Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Плевнелиев тврди дека Бугарите во Македонија биле дискриминирани

Бугарија е цврсто решена да ја блокира Македонија во процесот на интегрирање во Унијата доколу Европската Комисија не го притисне Скопје да поработи на добрососедските односи.

Бугарскиот претседател, Росен Плевнелиев жалејќи му се на Штефан Филе во Софија за политиката што Макеоднија ја води кон соседите, му рекол дека на Бугарија нема да и биде проблем да и каже НЕ на Македонија.

Плевнелиев тврди дека Бугарите во Македонија , како и за бугарскиот бизнис биле дискриминирани.

- За жал, во Република Македонија се забележува тренд на националистичка реторика, дискриминаторски однос кон граѓаните со бугарско чувство и има многу административни бариери за бугарскиот бизнис, вели Плевнелиев.

На Еврокомесарот за проширување воопшто не му се допаднала идејата на бугарските власти. На пресконференција со Плевнелиев, рекол дека блокадите не се решение. Филе потсетил дека Интеграцијата е најдоброто средство за решавање на проблемите.

- Сите знаеме дека Македонија требаше да чека долго време пред една затворена врата, очекувајќи членство во НАТО и ЕУ. Јас сум од оние луѓе кои цврсто веруваат дека не е добро да оставаме на партнерите долго да чекаат пред вратата. Верувам дека интеграцијата е најдобро средство за да се справиме со национализмот. Убеден сум дека изолацијата го храни национализмот, изјави Филе.

Веке извесно време , бугарските власти заговараат политка во која тврдат дека ја подржуваат Македонија, но таа подршка не е безусловна. Официјална Софија најави национална стратегија во која ќе ги дефинира политиките под кои ќе ја дава поддршката за интеграцијата на земјите од регионот во Европската Унија.

Емилија Митковска

http://www.sitel.com.mk/plevneliev-tvrdi...riminirani
Без Ботев няма България
31-10-2012, 06:23 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Не поддржуваат за ЕУ, ама не по секоЈа цена
Софија почнува да игра потврдо


Бугариjа нема да стави вето за почеток на преговори, но jасно е дека нема ни активно да ги поддржува македонските напори за интегрирање во ЕУ, оценува бугарскиот аналитичар Димитар Бечев

Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов деновиве искористи уште една можност да ја потсети Македонија дека на патот кон ЕУ ја има поддршката од Софија, но не по секоја цена.

- Има услови што од наша гледна точка треба да се исполнат за да продолжи да се материјализира нашата поддршка како што тоа се прави веќе 20 години – изјавил Младенов во Благоевград, при посетите на пограничните региони на земјата.

Целта на посетата, како што објаснил Младенов, е да се чуе мислењето на граѓаните на и локалните власти пред подготвувањето на најавениот документ за политиката кон соседите, бидејќи тие се со нив најсилно поврзани.

- Целта никогаш не ни била да ја блокираме Македонија или друга земја на патот кон Европа – рекол Младенов и додал дека Бугарија не треба да стравува да говори јавно и да ги постави проблемите во односите со Македонија, затоа што само така ќе може да ги заштити своите интереси.

Според него, основните грижи за извештајот за напредокот се дека не се посочени клучните прашања за Бугарија вклучени во делот за добрососедство како, на пример, односот кон Бугарите во Македонија, како и кон бугарските претприемачи, за кои во Македонија станувало с` потешко. За овие прашања, според најавите, Младенов денеска ќе разговара и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе за време на неговата посета на Софија.

- Нашата поддршка е конструктивна и се заснова на генералната позиција дека сите наши соседи од Западен Балкан треба да бидат дел од ЕУ. Истовремено, Бугарија стриктно се придржува кон принципите и критериумите за членство меѓу кои и развивањето и поддржувањето на добрососедските односи. Бугарија нема територијални претензии кон никој од соседите, но сметаме и дека нашите соседи не треба да имаат малцински претензии кон Бугарија бидејќи во бугарската држава и општество секој е слободен да се декларира како што сака - изјавил бугарскиот министер, според кого е важно Бугарија и Македонија заедно да ги чествуваат празниците и историјата за да можат заедно да ја градат и иднината.

Домашни и бугарски експерти сметаат дека и покрај ваквите изјави на Младенов, официјална Софија во декември нема да стави вето за датум за преговори за Македонија. Но, шансите за тоа ќе ги има понатаму во преговорите по поглавја.

- Мислам дека Бугариjа нема да постави вето за почеток на преговори. Тоа, според мене, е позитивно. Но, исто така е jасно дека таа нема ни активно да ги поддржува македонските напори, ако ги има, за интегрирање е во ЕУ. Барем не со оваа политичка гарнитура. Наjголемиот ризик денес е дека ќе се воспостави маѓепсан круг во коj бугарскиот и македонскиот национализам ќе заjaкнуваат, благодарение еден на друг - оценува бугарскиот аналитичар Димитар Бечев од Европскиот совет за надворешни односи.

Домашен политичар, кој е добар познавач на македонско-бугарските односи, вели дека не е тајна оти бугарските политичари долго сметат дека нивната земја заслужила поголемо влијание од тоа што го добива од Македонија. Неговата процена е дека во тамошното МНР има подвоеност за тоа дали Софија да настапи како Атина и да ја блокира Македонија уште на почетокот во евроинтегративниот процес или во текот на преговорите. Министерот Младенов, според нашиот извор, е во групата што би се решила за блокада во текот на преговорите.

- Не очекувам да н` блокираат во декември, но не би ме изненадило ако настапат „тврдо“ - вели истиот извор.

Според него, досега Бугарите изнесувале само емоционални барања врзани за историјата, но сега работат на документот за стратегијата кон соседните земји и се очекува да ги конкретизираат барањата. Неговата процена е дека Софија има тактика за искористување на своето членство во ЕУ и веројатно ќе побара заедничко прославување на настани од историјата, почитување на човековите права во Македонија, со акцент на тие што се изјаснуваат како Бугари и заеднички проекти за намалување на говорот на омраза во македонските медиуми.

Пораки од политичарите

Бојко Борисов

- Отсекогаш сум им велел на нашите соседи од Македонија дека откако тргнаа по патот кон членство во ЕУ и во НАТО треба да прочитаат какви се вредностите што таму се признаваат. А тие се Европа без граници, Европа на добрососедство, Европа во која проблемите не се решаваат со такви изјави, туку со мир, разбирање, толерантност.

- Се надеваме дека Македонија ќе погледне кон иднината на поинаков начин. Да, историјата е многу важно нешто, но кога луѓето градат инфраструктура, кога се бара економски раст, да бараш повод да се враќаш во историјата и да спориш за неа, којзнае дали тоа е најдоброто, но тоа е работа, се разбира, на нивната влада. Ние секогаш ја чувствуваме Македонија како најблиска, најпријателска земја и сакаме да има благосостојба. Но, работа на македонските политичари е како тоа ќе го направат.

Николај Младенов

- Бугарија е отворена за сите свои соседи и го поддржува проширувањето на ЕУ, но нема да дозволи некој да се плетка во нејзината историја.

(При најавата на документот со кој ќе се одредат основите на бугарската политика кон соседите и „црвените линии“ што нема да може да се преминуваат во билатералните односи)

Што се условите

- Заедничко славење на историски настани
- Стоп на говорот на омраза во медиумите
- Почитување на правата на Бугарите во Македонија

Жана П. Божиновска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5B2A79AEEF...8C8E6F23FA
Без Ботев няма България
31-10-2012, 06:28 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Филе како „ѕид за плачење“ за Софија

Бугарскиот претседател побарал Македонија да спроведува реформи, а не пропаганда

На сите средби на еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска во Софија неизбежна тема била Македонија, главно како адреса на која бугарскиот државен врв ги насочил своите поплаки, откако претходните забелешки не најдоа место во последниот извештај на Европската комисија.

