Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Европски дипломати: Бугарија преку Македонија ги крие сопствените проблеми

Ще подчертая само очевидните лъжи в статията

Според високи преставници на Европската Унија кои инсистираат на анонимност, минатонеделните закани за вето на Македонија од Бугарија, кои ги упатиjа бугарскиот претседател Росен Плевнелиев и министерот за надворешни работи Николај Младенов се потврда на шпекулациите дека е можна блокада за добивање датум за преговори на декемврискиот Самит на ЕУ, овојпат од нашиот источен сосед.

Во разговор со дописникот на МИА од Брисел, високите преставници на Унијата потврдуваат дека самиот комесар за проширување Штефан Филе бил изненаден од она што го слушнал од бугарските власти и најавата за вето.

„Сите сме изненадени од тоа што највисоките преставници на бугарската власт официјално излегоа со ставот дека Македонија се уште не е подготвена за почеток на преговорите за влез во ЕУ. Тоа недвосмислено значи дека Бугарија става вето на пристапните преговори на својот сосед“, коментираат високите преставници на ЕУ за МИА.

Според нив, барањето за заедничко славење на некои историски датуми и личности не е вистинската причина за најавата за бугарска блокада.

Челниците на ЕК велат дека има две причини зошто сега Бугарија е погласна од Грција во ветото на Република Македонија. Првата е да се дефокусира вниманието на останатите земји-членки на Унијата од Бугарија и проблемите во оваа земја, а во врска со непочитувањето на законите, заради што земјата е се уште под мониторинг на комисијата и трпи огромни критики. Во таа насока е и држењето под мраз на повеќемилионски фондови од ЕУ наменети за Бугарија, поради злоупотербата на истите. Токму денеска, портпаролакта на ЕК, Пиа Аренкилде-Хансен, потврди дека е можно Комисијата да излезе со вонреден извештај за негативностите во бугарското општество.Исто така, поради проблемите со владеењето на правото и почитувањето на законите во земјата, Бугарија, заедно со Романија, веќе не се ни дискутира на европските совети за внатрешни работи да бидат примени во шенген-зоната, ниту пак на овие земји да им биде дозволено да ја воведат употребата на еврото како парична единица.

Втората причина поради која Бугарите се закануваат со блокада, според нашите соговорници, се изборите во оваа земја што треба да се одржат идната година. Актуелната власт предводена од премиерот Бојко Борисов, според нив, има пад на популарноста и играњето на патриотската карта е единствена можност за враќање „во живот”.

Од таа причина се смета дека и контроверзниот Божидар Димитров е оставен на позицијата директор на Институтот за национална историја на Бугарија. Иако беше утврдено дека бил соработник на тајната комунистичка служба, тој беше оставен на оваа висока државна функција и се користи да се напаѓа Македонија по историските прашања, иако самиот премиер Борисов пред неколку години најави дека сите што лустрацијата ќе докаже дека биле кодоши ќе бидат отстранети од државните функции.

Во соопштение на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, испратено по минатонеделната негова посета на Софија, а кое го лиферуваше Комисијата, се посочува дека: „Бугарија, како земја-членка на Унијата е важен пример за останатите земји во регионот кои сакаат да бидат дел од евро-атлантските структури”.

„Јас дојдов во Софија со цел да ја разберам сегашната политика на Бугарија кон поранешната југословенска Република Македонија. Ние во ЕК знаеме дека Бугарија е загрижена во оваа насока, но оваа земја и ПЈРМ имаат силни и длабоки врски и ние сме убедени дека две страни може да им се посветат и да ги решат сите отворени прашања во духот на добрососедството, базирано на вредностите на ЕУ. Оваа поента ја кажуваме и во контактите со македонските власти“, истакна Филе, кој притоа го поздрави фактот дека претседателите Плевнелиев и Иванов разменуваат писма, како и тоа дека министрите за надворешни работи Николај Младенов и Никола Попоски придонесуваат во подобрувањето на односите на двете држави, јави МИА.

http://www.mkd.mk/72941/makedonija/evrop...-problemi/

В България е една от 4 държави от ЕУ , в която към момента няма замразен нито един фонд.
България и Румъния сами не желаят да въведат еврото , което ще бъде свързано с неминуемо поскъпване и от там и евентуални социални трусове.
Къде и Божо го вкараха в тоя филм .

ИЗОБЩО ДАЛИ НЯКОЙ МИСЛИ , ЧЕ ТОВА Е КАЗАНО ОТ ВИСОКИ ЕВРОПСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ПОЕЛАЛИ АНОНИМНОСТ , или го е мислело някой бездарна глупава писарушка с претенции да бъде журналист ????

Извод - напълно заслужено и задължително вето
Без Ботев няма България
05-11-2012, 09:42 PM
Reply

ИЗОБЩО ДАЛИ НЯКОЙ МИСЛИ , ЧЕ ТОВА Е КАЗАНО ОТ ВИСОКИ ЕВРОПСКИ ФДИПЛОМАТИ ПОЖЕЛАЛИ АНОНИМНОСТ , или го е мислело някой бездарна глупава писарушка с претенции да бъде журналист ????

Извод - напълно заслужено и задължително вето
Без Ботев няма България
(This post was last modified: 05-11-2012, 09:45 PM by Топорчо.)
05-11-2012, 09:44 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

дубъл
Без Ботев няма България
(This post was last modified: 05-11-2012, 09:47 PM by Топорчо.)
05-11-2012, 09:47 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија повторно се заканува: Без „испеглани“ разлики со Софија, Скопје не може во ЕУ

Бугарија експресно и со нови закани одговори на писмото на македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

[Бугарија повторно се заканува: Без „испеглани“ разлики со Софија, Скопје не може во ЕУ]

Неговиот колега Николај Младенов вели дека со македонскиот министер разговарале повеќе од два часа на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации и дека сега не е време за муабети туку за конкретни резултати. Во интервју за софиското радио Дарик Младенов вели дека Македонија смета на бугарска поддршка при влезот во ЕУ но дека таа поддршка зависи и од извештајот на Европската Комисија. За Младенов е кристално јасно дека Македонија во наредниот месец и половина нема да успее да ги отстрани училишните книги во кои има стории како таа за бугарската окупација на Пиринска Македонија која била одделена од својата матична земја и сонародници во Македонија.
За бугарскиот министер ова е апсурдно тврдење наместо кое треба да се случуваат други процеси кои ќе се развиваат во неколку различни правци затоа што двете земји имаат взаемни интереси како заеднички инфраструктурни проекти. Иднината на Македонија е во Европската Унија вели Младенов, но пред тоа да се случи мора да бидат испеглани разликите меѓу Скопје и Софија порачува Младенов.

http://www.kanal5.com.mk/%28S%281qncbeug...ntId=98557
Без Ботев няма България
05-11-2012, 09:49 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарите бараат нови учебници по историја

Од Бугарија пристигнуваат нови предлози и закани за подобрување на меѓусебните односи со Македонија. Николај Младенов, шефот на бугарската дипломатија, предлага ревидирање на учебниците по историја, а дежурниот антимакедонист Божидар Димитров пушта нова приказна во оптек – ако Македонија влезе во ЕУ ќе бара автономија на Благоевград!!!

-Убеден сум дека иднината на Македонија е во ЕУ, но проблемите меѓу нашите две земји прво мора да бидат испеглани, изјави бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Младенов, во интервју за софиско Дарик радио.

Коментирајќи ги односите меѓу Македонија и Бугарија, Младенов вели дека очекува резултати од македонска страна откако со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, веќе разговарале за начините да се унапредат билатералните односи:

-Се сретнав со министерот Попоски во Њујорк, имавме долг разговор, значи нема потреба понатаму да дебатираме. Ни требаат резултати сега. Македонија смета на поддршката на Бугарија за приклучување во ЕУ. Оваа поддршка, исто така, зависи од извештајот на Европската комисија за Македонија, по кој ќе се одлучува за месец и половина. Кристално јасно е дека е невозможно да успеат за месец и пол од нивните учебници да ги исфрлат содржините според кои Бугарија ја окупирала Пиринска Македонија, со што била поделена нивната земја и народ, вели Младенов за Дарик радио.

На ова се надоврза Божидар Димитров.

-Ако Македонија влезе во Европската Унија, тоа значи дека ЕУ ќе се согласи со фалсификатите на историјата и злосторствата што продолжуваат да се прават врз Бугарите во таа земја. Тогаш Македонија можеби ќе посака да дадеме автономија на Благоевград, да се согласат дека нашите херои се нивни и тогаш војната ќе се пресели во Бугарија. Ако Македонија еден ден е членка на ЕУ, Македонците ќе имаат претензии кон нас, какви што постојано се слушаат и ќе бидеме принудени да ги исполнуваме, вели бугарскиот професор Димитров за агенцијата БНТ.

-Дваесет и две години чекавме малото девојче да порасне и Македонија да тргне по разумен пат. Само, големата девојка не се менува. Фактот дека бугарската влада и претседателот Росен Плевнелиев се приклучија кон Грција во односот кон Македонија е добро. Ова навистина е стара грчка област. Ние исто така треба да се браниме како Грците. Во 1944 година е извршено едно злосторство кон човештвото кога е направен геноцид врз 1,2 милиони Бугари, кои се прогласени за Македонци со еднократен чин на југословенските комунисти, што е нација што не постои, вели Димитров.

