Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#41



22.11.2011, 16:27
Не можеа да дозволат „Македонија“ да биде првак на Бугарија




„Левски“ немаше шанси да не' победи и направија фалсификат, вели познатиот лингвист Трајко Стаматоски

Сунчица Уневска

„Фудбалскиот тим ’Македонија‘ во времето на Втората светска војна, но и по неа ја испишуваше историјата, успевајќи да ги победи и најсилните противници. На натпреварите доаѓаа и по пет илјади навивачи. Беше тоа време на фудбалот...“, така ја почнува својата приказна најпознатиот македонски жив лингвист, Трајко Стаматоски, кој бил очевидец на сите тие настани бидејќи, како што вели, на терените е од своите десет години односно од 1935 година па се' до денес. Тимот „Македонија“ кој играл во тогашната прва елитна лига во фашистичка Бугарија, не само што бил надмоќен и што донел незаборавни моменти на фудбалските терени во тоа време, туку неговите победи кога Македонија како држава не била признаена само по себе имале уште поголемо значење.

На оваа навистина фантастична и неверојатна приказна околу легендарниот тим „Македонија“ се навратија сега сите поради филмот „Трето полувреме“, поради режисерот Дарко Митревски и неговата упорност сето ова да го пренесе на филмското платно. И иако филмот на Митревски не е само за случувањата околу овој фудбалски тим, туку и за една вистинска љубовна приказна, како и за судбината на Евреите, сепак, оваа победничка приказна, како по правило, успеа да ги освои сите. А уште повеќе и поради реакциите од страна на некои бугарски медиуми, па дури и парламентарци, кои испраќаа деманти и писма со обвинување дека овој филм, со силна поддршка на Владата на Македонија, сака да ја искриви историјата. Интересно е дека филмот не е ни излезен и не знаеме што точно ќе содржи, па сепак, Бугарите побрзаа да ја демантираат неговата приказна.

Оградувајќи се од филмот ние се обидовме да се навратиме на овие настани заедно со еден од живите сведоци на сето она што тогаш се случувало на терените во Македонија, но и надвор од нив. „Во тоа време имаше еден многу добар клуб во Македонија, ’Граѓански‘, кој влезе во првата југословенска лига уште во 1938 година. Тие играа во сезоната 1939/1940 година, а исто така и во 1940/1941, но не завршија поради окупацијата на Југославија“, вели Стаматоски. Тогаш во Македонија имало повеќе тимови, но „Граѓански“ бил најдобар. Во 1938 година во Македонија дошол тренерот Илјаш Шпиц од Сплит, каде што го тренирал „Хајдук“, за кого Стаматоски вели дека бил таков визионер и стручњак, кој и денеска би бил врвен.

„Шпиц го подигна нивото на фудбалот во Македонија. Во 1941 година беше направен тимот ’Македонија‘ во кој во голем дел влегоа играчи од ’Граѓански‘, но и играчи од другите скопски тимови, како голманот Васил Дилев кој дојде од ССК, скопскиот спортски клуб. Шпиц направи многу добра екипа во која беа и Кирил Симоновски - Џина, Васил Цветковски, Саво Цветковиќ, Драган Геров, Јаневски, Шутевски“, раскажува Стаматоски, кој вели дека Џина бил најдобриот фудбалер на сите времиња.

„Првите натпревари со Бугарија ги имавме уште во 1941 година. Нашиот тим отиде во Софија и ги направивме лом и тие тогаш, сакајќи да го прикажат тоа како ослободување на Македонија, во 1942 година не вклучија во првата нивна сојузна лига, која ја викаа елитна. Тоа беше така затоа што во неа беа само тимови од Софија, не и од другите градови во Бугарија. И сега дел од таа елита стана и нашиот тим ’Македонија‘“, продолжува Стаматоски. А тоа значело дека нашиот тим морал осум пати да оди во Софија, да игра со сите тимови, а тие сите дошле само по еднаш во нашата земја. Но, „Македонија“ бил на врвот, а се ближел крајот на шампионатот 1941/1942 година. Единствениот конкурент на „Македонија“ му бил „Левски“ и решавачкиот натпревар се играл во Скопје. Денот бил дождлив, теренот каллив и полн со локви вода, но тимот „Македонија“ веќе во 20. минута повел со 2:0. Тогаш во една акција нивниот играч Стамболиев ја погодил стативата, на која како што раскажува Стаматоски, долго потоа стоел калливиот отпечаток. Но, бугарскиот судија рекол дека тоа е гол. И додека нашите играчи отишле кај судијата да протестираат, играчите на „Левски“ го напуштиле теренот. Фудбалската федерација рекла дека македонскиот тим го напуштил теренот и како завршен резултат го објавила 3:0 за Бугарија. „Тие не можеа да дозволат Македонија да биде првак на Бугарија. Видоа дека немаат ни теоретски шанси и направија фалсификат, направија невиден преседан“, објаснува Стаматоски.

Инаку, со тоа не завршил овој историска натпревар. Тогаш навивачите, се разбира, цело време извикувале Македонија, бодрејќи го својот тим, но коњицата која го обезбедувала натпреварот почнала да ги брка и да ги удира. Била тоа неверојатна мешаница, после која, како што категорично тврди Стаматоски, натпреварите не се обезбедувале само со коњица, туку носеле и митралези. „Игравме и понатаму, вели Стаматоски, игравме и во втората сезона 1942/1943, која се одржуваше по ист принцип, додека во следната сезона, кога веќе се насетуваше исходот на војната, се укина лигата. Но, тимот „Македонија“ не го оставаа надвор, гостувавме два пати во Софија и игравме на пријателски натпревари. Во 1943 година во Софија го победивме „Левски“ два пати со резултат 1:0 и им докажавме дека сме подобри“, зборуваше Стаматоски. Тој рече дека во 1944 година тимот не играл затоа што голем дел од играчите отишле во партизани. „Се зборуваше дека тимот на ’Хајдук‘ бил тој кој отишол во партизани, но тоа не беше точно. Тие отидоа да играат со странски екипи. Додека нашите играчи, Џина Симеонов, Васил Цветковски, Саво Цветковиќ, Драган Геров земаа пушки и заминаа во партизани“, додава Стаматоски.

Во тоа време атмосферата на трибината била фантастична. На натпревари оделе главно учениците од гимназиите прогресивно ориентирани односно, како што нагласува Стаматоски, целата младина тогаш била напредна. Но, за тоа кога биле почетоците на фудбалот во Македонија нашиот соговорник вели дека биле многу, многу порано. Фудбал во нашата земја се играл уште на почетокот на 20 век. На местото каде што се наоѓа топката кај „Идадија“, посочува Стаматоски, се одиграл првиот натпревар во 1911 година. Инаку, во тоа време немало други спортови и фудбал се играл речиси на секоја полјана.

