Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Американците ја натераа Бугарија да се откаже од „Белене“

Власта во Софија вели дека бугарско-рускиот проект за изградба на атомска централа на Дунав е прескап и неисплатлив. Опозициските партии, пак, ја обвинуваат Владата дека потклекнала на барањата од Вашингтон, Бугарија да ја намали енергетската зависност од Русија. Тие бараат референдум за „Белене“ и најавуваат гласање недоверба на Владата




За владата проектот „Белене“ е прескап и неисплатлив

ОПОЗИЦИЈАТА ОБВИНУВА

Бугарската политичка сцена сѐ уште се бранува по одлуката на владата на премиерот Бојко Борисов да се откаже од изградбата на атомската централа „Белене“. Власта вели дека бугарско-рускиот проект е прескап и неисплатлив, а опозицијата го обвинува Борисов дека ги предал националните интереси и дека им потклекнал на барањата од Вашингтон, Бугарија да ја намали зависноста од Русија. Опозициските партии бараат референдум за „Белене“ и најавуваат гласање недоверба на Владата за водење неуспешна енергетска и економска политика.

Бугарскиот премиер Борисов минатата недела објави дека Софија одлучила да го раскине договорот со руската компанија „Атомстројекспорт“ за изградба на атомска централа со јачина од 2.000 мегавати во градот Белене на реката Дунав. Борисов како главни причини за откажување од „Белене“ ги наведе заштитата на животната средина и растечката цена, која до крајот на изградбата на централата би требало да достигне 10 милијарди евра. Бугарската влада најави дека на местото на „Белене“ може да се изгради централа на гас, а веќе изградениот реактор што беше наменет за оваа нуклеарка би можел да биде продаден или модификуван и инсталиран во единствената бугарска атомска централа „Козлодуј“.

- Ги немаме тие пари и нема шанси да ги натераме државата и наредните неколку генерации да плаќаат за тоа – изјави бугарскиот премиер, кој претходно телефонски разговараше со старо-новиот претседател на Русија, Владимир Путин.

На одлуката за откажување од проектот веднаш реагираа опозициските партии, а особено бугарската социјалистичка партија (БСП), која ја предводеше коалициската влада што во 2008 година потпиша договор за изградба на „Белене“ со Путин.

Петар Димитров, бивш министер за економија и за енергетика од редовите на БСП, најави дека опозициските партии во парламентот ќе почнат консултации за гласање недоверба на Владата поради водење неуспешна енергетска и економска политика.

- Одлуката за откажување од „Белене“ е катастрофална грешка, направена под притисок на САД и го осудува единствениот технолошки сектор на Бугарија на бавна смрт. Американците, а не Борисов, одлучија за судбината на „Белене“. Верувајте дека Бугарија ќе биде принудена да увезува струја за 15 години – тврди Румен Овчаров, пратеник од редовите на БСП и бивш министер за економија и енергетика.

САД: ОТСТРАНЕТЕ ЈА ЗАВИСНОСТА ОД МОСКВА

Овчаров, кој ја напушти претходната влада во 2007 година поради корупциски скандал, вели дека потегот на Борисов ја отвора можноста за „Марица исток 3“, чија цена е трипати повисока. Италијанскиот енергетски гигант „Енел“ лани ја заврши продажбата на мнозинскиот удел во бугарската термоелектрична централа „Марица исток 3“ на американскиот инвестициски фонд „Контур глобал“. Централата е лоцирана во рударскиот комплекс „Марица исток“ во јужна Бугарија, од каде што земјата обезбедува 30 отсто од потребите за струја.

Во меѓувреме, московски „Комерсант“ пренесе изјави од неименувани руски функционери што учествувале во преговорите за „Белене“, кои велат дека одлуката на Софија да се откаже од проектот е политичка и дека е донесена под влијание на САД. Весникот посочува и на тајните американски дипломатски документи што ги објави Викиликс, кои укажуваат дека американската амбасада во Софија и американската компанија „Вестингхаус“ вршеле притисок врз бугарските власти. Ројтерс наведува дека Брисел и Вашингтон долго време изразуваат загриженост дека руската централа „Белене“ ќе ја зацементира бугарската зависност од Русија. САД неодамна ја повикаа Бугарија да вложи поголеми напори за диверзификација на енергетските извори и да и стави крај на својата енергетска зависност од Русија.

„КРАЈ ЗА НУКЛЕАРНАТА ЕНЕРГИЈА ВО БУГАРИЈА“

Во екот на препукувањата меѓу власта и опозицијата изминативе неколку дена, бившиот бугарски претседател Георги Парванов најави дека ќе го обнови проектот „Белене“ ако неговите социјалисти дојдат на власт.

- Ова е крај за нуклеарната енергија во Бугарија, освен ако нова влада не го обнови проектот „Белене“. Доколку БСП дојде на власт, ќе организира референдум за судбината на атомската централа - изјави Парванов.

Тој призна дека поранешната владина коалиција, предводена од социјалистите, која владееше од 2005 до 2009 година, направила грешки во преговорите за цената на „Белене“ и додаде дека виновниците би требало да бидат казнети за тоа. Парванов го критикуваше планот на владата на Борисов, реакторот изграден за „Белене“ да биде поставен во „Козлодуј“, нагласувајќи дека реакторот нема да биде „помалку руски отколку што е сега“, алудирајќи на ветувањето на Борисов дека нема да поддржи изградба на исклучиво бугарско-руска нуклеарка додека е на власт. Парванов, кој вели дека ќе се обиде да ја врати лидерската позиција во БСП од бившиот премиер Сергеј Станишев, смета дека Бугарија би требало да инвестира во двата проекти ако сака да ја развива нуклеарната енергија. „Белене“ беше еден од трите големи бугарско-руски проекти, кои Парванов ги поддржа како претседател, заедно со нафтоводот Бургас-Александрополис и гасоводот „Јужен тек“. Владата на Борисов лани се откажа од изградбата на нафтоводот поради финансиска неисплатливост.

Борисов викендот реагираше на обвинувањата од опозицијата, нагласувајќи дека одлуката за откажување од „Белене“ била најдобрата што ја донел досега.

- Најблага дефиниција за проектот „Белене“ е шпекулантство, зашто всушност е криминал – изјави Борисов, додавајќи дека е бесмислено и да се одржува референдум за централата и да се врти во круг нешто што било почнато пред три децении.

РУСИЈА ГО ЗАДРЖУВА ПРИСУСТВОТО

Бугарскиот премиер веднаш по објавувањето на одлуката за откажување од „Белене“ го испрати во Москва својот министер за економија Делјан Добрев. Тој по состанокот со руското раководство објави дека „Атомстројекспорт“ нема да бара обесштетување од Софија поради раскинување на договорот, иако медиуми шпекулираа дека руската компанија може да бара и до една милијарда евра.

- Ќе платиме само за тоа што е изградено досега – изјави Добрев, додавајќи дека точната сума ќе биде определена до крајот на април (бугарските медиуми велат оти таа ќе изнесува 180 милиони евра за изградениот реактор од 1.000 мегавати).

Руските претставници на средбата со бугарскиот министер истовремено изразиле подготвеност да учествуваат во трансформацијата на реакторот за да може да биде инсталиран во „Козлодуј“.

Другиот руски енергетски гигант, „Газпром“, пак, изразил заинтересираност за изградба на централа на гас на местото каде што требаше да биде изградена „Белене“. „Газпром“ се согласил да ги намали цените на гасот за Бугарија за 11,1 отсто. Источниот сосед покрива 90 отсто од домашните потреби за гас со увоз на енергентот од Русија. За возврат, Софија се обврзала да ја забрза изградбата на бугарскиот дел од гасоводот „Јужен тек“. Бугарија на гасоводот „Јужен тек“ му додели статус на проект од национален интерес, овозможувајќи што побрза изградба на гасоводот, кој би требало да пренесува руски гас преку Црно Море до Јужна и Централна Европа, заобиколувајќи ја Украина.

