Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Македонското малцинство избришано од резолуцијата на ПССЕ за Бугарија

Парламентарното собрание на Советот на Европа одлучи да го продолжи пост-мониторинг дијалогот со Бугарија, но притоа од текстот на резолуцијата го избриша македонското малцинство.

Италијанскиот парламентарец Лука Волонте во својот извештај заклучи дека пост-мониторинг дијалогот со Бугарија треба да продолжи, за потоа во дебатата да предложи негово укинување, на што се спротистави Комисијата за следење на обврските на земјите членки. На подигањето на мониторингот се спротивставија и дел од пратениците од бугарската делегација од редовите на опозицијата и од партијата на турското малцинство. Со амандманското надгласување со само два гласа повеќе, одлучено е да продолжи следењето на Бугарија од страна на паневропската асамблеја.
Во усвоената резолуција, Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) изрази загриженост поради порастот на националистичката идеологија и акти и од непријателската клима против малцинствата, за што сведочат агресивните однесувања на приврзаниците на АТАКА кон верниците во една џамија во Софија во мај 2011 и против Ромите во 14 други бугарски градови во октомври 2011. ПССЕ побара од Бугарија целосно спроведување на сите одредби кои ги содржи Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, посебно во делот на спроведувањето на индивидуалните права, како и потпишување и ратификација на Европската повелба за регионални и малцински јазици.
ПССЕ, меѓутоа, од Резолуцијата ги избриша македонското малцинство и Помаците. Во предложениот текст на резолуцијата беше побарана посебна грижа за македонското малцинство и Помаците, како две непризнати малцинства. Бришењето на македонското малцинство од резолуцијата се случи преку амандман поднесен од група парламентарци, а пред ПССЕ предлогот го бранеше бугарскиот парламентарец Лачезар Тошев:
„Во 2000 година, кога Бугарија ја ратификува Рамковната конвенција за малцинствата, ние одлучивме да направиме листа на признати малцинства (македонското малцинство не е признато од бугарската држава и тоа не се наоѓа на листата ). Ние сметаме дека сите групи можат да ја уживаат заштитата на рамковната конвенција“, рече Тошев.
Бугарскиот парламентарец смета дека отстранувањето на македонското малцинство и на Помаците од текстот на резолуцијата е „подобра формула за да им се даде саканата заштита од страна на Советот на Европа“ и со тоа се „избегнува отворањето на Пандорината кутија со специфично назначување на одредени малцинства и групи“.
На амандманот на Тошев се спротивстави летонскиот парламентарец Борис Цилевич.
„Зборовите на г-динот Тошев не се точни. Всушност бугарското законодавство не ги посочува со точност ’expressis verba’ малцинствата кои се признати и тие кои не се признати. Ние добро знаеме како е во практиката: тие не се претставени во Советот на малцинствата. Од друга страна, повеќе пресуди на Судот за човекови права беа донесени поради одбивањето за официјално признавање на организациите кои ги претставуваат овие малцинства.“
ПССЕ не го следеше аргументот на Цилевич и со 88 гласа за, 29 против и 8 воздржани го усвои амандманот на Тошев со кој се избриша македонското малцинство од Резолуцијата.

Македонските парламентарци Александар Николоски и Ермира Мехмети Деваја гласаа против амандманот на Тошев и против целиот текст на Резолуцијата. Шефот на македонската парламентарна делегација при ПССЕ во расправата за Бугарија, нагласи дека Македонија и Бугарија се пријателски земји, осврнувајќи се посебно на судбината на македонското малцинство во Бугарија, кое и покрај сите одлуки на Европскиот суд за човекови права, нема можност да се организира во политичка партија или во невладини организации. Тој побара да се признае постоењето на македонското малцинство во Бугарија и да ги ужива сите негови права, посакувајќи бугарските власти да ги поканат претставниците на македонското непризнато малцинство и на Помаците во Советот на малцинствата.
Во усвоената резолуција ПССЕ оценува дека Бугарија треба да напредне во давањето на права на лицата кои им припаѓаат на националните малцинства, во делот на промовирањето на мајчинот јазик, како и промовирањето на нивниот културен идентитет. ПССЕ исто така бара од Бугарија систематски и безусловно да го осудува говорот на омраза против малцинствата, како и да ги зајакне мерките за меѓусебна трпеливост и заемно почитување и истовремено да ги охрабри политичарите да имаат примерно однесување, како и да се зафати со решавањето на проблемите на ромското малцинство, кое остана и понатаму да фигурира во Резолуцијата.
Во останатиот дел од усвоениот текстсе вели дека и покрај постигнатиот напредок, Бугарија треба да работи повеќе неколку клучни области, како независноста на правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал.

http://www.dw.de/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B...a-16545230
Без Ботев няма България
23-01-2013, 06:22 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

МАКЕДОНИЈА | 23. JANUARY 2013 - 10:30
Бугарскиот културен клуб - Скопје предлага заеднички филмски проект меѓу Македонија и Бугарија




Зајакнување на културната соработка меѓу Македонија и Бугарија со снимање на уметничко филмско дело по романот „Шашма“ на писателот Младен Србиновски.

Тоа го предлага претседателот на Бугарскиот културен клуб - Скопје (БККС) Лазар Младенов во писмото што го упатил до министрите за култура на Македонија и на Бугарија, Елизабета Канческа-Милевска и Вежди Рашидов, а кое е препратено и на премиерите на двете земји Никола Груевски и Бојко Борисов.

Станува збор за роман, кој ја следи судбината на едно скопско семејство во периодот од речиси цел век (од 1912 година до 2009 година) - од драматичните настани за време на Балканските војни, Првата светска војна, па до новите општествени потреси и процеси од почетокот на 21-от век, а своевидна кулминација на романот е трагедијата на македонските евреи и спасувањето на нивните бугарски собраќа. Многу од ликовите и настаните се автентични историски личности и настани, додека измислените херои се справедливи, повеќеслојни, полнокрвни и еволуирачки. Нивните лични приказни, пак, се наведува, ја трасираат борбата за зачувување на бугарската самосвест, неговата постепена замена и тешкотијата на новата генерација да ја прифати историјата на своите семејства и на својата земја.

- Во врска со потребата за зајакнување на културната соработка меѓу двете земји и уметничка репродукција на некои моменти од нашата заедничка историја, Ви предлагаме да помогнете да биде снимена филмска копродукција по романот "Шашма" на македонскиот писател Младен Србиносвски. Убедени сме дека снимањето на таков филм ќе помогне во приближувањето на нашите земји и за надминување на стереотипите од блиското минато. Соработката во еден таков филмски проект би го иницирала процесот на изградба на атмосфера на доверба и пријателство од двете страни на Осогово, се вели меѓу другото во писмото.

Според Младенов, финансиската поддршка на проектот ќе им овозможи на филмските работници од двете земји да ги обединат своите вештини и талент, а на публиката во двете држави да ужива во плодовите на, вели, толку потребната соработка. - Имајќи го предвид сето ова, се обраќаме до Вас со молба министерствата за култура на двете земји да ја создадат потребната координација и организација, кои да го помогнат остварувањето на филмски проект по романот "Шашма" на Србиновски, стои во писмото.

http://www.sitel.com.mk/node/56086
Без Ботев няма България
23-01-2013, 06:25 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Как ви Соня е направила толко силен напор да спушти топката и риториката е че направо се плаша , че се е насрала

23.01.2013, 18:54
Поглед

За Плевнелиев Бугарија не е втора Грција

Слободанка Јовановска

Бугарија не започна војна против Македонија, изјави бугарскиот претседател


На Софија очајнички и' недостига говорот на омраза од Македонија за да може да ја оправда својата вознемиреност од нашето недобрососедство и крадењето на историјата. Наспроти обидите кај нас да се спушти топката, т.е. да се смени реториката, од Бугарија само вчера стигнаа куп изјави, најави и навреди, со редовното броење колку Македонци поднеле барање за бугарски пасоши (8.125 минатата година).

Притоа, Софија молчи за петочните македонско-бугарски преговори, како и за многубројните понуди од претседателот Ѓорге Иванов до бугарскиот колега Росен Плевнелиев да ја посети Македонија, а за да ја оправда игнорантноста, тој вчера набројуваше меѓусебни средби на маргините на некакви меѓународни настани како знак за напорите што ги прави за подобра соработка.