Го прашавме господинот Стаматоски и за приказната околу ослободувањето на тренерот Илјаш Шпиц за кого, како што вели Стаматоски, би имал десетици приказни да раскаже. Тој ни рече дека тука е толку чиста ситуацијата, дека Шпиц од концентрационен логор го спасиле Македонците кои биле во Управата на фудбалскиот тим „Македонија“, но преку интервенцијата на тогашниот претседател Чкатров, кој бил во служба на Бугарите. „На друг начин, вели Стаматоски, и немаше шанса да се стигне до бугарскиот министер за внатрешни работи Габровски. Нашето раководство во Управата по апсењето на Шпиц отиде кај Чкатров и му рекоа дека тоа не е затоа што Шпиц е Евреин, туку дека тоа е насочено против него. Тогаш Чкатров, на иницијатива на партиската организација која ја искористи неговата суета, интервенираше и Шпиц беше симнат кај Врање.“ Што се однесува до другите тврдења на Бугарите дека тие ги спасувале Евреите, Стаматоски вели дека бил сведок како бугарската војска и полиција влегувала буквално во сите куќи. Тој вели дека од 7.300 Евреи во Македонија дали се спасиле само 10 или 20. Бугарите, како што вели Стаматоски, ги спасиле нивните Евреи, но не и нашите, туку напротив, тие биле оние што ги собрале.

А околу реакциите од бугарска страна, Стаматоски вели дека треба да сме свесни дека кај Бугарите за цело време има една константа, дека ние сме Бугари. Без оглед на се', на тоа дека не' признале, тие секогаш мислеле и мислат дека ние сме Бугари. „Нека кажат, вели Стаматоски, како го направија ’Левски‘ првак, нека кажат дали овде беа прифатени, нека кажат дали нешто придонесоа за ослободувањето“. Тој додава и дека при крајот на војната тие сакале да се прикажат како ослободители, сакале да влезат во Скопје кога било ослободено, но тоа не им било дозволено.

А тимот „Македонија“ постоел и по војната и играл се' до 1947 година. Веднаш по војната „Македонија“ играл со „Црвена ѕвезда“ и ја победил 4:1. Се појавиле и други тимови и во 1947 година, кога баш и не било пријатно да се слуша на трибините „Уа Македонија!“, се присоединиле „Македонија“ и тимот „Победа“ и бил создаден „Вардар“. „Шпиц беше тренер и на ’Вардар‘, а потоа го побараа во Белград. Нашите одлични играчи, Симоновски, Јаневски, Шутевски беа дел и од југословенската репрезентација. А Шпиц умре на терен, кога игравме со ОФК ’Белград‘. Но, остана приврзан за нашата земја и секогаш кога му беше потребен на ’Вардар‘ тој доаѓаше“, се присетува со радост и задоволство на тие времиња господинот Трајко Стаматоски.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E8394...A30D4CBD43
Без Ботев няма България
23-11-2011, 02:24 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#42

Мислења

Бадинтер, Идризово и Шутка


Потребна е преродба на македонските затвори. Можеби треба да го повикаме Бадинтер уште еднаш на помош

Деновиве, најпознатиот европски жив правник, поранешен министер за правда во владата на социјалистот Франсоа Митеран, Французинот Робер Бадинтер го одбележа својот 83. роденден. Во Европа Бадинтер се прослави во осумдесеттите години на минатиот век со укинувањето на смртната казна во Франција. Во улога на член на Арбитражната комисија во рамките на Мировната конференција за Југославија во деведесеттите години експертот Бадинтер заклучи дека „врз основа на зацртаните правно-политички и демократски рамки, Македонија ја заслужила независноста“.

Како голем пријател на Македонија учествуваше и во посткризното стабилизирање на државата во 2001 година и го предложи принципот на одлучување во мултиетничките институции, познат како Бадинтеров принцип. Љубител на поетот Бодлер кој посветил поема за платното на францускиот романтичар и импресионист Делакроа за затворениците и Бадинтер се заложил за хуманизација на француските затвори. Настапувајки натпартиски, социјалистичкиот сенатор и демократ Бадинтер во 2003 година ја критикуваше и сопствената партија дека „за време на своето владеење не направила многу за затворите“. Последниве години во рамките на УНИЦЕФ, Бадинтер се фокусира врз критичната состојба на затворите во посткомунистичките држави Украина, Молдавија, Бугарија и Албанија. Во однос на Бугарија Бадинтер ги критикуваше наследените затворски институции од времето на комунистичката диктатура „каде се' уште се дозволени телесни казни врз малолетните затвореници“. „Од вкупно 24 часа, затворениците поминуваат 22 часа во претесните ќелии“, изјави минатата година Бадинтер.

Во месноста Подем близу Софија, каде што е сместен женскиот затвор, главно се затворени млади девојки од ромски и од турски малцинства. Тие кривично одговараат за „антисоцијалното однесување, недисциплина во училиштата или бегање од дома“, инаку наследени пенолошки изрази од времето на комунизмот. Затоа Бадинтер предупреди „условите во бугарските затвори се толку понижувачки што оваа членка на ЕУ заслужува казна од страна на Советот на Европа“.


Состојбите се уште поалармантни во Албанија. Пренаселеност, дегарадирачки затворски услови, мрачни и влажни затвори, недостиг на хигиена, многубројни самоубиства, ментални болни, корупција на затворскиот персонал, малтретирање на затворениците. Под влијание на овие негативни појави како да се заборави на основните функции на затворот. Затворот претставува казна за осуденикот за сторено кривично дело. Затворот е и еден вид заштита на општеството од опасни лица, одвраќање на луѓето од кривични истапи. Општеството го обврзало осуденикот на издржување казна, но и на социјализација, присилно продолжување на учењето или друг вид активност наменета за реинтегрира или рехабилитира на осуденото лице.

Но, каква е состојбата во времето кога Европа и младите го интерпретираат Стефан Хесел и го искажуваа сопствениот социјален бунт?

Мојот соговорник Хашим, повеќегодишен затвореник и повратник во КПД „Идризово“ и Шутка, смета дека Робер Бадинтер треба да ги посети и македонските затвори и да се убеди во непријатната реалност на „македонскиот дел од пеколот“. Македонските затвори се меѓу најнехуманите затвори на Балканот. Примавме посети од разни комисии од земјата и странство, а управата на затворите им ги покажува само новонаправените простории. Дури намерно ги пуштаат затворениците на расхотка (прошетка) за да не се дознае дека во нашите ќелии е вистинска тарапана. Меѓутоа, тешко на оној кога првпат ќе дојде во истражниот затвор во Шутка.

