Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#61

Владата и бара и брка инвестори



Ова се тврди во дописот на Викиликс за тендерот околу термоцентралата „Неготино“ на кој победи фирма поврзана со бугарската мафија


Додека премиерот Никола Груевски престојува во Сингапур за да лобира за странски инвестиции во Македонија, Викиликс објави допис според кој САД ваквите напори ги оценувале како „празна реторика“, откако без било каква логика бил откажан инвестициски договор од стотици милиони долари - само затоа што не победила компанијата што ја фаворизирала владата.

Во дописот од 2007 година, зад кој стои амбасадорката Жилиен Миловановиќ, се коментира одлуката на владата да го откаже тендерот за термоцентралата Неготино, откако тогашната министерка Вера Рафајловска од НСДП одбила да го потпише договорот со одбраниот конзорциум од четири компании, се' додека не достават информации за сопственоста и нивната финансиска кондиција.

Како што открива амбасадорката, САД ја предупредиле владата дека едната од компаниите во конзорциумот, Финанс инжињеринг од Бугарија, лажно тврдела дека имала мнозински американски капитал а наводниот американски мнозински акционер всушност постоел само на хартија. Уште повеќе, бирото на ФБИ во Софија известило дека и двете компании се под истрага за перење пари во Бугарија и САД, па и тоа дека Финас инжињеринг бил поврзан со бугарската мафија. Амбасадорката Миловановиќ исто така се жалела на нетранспарентноста на тендерот и на сомнителното бодување на пријавените компании со кое била исфорсирана бугарската.

Откако, и покрај притисоците од премиерот Груевски и министерот Зоран Ставрески, како што стои во дописот, Рафајловска не сакала да го потпише договорот и да биде жртвен јарец во некоја идна корупциска истрага, САД барале да се даде зделката на второрангираната американска компанија. Но, на нивно разочарување, без никакво објаснување владата преферирала да дигне раце од тендерот.

„Владата има двајца министри чија единствена работа е да привлекуваат странски инвестиции, а плаќа и непозната сума пари на меѓународни медиуми за да ги рекламира предностите од инвестирање во Македонија. Но, и покрај ваквата реторика дека сака да привлече странски инвестиции, Владата без логика го откажа инвестицискиот договор тежок стотици милиони долари. А, ова веројатно ќе беше најголема поединечна инвестиција од независноста на Македонија и ќе ја обезбедеше толку потребната електрична енергија. Не знаеме зошто владата одби да го потпише договорот со американски СЕНКАП, но веројатно скриени лични и политички загрижености надвладеале над можните бенефиции за Македонија“, стои во дописот на Миловановиќ.

Вакви поплаки неофицијално се слушаат и од германски извори, во смисла дека проблем било нивните компании да бидат третирани фер, а не пак да добијат договори. Инаку, според бугарски медиумски извори, во оваа соседна земја правилата за инвестирање станале многу порестриктивни во однос на потеклото на парите, па бугарските бизнисмени што сакаат да ги исперат парите сега се вртат кон Македонија и Србија, бидејќи овде се' уште не се проверува нивното потекло. (С.Ј.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...5B72BACF56
Без Ботев няма България
30-11-2011, 03:42 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#62

Пешевски: Коридорот 8 нема да биде автопат по целата траса


Македонија се откажува од планот за целосна реализација на патниот дел од Коридорот 8 преку модел на концесионирање - откако на последниот тендер не се јави ниту една заинтересирана компанија, јави вчера Дојче Веле,, програма на македонски јазик. Повикувајќи се на изјавата на вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, Дојче веле" објави дека под концесија најверојатно ќе се понуди патот од Кичево до Гостивар и делницата од Скопје до Блаце, кои би се граделе на ниво на автопат. За останатите делови од коридорот предвидено е да ги гради државата.

Пешевски открива дека делницата од Охрид до Кичево најверојатно ќе се гради на ниво на автопат со буџетски средства, а во источниот дел на земјата кон границата со Бугарија предвидена е реконструкција и проширување со трета лента. Поголеми интервенции ќе има од Ранковце до Крива Паланка, каде што во дел е можна и промена на трасата, но овој пат нема да се изведува на ниво на автопат, бидејќи за тоа немало економска оправданост, со оглед на протокот на возила.

Според Пешевски реализацијата на делот од Коридорот кој ќе го гради државата грубо би чинел

http://vecer.com.mk/?ItemID=E8FFF675AAB7...88556D6459

Нима някой е очаквал нещо друго Music3
Без Ботев няма България
30-11-2011, 04:01 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#63

Во Софија запалени 10 возила

Бугарската полиција соопшти дека во Софија синоќа биле запалени десет возила, во инцидентот нема повредени луѓе.