Вчера Плевнелиев се обиде да ја негира и грчката инспирација за ветото во Европската унија, тврдејќи дека Бугарија не е втора Грција во однос на политиката што ја застапува кон евроинтеграцијата на Македонија.

„Бугарија не е втора Грција. Бугарија не започна војна против Македонија. Да не споменувам колку е апсурден аргументот дека ние работиме во прилог на некои наши домашни прашања околу претстојните избори“, изјавил Плевнелиев за бугарските медиуми.

Изјавата тој ја дал по средбата со поранешните претседатели Жељу Желев, Петар Стојанов и Георги Прванов, кои изминатите недели сериозно ја проблематизираа неговата политика и политиката на премиерот Бојко Борисов во однос на евроинтеграцијата на Македонија. Откако ја вклучија Бугарската академија на науките да даде историско толкување на спорот, најавија расправа за Македонија во парламентот, стратегија за односите со нашата држава што треба да ја изработи тамошното МНР, Софија сега, по се' изгледа, се обидува да ги замолчи оние кои не се воодушевени од бугарското служење на интересите на Атина и кои со своите изјави ја слабеат позицијата која треба да биде консензуална за да биде сфатена како сериозна во ЕУ.

На ваквото добрососедство Македонија реплицираше завчера со гласање за задржување на постмониторингот во Советот на Европа поради непочитувањето на правата на нашето малцинство, а одговорот стигна од Бугарскиот културен клуб, кој со писма до премиерите и министерите за култура на двете земји побара заедничко финансирање на филм според романот „Шашма“ на Младен Србиновски, во кој ќе се опише и трагедијата на македонските Евреи и други приказни кои ќе ја покажат, според БКК, борбата за зачувување на бугарската самосвест и така да се гради довербата и пријателството меѓу двете земји.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=173A43672...24DC12F6D3
Без Ботев няма България
24-01-2013, 05:21 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Македонското малцинство избришано од Резолуцијата на Стразбур



Бришењето на македонското малцинство се случи преку амандман поднесен од група парламентарци


Парламентарното собрание на Советот на Европа одлучи да го продолжи постмониторинг-дијалогот со Бугарија, но притоа од текстот на Резолуцијата го избриша македонското малцинство. Италијанскиот парламентарец Лука Волонте заклучи во својот извештај дека постмониторинг-дијалогот со Бугарија треба да продолжи, за потоа во дебатата да предложи негово укинување, на што се спротивстави Комисијата за следење на обврските на земјите-членки.

На подигањето на мониторингот, како што јавува Дојче веле, се спротивставија и дел од пратениците од бугарската делегација од редовите на опозицијата и од партијата на турското малцинство. Со амандманското надгласување со само два гласа повеќе, одлучено е да продолжи следењето на Бугарија од страна на паневропската асамблеја.

Во усвоената Резолуција, Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) побара од Бугарија целосно спроведување на сите одредби кои ги содржи Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, посебно во делот на спроведувањето на индивидуалните права, како и потпишување и ратификација на Европската повелба за регионални и малцински јазици. Парламентарното собрание, меѓутоа, ги избриша од Резолуцијата македонското малцинство и Помаците. Во предложениот текст на Резолуцијата беше побарана посебна грижа за македонското малцинство и Помаците, како две непризнати малцинства. Бришењето на македонското малцинство од Резолуцијата се случи преку амандман поднесен од група парламентарци, а пред ПССЕ предлогот го бранеше бугарскиот парламентарец Лачезар Тошев.

„Во 2000 година, кога Бугарија ја ратификува Рамковната конвенција за малцинствата, ние одлучивме да направиме листа на признати малцинства (македонското малцинство не е признато од бугарската држава и тоа не се наоѓа на листата). Сметаме дека сите групи можат да ја уживаат заштитата на Рамковната конвенција“, рече Тошев.

На амандманот на Тошев се спротивстави летонскиот парламентарец Борис Цилевич. „Зборовите на Тошев не се точни. Всушност, бугарското законодавство не ги посочува со точност малцинствата кои се признати и тие кои не се признати. Ние добро знаеме како е во практиката: тие не се претставени во Советот на малцинствата. Од друга страна, повеќе пресуди на Судот за човекови права беа донесени поради одбивањето за официјално признавање на организациите кои ги претставуваат овие малцинства“, рече тој.

ПССЕ не го следеше аргументот на Цилевич и со 88 гласа „за“, 29 против и 8 воздржани го усвои амандманот на Тошев со кој се избриша македонското малцинство од Резолуцијата. (МИА)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=84D57E763...746F32B4A1
Без Ботев няма България
24-01-2013, 05:24 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ПОЛИТИЧKИ ИГРИ НА ИСТОЧНИОТ СОСЕД ВО СТРАЗБУР

Македонците запишани, па избришани со бугарска рака



Иако репортерот од Италија побара подобра грижа за Македонците и за Помаците, со амандман се успеа тие да се избришат од конечната верзија на текстот на резолуцијата

Бугарија и понатаму ќе биде под мониторингот од Советот на Европа, но затоа со само еден глас повеќе доби поддршка за да го избрише македонското малцинство, заедно со Помаците, од текстот на резолуцијата поднесен од италијанскиот парламентарец Лука Волонте. Така, прашањето со статусот и со положбата на македонското малцибство во Бугарија останува испречено на патот за подобрување на односите меѓу Софија и Скопје.

- Ние го поддржуваме извештајот во интерес на добрососедските односи. Јас во говорот истакнав дека Бугарија е позитивен пример на транзиција на една бивша комунистичка земја, а сега членка на ЕУ. Се залагам за укинување на мониторингот. Но, бугарската држава не ги почитува правата на малцинствата, Македонците не се во Советот за национални малцинства, ниту ги почитува одлуките на Судот за човекови права - изјави за „Дневник“ пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој е шеф на парламентарната делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Николоски вели дека амандманот бил усвоен со само еден глас повеќе, односно во Kомисијата за мониторинг гласањето било 16 „за“ и 15 „против“, па од текстот биле избришани Македонците и Помаците.

- Од тие причини јас и мојата колешка од ДУИ, Ермира Мехмети, гласавме против текстот на резолуцијата - вели Николоски.

Во Предлог-резолуцијата беше побарана посебна грижа за македонското малцинство и за Помаците, како две непризнати малцинства. Бришењето на македонското малцинство од резолуцијата се случи преку амандман поднесен од група парламентарци, а пред ПССЕ предлогот го бранеше бугарскиот парламентарец Лачезар Тошев.

- Во 2000 година, кога Бугарија ја ратификува Рамковната конвенција за малцинствата, ние одлучивме да направиме листа со признати малцинства (на таа листа не се Македонците н.з.). Ние сметаме дека сите групи можат да ја уживаат заштитата на рамковната конвенција - рече Тошев.

Бугарскиот парламентарец смета дека отстранувањето на Македонците и на Помаците од текстот на резолуцијата е „подобра формула за да им се даде саканата заштита од Советот на Европа“ и со тоа се „избегнува отворањето на Пандорината кутија со специфично назначување на одредени малцинства и групи“.

На амандманот на Тошев се спротивстави летонскиот парламентарец Борис Цилевич.

-Зборовите на Тошев не се точни. Всушност бугарското законодавство не ги посочува со точност малцинствата што се признати и тие што не се признати. Ние добро знаеме како е во практиката - тие не се претставени во Советот на малцинствата. Од друга страна, повеќе пресуди на Судот за човекови права беа донесени поради одбивањето за официјално признавање на организациите што ги претставуваат овие малцинства - истакна Цилевич.

ПССЕ не го следеше аргументот на Цилевич и со 88 гласа за, 29 против и 8 воздржани го усвои амандманот на Тошев со кој се избриша македонското малцинство од резолуцијата.

Во усвоената резолуција, ПССЕ изрази загриженост поради порастот на националистичката идеологија и акти и од непријателскиот однос кон малцинствата, за што сведочат агресивните однесувања на приврзаниците на АТАKА кон верниците во џамија во Софија во мај 2011 и против Ромите во 14 други бугарски града во октомври 2011. ПССЕ побара од Бугарија целосно спроведување на сите одредби што ги содржи Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, особено за спроведувањето на индивидуалните права, како и потпишување и ратификација на Европската повелба за регионални и малцински јазици.

Шампиони во бугарски државјанства

Бугарската влада соопшти дека бугарско државјанство лани добиле 8.185 македонски граѓани. Освен од Македонија, најголем интерес за бугарски државјанство покажале граѓаните на Молдавија и на Украина, објави бугарската агенција „Фокус“.

