Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

БУГАРИНОТ ИВАН ТОНЕВ, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИМАГО, ОКОЛУ НАСТАНИТЕ ЗА "ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ"


Политичарите ја искористуваат уметноста за политички кавги


Можеби првиот Бугарин што се стави во одбрана на уметноста пред официјалната политика на неговата земја е Иван Тонев, потпретседател на ИМАГО и претставник на Бугарската асоцијација на кинематограферите. Неговиот говор околу реакциите за филмот "Трето полувреме" вчера на отворањето на првата Конференција на кинематограферите од Балканот во Битола предизвикал позитивни реакции од учесниците.

"Мислам дека политичарите во Регионот малку ги искористуваат ваквите шанси за политичка кавга. Мислам дека ние со нашата уметност, уметноста на кинематографијата мора да ја подобриме оваа позиција и да ги убедиме дека ние сме обични луѓе во овој регион и дека политиката е нешто друго. Мислам дека кинематографијата треба да ги коригира политиките во овој регион и мислам дека тоа е можно", изјавил Тонев на конференцијата во организација на фестивалот "Браќа Манаки".

Конференцијата, со претставници на асоцијациите на кинематографери од Грција, Бугарија, Србија, Словенија, Македонија и Австрија се одржа под претседателство на Томи Салковски и лично на Најџел Волтерс, претседателот на ИМАГО.

http://vecer.com.mk/?ItemID=2BDAA8F1FAE5...A8BE3D2D96

А отдолу верен читател го е лоцирал проблемот. На всички е известно как провладиният Вечер много внимателно избира кои коментари да пусне , и дали изобщо да пусне някакви.Сигурно специално са търсели такъв с татари Icon_razz


nevreme, 20.09.2012 23:54:32
Problemot e shto filmot gi uriva tatarskite lagi koi se shirat od nivnata nacisticka propaganda i mitot deka kenef drzavata ne bila okupator vo Makedonija.
Без Ботев няма България
21-09-2012, 07:28 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Пак някакъв на "ич" е взел присърце добросъседските односи

Македонија пак ги заплетка евробирократите

Со самото квалификување на ситуацијата како спор, еврокомисијата де факто зазеде страна, се разбира онаа бугарската, и останува да видиме дали Софија и официјално поради „спорот“ ќе почне да ни става сопки на патот кон Унијата



Добрососедски односи, добрососедски односи и добрососедски односи! Одекнуваше гласот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе преку македонските медиуми, по средбата со премиерот Груевски. За кратко време бевме збунети и зачудени од неговата горда најава дека, ете, првпат во дијалогот на високо ниво станало збор за добрососедските односи. Како, зошто, на што мислеше еврокомесарот? Но дилемата кратко траеше, бидејќи Филе побрза да се дообјасни - Македонија немала проблем само со Грција, туку ете и со соседна Бугарија. За комплексноста на односите на релацијата Скопје - Софија слушал од кој друг, ако не од бугарските претставници во Брисел. И повторно како, зошто, од каде сега, пак, Бугарија? Во ред, комплексни односи и со Бугарија, без повторно јасно и гласно да се каже што ги прави толку сложени односите. Но приказната не завршува тука.

Најверојатно воден од мотивот за да нема забуни и да ги „разјасни“ работите, ден-два подоцна се огласи и портпаролот на Филе, Петар Стано. Стано за Бугарското национално радио порача дека Европската комисија нема да зазема страна во споровите меѓу Бугарија и Македонија за културно-историското наследство, кои според него треба да бидат решени преку билатерален дијалог.

- Ние нема да ги коментираме чувствата или интерпретациите на која било од страните. Ако тој филм поставува прашања, ако допира чувствителни теми и ако создава проблеми во односите меѓу двете земји, тогаш тие треба да ги разгледаат тие проблеми и да ги надминат. Не е работа на ЕК да суди или да кажува чии интерпретации се точни, а чии грешни - рече Стано, зборувајќи за македонскиот филм „Трето полувреме“, кој, според одредени политички и научни кругови во Софија, наводно ја искривувал историската вистина и поттикнувал омраза кон Бугарија.

Значи Стано ни го појасни тоа што, очигледно, неговиот шеф немаше доволно храброст да ни го каже додека беше во Скопје, дека покрај оној за името со Грција, сме имале спор и со Бугарија. Е сега, овој вториот очигледно се однесува на, според официјална Софија, проблематичниот филм на Дарко Митревски, кој очекувајќи „напад“ на бугарските новинари, на премиерата во Битола дојде подготвен со историски документи што ги потврдуваат фактите изнесени во филмот. Наместо да ги појаснат работите, европските претставници очигледно само ги заплеткаа работите. Просто зачудува фактот како Стано, кој зборува во име на ЕК, се дрзна да ги квалификува како меѓудржавен спор одредени реакции на бугарски претставници за еден македонски филм. И тоа за игран филм, за едно уметничко дело, а не за документарен филм. Како успеаја евробирократите да наседнат на бугарската приказна и „проблематичниот“ филм да го издигнат на ниво на меѓудржавен спор останува нејасно. А баш убаво му тргна на Стано, дека ЕК нема да зазема страна. Овој дел од реченицата е коректен, но другиот дел, дека станува збор за „спорови меѓу Бугарија и Македонија за културно-историското наследство“, навистина зачудува. Со самото квалификување на ситуацијата како спор, еврокомисијата де факто зазеде страна, се разбира онаа бугарската, и останува да видиме дали Софија и официјално поради „спорот“ ќе почне да ни става сопки на патот кон ЕУ. Во политиката сѐ е можно, а особено кога таа доаѓа од Брисел, кој под притисок на некои земји-членки час зборува едно, час друго.

И тамам стивна чудењето на првиот дел од изјавата, вториот дојде како шок. Мегашок. Стано за бугарското радио истакна дека „ако евентуална правна експертиза докаже дека филмот е проблематичен, засегнатата страна може да преземе соодветни правни мерки и само тогаш ЕК би можела да ја преземе улогата на чувар на европските договори“. Молам? Правна експертиза ќе докажува дека играниот филм „Трето полувреме“ е проблематичен? Која правна експертиза докажуваше дека Клингонците се во негативна конотација прикажани во мегапопуларната научнофантастична серија „Ѕвездени патеки“. Ах, да, Кронос, клингонската татковина, сѐ уште не е членка на Унијата. Уште повеќе, засегнатата страна - Бугарија - може да преземе соодветни правни мерки, па тогаш и ЕК ќе се вклучи.

Од една чуденка, во друга. Што сака да каже Стано? Во име на Софија најавува тужба за филмот? Портпаролот, наместо да ги доразјасни работите на шефот Филе, ако воопшто тоа му беше првичната намера, само загатна илјада и едно прашање, за чии одговори допрва ќе почекаме. Очигледно, зашеметени од застоениот воздух низ бирократските лавиринти низ Брисел, европските претставници понекогаш не знаат за црвени линии во своите јавни настапи. Не за друго, испраќаат збунувачки и нејасни пораки, па потоа мора самите во повеќе наврати да се дообјаснуваат, а нели тоа не личи на една сериозна дипломатија, како што е европската.

П.С. Денес првпат се одбележува Денот на европската соработка. По тој повод, во Ќустендил македонски и бугарски претставници од програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Македонија организираат „Саем на прекугранични проекти“. Господа од Брисел, тоа се добрососедски односи и соработка.

Автор: Владимир Мијановиќ

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22685
Без Ботев няма България
21-09-2012, 10:49 AM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

20.09.2012, 18:18
(ИНТЕРВЈУ) Рихард Самел - Ми беше чест да го играм Шпиц
„Ми се допадна дизајнот на Дарко Митревски, Шпиц e со квалитети кои во тоа време беа монополизирани од нацистите: дисциплина, вели Самел
Сунчица Уневска

Германскиот актер Рихард Самел, како што ми рече, првпат беше на некој фестивал, на кој игра во два филма. Во „Трето полувреме“ на Дарко Митревски тој го игра Рудолф Шпиц, а во филмот „Берлин проект“ на Иво Трајков игра помала улога. Самел е воодушевен од Македонија и од Охрид, а во Битола на „Браќа Манаки“ беше исклучително возбуден поради улогата на Шпиц, но и поради тоа што ќе се претстави со две остварувања. Тој има интернационална кариера и препознатливост особено поради улогите во големите хитови, како што се „Такси“, „Казино ројал“, во оскаровецот „Животот е убав“, „Неславни копилиња“ и други. Многу позитивен и необичен, Самел беше исклучителен соговорник.

Господине Самел, сте играле во многу земји, во многубројни странски корподукции, но претпоставувам не и во сторија каква што носи овој филм, во која се испреплетени историјата, почетоците на професионалниот фудбал во Македонија, холокаустот, Втората светска војна и љубовта. Таквите приказни бараат многу од актерот, како се чувствувавте пред овој предизвик?

Тоа е како да сте среде епопеја, еден вид кондензиран мит од 20 век. Всушност, фактот дека филмот се темели на вистински настани и личности дава многу волја за посветеност.

Во филмот го играте тренерот Рудолф Шпиц, кој ги поставува темелите на современиот фудбал во Македонија, но и човек кому токму фудбалот ќе му го спаси животот. Дали Ви беше тешко да се идентификувате со него?

Не, воопшто. Тоа беше чест и повеќе прашање, дали јас како актер сум дораснат за тоа. Но, имаше толку многу работи на кои требаше да се концентрирам, па едвај имав време за двоумење. Станува збор за човек кој им бега на нацистите од земја во земја и за неговиот свет и љубовта за фудбалот. Лесно успеав да се идентификувам со двете.

Рудолф Шпиц е Евреин, кој ќе ја предводи македонската репрезентација во бугарската фашистичка лига, но иако нема да им биде дозволено да победат, мислам дека овој филм, пред се', го слави животот. Каков човек бил Шпиц, која била неговата тајна за таквите фудбалски успеси?

