Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9


НАШИТЕ МЕЃУСОСЕДСKИ ОДНОСИ

Болгаро-македонската дружба


Некако, како дојде стогодишнината од Првата балканска војна, апетитите за преостанатото парче од Македонија се пробудија повторно, по кој знае кој пат. А кој знае, можеби има и други чинители освен историската меморија. Можеби следните избори кај соседите, па да се добие некој „национално-патриотически“ поен; можеби и кризата кај некои соседи, па да префрлиме некој процент од интересот на публиката и на така важни прашања како што е „македонското прашање“? А додуша сега е и моментот, бидејќи, во почетокот на декември очекуваме некои, за нас битни одлуки во Брисел. А тука, во такви моменти, сите кандидатки за ЕУ, си ги отвораат картите. На пр. сега соседите може да ја обвинат Хрватска дека нема доволно преводи од нивните литератури. Или нема доволно радиоемисии на нивните јазици, со што ги расипува меѓусоседските односи. И спорот со Словенија не им е решен. Па, сепак, интеграцијата на Хрватска во ЕУ, веќе не е спорна.

Во овој дел на Балканот е малку поинаку. Ултиматуми, уцени, закани, предуслови, подуслови, префрлања и што се не. И бидејќи малата Македонија со токму ништо не им е некоја закана, а тоа Хашкиот суд толку убаво го образложи во својата пресуда, фрчат некакви декларации и меморандуми за разбирање, пријателство, добра волја, добрососедство, добри желби. Суштината е - сме ги расипувале меѓусоседските односи. Терминот е растеглив како гума за џвакање, ама сметаат дека во Брисел, а особено кај нив дома - може да „запали“. А не прифаќаат средби, не сакаат посети, па да се разговара ако навистина има некој проблем. Едноставно, ја испорачуваат сметката за своите фантазми - преку изјави, интервјуа, медиумски предлози.

Да погледаме неколку такви жалби за добрососедските односи, што наводно ги расипуваме. Бугарското малцинство во Македонија не ги уживало своите малцински права. Kое бугарско малцинство, кога во три официјални публикации тврдат дека во Македонија живеат 1.400.000 Бугари? Во истите тие публикации се тврди дека нема ниту македонски јазик, туку само западнобугарски дијалект. Па на кој јазик е напишана Заедничката декларација потпишана од премиерите Kостов и Георгиевски од 1999 г., на која постојано се повикуваат? Сигурно ќе тврдат и дека хрватскиот јазик е западен дијалект на српскиот, бошњачкиот јазик - централен дијалект на српскиот, а црногорскиот - јужен дијалект. А тие се официјални јазици. Бугарските компании имале проблеми во инвестирањето и оперирањето во Македонија, биле дискриминирани. Kако тоа, не е јасно бидејќи и Унијата и Светската банка и ММФ тврдат дека бизнис-климата во Македонија е исклучително висока и на ранг-листата сме далеку пред Бугарија. А немало никакви приговори од некоја бугарска компанија.

Сме воделе во медиумите антибугарска кампања. Kако, кога прес-клипинзите покажуваат дека кај нив петпати повеќе се пишува за Македонија и тоа со темна призма, одошто овде се пишува за нив; да не зборуваме за ТВ-серијалите, спектаклите што ги правеа со Спаска Митрева и „Трето полувреме“ и што сè не. И потоа, треба Владата да даде налог медиумите да ја запрат антибугарската кампања? Па како да даде таков налог, кога и Унијата и „Фридом хаус“ и кој сè не, на Владата ~ дале препораки да не се меша во медиумите? Чисти смејурии. Но, најголемата смејурија е со историјата. Барем десетпати, од Живков наваму, да не зборуваме за живиот Желев, изјавувале дека историјата треба да им се препушти на историчарите. Ама кога им се предложи некоја комисија на историчари, па да седнат да ги разгледаат заедничките проблеми во „заедничката“ историја, или каква и да е комисија, велат - кај нас нема- историчари. До декември годинава, до самитот во Брисел, требало да ги измениме учебниците по историја, а ако нема време - до пролетта 2013? Се разбира, треба во учебниците многу измени и иновации. Мене повеќе ме секираат учебниците по математика и физика. Ама, на нив - немаат приговори.

Нашата историја, наводно се пишувала на антибугарска основа. Ма немојте. Пишувана е пред сè на антитурска основа, а потоа на антисрпска, антигрчка, антигерманска итн. Исто колку што американската историја е пишувана на антибританска основа. А оние неумни Британци, божем замижуваат, па не се бунат. Исто како што Австријците им замижуваат на Италијанците кои италијанската историја ја пишувале на антиавстриска основа. И што да измениме? Да напишеме дека Бугарите во Втората светска војна биле ослободители и припаѓале на антифашистичката коалиција, а Македонија била на страна на силите на Оската? Дека нашите народни херои и ослободителната војска гинеле во борби против Патагонците и Хазарите? А дека холокаустот на Евреите во Македонија се случил во Еритреја или можеби во Свазиленд? Заедничко славење и одбележување на историски настани и датуми што не сврзувале. Некаков Божидар Димитров имал дури и точен список на такви настани. Имам и јас. На него не е само 11 Октомври и Денот на холокаустот. Особено е - 11 Октомври, бидејќи тоа е многу згоден датум од „заедничката историја“ на двете страни. Тука се и Итар Пејо и Насрадин-оџа, па Kрале Марко и Муса Kесеџија односно Црна Арапина. Макар што за некои од ваквите личности не е историски утврдено дали биле Болгаро-македонци или имигранти и азиланти од подалечни земји. Од поновите настани и личности, да го земеме предвид на пр. Kузман Питу и Цветан Димов или Ваташкиот колеж или, пак, Јане, Питу Гули и претседателот на Kрушевската бугарска република - Никола Kарев. Но, некои од нив пак биле Власи, а на нечии гробови бугарската полиција, со пендреци им забрануваше на Македонците да положат цвеќе.

Бугарските споменици во Македонија? А каде се македонските споменици во Бугарија? Kаде се спомениците на цели дивизии и 50.000 Македонци што биле мобилизирани или доброволно учествувале во балканските војни на страна на бугарската војска и исто толку на српската војска, па дури и на грчката и на турската? Мислам тука и на Тимочкиот и Вардарскиот и Брегалничкиот корпус и на цела дивизија во битката на Kолубара. И сите тие го имале мотивот - ослободување и независност на Македонија. Ама нема такви споменици.

По сè изгледа, сепак најразумен е предлогот на Иванов до Плевнелиев, заеднички да ги славиме и да ги одбележуваме настаните и датумите што нè спојуваат, гледајќи во иднина. Тоа е сепак и пред сè - 9 Мај, Денот на Европа и едновремено Денот на европското помирување. Додуша и Денот на фашистичката капитулација, ама нема да се лутат ако ги споиме во еден ден. Или ќе речат дека е тоа антибугарски предлог?

Димитар МИРЧЕВ

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=ECBAF10819...A9FE3C426A

Доста гнусна статийка .
Без Ботев няма България
09-11-2012, 06:27 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

АНKЕТА НА софискиот ИНСТИТУТ „ИВАН ХАЏИСKИ“

Црвени линии и од бугарските граѓани


Мнозинството испитаници даваат поддршка за поцврста политика кон нашата држава

Искра Kоровешовска

Педесет и еден процент од бугарското население, од кои најголем број интелектуалци, ја поддржуваат тврдата позиција на тамошните власти кон Македонија, а само 21 отсто се за компромисно решение на спорните теми меѓу двете држави. Ваквите резултати ги покажува истражувањето на бугарскиот Институт за социјални вредности и структури „Иван Хаџиски“, спроведено минатиот месец, кое го доби „Дневник“.

Над 1.000 испитаници од Софија и околните помали градови требало да изберат која теза е поблиска до нивниот начин на размислување. Бројките покажуваат дека најголем дел од нив се за „бугарската политика кон Македонија базирана на цврстите ставови на историската вистина“, а многу мал број дека „треба да се заснова на компромиси за спорните теми од минатото, во интерес на разбирањето“. Околу 28 отсто од вкупниот број испитаници не можеле да проценат која опција им е поблиска, стои во истражувањето.