Потпретседателката на Бугарија Маргарита Попова, потврдила дека 881 државјанство им било дадено на Бугари што живеат во Русија, а 604 на Бугари што живеат во Србија.

Плевнелиев: Не сме втора Грција

Ако Македонија не ги почитува добрососедските односи, Бугарија може да стави вето и да го спречи почетокот на преговорите со ЕУ, изјави бугарскиот претседател Росен Плевнелиев. Иако наскоро се очекува Скопје и Софија да потпишат договор за добрососедство, шефот на бугарската држава продолжува со тврдата реторика, нагласувајќи дека одговорната позиција на Бугарија е да не молчи, туку во текот на преговорите да стави вето.

- Ние сакаме да го решиме проблемот. Јасно го дефиниравме проблемот: оние кои во моментов се на власт во Скопје, за жал, не ја почитуваат Декларацијата за добрососедски односи што ја потпишавме во 1999 година. Ние имаме објективен критериум-декларација што не се исполнува. Не бараме ништо повеќе. Затоа ние велиме: Ајде да ја претвориме декларацијата во договор каков што Бугарија има потпишано со Грција, Турција, Романија, рече Плевнелиев, кој додаде дека Брисел треба да биде набљудувач колку двете земји ќе се придржуваат до договорот.

Тој сепак тврди дека Бугарија не е „втора Грција“, како што објавиле македонските медиуми. (Х.И.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2C8490AFDF...35E187D386
Без Ботев няма България
24-01-2013, 05:26 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ПОЛИЦИЈАТА ДВАЕСЕТИНА ПАТИ ГИ ЧЕШЛАЛА КАФЕАНИТЕ ВО ТЕТОВСКО И ГОСТИВАРСКО


Србинки, Албанки и Бугарки на шипка за македонските мажи



Србинки, Албанки и Бугарки се најчестите девојки кои им се нудат на тацна на македонските мажи за цена од по 1500 денари. All inclusive може да се добие во ноќните барови во Тетовско и Гостиварско.

Овие локали полицијата минатата година ги посетила дури дваесетина пати и тоа биле спроведени 16 акциски и пет редовни контроли на 20 угостителски објекти во тетовско-гостиварското подрачје, при што биле откриени дваесет и четири странски државјанки со нерегулиран престој или нелегално вработување и 84 девојки од нашата земја
Најголем број биле од Србија - девет, од Албанија - осум, а имало и од Бугарија и Косово кои во објектите биле ангажирани како танчарки, пејачки или друг угостителски персонал. Девојките од нашата земја најчесто биле на возраст од 20 до 35 години.
- Поради нерегулиран престој или нелегално вработување на странските државјанки им се поднесени соодветни пријави, по што им се изречени прекршочни санкции и глоби, како и безбедносни мерки за забранет влез во земјава од три до пет години и депортирање во нивните матични земји, изјавил портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Во 2012 година во полошкиот регион во седум акциски и 42 редовни контроли откриени се и 102 странски државјани претежно економски емигранти" кои непријавено или нелегално на подрачјето извршувале сезонски полски или градежни работи најчесто во селата.
- Од нив 94 биле од Република Албанија, двајца од Република Косово и шест од Република Србија. Тие се соочиле со пријави, судски прекршочни санкции, глоби и безбедносни мерки за забранет влез од една до три години и депортација во матичните земји, изјави Јосифовски.

http://vecer.com.mk/?ItemID=1E19DC485D2A...7FB367E4D1
Без Ботев няма България
24-01-2013, 05:40 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

„Шашма“ наспроти „Трето полувреме“

23.01.2013 | 17:23КултураПрочитано: 446
Снимање на заеднички филм меѓу Македонија и Бугарија, кој ќе ја омекне тензијата што меѓу двете држави ја направил „Трето полувреме“, бара Бугарскиот културен клуб од Скопје.



Според претседателот Лазар Младенов, филмот би се снимал според романот „Шашма“ на Младен Србиновски. Младенов очекува да ја добие поддршката која ја бара од македонското и бугарското министерство за култура.

Од македонското министерството за култура велат дека барањето ќе биде разгледано од нивните стручни служби. Од бугарското, не добивме одговор - што мислат и дали би поддржале ваква иницијатива.

Иако режисерот на „Трето полувреме“, Дарко Митревски претходно, во неколку наврати нагласуваше дека филмот не е против никого, Младенов, иако не го гледал, не се согласува со историските факти изнесени во него.

Младен Србиновски, меѓу другото е поранешен претседател на Комисијата за издаваштво при министерството за култура во времето на министерот Димитар Димитров во владата на Љубчо Георгиевски. Неговиот роман „Шашма“ ja следи судбината на членовите на едно скопско семејство во периодот од 1912 година до 2009 година.

Еве што вели тој за својот роман „Шашма“ на неговата бугарска промоција.

„Макавеј“, македонскиот издавач на романот „Шашма“, нагласува дека поради неговата нараторска уверливост критиката го споредувала Србиновски со нобеловецот Иво Андриќ.

http://24vesti.com.mk/%E2%80%9Eshashma%E...e%E2%80%9C
Без Ботев няма България
24-01-2013, 05:44 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија в недела на референдум одлучува за изградба на нуклеaрна централа

Бугарија в недела на референдум ќе одлучи дали земјата има потреба од нова нуклеарна централа, а најновото истражување на јавното мислење покажува дека мнозинството граѓани ќе ја поддржат изградбата на втора по ред нуклеарна централа во земјата.



Референдумот се однесува на обновување на проектот врзан со нуклеарната централа Белене, во северниот дел на земјата.

Изградбата на втора нуклеарна централа е во застој поради недоразбирања меѓу Бугарија и Русија, чија компанија „Атомстројекспорт“ требаше да изгради нуклеарна централа со капацитет од 2.000 мегавати. Спорот се однесува на конечната цена на проектот, кој се очекува да изнесува меѓу шест и 11 милијарди евра.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, со цел да најде нов инвеститор, го раскина договорот со руската компанија, која за отштета од 1.3 милијарди долари се обрати до Меѓународниот суд за арбитража во Париз.

Се очекува мала излезност на референдумот, што може да го стави под прашање кредибилитетот на гласањето. Аналитичарите оценуваат дека гласањето ќе биде тест на популарноста меѓу владејачката ГЕРБ и опозицијата.

Најновите истражувања покажуваат дека меѓу 60 и 62 проценти од гласачите се за изградба на нуклеарна централа, наспроти 38 до 40 проценти кои се против идејата.

Доколку 20 проценит од граѓаните излезат на референдум и над половина од нив се изразат за изградба на нуклеарна централа, бугарскиот парламент ќе треба во рок од три месеци да го разгледа ова прашање.

http://www.sitel.com.mk/bugarija-v-nedel...a-centrala
Без Ботев няма България
24-01-2013, 06:08 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарите ќе ја исправаат „неправдата“ од „Трето полувреме“

Предлогот за снимање филм по романот „Шашма“ на Младен Србиновски, познат по своите проблематични ставови за посебноста на македонската нација, доаѓа од бугарска страна. Идејата може да се разгледува само како одговор на незадоволството што во бугарските кругови го предизвика филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски. Филмот според романот на Србиновски би требало да покаже дека македонските Евреи биле спасени од „нивните бугарски собраќа“





Ставот на бугарските историчари беше дека во голем дел од филмот се фалсификувани вистинските историски факти
УШТЕ ЕДНА СОСЕДСКА ПРОВОКАЦИЈА
Претседателот на Бугарскиот културен клуб од Скопје, Лазар Младенов, вчера испрати писмо до министрите за култура на Македонија и на Бугарија, Елизабета Канческа-Милевска и Вежди Рашидов, со предлог за снимање уметничко филмско дело по романот „Шашма“ на македонскиот писател Младен Србиновски. Писмото е препратено и до премиерите на двете земји, Никола Груевски и Бојко Борисов.
Ваквиот предлог доаѓа како резултат на прашината што во бугарските кругови ја крена филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски. Ставот на бугарските историчари беше дека во голем дел од филмот се фалсификувани вистинските историски факти. Наводно Бугарите ги спасувале Евреите од депортација, а не биле нивни ликвидатори. Филмот според романот на Србиновски би требало да покаже дека македонските Евреи биле спасени од „нивните бугарски собраќа“.

Во Министерството за култура сѐ уште не било пристигнато писмото на Младенов за да можат да го коментираат предлогот.