Имаше една фотографија од него која ме фасцинираше и беше со мене за време на целото снимање. Гледате елегантно облечен маж на 40-50 години, насмеан, кој со задоволство пуши цигара, навидум среќен човек, со голема култура и големо срце. На ова додадете ја очигледната страст за фудбалот и почнувате да чувствувате нешто интересно. Но, јас не се концентрирав на тие елементи, за мене главна беше сторијата, овој дел од македонската историја, а не Шпиц или Ребека или Коста.

Не сакав да креирам перфектна историска копија, туку да се сконцентрирам на она за што му беше потребен Шпиц на сценариото. А тука беше односот меѓу него и играчите кои имаа две визии за светот, за општеството и за тоа како да ги постигнат целите. Многу ми се допадна дизајнот на Дарко Митревски, Шпиц е со квалитети кои во тоа време беа монополизирани од нацистите: дисциплина, посветеност, верба, издржливост, храброст. Ова ја засилува идејата дека бил нацист. Но, не е, тој бил Германец. И нема тајна, туку јасна визија за тоа што сака и силна посветеност да го постигне тоа.

Дали го сакате фудбалот?

Го обожавам.

Филмот беше снимен на многу убави локации во Македонија, во Охрид, во Битола и во Скопје. Дали Ви се допадна Македонија?

Мислам дека станав доста активен културен амбасадор на вашата земја во Северна Европа. Многу мои пријатели сакаат да го проверат тоа што го зборувам, и мислам дека честопати ќе се враќам во Охрид.

Што значи за Вас навраќањето на приказната за холокаустот?

Знаете, кинематографски гледано јас сум во тоа веќе некое време, и' припаѓам на генерацијата која порасна со историски товар и чувство на вина. Се' додека овие киноприказни откриваат нешто ново, јас ги поддржувам. Факт е дека овој филм е голем крстопат за мене. Првпат играв Евреин и првпат играв со мирољубива топка, а не со оружје. Во историски филм.

Имате богат опус, сте играле во повеќе земји, но често во овие филмови имате стереотипни улоги од типот на: германски гангстер, германски офицер пијанист, германски поручник... Дали тоа понекогаш Ве нервира?

Да, понекогаш е вознемирувачко, кога работите само клишеа. Но, не можете да го избегнете тоа, ве ангажираат според тоа како изгледате. Јас сум Германец, а на филмот му се потребни лоши момци за да раскаже една од најголемите стории, таа за битката меѓу доброто и лошото.

Игравте во „Такси“, „Казино ројал“, „Животот е убав“, „Неславни копилиња“, „Човекот кој плачеше“, тоа се интересни наслови, вистински хитови. Од кој филм имате највозбудливи сеќавања?

Без сомнение, тоа е работата со Квентин Тарантино. Поради тоа што минавме низ длабок креативен процес, поради тоа ме предизвика многу и бидејќи резултатот од работата беше далеку од моите очекувања.

Игравте во филмот „Берлин проект“, кој го режираше уште еден македонски режисер, Иво Трајков, а кој е вклучен во програмата „Нови визии“ на „Браќа Манаки“. Тоа е доста специфичен филм, снимен само во еден кадар. Како изгледаше снимањето, дали беше тешко да се оствари таа идеја?

Да, добрите идеи често се тешки за реализирање. Тоа беше многу специјален филм, предизвикувачки, авантуристички, многу близок на театарски проект, бидејќи треба многу да вежбате за да бидете способни да снимате долги сцени. Но, исто така, бевме и хендикепирани, бидејќи целиот филм го снимивме за 10 дена и мислам дека ова беше прекратко време.

Овој филм е доста специфичен и во смисла на влегување во внатрешниот свет на неговите протагонисти, какво беше Вашето искуство, дали тоа Ве принуди на момент да погледнете зад себе?

- Па, камерата стана еден вид трето око на протагонистот и како такво беше добар влез во длабоката субјективна визија на неговиот свет. Светот што го опкружува стана токму таков каков што тој сака да биде. Кога протагонистот мисли: „Ух, мислам дека она момче што седи на клупата зјапа во мене, тој е опасен“, момчето на кое мисли ќе го направи токму тоа, ќе зјапа во него, ќе се однесува чудно и потоа ќе стане опасно. Тоа е интересен начин да се донесе потсвесното во прв ред.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6FFA8...F6F8AFBD7B

Четох за Илеш Шпиц
Човекът отива в отвъдното по време на мач между Вардар и Београд края на 50-те – началото на 60-те, мисля. Получава инфаркт.

Иначе независимо от това кой какво казва или пише – двете „теми” – за Депортацията и Ваташа – са теми, които уязвяват България.
България заплаща непосилно висока - според мен - цена за своето съюзничество с Третия райх...; това обаче не означава, че не носи отговорност за трагичните събития...;

Тъжното, може би е, че за масовото обществено мнение в Македония – събитията на века са Депортацията и Ваташа – като че ли на територията на Македония не се е случило нищо друго заслужаващо внимание ....преди или след разпада на Югославия;

А по време на Депортацията хората просто не е трябвало да се страхуват – както казва Бен Зохар – еврейски политик и историк от България; тогава е било важно да се реагира; и в България са го направили...по един невероятен начин – останал най-успешно пазената тайна на ВСВ – чак до падането на Берлинската стена...Очевидно обаче на българите – на Димитър Пешев, на Царя, на Църквата – не им е стигнал куража да се противопоставят на Депортацията от Северна Гърция и Македония...
Нещата всъщност никога не са кой знае колко сложни; ако трябва да се реагира по било какъв повод – то това трябва да е о време – иначе става едно преливане от пусто в празно, а то не осигурява индулгенция...

Първо дойдоха за комунистите
и аз не протестирах, защото не бях комунист.
После дойдоха за социалдемократите
и аз не протестирах, защото не бях социалдемократ.
После дойдоха за членовете на профсъюзите
и аз не протестирах, защото не бях член на профсъюза.
После дойдоха за евреите
и аз не протестирах, защото не бях евреин.
После дойдоха за католиците
и аз не протестирах, защото не бях католик.
После дойдоха за мен
и до тогава не беше останал никой,
който да протестира за мен.

Мартин Нимелер, протестантски теолог
21-09-2012, 11:28 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Попоски: Нема материјал за кавга со Бугарија

Средбата на шефот на дипломатијата со Димитрис Аврамопулос во ОН - трик или вистински преговори?

Слободанка Јовановска



Измислени провокации и креирање погрешни перцепции за Македонија од некои бугарски кругови - е оцената на шефот на дипломатијата Никола Попоски на најавите од Софија за утврдување црвени линии кон Македонија и можна блокада на нашата евроинтеграција.

„Не гледам материјал за создавање негативна клима меѓу Македонија и Бугарија. Одредени актери кои немаат голема политичка тежина во Бугарија ја креираат неа“, изјави Попоски вчера на прес-конференција, додавајќи дека е измислена провокација дека бугарскиот амбасадор во Скопје бил тепан, бидејќи немало таков настан. За црвените линии на Софија тој изјави дека многу слуша, а не видел ништо конкретно, додавајќи дека со овој сосед Македонија сака да гради конструктивни односи, а се' што излегува од тие рамки и се базира на црвени линии и поставувања услови не го рефлектира духот што сакаме да го градиме со оваа земја. „Се' што сакаат да стават на маса, подготвени сме да го дискутираме“, порача тој предупредувајќи дека треба да се има на ум дека црвените линии на Балканот беа поврзани најмногу со крв и со жртви. Тој беше категоричен дека ни една од негативните перцепции за Македонија во Бугарија „не држи вода“, па ако одговориме на таа реторика, и ние ќе придонесеме за ширење на таа негативна клима. „Убеден сум дека Бугарија нема никаков интерес да стави бариера на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО“, рече тој со препорака со историјата да се занимаваат историчари, со бизнисот бизнисмени и така натаму. Притоа тој најави дека за овие прашања ќе разговара со министерот Николај Младенов со кого, ако има можност, планира средба во Њујорк за време на Генералното собрание на ОН идната недела.

Средбата пак со грчкиот шеф на дипломатијата, Димитриос Аврамопулос, е планирана за в понеделник, но Попски јасно нагласи дека не сака да креира никакви очекувања додека таа не се случи. Затоа, пак, јасно ги отфрли пишувањата на грчки медиум дека се водат некакви тајни преговори за името и се најавуваат некакви притисоци од Брисел и Вашингтон како нешто веќе видено, т.е. шпекулации. Ваквите најави се редовна практика во Грција пред носење одлуки за Македонија (овој пат во декември во ЕУ) за да се шири магла дека нешто се случува на релација со Македонија и дека има надеж да се најде решение за името, па нема потреба од брзање околу преговорите или некоја друга резервна опција. Новинарите така ја дочекаа и најавата за средба меѓу Попоски и Аврамопулос (како сеење магла од Атина дека преговорите се деблокирани, а не како што тврдиме ние, дека се замрзнати), но на тоа Попоски одбра да не коментира, за да не дава простор за изговори на грчката страна. Според него, веќе имало обиди двајцата министри да се видат на други мултилатерални настани, но од објективни причини не се случило тоа.

„Не мислам дека треба да креираме посебни очекувања. Прво треба да се случи средбата. Нашата политика е јасна, сакаме приближување и рушење на сите бариери што ни се наметнати дека претставуваме некаква закана по Грција“, изјави Попоски, одговарајќи на двете грчки обвинувања - дека кај нас немаат искрен соговорник и дека се води националистичка и иредентистичка политика од наша страна.


Статијата е прочитана 210 пати.

