Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#81

Битолскиот камионџија што спаси 5 бугарски патници ја продолжува херојската кариера во Бугарија

Васко Ристески, 38-годишниот македонски камионџија од битолско Егри ја продолжува херојската кариера во Бугарија. Денеска е прогласен за почесен граѓанин на поморскиот град Бургас. Во близина на Бургас во јуни храбриот камионџија успеа да спаси 5-мина патници од запален автобус.


За тоа освен почесното граѓантсво уште тогаш со посебен указ на премиерот Бојко Борисов доби бугарски документи.

Но бугарските медиуми во приказната ја свртеа познатата тема. Пред манифестацијата- прво го сликаа со новата бугарска лична карта. Објавија дека е горд со бугарскиот документ и дека сега му било многу полесно за живеење.

-Уште работам како возач на камиони. Уживам во многу повеќе привилегии сега како бугарски граѓанин, изјавил Васко Ристески за бугарскиот весник 24 часа во кој има коментар дека Македонците до првата половина на дваесетиот век биле интегрален дел од бугарската нација и дека сега од Македонија има огромна побарувачка за бугарски пасоши и државјанства.

Во Бургас Ристески беше со семејството. Уште се сеќава на тешката трагедија од 15-ти јуни. Ги чувствува последиците од неверојатната глетка на запален автобус во кој загинаа 8 луѓе. Тој успеа да спаси 5-мина.

На големиот народен празник на бугарското приморје Никулден, соседите повторно не го заборавија како што го нарекуваат „геројот од Битола“. Покрај Васко, за почесен граѓанин на Бургас е прогласен и контроверзниот Божидар Димитров, поранешен министер во владата на Борисов, а сега директор на бугарскиот Историски музеј. Постојано ги негираше Македонците, но денеска во Бургас мораше да застане во ред зад еден херој од тој народ.

Миомир Серафиновиќ

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mI...ntId=83910
Без Ботев няма България
06-12-2011, 05:18 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#82

Земјоделците со трактори влегоа во Софија

Околу 170 бугарски земјоделци во текот на ноќта со своите трактори влегоа во Софија, протестирајќи заради намалувањето на аграрниот буџет и барајќи оставка од министерот за финансии Симеон Ѓанков и за земјоделие Мирослав Најденов.

Во бугарската престолнина сега се наоѓаат машини тешки до четири тони, додека поголемите биле оставени на паркинзи во околината на градот.

Бугарските земјоделци своето незадоволство ќе го изразат со протестна прошетка од паркингот пред црквата Алекандар Невски, покрај Народното собрание, до седиштето на Владата, каде ќе оддржат митинг.

Во зависност од тоа дали ќе се договорат со владата протестот ќе трае до четврток, а може и подолго.

Земјоделците стапија во штрајк заради намалување на парите во бугарскиот буџет издвоен за земјоделие. Место 285 милиони евра, владата издвоила 110 милиони помалку.

Земјоделците порано бараа пари, но од тоа се откажаа и сега бараат укинување на акцизата за нафтата што ја користат во земјоделското производство, но и оставки од двајцата министри.

http://sitel.com.mk/dnevnik/balkan/zemjo...-vo-sofija
Без Ботев няма България
06-12-2011, 05:22 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#83

Бугарија крена раце од нафтоводот Бургас-Александруполис

Големата цена и еколошки прашања ја поттикнаа Бугарија да се откаже од изградбата на трансбалканскиот нафтовод Бургас-Александруполис, кој бил замислен како алтернатива и можност за олеснување на турските процепи Босфор и Дарданели.

Софискиот весник „Стандард“ пишува дека одлуката е донесена од финансиски причини, како и дека Бугарија во последните две години го исплатила обврзувачкиот износ во заедничкото претпријатие „Транс-Балкан Пипелајн“ од над шест милиони евра.

Одлуката е донесена само неколку дена откако бугарското Министерство за заштита на животната средина го објави официјалниот извештај за влијанието на нафтоводот на еколошката средина во областа Бургас.

Во заедничката компанија, Русија поседува 51 отсто од акциите, а Бугарија и Грција по 24,5 проценти.

Неодамна Москва објави дека проектот е замрзнат, но дека нема да се откаже бидејќи тој има одобрение од Европа.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...9D0B003869
Без Ботев няма България
07-12-2011, 07:31 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15
#84

Вигенин: Грција да и ја подотвори вратата на Македонија за членство во ЕУ



Европратеникот од Групата на Социјалистите и Демократите (С&Д) Кристиан Вигенин во писмо до грчкиот министер за надворешни работи Ставрос Димас ја повика Грција да направи гест на добра волја и да се согласи Македонија да започне преговори за членство во ЕУ по две, од вкупно 35, поглавја, а тоа се „Судска власт и основни права“ и „Правда, слобода и безбедност“, соопшти канцеларијата на Вигенин.

Повикот на бугарскиот европратеник доаѓа само еден ден пред седницата на Европскиот совет за заеднички прашања, каде се очекува да биде донесено решение за третата препорака по ред на Европската комисија од октомври оваа година Македонија да започне преговори за членство во ЕУ.

- Сметам дека во крајна сметка граѓаните на Македонија се тие кои ги чувствуваат негативните последици од блокирањето на преговорите за членство. Стравувам дека ова може да го смени односот на луѓето кон европската иднина на нивната земја и да ги намали нивните желби за реформи. Додека, пак, безизлезната ситуација која трае во спорот со името во иднина би можела да има последици и врз регионалната стабилност и безбедноста, истакна Вигенин во писмото.

