Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

doske, 12.12.2012 00:40:13
NEkoj zemal Grcko Sponzorstvo.. Tolku e ocito sto se gleda od avion..
Konecno, 12.12.2012 01:46:27
Konecno si go pokazaa pravoto lice, seuste sonuvaat za podelba na Makedonija i toa po sekoja cena.
realist, 12.12.2012 02:04:12
Abe ganchovci kakvi kriteriumi vie ispolnivte koga ve primija vo Unijata i vo Nato, zar i vie se smatrate za civilizirani luge, zar ne gledate deka na vas Bugarite i Grcite mestoto vi e vo nekoja Afrikanska gungla, shto sakate od nas Makedoncite ja rasparchevte Makedonija vo 1913 godina kako besni kuchinja se ispotepavte izmegu sebe za koj pogolem del da grabne od Makedonija sega ni se pravete Evropejci odete po gavolite vie Bugarite i Grcite na se lichete samo ne i na civilizirani luge, kam nas njama Makedonci no kam vas ima B,lgari toa li e ciliviziranost toa e barbarizam bajgano..
Бугари, 12.12.2012 02:07:46
Имаат интерес да не блокираат. АКо не пуштат во ЕУ нема еден Македонец пасош буграски да им вади. Ке си ја запрат политиката на асимилација. Знаат добро дека Македонците тоа го прават од економски причини.
Горан, 12.12.2012 02:08:46
Абе џабе сега бугарите кажуват овака било онака било. Ако козата лаже рогот не лаже, така и постапките што ги правите се си убаво кажуват за вас блгарите. Го чекате најпогодниот момент кога сме најранливи и кога најмногу ни треба помош за ни забиете нож во грб. За какво добрососедсво зборите, па тоа со пример треба да се покаже. А последниот пример на забивање нож во грб е типичен пример на бугарско добрососедски однос. Нема што, на секаде околу нас цвета од добрососедство.
крис, 12.12.2012 04:16:51
процесот на приближување кон НАТО и ЕУ се претвори во процес на бришење на Македонскиот народ! мислам дека товарот е сега Брисел и Вашингтон да докажат дека не е така ИЛИ во спротивност Груевски да си најде начин на повлекување на апликацијата од овие организации!
sl.zubovce, 12.12.2012 07:31:03
Bg i Gr glumci odugovlacat duri da dojde drug premier letaska za da im go dade imeto i cela MK Grujo drz ne daj inaku MK ojde.
васо, 12.12.2012 08:10:03
Македонскиот став НЕ е конструктивен, а намерата на Софија во соопштението е добронамерна!
РНД, 12.12.2012 08:14:56
...крајно непринципиелно е да се најавува блокада, коментираат познавачи на состојбите. Ајде сега да слушнеме што велат “позанавачите на состојбите“.
makedonec, 12.12.2012 083820
pa dobro be so cel pamet se nadevavte deka ke projde rabotava???ma otkaci toa usrno drustvo koe saka da ni go unisti rodot!!! so koj... ste zapnale eu eu,ne praat majmuni site,se potsmevaat na nas!!!mars u pm eu!!!!!!
Тито, 12.12.2012 092332
A be kakva Evropa, Makedonija treba da se svrti nakaj Srbia i Vardarskata Banovina tie se idninata.
Buntovnik, 12.12.2012 09:33:21
Oti e pisano na nerazbirliva azbuka.
mene, 12.12.2012 093858
E, Bugari, Bugari, eve zatoa ne ve sakame! Mozete da zboruvate sto sakate, ama tatarskoto vo vas sekogas e na preden plan. Vie ke zboruvate za cov ekovi prava!!! Kakva ironija. Zemjata sto e na opaskata na Evropa, ovde saka da izigrava glavna, po diktat, se razbira!
Nikola-germanija, 12.12.2012 09:44:04
Pa bese kristalno jasno deka so edno pismo MK ne moze da ja popravi gresnata politika sprema Bugarija vo poslednite godini.Treba da si bideme iskreni i so ladna glava da postapime po politickite tragi na pokjniot pretsedatel, gosp. Kiro Gligorov odnosno politika na ekvidistanca sprema site sosedi, a ne ljubeznost sprema Srbija (SPC!) i Albanija (slava vo Skopje!), a ramnodusnost sprema Bugarija i Grcija.Kako prvo kako znak na dobra volja treba da se distancirame,barem deklarativno,od antickata istorija i preminuvanje kon preimenuvanje na objekti od anticki licnosti kon licnosti od ponovata istorija.Taka bi se relaksirale odnosite so Grcija.I so Bugarija treba isto da se postapi.Nikoj ne moze da go tera Makedonecot da se otkazuva od sopstveniot identitet,ako ne preteruva so antickiot-naci-fasizam.Dzabe da imas Brakja i Priateli,koi ziveat rasprostraneti po svetot,koga so Komsiite ne zivees vo dobri odnosi.Imam ocajna nadez deka MKskata vlada konecno ke se opameti i ke postapi vo soglasn
NEguvac, 12.12.2012 10:09:11
Citajkija ova statija izbrojv 35 pati zborot HE. Toa e najkoristenijot zbor i sodrzuva povejke od 5% od celofkupnijot tekst. Dosta so ova NE vaka, NE taka, NE onaka! Daj da se razmislime kako da ja iskoristime situacijata vo nasa polza sega i vo idnina. Bidete mudri i pisete: DA! Ovije Vetovcite go davat samo Vetoto, oti krvta mu zamrznuva od mudrosta na Makedoncite - gospot e so nas !
Блгарин, 12.12.2012 10:16:01
Жалам за обичните македонци, но после Трето полувреме. случаjот со Спаска Митрова, навреди како: татари, фашисти, гнасни бугари, гниди и слични, што очекувате??? Наши поговорки: Што си постелеш на то ке легнеш, Што повикало, такво се jaвило.
Българин, 12.12.2012 10:35:37
Сами сте си виновни.
Александар М., 12.12.2012 11:00:43
А, како да прочитаат нешто кога, биле, се и ќе останат вечито неписмени. Дали сте виделе или чуле дека постои писмен бугарин. Ниту било , ниту ќе биде.
tihi, 12.12.2012 11:03:16
Najzhestok otpor ima tokmu od pobugarcheni i pogrcheni Makedonci so totalno isprani mozoci.Poznata vi e prikaznata za janicharite.Posrbenite zasega se drzhat neutralno ,do nekoja sledna prilika.No toa e sudbinata na Makedonecot.Odime ponataka.
Татарот, 12.12.2012 11:19:29
Еве го четварто полувреме. Заслужува Оскар, нели?
nema dobrososedstvo, 12.12.2012 11:21:14
Jas som bugarin so makedonski koreni, kako milioni isto sa vo bugarija. Da vi kajam - koga se soprat 2 magarinja na most, spas nema, ni preminuvanje! (ne)oficialniot bugarski stav, koi se znae, no ne proklamira e: genocidot nad bugarite vo 1945; legnale 1,5 milioni bugari i se osomnili makedonci. vo makedonija mantrata e fashisticki okupatori, dushmani na republikata..I vaka: Ni jas som okupiral bratuchedite mi vo makedonija, no oni sa me proterali od makedonija. Vo mkd da se svati deka pola bugarija imat mkd koreni, no ne sakat da sa makedonci i obratno - vo bugarija da se razbere deka i da sa bili bugari, vo mkd deneska ne sakat da sa bugari. I tocka na sporot, da si gledave vo panicite!
Адам, 12.12.2012 12:24:51
Кога му е страв на Бојко дека може да биде поразен на избори и започнува да се прави на поголем националист и од националистите во Бугарија. Така да ништо ново под небото. Јасно е веќе дека на изборите кои следуваат таму ќе се покаже вистината што уште сега ја покажаа анкетите. Рејтингот на неговата партија убедливо паѓа а БСП му дишат во врат.
perko, 12.12.2012 12:44:34
iskreno do sega sekogas sum zboruval za bugarite vo superlatif duri i prijatelite pocnaa da me vikaat bugarofil.na site im kazuvav deka tie se nasi braka i nema da ne ostavat na cedilo.no sega bi sakal na site da im se izvinam za pogresnoto moe interpretiranje na nestata,ovie ne ni se ama bas nikakvi braka,duri posle ova ni stanaa najgolemi dusmani.prokleti da ste,od deneska ne sakam nisto poveke da slusnam za tie luge,so ovoj poteg mislam deka gi unistija i site simpatizeri.da se ujdisas so najgolemiot dusman na tvojot brat......navistina nemam poveke komentar,bruki


http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID...5A7B0A2331
Без Ботев няма България
12-12-2012, 07:37 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Според авторът , който пътем е университетски преподавател , когато в Македония искаш да обвиниш някой за нещо подмолто го наричаш бугарин. Е как да не сложит вето после.На тази шизофрения трябва да се сложи вече край.