Испрати коментар

http://utrinski.com.mk/?ItemID=214E633EF...8256654A41

Много дипломатичен главниот ви дипломат
Без Ботев няма България
22-09-2012, 06:56 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

На същата тема внимание отделя и Вечер

Попоски: После 20 години, сите заборавиле од каде потекнува спорот за името!

http://www.vecer.com.mk/default.asp?Item...3F9B23A7D2

ПС - Случва ли се някога в рубриката изява на денот да има други изяви освен на срби.Нищо против сърбите просто ми е любопитно. Никой никога ли в Македония не казва нещо паметно или интересно.
Без Ботев няма България
22-09-2012, 09:06 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Грција смета дека средби заради средби водат назад

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ


Атина - Споменувањето на добрососедските односи од страна на еврокомесарот Штефан Филе ја создаде дилемата дали се создава некаков грчко-бугарски фронт кој ќе поставува пречки за Македонија кон членството во Европската унија. Професорот по меѓународни односи на Универзитетот Пиреја, Аристотелис Ѕиамбирис, не гледа такво нешто, бидејќи ова барање според него е дел од стратегијата на грчката дипломатија неколку години наназад. Тој исто така не смета дека такво здружување би и' било од корист на Грција, која во моментов е насочена кон решавање на финансиските проблеми, ниту пак може овие две соседни држави да се прогласат за дежурни виновници за се' што е негативно околу нашата држава, споменувајќи ги како пример невработеноста и рецесијата.

„До еден момент зборувавме за име, одеднаш тоа стана прашање на добрососедски односи“, вели тој, додавајќи дека тоа во Атина се смета за успех на грчката дипломатија. Притоа, тој ја цитира изјавата од 2007 година на тогашната шефица на грчката дипломатија, Дора Бакојани, со која јасно се посочува дека грчката дипломатија престанала да се фокусира само за името. „Спорот за името со БЈРМ не е само билатерално, туку е и прашање за почитување и имплементирање на добрососедски односи“, се вели во изјавата на Бакојани. Според Ѕиамбирис, овој нов пристап на Грција и' овозможил да понуди аргументи за тоа како Македонија ги „саботира“ добрососедските односи, кои ги замениле старите аргументи поврзани со историјата и културата. „Резултат на ова беше што спорот се прошири и стана поконкретен, што пак негативно влијаеше на евроатлантската перспектива на новата република“, појаснува Ѕиамбирис.

Сепак, тој овој пристап не го гледа само како пречка, туку и како шанса да се решат повеќе прашања одеднаш, односно секое решавање на разликите меѓу двете држави нема да биде само решавање на името, туку и други билатерални теми, кои биле вклучени во сите досегашни пакети за името.

„Целта не е да нема прием во ЕУ, туку ова се користи како лост за да се решат билатералните прашања. Секој сака да има сосед, кој добро ќе напредува за да може да има не само добри политички, туку и економски врски, трговска размена. Последна работа што би ја сакала Грција е да ја види оваа држава да се распадне“, тврди Ѕиамбирис. Затоа, препорачува нашата влада да се фокусира не само на пречките од грчка страна, туку да ги погледне и другите забелешки во извештаите од Европската комисија.

Најавената средба на шефовите на дипломатиите во Њујорк за него е добродојдена, бидејќи не е во ред да нема средби меѓу двете страни, но со забелешка дека тие треба да имаат суштинска агенда и да доведат до напредок. „Потребни се средби. Не е во ред да нема, но не е ни во ред да имаш премногу средби, а никаков напредок. Ако се случува тоа, тогаш има бумеранг-ефект, односно премногу средби без напредок влијаат негативно на билатералните врски. Потребни се средби, но не само средба заради средба, туку да имаат суштинска агенда и да доведат до некаков напредок во односите“, потенцира Ѕијамбирис.

Статијата е прочитана 155 пати.

Испрати коментар

http://utrinski.com.mk/?ItemID=FA6BA7DDF...9AC9589CC7
Без Ботев няма България
22-09-2012, 12:37 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ТМРО: Во Македонија се прави одбид за рехабилитација на фашизмот


Бугарија преку негација на содржината во филмот Трето полувреме, срамежливо после 70 години негира дека во Втората светска војна била на страната на фашизмот, и дека испратила во логорот на смртта Треблинка 7.100 Македонски Евреи. Албанците и нивното Балистичко движење беа соработници на Италијанските фашисти, вршеа невидено зверско етничко чистење над македонските села во западна Македонија, а сега истите тие балисти ги прикажува како борци за човекови права, сметаат од партијата ТМРО.

“Европа сеуште ги памети злосторствата на фашизмот, никогаш фашистите не ги амнестирала, а камоли величела. За ТМРО е очекуван и разбирлив обидот на Софија да го сокрие срамот од учеството во прогонот на евреите,како и воениот сојуз со силите на оската, но Албанското величење на фашистички соработници со имиња на улици и школи во нивна чест, е далеку од разум, и во превод би значело, булеварот во Израелскиот Тел Авив да се вика Јозеф Менгеле, или Училиште во Москва Адолф Хитлер.
Македонија и Македонскиот народ,вакви геноцидни белези немаат,и нема да дозволат провокациите за рехабилитација на фашизмот да се случуваат во Македонската држава“, истакна потпаролот на ТМРО Слободан Лаковски.

автор: Нетпрес

http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?i...tegorija=3
Без Ботев няма България
23-09-2012, 11:01 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Македония не иска Илинден с България, иска Балканската война заедно със Сърбия
24 септември 2012 | 10:00 | Агенция "Фокус"
Начало / Македония
София. Македония и Сърбия заедно ще отбележат 100-годишнината от битката при Куманово по време на Балканската война, съобщиха редица македонски медии. Честването ще бъде организирано край Зебрняк, Кумановско, на 28 октомври т.г. и на него се очаква да присъства новият сръбски президент Томислав Николич. Все още не се съобщава кои македонски политици ще участват в тържествата, но се очаква Македония да бъде представена на най-високо държавно ниво.
През март министерството на диаспората в Белград официално обяви, че тържествата край Куманово ще се организират заедно с Македония, с просветните организации на сърбите в Скопие и с Демократичната партия на сърбите в Македония, която е партньор в правителствената коалиция.
След като в продължение на години Македония отказва на България общо отбелязване на Илинденско-Преображенското въстание, прави впечатление готовността, с която се отбелязва годишнината от Кумановското сражение през Балканската война, която, според македонската историография, е най-голямата трагедия, довела до разделянето на Македония през 1913 г.


Е подобно нещо да се случи с България и на другия ден правителството ще е свалено. После нямало особено отношения към България и българите. Icon_razz[/align]
Без Ботев няма България
24-09-2012, 08:48 AM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

(24-09-2012, 08:48 AM)Топорчо Wrote: Македония не иска Илинден с България, иска Балканската война заедно със Сърбия
24 септември 2012 | 10:00 | Агенция "Фокус"
Начало / Македония
София. Македония и Сърбия заедно ще отбележат 100-годишнината от битката при Куманово по време на Балканската война, съобщиха редица македонски медии. Честването ще бъде организирано край Зебрняк, Кумановско, на 28 октомври т.г. и на него се очаква да присъства новият сръбски президент Томислав Николич. Все още не се съобщава кои македонски политици ще участват в тържествата, но се очаква Македония да бъде представена на най-високо държавно ниво.
През март министерството на диаспората в Белград официално обяви, че тържествата край Куманово ще се организират заедно с Македония, с просветните организации на сърбите в Скопие и с Демократичната партия на сърбите в Македония, която е партньор в правителствената коалиция.
След като в продължение на години Македония отказва на България общо отбелязване на Илинденско-Преображенското въстание, прави впечатление готовността, с която се отбелязва годишнината от Кумановското сражение през Балканската война, която, според македонската историография, е най-голямата трагедия, довела до разделянето на Македония през 1913 г.


Е подобно нещо да се случи с България и на другия ден правителството ще е свалено. После нямало особено отношения към България и българите. Icon_razz[/align]

Откъдето и да го погледнеш българо-македонските отношения са някакъв особен случай – за всички е ясно, че “материал за кавга няма” – но погледнете медиите – първо македонските, а сега донякъде и българските;
Добре, че хората в региона просто не четат вестници;
Отбелязването на 100 г. от началото на Балканската/ите война/и ще е любопитно събитие.
Който както иска така и ще си отбелязва – Балкани – нормално...
За мен – от днешна гледна точка – ние българите трябва най-после да се извиним на турците за онова безумие – да влезем във военен съюз със Сърбия и с Гърция...
Кой е този луд, който се съюзава с гърци, па и със сърби?
Иначе какво ли щеше да излезе от цялата работа, ако България беше хвърлила тогавашните си армии (и цялото македоно-одринско опълчение...) не срещу Одрин и Чаталджа; а срещу Солун и Куманово – в подкрепа на турците и в замяна на реформи в Македония и Тракия; как ли биха изглеждали през изтеклото столетие днешните наши приятели от НАТО и ЕС – гърците; или пък утрешните евро-атлантици – сърбите...
Но както е прието да се казва “минало – заминало”; много вода е изтекла от тогава...България мисля отдавна се е излекувала от тези мании;
Та очевидно единствените съседи, с които бихме могли заедно да отбележим Балканските войни (без излишни нерви и сентименти) са турците – да пият по едно благо турско кааве областните на Одрин и Хасково; да се прошетат по чаршиите и това е ...
24-09-2012, 11:32 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

(24-09-2012, 11:32 AM)Valkanizater Wrote:
(24-09-2012, 08:48 AM)Топорчо Wrote: Македония не иска Илинден с България, иска Балканската война заедно със Сърбия
24 септември 2012 | 10:00 | Агенция "Фокус"
Начало / Македония
София. Македония и Сърбия заедно ще отбележат 100-годишнината от битката при Куманово по време на Балканската война, съобщиха редица македонски медии. Честването ще бъде организирано край Зебрняк, Кумановско, на 28 октомври т.г. и на него се очаква да присъства новият сръбски президент Томислав Николич. Все още не се съобщава кои македонски политици ще участват в тържествата, но се очаква Македония да бъде представена на най-високо държавно ниво.
През март министерството на диаспората в Белград официално обяви, че тържествата край Куманово ще се организират заедно с Македония, с просветните организации на сърбите в Скопие и с Демократичната партия на сърбите в Македония, която е партньор в правителствената коалиция.
След като в продължение на години Македония отказва на България общо отбелязване на Илинденско-Преображенското въстание, прави впечатление готовността, с която се отбелязва годишнината от Кумановското сражение през Балканската война, която, според македонската историография, е най-голямата трагедия, довела до разделянето на Македония през 1913 г.