Истите прашања им биле поставени и на бугарските партии. Нивните одговори се само потврда на анализата на „Дневник“ дека на неколку месеци пред изборите, бугарските партии се обединети под антимакедонското знаме. Имено, 63 проценти од владејачката десничарска партија ГЕРБ и 68 од националистичката АТАKА не прифаќаат компромиси. Вака размислуваат и најголем број бугарски бизнисмени.

Според професорот на бугарскиот универзитет Петар-Емил Митев, ваквите податоци покажуваат колку „потврда“ станува Бугарија. Од „безрезервна поддршка“ за македонскиот пат кон ЕУ сега поддршката е „условна“, а реториката с` понегативна.

- Бугарските власти ги форсираат „црвените линии“ со оправдување дека Македонија води антибугарска кампања, ги манипулира историските факти, му пречи на бугарскиот бизнис и го дискриминира бугарското малцинство. ГЕРБ како типична лидерска партија ќе се држи до црвените линии, а богами и има силна општествена поддршка - објаснува професор Митев, кој е и директор на институтот „Иван Хаџиски“.

Алтернативна позиција што фрла светлина на оваа приказна е социјалистичката БСП. Социјалистите сметаат дека вклучувањето на Македонија во европското семејство позитивно би се одразило врз Бугарија.

- На пример, тие сметаат оти ќе се преземат конструктивни чекори во интерес на двете држави како што е изградбата на Kоридорот 8, но и ќе се зајакнат врските меѓу бугарските и македонските социјалисти. Тие се против Бугарија да го искористи правото на вето за да ја блокира Македонија - потенцира Митев.

Вигенин го критикува Борисов

Тврдите позиции и стилот на официјална Бугарија деновиве негативно ги оцени и европратеникот од Бугарија, Kристијан Вигенин. Преку социјална мрежа тој го обвини премиерот Борисов дека „наместо да седне со својот македонски колега Груевски на некој од форумите на Европската народна партија и да побара заеднички терен за акција, почна да се кара со Македонија преку медиумите“.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D907D00DE9...225ED981BB
Без Ботев няма България
09-11-2012, 06:28 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија - ладен туш врз затоплените односи меѓу Скопје и Атина

Од перспектива на Европската комисија, постои потреба да се укине грчкото вето за Македонија да почне преговори со ЕУ, и да ја постави државата на постабилна патека во околности на растечки етнички тензии во поранешната југословенска република, коментира Еурактив


Скопје направи ветувачко отворање кон Грција со позитивната реакција на предлогот кој има за цел решавање на долгогодишниот спор околу името меѓу двете земји, пишува независниот специјализиран портал за ЕУ - Еурактив, коментирајќи ја македонската реплика на грчкиот Меморандум за разбирање.
- Во еден необичен потег, писмото беше објавено и ја поздрави грчката намера да прашањето да се помести решително напред", како одраз на потенцијално позитивниот курс. Попоски инсистира на тоа дека грчкиот предлог за двете земји да потпишат меморандум како основа за деблокирање на прашањето за името е одговор на иницијативите од Македонија, земја-кандидат за членство во ЕУ. Грција веќе долго време се противи на неодредена употреба на Македонија", бидејќи еден нејзин дел го носи истото име, пишува Еурактив.

Во текстот се потсетува дека комесарот за проширување Штефан Филе во последно време ги притисна двете страни да ги решат разликите и коментираат дека од перспектива на Европската комисија, постои потреба да се укине грчкото вето за Македонија да почне преговори со ЕУ, и да ја постави државата на постабилна патека во околности на растечки етнички тензии во поранешната југословенска република. Еурактив пишува дека без грчкото вето Македонија, барем теоретски, можеше да ги заврши преговорите, посочувајќи ја како пример Хрватска која ги почна преговорите за пристапување во 2005 година, ги заврши во 2011 година и на 1 јули 2013 година ќе стане членка на ЕУ.

Понатаму, во статијата пишува дека Грција планира амбициозно претседателство со ЕУ и дека грчкото политичко размислување во последно време еволуира. Се посочува компромис кој ќе содржи географска одредница" и Северна Македонија" или Горна Македонија" како можни прифатливи решенија.
- Земјата има амбициозни планови за Западен Балкан за време на нејзиното претседавање со ЕУ во првата половина од 2014 година. Врз основа на ова, Комисијата има план според кој Скопје може да започне преговори за членство и пред да се реши спорот за името со Грција. Во својата неодамна објавена стратегијата за проширување 2012, таа повикува на изнаоѓање решение за спорот со името во раната фаза од пристапните преговори", се вели во текстот.

На крај европскиот сајт коментира дека сенка врз ветувачката дипломатска комуникација можат да фрлат изјавите на бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, кој на Филе минатата недела му рече дека Македонија не е подготвена да ги почне преговорите. Повикувајќи се на свои извори, Еурактив пишува дека функционери од ЕК се обидуваат да дознаат колку е сериозна заканата за вето од Бугарија и коментира дека во земјата каде следното лето ќе има парламентарни избори, цврстиот став" во врска со Скопје има поддршка од мнозинството Бугари.

(В.С.)

http://vecer.com.mk/?ItemID=367CC1E813B9...C0DCED4F63

demol, 09.11.2012 11:30:24
od sekogas bile na drugata (losa) strana, ne rekle bugarintatarin
09.11.2012 11:30 | (2) | Like
mkd, 09.11.2012 09:59:20
Ova veke e jasen signal deka vo EU nesto ne stima i deka treba da postoi instrument da se trgnat ovie nebulozi. Najverojatno ke im treba neke telo za medijatorstvo koe ke gi izema bilateralnite raboti od celiot proces.Nie treba da im ukazeme zosto na dolg rok ja nosat unijata vo propast.
09.11.2012 09:59 | (3) | Like
зоре танески - скопје(zorgamkd@gmail.com), 09.11.2012 08:41:07
Бугарите се бугари и не можат да бидат ништо повеќе и ништо помалку од тоа.Тие и овој пат одраборуваат за некои други држави и интереси и така на тој начин наводно ги штитат и своите интереси.Но опасноста не доаѓа од нив,освен само ако и зад оваа нивна иницијатива не стојат влијателните држави од ЕУ.Но проблемот е во самите нас македонци.Меѓу нас и ма многу предавници и давајгазовци кои за грст пари спремни се да го продадат и нашиот идентитет и на тој начин да бидат оквалификувани како ГОЛЕМИ ДЕМОКРАТИ од страна на ЕУ и САД.Примери има многу.Само неколку да набројам-Љубчо Георгиевски,Тито Петковски,Денко Малески,Лјубомир Фрчковски се капитални примероци од тој вид.
09.11.2012 08:41 | (11) | Like
Niki, 09.11.2012 08:22:27
СЕ што нема да не уништи ќе не направи посилни. Посилна Македонија
09.11.2012 08:22 | (6) | Like
od vnukot na Delcev-SAD, 09.11.2012 04:05:41
Bugarska rabota-videla zabata kako konjo go potkovuvaat i taa krenala noga demek da ja potkovat-nebarem i tie se nekoj faktor vo EU-da ne zaboravile slucajno deka vo Brisel seuste se kaat za nivniot izbrzan priem.Ne se tie problemot od koj treba Makedonija da se plasi za priemot vo NATO i EU-oti dovolno im e nekoj od vodacite na EU samo prstot da im go potkrene.
09.11.2012 04:05 | (6) | Like
kris, 09.11.2012 02:56:30
znaci malcinskite prasanja za makedoncite kaj site sosedi mora da se pokrenat sega I vednas, za da nemaat nikakva korist od blokiranja I veta! vaka se nadevaat da gi zatvorat malcinstvata so unistuvanje na Makedonija, toa mora pre emptive da im se odzemi na diplomatski nacin!
09.11.2012 02:56 | (3) | Like
Димтиар, 09.11.2012 02:40:54
Не ми се верува...Бугариве се пазарат со Европа на наша сметка.
09.11.2012 02:40 | (2) | Like
A.Lazarov@seznam.cz, 09.11.2012 00:27:41
I pokraj toa što dosega se dadeni nebroeni izjavi na tema Makedonija i nejzinata integracija vo EU i NATO od strana na rakovodstvata na sosednite državi vo globala se toa se izjavi ispolneti so licemerie.Južnite sosedi nametnaa spor koj e apsurden a od druga strana izjavi na sekoj čekor deka se za stabilnost itn.ama da priznaat Makedonsko malcinstvo nikako,duri se identifikuvaat kako Makedonci,pogolemo licemerie zdravje,sosedite od istok se prikazna za sebe priznavaat država ama bez narod,demek sme neosoznaeni Bugari,ajde ti se molam. Člnstvoto vo EU go dodija kako podarok i ie sega ke davaat otceni koj e spremen za pregovori.Davam podrška na Vladata na R.Makedonija vo vodenjeto politika so sosedite.
09.11.2012 00:27 | (12) | Like
kris, 08.11.2012 23:28:50
ocigleden e zagivorot da se drzi Makedonija nadvor od eu I nato, zasto se plasat deka ke go otvorime prasanjeto za makedonskite malcinstva! ako ne e grcija vo sostojba veto stava bugarija, ako ne moze bugarija etnicki vojni pocnuvaat albancite, utn.itn. za zal tie sto bi trebalo da se zavzemat za pravata na site malcinstva vklucitelno I makedonskite, pred se mislam na washington I brisel, tie se missing in action po toa prasanje, zamislete Eshton stavi grk vo eu po tie prasanja, a Obama igra kosarka so grckoto lobi, nema nadez za odnadvor, samo sami kolku mozeme, tolku ke ostane!
08.11.2012 23:28 | (17) | Like
диме, 08.11.2012 23:22:56
Источните комшии чувствувајки дека се дојдени нивните пет минути,мислат дека сега е моментот да ни покажат дека можат да го употребат фамозното вето! Можат, но тоа нималку нема да го промени исходот на резултатот од „трето полувреме“. Ниту ке има влијание на настаните од минатото.
08.11.2012 23:22 | (15) | Like
nevreme, 08.11.2012 23:16:41
Tatariteigraat ista politika kako albancite: prijatelski nastroeni shto poveke mozat da grabnat od Makedonija na sekoe nivo.
08.11.2012 23:16 | (19) | Like
Без Ботев няма България
09-11-2012, 02:36 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9



