Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарски европратеник Никола Вапцаров во Брисел го престави како „бугарски поет”

Бугарскиот европратеник Евгени Кирилов утре во Европскиот парламент во Брисел организира конференција по повод 70 години од убиството на македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, со помош на групата на Социјал-демократската партија во ЕП, пратеникот Кирилов ја организира оваа конференција со наслов „Што ќе ни дадеш историја од твоите пожолтени страници”, при што ќе бидат читани поемите на Вапцаров (преставен како бугарски поет).

Покрај споменатиот европратеник Кирилов, на оваа конференција е најавено учество и на друго европратеници и бугарски дипломати, историчари и поети, како и на Никола Вапцаров, внук на поетот, при што шпанскиот писател Мануел Муњоз Идалго ќе говори за посланијата на поетот.

Евгени Кирилов е познат како бугарски политичар со изразени антимакедонски ставови, чија помошничка во Европарламентот беше и познатата македонска „Бугарка” Спаска Митрова, која беше судена за граѓански спор со својот поранешен сопруг во Македонија. Провокациите на антимакедонски теми од Кирилов се бројни во ЕП и последнава со држење на конференција за македонскито поет се третира како таква, па македонски дипломати и пријатели на Македонија од европскио законодавен дом и воопшто од земјите-членки на ЕУ, се очекува истата да ја избегнат.

http://www.sitel.com.mk/bugarski-evropra...arski-poet
Без Ботев няма България
14-11-2012, 06:51 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Интересен е изборът на коментари , които тежка цензура във Вечер избира да пусне . Впрочем тези , които помнят новия уредник кака ви Ивона от някои форуми я знаят що за спъпско лайно е

ЗАЕДНИЧКА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ЕВРОПСКИТЕ АМБИЦИИ



Грција, Бугарија и Романија се за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан


Министрите за надворешни работи на Грција, Бугарија и Романија, Димитрис Аврамопулос, Никола Младенов и Титус Корљецан, по нивниот осми трилатерален состанок во Софија, издадоа заедничка декларација во која ги поддржуваат европските амбиции на земјите од Западен Балкан.
- Ги поддржуваме амбициите за членство во ЕУ на сите држави од регионот врз основа на континуиран, доследен и постојан напредок во економските и политичките реформи и во исполнувањето на неопходните услови и барања. Во овој контекст, ние ќе ги споделиме нашите искуства во областа на европската и интеграцијата во НАТО со цел да им помогнеме на кандидатите, потенцијалните кандидати и земјите-аспиранти да напредуваат на патот кон НАТО и/или ЕУ, се вели меѓу другото во декларацијата, објави МИА.

Според тројцата министри, сегашните тешкотии со кои се соочува ЕУ не треба да ја ослабат динамиката на процесот на проширување".
- Напротив, промовирањето на европската интеграција на Западен Балкан може и треба, навистина, да стане дел од решението на кризата, истакнуваат шефовите на дипломатиите на Грција, Бугарија и Романија.

Сподели




Статијата е прочитана 1150 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?
Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:

Коментар:

*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator






trn, 14.11.2012 07:10:40
i vie li rumunci keksi država.so napolitanki vo Eu otidovte.što vi preči Makedonija?ili samo da ne potsetite zošto ni ja podelivte zemjata kaj vas!
14.11.2012 07:10 | (3) | Like
Анти ГРоБ коалиција, 13.11.2012 23:55:52
Сега се уверив колку грд бил Балканот пред 100 години со вакви претставници на „ГРоБ коалицијата“. Единствената пречка за овие јавачи на апокалипсата да ги повторат сценаријата од 1913 се само цивилизираниот остаток од ЕУ, САД, Русија и Кина. Останува да видиме дали тие ќе го остават ова друштво на очајници да опстои во нивните намери...и кои од нив ќе ги препознаеме како вистински „стратешки партнери“ кои ќе удрат на масата и ќе спискаат ДОСТА БЕШЕ!
13.11.2012 23:55 | (5) | Like
nevreme, 13.11.2012 23:51:23
Da, se za Zapaden Balkan vo EU no po nivni terk. Nitu edna od tie zemji ne vleze vo EU so postignati rezultati. Ako probaat denes da vlezat vo EU ke bidat pozadi ili isti so Makedonija, zoshto nemaat sredeni odnosi so sosedite, korupcija do max, fashizam, nacionalizam kolku sakash imaat. Ovaa sredba e sredba na nedostojni drzavi koi koristat tugja mok da gi ucenuvaat svoite sosedi i pritoa kriejki se zad EU privilegiite koi gi imaat.
13.11.2012 23:51 | (8) | Like
cacko, 13.11.2012 23:05:33
Ama ste se nasle, edni bankrot vtori koruptnomafijaska treti bez perspektiva
13.11.2012 23:05 | (11) | Like

http://vecer.com.mk/?ItemID=AF98059C1E27...B788548036
Без Ботев няма България
14-11-2012, 06:57 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ЕВРОПРАТЕНИКОТ КИРИЛОВ ВО БРИСЕЛ ПРАВИ ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА НИКОЛА ВАПЦАРОВ


Скандалозно: го стрелаа во софиска касарна, а сега е бугарски поет


Бугарскиот политичар Евгени Кирилов кој е познат по изразените антимакедонски ставови денеска ќе го претстави Никола Јонков Вапцаров како бугарски поет во Европскиот парламент каде ќе се читаат негови песни


Бугарскиот европратеник Евгени Кирилов денеска во Европскиот парламент во Брисел организира конференција по повод 70 години од убиството на македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров. Скандалозно е тоа што Вапцаров ќе го претстават како бугарски поет, иако познато е дека поетот беше стрелан во софиска касарна за време на Втората светска војна, и дека себе се нарекувал Македонец.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, со помош на групата на Социјал-демократската партија во ЕП, пратеникот Кирилов ја организира оваа конференција со наслов "Што ќе ни дадеш историјо од твоите пожолтени страници", при што ќе бидат читани поемите на Вапцаров.

Покрај Кирилов, на оваа конференција е најавено учество и на друго европратеници и бугарски дипломати, историчари и поети, како и на Никола Вапцаров, внук на поетот, при што шпанскиот писател Мануел Муњоз Идалго ќе говори за посланијата на поетот.

Евгени Кирилов е познат како бугарски политичар со изразени антимакедонски ставови, чија помошничка во Европарламентот беше и познатата Спаска Митрова, која беше судена за граѓански спор со својот поранешен сопруг во Македонија. Провокациите на антимакедонски теми од Кирилов се бројни во ЕП и последнава со држење на конференција за македонскиот поет се третира како таква, па македонски дипломати и пријатели на Македонија од европскиот законодавен дом и воопшто од земјите-членки на ЕУ, се очекува истата да ја избегнат.