Македонци и Бугари

До пред неколку години официјалната позиција на Бугарија беше дека „сите Македонци се Бугари“, а сега се зборува за „постоење на бугарско малцинство“ во Македонија, со што индиректно се признава постоењето на македонската нација



Пред десетина години на една научна конференција, која се одржуваше во Европскиот центар за безбедносни студии, Џорџ К. Маршал, во Гармиш Партенкирхен ми приоѓа еден колега од Бугарија и ми вели: „Зошто Вие Македонците сте толку резервирани кон Бугарите? Па, во Бугарија најдобрите Бугари се Македонци.“ А јас му сериозно му одговорам: „Токму така колега, и во Македонија најлошите Македонци се Бугари“. Тој веројатно не беше подготвен за ваков дрзок одговор од моја страна и за да ја избегне понатамошната дискусија за историските теми го сврте муабетот за други прашања. На што и јас со големо олеснување се согласив.

Во што е суштината на проблемот помеѓу Македонците и Бугарите? Одговорот, лежи во погрешната перцепција за „другиот“. Имено во Бугарија со терминот Македонец се означуваат три нешта.
Најраспространето е видувањето дека Македонец е поим со кој се означува припадник на бугарската нација што потекнува од Пиринска Македонија или, пак, тоа е доселеник од другите делови на Македонија, меѓутоа што има развиено бугарска национална свест. Овие луѓе се прифатени од бугарското општество на ист начин како што се луѓето од другите краеви на Бугарија и многумина од нив се искачиле и до највисоките позиции во владината хиерархија. На овие Македонци мислеше мојот колега кога рече дека „најдобрите Бугари се Македонци“. Покрај тоа, во Бугарија има и граѓани на Република Бугарија што имаат бугарско државјанство, но имаат „македонска национална свест“ и се чувствуваат дел од македонската етничка нација.

Прашање за македонското етничко малцинство во Бугарија може да биде поделено во два дела. Првиот период, веднаш по завршувањето на Втората светска војна, кога „македонската националност“ беше целосно признаена како посебна националност, и периодот по 1956 година кога Бугарската комунистичка партија одлучи „повеќе да не ја признава посебната македонска националност“. Овие луѓе сè уште се соочуваат со проблемот за слободно изразување на својата етничка припадност и политичко организирање. И последно, под терминот Македонец, Бугарите подразбираат државјанин на Република Македонија, но не и припадник на македонската етничка нација што тие не ја признаваат. Во однос на ова прашање, Петјо Влаков од Институтот за безбедносни и меѓународни студии од Софија мисли дека има напредок во односот на Софија кон македонската нација. Имено, тој наведува дека до пред неколку години официјалната позиција на Бугарија беше дека „сите Македонци се Бугари“, а сега се зборува за „постоење на бугарско малцинство“ во Македонија, со што индиректно се признава постоењето на македонската нација.

Од друга страна, и во Република Македонија, исто така, имаме три видувања за терминот Бугарин. Најраспространето е видувањето дека Бугарин е државјанин на Република Бугарија и припадник на бугарската нација. Понатаму, во Република Македонија постојат, иако тоа државата неволно го признава, граѓани што имаат „бугарска национална свест“ и се сметаат себеси за дел од „бугарската етничка нација“.
Ова прашање, заедно со прашањето за положбата на етничките Македонци во Бугарија, ги оптоварува односите меѓу Македонија и Бугарија веќе подолго време. За прашањето за малцинствата двете страни имаат различно видување. Додека Бугарија не признава какво било македонско малцинство на својата територија Македонија тврди дека нема бугарско малцинство во земјата. Иако во двете држави постојат групи што го тврдат спротивното. И последно, кога ние во Република Македонија сакаме некого да повредиме, дека е превртлив, направил некое подмолно дело, тогаш го употребуваме терминот Бугарин.
Тоа е она на што јас мислев кога му реков на колегата дека „најлошите Македонци се Бугари“.

Овие различни видувања за другиот доведуваат до проблеми во меѓудржавната соработка и заладување на односите. Ова нам не ни е потребно, особено не во период кога очекуваме бугарска поддршка за нашите евроатлантски аспирации. Периодот на демократски промени во Бугарија, исполнувањето на условите за членство во НАТО и во ЕУ не придонесоа многу за подобрување на статусот на македонското малцинство во Бугарија. Македонците во Бугарија ја пропуштија шансата ова прашање да го наметнат како еден од условите што Бугарија требаше да ги исполни за да стане членка на ЕУ. Како резултат на тоа Македонците во Бугарија сè уште не можат политички да се организираат. Од друга страна, Бугарија од позиција на членка на НАТО и на ЕУ покажува голем интерес за оние што се чувствуваат како Бугари во Македонија и ова прашање го издигнува на рамниште со кое сака да ја условува македонска поддршка за евроатлантските интеграции, што ја зголемува македонската резервираност.

Да ја завршам колумнава на начинот на кој ја почнав. Неодамна враќајќи се од една конференција на аеродромот во Софија чекам во ред за пасошка контрола на шалтерот означен за „сите нации“. Редот се испразни на шалтерот за „бугарските граѓани“ и ме повика полицаецот да се префрлам на тој шалтер. Јас приоѓам и внимателно му велам: „Јас не сум бугарски граѓанин, јас сум Македонец, не знам дали ќе може на овој шалтер“. А тој ми одговара: „Ако де, и Вие сте наши“. „Добро“, му велам, а за да ја избалансирам работата додавам „на Балканот нациите се измешани, колку сме ние ваши толку сте и вие наши“. А тој ме прашува: „Како во Скопје, има ли нови споменици?“. „Секој ден понекој нов никнува“, одговарам, „од Александар Македонски, татко му Филип, мајка му Олимпија до цар Самуил“. Е, вели тој:
„Јас сум Самуилов, ќе мора да дојдам во Скопје да се сликам покрај него“. „Секако“, му одговарам и додавам во негов стил: „Па, тој е Ваш нели?“. „Ах наш“, одговара тој. „Штом Вие споменик му правите мора да е Ваш“. И така во пријателски тон се разделуваме, ми посакува пријатен престој во Бугарија, а јас нему благодарност за завршената работа. Во овие десетина година јас остарев и веројатно се променив, па сега не ги сфаќам толку сериозно дебатите за „ваши“ и „наши“. Како што гледам, и бугарскиот полицаец беше подготвен за шала за овие прашања. Тогаш кога и државните раководства на Македонија и Бугарија ќе им придаваат помала важност на „историските теми“, а повеќе ќе мислат на интересите на граѓаните полесно ќе ги надминеме недоразбирањата помеѓу овие два, многу блиски, соседни народи.

Авторот е универзитетски професор

Автор: Стојан Славески
Без Ботев няма България
12-12-2012, 07:53 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Еве и приятелят на премиерот що мисли за нас Icon_razz


ГЛУП СИ КАКО БУГАРИН
http://milenko.com.mk/aktuelno.html

Глупите БУГАРИ, никогаш не знаеле како треба да се однесуваат во “вапросот“ Македонија. Со насилничко, асимилаторско и негирачко однесување тие пред 100 години, а потоа и пред 70 години ја фрлија Македонија во прегратките на Србија. Нивната...

Бескрајно глупата и исфрустрирана политика останува и натаму на сцена. Политика која им ги загубила сите војни што ги воделе. Политика што на нивниот народ низ историјата му донела срам дека бил соработник со фашистите и нацистите на Хитлер. Политика што ги бележа дека биле ревносни исполнители на требењето на Евреите. Политика што нивните граѓани ги изолира од цивилизираниот свет во текот на целата втора половина од 20-тиот век. Политика што придонесе пола од новородените бугари да се по татко МАКЕДОНЦИ, заради плодниот и долгогодишен бизнис “за две червени“ на жените од Бугарија.

Да се потсетиме, Бугарија и бугарите избраа погрешна страна и во Балканските војни, и во Првата светска војна, и во Втората Светска Војна, и во поствоеното блоковско делење на Европа... Еве и сега. Бугарија е на страната на фашистичката и нацистичка ЕУ алијанса, на страната на банкротирана вештачка творба, на страната на лузерите.

Како и секогаш, Македонија е на прогресивната страна.

Имаше Република, кога сите соседи беа монархии. Мала, кратка, ама со визија што модерните земји сеуште неможат да ја достигнат. “Културниот натпревар меѓу нардите“ не го промовираше ниту го смисли бугар, грк, шиптар, србин, рус, англичанец, французин или германец. Не, тоа е дело на МАКЕДОНЕЦ.

Беше 100% антифашистичка кога бугарите му го бацуваа курот на Хитлер. Што Бугари изгинаа на рускиот фронт, што бламажа Бугарија имаше овде со Мане Мачков.

Македонија беше со слободен патен и визен режим, кога Бугарија му го бацуваше газот на Сталин, а потоа на Хрушчов и Брежнев. Многу јако живееја и го славеа Тодор Живков.

Еве, и сега, по 100-ти пат исто. Ујдисани со грците.

И, што ќе постигнат со овие глупости, уцени, притискања? Македонија никогаш нема да си го промени името. Македонецот никогаш нема да стане бугарин.

Бугари - татари. Од нив народ не бидува.

Можат да бидат само слуги и измекари. А, на Балканов, такви народи со такови капацитети има подоста. Еве, кај нас ги има, сем на исток, и на запад.

