Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Кој ги скара Македонија и Бугарија?

Очекувањата во бугарското општество сега се поголеми од времето на Декларацијата меѓу двете земји

Слободанка Јовановска

Македонско-бугарските односи се жртви на некаков микс на комунизмот и национализмот - беше краткиот опис на Димитар Бечев од Европскиот совет за надворешни односи во Софија, на вчерашната дебата организирана од ГЕМ клубот во Скопје. Според него, проблем во Бугарија е што темата Македонија секогаш била во доменот на ваквите средини, при што и поранешниот претседател Георги Прванов и Божидар Димитров правеле кариера на Македонија како соработници на службите.

„Ова е маѓепсан круг меѓу полицајците, историчарите и некои кругови во Македонија кои немаат интерес да се развиваат односите меѓу Бугарија и Македонија“, оцени Бечев, додавајќи дека и покрај тоа, меѓу двете земји има голем напредок изминатите дваесет години. Како примери, ги посочи признавањето на Македонија, декларацијата со која на некој начин се призна македонскиот јазик, заедничкото славење на Љупчо Георгиевски и Иван Костов, некои разумни потези на Бранко Црвенковски и предлогот за заедничко славење Илинден од Владо Бучковски, што ги окарактеризира како заедничка политичка волја да се оди напред, која, како што нагласи, недостига во моментов. Уште повеќе, тој смета дека со блокадата во ЕУ на преговорите со Македонија се создава нов маѓепсан круг, бидејќи тоа поттикнува негативна реторика во Македонија која потоа предизвикува реакции во Бугарија. „Македонската Влада нема желба да влезете во ЕУ, или барем не по секоја цена, па го користи грчкото вето како алиби“, оцени Бачев додавајќи дека токму политичките елити треба да не' извадат од тој маѓепсан круг.

Бугарскиот аналитичар Јавор Сидеров тврдеше исто така дека решението на проблемите треба да биде политичко, отфрлајќи секаква улога на историчарите. Според него, никој повеќе не го употребува говорот на омразата од нив, па ако историјата не може да биде игнорирана, тогаш да биде впрегната во компромис. „Крајно време е историјата меѓу Бугарија и Македонија да биде напишана за подобра иднина, а не за минатото“, порача Сидоров со оцена дека и ветото на Софија во ЕУ, и антиквизацијата кај нас не им служат на долгорочните цели на двете земји. Историчарката Ирена Стефоска, по апелот „аман, сите се нафрливте на нас историчарите“, изјави дека националистичките идеологии се кичести зошто се неточни, а дијалогот е естетика.

Љубомир Фрчкоски сметаше дека во Македонија се потценува признавањето од Бугарија, а идентитетските закани се преувеличани, уште повеќе што дома се соочуваме со поопасен удар од антиквизацијата. Македонскиот идентитет, смета тој, може да го градиме и со споделување на бугарски и албански историски ликови, но клучен проблем за подобрување на односите е политичката волја кај нас, а последните години и во Софија. Ние, според Фрчковски, имаме проблем со Кирил и Методиј и настојувањето да останеме посебни, додека Бугарија има проблем со окупацијата. Проблем за Бугарија се и малцинствата и мултикултурализмот што го градиме, а кај нив се прима со резерва. Проблем, според него е и нашиот однос кон Македонците што се сметаат за Бугари.

Антоанета Приматарова, поранешен заменик-преговарач со ЕУ, смета дека не би требало да биде проблем да се постигне договор во рамките на преговорите што се водат сега меѓу двете земји, но проблем е што сега во бугарското општество се создале поголеми очекувања. Според неа, европската рамка може да помогне, но нема да ги реши сите недоразбирања и тоа ќе биде долгорочен процес. Бартоломеј Кајтази, наш поранешен амбасадор во Ватикан, нагласи дека на 148 километри заедничка граница со Бугарија, има само три гранични премини, од кои два се и регионални. Инфраструктурната поврзаност кажува многу, заклучи тој, па нагласи дека меѓу двете земји нема ни железница, ни авионска линија - и тоа е така со децении. Како шлагворт Бечев ја предложи Кумановската битка од 1944 година како можност за заедничко славење во која имало пет илјади жртви, а македонските партизани се бореле заедно со бугарската војска. „Задоцнивме, но тогаш бевме на вистинската страна“, забележа тој шеговито. Дебатата беше видно позитивистичка со тенденција да се избегнуваат спорните прашања, како што нафрли претходно Бечев, со акцент на тоа како да одиме напред.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BD795...5FA26AFC30
Без Ботев няма България
07-02-2013, 03:50 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Груевски отново в атака

Дебата во Европскиот парламент за владеењето со правата и слободите во Бугарија

Европратниците дебатираа околу час и половина за владеењето на правото и слободата во Бугарија, без притоа да биде донесен конкретен заклучок.



Дебатата беше по барање на Алијансата на либералите и демократите на Европа, по нападот врз почесниот престедател на партијата на турското малцинство Ахмед Доган. Во дебатата очекувано дојде до судармеѓу две позиции – од една страна европратениците од групата на либералите со поддршка од социјалдемократи, кои ја обвинуваа бугарската влада дека не се грижи за владеењето на правото и почитувањето на основните човекови права, и од друга страна Европската народна партија, чии претставници тврдеа дека се користи трибината во Стразбур за предизборни агитација.

- Недопустливо е посегнување врз правната држава во Европа. Нападот над партиски раководители е напад врз демократијата и тоа е неприфатливо“, изјави на почетокот од дебатата, комесарката за климата Кони Хедегор која зборуваше во името на Европската комисија. Европската комисија го осудува тој напад, но според комесарката тоа е внатрешно прашање на Бугарија и најважно е бугарските власти брзо да ги изведат пред лицето на правдата одговорните за нападот.

За Комисијата која ќе продолжи да ја следи Бугарија во рамките на процесот за верификација, сега е важно изборите да не го спречат реформскиот процес.

Од името на Советот, ирското претседателство преку Лусинда Крајтн, државен министер за европски прашања, рече дека претседателството не може да има поглед на поставените прашања, бидејќи тие не биле дискутирани во Советот и по нив министрите на ЕУ немаат позиција.

Сепак според неа потребно е зацврстување на основните вредности и принципи кои вклучуваат слобода, демократија и владеење на правото. Во согласност со ова, ирската министерка нагласи дека националното законодавство треба да одговара на европските принципи и тоа вистински да се применува.

Бугарија заедно со Романија се двете европски држави кои се ставени под надзор преку механизмот за соработка и верификација по нивниот прием во ЕУ во 2007 година.

Во дебатата Манфред Вебер во името на народните партии изрази изненадување за дебатата која се води, бидејќи истрагата за нападот врз Доган се уште е во тек и дека тоа е внатрешно прашање на Бугарија.

Од името на групата на социјалистите и демократите Фернандо Лопез Агилар препорача ЕК да изготви дополнителен извештај за Бугарија во областа на правосудството, со оглед на настаните во изборот на високи претставници на судството. Во името на групата на либералите и демократите, каде што членува и ДПС (партијата на турското малцинство), иницијаторот на дебатата, Греам Ватсон ја критикуваше реакцијата на бугарските власти, кои го промениле обвинението на напаѓачот на Доган "под притисок на министерот за внатрешни работи".

Според Ватсон се поставуваа многу прашања во Бугарија за судството и неговата независност. Тој ги отфрли како цинични обвинувањата дека дебатата се користи како предизборна трибина бидејќи главните бугарски институции ја немаат довербата на граѓаните.

Бугарскиот независен европратеник Димитар Стојанов, смета дека немало притисоци во истрагата и призна дека во Бугарија всушност има проблеми со слободата, но истовремено тој нагласи дека во минатиот век Доган бил осуден за тероризам и дека ДПС беше терористичка организација пред 30 години.

Во својство на поранешен известувач на ЕП за напредокот на Бугарија на патот кон ЕУ Џефри Ван Орден нагласи дека приемот на Бугарија во ЕУ е поврзан и со руското влијание во регионот. Инвеститорите имаа потреба од перспектива за стабилност и ова решение тогаш беше правилно, но проблемите кои преостануваат во Бугарија сега имаат потреба од итни решенија.

Британскиот европратеник од групата "Европа за слобода и демократија" Џерард Батн предвидува дека 50.000 мигранти годишно во следните 5 години ќе се насочат од Бугарија кон неговата земја. „Бугарија е поплавена од криминал, во Бугарија животот нема цена ..., а мафијата си купила држава. Но, тоа не значи дека Велика Британија треба да го прифати сите. Британците немаат ништо против никого, вклучувајќи и против Бугарите,но зошто толку од нив сакаат да ја напуштат - земјата им е очајна сиромашна и под контрола на организираниот криминал“, нагласи тој.

Според него бугарскиот миграциски тек бил предизвикан од недостатокот на слободни медиуми, од корумпиран судски систем, од наместените избори.

- Жал ми е за Бугарите, но ми е жал и за мојата земја разорена од странци.Велика Британија не може да ги реши проблемите на Бугарите, со тоа што ќе ги пресели во Велика Британија, рече Батн.