Проект стар над три децении

Проектот за изградба на атомската централа „Белене“ во северна Бугарија датира од 1981 година, а првпат беше прекинат по девет години поради финансиските проблеми со кои се соочуваше земјата и притисокот од еколошките здруженија, кои се противеа на изградба на нуклеарка во сеизмички активен регион.
Одлуката за обнова на проектот е донесена во 2002 година, а четири години подоцна Бугарија постигна договор со руски „Атомстројекспорт“ за изградба на нуклеарката со два реактори од по 1.000 мегавати. Изградбата на „Белене“ повторно беше замрзната во 2009 година, кога од проектот се повлече главниот инвестициски партнер, германскиот енергетски гигант РВЕ, кој како главни причини ги наведе неизвесноста и неисплатливоста на проектот. Неможноста да најде нов западен инвеститор и да се одговори околу цената ја натера Софија да се откаже од „Белене“.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22546
Без Ботев няма България
02-04-2012, 06:04 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарски и српски „мигови“ сакаат да го чуваат македонското небо

Освен македонскиот воздушен простор, авионите на овие земји теоретски би можеле да го обезбедуваат истовремено небото на Албанија, Црна Гора, Косово и на Босна и Херцеговина, бидејќи армиите на овие земји се наоѓале во слична ситуација како АРМ




Понуди од сите страни за нашето небо



Методи Хаџи-Јанев,
универзитетски професор

Македонската авијација и противвоздушна одбрана дваесетина години сами го чуваат нашето небо, иако досега сме имале неколку понуди оваа функција да ја преземат бугарски и српски „мигови“ сѐ до моментот додека државата стане членка на НАТО. Причина за овие понуди е тоа што нашата армија не располага со свои борбени ловци-авиони, а четирите борбени авиони „сухој“ ни се приземјени засекогаш, бидејќи итно им се потребни поправки. Бугарија и Србија неколку години инсистираат дека се подготвени да испратат цела ескадрила во Скопје, односно меѓу пет и десет воени авиони од типот „МИГ- 29“.

Поевтино од поправка на „сухоите“

За најмените борбени летала и пилоти државата би требало да им плати одредена сума пари на земјите, која би била многу помала отколку да ги поправиме македонските „сухои“ или, пак, да набавиме нови авиони.

Српската понуда за воздушна заштита би важела само до моментот додека не влеземе во НАТО. Тоа е затоа што Белград е воено неутрален и не бара членство во НАТО, по интервенција на Алијансата во 1999 година поради косовската криза. Од друга страна, пак, доколку се потпише договор со Софија, чувањето на нашето небо може да продолжи и по влегувањето во НАТО, бидејќи источниот сосед е веќе членка на сојузот.

Станува збор за практика што е дел од интегрираниот систем за воздушна одбрана на НАТО – НАТИНАДС, кој се применува кај членки што граничат со нечленки. Дел од овој систем се балтичките држави Летонија, Естонија и Литванија, чиј воздушен простор го обезбедува НАТО. Веднаш по приемот во НАТО и Словенија побара помош од Алијансата, а како единствена земја за заштита на нејзиното небо се јави Италија.

Во Министерството за одбрана ниту ги потврдија, ниту ги демантираа информациите. Оттаму објаснуваат дека ние би ја поддржале секоја регионална одлука за која ќе се користат институциите на Северноатлантската алијанса преку новиот концепт на НАТО, „Смарт дифенс“.

Да не го даваме суверенитетот

Универзитетскиот професор, мајор Методи Хаџи-Јанев вели дека досега само се шпекулирало за понудите на авијациите на Србија и на Бугарија.

- Разговорите најверојатно биле водени во многу пониски армиски кругови, а не на дипломатско ниво и затоа нема официјализирана понуда - објаснува професорот.

Хаџи-Јанев вели дека ситуацијата е многу изменета од пред десетина години, кога стигнале понудите, бидејќи нашата држава оттогаш инвестирала многу во борбената техника на воздухопловите.

- Нашите хеликоптери се дигитализирани со израелска технологија за ноќно летање, што, на пример, го немаат како опција авионите дури ни на Србија. Потоа се инвестираше во пилотската академија, која е реткост во регионов. Има најави дека ќе се инвестира во набавки на нови армиски радари итн. Можам слободно да заклучам дека во скоро време ние би биле земја што би нудела вакви услуги на земјите како Албанија, Косово, Босна, Црна Гора, истакна Хаџи-Јанев.

Пензионираниот полковник Благоја Марковски вели дека недостигот од борбени авиони е комплетно решен со новиот концепт на паметна одбрана на НАТО.

- Ако ја прифатиме ваквата услуга од Бугарија и од Србија, сметам дека потегот би бил финансиски оправдан, но проблематично би бил разбран од граѓаните, бидејќи би го дале суверенитетот на нашата земја на армија на некој сосед - вели полковникот.


Автор: Александар Србиновски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22548
Без Ботев няма България
04-04-2012, 04:41 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарската мафија најмногу заработува од проституција

Според резултатите од најновата студија посветена на бугарската мафија по членството на оваа земја во ЕУ во 2007 година, шверцот на цигари оттогаш тројно се зголемил, но организираниот криминал најмногу заработува од проституција.

Организираниот криминал забележува намалување во однос на 2007 година, но и понатаму претставува „сериозна закана“, се наведува во студијата на Центарот за следење на демократијата (ЦСД), чие седиште се наоѓа во Софија.

Бугарските проститутки, кои работат во странство, но кои ги контролира домашната мафија, ги има меѓу 11.000 и 21.000 и тие годишно заработуваат 1,46 милијарди евра.

Сепак шверцот на цигари забележува најголем раст, имајќи предвид дека тројно се зголемил, а приходот од него, 250 милиони евра, претставува 30 до 40 отсто од вкупниот доход од сите тутунски производи, бидејќи пониските цени на шверцуваните цигари привлекуваат голем број купувачи.

- Најголемата закана која се појави од овој раст е што организираниот криминал воспостави добри односи со транснационалните криминални мрежи, што овозможува постојан шверц на илегални цигари кон земјите од ЕУ, се додава во студијата на ЦСД.

Нелегалната трговија со гориво, исто така, го погодува државниот буџет, кој лани поради ова загуби речиси 500 милиони евра.

Статијата е прочитана 945 пати.

Испрати коментар

http://utrinski.com.mk/?ItemID=B46E6575A...185968E6BE[/u]
Без Ботев няма България
04-04-2012, 04:44 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

KОНТРОВЕРЗНА ОДЛУKА НА СУДОТ ЗА ЧОВЕKОВИ ПРАВА
Стразбур со два аршина за ОМО „Илинден“


Судот за човекови права во Стразбур во минатиот месец донесе разочарувачка одлука за ОМО „Илинден-ПИРИН“, одбивајќи нивната тужба против Бугарија да оди на јавна дебата пред Судскиот совет во Стразбур, дознава „Дневник“. Македонците во Бугарија ја тужеа државата поради бришење од регистарот на нивната партија, без правна основа за тоа. Тие сметаат дека со одлуката на Софискиот суд во 2006 година бил прекршен членот 11 од Европската конвенција за човекови права, но Судот на 18 октомври лани донесе пресуда во која не виде такво прекршување од страна на бугарската држава. На таа одлука „омовци“ поднесоа барање случајот да оди пред Судскиот совет, но тоа барање е одбиено со решение на панел од пет судии на Советот.