Е подобно нещо да се случи с България и на другия ден правителството ще е свалено. После нямало особено отношения към България и българите. Icon_razz[/align]

Откъдето и да го погледнеш българо-македонските отношения са някакъв особен случай – за всички е ясно, че “материал за кавга няма” – но погледнете медиите – първо македонските, а сега донякъде и българските;
Добре, че хората в региона просто не четат вестници;
Отбелязването на 100 г. от началото на Балканската/ите война/и ще е любопитно събитие.
Който както иска така и ще си отбелязва – Балкани – нормално...
За мен – от днешна гледна точка – ние българите трябва най-после да се извиним на турците за онова безумие – да влезем във военен съюз със Сърбия и с Гърция...
Кой е този луд, който се съюзава с гърци, па и със сърби?
Иначе какво ли щеше да излезе от цялата работа, ако България беше хвърлила тогавашните си армии (и цялото македоно-одринско опълчение...) не срещу Одрин и Чаталджа; а срещу Солун и Куманово – в подкрепа на турците и в замяна на реформи в Македония и Тракия; как ли биха изглеждали през изтеклото столетие днешните наши приятели от НАТО и ЕС – гърците; или пък утрешните евро-атлантици – сърбите...
Но както е прието да се казва “минало – заминало”; много вода е изтекла от тогава...България мисля отдавна се е излекувала от тези мании;
Та очевидно единствените съседи, с които бихме могли заедно да отбележим Балканските войни (без излишни нерви и сентименти) са турците – да пият по едно благо турско кааве областните на Одрин и Хасково; да се прошетат по чаршиите и това е ...

Винаги съм си го мислел и аз. 800 000 щика барабар с прадедо ми Icon_razz . Место към Цариград всички на запад. Ама не било писано
Без Ботев няма България
24-09-2012, 11:51 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија е членка на ЕУ и на НАТО, но не може да ја негира историјата

Властите во Бугарија и по две години не одговараат на забелешките за Спогодбата за добрососедски односи. Софија инсистира добрососедските односи да се градат врз основа на фактот дека Бугарија е членка на Европската Унија и на НАТО, а Македонија е земја со стратегиска цел за членство во овие организации




Република Бугарија нема намера да се откаже од борбата да докаже дека за време на Втората светска војна не била окупатор и дека уште помалку извршила прогон на македонските Евреи, особено не по долгоочекуваната премиера на играниот филм на Дарко Митревски „Трето полувреме“, во кој, меѓу другото, е прикажан и прогонот на македонските Евреи од страна на бугарската војска во тоа време.

За таа цел во почетокот на октомври во Софија ќе се одржи научна конференција на која ќе учествуваат видни македонски и бугарски историчари и ќе расправаат на тема „Евреите од Македонија и холокаустот“.

Ако не беше филмот на Митревски, можеби Бугарија немаше да го зголеми притисокот и жестоко да реагира дека Македонија упорно шири говор на омраза и дека континуирано ги дискриминира Бугарите во Македонија (судскиот случај со Спаска Митрова и писмото на Бугарскиот културен центар до известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит) и дека всушност Македонците не сакаат да признаат оти имаат ист корен со Бугарите, кој, како што тврди Бугарија, насилно бил прекинат од „големата политика“, веднаш по завршувањето на Втората светска војна.

Ваквите реакции на Бугарија доаѓаат и во време кога бугарската влада мака мачи како да ги измазни односите со Израел, особено по терористичкиот напад во туристичкиот центар Бургас во кој загинаа израелски туристи во јули годинава.

Случајно или намерно, премиерата на филмот се одржа во пресрет на празникот на Евреите, Рош Хашана, на 15 септември, во рамките на фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Митревски веќе неколку пати изјави дека целта на филмот не е да се навреди Бугарија, особено не бугарскиот народ, туку тоа е вистинска приказна што мора да се раскаже.

- Целта на таа фама во Бугарија не беше да се критикува филмот, туку целта беше овој филм да не се појави. Се правеа опструкции во Европскиот парламент, обиди кај чешката влада да ги стопира парите, 11 месеци бев плукан во нивните медиуми и наоѓав делови од интервјуа што никогаш не сум ги дал, како реченици во кои јас зборувам против бугарскиот народ, нешто што никогаш во животот не би го изговорил. Во таа голема кампања имаше сѐ освен факти. Не слушнавме никој да проговори со податоци, кои се лесно достапни. За мене таа приказна денес завршува - изјави Митревски по повод премиерата на филмот, покажувајќи куп архивски документи за улогата на Бугарија во почетокот на 1940-тите и за тоа по чиј налог биле собрани од своите домови 7.200 македонски Евреи на 11 март 1943 година и депортирани во логорот „Треблинка“.

Двата јазици се од иста фамилија, македонскиот е посебен

Иако Бугарија ја призна Македонија како држава под уставното име, сепак за официјална Софија нема Македонци во Бугарија, а за нив спорен е и јазикот, за кој тврдат дека е дијалект на бугарскиот јазик.
Универзитетскиот професор Људмил Спасов остро се спротивставува на ваквото тврдење и вели дека македонскиот јазик има апсолутно своја посебност и во историска и во дијалектичка смисла, сеедно што и македонскиот и бугарскиот јазик потекнуваат од јужнословенската фамилија јазици.

- Точно е дека низ историјата имаме и заеднички моменти со Бугарија, но заеднички моменти имаме и со Србите, на пример. Што се однесува до македонскиот јазик, ние со Бугарија нема што да се договараме. Можеби може да се договориме да не се напаѓаме, но тие нас нѐ напаѓаат, а не ние нив. Од оваа група јазици се и рускиот и белорускиот и украинскиот, но тоа не значи дека македонскиот јазик нема своја посебност - вели Спасов.

Професорката Тамара Ќупева вели дека сличности помеѓу двата јазици постојат, но со текот на времето и бугарскиот и македонскиот јазик добиле свои автентични белези. Сличностите на источномакедонскиот дијалект со бугарскиот јазик, објаснува Ќупева, се само поради географската близина и мешањето на двата народи на тој простор. Според неа, ако беа исти, тогаш и другите дијалекти на македонскиот јазик ќе беа слични со бугарскиот јазик.

- Разлики во двата јазици има и лексички и граматички. Така, во македонскиот јазик нема падежи, и со текот на времето јазикот се разложил на предлози и именки. Дијалектите во македонскиот јазик се автентични, а во нашиот јазик го нема и полугласот што е карактеристичен за бугарскиот јазик - вели Ќупева.

Ни Срби, ни Грци, ни Бугари

Речиси во истиот период Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент по предлог на бугарскиот европратеник Евгениј Кирилов поддржа формирање заедничка комисија на историчари од Македонија и од Бугарија, која би ги прочистила учебниците по историја што се користат во македонските училишта, бидејќи, според Кирилов, погрешно ги воспитувале младите македонски генерации.
Официјалните бугарски власти го оценија филмот како „ширење говор на омраза“.

Директорот на Македонскиот институт за национална историја Тодор Чепреганов, кој ќе учествува на конференцијата во Бугарија, вели дека секој има право да ја пишува својата историја, која, меѓу другото, се занимава и со толкување на настаните од минатото. Сепак, според Чепреганов, Македонија никако не може да се согласи дека Бугарија не била окупатор затоа што за тоа говорат историските факти.

- Бугарите сметаат дека во Македонија живеат Бугари и затоа себеси се сметаат за ослободители. Но кога бевме на чествувањето на гробот на Гоце Делчев на кој имаше делегации и од Европа и од Бугарија, како и Македонци што живеат во Бугарија, бугарската делегација им призна на странците дека во нивната земја живеат Македонци, но дека нивната политика не ги признава - објаснува Чепреганов.

Пропагандата на црквите ги „определи“ Македонците

Според него, прирачникот што пред неколку години заеднички го издадоа македонски, албански и бугарски историчари е чекор напред во решавањето на отворените прашања, но никако не може да биде конечно решение.

- Во тој прирачник историчарите од трите земји за исти историски настани презентираа свои и различни документи, без притоа да се даде какво било толкување или заклучок. Со тоа сакавме на сите што ќе го користат, особено на учениците, да им оставиме сами да си донесат свои заклучоци што се случило во периодот од 1940 до 2000 година - вели Чепреганов.

И во последните отворени архивски документи, за улогата на Бугарија во судбината на Македонија фактите говорат поинаку. Последни од низата достапни за научната јавност се дипломатските документи на романските конзули во Македонија што се однесуваат на периодот помеѓу двете балкански војни и поделбата на Македонија со Букурешкиот договор од 1913 година.

Благој Зашов, поранешен амбасадор на Република Македонија во Романија, засега е единствениот што имал пристап до ваквите документи. Според него, документите откриваат каква била структурата на населението, страдањата што ги трпеле граѓаните како последица на Првата и Втората балканска војна, сѐ до моментот кога Романија влегува во војна против Бугарија.

- Во романските документи Македонците биле претставени како некој ентитет, кој живеел во турската провинција, која Турците ја викале Румелија. Интересно е дека и покрај тоа, сите други, вклучувајќи ги и големите сили како Франција, Британија, во тоа време Австрија, сите ја викале Македонија. Но сепак во истите тие документи пишува дека во Македонија живеат Срби, Бугари и Грци и, се разбира, Власи, кои тие ги викаат Романци. Но во извештаите се наоѓаат и информации што зборуваат за борбата помеѓу Српската православна црква (СПЦ), Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија и, во контекст на тоа, со какви насилни методи се служела секоја од нив за да ги натераат Македонците да се определат за една од овие цркви. Во ситуација на сиромаштија, влијанието на црквите било пресудно во нивното определување. Само еден мал дел, интелектуалниот слој во Македонија размислувал малку пошироко и велел дека не се ниту Срби, ниту Грци, ниту Бугари. Но Романците не пишувале многу за интелектуалците во тоа време. Во некои од документите постојат извештаи во кои е нагласено дека конзулите го употребуваат терминот Македонци зашто така се изјаснувало дел од населението, а дел од него се изјаснувало како православни, христијани, Словени или едноставно се изјаснувало како тукашни, од страв да не бидат тепани - вели Зашов во последното интервју за „Нова Македонија“.