Сподели




Статијата е прочитана 12525 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?
Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:

Коментар:

*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator






зоран и., 15.11.2012 10:17:42
Оние што заминуваат по странство со булгарски пасоши ќе бидат исти булгари како и оној што го носи името на Никола Вапцаров. Зашто по европските земји се евидентираат како булгари.
15.11.2012 10:17 | (9) | Like
A i covekov si lici na cist Makedonec, 15.11.2012 10:08:33
Dali moze da si zamislete kakva ke bese bugarskata istorija ako ne bea Makedoncite i Makedonija, ... Od kade i sto ke kradea togas ? Abre tatari abre Mongolci ... "nestastnici goljami"
15.11.2012 10:08 | (4) | Like
Игор, 15.11.2012 08:26:00
А внукот кој го носи името на поетот што ќе оди таму, не знае нешто подобро да каже пред паралементот во ЕУ?
15.11.2012 08:26 | (6) | Like
nigo, 15.11.2012 06:18:51
Bugarite sa mnogo lochi.
15.11.2012 06:18 | (1) | Like
sonce, 15.11.2012 02:31:08
Barame od premierot vednas da reagira ,dosta je dosta je trpejna i stradajana od ovie gnasnirasi.Nekoj mora da zastani cvrsto i da se sprotistavi a i toa bi bilo dobro i makedonskiot narod da izleze na plostadot i da protestiraat protiv ovie gubrina.Veruvajtemi ili ne mi ide dase rasprsnam od maka kako ova je mozno kako?Narode makedonski kade ste netreba samo premijerot tuku site nije.
15.11.2012 02:31 | (5) | Like
tom bomb, 15.11.2012 01:59:02
Ako im e tolku merak , eka se raduvaat.Nie si ja znaeme nasata vistina.
15.11.2012 01:59 | (1) | Like
od citatel na vecerUSA Ilija, 15.11.2012 01:37:01
Vesta ja procitav i sam se prasuvam ;Dali Makedomskata vlada ce isprati protesna nota do evropskata unija i site Evropski pratenici so prevod i kopija od referatot na Vapcarov ? Znaeme sto se slucuva i da premolcime toa isto e kako da se slozuvame so nivnite zlonamerni glupi bugarski idei.....
15.11.2012 01:37 | (3) | Like
Македонец, 15.11.2012 00:12:37
Македонската влада треба веднаш да реагира. До кога ќе дозволуваме бугарите (татарите) да ни ја крадат и фалсификуваат историјата? До кога крадливото бугарско племе ќе ги претставува Македонците како Бугари? Се додека молчиме, ЕУ ќе продолжи да ги толерира бугарскиот и грчкиот фашизам иако и таа ЕУ знае и гледа врз Македонците во Пирин и Егеј секојдневно се спроведуваат бугарски и грчки уцени, закани и насилна асимилација. ДОСТА МОЛЧЕШЕ МАКЕДОНИЈО. СЕ ДОДЕКА МОЛЧИШ ТАКА ЌЕ НИ ПРАВАТ!
15.11.2012 00:12 | (16) | Like
nevreme, 14.11.2012 23:28:02
Pa shto e tuka shokantno? Tatarite od sekogash kradele. Nivno e samo mongolskata istorija od koja begaat kako od cuma. Tie shto go otepale Vapcarov bile samo nacisticki tatari, denes se demokratso evropski nastroeni tatari.
14.11.2012 23:28 | (17) | Like

http://vecer.com.mk/?ItemID=8D8C2C82B3F8...BB3420F251
Без Ботев няма България
15-11-2012, 05:50 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Македонско-бугарски консултации за ЕУ

Во Софија беа одржани консултации за прашања за Европската унија меѓу делегации на министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија. Македонското МНР соопшти дека е разговарано за конкретни иницијативи за продлабочување на соработката во контекст на евроинтеграциите и интензивирање на дијалогот на експертско ниво за пренесување на бугарските искуства од пристапниот процес, во рамките на Меморандумот за соработка на полето на европската и евроатлантската интеграција меѓу двете влади.

Од македонска страна е презентиран предлог План на активности за соработка и Листа на поглавја и прашања од правото на Европската унија, со цел конкретизација на експертската размена. Македонската страна ги презентираше тековните активности за спроведување на препораките од годинашниот Извештај за напредокот на Македонија во евро интеграцијата. Заблагодарувајќи се за досегашната поддршка, македонската страна го искажа своето уверување дека пријателска Бугарија ќе даде поддршка и на оваа одлука.

Од бугарска страна е потврдена декларираната цел за активна политика на Бугарија во регионот и поддршката за процесот на проширување и приемот на земјите од Балканот во ЕУ, со целосно исполнување на Копенхашките критериуми за членство во Унијата.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=94E4F3722...F887F08AB4
Без Ботев няма България
15-11-2012, 05:53 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Како се ѕидаше бугарското вето

Софија одамна си ја пробуваше силата во ЕУ, а сега само јавно го кажа тоа

Слободанка Јовановска


Можеше ли да се избегне бугарското вето за Македонија во Европската унија или, пак, таквиот расплет беше неизбежен, со оглед на анимозитетот што со децении владее меѓу едната и другата држава? Тоа што последниве месеци од Софија стигаат силни повици да и се покаже заби на Македонија, сепак никого не изненадува, бидејќи ѕидањето на бугарското вето практично почна само една година откако оваа земја стана членка на Унијата, во 2007-та година.

Најава што можеше да се очекува беше промоцијата на бугарскиот Алманах за Македонија, не во Софија туку во Брисел, иако за овој настан немаше никаков интерес во ЕУ престолнината.

Прв што го отвори фронтот кон нашата држава во 2008-та година беше Евгениј Кирилов, како единствен што во расправата за извештајот за Македонија во ЕП ја поддржа грчката позиција, гласно тврдејќи дека македонската нација и јазик се вештачки создадени, па својствено на тоа таква ни е и историјата.

„Сакам да ве уверам дека ние сме едни од најдобрите пријатели на Македонија. Ве молам верувајте во тоа“, тврдеше премиерот Бојко Борисов среде Брисел во 2009-та година, отфрлајќи ги сомневањата од македонска страна дека намерно ги влошува односите користејќи ја бродската несреќа.

„Имам прекрасни односи со вашиот премиер“, уверуваше тој, но единствена формална средба што ја остварија со Никола Груевски се случи идната година, по посетата на нашиот премиер на Австралија, од која деталите и сега и се непознати на јавноста.

Од 2009-та година веќе се исцртуваше јасно бугарската намера споровите со Македонија да се решаваат од, за нив посилната позиција - Европската унија. Таа година пирамидата на обвинувања кон нашата држава растеше со неконтролирана пропорција, и во однос на забелешките и во однос на тие што учествуваа, вклучувајќи го и шефот на дипломатијата Николај Младенов, кој тогаш како европарламентарец беше еден од најгласните. Иницијална каписла беше најавата дека Македонија за првпат ќе добие препорака за преговори со ЕУ, по што следеше лавина од амандмани околу нашиот извештај во ЕП. Намерата беше преку Брисел да се притисне Скопје да ја прифати едностраната Декларација за пријателство и соработка што ни беше испорачана, на која одговори нашето МНР, но инсистирањето на реципроцитет не беше по вкусот на Софија. Со оглед на барањата во неа медиумите коментираа дека, ако прифатиме се', на крајот ќе треба да пропееме и бугарски песни за да влеземе во Унијата. На јануарската расправа за Македонија во ЕП бугарските парламентарци јавно ги испорачаа барањата, а меѓу нив ревидирање на историјата, запирање на негативната пропаганда кон нивната држава, крај на наводно малтретирање и тепање на Бугарите во Македонија, на отпуштања, заплашувања, психички тортури и попречувања на слободни здружувања, заштита на бугарски споменици, а на Младенов му пречеше и името на Македонската православна црква барајќи да се употреби зборот „православно христијанство“. Истиот тој Младенов летово изјави дека „Бугарија треба да гледа напред, зашто ако гледа назад во тоа што ја дели со Македонија, ќе најде повеќе од доволно причини“.

„Можеме да си зборуваме многу за 1913 година, но така ќе ја испуштиме 2013 година“, порача тој неодамна во интервју. Како европарламентарец тој беше меѓу 17 -те што испратија писмо до Оли Рен драматизирајќи го случајот со Спаска Митрова, а откако пропадна препораката, се фалеа дека тоа е и нивна заслуга, а не само на Грција.