Миленко
http://milenko.com.mk/index.html
Без Ботев няма България
13-12-2012, 06:56 PM
Reply
тракиецъ Offline
Member
***

Posts: 103
Joined: May 2012
Reputation: 12

Когато ми е тъжно идвам при Топорчо.
Pos Pos Pos Ей го и тоя, ...Миленко...., пациент! Pos Pos Pos

(This post was last modified: 13-12-2012, 08:28 PM by тракиецъ.)
13-12-2012, 08:26 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Софија да ги почитува правата на македонското малцинство

ПССЕ бара од Бугарија целосно спроведување на сите одредби кои ги содржи Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства

Комисијата за следење на обврските на земјите членки при Парламнетарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) побара од Бугарија да ги почитува правата на сите малцинства, вклучувајќи ги и тие на непризнатото македонско малцинство.

ПССЕ побара од Бугарија целосно спроведување на сите одредби кои ги содржи Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, посебно во делот на спроведувањето на индивидуалните права, со оглед, како што стои во резолуцијата, дека таа не го признава постоењето на македонското малцинство и помаците. Исто така од Бугарија се бара да ја потпише европската повелба за регионални и малцински јазици.

ПССЕ смета дека Бугарија треба да напредне во давањето на правата на лицата кои им припаѓаат на националните малцинства, во делот на промовирањето на мајчинот јазик, како и промовирањето на нивниот културен идентитет.

ПССЕ исто така бара од Бугарија систематски и безусловно да ги осудува говорите на омрази насочени против малцинствата, како и да ги зајакне мерките за меѓусебна трпеливост и взаемно почитување и истовремено да ги охрабри политичарите да имаат примерно однесување и да се зафати со решавањето на проблемите на ромското малцинство.

Во резолуцијата подготвена од италијанскиот парламентарец Лука Волонте и одобрена од Мониторинг комисијата на ПССЕ, се вели дека и покрај постигнатиот напредок Бугарија треба да напредува во повеќе клучни области, како независноста на правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и се надева дека таа ќе продолжи да напредува на демократски начин. За реезолуцијата ПССЕ ќе треба да ја изгласа на јануарската сесија во Стразбур.

Статијата е прочитана 1230 пати.

http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemI...18DF79692C
Без Ботев няма България
15-12-2012, 07:43 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Стразбур побара од Бугарија да ги почитува правата на македонското малцинство

Стразбур - Комисијата за следење на обврските на земјите-членки при Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) побара од Бугарија да ги почитува правата на сите малцинства, вклучувајќи ги и тие на непризнатото македонско малцинство.

ПССЕ побара од Бугарија целосно спроведување на сите одредби што ги содржи Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, посебно во делот на спроведувањето на индивидуалните права, со оглед на тоа, како што стои во резолуцијата, дека таа не го признава постоењето на македонското малцинство и помаците. Исто така, од Бугарија се бара да ја потпише европската повелба за регионални и малцински јазици.

ПССЕ смета дека Бугарија треба да напредне во давањето на правата на лицата кои им припаѓаат на националните малцинства, во делот на промовирањето на мајчиниот јазик, како и промовирањето на нивниот културен идентитет.

ПССЕ, исто така, бара од Бугарија систематски и безусловно да ги осудува говорите на омрази насочени против малцинствата, како и да ги зајакне мерките за меѓусебна трпеливост и заемно почитување и истовремено да ги охрабри политичарите да имаат примерно однесување и да се зафати со решавањето на проблемите на ромското малцинство.

Во резолуцијата подготвена од италијанскиот парламентарец Лука Волонте и одобрена од мониторинг-комисијата на ПССЕ, се вели дека и покрај постигнатиот напредок, Бугарија треба да напредува во повеќе клучни области, како што се независноста на правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и се надева дека таа ќе продолжи да напредува на демократски начин. За резолуцијата ПССЕ ќе треба да гласа на јануарската сесија во Стразбур. (МИА)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=9B6914133...1BB08D0A17
Без Ботев няма България
15-12-2012, 07:44 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

KАKВО ДОБРОСОСЕДСТВО БАРА СОФИЈА
Бугарската равенка со една непозната


Ние се соочуваме со равенка со една позната (грчка позиција) и една непозната (недефинирана бугарска позиција). Нејасно е што всушност бара источниот сосед, прашува професорката Билјана Ванковска

Прва средба на претставници на министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија се одржа вчера во Kрива Паланка. Целта на средбата, како што соопшти македонското МНР, била да се разгледаат и дефинираат идните активности за унапредување на соработката и односите меѓу двете земји и е во согласност со предлогот на министерот Попоски за формирање работни групи за повеќе области. Сепак, од МНР вчера не сакаа да дадат повеќе информации за каква група и за која област од соработката се работи.

Шефот на дипломатијата Никола Попоски уште пред Европскиот совет во Брисел преку писмо до бугарскиот колега, Николај Младенов, побара работни групи од двете земји да се состанат во најкраток можен рок.

И покрај тоа што Бугарија беше во групата земји што во Брисел не поддржаа Македонија да добие датум за преговори, премиерот Бојко Борисов с` уште убедува дека тие ни се најголем пријател.

- Ние секогаш и целосно ја поддржуваме Македонија за интеграцијата во НАТО и во ЕУ. Таа ни е најблиска држава и најголем пријател, но најпрво треба да се исполнат критериумите за добрососедство. Сепак, историјата не е нешто што може да се пишува одново и нешто што може да се менува – изјавил Борисов.

Поранешниот заменик-министер за надворешни работи, Љубомир Kјучуков, вели дека ретко кој може да биде среќен од одлуките во Брисел. Според него, во последните неколку години бил „испуштен“ позитивниот тренд во билатералните односи.

- Со создава впечаток дека билатералните односи беа запоставени и во функција на внатрешни партиски приоритети - додава тој.

За бугарскиот европарламентарец Андреј Kовачев, работните групи се убав сигнал, но треба да станат реалност.

- Нека се состанат, па дури и да се караат, ама нека дебатираат, нека аргументираат. До пролет да имаме реални потези – вели Kовачев за „Дневник“.

Универзитетската професорка Билјана Ванковска вели дека бугарските позиции во Брисел, иако навидум се големо непријатно изненадување, одамна се насетуваа.

- Тие чекаа на добар момент да испорачаат свои барања пред Македонија. Ние се соочуваме со равенка со една позната (грчка позиција) и една непозната (недефинирана бугарска позиција). Нејасно е што всушност бараат, прашува Ванковска.

Осуда за политиката на Борисов

Од источниот сосед, стигнаа и критики за политиката на официјална Софија. Поранешните претседатели Жељу Желев, Петар Стојанов и Георги Прванов излегоа со став дека тоа било грешка, бидејќи со тоа бугарските политичари ги казниле македонските граѓани, а не тие што водат антибугарска кампања во земјата.

Сличен став изнесе и претседателката на движењето Бугарија на граѓаните, Меглена Kунева, која беше и европски комесар. Според неа, со политиката што ја води актуелната бугарска власт „добро е што не ја втурнала земјата во посериозен конфликт со Македонија“.

- Едно надворешнополитичко прашање е искористено за внатрешнополитички цели. Утре никој нема да рече дека владата на Борисов го спречи членството, туку оти Бугарија го спречи - објаснува Kунева.

Kовачев: Да не нe претставувате како окупатори

Европратеникот Андреј Kовачев смета дека актуелната состојба во меѓусебните односи не е влошување, туку реакција во Бугарија на многу долгото чекање од независноста на Македонија досега да видат промена на доктрината.

- Рефлексиите од минатото го трујат народот. Основата на недоразбирањата меѓу двете земји е во дискриминацијата на македонски граѓани што се чувствуваат како Бугари. Треба мали сигнали дека нешто се менува. Што е проблем, на пример, во учебниците по историја да не е толку еднострано прикажувањето на Бугарија како окупатор. Треба да се оди чекор по чекор.

Зошто заеднички да не чувствуваме празници, но на личности што се чувствувале приврзани кон нашиот регион и кон регионот Македонија. А не како што предложи претседателот Иванов. Неговиот предлог беше шлаканица за нас. Деветти мај не е проблем за добрососедството и не ги поправа нашите односи – објаснува Kовачев.

Жана П. Божиновска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DE7ED45B72...BE7FB60C2B

АЗ не мога да разбера как някой може да твърди , че бил изненадан от позицията България ама нейсе.
Без Ботев няма България
15-12-2012, 07:56 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

СЕ: Бугарија да го признае македонското малцинство


Официјална Софија пак, наместо да ги следи препораките на ЕУ, стои на ставот дека Македонија е таа што треба да ги исполнува европските критериуми


Бугарија да ги почитува правата на сите малцинства, вклучувајќи ги и тие на непризнатото македонско малцинство, побара Комисијата за следење на обврските на земјите-членки при Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ). Комисијата побара целосно спроведување на сите одредби кои ги содржи Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, посебно во делот на спроведувањето на индивидуалните права, со оглед, како што стои во Резолуцијата, дека таа не го признава постоењето на македонското малцинство и помаците. Според мислењето на Комисијата, Бугарија треба да ја потпише европската повелба за регионални и малцински јазици.