„Сите знаеме дека ПЈР Македонија треба да чека долго време пред затворена врата, очекувајќи членство во НАТО и ЕУ. Јас сум од оние кои цврсто веруваат дека не е добро да оставаме на партнерите долго да чекаат пред вратата. Верувам дека интеграцијата е најдобро средство за да се справиме со национализмот“, изјавил еврокомесарот за проширување Штефан Филе на средбата со претседателот Росен Плевнелиев. „Нема никакво сомнение, ниту кај мене, ниту во Европската комисија за значењето на Бугарија за проширување. Тука сум за да се обидам подобро да ги дознаам вашите интереси и стравувања и за да утврдиме како Комисијата би можела да и' помогне на Бугарија, за да го отвори својот потенцијал во однос на политиката на соседство“, ја објаснил еврокомесарот причината за својата посета.

Шефот на бугарската држава директно се пожалил дека за официјална Софија дел од извештајот на ЕК не ја одразува соодветно улогата на Македонија во регионалната соработка и во билатералните односи со Бугарија. „Крајно време е власта во Скопје да престане со замената и со манипулацијата со историските факти“, рекол Плевнелиев, според кого Македонија не е подготвена за членство во ЕУ, а за да се отвори ваква перспектива таа треба да спроведува вистински реформи, а не пропаганда. Плевнелиев тврдел исто така дека Македонија систематски наметнува идеологија на омраза кон Бугарија. Филе верувал сепак во силните и длабоки врски меѓу двете земји и дека отворените прашања можат да се решат во добрососедски дух и врз основа на европските вредности. Притоа тој го поздравил фактот дека претседателите на двете земји неодамна размениле писма и дека министрите за надворешни работи Младенов и Попоски придонесуваат за подобрување на односите. За Филе интеграцијата на Западниот Балкан секогаш била дел од решението, а не дел од проблемот. „Интеграцијата е еднакво важна за Европската унија и нејзините земји-членки. Бугарија има клучна улога во проширувањето, благодарение на своите искуства со успешната транзиција и уникатната географска положба. Бугарија може да придонесе многу на процесот на проширување, особено во однос на непосредните соседи Македонија, Србија и Турција“, го убедувал Филе бугарскиот претседател, кој искажал најголем скептицизам во однос на Македонија. Премиерот Бојко Борисов само нагласил дека го поддржува зачленувањето на Македонија во ЕУ доколку стриктно се почитуваат сите европски критериуми.

За Македонија се разговарало и на средбата на Филе со бугарскиот министер за внатрешни работи Николај Младенов, кој посочил на „задршките во бугарското општество поради националистичката политика што се води во Скопје“. „Мислам дека се согласивме оти единствениот пат за разрешување на прашањата поврзани со националистичкиот говор е патот на европската интеграција“, изјавил по средбата Младенов. Тој соопштил дека до крајот на оваа година Бугарија ќе има „развиен и координиран план“ со кој ќе покаже пред бугарската, македонската и европската јавност дека двете земји се способни да продолжат да работат заедно и да си помагаат на ист начин како што го правеле тоа 20 години. „Бугарија нема и никогаш нема да има територијални претензии кон која и да е друга земја во регионот. Бугарија секогаш одржува односи на активна соработка со нашите соседи“, тврдел бугарскиот министер. (Н.Р.)





Статијата е прочитана 605 пати.

Испрати коментар

http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemI...0C23E35471
Без Ботев няма България
31-10-2012, 06:30 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Црвени линии - нова балканска мода

Црвените линии за соседите, поточно за Македонија, станаа мода во регионов, исто како што се модерни заканите со блокади и ставања вето и условувањата со „воспитни мерки и акции“ ако нешто не им е по волја на тие што се во позиција да условуваат.

Македонија е токму во центарот на модата диктирана од земјите што самите, секоја за себе, се прогласуваат за клучен играч во регионот на Западен Балкан.

Грција одамна смета дека ја има таа титула и во одредени моменти во минатото тоа и го докажа. Но, сега, на сцената стапува и Бугарија. И таа ја сака титулата, па еврокомесарот Штефан Филе вчера ја посети Софија, за, како што соопшти самиот, подобро да ја разбере актуелната бугарска политика, особено кога се работи за „ПЈР Македонија“, како и нејзината визија за проширувањето и потенцијалот да биде клучен играч во регионот.

Ако потенцијалот се мери со јавно искажаниот збор, Филе не мораше да оди дури во Софија. Ќе ги прочиташе изјавите на бугарските политичари и с` ќе му беше јасно.

Бугарската позиција на претстојниот Европски совет во декември, во однос на препораката за датум за преговори за Македонија „комплетно ќе зависи од тоа дали македонската Влада ќе ја продолжи или ќе ја смени својата позиција кон Бугарија, како и од тоа дали ги исполнува европските критериуми“. Вакво објаснување даде бугарскиот шеф на дипломатијата Николај Младенов пред бугарските парламентарци пред неколку дена. Уште им дообјасни дека Софија сакала проблемот да го реши билатерално, поаѓајќи од убедувањето дека европскиот пат ќе ја натера владата во Скопје да ги прифати европските принципи и да ги почитува добрососедските односи, ама, за жал, тоа не се случило!

Но, од друга страна, можеби е добро што Филе, сепак, замина во Софија за лично да ги слушне зборовите на бугарскиот претседател Плевнелиев, кој дури се „дрзнал“ да му каже на комесарот дека токму неговото дело, извештајот на Европската комисија за напредокот за нашата земја, не ги одразува улогата на Македонија во регионалната соработка и состојбата на билатералните односи меѓу Бугарија и Македонија. И, за да изгледа поубедлив, го убедувал Филе дека во Македонија се забележува тренд на националистичка реторика, дискриминаторски однос кон граѓаните со бугарско чувство и има многу административни бариери за бугарскиот бизнис.

Ако имаше малку повеќе доблест, шефот на бугарската држава, во европски манир, кој со полна уста ~ го препорачува на Македонија, пред Филе ќе кажеше некој збор и за односот на бугарската држава кон граѓаните со македонско чувство, како што е во земјите што се повикуваат на европските принципи. За жал, тоа не се случи.

Наместо европските принципи и остварувањето на желбата да се биде клучен играч, на балканската сцена останаа заканите, без оглед колкупати од двете страни е кажано дека не е добро да се копа по историјата, па историјата да им се остави на историчарите, па заеднички да се празнува во името на некаква заедничка европска иднина.

Се покажа дека писмата и реториката не се доволни.

Она што недостига е искреноста.
Жана П. БОЖИНОВСКА

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...0C01C1BE2D

След Забреняк македонските медии се напълниха с бг црвени линии, със sидове за поплаки и жалби, с любоморни фрустрации...,пък сега и Плевнелиев – македонецът – се намеси...
Е – забелязват, че Борисов се въздържа от по-резки движения в момента /во моментов?/.
Очевидно България неправилно допусна да се вдигне нивото на реагиране – на всичкото отгоре това са голи някакви (т.е. без каквото и да е било реално покритие) декларации, които – уви – не вършат работа дори и за вътрешна употреба...Дано успеят да „свалят топката” – но за това – както и за всяко друго нещо - трябва време, а време до декември няма...
Забреняк /може би/, филмът на Митревски, замразяването на трансграничните проекти /по думите на Попова/, не-добрият финал на делото за попечителсто срещу Спаска и т.н. вършат своето...
Между другото – въпреки това - в България повечето хора (в масовия случай?) остават с нагласи като тези на Жельо Желев отпреди 20 години – но нещата се объркаха...
През декември лошият сценарий би бил България да се въздържи – натам вървят нещата...Дали има и друг вариант - страната да застане зад съседите, да мобилизира лобито си – доколкото въобще го има – както по времето на Желев...пък да става каквото ще? Както и да е – време така и така няма...похарчихме го за Дарко, за Спаска, за Забреняк.
Очевидно обаче самите македонци нито желаят, нито могат да си представят този втория сценарий (в масовия, „медийния” случай, а медиите – македонски/български? не подозират - изглежда - за съществуването му – за happy end-а? – как не – ние сме по трагедиите и нещастията – там ни е силата...); а българите – кой знае – вероятно е същото плюс "пустите любоморни фрустрации"? – те, тези работи са като да се вторачиш в огледало – гледаш, гледаш – уж познато – но с годините я се познаеш – я не..., както и да е - не знам – не се вижда стратегия, нито смелост за разчупване на стереотипите...
31-10-2012, 09:43 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ПО АТИНА, И НАШИОТ ИСТОЧЕН СОСЕД ГИ ПРЕЗЕНТИРА НА ДЕЛО НАЈАВЕНИТЕ "ЦРВЕНИ ЛИНИИ"