- Во врска со потребата за зајакнување на културната соработка меѓу двете земји и уметничка репродукција на некои моменти од нашата заедничка историја, ви предлагаме да помогнете да биде снимена филмска копродукција по романот „Шашма“ на македонскиот писател Младен Србиновски... Своевидна кулминација на романот е трагедијата на македонските Евреи и спасувањето на нивните бугарски собраќа - се вели во писмото на Младенов.

Србиновски на македонската јавност ѝ е познат по своите проблематични ставови за единственоста на македонската нација. Неговиот роман „Шашма“ излезе во 2010 година и ја разработува македонската „шашма“ од 1913 година до денес. Издаден е во 2011 г. и во Бугариjа и промовиран во националната библиотека „Свети Кирил и Методи“-Софиjа. Лани благоевградскиот универзитет „Св. Неофит Рилски“ го прогласи Србиновски за свој почесен доктор. Со името на Србиновски, освен пофалбите и признанијата за неговите дела, се врзуваат и голем број контроверзии, кои се должат на неговите ставови во врска со идентитетот на Македонците.

- Романот ja следи судбината на едно скопско семејство во периодот од речиси цел век (од 1912 до 2009 година) - од драматичните настани за време на Балканските војни, Првата светска војна, мрачната диктатура на кралска Југославија, обидот за обединување со Бугарија за време на Втората светска војна (кога и самата бугарска независност е драстично ограничена), воспоставувањето на комунистичката диктатура, катастрофалниот земјотрес од 1963 година, па до новите општествени потреси и процеси од почетокот на 21 век - вели Младенов во писмото.

Тој е убеден дека снимањето на таков филм ќе помогне во приближувањето на нашите земји и за надминување на стереотипите од блиското минато, а дека соработката во еден таков филмски проект би го иницирала процесот на изградба на атмосфера на доверба и пријателство од двете страни на Осогово.
- Финансиската поддршка на проектот ќе им овозможи на сценаристи, актери, режисери и статисти од двете земји да ги обединат своите вештини и талент, а на публиката во двете држави да ужива во плодовите на толку потребната соработка - вели Младенов и предлага министерствата за култура на двете земји да ja создадат потребната координација и организација за да го помогнат остварувањето на овој филмски проект.
Најава за уште една филмска небулоза
Бугарскиот историчар Божидар Димитров неодамна најави дека снима филм за геноцидот на Бугарите во Македонија, со посебен акцент на случувањата на Скопското кале. Идејата му била да се прикаже дека по Втората светска војна, Македонија убила повеќе од 120.000 Бугари, што според неговите процени, е најголемиот геноцид во поновата историја.
За македонските историчари оваа теза е класична небулоза, која не заслужува коментар. Во најавата на Димитров за снимање некаков филм препознаваат обид да се предизвика проблем меѓу Македонија и Бугарија. Филмот според контроверзниот бугарски историчар ќе имал документаристички пристап. Не му требале многу финансии, бидејќи неговата историска архива била доволна за екранизација на ова дело.
Единствениот македонско-бугарски филм - прикажуван како бугарски

„Подгревање на вчерашниот ручек“
Филмот „Подгревање на вчерашниот ручек“ од 2002 година е првиот и единствен копродукциски македонско-бугарски филм.
Работен е по сценарио на македонскиот писател Миле Неделковски, а во режија на Бугаринот Костадин Бонев. Филмот беше прикажан само како бугарски филм во рамки на Денови на бугарскиот филм. Горјан Тозија, тогашен државен секретар во Министерството за култура, изјави дека не е фер од бугарската страна да го прикажува филмот во рамките на Денови на бугарскиот филм, и тоа во Македонија, кога нашата страна има вложено средства и ред е филмот да има регуларна македонска премиера.
Продуцентот тогаш кажа дека буџетот не дозволил во филмот целосно да бидат ангажирани македонски актери и да се снима во Македонија, иако целото дејство се случува во околината на Прилеп.
Проектот беше договорен на средба на тогашниот македонски министер за култура Димитар Димитров и неговата бугарска колешка Ема Москова.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22787

Без Ботев няма България
24-01-2013, 06:11 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ОМО Илинден Пирин за срамното бришење на Македонците од резолуцијата: Европа ја охрабрува Бугарија!

Одлуката на парламентарното собрание на Советот на Европа да ги избрише Македонците од резолуцијата ќе ја охрабри Бугарија да продолжи со негаторската политика, изјави Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден Пирин, кој во изјава за МКД.мк вели дека со големо разочарување ја примиле оваа неочекувана вест.



ОМО Илинден Пирин подготвува реакција, која ќе ја испратат не само до Советот на Европа, туку и до сите релевантни меѓународни институции за заштита на човековите права.

Навредливо и манипулативно според Стојков е изнесеното тврдење на вчерашното заседание на Парламентарното собрание на Советот на Европа од страна на бугарскиот европратеник Лачезар Тошев, кој го бранеше предлогот за бришење на македонското малцинство од резолуцијата. Според Тошев, бришењето на македонското малцинство е „подобра формула“ затоа што на тој начин ќе им се даде можност за поголема заштита од страна на Советот на Европа, која малцинствата би ја барале преку своите здруженија.

„Бесрамно е да се тврди тоа кога сите институции во Бугарија, Владата, Уставниот суд, велат дека не постои македонско малцинство, ниту пак ни е дозволено да се регистрираме за да може преку партија или здружение да ги бараме нашите права. Бугарија го негира постоењето на македонското малцинство и вчерашната одлука во Советот на Европа уште повеќе ќе ја охрабри да продолжи со таквата политика“, вели Стојков, потсетувајќи на сите пресуди во корист на Македонците во Бугарија, кои ги игнорира бугарската власт и до ден денешен македонското малцинство не може да се организира ниту во политичка партија ниту во невладини организации.

Дека бугарскиот пратеник Тошев кажува лаги пред Советот на Европа уште вчера реагирал летонскиот парламентарец Борис Цилевич. Но напразно, на вистината за постоењето на Македонците во Бугарија, за непризнавањето на македонското малцинство останаа глуви 88 европратеници, кои ја изгласаа срамната резолуција. Против резолуцијата гласаа 29 пратеници, а 8 беа воздржани. Цилевич недвосмислено рекол дека бугарското законодавство не ги посочува со точност малцинствата што се признаени и тие што не се признаени.

„Ние добро знаеме како е во практиката: тие не се претставени во Советот на малцинствата. Од друга страна, повеќе пресуди на Судот за човекови права беа донесени поради одбивањето за официјално признавање на организациите што ги претставуваат овие малцинства“, потсети Цилевич.

Македонските парламентарци Александар Николоски и Ермира Мехмети Деваја како што е познато гласаа против амандманот на Тошев и против целиот текст на резолуцијата. Николоски посочи дека и покрај сите одлуки на Европскиот суд за човекови права, Македонците во Бугарија не можат да се организираат во политичка партија или во невладини организации. Тој, како што јави Дојче веле, побарал да се признае постоењето на македонското малцинство во Бугарија и да ги ужива сите негови права, посакувајќи бугарските власти да ги поканат претставниците на македонското непризнаено малцинство и на Помаците што исто така беа избришани од резолуцијата во Советот на малцинствата.

http://www.mkd.mk/92630/makedonija/omo-i...kedoncite/
Без Ботев няма България
24-01-2013, 07:47 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Във вечер се публикуват коментари само ако си написал татари


БУГАРСКИ АНАЛИТИЧАР И ДИРЕКТОР НА ИНСТИТУТОТ ЗА РЕГИОНАЛНИ И МЕЃУНАРОДНИ ИСТРАЖУВАЊА


Бугарија греши со политиката "Македонците се наши браќа и што и да прават, ние треба да ги поддржиме"


Бугарската политика не треба да се води од емоции, од пресумпцијата на идентичност и блискост, туку од прагматичните причини на бугарските национални интереси, вели бугарскиот аналитичар и директор на Институтот за регионални и меѓународни истражувања од Софија, Огњан Минчев, за Дојче веле. Според Минчев, Бугарија води инертна и мрзелива политика на идентитет во однос на Македонија според која "Македонците се наши браќа и што и да прават, ние треба да ги поддржиме". Ваквата политика, според бугарскиот аналитичар, е противречна.
- Прво затоа што таа е заснована на пресумпцијата на патријархално-патерналистичко покровителство над Скопје од страна на Софија, и второ затоа што е неадекватна, бидејќи на Бугарија не и остава в раце инструменти како за позитивни, така и за негативни реакции во зависност од поведението на другата страна, вели Минчев.