Инаку, и бугарските политичари и медиуми продолжуваат да обвинуваат дека Македонија води силна антибугарска кампања.

http://www.sitel.com.mk/bugarite-baraat-...o-istorija
Без Ботев няма България
05-11-2012, 09:51 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија – грчки лобист во ЕУ против Македонија

Добивањето датум за преговори со ЕУ за Република Македонија како никогаш досега добива драматичност, токму поради очигледноста дека расположението на Брисел е во прилог на конечно целосно отворање на процесот на пристап во ЕУ за Република Македонија на претстојниот декемвриски самит. Ваквата европска позиција за Атина беше јасна уште од пред неколку месеци и токму заради тоа, како и обично практикувајќи го духовниот матрикс на нивните предци – Данајци, Грците повторно ни подготвија подарок спакуван во обланда на „меморандум за соработка“ вешто оставајќи впечаток на кооперативност пред европската јавност во однос на Македонија.

Грчкиот молк во врска со добивањето датум за преговори за Македонија од ЕУ е речиси целосен, но за нивна сметка секојдневно заканувачки и иритирачки изјави дека ќе го спречат тоа ни пристигнуваат од Софија. Официјална Софија и во минатото напати знаела да испрати чудни пораки во однос на Македонија, но ваква зачестеност и жестока антимакедонска реторика од највисоките политички лидери не се памети изминатите години. Дури и еврокомесарот Филе мораше да оди во Софија за да си разјасни на што се должи ваквиот негативен бугарски став во однос на процесот на зачленување на Македонија во ЕУ. И покрај неговите обиди Софија да се однесува европски во однос на својот сосед Македонија, бугарскиот министер Николај Младенов продолжи со секојдневните антимакедонски изјави, поточно со ставот дека Македонија се уште не била подготвена за почеток на преговорите за влез во ЕУ.

Оттука, за изненадените бриселски високи претставници, минатонеделните закани за вето на Македонија од Бугарија, кои ги упатиjа бугарскиот претседател Росен Плевнелиев и министерот за надворешни работи Николај Младенов се потврда на шпекулациите дека е можна блокада за добивање датум за преговори на декемврискиот самит на Европската Унија, овојпат од нашиот источен сосед. Европјаните се обидуваат да дадат објаснување дека тоа се должи на проблемите што Бугарија ги има со ЕУ околу злоупотреба на европските фондови, непочитување на законите итн. и дека во таа смисла е можно комисијата да излезе со вонреден извештај за негативностите во бугарското општество.

Сепак, тоа не се единствените причини за ваквото бугарско однесување. Не треба да се заборави дека на почетокот на јули бугарскиот претседател Росен Плевнелиев и министерот за надворешни работи Николај Младенов имаа официјална посета на Атина кога, по се изгледа, е отворена нова „данајска“ страница во грчко-бугарското пријателство. Имено, токму по јулскиот грчко-бугарски самит започна и изненадувачката канонада против Македонија од страна на Бугарија. Во политиката случајности нема, а ова „совпаѓање“ е преголем показател дека Софија си облекла грчки „дрехи“ во кои што баш и не изгледа многу лична.

Решителноста на Брисел да го искачи повисоко пристапниот процес за Македонија е очигледно цврста, и најавата за евентуално објавување вонреден негативен извештај за Бугарија од страна на Европската комисија треба да е сосема јасен сигнал за Софија во врска со тоа. Оттука, во име на добрососедските односи со Република Македонија како и во име на нивниот позитивен иден развој, за Софија ќе биде покорисно навреме да си ја симне грчката маска

http://www.mkd.mk/72994/kolumni/bugarija...ja-geleva/

Това прасе пък откъде се пръкна. Да ме извиняват прасетата.
Без Ботев няма България
06-11-2012, 06:43 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Карфур трговија по грчко-бугарски модел

Првите денови по отворањето на "Карфур" во трговскиот центар "Скопје сити мол", супермаркетот продаваше производи со пониски цени отколку во другите познати маркети, дури и под набавната цена на производите од македонско потекло. Ова создаде забуна кај дел од купувачите дека другите продаваат прескапо, а Карфур" по реални цени, но не било така.
Прво реагираа производителите кои со ваквиот начин на продажба ги доведуваат во прашање своите односи со другите трговски системи како Тинекс, Веро или Скопски пазар, за што Вечер веќе пишуваше. Не помина многу време, а "тајните" на нелојално прениските цени под набавна вредност полека се откриваат.

Имено, наши читатели ни дадоа на увид парагон-блокови што наместо фискални сметки биле издавани на касата од Карфур" во "Скопје сити мол". Ова е надвор од законската даночна постапка, а купувачите веќе поднеле и пријави до Управата за јавни приходи.
Од УЈП велат дека само под одредени услови што се утврдени со закон може да се издава парагон-блок како доказ за платен производи или услуга. Во тој случај парагон-блокот мора да биде заверен со печат од УЈП.

Вчера побаравме одговор од надлежните во Карфур". Се обидовме преку и-меил, но и телефонски да контактираме со Вања Војнова, личен асистент на извршниот директор на Карфур" во Софија, која ни беше посочена како одговорна за давање изјави за јавност. Но, до затворањето на весникот, од Војнова не добивме одговор.

http://vecer.com.mk/?ItemID=4B84CE82FC28...6B2CA8C0AF

Мене, 06.11.2012 11:47:36
Па што очекувавте од Бугари, синоним за корупција, шверц и мафија.
06.11.2012 11:47 | (6) | Like

Егати обвинението.Лошите Бугари им продавали евтино на добрите македонци.
Без Ботев няма България
06-11-2012, 09:34 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Европски дипломати: Намерата на Софија е да го оттргне фокусот од своите проблеми

Според високи претставници на Европската унија кои инсистираат на анонимност, минатонеделните закани за вето на Македонија од Бугарија, кои ги упатија бугарскиот претседател Росен Плевнелиев и министерот за надворешни работи Николај Младенов се потврда на шпекулациите дека е можна блокада за добивање датум за преговори на декемврискиот Самит на Европската унија, овојпат од нашиот источен сосед, пренесува МИА. Високите претставници на Унијата за МИА потврдуваат дека самиот комесар за проширување Штефан Филе бил изненаден од она што го слушнал од бугарските власти и најавата за вето.
- Сите сме изненадени од тоа што највисоките претставници на бугарската власт официјално излегоа со ставот дека Македонија се уште не е подготвена за почеток на преговорите за влез во ЕУ. Тоа недвосмислено значи дека Бугарија става вето на пристапните преговори на својот сосед, коментираат високите претставници на ЕУ за МИА.

Според нив, барањето за заедничко славење на некои историски датуми и личности не е вистинската причина за најавата за бугарска блокада. Има две причини зошто сега Бугарија е погласна од Грција во ветото на Република Македонија. Првата е да се дефокусира вниманието на останатите земји-членки на Унијата од Бугарија и проблемите во оваа земја, а во врска со непочитувањето на законите, заради што земјата е се уште под мониторинг на Комисијата и трпи огромни критики. Втората причина поради која Бугарите се закануваат со блокада се изборите во оваа земја што треба да се одржат идната година. Актуелната власт предводена од премиерот Бојко Борисов, според изворите, има пад на популарноста и играњето на патриотската карта е единствена можност за враќање во живот".

http://vecer.com.mk/?ItemID=451CB23A3032...535FA9A8EC
Без Ботев няма България
06-11-2012, 09:36 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

06.11.2012, 17:33
Интервју - Бугарија нема да ви стави вето
Димитар Бечев, член на Европскиот совет за надворешни односи
Слободанка Јовановска

Зошто Бугарија инсистира толку многу да слави исти празници со Македонија? Каква симболика има тоа за Вас?

Тоа е признавање на заедничкото минато. Да се признае, сепак, сега, кога имаме две држави и два народа, дека тие некогаш биле поврзани. Вие го интерпретирате тоа како работа на историчарите, но за нас е битно да се покаже дека имаме заедничко минато, а битно е и за актуелниот претседател Росен Плевнелиев, бидејќи потекнува од Пиринска Македонија.

Според Вашите сознанија, кои се датумите што би сакала Вашата држава да ги слави со нашата?

Мислам дека тоа е Илинден. Ако се сеќавате, експремиерот Владо Бучковски имаше таков предлог. Сигурно тешко ќе се стигне дотаму, бидејќи во деведесеттите години ВМРО-ДПМНЕ кај вас беше обвинувана за бугарофилство, па ќе им биде тешко да го прифатат тоа.

А како Вие во Бугарија гледате на ВМРО-ДПМНЕ?

Мислам дека тоа со бугарофилството е завршена работа. Во Бугарија добро се прифаќа екслидерот Љупчо Георгиевски, но актуелниот Никола Груевски нема таков кредит на доверба. Дури мислам дека за време на СДСМ имаше поголем прогрес во односите меѓу Бугарија и Македонија.