Големо НЕ од Бугарија за влез на Македонија во ЕУ


Не можеме да дадеме евросертификат на власта во Скопје, која систематски наметнува идеологија на омраза кон Бугарија. Во Република Македонија се забележува еднострано толкување на историјата во силно националистички дух, дискриминаторски однос кон граѓаните со бугарско чувство и има многу административни бариери за бугарскиот бизнис, обвинил Плевнелиев пред Филе


Бугарија ќе го блокира македонскиот евроинтегративен процес доколку Европската комисија не го притисне Скопје да поработи на добрососедските односи со Софија. По Атина, и нашиот источен сосед ги презентира на дело најавените "црвени линии" кон соседите. Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев ја искористил средбата со еврокомесарот за проширување и соседска политика Штефан Филе да ја обвини Македонија дека на свој начин ја интерпретира историјата и води антибугарска политика, јавуваат бугарските медиуми. Според некои од медиумите, пред високиот гостин од Брисел, Плевнелиев кажал едно големо НЕ за членството на Македонија во ЕУ, поради нејзината политика кон Бугарија. Рекол дека Унијата треба да ги земе предвид бугарско-македонските односи пред евентуалното членство на земјава во ЕУ.
- Не можеме да дадеме евросертификат на власта во Скопје, која систематски наметнува идеологија на омраза кон Бугарија. Властите во Македонија ќе ја отклучат перспективата за еврочленство, не преку пропаганда и маркетинг кампањи, туку преку вистински реформи и активности за добрососедство. Не ја негираме нивната европската перспектива, им помагаме и ги поддржуваме, но тие уште не се подготвени, изјавил Плевнелиев и додал дека стратешки е важно за долгорочната стабилност на Балканот, во Скопје да почнат да применуваат европски пристап кон соседите, без провокации, без претензии и без манипулации.

Плевнелиев тврдел пред Филе дека Македонија ги дискриминира граѓаните кои се декларираат како Бугари и дури ги попречува бугарските бизниси во земјава.
- Европската интеграција е гарант за безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот и таа нема друга алтернатива. Оваа поддршка не е безусловна, таа се базира на целокупното исполнување на критериумите за членство, а еден од најважните од нив е добри добрососедски односи. Во Република Македонија се забележува еднострано толкување на историјата во силно националистички дух, дискриминаторски однос кон граѓаните со бугарско чувство и има многу административни бариери за бугарскиот бизнис. Бугарија отсекогаш го поддржувала пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, изјавил Плевнелиев.

Бугарскиот претседател не се согласува ниту со извештајот на ЕК за Македонија. Остро го критикувал пред Филе, тврдејќи дека извештајот за напредокот на земјава не ја одразува улогата на Македонија во регионалната соработка и состојбата на билатералните односи меѓу Бугарија и Македонија.

Својот шеф на државата го поддржале и бугарските пратеници од комисиите за надворешна политика и за европски прашања. Сметаат дека македонската власт има да изоди долг пат за да ги исполни основните критериуми за добрососедство на ЕУ и доколку овој проблем не биде покренат, кога ќе стартуваат преговорите на Македонија со ЕУ, тие можат да се претворат во "темпирана бомба", пренесува бугарската БТВ.
- Не може една земја силно да сака да стане членка на ЕУ и НАТО, но и во двата правци да има пречки. Од една страна не води добрососедски односи со Бугарија, од друга страна со Грција. Властите во Македонија треба да водат политика со која не всадуваат антибугарски чувства кај децата за да имаат тие негативен однос кон Бугарија, изјавил Унал Лотви од ДПС. (В.С.)

ЕВРОКОМЕСАРОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НЕЗАДОВОЛЕН ОД ЗБОРОВИТЕ НА ПЛЕВНЕЛИЕВ
Филе: Интеграцијата е најдобро средство за справување со национализмот
Еврокомесарот за проширување и соседска политика Штефан Филе воопшто не бил задоволен од зборовите на бугарскиот претседател Росен Плевнелиев. Филе рекол дека блокадите не се решение, туку интеграцијата е најдобро средство за справување со национализмот. Штефан Филе се согласил дека проблемите треба да бидат решени пред приемот на земјите во ЕУ, но потенцирал дека преговарачкиот процес не смее да биде заложник на овие проблеми.
- Сите знаеме дека ПЈР Македонија треба да чека долго време пред една затворена врата, очекувајќи членство во НАТО и ЕУ. Јас сум од оние луѓе кои цврсто веруваат дека не е добро да оставаме на партнерите долго да чекаат. Верувам дека интеграцијата е најдобро средство за да се справиме со национализмот. Нема никакво сомнение, ниту кај мене, ниту во Европската комисија за значењето на Бугарија за проширување. Тука сум за да се обидам подобро да ги дознаам интересите и стравувањата на Бугарија. Тука сум за да утврдиме како Комисијата би можела да и помогне Бугарија, за да го отвори својот потенцијал во однос на политиката на соседство. Би сакал да разговараме и за добрососедски односи во однос на тоа да ги исполниме со содржина за земјите од Западен Балкан, така што сите соседи тука да се чувствуваат удобно на своето место, му вратил Филе на Плевнелиев.



Сподели



Статијата е прочитана 1797 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар:


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати







Spasitelot, 31.10.2012 23:47:19
Abe batalete gi vise tie bugari. Neli gledate deka ednas edno zborat drugpat drugo. Tie se genetski labilen narod. Se isplasile od edna Makedonija deka ke im ja zeme istorijata. Pa ako se tolku vo pravo i ako se tolku silni ne bi trebalo da se plasat i da ne ucenuvaat za vlez vo eu, isto kako i "silnive" grci ...
31.10.2012 23:47 | (9) | Like

Дедо Иљо, 31.10.2012 23:47:11
Ганчовци!!!!!!! Секогаш во историјата сте на погрешна страна !!!!! Исти сте со Грците, неможејќи да ги покриете дубиозите во вашите држави вниманието на вашиот напатен народ сакате да го свртите со национализам и негирање на македонците. И после ќе кажете ние први ве признавме !!!!!!! Каква хипокризија !!!!!!!
31.10.2012 23:47 | (11) | Like

GOCE SHSHKO, 31.10.2012 23:44:41
E Bgarce Bugarce kade e Makedonskiot narod vo sopstvenata Pirinska Makedonija,toa treba da odgovarate no i vaseto Vreme doaga.Sto sakate da vi ja dadime nasata ISTORIJA,da se otkazime od brakata nasi vo Pirinot,se zakolnovam NIKOGAS.Bugarce OKUPATORCE nema poveke lazenje i prepisuvanje Makedonskata istorija. Nie Makedoncite sne RAZBUDENI doaga VISTINATA za kratko vreme ke ve kleknime nakolena.Pozdrav do site.
31.10.2012 23:44 | (9) | Like

23, 31.10.2012 23:36:01
kako mozes da imas dobrososedski odnosi so nekoj sto ti ja negira nacijata i jazikot, i e clen na eu?
31.10.2012 23:36 | (11) | Like

A.Lazarov@seznam.cz, 31.10.2012 23:27:20
Posle ovaa vest sakam da im iskažam golema "blagodarnost" na istočnite sosedi,ne upotrebuvam imenuvanje namerno isto kako vo slučaj so sosedite od jug. Mislam deka konečno padnaa maskite i izlegoa na površina nivnite vistinski nameri...Pišuva deka sme vodele kampanja na omraza sprema niv,,pa da mi objasni predsedatelot dali ima pogolema omraza sprema eden narod koga ne go priznavaš negovoto posoenje?????ili toa ne važi za niv,ako se tolku golemi demokrati neka vovedat na sledniot popis grafa Makedonec pa da vidat koj e diskriminiran.Dali mu e jasno deka EU napravi najgolema greška koga gi primi vo svoite redovi bidejki ne se demokratsko opštestvo itn,potrebni se dobrososedski odnosi ama ne na naša šteta.
31.10.2012 23:27 | (11) | Like