ПССЕ смета дека нашиот источен сосед треба да напредне во давањето на правата на лицата кои им припаѓаат на националните малцинства, во делот на промовирањето на мајчиниот јазик, како и промовирањето на нивниот културен идентитет. Исто така, бара систематски и безусловно да ги осудува говорите на омрази насочени против малцинствата, како и да ги зајакне мерките за меѓусебна трпеливост и заемно почитување и истовремено да ги охрабри политичарите да имаат примерно однесување и да се зафати со решавањето на проблемите на ромското малцинство.
Во резолуцијата подготвена од италијанскиот парламентарец Лука Волонте и одобрена од Мониторинг комисијата на ПССЕ, пренесува МИА, се вели дека и покрај постигнатиот напредок Бугарија треба да напредува во повеќе клучни области, како независноста на правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и се надева дека таа ќе продолжи да напредува на демократски начин. За резолуцијата ПССЕ ќе треба да ја изгласа на јануарската сесија во Стразбур.

Официјална Софија пак, наместо да ги следи препораките на ЕУ, стои на ставот дека Македонија е таа што треба да ги исполнува европските критериуми.
- Нашата позиција кон Македонија е одлучна. Таа е нашиот најблизок и најдобар пријател, но критериумите треба да бидат исполнети, а пред се, да се подобрат добрососедските односи. Ние само бевме реални, а бараме соседите да бидат толерантни", изјавува бугарскиот премиер Бојко Борисов во однос на прашањето за влезот на Македонија во ЕУ.

Борисов додава дека и покрај тоа што Македонија ќе ја има бугарската поддршка, Бугарија инсистира Македонија да ги исполни сите барања кои ги наложи Европската унија.

http://vecer.com.mk/?ItemID=547FB5CFAFBD...7B2F47CE94
Без Ботев няма България
15-12-2012, 08:34 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија опомената од Брисел да ги почитува правата на малцинствата

Бугарија да ги почитува правата на сите малцинства, вклучувајќи ги и тие на непризнатото македонско малцинство, побара Комисијата за следење на обврските на земјите членки при Парламнетарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ).

ПССЕ побара од Бугарија целосно спроведување на сите одредби кои ги содржи Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, посебно во делот на спроведувањето на индивидуалните права, со оглед, како што стои во резолуцијата, дека таа не го признава постоењето на македонското малцинство и помаците. Исто така од Бугарија се бара да ја потпише европската повелба за регионални и малцински јазици.

ПССЕ смета дека Бугарија треба да напредне во давањето на правата на лицата кои им припаѓаат на националните малцинства, во делот на промовирањето на мајчинот јазик, како и промовирањето на нивниот културен идентитет.

ПССЕ исто така бара од Бугарија систематски и безусловно да ги осудува говорите на омрази насочени против малцинствата, како и да ги зајакне мерките за меѓусебна трпеливост и взаемно почитување и истовремено да ги охрабри политичарите да имаат примерно однесување и да се зафати со решавањето на проблемите на ромското малцинство.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...404E70D919
Без Ботев няма България
15-12-2012, 01:54 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Има сериозен проблем за нов договор со Бугарија

Ристо Никовски

Интересни се нашите медиуми. Пласираат информации од кои некои не се коректни, други се непрецизни, трети се против интересите на државата… и многу често одбиваат да објават реакции на читателите. Игнорираат писма во кои преку факти и аргументи се побиваат или прецизираат изнесените информации, ставови, тези, мислења… Лично можам да набројам бројни такви случаи, во разни медиуми.

Интересни се двата најнови случаи.

Во „Нова Македонија”, од 20 и 27 септември 2012 години во две колумни под наслов „Компромис што помалку боли”, професорот С. Славески имаше тргнато во погрешна и крајно опасна насока. Веројатно барајќи излез за спорот со Грција, тој доволно отворено апелираше да се откажеме од сопствениот национален идентитет! Пишуваше дека прво треба да одлучиме „каква нација ќе градиме – етничка или граѓанска односно кои се минималните атрибути на идентитетот од кои не можеме да се откажеме”! Јасно му било дека „ако нацијата ја дефинираме во етничка смисла тогаш тоа (промената на името) секако ќе влијае на идентитетските маркери на нацијата”. Се залагаше за „создавање нов политички идентитет, граѓанин на државата (‘Република Горна Македонија’ или ‘Република Северна Македонија’) во кој ќе можат да се препознаат сите етнички групи…”!?! Така, не зачудува штo тој, на крајот, тој заклучува дека – „…етничките Македонци добороволно ќе се откажат од дел од приматот што сега го имаат, но им е оспоруван од некои од соседите и полека го губат во однос на другите етнички групи во државата!”

Текстовите ги прочитаа и им се кревала утробата на повеќе врвни интелектуалци кои размислуваа како да реагираат. Кога дознаа дека веќе е испратено писмо со кое аргументирано се отфрлаат „иновациите” на Савески, на сите им олесни. НМ, меѓутоа, го игнорираше писмото. После десетина дена, кога беше јасно дека нема да го објават, од маркетинг службата беше побарано писмото да оди како платен оглас, на половина страница. Кога увидоа дека тоа би било срам за весникот, се смилуваа. Го објавија.

Остана нејасно дали редакцијата ги споделуваше размилите на професорот, или писмописецот беше проблематичен?

После два месеци, на 29 ноември 2012, а во рамките на ескалацијата на бугарската кампања против државава, „Нова Македонија” објави два текста – “Добар предлог на Бојко Борисов, ако Бугарија не поставува нови барања” и „Што потпишаа Георгиевски и Борисов?”

Во двата текста се провлекуваа сериозни непрецизности и недоречености, на штета на Македонија, кои мораа да бидат објаснети. Народот мора да ги знае фактите. Им се напиша писмо кое, пак, не беше објавено. Бидејќи се работи за сериозни прашања, во продолжение е текстот кој не го објави весникот.



1. „Декларација” и „договор” се сосема различни документи. Тоа е исто како да споредувате Фиќо и Мерцедес 350. И двата се автомобили ама… Особено не смее во ист кош да се става „договор за пријателство и соработка” со каков било друг договор, да не зборуваме за некаква декларација. Тоа е врвниот документ кој го потпишуваат две држави. Истиот, покрај другото, покажува и потврдува дека меѓу нив нема отворени проблеми. За жал, тоа не е случај меѓу Македонија и Бугарија. Така, логично е прашањето – дали токму затоа Софија инсистира на потпишување на таков договор? Демек, се е чисто меѓу двете држави. Со други зборови, ние се согласувме дека сме тоа што не смета Софија. Бугари.

2. Декларацијата од 1999 година има своја предисторија. Таа е потпишана со директно вмешување на САД, преку Толбот, кој беше на висока функција во Стејт департментот. Тогаш, или подоцна, тој беше и втор човек – заменик државен секретар.

3. Вашингтон се вмеша бидејќи Софија не беше спремна да потпише никаков договор со новата целосно независна македонска држава. Проблем беше – јазикот. Сите меѓународни билатерални договори се потпишуваат на јазиците на двете држави и тоа се наведува на крајот – „…договорот е потпишан на македонски и бугарски јазик и е веродостоен и на двата јазика…”.

Арно ама, за нашите бугарски пријатели, таа универзална меѓународна пракса не беше прифатлива. Нели, за нив нема македонски јазик, а ние, недоквакани какви што сме, не сме свесни дека зборуваме бугарски дијалект. Минуваа години и првата држава која ја призна независна Македонија ама веднаш се предомисли и долго чекаше да воспостави дипломатски односи, не беше спремна да потпише каков било договор со нас.

4. Како и обично, се ангажираа САД и ни подметнаа едно од низата кукавички јајца кои, во рамките на нивната регионална политика, во континуитет ни ги пласираат после распадот на федерацијата. Формата која ни ја наметнаа, а тогашната Влада направи сериозна стратегиска грешка што ја прифати, беше формулата – “…(Декларацијата) е потпишана на македонски и бугарски јазик, според уставите на двете земји!” Тоа е неприфатливо деградирање на македонскиот јазик бидејќи тој не е уставна категорија. Тој не произлегува од Уставот на државата, како што е претставен во Декларацијата. Напротив, во Уставот е само овенчано неговото значење како народен и мајчин јазик на мнозинското население и официјален на државата. Поентата на Софија е дека уставите се менуваат… па така и јазикот!

Тоа што и бугарскиот јазик е претставен во иста форма нема никакво значење бидејќи тој од никого не е оспорен.

5. Во дипломатијата, еднаш направен преседан, како во случајов, обврзува. При интеграцијата во ЕУ (ако до тоа и дојде?), бидете сосема уверени, Софија нема да дозволи регистрирање на македонскиот јазик, како што е случајот со сите други земји. Максимално што ќе дозволи – тоа е формулата од Декларацијата – “…македонски јазик според Уставот…”. Значи, јазикот не е автохтон туку… Исто како што е и народот, според Софија, измислен. Било од Тито, било од Коминтерната.

6. И така, чекор по чекор ама крајно систематски, диригирано од еден центар, македонштината наша се извитоперува, сe минимизира, се прави вештачка, измислена… Нема име, туку референца; нема јазик, туку нешто извадено од Уставот; народот Славомакедонци… Тоа ќе продолжи се додека целосно не се затвори „македонското прашање”.

Обидите за тоа се во полн ек. Од разни страни.