Како го коментирате предлогот на претседателот Ѓорге Иванов како заеднички празници да се слават Денот на Европа, денот на признавањето од Бугарија и денот на воспоставувањето дипломатски односи?

Вториот предлог, според мене, е добра основа, бидејќи е многу битен чин за Бугарија. Луѓето заборавија дека тогаш, практично, сите големи земји беа против и и' рекоа на Бугарија дека не треба да го прави тоа. Така што тоа беше позитивна одлука од наша страна, но подоцна не беше добро искористена од Скопје и од Софија. Сега, кога ќе се вратиме на минатото, признавањето на Македонија беше многу битен датум и многу храбра одлука на Бугарија. Имаше голема смисла да се стори тоа.

Кои се, според Вас, реалните фрустрации меѓу Бугарија и Македонија, а кои не? Се отвораат премногу прашања...

Проблемот со дискриминацијата на бугарските компании е реално прашање. Исто така, дискриминацијата на сите што се идентификуваат како Бугари е битно прашање за Бугарија. Спаска Митрова е само една епизода. Добар гест би било да има поголем пристап на бугарските медиуми тука, кога веќе има српски, хрватски, па и грчки. Бугарија да биде присутна тука како што се присутни сите други. Битно е, исто така, колку е присутен бугарскиот бизнис во Македонија, иако има и добри примери. Таков пример сега е бугарски „Карфур“. Како што знаете, менаџментот на скопскиот „Карфур“ е дојден од Бугарија. Тоа е француска компанија, но базата е во Софија и оттаму се проширува. Ако Софија е некој канал на странскиот бизнис и доаѓа во Македонија, тогаш тоа е некаква вин-вин варијанта. Друг позитивен пример е „Кејблтел“. Претходно во Македонија беше многу скап интернетот во споредба со нашата држава, додека не дојде оваа инвестиција од Бугарија. На почетокот „Кејблтел“ беше бугарска компанија, но подоцна ја купи странски инвеститор кој се прошири во Македонија. Тоа се позитивни примери како треба да се оди напред.

Во отворените прашања што ни ги испорача Софија преку предлог-декларацијата за пријателство не се споменуваше ништо од ова? Имаше само заедничко славење историја, гробишта на бугарски војници, говор на омраза... Остануваат ли тие како отворени прашања?

Да, остануваат.

Тогаш пристапот е повеќе историски отколку прагматичен?

Да, повеќе е историски. Јас лично мислам дека треба да одиме попрагматично и со прашања кои не се само во интерес на бугарските, туку и на македонските државјани. Јасно е дека историските прашања ќе останат. Зошто, тешко е да се полемизира со луѓе како Красимир Каракачанов или Божидар Димитров, од националистичките кругови во Бугарија, кога ќе прашаат - Србите добија заедничка прослава во Македонија, што добивме ние? Зошто нас така не' третираат? Зошто не може да се слави заеднички Илинден, а може Кумановската битка?

Имаат ли големо влијание овие националистички кругови на официјалната политика?

Не дека се моќни, ама можат да влијаат. Проблемот е што во бугарското општество нема некој голем интерес за Македонија, што им овозможува на вакви поединци да полемизираат околу овие прашања без некоја конкуренција. Нема дебати за Македонија, размена на различни ставови...

Мислите ли дека Бугарија ќе стави вето на одлуката за почнување преговори на ЕУ со Македонија.

Мислам не. Бидејќи тоа ќе има негативни последици за самата Бугарија и не е во бугарски интерес. Но, исто така, мислам дека Бугарија нема веќе ни да ја поддржува Македонија. И ќе има пасивна или неутрална позиција, всушност, поддршка за статус кво.

Каде ја гледате причината за ваквата иритираност во Софија?

Ја гледам во национализмот во Македонија и во перцепцијата дека премиерот Никола Груевски нема интерес да ги развива билатералните односи со нашата држава. Дека има друга агенда, а европската агенда не го интересира, при што дел од неа се билатералните односи со соседите. Тоа е повеќе персонално, и кај владата, но гледам опасност тој проблем меѓу владите да се прелее во општествата. Затоа полемизирам во медиумите за да укажам дека - ако имате проблем, кажете јасно дека тој е со актуелната влада а не со македонското општество.

Зар не Ви се чини дека со спомениците на Симеон Радев, Борис Сарафов и Тодор Александров одиме кон заедничко славење на историски личности?

Да, не само со спомениците, туку и со Музејот на македонската борба во кој има многу документи на бугарски јазик и чија постановка ја подготви историчарот Зоран Тодоровски, чие видување на минатото не е толку далеку од бугарското. Тоа многу често се губи во бугарските расправи и дискусии. Затоа, кога ќе ме прашаат дали тие ни ја крадат историјата, мојот одговор секогаш е дека не можеме да крадеме историја, зашто таа е заедничка во една или во друга смисла. Ставот побргу е - не дека има кражба на историјата со спомениците, туку во Македонија има некоја националистичка манија и таа оди по некој друг пат.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5855D...464A0ED9F7

06.11.2012, 17:34

Ах, тие наши комшии
Ерол Ризаов
Македонија стана како поштенско сандаче, сите нешто бараат, а ништо не даваат
Сите нешто бараат од Македонија. Густината на побарувањата што пристигнуваат деновиве не може да ги среди ни легендарната канадска пошта. Македонија стана како поштенско сандаче. Атина испорачува редовно, цел пакет ерга омнес побарувања. Софија, да не остане покусо, прати преку комши капиџик полн контејнер. Србија една–две палети со „молба“ за историска прослава на Зебрњак и да се пушти од затвор Вранишковски. Скромно. Брисел во името на ЕУ подготвува нова композиција со 33 вагони полна со побарувања кои допрва ќе ги видиме ако имаме среќа да ни ги пратат пред Нова година. Тие што ги виделе сличните на овие велат дека боли глава. Приштина и Тирана преку пошта ништо не праќаат. Тие имаат тука свои претставништва кои нивните барања автоматски ги испорачуваат како свои. Америка, Кина и Русија се премногу мудри да не бараат ништо од малата и сиромашна Македонија. Ако им треба нешто, ќе шепнат таму каде што треба. Знаат тие како треба.

Зошто толку зачестија пратките за брза достава. На Балканот писмата и информациите секогаш бавно патувале, обично поради погрешните адреси. Сега пред 12 декември се распишале со писма, меморандуми, изјави, интервјуа претседателите на држави, премиерите, министрите, научниците, медиумите и разни писатели на драми, трагедии и трилери. Се појавија и белосветски трагачи по возбуди и копачи на стари гробови. Сите велат дека Македонија нешто им должи. Грците бараат да го смениме името и да не им ја крадеме античката историја. Бугарите велат да не им ја крадеме целата историја на средниот и на новиот век. И уште бараат да не шириме антибугарска кампања по медиумите и кога некој снима филм, или пишува поезија, не дај боже напише роман. И Грците и Бугарите се жалат во Брисел дека се многу уплашени од нас бидејќи сме имале територијални претензии. Да се чуди човек каква велесила ќе беше оваа Македонија да им земе територии на Грција и на Бугарија. Србија, пак, како гром од ведро небо праќа абер дека децениското црковно прашање може да се реши лесно и СПЦ да ја признае МПЦ, само треба по прославата на Зебрњак и по пуштањето на Вранишковски од затвор да се одреди датумот кога ќе се случи тоа. Велат на Св. Никад, ако не се почитува нишкиот договор. Брисел единствено настапува во европски стил. Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ и треба да добие датум. На 10 декември ќе ни го кажеле датумот кога ќе почнат преговорите. Имаат само една мала забелешка, треба да воспоставиме добри односи со соседите и да ги отстраниме недоразбирањата. Баш европски, со висок стил. Оди сега ти среди го односите со соседите со вакви побарувања.

А што прави Македонија. Па ништо, зела табаци хартија, па пишува ли пишува одговори. Де на едните, де на другите, де на третите. На Грците им велиме одамна сме подготвени да ги исполниме обврските од Привремената спогодба и од хашката пресуда на Судот за правда. Тоа значи да влеземе во ЕУ и во НАТО со БЈРМ, па потоа ќе разговараме за географската додавка и нејзиниот опсег и век. Коректно. На Бугарите им напишавме дека сме спремни историјата да им ја дадеме на историчарите, па тие според науката и совеста нека кажуваат што е заедничка историја и што треба да славиме заеднички. Бугарите се мрштат и не сакаат веќе ич муабет да прават на таа тема. Велат заедничка историја е таа што ќе ја одредат нивните историчари. На Брисел сто пати им кажавме дека сме подготвени за компромис и заеднички прифатливо решение само тоа не го сакаат ни Грците ни Бугарите. На Србите им организиравме една прослава на Зебрњак набрзинка да не се сетат Власите. Тие што одлучија за ваков добрососедски гест добро е што не знаат историја, инаку тешко ќе се одлучеа.