Возилата се запалени во престижниот софиски кварт „Младост“. Огнот оштетил поголем број паркирани автомобили што биле паркирани во близина.

Полицијата наведе дека никој од сопствениците на запалените возила нема криминално досие.

Тоа е друго масовно палење на возила во Софија, пред две години исто така беа запалени 10 возила, но во три различни квартови.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/balkan/v...-10-vozila
Без Ботев няма България
30-11-2011, 04:04 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#64

Во Софија запалени 10 возила

Бугарската полиција соопшти дека во Софија синоќа биле запалени десет возила, во инцидентот нема повредени луѓе.

Возилата се запалени во престижниот софиски кварт „Младост“. Огнот оштетил поголем број паркирани автомобили што биле паркирани во близина.

Полицијата наведе дека никој од сопствениците на запалените возила нема криминално досие.

Тоа е друго масовно палење на возила во Софија, пред две години исто така беа запалени 10 возила, но во три различни квартови.

http://mtv.com.mk/mk/vesti/balkan/32494/...ozila.aspx
Без Ботев няма България
30-11-2011, 04:09 PM
Reply
Филибе Offline
Member
***

Posts: 196
Joined: Jun 2010
Reputation: 9
#65

(28-11-2011, 06:40 PM)Топорчо Wrote: По неколку днево отцуство ето ме отново на източния форнт Icon_razz

Дорис Пак: Не и обрнувајте внимание на Бугарија за „Трето полувреме“

Ова го оценува германската европратеничка и претседателка на Комисијата за култура и образование на Европскиот парламент, коментирајќи ги реакциите на бугарските европратеници Евгени Кирилов, Андреј Ковачев и Станимир Илче, кои испратија протестно писмо до еврокомесарот Штефан Филе.

Не треба да не се дава големо значење на реакциите на бугарските европратеници за филмот „Трето полувреме“.

Ова го оценува германската европратеничка Дорис Пак претседателка на Комисијата за култура и образование на Европскиот парламент, коментирајќи ги реакциите на бугарските европратеници Евгени Кирилов, Андреј Ковачев и Станимир Илче, кои по повод снимањето на „Трето полувреме“ испратија протестно писмо до еврокомесарот Штефан Филе, поради неговата „наводна навредлива за Бугарија содржина, ширењето на историски манипулации и откриениот говор на омраза кон Бугарите“.

- Тоа се луѓе кои не разбраа ништо за Европа, тие треба да прекинат со тоа бидејќи што би правеле ние во Германија. Ако секогаш мораме да кажеме „не“ или да протестираме за сите филмови кои се снимаат за Третиот Рајх. Не е наместо да се реагира на ваков начин, тоа не културен начин на делување и би сакала да не им са дава големо значење на нивните реакции, вели Пак.

Бугарскиот европратеник Ковачев од редовите на Европските народни партии и демохристијани смета дека во Македонија историјата се чита „селективно“ и дека со тоа на еден начин се води антибугарска политика. Тука тој го наведува филмот „Трето полувреме“, запрашувајќи се „зошто македонските режисери не снимаат филмови посветени на српската окупација на Македонија, за затвораните на Голи Оток и за оние кои се изјаснувале како Бугари во Македонија“.

Бугарскиот европратеник тврди дека тој и неговите колеги – европратеници од Бугарија се за брзо влегување на Македонија во ЕУ, но тие не се согласуваат со тоа како се претставува нејзината историја.

- Бугарија и бугарските европратеници секогаш го искажувале мислењето дека Република Македонија треба, колку што е можно побрзо да стане дел на европското семејство, вели Ковачев.

Прашан дали Бугарија и бугарските европратеници се „навистина новата пречка за Македонија на патот кон ЕУ“, Ковачев нагласува дека Бугарија прва ја признала независноста на Македонија и дека таа нема проблеми ниту со нејзината независност, ниту со граѓаните на Македонија. Тој се надева дека во Македонија постои политичка волја за да бидат надминати некои од разликите со Бугарија.

Неговата и воздржаноста на двајцата други бугарски европратеници околу текстот на заедничкиот документ на Мешовитиот комитет ЕУ-Македонија, околу користењето на придавката „македонски“ во европските институции Ковачев, ја оправдува со спротивноста на предложениот текст со методологијата на Европската комисија и Европскиот парламент

- Ние, тројцата претставници од Бугарија, гласавме воздржани, за да не го блокираме усвојувањето на препораките на Мешовитиот комитет, бидејќи, ако ние гласавме против тогаш тие не ќе беа усвоени. Предложениот текст (по барање на македонската страна), беше во спротивност со методологијата на Европската комисија и Европскиот парламент, која се практикува од 2008 година околу некористењето на терминологијата „македонски“, вели Ковачев.