Синхронизираноста со Грција, па и копирање на методите на грчката политика кон Македонија беа веќе видливи, па уште тогаш медиумски се коментираше дека се создава грчко-бугарски сојуз против нашата држава во ЕУ. И покрај тоа, во политичките кругови кај нас трендот на заострување на односите со Бугарија се игнорираше, па и се правеа потези со кои се поттикнуваше, т.е. се одеше на нивна воденица. Во 2010 година Младенов објави дека Софија дига раце од договорот за пријателство и соработка, односно дека проблемите со Македонија ќе ги решаваат „низ процесот на евроинтеграцијата“. Како ќе изгледа тоа, се виде наредната година, кога бугарските амандмани за заедничко славење на историјата и за заштита на спомениците успеаја да влезат во препораките на ЕП за нашата држава, и оттогаш бугарските политичари на тоа се повикуваат како на став на ЕУ. Во меѓувреме барањата еволуираа, бидејќи за некои се виде дека се конструкција и претерувања, а други премногу закопани во историјата.

Првата јасна и директна закана за вето стигна во мај годинава, кога сите бугарски функционери се изредија со порака дека Македонија треба да се однесува соодветно на поддршката што и ја давала Бугарија, а повод беше инцидентот со нивниот амбасадор на гробот на Гоце Делчев. На расправата за извештајот за Македонија во ЕП во март грчките и бугарските европарламентарци дури беа опоменати од останатите за националистичка реторика кога тврдеа дека проблем за преговорите не е името, туку пропагандата од нашата држава.

Сепак, просторот за бугарските поплаки почна да се шири во извештаите на ЕП, што даде сила на националистичките кругови во оваа држава да бараат најотворено исцртување на бугарски црвени линии. На амбициозната расправа што беше организирана на тема Македонија главно обвинување беше дека се обидуваме да градиме идентитет на сметка на Бугарија и дека крадеме историја, па нивната црвена линија треба да биде нашиот устав и учебниците по историја. Еден од учесниците побара жолт, па црвен картон за Македонија, ако се нема слух за овие барања. Увод на оваа расправа беше неочекуваната изјава на премиерот Борисов дека за Бугарија предлогот Северна Македонија бил неприфатлив, бидејќи ќе имплицирал територијални претензии кон неговата држава.

Црвените линии пак ги најави Младенов, најавувајќи наедно и државна стратегија за односите со нашата држава, расправа за Македонија во бугарскиот парламент и турнеја низ пиринскиот дел, за да слушне што мислат граѓаните за ова прашање. Идејата беше да се прати порака до Брисел дека сите стојат зад критиките кон Македонија. Паралелно, за една недела писма со поплаки стигнаа до УНЕСКО, до Филе, до Ричард Ховит, до Жозе Мануел Баросо и други адреси за наводни репресии врз тие што се изјаснуваат како Бугари. Таа врева не можеше да ја игнорира во Брисел, па бугарското досие ЕК го вклучи во условот добрососедство, иако не така како што посакуваше Софија.

Слабоста на бугарската тактика е што без Грција нивното досие во ЕУ нема тежина, а вака пред се' ги одработуваат интересите на Атина. Ако Македонија еден ден го реши спорот за името со Грција, Бугарија ќе остане на чистина, без моќ да ги спроведе условувањата со кои сега ни се заканува. Вака заканата е сериозна, но штетата што бугарското вето би ја предизвикало за самата Бугарија ќе биде голема, бидејќи македонските граѓани се многу почувствителни кон бугарските подметнувања од тие на Грција. Анкетите тоа впрочем постојано го покажуваат.

Изјавата на Груевски во Австралија „кец на десетка“

Пораката на премиерот Никола Груевски до македонските иселеници во Австралија во октомври 2010 година -дека никој не смее да ги дели на „Вардарци, Пиринци и Егејци, бидејќи има само Македонци “, од бугарскиот државен врв беше искористена како причина да не' обвинат за територијални претензии и неевропско однесување.

„Отсекогаш сум им велел на нашите соседи од Македонија, дека откако тргнаа по патот кон членство во ЕУ и во НАТО, треба да прочитаат какви се вредностите што таму се признаваат. А, тие се Европа без граници, Европа на добрососедство, Европа во која проблемите не се решаваат со такви изјави, туку со мир, разбирање, толерантност“, коментираше тогаш Борисов.

Груба провокација за Борисов беше и филмот „Трето полувреме“, пред се бидејќи е правен и со пари од државниот буџет.

„Бугарија никогаш не се меша во внатрешните работи на други земји, освен кога правите хитлеровски филмови за нас. Бугарија никогаш немала свастика на знамето. Ние никогаш не се мешаме. Напротив, први ја признавме Македонија, работевме да се укинат визите за вас, ви помагаме и сега како ни одговоривте – со хитлерски филм“, нервозно одговори Борисов на новинарското прашање.
Ерик Мајер контра Евгениј Кирилов

Дали Македонците се Бугари, е прашање во генезата на бугарско-македонските проблеми, но како членка на ЕУ, Бугарија вака отворено веќе не си дозволува да го постави, па се обидува да го одработи преку историските комисии. Единствениот обид тоа прашање да се најде пред ЕП, заврши со европска лекција за Евгениј Кирилов.

„Дали Македонците се Бугари е расправа што се води одамна во Бугарија. Мнозинството во Македонија сметаат дека не е така. Затоа, ние како европарламентарци околу оваа тема не можеме да направиме ништо, бидејќи станува збор за чувствително прашање. Македонците се чувствуваат блиски, но не и дел од Бугарите. И тоа треба да се почитува“, му порача на Кирилов известувачот за Македонија во тој период, Ерик Мaјер.

Македонскиот голем литерат претставен како „бугарски поет“

Европратеникот Евгениј Кирилов денес ќе го слави јубилејот за Никола Вапцаров во Брисел

Бугарскиот европратеник Евгениj Кирилов утре во Европскиот парламент во Брисел организира конференција по повод 70 години од убиството на македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров. Со помош на групата на Социјалдемократската партија во ЕП, пратеникот Кирилов ја организира оваа конференција со наслов „Што ќе ни дадеш историја од твоите пожолтени страници“, при што ќе бидат читани поемите на Вапцаров кој е претставен како бугарски поет.

На конференција, како што јави МИА, е најавено учество и на друго европратеници и бугарски дипломати, историчари и поети, како и на Никола Вапцаров, внук на поетот, при што шпанскиот писател Мануел Муњоз Идалго ќе говори за посланијата на поетот.

Евгениј Кирилов е познат како бугарски политичар со изразени антимакедонски ставови, чија помошничка во Европарламентот беше и познатата македонска „Бугарка“ Спаска Митрова, која беше судена за граѓански спор со својот поранешен сопруг во Македонија. (МИА)

Статијата е прочитана 1931 пати.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C69FC9F9E...5C1E16DB31
Без Ботев няма България
15-11-2012, 06:02 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Днес независимиот македонски печат се е развихрил на тема България


БЛОKАДИ НА ПАТОТ KОН ЕУ

Бугарија разочарува


Бугарската веб-страница „ЕУ инсајд“ на почетокот на ноември објави статија под наслов „Македонија се соочува со цивилизациски избор“. Ако ги следите вестите во последно време, тогаш знаете за што се зборува во статијата. Приказната е, според авторот, за тоа како Македонија се однесува „лошо“ со Бугарија, и како Бугарија би имала целосно право да го блокира почетокот на преговорите за Македонија во ЕУ во декември. Во октомври, Европската комисија –четврти пат - препорача почеток на пристапните преговори со Македонија. Таа исто така соопшти дека преговорите ќе почнат, но дека т.н. спор за името може да биде решен паралелно со пристапните преговори, што значи дека Грција би морала да ~ овозможи на Македонија барем да ги почне преговорите без прво да се најде т.н. решение. Но сега уште една држава го крева гласот и тврди дека, исто како и Грција, и таа нема да дозволи Македонија ни да ги почне преговорите - Бугарија.