И сега што понатаму. Комшии не можеме да избираме, а и да можеме тешко дека и нас некој ќе не' сака за комшија. Со сиромав комшија до гроб да бидеш, па зијан ќе видиш. Такви се нашите големи и славни комшии со голема и богата историја и култура, кои не даваат никој да им ја краде. Само не ми е јасно како останаа копуци и жива сиромаштија с’шти како ние, барем во тоа, покрај толку славни империи, ханови и цареви зад себе. Не знам кој повеќе ќе се навреди ако кажам дека сите сме исти на Балканите.

Историјата на односите меѓу балканските земји кажува дека што и да прифати Македонија, мора со своите комшии да го направи тоа мудро и без кавга. Главно е да не се прифаќаат какви било промени додека не се ратификува членството во ЕУ и во НАТО од сите земји. Во оваа „рана“ фаза прифаќање каква било промена без гаранција на Брисел и ОН е дефинитивна загуба.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C432B...6C823C91CB

Датум: 06.11.2012, 18:41
ПАРТИИТЕ ВО СОФИЈА ОБЕДИНЕТИ ПОД АНТИМАKЕДОНСKО ЗНАМЕ
Бугарскиот лонец зоврива пред избори

Опасно е ако тензичната реторика кон Македонија се интензивира пред парламентарните избори кај источниот сосед во првата половина на следната година, период кој може да биде клучен за нашите евроинтеграции
Иако е планирано парламентарните избори кај источниот сосед да се одржат кон крајот на првата половина од 2013 година, тензичната реторика на бугарската политичка сцена кон Македонија изгледа како предизборната кампања да е во полн ек.

Познавачите на македонско-бугарските односи коментираат дека е опасно ако ваквата реторика продолжи, а Македонија стане една од темите во бугарското предизборие, и тоа во период кој може да биде клучен за нашите евроинтеграции.

Ако се исполнат очекувањата земјава во декември да добие одложен датум за јуни, тогаш предизборната кампања во Бугарија се поклопува со шесте месеци што ќе бидат значајни за да се одблокира процесот во ЕУ. Поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски очекува дека екстремните десничари ќе влијаат врз однесувањето на конзервативците и левичарите на тема Македонија, но и дека позасилена реторика очекува по завршувањето на изборите во втората половина на 2013 година.

- Очекувам екстремни настапи да има АТАKА, како екстремно десна идеологија, но и од опкружувањето на Kаракачанов кое на темата Македонија ~ приоѓа од чисто политички аспект со цел да добие некој глас повеќе за влез во парламентот. Иако овие партии не се доминантни, мислам дека сепак некаде ќе влијаат, во определена мера, врз однесувањето на конзервативците од ГЕРБ и на левичарите од социјалистичката партија - потенцира Милошоски.

Според Стојко Стојков од партијата на Македонците ОМО „Илинден“-ПИРИН, последниве години партиите се обединети под антимакедонското знаме и речиси без исклучок ја поддржуваат идејата да се блокира почетокот на преговорите со ЕУ. Единствено поблаги во настапите се партијата на Сина коалиција (предводена од Сојуз на демократски сили и Демократи за силна Бугарија) и партијата на Турците.

- Дури може да се каже дека позицијата на посткомунистичка Бугарија е понегативна спрема Македонија, повеќе и од таа на Тодор Живков. Говорот на омраза постојано се засилува и стана општа практика да се исмеваат Македонија, Македонците и с` што е македонско. Состојбата нема да се промени оти доста кругови печалат милиони секоја година на база на конфликтот со Македонија и за нив влезот на земјава во ЕУ би значел крај на нивните лесни пари и на привилегиите - објаснува Стојков.

Тој анализира дека Бугарија беше „добра“ кон нашата земја единствено во периодот меѓу 2000 и 2006 година зашто тогаш добрососедските односи ~ беа услов за ЕУ. Уште еден посветол момент, според Стојков, беше признавањето на Македонија кога на власт беа бугарските демократи.

- Но од 2006 година наваму приказната за Македонија и Бугарија е како таа за волкот и јагнето: второто секогаш му ја матело водата на првото - независно од тоа што прави и кажува јагнето, волкот ќе сака да го изеде - порачува Стојков.
ИскРа Kоровешовска

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...CE9EC1032A

Датум: 06.11.2012, 18:44
KАKО СЕ ЧИТА ОДГОВОРОТ НА ПОПОСKИ
Не се фативме во грчката стапица

Главната цел на дипломатијата била при одговарање на Предлог-меморандумот да не ~ се даде на Атина материјал што би можела да го злоупотреби пред декемврискиот Совет на ЕУ, коментираат наши извори
Македонија во одговорот на Предлог-меморандумот се труди да не ~ даде на Грција материјал што би можела да го злоупотреби пред декемврискиот Совет на ЕУ. Со овие зборови дипломатски извори за „Дневник“ го објаснуваат писмото што шефот на дипломатијата, Никола Попоски, му го испрати на грчкиот колега Димитрис Аврамопулос. Државава во одговорот се повикува на Привремената спогодба, бара да се интензивираат преговорите за името, да има средби на највисоко ниво и Атина да го прифати предлогот од Европската комисија - спорот да се решава паралелно со преговорите со ЕУ.

Од грчкото МНР вчера објавија дека владата ќе го разгледа писмото, а потоа ќе се изјасни. Дипломатски извори од земјава коментираат дека грчката страна нема да ја крене топката премногу високо. Слично е очекувањето и на дел од грчката стручна јавност. Јоргос Ѕогопулос од грчката фондација ЕЛИАМЕП вели дека по размената на писмата, двете држави нема да потпишат никаков меморандум.

- Одговорот е позитивен, но не и критичен бидејќи не дава одговор на клучните прашања. Добро е што двете страни бараат дијалог, но нема суштинско поместување на процесот. Размената на писма е нов обид за освежување на преговорите и ништо повеќе - анализира Ѕогопулос.

Според поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески, македонскиот одговор на Предлог-меморандумот е очекуван.

- Двете дипломатии не се на ист колосек, туку си возат во свои насоки. А, сега фронтот не само што не слабее туку се зајакнува - со Бугарија, која ја отвора идентитетската тема и покрај ентузијазмот на еврокомесарот Штефан Филе, на пример, кој, сепак, не може да ги игнорира ставовите на сојузниците - вели тој.

Дипломат, кој побара да биде анонимен, коментира дека Македонија имала мал простор за одговор на Меморандумот.

- Иако Македонија немаше многу простор за поконкретен одговор, целта е исполнета. Се покажа дека не се одбива иницијатива, во него има позитивен вординг, се покажа дека има спремност за одење напред - вели тој.

СДСМ, како што изјави пратеникот Марјанчо Николов, не го коментира македонскиот одговор на Меморандумот за да не биде загрозена преговарачката позиција на Владата.

- Имајќи предвид дека дел од информациите што се одвиваат по други дипломатски канали се држат во строга тајност, а се работи за најважното прашање за евро-атлантските интеграции на земјава, во оваа деликатна фаза нема да коментираме ништо за да не ја загрозиме преговарачката позиција на Владата на Република Македонија - рече Николов.

Неофицијално, грчки извори оценуваат дека Атина добила умен одговор.

- Се споменува дека Скопје сака решение, дека ја почитува Привремената спогодба и ја спомнува одлуката од Хаг. Во Грција никој и не очекуваше одговори бидејќи ако беше така, Меморандумот немаше да биде јавно објавен - велат овие извори.

Грчките медиуми велат дека не бил суштински одговорот од Македонија на Меморандумот за разбирање.

- Според информации од дипломатски извори, одговорот испратен во Атина од Владата на Груевски е различен од грчките предлози, во рамките на очигледната тактика на скопјаните да не одговорат суштински, да добијат време и да отворат бесконечна дебата која не води никаде – пишува „Прото тема“.

Грчките медиуми пишуваат дека очекувале да слушнат дали Попоски прифаќа потпишување на предложениот Меморандум за разбирање.
Ивана Kостовска, Жана п. божиновска

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...BFB0F814B7

Бугариja ce фати на стапицата на Слободанка Јовановска, Ерол Ризаов, Искра Kоровешовска, Ивана Kостовска , Жана п. Божиновска...и компания. А те милите на коя стапица са се фатили ?
Да, разбира се, тези остри и популярни журналистически пера се съобразяват - в голяма степен - предполагам - със съответната медия...Нормално...

Дали ще има българско вето през декември?
07-11-2012, 10:04 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

06.11.2012, 17:33

Интервју - Бугарија нема да ви стави вето

Димитар Бечев, член на Европскиот совет за надворешни односи

Слободанка Јовановска

Зошто Бугарија инсистира толку многу да слави исти празници со Македонија? Каква симболика има тоа за Вас?

Тоа е признавање на заедничкото минато. Да се признае, сепак, сега, кога имаме две држави и два народа, дека тие некогаш биле поврзани. Вие го интерпретирате тоа како работа на историчарите, но за нас е битно да се покаже дека имаме заедничко минато, а битно е и за актуелниот претседател Росен Плевнелиев, бидејќи потекнува од Пиринска Македонија.

Според Вашите сознанија, кои се датумите што би сакала Вашата држава да ги слави со нашата?