Андреј Ковачев од европските народни партии оцени дека бугарската опозиција сака да ја искористи дебатата во предизборната кампања. Тоа е обид Бугарија да биде дискредитирана. Според него медиумите во Бугарија мирно пишуваат што сакаат, па и против премиерот, а тврдат дека не се слободни - тоа според Ковачев е страшно.

Илија Јотова од групата на социјалистите рече дека притисокот и купувањето на избори се карактеристика на сегашната владејачка партија во Бугарија Првиот слободен референдум во земјата беше наместен. Филиз Хјусменова од ДПС, (АЛДЕ) изрази мислење дека владеачката гарнитура во Бугарија кај обидела да го потцени нападот врз Доган. Според неа тоа беше нарачка и обид за политичко убиство на опозициски лидер во пресрет на парламентарните избори.

За време на расправата се слушнаа и конкретни предлози како да се запрат сите евросредства за Бугарија, за да тие не одат во рацете на криминалците, механизмот за соработка и верификација да се однесува на повеќе области, да се бара одговорност од опозицијата за постоечките проблеми.

Расправата се однесуваше само на нападот врз почесниот претседател на ДПС, за жал во неа не беа споменати и другите проблеми, како на пример проблемите на кое е изложено непризнатото македонското малцинство во Бугарија.

Самата дебатата и меѓусебните обвинувања на бугарските европратеници остави впеачток на нешто недоврешено, бидејќи тоа беше само декларативна, без резолуција. Но едно нешто произлезе јасно: - Во Европската унија има земји членки, кои понекогаш не ги почитуваат владеењето на правото и тоа мора да се промени, мора да се почитуваат основните европски вредности и тоа важи за сите земји членки. Посебно кога тоа се бара од земјите кандидатим за кои бугарските европратеници бараат почитувања на овие стандарди.


http://www.sitel.com.mk/node/58909

Без Ботев няма България
07-02-2013, 07:28 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9


Политичар од Бугарија фалсификувал пасоши за Македонци



Политичар од Бугарија фалсификувал пасоши за Македонци
Крими | 7. февруари 2013 - 15:49
Јордан Чипев, политичар од Ќустендил е уапсен под сомнение дека бил дел од група која изработувала лажни бугарски пасоши и им ги продавала на Македонци

New
При претресите во домовите на уапсените се најдени лажни пари, фалсификувани обрасци за лични документи со матични броеви на македонски граѓани, а во оџак на куќата на Чипев е најден скриен урнек на лажен црвен бугарски пасош.

Бугарската тројка соработувала со група која дејствувала на територијата на Македонија и правела фалсификати.

Во акцијата според бугарските весници учествувале и инспектори за организиран криминал од Македонија.

Чипев е контроверзен бугарски политичар познат по повеќе криминални афери.

a class="twitter-follow-button" href="https://twitter.com/Press24mk">Follow @Press24mk

Без Ботев няма България
07-02-2013, 07:32 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Кака ти Форсина са я издагнали в началник на плюенето по България за нова македония. От там до парламента е само една стъпка Icon_razz

Односот на бугарските и на грчките европратеници е неразбирлив ако се земе предвид дека за отворените прашања со Бугарија што се дефинирани под терминот добрососедски односи Македонија веќе преговара, а во однос на Грција, пак, разговорите што се водат под покровителство на посредникот делегиран од Обединетите нации, Метју Нимиц, се забрзани и имаат напредок





Добрососедски односи и брзо решавање на спорот за името се двете најспоменувани работи во 127-те амандмани поднесени од грчките и од бугарските европратеници за резолуцијата за Македонија што ја подготви известувачот Ричард Ховит. Откако, поради инсистирање на јужниот и на источниот сосед, токму спорот за името и добрососедските односи беа вметнати како услови за евроинтеграцијата на Македонија што ќе бидат оценувани и во пролетниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава, европратениците од овие држави не мируваат. Повторно инсистираат на овие две прашања, па одат и во детали и бараат да им се наложи на македонските власти да усвојат пристап кон историјата основан на факти, особено во однос на едукативните материјали и јавните настапи во земјата и на меѓународно ниво, Европската комисија да ги стопира ИПА-фондовите, Владата да покаже добрососедство, со тоа што ќе ги реши уривањето и исмевањето на бугарските воени гробишта на својата територија...

Барањата одат дотаму што стигна и едно интересно и невообичаено инсистирање преточено во амандман на бугарскиот европратеник од националистичката партија Атака, Димитар Стојанов. Тој тврди дека лицата со бугарска самосвест во Македонија се соочувале со нетолеранција, опозицијата извикувала „мрсни Бугари“, а полицијата ги репресирала оние што посредуваат за бугарско државјанство и поради тоа тој побара да се исфрлел терминот Бугарин во врска со националната припадност, бидејќи се употребувал во навредлив контекст.

Но што можеше да се очекува од декември, кога овие две теми беа нотирани како услов за напредокот на Македонија, досега, односно до почетокот на февруари? Дваесет години стариот проблем со Грција да се реши прекуноќ, како со магично стапче? Или, пак, договорот со Бугарија за добрососедство да биде потпишан за помалку од 24 часа? Дали единственото што ќе ги задоволеше политичарите од соседните земји, чии европратеници ги манифестираат нивните барања и идеи сега во Европскиот парламент, ќе беше Македонија да прифати ново име и сѐ што оди во пакет со него како што инсистира Атина и во согласност со нејзините црвени линии, а договорот што го бара Софија да се прифати без никаква забелешка?

Односот на европратениците Николаос Салавракос, Марија Елени-Копа и Мариета Јанаку, како и Станимир Илчев, Андреј Ковачев и Димитар Стојанов, дополнително е неразбирлив ако се земе предвид дека во однос на отворените прашања со Бугарија што се дефинирани под поимот добрососедски односи Македонија веќе преговара, се одржаа неколку состаноци на работните групи и, според информациите во јавноста, усогласувањето на ставовите за договорот напредува. Во однос на Грција, пак, разговорите што се водат под покровителство на посредникот делегиран од Обединетите нации, Метју Нимиц, исто така имаат напредок. Контактите се зачестени, а и самиот посредник не крие дека е оптимист и дека првпат по дваесет години, како што потврди самиот, може да се каже дека спорот е решлив. Нимиц детектира расчистување на позициите, признавајќи дека прашањето е тешко и дека за неговото решавање се потребни многу труд и бела коса.

Ама џабе му е ваквото признание кога за Грците и Бугарите изгледа е прифатливо само решение на проблемите веднаш и во истиот момент.

За нив не е доволно тоа што се разговара и со двете страни и што оцените се дека работите конечно почнуваат да се придвижуваат. За нив е доволно само да се најдат некакви причини да се оцрни соседот и да се држи што подалеку од нивното друштво, во кое досега се играше само по нивни правила.

Автор: Фросина Димеска

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22799
Без Ботев няма България
07-02-2013, 07:36 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бу­гар­ски фун­кци­о­нер из­ра­бо­ту­вал лаж­ни па­со­ши за Ма­ке­дон­ци


ор­дан Чи­пев, бу­гар­ски по­ли­ти­чар од Ќус­тен­дил и ли­дер на раз­гра­нок на пар­ти­ја­та Бу­гар­ска со­ци­јал­де­мок­ра­ти­ја, со уш­те трој­ца со­ра­бот­ни­ци из­ра­бо­ту­вал фал­си­фи­ку­ва­ни бу­гар­ски па­со­ши за Ма­ке­дон­ци.

Спо­ред бу­гар­ски­те ме­ди­у­ми, Чи­пев, кој на та­мош­ни­те служ­би им е поз­нат по биз­ни­сот со лаж­ни до­ку­мен­ти, со­ра­бо­ту­вал и со не­кол­ку­ми­на Ма­ке­дон­ци. Ста­ну­ва збор за 6. осом­ни­че­ни ли­ца во чии до­мо­ви ма­ке­дон­ска­та по­ли­ци­ја из­вр­ши прет­рес на по­че­то­кот од ја­ну­а­ри под сом­не­ние де­ка из­да­ва­ле лаж­ни ле­кар­ски уве­ре­ни­ја за до­би­ва­ње бу­гар­ски па­со­ши. Иа­ко во бу­гар­ски­те ме­ди­у­ми ак­ци­ја­та на та­мош­ни­те спе­ци­јал­ци е оп­шир­но опи­ша­на, во на­ше­то МВР ве­лат де­ка во ин­те­рес на ак­ци­ја­та во две­те зем­ји за отс­тра­ну­ва­ње на вак­ви­те кри­ми­нал­ни гру­пи, за­се­га не­ма да от­кри­ва­ат де­та­ли.

- Пок­рај прет­ре­си­те и ак­ци­ја­та во Стру­ми­ца на по­че­то­кот од ја­ну­а­ри, МВР спро­ве­де ис­тра­га и во дру­ги слу­чаи, во кои со­ра­бо­ту­ва со бу­гар­ска­та по­ли­ци­ја. Со по­де­таљ­ни ин­фор­ма­ции ќе из­ле­зе­ме ко­га ис­тра­га­та ќе би­де до­ком­пле­ти­ра­на, ве­лат од МВР. Бу­гар­ски­те ме­ди­у­ми пи­шу­ва­ат де­ка по­ли­ти­ча­рот и двај­ца­та со­ра­бот­ни­ци фун­кци­о­ни­ра­ле во мре­жа и ос­вен за из­ра­бот­ка и из­да­ва­ње лаж­ни па­со­ши, би­ле за­дол­же­ни и да ба­ра­ат и да прив­ле­ку­ва­ат Ма­ке­дон­ци и Ср­би, па за па­ри да им из­да­ва­ат не­ле­гал­ни пат­ни ис­пра­ви.