„Ми се случи да поминам три месеци во истражниот затвор без ниту еднаш да се искапам. Не бев од привилегираните затвореници кои ја потплаќаат управата. Беше лето и каменот пукаше од скопското пеколно сонце. На 40 Целзиусови степени без вода за освежување, ние неколку мажи затворени во иста просторија се чувствувавме како врз еден претесен изгубен сплав врз кој едвај се преживува. Се врши нужда пред останатите. Наоколу тежок смрдеа. Се' смрди на течен измет, пролив и на урина. Се шири неподнослива реа и силен мирис на пот и на човечки гениталии. Насекаде инсекти, муви, лебарки, смрдливи буби. Го загубив чувството за мирис. Кога излегов надвор ми беше необично што воздухот не смрди на измет. Не можевме дури и рацете да си ги испереме од гомната. Сите заболувавме од цревни болести. Сликите што ги носам од Шутка ме потсетуваат на животот на затворениците од средниот век. Само уште пранги недостасуваат“, ми зборуваше Хашим.

Замислете да поминете во Шутка неколку месеци во Истражниот затвор, тоа ви е како да поминете пет години во Идризово.

Состојбата не е порозова и во КПД „Идризово“, истакнува Трајче, инаку вработен во затворот. „Јас сум повеќе од десет години во ’Идризово‘. Условите за затворениците се неиздржливи. Капацитетот на затворот е од 800 до 900 затвореници, а кај нас моментално казната ја издржуваат близу 1.500 затвореници. Во обновените одделенија се сместени по протекција привилегирани затвореници. Меѓутоа, во зградата Ц се сместени Ромите, Турците, Албанците и најсиромашните Македонци. Казната ја издржуваат во пренатрупани простории со по четириесетина затвореници, нехигиенски услови, помешани со осуденици со нарушено ментално здравје, наркомани и зависници од алкохол. Во првите денови луѓето се под шок. Често постојат обиди за самоубиство, провоцирани повреди и заболувања. Освен пренаселеноста и дискриминацијата, осудениците се постојано под некоја уцена, како од останатите осуденици така и од стражарите. Тие се свикнати на малтретирање и тормозење. Таму условите се под секое достоинство. Пред две недели затворениците реагираа против помијата која им се даваше за ручек. Управата беше принудена да ја подобри храната. Некогашните две фирми, ’Преродба‘ и онаа за правење шаховски табли и фигури веќе згаснаа. Во ’Идризово‘ царува дрогата, корупцијата и криминалот. Пред еден месец дојде до тепачка меѓу двата ривалски кланови кои организираат спортски обложувалници. Стражарите се целосно корумпирани и целокупната трговија со дрога, пари, потплаќања се врши преку нив. Состојбата се влоши кога почнаа да примаат партиски членови на стражарските места. Стражари станаа и некогашни затвореници, луѓе со криминални досиеја. Идризово е како еден тажен панаѓур составен од опасни и префригани луѓе независно дали се наоѓаат од оваа или од онаа страна на жицата. Основна цел на сите е заработката на ситно. Во такви услови, нарушени се и филозофијата и принципите на затворската казна“, раскажува Трајче.

Затворот ја загуби корективната функција, уште повеќе едукативната и функцијата на ресоцијализација. Никој не води грижа за реинтеграција на затворениците во општеството која отпочнува со издржувањето на санкцијата. Некогаш во ’Идризово“ постоеја автомеханичарска, столарка, металостругарска, земјоделска и други работилници. Таму се произведуваа и познатите ќумбиња на нафта и на јаглен „Преродба“, што симболички означуваше коренити промени исто како и популарната партиска програма на ВМРО-ДПМНЕ. Во Македонија не постои ниту контролната едукација пред излегувањето на осудениците ниту институции за реалната социјализација по излегувањето од затворот. Затоа над 70 проценти од затворениците во КПД „Идризово“ се повратници, стари познаници на затворот. Потребна е преродба на македонските затвори. Можеби треба да го повикаме Бадинтер уште еднаш на помош.
Без Ботев няма България
23-11-2011, 02:27 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#43

Бугарите повеќе од една недела дишат загаден воздух

Жителите на Бугарија повеќе од една недела вдишуваат воздух полн со смог, штетен за човековото здравје.

Смогот на некои места во Бугарија е два до три пати над дозволената граница од 50 микрограми на метар кубен воздух, соопшти бугарската Агенција за животна средина.

Спроед соопштението на Агенцијата, најмногу загрижува тоа што високо зголемување на штетниот воздух е регистрирано во малите приморски градови, како Несебар, како и во околината на одморалиштето Копитото на планината Витоша.

Загадувањето на воздухот е најмногу зголемено во Добрич во северниот дел на земјата, кој сега се наоѓа на второ место зад најзагадениот град Перник, кој се наоѓа на 30 километри јужно од Софија.

Во Перник и Добрич загаденоста на воздухот е до петпати над дозволената норма.

На загадувањето на воздухот најмногу влијаат издувните гасови од автомобилите, како и чадот од градските топлификации и од оџаците на домаќинствата кои за греење користат дрва и јаглен.

Бугарија е земја со нависоко ниво на загадување на воздухот во ЕУ и втора по бројот на смртни случаи од загадување на воздихот, покажува извештајот на Европската комисија. Бугарија се соочува со можна казна од ЕУ поради непочитување на стандардод за чистота на воздухот.

http://sitel.com.mk/dnevnik/balkan/bugar...den-vozduh

Е такава класация нема Icon_razz

Без Ботев няма България
23-11-2011, 06:53 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#44

Голема количина дрога запленета кај бугарски навивачи

Бугарската полиција уапси седум лица за поседување голема количина наркотици во клуб на навивачи на еден бугарски фудбалски клуб, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи.

Полицајците при апсењето и претресот на овие лица пронашле околу 215 кесички канабис, 28 таблети екстази, како и неколку коверти наполнети со амфетамини и метамфетамини,

Сите уапсени од одамна и се познати на полицијата и имаат обемни досиеја. Двајца се осудувани за убиство со предумисла, а останатите се апсени поради поседување и продажба на наркотици.

Бугарските медиуми не објавија за кои навивачи се работи, но е познато оти во прашање е некој од софиските тимови.

http://sitel.com.mk/dnevnik/balkan/golem...-navivachi
Без Ботев няма България
23-11-2011, 06:54 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#45

Претепан директорот на Козлодуј


Двајца, засега непознати напаѓачи, го претепале извршниот директор на единствената бугарска нуклеарна централа Козлодуј, Александар Николов. Тој бил нападнат доцна прексиноќа, одејќи кон дома, при што добил повреди на главата, но животот не му е во опасност.
Според Бугарската државна телевизија (БНТ), можно е Николов да бил претепан, бидејќи одбил да произведе дополнително количество струја за слободниот пазар.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=575D46F3...891E0F83F4
Без Ботев няма България
23-11-2011, 06:59 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#46

Холандија повторно против влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната
24.11.2011 - 07:36 |

Балкан

Холандија ќе го блокира предлогот за прием на Бугарија и на Романија во шенген зоната доколку не ја убедат дека земјите постигнале напредок во борбата против корупцијата, изјави синоќа холандскиот министер за имиграција Херд Лерс.

