Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

На Грую главния гъзолизец в нова атака

ПОНЕДЕЛНИЧКИ


Ново делење



Ми го нема Бранко. Со недели не сум го видел на телевизија, и морам да кажам дека нешто ми се стега во душава. Се спрема ли нешто неочекувано?

Исплашен ли е од сведоците што го распукаа за шверцовите со нафта и цигари. Од Фрче што му го обелодени планот за федерализација на Македонија. Го лупаат на терен локалните шефови на СДСМ затоа што лично им поставува кандидати за локални избори. Не се ни консултира со нив.

Не дека во СДСМ нема дијалог. Размена на мислења. Има. Влегуваат кај Бранко со сопственото мислење, излегуваат со неговото. Така да, размена има.

Бранко дава кај што сите земаат. А зема каде што сите даваме.
Му се бројат веќе деновите, а он со математика никогаш не стоел добро. Никогаш не купувал. Само продавал. А во таква трговија, секогаш си во ќар.

Еве, кога го продаде Перо Гошев, со реченицата дека со малодушни држава не се прави... и му ја зема функцијата шеф на комунистите еднаш за секогаш. Не продаде нешто свое. Ја заглави партијата во корупција, а ќари доживотна функција. Дури и имотот на партијата е под негова хипотека.

Тоа е книговодство кога обртот ти е еднаков со ќарот.
Нема трошоци, а богами ни даноци. Се е само за тебе.

После го продаде знамето. Па го продаде и името, божем дадено под хипотека за само пар месеци. Долги некои месеци. Од тогаш, до ден-денес има рамно 205 месеци, а крајот на хипотеката се уште не се гледа. Отплаќаме, враќаме негов долг, и пак е малку. Класичен лихварски бизнис, да ти кажам.

Пак истото книговодство. Целиот обрт станува твој ќар.
Па он не продал нешто свое. Ама затоа, пак ќарот е само негов.

За возврат, за продажба на знамето и името на државата, он од странциве доби бланко поддршка тие да мижат додека Бранко, и неговите, шверцуваат нафта и цигари со Бугарија и Србија. Ќарот, нормално, остана само за нив.

Сега некој се чуди зошто, и тоа апла, Бугарите и Грците бараат Бранко пак да се врати на власт. Тоа било добро за регионот, нели.

Бугарите и Грците најавуваат нови бизниси. Им треба ново мешање на картите бидејќи не им оди баш најдобро.

Бугарија стана членка на европскиот сојуз, ама ни сантиметар не им се качи стандардот. Турците им се качуваат на врат, и прашање на ден е кога ќе го јадат рамковниот стап, и ќе живеат во држава уредена со Бадентеров консензус.

Бугарија и Романија влегоа експресно во НАТО и Унијата заради поддршката на Америте и НАТО во разноразните бомбардирања наоколу и планот да се постават на нивна територија ракетните штитови против Русите.

Што ќар граѓанинот на Бугарија има од сето тоа?
Бранковистичко книговодство. Продаваш национално, а ќаруваш лично.
Кај Грциве е бетер. Од причини кои се помалку, или повеќе - познати.
Па, од приложеното, јасно е дека сегашнава игра не е поднослива за Софија и Атина. Мора да се преврти масата, и да има ново балканско делење.

Атина, а особено Софија, се зависни од Брисел и Вашингтон како дупната гума од бајлаци.
Брисел и Вашингтон имаат само една конзистентност последниве триесет години на Балканот. Ширење на албанските територии. Се друго се менувало.

Заради таа конзистентност и Вашингтон и Брисел овде дозволија ствари кои никаде низ Европа не се дозволуваа.

Увоз и поддршка на муџахедини и верски фанатици. Трговија со оружје до размери на слободна пазарна компензација. Од божемните упади во албанските магацини за оружје во 1995-та, како легализација на вооружувањето во регионот, па се до денеска. Трговија со органи. Производство на дрога и експорт низ Европа. Перење пари, претежно арапски. Насилна промена на устави. Блокирање на држави заради божемен проблем со име...

Сето тоа, и секако не само ова, е политика за ефикасна конзистентност на албанското ширење. Само тоа е постојано, се друго се менувало.

Ако Грција нас не блокира за името, и ако во недоглед тоа биде причина да не влеземе во НАТО и ЕУ... плус, за секој случај и Софија најавува своја блокада... кој, освен Атина и Софија, овде има ќар од сето тоа.

Овдешен кој најавува дека ќе дига немири, и ќе урива легално избрани влади заради застои во европските и НАТО асоцијации. Немирите и силата во најава не се против Софија и Атина, кои се автори на застојот.

Значи, затоа е Бранко се уште тука. Иако нема причини да биде така.
Па кој го држи се уште каде што е.
Е, пријатељу, го држат тие што спремаат ново делење на картите. Дресерите што бараат начин како да ги нахранат своите играчки, од Тирана, па преку Софија до Атина... а да не платат од своја сметка за тоа.

Да платиме ние, за да се смират апетитите.
За Тирана ќе се даде федерализација. Софија ќе се подмири со бришење на нација и јазик кој, сосема логично, потоа ќе се брои за бугарски дијалект. Атина, гладна, немирна и гневна, ќе добие тапија на цела Македонија.

За да биде така, има две решенија.

Војна, како стандардно и прво решение за овие цели е прекрупен, и премногу скап зафат со ризик да се вклучат во неа и некои трети играчи.

Вториот начин е подобар. Проверен начин.
Имаме ние и луѓе, и идеи за големи дела, што би рекол Бранко.

Тој народ што истрпел некој да му продаде знаме, смени име, изработи капитулација во војната од 2001, да му ги продаде фабриките и го остави без работа, да му приватизира невладин сектор, да заработи стотици милиони долари од шверц на нафта и цигари пред очи на тој народ... е, тој народ, кој покрај сето наведено и понатаму гласа за сторителот, процениле светскиве геостратези, заедно со локалните им експерти, сосема мазно и со минимални отпори ќе се прими и на новите предизвици.

Две децении тоа се проверувало, и се докажало за изводливо.
Кој не верува, нека гледа. Нека се увери лично.

Еве ги караваните на Бранко. Ќе ја спасувале државата. Ќе го врателе сјајот на Охрид, Битола, Скопје, Штип... ќе ја внеселе Македонија во НАТО и Унијата за шест месеци... поддршка до Бранко од Приштина, Атина, Софија.

Затоа Бранко дреме во сенка. Други, пак, треба да одработат за него.
Тој, на крај, само треба да потпише. И да го изброи ќарот.
Кој од нас се одработувачите, ќе видиме наскоро.

Пишува: Драган П. ЛАТАС

http://vecer.com.mk/?ItemID=408BC395B70B...193B2593D5
Без Ботев няма България
01-10-2012, 05:55 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 01.10.2012, 16:12

Монети со ликот на Александар Македонски најдени во Бугарија

Бугарски тим од археолози на брегот на Црното Море во еден локалитет пронашле керамички сад со сребрени монети, меѓу кои и со ликот на Александар Македонски. Се верува дека предметите потекнуваат од третиот век пред новата ера.
Во садот, според археолозите, има повеќе од 200 монети, а садот тежи повеќе од четири килограми. Сите се добро зачувани и со видливи натписи. Раководителот на истражувањето Даниела Агре вели дека монетите се во особено добра состојба и дека потекнуваат од вториот век пред Исус Христос. Садот бил пронајден во близина на остатоците од тврдината на тракискиот велмож Kортоѕунтос, која е откриена во 2006 година. Засега е познато само дека на монетите е присутен ликот на Александар Македонски.

- Моментно чистиме околу садовите. Kога ќе ги извадиме, ќе ја знаеме точната бројка – вели Агре за бугарската новинска агенција „Фокус“.