Јас и моите колеги, додава, сметаме дека не можеме да ја промениме методологија со таа препорака и на тој начин да ја критикуваме работата на Европската комисија. Тоа може да биде променето само во дијалогот меѓу Атина и Скопје и изнаоѓањето на целосно решение за проблемот со името.

На прашањето дали може да се случи официјална Бугарија да го признае постоењето на македонскиот јазик Ковачев одговори дека не би сакал да коментира за тоа кој каков јазик е. - За жал, мислењата се спротивставени од двете страни на границата. Научив дека МАНУ излезе со став дека македонскиот јазик е основата на сите словенски јазици во Европа, бугарската наука има друго мислење. Се разбира ние признаваме дека секој јазик може да се развива понатаму врз основа на регионални дијалекти, посебно кога има изолација на одредена област. Иднината е отворена и се надеваме дека ќе покажеме разбирање, но тоа нема да се случи ако нема желба за компромомиси и наметнување на една или друга теза, истакнува Ковачев.

Сакам исто така да кажам, потенцира, дека никаде не е димпломатска практика да се признаваат атрибутите на власта, а камо ли јазиците.

- Сепак најголемиот проблем е интерпретацијата на историјата... Кога се следи тоа што се случува, гледам со жалење еден национализам, кој не знам на што се должи. Убаво е да се прават монуметнтални градби и триумфални порти, да се подигаат споменици на македонските херои, но кога тие се прогласуваат само за македонски како Цар Самоил, Гоце Делчев, Даме Груев, Кирил и Методиј, не зборувам за античката историја, тоа е исклучително провокативно, и колку да сме толерантни и солидарни тогаш треба да одговориме на тие провокации, вели Ковачев.

Национализмот, посочува, никогаш не довел до ништо добро.

- Македонскиот национализам кој сега се проповеда, за жал, од нашата сестринска партија сметам дека не е правилниот европски пат, кој може по најбрз пат да ја доведе Македонија во ЕУ“, завршува бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во интервјуто за МИА.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...DA2406CF6D

Утрински вестник може и да се възприема за сериозен вестник, но спрямо България е готов на всичко! Сами преценете дали това е така - самата Дорис Пак, говори по въпроса:



Surrender
30-11-2011, 09:40 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#66

(29-11-2011, 06:23 PM)Топорчо Wrote: НАВРЕДУВАЧКИ И ПОНИЖУВАЧКИ КОМЕНТАР ЗА НЕСРЕЌНОТО ПИСМО НА БУГАРСКИТЕ ЕВРОПРАТЕНИЦИ


И Дорис Пак даде гол за македонското "Трето полувреме"


"Тоа се луѓе кои не разбраа ништо за Европа. Тие треба да прекинат со тоа, бидејќи што би правеле ние во Германија ако секогаш мораме да кажеме "не" или да протестираме за сите филмови кои се снимаат за Третиот Рајх. Не е на место да се реагира на ваков начин, тоа не е културен начин на делување и би сакала да не им се дава големо значење на нивните реакции", вели германската европратеничка


Откако портпаролот на Европската комисија го пушти низ вода писмото од бугарските европратеници за филмот "Трето полувреме", сега уште еден висок функционер додаде оган (пардон - вода) на случајот. И тоа не кој било и не како било. Лично Дорис Пак, германската европратеничка и претседателка на Комисијата за култура и образование на Европскиот парламент, ги навреди и понижи колку што може и не може нејзините колеги! Барем ВЕЧЕР смета дека оваа нејзината изјава е повеќе од навредувачка:
"Не треба да не се дава големо значење на реакциите на бугарските европратеници за филмот "Трето полувреме". Тоа се луѓе кои не разбраа ништо за Европа. Тие треба да прекинат со тоа, бидејќи што би правеле ние во Германија ако секогаш мораме да кажеме "не" или да протестираме за сите филмови кои се снимаат за Третиот Рајх. Не е на место да се реагира на ваков начин, тоа не е културен начин на делување и би сакала да не им се дава големо значење на нивните реакции", им порача Пак на европратеници Евгениј Кирилов, Андреј Ковачев и Станимир Илчев. А по ваква изјава, кога колега за колега вели дека не треба да се сфаќа сериозно, тоа веќе ја преминува границата на дипломатскиот говор и не значи ништо друго освен директен и недвосмислен погодок, или победнички гол за "Трето полувреме"!