Според него, компромис од страна на Грција точно во овој момент би ја зајакнал довербата во политиката на проширувањето на ЕУ и би дал позитивен сигнал до сите земји од регионот. Ваквиот чекор, исто така, би ја покажала зрелоста и можноста на земјата-членка на Унијата да даде пример за однесување.

- Верувам дека започнувањето на преговорниот процес по овие две глави ќе даде подобри можности за наоѓање решение на многу од спорните прашања во односите на Македонија со соседните земји, вклучувајќи ја и Грција, додаде Вигенин.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...0C0C8D83DD
08-12-2011, 04:32 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#85

Бугарија и Романија влегоа во потесниот буџетски круг на ЕУ

Во новата група од 23 земји-членки на ЕУ кои ја формираат таканаречената Унија на буџетска стабилност влегоа и Бугарија и Романија.

Тие две земји ја поддржаа оваа „унија“ на синоќешните преговори на шефови на држави и влади од ЕУ во Брисел, пренесуваат француски медиуми.

Спогодбата, од синоќа, треба да создаде нова група во 27-члената Европска унија, која ќе обединува 23 земји кои се приклучија кон „унијата за буџетска стабилност“, забележуваат агенциите.

Овие 23 земји ги вклучуваат 17-те членки на еврозоната (Германија, Австрија, Белгија, Кипар, Шпанија, Естонија, Финска, Франција, Ирска, Италија, Луксембург, Малта, Холандија, Португалија, Словачка и Словенија), како и шест земји надвор од еврозоната (Бугарија, Данска, Летонија, Литванија, Полска и Романија).

БАЈ ГАЊО секогаш е на погрешната страна, 09.12.2011 11:39:49
Немам коментар.

Зевзекмен, 09.12.2011 12:02:22
каде се Англија, Шведска, Чешка ??

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...A4992E4D92
Без Ботев няма България
09-12-2011, 04:08 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#86

Грци и Бугари во Македонија работеле против интересите на САД!


Имаме непотврдени информации дека елементи од Бугарската амбасада имаат блиска соработка со грчките колеги на активности кои не се во нашите интереси, е само дел од депешата која американскиот амбасадор Филип Рикер ја пратил во Стејт департментот во јули 2009 година


Одреден дел од луѓето вработени во Бугарската амбасада во Скопје тесно соработувале со грчките колеги против интересот на САД во Македонија, е информацијата која ја имал поранешниот амбасадор на САД во Македонија, Филип Рикер. Своите видувања Рикер ги испратил до Вашингтон на 26 јули 2009 година, а депешата била објавена на Викиликс пред десетина дена.
- Имаме непотврдени информации дека елементи од Бугарската амбасада имаат блиска соработка со грчките колеги на активности кои не се во нашите интереси, е само дел од депешата која американскиот амбасадор Филип Рикер ја пратил во Стејт департментот во јули 2009 година. Депешата која подоцна е објавена од Викиликс, заклучува дека сето ова "не е во интерес на Соединетите Американски Држави".

Според Викиликс, поранешниот амбасадор Рикер сметал дека двајца Бугари на првите две позиции во НАТО-штабот во Скопје не одговараат на американските интереси. Во тој период шеф на советодавниот тим на НАТО во Скопје бил бугарскиот комодор Валентин Гагашев, а за втората позиција во Штабот, висок воен претставник, главен конкурент, повторно бил од Бугарија. Местото било резервирано за Холанѓанец, но во последен момент тој се откажал, а Бугарите пројавиле интерес да го заменат што, според Рикер, не било добар знак за Македонија, ниту пак било во интерес на Вашингтон. Генералот Мирослав Стојановски се јавил во военото седиште на НАТО во Монс, Белгија и бесен протестирал зошто се праќа уште еден Бугарин во штабот на НАТО во Скопје и покрај познатите меѓусоседски односи. Рикер во депешата тврдел дека на таа позиција треба да биде офицер од веќе етаблираните НАТО-членки, за да помогне во интеграцијата.

Македонското тивко и тајно противење и бугарската кандидатура биле доволни Рикер да заклучи дека тоа не се поклопува со американските интереси. Иако за втората забелешка нема детали, назначено е само дека постојат непотврдени сознанија за заедничка бугарско-грчка акција на вработени во двете амбасади во Скопје, акција спротивна на интересите на Вашингтон.

Состојбата во НАТО-штабот во Скопје ги задоволила американските интереси, откако за висок воен претставник е поставен турски офицер. Во февруари 2011 г. позицијата висок воен претставник е укината, а шеф на советодавниот тим повторно е бугарски офицер, полковникот Јордан Јорданов.

http://vecer.com.mk/?ItemID=9BA5D9F54977...CF77894B59
Без Ботев няма България
09-12-2011, 04:19 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#87

Бугарскиот владика како Обама!


Бугарскиот владика Кирил доби на користење луксузен американски автомобил "линколн МКЗ хибрид", за кој тој вели дека "во таков автомобил се вози само американскиот претседател Барак Обама и дека оваа еколошка хибридна лимузина била произведена специјално за него, пред да се појави на светскиот пазар", пишува сајтот на РТС.