диме, 31.10.2012 23:25:25
Зар и ти, сине Бруте !?
31.10.2012 23:25 | (6) | Like

kris, 31.10.2012 23:11:05
File odma trebal da prasa zosto Bugarija ne go priznava makedonskoto malcinstvo?
31.10.2012 23:11 | (20) | Like

http://vecer.com.mk/?ItemID=6A7F59BA7D90...FB5317F86D
Без Ботев няма България
01-11-2012, 05:30 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Датум: 31.10.2012, 18:18
ШТО МУ ПИШАЛ ИВАНОВ НА ПЛЕВНЕЛИЕВ

Соломонско решение за славење со Бугарија


По барањето од Плевнелиев двете држави заедно да слават одредени историски настани, Иванов му дал три датуми и настани: Денот на Европа, денот кога Бугарија н` призна или воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји

Денот на Европа, денот кога Македонија беше признаена од страна на Бугарија или денот на воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји се датумите и настаните што македонскиот претседател Ѓорге Иванов му ги предложил на бугарскиот колега Росен Плевнелиев, како одговор на неговото барање двете држави заеднички да слават одредени историски настани. Иванов му го напишал ова на Плевнелиев во писмо испратено пред дваесетина дена, за кое кабинетот на претседателот не информира во јавноста. Вчера оттаму ни потврдија дека Иванов испратил писмо како одговор на честитката од Плевнелиев за националниот празник на Македонија, 8 Септември. Предлогот за заедничко славење македонскиот претседател го образложува со фокусирање на сегашноста и на иднината.

„Идеологизација на историјата и замената на фактите, како што ги дефинирате, се опасна алатка која при евентуална злоупотреба, особено од страна на политичарите и за краткорочни интереси, може да предизвика огромна штета, па затоа најдобро е тоа прашање да биде оставено настрана, за со него да се занимаваат историчарите“, објаснува Иванов.

Според него, целата енергија треба да се насочи на унапредување на сегашноста и создавање подобра иднина за генерациите што доаѓаат, бидејќи тоа е обврска не само кон граѓаните, туку и кон регионот. Иванов му пишува на Плевнелиев и дека е уверен оти со заемен ангажман ќе ги зајакнат односите на добрососедство. Додава дека се надева оти Бугарија ќе ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ и кон НАТО.

Вчера не успеавме да добиеме коментар од бугарската страна дали се согласува со предлогот од македонскиот претседател за датумите и настаните што заеднички би ги славеле двете земји. Бугарскиот претседател во своето писмо-честитка до Иванов напиша дека иднината на двете земји во обединета Европа треба да даде сила и увереност дека Бугарија и Македонија можат да слават заедно историски настани и да ги почитуваат личностите од минатото.

„Така би придонеле за подобро разбирање на историјата, за подобрување на добрососедските врски и за охрабрување на позитивниот однос на младите кон соседните земји. Ајде да работиме заедно за стабилноста и за просперитетот на нашите две земји, да ги претвориме политичките декларации во реални активности. Бугарија е подготвена да ја поддржи секоја иницијатива во таа насока“, пишува бугарскиот претседател. Во писмото од Плевнелиев уште стои дека Бугарија ~ подава рака на Македонија и очекува конкретни докази дека се наоѓаме во нова фаза на развој во односите.

И покрај ваквите заложби и подавања рака, бугарскиот претседател вчера не ја пропушти шансата пред еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Софија да се пожали дека во Македонија се забележувал тренд на националистичка реторика, дискриминаторски однос кон граѓаните со бугарско чувство и имало многу административни бариери за бугарскиот бизнис.

- Бугарија отсекогаш го поддржувала пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Но, извештајот на ЕK не ја одразува улогата на Македонија во регионалната соработка и состојбата на билатералните односи меѓу Бугарија и Македонија - изјавил Плевнелиев.

Македонија била тема на сите средби на Филе во Софија, на кои, според бугарските медиуми, бугарските домаќини се жалеле на реториката од Скопје. Ставот на Борисов бил дека Бугарија го поддржува зачленувањето на Македонија во ЕУ доколку стриктно се почитуваат сите европски критериуми.

По средбата со Филе, бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов изјавил дека со еврокомесарот размениле мислење околу „задршките во бугарското општество поради националистичката политика што се води во Скопје“.

Жана П. Божиновска

#

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D6ADA8A816...94358DF535

За да си покрият срама после Заберняк всички хиени се нахвърлиха дружно връз България
Без Ботев няма България
01-11-2012, 05:39 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Днес след изявите на българскитие политици във връзка с честването на празници в македонския печат има може би нормално - десетки публикации.По две и повече във всяко едно издание. Аз нямам нито време нито желание да ги търся и постирам тук. Всички до една от умерено негативни до силно негативни.
Без Ботев няма България
02-11-2012, 06:20 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

За Бугарија само признавањето има славеничка тежина

Слободанка Јовановска


„Позицијата на Македонија не е поцврста. Таа е понеадекватна“, напиша вчера европарламентарецот од Бугарија Кристијан Вигенин на својот „Твитер“ по предлогот кој од Македонија стигна до Софија за заедничко славење на празниците.

Ова е втора реакција од соседството откако беше објавено дека претседателот Ѓорге Иванов како заеднички можни славења ги предложил Денот на Европа, денот на признавањето од Бугарија и денот на воспоставувањето дипломатски односи. Од сите три празници, сериозно и позитивно во Бугарија се прифаќа само третиот, бидејќи оваа земја се гордее на овој потег и го смета како нивна храбра надворешнополитичка одлука, иако така не се гледа во Македонија.

„Признавањето на независноста на Македонија е многу важен чин за Бугарија. Сите големи сили во тоа време беа против таквата одлука и ни се вршеа притисоци да не го сториме тоа“, објасни вчера Димитар Бечев од Европскиот совет за надворешни односи во Бугарија. Според него, втор прифатлив датум е Илинден, при што потсети дека таква иницијатива веќе изнел експремиерот Владо Бучковски додека бил на таа функција.

„Замислете да сте на местото на претседателот Росен Плевнелиев и да дојдете пред триумфалната порта во Скопје и да ја видете мапата на која се наоѓа и Пирин. Неговиот брат живее таму“, ја илустрираше тој причината за вознемиреноста во Софија од споменичната симболика во Македонија.

Тој вчера беше учесник на конференцијата на Фондацијата „Сорос“ „Шанса или предизвик“ околу можностите нашата држава да добие датум за преговори на самитот на ЕУ во декември и можните пречки за тоа, меѓу кои сега се појави и Бугарија.

„Бугарија треба да и' помогне на Македонија да се интегрира. Има проблеми и историски недоразбирања, но тие не треба да бидат услов. Легитимно прашање за мене е дали бугарските компании се дискриминирани овде од власта, но тоа е прашање за граѓаните тука, зашто тие губат ако не е отворена Македонија кон странство. Ако тие информации се точни, тогаш ќе имате проблеми не само со Бугарија, туку и со сите држави“, порача Бечев. Генерално, тој оцени дека односите на Македонија со Бугарија назадуваат и дека до 2006 година не било така, зашто тогаш претседателот Борис Трајковски и бугарскиот лидер Георги Прванов заеднички ставиле венец на гробот на Јане Сандански.

„Сега не е можно тоа“, оценува Бечев, според кого односите меѓу двете земји треба да се вратат на тоа ниво.

Ексминистерот Антонио Милошоски тврди дека е подобро ако иницијативите за заедничко славење не се наметнати, туку доаѓаат од граѓаните, па се пофали дека тој со Балчев заеднички се поклонил на гроб на македонски револуционери во Бугарија. Според него, Бугарија во клучни моменти направила стратегиски грешки кон Македонија, а се поправила со признавањето во 1991 година и сега има шанса пак со давање поддршка на преговорите со ЕУ.