По оваа изјава за Македонската информативна агенција, интервју дава и еден од потписниците на несреќното писмо, Ковачев, кој доаѓа од редовите на Европските народни партии и демохристијани. Тој во интервјуто смета дека во Македонија историјата се чита селективно и дека со тоа на еден начин се води антибугарска политика. Тука тој го наведува филмот "Трето полувреме", запрашувајќи се зошто македонските режисери не снимаат филмови посветени на српската окупација на Македонија, за затвораните на Голи Оток и за оние кои се изјаснувале како Бугари во Македонија.

Бугарскиот европратеник тврди дека тој и неговите колеги - европратеници од Бугарија се за брзо влегување на Македонија во ЕУ, но тие не се согласуваат со тоа како се претставува нејзината историја.

"Бугарија и бугарските европратеници секогаш го искажувале мислењето дека Република Македонија треба, колку што е можно побрзо да стане дел на европското семејство", вели Ковачев. Прашан "дали Бугарија и бугарските европратеници се навистина новата пречка за Македонија на патот кон ЕУ", Ковачев нагласува дека "Бугарија прва ја признала независноста на Македонија и дека таа нема проблеми ниту со нејзината независност ниту со граѓаните на Македонија. Тој се надева дека во Македонија постои политичка волја за да бидат надминати некои од разликите со Бугарија. Неговата и воздржаноста на двајцата други бугарски европратеници за текстот на заедничкиот документ на Мешовитиот комитет ЕУ - Македонија, за користењето на придавката македонски" во европските институции Ковачев, ја оправдува со спротивноста на предложениот текст со методологијата на Европската комисија и Европскиот парламент.

Ние, тројцата претставници од Бугарија, гласавме воздржани, за да не го блокираме усвојувањето на препораките на Мешовитиот комитет, бидејќи ако ние гласавме против, тогаш тие не ќе беа усвоени. Предложениот текст (по барање на македонската страна), беше во спротивност со методологијата на Европската комисија и Европскиот парламент, која се практикува од 2008 година околу некористењето на зборот македонски"", вели Ковачев.
"Јас и моите колеги", додава, "сметаме дека не можеме да ја промениме методологија со таа препорака и на тој начин да ја критикуваме работата на Европската комисија. Тоа може да биде променето само во дијалогот меѓу Атина и Скопје и изнаоѓањето на целосно решение за проблемот со името." (Де.Т.)

Македонските херои не се само македонски!?
Бугарскиот европратеник во интервјуто јавно говори и за најгорливите прашања меѓу Македонија и Бугарија, за кои ретко кој виден политичар се осудува да искаже јавен став.
Сепак, најголемиот проблем е интерпретацијата на историјата... Кога се следи тоа што се случува, гледам со жалење еден национализам, кој не знам на што се должи. Убаво е да се прават монументални градби и триумфални порти, да се подигаат споменици на македонските херои, но кога тие се прогласуваат само за македонски, како Цар Самоил, Гоце Делчев, Даме Груев, Кирил и Методиј, не зборувам за античката историја, тоа е исклучително провокативно, и колку да сме толерантни и солидарни тогаш треба да одговориме на тие провокации", вели Ковачев во интервјуто за МИА.

Национализмот, посочува, никогаш не довел до ништо добро. Македонскиот национализам кој сега се проповеда, за жал, од нашата сестринска партија сметам дека не е правилниот европски пат, кој може по најбрз пат да ја доведе Македонија во ЕУ", завршува бугарскиот европратеник, автор на можеби најнегираното писмо кое стигнало до Европската комисија, по што логично следи - и автор на можеби најголемиот гаф кој годинава стигнал до ЕК!

Проблем и со јазикот?
Бугарскиот европратеник Ковачев има и сопствен став за прашањето за јазикот.
За жал, мислењата се спротивставени од двете страни на границата. Научив дека МАНУ излезе со став дека македонскиот јазик е основата на сите словенски јазици во Европа, бугарската наука има друго мислење. Се разбира, ние признаваме дека секој јазик може да се развива понатаму врз основа на регионални дијалекти, посебно кога има изолација на одредена област. Иднината е отворена и се надеваме дека ќе покажеме разбирање, но тоа нема да се случи ако нема желба за компромиси и наметнување на една или друга теза", истакнува Ковачев.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=175668CB...F360B0B255


Самата Дорис Пак опроверга в специална реч изнесената информация он македонските медии.Интересното сега е дали македонските медии ще публикуват това опровержение , защото преди два дена нямаха никакъв проблем всички дружно се изхрачиха върху България
Без Ботев няма България
01-12-2011, 06:43 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#67

Дорис Пак едно към едно обвинява в лъжа македонските медии



Без Ботев няма България
01-12-2011, 10:28 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#68

Николај Младенов: Следните денови решавачки за Балканот



Следните денови ќе бидат решавачки за иднината на Балканот, оценува бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов во писмо испратено до еврокомесарот за проширување Штефан Филе, во кое нагласува дека Бугарија има намера да игра активна улога во процесите за проширување на ЕУ со земјите на Западен Балкан.