Владиката изјави дека не се плаши од финансиска контрола, бидејќи луксузното возило кое троши двојно помалку гориво од досегашните автомобили, не е купен со црковни пари, туку на епархијата и го отстапила една бугарска компанија која се занимава со увоз на автомобили. Тој додал дека автомобилот е даден на користење, а епархијата само го плаќа горивото. "Линколнот" е бренд на американските луксузни возила кои ги произведува "Форд".

http://vecer.com.mk/?ItemID=E13739D04668...1441A754C9
Без Ботев няма България
09-12-2011, 04:25 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#88

„Новите Бугари“ вадат пасоши за да одат на Запад

Македонци, Украинци и Молдавци сакаат да станат Бугари не затоа што се чувствуваат така, туку заради работа во европските земји

СофиJа - „Зедов бугарско државјанство бидејќи јас сум Бугарин: како што биле и татко ми, дедо ми и мојот прадедо. Горд сум на моите корени и сакам на мојот пасош да пишува: државјанин на Република Бугарија“. Тоа е она што очекуваме да го слушнеме кога се приклучивме на редот од десетина Македонци, Украинци и Молдавци кои сакаат да станат бугарски државјани. Бугарија лесно им издава пасоши на жители од овие земји, кои може да ги докажат своите бугарски корени.

Наместо тоа, повеќето од оние што чекаат во редот отворено велат дека не се тука бидејќи се сметаат себеси за наследници на бугарски „ханови“, туку од многу прагматични причини. „Ако Бугарија еволуира на начин како Словенија, ако платите се зголемат и квалитетот на животот се подобри, јас со задоволство би останал. Инаку, планирам да заминам за Италија со мојот нов пасош. Тоа е местото каде што би сакал да живеам и работам“, вели 25-годишниот Далибор Мирковиќ од Делчево, Македонија.

Тој чека во долгата редица пред Одделот за бугарско државјанство во Софија, канцеларија од каде што се доделуваат сертификати за националност на оние што станале натурализирани државјани. Секој работен ден, од 9,30 до 12 часот, околу 200 лица трпеливо чекаат да го добијат тој скапоцен документ што ќе им ја отвори вратата за обезбедување на бугарска лична карта и пасош. Некои поднеле барање за натурализација пред неколку години, други, пак, неодамна и биле доволно среќни нивните случаи да бидат брзо завршени. Овие нови Бугари се жалат на слабата организација, хаосот дури и додека чекаат за нивниот сертификат за натурализација. Честопати луѓето чекаат со денови пред зградата, некои спијат во нивните автомобили, други кај пријателите или во евтини хотели.

Меѓу кандидатите, Македонците се најмногубројни. Бидејќи повеќето живеат на другата страна од границата, тие прават поврати патувања – некои компании дури и се специјализираа во оваа дејност поради се' поголемата заинтересираност за натурализација. Повеќето се многу млади, без работа и без посебни вештини. На прашањето како македонските власти гледаат на овој егзодус, тие одговараат со „никој не се грижи“.

Денес, Далибор дојде со своите роднини и неколку пријатели, сега сите се нови Бугари. Но, ниту еден од нив не сака да остане тука да живее. Сите тие сакаат да одат на Запад. За да се обезбеди документот што ќе им го овозможи ова, тие треба да имаат адреса во Бугарија. „Тоа не е проблем“, објаснуваат тие. „Сите сме пријавени на иста адреса. Во одредени бугарски села во должина на границата со Македонија, тоа е вистински бизнис. На некои адреси има стотина Македонци што живеат таму“.

Далибор го поднесе своето барање во 2010 година. Пред да дојде тука, момчето ги мина сите дупки предвидени во новиот законот за државјанство. Најтешко – според негови зборови „кастинг“ – беше интервјуто во четири очи со експерти од канцеларијата за државјанство. Тој требаше да ги докаже своите бугарски корени и да покаже темелно познавање на бугарскиот јазик. „Јас само им ја раскажав историјата на моето семејство“, рече тој. „Мојот дедо е Бугарин. Тој се борел во Втората светска војна. Живеел во...Плевен“, вели тој, двоумејќи се, „да, во Плевен (северна Бугарија). Во 1943 година тој дезертирал од бугарската армија и и' се приклучлил на српската војска. Подоцна купил малку земја во близина на Делчево“, додава тој.

Околу 20 Бугари од Бесарабија, исто така, чекаат да ги добијат своите сертификати за националност. Тие доаѓаат од Украина и од Молдавија. Некои со години се тука. Лила Грекова (31) пристигна во 2003 година од Болхрад, Украина, град основан во средниот век од бугарски колонисти.

Таа студира психологија на Универзитетот во Велико Трново (централна Бугарија). „Го поднесов барањето во 2006 година“, вели таа. „Моето семејство има генеалошко дрво што датира од 18 век. Од мојот татко знам дека доаѓаме од Јамбол (јужна Бугарија) и дека сме мигриле за време на Отоманската Империја“, објаснува таа . (Труд)

Статијата е прочитана 1558 пати.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...E91274EEA2
Без Ботев няма България
10-12-2011, 08:19 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#89

Универзална сала не е донација, купена е за $630 000!


Купопродажниот договор кој ексклузивно ви го презентираме, е склучен во Нови Сад на 11 јули 1964 година, меѓу Технометал - Нови Сад и ДСП Техноекспорт - Строј од Софија


Универзалната сала не е донација на Скопје добиена по катастрофалниот земјотрес од 1963 година, туку објект за кој се платени 630 илјади долари! Договорот кој Вечер ексклузивно ви го презентира, со децении стоел во архивското депо на Универзалната сала, а е склучен во Нови Сад на 11 јули 1964 година, меѓу Технометал - Нови Сад и ДСП Техноекспорт - Строј од Софија.
- Документите кои ги откривме, пребарувајќи по архивите по повод 45-годишнината од постоењето на Универзалната сала, ни покажуваат дека таа не е донација за Скопје од Бугарија, туку дека легално е нарачан од бугарска фирма, која ја изградила за 630 илјади долари. Морам да признаам дека и мене ова навистина ме изненади - вели директорката на единствената концертна сала во државава, Вера Бошковска.