Бугарија и Романија планираа да влезат во шенген зоната во март годинава но поради организираниот криминал и не доволно обезбедни граници тие планови пропаднаа. Неколку држави од Европската унија предложија прием на Бугарија и на Романија во шенген зоната во две етапи - прво отворање на морските и воздушните граници, а потоа на копнените.

Лерс наведе дека Холандија нема да го прифати ниту тој план.

- За нас одговорот е јасен. Бугарија и Романија треба да покажат резултати. Тоа е поважно од изнаоѓањето на решение, наведе Лерс, додавајќи оти Холандија ќе го чека извештајот на Европската комисија во февруари за напорите на Бугарија и Романија во борбата против корупцијата.

http://sitel.com.mk/dnevnik/balkan/holan...gen-zonata
Без Ботев няма България
24-11-2011, 05:47 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#47

По неколку днево отцуство ето ме отново на източния форнт Icon_razz

Дорис Пак: Не и обрнувајте внимание на Бугарија за „Трето полувреме“

Ова го оценува германската европратеничка и претседателка на Комисијата за култура и образование на Европскиот парламент, коментирајќи ги реакциите на бугарските европратеници Евгени Кирилов, Андреј Ковачев и Станимир Илче, кои испратија протестно писмо до еврокомесарот Штефан Филе.

Не треба да не се дава големо значење на реакциите на бугарските европратеници за филмот „Трето полувреме“.

Ова го оценува германската европратеничка Дорис Пак претседателка на Комисијата за култура и образование на Европскиот парламент, коментирајќи ги реакциите на бугарските европратеници Евгени Кирилов, Андреј Ковачев и Станимир Илче, кои по повод снимањето на „Трето полувреме“ испратија протестно писмо до еврокомесарот Штефан Филе, поради неговата „наводна навредлива за Бугарија содржина, ширењето на историски манипулации и откриениот говор на омраза кон Бугарите“.

- Тоа се луѓе кои не разбраа ништо за Европа, тие треба да прекинат со тоа бидејќи што би правеле ние во Германија. Ако секогаш мораме да кажеме „не“ или да протестираме за сите филмови кои се снимаат за Третиот Рајх. Не е наместо да се реагира на ваков начин, тоа не културен начин на делување и би сакала да не им са дава големо значење на нивните реакции, вели Пак.

Бугарскиот европратеник Ковачев од редовите на Европските народни партии и демохристијани смета дека во Македонија историјата се чита „селективно“ и дека со тоа на еден начин се води антибугарска политика. Тука тој го наведува филмот „Трето полувреме“, запрашувајќи се „зошто македонските режисери не снимаат филмови посветени на српската окупација на Македонија, за затвораните на Голи Оток и за оние кои се изјаснувале како Бугари во Македонија“.

Бугарскиот европратеник тврди дека тој и неговите колеги – европратеници од Бугарија се за брзо влегување на Македонија во ЕУ, но тие не се согласуваат со тоа како се претставува нејзината историја.

- Бугарија и бугарските европратеници секогаш го искажувале мислењето дека Република Македонија треба, колку што е можно побрзо да стане дел на европското семејство, вели Ковачев.

Прашан дали Бугарија и бугарските европратеници се „навистина новата пречка за Македонија на патот кон ЕУ“, Ковачев нагласува дека Бугарија прва ја признала независноста на Македонија и дека таа нема проблеми ниту со нејзината независност, ниту со граѓаните на Македонија. Тој се надева дека во Македонија постои политичка волја за да бидат надминати некои од разликите со Бугарија.

Неговата и воздржаноста на двајцата други бугарски европратеници околу текстот на заедничкиот документ на Мешовитиот комитет ЕУ-Македонија, околу користењето на придавката „македонски“ во европските институции Ковачев, ја оправдува со спротивноста на предложениот текст со методологијата на Европската комисија и Европскиот парламент

- Ние, тројцата претставници од Бугарија, гласавме воздржани, за да не го блокираме усвојувањето на препораките на Мешовитиот комитет, бидејќи, ако ние гласавме против тогаш тие не ќе беа усвоени. Предложениот текст (по барање на македонската страна), беше во спротивност со методологијата на Европската комисија и Европскиот парламент, која се практикува од 2008 година околу некористењето на терминологијата „македонски“, вели Ковачев.

Јас и моите колеги, додава, сметаме дека не можеме да ја промениме методологија со таа препорака и на тој начин да ја критикуваме работата на Европската комисија. Тоа може да биде променето само во дијалогот меѓу Атина и Скопје и изнаоѓањето на целосно решение за проблемот со името.

На прашањето дали може да се случи официјална Бугарија да го признае постоењето на македонскиот јазик Ковачев одговори дека не би сакал да коментира за тоа кој каков јазик е. - За жал, мислењата се спротивставени од двете страни на границата. Научив дека МАНУ излезе со став дека македонскиот јазик е основата на сите словенски јазици во Европа, бугарската наука има друго мислење. Се разбира ние признаваме дека секој јазик може да се развива понатаму врз основа на регионални дијалекти, посебно кога има изолација на одредена област. Иднината е отворена и се надеваме дека ќе покажеме разбирање, но тоа нема да се случи ако нема желба за компромомиси и наметнување на една или друга теза, истакнува Ковачев.

Сакам исто така да кажам, потенцира, дека никаде не е димпломатска практика да се признаваат атрибутите на власта, а камо ли јазиците.

- Сепак најголемиот проблем е интерпретацијата на историјата... Кога се следи тоа што се случува, гледам со жалење еден национализам, кој не знам на што се должи. Убаво е да се прават монуметнтални градби и триумфални порти, да се подигаат споменици на македонските херои, но кога тие се прогласуваат само за македонски како Цар Самоил, Гоце Делчев, Даме Груев, Кирил и Методиј, не зборувам за античката историја, тоа е исклучително провокативно, и колку да сме толерантни и солидарни тогаш треба да одговориме на тие провокации, вели Ковачев.

Национализмот, посочува, никогаш не довел до ништо добро.

- Македонскиот национализам кој сега се проповеда, за жал, од нашата сестринска партија сметам дека не е правилниот европски пат, кој може по најбрз пат да ја доведе Македонија во ЕУ“, завршува бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во интервјуто за МИА.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...DA2406CF6D
Без Ботев няма България
28-11-2011, 06:40 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#48

Бугарскиот премиер има плата од 1.500 евра

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека прима плата од 1.500 евра, најавувајќи дека платите на претставниците на власта ќе бидат замрзанти на нивото до 2009-та година.