Минчев ја смета за погрешна позицијата на Софија, која блокадата на Македонија во ЕУ пред своите партнери во Брисел ја објаснуваше со пропагандата на Скопје и посегањето по нашиот историски идентитет".
- Мислам дека бугарската политика не треба да се води од емоции, од пресумпцијата на идентичност и блискост, туку од прагматичните причини на бугарските национални интереси. Кога ќе ни се совпадне интересот со Македонија ќе ги поддржиме. Кога тој интерес е во судир, треба да сториме се за да ги доближиме позициите, но не по секоја цена и против интересот на Бугарија, вели Минчев.

Тој не очекува драматична промена на односите меѓу двете земји дури и во случај Македонија да влезе во ЕУ. Поради тоа, тој смета дека Софија треба да бара од Скопје да стави крај на апсурдниот однос кон Бугаријаа, преку потпишување на заеднички договор во кој ќе бидат регулирани најголемите проблеми, врз основа на декларацијата за добрососедство од 1999 година. Во процесот на преговорите на Македонија со ЕУ, при отворањето на поединечните поглавја, Бугарија треба да внимава да бидат почитувани сите европски норми, за да не се случи при влезот на Македонија во ЕУ недоразбирањата повторно да испливаат на површина, вели аналитичарот од Софија.

http://vecer.com.mk/?ItemID=AEE03F17E696...BDFBADD73B
Без Ботев няма България
25-01-2013, 05:41 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Терор в Гърция и България - сЛободни в Сърбия

ТЕШKО Е ДА СЕ ПРАВИ МАKЕДОНСKИ ВЕСНИK ВО СОСЕДСТВОТО

Грција ја затемнува „Нова зора“




Грци од Лерин барале од зграда каде што се достапни сите локални весници да се тргне весникот на Македонците „Нова зора“ оти им бодел очи весник за кој велеле дека е „полн со лажни пропагандистички информации од Скопје“

Нашинците во Бугарија се жалат дека полицијата до ден денес не откри кој лани го заплени нивниот весник „Народна волја“

Неколкумина Грци седнати во кафуле во едно од околните места во Солун го стрелаат со поглед македонскиот активист, кој влегува носејќи неколку примероци од весникот на Македонците во Грција, „Нова зора“. Му дофрлаат: „Што се замислуваш, скопјанецу, излези и да не си се вратил повеќе“.

Ваквото искуство ни го раскажаа од партијата на Македонците, Виножито, за да ни ја доловат сликата колку е тешко да се дели нивното гласило во селата и градовите каде што живее македонско население.

- Некогаш ги пресретнуваат нашите дистрибутери на патот и им ги земаат весниците. Ги навредуваат, па и физички ги напаѓаат - велат од Виножито.

Во Лерин има јавна зграда, каде што сите локални весници се достапни и не смеат да се тргнат од таа локација, така што секој кој сака може да си земе од весникот што му треба. Бидејќи не смеат да ги тргнат, се случува нешто друго: локалните грчки медиуми преку натписи ги повикуваат жителите на местото да бараат од општината и од локалните власти да не стои весник со „лажни пропагандистички информации од Скопје“, раскажуваат од Виножито. На тој начин локалното население барало да се отстрани весникот, кој, за среќа, с` уште успева да остане на штандовите на зградата во Аминдео. Затоа, како што велат од партијата на Македонците, подостапни се интернет-изданијата на весникот.

- Дејствуваме политички нормално во ненормални услови. Грчките органи имаат увид во дистрибутивната мрежа на земјата и затоа ги шириме информациите вака, самостојно се ангажираме да стигнат каде што треба - од Kостур до Градско и од Kукуш до Бер - велат од „Виножито“.

Весникот, како што ни кажаа, се финансира од средства собрани од Македонците во Грција.

Не признаа дека ја запленија „Народна волја“

И покрај силните притисоци од бугарската власт врз македонското малцинство, ситуацијата кај источниот сосед е малку подобра отколку во Грција.

Веќе 20 години таму редовно излегува месечникот „Народна волја“. Содржината ја подготвуваат тројца соработници, а издавач и покровител е македонската заедница во Сиднеј. Дел од финансиите се обезбедува од продажба на весникот по симболична цена од 40 стотинки или 12 денари. Весникот главно се дистрибуира преку македонските организации во градовите каде што живеат Македонците. Според главниот уредник, Јан Пирински, во последно време весникот работи послободно, без закани и други пречки, но до лани ситуацијата била понапната. Еден од уредниците, претседателот на ОМО „Илинден“-ПИРИН, Стојко Стојков, потсетува дека лани весникот бил запленет од бугарските служби. Тоа се случило во периодот пред пописот и надлежните никогаш не признале дека го заплениле.

- Имаше закани и многу други проблеми, кои полицијата никогаш не ги откри - вели Стојков. Освен „Народна волја“, во Бугарија излегува и билтенот „Македонски глас“ на пиринско-македонскиот информативен центар, но нема вработени и не се печати редовно.

Во Албанија не се жалат од опструкции од тамошните власти, но немаат ни поддршка. Велат дека главен проблем е нетрпеливоста меѓу Македонците. Главниот уредник на весникот „Преспа“, Ефтим Митревски, тврди дека градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, сака да го уништи весникот и тој да основа друг на македонски јазик. Поради кавгите, македонските власти ја укинале скромната финансиска поддршка за „Преспа“.

- Нема да дозволиме да се уништи весник што постои 19 години. Весникот ја обелодени вистината за македонците во Преспа, што нему не му одговараше, па ширеше невистини и го оцрнуваше весникот - тврди Митревски.

Инаку во Албанија се издава уште едно македонско гласило - „Илинден“.

Во дијаспората ечат македонски песни

За разлика од земјите во соседството, во дијаспората ситуацијата е сосема поинаква. Во САД активно работат четири радија, две во Детроит и по едно во Њујорк и во Чикаго. Се финансираат главно од црковните општини и од македонското МНР.

- Најголемо влијание има весникот на Обединета македонска дијаспора - „Глас на ОМД“. Излегува периодично во 30-ина страници, на неколку месеци во тираж од околу 1.000 примероци, вели претседателот на ОМД, Методија Kолоски. Според него, весникот се дистрибуира преку пошта и преку македонските заедници во секој град или држава одделно.

Во Австралија најслушано е радиото „Трипл зед“. Тоа и „Ес-би-ес“ се најпопуларните таму. „Трипл зед“ е државно радио финансирано од Австралија. Но според уредникот, Ицо Најдовски, тоа не значи дека програмата трпи влијание.

- Полесно ми е да ја договорам за интервју австралиската министерка за надворешни работи отколку гостин-соговорник од Македонија - вели Најдовски.

Радиото емитува и вести во живо од Македонија. Државата со македонската заедница финансира и уште осум радиопрограми во Сиднеј. Во Мелбурн излегуваат и два дневни весника - „Австралиско-македонски неделник“ и „Тудеј“. Чинат по 2,20 долари. Преку дистрибутерите од нашата заедница навреме стигнуваат кај секој Македонец и во најоддалечениот дел на Австралија.

Слободни во Србија

Споредено со другите соседи во регионот, македонските медиуми во Србија се најслободни. Нашата заедница таму во 2006-та основаше и своја новинско-издавачка куќа, чиј основен медиум е политичко-информативната ревија „Македонска виделина“. Месечникот на 32 страници обработува теми главно врзани за заедницата, но и актуелните политички случувања во Македонија и во Србија. Весникот добива највисоки оценки од српската јавност како најуспешен и највлијателен весник од малцинствата.

- Истата издавачка куќа има и списание за деца и млади „Sуница“. Се дистрибуираат преку мрежата од 30 организации низ Србија. Досега имавме само емисија, а од неодамна на РТ Војводина имаме македонска редакција. Имаме емисии на регионалната ТВ Панчево, на РТ Врање - вели Борче Величковски од Националниот совет на Македонците во Србија. Според него, во однос на законските рамки во медиумскиот простор, Србија е во предност во споредба со другите земји во регионот.