Софија не е продолжена рака на Атина за блокада на Македонија

Според македонските аналитичари, несомнено е дека Грција има корист од ваквото однесување на Бугарија. Но мотивот на Бугарија не е за да добие нешто друго за возврат, туку да се бори за своите интереси во Македонија. Бугарските експерти не ја сметаат својата земја за продолжена рака на Грција кога се во прашање односите со Македонија




БУГАРСКИТЕ ЕКСПЕРТИ ЗА ОДНОСОТ КОН СКОПЈЕ

Изминативе денови слушавме дека шансите во декември да добиеме датум за преговори со ЕУ ни се педесет-педесет, како што рече министерот за надворешни работи Никола Попоски, или дека никој не може да предвиди што ќе се случи на самитот на ЕУ, според зборовите на еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Но предупредувачките изјави на бугарскиот државен врв, кои ги круниса интервјуто на премиерот Бојко Борисов за грчкиот весник „Етнос“, укажуваат дека залудно би се надевале оти четвртата година откако добивме препорака за преговори, ЕУ ќе ни определи и датум за нивниот почеток.

Слично како и претседателот Росен Плевнелиев и министерот за надворешни работи Николај Младенов, и Борисов не беше директен, туку само укажа дека „Владата во Скопје треба да ги реши проблемите на еден европски начин, за да може да ја добие бугарската поддршка“, притоа позитивно одговарајќи на прашањето дали тоа е услов за Бугарија да ја поддржи Македонија. И Борисов ја претставил Бугарија како голем македонски пријател, со аргументите дека неговата земја не само што прва нѐ признала туку и на десетици илјади наши граѓани им дала државјанство и пасоши.

- Софија вложува големи напори да не коментира сѐ што прави Владата во Скопје - рекол Борисов, не појаснувајќи што прави Владата во Скопје.

На сето тоа, самиот „Етнос“ коментира дека „Грција првпат нема да биде сама, ќе има уште една земја-сосед на Македонија што стравува од националистичките претензии на скопската влада“. Дали Бугарија почна отворено да игра на грчката карта? Што добива од тоа?

Според македонските аналитичари, несомнено е дека Грција има корист од ваквото однесување на Бугарија. Но мотивот на Бугарија не е за да добие нешто друго за возврат, туку да се бори за своите интереси во Македонија, да не ѝ препушти на Грција да си го остварува тоа што го замислила.

Бугарските експерти исто така не ја сметаат својата земја за продолжена рака на Грција кога се во прашање односите со Македонија, обидувајќи се да укажат дека македонско-грчките и македонско-бугарските отворени прашања немаат врска едни со други.

ЕМ ПАРТНЕРИ, ЕМ РИВАЛИ

Од независноста до денес можеме да видиме две фази во развојот на македонско-бугарските односи, вели професорот Денко Малески. Во првата, додава тој, тие први ја признаа Република Македонија и ни даваа поддршка во едни тешки времиња на блокади, за да опстанеме.

- Во интерес на Бугарија беше Македонија да се оттргне од српското влијание, барем тие така гледаа на работите - објаснува Малески.

Потоа, според Малески, Бугарија работеше на своите стратегиски цели - членство во НАТО и во Европската Унија. Барајќи поддршка за тоа од ЕУ и од САД, таа мораше многу да внимава на ставовите на овие земји за Македонија и да биде резервирана.

- Но сега сме во нова фаза во која Бугарија ги има остварено своите стратегиски цели, а со тоа има и зголемена моќ во меѓународната политика. Затоа можат да си дозволат да ја проектираат својата моќ во регионот. Така, Македонија како земја на која ѝ е потребна бугарска поддршка е изложена токму на притисокот од Бугарија за прашањата од нејзин интерес - истакна професорот.

Значи, таа не е продолжена рака на Грција, туку си развива свои амбиции кон Македонија.

- Тука се вкрстуваат две линии - грчката, која е на темата на идентитетот поврзана со антиката, и бугарската, исто така околу идентитетот, но за поновата историја. Кога е во прашање Македонија, Грција и Бугарија се партнери до еден степен, а потоа се ривали. Едната страна би сакала да го поништи влијанието што другата го има овде. Затоа, Бугарија не е продолжена рака на Грција во случајов, туку сака да се вклучи во борбата за Македонија - нагласува Малески.

Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле, за „Макфакс“ изјави дека бугарската блокада била очекувана и дека, за разлика од грчката, многу потешко ќе се артикулира, затоа што овде се кријат имплицитни претензии, како територијални, така и етнички.


На патот до Европа не чекаат многу блокади

НИКОЈ НЕ РЕКОЛ „ВЕТО“

Бугарските експерти, слично како и државниците, се обидуваат да покажат дека Бугарија сѐ уште ни е пријател и дека забелешките ѝ се чисто пријателски. Позициите на бугарската политика за членството на Македонија во ЕУ ги имаат предвид и историските корени на Бугарија и затоа се бара уважување на бугарската историја, а надвор од тоа бугарската поддршка за европската иднина на Македонија е јасна, смета Нина Ѓулгерова, универзитетска професорка од Варна.

- Треба да се воспостави дијалог за отворените прашања и најважно е да нема политикантство во исказите и во позициите на политичарите. Имаше интерпретации дека со својата политика Бугарија игра на грчката карта. Но не сум сигурна дека Бугарија го прави ова само за да ги поддржи позициите на Грција. Не сум сигурна дека станува збор за политика на продолжена рака на Грција, туку само за политика на држава што си ги штити своите национални интереси - вели Ѓулгерова.

Пламен Пантев, професор од Софија и директор на Институтот за безбедносни и меѓународни студии, истакна дека, и покрај тоа што зачестиле изјавите на бугарскиот државен врв во врска со „неевропското однесување на Скопје“, никој ниту најавил ниту споменал бугарско вето за Македонија.

- Ние немаме политика на ставање вето. Се потврди поддршката за Македонија, Бугарија сака сите земји од регионот да бидат членки на Европската Унија.