„Не очекувам Софија да биде нова Атина за Македонија“, вели ексминистерката Радмила Шеќеринска, според која проблем е што во бугарско-македонските односи има само изјави, а никогаш немало дебата, посочувајќи дека никој во нашата земја досега не слушнал дека бугарските фирми се дискриминирани.

Бечев, пак, како пример дека разликите не се нерешливи ги посочи примерите со Израел и Турција, земји со кои бугарската влада одржува заеднички седници, иако историски имале многу недоразбирања и проблеми.
Попоски одговара „европски“ на „илинденските“ барања на Софија

Шефот на дипломатијата, Никола Попоски, откако ден претходно ги отфрли како нереални бугарските критики на однесувањето на Македонија, вчера, како и по меморандумот од Грција, се дообјасни во фамозниот „дипломатски дневник“ на интернет-страницата на неговото МНР. Во него тој побара од Бугарија да ги почитува и нашите чувствителности и и' повтори на Софија дека историјата е за историчарите, па да им даде можност тие да соработуваат и повика двете земји да работат на поврзување на граѓаните, пред се', преку прекуграничната инфраструктура.

„Да си излеземе во пресрет кога имаме потреба. Дипломатите да ни соработуваат европски во европски услови. Да градиме искрена и принципиелна добрососедска политика и да се поддржуваме врз заеднички основи“, и' напиша Попоски на Софија.



Статијата е прочитана 353 пати.

Испрати коментар


http://utrinski.com.mk/?ItemID=78ECA8DFF...ECFFF92CDF
Без Ботев няма България
03-11-2012, 06:41 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Държавната телевизия , коя отговаря лично на Груевски дава своята лепта в граденето на добросъседските односи.


“Реториката на Бугарија се должи поради омекнувањето на односите со Грција“

Засилената остра реторика од страна на Бугарија е пред се поради тоа, што постои можност за омекнување на односите со Грција, околу меморандумот кој треба да биде потпишан и тоа би значело практично одпочнување на преговорите на Македонија за членство во ЕУ- смета Инес Сабалиќ незвисен експерт и долгогодишен познавач на Балканските политички прилики.

“Тој чекор во моментов е малку по реален, можноста за одпочннување на преговрите е пореален одколку што било кога во изминативе четири години стоење во место. Во тој момет кога една земја е блиску до преговорите, другите земји, скокаат, да речеме да се пазарат, бараат нешто за лична корист“

“На Бугарија во моментов и треба нешто да го отргне вниманието од сопствениот проблем, или да има нешто за пазарење. Тие ќе речат “во ред, ќе бидеме попустливи спрема Македонија , ќе ја одстраниме нашата резерва, доколку бидете попустливи во врска со нашите судии во Уставниот суд и ако бидете благонаклони спрема нашиот влез во Шенген зоната“.

Во овој случај листата на барања на премиерот Борисов за подобрување на добрососедските односи,слаавење на заеднички празници се обична фарса смета Сабалиќ. Според неа, Софија во моментов има два проблема. Првиот се судиите избрани на не парламентарен начин, а вториот клучен момент е влезот на Шенген зоната. Одлуката на ЕУ за држење на Бугарија надвор од Шенген зоната е пред се поради силното влијание на оргнизираниот криминал во оваа држава. Доколку Борисов не успее да го извлече овој поен , тоа ке биде негов политички пад.

Сепак забелешките на Бугарија за Македонија не наидоа на согласност кај еврокомесарот за проширување Стефан Фуле, кој на средбата со бугарскиот преседател Плевнелиев во Софија, јасно истакна дека проблемите од минатото можат да се надминат само со интегрирање на Македонија во Европската Унија.

Европската комисија и некои други членки инвестираат многу Македонија да го направи тој многу важен геополитички чекор, тоа го сметаат важно за стабилизација на нашиот регион, особено сега кога Грција е во идеолошки, и политички превривања и кога во неа се развиваат екстремно националистичките сили.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/66376/%E2...80%9C.aspx
Без Ботев няма България
03-11-2012, 04:01 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарите преку Facebook во борба против полицајците (Фото)

Илјадници Бугарски државјани се придружија на групата на Facebook со собирање на фотографии, во кои јасно може да се забележи кршењето на правилата на локалната полиција, додека истата е на должност.


Полицијата на нашиот источен сосед одреден временски период е предмет на посебен мониторинг од страна на ЕУ, за неуспехот да се справи со корупцијата и организираниот криминал.

Facebook страната која била креирана пред една недела, досега има повеќе од 8000 членови, со стотици наводни инкриминирачки фотографии.

Повеќето шоумени полицајци ги зафаќале паркинг местата за хендикепирани и спиеле во текот на работното време. Некои од фотографиите покажуваат сериозни прекршувања, како на пример фотографии во кој се гледа полицаец зад воланот какодржи отворено шише со алкохол, додека друг со својот мотор изведувал опасни акробации, возејќи на погрешната страна од автопатот. На некои од фотографиите се напишани коментари за тоа дека на истите се наоѓаат луѓе од законот кој што барале мито.


Долготрајната фрустрација за однесувањето на полицијата во Бугарија, еруптираше во јули, кога Бојан Максимов, фотографирал тројца редари на законот како спијат во патролното возило.
Фотографијата стана симбол на однесувањето на полицијата и се прошири низ социјалните мрежи како „шумски пожар“. Максимов стана предмет на различни стории и по националната телевизија.

Од објавувањето на фотографијата Максимов тврди дека постојано бил малтретиран од страна на полицијата во неговиот роден град Варна. Тој постојано бил следен од нив, а му биле пишувани казни поради тоа што не носел личен документ со него додека го изнесувал ѓубрето од својот дом, или пак не носел ременче додека го шетал неговото куче.

Скандалот доби нов тек, кога портпаролката на полицијата, Калина Пенчева, на национална телевизија го нарече Максимов будала и селанец кој немал никаква работа и сето ова го направил од чиста досада.
Првично ваквите коментари беа несанкционирани, но како што бесот нараснувал, Пенчева била суспендирана се со цел да не и наруши на угледот на полицијата.

Бугарија не успеа да ги искористи на вистински начин придобивките од приклучувањето кон Европската унија, процес кој заврши пред 5 години и реално е очекуван растот на незадоволство од ваквиот развој на земјата.

Бугарија останува најсиромашна земја во ЕУ, а според „Транспареси Интернешнал“ се гледа по нејзините граѓани дека станува збор за најкорумпираната земја, од која било друга држава во ЕУ.

Корупцијата се гледа како главна причина во неефикасноста на вршење на должноста на полицијата.
Во претходниот извештај на ЕУ било напишано дека работата на полицијата резултирала со намалување на јавната доверба во јавните институции и политичкиот систем, повреда на основните права и слободи на граѓаните, пречка на економскиот раст, како и ограничување на економската слобода и претприемништво во избраните економски секотори.

Бугарија летово падна на последниот тест за корупција и сега ќе биде под посебен мониторинг барем до крајот на 2013 година.

http://mkd-news.com/bugarite-preku-faceb...tsajtsite/
Без Ботев няма България
04-11-2012, 03:50 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија повторно се заканува: Без „испеглани“ разлики со Софија, Скопје не може во ЕУ

Бугарија експресно и со нови закани одговори на писмото на македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

[Бугарија повторно се заканува: Без „испеглани“ разлики со Софија, Скопје не може во ЕУ]

Неговиот колега Николај Младенов вели дека со македонскиот министер разговарале повеќе од два часа на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации и дека сега не е време за муабети туку за конкретни резултати. Во интервју за софиското радио Дарик Младенов вели дека Македонија смета на бугарска поддршка при влезот во ЕУ но дека таа поддршка зависи и од извештајот на Европската Комисија. За Младенов е кристално јасно дека Македонија во наредниот месец и половина нема да успее да ги отстрани училишните книги во кои има стории како таа за бугарската окупација на Пиринска Македонија која била одделена од својата матична земја и сонародници во Македонија.
За бугарскиот министер ова е апсурдно тврдење наместо кое треба да се случуваат други процеси кои ќе се развиваат во неколку различни правци затоа што двете земји имаат взаемни интереси како заеднички инфраструктурни проекти. Иднината на Македонија е во Европската Унија вели Младенов, но пред тоа да се случи мора да бидат испеглани разликите меѓу Скопје и Софија порачува Младенов.
04.11.2012, 16:34

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37...ntId=98557
Без Ботев няма България
04-11-2012, 06:28 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бојко Борисов со грчка реторика

Бугарскиот премиер во интервју за „Етнос“ ја советува македонската Влада да гради инфраструктура, а не да прави споменици

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина - Бугарскиот премиер Бојко Борисов ја советува македонската Влада да ја остави историјата на историчарите и да се позанимава со развој на инфраструктурата и подобрување на односите со соседите. Борисов во интервју за грчкиот весник „Етнос“, од кое речиси половина е за бугарските ставови за Македонија, испраќа порака до нашата држава дека предуслов да добиеме зелено светло за членство во ЕУ од Бугарија е да започнеме да ги решаваме проблемите на европски начин, со почит кон историјата и мислењата на другите.