Бугарија молчи за понудената спогодба

Властите во Бугарија и по две години не одговараат на забелешките за Спогодбата за добрососедски односи, која како документ е продолжение на Декларацијата за пријателство што пред десетина години ја потпишаа владите на двете земји. Во Декларацијата што ја потпиша поранешниот премиер Љубчо Георгиевски и тогашниот премиер на Бугарија Иван Костов во 1999 година, меѓу другото пишува дека овој документ е потпишан „на македонски јазик според Уставот на РМ“. Дополнително, во Декларацијата пишува дека Македонија нема намера да се меша во внатрешните работи на Бугарија и да се грижи за нејзините државјани што искажуваат различна етнонационална припадност.

Иако ниту македонската ниту бугарската страна никогаш докрај и јавно не кажаа што точно содржат овие документи, сепак се знае дека и во Спогодбата, Бугарија инсистира добрососедските односи да се градат врз основа на фактот дека Бугарија е членка на Европската Унија и на НАТО, а Македонија е земја со стратегиска цел за членство во овие организации. Ова значи дека Бугарија инсистира Македонија да биде обврзана на поцврсти гаранции, кои доколку не бидат исполнети, на Бугарија ќе ѝ овозможат да стави дури и вето за приемот на земјава во НАТО и во Европската Унија.


Бугарија инсистира Македонија да биде обврзана на поцврсти гаранции за да може да ни стави вето во НАТО и во ЕУ

Вељановски во Стразбур побара европски стандарди за етничките малцинства

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, во петокот во својот говор на конференцијата на претседателите на европските парламенти во Стразбур, меѓу другото, инсистираше на заштитата на правата на етничките заедници, како „посебно значен индикатор за степен на развојот на демократијата, како и за согласноста со европските стандарди и вредности“ во државите со мултиетнички, мултирелигиозен и мултикултурен состав, каква што е Република Македонија.

- Заштитата на правата на етничките заедници и рамноправноста на етничките заедници кај нас се вградени и имплементирани во Охридскиот рамковен договор, донесен со поддршка на меѓународната заедница. Мора да се има предвид дека правото на зачувување и унапредување на малцинскиот идентитет најчесто може да се практикува на колективна основа. Но во одделни земји-членки на Европската Унија нецелосно се имплементираат одлуките на Европскиот суд за човекови права и не се почитуваат извештаите и препораките на ЕКРИ, комесарот за човекови права на Советот на Европа, специјалниот известувач на Обединетите нации и други меѓународни организации сврзани со признавањето, зачувувањето и развојот на правата и слободите на националните малцинства - констатира Вељановски во својот говор на конференцијата на претседателите на европските парламенти во Стразбур.




Автор: Искра Опетческа

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22687

Абе тоа наистина ли е професор и наистина ли не знае , че и ние немаме падежи или сето тоа е наметнато за раята ?[/i]
Без Ботев няма България
24-09-2012, 02:10 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Закривайте я вече тази псевдо държава и стига сте се излагали вече.
Горното го пиша с исклено съжаление

Зебрњак – уште еден историски јубилеј за балкански поделби

Makедонија не сака заедничка прослава на Илинден со Бугарија, ама сака прослава на Балканските војни заедно со Србија. Вака агенцијата Фокус реагира на најавата за заедничка прослава (28 октомври)на Македонија и на Србија на 100 годишнината од битката од Балканските војни кај Зебрњак, Куманово, на која се очекува да пристигне и српскиот претседател Томислав Николиќ. И Македонија ќе биде претставена на највисоко ниво.

Турски војници за време на Кумановската битка

„Откако минатите години одбиваше Илинденско-Преображенското востание да се прослави заедно со Бугарија, зачудува ваквата готовност за одбележување на Кумановската битка од Балканските војни кои, според македонската историја, се најголемата трагедија за македонскиот народ по што дојде до поделбата на Македонија во 1913 година“, пишува денеска агенцијата Фокус.

Српските медиуми пишуваат дека Кумановската битка всушност го означи крајот на турската окупација на Балканот.

Пред спомен-костурницата на Зебрњак ќе биде одбележана 100 годишнината од Кумановската битка.

Српски офицери кај Зебрњак

Кумановската битка е водена на 23 и 24 октомври 1912 година во текот на Првата балканска војна помеѓу српската и турската војска. Во српската војска имало повеќе четнички одреди составени од македонско население, како и месни селски чети. Во турската војска, исто така, имало македонско население, особено во редифските, т.е. во резервните формации.

„Споменикот висок 48 метри е направен во 1934 година по наредба на кралот Александар, а Бугарите го урнале во 1942 година“, изјави Драган Недељковић, заменик на министерот за култура на Македонија.

Советникот за култура на српскиот претседател Радослав Павловиќ изјави дека споменикот ќе биде осветлен и ќе бидат поставени видео камери, а Македонија решила да го прогласи за споменик на културата.

Денес споменикот е висок 20 метри.

Кумановската битка е опеана и во македонските народни песни.


http://www.mkd.mk/61366/makedonija/bugar...-zebrnjak/
Без Ботев няма България
24-09-2012, 06:23 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Кривична пријава за гатачка од Бугарија

Единицата за економски и компјутерски криминал – Одделение за перење пари и финансиски криминал при СВР Скопје до надлежното Основно Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицето Г.И.М.(49) државјанка на Република Бугарија за сторено кривично дело „измама“.

Од страна на Истражен судија на Г.И.М. и е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

МВР денеска соопшти дека пријавената со намера за себе да прибави противправна имотна корист во периодот од јуни годинава до 21-ви овој месец лажно претставувајќи се дека може да ја претскаже иднината и лажно ветувајќи дека може да и помогне да ги надмине депресиите и да има повеќе среќа во животот ја довела во заблуда оштетената и во неколку наврати и побарала и земала парични средства во вкупен износ од 27.100 евра за кој износ и ја оштетила истата.

Се почнало на 06. јуни годинава, се појаснува во соопштението, кога оштетената била на паркингот зад Собранието на Република Македонија и во тој момент и се приближила пријавената и почнала да и раскажува детали од приватниот живот на оштетената кои се поклопувале со нејзината стварна ситуација.

Исто така и кажала дека може да и ја претскаже иднината понудувајќи и помош во иднина да не и се случуваат лоши работи.

Во три наврати пријавената во станот на оштетената изведувала некакви ритуали за да на оштетената и ги разбие црните магии кои и биле направени, за да ја излекува нејзината болна мајка и за да нема повеќе проблеми во љубовната врска.

За истото оштетената во три наврати и дала по 9.000 евра за секој ритуал или вкупно 27.000 евра. Исто така и побарала и мобилен телефон, по што оштетената и дала телефон марка Самсунг С3350.

Пријавената паричните средства ги барала со изговор дека истите и биле потребни за да може ритуалите да имаат ефект.

На 17.09.2012 година пријавената повторно и се јавила и и побарала уште 9.000 евра кои требало да и ги даде на 20-21.09.2012 година, а за возврат ќе и дадела некаква вода за прочистување од која понатаму нема да и се случуваат лоши работи.

Откако оштетената се посомневала во вистинитоста на нејзините кажувања, случајот го пријавила во СВР Скопје по што се преземени оперативни дејсвија и на ден 21.09.2012 година пријавената е приведена.

Кај истата се пронајдени парични средства во износ од 3.000 евра кои претходно беа крим-технички обработени, една икона, една монета со жолта боја, едно шишенце од 200 мл. со непознат раствор, една амајлија наменета за оштетената и мобилен телефон марка Самсунг С3350.


http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedoni...d-bugarija
Без Ботев няма България
24-09-2012, 06:25 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Корупцијата во Бугарија „ендемски проблем“

25.09.2012
Корупцијата во Бугарија е за два до трипати поголема од просекот во Европската унија. Според најновиот извештај на Центарот за проучување на демократијата со седиште во Софија, месечно во Буграија имало и по 150 илјади случаи на мито. „Бугарија е единствена европска земја каде што не е докажана политичката корупција“ се наведува во извештајот во кој се додава дека индексот на корупцијата во Бугарија е 25, додека во другите земји на Европската унија тој е осум. Единствени земји кои имаат поголем индекс се Романија со 31, и Литванија и Словачка со 27. Бугарија и Романија се под надѕор на Европската комисија поради недоволната ефикасност во борбата против корупцијата.


http://www.makdenes.org/archive/news/lat...d=24718917
Без Ботев няма България
25-09-2012, 08:24 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Македонија
Бугарските аналитичари се возбудија и за Кумановската битка


Се отцртува предавство кон македонската независност и за тоа не може да се молчи, вели Пламен Павлов, професор на Универзитетот во Велико Трново, во интервју за агенцијата „Фокус„

Тоа што Македонија и Србија заеднички ќе одбележат една важна битка од Балканската војна не е за изненадување, ако не е во целосна спротивност на македонската позиција во текот на многу години, на македонскта историогрфија и на македонската политичка пропаганда за поделбата на Македонија како резултат на Балканските војни, вели Павлов.

Според него, ако не биле акциите на Седмата Рилска Дивизија, немало до дојде до овој голем воен успех и до српската победа, „кој очигледно ќе се величи повеќе отколку што треба„.

- Парадоксално е што Македонија одбива секаков дијалог со Бугарија за одбележување на какви било годишнини, и тоа многу поважни од Кумановската битка, што исто така, треба да не натера на размислување. Откако управува режимот на Груевски, тоа не е прва манифестација на такво србофилско однесување во политички и прагматичен план, а не - во некаков романтичен, наивно патриотски план. Ако во 1915 годин, во Првата светска војна, имаме бугарска окупација, тогаш излегува дека пред тоа имаме српско ослободување. Тоа противречи дури и на македонската официјална линија, која до неодамна беше спротивна - вели Павлов во интервјуто.