Според професорката, монетите најверојатно му припаѓале на генералот и наследникот на Александар, Лисимахус. Ова досега е најголемо количество антички монети пронајдени на територијата на Бугарија. Засега не се знае нивната вредност, но се претпоставува дека се работи за непроценливо богатство. Откако во целост ќе бидат евидентирани, тие ќе бидат префрлени и изложени во музејот во Царево. Во август професорот Николај Овчаров, познат како бугарскиот Индијана Џонс, презентираше златни монети откриени во Перперикон. Таму се пронајдени повеќе златни и сребрени монети дел од најголемото средновековно богатство во земјата. Златните монети датираат од 14 век додека сребрените се од крајот на 13 век. Овчаров исто така откри и античка тракиска гробница во селото Татул, во која има и светилиште поврзано со култот на Орфеј.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...35D3304D38
01-10-2012, 10:17 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

"Трето полувреме" е еден од петте најдобри во поновата македонска историја


Сашко Коцев и покрај големите очекувања започнува лошо, со театарска глума, но потоа значително се подобрува и ја фрла во сенка првичната констатација. На Катарина Ивановска и лежи улогата, нуди забележително константна експресија, и како дебитант е одлична


Филмот "Трето полувреме" е еден од петте најдобри во поновата македонска историја. Сепак, има мали недостатоци кои можеби, а можеби и нема да му го попречат патот до поголеми фестивали.

Режисерот Митревски очигледно добро диригирал со актерите во најголем дел од филмот. Сашко Коцев (Коста) и покрај големите очекувања започнува лошо, со театарска глума (посебно во првите сцени), но потоа значително се подобрува и ја фрла во сенка првичната констатација. На Катарина Ивановска (Ребека) и лежи улогата, нуди забележително константна експресија, и како дебитант е одлична. Најдобрите улоги ги имаат Емил Рубен како офицерот Гарванов (лукав со погледот, строг со фацијалните изрази, препреден со гестикулациите...), и Митко С. Апостоловски (Димитрија) за кого може да се каже само - брилијантно!

Тони Михајловски (Панчо) гради уште една многу успешна улога како најубедлив актер од тимот фудбалери. И целата фудбалска екипа актерски е крајно добро усогласена, па заедно со сценариото кое функционира и на повеќе мета-нивоа, а помогнато од ужасно добриот хумор, прават професионално заокружена целина.

Се разбира, тука е и гостинот од Германија, Рихард Замел, клучен актер за прекрасната и најдобра сцена пред победоносниот гол за екипата на "Македонија", кога камерата танцува со тренерот Шпиц кој плови заедно со звуците на жичените инструменти и сончевите зраци кои намерно отсјајуваат во камерата на директорот на фотографија Клаус Фуксјегер. Токму за Фуксјегер може да се пишува многу, а едно од неговите обележја се големите контрасти на атмосфера, боја, светло и сенка, па гледаме соба со доминантна црвена боја која ја засилува атмосферата и емоцијата во сцената, па сив и пребогат со сенки тоалет каде тренерот Шпиц им држи час на фудбалерите...

Сценариото до танчина го доловува типичниот македонски хумор кој не ја губи динамиката низ целиот филм, а што го прави гледачот буквално да ужива.
На лингвистичко ниво ова е уште едно мало ремек-дело, со "до балчак скинат" македонски јазик од пред седумдесетина години. Радува фактот што богатството на македонскиот јазик се почесто е раскошно претставено во македонските филмови (сите филмови на Манчевски, "Големата вода" од Иво Трајков, "Панкот не е мртов" на Владимир Блажевски...)

Дарко Митревски е интелигентен режисер, па внимава и на најмалите ситници и често употребува "кадар во кадар", како на пример кадарот со малото циганче на рамената на актерот Игор Ангелов, кадарот со малото девојче пред возот кој ги депортира Евреите, и уште безброј вакви (не)забележителни моменти...
Уште еден голем плус е огромното богатство на статисти со екстремно добро изградени експресии што му дават дополнителна живост на филмот.

Некои сцени, пак, се неуверливи, како таа со Раде Шербеџија (Дон Рафаел) и Катарина, во нивниот дом, каде говорот на Шербеџија е патетичен. Има и неуверливи дијалози, како моментот кога Коста и кажува на Ребека дека е кукла. Филмот има и неколку, од повеќе аспекти, претенциозни сцени, на пример кога се употребуваат македонските изворни песни како "Море сокол пие", "Јане ле бело грло"... И, дали сцената кога Коста и Ребека водат љубов можеби наликува на реклама за минерална вода?
За компаративна анализа на "Трето полувреме" и "Бал-кан-кан", музиката на Кирил Џајковски и останати важни делови од филмот, во друга прилика.

УА шнајдери
Во стилот на "УА шнајдери", серијата на Дарко Митревски и Александар Поповски од пред десетина години, за "Трето полувреме" може да се каже:
Во "Треќе полувреме" се појавува една опасна женска и со еден фудбалер као опа-цупа, а татко и богат, фудбалеров сиромашен, таа Еврејка а овој наш, ама Бугарите идат, и она со овој, ама после Бугарите ги зимаат сите Евреи, па као она плаче, па овој дава голови, и на крај таа се појавува како стара, и така.


Бугарската врева, нации, националности...
После толку прашина фрлена од бугарските медиуми и политичари пред премиерата на филмот (со цел Бугарија да се прикаже само како држава што ги заштитила своите Евреи во Втората светска војна, а не и како држава што учествувала во депортација на Евреи од друга држава), после премиерите во Битола и Скопје буквално не се најде бугарски херој што ќе каже дека негирањето на едно уметничко дело во нормална држава е рамно на политичко самоубиство или, пак, само да даде некаква издржана аргументација против оваа љубовна траги-комедија во која, на пример, акцентот, пред се, е ставен на нации, не на националности, итн...


Дејан ТРАЈКОСКИ

http://vecer.com.mk/?ItemID=EE6EB2F4E89A...05778262C7
Без Ботев няма България
02-10-2012, 05:07 AM
Reply
тракиецъ Offline
Member
***

Posts: 103
Joined: May 2012
Reputation: 12

...Чудо! ... Случи се чудо!... Днес, в "Утрински вестник", видях коментари написани на български език! ...Se_klanjam Демокрацията проби в "Утрински"...???? !!!......Se_klanjam


ДАЛИ???
02-10-2012, 02:42 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија повторно се заканува со вето

Бугарија не се откажува од идејата да ја блокира Македонија во евроинтегративниот процес, доколку не добиела цврсти гаранции дека македонската политика е во функција на добрососедските односи.

Екс бугарскиот министер за надворешни, сега европатеник, вели дека во Софија постои политичко единство за тоа прашање и дека државата што побргу со стратегија ќе ја дефинира својата позиција за да ја натера Македонија да гради политика на доброседство.

Во таквата стратегија, Калфин тврди дека треба да се бара решение за јазикот на омрза, кој доаѓал од медиумите во Скопје, како и за прашањето на лицата со бугарски пасош.

Политичките аналитичари веќе извесно време предупредуваат дека Официјална Софија сака да се наметне како нов блокатор, мотивиран од грчката политика.

Калфин за бугарските медиуми тврди дека Бугараија имала и моќ и позиции да регира за се што смета дека доаѓа како закана за нејзе од Македонија .

Марјан Николовски

http://www.sitel.com.mk/bugarija-povtorn...va-so-veto
Без Ботев няма България
04-10-2012, 05:47 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 05.10.2012, 17:28
ИНТЕРВЈУ СО БОРИСЛАВ ЦЕКОВ, ДИРЕКТОР НА ИНСТИТУТОТ ЗА МОДЕРНА ПОЛИТИКА НА БУГАРИЈА

Односите ни се сончеви, со повремена облачност

Да се фалсификуваат бугарските народни песни на браќата Миладиновци и да се каже дека тие се Македонци, да се прогласат бугарскиот цар Самуил и бугарската средновековна држава како македонски или, пак, да се брише името на бугарскиот цар Борис Први од средновековните цркви и фрески и на негово место да се ставаат имиња на српски кралеви, каков што е случајот во манастирот „Бигорски“ или во Охрид, е целосно неприфатливо, вели директорот на Институтот за модерна политика на Бугарија
Јасна Франговска
Разговорот со Борислав Цеков, директор на Институтот за модерна политика од Софија, се случи во време кога латентниот македонско-бугарски ривалитет повторно се разбуди со појавата на најновиот филм „Трето полувреме“, кој според некои оцени од таа страна на границата е - антибугарски. Бугарски европарламентарци поради ова го проблематизираа дури и македонското приближување кон ЕУ. Деновиве бугарската држава подготвува и закон со нови услови за регистрација на политичка партија со што дополнително ја неутрализира можноста на ОМО „Илинден“ да успее во таа амбиција.

