? Поточно, Бугарија е исто што и поранешна Југославија. Ако ја разложите на Македонија, Мизија и Тракија, њама Б’лгарија, од Бугарија ништо не останува! Впрочем, проблем за Софија не се Македонците... ако продолжат процесите на емиграција и депопулација, Ромите и Турците стануваат мнозинство во Бугарија. Тука лежи зајакот. Затоа на Софија и’ се потребни Македонците и Македонија, да го одржат етничкиот баланс во просторот и времето. Со приклучувањето на Бугарија во Европската Унија, 40.000 Македонци од Македонија како “Бугари“ со бугарски пасоши, транзитно виа Бугарија до земјите во Европската Унија, по работа за егзистенција, не ја менуваат демографијата на нашиот источен сосед. Проблемот на оваа земја е што со приклучувањето на Бугарија во Европската Унија, од неа иселени се околу два милиона, претежно млади и образовани... епилогот е катастрофално брзото стареење на нацијата... ...
Па, не случајно Македонија е најголемата романса за Бугарија. Културата и историјата на Македонците се инкорпорирани како државна култура и историја на Бугарија и затоа се’ е исто. Славиме исти датуми, настани и личности, само зависи кој од која страна на границата е, за да каже мои се. А, во основа, никој од никого ништо не краде, затоа што основата и на Бугарија е Македонија! Егејските, солунските дијалекти на македонскиот јазик се основа на современиот литературен бугарски јазик, како производ на современата бугарска политичка нација. Поради тоа Софија не го признава македонскиот јазик. Бидејќи ако Софија го признае македонскиот јазик, сосема логички си го поставува прашањето “Што ќе биде тогаш нашиот јазик (современиот литературен бугарски јазик)“? Затоа Софија не го признава македонскиот јазик! Македонците не се креација на Коминтерната, ниту идеолошка конструкција на Студената Војна! Патем, што беа Бугарите кога градеа сојуз со Фашистичка Германија во Втората Светска Војна? Зошто Софија ги депортира македонските Евреи во концентрационите логори на Хитлер и Химлер? Што беа Бугарите кога со децении коленичеа пред Сталин во Москва?! Кои беа поправоверни комунисти, Македонците во Македонија или Бугарите во Бугарија? Патем, мала гимнастика со умот. Ако Татарите се протобугари, а во Бугарија денес имаат статус на малцинство, што се мнозинството? Зошто Светскиот Бугарски Конгрес нема седиште во Софија, туку во главниот град на Татарстан - Казан? Дали Бугарија е втора татарска држава? А зошто Татрстан не се вика Бугарија?
Зошто Тодор Живков своевремено на Стане Доланц му реплицирал “Како да го поставам македонското прашање во Бугарија, кога мнозинството од членовите на Политбирото на Централниот Комитет на Бугарската Комунистичка Партија се Македонци?“ Тоа самиот Тодор Живков го вели во своите мемоари. Зошто Георги Димитров му предлагал на Тито обединување на Пиринска со Вардарска Македонија, обединување на македонскиот народ од двете стани на границата? Зошто корените на современите Бугари како политичка нација им ги врзуваат за Кина и Монголија, а упорно бегаат од генезата на Македонија, своевремено Империја се’ до Индија? Впрочем и во Софија има историска школа, која ги кине заблудите за врските на Бугарија со Најдалечниот Исток и современата бугарска историја ја врзува за старата, една и единствена Македонија! Сега... има кај нас и платеници и (нео)врховисти, кои сметаат и агитираат за Македонците како Бугари, ама таа квази-историја е трајно минато свршено време. Лешинарат од мршите што соседните метрополи им ги фрлаат, како одродени и продадени, да агитираат во Македонија против Македонците и своите корени, бедни во џебот, душата и умот...
Тие луѓе и таа историја за Македонија, од другата страна на границата, треба да ги разбереме и да им помогнеме, иако долго време комунизмот им го перел умот, затоа што се наши! Јаничарите не ги измислиле Бугарите, од пусто турско се тие, нели? Индоктринацијата, поделбите и времето го правеле своето... Други и туѓи, за свои интереси и сфери на влијание на овие простори создавале држави, им носеле суверени од свои династии, тие со себе влечкале историчари од земјите од каде што доаѓале за да им напишат истории за териториите што ќе ги владеат како свои колонии, цртале граници, ретуширале вистини... Се разбира, не носеле нови народи, туку историјата и културата на поделените Македонци ја инкорпорирале како државна во државите-нации на овие простори. И затоа се’ е исто, од сите страни на границите, бидејќи Македонија е основата на “Балканите“! Не живееме на Балканскиот, туку сите заедно на Македонскиот Полуостров. Кога и да е, таа вистина ’рти и никне. Како Феникс од пепелта Македонија повторно е тука! Аладин од волшебната ламба е надвор и никој не го враќа назад во затвореното шише. И после се’ и покрај се’, Македонија повторно е држава! Македонија повторно е држава и тоа повеќе никој и никогаш не може да го смени! Историјата на Македонија повеќе не се пишува во Тирана, Софија, Атина и Белград, во Брисел и Стразбур, во Лондон, Берлин, Париз и Москва, туку во Македонија! Историјата на Македонија ја пишуваат Македонци и на македонски јазик!
Затоа, дами и господа од Софија, и Вие кои ја претставувате Бугарија во Европската Унија, Македонија не е држава без историја. Нека се без гајле во БАНУ, не им ја крадеме историјата на Софија за Болгарите од Татарстан, корените во Кина и Монголија! Таа историја не е ниту наша, не е ни Ваша! Изнарадувајте им се уште малку на заблудите, пак ќе се вратите на прапочетокот во Македонија! Тоа што Македонија денес не е поголема од Албанија, Бугарија, Грција или србија, е дело на големите колонијални сили кои ги кроеле границите на Македонскиот Полуостров. Санстефанска Бугарија била голема, ама само на хартија, како фатаморгана која никогаш не била, ниту ќе ја биде! И после се’ и покрај се’, браќа и сестри Бугари и Бугарки, добредојдовте во Македонија... таа е многу голема... од Јадранското Море се’ до Индија... А, таква, колку е наша, е и Ваша, браќа и сестри Македонци и Македонки! Амин!
Без Ботев няма България
|