Отстранетата прашина од купопропродажниот документ ја откри вистината дека Универзалната сала всушност, преку застапникот Технометал - Нови Сад е купена со пари од тогашната Дирекција за станбена и комунална изградба на Град Скопје. Предмет на договорот е изградба на универзална театарска сала, слична на салата на софискиот циркус со 1800 места за гледачи за фиксно договорената цена од 630 илјади долари. Интересно е тоа што во членот 3 е прецизирано дека изведбата ќе се врши согласно бугарските прописи и стандарди! Интересно е и тоа дека никаде во договорот не стои дека се работи за објект од времен карактер, како што сите ние досега знаевме, туку до детали е прецизиран начинот на изградбата. Од добивање на дозвола за градба и избор на локација, преку градежните материјали кои во најголем дел ќе се набават од Бугарија, фирмите-изведувачи, авансите, роковите, се до предавањето на клучот на рака и гаранцијата на изведувачот, како и за пеналите и казните кои се предвидени доколку не се испочитува некој член.

Универзалната сала се градела две години. Извонредните сценски и капацитетни услови, заедно со сите придружни функции на објектот во амфитеатрална поставеност на гледалиштето и извонредната акустика долги години овозможуваа оптимални услови публиката да ја следи реализацијата на разни видови концерти, манифестации, претстави. Во изминативе 45 децении во Универзална се одржани преку 5.000 настани од различни жанрови, а на сцената продефилирале повеќе од 50 илјади домашни и странски уметници, голем број врвни светски имиња. Ја посетиле повеќе од седум милиони гледачи.

За жал таа денеска се распаѓа и функционира само поради ентузијазмот на раководната екипа која се уште работи на своите проекти како и со помош на Град Скопје. Последен пат била реновирана во далечната 1978 година, заради одржување на Конгрес на Комунистичката партија на Македонија. Пред неколку години беше презентиран проект за изградба на комплетно нов објект, но досега тоа останува само идеја.

*За подобар преглед кликнете на документот

(Е.А.)

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1230618E...3C4E7272B8
Без Ботев няма България
10-12-2011, 08:26 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15
#90

(10-12-2011, 08:19 PM)Топорчо Wrote: „Новите Бугари“ вадат пасоши за да одат на Запад

Македонци, Украинци и Молдавци сакаат да станат Бугари не затоа што се чувствуваат така, туку заради работа во европските земји

СофиJа - „Зедов бугарско државјанство бидејќи јас сум Бугарин: како што биле и татко ми, дедо ми и мојот прадедо. Горд сум на моите корени и сакам на мојот пасош да пишува: државјанин на Република Бугарија“. Тоа е она што очекуваме да го слушнеме кога се приклучивме на редот од десетина Македонци, Украинци и Молдавци кои сакаат да станат бугарски државјани. Бугарија лесно им издава пасоши на жители од овие земји, кои може да ги докажат своите бугарски корени.

Наместо тоа, повеќето од оние што чекаат во редот отворено велат дека не се тука бидејќи се сметаат себеси за наследници на бугарски „ханови“, туку од многу прагматични причини. „Ако Бугарија еволуира на начин како Словенија, ако платите се зголемат и квалитетот на животот се подобри, јас со задоволство би останал. Инаку, планирам да заминам за Италија со мојот нов пасош. Тоа е местото каде што би сакал да живеам и работам“, вели 25-годишниот Далибор Мирковиќ од Делчево, Македонија.

Тој чека во долгата редица пред Одделот за бугарско државјанство во Софија, канцеларија од каде што се доделуваат сертификати за националност на оние што станале натурализирани државјани. Секој работен ден, од 9,30 до 12 часот, околу 200 лица трпеливо чекаат да го добијат тој скапоцен документ што ќе им ја отвори вратата за обезбедување на бугарска лична карта и пасош. Некои поднеле барање за натурализација пред неколку години, други, пак, неодамна и биле доволно среќни нивните случаи да бидат брзо завршени. Овие нови Бугари се жалат на слабата организација, хаосот дури и додека чекаат за нивниот сертификат за натурализација. Честопати луѓето чекаат со денови пред зградата, некои спијат во нивните автомобили, други кај пријателите или во евтини хотели.

Меѓу кандидатите, Македонците се најмногубројни. Бидејќи повеќето живеат на другата страна од границата, тие прават поврати патувања – некои компании дури и се специјализираа во оваа дејност поради се' поголемата заинтересираност за натурализација. Повеќето се многу млади, без работа и без посебни вештини. На прашањето како македонските власти гледаат на овој егзодус, тие одговараат со „никој не се грижи“.

Денес, Далибор дојде со своите роднини и неколку пријатели, сега сите се нови Бугари. Но, ниту еден од нив не сака да остане тука да живее. Сите тие сакаат да одат на Запад. За да се обезбеди документот што ќе им го овозможи ова, тие треба да имаат адреса во Бугарија. „Тоа не е проблем“, објаснуваат тие. „Сите сме пријавени на иста адреса. Во одредени бугарски села во должина на границата со Македонија, тоа е вистински бизнис. На некои адреси има стотина Македонци што живеат таму“.

Далибор го поднесе своето барање во 2010 година. Пред да дојде тука, момчето ги мина сите дупки предвидени во новиот законот за државјанство. Најтешко – според негови зборови „кастинг“ – беше интервјуто во четири очи со експерти од канцеларијата за државјанство. Тој требаше да ги докаже своите бугарски корени и да покаже темелно познавање на бугарскиот јазик. „Јас само им ја раскажав историјата на моето семејство“, рече тој. „Мојот дедо е Бугарин. Тој се борел во Втората светска војна. Живеел во...Плевен“, вели тој, двоумејќи се, „да, во Плевен (северна Бугарија). Во 1943 година тој дезертирал од бугарската армија и и' се приклучлил на српската војска. Подоцна купил малку земја во близина на Делчево“, додава тој.