Во таква атмосфера е направен овој разговор, кој со одговорите отвора нови прашања.

Официјално, бугарско-македонските односи се оценети како добри. Реално, македонските медиуми, соочени со некои хардкор-реакции од бугарски политичари, ја сметаат Софија за нова можна пречка во евро-атлантското интегрирање на земјава. Kако би ги опишале релациите меѓу двете земји?

- Релациите меѓу Бугарија и Македонија имаат цврста основа, но не се без повремени наоблачувања. Популизмот и национализмот се неблаготворни за добрососедските односи и двата парламента, на Бугарија и на Македонија, треба да ги одбегнуваат таквите тенденции. Факт е дека Бугарија беше првата држава што ја призна независноста на Македонија под нејзиното уставно име. Ова покажа почит спрема суверенитетот и самоопределувањето на Република Македонија. Тоа што им тежи на добрососедските односи е фалсификувањето на историските факти и документи од бугарската историја, што се прави во Македонија. Kога се случува во научни дискусии и интерпретации, тогаш не е проблем меѓу државите. Но, кога таквото толкување е поддржано од владата, тоа неизбежно ги погодува соседските релации. Ниедна држава не може да и се придружи на ЕУ ако има отворени прашања во билатералата со државите–членки. Тоа не е прашање на конјуктура, туку императив што Владата на Македонија не смее да го потценува.

Во Бугарија постои загриженост за статусот на бугарските граѓани во Македонија и за одредени историски прашања. Има ли и други спорни точки?

Членството на Македонија во ЕУ бара одржлива политика на толеранција и гарантирање на правата на сите националности и религии. Тоа вклучува сериозно промислување на ставот на властите во Скопје кон граѓаните со бугарско чувство. Мислам дека изјавата во таа насока што ја даде и известувачот за Македонија Ричард Ховит за време на последната посета на Скопје е силен сигнал што треба соодветно да се чита од македонското Собрание. Апсолутно неприфатливи се инциденти како нападот врз бугарскиот амбасадор на споменикот на Гоце Делчев, навредата на споменот на Мара Бунева и другите форми на нетолеранција.

Kако го коментирате статусот на граѓаните на Бугарија кои себеси се сметаат за Македонци?

Според последниот попис, како граѓани со македонско чувство во Бугарија се декларирале 1.654 луѓе, од кои 1.091 се граѓани на Република Македонија кои имаат статус на постојани жители на Бугарија. Тие ги уживаат сите права и слободи како и другите граѓани на Бугарија. Ова е потврдено и од извештаите за човекови права на американскиот Стејт департмент и од најголемите меѓународни организации за човекови права. Ако имаше проблеми со тоа, Бугарија не ќе можеше да и се приклучи на Европската унија во 2007 година.

Мислите ли дека заедничко читање на историјата, како што ни сугерира ЕУ, е можно? Kако би ги објасниле, на пример, балканските војни?

- Тоа не е прашање на политичка дискусија, но би ги користеле историските документи и нивното педантно читање, според меѓународно признаени научни критериуми и на базични истражувања (and pier review!!!!).

Научните интерпретации и верзии може да бидат создадени, но никој не може да ги фалсификува биографиите, личните податоци, документите и историските извори. Властите во Скопје треба да ги избегнуваат чепкањето (тамперинг) по бугарската историја да стане нешто како државна доктрина на Македонија. Целосно е неприфатливо да се фалсификуваат бугарските народни песни на браќата Миладиновци и да се каже дека тие се Македонци, да се прогласат бугарскиот цар Самуил и бугарската средновековна држава како македонски или, пак, да се брише името на бугарскиот цар Борис Први од средновековните цркви и мурали и на негово место да се ставаат имиња на српски кралеви, каков што е случајот во манастирот „Бигорски“ или во Охрид. За возврат Софија има подоблестно и дезидеологизирано читање на документите и настаните не само за спасувањето на 55.000 бугарски Евреи за време на Втората светска војна, туку исто така и за депортацијата на 11.363 Евреи од Македонија и од Тракија, што комунистичката историографија со децении ги покривала со тишина.

Има ли говор на омраза во медиумите? Kој профитира од тој гнев?

- Има извесни манифестации на говор на омраза и во Бугарија и во Македонија. Но, мислам дека тие не се рефлексија на вистинските ставови на луѓето во Бугарија и во Македонија. И тука е многу значајно да се поттикне билатералниот дијалог и заедничките инцијативи на невладини организации и медиуми, кои се многу дефицитарни последниве години.

Може ли Македонија да смета на бугарската поддршка во процесот на својата ЕУ-интеграција? Или можеби Софија ќе стане втора Грција за нас?

- Пристапот на секоја поединечна држава кон ЕУ е резултат на исполнување посебни критериуми за функционална пазарна економија, за медиумска слобода, демократски принципи, добри меѓусоседски односи и усогласување на националната законска регулатива со европските закони. Нема спореден влез во ЕУ. Бугарија не може да замижи пред овие критериуми и пред начинот како земјата ги исполнува, наспроти нашиот пријателски однос кон Македонија. Но, Бугарија може да биде многу корисна за Македонија со своето искуство, исполнувања и грешки, зашто веќе го изодела тој евроинтеграциски пат и е полноправен член на Унијата веќе пет години.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...DE15608D8D
05-10-2012, 05:46 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

БУГАРСKО-МАKЕДОНСKИТЕ ОДНОСИ (2)

Ни треба сојузник, а не нов кочничар


Минатонеделната колумна предизвика големо внимание кај читателите на „Дневник” и беше најчитан и најкоментиран текст за време на викендот. Тоа беше пријатно изненадување за мене затоа што покажа дека во овој момент кај нас, барем во дел од јавноста, постои сосема поинаква перцепција за нивото на македонско-бугарските односи, поинаква од официјалната македонска политичка перцепција...

Да потсетам на почетокот, од ова мое второ продолжение на колумната (ќе има и трето), на последната официјална изјава на нашиот министер за надворешни работи Никола Попоски, кој на брифинг со новинарите пред заминувањето на Генералното собрание на ОН во Њујорк изјави дека не гледа материјал за создавање негативна клима помеѓу Македонија и Бугарија и дека одредени актери кои немаат политичка тежина во Бугарија креирале негативна клима! За жал, според мене, оваа процена на министерот е погрешна, а и пристапот во анализите, кој секогаш бара виновник на другата страна (во Софија), а не кај нас (во Скопје), нè доведува до извлекување погрешни заклучоци.

Во потврда на оваа моја теза ќе искористам цитати од интервјуто кое минатата недела за нашиот неделник „Граѓански“ го даде контрапартнерот на нашиот министер Попоски, бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов: „...Добрососедството не може да се постигне со договор. Kога Бугарија ќе види дека Македонија искрено сака да развива добрососедски односи, тогаш ќе има време за сè.. Македонското општество само треба да реши како ќе го гради својот идентитет - гледајќи во иднината или фантазирајќи за минатото! За да ја добијат поддршката од Бугарија за ЕУ и за НАТО, нема да дозволиме никој да се плетка во бугарската историја...”