Одлука без аргументи

Во писмото во кое информираат за одлуката, панелот составен од судиите Франсоа Тулкенс, Џозеп Kасадавал, Нина Ваиќ, Дануте Јочиене и Андре Поточки во само два пасуса информираат за одлуката, без притоа да понудат какво било правно толкување. „Панелот судии реши на 8 март 2012 да не го прифати барањето на молителот гореспоменатиот случај да оди пред Судскиот совет. Согласно член 44 став 2 од Kонвенцијата, пресудата од 18 октомври 2011 стана официјална на 8 март 2012“, е текстот со кој се информира тужителот во процесот.

Стојко Стојков, еден од членовите на колективното раководство на ОМО „Илинден-ПИРИН“ вчера ни изјави дека е разочаран од одлуката на судиите, но и најави дека битката за правдата и за правата нема да запре тука.

- За мене, одлуката е несфатлива и со неа се создава неповолна клима и за другите малцинства. Ова е неправилна одлука која продуцира и други држави да го кршат членот 11 од Kонвенцијата. Ние ќе продолжиме со борбата за регистрација на партијата - вели Стојков.

Ваквата пресуда за експерти од областа на човековите права значи дека политиката влегла зад вратите во Стразбур.

Политички игри

Од друга страна, пак, оваа одлука може да се толкува како „Стразбур против Стразбур“, зашто Судот еднаш веќе донесе пресуда во корист на ОМО и токму по основ на ова нивно барање. Затоа за експертите е несфатливо како еднаш Судот нашол основа за да пресуди дека Бугарија го прекршила членот 11 од Kонвенцијата, со кој се гарантира правото на собири и на здружување.

Но оние што ги следат овие компликувани случаи, за кои доскорашниот комесар за човекови права Томас Хамарберг зачудено и со неверување креваше раменици поради тоа што Софија не ја спроведе пресудата на Судот во Стразбур кога пресуди во корист на ОМО, сметаат дека ваквата одлука не е изненадување. Тие потсетуваат дека во јуни 2011 Kомитетот на министрите на Советот на Европа донесе резолуција со која ги затвори предметите „ОМО Илинден“ и „Иванов и другите против Бугарија“. Kомитетот сметаше дека „Бугарија ги исполнила сите обврски што произлегуваат од пресудите донесени во 2005 година“. ОМО „Илинден“ на Јордан Kостадинов доби компензација од 6.800 евра, а Иванов 2.000 евра.

Со оваа запечатена судска одлука сега не остануваат многу правни алатки за битка и с` наведува на тоа дека Македонците во Бугарија ќе мора да „обујат опинци“ и да почнат нова процедура за регистрација на партијата. Ова патешествие на македонското малцинство во Бугарија трае веќе цели 14 години. ОМО „Илинден - ПИРИН“ беше регистрирана како партија во 1998 година, а укината од Уставниот суд на Бугарија две години подоцна.

Нов тест за Софија

Македонците повторно ќе ги тестираат правните капацитети на бугарската држава. „Дневник“ дознава неофицијално дека е донесено решение ОМО „Илинден - ПИРИН“ да подготви целосно ново барање за регистрација, односно да почне нова процедура. Вториот тест ќе биде на 22 април - Македонците ќе организираат голем собир во Мелник во чест на Јане Сандански. Овие собири секогаш поминувале во тензична атмосфера, со големо полициско присуство, особено на Рожен, каде што е гробот на пиринскиот цар, а неколкупати биле спречувани да известуваат од настанот и новинарски екипи од Македонија.

Христо Ивановски

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0A31B16507...7E8094EDE2
Без Ботев няма България
04-04-2012, 04:52 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Во Бугарија организираниот криминал се "подоходовен"


Од проституција мафијата заработува 1,46 млрд. евра!


Според најновите податоци на Центарот за следење на демократијата, кој се наоѓа во Софија, од влегувањето на Бугарија во Европската унија, организираниот криминал најмногу заработува на проституцијата.

Во странство ординираат помеѓу 11.000 и 21.000 бугарски проститутки кои се под директна контрола на домашната мафија, пренесува "Блиц". Тие, верувале или не, годишно на мафијата и носат заработувачка од 1,46 милијарди евра, се наведува во студијата на Центарот, но не се споменува никаква бројка на проститутки кои работат во Бугарија.
Троен раст бележи и шверцот на цигарите, а приходите од него се искачиле на 250 милиони евра, што изнесува до 40 отсто од вкупниот промет на цигари.

"Најголема закана е што организираниот криминал воспоставил добри односи со транспационалната криминална мрежа, со што му се овозможува постојан илегален шверц на цигари во земјите на ЕУ" - наведува ЦСД во својата студија.

http://vecer.com.mk/?ItemID=911DA761716A...54421778A8
Без Ботев няма България
05-04-2012, 04:42 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Весникот на Македонците во бугариЈа го однесоа фантомски води
Тужба за заплена на „Македонски глас“


Македонците во Бугарија најавуваат уште една тужба против државата пред судот во Стразбур откако не успеаја да ја најдат правдата околу скандалозната заплена на билтенот „Македонски глас“. Лани на 31 јануари, на ден пред почнување на пописот, цивилни претставници на Државната агенција за национална сигурност (ДАНС) влегле во просторијата на печатницата „Ираник-М“ во Благоевград и без да имаат каков било судски документ тие го заплениле целиот тираж на билтенот од 2.500 примероци, а притоа ги притвориле и сопственикот на печатницата Стојан Михајлов и уште еден вработен.

Навидум целата работа е јасна, па Стојко Стојков, претседател на ОМО „Илинден“-ПИРИН во име на неформалната група македонски активисти - Пирински македонски информациски центар, која го издава билтенот, поднел две тужби со барање да се врати запленетиот тираж на билтенот и да се казнат сторителите на тоа скандалозно дело. Следејќи го целиот случај, се добива впечаток дека тој личи на мрачна полициска сторија од времето на најтешкиот комунистички режим. Иако инспекторите влегле во печатницата на 31 јануари 2011 година, а за тоа писмена изјава дал и нејзиниот управител Михајлов, на жалбите Стојков добил одговор дека такво нешто не се случило.

„Побарани и добиени се писмени изјави од МВР-Благоевград, 02 РУП-Благоевград, ТД „НС“-Благоевград. Од тие изјави се утврдува дека на 31.1.2011 претставници на наведените институции не спровеле операција во наведената печатница, не се конфискувани писмени материјали и во МВР-Благоевград не е задржано лицето Стојан Николов Михајлов“, пишува во одговорот на жалбата Иван Димитров, прокуратор при Реонската прокуратура на градот Благоевград.

Во дописот на жалбата од Стојков, прокураторот се повикува на изјава на Михајлов, кој практично негира дека имало полициски упад во неговата печатница „Ираник-М“.

И покрај доказите што Стојков ги приложил во жалбата до апелација при што приложил и платена сметка од 1.000 лева за печатење на билтенот, Kрасимир Kожухаров, прокуратор во Апелативната прокуратура, го потврдил претходното решение.

Стојков вели дека е точно оти таков исказ видел од Михајлов.

- Тој исказ е даден под полициска присила. Практично тој дал два различни исказа. Kако и да е, јас сега се консултирам со адвокати и можно е доколку има основа, правдата да ја барам пред Судот за човекови права во Стразбур - ни изјави вчера Стојков.

За случајот со запленетиот тираж на билтенот е запознаен и СЕЕМО, чии претставници завчера во Софија се сретнаа со Стојков.

Во досегашното издавање на „Македонски глас“ никогаш не се случило да биде запленет или забранет некој негов број, освен тој на ден пред пописот. Причините за таквата акција треба да се бараат во објавените содржини во весникот и во кои е објавен повик до Македонците во Бугарија на пописот на населението да се изјаснуваат како Македонци.

Христо Ивановски
#
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E27AB5C580...EA02676BB1
Без Ботев няма България
05-04-2012, 04:51 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

„Спајдербабичка“ ја чисти вратата на едно од министерствата во Бугарија.