Искра Kоровешовска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A21BED8EF5...F1256795DB
Без Ботев няма България
25-01-2013, 05:45 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Датум: 24.01.2013, 17:57
ПО БРИШЕЊЕТО НА МАKЕДОНЦИТЕ ОД РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА БУГАРИЈА

ОМО „Илинден“ - ПИРИН ќе реагира до Стразбур




Преку декларација до Советот на Европа, партијата на Македонците во Бугарија, ОМО „Илинден“ - ПИРИН ќе го изрази својот револт за бришењето на македонското малцинство од резолуцијата за нашиот источен сосед, пред два дена за време на седницата на Парламентарното собрание во Стразбур.

Според претседателот на ОМО „Илинден“ - ПИРИН, Стојко Стојков, аргументите изнесени од бугарска страна во амандманот со кој се избриша македонското заедно со помачкото малцинство од резолуцијата, се невистинити и цинични.

- Проблемот не е во непризнавањето дека во Бугарија има Македонци, туку во негирањето дека сме малцинство. Ние имаме писмени документи од бугарските институции со кои јасно ќе докажеме дека сме негирани, неприфатени и непризнаени. И на крајот, Бугарија ги крши Рамковните конвенции со тоа што не вработува луѓе од македонското малцинство, вели Стојков.

Тој најави дека декларацијата најдоцна до следната недела ќе ја испратат до Советот на Европа и сите други релевантни европски институции.

Амандманот со кој беше избришано нашето малцинство беше поднесен од група парламентарци, а пред ПССЕ го бранеше бугарскиот парламентарец Лачезар Тошев. Иако италијанскиот известувач што ја поднесе резолуцијата за Бугарија, побара подобра грижа за Македонците и за Помаците, со еден глас повеќе победи амандманското барање и овие малцинства беа отстранети од резолуцијата.

- Во 2000 година, кога Бугарија ја ратификува Рамковната конвенција за малцинствата, ние одлучивме да направиме листа со признати малцинства (на таа листа не се Македонците н.з.). Ние сметаме дека сите групи можат да ја уживаат заштитата на Рамковната конвенција - рече Тошев за време на седницата. (Ис.K.)

#
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=EC5483D556...267AD3CE79
Без Ботев няма България
25-01-2013, 05:47 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ЕДИТОРИЈАЛ

Четврто полувреме

Христо Ивановски

Велат, моментот е мошне деликатен зашто тимови од Бугарија и од Македонија го готват новиот договор, или како ли ќе се вика, за пријателство и соработка. Нешто што на Скопје и на Софија навистина им треба и нешто со што ќе се потврди вистинското пријателство на двата народа. Ама, за вистинско пријателство нема „деликатни моменти“, ниту, пак, пикање под тепих на некои отворени прашања. Да не зборуваме за старите рани, оти има многу емоции меѓу соседите кога станува збор за Балканот.

Секако дека треба да се потпише некое хартивче, кое на политичарите секогаш им треба за да тргнат политичките односи во една нормална насока. А и на „братските народи“ да им се симне каменот од плеќите, па и од душата.

Да се вратиме на она „ама“ кое се испречило на патот на добрососедството меѓу Софија и Скопје. За да бидат односите навистина искрени, државите, односно нивните политичари, треба да се издигнат над нивото на дневната политика. Ако треба и ќе се поклонат, ќе се извинат за нешто што некој пред нив сторил. Врз Македонија од највисоко место во Бугарија се фрлаше со дрвја и со камења за филмот „Трето полувреме“ при што земјата се предупреди дека не внимава на добрососедството, па дури и дека го негира холокаустот, ја фалсификува историјата на штета на Бугарија.... Прашањето со погромот на македонските Евреи за време на Втората светска војна веќе не е контроверзија. Но, современите бугарски политичари испратија пораки дека немаат расчистено со еден период од историјата. А, расчисти ли Софија и со периодот на окупација на Македонија? Или, можеби, немаше окупација?! Ете за тие прашање вреди некој да се вивне над секојдневието и да погледне кон иднината. Истово важи и за нашите политичари дома.

Второто „ама“ ни стаса од Стразбур, од нашиот заеднички дом на човековите права. Во последниот извештај на италијанскиот парламентарец, инаку известител за постмониторинг-дијалогот со Бугарија (период во кој земјата поминува низ посматрање на некои области каде што земјата нема особен напредок, како што кај источниот сосед се малцинствата и судството, на пример) предложи „посебна грижа за македонското малцинство и за Помаците“, но на чудесен начин Македонците, ете, беа избришани од таа резолуција. Пратеникот Лачезар Тошев, кој еднаш додека бил екологист (според кажувањето на професор Михаил Токарев) рекол оти е Велешанец, аргументираше дека е така подобро (значи ако Македонците ги нема) оти не е добро сега да се отвора Пандорината кутија. Па, како мисли официјална Софија да градиме добрососедство ако македонското национално малцинство во Бугарија го пикаме под тепих? Или уште полошо - да го брише, а ние како соседи да се правиме дека тоа не го гледаме. Во ред, ќе ги прифатиме зборовите на Лачезар, и ќе се согласиме дека сега не е време да ја отвораме Пандорината кутија со малцинствата, но тоа треба да биде нотирано во тој договор што сега се подготвува и притоа ќе се обврзат и двете страни, а особено бугарската - дека ќе работиме заеднички на создавање услови за и таа кутија наскоро да ја отвориме. Оти сме си соседи, можеби и вечни соседи. И тоа рамноправни соседи, а не дека некој во овој дијалог е поголем, посилен и пострашен батко.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=1EE551A377...BB038F2997
Без Ботев няма България
25-01-2013, 05:50 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Пцост и молитва

Само да си знаете, Европската Унија даде амин да се избришат Македонците како народ од Пиринска Македонија. Тоа ви е област во „добрососедска“ Бугарија. Реакции? Хммм, државава некако килаво, тие сега работат на европска директива наречена „љуби го соседот свој!“



Сигурен сум дека чувте што кажа Ципрас пред некој ден во Вашингтон. За оние што не чуле, муабетот му беше грчка класика. Македонци не постојат, бла бла бла, ерга омнес со географска одредница, бла, бла, бла, национализмот на скопјаните. Тоа и не е толку важно. Всушност, ако налетате на Ципрас или на луѓе од неговата партија некаде среде Јунонистан, ќе сфатите дека тие имаат најмеки ставови во однос на нивниот проблем со нас. Е, ама кога Ципрас ќе мрдне надвор од својата земја наеднаш станува Самарас. Човекот чија партија негува сериозно непријателство кон Неа демократиа и Пасок, во туѓина ни за запирка не мрда од грчката надворешна политика, популарно наречена црвени линии. По дома е Ципрас, надвор е Самарас.

И кај нас ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ веќе се на нож. Не дај боже, како тргнале, еден ден и ќе се исколат, скраја да е. Е ама, исто како и Ципрас, нашиот славен социјалос демократикос Шемас, кога ќе излезе надвор станува... Самарас. По неговиот „блам блам стајл“ говор пред Советот на Европа, кој во наводници би звучел „дојдете и бомбардирајте ја Македонија сосе нејзиниот недемократски народ што не гласа за нас“, говор појачан со звуци на цмиздрење и лелекање, мене ми е совршено јасно дека врвот на СДСМ игра сиртаки. Велам врвот, оти сум сигурен дека на деведесет отсто од нивното членство ни на крај памет не би им дошло да плукаат по земјава во странство, и тоа по ритамот на бузуки. Наместо, кога веќе го шета газот низ Европа на парламентарен трошок, кој го бојкотира (парламентот, не трошокот), наместо да почне да ги моли европолитичарите да им помогнат околу пишување политичка програма, оти сами очигледно не знаат, овој ги јакне грчките позиции во грчко-македонскиот конфликт. Срамота Шемас, брукос невиденос!

Слушам дека во нашиот парламент без опозиција се носат сериозни закони. Заштита на премиерот и пратениците по истекот на нивниот мандат, бајаги пари годишно за четирите најголеми партии да си отворат институти за истражување, може ќе смислат и закон за привилегии до седмо колено, па си мислам во себе, бреее мајката, види ги нашиве пратеници што ги донесовме на власт како мислат на народот, носат прекрасни закони од кои ќе имаат фајде самите тие кога ќе станат народ, бидејќи сега се нели, елита со имунитет. Си ја чешам главата пред огледало, а одразот ми вика, глуп, трк во некоја партија, зимај книшка и избори се да стигнеш до прв ешалон пред следни парламентарни избори, паметен си до толку, мајку му стара. Што убаво ќе ти биде во собраниска фотелја. Ќе си имаш илјада евра плата, а не мораш ништо да зборуваш, твое демократско право заштитено со имунитет ќе биде уста да не отвориш ако така ти се сака. Башка, никој не те тера да одиш на сите седници.