Се надевам дека и на нашиот министер, но и на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, му е јасно дека бугарската поддршка на нашиот пат кон НАТО и кон ЕУ нема да биде безусловна. За волја на вистината, и искуствата на другите држави од регионот, кои веќе се членки на НАТО и на ЕУ, докажуваат дека ретко кој добива безрезервна поддршка од соседите. Така и Словенија беше условувана од Италија при приемот во ЕУ (за враќање на имотите на Италијанците одземени по Втората светска војна), потоа Романија беше условувана од Унгарија (за решавање на правата на унгарското малцинство во Романија), сега пак Хрватска е условувана од Словенија (по изнаоѓањето компромис за Пиранскиот Залив како предуслов за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, сега пред приемот се наметна нов услов од Словенците - Хрватите да се откажат од барањето за обесштетување на поранешните хрватски штедачи во Љубљанска банка). Ние имаме искуство со грчкото условување за изнаоѓање заедничко прифатливо решение за спорот со името, како предуслов за нашето членство во НАТО и отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ. Затоа треба да бидеме претпазливи и од Бугарија навреме да направиме наш сојузник на патот кон НАТО и кон ЕУ, а не нов кочничар на тој пат!

Дали е тоа можно? Одговорот не е едноставен. Зошто? Затоа што има многу предрасуди кај нас во поглед на искреноста на Софија да биде наш најголем сојузник и лобист на евро-атлантскиот пат. Покрај предрасудите што се присутни кај политичарите (и кај владејачката ВМРО-ДПМНЕ, но и кај опозицискиот СДСМ), уште поголема недоверба постои кај нашите медиуми, кај МАНУ, на универзитетите, кај историчарите...

Во изминатиов период кај нас многу повеќе се говореше и се пишуваше за негативните појави и изјави давани од различни политичари со лимитирано влијание во бугарското општество, како што се контроверзниот поранешен министер Божидар Димитров или, пак, на претседателот на бугарското ВМРО СМНД, Kаракачанов. Нема и немаше теми што нè обединуваат, теми поврзани со сегашноста и иднината, како на пример заеднички инфраструктурни проекти (автопат од Софија до Скопје, железничко поврзување или заеднички енергетски проект, каков што можеше да биде нуклеарката во Белане) или, пак, теми од минатото, некој настан(и) или личност(и) од заедничката историја што би нè обединил!

Читам во интервјуто на министерот Младенов како одговара за инцидентот што го имал бугарскиот амбасадор на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас” на 4 мај оваа година: „Добриот пријател би направил заеднички прослави за такви историски датуми...” Оваа негова изјава ме наврати во времето кога бев премиер, на посетата на бугарскиот премиер Станишев на Скопје, во јуни 2006 г. Се сеќавате веројатно, почитувани читатели, дека по таа наша средба, јас дадов изјава дека доаѓа време кога ќе ја градиме заеднички нашата европска иднина, а во тој дух, ќе прославуваме и заеднички историски датуми и личности од минатото! Оваа моја изјава предизвика бура од негативни реакции (пред сè беше критикувана можноста заеднички да го прославуваме Илинден, иако за волја на вистината, јас тоа никогаш не го потенцирав!), пред сè во медиумите, но и во одредени политички кругови, пред сè во мојата матична СДСМ.

Тогаш, најгласен во критиките беше „Дневник” (весникот чиј колумнист сум денес), се редеа десетина дена различни коментари, фрчеа наслови како овие: „Илинден падна на Илинденска б.б“, „Неморално е да се бара заедничка прослава“, „Премиер од Илиенци“ итн. Ќе ми напише тогаш главниот и одговорен уредник на Дневник, Блажевска, дека сум го урнал сето она за кое сонувале генерации Македонци, сум го предал и продал Илинден итн. Што би можел денес да извлечам како заклучок од оваа епизода? Ние, Македонците, дефинитивно, не сакаме да ја делиме прославата на Илинден со никој друг. Добро, да ја задржиме ексклузивноста во прославувањето на Илинден 1903 година. Имаме ли други историски личности и датуми што може заеднички да ги чествуваме? Чинам дека е неспорно, 24 мај, Денот на сесловенските просветители - светите Kирил и Методиј, нè обединува и нас и Бугарите (и кај нас и кај нив е државен празник), но и половина Европа која има словенски корени ги слави солунските браќа. Но, дали има можност да нè обединат други историски личности?

(продолжува)

Владо БУЧКОВСКИ

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B8138C36C3...98EA87BD20
Без Ботев няма България
06-10-2012, 01:44 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Пореден злобен коментар

Бугарија доби шлаканица на своја територија

Не можете да се фалите за спасените, а да ги криете депортираните Евреи - беше пораката упатена на бугарските власти среде Софија

Бугарската јавност и медиумите, кои жестоко реагираа на филмот „Трето полувреме“ и ја обвинија Македонија за негативна и непријателска кампања кон нивната држава, во петокот добија освестувачка порака на своја територија. Еврејски претставници и светски истражувачи на дебата во Софија порачаа дека е добро што Бугарија се гордее како единствен сојузник на нацистичка Германија што ги спасила своите 48.000 Евреи од логорите на смртта, но мора и да признае дека дозволила убиство на 11.000 Евреи од териториите под нејзина контрола. Ваквата порака ја пренесе агенцијата АФП, а ја презеде бугарски „Фокус“.

„Ти си херој спасител, но, исто така, еден брутален убиец и ладнокрвен прогонител. Не можете да го кажете едното без да го кажете другото“, изјави Мајкл Беренбаум, основач на Музејот на холокаустот во САД, на конференцијата во петокот во Софија, чија цел беше фрлање светлина на мрачните страници од историјата на Бугарија.

„Злото нема националност. Разјаснувањето на оваа тема ќе придонесе за помирување на Балканот“, додаде бугарскиот политички аналитичар Антони Тодоров.

Историчарите велат дека 11.000 Евреи од териториите администрирани од страна на Бугарија и кои сега се модерна Македонија и Грција навистина завршиле во нацистичките логори на смртта. Но, Бугарија ја користеше својата репутација како чесен исклучок и еврејски спасител за да ги гради врските со Израел, па двете земји се подготвуваат во март идната година да ја одбележат 70-годишнината од одбивањето на Софија да ги испрати своите Евреите да бидат убиени од нацистите.

„Оваа тема е силно експлоатирана за политички цели“, рече бугарскиот историчар Николај Поп Петров. Истражувачите се согласија дека властите во Бугарија внимателно избегнуваат да говорат за другата страна на Втората светска војна, па третманот на македонските Евреи остана во голема мера непознат за пошироката јавност во земјата. Но, тоа сепак ги наруши односите меѓу Софија и Скопје.

„Не постои амнезија во меморијата на нацијата“, рече македонскиот историчар Тодор Чепреганов, објаснувајќи дека бугарската Влада, полицијата и монархијата во тоа време имаат одговорност за депортацијата на македонските Евреи.

Некои историчари тврдат дека Бугарија се чувствувала должна да ги жртвува Евреите во териториите кои ги управувала за да спаси повеќе од својата еврејска популација. За бугарскиот новинар од еврејско потекло, Еми Барух, чие семејство беше едно од оние кои избегнале депортација, „толкувањето дека животите на 50.000 биле платени со животите на тие 11.000 е неморално и злобно“. (Н.Р.)

Статијата е прочитана 219 пати.

Испрати коментар

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...89F46C52BC
Без Ботев няма България
07-10-2012, 03:13 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Познайте кой е участвал - Българският хелзински комитет и македонски учени Icon_razz
Без Ботев няма България
07-10-2012, 07:12 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Во Турција уапсени двајца Бугари 32 килограми хероин

Припадници на турската Дирекција за борба против трговијата со дрога конфискуваа 32 килограми хероин во автомибил со бугарски регистерски таблички, со кој патувале двајца бугарски државјани.

Екипа од Дирекцијата во градот Аксарај по претходно добиен сигнал го запрела возиото заради проверка на патот меѓу Аксарај и Адана. Во претресот било вклучено и куче обучено за пронаоѓање на дрога.