- Сакам двојно да ги зголемам приходите, но условите не се такви. Таква е ситуацијата во светот, таква е и кај нас, изјави Борисов за софискиот весник „Монитор“.

Во Бугарија платата на пратениците е одредена врз основа на три просечни плати во буџетскиот сектор, со што секој народен избраник прима околу 1.100 евра плата. Платата на министрите пак се зголемува за 30 проценти во однос на приходот на пратениците.

Во Бугарија има околу 2,2 милиони вработени, кои примаат просечната плата од околу 352 евра. Бројот на пензионери изнесува 1,7 милиони, со просечна пензија од 143 евра.

Владата донесе одлука од средината на идната година минималната плата да се зголеми на 145 евра.

Во Бугарија според пописот од февруари оваа година, живеат околу 7,5 милиони жители.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...BD7CE77ABF
Без Ботев няма България
28-11-2011, 06:45 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#49

Бојко Борисов во трка за најдобар фудбалер на Бугарија



Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, според резултатите од анкетата, е второпласиран фудбалер во изборот за најдобар фудбалер на Бугарија којшто ќе биде прогласен во декември.

Борисов моментно е зад напаѓачот на Манчестер јунајтед, Димитар Бербатов, а пред фудбалерот на Астон Вила, Стилијан Петров и голманот на холандскиот Твенте Николај Михајлов.

Борисов стана премиер во 2009 година, но и покрај оваа важна државна функција, продолжи да настапува за клубот Витоша Бистрица. Пред влезот во политика Борисов беше тренер на карате репрезентацијата на Бугарија.

На листата за избор за најдобар фудбалер на Бугарија оваа година, за првпат се најде непрофесионалец. Навивачите со гласање ќе ги изберат најдобрите десет, од кои спортските новинари ќе го прогласат најдобриот за изминатата година.

Според досегашните истражувања, премиерот е втор на листата и би можел да се најде на финалниот избор.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...74C352D21E
Без Ботев няма България
28-11-2011, 06:48 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#50

Бугарските европратеници не се нова пречка на патот кон ЕУ

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев од редовите на Европските народни партии и демохристијани, за Дојче веле демантира дека Бугарија е новата пречка на Македонија на патот кон ЕУ




Андреј Ковачев

- Напротив, Бугарија и бугарските европратеници секогаш го искажувале мислењето дека Република Македонија треба, колку што е можно побрзо, да стане дел на европското семејство. Сите проблеми што доаѓаат од минатото можат да бидат решени само преку европската интеграција, кога границите ќе станат симболични како во Западна Европа и кога животниот стандард од двете страни на границата ќе стане еднаков - вели Ковачев.

Овој разговор следува откако бугарските европратеници, меѓу кои и Ковачев, поднесоа амандмани кон бриселскиот извештај за нашиот напредок, со кои се искажува „очекување Македонија да најде заеднички прифатливи решенија за отворените прашања со соседите“.

Бугарскиот европратеник нагласува дека Бугарија прва ја признала независноста на Македонија и дека таа нема проблеми ниту со својата независност, ниту со своите граѓани.

- Има проблем со интерпретацијата, односно манипулацијата на историјата. Се надеваме дека владејачката партија, опозицијата и медиумите сакаат да ги покажат европскиот дух и начин на читање на историјата - вели Ковачев.

Бугарскиот европратеник смета дека во Македонија историјата се чита „селективно“ и дека со тоа на некој начин се води антибугарска политика. Како пример го наведува филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски.

- Зошто македонските режисери не снимаат филмови посветени на српската окупација на Македонија, на затвораните на Голи Оток или за оние што се изјаснувале како Бугари во Македонија, прашува Ковачев.

За македонскиот јазик коментарите на Ковачев се многу воздржани.

- МАНУ излезе со став дека македонскиот јазик е основата на сите словенски јазици во Европа, а бугарската наука има друго мислење. Се разбира, признаваме дека секој јазик може да се развива понатаму врз основа на регионални дијалекти, особено кога има изолација на одредена област. Иднината е отворена и се надеваме дека ќе покажеме разбирање, но тоа нема да се случи ако нема желба за компромиси и наметнување на една или друга теза. Сакам, исто така, да кажам дека никаде не е дипломатска практика да се признаваат атрибутите на власта, а камоли јазиците. Најголемиот проблем, сепак, е интерпретацијата на историјата. Со жалење гледам еден национализам, кој не знам на што се должи. Убаво е да се прават монументални градби и триумфални порти, да се подигаат споменици на македонските херои, но кога тие се прогласуваат само за македонски како Цар Самуил, Гоце Делчев, Даме Груев, Кирил и Методиј, не зборувам за античката историја, тоа е исклучително провокативно, и колку да сме толерантни и солидарни, треба да одговориме на тие провокации - вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22442
Без Ботев няма България
28-11-2011, 06:50 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#51

Македония: Водещ журналист е написал в интернет, че мрази шиптари и българи
28 ноември 2011 | 14:14 | Агенция "Фокус"
Начало / Македония
Скопие. Водещ македонски журналист е написал на профила си в социалната мрежа „Фейсбук”, че мрази българи, съобщи електронното издание Окно. Журналистът Миленко Неделковски, известен с безусловната си подкрепа на правителството и управляващата ВМРО-ДПМНЕ, е написал на статуса си нещата, които мрази и обича.
„Мразя педераси, двуличници, шиптари (албанци), българи, лъжци, богаташи от прехода, а обичам жени, „оф роуд”, животни, пътувания, отпускане, Кохиба (кубински пури), Джекмисън, Корона, Сол...”, пише Неделковски.

http://www.focus-news.net/?id=n1595015

Ха Ха Ха
Без Ботев няма България
28-11-2011, 06:58 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#52

Основна информация
За Миленко После десетици Фејсбук профили што не се мои, и после доста убедување од познаници (пред се од Јанко Бурек и Бобан Нонковиќ), решив да отворам профил.
Веднаш да се знае, мрзам: педери, дволични, шиптари, бугари, фолиранти, транзициони богаташи, лажови...
Сакам: жени, оф роуд, животни, патувања, лежерност, Кохиба, Џејмисон, Корона, Сол...
Ја (ги) обожавам: Македонија, ќерка ми и син ми, Скопје, Буњаковец...