Според него, во сличен дух е и одбележувњето на независноста на Македонија на 8-ми септември, која поминала со „концерт на југо-фолк и поп-ѕвезди, без учество на бугарски ѕвезди, иако форматот беше за балкански концерт„. Павлов ги повикува бугарските власти да усвојат соодветен курс кон политиката на Македонија и да „не се лажат со црвени линии, со пишување допрва на некакви чиновнички документи„.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNe...stant=9115
Без Ботев няма България
25-09-2012, 09:22 AM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

СЕ ПРЕДЛАГААТ ПООСТРИ УСЛОВИ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ПАРТИЈА
Софија со нова сопка за нашинците


Уште потрнлив станува патот на Македонците во Бугарија за регистрација на нивната партија ОМО „Илинден“- ПИРИН. За да побара партијата да биде регистрирана, македонското малцинство ќе треба да докаже дека има 5.000 члена, наместо 2.500, како што сега предвидува законот за политички партии. На основачкото собрание на партијата наместо 500 члена, ќе треба да има двојно повеќе. Општинските комитети ќе мора да се регистрираат во две третини од општините, а членовите на партиското раководство не ќе смеат да имаат двојно државјанство.

Вака изгледаат новите измени на законот за политички партии во Бугарија, кои ги предложи националистичката партија АТАKА, а кои според Стојко Стојков, претседател на ОМО „Илинден“- ПИРИН, речиси сигурно ќе добијат зелено светло од владејачката ГЕРБ. Стојков за „Дневник“ вели дека измените на законот се штетни за малцинствата во Бугарија оти ги отежнуваат условите за регистрација, а ги олеснуваат можностите за бришење на политичките партии. Ова е причината Стојков да реагира преку писмо до меѓународните организации за човекови права, предупредувајќи дека предложените законски измени се сериозна закана за демократијата во Бугарија. Претседателот на ОМО „Илинден“ - ПИРИН потсеќа дека официјална Софија неколкупати одби да ја регистрира партијата на Македонците и покрај пресудите од Европскиот суд за човекови права.

„Со особено внимание ги следиме измените на законот за политички партии кој е директно поврзан со обидите на државата да ја спречи афирмацијата и признавањето на македонското малцинство, која може да се постигне преку наше слободно учество во политичкиот живот на државата. Бараме да обрнете внимание на овие опасни тенденции во Бугарија кои се поврзани со недостиг на демократија, како и со дискриминација и одбивање на постоењето македонско малцинство во Бугарија“, напишал Стојков во писмото до Советот на Европа и до повеќе други институции. Тој реагира дека со законските измени може да се збришат помалите партии на малцинствата, што е сериозна закана за демократијата во Бугарија.

- Случајно или не, измените на законот се прават во период кога се знае дека повторно ќе се обратиме до Стразбур - изјави вчера Стојков. Тој објаснува дека законот за политички партии со години се менува паралелно со секоја фаза од битката на Македонците за регистрација на нивната партија. На пример, во 2005 година, неколку месеци пред одлуката на Европскиот суд за човекови права, бројот на членови потребни за регистрација на партијата се зголемил од 500 на 5.000. Во 2009 година, пак, непосредно пред одлуката на Kомитетот на министри на Советот на Европа, за да покаже дека ги олеснува условите, Бугарија го смени законот и го намали бројот на членови потребни за регистрација на 2.500.

Ивана Kостовска

Стразбур ги одби образложенијата на Бугарија
Бугарските судови наведуваат повеќе причини поради кои не дозволуваат регистрација на ОМО „Илинден“ - ПИРИН. На пример, во 2006 година, софискиот градски суд вчераутро одлучил да не дозволи регистрација на партијата, со образложение дека во 25 случаи едни исти лица пополниле 116 пристапници на партијата, а 91 лице не ги пополниле пристапниците своерачно. Потоа дека наводно списокот на членовите е неточен, дека недостигале имиња, матични броеви и адреси на живеење на некои членови.

Во судското образложение имало дури и тврдења дека како симболи на партијата се користеле знаме и грб на туѓа држава. Бугарија досега изгуби шест спора со партијата на Македонците во Стразбур. Судот за човекови права ги одби образложенијата на бугарските судови дека ОМО „Илинден“ - ПИРИН се залагала за сепаратизам, како и дека имала мал број членови.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=74EA17...92F1A6C640
27-09-2012, 08:34 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Македонија ги чествува туѓите жртви, не ги слави македонските

На 28 октомври на Зебрњак ќе се чествува 100-годишнината од Кумановската битка во Првата балканска војна на највисоко српско-македонско државно ниво. Бугарија ги обнови воените гробишта во Цапари, Беранци и во Ново Село. Подолго време Македонија не може да го чествува Илинден во манастирот „Прохор Пчињски“ во Србија. Засега нема иницијатива, заедно со одбележувањата што ги организираат Србија или Бугарија, да се одбележи и споменот на македонските војници загинати во Балканските и во Првата светска војна ......

Македонија треба да поведе иницијативи преку кои ќе го одбележи споменот на илјадници македонски војници што загинаа во Балканските војни, исто како што соседните држави Србија и Бугарија им даваат значење на историските настани што се важни за нив. Ова го предлагаат историчарите, по најавата дека на 28 октомври кај спомен-обележјето на Зебрњак ќе се чествува 100-годишнината од Кумановската битка во Првата балканска војна и дека тоа ќе се организира на највисоко државно ниво меѓу Македонија и Србија.

Историски гледано, Македонија од Балканските војни излезе како жртва на балканските сојузници што почнаа војна за наводно ослободување на поробените територии од османлиската држава, а на крајот тие ја поделија Македонија. Од тој аспект, Македонија нема што да слави. Но не треба ниту да стои настрана од иницијативите на соседните држави, кои преку разни одбележувања им оддаваат почит на своите жртви.

Воениот историчар Александар Стојчев вели дека барањето на друга држава не треба да е повод за Македонија да организира и нешто свое.

- Овие настани, особено Првата балканска војна, може да се одбележат во рамките на одбележувањата што ги бараат другите држави. Од друга страна, да се каже и каков бил исходот на тие битки извојувани заедно. Не треба да очекуваме некој друг да ги спомне нашите жртви. Тоа треба сами да го направиме. Во костурницата кај Зебрњак, во која се ставени неколку стотини коски, сигурно дека има и коски од македонски војници. Тоа се факти што не треба да ги запоставуваме и треба да се најде начин да се спомнат - вели Стојчев.

Се претпоставува дека на трите страни, во српската, бугарската и грчката војска, биле мобилизирани од 75.000 до 100.000 Македонци. Во Балканските војни учествувале вкупно околу еден милион и 100 илјади војници. Краен исход на војните се 463.000 мртви.


Македонија им дозволи на Бугарија и на Србија да ги одбележуваат загинатите жртви од Балканските војни и Првата светска војна, на потег се Белград и Софија

Има настани за славење

Историчарот Никола Жежов предлага пандан на одбележувањето на Кумановската битка да биде - Србија да ѝ дозволи на Македонија да го чествува Илинден во манастирот „Прохор Пчињски“, кој сега е на српска територија. Тоа не е спорно за српските историчари, но проблемот го прави СПЦ, која не дозволува одбележување и српската држава, повикувајќи се на одвоеноста меѓу државата и црквата, не презема ништо во таа насока.

- Второто заседание на АСНОМ е вткаено во поновата македонска историја. Легитимно право на Македонија е да го одбележува овој датум и историски, тоа никој не може да го оспорува. Што се однесува до политичките и црковните прашања, сметам дека за тоа е потребен договор за грижа за културното наследство што би го потпишале двете држави. За одредени настани, историчарите можат да кажат и да и не, но ваквите отворени прашања, како што е одбележувањето на Илинден во „Прохор Пчињски“, треба да се решаваат меѓу двете држави - вели историчарот Бојан Димитријевиќ, научен советник во Институтот за национална историја на Србија.

Според него, Македонија би можела да се вклучи во одбележувањето на настаните од Сремскиот фронт. Тие настани Србија ги чествува на 12 април секоја година. Според Димитријевиќ, на свеченоста обично присуствуваат претставници од поранешните југословенски републики и од боречки организации.

Стојчев раскажува и за други битки по Кумановската битка: за опсадата на градот Одрин, каде што учествуваат Македонци. Потоа, за 15.000 Македонци што од доброволна формација се испратени на фронтот во Тракија наместо на фронтот во Македонија. Во извештајот на Карнегеивата комисија е запишано дека тие намерно се испратени во Тракија за да не бидат сведоци на поделбата на Македонија. Како вредни за спомнување, Стојчев ги набројува и битките кај Нивичани, Присад, Алинци, Крушји Анови, како и кај Сливковскиот и Турјанскиот премин.

Наташа Котлар-Трајкова, претседателка на Здружението на историчарите на Македонија, прецизира дека по Кумановската битка, македонските доброволни чети, селската милиција и другите вооружени формации се движеле пред претходницата на Првата српска армија. На тој начин ги зазеле градовите и селата неколку дена пред да пристигнат српските сили. Македонските сили ги ослободиле Велес, Свети Николе, Штип, Кочани и сите села во околиите. Откако претрпеле пораз кај Калиманци и Кочани, неколку илјади турски војници воделе борба со македонските доброволци за да го спречат нивниот пробив од Штип кон Криволак, штитејќи ја комуникацијата Скопје - Велес - Солун. Движејќи се пред српската војска, кај сртот Мукос на Бабуна, дошло до обединување на македонските доброволни чети со кои командувале српските војводи Воин Поповиќ-Вук, Василије Трбиќ и Јован Бабунски. На овие чети им се придружиле селската милиција и голем број доброволци од околните места, со што бил создаден силен одред, кој четири дена водел борба со една турска коњаничка бригад и со еден жандармериски баталјон. Во борбата на Мукос и Присад, од македонските доброволци загинале 30 борци, а бројот на ранетите не е познат.

- Изворите не даваат можност да се одреди во цифри и во целост учеството на Македонците во составот на српската војска. Но нивното дејствување на авангарда е забележливо во битките (октомври-ноември 1912) за Куманово, Прилеп, Бакарно Гумно, Битола - посочува Котлар-Трајкова.