По деталниот претрес во багажникот на автомобилот е пронајдена дрогата, која била сокриена и спакувана во 60 пакети. Вредноста на дрогата изнесува околу седум илади евра.

Двајцата бугарски државјани 53-годишниот Александар Дочев Александров и 47-годишната Емине Бекироа Алиева се приведени од турските сили.

Дрогата, според досегашните сознанија, била набавена во источните турски провинции и таа била наменета за бугарскиот пазар. Осомничените дрогата планирале да ја пренесат преку граничниот премин Капкуле - Капитан Андреево.

http://www.sitel.com.mk/vo-turcija-uapse...ami-heroin
Без Ботев няма България
08-10-2012, 06:40 PM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35

Минималната цена на 32 кг хероин на улицата е около 960 000 евро!В някои държави в Европа може да стигне до 4 800 000 евро.
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
08-10-2012, 07:16 PM
Website Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35

дубъл
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
(This post was last modified: 08-10-2012, 07:17 PM by TATAP.)
08-10-2012, 07:16 PM
Website Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15


БУГАРСКИ НАУЧНИК ТВРДИ:
Предисторискиот монетарен центар бил во Бугарија
Професорот Васил Николов вели дека е откриен најстариот праисториски град во Европа во кој живееле богати луѓе во куќи на два ката

Во североисточна Бугарија кај градот Провадија е откриен најстариот праисториски град во Европа, кој настанал во петтиот милениум пред Христос, тврди професорот Васил Николов, кој го предводи археолошкиот тим, што ги врши ископувањата.
Камените бастиони и ѕидовите со дебелина од два метри се стари меѓу 4.700 и 4.200 години пред новата ера. Тоа е најстарата фортификација досега документирана во Европа. Ова лето се проучувани три утврдувања, во кои древните луѓе криеле сол, која во тоа време била највредната материја.
Солта била злато и валута на тоа време, имала функција на пари, додека златото и среброто служеле само за престиж. Поради тоа тука бил монетарниот центар на Европа,, вели Николов. Зад ѕидините на градот живееле богати луѓе во двокатни куќи, а според истражувањето бројот на населението изнесувал околу 350 жители.
Паралелно со археолошките истражувања се спроведуваат и антрополошки. Со нив раководи шкотската професорка Кетлин Максини од Единбург. Таа испитува 18 гробови, за кои што е карактеристично досега невиден начин на погребување. Во еден од нив е пронајден само горниот дел на телото до карлицата. Николов смета дека е погребан само тој дел од телото, со оглед на тоа дека ископаниот гроб е со мали размери. Интересно е тоа што градниот кош е расечен и таму се поставени рацете, што според професорот е прв ваков досега откриен случај.
Истражувањето покрај Провадија го финансираат САД. Конечната проценка за попрецизно одредување на времето од кое датира комплексот ќе се изврши во Оксфорд и ќе биде позната за околу една година.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0BC58068...B8B780B5CD


Датум: 09.10.2012, 09:51
ОМД: Грција и Бугарија да ги признаат злосторствата врз Македонците

Македонски бегалци ги напуштале родните домови под налетот на туѓите војски

Злосторствата извршени врз Македонците за време на Балканските Војни мора да бидат признаени од страна на сегашните влади на Грција и Бугарија, и таквото признание да служи како помирување во регионот.
Ова е дел од соопштението на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) испратено по повод 100-годишнината од почетокот на Првата балканска војна - 8 октомври 1912 година.
„Војната беше почеток на масовно етничко чистење на Македонците. Таа доведе до неправедна поделба на етничка и географска Македонија. Војната предизвика огромно страдање на Македонците и многу биле присилени на егзил во други области на Балканот и во светот. ОМД се поклонува пред сите жртви на Првата балканска војна и ги повикува сите Македонци да продолжат со борбата за човекови права на сите Македонци во светот, особено на Македонците во Албанија, Бугарија, Грција, Косово и Србија, за еднакви граѓански и човекови права, се вели во соопштението од ОМД.
Од ОМД ги повикуваат Македонците да гледаат кон иднината, да чекорат напред и никогаш да не ги заборават неправдите направени кон нашиот народ во текот на овој трагичен период од нашата историја.
Претседателот на ОМД, Методија Колоски смета дека е време да се стави крај на, како што истакнува, двојните стандарди својствени за многу историски настани и да се едуцира јавноста за она што навистина се случуваше во Македонија и за вистината на Македонците за време на балканските војни и по завршувањето и потпишувањето на Букурешкиот Договор во 1913 година.
Во пресрет на 100-годишнината од Втората балканска војна - 16 јуни 1913 година и потпишувањето на Букурешкиот Договор - 10 август 1913, ОМД ќе преземе проекти за потенцирање и нагласување на последните 100 години на македонскиот развој и страдањето на македонскиот народ по донесувањето на Букурешкиот Договор. ОМД исто така ќе организира конференција за истражување на импликациите и последиците од Договорот кои ги има на домашната и регионалната политика.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...F95C380207

"Злосторствата извршени врз Македонците за време на Балканските Војни мора да бидат признаени од страна на сегашните влади на Грција и Бугарија, и таквото признание да служи како помирување во регионот."

Впечатлява снимката към статията – тя е на деца бегалци от ІІ световна война – няма отношение към случилото се по време на Балканските войни;
Изненадан съм, че това се пише в „Дневник”...; предполагам и за Колоски е ясно, че ако някой трябва да се извинява за онези далечни, трагични събития – това не са българите;
Гърците имат своята Пенелопе Делта и нейните „Тайни на блатото”
Българите - Антон Страшимиров и неговите „Роби”
Живков на времето се отказа от претенции към Гърция – и не сгреши – нищо не можеше да се направи – освен да се създадат проблеми за „нашенците”...
Ако днес в северна Гърция има спомен за славофони, българи, македонци – за техните обичаи и език - то това не е поради македонската или българската пропаганда – а въпреки тях – гърците са тези, които никога не забравиха, че местните хора са различни...Българите се отказаха – гърците не – и това поддържа спомена за онези хора, за техните легенди и страдания...

08.10.2012, 17:59
Кој е бегот Хасан Приштина?

Хасан Приштина бараше автономија на Албанија во рамките на Отоманската Империја. Кога не се случи тоа, се префрли на обединување на албанските територии

Љупчо Поповски


Неочекувано, името на Албанецот од Косово, Хасан-бег Приштина, почна да станува фамилијарен поим во македонската јавност. Неговото споменување, поврзано со сменетото име на едно од училиштата во скопски Чаир, за македонскиот дел од јавноста во голема мера значеше како вадење едно име од темните тефтери на историјата со кои оваа земја нема ништо заедничко. Но, не е баш така.

Официјалната историографија со децении малку го споменуваше бегот Хасан Приштина и тоа беше поврзувано со времето кога пред сто години почна Првата балканска војна и кога турската власт беше протерана од овие простори. Хасан Бериша, кој во 1908 година по Младотурската револуција и откако беше избран за пратеник во Отоманскиот парламент го смени презимето во Приштина заради областа која ја претставуваше, беше еден од важните учесници во разврската која дојде со голема брзина. Како син на богат земјопоседник (роден во косовски Вучитрн во 1873 година), Хасан можеше да биде школуван во елитни школи – прво во француската гимназија во Солун, а потоа на факултетот за администрација во Истанбул.

