Датум: 21.07.2013, 19:03
„Јовано, Јованке“ и „Заjди, заjди“ на протестите во Софиjа
Не сакаме влада од олигарси, мафијаши и комунисти
Не протестираме за пари или за работа, собрани сме за да си ги одбраниме честа, моралот и достоинството пред нас и пред светот. Не дека немаме што да работиме, луѓето овде што ги гледате сите си имаат плата, која и не е нешто посебно, но барем е редовна. Ретко кој е дојден поради сиромаштијата, но мора да им докажеме дека не сме будали.
Ние не ја избравме оваа влада составена од олигарси, мафијаши и комунисти. Е, сега ќе седиме тука до крајот с` додека не се повлече
тајфата на чело со Пламен Орешарски, ни вели младо момче, нагрнато со бугарско знаме, седнато настрана од демонстрантите пред бугарското Народно собрание. „Мавнете се комунисти“, „Слобода или СССР“, „Оставка“...,
скандира толпата под силното сонце насобрана на централниот софиски плоштад Независност
на 35. ден од протестите во престолнината на Бугарија. Навидум мирните софиски улици, кои водат до Собранието, околу 18 часот одеднаш се преполнуваат со луѓе. Од убаво облечени мажи, нашминкани и дотерани жени, некој директно од работа, некој по одморот дома и со пиво или вода в рака, па с` до бездомници и со лица буквално оголени од сиромаштија, се движат околу бината кај парламентот и извикуваат погрдни зборови за премиерот Орешарски.
Забележително се тажни, како што велат поради секојдневјето, но и среќни што успеваат да се соберат во толкав број и да бидат солидарни со сите Бугари на кои име преку глава од тешкиот живот.
Секој што првпат се наоѓа на плоштадот меѓу нив, не може, а да не увиди една заедничка нишка кај сите нив -
очи полни со гнев, но истовремено и со желба да докажат пред самите себе и пред светот дека се единствени. Попладне е, с` уште е жешко, но реката луѓе не престанува да се слева.
И сите, тивко и речиси неразбирливо коментираат штом ќе разберат за нас.
На многумина не им е мило што некој друг, небитно дека е од Македонија, се заинтересирал за нив.
Се чини, не сакаат многу да говорат за својата несреќа со други, надвор од границите на земјата.
Некои дури и главата ја вртат настрана и со лутина на лицата манифестираат незадоволство кога ќе им се обратевме. Со чудење се погледнуваме меѓу себе, но полека ни станува јасно. Се обидуваме и со други демонстранти да разговараме за причините за собирот на плоштадот,
одговор добивавме со молк. Ретко со зборови. Често и со доза на цинизам протечен меѓу сиромашните реченици.
Софија во изминатиот период е место на големите протести. Повеќе од еден месец централниот плоштад е собиралиште на незадоволните граѓани од
социјалистот Орешарски и од составот на неговата техничка влада. Орешарски дојде на чело на Бугарија кога по изборите во мај Бојко Борисов и неговата партија ГЕРБ не успеаја да состават влада затоа што не добија поддршка од помалите партии.
- Гледате дека и деца се дојдени. Цели семејства, млади, стари, богати, сиромашни. Овде нема партии.
Тука се работи за сите нас - со доза на иронија и со повисок тон ни објаснуваат оние што сепак се решија да разговараат, повеќето од нив како и младото момче од почетокот на овие редови, нагрнати во бугарското знаме и опремени со сите потребни реквизити потребни за создавање поголема врева. На денот на раѓањето на бугарскиот апостол Васил Левски, музиката на бината започнува со препознатливите за нас
„Јовано, Јованке“, „Зајди, зајди“ и „Море, сокол пие“ испеани на бугарски јазик.
Подзастануваме за да ни се потврди познатиот звук. Слушаме и продолжуваме да се провлекуваме низ толпата. Се движиме меѓу луѓето, ама чувството на натрапници не н` напушта. Се обидуваме да прашаме што им згрешил Орешарски кога реално немал време ни за лошо ни за арно,
ама ни одмавнуваат со рака. „Добар ден, како сте? Зошто сте тука?, прашуваме едно момче. Со свирче во устата и со видно опуштено лице почнува да ни објаснува:
- Видете, не е работата за пари. Бараме нештата да бидат какви што треба. Јас имам добра работа, добро сум платен, но не е во тоа. Оваа власт е многу корумпирана. Не дека другата беше подобра, но ова е преседан - ни објаснува. Вели дека проблем се и никогаш непрекинатите врски меѓу олигарските и политиката, кои, според него, ја задушуваат Бугарија.