За среќа, медиумите се мултиплицираа. Интернетот и порталите е нешто неспоредливо, до скоро незамисливо и вистинско цивилизациско достигнување. Се потешко е вистината да се прикрива. Тоа води напред и е во интерес на сите. Поготово на малите и незаштитените, како што е и Македонија.

http://www.mkd.mk/83338/kolumni/ima-seri...-nikovski/
Без Ботев няма България
15-12-2012, 01:59 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9



ОДНОСОТ НА ГРЦИЈА ПРОТИВ НАС Е ПОБЛАГ ОТКОЛКУ ПОЛИТИКАТА НА БУГАРИЈА

ПОЛИТИКАТА НА БУГАРИЈА
Од каде излезе Бугарија одеднаш, ги испровоциравме ли со Трето полувреме?
- Филмот може да биде само конкретен повод, колку да помогне да се покаже правото лице. Инаку, ваков став на Бугарија се гради со децении и беше очекуван. Всушност, односот на Грција против нас е во основата поблаг отколку политиката на Бугарија. За Грците ние не сме прифатливи како Македонци, тие го бараат брендот Македонија и монополот врз античките Македонци и заради тоа сакаат да не прекрстат. Не негираат дека сме одвоен етникум, со посебен јазик... Само да не се нарекуваме - македонски. Ако се прекрстиме, тие веднаш најшироко ќе не поддржат. Бугарите, од друга страна, пак, велат вие не сте Македонци, вие сте Бугари, вашиот јазик е бугарски дијалект... Негираат се што имаме и не посвојуваат.

http://vecer.com.mk/?ItemID=0D5271AE15C4...78D8CBEBA2
Без Ботев няма България
15-12-2012, 07:13 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Де­вет ев­ра

4 Оду­ше­вен сум од по­зи­тив­ни­от тон од Бри­сел, кој ни го приз­на нап­ре­до­кот на па­тот кон ЕУ. Ма­ке­до­ни­ја е зре­ла за да­тум. Ре­фор­ми­те одат од­лич­но, судс­тво­то е не­пар­ти­зи­ра­но, во др­жа­ва­та има пер­фек­тно вла­де­е­ње на пра­во­то, ме­ди­у­ми­те се пре­те­ра­но сло­бод­ни, јав­на­та ад­ми­нис­тра­ци­ја е не­ве­ро­јат­но ефи­кас­на, а бо­га­ми и еко­но­ми­ја­та цве­та. Тол­ку се за­не­сов­ме во ос­тва­ру­ва­ње на ре­фор­ми­те за ЕУ, што го за­бо­ра­вив­ме нај­важ­но­то. Со­се­ди­те. Од што тол­ку бр­за­ме на па­тот за ЕУ, за­бо­ра­вив­ме де­ка сме ло­ши со­се­ди.
Ај за Гр­ци­те, јас­но ми е. Не им се до­па­ѓа што не са­ка­ме да си го сме­ни­ме име­то. Ама уш­те не сфа­тив што ма­на ни нај­доа Бу­га­ри­те. Да­ли тоа што не ја при­фа­ќа­ме нив­на­та вер­зи­ја за на­ша­та ис­то­ри­ја? Или што не ја при­фа­ќа­ме нив­на­та вер­зи­ја за нив­на­та ис­то­ри­ја. Осо­бе­но онаа од Вто­ра­та свет­ска вој­на.
Из­гле­да де­ка Бу­га­ри­те и овој пат се заг­ри­жи­ја да не по­ми­не вој­на­та, а тие не ис­пу­ка­ле ни­ту еден кур­шум. Па из­ва­ди­ја нож на мр­тов Гер­ма­нец. И тие, пок­рај Гр­ци­ја, да клоц­нат во мат­но.
Та­ка што, ние и по оваа бло­ка­да од ЕУ из­ле­гу­ва­ме ка­ко до­бит­ни­ци. Офи­ци­јал­но, на­мес­то еден, се­га има­ме двај­ца душ­ма­ни.


http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemI...1B6A92A5E0
Без Ботев няма България
16-12-2012, 08:37 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарки краделе во ГТЦ- додека клиентките разгледувале во бутици тие им го краделе паричникот од чанта

СВР-Скопје вчера (15.12.) со кривична пријава до надлежното ОЈО- Скопје ги предаде лицата К.В.Ј. (32) и С.Е.Г. (22), државјанки на Р. Бугарија, поради основано сомнение дека со намера за себе да прибават против правна имотна корист на 13 овој месец во Градскиот трговски центар во Скопје, поточно во бутикот “Принципе“ извршиле три џебни кражби при што се стекнале со противправна имотна корист од 20.200. денари, кривично дело предвидено и казниво по член 235 од КЗМ.

Според документираните сознанија на 13 овој месец, пријавените во периодот од 12,30 часот до 13.00 часот, отишле во ГТЦ поточно во посочениот бутик каде ја забележале С.Н. (20) од с. Крушопек – Скопје, која во бутикот разгледувала по изложените предмети, по што истите и пришле и искористувајќи го нејзиното невнимание со протнување на рака во ташната која ја носела со себе и го извадиле паричникот во кој имала лична карта, студентска легитимација и 3.200 денари, со што се стекнале со против правна имотна корист од околу 3.200 денари по што се упатиле во правец на блискиот “Жена Парк“, каде што ги зеле парите, а паричникот со личните документи го фрлиле во грмушките во паркот.

Исто така, во бутикот ја забележале и оштетената М.Б. (32) од Гевгелија, која во бутикот разгледувала по изложените предмети, по што двете, К.В.Ј. и С.Е.Г., и пришле и искористувајќи го невниманието на оштетената со протнување на рака во ташната која ја носела со себе го извадиле паричникот во кој имала лична карта, возачка дозвола, кредитни картици од банки, 50 евра и околу 5.000 денари со што се стекнале со против правна имотна корист од околу 10.000 денари по што повторно се упатиле во правец на “Жена Парк“, каде што ги зеле парите, а паричникот со личните документи ги фрлиле во грмушките. И во третиот случај идентично на претходните, тие влегле во бутикот каде ја забележале Л.Ј. (62) од Скопје која разгледувала по изложените предмети, по што и пришле и искористувајќи го невниманието на Јанкуловска со протнување на рака во ташната која ја носела со себе извадиле два паричника во кои имала лична карта на нејзино име, картици од банки и околу 6.000 денари со што се стекнале со против правна имотна корист од околу 6.000 денари и се упатиле во правец на “Жена парк“, каде што откако ги зеле парите, паричниците ги фрлиле во грмушките во паркот.

Од страна на СВР-Скопје по превземени мерки и активности дојдено е до оперативно сознание дека извршители на овие кривични дела се лицата К.В.Ј. и С.Е.Г.кои од страна на полициски службеници од Отсекот за џебни кражби се пронајдени и приведени во службените простории на СВР-Скопје. Со нив е извршен разговор, извршено е и препознавање од страна на оштетените лица кои со сигурност ги препознале двете како извршители на кражбите.
Од сопственичката на бутикот доставено е ЦД со видео запис од видео надзорот во бутикот од кој се изготвени фотографии на кои се гледаат како К.В.Ј. и С.Е.Г. ја вршат кражбата над М.Б./www.kanal5.com.mk
16.12.2012, 12:30

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37...tId=101625
Без Ботев няма България
16-12-2012, 03:18 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарски државјанки краделе во центарот на Скопје


Две бугарски државјанки вршеле кражби во Градскиот трговски центар и се стекнале со противправна имотна корист од 20.200 денари.



На 13-ти овој месец, во период од 12,30 до 13 часот, 32-годишната К.В.Ј и десет години помладата С.Е.Г. отишле во ГТЦ, односно во бутикот “Принципе", каде извршиле три џебни кражби.

Во посочениот бутик, бугарските државјанки ја забележале С.Н. (20) од селото Крушопек – Скопје, која во бутикот разгледувала по изложените предмети, по што истите и пришле и искористувајќи го нејзиното невнимание со протнување на рака во ташната која ја носела со себе и го извадиле паричникот во кој имала лична карта, студентска легитимација и 3.200 денари, со што се стекнале со против правна имотна корист од околу 3.200 денари по што се упатиле во правец на блискиот “Жена Парк“, каде што ги зеле парите, а паричникот со личните документи го фрлиле во грмушките во паркот.

Исто така, во бутикот ја забележале и оштетената М.Б. (32) од Гевгелија, која во бутикот разгледувала по изложените предмети, по што двете, К.В.Ј. и С.Е.Г., и пришле и искористувајќи го невниманието на оштетената со протнување на рака во ташната која ја носела со себе го извадиле паричникот во кој имала лична карта, возачка дозвола, кредитни картички од банки, 50 евра и околу 5.000 денари со што се стекнале со против правна имотна корист од околу 10.000 денари по што повторно се упатиле во правец на “Жена Парк“, каде што ги зеле парите, а паричникот со личните документи ги фрлиле во грмушките.

И во третиот случај идентично на претходните, тие влегле во бутикот каде ја забележале Л.Ј. (62) од Скопје која разгледувала по изложените предмети, по што и пришле и искористувајќи го невниманието на Јанкуловска со протнување на рака во ташната која ја носела со себе извадиле два паричника во кои имала лична карта на нејзино име, картици од банки и околу 6.000 денари со што се стекнале со против правна имотна корист од околу 6.000 денари и се упатиле во правец на “Жена парк“, каде што откако ги зеле парите, паричниците ги фрлиле во грмушките во паркот.