А што ~ е проблемот на Бугарија? Онаа општа препознатлива фраза „добрососедски односи.“ И на што поконкретно се жали Бугарија? Според веб-страницата „ЕУ инсајд“, „Бугарија со години се жали на националистичките политики на македонската влада, на националистичките и дури и навредливи публикации во македонските медиуми, и на ’кражба на историјата’.“ Жалењето на тоа што го пишуваат македонските медиуми тешко дека е основа да блокираш два милиона луѓе да ги почнат преговорите со ЕУ.

Продолжуваме. Kомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе, вршеше притисок врз Грција (сега и врз Бугарија) да не се противат на почетокот на преговорите, иако Бугарија продолжува да ги посочува своите проблеми пред него и пред Kомисијата. Дека комесарот Филе им обрати нула внимание на Бугарите во однос на тоа е само плус за него. Но Бугарија с` уште ја споменува можноста да ја блокира Македонија, а бугарскиот претседател Росен Плевенлиев отиде дотаму што изјави дека Македонија „не е подготвена“.

Од своја страна и во обид да му покаже на светот дека таа се обидува да ги реши овие „проблеми“, Бугарија предложи двете земји заеднички да прославуваат некои историски датуми, почнувајќи со Илинден. Но додека тие во Брисел можеби и не ја сфаќаат целосно важноста на Илинден за македонската нација, Бугарите многу добро ја сфаќаат и предлагаат заедничка прослава токму затоа што Македонија не ја прифаќа бугарската верзија на историјата во однос на тој настан. Бугарите едноставно користат стар трик - се преправаат дека нешто нудат, дека прават отстапки, иако се сосема свесни дека тоа што го нудат е, да го цитирам американскиот аналитичар Чарлс Kраутхамер, „покана за национално самоубиство“.

Рационално и природно, македонскиот претседател Иванов реагираше на оваа понуда со контрапонуда: двете држави заеднички да прославуваат некој помалку предизвикувачки празник, како денот кога Македонија беше призната од Бугарија, Денот на Европа итн. Природно, но ирационално, Бугарите беа „навредени“ и отрчаа да им се пожалат на Филе и на ЕУ дека тие понудиле маслиново гранче, но декаа лошите Македонци одговориле со уште повеќе омраза. Многу македонски лидери рекле – неодамна и во минатото - дека историјата треба да им биде оставена на историчарите и дека Европа треба да оди напред. Ова е правилниот став, но со чуден пресврт, токму Грција и Бугарија се тие што инсистираат дека историјата треба да биде дел од политичкиот процес на влегување на Македонија во ЕУ и во НАТО (што, да посочам, според мене веќе не е многу пожелно). Токму Грција и Бугарија се тие што постојано зборуваат за историјата, за македонското „немање историја“, за македонската „кражба на историјата“ и за нивното „величествено минато“. Грција и Бугарија се тие што постојано зборуваат за историјата.

Нашите бугарски пријатели имаат доволно сопствени проблеми, почнувајќи од нивната економија. Бугарија е далеку зад остатокот од ЕУ кога станува збор за платите и за работните места, и ЕУ со право ги посочува проблемите во бугарскиот судски систем. Неодамна, Европската комисија ја прекори Бугарија поради назначувањето нов член во Уставниот суд изјавувајќи:

„Kомисијата побара од компетентните бугарски институции, и особено од парламентот, да ја преземат одговорноста и да спроведат темелна истрага за наводите за коруптивна злоупотреба и конфликт на интереси. Денес Kомисијата забележува дека бугарскиот парламент не ги спровел проверките и покрај сигналите од Kомисијата во изминатите неколку дена.“

Kонечниот исход? Бугарија, исто како и Грција, мора прво да се погрижи за сопствените проблеми. Бугарија разочарува. Да, Бугарија беше првата држава што ја призна Македонија како Македонија, државата. Но Бугарија не треба да добие бонус-поени за тоа што направила нешто што и така требаше да го направи. Kога барате признание затоа што сте постапиле правилно, вашето барање навистина е празно. Но што е поважно, Бугарија с` уште не ги признава Македонците како нација, Македонската православна црква и македонскиот јазик. И с` додека Бугарија и самата не созрее, ќе продолжи да разочарува.



Џејсон МИКО

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2BC203A165...0269A82C25
Без Ботев няма България
15-11-2012, 06:11 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија договори 20% поевтин гас и потпиша за "Јужен тек"

Цената на природниот гас за Бугарија ќе се намали над 20% од 1-ви јануари 2013 година. Ова вчера го соопшти бугарскиот премиер Бојко Борисов, откако Бугарија и Русија го потпишаа новиот договор за испорака на природен гас помеѓу Булгаргазз и Газпромм. Договорот е склучен на десет години, а испораката на гас ќе се спроведуваат без посредници. По 6 години Бугарија ќе има право да ја намали договорената количина гас доколку е потребно, а како што појасни министерот за економија Делјан Добрев, тогаш ќе можат да договорат и нови цени за рускиот гас во Бугарија.
- Сите процедури и договорите за Јужен текк се потпишани. На 7-ми декември во Анапа свечено ќе почне изградбата на морската дел на гасоводот, а во 2015 година ќе пристигне гасот во Бугарија - истакна Алексеј Милер, извршен директор на руски Газпром".

Моќноста на гасоводот е 63 милијарди кубни метри гас, а неговата должина на бугарска територија е околу 540 километри со три компресори станици. Влезната точка е јужно од Варна.
- Откако ќе стигне рускиот гас во Бугарија повеќе нема да бидеме зависни од други земји - нагласи Добрев.

http://vecer.com.mk/?ItemID=ACDF062851CC...99E767DE88
Без Ботев няма България
16-11-2012, 06:11 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ГЕОПОЛИТИЧКИ ПРЕВИРАЊА ВО РЕГИОНОТ

Букурешки сенки на Балканот


Грција, Романија и Бугарија се заканија дека ќе настапат координирано против Македонија во ЕУ по отворените прашања. Србија и Грција бараат разврска со Македонија и со Kосово. Албанците од Албанија, Kосово и од Македонија велат ова е година во која ќе се затвори еднаш засекогаш т.н. албанско прашање. Босна и Херцеговина е игнорирана од сите, па и тука како да има премолчан непринципиелен сојуз. Битките се водат најчесто преку изјави на дипломати, кои личат како на Балканот да почнува студена, дипломатска и вербална војна во која се сите против секого.

Пријателство по непријателска линија

Се зборува за неколку причини за ваков уигран настап на балканските држави изминативе недели. Првата е патот кон ЕУ, втората е економската криза и во Европа и на Балканот, која ги вади на површина националните прашања, а третата е историскиот контекст на балканскиот регион, каде што постојано се случуваат превирања и се бараат прекројувања на границите.

Според Антонио Милошоски, поранешен шеф на дипломатијата, неколку прашања на Балканот навистина немаат разврска: босанскиот јазол, кој однатре е презаплеткан, па никој не се обидува да го размрси; спорот меѓу Србија и Kосово, кој де факто е територијален и политичко-идентитескиот спор што Грција ~ го наметнува на Македонија. Според него, сите три прашања можат да се надминат само преку јасни ЕУ-перспективи на државите на Блаканот.