Фотографијата на суперхигиеничарката која демонстрира неверојатна вештина да
„виси“ и истовремено да чисти, вчера беше една од најпостираните на социјалните мрежи

http://utrinski.com.mk/?ItemID=DACA70059...09D60CF09F
Без Ботев няма България
07-04-2012, 07:25 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

По лавината реакции Владата ја oтстрани скулптурата на Симеон Радев и на тоа место го постави Жан Моне

Слободанка Јовановска



Споменикот на Симеон Радев експресно беше тргнат од зградата на новото Министерство за надворешни работи, а брзањето беше толку големо, што место неговата - прво била отстранета друга скулптура. Со тоа и се прати брза порака на официјална Софија дека нашето МНР не е разгранок на бугарското (како што беше првата реакција од Софија) и дека Радев не го заслужил местото што за кратко го доби, меѓу првите личности што осамнаа на овој нов објект. Официјално, причината за тргањето на скулптурата е дека таа таму не била ниту планирана и дека се нашла на зградата на МНР по грешка, без да се каже чија и како е можно да се потрошат толку пари за изработка, а да не се знае точно кој треба да виси на МНР, а кој треба да се најде во Музејот на револуционерната борба. Дополнителна тежина на скандалот му даде реакцијата на СДСМ, кои јавно запрашаа - како е можно да се прави скулптура на Радев, кој ставил потпис на распарчувањето на Македонија во Букурешт, а да нема скулптура на Киро Глигоров, претседателот во чие време Македонија стана независна.

Македонски дипломати, без двоумење, и ставањето и тргањето на статуата го нарекоа скандал.

„Вакво нешто, т.е. ставање на скулптура на Радев, воопшто не ни требаше. Направена е грешка и притоа не толку од аспект дали Радев е Македонец или се изјаснувал како Бугарин, туку поради политичките потези на Бугарија сега. Непромислено е во време кога Бугарија прави се' да и' се приклучи на Грција во оспорувањето на нашиот идентитет, да ни се случи ваква скулптура. Не треба да бегаме и од негативните личности и настани во македонската историја, но местото на Радев не е на зградата на МНР, меѓу светски заслужните, туку во Музејот на револуционерната борба“, смета ексминистерот Слободан Чашуле. Стојко Стојков од ОМО „Илинден-Пирин“ не можеше ни да сфати зошто Радев добил ваков третман во Македонија, со оцена дека тој никогаш не им бил важен на Македонците во Бугарија. Генерално македонски дипломати оценуваат дека листата е пренатрупана со личности, дека е вистински скандал што Радев беше ставен па тргнат од зградата, и дека морало да се внимава листата да биде многу селективна и на неа да се најдат само тие што на некој начин имале директна заслуга за Македонија. Од СДСМ, пак, оценија дека одлуката за поставување на статуата е скандалозна и дека потврдува уште еднаш дека проектот „Скопје 2014“ не е само финансиски, туку и идеолошки криминал, кој директно го загрозува македонскиот национален идентитет и историско наследство.

„Јавноста не може да разбере која беше логиката на власта да го одбие предлогот за достоинствено одбележување на ликот и делото на првиот претседател на независна Македонија, а во исто време да го величи оној кој директно учествувал во разнебитувањето на Македонија во 1913 година“, реагира СДСМ.

Од Владата вчера не можеа да прецизираат дали бетонскиот споменик на Радев ќе биде внатре или надвор од Музејот на револуционерната борба, и што бара таков од бетон меѓу восочните фигури. Не кажуваа ни кој го направил „привидот“, односно како е можно да осамнуваат скулптури на личности без некој да има контрола на тоа. Затоа, пак, во соопштението се протна политичка порака дека скулптурата на Радев „Бугаринот“ ќе биде заменета со скулптура на таткото на европската идеја Жан Моне. Официјално се отфрлаше можноста тргањето на Радев да е реакција на потсмевањата на Божидар Димитров од Бугарија, а од МНР дури порачаа дека директорот на бугарскиот Национален институт не е релевантен за да го коментираат. Од таму потврдија дека Министерството учествувало во правењето на листата на „50, 60 или 70 скулптури“ што ќе се најдат на зградата, но дека никогаш не рекле дека меѓу нив на финалниот список е и таа на Радев. „Димитров одамна не го коментираме. Тој е сменет од функцијата (министер за дијаспората) и е нерелевантен“, изјавија од МНР.

Инаку, Димитров вчера изјави дека му се наполнило срцето кога видел дека Радев се нашол на нашето МНР, дека го чека денот кога и негова скулптура ќе осамне во Македонија и дека индиректно се признало дека Македонците се Бугари, а нашето МНР разгранок на бугарското. Па додаде дека очекува еден ден Музејот на Македонија да стане разгранок на бугарскиот, и дека споменици на важни бугарски личности ќе осамнат пред сите министерства во нашата држава. Во бугарското МНР вчера не сметаа дека треба да го коментираат поставувањето и тргањето на скулптурата, а изјавите на Димитров ги оценија како негови лични бидејќи не е дел од власта. Додека траеше драмата овде, во Софија вицепремиерката Теута Арифи имаше средба со министерот Николај Младенов, но на оваа тема немаше ништо во соопштението од нејзиниот кабинет.

„Грешката се случила уште при формирањето на листите на личности за кои треба да бидат изработени статуи. По увидот на превидот, таа е префрлена во Музејот на македонската борба, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунизмот. Во него во различни уметнички форми и контексти се претставени различни истакнати личности од историјата и од различна идеолошка провиниенција, кои ги обележале случувањата на овие простори и имале влијание на случувањата во Македонија, на нејзиниот историски, револуционерен и државен развој. Без разлика на аспектот на нивно согледување на состојбите и процесите или пак контекстот на нивно дејство во однос на државноста и нејзините атрибути, односно нивните позиции по однос на македонското прашање“, стоеше во соопштението од Владата. На крајот како утешителна порака, стоеше дека новата статуа на Жан Моне бесплатно ќе ја гради фирмата „Бетон“, што само потврди дека таа не била планирана, туку извадена од ракав и од нужда.




Статијата е прочитана 5703 пати.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=35B211F12...15521668DA
Без Ботев няма България
12-04-2012, 04:47 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

БУГАРСКО-ИТАЛИЈАНСКИ БИЗНИС


Бебиња на црниот пазар за 20 илјади евра


Двојки без деца од италијанскиот регион Касерте купувале новороденчиња од бугарски жени, кои биле префрлани во Италија во осмиот месец од бременоста. Три лица, брачна двојка од Бугарија и еден Италијанец, се уапсени во истрагата што ја шокираше италијанската јавност.
На снимените телефонски разговори може да се слушне некоја жена која прашува: "Во која фаза сте сега?" и одговор од друга жена: "Се уште нема трудови". Понатаму на снимката првата жена воздивнува и прашува: "Има ли некој друг на располагање?" Ова биле вообичаените разговори што се воделе во рамките на "супермаркетот за бебиња", бруталниот црн пазар за новороденчиња што во близина на Неапол го разоткрија италијанските карабињери, пишува "Ла стампа".

Истрагата утврдила дека млади бремени жени биле регрутирани во Бугарија, а нивните бебиња им се продавале по 20 илјади евра на двојки без деца. По раѓањето на детето, "таткото" ќе му кажел на матичарот дека детето е плод на негова вонбрачна врска, која сопругата му ја простила, со некоја девојка од Бугарија. Истрагата започнала во 2009 година кога полицијата почнала да анализира список од 20 деца чии татковци биле Италијанци, а мајките Бугарки. Прво било забележано дека истиот број на мобилен телефон бил впишан како "контакт на роднините" во изводите од матичната книга на родени во два различни случаја.

http://vecer.com.mk/?ItemID=1A84E9DDD410...94E01CF6AD
Без Ботев няма България
16-04-2012, 06:13 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Сликата от статията е от гей парада в София .