Средовечна жена, малку понастрана од него, со широка насмевка се обидува да дополни:
- Друга партија чесно си ги доби изборите. И не сум задоволна од управувањето со земјата. Оваа екипа на
Орешански има лоша програма, сега сакаат да земат и заем од една милијарда евра, што не го правевме ниту во најтешките денови на економска криза. Сакаат да ја заглават државата во долгови. Ние предлагаме да се седне, да се преговара и набрзо да добиеме шанса да гласаме на нови избори - вели и потоа продолжува со скандирањето за оставка на владата. „Не си одиме додека оваа екипа не се повлече. Имаме поддршка од цела Бугарија, од сите градови“, додава. „До кога плоштадот Независност ќе ви биде центарот на животот?“, прашуваме. „До крајот!“, весело одговара.
Истото го потврдуваат сите со кои разговаравме. Овој пат нема повлекување, велат тие. Скептично одмавнуваме со главата, но, од друга страна, ако издржаа повеќе од еден месец без да има ниту мало намалување на нивниот број, посебно сега кога е време на летните одмори, нема причина да не биде така и во иднина. Им посакуваме успех и полека си заминуваме додека плоштадот с` уште се полни.
Во непосредна близина малку поинаква слика. Спокојни граѓани со книги во рацете, деца со слушалки на ушите, безброј млади друштва со шишиња пиво и гласна музика седнати во блискиот парк и, се разбира, пензионери седнати на клупи со шаховските табли пред нив. Kолку и да се силни впечатоците од плоштадот, сепак влегуваме во онаа другата Бугарија и во Софија, кои не се на протести. Полни кафулиња и ресторани, насмеани лица и исполнети маси укажуваат на тотална незаинтересираност на овие луѓе за борбата што за подобра Бугарија ја водат демонстрантите. Но, сите не мора да се заинтересирани за тоа.
Лепа Ѓоргиевска
Самозапалувањата беа изолирани случаи
Извршната власт ја преземаа
социјалистите на чело со Орешарски кога премиерот Бојко Борисов си поднесе оставка на почетокот од годината поради с` поголемото незадоволство на граѓаните од неговото владеење. Потоа следуваа парламентарни избори, на кои Борисов ја доби мнозинската поддршка од граѓаните, но не успеа да состави влада. Тогаш за предводник на технократската влада беше назначен поранешниот министер за финансии Орешарски. Неговиот тим е составен од неколку експерти - секој во својата област, а власта ја доби со поддршка од партијата на етничките Турци.
Почетокот на протестите пред речиси два месеца беше одбележан и со неколку самозапалувања во знак на незадоволство од сиромаштијата во земјата. При посетата на Софија граѓаните н` уверуваа дека тоа биле изолирани случаи, кои во иднина нема да се повторат и оти станувало збор за навистина сиромашни луѓе, кои друг излез од кризата не гледале.
Утринско кафе пред парламентот
Протести во Софија има и преку ден. Тоа го нарекуваат „утринско пиење кафе пред парламентот“. На наше разочарување, на 35. ден од протестите, плоштадот беше празен. Сведоци на собирот од претходната вечер беа само неколку транспаренти залепени на заштитните огради. Го користиме времето до вечерта за разговори со жители на Софија. Повеќето од нив се вработени, земаат за нивни услови просечна плата и сметаат дека имаат скромен, но не и лош живот. Се разбира, сакаат и повеќе. И очекуваат повеќе од Европската Унија. Некои од нив мислат дека на ваков начин не може ништо да се постигне. Ги има и такви што организираат контрапротести, кои почнуваат точно напладне, но бројот на учесници на нив е занемарлив.
- Слабо се посетени. Ни стотина души нема - љубезно ни рече една од нашите соговорнички, но без објаснување си замина инсистирајќи да не ја прашуваме за име и презиме.
