Бугарска политика
Пишува: Драган П. ЛАТАС
Во Софија, пред некој ден, е уапсен Јулијан Ковачки, затоа што запалил 25 автомобили. Неколку дена претходно, е уапсен друг Бугарин, кој запалил 12 други возила. Сума сумарум, само во Софија, за еден месец биле запалени 45 автомобили, а годинава најмалку 150 коли ја имале таа судбина.
За што се работи.
Според бугарските новинари палењето е планско. Со намера, и за добивка, секако. Организатори на палењето автомобили, според нив, се најверојатно дилерите, мафијата која тргува со стари и украдени коли. Пазарот се намалил, на ним им пропаѓа бизнисот, и за мали пари наоѓаат наркомани и ситни шверцери кои, за нивни потреби, ќе ги запалат колите.
После, се знае. Мора да се купи нова кола на место од запалената. И ете нова шанса за бизнисот.
Мене особено ме импресионираа опозиционерите од Софија. Според нив, палењето, демек, било симболичен политички револт против премиерот Бојко Борисов. Тој, некогаш, бил пожарникар па сега незадоволниот народ, на тој начин, сакал да му укаже дека е време за вонредни избори, и негова оставка.
Има тука симболика. Ама не таа. Поинаква.
Колку пати Црвенковски бил фатен во обид да подметне пожар, политички пожар, за да се спаси себеси во својот бизнис? Од повик кон Албанците да го урнат Груевски, и исфрлат Ахмети... секако не со молење, туку со тепање... до поттик кон Грците дека се во право за тоа што Груевски ги нервирал со Александар Македонски и антиквизацијата... па се до налог невладиниот сектор да излезел на улици, на мерење мускули со полицијата, за да се урнела владата, и потоа тој да бил власт... последниот пример, кога ги стави во пироманска машина Велија и новинарите од А1 за свои потреби, а после ги пушти низ вода, е само потврда на претходното.
Тоа е бугарска, пироманска политика. СДСМ само ја применил. Ако не можеш да го продадеш своето жито, запали им ги нивите на другите, па после побарувачката сама ќе ти дојде пред врата.
И неговите, не од партијата, него неговите околу него го поддржуваат во тоа. Што е нормално. Он ги створил за они да му климаат со глава. Не за друго.
На СДСМ не му оди. И тоа во долга серија порази, кои би натерале на размислување секого, освен нив. Само Црвенковски од СДСМ, Тома Николиќ напредњакот од Србија, и Јадранка Косор од ХДЗ загрепски сметаат дека поразите се туѓи, а само победите нивни. И кога губат, тие лично победуваат.
Тие околу него, како што е речено, мора да веруваат во таа мантра. Којзнае колку неиспукани дијаболи има во кругот на обожаватели околу Бранко.
Јани Макрадули, на пример, паметно се трансформира во ВМРО-вец. Верува дека, ако си ВМРО-вец, аутоматски си победник. Само што, онаков каков го дал Господ, а го давал на пазарен ден, кога имало фабрички попуст за фалична роба... таков каков што Господ го дал под тие околности, на Јани Макрадули толку многу му се брзало да стане победник, да стане ВМРО-вец значи, што немал време да разликува со кого од ВМРО да се поистоветува.
Па, стандардно за него, ја утна работата пак. Излезе на собраниска говорница со вмровската парола од пред равно сто години, дека раката на неговата партија била долга... па се повика и на Ванчо Михајлов, како пример за тоа. ОК, дечко, толку ти сече. Једном бандераш, увек бандераш!
Ако дошло време СДСМ-овскиот корифеј Јани Макрадули да се повикува, и следи политика на Ванчо Михајлов, мора да е тешко време за СДСМ. Ванчо Михајлов отиде во историјата како фашистички соработник, со над седумдесет порачани или извршени убиства, врз Македонци претежно. Политички.
Погрешен ВМРО-вец избрал Јани за да се запише меѓу победниците.
Да се идентификуваше барем со Влатко Ѓорчев, кој три пати го тепа СДСМ како носител на листа во изборната единица три... ќе беше поинаку. Вака...
Не е Јани Макрадули крив. Медицината е се уште несовршена наука. Он, како мал, по грешка има примено вакцина против духовитост. Се потоа е последица на медицинска грешка, за што тој не може да сноси одговорност. И, токму затоа, никој не му суди. Можат само да го сожалуваат.
Како и Радмила Шекеринска.
Да те влечат како стара крпа по избори, кои треба да ги загубиш, за Бранко да го сочува своето име од службена прибелешка за поразот... само за да те има и понатаму во политика, на телевизија, и на кафица по амбасади - е мазохизам. За нормални луѓе да, но за Радмила тоа е бизнис политика.
А тој бизнис, за пари да си спремен да јадеш туѓ ќутек, очигледно и цвета. Од каде инаку на неа асамблиња од пар иљади евра секое. Допунски ташна од каталог, плус ципела од пар стотини евра пар... она има мали приходи, а прилично големи расходи. Толку многу троши, што само Мајкрософт би можел тоа да го издржи. Секоја поврзаност на нејзината исклучително скапа гардероба, со нејзиното учество во јавните набавки за сметка на Мајкрософт, е случајност.
Можам да замислам како се чувствувале социјалдемократите, божем левата политичка опција која ги брани интересите на граѓаните, контра крупниот капитал... како се чувствувале во собраниската расправа за Топлификација.
ВМРО ја дисциплинира Топлификација, која не дава услуги за наплатените пари, и се заканува дека нема да грее, ако не и се плати максимално барана цена. На ова Груевски им стега закон по кој, ако не пуштат парно, им ја зима фирмата и го дава монополот на друг. Енде. Па ти сега курчи се и понатаму.
СеДеСето, како крап на дудинка, се фаќа на јадицата. Наместо на страна на граѓаните кои се ем ограбени, ем со ладни радијатори, решава да фати страна, отаде разумот. И, социјалдемократски, го брани крупниот капитал на Топлификација. Сред Собрание, пред камери и новинари.
Не знам кој ги праел овие од СеДеСето, ама до толку се единствени во визиите што веќе и физички си личат. Безусловно се од иста семка. Ги има толку многу вакви, што заедничкиот им татко мора да користел кинески кондоми. Со прописно поминат рок.
Ја друго, логично, објаснување немам.
http://vecer.com.mk/?ItemID=63C22907C744...AF05FBF3A4