- Мислам дека клучните прашања што треба да си ги постават Софија, Атина и Букурешт е дали гласот на Балканот во Унијата ќе биде посилен или послаб ако тие настапуваат уиграно против Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија, кои за некоја година ќе седнат на тие состаноци? Затоа сметам дека секоја нивна постапка треба да биде во насока на зголемување на капацитетите на Балканот во Унијата наместо да создаваат сојузи врз основа кој кому може да му помогне за да му се одмогне на трет - вели Милошоски.

Тој при тоа го посочува примерот на Шведска, Данска и на Финска, кои пред самото интегрирање на остатокот од балтичките држави на ваквите состаноци не кроеја планови како да ја спречат да влезе нереформираната Естонија, туку како да ~ помогнат тоа побрзо да се случи за да бидат посилна група во ЕУ.

Ревизија на договорот е мит

Стево Пендаровски, аналитичар и советник за надворешна политика и одбрана во опозицискиот СДСМ, во тековната ситуација на Балканот гледа тенденции на затворање на албанското прашање и на државите со аспирации да влезат во ЕУ-друштвото, кои се обидуваат да ги подобрат своите позиции во регионот.

- Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година преку однесувањето на Грција, која е членка на ЕУ и НАТО, кон Македонија јасно им покажа на другите членки дека дополнителното условување на држави-кандидатки може да ги зголеми нивните позиции во одредени меѓусебни нерешени проблеми. Тоа го прават сега и Бугарија и Романија - вели Пендаровски.

Во јавноста с` повеќе се отвора прашањето дали грчко-бугарско-романската вербална коалиција за македонското прашање во ЕУ или српско-грчкото доближување на ставовите за Kосово, па и за Македонија се резултат на фамозната 2013 година како важна за историскиот Букурешки договор со кој се дефинира Балканот меѓу двете светски војни. Цели форуми на интернет, но и научни дебати меѓу историчари се посветени на тоа дали има тајни анекси во Букурешкиот договор, дали е предвидено ревидирање на границите по 100 години од неговото донесување, дали големите сили со некои балкански држави повторно ќе н` прекројуваат ...

- Букурешкиот договор има повеќе митолошки карактер. Не постојат реални меѓународно-политички или правни можности за ревизија и не верувам дека некој игра на таа карта - вели Милошоски.

Слично размислува и Пендаровски.

- Историчарите јасно ќе ви посочат дека овој договор нема тајни анекси, кои би се отвориле во 2013 година и кои ќе значат прераспределба на некакви сили на Балканот - дециден е тој.

Сепак, Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции, анализира дека актуелните изјави и однесувања на политичари од регионот имаат историски предзнак.

- Тековните изјави стануваат поадреналински и позасилени во светлото на годишнините од некои историски моменти битни за секоја држава одделно. Пример, Србија слави 100 години од некои свои победи во Првата балканска војна, Грција - 100 години од освојувањето на Солун, Албанците - 1.000 години од државата итн. Но, освен помпезните говори во тоа не гледам ништо договорено или смислено - вели Боцевски.

Според него, вжештувањето на балканските дипломатски столчиња се должи и на кризата на самата Европска унија, но и на економската криза во неа и нејзините држави-членки од Балканот.

Kатерина Нешкова

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B7C676F188...AA32E46B6D
Без Ботев няма България
17-11-2012, 06:06 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Жељу, стариот пријател

Жељу Желев ги предупреди Бугарите дека е лоша позицијата да се спречува европскиот пат на Македонија

Во вистински миг се огласи стариот осведочен пријател на Македонија Жељу Желев. Подостарен, но лесно препознатлив, со свежа мисла, типичен демократ, се спротивстави на популистичките хорови во сопствената земја против евроинтеграциите на Македонија. Првиот демократски избран претседател на соседна Бугарија во интервју за бугарски медиум во една деликатна фаза на односите меѓу Македонија и Бугарија повторно ни даде силна поддршка пред одлуката на Брисел дали ќе одреди датум за почеток на преговорите со Македонија. Желев ги предупреди Бугарите дека е лоша позицијата да се спречува и условува европскиот пат на Македонија. Тоа не доликува на комшиски однос и добрососедство. Бугарска спрега со Грција за да се уценува Македонија да си го смени името би бил срамен чин што историјата ќе го осуди. Желев ги охрабри бугарските политичари да ја поддржат Македонија на нејзиниот пат за европеизација. Притоа тој им укажа сериозно и на македонските власти за опасноста од последиците кога политиката се меша во науката и кога се преправа историјата.

Со смирена, културна и пријателска интонација Желев ја потсети бугарската јавност на еден клучен момент од поблиската историја на Бугарија и на Македонија, кога грчкиот премиер Константин Мицотакис ги повика на состанок балканските политички лидери да договорат што да прават со Македонија. Желев оваа софра ја окарактеризира како империјалистичка каде што тие треба да одлучуваат за Македонија без Македонија. Бугарскиот претседател тогаш ја одби категорично таа средба како анахрона по што таа пропадана и не се одржа. Тие што го следат внимателно патот на осамостојувањето на Македонија добро го паметат тој гест на првиот бугарски претседател Желев.

Дисидентот бугарски уште пред да стане претседател ме освои и ме натера повеќе да му посветам внимание со еден негов несвојствен уличен настап кој чинам е мошне поучен за Балканите. На еден националистички протест на студенти во Софија кои ја носеле картата на голема Бугарија им пришол професорот Желев и ги прашал, а зошто само до Ниш, што не ја поместите границата и до Белград. Патриотите занемеле. Нема подобар начин да се покаже бессмислата на потрагата по пославна историја. Жељу Желев бугарски политичар, научник, демократ, припаѓа на првите големи државници на Источна Европа по ерата на комунизмот кои не само што ги навестија големите промени, туку активно тоа и го одработија.

Еве уште еден детал на кој сум сведок и кој е поврзан, индиректно, со Жељу Желев. Во декември 1991 година, четири месеци по прогласувањето на независноста на Република Македонија, добив интервју од премиерот на Република Турција Сулејман Демирел кој ми ја соопшти ексклузивната вест дека Турција прва ќе ја признае Република Македонија. Беше тоа голема и значајна вест која ја издиктирав веднаш од неговата резиденција и која е објавена во сите македонски медиуми. Десетина дена подоцна откако се вратив од Анкара го објавив интервјуто во „Нова Македонија“. Демирел тогаш рече нешто што ми остави силен впечаток, а тоа беше констатацијата дека Турција треба да биде прва во признавањето поради историскиот миг бидејќи ако биде десета или дваесетта тоа ништо посебно нема да и' значи на Македонија. Но се случи нешто што не' загрижи сите, помина Нова година, а се уште не стаса признанието. Се јавив во кабинетот на премиерот. Деновиве во Давос ќе се видам со Мицотакис. Сакам лично да го известам дека интересите на Турција налагаат да ја признаеме Македонија веднаш. Стрпете се малку, по таа средба ќе уследи и официјалната одлука, ми изјави Демирел. Така и бидна. Претседателот Жељу Желев, исто така, го фати историскиот миг дека во такви моменти е пресудно комшијата да биде прв. На 15 јануари 1992 година Бугарија прва ја призна Република Македонија. По средбата во Давос меѓу Демирел и Мицотакис Турција беше втората земја што на 6 февруари ја призна Македонија без никакви условувања. Подоцна разбрав дека и Желев бил во Давос и лобирал за Македонија кај Демирел. Иако тоа беше тропање на отворена врата бидејќи турската влада и Демирел само чекаа да се оствари средбата со Мицотакис и да се донесе одлуката, тоа не го намалува значењето на гестот на Жељу Желев. Неговата улога и лобирање пак во делот на признавањето на Македонија од Русија и од Америка, исто така, имаат значење до границата на добриот вкус. Повеќе од тоа ги надминува интересите на Русија и на Америка што е незамисливо.