Тоя неможе да е чак толкова прост да си го лепне това на фейса.
Някой му прави номера според мен. Той че е малоумен ок ама все пак не е абсолютен идиот Icon_razz
Без Ботев няма България
(This post was last modified: 28-11-2011, 07:02 PM by Топорчо.)
28-11-2011, 07:00 PM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#53

(28-11-2011, 07:00 PM)Топорчо Wrote: Основна информация
За Миленко После десетици Фејсбук профили што не се мои, и после доста убедување од познаници (пред се од Јанко Бурек и Бобан Нонковиќ), решив да отворам профил.
Веднаш да се знае, мрзам: педери, дволични, шиптари, бугари, фолиранти, транзициони богаташи, лажови...
Сакам: жени, оф роуд, животни, патувања, лежерност, Кохиба, Џејмисон, Корона, Сол...
Ја (ги) обожавам: Македонија, ќерка ми и син ми, Скопје, Буњаковец...


Тоя неможе да е чак толкова прост да си го лепне това на фейса.
Някой му прави номера според мен. Той че е малоумен ок ама все пак не е абсолютен идиот Icon_razz

https://www.facebook.com/profile.php?id=100003179540631
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
29-11-2011, 12:00 AM
Website Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#54

Христо Стоичков можен нов министер за спорт на Бугарија

Бугарскиот фудбалски идол Христо Стоичков би можел да стане министер за спорт во Владата на премиерот Бојко Борисов, јавија денеска бугарските весници.

Според медиумите, добри односи на 45-годишнот Стоичков со премиерот Бојко Борисов би можело да му донесат најголема спортска функција во земјата веќе наредната година, кога актуелниот министер за спорт Свилен Нејков планира да се кандидира за ректор на Националната спортска академија.

Во текот на неодамна одржаните претседателски и локани избори во Бугарија, Стоичков ги поддржа кандидатите владејачка партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на Борисов.

Стоичков живее во Барселона, а неодамна Универзитетот во Пловдив го награди со почесната титула доктор на науки.

Стоичков, кој е роден во Пловдив, најголема популаронст стекна во 1994 година на Светското фудбалско првенство во САД каде беше најдобар стрелец, а бугарската репрезентација го освои четвртото место. Истата година тој беше прогласен и за европски фудбалер на годината.

Најдобариот фудбалер во светот на сите времиња е Бразилецот Пеле 2004 година го вклучи Стоичков на листата на 125-те најдобри живи фудбалери.

Стоичков кариерата ја започна во софиската ЦСКА, а играше и за Барселона, Парма, Чикаго и Ди-Си Јунајтед. Едно време беше и секретар на бугарската фудбалската реперезентација, а моментно се занимава со тренерска работа во Шпанија.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...5393B500BA
Без Ботев няма България
29-11-2011, 06:02 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#55

Пропусти поголеми од кратер

Врвни уметнички предмети, ремек-дела на нашите предци денес се во странски музеи и во приватни колекции. За музеите се знае што поседуваат, но за приватните збирки може само да нагаѓаме. Најчесто нашето бесценето културно наследство го гледаме во витрините на музеите во странство или, пак, во приватни колекции на некој тајкун.

Четири златни маски, два цели бронзени картера од 6 и од 5 век пред новата ера, златни сандали и нараквици и многу други предмети пронајдени на почетокот на 20 век во охридското село Требеништа денес се меѓу најубавите експонати во музеите во Белград и во

Софија. Иако се дел од нашето културно наследство, нема меѓународна законска мерка која ќе ги натера Србија и Бугарија да ни ги вратат. Едноставно, кога биле пронајдени, Македонија не била самостојна држава, па немало кому да ги вратат.

Kратерот од Kорешница петнаесетина години е дел од приватната колекција „Вајт-Леви“ во САД. Гробот во демиркапиското село Kорешница е растурен и ограбен пред помалку од 20 години, во време кога Македонија беше суверена и независна држава, со институции кои требало да се грижат и да го штитат културното наследство.

Се зборува дека во гробот имало и златни маски, шлемови и штитови и многу други богатства. Археолозите истражуваа и потврдија дека во приказните има вистина. Десетина години подоцна тие собраа остатоци кои за дивите копачи не биле интересни или не успеале да ги видат.

И мистерии има многу. Kако дивите копачи дошле до гробот, а не истражувачите? Kако ги извадиле предметите, а никој ниту видел ниту пријавил? Можеби најинтригантно е како толку масивен предмет, висок околу 1,2 метар, тежок стотици килограми бил изнесен од земјава, пред носот на инспекторите, заштитувачите на културното наследство, полицијата, царинската служба?!

Управата за заштита на културното наследство веќе неколку години се обидува на разни начини да стигне до кратерот. Упатените велат има начин да се докаже дека тој во САД потекнува од Македонија и да се врати каде што му е местото - дома. А додека трае битката на туѓ терен, ние треба да го расчистиме нашиот двор. Да се истражи случајот Kорешница и да се повикаат на одговорност сторителите, раководствата на тогашниот Републички завод за заштита на спомениците на културата, на полицијата и на царината.

Акцијата „Фаланга“ кој се спроведе минатата година ги проретчи дивите ископувања. Но, таа дојде предоцна за кратерот од Kорешница.

Весна И. Илиевска

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...B808B6A07B
Без Ботев няма България
29-11-2011, 06:09 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#56

Го преживеав холокаустот, бидејќи станав партизанка!

Не можам да ги заборавам врисоците кога пристигнуваа војниците. Се уште ги сонувам. И сега, кога се смеам, нешто пече во моето срце. Сега чувствувам бес и тага. Беа убиени толку многу невини луѓе. Научив да им простам на тие што го направија тоа, но никогаш нема да заборавам што се случи, вели Јамила Колономос за Би-Би-Си


Директно сведоштво за теророт врз Евреите во Македонија. Би-Би-Си објави трогателна сторија за Македонката Јамила Колономос, чие семејство било депортирано и убиено во кобната 1941 година. Од осумнаесетчлено семејство и блиски роднини, Јамила останала сама во родната Битола. Преживеала, бидејќи таа вечер се криела во друга зграда. Подоцна решила да стане партизанка. Пораснала во Битола. Таа раскажува како нејзиното семејство имало добар соживот со соседите.

- Немаше знаци на антисемитизам се додека Југославија не беше окупирана во 1941 година. Кога дојдоа Германците, ги ограбија и однесоа Евреите. Потоа Бугарите ја окупираа Македонија и тие го правеа истото. Не ни дозволуваа да работиме. Слушнавме дека Евреите ќе бидат депортирани, но татко ми мислеше дека моите браќа и сестри се премногу млади за да ги земат. Не можам да ги заборавам врисоците кога пристигнуваа војниците. Се уште ги сонувам. И сега, кога се смеам, нешто пече во моето срце, вели Јамила. Следниот ден беше голема тишина. Се уште чекавме некој да се врати. Секогаш кога некој ќе затропаше на врата, очекувавме дека тоа е некој од нашето семејство. Тогаш се преселив во Скопје. Сега чувствувам бес и тага. Беа убиени толку многу невини луѓе. Научив да им простам на тие што го направија тоа, но никогаш нема да заборавам што се случи, вели Јамила Колономос за Би-Би-Си.