Полицијата до надлежното основно јавно обвинителство ги предаде бугарските државјанки поради основано сомнение дека со намера за себе да прибават против правна имотна корист извршиле три џебни кражби при што се стекнале со противправна имотна корист од 20.200. денари. Во врска со тоа од страна на Истражен судија на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по 15 дена.

http://sitel.com.mk/bugarski-drzhavjanki...-na-skopje
Без Ботев няма България
16-12-2012, 03:51 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Тази злобна статия в Македония сигурно ще се интерпретира като врв на толерантността.

Победа на удбашите во Бугарија

Сѐ што Борисов и Плевнелиев треба да направат е да обезбедат од Грците можност Македонија и Бугарија заеднички да го прослават почетокот на Илинденското востание во Костурско и на самото место да го одбележат ослободувањето на двата града. Веројатно никој не би имал ништо против на таквата прослава да присуствуваат и грчкиот претседател Каролос Папуљас и грчкиот премиер Андонис Самарас, доколку овој издржи на таа позиција до наредниот август



„Сакаме Македонија да се присоедини кон ЕУ, но треба да престанат да ни ја крадат историјата и да почнат да се однесуваат како добри соседи... Непрекинато, од нас толку саканите херои, кои толку многу имаат придонесено за бугарската држава, биваат нарекувани Македонци... Македонците ни се најблизок и најпријателски народ, но нема да имаат целосна поткрепа од нас додека снимаат филмови во кои нѐ претставуваат како фашисти“.

Вака бугарскиот премиер Бојко Борисов за Дарик радио ја објасни позицијата на неговата држава во Брисел, каде што нашиот источен сосед резолутно се изјасни против одредување датум на кој Република Македонија би ги почнала преговорите со Унијата. Борисов досега важеше за врвен бугарски политичари што од овој аспект нема некакви посериозни проблеми со нашата држава, но не зборува премногу за проблемот поради тоа што не сака да трпи напади од политичката конкуренција. Иако напати се чинеше и сосема спротивното, за што доволно зборуваше фактот што во неговата влада потпретседател беше Божидар Димитров. Сепак, на крајот, изгледаше дека како ретко кога досега Бугарија има премиер што не сака да долева масло на бугарско-македонските односи.

Сега работите се изменија за цел круг. Борисов јавно ни порача да не им ја крадеме историјата, иако поимот „крадење“ не е баш најјасен. Тоа претполага дека ние сме им зеле нешто на Бугарите и тие веќе не располагаат со тоа, што е апсолутна лага. На истово место веќе сме напишале дека не ни е сеедно што, според нивната историја, сѐ што на овој простор се движело пред 1944 година било бугарско, но и дека немаме намера поради тоа да се „закрвуваме“. Како што не ни е сеедно и тоа што тие сметаат дека ни прават доволна отстапка со тоа што би ни дозволиле заедно да ги славиме празниците поврзани со луѓето што тие ги сметаат за Бугари, а ние за Македонци. На пример, костурчанецот Васил Чакаларов, предводник на Илинденското востание во костурскиот крај и предводник на епопеја што е многу пославна или барем на исто ниво со крушевската. Оти, востанието таму траело два месеци, а не десет дена, и притоа од османлиите биле ослободени два града: Клисура и Невеска.

За Грците Чакаларов е бандит, разбојник, силувач и натрапник на грчка земја. Го убиле во 1913 година, му ја исекле главата, ја ставиле на тацна и потоа ја шетале по македонските села покажувајќи ја и врескајќи: „Чакаларов е мртов!“.

Наспроти тоа, за Бугарите Чакаларов е некој дел од историјата што е спомнуван само тогаш кога ние, од оваа страна на границата, ќе кажеме збор или два. И тоа во последно време, бидејќи претходно војводата беше на црната листа и на македонската историја. Бугарите немаат фрлено во Костурско Езеро ни свенат каранфил за него, како помен, бидејќи не смеат ни да помислат на тоа. Истото тоа важи и за нас. А токму овој човек, еве, им дава шанса на Борисов и на оној негов претседател Плевнелиев да ни одржат лекција за тоа како можеме заедно да славиме некои личности од историјата. Сѐ што треба да направат е да обезбедат од Грците можност Македонија и Бугарија заеднички да го прослават почетокот на Илинденското востание во Костурско и на самото место да го одбележат ослободувањето на двата града. Веројатно никој не би имал ништо против на таквата прослава да присуствуваат и грчкиот претседател Каролос Папуљас и грчкиот премиер Андонис Самарас, доколку овој издржи на таа позиција до наредниот август. Не би била лоша идејата таму да се постави и споменик на Чакаларов, а зошто не и на Лазар Поп Трајков, уште еден од списокот на тие чија глава била пресечена од Грците и шетана на послужавник.

Тоа би бил идиличниот и романтичниот дел од приказната. Реалниот е дека ниту Борисов ниту Плевнелиев не смеат пред Самарас и Папуљас ни првата буква да ја изговорат, не пак да го споменат името на војводата. Причината е едноставна. Сите револуционери од тој крај за Грците се обична багра што газела врз вековната грчка земја. И Бугарите немаат ништо против тој грчки став, кој отворено претендира дека нивната историја за Македонија од почетокот на 20 век е најобичен фалсификат. А и нашата. Оти вистината може да биде само една: или Чакаларов бил на својата земја и се борел за нејзино ослободување, не само од турското туку и од грчкото влијание, или бил натрапник што настојувал да им ја одземе таа земја на Грците, за што потоа овие едноставно му ја пресекле главата и на крајот ја фрлиле на буниште. Така што, кога сме веќе кај крадењето историја, Бугарите, оти нели тие се понапредни и подемократски развиени од нас, а во исто време се и добри соседи со Грците, би можеле да нѐ поучат, давајќи ни го урнекот од грчките учебници чија содржина е одобрена од бугарско-грчката комисија за историја.

Оти ако не се случи тоа, ќе произлезе дека за да го покријат својот предавнички и кукавички став по ова прашање, од сите грчко-македонско-бугарски разноликости поврзани со овој човек (и со стотици други херои и настани), Бугарите се фатија само за тоа што ние истиот тој човек го сметаме за борец за слободата на Македонија. Притоа, не негирајќи дека во време на Балканските војни ја носел и униформата на бугарската армија и дека, во зависност од околностите, освен самостојност на Македонија, ќе прифател неговиот Костур да биде командуван и од Софија. Но во никој случај од Атина. Ете така ние ја крадеме бугарската историјата. Ах, да, ја крадеме и со тоа што на Чакаларов ќе му изградиме споменик, кој тие го немаат. Немајќи ништо против, среде Софија, и самите да го направат истото тоа.

Борисов го споменува и прашањето на Втората светска војна. Можеби денешните Бугари не чувствуваат дека нивните предци од пред седумдесетина години биле фашисти. И тоа е во ред. Но има еден мал проблем што тие треба да го решат. Дали во тој период беа сојузници со Адолф Хитлер или не? И што стои во грчките учебници? Дали бугарскиот влез во 1941 година во Егејска Македонија за Грците е ослободување или окупација? Ако добрососедството меѓу овие две земји е изградено така што Атина признала дека сојузникот на нацистичка Германија во тие години ја ослободил Егејска Македонија од грчко ропство, тогаш и ние ќе немаме друго чаре освен да си го ставиме прстот на челото. Ако не, ако за Грците Бугарите во 1941 година биле окупатори, не претендирајќи да го сменат ставот на бугарската историја за ослободителната мисија на бугарската армија, тогаш врвот во Софија би можел барем да голтне некоја кнедла и да премолчи. И да овозможи и разумните луѓе од Македонија да ги решат претерувањата што постојат и од оваа страна.

Сепак, се чини дека сето ова нема многу да помогне, бидејќи со блокадата од бугарска страна во Брисел станува очигледно дека таму, кај нашиот сосед, кога е во прашање Македонија, победа извојува „удбашката“ структура чија цел не е разумност, туку двата народа никогаш да не бидат блиски. Структура на која никогаш нема да ѝ недостига помош од нејзиниот македонски сојузник.