Влегуваме во такси. Возачот веднаш препознава туѓинци. „Од Македонија сме“, велиме. „Дојдени сме за протестите“. Со израз на лицето и со негодување ни објаснува дека не се согласува со своите сограѓани, кои истовремено беа на плоштадот.
- И тие не знаат зошто протестираат. Сите политичари се исти. Нам ни требаат пари. Борисов ги зема и сега ужива некаде со нив. И новиот премиер сака исто да направи - со уморен глас раскажува.
„А ви се допаѓа ли Софија?“, н` прашува во обид да ја смени темата. Kонечно, вообичаен муабет.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...8D0CFFD3EF
Датум: 22.07.2013, 18:22
СОФИЈА НА ДНЕВНО СВЕТЛО
Од ЕУ очекувавме повеќе
Лепа Ѓоргиевска
Тоа што сме земја-членка на европското семејство е добар момент за нас, иако некое особено подобрување на живејачката с` уште не сме почувствувале. Во земјите од Европската Унија се живее европски,
но кај вас во Македонија барем платите се повисоки. Точно е дека
на некој начин живееме демократски и слободно, меѓутоа ако споредиме со останатите балкански земји, ние фактички едвај преживуваме со просечна плата од околу
240 евра - што може да се каже дека е една од повисоките. Видете, Софија е голем град, преполн со динамика, убави, средени луѓе и навидум преполни угостителски објекти, но
верувајте дека ние навистина не живееме така сјајно како што изгледа. И знам дека сето тоа е малку збунувачки, но и ние не знаме зошто е така – ни раскажува продавач на брендирана стока во еден бутик во центарот на Софија.
Нема ќар од ЕУ
Со него е средовечна жена, која го почна разговорот со нас и која со широка насмевка ни посака добредојде и н` покани да го пречекориме прагот на објектот. Со многу позитивна енергија и расположение какво сме одвикнале да гледаме по продавниците, срдечно се труди да ни го објасни секојдневјето во Софија. Приказната е иста: с` е убаво, само што парите не стигнуваат. И н` зачудува нивниот впечаток дека кај нас, во Македонија, се живее побогато. Ние овде се отепавме докажувајќи дека е обратно.
Влегуваме во друга продавница. Убаво средена климатизирана просторија, гласно коментираме за топлиот ден во Софија, а потоа се обраќаме до продавачката на англиски јазик. - Од каде сте? – н` прашува. – Од Македонија.
-
Па што зборувате на англиски јазик. Зборувајте македонски. Ние си се разбираме. Братски народи од Балканот – ни вели смеејќи се и прекорувајќи не што сме го почнале разговорот на странски јазик. Не пропуштаме можност да ги ѕирнеме цените. Брендирани машки пантолони чинат 50 евра, а женските маички од 10-ина евра, па нагоре. „Не се скапи, земете си нешто“, на смеа додава продавачката. Ни објаснува дека работа има, но не за сите и оти на Бугарија одамна ~ недостига средната класа. Луѓето или имаат многу пари, вели, или живеат во сиромаштија.
- Мислам дека може и подобро – истакнува. Младо момче до неа само кимнува со главата како потврда на тоа што таа го зборува. Не сакајќи да се наметнува во разговорот, со тивок глас додава: „А ништо поарно не почувствуваме ни по влезот во ЕУ“.
Бутиците во Софија ги нудат речиси истите производи како во центарот на Скопје. Цените се речиси еднакви, но може да се најде и нешто поевтино. На летните чевли речиси секаде стоеше цена од 10 евра, па нагоре, небрендираните чанти чинат 30 евра, додека патики од познат светски производител во Софија може да се купат за 50-ина евра. Граѓаните со кои по пат зборувавме се поделени во ставовите за живејачката во Софија. Некои велат дека има работа за сите, други, пак, се уверени дека нема доволно, а и оти таа што ја има, не е добро платена.