Јамила ги одржува живи своите спомени преку фотографиите.

- Мајка ми Естеф, татко ми Исак... Моите браќа и сестри... Единствено мене не ме однесоа. Не стигнав ниту да се збогувам со нив, се криев во друга зграда ноќта кога ги депортираа, вели Јамила чепкајќи по спомените.

Јамила Колономос е една од ретките Евреи кои останаа во Македонија - земја која изгуби 98% од еврејското население, најголем процент од каде било во светот, пишува Би-Би-Си. На 89 години таа е една од ретките што се сеќава на депортацијата на македонските Евреи, испратени во Полска, во логорот на смртта "Треблинка" од окупаторските бугарски сили на нацистичка Германија. Јамила преживеала криејќи се во Македонија и потоа се придружила кон Титовиот партизански отпор.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=5AEEE0B5...A3336E8DC0
Без Ботев няма България
29-11-2011, 06:19 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#57

НАВРЕДУВАЧКИ И ПОНИЖУВАЧКИ КОМЕНТАР ЗА НЕСРЕЌНОТО ПИСМО НА БУГАРСКИТЕ ЕВРОПРАТЕНИЦИ


И Дорис Пак даде гол за македонското "Трето полувреме"


"Тоа се луѓе кои не разбраа ништо за Европа. Тие треба да прекинат со тоа, бидејќи што би правеле ние во Германија ако секогаш мораме да кажеме "не" или да протестираме за сите филмови кои се снимаат за Третиот Рајх. Не е на место да се реагира на ваков начин, тоа не е културен начин на делување и би сакала да не им се дава големо значење на нивните реакции", вели германската европратеничка


Откако портпаролот на Европската комисија го пушти низ вода писмото од бугарските европратеници за филмот "Трето полувреме", сега уште еден висок функционер додаде оган (пардон - вода) на случајот. И тоа не кој било и не како било. Лично Дорис Пак, германската европратеничка и претседателка на Комисијата за култура и образование на Европскиот парламент, ги навреди и понижи колку што може и не може нејзините колеги! Барем ВЕЧЕР смета дека оваа нејзината изјава е повеќе од навредувачка:
"Не треба да не се дава големо значење на реакциите на бугарските европратеници за филмот "Трето полувреме". Тоа се луѓе кои не разбраа ништо за Европа. Тие треба да прекинат со тоа, бидејќи што би правеле ние во Германија ако секогаш мораме да кажеме "не" или да протестираме за сите филмови кои се снимаат за Третиот Рајх. Не е на место да се реагира на ваков начин, тоа не е културен начин на делување и би сакала да не им се дава големо значење на нивните реакции", им порача Пак на европратеници Евгениј Кирилов, Андреј Ковачев и Станимир Илчев. А по ваква изјава, кога колега за колега вели дека не треба да се сфаќа сериозно, тоа веќе ја преминува границата на дипломатскиот говор и не значи ништо друго освен директен и недвосмислен погодок, или победнички гол за "Трето полувреме"!

По оваа изјава за Македонската информативна агенција, интервју дава и еден од потписниците на несреќното писмо, Ковачев, кој доаѓа од редовите на Европските народни партии и демохристијани. Тој во интервјуто смета дека во Македонија историјата се чита селективно и дека со тоа на еден начин се води антибугарска политика. Тука тој го наведува филмот "Трето полувреме", запрашувајќи се зошто македонските режисери не снимаат филмови посветени на српската окупација на Македонија, за затвораните на Голи Оток и за оние кои се изјаснувале како Бугари во Македонија.

Бугарскиот европратеник тврди дека тој и неговите колеги - европратеници од Бугарија се за брзо влегување на Македонија во ЕУ, но тие не се согласуваат со тоа како се претставува нејзината историја.

"Бугарија и бугарските европратеници секогаш го искажувале мислењето дека Република Македонија треба, колку што е можно побрзо да стане дел на европското семејство", вели Ковачев. Прашан "дали Бугарија и бугарските европратеници се навистина новата пречка за Македонија на патот кон ЕУ", Ковачев нагласува дека "Бугарија прва ја признала независноста на Македонија и дека таа нема проблеми ниту со нејзината независност ниту со граѓаните на Македонија. Тој се надева дека во Македонија постои политичка волја за да бидат надминати некои од разликите со Бугарија. Неговата и воздржаноста на двајцата други бугарски европратеници за текстот на заедничкиот документ на Мешовитиот комитет ЕУ - Македонија, за користењето на придавката македонски" во европските институции Ковачев, ја оправдува со спротивноста на предложениот текст со методологијата на Европската комисија и Европскиот парламент.

Ние, тројцата претставници од Бугарија, гласавме воздржани, за да не го блокираме усвојувањето на препораките на Мешовитиот комитет, бидејќи ако ние гласавме против, тогаш тие не ќе беа усвоени. Предложениот текст (по барање на македонската страна), беше во спротивност со методологијата на Европската комисија и Европскиот парламент, која се практикува од 2008 година околу некористењето на зборот македонски"", вели Ковачев.
"Јас и моите колеги", додава, "сметаме дека не можеме да ја промениме методологија со таа препорака и на тој начин да ја критикуваме работата на Европската комисија. Тоа може да биде променето само во дијалогот меѓу Атина и Скопје и изнаоѓањето на целосно решение за проблемот со името." (Де.Т.)

Македонските херои не се само македонски!?
Бугарскиот европратеник во интервјуто јавно говори и за најгорливите прашања меѓу Македонија и Бугарија, за кои ретко кој виден политичар се осудува да искаже јавен став.
Сепак, најголемиот проблем е интерпретацијата на историјата... Кога се следи тоа што се случува, гледам со жалење еден национализам, кој не знам на што се должи. Убаво е да се прават монументални градби и триумфални порти, да се подигаат споменици на македонските херои, но кога тие се прогласуваат само за македонски, како Цар Самоил, Гоце Делчев, Даме Груев, Кирил и Методиј, не зборувам за античката историја, тоа е исклучително провокативно, и колку да сме толерантни и солидарни тогаш треба да одговориме на тие провокации", вели Ковачев во интервјуто за МИА.

Национализмот, посочува, никогаш не довел до ништо добро. Македонскиот национализам кој сега се проповеда, за жал, од нашата сестринска партија сметам дека не е правилниот европски пат, кој може по најбрз пат да ја доведе Македонија во ЕУ", завршува бугарскиот европратеник, автор на можеби најнегираното писмо кое стигнало до Европската комисија, по што логично следи - и автор на можеби најголемиот гаф кој годинава стигнал до ЕК!