„Да бев јас премиер на Македонија ќе ја оставев историјата на историчарите, да се докажуваат меѓу себе кој има право и ќе почнев да се занимавам со инфраструктура, патишта, железнички линии, ќе направев најдобро што можам за да имам најдобри односи со соседите од регионот“, коментира Борисов. На прашање за бугарското искуство со „македонскиот национализам“, бугарскиот премиер забележува дека на Балканот сите на некој начин по малку се националисти. „Сите се попаметни и знаат се', меѓутоа еве знаеме дека толку години Македонија не може да го реши спорот за името“.

Во слична реторика со онаа која ја слушаме постојано од грчка страна, Борисов посочува дека ако некој е членка на ЕУ и НАТО, потребно е да ги прифати реалните граници и да ја почитува историјата на другите, па поради тоа македонската Влада треба да почне да ги решава проблемите на европски начин за да добие бугарска поддршка. „Да, јасно, таквото однесување е предуслов за бугарска поддршка на европската перспектива на државата. Истото тоа важи и за Турција, Србија, Босна“, вели тој.

„Не можам да кажам дека историски знам толку работи, меѓутоа не се сеќавам на друг период кога сите балкански држави имале една заедничка цел. Но, тоа не значи само да земаш пари од европската каса, туку значи да научиме да ги почитуваме другите. Ако нивниот приоритет е да градат споменици или да прават филмови, тоа е нивна работа, јас преферирам да правам патишта“, коментира бугарскиот премиер во критика на политиката на споменици на македонската Влада.

Борисов се фокусира на бугарските инфраструктурни проекти како пример по кој треба да оди Македонија, како автопатот Струма - Стримона од Бугарија за Грција, кој според него треба да биде готов за две години и ќе овозможи побрзо патување од Софија до Солун. Споменува дека е отворен нов мост кон Романија. „Кога јас ги градам овие работи, Грците се радуваат“, вели бугарскиот премиер, повлекувајќи паралела на бугарските и македонските приоритети за ЕУ.



Статијата е прочитана 388 пати.

Испрати коментар

http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemI...972386DF99
Без Ботев няма България
05-11-2012, 05:39 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Попоски: Зголемена комуникација со Бугарија за поголема доверба

Шефот на македонската дипломатија денеска имаше средба со почесните конзули на странски земји во Република Македонија

Зголемена комуникација на министерско или кое било друго политичко ниво може само да го зголеми нивото на доверба и можностите за уште поголема соработка меѓу државите соседи, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски.

„Доколку говориме за добрососедство првата работа на која помислуваме е искреноста, отвореноста, отворената комуникација. Во тој контекст би сметал дека размените на посетите меѓу министри за надворешни работи или политички претставници од соседни земји е нешто на што мораме да работиме и што би требало да ги одразува работите кои се на одлично ниво меѓу граѓаните и бизнисите на двете земји. Конкретно тоа би требало да се однесува и на Република Македонија и Република Бугарија. Во секој случај не сметам дека има било што негативно во зголемена комуникација. Сосем спротивно сметам дека зголемена комуникација може само да го зголеми нивото на доверба и да ги зголеми можностите за уште поголема соработка во иднината“, рече Попоски на новинарско прашање за изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов во врска со неговата покана за посета на Македонија оти нема потреба од разговори, туку од дела.

За предлогот на Младенов за промена на учебниците по историја во Македонија, шефот на македонската дипломатија го повтори ставот историјата да им се остави на историчарите.

„Сметам дека постигнавме определена согласнот околу тезата дека историјата треба да биде оставена на историчарите. Мислам дека доколку се придржуваме до овој принцип можеме да обезбедиме најдобро ниво на соработка“, рече Попоски.

Тој денеска имаше средба со почесните конзули на странски земји во Република Македонија. На оваа прва средба од ваков вид на која учествувале 27 почесни конзули од 24 земји станало збор за поттикнување на соработката и создавање асоцијација на почесни конзулти која, како што рече, смета дека може да придонесе за дополнителна афирмација на Македонија, како и да определат активности во идниот период кои ќе бидат во заеднички интерес. Тоа особено се однесува, како што истакна Поповски, на клучните цели на МНР во однос на промовирањето на земјата како одлична дестинација за странски инвестиции, за туристи и за стимулирање на инвозните потнцијали на претпријатија од Република Македонија во странство.

„Се надеваме дека во двата домена можеме да направиме крупен исчекор. Сите присутни конзули ја поздравија оваа иницијатива и се заложија за дополнителна динамика на активности која се надеваме дека ќе овозможи уште поголема видливост на нивното учество и остварувањето на заедничките цели“, истакна министерот Попоски.



http://utrinski.com.mk/?ItemID=C00963FBF...982ECF3039
Без Ботев няма България
05-11-2012, 05:41 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

На Николај Младенов му пречат учебниците по историја

Бугарскиот министер за надворешни прашања, Николај Младенов и јавно побара Македонија да ги смени учебниците по историја, во кои му пречело тоа што пишувало дека Бугарија ја окупирала Пиринска Македонија

По средбата со македонскиот министер, Никола Попоски, во Њујорк, во неделното интервју за „Дарик радио“, тој додава дека се е кажано во разговорите и нема за што повеќе да се дебатира, но и нагласува дека е пожелно македонските учебници да се ревидираат по однос на историските прашања со Бугарија.

- Ни требаат резултати сега. Македонија смета на поддршката на Бугарија за приклучување во ЕУ. Оваа поддршка, исто така, зависи од извештајот на Европската Комисија за Македонија, по кој ќе се одлучува за месец ипол. Кристално јасно е дека е невозможно оти ќе успеат за месец ипол од нивните учебници да ги исфрлат содржините според кои Бугарија ја окупирала Пиринска Македонија, со што бил поделена нивната земја и народ - вели Младенов.

Според него инднината на Македонија е во ЕУ, но истакнува дека проблемите меѓу двете земји прво треба да се надминат.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNe...tant=10316
Без Ботев няма България
05-11-2012, 05:49 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

[undefined=undefined]МАKЕДОНСKО-БУГАРСKИ ОДНОСИ

Младенов: Антибугарската кампања мора да запре[/undefined]


Соседите сметаат на нашата поддршка за приклучување кон ЕУ, но јасно е дека до декември не можат од учебниците да ги исфрлат лекциите во кои Бугарија ја окупирала Пиринска Македонија, објаснува шефот на бугарската дипломатија

Македонија и Бугарија може да вложат повеќе напори за подобрување на билатералните односи и за нивната европска визија, но тоа може да се случи само преку меѓусебно почитување на чувствителните прашања, вели бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов, коментирајќи ги последните случувања меѓу двете земји, вклучувајќи го и писмото од македонскиот министер Никола Попоски.

Шефот на бугарската дипломатија повтори дека Бугарија отсекогаш била апсолутно добронамерна кон Македонија и кон земјите од Западен Балкан и дека сака да ~ помогне на земјава да го изоди патот до членство во ЕУ.

- Но, за да ~ помогнеме, треба навистина да се сфати дека со поттикнување чувства од минатото не може да се стигне далеку – изјавил Младенов, додавајќи дека во еден нормален дијалог со македонските власти ќе се најде решение.

Неговата порака до Македонија е дека мора да прекине со „антибугарската кампања“ поддржувана од Владата.