Кога ќе дојдеш со пукнат филм, затоа што ти наредиле да одиш на работа за да гласаш, слободно можеш да му се истресеш на инвентарот. Ако не си се свиѓаш тој ден како изгледаш, оти си претерал вчера, па утрово си мамурен, сосем демократски можеш да ги исклучиш камерите што те снимаат. Па уште ако си на власт, а те нервира некој опозиционер, одма му сскаш некого од обезбедувањето. И по четири години теревенка си имаш заштита и привилегии. А ти глуп, продолжува одразот во огледалото, се убедуваш себеси дека уметникот треба да живее духовен, а не материјален живот, да нема приватна сопственост и здравствено осигурување, да одбива студентски стипендии и социјална заштита од државата. Еее глуп, да не се знаело да се искористат сопствените капацитети во привилегијата наречена парламентарна демократија.

Море да ти е..м демократијата белосветска, така си пцуев во четвртокот вечер сам по дома. Ништо посебно се немаше случено, само така си седев, кога наеднаш ме навјасаа сите политички слики и изјави од последниве два месеца сосе доаѓањето на Филе со падобран ли, со булдожер ли, па којзнае по кој пат низ глава ми пројде фактот дека газиме низ стогодишнината од парчосувањето на Македонија, а онаа црна масонерија и тоа како почитува големи јубилеи, тие се убедени дека таквите јубилеи се одлични за ритуални жртвувања и наеднаш пред очи како астрална проекција ми се појавија сите вампири со исукани заби спремни да се заријат во нашето постоење и пцостите тргнаа низ мене, па почнав да редам како баба на погреб, да ти е..м демократијата фолирантска, да ти е..м и унии и алијанси, да ти е..м и цивилизација и време и простор, кога во дваесет и први век морам да се борам за човековото право сам да си избирам име и идентитет. А потоа, гневот полека спласнуваше и преоѓаше во молитва. Иако молитвите се интимни, оваа ќе ја споделам со вас. Господе, дај им сила на нашите бранители разделени по бедеми и достоинства, расфрлани по авганистани и разни туѓи рани, дај им сила и отвори им очи за да видат дека на Македонија ѝ се потребни единствени, оти како јас со ќоравиве очи и сакатово тело ќе ја бранам земјичкава ако утре вампирите на белосветската „демократија“ решат да го затворат македонското прашање, ама со нивни клуч?

Инаку, само да си знаете, Европската Унија даде амин да се избришат Македонците како народ од Пиринска Македонија. Тоа ви е област во „добрососедска“ Бугарија. Реакции? Хммм, државава некако килаво, тие сега работат на европска директива наречена „љуби го соседот свој!“. Соученику мој, министре Никола Поповски, вер ар ју? Некаков глас од самоетикетираните гооолеми борци за човекови права? Реакција од онаа, демек слободоумна медиумска булумента? Ма какви! Првите дремат по раскрсници борејќи се само за човековите права на црвената буржоазија, сѐ друго за нив е шутрачко. Вториве по директива, како хор жаби во медиумската баруштина, закрекаа против професорката Ванковска, нека ми прости што во иста реченица ја ставив со нив. А Македонците етапно исчезнуваат во границите на „демократската“ унија. И ние очекуваме кон нас да бидат цивилизирани. Вистината е дека можат да земаат часови по демократија и цивилизација од македонскиот народ.

Авторот е уметник



Автор: Александар Русјаков

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22789
Без Ботев няма България
26-01-2013, 08:33 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Видео пародија: Љубчо пее на бугарски!
Сабота, 26 Јануари 2013 14:21



Љубчо Георгиевски говори и пее на бугарски јазик. Ова е темата на новиот Интернет хит, поставен на Youtube.
Во него е направена компилација од последните јавни настапи на политичарот измонтирани со бугарски говор и песна.

Песната која во пародијата ја изведува Љубчо се вика „За тебе Бугаријо!“

На видеото го има и лидерот на СДСМ, Црвенковски, кој во пародијата му аплаудира на неговиот некогашен непријател, а сега политички партнер.

http://www.kurir.mk/magazin/zanimlivosti...a-bugarski
Без Ботев няма България
27-01-2013, 07:16 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Каде исчезнаа Бугарите во Егејска Македонија?

Бугарскиот научник Васил Кнчев, во 1900 година, на територијата на тогашна Македонија, вклучувајќи ги и оние 51 отсто што сега се во рамките на грчката држава, изброил околу 1,2 милион Бугари (повеќе од половина во рамките на денешна Грција) и околу 250.000 Грци. Дилемата е како денес Бугарија бара Бугари во Република Македонија, а не ги бара и таму каде што, според нив, пред сто години биле во убедливо мнозинство?



Алексис Ципрас, лидерот на грчката опозициона СИРИЗА, не чул, не знаел за Македонци во Грција. Ништо ново од еден грчки политичар, иако да бидеме искрени, имавме надеж дека тој е доволно одважен за да не ги свртува очите од реалноста. Се разбира, ние веднаш сме подготвени да најдеме оправдување за неговите зборови. Тој бил во опозиција, се борел да дојде на власт, па можеби затоа не го гледа тоа што може да се види. За да не си ја слабеел позицијата пред агресивните конкуренти во однос на кои, според последните анкети, има предност.

Оправдување ќе најдеме и кога ќе биде на власт. Тогаш нема да може да ги види Македонците за да не го загуби владејачкото мнозинство, како што Самарас, Венизелос и другите, во тие денови исто така ќе бидат слепи за да можат непречено да работат на уривање на Ципрас. И така ги имаме сите шанси да се вртиме во круг уште најмалку сто години.

А сѐ што треба да се направи е да се седне во некое кафуле во Лерин, Воден или кое било друго гратче во Егејска Македонија. Ве чујат ли на кој јазик зборувате, нема да можете да се одбраните од понуди за пијалак, а ако имате среќа и од понуди за некое гиро. Сето тоа ќе биде изведено некако тивко, можеби по малку и со страв, освен во некои случаи како со еден седумдесетгодишен битолчанец, сопственик на ресторан во Лерин, но сепак понудите ќе стигнат. И сите тие луѓе по малку и мака мачат да се разберат со вас, но сепак се разбираат. Што се по националност? Велат Македонци, ако ги прашате.
Се чини, меѓутоа, дека проблемот не е во Ципрас, ниту во тоа дека сега има некоја потреба да докажуваме дека во Грција има Македонци. Проблемот е во тоа што грчкото општество, вакво какво што е градено цел еден век, е ксенофобично, неподготвено за какво било разумно објаснување на својата позиција, општество што единствено добро се разбира од создавање хистерија кон другите народи. И проблемот е во тоа што тоа такво општество е член на Европската Унија, која на другите земји им се перчи со некакви критериуми за влез, со чие исполнување ќе се добиела гаранција дека ги задоволуваат барем минималните демократски стандарди на одбраното друштво. А стандардите се видливи и преку Нова демократија и преку ПАСОК, а сега и преку СИРИЗА.

Идејата е дека дури и да е свесен Ципрас дека не ја зборува вистината, тој не смее поинаку ни да помисли, а не пак да каже. Ризикува да го распнат. Во споредба со таква Грција, која било балканска земја што не е членка на ЕУ, која било бивша република на СССР во која луѓето сѐ уште се поклонуваат на спомениците на Сталин, се демократски рај, барем кога се во прашање човековите права и слободата на изразување на националната припадност. ЕУ ја уценува Србија со признавањето на Косово, но, реално гледано, ако се исклучи испровоцираната од западните сили војна, односот меѓу Србите и Албанците, дури и во најкризните времиња, не бил ни приближно толку лош како тој што го практикуваат Грците.