Проблем и со јазикот?
Бугарскиот европратеник Ковачев има и сопствен став за прашањето за јазикот.
За жал, мислењата се спротивставени од двете страни на границата. Научив дека МАНУ излезе со став дека македонскиот јазик е основата на сите словенски јазици во Европа, бугарската наука има друго мислење. Се разбира, ние признаваме дека секој јазик може да се развива понатаму врз основа на регионални дијалекти, посебно кога има изолација на одредена област. Иднината е отворена и се надеваме дека ќе покажеме разбирање, но тоа нема да се случи ако нема желба за компромиси и наметнување на една или друга теза", истакнува Ковачев.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=175668CB...F360B0B255
Без Ботев няма България
29-11-2011, 06:23 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#58

Бугарија зафатена од протести и штрајкови



Бугарија денеска ќе се соочи со серија протести и штрајкови, кои ги најавија синдикатите. И бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека сака да се вклучи во протестите против оние кои му оставиле милионски долгови, кои сега тој треба да ги враќа.

Двата најголеми синдикати во земјата „Поддршка“ и КНСБ ќе протесираат во центарот на Софија, на плоштадот пред Собранието, искажувајќи го своето незадоволство од најавените промени во пензискиот систем, кои значително ги продолжуваат годините потребни за заминување во пензија.

Според вежечкиот закон, во пензија се заминува на 60 годии за жени и 63 за мажи, а согласно предлогот на Владата од јуни следната година периодот ќе биде продолжен, така што од 2015 година мажите во пензија ќе заинуваат на 65, а жените на 63 години.

Во Бугарија, во која според податоците од пописот живеат 7,5 милиони жители, во моментов има 1,7 милиони пензионери, кои примаат просечна пензија од 143 евра.

И синдикалната федерацијата на вработените во Министерството за внатрешни работи соопшти дека ќе протестира против пензиските реформи.

Бугарските железничари ќе го продолжат седмиот ден од штрајкот, протестирајќи против најавените реформи во Бугарската државна железница, кои подразбираат отпуштање на

Трет ден по ред ќе протестираа и фармерите, кои сакаат да издејствуваат повисоки средства од буџетот за нивната дејност.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...24C00E3C14
Без Ботев няма България
30-11-2011, 03:33 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#59



29.11.2011, 17:47
Попоски нуди решение: Името за скрининг



Дорис Пак лута што нејзините приватни пораки се најдоа во македонските медиуми како извештаи

Слободанка Јовановска


......

Сепак, Марилена Копа од ПАСОК го обвини претседателот Ѓорѓи Иванов дека врши притисок врз Судот во Хаг околу тужбата на Македонија со изјавата што ја даде завчера, па ни порача дека се сомнева оти новата влада во Грција, со оглед на тоа кој влезе во неа, ќе продолжи со истата политика како Јоргос Папандреу, што нашата Влада не ја искористила. Сепак, најостри беа бугарските европарламентарци Станимир Илчев и Андреј Ковачев, кои побараа од Попоски да вети дека Македонија со Бугарија ќе ја слави заедничката историја и дека на следниот попис ќе отвори графа „Бугари“. Околу хашката одлука, Попоски одговори дека каква и да е Македонија, ќе ја почитува, а на Илчев, кој тврдеше дека има половина милион апликации за државјанство од наши Македонци, му прочита една француска лекција за слобода на определување, па заклучи дека можеби имаме различни перцепции за прашањето, но дека не можеме (тие и ние) да се разидеме околу принципите и основните вредности за самоопределувањето, со директна порака дека никој не може да ни одрече како да се чувствуваме. Притоа, додаде дека Македонија има модел за пример во однос на почитувањето на малцинствата и дека Бугарија кога истакнува дека е членка на ЕУ, не треба да ги има предвид само бенефициите, туку и барањата од него.

Мал политички упад приреди Дорис Пак, која очигледно беше изреволтирана зашто нејзина приватна оцена завршила како јавен извештај во македонските медиуми, а се однесуваше на протестот на бугарските колеги против филмот „Трето полувреме“. „Бидете внимателни да не ги користите вашите пријатели така што ќе им создадете непријатели“, прекори Пак, но не беше јасно дали таа забелешка беше упатена на адреса на шефот на дипломатијата или на некој друг од нашата делегација.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...EE64721802
Без Ботев няма България
30-11-2011, 03:37 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#60

Сушата ги испразни акумулациите, ќе увезуваме струја



Aкумулациите се празни поради драстично намалениот доток на водите

Маја Томиќ



Дали на земјата и' се заканува енергетска криза или недостиг од струја во скоро време? Од Електрани на Македонија велат, засега - не. Иако потврдуваат дека дотокот на водите во домашните акумулации во моментов е речиси за 70 отсто помал во споредба со оној од истиот период лани. На јавен оглас во почетокот на декември ЕЛЕМ ќе побарува од увоз плус 39 гигават-часови струја. Со досегашниот остварен увоз од 268 ггвч., значи вкупниот увоз на струја би изнасувал 307 ггвч. Колку тоа ќе ги чинат ЕЛЕМ ? Сумата најверојатно ќе изнесува околу 15 милиони евра, ако се има предвид дека за набавка на ланскиот увоз од 277 ггвч., кога еден квч. струја чинеше во просек 46,13 евра, ЕЛЕМ потроши 12,8 милиони евра.

„Владее голема суша подолго време и тоа е единствениот проблем што акумулациите се празни поради драстично намалениот доток на водите. Затоа и хидропроизводството е намалено и ЕЛЕМ наскоро ќе обезбеди струја од увоз“, ја објаснуваат од компанијата моментната состојба со домашното производството на струја, додавајќи дека сите капацитети работат без проблеми, и дека покрај се', до крајот на годинава ќе се оствари планираното производство на електрична енергија од 6.075 ггвч.

Од ЕЛЕМ не ја исклучуваат можноста да се побарува и повеќе струја од увоз во скоро време, доколку продолжи сушниот период и во наредните месеци.

Поради сушата, освен Бугарија, сите земји во регионот имаат намалено производство и потреба од увоз на дополнителни количества.

Така што, како што пренесуваат странски агенции, во моментов Бугарија е главниот извозник на струја кој задоволува половина од вкупните потреби за електрична енергија во регионот. Најголем дел од струјата Бугарија извезла во Грција, Македонија и Србија.

Се очекува дека зголемената побарувачка на струја во регионот ќе ја зголеми и нејзината пазарна цена што пак, наскоро ќе се одрази и врз крајната цена за потрошувачите.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...27F525A9E4
Без Ботев няма България
30-11-2011, 03:39 PM
Reply