Околу 20 Бугари од Бесарабија, исто така, чекаат да ги добијат своите сертификати за националност. Тие доаѓаат од Украина и од Молдавија. Некои со години се тука. Лила Грекова (31) пристигна во 2003 година од Болхрад, Украина, град основан во средниот век од бугарски колонисти.

Таа студира психологија на Универзитетот во Велико Трново (централна Бугарија). „Го поднесов барањето во 2006 година“, вели таа. „Моето семејство има генеалошко дрво што датира од 18 век. Од мојот татко знам дека доаѓаме од Јамбол (јужна Бугарија) и дека сме мигриле за време на Отоманската Империја“, објаснува таа . (Труд)

Статијата е прочитана 1558 пати.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...E91274EEA2

Темата - уви - не е нова...

„Новите Бугари“ вадат пасоши за да одат на Запад
приклучивме на редот од десетина Македонци, Украинци и Молдавци кои сакаат да станат бугарски државјани. Бугарија лесно им издава пасоши на жители од овие земји...
09.12.2011, 19:17

Бизнис со миленичиња
им падна камен од душата кога слушнаа за можноста за набавување бугарски пасоши за своите миленичиња. Дел од овие луѓе, всушност, на овој начин само...
02.02.2011, 18:00

Бугарски пасоши и за кучињата
Бугарски пасоши и за кучињата Постапката, која кај нас трае и до три месеци, кај источниот сосед се завршува за дваесетина дена Бојан Шашевски...
01.02.2011, 16:03

Бугарски пасош за „европски рај“
пасоши на Македонци. Процедурата која ја предвидува Бугарија им овозможува на сите Македонци со словенско потекло да аплицираат за бугарски пасош. И...
24.01.2011, 17:31

Сиромаштијата вади бугарски пасоши
Сиромаштијата вади бугарски пасоши Според странски медиуми, огромен број наши државјани стоеле во ред за пасош и за добивање европско...
23.01.2011, 17:11

Македонско-бугарски историски контроверзии (15)
акциите за побугарчување на Македонците одеше и масовната појава млади македонски момчиња да бараат бугарски пасоши што им овозможуваа полесно вработување...
26.10.2010, 15:48

Си легнаа на брашното - бугарските коли ќе се пререгистрираат
давачките Соња Маџовска „Ние што не сме пробугарски ориентирани и што немаме бугарски пасоши ќе си ги пререгистрираме возилата, а за оние што се...
20.09.2010, 16:32

Ќе ги изброи ли пописот бугарските пасоши
помогнала, што значи дека не ја исклучуваат можноста да се пишат и Бугари. Бугарски пасоши имаат и младите што студираат на факултетите во Бугарија за...
17.09.2010, 18:18

Репресираните Бугари се множат како печурки
Репресираните Бугари се множат како печурки Репресираните Македонци со бугарски пасоши се множат како печурки по дожд во земјава, па по паѓањето...
31.08.2010, 17:56

Притисок до Брисел да запре трговијата со пасоши на ЕУ
слободно и неограничено издавање пасоши на странци од властите на Романија, од Бугарија и од Унгарија. За носителите на бугарски и на романски
06.08.2010, 17:51

Крај на бизнисот со бугарски пасоши
Крај на бизнисот со бугарски пасоши Бугарскиот пасош се користеше, пред се', како замена за шенген виза и како можност за вработување и за...
04.08.2010, 18:31

Кузман Јосифовски - Питу архитектот на македонската држава (4)
. Вели дека најмногу од се' ја боли тоа што младите ја напуштаат Македонија и земајќи бугарски пасоши, газат врз сопственото национално достоинство. „Сами...
21.07.2010, 16:49

Софија официјално ги прогласила Македонците за Бугари
Софија официјално ги прогласила Македонците за Бугари Македонците ги надминале Молдавците според бројот на бугарски пасоши што ги добиле во...
25.06.2010, 16:32

Укината пресудата за Бучковски за клевета на Бонева
, гостувајќи на една скопска телевизија во пресрет на парламентарните избори во 2006 година, изјавил дека таа и нејзиното семејство поседуваат бугарски пасоши...
16.03.2010, 17:06

Да гледаме како да донесеме нови возила, а не стари
, а за тоа не знаеме дали е возможно да се најде законска рамка, кога тие граѓани веќе имаат бугарски пасоши“, објаснува Златко Калеников, потписник на...
28.01.2010, 18:39

Македонците возат 50.000 бугарски автомобили
единствениот мотив голем број Македонци да земат бугарски пасоши или само лични карти, со кои се докажува дека тие имаат живеалиште во Бугарија? Најголем број...
26.01.2010, 18:05

Продавам држава - цена: 1 евро
одгледување стока, притисната од соседите, со привремена химна и грб, со многу знамиња, не се знае сопственикот, со стари и нови пасоши, плус бугарски...
05.01.2010, 17:50


Продавам држава - цена: 1 евро ...няма да стане - защо ли - само 10 евроцента ще е комисионната...