- Евентуалната пауза во процесот на проширување на ЕУ по потпишувањето на договорот за членство со Хрватска, би можела да го вовлече во застој целиот регион на Западен Балкан, смета Младенов.

Тој во писмото нагласува дека Бугарија изразува целосна поддршка на предлогот на Европската комисија за отпочнување преговори со Црна Гора за членство во ЕУ.

- Создадени се неопходните услови Црна Гора да ја преземе од Хрватска штафетата во проширувањето и да ја предводи регатата на Западиот Балкан во името на европската иднина на регионот, истакнува Младенов.

Шефот на бугарската дипломатија нагласува дека за Софија е особено важно тоа што ќе се случи во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина кој се води во Брисел.

- Неопходно е да видиме напредок во дијалогот за да може Србија да направи чекор напред на патот кон ЕУ. Се надевам дека ќе биде постигнат брз напредок во разговорите што ќе им овозможи на Советот за општи работи и на Европскиот совет следната недела на Србија да и го доделат статусот кандидат за членство во ЕУ, заклучува Младенов во писмото до Оли Рен

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...9FF6EBEE44
Без Ботев няма България
01-12-2011, 04:34 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#69



Десетици илјади Бугари вчера протестираа во главниот град Софија против најавените владини реформи на пензискиот систем



Во протестите пред бугарскиот парламент, организирани од најголеми синдикати во земјата, „Поддршка“ и КНСБ, учествуваа најмалку 30.000 лица, јави бугарската агенција БГНЕС. Демонстрантите протестираа против владините реформи со кои се зголемува старосната граница за заминување во пензија. Според актуелниот закон, возраста за пензионирање на жените е 60 години, а за мажите - 63 години. Владата, меѓутоа, предлага од 2015 година жените во пензија да заминуваат на 63 години, а мажите на 65 години.
Во државата веќе една недела протестираат вработените во презадолжените „Бугарски железници“, а три дена протестираат и фармерите, кои бараат повисоки средства од буџетот, наведува МИА.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22445
Без Ботев няма България
01-12-2011, 06:09 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#70

Бугарија најкорумпирана во ЕУ, во Данска и Финска корупцијата најмала

Бугарија е најкорумпирана земја во ЕУ и 86-та во светот, според индексот на перцепција на корупцијата во денеска објавениот Извештај на Транспаренси интернешенл (ТИ) за 2011 година.

Според истражувањето на организацијата, кое опфаќа 183 држави ширум светот за 2011 година, индексот на корупција во Бугарија е 3,3 отсто, што е помалку една година порано кога индексот изнесувал 3,6.

Од другите земји на Источна Европа, членки на ЕУ, Романија е со индекс 3,6, Словачка 4, Летонија 4,2, Чешка 4,4, Унгарија 4,6, Литванија 4,8, Полска 5,5, Словенија 5,9, и Естонија 6,4.

Во Данска и Финска корупцијата е најмала во ЕУ. Двете скандинавски земји се со индекс 9,5 и заземаат второ место во светот.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/balkan/32...jmala.aspx

Според истражувањето на Транспаренси интернешенел, корупцијата е голема и во Русија. Таа е најкорупмирана меѓу сите членки на Г-20 и се наоѓа на 143 место во светот со индекс 2,4. Најмалку корумпирана држава од Г-20 е Австралија со индекс 8,5 и го зазема шестото место во светот.
Без Ботев няма България
01-12-2011, 06:21 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#71

Во Бугарија на 600.000 фирми им се заканува затворање

Во Бугарија пред затворање се 589.803 фирми бидејќи се уште не се пререгистрирале, а законскиот рок за тоа истекува на 30 декември, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за упис.