Полни ресторани и просјаци на улиците
Kако и во Скопје, и во Софија кафулињата и рестораните се преполни. Имате чувство како да е неработен ден во кој безмалку цела Софија решила да се релаксира со кафе и сок, по цена пониска од таа во центарот на Скопје. Во близина се слуша пријатна музика од уличен свирач на гитара. Свири со блага насмевка на испеченото од топлите денови лице, бос и подседнат на клупа. Минувачите не се многу заинтересирани за неговата музика. На ќебенцето пред него од сонцето светкаат само неколку ситни лева што му ги оставиле минувачи. Не престанува со свирењето иако се обидуваме да поразговараме. Си заминуваме.
Kако се приближуваме кон собранието на земјата лидер во ЕУ по сива економија,
така однекаде изникнуваат просјаци. Зборуваат повеќе за себе, неразбирливо и тивко. Веднаш спроти нив, преполн ресторан со голема тераса каде што се бара место повеќе за ручек. Седнуваме. Љубезни келнерки н` послужуваат, а ручек за тројца и пијалак не чинат 20 евра.
С` ни се чини дека во милионскиот град, храната е поевтина од таа во Скопје, сеедно дали станува збор за ресторан или за продавница, но од друга стана, жителите на Софија ни велат дека и тоа е скапо за нив. Вработена во маркет за храна ни објаснува дека лебот и млекото го плаќаат по цена помала од 50 центи. Kоментираме гласно меѓу нас дека тоа е слично како во Македонија.
-
Да, ама вашите плати се поголеми. Јас имам пари за од 1 до 10-ти во месецот, а земам плата помала од 250 евра. Мојот сопруг не работи, а чуваме двегодишно дете. Навистина тешко живееме, затоа кажувам дека кај вас е подобро – вели таа со тажен израз на лицето, но истовремено и блага насмевка, уверувајќи н` со тивок тон дека следуваат подобри времиња.
Надежта изгледа е универзална и нема националност.
Зборувам само бугарски јазик
Не зборувам ниту еден друг јазик освен бугарски.
Ако сакате нешто да купите обратете ми се на мојот мајчин јазик или терајте си по патот – ни вели уличен сликар застанат непосредно до Министерскиот совет во центарот на Софија со кого сакавме да поразговараме за неговата работа и живот во градот. Строгиот израз на лицето ни укажува дека е сериозен и оти навистина не сака да разговара со нас, но целокупниот негов изглед и побелената коса го издаваат неговото тешко секојдневје. „Добро, а може ли на англиски јазик“- прашуваме, додека тој одмавнува со раката. Непријатна сцена? Да, но можеби само лош ден на сликарот.
Најсиромашна членка на Унијата
Бугарија важи за најсиромашна земја-членка на ЕУ, со животен стандард двојно понизок од просечниот во Европа. Според официјалните податоци, во земјата невработени се 14 проценти од работоспособното население. Невработеноста меѓу младите е над 17 проценти. Во исто време, сивата економија опфаќа високи 31,9 проценти - највисоко во Европа.
Индустриското производство во земјата постојано бележи пад, а во мај годинава, споредено со мај лани падна за 6 проценти. Во првиот квартал, бугарската економија порасна за минимални 0,4 проценти, а според процените, Бугарија годината ќе ја заврши со раст на БДП од најмногу еден отсто.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...E19682D919
На 40 ден от протестите в София...поглед от Скопие:
Па тайфата на лидера на социалистите Орешански...
Па тълпата по улиците...
Па тихият говор и нежеланието да се общува с чуждестранни журналисти...
Па македонски песни на български език...
Самозапалванията...
И други екстри - от типа на
Страна рекордьор по сива икономика...
Най-сиромашната страна на Европската уния...
Па и по-високите плати во Скопие...
Това съседът ти да се интересува от тебе и да ти съчуства си е направо "бог да чува" - т.е. "мерси"...
Разбира се, че Орешански се казва Орешарски и никога не е бил лидер на социалистите; разбира се, че той не е на чело на тайфа и че срещу него не протестира тълпа; разбира се, че хората не се притесняват да говорят пред чужденци...и т.н. и т.п.
А че страната води класациите по сива икономика и бедност в ЕС е факт - спор няма - добре, че съседите постоянно го напомнят - очевидно това е нещо което помага на Лепа Горгиевска и съответната гилдия да се чустват пресрекни...;
Незабележими детайли, предрасъдъци и т.н. и т.п....;