Не ми допада внушаваната в мкд медии теза, че бг пасоши = продавам држава; някаква реминисенция на т.нар. Берлински зид; нито паспортите са за продан; нито Македония се продава...
11-12-2011, 02:47 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#91

Голем успех на романот "Последниот чај" во Софија

Главна ѕвезда на 30-от Саем на книгата во Софија е романот Последниот чај од Винка Саздова. ИК Бард од Софија,смета дека романот на Винка Саздова е балканска книжевна сензација. Винка Саздова беше гостин во најгледаните и најслушани тв и радио програми,а печатените медиуми во Софија се полни со наслови и добри критики за романот "Последниот чај".

Во рамките на меѓународниот Саем на книгата во Софија,Винка Саздова беше претставена пред многубројната читателска публика од Директорот на КИЦ во Софија, Васко Шутаров, а Винка Саздова на својата презентација зборуваше за своето дело и потпишуваше примероци од својот прв роман на бугарски јазик пред бројните посетители на штандот и презентацијата. во рамките на Културната програма на Саемот на книгата.

Издавачката куќа Бард,една од најреномираните во Бугарија, романот го рекламира како "балканска книжевна сензација", а бугарското издание на "Последниот чај" веќе е во продажба во сите книжарници во Софија.

Бугарското издание на "Последниот чај" од Винка Саздова е трето поголемо претставување на книгата на меѓународниот книжевен пазар,после претставувањето на романот во Хрватска и Србија. (С.П.Ѓ.)

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...EC100405A3
Без Ботев няма България
11-12-2011, 03:30 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#92

Парванов стави вето пензиските реформи во Бугарија

Бугарскиот претседател во заминување Георги Парванов стави вето на Законот за реформи во пензискиот систем усвоен во Собранието пред неколку дена, со кој се зголемува старосната граница за заминување во пензија.

- Добро разбирам во каква состојба е буџетот во услови на глобална финансиска и економска криза, поради што и повеќепати повикував на усвојување антикризни мерки за намлување на последиците од кризата, но сметам дека социјалната цена треба подеднакво да ја споделат сите социјални категории, се наведува во образложените на одлуката на Парванов.

Според него, зголемувањето на старосната граница за пензионирање ќе резултира со нарушување на социјалниот мир и е во спротивност со параметрите за пензиските реформи договорени пред една година.

- Неспорно е дека зголемувањето на старосната граница за заминување во пензија претставува светски процес, но тој треба да биде усогласен со националнитее особености, условите за работа, животниот век и здравствената состојба на бугарските граѓани, смета Парванов.

Со Законот за пензиски реформи, усвоен од страна на Собранието на 8 декември со 82 гласа „за“ и 51 „против“ од вкупно 240 пратеници, од 1 јануари 2012 година се предвидува етапно зголемување на старосната граница за пензионирање за по четири месеци, со што до 2015 година мажите би заминувале во пензија со 65 години, а жените со 63. Сега старосната граница за пензионирање во Бугарија изнесува 63 години за мажи и 60 години за жени.

Мандатот на социјалистот Парванов истекува на 22 јануари 2012 година, кога ќе биде земенет од Росен Плевенелиев, кој победи на ноемвриските претседателски избори како кандидат на владејачката конзервативна партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ).

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...5084DC67A5
Без Ботев няма България
11-12-2011, 03:31 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#93

Македонци фатени во шверц на цигари во Бугарија

Тројца македонски државјани завчера се откриени при шверц на цигари на граничниот премин Ѓуешево, на влез во Бугарија. Граничната полиција открила вкупно 3.314 кутии цигари во три автомобили со македонска регистрација, управувани од наши граѓани. На граничниот премин Ѓуешево пристигнале два автомобила, „опел“ и „ауди“, управувани од македонски државјанки на возраст од 41 и 54 години. При детаљна проверка, по барање на бугарската гранична полиција, во „опелот“ биле пронајдени 1.229 кутии цигари со македонски бандероли, а во „аудито“ уште 1 .865 кутии. Во трет случај се откриени уште 220 кутии цигари, кои биле скриени во автомобил „лада“, управуван од 42-годишен македонски државјанин. Цигарите биле пронајдени во таблата со инструменти, зад задното седиште и кај резервната гума. Против сторителите е поднесена пријава за царински прекршок. (Ж.Ц.)

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...63C5E4242B
Без Ботев няма България
12-12-2011, 05:50 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#94

Голем пад на странските инвестиции во Бугарија

Странските компании од почетокот на годината во Бугарија инвестирале 534,5 милиони евра, што е значително намалување во однос на ланските 1,03 милијарди евра.

Главна причина за намалувањето на странските инвестиции е економската криза која во најголем дел ги зафати земјите-членки на ЕУ, кои се и најголемите инвеститори во Бугарија.

Инвестициите од земјите чии економиии го продолжија својот раст и во услови на криза, како Русија, Кина и Јапонија, на пазарите во Бугарија учествуваат со само 0,1 процент.

Според статистичките податоци, во најголем дел се намалени инвестициите во областа на финансиите, недвижностите и трговијата, иако пред две години овие сектори беа најзначајните.

Најголемиот инвеститор во Бугарија во идната година ќе биде кинеската компанија „Грејт Вол Моторс“ која ќе започне со произвдоство на автомобили во Ловеч заедно со локалната компанија „Литекс Моторс“. Фабриката стратува со производство од следната година и ќе произведува 70.000 возила годишно.

Бугарија е интересна за инвеститорите поради ниските даноци, економската и политичка стабилност, малиот државен долг и буџетскиот дефицит.