Во по­ли­цис­ка­та ак­ци­ја од 2 ја­ну­а­ри бе­ше ут­вр­де­но де­ка 6-те­ми­на се то­ва­рат за из­вр­ше­ни 2 кри­вич­ни де­ла - из­да­ва­ње до­ку­мен­ти со не­вис­ти­ни­ти со­др­жи­ни и фал­си­фи­ку­ва­ње до­ку­мен­ти. Кај осом­ни­че­ни­те би­ле про­нај­де­ни над 100 под­гот­ве­ни бу­гар­ски па­со­ши, лич­ни кар­ти, до­ку­мен­ти за ап­ли­ка­ци­ја и ме­ди­цин­ски до­ку­мен­ти. Про­нај­де­ни­те ле­кар­ски уве­ре­ни­ја има­ле не­вис­ти­ни­ти со­др­жи­ни и ни­ка­де не би­ле еви­ден­ти­ра­ни де­ка се из­да­де­ни, ни­ту пак се знае кол­ка­ва су­ма за­ра­бо­ти­ле осом­ни­че­ни­те за нив.


http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID...00F12A5156
Без Ботев няма България
08-02-2013, 05:45 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

В груйовите медии тече благородно съревнование кой по силно ще плюкне по България.Резултатите ще се решават с фотофиниш

Датум: 07.02.2013, 16:39
ЕДИТОРИЈАЛ

Аман, не таква помош

Македонската приказна со Бугарија полека ја добива формата на познатата шега...„аман ве молиме, подобро не ни помагајте“. Се разбира, ако ние и тие поинаку ја сфаќаме помошта. А последниот случај со 90-ината амандмани во Европскиот парламент потврдува дека користиме различни дефиниции за „помош“.


Никако да се погодиме за дефиницијата за „антибугарска кампања“, за „притисок“ врз оние што се чувствуваат Бугари, а уште помалку за дефиницијата на „провокација“. Очигледно имаме различни дефиниции и за „малцинство“, а различно ги сфаќаме судските случаи и одлуки и во самите земји, ама и во Судот за човекови права во Стразбур.

Освен тоа, последниве денови тие виделе нешто што ние не можеме да го видиме, од типот на наводните извици на протестите на опозицијата „мрсни Бугари“. И тоа за што, за преименување улица!

И со сите вакви забелешки во Стразбур бугарските пратеници сакале да ни помогнат да не ги повторуваме нивните грешки кога влегувале неподготвени во Европската Унија. Можеби затоа побараа, дел од нив, се разбира, и со чест на исклучоците, Европската комисија да прекине со понатамошно финансирање на Македонија од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) бидејќи „поради говорот на омраза, не е оправдано средствата на европските даночни обврзници да бидат потрошени за финансирање на политиките на земја-кандидат”.

На овој начин ни помагале бидејќи подобро е добрите пријатели добронамерно да зборуваат отворено за проблемите, како што велат тие.

Експертите од Бугарија имаа објаснување за ваквото однесување на пратениците. Овде нè уверуваа дека тие не го изнесуваат официјалниот став на Софија. А чиј став изнесуваат? Личен? На политичка партија? На група граѓани?

Чиј е ставот за „Трето полувреме“, кој за бугарските пратеници во Европскиот парламент е бесмисленост, или за регистрирање на „организацијата на луѓето со бугарска самосвест „Радко“ како политичка партија“?

Домашни експерти, пак, имаат малку поинакви ставови. Тие не се изненадени од ваквото однесување на бугарските пратеници, без оглед дали пренесуваат официјален или „личен“ став. Напротив, дури и очекуваат да стануваат сè понервозни како што ќе се зголемува бројот на тие што бараат датум за почеток на преговорите за членство.

Грчки дипломати пред неколку месеци на шега предупредуваат дека допрва ќе видиме што е спор, велејќи „ќе го барате спорот за името“. Она што тогаш изгледаше неверојатно, сè повеќе станува реалност. Бугарскиот камен околу вратот станува потежок од грчкиот.

Да се надеваме дека долгонајавуваниот договор за добрососедство, од кој толку многу се очекува, ќе донесе малку повеќе меѓусебна доверба.

Жана П. БОЖИНОВСКА

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C6E6334E54...37ACEEB831
Без Ботев няма България
08-02-2013, 05:48 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Смешното тук е , че дебатата е по инициатива на български евродепутати от ДПС , фокусът е "атентатът" срещу Доган, присъствали - десетина човек - ама друго си е да сложиш едно гръмко заглавие- Европа притиска Icon_razz

ЖЕСТОКА ДЕБАТА ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ


Европа притиска Софија да си го излечи национализмот



Се кршеа копја во Европскиот парламент во врска со прашањето на владеење на правата и слободите во Бугарија. Иницијална каписла за дебатата, која дојде по барање на Алијансата на либералите и демократите на Европа, беше неодамнешниот напад врз почесниот претседател на партијата на турското малцинство во Бугарија, Ахмед Доган. Сепак, и после час и половина дебатирање, заклучок не беше донесен.

Се судрија две позиции, европратениците од групата на либералите со поддршка од социјалдемократи кои ја обвинуваа бугарската Влада дека не се грижи за владеењето на правото. Другата пратеничка групација, се претставниците на Европската народна партија кои тврдеа дека трибината се користи за предизборна агитација.
-Недопустливо е посегнување врз правната држава во Европа. Нападот над партиски раководители е напад врз демократијата и тоа е неприфатливо, изјави комесарката за клима Кони Хедегор зборувајќи во името на Европската комисија.

Бугарија и Романија се двете европски држави кои се ставени под надзор преку механизмот за соработка и верификација по нивниот прием во ЕУ во 2007 година.
Манфред Вебер во името на народните партии изрази изненадување за дебатата која се води бидејќи истрагата за нападот врз Доган се уште е во тек и дека тоа е внатрешно прашање на Бугарија.

Иницијаторот на дебатата Греам Ватсон во име на либералите и демократите каде членува и партијата на Доган, ДПС, ја критикуваше реакцијата на бугарските власти, кои го промениле обвинението на напаѓачот на Доган под притисок на министерот за внатрешни работи.
Според него, се поставуваат многу прашања во Бугарија за судството и неговата независност и ги отфрли обвинувањата дека дебата се користи како предизборна трибина. Бугарскиот независен европратеник Димитар Стојанов, смета дека немало притисоци во истрагата и призна дека во Бугарија всушност има проблеми со слободата, но истовремено нагласи дека во минатиот век Доган бил осуден за тероризам и дека ДПС беше терористичка организација пред 30 години.
-50 илјади мигранти годишно во следните пет години ќе се насочат од Бугарија кон Британија. Бугарија е поплавена од криминал, во Бугарија животот нема цена, а мафијата си купила држава. Но, тоа не значи дека Велика Британија треба да ги прифати сите. Британците немаат ништо против никого, вклучувајќи и против Бугарите, но зошто толку од нив сакаат да ја напуштат земјата? Бидејќи е очајна, сиромашна и под контрола на организираниот криминал, вели Џерард Батн од групата "Европа за слобода и демократија".

Андреј Ковачев од европските народни партии оцени дека бугарската опозиција сака да ја искористи дебатата во предизборната кампања. Тоа е обид Бугарија да биде дискредитирана. Наспроти него, пратеничката од групата на социјалистите Илија Јотова вели дека притисокот и купувањето на избори се карактеристика на сегашната владејачка партија во Бугарија.
На расправата имаше конкретни предлози да се запрат сите евросредства за Бугарија со цел тие да не одат во рацете на криминалците. За проблемите со кои се соочува непризнатото македонско малцинство во Бугарија не беше дискутирано.

http://vecer.com.mk/?ItemID=1D53742BD96C...AE331D4BA0
Без Ботев няма България
08-02-2013, 05:52 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарски политичар од продавал фалс бугарски пасоши на Македонци

Бугарски политичар со својата банда правеле и препродавале лажни бугарски пасоши, визи и евра на македонски државјани, а клиентела им наоѓале шестмина струмичани


Полицајците од одделението за организиран криминал на бугарското МВР спровеле масовна операција во која успеале да разбијат организирана криминална група составена од македонски и бугарски државјани која фалсификувала лични документи и евра претежно наменети за македонски граѓани .

Акцијата траела два дена, а во неа учествувале и македонски полицајци од одделението за организиран криминал, а била координирана од СЕКИ-центарот во Букурешт, соопшти бугарското МВР.

Уапсен е организаторот на групата В.Б. (48) од Ќустендил против кого веќе се поднесени кривични пријави. Акцијата почнала на 4 јануари кога во вечерните часови на граничниот премин Гуешево дошол К.Р. (43) од Ќустендил, кој сакал да ја напушти државата и да влезе во Македонија. При проверката на документите, полицајците откриле дека тој нема возачка дозвола, па затоа го упатиле на детален преглед. Во автомобилот, кој го управувал марка "фолксваген пасат", биле најдени швајцарски и германски визи, а во неговата облека плико во кое имало две фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра. Тој бил приведен и на полициските инспектори им изјавил дека визите и парите биле наменети за странски државјани, најверојатно Македонци.