Ќе стане ли ветото средство за уцена од СофиЈа

Бугарија ни ѕвечка со грчко оружје


Ако идејата за развивање нова политика кон Бугарите што живеат во Македонија, Србија, Молдавија и во Украина е личен став на потпретседателката на Бугарија, тогаш бугарскиот премиер треба да се огради, вели поранешниот министер Слободан Чашуле

Потпретседателката на Бугарија, Маргарита Попова, пред неколку дена од Босилеград ~ се закани на Србија дека нема да стане членка на Европската унија додека не го реши прашањето на бугарското малцинство. Бугарските медиуми ја пренесоа изјавата на Попова, која навестила дека Софија ќе го употреби правото на вето во Унијата за да обезбеди почитување на правата на бугарската заедница во Србија.

Според медиумите во Бугарија, од јануари, кога ја презеде функцијата потпретседател на државата, Попова повеќепати зборувала за развивање нова политика кон Бугарите што живеат во странство, вклучувајќи ги бугарските заедници во Македонија, Србија, Молдавија и во Украина.

Станува ли Бугарија нова Грција во Унијата заканувајќи се со вето, во случајов кон Србија, иако претходно бугарски политичари не се воздржуваа од закани и кон Македонија?

Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле е категоричен.

- Да, станува, и тоа на еден непристоен начин. Но тешко дека Бугарија ќе ја промовира оваа политика. Не го признава македонското малцинство, ама не може да ги игнорира сите. Пред да почне да гледа во туѓиот двор, Софија треба да погледне кај себе – порачува Чашуле.

Според Чашуле, преседанот со ваквите закани во ЕУ ~ припаѓа на Грција, која, иако во дефицит од чесност и пари, всушност ја посрами Унијата со тоа што токму нејзиниот преседан се користи и од други членки.

Заканите и блокадите во ЕУ, освен Грција кон Македонија, веќе ги искористија и Словенија, Унгарија, Романија и Бугарија. Сите тие ја искористија позицијата во која се најдоа, но Чашуле предупредува дека домино-ефектот предизвикан од блокадата на Грција кон Македонија сериозно ги загрозува темелните вредности на Унијата.

- Во случајов Бугарија го злоупотребува преседанот од Грција, која веќе го воведе како правило - додава тој.

По изјавата на Попова во Босилеград, во некои бугарски медиуми објавена под наслов „Попова го бламира Борисов“, изостана каков било официјален коментар од Софија.

Од бугарското министерство за надворешни работи вчера официјално одговорија дека нема промена во бугарскиот став околу интеграцијата на Србија во ЕУ повикувајќи се на претходни изјави на министерот за надворешни Николај Младенов, но и на премиерот Бојко Борисов дека Бугарија ја поддржува интеграцијата на Србија.

Извори од Бугарија велат дека очигледно станува збор за став на Попова, а не на државата и на бугарските институции. Според нив, оваа изјава на Попова не е поврзана со Македонија и била дадена пред бугарското малцинство.

Но поранешниот шеф на дипломатијата, Чашуле, има поинаков став. Според него, секоја изјава на политичар е обврзувачка за државата ако не се огради од неа.

- Премиерот треба да даде изјава дека се оградува од ваквиот став – вели Чашуле.

Жана П. Божиновска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=EBDB8C380D...97365DC1D0
Без Ботев няма България
19-04-2012, 05:17 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Им се нудат бугарски државјанства, стипендии и други поволности


Бугарија ги купува и Гораните во Косово и во Албанија!



Бугарите, во придружба на адвокат, се обидуваат да ги убедат Гораните дека е многу корисно да добијат бугарско државјанство, вклучувајќи го и можното вработување во земјите на ЕУ, како и бесплатното школување во Софија и Пловдив


Бугарија ги интензивира напорите да обезбеди државјанства, стипендии за школување и други поволности за сиромашната заедница на Горани во Косово и Албанија, но критичарите велат дека државата го злоупотребува својот статус на земја-членка на ЕУ за да оди напред во својата долготрајна политика на асимилација на другите етникуми, пишува "СЕТајмс".

Гораните, од кои повеќето се муслимани и се идентификуваат како Македонци, живеат во 18 села во регионот Гора, како и во енклавите Жупа и Преспа на територијата на албанско-македонско-косовската граница.

"Тие (бугарските претставници) вообичаено доаѓаат на секои неколку месеци. Ги очекуваме следниот пат да дојдат во Гора на почетокот на мај", рече Авнија Рахте, претседател на Македонско-горанската асоцијација. Рахте објаснува дека Бугарите, во придружба на адвокат, се обидуваат да ги убедат Гораните дека е многу корисно да добијат бугарско државјанство, вклучувајќи го и можното вработување во земјите на ЕУ, како и бесплатното школување во Софија и Пловдив.

Се што требаат Гораните да направат е да потпишат документ со кој изјавуваат дека се со бугарско потекло и дека се Бугари, вели тој. Бугарскиот устав дозволува опција-поединци да добијат бугарско државјанство преку административна процедура", востановена со законот за државјанство.

Агенцијата за Бугарите во странство, која ги организира посетите, во 2010 издала стратешки документ на својата веб страница, објаснувајќи дека политиката има за цел да ги обедини сите Бугари во регионот и да го подигне опаднатиот степен на прираст кај населението.

Речиси 1.500 граѓани на Гора, Жупа и Преспа добиле бугарско државјанство", рече за "СЕТајмс" Гзим Курти, претседател на асоцијацијата на Бугари во Албанија. Од друга страна, експерти од Косово велат дека бугарската заедница таму не постоела се до неодамна, откако неколкумина Горани зеле бугарско државјанство.

Бугарија продолжува да ја користи својата политика на асимилација започната од 19-иот век....Овој пат, тоа го прави со пасош-политиката" која подразбира и материјална корист, со што се привлекуваат најсиромашните балкански етникуми...", вели Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес .

http://vecer.com.mk/?ItemID=F3C1F037B21D...0D994AA84F
Без Ботев няма България
20-04-2012, 05:33 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9


Во фокусот
Датум: 20.04.2012, 19:45

В НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ЧЕСТВУВА ЈАНЕ САНДАНСKИ

Македонците ќе завијат оро во Мелник


Чествување за годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер Јане Сандански во Мелник, Бугарија, ќе има, потврдија вчера од ОМО „Илинден“ - ПИРИН. Стојко Стојков, еден од лидерите на партијата, вчера ни изјави дека с` е подготвено на 22 април (недела), денот кога загинал Сандански, во Мелник достојно да се одбележи тој ден.

- Митингот е пријавен и бидејќи немаше негативен одговор, тоа значи дека собирот може да се одржи - додаде Стојков.

Планиран е општонароден собир во Мелник, а делегација ќе положи и цвеќе на грбот на Сандански во дворот на Роженскиот манастир.

Чествувањата за Сандански честопати беа проследени со провокации и инциденти во кои беа вклучени главно припадниците на бугарското ВМРО. Пред десетина години забраната за одржување манифестации во чест на Сандански беше редовна појава, а кога ќе имаше собири тие главно беа под силно полициско обезбедување, при што се употребуваше и прекумерна сила. Работите се сменија откако Македонците во Бугарија добија неколку случаи во Судот за човекови права во Стразбур. Но иако Софија ја избегнува практиката да забранува собири на Македонците, сепак, остана атмосферата на притисоци, но и спречувањето македонски новинарски екипи да ги следат случувањата во Мелник и на Рожен. Ова прашање неодамна во Софија го отвори и регионалната организација за медиуми СЕЕМО. Организацијата добила одговор од бугарското МВР дека сите странски новинари што сакаат да известуваат од Бугарија, па дури да станува збор и за еден настан како што е собирот во Мелник, на пример, мора за тоа да добијат привремена акредитација.