Просечната плата во Бугарија изнесува околу 350 евра, невработеноста изнесува 10,2 проценти.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/balkan/33...arija.aspx[/align]
Без Ботев няма България
12-12-2011, 06:14 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#95

Холандија не дава „шенген“ за Романија и Бугарија

Брисел - Доколку прашањето за проширување на шенген-зоната со Бугарија и со Романија остане на дневен ред на седница на Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи, Холандија ќе стави вето. Ова при пристигнувањето во Брисел вчера го изјави на прес-конференција холандскиот министер за имиграција и прашања за бегалците Герд Лерс. Запрашан што очекува Хаг за да го смени ставот, Лерс истакна дека се потребни информации за постојан напредок во борбата против криминалот и корупцијата во Бугарија и во Романија. Тој потврди дека очекува да види такви податоци во меѓудржавниот извештај на Европската комисија за механизмот на соработка и оценка во февруари следната година. „Не сум им непријател на Бугарите и на Романците, туку сум пријател на Европа и не сакам организираниот криминал да стигне до заедничкиот европски пазар со избрзано напуштање на границите“, коментира холандскиот министер. Според него, за Холандија не е решение етапното напуштање на границите, какво што беше предложено за време на полското претседателство на ЕУ.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...529B931482
Без Ботев няма България
13-12-2011, 06:51 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#96

Каракачанов регистриран кодош на бугарските тајни служби

Контроверзниот лидер на бугарското ВМРО и наследник на милиони евра вредниот предвоен имот на партијата во центарот на Софија бил регистриран кодош на бугарските тајни служби под името Иван, но во оперативните документи Каракачанов се нарекува агентот Дончо.

[Каракачанов регистриран кодош на бугарските тајни служби]

Според документите до кои дојде Канал 5, Каракачанов бил врбуван како студент поради неговиот интерес и познавање на македонското прашање, да се води во одделот кој се бори против про-македонски национализам каде пред неколку години се најде и бугарскиот претседател Прванов. Според документите кои ги составиле бугарските тајни служби Каракачанов комуницирал со Македонци во Бугарија и во Македонија и на своите полициски шефови им доставувал информации за нивните активности со цел да се спречат активности насочени против интересите на Бугарија.

Во мај 1989 Каракачанов потпишува писмена соработка со служите, по што започнува да дава усни и писмени извештаи на своите претпоставени. Во дел од документите се гледа дека тој обработувал најмалку двајца тогаш Југословенски државјани, од кои едниот е од Прилеп, а другиот е професор од село Панчарево.

Во извештаите Каракачанов прецизно наведува што разговарал со своите наводни пријатели и дури за некои од нив предлага и други оперативни мерки што било особено позитивно оценето од бугарската тајна служба.

Каракачанов својата работа за оцрнување на македонската нација и држава и на се што има македонска свест ја продолжува и денес. Иако бугарската јавност знае дека тој бил кодош, тој се уште е омилена личност во медиумите кога треба да се нападне Македонија. Пред два дена во емисија за филмот „Трето полувреме“ на бугарска телевизија Каракачанов повторно си ја заврши својата некогашна задача .

Во емисијата за филмот „Трето полувреме“, чијшто режисер е Дарко Митревски, бугарската јавност со месеци води невидена медиумска хајка, Каракачанов се судри со бугарската дипломатка Леа Коен која отворено застана на страна на историските факти содржани во филмот кој зборува за бугарската окупација на Македонија. Во дебатата Каракачанов случајно или не го користи истиот вокабулар кој со месеци го користат сите државни и приватни медиуми во Бугарија.

Според него филмот е производ на македонската пропаганда која лаже кога вели дека бугарските фашисти ги протерале Македонските евреи во втората светска војна.

Дали Каракачанов и сега активно работи за бугарските служби не е објавено. Според неговиот речник и активности во однос на македонското прашање не треба да биде изненадување ако тој својата соработка со службите ја продолжил до ден денес.

Горан Момироски

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mI...ntId=84216
Без Ботев няма България
14-12-2011, 07:42 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#97

И Лихтенштајн во шенген-зоната

Министрите за внатрешни работи одлучија на 19 декември Лихтенштајн да стане 26. членка на шенген-зоната. Малата земја што се протега меѓу Швајцарија и Австрија е дел од единствениот пазар, но не и на ЕУ.

Во меѓувреме, Бугарија и Романија се' уште се блокирани од Холандија, која сака да види поголем напредок во борбата против корупцијата. (ЕУ обзервер)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...9FD65414C1
Без Ботев няма България
14-12-2011, 07:45 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#98


Бугарија крева раце од Бургас-Александруполис?

Планираниот нафтовод Бургас-Александруполис ~ е трн в око на актуелната влада на Бугарија. Владата реши да се откаже од заедничкиот проект со Русија и Грција

Бугарија излегува од проектот оти не може да биде спроведен под условите утврдени со спогодбата од 2007 година, гласи официјалното образложение на бугарскиот вицепремиер и министер за финансии Симеон Ѓанков. Таквата формулација, како што јави „Дојче веле“, остава простор за разни шпекулации. Руските фирми „Газпром нефт“, „Роснефт“ и „Транснефт“, кои имаат удел од 51 отсто во проектот, тврдат дека во последните години станало јасно оти Бугарите не се во состојба да ги извршат своите финансиски обврски.

Бугарија и Грција учествуваат со по 24,5 проценти во трошоците. Бугарските експерти од надлежното министерство се на мислење дека проектот не е профитабилен за земјата. Приходите од транзитот на нафта со нафтоводот би изнесувале 35 милиони долари годишно и според сегашните финансиски процени за проектот, Бугарија дури по 12 години би почнала да остварува профит.

Закана за „Набуко“

Целта на нафтоводот Бургас-Александруполис е кај транспортот на руска нафта да се растоварат морските патишта низ Босфорот и Дарданелите. Преку нафтоводот би требало да проаѓаат 50 милиони тони руска нафта годишно за пазарите во Јужна и во Западна Европа.