До крајот на вечерта биле уапсени уште две лица од Ќустендил Ј.Ч. (58) бизнисмен и лидер на огранокот на партијата "бугарска социјалдемократија" кој веќе имал пријава за злоупотреба на авторско право и неговата сограѓанка Е.Т. (49), која и била позната на полицијата по апсење за поседување наркотици, кои биле посочени дека се членови на оваа криминална група. Во истрагата било утврдено дека Ј.Ч. му помагал на В.Б. во наоѓање на клиенти и доставување на фалсификуваните документи и пари кои ги изработувала Е.Т. Од бугарското МВР информираат дека нивните специјални единици извршиле претреси во домовите и автомобилите на приведените каде биле најдени голем број докази, како специјална хартија за изработка на визи, фалсификувани бугарски пасоши, а најбитно е што биле најдени и списоци со лични податоци на македонски државјани и нивни документи со кои бараат бугарско државјанство. Сепак од полицијата се сомневаат дека и списоците се фалсификати. Покрај тоа запленети се 38 цедиња, папки со над 200 копии на лични карти на странски државјани, документи за регистрација на фирми, тефтер со лични податоци на македонски државјани, лаптоп-компјутери, УСБ-стикови полни со скенирани лични карти и оружје. Според информациите на бугарското МВР оваа криминална група дејствувала на територијата на Македонија каде веќе биле уапсени 5 македонски државјани кои биле пријавувани за истиот криминал.

Од Македонската полиција вчера ја потврдија акцијата и објаснија дека во меѓувреме во Струмица била спроведена дополнителна истрага при што шест лица биле повикани на разговор во полициската станица поради сомнение дека учествувале при посредување за вадење на бугарски државјанства и употреба на исправа со невистинита содржина. Биле извршени претреси во нивните домови и службени простории. При претресите, полицијата пронашла и запленила 148 лекарски уверенија за кои инспекторите се сомневале дека се фалсификат, што подоцна од проверени 58 уверенија 58 биле фалс, а се чека да заврши проверката и на останатите, потоа бил пронајден и еден тефтер со инетна евиденција на клиенти, поголем број лични карти и патни исправи на бугарски државјани чија веродостојност допрва се проверува.

Покрај претресите Министерството за внатрешни работи на Македонија изврши истрага и во други случаи во кои соработува со бугарската полиција и ќе излезе со подетални информации по комплетирањето на истрагите.

(М.П.)

http://vecer.com.mk/?ItemID=996EDB82DBDF...360369C1BE
Без Ботев няма България
08-02-2013, 05:53 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Германците се жалат на наплив од Романци и од Бугари

Имиграцијата од Југоисточна Европа во Германија е значително зголемена во последните години и општините се мачат да го прифатат овој наплив




Германските градови во моментов внимателно го следат проблемот и може да побараат помош од федералната влада или дури и од Европската Унија, пренесе „Шпигел“.

Германските градови се растревожени од растечкиот број Романци и Бугари што имигрираа во Германија во текот на последните години.

„Социјалниот баланс и социјалниот мир се крајно загрозени“, се наведува во документ на Германската асоцијација на градови.

Во документот се забележува дека многу иселеници од Југоисточна Европа се настануваат во градски реони каде што веќе има висока невработеност. Се посочува дека проблеми со прифаќањето на големиот број новодојденци имаат особено Берлин, Дортмунд, Дуисбург, Хамбург, Хановер, Минхен и Офенбах.

Во некои градови имиграцијата од Бугарија и од Романија од 2006 година досега се зголемила за шест пати. Особена загриженост, според документот, буди фактот дека многу од иселениците од Југоисточна Европа се финансиски нестабилни и не се добро образовани, со што за нив е речиси невозможно да си најдат работа, кога ќе пристигнат во Германија. Во него се забележува дека напливот од Роми претставува особено тежок предизвик, ако се има предвид дека тие честопати живеат во мизерни услови.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22798
Без Ботев няма България
08-02-2013, 06:00 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

07.02.2013, 17:03

Европскиот парламент ја стави на тапет Бугарија


Околу час и пол траеше расправата за невладеењето на правото и недостигот од слободи во Бугарија, иницирана од Алијансата на либералите и демократите на Европа, а како реакција на нападот врз почесниот претседател на партијата на турското малцинство Ахмед Доган. Во дебатата се судрија две позиции - либералите и социјалдемократите ја обвинуваа бугарската влада дека не се грижи за владеењето на правото и почитувањето на основните човекови права, а пратениците од групата народни партии тврдеа дека се користи трибината во Стразбур за предизборна агитација.

„Недопустливо е посегнување врз правната држава во Европа. Нападот над партиски раководители е напад врз демократијата и тоа е неприфатливо“, изјави во почетокот на дебатата, комесарката за климата Кони Хедегор во име на Европската комисија. Европската комисија го осудува тој напад, но според комесарката, тоа е внатрешно прашање на Бугарија и најважно е бугарските власти брзо да ги изведат пред лицето на правдата одговорните за нападот.

Британскиот европратеник од групата „Европа за слобода и демократија“, Џерард Батн, предвиде дека 50.000 мигранти годишно во следните 5 години ќе се насочат од Бугарија кон неговата земја. Според него, бугарскиот миграциски тек бил предизвикан од недостигот од слободни медиуми, од корумпиран судски систем, од наместените избори.

„Бугарија е поплавена од криминал, во Бугарија животот нема цена..., а мафијата си купила држава. Но, тоа не значи дека Велика Британија треба да го прифати сите. Британците немаат ништо против никого, вклучувајќи и против Бугарите, но зошто толку од нив сакаат да ја напуштат - земјата им е очајно сиромашна и под контрола на организираниот криминал“, нагласи тој.

„Жал ми е за Бугарите, но ми е жал и за мојата земја разорена од странци. Велика Британија не може да ги реши проблемите на Бугарите, со тоа што ќе ги пресели во Велика Британија“, рече Батн.

За време на расправата се слушнаа и конкретни предлози како да се запрат европските средства за Бугарија, за да не одат во рацете на криминалците, механизмот за соработка и верификација да се однесува на повеќе области, да се бара одговорност од опозицијата за постојните проблеми. Расправата, сепак, се однесуваше само на нападот врз Доган и во неа не беа споменати и другите проблеми, како тие на кои е изложено непризнатото македонското малцинство во Бугарија. (Н.Р.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=0FE88DE98...1501E0AEFD
Без Ботев няма България
08-02-2013, 12:23 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Демократијата во Бугарија спорна за европарламентарците

Европскиот парламент дебатираше речиси два часа за демократијата во Бугарија, која е опишана како слаба алка во Европската Унија, и за односот кон европските вредности на континентот



Завчерашната дебата ја иницира претседателот на европските либералдемократи Грахам Вотсон, кој беше сведок на нападот врз Ахмед Доган, почесен претседател на партијата на турското малцинство во Бугарија Движење за права и слободи.

Според Вотсон, тоа што бугарските власти го промениле обвинението за напаѓачот на Доган било под притисок на министерот за внатрешни работи поради што се поставувале прашања за независноста на судството во Бугарија.

- Тажен факт е дека клучните институции што треба да ја спроведат правдата не уживаат доверба од јавноста - оцени Вотсон.

Европратениците од групата на либералите и социјалдемократите тврдеа дека бугарската влада не се грижи за владеењето на правото и почитувањето на основните човекови права, а нивните колеги од Европската народна партија дека дебатата се користи во предизборни цели.

Европратеникот Манфред Вебер изрази изненадување за дебатата што се води, бидејќи истрагата за нападот врз Доган сѐ уште е во тек, а тоа било внатрешно прашање на Бугарија.

Според бугарскиот независен европратеник Димитар Стојанов, немало притисоци во истрагата, но тој сепак призна дека во Бугарија има проблеми со слободата.

Во својство на поранешен известувач на Европскиот парламент за напредокот на Бугарија на патот кон Европската Унија, Џефри ван Орден нагласи дека приемот на таа земја е поврзан и со руското влијание во регионот.

Според британскиот европратеник од групата „Европа за слобода и демократија“ Џерард Батн, 50.000 мигранти годишно во следните пет години ќе се насочат од Бугарија кон неговата земја, бидејќи таму имало недостиг од слободни медиуми, корумпиран судски систем и наместени избори.

- Бугарија е поплавена од криминал, во Бугарија животот нема цена, а мафијата си купила држава. Но тоа не значи дека Велика Британија треба да ги прифати сите. Британците немаат ништо против никого, вклучувајќи и против Бугарите, но зошто толку од нив сакаат да ја напуштат земјата? Бидејќи е очајна сиромашна и под контрола на организираниот криминал - рече Батн.