Мислам дека тоа е Илинден. Ако се сеќавате, експремиерот Владо Бучковски имаше таков предлог. Сигурно тешко ќе се стигне дотаму, бидејќи во деведесеттите години ВМРО-ДПМНЕ кај вас беше обвинувана за бугарофилство, па ќе им биде тешко да го прифатат тоа.

А како Вие во Бугарија гледате на ВМРО-ДПМНЕ?

Мислам дека тоа со бугарофилството е завршена работа. Во Бугарија добро се прифаќа екслидерот Љупчо Георгиевски, но актуелниот Никола Груевски нема таков кредит на доверба. Дури мислам дека за време на СДСМ имаше поголем прогрес во односите меѓу Бугарија и Македонија.

Како го коментирате предлогот на претседателот Ѓорге Иванов како заеднички празници да се слават Денот на Европа, денот на признавањето од Бугарија и денот на воспоставувањето дипломатски односи?

Вториот предлог, според мене, е добра основа, бидејќи е многу битен чин за Бугарија. Луѓето заборавија дека тогаш, практично, сите големи земји беа против и и' рекоа на Бугарија дека не треба да го прави тоа. Така што тоа беше позитивна одлука од наша страна, но подоцна не беше добро искористена од Скопје и од Софија. Сега, кога ќе се вратиме на минатото, признавањето на Македонија беше многу битен датум и многу храбра одлука на Бугарија. Имаше голема смисла да се стори тоа.

Кои се, според Вас, реалните фрустрации меѓу Бугарија и Македонија, а кои не? Се отвораат премногу прашања...

Проблемот со дискриминацијата на бугарските компании е реално прашање. Исто така, дискриминацијата на сите што се идентификуваат како Бугари е битно прашање за Бугарија. Спаска Митрова е само една епизода. Добар гест би било да има поголем пристап на бугарските медиуми тука, кога веќе има српски, хрватски, па и грчки. Бугарија да биде присутна тука како што се присутни сите други. Битно е, исто така, колку е присутен бугарскиот бизнис во Македонија, иако има и добри примери. Таков пример сега е бугарски „Карфур“. Како што знаете, менаџментот на скопскиот „Карфур“ е дојден од Бугарија. Тоа е француска компанија, но базата е во Софија и оттаму се проширува. Ако Софија е некој канал на странскиот бизнис и доаѓа во Македонија, тогаш тоа е некаква вин-вин варијанта. Друг позитивен пример е „Кејблтел“. Претходно во Македонија беше многу скап интернетот во споредба со нашата држава, додека не дојде оваа инвестиција од Бугарија. На почетокот „Кејблтел“ беше бугарска компанија, но подоцна ја купи странски инвеститор кој се прошири во Македонија. Тоа се позитивни примери како треба да се оди напред.

Во отворените прашања што ни ги испорача Софија преку предлог-декларацијата за пријателство не се споменуваше ништо од ова? Имаше само заедничко славење историја, гробишта на бугарски војници, говор на омраза... Остануваат ли тие како отворени прашања?

Да, остануваат.

Тогаш пристапот е повеќе историски отколку прагматичен?

Да, повеќе е историски. Јас лично мислам дека треба да одиме попрагматично и со прашања кои не се само во интерес на бугарските, туку и на македонските државјани. Јасно е дека историските прашања ќе останат. Зошто, тешко е да се полемизира со луѓе како Красимир Каракачанов или Божидар Димитров, од националистичките кругови во Бугарија, кога ќе прашаат - Србите добија заедничка прослава во Македонија, што добивме ние? Зошто нас така не' третираат? Зошто не може да се слави заеднички Илинден, а може Кумановската битка?

Имаат ли големо влијание овие националистички кругови на официјалната политика?

Не дека се моќни, ама можат да влијаат. Проблемот е што во бугарското општество нема некој голем интерес за Македонија, што им овозможува на вакви поединци да полемизираат околу овие прашања без некоја конкуренција. Нема дебати за Македонија, размена на различни ставови...

Мислите ли дека Бугарија ќе стави вето на одлуката за почнување преговори на ЕУ со Македонија.

Мислам не. Бидејќи тоа ќе има негативни последици за самата Бугарија и не е во бугарски интерес. Но, исто така, мислам дека Бугарија нема веќе ни да ја поддржува Македонија. И ќе има пасивна или неутрална позиција, всушност, поддршка за статус кво.

Каде ја гледате причината за ваквата иритираност во Софија?

Ја гледам во национализмот во Македонија и во перцепцијата дека премиерот Никола Груевски нема интерес да ги развива билатералните односи со нашата држава. Дека има друга агенда, а европската агенда не го интересира, при што дел од неа се билатералните односи со соседите. Тоа е повеќе персонално, и кај владата, но гледам опасност тој проблем меѓу владите да се прелее во општествата. Затоа полемизирам во медиумите за да укажам дека - ако имате проблем, кажете јасно дека тој е со актуелната влада а не со македонското општество.

Зар не Ви се чини дека со спомениците на Симеон Радев, Борис Сарафов и Тодор Александров одиме кон заедничко славење на историски личности?

Да, не само со спомениците, туку и со Музејот на македонската борба во кој има многу документи на бугарски јазик и чија постановка ја подготви историчарот Зоран Тодоровски, чие видување на минатото не е толку далеку од бугарското. Тоа многу често се губи во бугарските расправи и дискусии. Затоа, кога ќе ме прашаат дали тие ни ја крадат историјата, мојот одговор секогаш е дека не можеме да крадеме историја, зашто таа е заедничка во една или во друга смисла. Ставот побргу е - не дека има кражба на историјата со спомениците, туку во Македонија има некоја националистичка манија и таа оди по некој друг пат.

Статијата е прочитана 1310 пати.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=5855DEA49...464A0ED9F7

Интервю от един много интелигентен българин

Без Ботев няма България
(This post was last modified: 07-11-2012, 06:15 PM by Топорчо.)
07-11-2012, 06:14 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Мое ќоше

Ах, тие наши комшии

Ерол Ризаов

Македонија стана како поштенско сандаче, сите нешто бараат, а ништо не даваат

Сите нешто бараат од Македонија. Густината на побарувањата што пристигнуваат деновиве не може да ги среди ни легендарната канадска пошта. Македонија стана како поштенско сандаче. Атина испорачува редовно, цел пакет ерга омнес побарувања. Софија, да не остане покусо, прати преку комши капиџик полн контејнер. Србија една–две палети со „молба“ за историска прослава на Зебрњак и да се пушти од затвор Вранишковски. Скромно. Брисел во името на ЕУ подготвува нова композиција со 33 вагони полна со побарувања кои допрва ќе ги видиме ако имаме среќа да ни ги пратат пред Нова година. Тие што ги виделе сличните на овие велат дека боли глава. Приштина и Тирана преку пошта ништо не праќаат. Тие имаат тука свои претставништва кои нивните барања автоматски ги испорачуваат како свои. Америка, Кина и Русија се премногу мудри да не бараат ништо од малата и сиромашна Македонија. Ако им треба нешто, ќе шепнат таму каде што треба. Знаат тие како треба.

Зошто толку зачестија пратките за брза достава. На Балканот писмата и информациите секогаш бавно патувале, обично поради погрешните адреси. Сега пред 12 декември се распишале со писма, меморандуми, изјави, интервјуа претседателите на држави, премиерите, министрите, научниците, медиумите и разни писатели на драми, трагедии и трилери. Се појавија и белосветски трагачи по возбуди и копачи на стари гробови. Сите велат дека Македонија нешто им должи. Грците бараат да го смениме името и да не им ја крадеме античката историја. Бугарите велат да не им ја крадеме целата историја на средниот и на новиот век. И уште бараат да не шириме антибугарска кампања по медиумите и кога некој снима филм, или пишува поезија, не дај боже напише роман. И Грците и Бугарите се жалат во Брисел дека се многу уплашени од нас бидејќи сме имале територијални претензии. Да се чуди човек каква велесила ќе беше оваа Македонија да им земе територии на Грција и на Бугарија. Србија, пак, како гром од ведро небо праќа абер дека децениското црковно прашање може да се реши лесно и СПЦ да ја признае МПЦ, само треба по прославата на Зебрњак и по пуштањето на Вранишковски од затвор да се одреди датумот кога ќе се случи тоа. Велат на Св. Никад, ако не се почитува нишкиот договор. Брисел единствено настапува во европски стил. Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ и треба да добие датум. На 10 декември ќе ни го кажеле датумот кога ќе почнат преговорите. Имаат само една мала забелешка, треба да воспоставиме добри односи со соседите и да ги отстраниме недоразбирањата. Баш европски, со висок стил. Оди сега ти среди го односите со соседите со вакви побарувања.