Експертите истакнуваат дека голем број претпријатија го чекаат последниот момент, и во прилог на тоа го наведуваат и податокот дека од почетокот на годината се пререгистрирале 91.655 фирми, пишува весникот „Труд“. Во приватна сопственост се голем дел од непререгистрираните фирми, дури 480.873, и прашање е колку од нив ќе се пререгистрираат, имајќи предвид дека постојат само на хартија, а сопствениците не покренале постапка за нивно гаснење. Според законот од 1 јануари 2012 година, сите непререгистрирани приватни фирми ќе се сметаат за непостоечки.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...BE9848478D
Без Ботев няма България
02-12-2011, 03:00 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#72

Во Софија запалени уште пет возила

Во Софија синоќа се запалени уште пет возила, а полицијата се уште не ги открила сторителите.

Во текот на претходните денови во главниот град на бугарија, воглавно во квартот „Младост“ запалени се 30 возила.

Полицијата работи на утврдување на повеќе верзии зошто се палат возилата, а постои и сомнение дека зад инцидентите е војна на осигурителните компании или оти тоа е дело на пироман.

При палењето на возилата нема повредени луѓе, а постапката е иста, прво се истура специјална запалива течност во пределот на акумулаторот, а потоа се пали. ми/12:06

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...7544E1A1C1
Без Ботев няма България
02-12-2011, 03:01 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#73

И дневник се спира на същата новина

Во Софија запалени уште пет возила



Во Софија синоќа се запалени уште пет возила, а полицијата се уште не ги открила сторителите.

Во текот на претходните денови во главниот град на бугарија, воглавно во квартот „Младост“ запалени се 30 возила.

Полицијата работи на утврдување на повеќе верзии зошто се палат возилата, а постои и сомнение дека зад инцидентите е војна на осигурителните компании или оти тоа е дело на пироман.

При палењето на возилата нема повредени луѓе, а постапката е иста, прво се истура специјална запалива течност во пределот на акумулаторот, а потоа се пали.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...3740379C05
Без Ботев няма България
02-12-2011, 03:14 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#74

Ерлер: Да се искористи шансата за решение на името!



Процесот на проширување на ЕУ се политизира. Блокадата треба да се отстрани. Легитимно е да се преиспита и односот кон Македонија. Потребна е нова стратегија за проширувањето, смета Гернот Ерлер, пратеник во германскиот Бундстаг и претседател на Друштвото за Југоисточна Европа кое во Берлин организираше конференцијата за кризата во Грција.

- Европската стратегија за проширување е во криза. И покрај ветените европски перспективи, земјите од Западен Балкан најконкретно го чувствуваат синдромот на преоптовареноста на Унијата по последниве проширувања, но и негативните искуства од Бугарија и Романија кои ја активираа резервата и недовербата на старите членки на ЕУ. Сево ова, вклучувајќи ја и најновата криза на еврото и на Грција, ги поместија на неопределен рок временскиот хоризонти за наредната рунда проширување со државите од Западниот Балкан, смета Ерлер.

Тој, пренесува Дојче Веле, на овој форум ја презентира идејата за создавање нова стратегија за проширувањето на земјите од регионот, со која ќе се врати довербата и ќе се забрза процесот.

- За жал видовме дека имаше политизирање на процесот на проширувањето. Мислам конкретно на граничниот спор меѓу Словенија и Хрватска, но и на спорот меѓу Македонија и Грција, каде поради принципот на консензус, членките на ЕУ се во посилна позиција при што ваквите интереси се инструментализирани и носат несигурност во целиот процес на натамошното проширување, смета Ерлер.

Отстранувањето на блокада, според него, ќе биде многу значајно за решение на спорот за името меѓу Грција и Македонија.

- Треба да се види и кои се европските гледишта. Интересно е што Грција е во ситуација во која и треба помош. Иако ова не треба да се искористи, легитимно е околу ова прашање да се погледне и односот кон Македонија. Во моментов мислам дека со решавањето на оваа блокада, а тоа е навистина блокада, исклучително ќе се придонесе за враќање на довербата во процесот на проширувањето, при што и двете страни мора да се поместат, вели Ерлер кој се заложи за ревитализирање на Стратегијата за проширувањето на ЕУ подвлекувајќи дека за нејзино спроведување предуслов е брзото решение на евро кризата со што би се создале нови капацитети за прием.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...2A1F42ADCB

Може би като българин съм малко предубеден и търся под вола теле но напоследък в много подобни вести , които не съм публикувал така между редовете се споменама за негативните изкуства на България. Та си мисля дали някой ден няма и директно да ни обвините нас за блокирането на страните от Западия Балкан и Македония в частност

Иначе ето какво казва Меркел вчера в реч пред Бундестага

"It is important to keep in mind the problems being faced by people in Spain, Portugal and especially in Greece. We must also realize what sacrifices people are making in countries not in the euro zone, and who don't get so much attention, like the Baltic states, Bulgaria and Romania," declared the German chancellor, adding an explicit recognition to the fiscal stability of the non-euro zone countries in question:

"We often fail to realise the contribution that people in the countries I have mentioned make towards the euro being a solid, stable currency."