„Без акредитација од МНР не е можно кој било странски новинар да влезе во Бугарија и да покрива различни настани. Во вашиот случај, местото каде што се аплицира за акредитација е амбасадата во Скопје“, е одговорот на МВР до СЕЕМО.

Во минатата година европска Бугарија спушти рампа за екипата на „Дневник“, на која на граничниот премин кај струмичко Ново Село не ~ беше дозволено да помине со образложение дека нема оправдување за причината поради која сака да влезе во земјата. Дозвола за влез во Бугарија не доби и телевизијата „Kанал 5“. (Х.И.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=010CF897BF...046DD397D5[/u]
Без Ботев няма България
(This post was last modified: 21-04-2012, 06:08 AM by Топорчо.)
21-04-2012, 06:07 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарски весник предлага превентивна поделба на Македонија

Република Македонија е од клучно значење за стабилноста на целиот регион, а нејзината дестабилизација би можела да биде најдобар начин да се активира меѓународна војна која за половина час ќе распали во Албанија, Косово, Србија, Бугарија, Грција, Романија и Турција, пишува бугарскиот весник Новините.

Затоа мора да се најде решение што може да гарантира трајна стабилност во Македонија. За да се зачува мирот и да се избегне ново хорор сценарио на Балканот, потребно е да се разгледаат сите опции, а најодржливо решение, според специјалниот извештај на бугарскиот весник Новините, е превентивна поделба на Македонија.

Весникот пишува дека иако беше избегната граѓанската војна во Македонија во 2001, етничките тензии тлееле, а сега ги разгоре петкратното убиство кај Смилковци и етничките Албанци и Македонци сега навистина се мразат меѓу себе.

Од т.н. превентивна поделба на Македонија корист ќе имаат сите, Албанците ќе ги задоволат своите големо-албански идеи, а Македонците ќе изгубат помал дел доколку етничките Албанци се одделат сега, отколку за една до две децении бидејќи нивниот наталитет рапидно расте.

- Факт е дека многу од етничките Албанци во Македонија кои од културни причини имаат многу повисок раст на населението од македонските Словени - изгледа дека живеат со уверувањето дека за 20, 15, или дури и 10 години тие ќе бидат во позиција да бараат федерализација на Македонија, па дури и нивен дел во повеќе од половина од земјата.

Оваа идеја е засилена не само од страна на нивниот висок наталитет туку и од фактот дека етничкото албанско население во Македонија е географски концентрирано во западниот и северниот дел на земјата, и многу блиску до преседанот на Косовското отцепување од Србија со поддршката од Запад.

Редакцијата на Новините се оградува од интересите на Бугарија со поделбата на Македонија. Аргументираат дека спречувањето на кризата на Балканот е од интерес на сите.

Весна Ќуксановиќ

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedoni...makedonija
Без Ботев няма България
22-04-2012, 05:38 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

От анализ публикуван в интернет портал ( точно така портал - няма такъв вестник ) говорителят на власта Латас и Вечер стигат до следното заключение

ДЕСЕТ ГОДИНИ ПО ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ, И БУГАРИЈА БАРА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА


Со "превентивна поделба" на Македонија до "Швајцарија на Балканот"?!


Од т.н. "превентивна поделба" на Македонија корист ќе имаат сите. Албанците ќе ги задоволат своите "големоалбански идеи", а Македонците ќе изгубат помал дел доколку етничките Албанци се одделат сега, отколку за една-две децении, бидејќи нивниот наталитет рапидно расте, констатира авторот Иван Диков во бугарскиот весник "Новините"


Подобро е Македонија да се подели сега, отколку подоцна да се случи катастрофа. Бугарскиот весник Новините" излезе со апсурдно решение како да се уредат односите на Балканот. Согласувајќи се дека Република Македонија е од клучно значење за стабилноста на целиот регион, а нејзината дестабилизација би можела да биде најдобар" начин да се активира меѓународна војна која за половина час ќе распали во Албанија, Косово, Србија, Бугарија, Грција, Романија и Турција, констатира дека мора да се најде решение што може да гарантира трајна стабилност во Македонија. За да се зачува мирот и да се избегне ново хорор-сценарио на Балканот, потребно е да се разгледаат сите опции, а најодржливо решение, според специјалниот извештај на бугарскиот весник Новините", е превентивна поделба" на Македонија.

Весникот пишува дека иако беше избегната граѓанската војна во Македонија во 2001, етничките тензии тлееле, а сега ги разгоре петкратното убиство кај Смиљковци. Етничките Албанци и Македонци сега навистина се мразат меѓу себе. Од т.н. превентивна поделба" на Македонија корист ќе имаат сите. Албанците ќе ги задоволат своите големоалбански идеи", а Македонците ќе изгубат помал дел доколку етничките Албанци се одделат сега, отколку за една до две децении, бидејќи нивниот наталитет рапидно расте. Во текстот се забележува и дека никој не знае точно колку етнички Албанци живеат во Македонија денес, откако меѓуетничките тензии ефективно го уништија планираниот попис во земјата во октомври 2011 година.

- Факт е дека многу од етничките Албанци во Македонија (како и многу од оние во Косово, Албанија и на други места) - кои од културни причини имаат многу повисок раст на населението од македонските Словени - изгледа дека живеат со уверувањето дека за 20, 15, или дури и 10 години тие ќе бидат во позиција да бараат федерализација на Македонија, па дури и нивен дел во повеќе од половина од земјата (западно од реката Вардар, а можеби и пошироко). Оваа идеја е засилена не само од страна на нивниот висок наталитет туку и од фактот дека етничкото албанско население во Македонија е географски концентрирано во западниот и северниот дел на земјата, и многу блиску до преседанот на косовското отцепување од Србија со поддршката од запад. Независноста на Косово навистина им изгледа толку инспиративно на Албанците во Македонија, што тие речиси не земаат предвид дека режимот на Милошевиќ во Србија во 1999 година му беше непријател на западот, а Македонија денес не е, се вели во извештајот на Новините".


Мнозинство на етнички групи во Македонија по општини

Според весникот, превентивната поделба на Македонија, гледано рационално, е најдобро од сите лоши решенија. За жал, сонот за Швајцарија на Балканот, која се појави како сон на балканските интелектуалци во 19 век, никогаш не се реализира, и се чини не е воопшто блиску, дури ниту со проспектите за ЕУ интеграција, се вели во коментарот.


Лојалноста на Албанците под знак прашалник
Сепак, опциите за поделба и федерализација на Македонија отвораат две прашања од милион долари, коментира весникот. Прво, како да се гарантира дека етничките Албанци веќе се доближиле до една третина од двемилионското население и граничејќи се со другите етнички Албанци на запад и север ќе бидат лојални граѓани на Република Македонија, која сама по себе била дизајнирана како држава на различни нации (т.е. македонскиот народ е измислен од страна на комунистичка Југославија во 1943-44, а пред тоа се сметал за дел од бугарскиот народ)? И второ, зошто етничките Албанци, чиј број рапидно расте, би останале лојални граѓани на Република Македонија, особено по примерот на косовските Албанци, кои добија меѓународно призната независност со помош од земјите од западот, само 9 години по вооружениот бунт (1999 -2008)?


Мапа на Голема Албанија, како што тврдат албанските националисти. Тврдењата врз основа на етничката припадност очигледно се претерани, бидејќи вклучуваат и региони со дури сосема мал процент на албанско етничко население, констатира "Новините"

Македонија не смее да стане уште една Босна или Косово и поради тоа веројатно најдобро решение ќе биде ако македонските Словени и етничките Албанци седнат мирно и се договорат за фер решение за разделба едни со други. Според извештајот поблага верзија на превентивната поделба" на Македонија може да биде создавање на конфедерација, но тоа исто така нема да го реши главниот проблем - фактот дека етничките Албанци се чини дека немаат верност кон македонската национална држава.