За време на расправата се слушнаа и конкретни предлози, како на пример, да се запрат сите евросредства за Бугарија за да не оделе во рацете на криминалците.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22800
Без Ботев няма България
08-02-2013, 12:25 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

08.02.2013, 16:03
Интервју - Aко Бугарија сака доверба, нека ја заслужи



Вака Стојко Стојков, копретседател на ОМО „Илинден“ - Пирин, го коментира најголемото барање на Софија од Македонија

Слободанка Јовановска



Реагиравте на бришењето на Македонците од резолуцијата на Советот на Европа. Зошто по толку судски процеси и реакции во Стразбур, нема реален ефект околу вашиот статус како непризнато малцинство во Бугарија?

Поради силниот отпор на државата и на голем дел од општеството, кои уште живеат со умот во времето на Тодор Живков. Национализмот во Бугарија е антимакедонски по својата суштина. Гледате дека не само ние како малцинство, но и Македонија како држава се соочува со слични апсурдни проблеми од страна на Бугарија.



Македонија е под притисок да ги реши несогласувањата со Бугарија, за да го избегне ветото за преговори со Унијата во јуни. Како го коментирате вие тоа и дали ваквиот нов однос на силите сега со Бугарија ја загрозува и вашата борба за права?

Овие нешта се испреплетени бидејќи во основата е истиот бугарски националшовинизам, кој негира се' македонско. Јасно е дека овде има запалени глави кои си замислуваат дека можат некако да ја бугаризираат или барем демакедонизираат Македонија. Тие на никој начин нема да попуштат и во однос на нас – не оди да признаваш македонско малцинство кога ја негираш македонската нација.



Ако се следат бугарските амандмани на извештајот на Македонија во ЕП, испаѓа дека ние сме тие што вршиме дискриминација, а не обратно...

Тоа е добро позната тактика кога крадецот вика држете го крадецот. Кој и колку е дискриминиран може лесно да се проследи преку објективни критериуми – пресудите во Судот за човекови права, извештаите на меѓународните институции и сл. А, таму се' е јасно – наспроти само една пресуда за нарушување на правата на Бугарите во Македонија, стојат девет за кршење на правата на Македонците во Бугарија. Додека нашето дискриминирање е присутно во скоро сите меѓународни извештаи, не ми е познато во некој од нив да е забележана репресија врз Бугарите во Македонија, надвор од случајот со одземената регистрација на „Радко“. Репресијата треба самата да се поучи како да ги почитува правата на малцинствата... и не само на македонското – сите имаат проблеми овде. И во споредба со македонските малцинства во Албанија и Грција ние сме во полоша положба: и непризнати, и нерегистрирани, и дискриминирани, и навредувани...



Која е разликата меѓу нерегистрирањето на „Радко“ и на ОМО „Илинден“ - Пирин? Зошто Софија гледа политичка репресија во првиот случај, а не гледа кај вас?

Прво, голема е разликата меѓу двете структури. Додека ние се бориме за меѓународно гарантирани права, „радковци“ се борат против меѓународно гарантирани права. Ние се бориме за наше признавање и малцински права, додека тие не сакаат статус на малцинство, туку да ја негираат националната самосвест на мнозинството. Ние сме правозаштитна и демократска партија, додека тие се екстремистичко друштво. Сепак, не требаше нивното друштво да се забранува, без разлика што постојано продуцира говор на омраза и провокации. Тоа е дел од демократијата. Ако има разлика во однос на регистрацијата, таа е во тоа колку пати ние (а и не само ние, туку и низа други македонски организации во Бугарија) сме барале регистрација и сме добивале одбивање – десетици пати наспроти нивниот еден. И во начинот на кој се третирани нашите членови – заплашувани, викани во полиција и слично. Бугарија гледа репресија во случајот „Радко“ највеќе зашто има потреба од тоа. Бугарија има нужда некој да дискриминира Бугари во Македонија за да има изговор и оправдување за својата апсурдна антимакедонска политика. А кај нас не гледа репресија, зашто нели, нас не' нема и нема како луѓе што не постојат да се дискриминираат. Напротив, ние постојано слушаме дека иако не постоиме, сите права ни се почитуваат. Уште и да го видиме тоа во практика.



До каде се напорите на ОМО „Илинден“ - Пирин, сепак, официјално да добие статус на политичка партија?

Моментално обидите се запрени. Во бугарскиот парламент на прво читање поминаа промените на Законот за политичките партии, кои го прават невозможно регистрирањето на малцинските партии. Ние реагиравме до сите меѓународни институции и, изгледа, имало ефект, бидејќи законот уште не помина на второ читање веќе шест месеци. Ќе причекаме да видиме каков ќе биде законот по промените и потоа ќе решаваме. Но, во исто време продолжуваат обидите да се регистрираат македонски организации, засега неуспешно.



Со какви притисоци се соочувате во моментов и со какви средства се борите за своите права?

Продолжуваат да го негираат нашето постоење, да не ни даваат ниту едно од правата што им следуваат на малцинствата, властите одбиваат секаков дијалог и сме објект на говор на омраза. Антимакедонската хистерија во Бугарија, што трае веќе повеќе од година, исто лошо ги погодува Македонците во Бугарија. Ние се бориме на начини на кои можеме – се организираме, реагираме, гледаме нашето мислење да стигне до што поголем број луѓе, работиме со меѓународните организации...



Колкава е реалната гласачка моќ на македонското малцинство во Бугарија?

За жал, нема како да го знаеме тоа, не ни даваат регистрација. Кога една година имавме регистрација, без никакви пари и искуство, бојкотирани и спречувани на секаков начин, успеавме да избереме тројца кметови и уште толку советници, а бевме на чекор во уште пет-шест места да го постигнеме истото. Мислам дека овој неочекуван успех во невозможни услови е причина да бидеме забранети и повеќе да не бидеме регистрирани. Да бевме слаби, ќе не' регистрираа, имено за да се покаже дека сме слаби. Стравот дека регистрацијата ќе го разбие митот за непостоење или малубројност на македонското малцинство е сосема очигледен.



Сте размислувале ли за организирање паралелен попис, како што најавуваат Македонците во Албанија?

Да. Но, сега не сме подготвени за тоа. Неопходна е сериозна подготовка, а силно присутен е и стравот кај многу Македонци во Бугарија, а тоа е сериозна пречка.



Неделава се одржа дебата во Скопје за македонско-бугарските односи на која беше заклучено дека тие се заробени од националистички и поранешни разузнавачки структури. Каков е вашиот впечаток? Омекнува ли бугарското општество кон македонското прашање или се радикализира?

Бугарското општество се радикализира. Или, поточно, вештачки го радикализираат. Во тоа клучна улога имаат поранешните тоталитарни структури, агентури и нивните сателити.



Гледате ли вие личности и настани што Бугарија и Македонија би можеле да ги слават заеднички?

Доколку Бугарија престане да ги негира македонската нација, јазик и малцинство, нема нешто што не би можеле да му одадеме почит заеднички. Како и со секој друг на Балканот! Но додека Бугарија води отворена негаторска политика, тоа е невозможно. Бугарија, всушност, не сака заедничко славење, туку да не' присили да се негираме самите себеси како што таа нас не' негира, да и' се придружиме во негацијата.



Кој е виновен за сегашното ниво на лоши односи меѓу двете држави - историчарите или политичарите?

Политичарите.



Чувствувате ли некаква промена откако Бугарија стана членка на ЕУ? Се гледаат ли европски вредности или стандарди повеќе отколку досега?

Многу малку се чувствува промената. Кандидат-членката Бугарија беше потолерантна отколку европската земја Бугарија, бидејќи тогаш требаше да исполнува критериуми, а сега – не.

Бугарски политичари се повикуваат на бројот на издадени бугарски пасоши на наши граѓани за да бараат впишување на бугарско малцинство во Уставот. Како го коментирате тоа, и реална ли е опасноста попрво ние да признаеме бугарско малцинство отколку да ве признаат вас?

Пасошот нема ништо општо со самосвеста – тие луѓе имаат две државјанства, и македонско исто, не само бугарско – зошто тогаш ги третираат како Бугари? Сите знаеме дека бугарските државјанства се земаат речиси исклучиво поради економски причини. Бугарија не може да бара и условува што да има во македонскиот Устав – тоа е мешање во внатрешните работи на суверена држава. Ако има бугарско малцинство во Македонија, тоа нека си се избори за своите права и да биде запишано во Уставот – да регистрираат партија, да учествуваат во избори, да влезат во парламентот, владата и така натаму.



Се гледа ли присуство на Македонците со бугарски пасоши во јавниот живот на Бугарија?

Нема никакво присуство или учество на Македонци со бугарски пасоши во бугарскиот политички живот, ниту дури и како гласачи. Тоа е нормално – скоро сите што зедоа такви пасоши заминаа надвор од Балканот – токму и затоа ги зедоа. Што се однесува до признавање на едното малцинство пред другото, сметам дека Бугарија докажа дека не може да и' се верува, дека кај неа нема добра волја. Така што, не треба да и' се прават никакви попусти доколу и таа не ги направи истите. Двете малцинства треба да се признаат истовремено. Ако сака Бугарија доверба, време е да си ја заслужи. Македонија и' даде безусловна поддршка за во ЕУ, а одвај влезена Бугарија почна да ја условува Македонија. Не верувам дека некој македонски политичар веќе ќе биде толку глуп како Љупчо Георгиевски за да ја повтори истата грешка. Тоа е главното „достигнување“ на бугарската политика спрема Македонија – недовербата. А, ако продолжи како досега, ќе додаде и омраза.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=50548...1AD1BC7062
Без Ботев няма България
09-02-2013, 03:42 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Наистина ми е трудно да я разбера политиката на македонските медии при избора им на вести за България Da_ne_si_lud

Датум: 08.02.2013, 19:23
БУГАРИН ЈА РАСKАЖУВА ГОЛГОТАТА НА СОПРУГАТА-УKРАИНKА

Треба ли жена ми да стане Македонка за да добие бугарски пасош?