"Poland has always made it clear that even if it doesn't yet have the euro, it is still ready to make a great commitment," Merkel added.

Bulgaria has been praised widely for its macroeconomic stability, including the sixth lowest budget deficit and the third lowest public debt in the EU

It is also known for having the lowest taxes in the European Union. In 1997-2002, Bulgaria's currency, the lev, was pegged to the deutsche mark, and since then - to the euro.
Без Ботев няма България
(This post was last modified: 03-12-2011, 02:36 PM by Топорчо.)
03-12-2011, 02:35 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#75

190 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНОВ


Џинот го пронајде житието за свети Наум


"И почнаа нашите деца да напредуваат и плод да принесуваат и така мене сите граѓани ме извишија до небеси", вели во една од своите белешки Џинот


Меѓу богатото наследство што ни го остави македонскиот преродбеник од 19 век, Јордан Хаџи Константинов - Џинот, е и белешката во која објаснува како ги учел своите ученици и како го гледал неговиот Велес и Македонија пред два века. Таа беше дел од вчерашниот научен собир Џинот и неговото творештво", во Велес, по повод 190 години од неговото раѓање.

Јас во Велес отпрво деца кога заучив, почнав да ги учам буквар, света историја, црквена историја, оглашение вери, географија, сеобштаја историја, граматика со художнословие со дијалектика, црквена оправа, толкование све свештенописание, митологија итн. со ред, т.е. формално и сложно, и почнаа нашите деца да напредуваат и плод да принесуваат и така мене сите граѓани ме извишија до небеси", вели во една од своите белешки Џинот.

На научниот собир настапи и проф. д-р Вера Стојчевска - Антиќ, и тоа со интересни податоци.
"Покрај другите дејности Џинот го пронајде и ракописното кратко Наумово житие, кое беше непознато за јавноста. Ова житие недостасуваше во науката и преку него за свети Наум се осознаа бројни дотогаш непознати податоци. Текстот од житието Јордан Џинот го испратил во Белград, а со него и свои забелешки и други сознанија за животот и работата на свети Наум", рече проф. Антиќ.

На научниот собир со свои трудови настапија еминентни научни и културни работници кои презентираа многу интересни теми. Една од тие беше и Велес и велешани преку перото на Џинот". Сите теми од собирот ќе бидат објавени во книга. Во рамките на одбележувањето на 190-годишнината од раѓањето, Народниот театар, кој го носи неговото име и кој е организатор на научниот собир, има подготвено три, а од нив за велешани ќе одигра една претстава за Џинот.
Јордан Хаџи Константинов - Џинот е роден во Велес во 1821 година. Целиот свој живот го посветил на борбата на македонскиот народ за своја самобитност и секогаш отворено велел дека Македонците не се ниту Грци, ниту Бугари, ниту Срби, туку дека едноставно се Македонци. Наклеветен од грчките фанариоти, турските власти го испраќаат на заточеништво во Мала Азија, каде што од тортурите го губи едното око.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=09AB8C77...00E13BD1F0

Ако секогаш тоа го велел Джинот едва ли за вечер би било проблем да наведе барем един пример
Без Ботев няма България
03-12-2011, 02:44 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#76


Бугарија, Русија, Романија и други извезувале оружје во поранешна Југославија

Голем број земји меѓу се осомничени дека учествувале во шверц на оружје во поранешна Југославија, за време на конфликтите во оваа земја во текот 90-те години, покажа истражувањето на екипа словенечки новинари.

Истражувањето траело три години, а за тоа време биле анализирани илјадници официјални документи.

Според заклучоците, редица држави, меѓу кои Русија, Романија и Бугарија, активно учествувале во прекршувањето на ембаргото за продажба на оружје. Многу од овие држави имале заработка од милиони долари од продажбата на оружје и муниција на завојуваните фракции во поранешна Југославија, се посочува на сајтот ЕУОбзервер.

Според словенечките новинари, Романија, Бугарија, Полска, Украина и Русија биле извозници на оружје за време на конфликтот. „Главниот штаб“ на оваа логистичка операција била Виена, а финансиските трансакции били оспроведувани со посредништво на унгарска банка.

-Преку вакви тајни и незаконски трансакции некои лица станале исклучително богати, коментира Зденко Цепиќ, аналитичар во Институтот за современа историја во Љубљана.