Интересите на Бугарија
Редакцијата на Новините се оградува од интересите на Бугарија со поделбата на Македонија. Аргументираат дека спречувањето на кризата на Балканот е од интерес на сите.
- На разочарување на гласните "македонисти" (т.е. на поборниците на доктрината на одделен и посебен македонски народ) во Скопје, денес Бугарија нема интерес да апсорбира или на друг начин да доминира со Македонија или делови од неа. Она што некогаш беше неприкосновен дел од бугарската нација, денес веќе не е. Всушност, постои растечко незадоволство во Бугарија кон Македонците кои земаат бугарски пасоши, тврдејќи дека имаат бугарско потекло, а потоа не ја почитуваат Бугарија.

Понатаму, Бугарија нема интерес за споделување на границата со етничките албански држави на Балканот, бидејќи тоа ќе ја стави во геополитички клешти меѓу Албанците на запад и Турција на исток. На Бугарија и е потребна стабилна и силна македонска држава да дејствува како амортизер, држава која ќе биде отворена за економската соработка, но сигурно не држава која би можела однатре на експлодира, вели авторот Иван Диков во извештајот за Новините".
Во анализата се вели дека доделувањето поголеми концесии и повеќе права на етничките Албанци, кои се уште технички се малцинство (иако тие сочинуваат повеќе од 90% од населението во многу општини во Западна Македонија), како што е прогласувањето на албанскиот јазик за втор службен јазик во целата земја, ќе биде двојно контрапродуктивно. Прво, тоа ќе го засили апетитот на воинствените албански групации и лидери за поголема барања. Второ, тоа ќе ги направи словенските Македонци нетрпеливо лути. Од тој момент натаму отворен конфликт би бил само прашање на време.

На крајот на својата анализа авторот констатира дека состојбата во Македонија најверојатно ќе биде закрпена уште еднаш. Западните земји ќе притиснат за мир и тишина, владата на Никола Груевски ќе успее да ја одржи земјата цела. Но, ваквото одложување за источниот сосед не е решение, и ништо од тоа не претскажувало никакво добро.
За поделба на Македонија се залагаше и експремиерот Љубчо Георгиевски, предлагајќи промена на границите и размена на население на територијата на земјата.

http://vecer.com.mk/?ItemID=B37DACFC4C9E...594B7B82C8

Без Ботев няма България
23-04-2012, 08:11 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9


Во фокусот
Датум: 22.04.2012, 18:02

македонци од бугариЈа, грциЈа и од македониЈа

Заедничко оро во Мелник


Во најдобар ред, со многу смеа, играње и веселба помина вчера чествувањето на годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер Јане Сандански, кое се одржа во Мелник, Бугарија. На собирот присуствувале околу 600 луѓе, меѓу кои и ученици од Велес кои во Мелник пристигнале со три автобуси.

- Чествувањето помина прекрасно. Немавме никакви проблеми. Дојдоа ученици од Велес и фолклорна група од триесетина члена од Солун. Сите заедно игравме и се веселевме на општонароден собир - изјави Стојан Георгиев од ОМО „Илинден“-ПИРИН.

Делегација положила свежо цвеќе на гробот на револуционерот Сандански во дворот на Рожденскиот манастир.

Во претходните години често се случуваше да има проблеми, провокации и инциденти при чествувањето на годишнината од загинувањето на Сандански. Пред десетина години источниот сосед воопшто не дозволуваше да се изврши вакво чествување, но ситуацијата се смени откако Македонците од Бугарија добија неколку пресуди во своја корист од Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

(С.Х.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CFFAD2286C...CB1906C343
Без Ботев няма България
23-04-2012, 04:52 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ИЗВЕШТАЈ НА ЦЕНТАРОТ ЗА ПРОУЧУВАЊЕ НА ДЕМОKРАТИЈАТА

И бугарските криминалци профитираат од ЕУ


Членството во Унијата значи нови можности за стопанството и за граѓаните на новите земји-членки. Во случајот со Бугарија овие можности очигледно важат и за нелегалните работи и за црниот пазар

Една од трајно замаглените идеи за членството во Европската унија е дека заедницата поттикнува просперитет и ги зголемува можностите за новите земји-членки, за нивното стопанство, за компаниите и за граѓаните. Во анализата на тинк-тенк организацијата „Транзишнс онлајн“ се наведува дека без оглед колку оваа идеја го поттикнува законски регулираното стопанство, во Бугарија таа идеја важи и за криминалните активности.

Иако се проценува дека организираниот криминал опфаќа многу помал процент од бруто-националниот производ на државата отколку пред пристапувањето во Унијата, некои криминални активности забележаа корист од членството или дури биле поттикнати на зајакнување поради приближување на државата кон Западот. Затајувањето ДДВ, проневерите во трговијата со нафтени деривати и нелегалната продажба на цигари рапидно порасна откако Бугарија стана членка на Унијата во 2007 година. Тоа можеби и не е изненадување, но во некоја рака звучи иронично, со оглед на постојаниот притисок од Брисел врз бугарската влада да ја засили борбата против организираниот криминал и корупцијата, на кои всушност им беше овозможено да се развиваат.

Цигарите и нафтата на црно најисплатливи

„Во Бугарија од 2007 година и со влегувањето во ЕУ се отвори широк спектар на нови можности за криминалците од типот на даночни казниви дела, па дел од криминалната мрежа својот фокус го помести кон нови нелегални активности“, пишува во извештајот на Центарот за проучување на демократијата.

Според овој извештај, губитокот, кој произлезе од затајувањето ДДВ на меѓународни програми, се зголемил повеќе од двојно, односно од осум отсто, колку што бил во 2006, се зголемил на 19 отсто во 2009 година. Преку овие програми, трговците, на пример, можеле да лажираат податоци за извоз, за кој патем не се плаќа ДДВ, потоа да земаат даночни кредити за своите трошоци поврзани со продажбата, како и да продаваат стока која не е документирана на домашниот пазар. Или, пак, на пример, можеле лажно да прикажуваат поголем износ на извоз за да добијат даночни олеснувања.

Повикувајќи се на процени на меѓународни нафтени компании, во извештајот како еден случај се наведува нелегалната продажба на енергенти кои претставуваат од 20 до 40 отсто од вкупниот пазар, а кои вредат меѓу 800 милиони и 1,8 милијарда евра. Иако во извештајот не се прикажани ефектите пред и по влезот во ЕУ, авторите наведуваат дека трошоците и данокот во Бугарија на ниво на Унијата во комбинација со растечките цени на нафтата, го направија производот доволно скап за да се поттикне побарувачката за нелегални извори на гориво.

Нешто слично се случило со нелегалната продажба на цигари. По порастот на трошоците, во извештајот се наведува дека „цигарите во Бугарија во релативна смисла станаа најскапи во Европската унија“. Нелегалниот пазар се проценува на 30 до 40 отсто од сите продадени цигари, во вредност од 250 милиони евра.

Се проценува дека во Бугарија дневно се продаваат околу 500 илјади кутии нелегални цигари. Со оглед дека данокот на тутунските производи претставува околу 10 отсто од буџетските приходи (во споредба со околу 1,4 отсто во многу други членки на Унијата), овој нелегален пазар претставува сериозна закана за државните финансии.

Извештајот завршува со предупредувањето дека економските превирања во соседна Грција ќе поттикнат уште поголема побарувачка за дополнителна нелегална продажба на тутунски производи и на нафтени деривати.

Нелегални пари за цели смени цариници

Сепак, очигледно е дека членството во ЕУ само по себе не ги поттикнува овие трендови. Напротив, таквата статистика и тие показатели се значително помали од многу други во некои членки на Унијата. Сите тие нелегални пазари се потпираат на големата корупција, која многу ~ штети на државата.

„Во некои случаи цели смени на царински службеници, полициски службеници од повеќе нивоа добиле дополнителни месечни исплати од нелегална трговија со тутунски производи“, се додава во извештајот.