Зошто слушаме остри тонови? Со години слушавме остри тонови што доаѓаа од Скопје, а Бугарија трпеливо чекаше тие да престанат - вели Пантев.

И тој смета дека Бугарија не зазема страна кон Грција во грчко-македонскиот спор за името.
- Тоа толкување, во стилот на Студената војна, дека „секој што не е со нас е против нас“, не е карактеристично за бугарската политика. Тоа што постојано се обидувам да им го пренесам на македонските колеги е дека на патот кон ЕУ проблемите треба да се решаваат, а не да се продлабочуваат. Значи, нема најави за вето, туку само добрососедски и пријателски знак како заедно да одиме напред - додава професорот.

Според него, бугарско-македонските односи се едно, бугарско-грчките се нешто сосема друго, со една мала специфичност дека и Бугарија и Грција се членки на Европската Унија и поради тоа имаат задолжителни стандарди што не можат да ги пречекоруваат.

- Затоа, немам впечаток дека се водат специјални преговори за заеднички настап на Бугарија и на Грција во однос на зачленувањето на Македонија во ЕУ. Ние сме посветени на агендата од Солун од 2003 година, со која сите земји од регионот треба да станат членки на Европската Унија - нагласи Пантев.

Фајон очекува смирување на тензиите

Јас апсолутно не поддржувам понатамошна блокада на пристапниот пат на Македонија кон ЕУ, бидејќи земјата веќе предолго чека. Токму во почетокот на преговорите со Унијата гледам како на дел од решението. Очекувам Софија и Скопје преку искрен разговор да ги смират неодамна појавените тензии, изјави словенечката европратеничка Тања Фајон.
- Сметам дека е жално што Македонија постојано е заградена со историски прашања и спорови. По најавите за вето на декемврискиот самит на ЕУ, овој пат од страна на Бугарија, а поради обвинување за крадење на бугарската историја - изјавила Фајон.
Таа предупредува дека понатамошна изолација на земјата очигледно ќе го отвори патот за уште поголема националистичка и популистичка реторика.

Божидар Димитров се плаши за Благоевград

Ако Македонците влезат во Европската Унија, ќе бараат автономија за Благоевград, изјавил контроверзниот бугарски историчар Божидар Димитров, познат по своите антимакедонски ставови. Според него, приемот на Македонија би значел дека ЕУ признава фалсификување на историјата.
- Како членови на ЕУ, Македонците ќе имаат претензии кон нас и ние ќе бидеме принудени да им ги исполнуваме. Може да бараат автономија за Благоевград или признавање дека нашите херои се македонски. Дваесет и две години чекавме малото девојче Македонија да порасне и да го фати вистинскиот пат. Но големата девојка сѐ уште е иста како порано - рекол Димитров.
Тој го повторил својот став дека во 1944 година е направен геноцид од комунистите, со што 1,2 милион Бугари биле прогласени за Македонци.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22725
Без Ботев няма България
09-11-2012, 02:43 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Софија и Атина да не ги попречуваат интересите на ЕУ и Македонија

Европратеничка Моника Маковеј смета дека ЕК треба веднаш да одреди датум за почеток на пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ

Советот на Европската унија мора да ја следи препораката на Европската комисија и веднаш да одреди датум за почеток на пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ. Ова е ставот на романската европратеничка Моника Маковеј во очекување на декемврискиот Самит на Советот на кој ќе се одлучува по четвртата препорака на ЕК дека Македонија треба да ги почне пристапните преговори.

- Мојата позиција во однос на почетокот на пристапните преговори со Македонија отсекогаш била јасна. Македонија покажа и се` уште докажува дека има заслужено место во Европската унија, вели Маковеј во разговор со дописникот на МИА од Брисел.

На прашањето дали е можна нова блокада од некоја од земјите-членки на ЕУ и уште едно одложување на преговорите за прием на Македонија во Унијата, некогашната романска министерка за правда, по чија заслува Романија ги исполни реформите и влезе во ЕУ, со дециден став дека Советот мора да ја следи препораката на Европската комисија и веднаш да се согласи со македонските власти за датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

- Неприфатливо е да стави вето на почетокот на пристапните преговори додека Комисијата години наназад дава зелено светло. Македонија е подготвена и земји-членки на ЕУ како Бугарија и Грција треба да престанат да ги попречуваат интересите на Унијата и Македонија врз основа на билатерални прашања. Тие работи може да се решат паралелно со пристапните преговори како што беше случај за некои други земји во минатото, потенцира европратеничката од Европската народна партија (ЕПП).

Маковеј има став и за заканите за можно укинување на безвизниот режим за граѓаните на земјите од Западен Балкан, меѓу кои е и Македонија.

- Мислам дека механизмот за мониторинг на пост-визната либерализација е поставен со цел да го оценува напредокот на Македонија и останатите земји од Западен Балкан во оваа област и одржливоста на реформите. Во врска со ова, јас сум среќна што ЕК во својот прогрес-извештај оцени дека Македонија е добро напредната на ова поле. Ова е многу позитивен знак што покажува повторно дека Македонија е подготвена да ги почне пристапните преговори со Европската унија, заклучува романската пратеничка во Европскиот парламент.

Очекувањата во Европарламентот и Европската комисија дека Македонија ќе го добие заслуженото и ќе започне преговори за членство во ЕУ се зголемуваат како наближува Самитот на Советот, кој на 13 и 14 декември под Кипарско претседателство ќе се одржи во Брисел. Препораката на ЕК, преговорите со Македонија да се одвиваат паралелно со решавањето на спорот со името се прифатливи за поголемиот дел од земјите-членки на Унијата и се прави голем притисок пред се Грција, но и Бугарија, да не го стават „големото европско друштво” во незавидна позиција со нова блокада на нашата земја.

Статијата е прочитана 743 пати.

Испрати коментар

http://utrinski.com.mk/?ItemID=3956D394B...10B32C080C
Без Ботев няма България
09-11-2012, 04:25 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Став на романската европратеничка Моника Маковеј

Бугарија и Грција да не ги попречуваат интересите на ЕУ и Македонија


Советот на Европската унија мора да ја следи препораката на Европската комисија и веднаш да одреди датум за почеток на пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ. Ова е ставот на романската европратеничка Моника Маковеј во очекување на декемврискиот Самит на Советот на кој ќе се одлучува по четвртата препорака на ЕК дека Македонија треба да ги почне пристапните преговори.

- Мојата позиција во однос на почетокот на пристапните преговори со Македонија отсекогаш била јасна. Македонија покажа и се уште докажува дека има заслужено место во Европската унија, вели Маковеј.

Неприфатливо е ново вето

На прашањето дали е можна нова блокада од некоја од земјите-членки на ЕУ и уште едно одложување на преговорите за прием на Македонија во Унијата, некогашната романска министерка за правда, по чија заслува Романија ги исполни реформите и влезе во ЕУ, со дециден став дека Советот мора да ја следи препораката на Европската комисија и веднаш да се согласи со македонските власти за датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

- Неприфатливо е да стави вето на почетокот на пристапните преговори додека Комисијата години наназад дава зелено светло. Македонија е подготвена и земји-членки на ЕУ како Бугарија и Грција треба да престанат да ги попречуваат интересите на Унијата и Македонија врз основа на билатерални прашања. Тие работи може да се решат паралелно со пристапните преговори како што беше случај за некои други земји во минатото, потенцира европратеничката од Европската народна партија (ЕПП).

Маковеј има став и за заканите за можно укинување на безвизниот режим за граѓаните на земјите од Западен Балкан, меѓу кои е и Македонија.

- Мислам дека механизмот за мониторинг на пост-визната либерализација е поставен со цел да го оценува напредокот на Македонија и останатите земји од Западен Балкан во оваа област и одржливоста на реформите. Во врска со ова, јас сум среќна што ЕК во својот прогрес-извештај оцени дека Македонија е добро напредната на ова поле. Ова е многу позитивен знак што покажува повторно дека Македонија е подготвена да ги почне пристапните преговори со Европската унија, заклучува романската пратеничка во Европскиот парламент.