А што прави Македонија. Па ништо, зела табаци хартија, па пишува ли пишува одговори. Де на едните, де на другите, де на третите. На Грците им велиме одамна сме подготвени да ги исполниме обврските од Привремената спогодба и од хашката пресуда на Судот за правда. Тоа значи да влеземе во ЕУ и во НАТО со БЈРМ, па потоа ќе разговараме за географската додавка и нејзиниот опсег и век. Коректно. На Бугарите им напишавме дека сме спремни историјата да им ја дадеме на историчарите, па тие според науката и совеста нека кажуваат што е заедничка историја и што треба да славиме заеднички. Бугарите се мрштат и не сакаат веќе ич муабет да прават на таа тема. Велат заедничка историја е таа што ќе ја одредат нивните историчари. На Брисел сто пати им кажавме дека сме подготвени за компромис и заеднички прифатливо решение само тоа не го сакаат ни Грците ни Бугарите. На Србите им организиравме една прослава на Зебрњак набрзинка да не се сетат Власите. Тие што одлучија за ваков добрососедски гест добро е што не знаат историја, инаку тешко ќе се одлучеа.

И сега што понатаму. Комшии не можеме да избираме, а и да можеме тешко дека и нас некој ќе не' сака за комшија. Со сиромав комшија до гроб да бидеш, па зијан ќе видиш. Такви се нашите големи и славни комшии со голема и богата историја и култура, кои не даваат никој да им ја краде. Само не ми е јасно како останаа копуци и жива сиромаштија с’шти како ние, барем во тоа, покрај толку славни империи, ханови и цареви зад себе. Не знам кој повеќе ќе се навреди ако кажам дека сите сме исти на Балканите.

Историјата на односите меѓу балканските земји кажува дека што и да прифати Македонија, мора со своите комшии да го направи тоа мудро и без кавга. Главно е да не се прифаќаат какви било промени додека не се ратификува членството во ЕУ и во НАТО од сите земји. Во оваа „рана“ фаза прифаќање каква било промена без гаранција на Брисел и ОН е дефинитивна загуба.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C432B6845...6C823C91CB
Без Ботев няма България
07-11-2012, 06:17 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ПАРТИИТЕ ВО СОФИЈА ОБЕДИНЕТИ ПОД АНТИМАKЕДОНСKО ЗНАМЕ

Бугарскиот лонец зоврива пред избори

Опасно е ако тензичната реторика кон Македонија се интензивира пред парламентарните избори кај источниот сосед во првата половина на следната година, период кој може да биде клучен за нашите евроинтеграции

Иако е планирано парламентарните избори кај источниот сосед да се одржат кон крајот на првата половина од 2013 година, тензичната реторика на бугарската политичка сцена кон Македонија изгледа како предизборната кампања да е во полн ек.

Познавачите на македонско-бугарските односи коментираат дека е опасно ако ваквата реторика продолжи, а Македонија стане една од темите во бугарското предизборие, и тоа во период кој може да биде клучен за нашите евроинтеграции.

Ако се исполнат очекувањата земјава во декември да добие одложен датум за јуни, тогаш предизборната кампања во Бугарија се поклопува со шесте месеци што ќе бидат значајни за да се одблокира процесот во ЕУ. Поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски очекува дека екстремните десничари ќе влијаат врз однесувањето на конзервативците и левичарите на тема Македонија, но и дека позасилена реторика очекува по завршувањето на изборите во втората половина на 2013 година.

- Очекувам екстремни настапи да има АТАKА, како екстремно десна идеологија, но и од опкружувањето на Kаракачанов кое на темата Македонија ~ приоѓа од чисто политички аспект со цел да добие некој глас повеќе за влез во парламентот. Иако овие партии не се доминантни, мислам дека сепак некаде ќе влијаат, во определена мера, врз однесувањето на конзервативците од ГЕРБ и на левичарите од социјалистичката партија - потенцира Милошоски.

Според Стојко Стојков од партијата на Македонците ОМО „Илинден“-ПИРИН, последниве години партиите се обединети под антимакедонското знаме и речиси без исклучок ја поддржуваат идејата да се блокира почетокот на преговорите со ЕУ. Единствено поблаги во настапите се партијата на Сина коалиција (предводена од Сојуз на демократски сили и Демократи за силна Бугарија) и партијата на Турците.

- Дури може да се каже дека позицијата на посткомунистичка Бугарија е понегативна спрема Македонија, повеќе и од таа на Тодор Живков. Говорот на омраза постојано се засилува и стана општа практика да се исмеваат Македонија, Македонците и с` што е македонско. Состојбата нема да се промени оти доста кругови печалат милиони секоја година на база на конфликтот со Македонија и за нив влезот на земјава во ЕУ би значел крај на нивните лесни пари и на привилегиите - објаснува Стојков.

Тој анализира дека Бугарија беше „добра“ кон нашата земја единствено во периодот меѓу 2000 и 2006 година зашто тогаш добрососедските односи ~ беа услов за ЕУ. Уште еден посветол момент, според Стојков, беше признавањето на Македонија кога на власт беа бугарските демократи.

- Но од 2006 година наваму приказната за Македонија и Бугарија е како таа за волкот и јагнето: второто секогаш му ја матело водата на првото - независно од тоа што прави и кажува јагнето, волкот ќе сака да го изеде - порачува Стојков.

ИскРа Kоровешовска
#
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2B1D4CAB89...CE9EC1032A
Без Ботев няма България
07-11-2012, 08:13 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

„Дојче Веле“: Бугарија би можела да ги уценува Македонија и Србија

Германското радио „Дојче Веле“ во денешната анализа објави дека Бугарија има големи шанси да ги уценува Македонија и Србија за влез во Европската за решавање на билатерални држави. Србија има забелешки на бугарската потпретседателка Маргарита Попова, која во една нејзина изјава рече дека Србија нема да стане член во ЕУ додека не го реши прашањето со бугарското малцинство.

Софија има отворени билатерални спорови и со Македонија, околу јазикот, историјата и културата кои е тешко да се дефинираат правно.

Според некои експерти овие прашања треба да се решат на начинот на кој тоа го направија Словенија и Хрватска во врска со граничниот спор.

Неодамна, бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Младенов рече дека „Бугарија треба да ги дефинира своите насоки околу интеграцијиите во Европската фамилија на соседните земји“, притоа не сакајќи да изнесе повеќе детали на што поточно мисли.

http://mkdnews.com/%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1...1%98%D0%B0
Без Ботев няма България
07-11-2012, 08:17 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарска врска

Двата народа ги спојува многувековна заедничка историја. Сега, кога се' би требало да биде полесно, Бугарија и Македонија никогаш не биле подалеку една од друга. Патернализмот и предрасудите се поважни од рамноправната соработка

Големо прашање е дали некој од луѓето што ја водат државава вистински очекуваше дека отаде Деве Баир на само седум-осум недели пред толку важниот самит за нас на европските лидери во декември ќе почнат да пукаат со тешка артилерија и ќе почнат да отвораат прашања кои Македонија и Бугарија со судни маки некако ги беа запретале. Зборува ли некој веќе за правата на македонското малцинство во Пиринска Македонија, ги споменува ли некој кафкијанските маки на ОМО „Илинден“–ПИРИН да се регистрира како политичка партија во софискиот суд; ја споменува ли некој пресудата на Судот за човекови права од Стразбур, со која на бугарската држава и' беше наложено да ги почитува политичките права на тамошните етнички Македонци. Сето тоа сега е фрлено на рабовите на политичката агенда во Скопје и во Софија.

Наместо тоа, македонската јавност се обидува да ги фати нишките на мрежата што усогласено ја плетат бугарскиот претседател на државата, шефот на дипломатијата, па и премиерот, чија основна намера е дека дојде времето „помалиот брат“ да ја научи лекцијата. Во исто време, овдешната јавност се запрашува дали нашата дипломатија преспа одредени часови или пак не успеваше да разбере што може да се случи кога за влезот во Европската унија ќе треба да затропаме и на бугарската порта.

Николај Младенов, бугарскиот шеф на дипломатијата, фален како модерен политичар без патерналистички багаж врз своите плеќи, пред неколку дена вака го објасни студенилото што навева од Софија. „Антибугарската кампања во Македонија создава бескрајна непријатност во бугарската јавност. Откако ќе запре ова, Бугарија ќе се согласи со членство на Македонија во ЕУ“. Ќе треба да се направи големо научно истражување која е таа жестока антибугарска кампања што се тркала во Македонија. Дали е антибугарска кампања фактот дека во војната која против Турција ја почнаа младите балкански држави пред точно сто години како најважен плен беше поделбата на географската територија на Македонија. Тоа е завршена работа, Македонците може да ја проколнуваат својата несреќна судбина, но резултатот и не можеше да биде поинаков кога не успеавме во тоа време да се избориме ниту за автономија, а камоли за сопствена држава. Едноставно, другите беа поорганизирани, поумешни, па ако сакате и пореволуционерни, да ја отфрлат петвековната османлиска прегратка. Нам не ни успеа тоа и сегашните солзи нема ништо да помогнат. Но, зарем има логика некој да бара историскиот исход да се ретушира затоа што порано влегол во елитните клубови.