Автор: Дарко Јаневски

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22757
Без Ботев няма България
17-12-2012, 02:12 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Грците били барем чесни , во бугарите и проблемот оти били перфидни

Ода на национализмот

Ако ваквата Унија не е предмет на скепса, тогаш не знам која? А ако сега не прашаме за цената на чинење на оваа идентитетско-инженерска европеизација - кога? Не можам да живеам на рати, на шест месеца, на инфузија од Брисел и со топол-ладен колач. Не е здраво за менталното здравје ниту оди на добро



Знаете што? Преку глава ми е од самосожалување, а уште повеќе од национален мазохизам. Сега повод е последната шлаканица од Брисел. Четири години по ред добиваме позитивен извештај (па ние уште и го градираме - успешен, поуспешен, најуспешен) со препорака за преговори, ама во декември се случува очекуваното. За Советот на ЕУ објективните показатели не вредат ни пет пари, затоа што поважни им се политичките процени. Секои шест месеци низ некаква неверојатна вербална акробација, т.е. орвелијански новоговор, соопштуваат дека ќе мораме да почекаме „уште малку“. Очигледно, за Брисел е поважна „реформата“ на македонскиот национален идентитет отколку Копенхагенските критериуми. Тоа е круцијалниот услов за почеток на преговори што ќе траат најмалку десет години, за влез во Унија што и самата не може да претпостави дали ќе опстои дотогаш. А ако опстои, сигурно нема да биде оваа, денешната. Овој пат Филе се надмина себеси: говореше за „нестатичка реторика“ и за „нестатички солуции“. Се обложувам дека ни самиот тој не знаеше што значи тоа, ама фразите послужија како смоквин лист за да се скрие непринципиелниот однос спрема Македонија. А ние, онака христијански, отрпнавме од редовните шлаканици од браќата (по религија) Грци, а сега на свртениот друг образ - шлаканица ни врза и Бугарија. Да се разбереме, мојов текст никако не е одбрана на нашиот често патетичен ама, во основа, дефанзивен национализам. Напротив, кога принципиелно покажувам со прст на популистите и националистите од својот двор, најмалку што можам да очекувам е ист однос кон национализмот во другите европски дворови. Чекам, попусто, слична реакција од прогресивните европски интелектуалци. Не вреди јас од Македонија да зборувам за она што се случува во Грција и во Бугарија, па и во ЕУ, кога е тоа домашна задача на тамошното општество. Перверзно е што само кај нас се слуша тезата дека самите сме виновни за сѐ што ни се случува во Брисел, небаре национализмот го измислија Македонците (кои, извинете, ама се вистински аматери во оваа балканска дисциплина). Смешна е оваа теза, не затоа што не направивме големи грешки (влегувајќи во нивната замка за докажување дека сме тоа што сме, па потоа забегавме), туку затоа што некои сериозно веруваат дека со европски инженеринг е можно да конструирате општество ослободено од национализам, дури и кога му го негирате идентитетот. Македонија не егзистира во вакуум, ниту може да им одолее на посилни национализми, па дури и појава на фашизам. А има легитимно право да го брани својот идентитет. За среќа, не располагаме со критичка маса (големина и популација), за да се наметнуваме над другите. Тоа не нѐ прави подобри од другите, по дифолт, ама европскиот камшик од нас бара одрекување од самите себе и во таква ситуација нема нација што не би реагирала многу посилно од нас. Крајно време е да се каже следното: прво, бидејќи оваа ваква Македонија не е целосно производ на сопствениот политички пат, туку на меѓународен стејтбилдинг со сите придружни терапии, дел од одговорноста за тоа што сме станале лежи и кај нив. Затоа одбивам целата вина да ја земам на свои плеќи и да изигрувам Исус, кој се жртвува за туѓи гревови. Второ, Брисел нека си одлучи дали ги исполнуваме критериумите или не и нека престане да нѐ дисциплинира за нешто што нема врска со европската интеграција. Трето, факт е дека и во ЕУ цветаат услови за дискриминација, ксенофобија, шовинизам и, секако, национализам. Браќата Бугари нека го сфатат ова како меѓународна провокација и антибугарска пропаганда, ама нема разумен човек што нема да признае дека Бугарија (заедно со Романија) беше примена во клубот иако не ги исполни сите критериуми. Како што е точно дека нивните Роми ги депортираат богатите европски браќа што не сакаат сиромашни роднини... За Грција не сакам ни да зборувам, не само поради односот кон Македонија, туку поради доселениците. Старо-новата грчко-бугарска алијанса повеќе ги буди духовите на Балканските војни отколку европеизмот. Тоа е пораз на нормативната моќ на ЕУ. Старите Големи сили денес се заменети со мали европски сили (кои можат империјално да се однесуваат само кон понемоќните соседи), што беше илустрирани низ интересната недипломатска размена на австрискиот и грчкиот министер (фалеше само уште Сулејман за историската сцена да биде комплетна). ЕУ требаше да биде вредносен и морален светилник и компас за општествата што сакаа да станат подобри, а кога ќе стигнеа пред портите на клубот, се очекуваше да бидат зрели демократии. Сега ЕУ едвај дека има легитимитет и кај своите граѓани. Од нас, молителите, се бара да не гледаме зло, не слушаме зло и да не говориме за злото. Не смееме ни да проговориме за она што од ЕУ направи Титаник, за демократскиот дефицит и жртвувањето на благосостојбата заради спас на еврозоната, а и компромитацијата на успешниот проект на проширување/„европеизирање“. Само луд човек нема да ја види шизофрената ситуација: од една страна, позитивни извештаи за исполнети критериуми, а од друга страна, ем враќање на визите ем блокада од две членки што самите не признаваат малцинства и се лош пример за сите други. За какво добрососедство зборуваме кога бугарските политичари зборуваат за „браќата што останале зад границата“, а научните работници тврдат дека Македонците во Бугарија се Јети (митски суштества, што никој не ги видел, ни попишал)? За нив провокација е тоа што една малцинство бара права и добива спорови во Стразбур. Грците се барем чесни: велат, нема Македонци - и точка. Бугарите се поперфидни во својата романтична заблуденост дека на Македонците им треба само малку за да сфатат дека се (асимилирани) Бугари. Меѓуетничките македонско-албански односи оддаваат слика на разочарани љубовници: без да дадат љубов, пекаат да бидат сакани од другиот. Еве ги и браќата Бугари со истата љубовна болка. И нешто плус: бараат да ја прифатиме нивната верзија за нашата историја како своја, а истовремено да ја прифатиме нивната верзија за нивната историја (оној дел од кој се срамат и одбиваат да се соочат со него)? Не е трагично тоа што барањата на соседите се од чиста националистичка (неевропска) позиција, туку што евробалканскиот национализам е она што лежи во темелот на кој се потпираат заклучоците на Европскиот совет. Концептот на нормативната моќ на ЕУ се однесува не само на моќта да се креираат вредносни норми туку и да се шират како доминантни претстави за тоа што е добро во меѓународните односи. И што остана од тоа? Грција, која доби и судска пресуда од највисоката инстанца на ОН, како се фали со победа во стопирањето на соседот да ги имплементира реформите со позабрзан чекор!? Од што се плашат? Од европеизирана Македонија? И тоа е нормативна моќ!? Ајде ви се молам... Одговор на национализам е национализам, и тоа секогаш водело по патеки натопени со крв... Заклучоците на Брисел се опасни, и некој треба да им каже дека си играат со оган. Иако Бугарите мислат инаку, нивната земја е non issue во Македонија; едноставно ги нема на хоризонтот (можеби во тоа е нивниот проблем?). Фрустрацијата од ветото не само што нема да направи да ги засакаме туку навистина од нив ќе направи тема и ќе ни се врати како бумеранг. Притисокот за промена на името/идентитетот е тригер за внатрешен македонски и македонско-албанските конфликт за тоа кој кого го кочи на патот кон ЕУ (особено во контекст на пораките од прославата на стогодишнината од албанската државност за ЕУ како форма на национално обединување). Македонија, а и регионот, ги чека нов бран национализам, како да го немаме доволно. Евроинтеграциите се претвораат од механизам за превенција на конфликти во својата спротивност, т.е. паричка за поткусурување на балканските национализми, со соништа стари стотина години?

Доста е од фобии и филии околу ЕУ. Единствена легитимна и разумна позиција е евроскептицизмот. Ако ваквата Унија не е предмет на скепса, тогаш не знам која? А ако сега не прашаме за цената на чинење на оваа идентитетско-инженерска европеизација - кога? Не можам да живеам на рати, на шест месеца, на инфузија од Брисел и со топол-ладен колач. Не е здраво за менталното здравје ниту оди на добро. Научени да мислат еднодимензионално („проевропски“), мнозина се чувствуваат загубено: ЕУ не нѐ прима, а без ЕУ која е смислата на животот и кој ќе нѐ демократизира? Ефектите од долгогодишната индоктринација создадоа интелектуални инвалиди и пасивни граѓани (idiotes), кои себеси се сметаат за помалку вредни и неспособни ако некој не им го покажува патот. За ова сме виновни самите, затоа што легнуваме и стануваме со соништа; на ЕУ гледаме со очи ширум затворени, ја голтаме приказната како седатив за сите неволји. Дури и кога Марибор гори, и кога Грција се дави во долгови, а Италија во корупција, кога синдикатите штрајкуваат низ Шпанија... Од политичарите барам јасен неорвелијански одговор: до каде се подготвени да одат во ова понижување без јасна позиција во однос на „слонот во собата“што го игнорираме (името)? Не напролет, туку сега сакам да знам дали сме подготвени да го менуваме името, и што ако по долгото преговарање останеме без членство или без Унија?



http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22757


Без Ботев няма България
17-12-2012, 03:41 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугајски: Бугарија го дестабилизира Балканот попречувајќи ја Македонија кон ЕУ

Одлуката на Бугарија да стави вето за почеток на преговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ е контрапродуктивно не само за Македонија, туку и за целиот регион, оценува американскиот експерт за Балканот Јануш Бугајски коментирајќи ја позицијата на Бугарија.

- Тоа е самоуништувачка политика која може да придонесе за дестабилизација на регионот. Ако Македонија биде блокирана на неопределено време како и со членството во НАТО така и во ЕУ, ќе уследи внатрешна нестабилност во земјата. Особено меѓу албанското малцинство има силно незадоволство поради недостиг од напредок кон евроинтеграциите, изјави Бугајски за Бугарското национално радио.