Преговори со ЕУ паралелно со разговорите за името

Очекувањата во Европарламентот и Европската комисија дека Македонија ќе го добие заслуженото и ќе започне преговори за членство во ЕУ се зголемуваат како наближува Самитот на Советот, кој на 13 и 14 декември под Кипарско претседателство ќе се одржи во Брисел.

Препораката на ЕК, преговорите со Македонија да се одвиваат паралелно со решавањето на спорот со името се прифатливи за поголемиот дел од земјите-членки на Унијата и се прави голем притисок пред се Грција, но и Бугарија, да не го стават „големото европско друштво” во незавидна позиција со нова блокада на нашата земја.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...C465E7E5FA
Без Ботев няма България
09-11-2012, 06:59 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Во Бугарија пронајдена златна ризница стара 2.400 години

Бугарските археолози соопштија дека пронашле речиси 2.400 години стара златна ризница во тракиска гробница во северниот дел на земјата.

Ризницата е пронајдена во близина на селото Сештари, 400 километри североисточно од Софија.

Лидерот на тимот Дајана Гергова изјави дека меѓу пронајдените предмети кои датираат од крајот на четвриот или почетокот на третиот век пред новата ера има златен накит и додатоци за опрема за коњи, тијара со релјеф од лавови и фантастични животни, како и четири нараквици и прстен.

Тракијците живееле во денешна Бугарија и делови на денешна Грција, Романија, Македонија и Турција, во периодот од 4000 година пред новата ера до седмиот век од новата ера, кога биле асимилирани од Словените.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...4E6E10F13A
Без Ботев няма България
09-11-2012, 07:01 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Брисел го пишува заклучокот за Македонија

Идната недела ќе се знае првата верзија на ставот на Европскиот совет дали ќе има преговори со нашата држава

Слободанка Јовановска


Заклучокот за Македонија почна да се пишува во Брисел, но првите одгласи околу препораката на еврокомесарот Штефан Филе сугерираат дека патот до одлуката за преговори со ЕУ ќе биде потежок отколку што се очекуваше.

Денес еврокомесарот ќе отпатува во Берлин за да обезбеди поддршка за планот од најмоќната земја во ЕУ, но од Берлин веќе стигнаа сигнали на воздржаност, во смисла дека за Германија звучи нереално да ни се дадат преговори без решен спор за името. Како што се дознава од Брисел, идната недела ќе биде презентирана првата верзија на заклучокот за Македонија и според неофицијалните проценки, по реакциите на земјите членки во првата расправа, јазикот внатре може да биде позитивен, но тешко дека ќе најави одлука. Сепак, процесот само што почна да се тркала во ЕУ, а до завршницата, самитот на 13 декември, ќе има уште неколку состаноци на разни нивоа, вклучувајќи го и тој на шефовите на дипломатиите на 10 декември, кој може дефинитивно да го навести исходот за Македонија.

Генерално, повеќето земји биле за тоа да се поддржи предлогот на Филе за паралелни преговори за ЕУ и за името, Германија не се изјаснила , а преставникот на Франција оценил дека имало работи во Македонија што не се толку добри колку што стои во извештајот на ЕК. Најпозитивна за Македонија била Велика Британија, а скептична како и за сите други била Холандија, иако кај нас се става во групата на земји што ја туркаат нашата одлука за преговори. Притоа надвладеал ставот дека, ако ЕУ сака Македонија да оди побргу во евроинтеграцијата, заклучокот не може да биде ист како досега.

Она што најмногу може да ги расипе нашите шанси за декември е обидот на некои земји, а пред се Бугарија и Грција, да докажат дека Македонија не е подготвена од многу аспекти, нешто што пак треба да биде главен аргумент на Филе - дека не може земја со успешни реформи да добие „не“ за преговори.

Според некои дипломати, меморандумот не бил идеја на Филе, туку обид на Атина да се одбрани од неговите притисоци, иако беше поздравен во Брисел. Како и зошто дојде до овој документ официјално никој не сака да објасни, но фактот дека и со Бугарија во исто време и на ист начин почна решавањето на спорните прашања, сугерира дека меморандумот не е случајност туку тактика како да се избегнат ветата за Македонија. Бидејќи сега ни висат над глава две, според неофицијални информации, Македонија пред декември ќе мора да потпише или барем договори документ со Бугарија, кој во голема мерка ќе биде како одбиената декларација за пријателство и соработка.

Деновиве, според најавите, Софија ќе го испрати одговорот на писмото на шефот на дипломатијата Никола Попоски со листа на предлози како да се испеглаат односите со Македонија, и тоа најконкретно, како список на празници и чистење на учебници од тоа што Софија го смета за пропаганда.

Евентуалните отстапки кон Бугарија, според порталот „ЕУ инсајд“, кој се повикува на извори од Брисел, ќе имаат тежина на „цивилизациски избор“ на Македонија, која како што се вели треба да се откаже од провоцирање на соседите во обидите да си создаде свој идентитет. Истиот портал тврди дека Брисел веќе нема нерви за блокадите на земјите членки кон кандидатите, без оглед колку се оправдани, и бара од нив да придонесат да се решат, бидејќи ЕУ не може да делува глобално ако тие кочат локално. Истиот извор тврди дека во Брисел засега има „разбирање“ но не и „поддршка“ за бугарските поплаки и дека Софија подготвувала поостар тон пред да дојде Филе, но го спуштила потоа.

Од наша страна пак освен пишувањето одговори и меморандуми не се гледа засилено лобирање околу одлуката за Македонија, освен посетата на невисоко ниво на вицепремиерката Теута Арифи на Германија, што може да значи дека сме оставиле Филе да ни ја одработи одлуката или од нас само се очекува да ги одоброволиме соседите.

Статијата е прочитана 1030 пати.

Испрати коментар

http://utrinski.com.mk/?ItemID=B8748C73D...4D3FEDB067
Без Ботев няма България
09-11-2012, 07:09 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Ветото е неприфатливо - европратеници притискаат Македонија да почне преговори со ЕУ


Маковеј: Бугарија и Грција да престанат да ги попречуваат интересите на ЕУ и Македонија


Советот на Европската унија мора да ја следи препораката на Европската комисија и веднаш да одреди датум за почеток на пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ. Ова е ставот на романската европратеничка Моника Маковеј во очекување на декемврискиот Самит на Советот на кој ќе се одлучува по четвртата препорака на ЕК дека Македонија треба да ги почне пристапните преговори. Во врска со можна нова блокада од некоја од земјите-членки на ЕУ и уште едно одложување на преговорите за прием на Македонија во Унијата, некогашната романска министерка за правда, по чија заслуга Романија ги исполни реформите и влезе во ЕУ, со дециден став дека Советот мора да ја следи препораката на Европската комисија и веднаш да се согласи со македонските власти за датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
- Мојата позиција во однос на почетокот на пристапните преговори со Македонија отсекогаш била јасна. Македонија покажа и се уште докажува дека има заслужено место во Европската унија. Неприфатливо е да стави вето на почетокот на пристапните преговори додека Комисијата години наназад дава зелено светло. Македонија е подготвена и земји-членки на ЕУ како Бугарија и Грција треба да престанат да ги попречуваат интересите на Унијата и Македонија врз основа на билатерални прашања. Тие работи може да се решат паралелно со пристапните преговори како што беше случај за некои други земји во минатото, потенцира европратеничката од Европската народна партија за МИА.

Ставот на Маковеј за заканите за можно укинување на безвизниот режим за граѓаните на земјите од Западен Балкан, меѓу кои е и Македонија е дека механизмот за мониторинг на поствизната либерализација е поставен со цел да го оценува напредокот на Македонија и останатите земји од Западен Балкан во оваа област и одржливоста на реформите.
- Во врска со ова, јас сум среќна што ЕК во својот прогрес-извештај оцени дека Македонија е добро напредната на ова поле. Ова е многу позитивен знак што покажува повторно дека Македонија е подготвена да ги почне пристапните преговори со Европската унија, заклучува романската европратеничка.

Очекувањата во Европарламентот и Европската комисија дека Македонија ќе го добие заслуженото и ќе започне преговори за членство во ЕУ се зголемуваат како наближува Самитот на Советот, кој на 13 и 14 декември под Кипарско претседателство ќе се одржи во Брисел. Препораката на ЕК, преговорите со Македонија да се одвиваат паралелно со решавањето на спорот со името се прифатливи за поголемиот дел од земјите-членки на Унијата и се прави голем притисок пред се Грција, но и Бугарија, да не го стават големото европско друштво" во незавидна позиција со нова блокада на нашата земја.