Истовремено продолжува цветањето на култот на олигарсите во Бугарија, но и во цела Источна Европа, кои ги контролираат легалните бизниси.

„Тие може да бидат директно вклучени во криминалните активности (ДДВ и проневери) и да се потпрат на незаконското лобирање и корупција“, пишуваат авторите, наведувајќи дека во некои општини организираните криминални водачи или формирале свои политички партии или успеале да станат членови на локални општински совети. Ваквите политички кариери потоа се користат за влијание врз трговијата, влијание врз локалните законодавци, законот или судството, како и за манипулација со јавните понуди.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B19E93ECE5...911B3119AC[/i]
Без Ботев няма България
23-04-2012, 04:54 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

KРИСТИЈАН ВИГЕНИН, БУГАРСKИ ЕВРОПАРЛАМЕНТАРЕЦ

Бугарското вето за соседите е како нуклеарна бомба


Заканите на потпретседателката Попова дека ќе го блокираат зачленувањето на соседите во ЕУ треба да се сфатат повеќе како нејзино лично мислење, а не како државна политика на Софија. Евентуалниот таков потег, според Вигенин, може да се спореди со нуклеарна бомба во односите со соседите

Бугарската влада не ја ревидира и не ја менува досегашната политика кон бугарските малцинства во другите држави, но добива загрижувачки сигнали во однос на состојбата на Бугарите во Македонија, вели бугарскиот европратеник Kристијан Вигенин за „Дневник“. Kоментирајќи ја последната изјава на бугарската потпретседателка Маргарита Попова дека Србија нема да стане членка на ЕУ додека не го реши прашањето на бугарското малцинство и дека треба да се развива нова политика кон Бугарите што живеат во странство, вклучувајќи ги бугарските заедници во Македонија, Србија, Молдавија и во Украина, Вигенин смета дека ваквите прашања се решаваат со дијалог меѓу земјите, а не со закани и ултиматуми.

- Потпретседателката Попова е добар правник, но нејзините познавања во областа на надворешната политика се ограничени и сигурно ќе треба време за целосно извршување на функцијата потпретседател на Бугарија. Не сум информиран за иницијативи на владата или претседателот поврзани со ревизија на досегашната политика кон бугарските малцинства – вели Вигенин.

Загрижувачки сигнали

Тој додава дека заканите на Попова со блокирање на членството во ЕУ треба да се сфатат повеќе како нејзино лично мислење, а не како државна политика на Софија. Евентуалниот таков потег, според Вигенин, може да се спореди со нуклеарна бомба во односите со соседите и за него не треба да се зборува ако не се исцрпени сите други можности.

Но тој смета дека состојбата со бугарското малцинство во Македонија е директно поврзана со способноста на Македонија да одговори на основните барања за секоја земја-кандидатка за членство во ЕУ.

- Во однос на Бугарите во Македонија, до нас доаѓаат неколку загрижувачки сигнали и ние ќе продолжиме да работиме на таа тема – вели Вигенин.

Сепак, тој смета дека Бугарија треба да прави многу повеќе за заштита на своите права, за зачувување на јазикот и на културниот идентитет. Според Вигенин, ништо не е направено и за промовирање бугарски инвестиции во областите во кои живеат, недоволно интензивни се врските на тоа бугарското малцинство со Бугарија, а тоа може да се подобри со конкретни активности и со дијалог меѓу државите, а не со закани и ултиматуми или слични активности кои може лошо да влијаат на работите.

Бугарите пишуваат петиции

Дека Бугарија не прави доволно, смета и Владимир Перев, Бугарин од Македонија и член на Здружението на Бугари. Тој вели дека изјавата на потпретседателката Попова била обмислена бидејќи Бугарите во земјава имаат многу забелешки за состојбата во која се наоѓаат.

- Бугарите не се споменати во Уставот на Македонија, никој не ги признава. Тоа се луѓе кои јасно се изјасниле дека се Бугари, но се соочуваат со игнорантски однос – објаснува Перев.

Тој реагира дека се води таква политика така што Бугарите се плашат да проговорат, а во Софија никој не реагира.

За своите проблеми и состојба Бугарите во Македонија напишале неколку петиции кои поранешниот бугарски амбасадор во земјава, Михо Михов, ги проследил во Софија, но оттаму не стигнал никаков одговор.

Жана П. Божиновска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0033EB30FF...F802B0EDF0
Без Ботев няма България
25-04-2012, 05:07 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Романија и Бугарија делат државјанства на Молдавци и Македонци

Бугарија интензивно работи да привлече што повеќе Македонци кои ќе го „признаат“ своето бугарско потекло и да земат бугарско државјанство, Романија го спроведува истото во Молдавија.


Според бугарските медиуми, романските власти тоа го прават далеку поуспешно од Бугарите. Романија ја надмина Бугарија во бројот на лица кои ги натурализира, а кои потекнуваат од земјите кои се нејзини соседи.

Повеќе од 220.000 Молдавци земале романско државјанство во последните две децении по падот на Советскиот сојуз.

За споредба, пишува „Новините“, Бугарија издала државјанства на само 42.372 Македонци во периодот од 1991 до 2011 година, најголем дел од нив, 35.808 Македонци, зеле бугарско државјанство по 2002 година. /www.kanal5.com.mk

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mI...ntId=90456
Без Ботев няма България
25-04-2012, 05:17 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Софија побугарчила 42 илјади Македонци

Вкупно 42.372 Македонци добиле бугарско државјанство во последните 20 години, а огромното мнозинство од нив, 35.808, само во периодот од 2002 до 2011 година, објавија бугарските медиуми.

Според информациите во медиумите, од вкупно два милиона жители на Македонија, право да бараат бугарско државјанство врз основа на бугарско потекло имаат 1,3 милион, како што ги нарекуваат Славомакедонци. За фронтмен во бугарската иницијатива за натурализирање на Македонци се смета поранешниот министер за Бугарите во странство, Божидар Димитров. Во времето на неговото министерување, во 2010 година бугарско државјанство добиле рекордни 15.000 Македонци, во споредба со претходната 2009 кога нивниот број изнесувал 9.000 или во 2008 кога биле доделени 7.113 бугарски државјанства на Македонци.

Бугарската агенција „Новините“ јави дека, сепак, Романија ја надминала Бугарија по бројот на натурализирани граѓани од етнички најблиските соседи. Според агенцијата, за две децении, романско државјанство добиле над 220.000 Молдавци, а бројката во блиска иднина може да се зголеми за 60.000-80.000 лица.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E12F64371F...A267149A95
Без Ботев няма България
26-04-2012, 05:14 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Митрополит Петар: МПЦ никогаш не била бугарска

Охридската Ариепископија никогаш не била во Бугарија и затоа не може да се врати под крилото на бугарското православие. Оваа изјава на митрополитот преспанско пелагониски Петар ја пренесува верската информативна агенција, а е одговор на сугестиите на Бугарија дека МПЦ треба да се врати во бугарското православие, бидејќи тоа е мајката, а не Белград.

[Митрополит Петар: МПЦ никогаш не била бугарска]

- Такво нешто никогаш нема да се случи, бидејќи Охридската Архиепископија чија традиција ја продолжува МПЦ никогаш не била во Бугарија. Таа во првите векови на христијанството била територија на автокефалната црква Јустинијана прима со седиште во Скопје, изјавил владиката Петар. Дека охридската архиепископија не била бугарска докажува и фактот дека истовремено постоела и паралелна бугарска црква, додава митрополитот во изјавата која ја пренесува и српската државна телевизија. Според него признавањето на автокефалност на МПЦ е само политички прашање кое зависи од решавањето на спорот меѓу Атина и Скопје околу уставното име. /www.kanal5.com.mk

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mI...ntId=90725
Без Ботев няма България
02-05-2012, 05:17 PM
Reply