Според него, „доколку земјите од ЕУ како Бугарија продолжат да ја блокираат Македонија се оцртува многу напредвидлива иднина“.

- Можно е македонската Влада да не заздрави. Можни се протести од албанското население. Ете зошто, според мене, тоа решение е контрапродуктивно не само за самата Македонија, туку и за целиот регион, оценува Бугајски кој е експерт за ЈИЕ во Центарот за стратегиски и меѓународни истражувања во Вашингтон.

Во однос на мотивите на Софија поврзани со историјата на двете земји и обидите на Македонија, како што се наведува, да ја присвои бугарската историја, Бугајски вели „дека не е многу сигурен што точно бараат Бугарите зашто секогаш ќе постојат националисти во Македонија кои ќе претендираат за делови од бугарската историја“.

- Мислам дека бугарската позиција по тоа прашање само ќе ги распали уште повеќе негативните страсти на националистите кои ќе бидат употребени од македонската Влада, заклучува Јануш Бугајски.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...63101405B5[/align]



Без Ботев няма България
17-12-2012, 04:58 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарскиот оков-вратник потежок од грчкиот

Сакам да го прегризам јазикот! Само што поминаа две недели од колумната во која го изразив стравот дека покрај грчкото, ни се заканува бугарското вето. Искрено, не верував дека навистина тоа би се случило, со оглед дека тие причини за попречување на Македонија биле постојани, но досега источниот сосед се однесувал принципиелно, и спорењата биле на ниво на дебати и повремени индивидуални истапи. Но, извештајот кој минатата недела ни дојде од Самитот на ЕУ, покрај вообичаените нотирања за реформите, главни пречки што се поставени, се повеќе од сериозни.

Kако што обично се случува, извештајот за динамиката на нашите реформи може да се гледа како што оптимистот и песимистот ја гледаат чашата со вода до половина. Дали таа е полупразна или е полунаполнета! Според ставот на министерката за евроинтеграции, таа чаша е полунаполнета, со оглед на поставените конкретни задачи до следниот самит, но со тоа не се согласуваат песимистите. Јас тука, во средина, ќе се обидам да дадам свое видување како реалист, а тоа значи, мене ми изгледа како полупразна чаша.

И врапците знаат дека главна пречка за Македонија во процесот на интеграции не се (не)спроведените реформи. Тука не може да се обвини ниту ресорниот министер, кој и онака има посредничка улога, а не дека тој може да биде за сите реформи одговорен, но најмалку за оние причини за која на Македонија не и се даде датум ниту на последниот самит. Бидејќи, името остана главната причина, а се останато е само изговор. Не дека сме совршени во реформскиот процес, далеку од тоа, но знаеме од каде дува ветерот.

Но сега, ветерот дува од две страни, и од југ и од исток, а тоа може да предизвика повеќе политичка бура. Бидејќи, за прв пат во извештајот се вмешани и прстите на официјална Бугарија, со она што значи спорно во добрососедските односи.

Но, и во тој песимистичко-оптимистички дискурс, мене ме зачудија некои коментари на аналитичари дека сега ќе ни биде полесно, дека знаеме што конкретно се бара (досега не знаевме, нели!). Чудењето се однесува за коментарите дека бугарските пречки не се така сериозни како грчките. А јас мислам сосема спротивно.

Грција, која гради непринципиелни позиции кон Македонија, која не заслужува членство поради своите внатрешни политики кон негрчкото население, која Хашкиот суд ја стави на клупата на срамот што ја крши привремената спогодба, ништо не и фали, и да беше сега претендент за ЕУ, никогаш немаше да ги исполни условите за влез во ЕУ или НАТО, поради ниските стандарди на човековите права. Но, ајде, што е тука е, нема што да се прави, се знаат нејзините непринципиелни уцени. Но, ако гледаме реално, сепак спорот со овој сосед е полесно надминлив. Грција освен што го оспорува името, тука е идентитетот, но ќе се сложиме дека тука се направени и некои статрешки утки за да им се зајакнат меѓународните позиции. Бајати се веќе аргументите, но секако дека секаков идентитет до античките Македонци во светот не се сфаќа како сериозна работа и тука е нашиот проблем. Kога би се дало јасен сигнал од Скопје кон светот дека Македонија не го брани таквиот идентитет, можеби полесно би се дошло до решение.

Но, кои се бугарските причини кои се внесени во Извештајот? ЕУ ни бара да ги регулираме односите со соседите, при што секако се мисли за односите со Бугарија. Kако што искрено и дрско еден бивш бугарски министер се изјасни пред две недели, практично спорно со Македонија е се живо: Kрсте Мисирков, духовниот татко на македонскиот идентитет, сите дејци и настани. Иако во меѓувреме беа разменети и официјални пораки за регулирање на тие односи, при што Македонија изрази таква спремност, тоа не ја спречи Бугарија да го постави како услов за следниот период, и тоа е повеќе од јасно дека тешко некоја влада може да ги исполни. Спорниот идентитет за Грција не е толку проблематичен, колку што е оној за Бугарија, бидејќи тука е суштината на проблемот. Ако една држава ти го спори минатото, притоа вели дека се што е македонско минато е бугарско, тогаш навистина се поставува прашање каде ќе се најдат двете страни во спорот за да направат некаков компромис.

За мене, вистинскиот чекор кон надминување на разликите, би го направила самата официјална Софија. Таа треба недвосмислено и јасно да каже дека ја признава македонската нација како реалност, а потоа може да се расправа дали некои личности и настани се на ист начин битни за двата народа. Објективно гледано, сите словенски народи на Балканот имаат исти далечни корени и дека сите се издифиренцирале во одредени социополитчки и историски околности, затоа не е ништо страшно да постојат такви причини и во македонско-бугарските односи. Само треба вистинска волја и добра намера, што по последниот самит на ЕУ не изгледа така.

Затоа мислам дека допрва со Бугарија ќе се кршат копја и тој спор може да биде многу поболен од оној со Грција.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=030A762956...E94305C789
Без Ботев няма България
17-12-2012, 05:08 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија бара добрососедство, а не кажува што сака

Барањата за добрососедски односи, спроведување на реформите и решавање на спорот со името се на Европскиот Совет, Бугарија само нуди пат за нивно решавање, тврди во викенд интервју за бугарското радио Никлоај Младенов. Шефот на бугарската дипломатија тврди дека не сакаат да има отстапки за Македонија. Има критериуми и барања, а ако политичкото раководство во Македонија гледа каде оди регионот ќе знае дека најдобро за нив е да ги исполнат ови барања.

- Ако јас бев власт во Скопје, многу сериозно би се замислил што ќе правам од тука натуму во следните шест месеци. Од сега сакаме да видиме реални постапки, вели Младенов во интервјуто за БНР.

Како соамоуништувачка политика, пак експертот за ЈИЕ во центарот за стратегиски и меѓународни истражувања од Вашингтон Јануш Бугајски гледа на потегот на Бугарија за блокирање на македонската европска интеграција. Бугајски смета дека ваквата политка може да придонесе за дестабилизација на регионот, а со тоа и на самата Бугарија.

- Најлошото можно сценарио е ако албанските партии кои досега се конфронтираат за политичко влијание започнат да се натпреваруваат за федерализација на Македонија. За воспоставување на автономни алнбански териотри и поделба на државата. Ако земјата е изолирана од Европа и без шанси за членство во НАТО тоа е најлоша варијанта, вели Бугајски во интрвјуто за бугарскот радио.

Бугајски како добар познавач на случувањата во регионот вели дека не му е јасно што точно сака да постигне Бугарија. Националисти има секогаш и секаде, а ваквите потези само ќе го засилат нивното дејствување. Со ова Бугарија ги разгорува страстите вели Бугајски. Тој во интервјуто изразува надеж дека ваквиот развој на настаните нема да ја повторат сликата од 2001та и да го вратат присуството на меѓународните сили во регионот.

Иван Кузмановски

http://www.sitel.com.mk/node/50126
Без Ботев няма България
17-12-2012, 05:10 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9


Борисов и во Атина не пропушти да зборува за „Трето полувреме“

угарија е земјата која спасила најмногу Евреи за време на Втората светска војна, 50 000 лица, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Атина, не пропуштајќи уште еднаш да зборува за македонскиот филм „Трето полувреме“.

- Ако сме можеле ќе сме ги спаселе сите Евреи во светот, но не сме можеле и сме ги спасиле тие 50 илјади. Другите земји ни тоа не го направиле, далеку, далеку помалку, една, две држави спасиле по 300 до 400 лица. И Бугарија да заслужи да се прават филмови против Бугарија? Поради своето пријателство, поради својата љубов, поради својата отвореност. Тоа е исто како сега да обвиниш некој дека во Африка има луѓе што страдаат од жед или од глад, рече Борисов.

Тој повтори дека премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху „пред сите цитирал писмо од тогашниот германски амбасадор до неговата администрација во Германија, кој вели дека бугарскиот народ не дозволил егзодус на Евреите“.

- Јасни и категорични сме и затоа точката добрососедство е толку важна, рече Борисов во Атина.

http://www.time.mk/read/ac588a8633/696aa...index.html
Без Ботев няма България
17-12-2012, 05:14 PM
Reply