Македонците со бугарски пасош не остануваат да живеат во Бугарија, туку одат да работат во Европа. А мојата сопруга 11 години плаќа даноци во Бугарија, перфектно зборува бугарски, но не може да извади пасош, ни раскажа Бугаринот Стефан Русенов

Искра Kоровешоска

Во Бугарија треба да си Македонец за преку ноќ да добиеш бугарски пасош или државјанство. Македонците со бугарски пасош не плаќаат даноци во Бугарија, ниту зборуваат бугарски јазик, а вадат документи за рекордно време - максимум една и пол година, вели Бугаринот Стефан Русенов, чија сопруга е Украинка и со години безуспешно се обидува да добие бугарско државјанство. Во брак се 11 години и имаат две деца. Според бугарските закони, сопругата на Русенов морала да се откаже од украинското државјанство за да стане државјанин на Бугарија.

- Прво, наместо за една, ни одговорија за три години - дека сопругата може да добие бугарско државјанство во рок од три години, но под услов да се откаже од украинско државјанство. Почна нова голгота. Од украинската амбасада ни објаснија дека процедурата е многу сложена и долга. Ни рекоа дека прво треба да се регистрира дека бара да се откаже од украинското државјанство. За регистрација чекавме 8 месеци, па дури потоа таа поднесе барање за откажување - револтирано раскажува Русенов.

Додека траела процедурата со откажувањето, повторно реагирале до надлежното министерство оти биле револтирани што, како што вели Русенов, Македонците масовно и пребрзо добиваат пасоши.

- Kога ќе извадат документи, не остануваат во Бугарија, туку одат да работат во западна Европа. И уште зборуваат по форуми дека кога Македонија ќе влезе во ЕУ, ќе ги фрлат бугарските пасоши. А мојата сопругата 11 години плаќа даноци во Бугарија, има две деца и перфектно зборува бугарски. Од министерството ~ одговорија: „Има наредби и ние мора да ги почитуваме, ништо не можеме да направиме“. Нешто во државава не е во ред - вели Русенов. И додека трае процедурата за откажување од украинското државјанство, постои реална опасност да застари онаа за добивање бугарско државјанство. И потоа с` почнува одново, а во меѓувреме жената на Русенов останува без никакво државјанство, ниту е државјанин на Украина ниту на Бугарија. Тој не знае каде да се обрати. Работи во американска компанија за автоделови во Бугарија и ги искористил сите расположливи средства и сили, но веќе ја изгубил надежта.

Рекордери меѓу странците

Бугарските медиуми информираат дека последниве години рекорден број странци добиле бугарско државјанство. Само во 2011 година во тамошното министерство за правда биле регистрирани над 22.200 кандидати за државјанство. Од нив 13.607 се одобрени. Случајно или не, Македонците, особено од источна Македонија, за разлика од другите, имаат повеќе среќа, па до бугарски пасош доаѓаат за речиси една година. Последниве 5 години повеќе од половината што добиле државјанство се Македонци.

#

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A3D5A7CFF5...BE0995FAA3
Без Ботев няма България
09-02-2013, 03:45 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Датум: 07.02.2013, 16:31
ПРЕKУГРАНИЧНА СОРАБОТKА НА МАKЕДОНСKИ И БУГАРСKИ ОПШТИНИ

Kултурата ги поврзува K. Паланка и Ќустендил



Заштита и промоција на материјалните и нематеријалните културни богатства во пограничниот регион, културни настани, фестивали, семинари и презентирање на традицијата содржи новиот проект, кој заеднички го реализираат двете погранични општини

Жаклина Цветковска

Kрива Паланка и Ќустендил заеднички ќе го истражуваат и ќе го промовираат културното наследство во пограничниот регион за зајакнување на културните врски и соработката, со цел рационално да се располага со културните богатства и да се обезбеди нивна соодветна заштита. Овие активности ќе бидат реализирани во рамките на новиот проект „Kултурното наследство на нашите предци-духовен столб за наша заедничка европска иднина“, финансиски поддржан од ИПА-програмата за прекугранична соработка со околу 97.156 евра.

- Проектот се спроведува заедно со Регионалниот историски музеј „Академик Јордан Иванов“ од Ќустендил, како водечки партнер, а целта е да се заштитат и валоризираат материјалните и нематеријални културни богатства и вредности и да се стават во функција на развојот на овие две општини. Планирани се обемни и сеопфатни теренски и архивски истражувања на културното богатство во прекуграничниот регион од страна на експерти, кои ќе изработат идентификациони карти за истраженото наследство. Врз оваа основа, пак, ќе бидат изработени три вида брошури и туристички водич „По патот на легендите“ - објаснува проект-координаторот Милан Митовски.

Проектот вклучува и повеќе културни настани и дводневни фестивали на културата во Kрива Паланка и Ќустендил, на кои ќе бидат презентирани традиционалните носии и традиционалната кујна. Дел од проектот е и манифестацијата „Игрите на баба и дедо“, преку која младите ќе се запознаат со некогашните игри на постарите генерации. Kако завршна активност предвиден е дводневен семинар „Kултурно наследство без граници“, кој ќе се одржи во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, а ќе учествуваат експертите од истражувачките тимови од Македонија и Бугарија, како и други научни работници што работат на истражувањето, документирањето и заштитата на културното наследство.

- Овој проект значи надградување на досегашните активности на планот на културното наследство и зајакнување на културната соработка. Не само спомениците на културата, кои ќе останат, туку и живото наследство од нашите предци, кое е усно, е од исклучителна важност и затоа сакаме да го зачуваме, документираме и да им го пренесеме на идните генерации - истакна директорот на Регионалниот историски музеј од Ќустендил, Валентин Доброчички.

Градоначалникот на Kрива Паланка, Арсенчо Алексовски, на промоцијата на проектот подвлече дека Општината има долга традиција во имплементирање проекти за јакнење на културните врски.

- Заштитата и промовирањето на културните богатства и вредности се значаен извор за одржлив општествено-економски развој, културна размена и заемно разбирање меѓу луѓето од двете страни на границата. Со овој проект ќе се збогати културната карта на двете погранични општини, а ќе се збогатат и содржините на Градскиот музеј во Kрива Паланка - истакна Алексовски.

Проектот ќе биде ставен и во функција на туристичкиот развој, односно има цел да привлече дел од туристите што транзитираат преку Kоридорот 8.

#

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...90B787AE4B
Без Ботев няма България
09-02-2013, 04:02 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Датум: 08.02.2013, 17:54
АНТОАНЕТА ПРИМАТАРОВА, ПОРАНЕШЕН ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ВО БУГАРИЈА

Нема да бидеме пречка на европскиот пат на Македонија


Kанонадата предложени амандмани на бугарските европратеници не е одраз на позициите на официјална Софија, вели Приматарова, објаснувајќи дека во Европскиот парламент многу често се гласаат позиции, се манифестираат поддршки и лобистички идеи, кои се политички сигнали за определени расположенија во ЕУ, но не можат секогаш да се сметаат како барања или одлуки на официјалните политики на државите чии пратеници ги предложиле

Искра Kоровешовска

Ако односите poмеѓу двете земји позитивно се развиваат, навистина се надевам дека Бугарија нема да биде пречка за почнување пристапни преговори помеѓу Македонија и ЕУ. Но, не е во моќта на Бугарија да решава други прашања, кои се надвор од надлежноста на бугарската влада.

Вака на односите помеѓу двете соседни земји гледа поранешната заменик-министерка за надворешни работи на Бугарија, Антоанета Приматарова. Никогаш, вели, немала лоши односи со македонските колеги и порачува дека еднаш засекогаш треба да се отфрлат националистичките реторики меѓу двете земји во интерес на вистинското добрососедство.

Kаква манифестација на добрососедство беше канонадата од амандмани од бугарските европарламентарци поднесени на предлог-резолуцијата за Македонија што ја изготви известувачот Ричард Ховит? Дали тие ќе помогнат да се усогласат односите меѓу Македонија и Бугарија?

- Секој парламентарец во Европскиот парламент (ЕП) ~ припаѓа на различна партија и може да зборува од свое име. Но, има и нешто друго. ЕП е политички орган, кој се нарекува парламент, но е различен од националните парламенти, па таму многу често е можно да се гласаат позиции, да се манифестираат поддршки и лобистички идеи, кои се политички сигнали за определени расположенија во ЕУ, но не можат секогаш да се сметаат како барања или одлуки на официјалните политики на државите чии пратеници ги предложиле. Па, и предложените амандмани на бугарските европратеници не се одраз на позициите на официјална Софија. Бугарија веќе најави дека има документ за уредување на односите со сите соседи. Тој документ уште не е излезен од владата, ниту е дискутиран во парламентот. Засега не би требало да ги разгледуваме предлозите или амандманите на еден или друг европарламентарец како нешто што ќе се претвори во услов или повеќе услови за почнување на преговорите на ЕУ со Македонија.