Од приказната не може да се исклучи ни Бугарија. Според општото владејачкото мислење што доаѓа од Софија, Македонците се творба на комунистичката интернационална. Пред тоа биле Бугари. Нивниот научник Васил Кнчев, во 1900 година, на територијата на тогашна Македонија, вклучувајќи ги и оние 51 отсто што сега се во рамките на грчката држава, изброил околу 1,2 милион Бугари (повеќе од половина во рамки на денешна Грција) и околу 250.000 Грци. Дилемата е како денес, Бугарија бара Бугари во Република Македонија, а не ги бара и таму каде што, според нив, пред сто години биле убедливо мнозинство? Ајде тоа што во Република Македонија Бугарите се одродиле, па станале Македонци. Ама Грција никогаш не била земја со комунистичко владение, па тамошното негрчко население што било неколку пати побројно од грчкото (вклучувајќи го и тоа што на секој чекор можете да го сретнете во Лерин и останатите градови) сигурно си ги зачувало корените и не се одродило. Во меѓувреме, по Балканските војни, имало и погроми и договорени преселби, но белки останал макар еден единствен Бугарин во Егејска Македонија? Не е можно сите тие да биле сотрени или протерани. Згора на тоа, според бугарската теорија, сите оние што живеат таму, а кои се сметаат за Македонци (ене ги живи и здрави, може да ги допре и да испие со нив кафе секој наш источен сосед) се всушност Бугари. Тоа би значело дека во Грција нема 99 отсто Грци и еден отсто муслимани како што вели нивната официјална статистика, туку најмалку и еден Бугарин. Ако кон тој еден се додадат и тие што се изјаснуваат како Македонци, тогаш бројот драстично им се зголемува. Можат ли Плевнелиев, Борисов и другите да кажат во која графа од грчката статистика тој е заведен, попишан, евидентиран. Или вистината е дека според официјална Грција, такви лица нема, што е спротивно на реалноста и што значи дека кај нашиот јужен сосед, сеедно кој е на власт, владее режим што не го почитува еден од основните критериуми на демократијата со која се фали западниот свет.

Така, имаме ситуација во која се вели дека Република Македонија со Република Бугарија и Република Грција нема добрососедски односи, иако во нашата држава никој пет пари не дава за тоа дали некој ќе се изјасни како Бугарин, Грк или Еским. Со други зборови, овде секој може национално да се определи како сака. Од друга страна, Бугарија и Грција, наводно се пример за добрососедство, иако во земјата на Елините никому не смее да му падне на памет да се изјасни како Македонец (кој според Софија е вештачка творба) или како Бугарин сеедно, а во земјата на нашите „браќа“ како Македонец.
Но кога се ќе се одземе и собере, проблемот не е ниту во Атина, ниту во Софија. Тие се такви какви што се. Проблемот одново, којзнае по кој пат, не може а да не се лоцира во Брисел, кога станува збор за ЕУ, и во Вашингтон, кога станува збор за НАТО, каде што овие две земји се членки. А и двете организации наводно се извозник на демократијата низ светот. Која демократија, ако тие дома, имаат зацементирана забрана за слободно национално изјаснување?

Оттука, веќе не е доволен ни зборот лицемерство за да се опишат некаквите европски забелешки за тоа колку Македонија е демократска земја, уште повеќе да се земаат предвид недоветни извештаи како неодамнешниот на Фридом хаус според кој двата наши соседи подобро стојат од нас на ранг листата на човекови и политички слободи и права. И дури сега може во целосна светлина да се види нашето политичко шарлатанство кога во 1995 година со Привремената спогодба самите си забранивме овие прашања да ги поставуваме на маса во разговорите и со соседите и со Брисел и Вашингтон.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22790
Без Ботев няма България
28-01-2013, 12:39 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Во Грција промовирана книга за учеството на Бугарија во прогонот на Евреит

арија Котовска - Дописник од Атина
Уште едно сведоштво за учеството на Бугарија во апсењето и депортацијата на Евреите во логорите на смртта, книга под наслов “Спасување”, деновиве беше промовирана во Грција, јавува дописникот на МРТ од Атина.

“Ноќта 3 ти спрема 4 ти март, 1943 та година, 187 те членови на еврејската заедница во Нова Орестиада, грчка територија под бугарска окупација, беа заробени буквално додека спиеа и пратени во нацистичките концентрациони логори, од каде после војната се вратија само тројца” - ова е едно од многуте примери во книгата од грчките автори Корина Лампса и Јаков Симпи, во која на 431 страница преку фотографии, документи и сведоштва е прикажано учеството на Бугарија во прогонот на Евреите од македонските и грчки територии, коишто се наоѓаа под бугарска окупација.

Авторите на книгата пишуваат дека дури 86 проценти од Евреите што жевееле на грчка територија окупирана од Бугарија биле уапсени и депортирани во концентрационите логори.

Од Солун пак, нацистичките сили успеале да депортираат дури 96 проценти од еврејското население, стои во текстот.

Акцентот во книгата е ставен на помошта односно на засолништвото што Грција им го дала на дел од Евреите кои имале среќа да се спасат од еден од двата избори што бугарските власти во соработка со нацистите им го ставиле на располагање - ужасен крај или ужас без крај.

Само за потсетување, бројката на Евреи од македонските територии под бугарска окупација што Бугарија ги депортирала право во смрт изнесува над 7200 односно 98 проценти од вкупното еврејско население во Македонија.

“Добра идеа е бугарскиот амбасадор во Атина оваа книга да му ја подари на својот претседател Борисов, како уште еден доказ дека бугарските власти соработувале со нацистите за истребување на Евреите од македонските и грчките окупирани територии”, вели за МТВ Павле Филипов Воскопулос од раководството на партијата на Македонците во Грција “Виножито”.

Ако се земе предвид жестоката критика што бугарскиот државен врв ја упати кон македонскиот филм “Трето полувреме” кој што ја обработуваше истата тематика, останува отворено прашање – дали ќе има и каква ќе биде рекацијата на Софија во однос на оваа книга, преполна со автентични документи.

“Наместо сред Атина да зборува за уметнички дела како што е еден филм, ќе биде подобро господинот Борисов да ги прочита овие документи од книгата “, вели Павле Филипов Воскопулос.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/74099/vo_...reite.aspx
Без Ботев няма България
28-01-2013, 06:34 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

(22-01-2013, 12:34 AM)Valkanizater Wrote:
(21-01-2013, 06:06 PM)Топорчо Wrote: Груевски при личната си проститутка Миленко.





Невероятно - 5 ч. и 20 мин. ...
Но Груевски не знаеше БВП/БДП на Македония - във всеки случай отказа да назове конкретна цифра в отговор на един от въпросите - което е странно за премиер икономист.
И 15-20 мин. за мкд-бг отношения - същите неща като при "Яди бюрек".
Сподели за хладен прием при единственото си посещение в България.
Според него темата за депортирането на евреите от Македония и Северна Гърция била тема табу в България - дали...?
Оставя впечатление на наблюдателен и умен, не е хуманитар и в този смисъл изглежда ограничен.
Добре борави с т.нар. "заварено положение" - индулгенцията на неговото поколение.





На фона на Nigel Farage - Груевски, Миленко и останалите събеседници - изглеждат като възторжени фенове на България...
Милите британци - нима не знаят, че българинът, румънецът и т.н. имат избор - островът не е единственото място на света, където хората от нашата черга могат да се изнесат...
Кой ще остане в България, а и в Македония, когато отпаднат визите за САЩ /въпрос на няколко години, може би/...?
30-01-2013, 12:01 AM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

29.01.2013, 19:33
Тешко ранет шефот на бугарското подземје

Златимир Иванов, кој важи за шеф на бугарското подземје е ранет во вооружена пресметка пред Палатата на правдата во Софија, каде што дошол да вложи жалба на пресудата со која е осуден на осум години затвор.

Тој е познат како Златко - Баретата, а на него било пукано од спротивната зграда на судот. Иванов добил четири прострелни рани во делот на нозете, стомакот и препоните, додека неговиот телохранител е погоден во ногата. Тие биле префрлени во Центарот за итна медицинска помош во Софија, наведуваат бугарските медиуми, додавајќи дека неговите телохранители успеале да возвратат на противниците.

Напаѓачот успеал да побегне, а во зградата од каде е пукано, по нападот избил пожар. Во моментот кога е пукано, Иванов бил на скалите од судот, каде требал да учествува на сослушување во случај во кој тој е обвинет за продажба на наркотици.

Иванов, минатата година беше осуден на осум години затвор, откако беше прогласен за виновен за водење и организирање криминални групи кои сезанимавале со трговија со дрога. Тој поднесе жалба на пресудата, по што беше преместен во домашен притвор.

Иванов претходно бил командант на бугарските безбедносни сили, а по завршувањето на кариерата станал еден од најпознатите ликови на бугарското подземје.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=90851...68A015B103

Истина е, че хората в София са шокирани от стрелбата в центъра на града...Златимир Иванов обаче никога не е бил комендант на никакви безбедностни сили...
30-01-2013, 07:34 PM
Reply