Откако младотурците брзо се откажаа од своите идеали и откако стана јасно дека империјата веќе не може да се одржи, сите почнаа да бараат брзо решение за териториите што ги населуваат. Пред почетокот на балканските војни беше јасна поддршката на Австро-Унгарија за создавање албанска држава како противтежа на српскиот и грчкиот експанзионизам. Главното прашање беше каков статус ќе добие Косово. Хасан Приштина и неколкумина врвни албански интелектуалци го презедоа организирањето востание во Албанија и во Косово против турската власт. Приштина, заедно со Бајрам Цури и Иса Болетини, беше задолжен за Косово. Пред почетокот на балканските војни во август 1912 година, косовските востаници и' упатија барање на турската влада за албанска автономија во рамките на Отоманската Империја, познато како 14. точки на Хасан Приштина. Косовските востаници, како и македонските револуционери стравуваа дека нивните територии брзо ќе бидат разграбани од надоаѓачките балкански буржоаски држави и за нив решението за автономија во рамките на империјата беше подобро отколку поделба. Но, историјата не е поврзана со желбите.

Кога Грција, Србија, Црна Гора и Бугарија и' објавија војна на Турција на 8 октомври 1912 година (вчера се навршија точно сто години), распадот на империјата не можеше да се запре. Србите влегоа во Албанија, дури до Драч; Црногорците го освоија Скадар, Грците ја освоија Јанина, Бугарите цел Пирин. Приштина на чело на албанските востаници од Косово ги освои повеќето тамошни градови и на еден ден влезе во напуштеното Скопје и си замина. По големата победа во Кумановската битка, во празното Скопје влегоа и српските војски и тука останаа. Требаше брзо да се прогласува независност на албанската држава. Тоа се случи на 28 ноември 1912 година. Прв премиер беше Исмаил Кемал, а Хасан Приштина беше неколку пати министер. Во 1920 година стана пратеник во албанскиот парламент од областа на Дебар, а беше и премиер на албанската влада, но само пет дена во декември 1921година. Ги загуби политичките битки со Ахмет Зогу, тогаш министер за внатрешни работи, се повлече од Албанија, но не можеше да отиде во Косово, кое веќе беше во состав на Кралството СХС. Замина за Солун и како многу богат човек купи огромна вила во центарот на градот. Беше убиен од Албанецот Ибрахим Чело во 1933 година во кафе-ресторан во Солун. Дали Зогу испратил агенти да го убијат или било во прашање крвна одмазда не е докрај расчистено.

Каква врска има бегот Приштина (чија основна цел беше албанските територии да се обединат во една голема држава) со Македонците? Во 1920-1930-те години тој е во блиска врска со озлогласениот лидер на ВМРО, Ванчо Михајлов, и со водачот на хрватско усташко движење, Анте Павелиќ. Ванчо Михајлов во своите „Спомени“ пишува за своите контакти со Хасан Приштина, поврзани во една цел – борба против Србите. Павелиќ, Приштина и Михајлов потпишале и спогодба за заеднички настап во борбата против српскиот хегемонизам и за одделување во посебни држави на Хрватска, Косово и Македонија, кои беа во тогаш веќе Кралството Југославија Ништо не се случи од тоа. Приштина се сретна со Михајлов во пиринските села, но беше убиен неколку месеци подоцна. Михајлов беше принуден да избега од Бугарија по колежите што станаа неподносливи за владата во Софија; Анте Павелиќ подоцна создаде марионетска нацистичка држава. Нив двајца ветриштата ги однесоа на историските ѓубришта.

Хасан Приштина се смета како светилник во историјата на Албанците во Косово. Пред една недела Универзитетот во Приштина беше прекрстен со неговото име; таму веќе има негов споменик, а таков ќе биде подигнат и во Тирана. Споменикот во Скопје тргна да го затвори триаголникот од величењето на стоте години од создавањето на албанската држава.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3EC00...E4E033FE97

"Србите влегоа во Албанија, дури до Драч; Црногорците го освоија Скадар, Грците ја освоија Јанина, Бугарите цел Пирин."

Не е точно – сърбите и гърците окупираха 2/3 от Македония;
А след края на първата бълканска война клетите българи контролира териториите на северо-запад от Мидия-Енос до Вардар...цяла Тракия (всъщност най-богатата балканска провинция) и вероятно около 1/3 от Македония...;
Съюзниците - гърци и сърби; а след тях - румънци и турци - не приеха това; българите не приеха окупирането на Македония от гърци и сърби – и всичко завърши, както завърши...

"Нив двајца ветриштата ги однесоа на историските ѓубришта."

Силен израз, а сигурно и справедлив – но произвежда в «клошари» всички онези, които се интересуват от тези събития - което го прави пресилен - губрището за едни - може да е съкровище - за други;
А къде е сега Югославия – на какви губрища, и какво струваше това на нейните народи?


09-10-2012, 09:53 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Не анексија, туку фашистичка окупација


(Повод: колумната „Зошто се плашиме од сојузништво со Софија?“ во „Дневник“ од 29 септември)

Се јавувам пред да заврши колумната затоа што имам чувство дека предметот на моево писмо е исцрпен уште во нејзиниот прв објавен дел. Имено, почитуваниот Владо Бучковски прецизно констатира (цитат): „Делот од Македонија кој бил окупациона зона на Бугарија никогаш не бил анектиран, затоа што таква одлука во периодот од 1941 до 1944 година нема донесено бугарскиот парламент кој е единствен надлежен орган“. (подвлекол Т.Г.) Kон ставот на авторот (немало анексија, туку окупација) се придружувам и јас. Меѓутоа, не можам да го прифатам аргументот дека немало анексија поради недостиг на парламентарна одлука; затоа што и за окупацијата немало одлука, а таа беше извршена и тоа во најцрната варијанта. За поимите анексија и окупација има богата литература, посебно за правниот аспект, како и искуства и практика. Тие се анализирани и дефинирани од теоретичари и професионалци, како и од ОН, и забележани во конвенции на држави. Мислам дека авторот несреќно го вклучил аргументот за парламентарната одлука во неговата мисија Македонија да биде поактивна во меѓусоседските односи.

За жал, и во Македонија има поединци кои тврдат обратно, дека немало окупација, туку била анексија. Нивните аргументи не кореспондираат со стварноста, ниту со дефинициите. Во сите официјални документи од тоа време (Манифестот на Главниот штаб на Македонија, Манифестот на АСНОМ и други) се укажува на фашистичка окупација, а само во Бугарија уште се тврди: „Блгарија тогава само административно управљаваше воф Македонија“. Заборавиле дека војна се водеше и пред да се создаде државата Македонија на АСНОМ, а и потоа. Бугарија не се повлече сама од Македонија. Таа беше победена и избркана со силата на македонската војска, која дејствуваше како дел од вооружената сила на Антифашистичката коалиција.

Бугарија не спровела чесна лустрација и катарза за грозниот однос спрема Македонија и тоа почнувајќи од времето на Бугарската егзархија и Илинденското востание 1903, па заклучно со депортацијата на македонските Евреи и Информбирото. Дека навистина била окупација, нема поголеми аргументи од судењата, бесилките, зулумите, силеџиски спроведениот „блгарски произход“ на Македонците, забраната на македонскиот јазик и многу друго. Јас сум еден од многуте прогонувани. Бугарски суд ме осуди „во отсуство“ (бев партизан), мајка ми умре во солзи од страв оти царството го бараше животот на нејзиното дете, татко ми и брат ми ги забраа во логор, кучето ни го однесоа, на куќата ставија катанец. Kолку семејства беа прогонети? Зошто Бугарија не најде сила барем да ни се извини? Знам дека тие луѓе од минатото не се живи, треба да се гледа на сегашноста и иднината. Ама и Бугарија мора еднаш да разбере дека и Македонците имаат достоинство!


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=919585FB00...D2AD91CDF0
ТраJЧе ГруЈоски, носител на „Партизанска споменица 1941“

Да плача ли да се смея ли
Без Ботев няма България
09-10-2012, 07:43 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Взе да ми писва майна. Тия са бахти наглите прасета
Вместо крака да целуват колко македонци са намерили спасение в България - тия три лайна заклеймявали. И разбира се за Сърбия или хубаво или нищо


ОМД: Грција и Бугарија мора да ги признаат злосторствата извршени врз Македонците за време на балканските војни,

Злосторствата извршени врз Македонците за време на балканските војни мора да бидат признаени од страна на сегашните влади на Грција и Бугарија и таквото признание да служи како помирување во регионот.