Во меѓувреме еврокомесарот Штефан Фуле почна со турнејата низ Европа. Денеска е во Германија. Ја убедува за неговиот план со Македонија. Фуле во детали образложува како мисли Македонија да преговара со Брисел, а во исто време да го решава и проблемот со името.

http://vecer.com.mk/?ItemID=D6C316B2401C...DCD20653C8

Без Ботев няма България
10-11-2012, 06:32 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Младенов: Бугарија нема проблем со Македонија

Бугарија нема проблем со Македонија, туку со националистичките изјави на некои тамошни политичари, изјави шефот на бугарската дипломатија Никола Младенов на денешната заедничка прес-конференција во Софија со неговите колеги од Грција и од Романија, Димитрис Аврамополус и Титус Корљецан.

- Нашата желба е да се вратиме на принципите кои во 1999 година беа потврдени од тогашните премиери на Бугарија и на Македонија, а со кои се затвораат во голем степен сите можни билатерални прашања меѓу двете земји, рече Младенов.

Треба да ги земеме тие принципи, додаде Младенов, и уште еднаш да ги потврдиме денес, но овојпат и со дела.

Изрази увереност дека со нормален билатерален дијалог ако, како што посочи, таква желба има и во Скопје, ќе биде најдена согласност за формата под која треба тоа да се случи.

- Така ќе стане реално и на политичко ниво да се изрази тоа што секојдневно го гледаме меѓу граѓаните на двте земји - постојани, добри човечки контакти, трговија, туризам, семејни врски. Имаме време да го израмниме тој пат, а од бугарска страна има целосна подговеност да бидеме максимално конструктивни во тој дијалог, изјави Николај Младенов.

http://www.sitel.com.mk/mladenov-bugarij...makedonija
Без Ботев няма България
12-11-2012, 06:17 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Вигенин: Блокадата од Софија е најнегативно сценарио
Бугарскиот европратеник и меѓународен секретар на Бугарската социјалистичка партија Кристијан Вигенин за бугарската агенција БТА изјавил дека реакциите на официјална Софија во однос на Македонија демонстрирани во последните недели се задоцнети и ја претставуваат Бугарија во негативна светлина не само кај нашиот западен сосед, туку и во очите на европските партнери


- Перспективата Грција да дозволи да почне преговарачкиот процес за членство на Македонија во ЕУ, а Бугарија да го блокира, е најнегативното можно сценарио кое би имало тешки последици врз имиџот на бугарската држава - вели Вигенин.

Бугарската влада, изјавил Вигенин во пракса бега од прокламираната цел за активна политика во регионот на Западен Балкан и повеќе од три години не презема никакви суштествени чекори во врска со проблематичните прашања во односите со Македонија. Изјавите на претседателот Плевнелиев, Вигенин ги оценува повеќе како предизборна реторика чија цел е да го привлече националистичкиот дел од електоратот, а не како позиција на државник загрижен за трајно подобрување на односите меѓу Бугарија и Македонија.

- Размената на отворени писма не е конструктивно однесување, туку шоу за публиката, смета Кристијан Вигенин.

Предлага да биде формирана бугарско-македонско политичко-експертска група која ќе ги лоцира проблематичните прашања и чекорите за нивно надминување.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNe...tant=10563
Без Ботев няма България
12-11-2012, 06:18 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарскиот интерес контра Македонија

За Бугарија би требало да биде национален интерес Република Македонија час поскоро да стане дел од НАТО и од ЕУ. За Бугарија би требало да биде еден од приоритетните национални интереси и двете земји да станат економски просперитетни. Да станат земји чии граѓани, меѓу две меѓусебни понижувања, меѓу две меѓусебни префрлувања за тоа како Македонците се „боклук“ (ѓубре) народ и „измислена држава“ (од бугарска страна) и како Бугарите се „татарско невредно племе“ (од македонска страна), нема да размислуваат како да станат чистачи во некој јавен тоалет од западноевропските престолнини



Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов ги обиколува европските престолнини и најблаго кажано, ја кодоши Македонија дека не била примерен кандидат за добивање датум за преговори за членство во ЕУ. Така, велат во Бугарија, ги штител бугарските национални интереси, бидејќи Македонија ја крадела бугарската историја и не ги менувала своите учебници.
Со тоа, тој директно се става во улога на грчка продолжена рака. Ја спроведува грчката агенда и ја разводнува грчката вина за блокадата врз нашата земја. Сакале тоа или не, на овој начин Бугарите си наметнаа улога на грчки потрчковци. Оти, реално гледано, бугарски национален интерес не е Македонија да остане надвор од ЕУ, како што во 1992 година бугарски национален интерес не беше Република Македонија да остане дел од Југославија, туку да излезе надвор од српската сфера на влијание. Овој дел од етничка Македонија беше плен на Србија во текот на балканските војни и Бугарија тоа никогаш не го прежали. Тогашниот бугарски претседател Жељу Желев тоа многу добро го сфати, па не случајно лобираше кај рускиот претседател Борис Јелцин да ја признае независноста на нашата земја. На тој начин делумно беше анулиран еден дел од Букурешката мировна конференција во 1913 година, чија ревизија, впрочем, беше вековна желба на Бугарија.

Сега, со перспективната можност, Република Македонија како дел од ЕУ, по природен пат да стане основа за обединување на регионот Македонија, се создава цивилизирана реалност за уште едно исправање на неправдата од Букурешт, сеедно што етничката структура на регионот е драстично изменета во однос на 1913 година. Но, тоа обединување е на сосема друга основа и нема врска ниту со промена на граници, ниту со нарушување на територијалниот интегритет на државите. Впрочем, тој предлог за единствена Македонија, соодветен на тогашното време, бугарската делегација го имаше ставено на маса и на конференцијата пред 99 години. Одеднаш, на денешна Бугарија ѝ пречи тоа. Која е логиката? Ја нема, освен ако не се гледа низ диоптерот на некогашните комунистички служби, чии поданици очигледно имаат зафатено добри места во владата на Бојко Борисов и кои не успеваат со ништо друго да се нахранат, освен со перманентна антимакедонска политика и со перманентно обвинување на Република Македонија дека води некаква антибугарска пропаганда.

Наспроти тоа, како што рековме, за Бугарија би требало да биде национален интерес Република Македонија час поскоро да стане дел од НАТО и од ЕУ. За Бугарија би требало да биде еден од приоритетните национални интереси и двете земји да станат економски просперитетни. Да станат земји чии граѓани, меѓу две меѓусебни понижувања, меѓу две меѓусебни префрлувања за тоа како Македонците се „боклук“ (ѓубре) народ и „измислена држава“ (од бугарска страна) и како Бугарите се „татарско невредно племе“ (од македонска страна), нема да размислуваат како да станат чистачи во некој јавен тоалет од западноевропските престолнини. За Бугарија би требало да стане национален интерес и од македонска страна да има можности да се врши притисок врз структурите во Брисел што решаваат за делење на европските фондови, за да може полесно да се добијат пари за создавање на една модерна и брза трансферзала од Скопје до Бургас и Варна. Денес е потешко од Скопје да се стигне до Софија, отколку што во 1903 година можело да се стигне од Солун, како главен македонски град, до престолнината на Бугарија. Како е тоа можно, веројатно не му е јасно ни на самиот Младенов. Не се белки за тоа виновни неколку напалени антибугарски настроени јавни личности во Македонија, какви што ги има, во неброен ред, и од другата стана на нашата источна граница. Како е можно меѓу двете држави, во кои степенот на сиромаштија е катастрофално голем, во кои просечната плата, за тие што ја примаат, едвај надминува 300 евра, главно прашање за еден министер за надворешни работи и за еден премиер на држава да биде чиј бил Гоце Делчев? Еве ние немаме проблем со тоа што Бугарите го сметаат за нивен. Зошто тогаш по ѓаволите ним им пречи што за нас тој е Македонец, кој се борел не за Бугарија, туку за Македонија. Во крајна линија, во 1912 и 1913 година, значи во оној дел од историјата на кој се повикува Младенов, за Бугарија немало поголем непријател од Грција и Србија (сеедно што имале потпишано едно чудо договори за сојузништво пред почетокот на Првата балканска војна). Па, против кого бугарскиот генерал Савов ги испалил топовските ѓулиња во 1913 година? Да не била тоа грчката војска? И може ли Младенов да ја препрочита таа лекција пред да продолжи со кодошкиот бизнис низ Европа, со што наводно ги штити бугарските национални интереси, а всушност работи на грчката кауза, не обидувајќи се да сфати ниту една буква од лекциите што српскиот претседател Николиќ се обидува да ги наметне во изминатите денови? Впрочем, прашањето е многу едноставно. Како е можно еден бугарски министер за надворешни работи, кој смета дека населението во Македонија - историски гледано - е бугарско, да се стави во служба на една земја како Грција, која на тоа исто население во 1913 година му ги вадела на живо очите и тоа исто население живо ги фрлало во оган? Тоа е бугарски национален интерес?