Жељу Желев, првиот бугарски претседател, со своите потези и тогаш и сега покажува не само дека е вистински пријател на Македонија, туку дека како демократ и научник, државник, има голема историчност во себе да ги согледа долгорочно интересите и на Бугарија и на регионот.

Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот

http://utrinski.com.mk/?ItemID=CF0688FE0...C52214B30A
Без Ботев няма България
19-11-2012, 05:47 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

И Романија против членството на Македонија во ЕУ

Романија е новиот сојузник на Грција и Бугарија, кој ќе се спротивстави на влезот на Македонија во Европската унија. Бугарските медиуми известија дека министрите за надворешни работи на земјите кои ја формираат оваа нова тројка" пред неколку дена се состанале во Софија за да подготват заедничка стратегија, да ги испеглаат разликите и да ги усогласат позициите во однос на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија. Кури де Балкан" известува дека и покрај позитивниот извештај на Европската комисија за Македонија, на земјата можеби ќе треба да почека за започнувањето на преговорите за пристапување кон Европската унија.

- Грција, која традиционално ја блокира Македонија, може и да е во незавидна позиција поради кризата, но заедно со Бугарија и Романија Атина формира тројкаа, која може да го забави европските амбиции на Македонија. 20 години несогласувања за името со Грција, долгогодишни спорови со Бугарија за историското минато и ништо конкретно со Романија - така накратко може да се опишат односите на Македонија со трите соседни земји, пишува весникот.

Познатиот грчки став во последно време се повеќе го промовира и нашиот источен сосед. Со бугарскиот официјален став дека Македонија не е подготвена за почеток на преговорите", беше запознаен и европскиот комесар за проширување Штефан Филе при неговата посета на Софија на почетокот на месецов. Нејасни се причините за ваквата позиција на Букурешт, којшто секогаш бил поддржувач на македонските евроинтеграции.

http://vecer.com.mk/?ItemID=D6E5B1F04B6F...763B9F4E58
Без Ботев няма България
19-11-2012, 05:51 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Желев ја критикува тројната средба за Македонија

Бугарија би требало што поскоро да настојува ЕУ да го смени начинот на донесување решенија за такви интимни прашања за секој народ, како името на неговата сопствена држава, изјави во интервју за „Бгнес“ првиот демократски избран претседател на Бугарија д-р Жељу Желев, по повод средбата на министерите за надворешни работи на Бугарија, Грција и Романија на 12 ноември, кога се разгледуваа условите што треба да ги исполни Република Македонија за членство во Унијата.

Ниеден друг народ нема да се согласи да му наложат поинакво име, затоа што не се согласува со името на неговата држава, име кое постои и постоело и порано, дополни д-р Желев во однос на условите поставени од Грција кон бугарскиот западен сосед. Во принцип, тој дефинитивно не одобрува средби од ваков тип, на кои се коментира држава чии претставници отсуствуваат. И се врати назад во времето пред 20 години кога Бугарија прва ја призна независноста на РМ.

- Таква средба при распаѓањето на Југославија се обидоа да направат Грците во името на Kонстантинос Мицотакис. Тој беше иницијаторот да се свика средба на раководствата на државите-соседи на Македонија, средба на која требаше да се реши што ќе се прави со Македонија, без притоа да биде покането македонското раководство. Се сеќавам дека тогаш веднаш кажав дека ние нема да учествуваме на таква средба. Тоа личи на империјализам - како така соседите ќе седнат да ја решаваат твојата иднината кога ти не си присутен. Ние ја бојкотиравме таа конференција и со тоа таа беше неуспешна. Сметам дека постапивме правилно - решително тврди и денес д-р Желев.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=7C1D741B34...7EB2449D3E
Без Ботев няма България
19-11-2012, 05:53 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ЗАГЛАВИ ИСПОРАЧУВАЊЕТО НА СОПСТВЕНИKОТ НА „ЏУМАЈЛИЈА“

Kонтроверзниот бизнисмен Даневски се удоми во Бугарија


Зоран Даневски живее и работи во градот Гоце Делчев, каде што има и свој приватен бизнис, а во Свети Николе коментираат дека има и бугарско државјанство

Kонтроверзниот бизнисмен Зоран Даневски се удоми во Бугарија, каде што има свој приватен бизнис. Наместо да биде во притвор и да чека испорака во Македонија, каде што се бара за милионска проневера, тој е с` подалеку од екстрадиција во земјава. Тој сега живее и работи во малиот град Гоце Делчев, каде што отворил свој бизнис.

Во Свети Николе се зборува дека Даневски веќе обезбедил и бугарско државјанство, што ако е точно, ќе значи дополнително одолжување на постапката, ако не и целосно стопирање.

Даневски е осомничен дека како доминантен сопственик и директор на агрокомбинатот „Џумајлија“ од Лозово бил главниот актер во злоупотреба со исчезнатото жито од државните резерви во вредност од 1,4 милион евра. Житото било на Агенцијата за стоковни резерви, а било складирано во магацините на „Џумајлија“. Во ноември лани Даневски избега во Бугарија, а по него беше распишана меѓународна потерница.

Даневски, по тримесечно бегство, кон крајот на февруари годинава беше фатен од бугарската полиција кај Банско. Тој бил осомничен за поседување фалсификувани лични документи. Поради тоа, во Бугарија бил осуден на условна казна затвор од 15 месеци. Тоа време наводно треба да го помине во Бугарија. Во меѓувреме нашето Министерство за правда иницира постапка за негова екстрадиција во земјава.

- Основниот суд во Свети Николе на 2 март ги испрати потребните документи за екстрадиција до Министерството за правда. Истрагата за случајот „Џумајлија“ е завршена. Поднесено е и обвинение до светиниколскиот суд, па очекуваме Даневски да биде екстрадиран во Македонија - велат од Основното јавно обвинителство од Свети Николе.

Во меѓувреме, агрокомбинатот „Џумајлија“, кој го остави во големи долгови отиде во стечај.

Во септември годинава кривична на Даневски му поднесе и Управата за финансиска полиција. Тој со оваа пријава се товари за злоупотреба на овластување и перење пари. Оваа кривична го товари за злоупотреба на 86 милиони денари.

Според финансиската полиција, тој во 2011 со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе, злоупотребувајќи го овластувањето во стопанството илегално извршил отуѓување на 4.451 тон меркантилна пченица и 998 тони јачмен во сопственост на Агенцијата за стоковни резерви.

Со намера да го покрие потеклото на парите, дел инвестирал во купување недвижен имот во Бугарија, а преостанатиот дел повеќепати со изготвување цесии им го префрлил на правни субјекти што се негова сопственост. (Љ.Ш.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E87AA5062F...2A09931DE1
Без Ботев няма България
20-11-2012, 04:36 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

МВР уапси проститутки од Бугарија, а најде и дрога

Во добро организирана акција, охридската полиција откри организирана група која подведувала девојки во проституција, а кај дел од членовите на група е најдена и дрога.
Според МВР, кога полицајците влегле во станот каде биле девојките, се откриени и нивни клиенти од струшкото село Велешта. Во машината за перење во тоалетот, полицајците откриле три паковки со марихуана.
Истражителите откриле и поголема количина на пари, мобилни телефони и други предмети кои се одземени и предадени на вештачење во министерството за внатрешни работи во Скопје. Сопственикот на станот, охриѓанецот Н.П. е приведен, а со него и девојките кои ги чувал во станот.

http://www.plusinfo.mk/vest/67196/MVR-ua...de-i-droga
Без Ботев няма България
20-11-2012, 05:37 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарските навивачи го „украдоа“ црешовото топче! (ФОТО)

топче! (ФОТО)

Бугарскиот гигант Левски викендов гостуваше во Разград кај актуелниот шампион Лудогорец во дербито на бугарското првенство, а таму левскарите ги дочека фан-клуб од тој дел на источна Бугарија со црешово топче. Топчето требало да пука за победа на Левски, но бугарскиот гигант загуби на дербито со 1-2.