Логистичките операции биле реализирани со помош на тајните служби и на мафијашки групи од Италија, Албанија и Русија

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/balkan/32...avija.aspx
Без Ботев няма България
03-12-2011, 03:28 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#77


[Во Софија запалени 30 автомобили]

Се палат автомобили во сопственост на фирми но и на поединци. Бугарскиот министер за внатрешни работи Цветан Цветанов изјави дека има осомничен за палењата кој е уапсен – јави Фокус. Тој одби да коментира повеќе за случајот, а полицијата го истражува алибито на осомничениот. /www.kanal5.com.mk

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mI...ntId=83734
Без Ботев няма България
03-12-2011, 03:35 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#78

Бугарија од извозник би можела да стане увозник на струја

Бугарија доколку не ја изгради нуклеарната централа „Белене“, од најголем извозник на струја во регионот од 2015 година, до кога се очекува затворање на големиот број стари термоцентрали на јаглен кои не ги исполнуваат строгите еколошки барања, ќе стане увозник.

Електропреносната мрежа на Бугарија, компанија која управува со мрежата за висок напон во планот за развој до 2020 година, разработи две варијанти - едната, за изградба на „Белене“ и втората, без нуклеарка.

Во случај да биде изградена втора атомска централа во земјата, Бугарија годишно ќе има вишок од 8.000 до 12.000 гигават часови струја и во тој случај неопходно е да потпише долгорочни договори за извоз со другите држави. Другата варијанта за надополнување на струја предвидува модернизација на термоцентралите и продолжување на околу 2.000 мегаватни капацитети до 2020 година.

Во Бугарија во првите девет месеци од оваа година е регистрирано зголемување на производството на електрична енергија за 9,5 отсто, а тоа зголемување за цела 2011 година ќе биде 7,5 проценти поголемо од претходната година.

Во вкупното производство на струја во Бугарија термоцентралите учествуваат со 43 проценти, хидроцентралите со 12 отсто, нуклеарката „Козлодуј“ задоволува 33 проценти од потребите, додека остатокот го надополнуваат обновливите извори на електрична енергија, главно ветерниците.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/balkan/33...truja.aspx
Без Ботев няма България
06-12-2011, 05:13 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#79

Земјоделците со трактори влегоа во Софија

Околу 170 бугарски земјоделци во текот на ноќта со своите трактори влегоа во Софија, протестирајќи заради намалувањето на аграрниот буџет и барајќи оставка од министерот за финансии Симеон Ѓанков и за земјоделие Мирослав најденов.

Во бугарската престолнина сега се наоѓаат машини тешки до четири тони, додека поголемите биле оставени на паркинзи во околината на градот.

Бугарските земјоделци своето незадоволство ќе го изразат со протестна прошетка од паркингот пред црквата Алекандар Невски, покрај Народното собрание, до седиштето на Владата, каде ќе оддржат митинг.

Во зависност од тоа дали ќе се договорат со владата протестот ќе трае до четврток, а може и подолго.

Земјоделците стапија во штрајк заради намалување на парите во бугарскиот буџет издвоен за земјоделие. Место 285 милиони евра, владата издвоила 110 милиони помалку.

Земјоделците порано бараа пари, но од тоа се откажаа и сега бараат укинување на акцизата за нафтата што ја користат во земјоделското производство, но и оставки од двајцата министри.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/balkan/33...ofija.aspx
Без Ботев няма България
06-12-2011, 05:14 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#80

Бугарија и Романија сакаат заедничка кандидатура за домаќин на ЕП во фудбал


Бугарија и Романија сакаат заедничка кандидатура за домаќин на ЕП во фудбал
Бугарија и Романија повторно ја иницираат кандидатурата за заеднички домаќин на европското првенство во фудбал во 2020 година, пишува денеска романскиот весник „Газета спортурилор“.

Весникот наведува дека за оваа цел ќе бидат неопходни четири милијарди евра.

Според Романската фудбалска федерација, со толкава сума двете земји имаат шанса во натпреварот за домаќин на првенството по девет години.

Весникот го цитира претседателот на Бугарскиот фудбалски сојуз Борислав Михајлов дека е можно во март 2012 година Романија и Бугарија и официјално да ја поднесат кандидатурата за Еуро 2020.

Михајлов објаснува дека што се однесува до Бугарија, во земјата веќе се почнати серија програми кои ја визираат изградбата на нови стадиони во Софија, Варна и Бургас.

Според него, со поддршка на владите на двете земји, проектот за заеднички домаќин може да се реализира, пишува „Газета спортурилор“.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/balkan/33...udbal.aspx
Без Ботев няма България
06-12-2011, 05:15 PM
Reply