- Антибугарската кампања во Македонија создава бескрајна непријатност во бугарската јавност. Само откако ова ќе запре, Бугарија ќе се согласи со членство на Македонија во ЕУ – предупреди Младенов.

По последната размена на изјави меѓу највисоките функционери од двете држави, како и по испраќањето писмо од Попоски до Младенов, тој деновиве во интервјуа за повеќе бугарски медиуми рече дека Бугарија отсекогаш сакала нормални односи, коректни односи меѓу двете земји, кои не се базираат на преродбата на некакви кампањи од 50-тите и 60-тите години на минатиот век.

- Бугарската држава се залага за изградба на еден современ дијалог, кој ние го познаваме во современата култура. Во него е силата и европското достоинство заедно да ги почитуваме хероите на минатото и датумите што н` поврзуваат во иднината – изјавил Младенов.

Бугарските медиуми пренесуваат дека Попоски му испратил писмо на Младенов и како најинтересен го споменуваат предлогот за формирање заедничка експертска комисија од историчари од двете земји која би дебатирала за историските прашања и за интерпретација на фактите. Во врска со поканата од Попоски за разговори за подобрување на билатералните односи, Младенов вели:

- Се сретнав со министерот Попоски во Њујорк и таму имавме долг разговор, па сега нема потреба од муабетења. Ни требаат резултати сега. Македонија смета на бугарската поддршка за приклучување кон Унијата. Но кристално јасно е дека до декември, за еден и пол месец тие не можат од учебниците да ги исфрлат лекциите како онаа дека Бугарија ја окупирала Пиринска Македонија, разделувајќи ја од својата земја и народот – објаснува Младенов.

Според него, ова било апсурд само по себе, но двете земји мора да се свртат во други насоки, концентрирајќи се на заеднички инфраструктурни проекти на пример. Потсетувајќи на договорот потпишан од двете земји во 1999 година, Младенов уште вели дека е убеден оти иднината на Македонија е во ЕУ, но прво мора да се „испеглаат“ односите меѓу двете земји, при што развојот на настаните зависи единствено од Скопје, од каде што Бугарија не гледала никаков напредок. (Ж.П.Б.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C5B7421531...217240B22E
Без Ботев няма България
05-11-2012, 05:54 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Ето и коментароти които провладиниот Дневник , познат по "липсата" на било каква цензура е решил да обяви

BLGARIN(na Kirilica) do 1944 posle YUgoZABLUDEN(na Kon(J)evica), 05.11.2012 09:53:00
Dlaboko ZABLUDENI...,pone neka im se dade vreme da se popravaat ...veke ne e 50-60 -te godini na komunizmot...
objektiven, 05.11.2012 10:17:10
Koja antibugarska kampanja se prasuvam kako eden makedonec intelektualec? Dali pricinata za vakvite izjavi na Mladenov se faktite koj se ocigledni i dobro poznati vo istorijata i za koj ima se uste zivi svedoci.Celata ovaa tenzija nekako se podgrea po prikazuvanjeto na filmot na Darko MitrevskiTreto poluvreme,kade jasno se gleda,a taka e i istoriski,deka bugarite zaedno so germancite gi progonuvaat evreite i gi deportiraat vo logori.Toa e vistina i fakt mu se bendisuvalo toa ili ne na Mladenov.Za kakvo peglanje na odnosoite toj zboruva?Da zaboravime na zlostorstvata na nacisticka Bugarija za vreme na vtorata svetska vojna i za nivnite zverstva vrz makedonskiot narod,da se pravime kako nisto da ne bilo i da ja prifatime nivnata istorija kade polovinata makedenci,nasi heroi,se pobugarceni so tendencija da kompletno ni j zbrisat nasata istorija?Ne blagodaram!!!!
zz, 05.11.2012 10:54:04
Mozhebi Mladenov prisakuva od uchebnicite a i od nashata svest i glavi da go isfrlime i nivnoto uchestvo vo Vtorata Svetska Vojna od pochetokot pa do 08/09/1944 i vo uchebnicite da pishuvame deka tie vo taa vojna ja oslobodile Makedonija i Polovina Srbija od germancite. Toa se uchi kaj niv i e vrezheno vo svesta na sekoj Bugarin, chista indoktrinacija. Gospodine Mladenov zhivi se lugjeto vo R.Makedonija i go znaat vasheto osloboduvanje. Dojdete i porazgovarajte so sluchajni primeroci, da se uverite vo vashata pravedna kauza i za izvrshenite zlostori. Jas lichno ne sporam i sum za toa nashite odnosi treba da bidat dobrososedski, rastereteni od bilo kakva valkana politika i populizam, ispolneti so sorabotka na site polinja, shto e normalno i civilizaciski. Minatoto ne mozhe da se izbrishe. Shto mislite germancite ne se sudruvaat so nivnoto minato od WW2 , nivnata katarza gi ima denes doneseno tamu kade shto se i tie sigurno neshto imaat shto vam vi nedostiga.
zz, 05.11.2012 10:55:58
p.s. Pa kako toa ste ja porobile Pirinska Makedonija, veruvam da ste ja oslobodile Pirinska Blgarija, ajde de!!!!
Trajko, 05.11.2012 122346
Neka ne izmisluva ovoj Mladenov, nivnata valkana istorija za vremeto na Hitler koga bea so fasistite ne se zaborava i ne treba da se zaboravi. Makedonskiot narod ne e osvetoljubiv, taka da i nema potreba od nekoja sega omraza kon Bugarija. Glupost. Prestanete vie politicari od kalapot na Mladenov, da sobirate poeni na bedni izjavi.
Без Ботев няма България
05-11-2012, 05:57 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Ќе ја пее ли Македонија "Одата на радоста" во декември?!

....

Дополнително, и нашиот источен сосед минатата недела го изненади еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, копирајќи ја политиката на блокади на Грција. Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев распука со, како што вели македонскиот шеф на дипломатијата Попоски, неосновани обвинувања за дискриминација во земјава на граѓаните кои се декларираат како Бугари. Истиот тој Плевнелиев што не признава дека постојат Македонци во Бугарија.


....

http://vecer.com.mk/?ItemID=56EA92F4218C...D69D4F458B
Без Ботев няма България
05-11-2012, 06:03 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Нови провокации од Бугарија за македонските евроинтеграции

Новата бугарска политика на блокади, што политичарите од Софија ја заговараат веќе подолго време, добива се позериозни размери. Бугарскиот премиер, Бојко Борисо во интервју за грчки енос, бара, Братска Македонија да ја почитува Бугарија, ако сакала во Евроската Унија.

-Кога си член на НАТО и ЕУ треба сè да прифатиш во реални рамки и да ја почитуваш историјата на другите, нивните ставови. Владата во Скопје треба да ги реши своите проблеми на европски начин, па така да може да ја стекне нашата поддршка, вели Борисов, потенцирајќи дека ова е главен предуслов за европската иднина на земјата.

Во меѓувреме, речиси секојдневие стануваат условувањата за поддршка од Бугарија на самитот на Унијата во декемвр. Шефот на бугарската дипломатија, Николај Мкаденов сега бара ревидирање на учебниците по истотија.

-Поддршка зависи од извештајот на Европската Комисија за Македонија, по кој ќе се одлучува за месец и половина.Кристално јасно е дека е невозможно да успеат за месец и половина од нивните учебници да ги исфрлат содржините според кои Бугарија ја окупирала Пиринска Македонија, со што бил поделена нивната земја и народ“, вели Младенов за Дарик радио.

Ваквата политика на блокади добива поддршка и од радикалните структури кај источниот сосед. Идејата да се биде нова Грција во семејството на европската Унија, за Божидар Димитров е оправдана и добра политика. Тоа е начинот како, според него, да се спречеле мегаломанските аспирации на Македонија.

Димитров тврди, дека Македонија кога ќе станела членка на Унијата, ќе барала автономија на Пиринска Македонија.

Марјан Николовски

http://www.sitel.com.mk/novi-provokacii-...tegracii-0
Без Ботев няма България
05-11-2012, 09:20 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Што сака Бугарија? Зошто подметнува кукавички јајца?