Приврзаниците на „сините“ од Разград го дочекаа својот миленик со симболот на македонската револуционерна борба, што и не е неочекувано од бугарска страна, со оглед дека Бугарија не го признава македонскиот јазик и постоењето на македонска нација, а повеќето револуционери од пред и по Илинденското востание ги смета за Бугари.

Црешовото топче е легендарен симбол на македонскиот отпор и решителноста на слабо вооружените востаници во Илинденското востание да се спротивстават на далеку помоќниот непријател заради слобода на Македонија.

http://www.mkd.mk/76521/sport/bugarskite...oto-topce/

Тия неможе да са толкова прости
Без Ботев няма България
20-11-2012, 05:41 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Първа страница водеща новина


Со спуштени панталони чекале на ред за секс

Бизнисот му цветал се до завчера кога на врата се појавиле полициските инспектори и фатиле еден клиент со спуштени панталони додека други двајца чекале на ред, а во машината за перење покрај нечистата облека откриле и три килограми марихуана. Додека полицајците го претресувале станот, на врата се појавиле неколку клиенти кои однапред си резервирале термин кај девојките


Охриѓанец си го потсуредил станот во кој донел две бугарски државјанки како анимир-дами, а за оние што биле и по дрогата набавил и неколку килограми марихуана за да им излезе во пресрет. Бизнисот му цветал се до завчера кога на врата се појавиле полициските инспектори и фатиле еден клиент со спуштени панталони додека други двајца чекале на ред, а во машината за перење покрај нечистата облека откриле и три килограми марихуана.

Сопственикот на станот Наум П. (48) познат низ градот како Поцко, кој се наоѓа на улицата "Ариф Мустафа" во населбата Воска, бил приведен заедно со двете бугарски државјанки Д.Д.Ј. (22) од Ботевград и А.А. (23) од Сливен како и клиентите Г.Р. (23) и К.Ж. (20) од Велешта и Б.М. (37) од Македонска Каменица.

Според соседите, во станот веќе неколку месеци било прилично фреквентно и често во зградата влегувале и излегувале лица коишто тие не ги познавале. Бучава и галама многу немало, па затоа и не сакале да ги пријават во полиција, бидејќи како што тврдат си ја гледале работата.
- Нон-стоп идеа и доаѓаа луѓе. Знаевме дека нешто се прави таму ама пак никој од нас немаше проблеми, па поради тоа не го пријавиме. Претпоставуваме дека внатре има девојки и сега тоа ни го потврдија и од полицијата, велат соседите за Вечер.

Од МВР пак информираат дека мозокот на целата операција бил охриѓанецот кој ги донел бугарските државјанки, а потоа и почнал да им бара клиенти. Засега колку наплаќал за сексуалните односи и колку земал за себе нема информации.

Оттаму потврдуваат дека едната девојка била затекната со дваесетгодишното момче во моментот кога му давала сексуални услуги, додека останатите биле во други соби во станот. Полицајците ја затвориле влезната врата, почнале со претресот и не им требало многу за да ги најдат трите килограми марихуана меѓу валканите алишта во машината за перење.

Додека траел полицискиот увид на вратата се појавиле неколку момчиња на возраст меѓу 19 и 20 години кои однапред си го резервирале терминот за да се забавуваат со девојките од Бугарија. Тие биле мошне непријатно изненадени кога вратата им ја отворил полицаец со легитимација во рацете и ги внел кај останатите.

Од МВР информираат дека против приведените се уште не се поднесени кривични пријави и работат на утврдување на деталите. Оттаму додаваат дека организаторот и претходно бил пријавуван за кражби и за трговија со дрога.

Според нашите извори, сопственикот на станот низ Охрид важи првенствено како дилер на дрога, а занаетот со проституцијата го научил токму од неговата сопруга која во моментот издржува затворска казна во Идризово за посредување.

(О.С.- О.Ч.)

http://vecer.com.mk/?ItemID=3F033BC05C6F...D1FE8F3540
Без Ботев няма България
21-11-2012, 06:18 AM
Reply
тракиецъ Offline
Member
***

Posts: 103
Joined: May 2012
Reputation: 12

Когато ми е тъжно идвам при Топорчо да се разтуша!
Тия с топчето......PosPosPosPosPos
21-11-2012, 10:23 AM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

(20-11-2012, 05:41 PM)Топорчо Wrote: Бугарските навивачи го „украдоа“ црешовото топче! (ФОТО)

топче! (ФОТО)

Бугарскиот гигант Левски викендов гостуваше во Разград кај актуелниот шампион Лудогорец во дербито на бугарското првенство, а таму левскарите ги дочека фан-клуб од тој дел на источна Бугарија со црешово топче. Топчето требало да пука за победа на Левски, но бугарскиот гигант загуби на дербито со 1-2.

Приврзаниците на „сините“ од Разград го дочекаа својот миленик со симболот на македонската револуционерна борба, што и не е неочекувано од бугарска страна, со оглед дека Бугарија не го признава македонскиот јазик и постоењето на македонска нација, а повеќето револуционери од пред и по Илинденското востание ги смета за Бугари.

Црешовото топче е легендарен симбол на македонскиот отпор и решителноста на слабо вооружените востаници во Илинденското востание да се спротивстават на далеку помоќниот непријател заради слобода на Македонија.

http://www.mkd.mk/76521/sport/bugarskite...oto-topce/

Тия неможе да са толкова прости

ТОПЧЕТО ПУКНА-
ЕВРОПА СТРЕСНА

Какво е ново,
ново станало,
ново станало
в каменна Клисура?

Пустите клисурци
станали московци,
а панагюрци –
донски казаци!

Войвода им беше
Георги Бенковски,
развява байрак
Райна девойка.

Топове им бяха
черешово дърво,
гюллета им бяха
кантар топузи.

Топчето пукна,
Европа стресна,
Русия скокна
Клисура да брани.

ТОПЧИЊАТА ПУКНАА -
ЕВРОПА СЕ ВЧУДОВИДЕ

Што е ново,
ново станало,
ново станало
во камена Клисура?

Пусти клисурци
станале московци,
а панагюрци -
Донски казаци!

Војвода им беше
Георги Бенковски,
вее бајрак
Рајна девојка.

Топови им беа
црешово дрво,
гјулета им беа
кантар топузи.

Топчињата пукнаа,
Европа се вчудовиде,
Русија скока
Клисура да брани.





Едно напомняне за текста /П.Р.Славейков/ на песента плюс произволен – google превод, с по-патетично от оригинала заглавие...
Как ли е по-правилно – црешово дрво или цреша дрво...?
Като че ли само за черешовото топче не бяхме се сетили; какво ли пък може да е мястото му в македоно-българските отношения...?