Тоа убаво звучи, но во практиката се случува нешто друго што упатува на националистичка реторика и безизлезност.

- Да, но гледаме дека работите се движат, се охрабрува дијалогот меѓу владите на Бугарија и Македонија. Има позитивни сигнали: договор за добрососедство, средби на високо ниво и работни групи - сето тоа ќе биде земено предвид кога ќе се носи решението за почнување на преговорите со Македонија.

Врз основа на сè, каков извештај може да очекува Македонија напролет, а што во јуни?

- Прв елемент што продолжува да стои на дневен ред е решавање на спорот за името со Грција. Европската комисија предложи да се направи форма тоа да се решава за време на преговорите за да се најде формула што ќе ја натера Грција да го дигне ветото. Од друга страна, постојат внатрешнополитички настани во вашата земја, а претстојат и избори... Сето тоа може да се одрази и на негативен начин. За мене декемвриското решение на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ е повеќе израз на политичка волја во рамките на овие 6 месеци, евентуално до јуни, да се направи можно донесувањето решение за почеток на преговорите со Македонија. Но, дали тоа навистина ќе се реализира ќе зависи и од други фактори, меѓу кои, и од односите меѓу Бугарија и Македонија.

Од што најдиректно зависи како ќе настапува Бугарија во врска со важните моменти за Македонија во следните неколку месеци? Гласањето на извештајот, на пример?

- Треба прво да имаме предвид дали воопшто ќе се стигне до гласање, како што беше сега во декември - кога носењето решение беше одложено. Значи, нема отфрлање на решението, туку негово одлагање. Ако односите меѓу двете земји позитивно се развиваат, јас навистина се надевам дека Бугарија нема да биде пречката за почнување на преговорите меѓу Македонија и ЕУ. Но, не е во моќта на Бугарија да решава други прашања, кои се надвор од овластувањата на бугарската влада.

Горливиот проблем со малцинствата трае со години, но во насока на можно решение дали Бугарија би прифатила реципроцитет во однос на малцинските прашања? На пример, ако Македонија се однесува чесно и демократски кон бугарското малцинство, дали и македонското малцинство ќе биде признаено и ќе ги ужива своите права во Бугарија?

- Официјалната бугарска позиција во однос на малцинствата, од секогаш е иста: кога зборуваме за малцинства повеќе зборуваме за индивидуалните права на секој граѓанин, а не зборуваме за колективни права. Мислам дека Бугарија и понатаму би ги почитувала индивидуалните права, дури и да станува збор за луѓе што се изјаснуваат како Македонци, но не мислам дека Бугарија би ја променила својата политика за признавање колективни тела - како и да се изјасниле. Значи, дискутабилната линија е поставена меѓу признавањето на индивидуалните и колективните права.

Kако го оценувате бришењето на македонското малцинство од резолуцијата за Бугарија на една од седниците на Парламентарното собрание на Советот на Европа?

- Не сум запознаена со деталите за тоа прашање, затоа и не сакам да го коментирам.

#
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...BA596FD8D6[/align]
Без Ботев няма България
09-02-2013, 06:39 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Мястото на тази статие не е тук , защото е от някакъв електронен портал но ми е много показателен начинът по който е поднесена новинаната за българките.

10. Канада
Монтреал во Канада е еден од најдобрите градови во светот полн со прекрасни жени. Канада е домаќин на многу универзитети и колеџи и многу жени со одличен осет за модата. Иако можеби постојат многу нешта кои не ја прават Канада прв избор за патување,но приемчивоста на луѓето и изгледот на жените се нешта кои можеби ќе ве примамат да ја посетите оваа земја.
9. Холандија
Холанѓаните се познати по нивното пријателско однесување и хуморот, а жените не се искучок. Сепак пониските мажите треба да се предупредат дека Холандија е дом на највисоките луѓе во светот, а просечната висина на жените во Холандија е 170 сантиметри.
8. Данска
Данска е портата на Скандинавија и во однос на убавите жени, никогаш не разочарува. Девојките в о Данска се прекрасни, со светли коси и сини очи и ќе направат да се прашувате зошто не сте родени во Данска. Данска е едно од најлибералните општества во светот, а тоа не е никаде поочигледно како во Копенхаген.
7. Колумбија
Соседот на Колумбија, Венецуела, привлекува најмногу внимание со многу победнички на Мис на Универзумот, колумбиските жени се дури и посекси од натпреварувачките на Венецуела. Зошто оваа земја не поминува добро на изборите на убавица на никој не му е јасно, или можеби колумбиските жените се преубави за изборите за убавина.
6. Северна Кореа
Највисоко рангирани од азиските земји се жените од Северна Кореа со прекрасните жени од оваа земја. Не ни изненадување што Северна Кореа има улога на културна икона во Азија. Корејските поп групи, телевизиските сапуници и модните трендови се многу популарни на целиот континент. Видеото на YouTube од Wonder Girls или песната Bo Peep Bo Peep од T-ara се примери за прекрасни Корејски девојки.
5. Бугарија
Можеби дел од вас не би се согласиле,
но Бугарија е петта на листата. Жените во Бугарија се познати по тоа што повеќето од нив се доста високи, со темна кожа, темна коса и сини или зелени очи.
4. Русија
Од Москва до Сибир, жените во Русија се едноставно прекрасни. Во Сибир можеби се и најубавите жени бидејќи тие се микс од денешните европски Руси и дамнешните азиски Руси. Ништо посекси од висока, одлично облечена жена, која зборува руски.
3. Украина
Можеби Украина е можеби најпозната по „нарачувањето на невести“ и иако можеби е нефер категоризација ако сте биле во Украина дури и вие би си „нарачале“ невеста. Киев, главниот град, е одличен град и често пати е рангиран како град број еден со најубави жени.
2. Аргентина
Нема сомневање дека Аргентина ги има најубавите жени и тоа не само во Јужна Америка, туку можеби и во цела јужна хемисфера. Можеби е средношколската мода или романтичната култура или можеби бидејќи се високи и необично убаво, едноставно жените во Аргентина се магично привлечни.
1. Шведска
Прв пат кога ќе ја посетите Шведска е нереално доживување во кое ќе направи се што сте слушнале за Шведска, конечно да се уверите. Жените се високи, со светли коси, со светли плави очи, пријателски расположени и одлично образовани. Можеби е нешто во воздухот, но Шведска е на местото број еден и на листата на земји со најубави мажи. Па почнете да го планирате своето патување во Шведска, а можеби и во некој од другите земји од оваа листа и уживајте во глетката.

http://www.skopjeinfo.mk/skopje-etc/2062...-vo-svetot
Без Ботев няма България
(This post was last modified: 09-02-2013, 07:48 AM by Топорчо.)
09-02-2013, 07:48 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Датум: 08.02.2013, 17:52
ПОГЛЕД ОД ДРУГАТА СТРАНА

Зима во официјалната политика, пролет меѓу луѓето




Неделава, речиси во ист ден, Парламентарното собрание на Советот на Европа во резолуцијата за Бугарија го избриша од текстот македонското малцинство, а Европскиот парламент со големо мнозинство гласови ја усвои резолуцијата за заштита на слоновите, носорозите и други животински видови засегнати од ловокрадство. Во таков амбиент на изразена сензитивност за слоновите во Европа и на запоставена одговорност кон македонското малцинство во европската држава Бугарија, во двете држави се одржаа дебати за меѓусоседските односи меѓу Македонија и Бугарија.

Ќе има ли некогаш смислена бугарска политика кон Македонија?

Деновиве оваа скокотлива тема уште еднаш во Софија собра политичари, експерти и медиуми, но консензус повторно не беше пронајден. Зошто?

Во јануари 1992 година Бугарија ја призна Македонија како независна држава, но не и како самостојна нација. Чудната формулација на тогашниот претседател Жељу Желев повеќе од 20 години создава тензии во бугарско-македонските односи.

„Бугарија требаше да го искаже само првиот дел од реченицата, со која ја призна новата соседна земја на запад“, вели шефот на новинската агенција „Фокус“ Kрасимир Узунов.

Во основата на неразбирањето меѓу Софија и Скопје се скриени спротивставените политики на идентитет во двете балкански држави. Експертите што го следат развојот на билатералните односи се согласуваат дека Бугарија и Македонија би требало да се занимаваат повеќе со реалните проблеми - со вкупната неразвиеност, недостигот на билатерални економски проекти и отсуството на железничка пруга и со соодветен автопат помеѓу нив.

Иницијативата за обновување на бугарско-македонскиот дијалог на сите нивоа е охрабрувачки, но таа е лишена од елементарен политичка логистика, сметаат бугарските познавачи.

- Знае ли некој кои македонски и бугарски партии може да бидат партнери меѓу себе? Kој е аналог на ГЕРБ во Скопје или на ВМРО-ДПМНЕ во Софија? Зошто премиерите Никола Груевски и Бојко Борисов не си зборуваат очи в очи, а на европските и на другите меѓународни средби на врвот гледаат да се оддалечат максимално еден од друг? - прашуваат бугарските експерти за национална безбедност, професорот Николај Слатински и Аспарух Панов од софиското биро на германската политичка фондација „Фридрих Науман“.