Чудото е уште поголемо ако се знае дека во овој момент, наспроти некаков си умерен оптимизам што се гради, а според кој Македонија во декември би можела да добие датум за преговори, реално гледано, не постои ниту еден аргумент што би бил солиден, а врз чија основа може да се очекува Грција и владата на Самарас тоа да го дозволат. Со други зборови кажано, ако позицијата на Грција не се променила по однос на тоа прашање, која е логиката Бугарија да се истопорува како кочничар на нашата држава кога таа улога сосема добро ја игра и ќе ја игра Грција?
Сето тоа всушност покажува кој за кого игра. А, во овој момент, очигледно, Младенов не игра за земјата чиј министер е, туку за некој друг.



Автор: Дарко Јаневски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22727

Разбрахте ли извода на Дарко. България трябва да се учи от Сърбия. Егати гьон суратщината.
Без Ботев няма България
12-11-2012, 06:30 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија и Грција обединети против македонската интеграција во ЕУ

Бугарските политичари, историчари на чело на државни институции, медиуми, поединци… не застануваат со антимакедонската кампања и со отворените закани. Или нови учебници по историја или нема ЕУ, велат историчарите. Или добри соседи или нема ЕУ, велат политичарите. Стигна дури и ваква закана од познатиот антимакедонист Божидар Димитров – ако Македонија влезе во ЕУ ќе бара автономија во Благоевград.

Бугарите не го заборавија ни Љубчо Георгиевски и потсетија на договорот со Иван Костов, премиер на Бугарија во 1999 година. Она што се претпоставуваше, денеска стана и официјална позиција на Бугарија и Грција во однос на декемвриските очекувања во однос на датумот за почеток на преговорите на Македонија во ЕУ. Грција условува со промена на името, а Бугарија со добрососедство, во чија заднина се крие непризнавањето на постоењето на македонскиот идентитет, јазик и народ.

Ако за Грција антимакедонската политика е константа, за Бугарија таа политика станува се поотворена како што Македонија се приближува до ЕУ. А и грчките и бугарските политичари притоа се повикуваат на добрососедство!?!

Топло-ладна политика на Бугарија

Меѓудржавните односи меѓу Македонија и Бугарија во последниве десет години се променливи. Интересно е тоа што Бугарија на почетоткот на независноста на Македонија не пројавила никаква јавна манифестација против државното осамостојување на Македонија. Напротив.

На 14 септември 1991 година во Софија македонскиот премиер Никола Кљусев се сретнал со премиерот и со претседателот на Бугарија, Димитар Попов и Жељу Желев. Бугарските државници тогаш откриваат дека одбивале да учествуваат на разговорите и договорите за Македонија кои во 1991 година ги организирала Грција со Југославија (Србија) и Романија.

На 15 јануари 1992 година Бугарија ја призна Македонија под уставното име. Пред признавањето бугарскиот министер за надворешни работи Стојан Ганев ја информира Атина дека тие немаат намера да определуваат име на друга држава, односно дека го прифаќаат уставното име на Македонија.

Сепак, бугарскиот претседател Жељу Желев, по средбата со Мицотакис во Швајцарија на 1 февруари 1992 година изјавил дека двајцата

Жељу Желев и Киро Глигоров

државници имале исти ставови за прашањето за непостоење на македонско малцинство во Бугарија и Грција.

Воспоставувањето на дипломатските односи на Бугарија со Македонија дојде дури на 20 декември 1993 година.

И Желев во тој период неколкупати изјавил дека Бугарија не признавале и не можеле да признаат постоење на македонски народ, нација и јазик. Македонско-бугарските односи тие години се влошуваат откако Бугарија одбива билатералните договори, спогодби и други акти да ги потпишува на македонски јазик. Тогаш (17 септември 1994 година) дури и весникот „Дума“, орган на Бугарската социјалистичка партија напиша дека Македонија треба да се третира како втора бугарска држава.

Љубчо Георгиевски го деградира македонскиот јазик

Денешниот шеф на бугарската дипломатија Николај Младенов изјави дека македонско-бугарските односи можат да се подобрат само ако се засноваат на принципите кои уште во 1999 година ги потпишале тогашните премиери Љубчо Георгиевски и Иван Костов.

Иван Костов и Љубчо Георгиевски

Георгиевски во Софија со Костов потпишаа заедничка декларација во која пишува дека двете страни „ќе преземат ефикасни мерки за спречување на недобронамерната пропаганда од страна на институции и агенции, нема да дозволат активности на приватни лица насочени кон поттикнување насилства, омраза или други слични дејства што би наштетиле на односите меѓу Р. Македонија и Р. Бугарија“. Освен тоа, Георгиевски прифати деградирање на македонскиот јазик од национален јазик на јазик утврден со Уставот на Република Македонија, што подразбира јазик создаден со политичка одлука и практикуван во внатрешните граници.

Овој документ тогаш наиде на едногласна осуда на македонската јазик за тоа дека со ова се понижи македонската нација. Тогаш најгласни беа претставниците на денешниот коалициски партнер на партијата на Георгиевски, СДСМ.

По оваа декларација бугарската страна набрзинка ги потпиша сите договори, спогодби и други акти.

Освен Грција, и Бугарија има проблем со прифаќањето од македонска страна на континуитетот на историското минато на македонскиот народ од античкиот период и меѓународното афирмирање на автентичноста на македонската нација, јазик и култура.

До декемврискиот самит на Европскиот совет на кој треба да се реши дали Македонија ќе добие датум за преговори за членство во ЕУ има уште еден месец. Очигледно е дека македонските ЕУ соседи имаат време за искажување на нивниот терк на добрососедски односи.

Александар Дамовск

http://www.mkd.mk/74775/makedonija/bugar...ija-vo-eu/
Без Ботев няма България
12-11-2012, 06:38 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија и Грција здружени изјавија: Нема да ја пуштиме Македонија во ЕУ, ако не се докаже како добар сосед

Министерите за надворешни работи на Бугарија и Грција, Николај Младенов и Димитрис Аврамопулос потврдија дека нема да дозволат влез на Македонија во ЕУ ако Скопје не докаже дека има намера да ги унапреди добрососедските односи. Тоа значи решавање на спорот со името и запирање на националистичкиот говор кон Бугарија, заклучиле министрите.

На средбата на двајцата министри учествуваше и нивниот колега од Романија Тит Корлатеан. „Ние немаме проблем со Македонија, ние имаме проблем со национализмот на некои политички лидери во Македонија“, изјави Младенов.

Македонија веќе ја идентификува и Софија како можна втора пречка во однос на интеграцијата во ЕУ. Софија и официјално соопшти дека можеби нема да даде поддршка на датумот за преговори за членство во ЕУ во декември, пренесуваат бугарските медиуми.

„Треба да се прави разлика помеѓу македонската влада и народот на Македонија, изјави денеска бугарскиот европратеник и секретар на Националниот совет на Бугарската социјалистичка партија (БСП) Кристијан Вигенин по дводневната посета на Македонија, јави бугарската агенција Фокус.