[ОМД: Грција и Бугарија мора да ги признаат злосторствата извршени врз Македонците за време на балканските војни]

Ова е дел од соопштението на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) испратено по повод 100 - годишнината од почетокот на Првата балканска војна, 8 октомври 1912 година.

„Војната беше почеток на масовно етничко чистење на Македонците. Таа доведе до неправедна поделба на етничка и географска Македонија. Војната предизвика огромно страдање на Македонците и многу биле присилени на егзил во други области на Балканот и во светот. ОМД се поклонува пред сите жртви на Првата балканска војна и ги повикува сите Македонци да продолжат со борбата за човекови права на сите Македонци во светот, особено на Македонците во Албанија, Бугарија, Грција, Косово и Србија, за еднакви граѓански и човекови права“, се вели во соопштението од ОМД. /www.kanal5.com.mk
Без Ботев няма България
(This post was last modified: 09-10-2012, 07:54 PM by Топорчо.)
09-10-2012, 07:51 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Членство во ЕУ само ако Бугарија е задоволна ?!

Расте притисокот пред објавувањето на годишниот извештај за Македонија. По неофицијалните најави дека извештајот ќе содржи најмалку забелешки за земјава во последниве неколку години, на грчките претставници кои бараат поголем притисок врз Скопје им се придружија и бугарските европратеници.

[Членство во ЕУ само ако Бугарија е задоволна ?!]

Овој пат зајакната со екс министерот за надворешни работи Ивајло Калфин, официјална Софија најавува лекции по добрососедство за Скопје. Испровоциран од изложбата на ракописи пронајдени во Македонија во средниот век европратеникот од групата социјалисти и демократи бара членството на Македонија во Унијата да зависи пред се од бугарската стратегија за соседите. Во интервјуто за сајтот Еуинсајдер, Калфин тврди дека Македонија не разбира што е тоа добрососедски односи.

„Со европски јазик на нашите партнери мора да им кажеме зошто тоа е неприфатливо и за што ние всушност зборуваме. Генералниот термин добрососедски односи е важен за влезот во ЕУ, тој мора да биде во форма на посебни барања и посебни мерки. Сега ние зборуваме генерално без соодветно да го формулираме проблемот пред нашите партнери. Тоа мора да го сториме веднаш за да не разберат и да обезбедиме поддршка од ЕУ. Тоа не е фатално и мислам дека не треба да реагираме панично на сите провокации од Македонија“, вели Калфин.

Со заканите Калфин му се придружи на изјавата на актуелниот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Младенов, кој за време на Генералното собрание на Обединетите Нации, на прашање дали наскоро може да се очекува да се средат работите на релација Скопје - Софија одговори дека тоа зависи само од Македонија.

Прашањето за односите соседите се очекува да биде дел од извештајот на Европската комисија, но во него иако Бугарија инсистирала, нема да биде споменат филмот „Трето полувреме“ откако високи европски дипломати и претставници на еврејските организации на бугарската влада и порачале дека филмот за прогонот на македонските евреи соодветно ја прикажува фактичката состојба во од Бугарија окупираната Македонија во Втората светска војна.

Горан Момироски
08.10.2012, 18:17

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=97419
Без Ботев няма България
09-10-2012, 07:55 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Грција, Бугарија, Полска и Романија членки на ЕУ, кои најмногу ги нарушуваат човековите права во судските процеси



Грција, Бугарија, Полска и Романија се државите во Европската унија, кои во изминатите години најмногу го нарушиле правото на слободен и праведен судски процес, се наведува во анализата од Европскиот суд за човекови права.

Најчест повод за критики е должината на траење на судските процеси. Во некои држави од ЕУ до закажување на судското рочиште приведениот може да чека до четири години, а во други нема законско определен максимум, наведува весникот „Гардијан“.

Анализата е извршена од лондонската организација Фер трајалс интернејшнл (Fair Trials International) и меѓународната правна фирма Клифорд Ченс (Clifford Chance) за периодот 2007-2012 година. Во 2007 година во ЕУ имало 37 непочитувања на правото за праведен судски процес, а во 2011 година таа цифра е 75.

Најголем нарушител, според истражувањето е Грција со 108 случаи. Повеќето се поврзани со хронични забавувања пред почетокот на судските процеси. Исто така не секогаш има обезбедувено преведувачи, така што биле изразени стравувања за корупција во судскиот систем на Грција, се наведува во истражувањето „Правата на заштита во ЕУ“.

Во Бугарија има регистрирани 92 случаи на нарушување на правото на праведен судски процес, во повеќето случаи поради невообичаено долгите успорувања во фазата на досудскиот процес. На приведените често пати не им се обезбедува праведен пристап до адвокат и контакт со нивните семејства, се додава во извештајот.

Во Полска се регистрирани 67 нарушувања, а во Романија 49.


http://www.sitel.com.mk/grcija-bugarija-...e-prava-vo

Без Ботев няма България
10-10-2012, 06:26 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарските поплаки маргинализирани

Извештајот на ЕК генерално ги оценува како конструктивни односите на Македонија со соседите, а во поширокиот контекст се споменува дека случувањата годинава ја нагласиле потребата за повеќе дијалог за да се надминат недоразбирањата и различните перцепции за историските, етничките и културните прашања.

Меѓу другите поинтересни пораки е таа дека огласите во администрацијата се направени за однапред утврдени личности, дека и натаму се кријат привремените вработувања и дека платите на јавните службеници се даваат „од ракав“, односно дека нема јасна рамка за нив. Стои, исто така, дека 15 отсто од усвоените закони не поминале во Уставниот суд, дека се заостриле казните за корупција, но само исклучително се одзема имотот, дека има само грст високопрофилни процеси за корупција, па и тие траат со години.

Дека нема воопшто преземено мерки кон партиите што ги прекршиле правилата на изборно финансирање, а се споменува, иако без име, Љубе Бошкоски со оцена дека неговото затворање отворило прашања за селективност во гонењето. На крајот тука е и лустрацијата, со оцена дека постои загриженост околу нејзиниот опфат и уставноста.(С.Ј.)

Статијата е прочитана 540 пати.

Испрати коментар

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=70467...427CBDB70E
Без Ботев няма България
10-10-2012, 06:28 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарите пак мрчат за изложбата Словенски ракописи од Македонија

"Словенската писменост во Македонија се втемелила уште со почетокот на нејзината стандардизација од страна на Светите браќа Кирил и Методиј во втората половина на деветтиот век, кога истовремено е афирмирана и Третата христијанска јазична култура во Европа, а тоа е словенската. Овие свети браќа го стандардизирале и првиот книжевен старословенски јазик во чија основа влегле македонските словенски говорни елементи", рече министерката Канческа-Милевска во Брисел


По плукањето на филмот "Трето полувреме" бугарскиот европратеник Андреј Ковачев има нова задача. Сега на секаков начин се обидувал да ја опструира и воопшто да спречи да се оствари изложбата "Словенски ракописи од Македонија" во Кралскиот музеј Мариемонт во Белгија, пишува МИА тврдејќи дека Бугаринот бил присутен на отворањето на изложбата и изјавувал дека се работи за крадење на бугарската историја.

"Имам мешани чувства. Се радувам што во Брисел се претставува културно наследство што сега се наоѓа на територијата на денешна Македонија. Но, од друга страна не сум среќен што тоа се претставува необјективно, оти тоа е наше општо културно наследство. Тука гледаме бугарски средновековни книги. Дојдов на изложбата да покажам европски начин на однесување и тоа треба да го правиме и со историските настани и личности што не обединуваат, оти историјата ни е една", изјавува Ковачев за МИА, потенцирајќи дека Македонија и Бугарија треба заедно да бидат во Европа и дека лекарството за раните од минатото е европската интеграција.
Од друга страна, изложбата "Словенски ракописи од Македонија од 13-ти до 19-ти век" во Кралскиот музеј во Мариемонт беше отворена со храбар говор од министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, во присуство на голем број претставници на дипломатскиот кор во Брисел и други почесни гости.