Дали е антибугарска кампања ако се снима филм за реални настани што се случиле во Македонија за време на шесте најмрачни години на човештвото? Зарем најважен доказ за добрососедство е ако македонскиот народ ги заклучи во најзафрлените тераси на свеста својата борба, својата историска епопеја и најважниот негов дострел кога конечно создаде своја држава само за да не се налутат нашите сега поуспешни братучеди под Витоша. Бугарскиот премиер Бојко Борисов во интервјуто за грчки „Етнос“ се обидува да поентира: „Историјата беше многу тешка, милиони луѓе ги изгубија животите, меѓутоа од која причина сега прават филм, кој едноставно ја прикажува Бугарија како фашистичка држава“. Па, каква држава беше Бугарија до септември 1944 година. Зошто царот Борис одеше на поклонение во Берлин? Тоа е мрачен дел од бугарската историја, затоа што таа се престрои на погрешната страна, но таа голема грешка треба стоички да се истрпи, а не да се бара гума да го избрише она што не може да се избрише. Дали синопсисите за филмови, театарски претстави, па и книги ќе треба да се испраќаат во Софија на цензорски преглед за добрососедство. Според логиката на Борисов, сега никој од Европската унија, па и од Америка не би требало да снима филмови за Втората светска војна – не се потребни ниту приказните за Шиндлеровите листи, ниту за војникот Рајан, ниту за востанието во каналите на Варшава. Едноставно, херојската победа над мрачните сили треба да биде потисната во заборав.

Ниту еден политичар во Македонија не би се осмелил да ја одредува агендата на политичарите што владеат во Бугарија, како што го направи тоа Борисов во интервјуто за „Етнос“. „Да бев јас премиер на Македонија, ќе ја оставев историјата на историчарите, да се докажуваат меѓу себе кој има право и ќе почнев да се занимавам со инфраструктура, патишта, железнички линии...“ Некогаш е необјасниво како уште можат да се слушаат толку патерналистички пораки од Софија за наводните заблудени деца што живеат во македонската држава.

Внимателно подготвениот говор на претседателот Росен Плевнелиев пред еврокомесарот Штефан Филе, во кој ја нападна Македонија за уривање на сите мостови за добрососедство и за поттикнување на националистичка еуфорија, беше напишан со толку жесток речник што би го коригирале и во Атина. На Филе, веројатно, тогаш му стана појасно дека историските духови на Балканот, патернализмот и неверојатно ниската толерантност кон другиот овде се зацементирани и дека ќе треба херкуловска волја стереотипите, предрасудите и сомневањата да се фрлат на ѓубриштето. Во овој момент, се чини дека тоа е невозможна мисија.

Македонската дипломатија не успеа да види што се случува околу нас, или попрецизно, не знаеше да ги прочита новите знаци кои секој ден се поставуваа. Всушност, и ништо друго не можеше да се очекува од дипломатијата која е сведена на приврзок на луѓето од опкружувањето на премиерот, кога Министерството се наполни со партиски аматери, кога најискусните дипломати се дистанцирани во најоддалечните соби, кога дипломатската стратегија се сведе само на прошетки по европските метрополи каде што се слуша истиот рефрен – на Македонија и' е местото во ЕУ, но кога ќе дојде времето.

Македонија е мала држава, но може да се пофали дека двајца нејзини врвни дипломати претседавале со Генералното собрание на Обединетите нации. Тоа е успех за во дипломатски учебници, но изгледа ништо не научивме од тоа. Писмата што ги испраќавме до безброј адреси се бележеа како врвен дипломатски успех. Исчезнаа регионалните иницијативи, ги снема повеќепартитните средби, потонаа билатералните проекти. Едноставно, дипломатијата се загуби за време на патувањата во авионите. Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, пред некое време беше на состанокот на Вишеградската група. Овде Вишеградската група се слави како извонреден напор на централноевропските држави за нивен побрз влез во Европа, а ние не знаевме да се обидеме да поттикнеме таква идеја на Балканот, туку го фалиме успехот на другите. Главното објаснување за сето ова е - незнаење. Писмата не ги решаваат проблемите, па затоа ќе дојде грубиот одговор на Младенов до Попоски дека „заврши времето за муабетење. Ни требаат резултати сега“.

Битката со предрасудите и стереотипите е како битка со ветерници. Педесет години потпомогнати и од идеолошкиот образец, овде се зборуваше за Бугарите како за сиромашни луѓе, на работ на советската империја. Отаде Деве Баир сега зборуваат како изневерени татковци, за Македонија која не знае што значи да се биде дел од Европа. Приказните за најромантичниот дел од бугарската историја ги заменија со заканите. Лицитирањето кои празници би можеле да ги славиме заедно се претвори во претседателска гротеска. Двата народа ги спојува многувековна заедничка историја. Сега, кога се би требало да биде полесно, Бугарија и Македонија никогаш не биле подалеку една од друга. Време е да се отфрлат ќулавките на недовербата, да се отфрлат тешките зборови, да се баталат писмата – време е за нови идеи. Ако ги има.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=7ED6C1507...86003C7715
Без Ботев няма България
08-11-2012, 05:55 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ПУНKТАЦИИ

Балканска градина на зелени овошја

Во Букурешт на 12 февруари 2000 година тогашните балкански политичари со јасна визија за иднината на регионот потпишаа Повелба за добрососедство, стабилност и соработка во Југоисточна Европа. Потписите тогаш на тој важен документ ги ставија Емил Kонстантинеску (Романија), Иван Kостов (Бугарија), Булент Еџевит (Турција), Илир Мета (Албанија), Љубчо Георгиевски (Македонија) и Kостас Симитис (Грција).

Суштината на балканската повелба за добрососедството беше кажана уште во првата точка - интензивен политички дијалог (претседатели, министри, парламенти), при што се нагласи потребата од посети, посети и посети и разговори за сите отворени прашања и проблеми. Притоа се истакна и неопходноста од директни контакти на граѓанските општества, како и зајакнување на регионалната безбедност, и се поттикна потпишувањето мултилатерални и билатерални договори. Интересно, од сите овие земји во Процесот, само Македонија заостана на патот кон евро-атлантските институции и организации, секако, ако се исклучи „Турција како посебен случај“, кога е во прашање членството во Европската унија. Зошто само Македонија? Дали таа некаде сериозно промашила кога е во прашање добрососедството? Дали само таа има нерасчистени прашања, ако ги има? Расчистиле ли Грција и Албанија со поморската граница, на пример? Расчистиле ли Грција и Бугарија некои датуми од историјата?

Прашањата можат да се намножат до конспирација. Подобро е затоа да се гледа во реалноста, која повторно како проблем ни го отвори прашањето за добрососедството. Во манир на модерната дипломатија, значи да се каже апла, претседателот на Република Бугарија, Росен Плевнелиев на еврокомесарот Штефан Филе му рече дека европскиот извештај за Македонија не е целосно добар и тој треба да земе предвид дека Владата во Скопје треба да престане со антибугарската реторика и со искривувањето на историските факти, а министерот за надворешни работи Николај Младенов го стави капакот на тенџерото кога рече дека Бугарија е загрижена заради националистичката политика што ја води Скопје. Значи, Бугарите од нас бараат да бидеме добри соседи. Истото го бараат и Грците. Со години. И ние тоа го бараме од нив. Со години.

Што ли се добри соседи? Kопајќи по многу научни трудови, интересно е дека на истражувачите им било тешко да ги дефинираат ваквите специфични и деликатни односи. Во една студија Финецот Kортинен вели дека тие односи се карактеризираат со негативна солидарност, при што има еден премолчан договор:„Ако не ми се мешаш во моите работи, јас нема да ти се мешам во твоите“. Тоа е апсолутно исто кога сопругата ќе ти рече: „Не ми се мешај во штипките“, што значи не оди на туѓа територија. Некои, пак, велат дека добрососедството е пријателска дистанца. За други - нужно зло. Па дури и се истакнува - соседите не ги избираме, што може да има многу негативен контекст ако не се мирисаме со комшијата, а тој таа порака ќе ја разбере како - овој би сакал друг за сосед.

Но, нашите комшии ни чепкаат многу длабоко во коренот кога не се согласуваат со нашето име, со нашиот јазик, со верата, сме им краделе историја, небаре им крадеме чаршафи пружени на жица?! Па, може ли историја да се краде?!

Одејќи по логиката на крадење историја, заклучокот е дека тие (како и ние) имаат проблем со идентитетот, а не за некакво соседско недоразбирање. И повеќе од јасно е дека овде станува збор за отсуство на дипломатски контакти, што значи словото од букурешката повелба се заборавило. Исто како што сме заборавиле на Повелбата на ОН во која се истакнува принципот дека државите ќе се одвраќаат во меѓународните односи да употребуваат закани или сила спрема територијалниот интегритет или политичката независност на државата. Сме го заборавиле ли и принципот дека страните ќе ги решаваат споровите на мирен начин? Ја заборавиле ли нашите соседи обврската да не се мешаат во прашања кои се под надлежност на домашното законодавство? Заборавен ли е на овој простор принципот на еднакви права и самоопределување на луѓето? И конечно - се заборава ли на принципот на еднакви суверени држави?