- Во Скопје си прават што сакаат, а ние не можеме да си дозволиме подбивање со бугарската историја. А таму се случува токму тоа! Додека посетував курс по словенска филологија во Kелн, сфатив дека Германците го дефинираат македонскиот јазик како старобугарски. Бугарската влада и Бугарската академија на науките треба да заземаат категорична позиција спрема обидите на Скопје да ги присвојува бугарската историја и бугарското културно и книжевно наследство. Тоа е форма на агресија - гласен е американскиот политички аналитичар од бугарско потекло Алекс Алексиев, кој бил советник на владата што ја признала Македонија.

Неговата прогноза за развојот на југозападниот сосед на Бугарија е повеќе од мрачна. Во моментов само во една четвртина од македонските општини - тие по границата со Бугарија - нема албанско малцинство, вели Алексиев.

„Земјата е под закана од исламски фундаментализам и најверојатното сценарио е Македонците од словенско потекло да почнат постепено да се иселуваат кон Бугарија во следните 10-20 години“, анализирал тој.

Според Алексиев, од Скопје промовираната антиквизација, која го апсорбира и бугарското историско наследство, е само еден инфантилен порив за утврдување на идентитетот што недостига.

- Проблем е што антиквизацијата кон западните бугарски граници го приближува радикалниот ислам и тоа во крајна линија е најголемиот проблем во развојот на бугарско-македонските односи - вели експертот.

Независно од критиките на Софија и на Атина во однос на политиката од Македонија, некомпатибилна со европските принципи за добрососедство како што ја оценуваат бугарските медиуми, Балканскиот политички клуб и д-р Жељу Желев, кој го предводи, остануваат поддржувачи за постојана и безусловна поддршка за европското членство на Македонија.

- Одлуката за одложување на почетокот на преговорите на Македонија за влез во ЕУ, донесена од Европскиот совет на иницијатива на Атина и на Софија, не е црвен картон, но и не придонесува за скоро излегување на Македонија од сивата западнобалканска зона на неизвесност и етнички спротивставувања - смета поранешниот бугарски претседател.

По с` изгледа дека зимата во официјалните бугарско-македонски односи продолжува. Но надеж за нивно подобрување секогаш ќе има, бидејќи „таа извира од топлата врска меѓу луѓето од двете страни на една граница, која веќе не може да ги раздели“, констатирале учесниците на софискиот дијалог.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...BA8E1FDDFA
Без Ботев няма България
09-02-2013, 08:41 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Најденов: Бугарија и Грција треба да се здружат против Македонија и Турција во земјоделството
Објавено: пред 15 часа
Прочитано: 530
Печати
Сподели со твоите пријатели!


Бугарија и Грција треба да се здружат за да понудат силна конкуренција во земјоделството против соседите што не се членки на Европската унија, Македонија и Турција, смета бугарскиот министер за земјоделство, Мирослав Најденов, а пренесува грчката информативна агенција АНА-МПА.
Најденов денеска е во посета на саемот за сточарство „Зоотехниа“ во Солун.
- Има конкурентски притисок во земјоделството од страна на Турција и Македонија, кои не се дел од ЕУ и нивните земјоделски сектори можат да ги уживаат привилегиите што не им се достапни на земјоделските производители во ЕУ - рече бугарскиот министер во интервјуто за АНА-МПА.
- Ние сме соседи со Грција и нашата амбиција е да ја зголемиме взаемната размена – истакна Најденов.
Бугарскиот министер за земјоделство забележа дека грчките земјоделски компании веќе имаат востановена пракса да користат бугарски прехранбени суровини и сугерираше дека оваа пракса може да се надогради.
Тој, исто така, повика и на зголемена размена на земјоделски производи, при што бугарските зрнести продукти би биле увезувани во Грција и повеќе грчко овошје и зеленчук би биле увезувани во Бугарија.
Најденов истакна дека Бугарија сè уште има работа во апсорпцијата на субвенциите од ЕУ во земјоделството за да постигне висок потенцијал во овој сектор.

http://www.plusinfo.mk/vest/79753/Najden...odelstvoto
Без Ботев няма България
10-02-2013, 06:10 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Група ресенчани претапале босанец и бугарин

Босански и бугарски државјанин биле претепани од неколку лица од ресен вчера на паркин пред склад за јаболка.

Инцидентот се случил кога Бугаринот Г.П. (45) дошол со својот камион пред складот, но на влезот камионот му изгаснал по што заминал да побара помош.

Наишол на 28-годишниот државјанин на Босна и Херцеговина, по што го замолил да му помогне. Босанецот кој бил со камион прифатил.

Во тој момент со своето комбе на паркингот се обидел да дојде 50-годишниот К.Р. од Ресен, но влезот му бил блокиран од камионот на Бугаринот.

Изнервиран, ресенчанецот повикал неколку лица со кои ги нападнал странските државјани.

Од полицијата информираат дека Бугаринот поминал со телесни повреди, а укажана му била лекарска помош во Медицинскиот центар Ресен. Неколку лица биле повикани на разговор, а полицијата работи на расчистување на случајот.

http://sitel.com.mk/grupa-resenchani-pre...-i-bugarin
Без Ботев няма България
10-02-2013, 01:36 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ЕКОНОМИЈА
Кинезите доаѓаат во ЕУ „виа Бугарија“


БИД е веќе втор кинески автопроизводител кој инвестира во Бугарија. Во Бресник треба да се произведуваат БИД-електромобилите. За Бугарите тоа значи нови работни места. Кинезите гледаат подалеку - кон другите ЕУ-пазари!
Жителите на Бресник се радуваат поради доаѓањето на Кинезите:
„Овде порано живееја пет илјади луѓе, но сега се се‘ помалку“, вели една жена, додавајќи: „Многумина мораат да одат во Софија да работат на дневница за да можат да си купат барем леб и да можат да ги платат сметките.“
Нејзин сограѓанин вели:
„Многу е добро што Кинезите инвестираат овде. Градот е сиромашен, работа му е потребна на целиот регион.“
Градоначалникот на Бресник Васил Узонов нагласува:
„Секој инвеститор кој создава работни места е добредојден. Како локација имаме две предности: железничката линија и близината до Грција и тамошните пристаништа.“
По Грејт Вол, БИД е втор кинески автопроизводител кој инвестира во Бугарија. БИД е кратенка за „Оствари ги своите соништа“. Кинезите во џоинт венчр со бугарското енергетско претпријатие Булминерал сакаат во Бресник да монтираат електромобили и електробуси.
Двете големи фабрички хали на периферијата на Бресник се се‘ уште празни. Едната е сосема нова, другата е реновирана, обоена во светлечка сина боја. Целата техника - лентите за производство, апаратите за тестирање, деловите - се во контејнери кои се на пат и чие пристигнување се очекува секој ден. Потоа се‘ треба да се одвива брзо. Производството треба да стартува на крајот на февруари, вели раководителот на Булминерал, Михаил Иванов.
„На почетокот ќе ги увезуваме сите делови од Кина и овде ќе составуваме. Среднорочно е предвидено и да произведуваме дел, како батерии и станици за полнење со енергија. Се надеваме дека бугарските автобуси за јавен сообраќај, кои се многу стари и насекаде го загадуваат воздухот, ќе можат да бидат заменети со електробуси. Се разбира, се надеваме и на порачки од други земји на ЕУ, од цела Европа.“

Во Софија кинеско-бугарската трговска комора организираше голем прием. Кинескиот амбасадор Гуо Језу порано бил дипломат во Германија. Вели дека во полза на Бугарија како место на производство зборуваат не само ниските придонеси на плати за работниците:
„Географската положба, на пример, е нешто особено. Бугарија е членка на ЕУ. Луѓето овде се пријателски настроени кон нас, има добро квалификувани работници, ниски даноци. Тоа се работи што се атрактивни за Кинезите.“
Првиот кинески производител на автомобили кој инвестираше во Бугарија, Грејт Вол, има стратегија која сега ја следи и БИД - прво да се продава во самата Бугарија, потоа во соседните земји како Македонија, за да се приближи чекор по чекор до Германија.
„Ми беше речено дека, на пример, некој од Австрија има намера да увезува. Мој колега од Унгарија исто така ми раскажа дека некој е заинтересиран да ги увезува автомобилите во Унгарија“, раскажува Језу.
БИД сака да стане број еден во сферата на електромобили во Европа, но кинескиот амбасадор во Бугарија не сака да зборува за агресива политика на извоз. Ние сме партнери, нагласува тој:
„ЕУ е многу важна за Кина. ЕУ е клуб од 27 развиени земји, има многу искуство од кое Кина може да профитира. Ние можеме да учиме од тоа. Ние сме стратешки партнери. Ние сме практично осудени на тоа да бидеме партнери.“
Датум 10.02.2013
Автор Ралф Борхард / Елизабета Милошевска Фиданоска
Редактор Ж. Ацеска
Сподели Испрати Фејсбук Твитер google+ повеќе...
Ваш коментар: Пишете ни
Печати Испечати ја страната
Permalink http://dw.de/p/17Zz2

Без Ботев няма България
10-02-2013, 06:24 PM
Reply