Соседите го премолчуваат учеството на Македонците

Официјалните историографи на Бугарија и на Грција главно го истакнуваат сопственото учество во Балканските војни и во најголем дел го негираат учеството на Македонците. Негираат и дека Првата балканска војна е поведена за поделба на Македонија. Што се однесува до Србија, од времето на СФРЈ, има научни дела во кои се кажува дека на македонскиот народ му е нанесена неправда со тоа што се прикривал неговиот придонес. Дури и од страна на османлиски команданти е опишано дека учеството на Македонците е големо и дека македонски чети ослободуваат одредени места и подоцна се претходница на српската војска.

- Историографите на земјите-учеснички во војните настојуваат да презентираат аргументи со кои се оправдува нивното учество, победа или пораз, праведност или неправедност. Накратко, сè уште оваа историографија се сведува во најмала мера до апологетика на одредена државна или националистичка кауза - вели претседателката на Здружението на историчарите.

Освен што Македонците оставале коски на своја родна земја, има и македонски гробови во Србија - на пример, се мобилизира војска пред Првата светска војна во српската армија. Македонски полкови учествуваат во одбрана на Србија од нападот на Австро-Унгарија.

- Македонија е богата со воена историја од најстарите војни. Во светските настани нема војна од која земјата не била погодена. Особено во периодот 1912-1918 година се случиле многу настани во кои имало османлиска војска, српска, бугарска, грчка војска... Од македонскиот фронт во Првата светска војна имаме италијански гробишта, германски, француски, британски... Нема светска сила од денешно време што нема што да обележи на територијата на Македонија. Но притоа треба да се кажат и македонските жртви - нагласува Стојчев.

Учеството на Македонците е забележано во историографијата, во мемоари на лица присутни на големите конференции, но не и во меѓународните документи, како што се Букурешкиот договор или Версајскиот договор.

Кумановската битка не е единствениот настан што Македонија им дозволи на соседните држави да го одбележуваат на нејзината територија. Државата, исто така, дозволи Бугарија да ги обнови бугарските воени гробишта во Цапари, Беранци и во Ново Село.

Амбасадите на Франција и на Германија редовно одржуваат комеморации на француските гробишта во Битола и на германските во Прилеп, што е пример за духот на помирување меѓу две претходно спротивставени страни во војните.


На Зебрњак ќе се чествува 100 годишнината од Кумановската битка

Нема регистар за учесниците

Починатиот професор Ванче Стојчев, кој важеше за најдобар познавач на воената историја, имаше неколку иницијативи со кои предлагаше да се подигне споменик на незнајниот јунак, или споменик на сите загинати Македонци во војните, за пред светот да се истакне и македонското учество во војните што ги воделе другите држави.
Засега нема ниту регистар во кој би биле претставени учесниците по име и презиме. Такви податоци можат да се соберат преку архивите или преку мемоари на лица што биле вклучени во настаните. Иако соседните држави ги водат Македонците од тој период како Срби, Бугари или Грци, регистар може да се направи според местото каде тие војници биле родени.

МИРКО ЃОРЃЕВИЌ
На СПЦ ѝ треба реформа

Верскиот аналитичар Мирко Ѓорѓевиќ, кој се смета за еден од најдобрите познавачи на црковните состојби во Србија, е и најгласниот критичар на потезите на Српската православна црква. Неговите ставови се дека СПЦ има огромно влијание врз политичката сила во општеството. Тој смета дека црквата ја водат луѓе што со своите конзервативни сфаќања се во судир со модерните времиња.
Во своите јавни настапи, Ѓорѓевиќ постојано порачува дека на СПЦ и се потребни темелни реформи.
Според образложенијата на српските власти, кај СПЦ е клучот што треба да ги отклучи манастирските порти на „Прохор Пчињски“ за македонска државна делегација таму да го одбележи Второто заседание на АСНОМ.

АЛЕКСАНДАР СТОЈЧЕВ
Објективно да се толкуваат фактите

Пожелно е од денешен аспект на соживот, на евроинтеграции, на НАТО-интеграции, да има поинаков пристап кон толкување на фактите. Фактите не може никој да ги смени, но може пообјективно да се гледаат. Има елемент, од оваа подадена рака на Македонија, да го земат предвид тоа што го има во документите и ништо повеќе од тоа. Фактите не се политизираат, се решаваат на меѓународни научни конференции, каде што се изнесуваат и нови сознанија и погледи. Да се растоварат сегашните односи, бидејќи историјата не можеме да ја смениме, но можеме да влијаеме на иднината.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22690

Авторът е малко гузен ама накрая пак България излиза виновна Icon_razz

Без Ботев няма България
27-09-2012, 05:16 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бай Йордан вече го е постнал на друга тема но мислам че е задължително и на тук да го има постирано

БУГАРСKО-МАKЕДОНСKИТЕ ОДНОСИ (1)

Зошто се плашиме од сојузништвото со Софија?


Најпрвин, ценам дека денес односите помеѓу официјална Софија и официјално Скопје се на најниско можно ниво. Зошто е така? Одговорот секако не е едноставен. За мене лично е несфатливо како не успеавме да изградиме пријателски односи со Бугарија, посебно по нејзиниот прием во НАТО и во ЕУ, и да ја направиме да биде наш најголем сојузник и поддржувач на патот на евро-атлантските интеграции. Уште понесфатливо ми е како успеа владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која влезе во седмата година од своето владеење, да дозволи ова да се случи! Претпоставувам дека денешново ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски, и на ова прашање, сака да направи дистанца од ВМРО-ДПМНЕ предводено од Љубчо Георгиевски и Доста Димовска. Морам да признаам дека во таква претпоставена ситуација на перење од бугарофилството, имам една дилема: Kаква е, на пример, улогата на довчерашниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, кој во онаа претходна фаза на ВМРО-ДПМНЕ, во 90-тите, беше отворено предводник на младите вмровци кои веруваа во бугарските корени на нас, Македонците. Но, не е тоа најважно за мојава денешна колумна, имав намера ова само патем да го споменам за помладите читатели, кои не ги паметат тие времиња, а денес немаат можност тоа да го осознаат затоа што е модерно да се ретушира поновата наша историја, посебно периодот на 90-тите години од минатиот век.

Уште нешто за поновата историја. Република Бугарија беше првата држава што ја призна македонската независност и прва воспостави официјални дипломатски односи. Потоа, за време за грчкото ембарго и неможноста да се користи солунското пристаниште, го отвори пристаништето во Бургас за македонската држава и економија, пред с` за снабдувањето со нафта за државните институции и домаќинствата. И на крајот, за време на воениот конфликт во 2001 година, Бугарија им даде максимална помош на македонските безбедносни сили...

Да се вратам во сегашноста. Официјална Софија во последниве година-две, реагираше остро за неколку настани. Веројатно с` започна со фамозното одземање на старателството врз сопственото дете на гевгеличанката Спаска Митрова, која се декларираше како Бугарка, потоа следуваше инцидентот со бугарскиот амбасадор Иван Петков, на 4 мај оваа година во црквата „Св. Спас“, на чествувањето пред гробот на Гоце Делчев и на крајот реакциите на официјална Софија пред да ја видат премиерата на филмот „Трето полувреме“. Kусо да ги искоментирам овие спорни настани. За мене е несфатливо образложението на судот во случајот на Спаска Митрова, со кое се одзема дете на сопствената мајка. Убеден сум дека Бугарија, кога ние еден ден ќе ги започнеме преговорите за членство во ЕУ, ќе го условува затворањето на нашето поглавје за владеењето на правото со овој случај, користејќи ја веројатно фразата за хармонизација на нашата судска практика со европските стандарди! Понатаму, за мене е неприфатливо премолчувањето од страна на нашите медиуми, но и од страна на политичарите и пред с` интелектуалците, на инцидентот што го имал бугарскиот амбасадор Петков во црквата „Св. Спас“. Според моите сознанија, делегацијата што ја предводел амбасадорот била спречена да положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев заедно со другите официјални делегации, па тоа го направиле по завршувањето на официјалното чествување! Морам да признаам дека ова ме потсети на времињата кога нашите медиуми н` бомбардираа со информации за инцидентите што ги имаа нашите официјални делегации, предводени или од нашите амбасадори или заменици-министри за надворешни работи, при чествувањето на гробот на Јане Сандански во Бугарија. Нашите делегации тогаш по правило беа спречувани да му оддадат почит на нашиот великан, пиринскиот цар, од страна на активистите на Kаракачановото ВМРО. Од друга страна, во инцидентот кај нас наводно група од млади националисти ја попречила бугарската делегација.

И за третиот спорен настан, филмот на Дарко Митревски. Според фактичката состојба на теренот, Македонија за време на Втората светска војна била окупирана од фашистичките окупациски сили предводени од нацистичка Германија, но и од нејзините сојузници Бугарија и Италија. Делот од Македонија кој бил окупациона зона на Бугарија никогаш не бил анектиран, затоа што таква одлука во периодот од 1941 до 1944 година нема донесено бугарскиот парламент, како единствен надлежен орган. Второ, неспорно е дека Бугарија е една од ретките (за многумина и единствена) држави што успеаја да ги заштитат од депортација во озлогласените фашистички логори своите Евреи, но од друга страна, нејзината администрација и железница се во служба на фашистичка Германија при депортацијата на Евреите од Македонија.

(продолжува)

Владо БУЧКОВСКИ

Dnevnik
Без Ботев няма България
29-09-2012, 07:20 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Американскиот интерес за „Белене“ изрежиран од владата на Борисов

Мистериозен конзорциум од САД изрази заинтересираност да ја гради централата „Белене“. Бугарскиот премиер Борисов во март го замрзна проектот и го раскина договорот со Русите, а опозицијата го обвини дека потклекнал под притисоците на САД




Русија бара од Бугарија една милијарда евра поради откажување од проектот

РУСИЈА СЕ СОМНЕВА ВО НАЈАВИТЕ ЗА ОБНОВА НА ПРОЕКТОТ ЗА БУГАРСКАТА АТОМСКА ЦЕНТРАЛА

Русија гледа театарска претстава режирана од владата на бугарскиот премиер Борис Борисов во информациите оти мистериозниот американски конзорциум „Глобал пауер“ сака да ја гради втората бугарска атомска централа „Белене“.