Далеку од тоа дека ќе тврдиме оти Македонија се однесува како совршен сосед, такво нешто не постои, но има нешто што е вистинска кочница кога се во прашање меѓусебните односи. Kога Македонија нешто ќе им предложела и на Грците и на Бугарите, тие секогаш велеле дека со внимателност тоа ќе го разгледаат, а потоа штама. Kога тие нешто ќе предложат, е тоа е друга приказна и таа се огласува на големи ѕвона. Но, бидејќи и Македонија е суверена држава и кога таа ќе се повика на правото на реципроцитет, тогаш таа е лош сосед. Па, ако идејата е да го клекнеш на колена својот „лош“ сосед или да се однесуваш кон него како кон постар батко, тогаш навистина овошјето е недозреано во нашата балканска градина.

Христо ИВАНОВСКИ

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=94029A21B4...A06B52470F
Без Ботев няма България
08-11-2012, 04:38 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Виже се какви министри за надворшни работи сте имали. Да не се чудите нели за односите

Чашуле: Плевнелиев и Борисов да се извинат пред Музејот на холокаустот

Бугарија пред Европската унија тешко ќе може да ги објасни своите позиции поврзани со Македонија, бидејќи во нив се кријат имплицитни територијални и етнички претензии, анализира за Макфакс поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле.

Предлага, во духот на потребата за унапредување на македонско-бугарските односи, претседателот Росен Плевнелиев и премиерот Бојко Борисов да ја посетат земјата и пред Музејот на холокаустот во Скопје и во селото Ваташа да се извинат за злосторствата на територијата на Македонија за време на фашистичката окупација.

„Јас уште на времето предупредував дека на грчките блокади ќе се придружат и бугарски, и тоа не ме изненадува. Тој тренд се гледа од поодамна, со тоа што бугарската блокада многу потешко бугарската држава ќе ја артикулира, бидејќи за разлика од грчкиот проблем со нашето име, овде се кријат имплицитни претензии, како територијални, така и етнички. Такво нешто е тешко прифатливо за Европската унија, особено кога Бугарите, на еден, според мене, чуден и по малку невешт начин сакаат оваа своја позиција да ја претстават како протест против фашизмот што го имале за време на Втората светска војна, што за Европа е апсурдно и апсолутно неприфатливо. Во врска со тезите на премиерот Бојко Борисов дека Германија повеќе не го отвара тоа прашање на фашизмот, а зошто сега ние го отвараме, треба да се потсети господинот премиер, со сета почит, дека Вили Брант отиде во Аушвиц и се извини од името на германската нација кон Евреите. Така што можам слободно да кажам дека претседателот Плевнелиев, заедно со премиерот Борисов се добредојдени во Македонија пред Музејот и споменот на холокаустот да се извинат и потоа да појдат до Ваташа и да се извинат за тој злостор, еден од многуте, кон македонскиот народ за време на фашистичката окупација. Тогаш ќе можеме да зборуваме за европска Бугарија со која ќе се потрудиме да славиме празници заедно, да ја проучуваме историјата, да ги разграничуваме деталите, од посебното да направиме заедничко и обратно. Сé друго е само ирационална позиција која нема да мине во Европската унија", вели Чашуле за Макфакс.

Во заканите од официјална Софија не препознава реална основа, туку, како што вели, игра за домашна употреба.

„Како тоа ќе дадат вето затоа што Македонија дала филм за фашизмот, фашистичката окупација и погромот? Како ќе дадат вето за Македонија дека ја крадела бугарската историја? Прво, крадењето историја треба да го дефинираат, и второ, ние во ниту еден момент не порекнуваме дека во рамките на Османлиската империја сме биле заедно, во рамките на Византиското царство сме биле заедно, сме имале држави што биле и заеднички и посебни. И конечно, како ќе објасниме на Европа дека над 1000 години пред Француската револуција на овој простор имало нации кои биле бугарски. Нацијата е феномен на буржуаската држава и секакво трагање по постоење на нација во минатото, како што тие прават за да нé оспорат нас, е безмалку смешно. И тоа нема да помине во Брисел. Но, ова е добра игра за домашна бугарска употреба", анализира Чашуле за Макфакс. /крај/ач/сн

Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

http://www.makfax.com.mk/295866
Без Ботев няма България
08-11-2012, 06:27 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Волебек знае се за малцинствата во Македонија, ни збор за тие во Грција и Бугарија

http://www.sitel.com.mk/volebek-znae-se-...i-bugarija
Без Ботев няма България
08-11-2012, 06:35 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

МПЦ очекува соработка со новиот патријарх на БПЦ

Архиепископот Стефан и Митрополитот Петар ќе ја претсавуваат Македонската православна црква на утрешниот погреб на бугарскиот патријарх Максим, во Софија.

Од останатите поглавари присуство најавиле Вселенскиот Патријарх, Вартоломеј, кој ќе го отслужи опелотот, како и Грчкиот и Албанскиот Архиепископ, Јероним и Анастасиј.

Присуството на македонската црковна делегација е резултат на коректниот однос што Бугарската црква го има кон МПЦ.

Патријархот Максим, а пред се дел од Архиереите кои сега се најсериозни претенденти за негов наследник, секогаш имале коректен однос кон македонското црковно прашање.

Бугарската црква е една од оние кои нема проблем со термионот Македонска, но сепак се противи на континуитетот на МПЦ со Охридската Архиепископија, бидејќи Бугарија историски ја смета за своја црква.

Сепак тој момент, за бугарските владици не е причина да се согласат на признавање на МПЦ како Автокефална црква.

Таков став, без претендирање да се меша во решавањето на македонско-српскиот црковен спор имаат и бугарските владици кои сега се меѓу најсериозните за нов Патријарх.

Меѓу нив е и Митрополитот од Варна, Кирил, еден од највлијателните, а според верските аналитичари најверојатно и иден бугарски патријарх. Тој во 2007-мата, на верскаат конференција во Охрид, побара брзо решавање на македонското црковно прашање.

Втор на листата сериозен кандидат за нов бугарски Патријарх е русенскиот митрополит Неофит, кој има блиски пријателски врски со македонските владици.

Марјан Николовски

http://www.sitel.com.mk/mpc-ochekuva-sor...h-na-bpc-0
Без Ботев няма България
08-11-2012, 06:44 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Македонски студенти во Бугарија преку бесплатен весник шират шоивинизам и етничка нетрпеливост

Македонски студенти во Бугарија преку бесплатен весник шират шоивинизам и етничка нетрпеливост. Во неколку броја од весникот Охридска Бугарија заговараат промена на границите на Балканот и федерација на Македонија со Бугарија.

“Бугарија и Македонија, треба да се обединат”, “Дочек на бугарската војска во Македонија”, “Бугарскиот дух на Охрид”. Ова се само дел од насловите во трите броја на онлајн весникот. Преку контроверзните содржини, се повикува на бугарско национално единство во Македонија. Бугарската заедница негира било каква инволвираност во случајот.

Според Панков, бугарската заедница во Македонија останува на своите основи барања. Да влезат во уставот, бугарскиот јазик да стане службен и да се обноват бугарските образовни и културни институции во Македонија.

Авторите на весникот одат дотаму што дури ја пресметале површината на федерацијата и бројот на жителите. Обединетата држава според нив би требало да има безмалку 10 милиони жители а после Романија би била втората најголема земја на Балканот.

Антонио Крстевски

http://www.sitel.com.mk/makedonski-stude...trpelivost
Без Ботев няма България
08-11-2012, 10:15 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Страница на Фејсбук ја срамоти бугарската полиција

Бугарска Фејсбук страница наменета за постирање на фотографии со кои се срамоти државната полиција, разгори мноштво контроверзи откако државни службенци за еден од поставувачите на оваа страница рекоа дека е „селски идиот“.

Насловена како „Фотографирај полициски службеник“, оваа страница е преполна со фотографии на полицајци кои спијат во нивните возила, пијат пиво додека се во униформа, или пак полициски возила паркирани на паркинг места резервирани за лица со хендикеп.

Бојан Максимов, еден од креаторите на оваа страица, беше наречен „селски идиот кој нема што друго да прави“ од Калинка Пенчева, портпаролка на министерот за внатрешни работи во приморскиот град Варна, откако тој постирал фотографија на нивен локален полицаец кој преку ден спие во автомобилот. Подоцна портпаролката беше казнета, но Максимов тврди дека оттогаш е прогонуван од полицијата, и и се закани на портпаролката со правна мерка. „Роден сум во Варна и чиста навреда е таа да ме нарече идиот“, рече тој во изјава за весник, и наведе дека ќе бара отштета во висина од 8.000 фунти.

Бурата во јавноста околу фотографијата на заспаниот полицаец, на Фејсбук страната предизвика постирање на десетици други навредливи фотографии на полицајци, на кои се гледа како пијани полицајци играат на тротоар, а на друга се гледа како полициски автомобил е врзан со блокатор за тркала. Истовремено, бројот на посетители кои се пријавиле како фанови на оваа страница надмина 11.000.

Навредливите фотографии уште повеќе го урнаа угледот на бугарската полиција. Оваа власт во балканската земја е цел на постојани обвинувања за корупција и злоупотреба на власта, и покрај обидите на различни влади да го подобрат квалитетот на службените лица и на нивна обука.

http://www.sitel.com.mk/stranica-na-fejs...a-policija
Без Ботев няма България
08-11-2012, 10:16 PM
Reply