„Како резултат на влошената клима меѓу Бугарија и Македонија морав да ја посетам земјата. Треба да внимаваме какви пораки испраќаме бидејќи и тоа може да предизвика диви реакции“, забележа Вигенин.

„Треба да се направи разлика помеѓу краткорочните и долгорочните цели во однос на Македонија. Владата предводена од премиерот Никола Груевски ја занемарува тешката ситуација во земјата и нејзина цел е мобилизирање на гласачите преку симулација на надворешни закани. Тие сакаат влез во ЕУ, но оваа цел не може да се каже дека не им е приоритет“, коментира Вигенин.

http://www.mkd.mk/74737/makedonija/bugar...bar-sosed/
Без Ботев няма България
12-11-2012, 06:40 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Скопје утре го одбележува Денот на ослободувањето - 13 Ноември


Во времето на императорот Октавијан Август, од 13-та до 11-та година пред нашата ера, Скупи од логор на двете Македонски легии - 5-та Македонска и 4-та Скитска легија прераснал во град.

Подоцна во 84-та или 85 година императорот Домицијан основал колонија Флавија Скупи, град со римски самоуправни права кој бил најголем на просторот од Солун на југ до Дунав на север. Во тоа време Скопје доживува голем развој и станува град со свој бискуп.

Градот е разурнат во катастрофалниот земјотрес на 28 април 518 година. По земјотресот Скупи веќе не се спомнува, а скопската котлина добива нов град со името Јустинијана Прима.

По доаѓањето на Словените во шестиот век градот е заземен од племето брсјаци и го добива името Скопје. За време на владеењето на првиот македонски цар Самоил, Скопје станува дел од Самоиловото царство.

Во подоцнежниот период градот потпаѓа под власт на Византија, Бугарија и Србија, а на 19 јануари 1392 градот го зазеле Турците и го добил името Ускуп.

Во 1555 година градот повторно е разурнат од катастрофален земјотрес, но набргу е обновен и станува турско воено упориште.

Во 16-от и 17 век Скопје е најголем и најбогат град во европскиот дел на Османлиската империја. На 25 и 26 октомври 1689 година градот го освоил Австро-унгарскиот генерал Силвио Пиколомини, кој подоцна го запалил Скопје поради епидемија на чума и за да не им остави ништо на непријателите. Градот горел цели два дена и бил скоро целосно уништен.

Во 19 век Скопје станува важен сообраќаен центар и во него цвета занаетчиството. На 25 октомври 1912 година по 520-годишно владеење Османлиите го напуштаат Скопје, а веќе наредниот ден влегува Моравската дивизија на српската војска со што градот потпаѓа под српска окупација.

За време на Првата светска војна Скопје се наоѓа под окупација на бугарските и на австро-унгарските сили, а по завршување на војната стана дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.

Во Втората светска војна Скопје повторно е окупирано од Бугарија, сојузник на нацистичка Германија. На 22 април 1941 година бугарската Петта армија го окупира Скопје и останува во градот се до капитулацијата на фашистичка Бугарија на 9 септември 1944.

По ослободувањето од фашистичкиот окупатор на 13 ноември 1944 година градот бргу се развива и станува индустриски, културен и административен центар на Социјалистичка Република Македонија, која е во составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

http://www.sitel.com.mk/skopje-utre-go-o...13-noemvri

От кратката историческа ретроспекция става ясно , че Скопие през много вековната история е било окупирано само два пъти - и двата пъти от фашистичкия бугарски окупатор. Предпоставувам че сърбите го ослободували
Без Ботев няма България
12-11-2012, 07:28 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Птријархот Максим на тестаментот немал речиси ништо оставено

Во Софија беше отворен тестаментот на поглаварот на Бугарската паравославна црква, Максим кој почина на 6-ти ноември, на возраст 98 години.

Патријархот немал лична сметка во банка, немал автомобил, стан, куќа, ниту пак земја. Во неговата оставштина не се пронајдени пари, но затоа се покажало дека месечната плата од 680 лева, речиси целосно, со децении ја уплаќал на сметката на дом за хендикепирани деца во Софија, без никој да знае за тоа.

Во оставштината имало само еден стар рачен часовник и машина за пишување која патријархот ја купил од некој адвокат во далечната 1968 година.

Скромната храна му ја подготвувала една иста домаќинка, а на располагање имал службен мерцедес стар 21 година.

http://www.sitel.com.mk/ptrijarhot-maksi...o-ostaveno
Без Ботев няма България
12-11-2012, 07:32 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Грција и Бугарија потпишаа проширување на ЕУ кон Западен Балкан

Министерот за надворешни работи на Грција, Димитрис Аврамопулос, заедно со неговиот бугарски колега, Никола Младенов и шефот на романската дипломатија, Титус Корљецан, ставија потпис на заедничка декларација со која се обврзаа за евроинтеграција на целиот Западен Балкан.

Декларација ја потпишаа во Софија, каде се одржуваше нивниот осми трилатерален состанок.

„Ги поддржуваме амбициите за членство во ЕУ на сите држави од регионот врз основа на континуиран, доследен и постојан напредок во економските и политичките реформи и во исполнувањето на неопходните услови и барања. Во овој контекст, ние ќе ги споделиме нашите искуства во областа на европската и интеграцијата во НАТО со цел да им помогнеме на кандидатите, потенцијалните кандидати и земјите аспиранти да напредуваат на патот кон НАТО и/или ЕУ“, стои меѓу другото во декларацијата.

Според тројцата министри, „сегашните тешкотии со кои се соочува ЕУ не треба да ја ослабат динамиката на процесот на проширување“.

„Напротив, промовирањето на европската интеграција на Западен Балкан може и треба, навистина, да стане дел од решението на кризата“, истакнуваат шефовите на дипломатиите на Грција, Бугарија и Романија.
#

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...4A597621F2
Без Ботев няма България
13-11-2012, 05:48 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Србија и Бугарија, мека за македонските криминалци

http://www.vecer.com.mk/default.asp?Item...6E51863546
Без Ботев няма България
13-11-2012, 05:49 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија си наштетува со критиките кон Македонија

Македонскиот народ ни е најблизок од сите соседни народи и затоа не смееме да дозволиме популистичките влади да нѐ разделуваат, изјавил европратеникот Кристијан Вигенин од бугарската социјалистичка партија, која е опозиција во земјата



Според него, критиките што бугарскиот државен врв ги упатува кон нашата земја го нарушуваат угледот на Бугарија не само кај Македонците туку и кај европските партнери.

- Треба да се прави разлика меѓу Владата и народот. Како што не може да се идентификува бугарскиот народ со Бојко Борисов, не може ниту македонскиот со Никола Груевски - истакнал Вигенин по својата дводневна посета на Македонија.

Тој додал и дека реакцијата на политиката на македонската влада е задоцнета. За можната бугарска блокада во ЕУ, пак, вели дека е најнегативното можно сценарио.

- Перспективата Грција да дозволи да почнат преговорите со Македонија, а Бугарија да го блокира тоа ќе има тешки последици врз угледот на нашата земја. Крајната позиција на претседателот Росен Плевленлиев ја оценуваме како предизборен потег, за да се привлечат националистичките гласачи - нагласил Вигенин.

Пред неколку месеци истиот европратеник на својот фејсбук-профил упати невкусна шега на сметка на Македонија, пишувајќи: „Научници од Скопје утврдиле дека Бетмен е Македонец, ќе му градат споменик во Прилеп“.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22728
Без Ботев няма България
13-11-2012, 05:51 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Поевтин гас за Бугарија и за Полска

угарија и Русија се договорија за цената на гасот, која е определена во новиот договор што ќе стапи во сила од јануари идната година, објавија од руската компанија „Газпром“.

Владата на Бугарија веднаш најави и ново поевтинување на гасот од 11 отсто за домашните потрошувачи. По која цена ќе се набавува истиот, никој не открива, а од „Газпром“ велат дека тоа е деловна тајна.

Исто така, од компанијата додаваат дека со полските партнери пронашле заеднички прифатлив механизам за одредување на цената на гасот. Иако не се соопштува ниту цената за Полска, се шпекулира дека ќе биде пониска за 10 до 15 отсто.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F0C59F...6C80195C99
Без Ботев няма България
14-11-2012, 06:29 PM
Reply