Договорот за проектот го потпиша претходната бугарска влада во која доминираа социјалистите. Нејзината енергетска политика беше под белегот на блискоста со Русија и на поголемата енергетска зависност од неа. За време на сегашнава влада, пак, паралелно се одвиваат уште два други проекта со големо руско учество: изградбата на атомската централа во Белене, како и гасоводот „Јужен поток“.

ЕУ со внимание и скепса гледа на тие два проекта: во однос на атомската централа има задршки во врска со безбедноста поради закани од земјотрес, а во однос на гасоводот оти тој му конкурира на „Набуко“ - сличниот проект на ЕУ. Поради тоа руските медиуми наскоро по решението на бугарската влада дојдоа до заклучок дека откажувањето било под диктат од Западот.

Зошто Софија вели „не“

Бугарите, пак, се повикуваат на своите права во договорот и тврдат дека откажувањето не носи никакви правни и финансиски консеквенции. Од пред еден месец владата има еден аргумент помалку против нафтоводот Бургас-Александруполис: министерството за екологија процени дека нафтоводот не би претставувал еколошка опасност.

Може само да се шпекулира зошто, и покрај ова, Софија вели „не“. Некои бугарски весници тврдат дека рускиот премиер Путин неодамна му ставил на знаење на бугарскиот премиер Борисов дека Русија била подготвена да се откаже од нафтоводот низ Бугарија. Услов би бил посилно да се туркаат напред другите два енергетски проекта Белене и „Јужен поток“. Руски набљудувачи шпекулираат дека Русија сега би можела да инвестира во алтернативен нафтовод Самсун - Чејхан низ Турција, иако тој проект би бил многу поскап поради високата турска транзитна тарифа.
Без Ботев няма България
14-12-2011, 07:49 PM
Reply
Вовата Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,983
Joined: Jan 2010
Reputation: 33
#99

(06-12-2011, 05:18 PM)Топорчо Wrote: Битолскиот камионџија што спаси 5 бугарски патници ја продолжува херојската кариера во Бугарија

На големиот народен празник на бугарското приморје Никулден, соседите повторно не го заборавија како што го нарекуваат „геројот од Битола“. Покрај Васко, за почесен граѓанин на Бургас е прогласен и контроверзниот Божидар Димитров, поранешен министер во владата на Борисов, а сега директор на бугарскиот Историски музеј. Постојано ги негираше Македонците, но денеска во Бургас мораше да застане во ред зад еден херој од тој народ.

Миомир Серафиновиќ

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mI...ntId=83910

Еден Бугарин од Созопол застанал до еден Бугарин од Битола. Што е овде чудно?
15-12-2011, 04:53 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Орден од МПЦ за бугарски владика што заштитил монахињи на Вранишковски

Македонската православна црква-ОА со посебен црковен медал го одликува бугарскиот владика г. Дометиан, познат по тоа што пред неколку години ги згрижи монахињите од парацрквата на Јован Вранишковски



Иницијативата за награда на бугарскиот митрополит била на струмичката епархија, а како причина се наведуваат позитивните ставови и чекори што г. Дометиан ги имал кон МПЦ-ОА. Оваа информација е објавена на веб-страницата на МПЦ-ОА, како дел од одбележувањето на патрониот празник на Струмица, прославен минатата недела.

„На празникот на Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици, г.г. Стефан отслужи литургија со струмичкиот владика Наум, со митрополитот американско-канадски Методиј, европскиот владика Пимен и митрополитот брегалнички Иларион. Оваа година со столен медал на Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици од редот на Светиот македонски крст е одликуван и митрополитот Видински г. Дометиан од Бугарската православна црква“, се вели во соопштението од МПЦ-ОА.

Во црковните кругови е познато дека бугарскиот владика им е близок пријател на македонските владици. Во манастирите што се под негова надлежност веќе пет години се сместени осум монахињи, кои во 2007 година решија да ја напуштат Јовановата ПОА. Се смета дека МПЦ-ОА одиграла клучна улога во процесот на префрлање на монахињите во видинската епархија на БПЦ.

Според црковни извори, г. Дометиан е единствен владика од сестринските православни цркви што добил орден од МПЦ-ОА. Од МПЦ-ОА велат дека нема ништо спорно ниту апсурдно г. Дометиан да ги прими поранешните монахињи на Вранишковски, зашто тие увиделе дека не се на чисто со него.

- Сметаме дека е успех за Македонската црква што сме ги убедиле монахињите дека не биле во право што и служеле на црквата на Вранишковски. Сметаме дека им е добро кај владиката Дометиан. Ние сме и во контакт со тие монахињи - објаснуваат некои владици од МПЦ-ОА.

Пред пет години, во јавноста се зборуваше дека монахињите биле под заштита на бугарскиот владика, кој спречил каква било нивна комуникација со Јован. Македонски владици веќе подолго време прават напори да вратат во матичната црква дел од монасите што го напуштија Вранишковски. Црковни извори велат дека Македонската црква е отворена. Пред еден месец во МПЦ-ОА се врати и отецот Атанасиј Арсоски, кој беше приврзаник на Вранишковски, а сега е еден од блиските соработници на поглаварот г.г. Стефан.

Вранишковски, кој е расчинет владика од Македонската црква, пред неколку дена беше уапсен на македонско-грчката граница. Сега се наоѓа во затворот во Идризово и чека судска одлука за повторување на постапката.


Автор: Радмила Заревска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22456
Без Ботев няма България
15-12-2011, 05:19 PM
Reply