21-11-2012, 11:39 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Груевски бара поддршка од Атина и Софија

Премиерот ги повика Грција и Бугарија да ја поддржат Македонија на декемврискиот самит на ЕУ, на кој ќе се решава дали да ни се даде датум за преговори со Унијата

Очекувам Грција како најстара земја-членка во Европската унија од нашиот регион и деклариран пријател на политиката на проширување да го поддржи донесувањето на одлуката за почеток на пристапните преговори со Македонија овој декември и со тоа да го даде клучниот и одлучувачки политички придонес за ревитализација на европската интеграција на целиот Балкан. Македонските граѓани истото го очекуваат и од Бугарија, истакна премиерот Никола Груевски во обраќањето на Регионалната конференција „Одржливост на реформите-кон целите на ЕУ 2020“, што се одржува денеска во Скопје.

Нашата желба, додаде Груевски, е патот до членството во Европската унија да го изодиме заедно со Грција. Инициравме, како што посочи, со многу волја мноштво конкретни активности за продолжување на билатералната соработка и заемната доверба.

- Никој повеќе од Македонија не сака да се отстрани последната пречка што стои на патот кон реализација на нашите европски и евроатлантски цели. Како многупати досега би сакал јасно да потврдам дека сакаме интензивирање на разговорите со Грција под покровителство на Обединетите нации, час поскоро да дојдеме до решение согласно демократските принципи и меѓународното право во рамката поставена со Резолуцијата на ОН, Времената спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата, рече премиерот Груевски.

Според него, историјата покажала оти блокадите и отсуството на компромисен пристап никогаш немаат доведено до решение за одредените билатерални прашања. Европските и евроатлантските интеграции, како што истакна, го прават тоа.

- Контекстот на пристапни приговори го олеснува решавањето на билатералните прашања. Наше убедување е дека проширувањето е постапен процес кој се заснова на цврста и одржлива имплементација на реформите и сметаме дека треба и да остане. Проширувањето треба да го рефлектира кредибилитетот на Унијата која почива врз споделени вредности кои сите подеднакво треба да ги почитуваме, истакна македонскиот премиер.

Говорејќи во контекст на регионалната соработка, Груевски потенцира дека Македонија ќе ја продолжи политиката на добри односи со сите соседи. Во таа насока тој ја спомена и соработката со Бугарија која, како што рече, е од посебна важност за Република Македонија.

- Но, притоа треба историјата да ја оставиме на историчарите. Декларацијата од 1999 година останува добра рамка за понатамошно развивање на меѓусебните односи. Имаме воспоставено богата правна рамка на билатерални договори која треба да служи за унапредување на односите и интензивирање на соработката на конкретни проекти од практичен интерес за граѓаните. Граѓанското општество и медиумите од двете земји треба да одиграат важна улога во промоцијата на меѓусебното разбирање и почитување, истакна премиерот Груевски.

Конференцијата „Одржливост на реформите-кон целите на ЕУ 2020“ е во организација на Секретаријатот за европски прашања, а на неа покрај премиерот Груевски, воведни обраќања имаа и вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи, заменик-министерот за надворешни работи Зоран Петров и генералниот директор на Директоратот за проширување на Европската унија Стефано Санино.

Статијата е прочитана 971 пати.

Испрати коментар

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...814325AAA5

Опитва се да бъде мазно диктаторчено с познати празни приказки ама късно е либе за китка
Без Ботев няма България
22-11-2012, 06:07 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Хуйо , опа груйо е дал явно заповед за омекване на тона . До декември дали ще устискат србежите от сител и вечер

Регионална конференција во Бугарија: Стоп на сместувањето на децата до 3 години во институции

“Стоп на сместувањето на децата до три години во институции: поддршка на семејствата во одгледувањето на мали деца” е регионалната министерска конференција во Република Бугарија каде министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски е во дводневна посета на земјата.

Имено, децата на возраст под три години, кои се напуштени од своите родители и сместени во установа се меѓу најранливите категории на деца во општеството. Современите истражувања покажуваат дека периодот 0-3 години, е првата развојна фаза во животот на детето и дека институционализацијата на децата во овој период претставува сериозен проблем кој предизвикува штетни ефекти врз здравјето и понатамошниот развој на детето.

- Од тие причини како и во другите земји од регионот, така и во Република Македонија се преземаат низа мерки и активности со цел да се спречи напуштањето на новороденчињата од страна на родителите, како и да се обезбеди подобра заштита на новороденчињата лишени од родителска грижа. Во текот на изминатите две децении направивме значаен напредок во обезбедувањето на повисок степен на реализација на правото на секое дете да расте во семејство. Од 2000 година, бележиме значителен пад на бројот на деца од 0 до 18 години во институционалната грижа, и тоа од 965 во 2000 година до 642 во 2010 година, потенцираше во своето обраќање министерот Спиро Ристовски.

Воедно, тој се осврна на спроведувањето на процесот на деинституционализација, со кој се предвидува развој и јакнење на мрежата на згрижувачки семејства со посебен акцент на развој на згрижувачки семeјства обучени за грижа на деца од 0-3 години. Во Република Македонија во последните години значително е зголемен бројот на згрижувачки семејства, односно од 111 згрижувачки семејства во 2008 година денес имаме 155 згрижувачки семејства, во кои се сметени 220 деца.

- Особено сум задоволен што нашата посветеност на реформите во процесот на посвојување придонесе кон намалување на времето што децата го поминуваат во државна грижа, за повеќе од половина, рече Ристовски.

Домаќин на дводневната конференција е Владата на Република Бугарија, под покровителство на претседателот, Росен Плевлениев во соработка со УНИЦЕФ. На конференцијата, покрај министерот Ристовски учествува и претставникот на УНИЦЕФ во Македонија, Шелдон Јет, како и претставници на повеќе од 20 земји од Европската унија.

Целта на конференцијата е размена на искуства и практики преку кои што владите ќе можат да креираат и имплементираат политики што ќе даваат силна поддршка на семејството. Државите можат заеднички да делуваат на превенција од сместување на деца во институции.

Во рамките на дводневната посета на Бугарија, министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски во текот на вчерашниот ден оствари средба со неговиот бугарски колега, Тотју Младенов. На истата се разговараше за поквалитетна соработка помеѓу двете држави во областа на трудовите прашања, мобилност на работници, имплементацијата на Договорот за социјално осигурување, како и за потпишување на дополнителни билатерни договори за соработка. Исто така, двајцата министри разговараа и за иницирање на регионална соработка во областа на трудовото законодавство и инспекциските надзори.

http://www.sitel.com.mk/regionalna-konfe...institucii
Без Ботев няма България
22-11-2012, 06:09 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Македонското знаме ќе се вее највисоко на Балканот

Јарбол висок колку зграда од 20 ката наскоро ќе никне на граничниот премин Деве Баир, а на него гордо ќе се вее македонското знаме.

Новиот јарбол на Деве Баир, на кој ќе се вее македонското знаме ќе биде највисок на Балканот.

60-метарската челична конструкција ќе се монтира на мала височинка, па ако Бугарите сакаат нивното знаме да се вее од повисоко, ќе мора да стават јарбол од 75 метри пишува денешен Вест.

Новиот јарбол е донација од фирма која ги има конструирано сите јарболи низ државата и работи на повеќе од проектите од „Скопје 2014“. Владата на 60 метарскиот држач на знамето нема потрошено ништо, велат извори од Владата за Вест.

Бидејќи станува збор за висока и тешка челична конструкција која ќе мора да се постави на цврста основа, од фирмата која го подарува јарболот изјавиле дека стравуваат како тој ќе остане исправен.

На граничниот премин Деве Баир, каде се води битка за висината на јарболите сега стојат два јарбола. Македонскиот со висина од 30 метри и бугарскиот кој е неодамна поставен, а е висок 45 метри.

http://www.sitel.com.mk/makedonskoto-zna...a-balkanot
Без Ботев няма България
22-11-2012, 06:18 PM
Reply