"Во Брисел Македонија изложува дел од своето сочувано писмено наследство кое е претставено преку словенските ракописи пишувани и илуминирани по македонските средновековни книжевни и препишувачки центри од периодот меѓу 13-ти и 19-ти век. Словенската писменост во Македонија се втемелила уште со почетокот на нејзината стандардизација од страна на Светите браќа Кирил и Методиј во втората половина на деветтиот век, кога истовремено е афирмирана и Третата христијанска јазична култура во Европа, а тоа е словенската. Овие свети браќа го стандардизирале и првиот книжевен старословенски јазик во чија основа влегле македонските словенски говорни елементи. Континуитетот на словенската писменост во Македонија продолжил преку просветителската дејност на Светите Климент и Наум Охридски, основоположниците на Охридската духовна и книжевна школа преку која се пренеле словенските писмени искуства во другите јужнословенски средини, говореше македонската министерка за култура на отворањето на изложбата", истакнала министерката, посочувајќи дека Македонија има длабоки корени во светското културно наследство.

Во Музејот се изложени 39 оригинални ракописи и ракописни црковни книги од 13-ти до 19-ти век, како и копии од 10-ти, 11-ти и 12-ти век, кои претходно биле изнесени од Македонија и се чуваат во музеите во Ватикан и во Санкт Петербург. Изложбата на вредното културно и книжевно богатство што за првпат е изнесено од Македонија, ќе трае до 21 октомври.

Канческа-Милевска: Ова се факти
Во врска со провокацијата на Ковачев и неговите обиди да го спречи одржувањето на изложбата и неговото тврдење дека се фалсификува македонската историја преку презентирање на, според него - бугарски ракописи, министерката Канческа-Милевска за МИА со одговор дека сето ова јавноста може да го види и се потврдува со факти.

"Ние како држава не би сакале нешто да презентираме, а истото да не е научно докажано и верифицирано. Сите овие ракописи се прикажани во голем број книги промовирани во Македонија и во странство. Треба да ги негуваме добрососедските односи. А, со Бугарија имаме многу добра и интензивна културна соработка", одговори министерката Канческа-Милевска.


Сподели


http://vecer.com.mk/?ItemID=E6CAF30227ED...37D155F290
Без Ботев няма България
12-10-2012, 05:24 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Преуморни за да славиме!

За францускиот композитор Клод Дебиси може да се прочитаат најразлични информации за неговиот животен пат и дело



Пјер Ла Мур во неговиот роман „Кларие де Луна“, базиран на биографските белешки на Дебиси, говори дека композиторот одел по многу трнлив пат, бил неразбран од околината, потценет од своите колеги, за на крајот на околу 40-годишна возраст конечно да му биде признаен неговиот труд. Но признанието на Дебиси повеќе ништо не му значело. Па така, кога цела публика станала да му аплаудира на крајот на изведбата на едно од неговите дела и кога конечно на таков начин добил потврда за неговата големина, Дебиси останал закован во седиштето на салата, бил рамнодушен, по толку маки низ животот, триумфот не му бил сладок.

Така е тоа кога од некого се бара премногу за да го примат во високото елитно друштво и на крајот кога тоа ќе се случи може да му биде сеедно.

Нешто слично ни се случува и нам во однос на ЕУ. Ништо не е доволно за Старата дама да нѐ интегрира во нејзиното друштво. И покрај сите реформи и усогласувања со европските стандарди, секогаш има нешто плус што како задача мора да го исполниме. Годишниот извештај на ЕК за Македонија се оценува како позитивен, но условот за решавање на спорот со Грција останува, а планот е преговорите за членство да одат паралелно со изнаоѓање компромис со нашиот јужен сосед.

Која иронија да те тепаат по рамо колку многу си постигнал во однос на интегрирањето во ЕУ, ама проблемот бил не во тоа колку си добар, вреден и си сработил, туку твоето име.

А околу решавањето на спорот со Грција, барем сега засега не се гледа никаков напредок. Сѐ уште нема поместување на грчките црвени линии, кои задираат во македонскиот идентитет. Како тоа Европејциве планираат да се реши 20- годишниот спор? За нив не е проблем кога Грција не признава малцинства, ама проблем е кога Македонецот сака да е Македонец, проблем им се бурките на муслиманските жени, а бараат од нашата држава да ги изедначи борците на ОНА со македонските бранители. Не им се проблем хомосексуалните бракови, ама проблем им е што градоначалникот на српска Јагодина венча две жирафи во Зоолошката градина. Некои извртени вредности и принципи, кои дејствуваат збунувачки за човековиот ум.

Тие европски аршини може Македонците да ги чинат прескапо ако притисокот за решавањето на спорот за името не се сврти кон Грција, која во 1995 година се обврза да не го попречува нашето интегрирање во светските организации само поради тоа што Македонците одбиваат да се самоукинат. ЕУ бара толеранција по верска основа, расна и сексуална ориентација и секакви форми на други однесувања само не и правото на Република Македонија да се нарекува Република Македонија и право на самоопределување на Македонецот.

Но, ако е за некоја утеха, барем повеќе не го криеја условот за името, туку го ставија на маса, без заобиколување како претходните години. Од нас плус се бара да се реши статусот на борците на ОНА исто како на нашите бранители, што, пак, е тешко сварливо за Македонците. Овие условувања од ЕУ ја намалуваат привлечноста на европската елита. Сѐ повеќе граѓани стануваат рамнодушни кон таа прозаична европска бајка, особено последниве години, откако кризата царува низ континентот.
Информациите за должничката криза, проблемите во самата Унија и предвидувањата за нејзин распад, анализите што говорат дека најзагрозени членки во ова елитно друштво се новопримените, се доволен повод за ширењето на евроскептицизмот и кај нас. Падна цената на ЕУ и тоа на европретставниците им е јасно. Дури и Велика Британија е на размислување да излезе од Унијата. Таму јавното мислење покажало дека половина од граѓаните не сакаат повеќе да се дел од елитата на Европа.

Ако пред 10 години Европејците доаѓаа во Скопје и ги навиваа часовниците дека мора ден поскоро територијално да се реорганизираме, сега часовници не минуваат. Згора на тоа, во Македонија е владејачка гарнитура, која не е голем љубител кога некој ѝ вели дека мора нешто да сработи по секоја цена. Популарноста на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото, се должи и на бранењето на македонските црвени линии, со што власта не би се коцкала.

Од друга страна, веќе и на малите деца им стана јасно дека ЕУ не е социјално друштво што им помага на сиромашните и дека секоја од државите треба пред сѐ да се потпре на сопствената умешност за развој на државата, врз сопствените ресурси, функционалноста на институциите, а ова особено важи за новопримените членки. Кризата од пред пет години, која почна да се шири од САД кон Европа, први ја осетија членките како Латвија, Литванија и Естонија, кои се приклучија кон Унијата во 2004 година. Тие најдобро почувствуваа дека нивниот статус не е ист со постарите, како на пример Грција, држава што неколку години ЕУ буквално ја одржува во живот.

Дека ЕУ не значи и автоматски економски бум најдобро говори примерот со нашиот сосед Бугарија, која од 2007 година е членка на ЕУ, а која сѐ уште не може да се пофали дека нејзините граѓани имаат подобар стандард во однос на македонските.

Сепак, ЕУ и НАТО се нашите стратегиски цели кон кои се стремиме. И последниот извештај се оценува како најпозитивниот досега. Но да не ни се случи на крајот на патот да ја доживееме истата судбина како композиторот. Преуморни за да славиме!

Авторот е новинар


Автор: Ирена Радовановиќ

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22702
Без Ботев няма България
12-10-2012, 06:27 PM
Reply