Ристо Никовски

Бугарскиот претседател, Плевнелиев, на комесарот Филе му рекол дека во Македонија има „националистичка реторика, дискриминаторски однос кон граѓаните со бугарски чувства и многу административни бариери за бугарскиот бизнис…”. Полошо не можел да каже ама ги измешал картите.

Дел од оценките му се измислени, а другите апсолутно важат за бугарскиот однос кон Македонија, не обратно. Министерот Младенов порача дека сме имале „малцински претензии…” и дека „Бугарија…нема да дозволи некој да и се плетка во нејзината историја”. Изразот „малцински претензии” е нов и бесмислен. Малцинставата или постојат, или не. Можат да се игнорираат, како што прават Софија и Атина, ама никој не може да ги измисли и со нив да „претендира”. Според премиерот Борисов, ако Македнија сака во НАТО и ЕУ „треба да ги почитува вредностите што таму се признаваат”. Тие биле „Европа без граници, Европа на добрососедство…”. Најслучајно, не спомна дали и малцинствата се европски стандард? Паралелно, во Софија инсистираат заеднички да славиме историски настани.

Што всушност се случува на нашиот исток? Пред четири, пет години, врвен британски експерт за Балканот, тукушто вратен од Атина, по малку изненаден, раскажуваше за грчките колеги кои го уверувале дека, во понатамошното македонско интегрирање во Европа, место од Атина, сопките се повеќе ќе доаѓале од – Софија.

Еве, и тоа време дојде. Бугарија стапува на сцената. Ова беше најавено од нивни европратеници, а во медиумите, веќе подолго време, нападите врз Македонија се се пожестоки.

Тоа не треба да изненадува. Позицијата на Софија кон Македонија, во основата, е полоша од таа на Атина. За вториве не е спорно дека ние сме посебна нација, со сопствен јазик… Сакаат само монопол на античкиот бренд „Македонија” и сите деривати. Не не посвојуваат туку сакаат „само” да не прекрстат. Ако прифатиме дека сме Северни, Нови, Горни… со соодветен јазик, тие веднаш ќе не подржат и помогнат. За првите, пак, ние не сме ништо друго освен – (неосвестени) „Бугари”. Зборуваме и бугарски јазик, без да го знаеме тоа. Тврдат дека Македонија е најромантичниот дел од нивната историја, а како да заборааат дека токму за да ја освојат, во Втората светска војна, беа на страната на фашизмот и Хитлер. Тоа е сигурно најсрамниот дел од нивната историја, ама Македонија им останала во рамките на романтиката. Чудно, многу чудно. Не треба да се заборава и дека Бугарија е крајно загрижена и поради ткн. „антиквизација”, која директно ги руши нивните фантазмагории за наши “бугарски” корени.

Филе наиде на студен прием во Софија. Неговиот последен извештај, со оценките дека Македонија води добра добрососедска политика, серизно им пречи. Кај нас завладеа одредено задоволство што во извештајот (на „цели” две места) се користи придавката „македонски”. Арно ама, тоа е направено на најбезболен начин за Брисел: „македонски” се „владата” и „институциите” ама не народот, јазикот, црквата… што за нас е клучно. Така е направено за да се задоволат токму Атина и Софија. Ако Филе напишеше „македонски” народ, јазик… ќе беше дочекан на нож и во Атина, и во Софија.

Идејата заеднички да славиме историски настани не е нова. Пред шест, седум години инсистираа така да се одбележи Илинден, што наиде дури и на разбирање кај тогашниот премиер. Начелно, замислата е навистина прекрасна. Зар има нешто поубаво од заедничко свртување кон историјата и тоа на Балканот? Да се одбира и потенцира тоа што не приближува и спојува, а не тоа што (со векови) не конфронтира. Таков избор е можен. Историјата на сите народи во регионов е испомешана и заедничка по многу што. Меѓу Македонија и Бугарија и повеќе отколку кај другите. Немајќи своја држава, голем дел од најистакнатите македонски национални дејци прибежиште наоѓале, живееле и твореле токму во Софија и Бугарија. Листата е предолга.

Меѓутоа, оваа бугарска понуда е класично подметнување кукавички јајца. Факт е дека, со поголеми или помали права, дел од историските личности и настани и двете држави ги сметаат за свои. И тоа не мора да биде ништо страшно ако се респектира другиот. Проблем е што целта на Софија е да славиме заедно, ама сите како „Бугари”! Тие осознаени, а ние (сеуште!) не. Сакаат индиректна потврда дека сме – „Бугари” и дека историјата ни е – заедничка! И, тука е куршлусот. Според истите историски синдроми, поради кои на почетоткот на 1940-тите со оружје се обидоа да ја освојат Македонија, сега со итрина сакаат жедни да не пренесат преку вода. Тие не се подготвени да слават двата народа – македонскиот и бугарскиот.

Ристо Никовски


Колумни

http://www.mkd.mk/72876/udarna-vest/sto-...-nikovski/

Без Ботев няма България
05-11-2012, 09:29 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Отсекогаш сме биле добронамерни кон Македонија



http://vecer.com.mk/?ItemID=4B3387959DFA...E47B64EF4C

Всички знаем за жестоката цензура във Вечер , затова е много полезно да се прочетат коментарите отдолу.

Bockalo, 05.11.2012 11:08:30
Belkim i nie Makedoncite znaeme i custvuvame sto e dobro i dobronamerno za nas, a ova tatatarite prvo treba da pokazat pocit kon Makedonskiot narod , pa posle da se falat oti ova e cist cinizam, cel svet znae koi bea tatarite vo vtorata svetska vojna sto pravea i za kogo vojuvaa!!! I a Germancite im bese tesko, ama ggermancite se golema nacija , za razlika od tatarite, koi od koga gi"piknaa" vo EU samo ucenuvaa
05.11.2012 11:08 | (2) | Like

bura, 05.11.2012 10:17:27
Bugarive samo nekoi strategii krojat, i samo ne koristat za nekoi svoi perverzni celi. Ajde ednas ostavete ne na mira!
05.11.2012 10:17 | (1) | Like

АТАНАС-СКОПЈЕ, 05.11.2012 10:10:45
Па тогаш, како ли воопшто се осудувате да се мешате во внатрешните работи на една суверена (и соседна) земја! Ова ли е вашата демократија? Интересно, секоја земја, која на ваков или на таков начин соработуваше со нацистичка Германија, е примена во ЕУ, па и НАТО. Или можеби политичарот од нашиот источен сосед го негира ова?
05.11.2012 10:10 | (2) | Like

Перо, 05.11.2012 09:16:47
Господ да не чува од бугарска добронамерност!
05.11.2012 09:16 | (1) | Like

Trebor, 05.11.2012 08:37:43
Tatarska rabota.
05.11.2012 08:37 | (1) | Like

nevreme, 05.11.2012 002905
Mnogu ednostavno: tatarite treba da gi priznaat makedoncite i nivnata kultura i jazik, i problemi nema da ima. Shto tolku se pravat ludi koga go znaat toa? UN ni go prizna makedonskiot jazik, a evropejcite tatari i juznacite dojdenci od Afrika ne. Pa pocituvajte gi megjunarodnite zakoni i toa e se.
05.11.2012 00:29 | (9) | Like

Prijatel, 05.11.2012 00:08:26
Ako me Ceshash po grbot i JAS mete Cesam.
05.11.2012 00:08 | (3) | Like

"расположенија од минатото"???, 04.11.2012 23:20:11
минатото трае и денес, и денес Пиринска е поробена, Македонците добронамерно негирани, а бугарските сопки и саботажи врз Илинден од пред стоо години, Македонците уште ги плаќаат со спорови за името, со спорови за историјата, со асимилација, со негирања кои се случуваат ден денешен итн.итн.. неможе да имаме нормални односи се додека бугарите не го направат тоа што србите го направија пред 60 години, ослободување на Пиринска!!!
04.11.2012 23:20 | (20) | Like
Без Ботев няма България
(This post was last modified: 05-11-2012, 09:33 PM by Топорчо.)
05-11-2012, 09:31 PM
Reply