Владата на Борисов во март реши да го раскине договорот со руската државна компанија „Атомстројекспорт“ за изградба на атомска централа со јачина од 2.000 мегавати во градот Белене на реката Дунав под изговор оти бугарско-рускиот проект ја загрозува животната средина, како и дека е прескап и неисплатлив (трошоците се очекуваше да достигнат 10 милијарди евра).

Непознатиот американски конзорциум „Глобал пауер“ во средата преку својот претставник во Софија, Самјуел Реди, изрази заинтересираност за изградба на „Белене“. Реди посочи дека „Глобал пауер“ преговара со „Атомстројекспорт“, која требаше да ја гради централата, но руската компанија веднаш ги демантира ваквите наводи. Руската корпорација „Росатом“, која е сопственик на „Атомстројекспорт“, изрази сомневање за намерите на американскиот конзорциум и нагласи оти е подготвена да се врати на реализацијата на проектот.

- Од медиумите разбравме за овие важни информации и би сакале да дознаеме повеќе за понудата. „Росатом“ е подготвен да се врати на изградбата, но прво мораме да разговараме за деталите од понудата на приватниот американски инвеститор - изјави Сергеј Новиков, портпарол на „Росатом“.

Тој, според софиската новинска агенција Новините, сугерирал оти понудата на „Глобал пауер“ е поглавје во перформансот „Белене“ на кабинетот на Борисов.

Бугарската влада во моментов е заглавена со тужба од една милијарда евра од Русија поради откажување на проектот. „Атомстројекспорт“ во јули поднесе тужба пред арбитражен суд против бугарското национално електростопанство (НЕК), вредна 58 милион евра, за непочитување на договорот за изградба на централата. НЕК одговори со контратужба од 61 милион евра, а руската компанија ја зголеми сумата што ја бара од Бугарија на една милијарда евра. Бугарските медиуми нагласуваат дека засега е непознато што ќе се случи со тужбата по уфрлањето во игра на американскиот конзорциум.

„Глобал пауер“ преку своите претставници во Бугарија тврди дека е подготвен целосно да ги покрие трошоците за проектот „Белене“, дека не очекува државни гаранции ниту договори за купопродажба на струја. Конзорциумот нагласува оти инвеститорите ќе обезбедат свој капитал од две милијарди евра, а другите осум милијарди евра, вклучувајќи ги и долговите на НЕК, ќе дојдат од други инвеститори. Бугарија ќе добие опција да учествува во проектот, доколку сака.

Референдум

Бугарските медиуми посочуваат оти финансиите и потеклото на конзорциумот и неговите инвеститори и претставници се сомнителни. Софија нагласи дека ќе бара од САД информации за „Глобал пауер“, а од компанијата гаранција од 200 милиони евра.

Во меѓувреме се огласи и Амбасадата на САД во Софија, која нагласи дека американската влада не учествува во никакви дискусии за евентуалниот интерес на американски компании за изградба на „Белене“.

ПРЕЗАВИСНА ОД МОСКВА

Кога Борисов во март објави оти Софија се откажува од атомската централа, опозицијата го обвини оти потклекнал под барањата од Вашингтон, Бугарија да ја намали зависноста од Русија. Најгласна во реакциите беше Бугарската социјалистичка партија (БСП), која ја предводеше владата што во 2008 година потпиша договор за изградба на „Белене“ со рускиот лидер Владимир Путин.

- Одлуката за откажување од „Белене“ е катастрофална грешка, направена под притисок на САД и го осудува единствениот технолошки сектор на Бугарија на бавна смрт. Американците, а не Борисов, одлучија за судбината на „Белене“. Верувајте дека Бугарија ќе биде принудена да увезува струја за 15 години - изјави тогаш пратеникот на социјалистите Румен Овчаров.

Бившиот бугарски претседател Георги Парванов, пак, прогласи крај на нуклеарната енергија во Бугарија ако не се обнови проектот „Белене“ и најави референдум кога БСП ќе дојде на власт. Социјалистите веќе поднесоа петиција за референдум за „Белене“, а бугарските медиуми вчера објавија оти завршила инспекцијата на петицијата со над 540.000 валидни потписи. Според бугарските закони, парламентот е обврзан да усвои одлука за референдум, а претседателот да одреди датум за изјаснување ако петицијата е поддржана со најмалку 500.000 потписи.

По одлуката на Софија да се откаже од „Белене“, московски „Комерсант“ пренесе изјави од неименувани руски функционери што учествувале во преговорите за централата, кои тврдеа оти Бугарија се решила на таков чекор под влијание на САД. Весникот посочи и на тајните американски дипломатски документи што ги објави Викиликс, кои укажуваат дека Амбасадата на САД во Софија и американската компанија „Вестингхаус“ вршеле притисок врз Бугарија. Брисел и Вашингтон изразуваа загриженост дека „Белене“ ќе ја зацементира зависноста на Бугарија од Москва. САД ја повикаа Бугарија да вложи поголеми напори за диверзификација на енергетските извори и да ѝ стави крај на енергетската зависност од Русија. Европската комисија неодамна во извештај побара од Софија повеќе да се ангажира во јужниот гасен коридор спонзориран од ЕУ наместо целосно да се фокусира на рускиот конкурент „Јужен тек“.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22692
Без Ботев няма България
29-09-2012, 02:30 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

„Ова не е првпат бугарската елита бурно да реагира на некое уметничко дело“

Во Македонија за време на Втората светска војна се убиени 98 отсто од еврејската популација. Сега, седумдесет години подоцна, еден филм повторно ги разгоре старите меѓунационални спорови, пишува хрватски Јутарњи лист.

Еден македонски филм за фудбалот предизвика политички потрес на Балканот со таква сила што се почувствува дури и во Брисел. Политичките односи меѓу соседите, Бугарите и Македонците, значително се влошија од кога пред десетина дена на Меѓународниот филмски фестивал во Битола „Браќа Манаки“ беше прикажан македонскиот филм „Трето полувреме“. Филмот следи три приказни: една за фудбалот, друга за љубовта, а трета за прогонот и уништувањето на македонските Евреи.

Филмската приказна се базира на вистински настани од Втората светска војна, кога Македонија, според договорот меѓу силите на оската, била дел од Бугарија. Во тоа време фудбалскиот тим на Македонија се борел за првото место во бугарската фудбалска лига, а главен конкурент му бил Левски. На чело на фудбалскиот тим на Македонија бил Евреинот Рудолф Шпиц. Најспорната сцена во филмот покажува депортација на 7.000 македонски Евреи во нацистичкиот логор на смртта Треблинка. Од таму никој од нив не се вратил жив. Македонија во холокаустот загубила 98 отсто од својата еврејска популација – процент што во ниту една друга држава во светот не бил поголем, наведува Јутарњи лист.

Кои беа ликвидаторите?

„Трето полувреме“, инаку македонски кандидат за Оскар, крена прашина во Бугарија уште пред да биде готов, пишува Јутарњи. Бугарските политичари и историчари велат дека филмот е фалсификат. Бугарите, тврдат тие понатаму, во текот на Втората светска војна ги спасувале Евреите од депортација, а не биле нивни ликвидатори. Од друга страна, авторот на филмот Дарко Митревски, а со него се согласуваат и македонските историчари, смета дека филмот верно се држи до историската фактографија. Митревски во неколку наврати изјави дека е неоспорен фактот дека депортацијата на Евреите во Македонија ја организирале бугарската војска и полиција и дека Бугарите биле главните архитекти на холокаустот во Македонија.

Од филмот беа огорчени и тројца бугарски европратеници. Од европскиот комесар за проширување Штефан Филе бараа да го осуди Скопје поради „ширење омраза“ и „обид за манипулирање на балканската историја“.

Брисел, на разочарување на Бугарија, одби да посредува во спорот. Портпаролот на комесарот за проширување, Петер Стано, рече дека очекува двете земји да го решат спорот со дијалог.

„Не е работа на Европската комисија да суди или да каже чии интерпретации се погрешни, а чии се точни. Ако овој филм навлегува во чувствителни теми и ако предизвикува каков било проблем во односите меѓу двете земји, тие треба да разговараат и да најдат решение“, рече Стано.

Александар Вазенков, историчар од Софија, е многу поумерен и порационален од повеќето негови колеги во Бугарија.

„Меѓу Бугарија и Македонија, кога станува збор за толкување на историјата, и без овој случај постојат големи несогласувања. Во таква ситуација сѐ може да послужи како причина за дополнителни тензии. Огромното мнозинство Бугари едноставно не ја разбираат македонската позиција. Тоа не важи само за политичарите, туку и за интелектуалците. Ова не е првпат бугарската елита бурно да реагира на некое уметничко дело. Претходната бугарска влада реагираше мошне агресивно, па дури и наивно, на скулптурата „Ентропа“, дело на чешкиот уметник Давид Черни, а пред тоа, во 1995 година, премиерот го критикуваше бугарскиот филм „Гори, гори оганче“ како антибугарски“, вели Вазенков.

Освен тоа, во Бугарија, објаснува понатаму Вазенков, е создаден мит за граѓанската храброст на Бугарите, кои ги спасувале своите сограѓани, бугарските Евреи, во текот на Втората светска војна. Кога сега некој им го урива тој мит, бурните реакции се очекувани, пренесува Јутарњи лист.

Виктор Мизрахи, претседателот на Еврејската заедница во Македонија, наведува весникот, смета дека е несомнена одговорноста на фашистичка Бугарија во времето на Борис Трети за смртта на 11.000 Евреи депортирани од Македонија и Тракија за време на Втората светска војна. Бугарите во тоа време за секоја доставена „еврејска глава“ добивале награда од 300 германски марки.

Бугаринот Иван Тонев, потпретседател на Европската федерација на национални здруженија на филмски сниматели Имаго, смета дека политиката не би смеела вака брутално да навлегува во подрачјето на културата.

„Кога со автомобил се возев кон Македонија, во Софија слушав радиоемисија што се занимаваше со овој филм. Кога стигнав во Битола, разговарав со луѓето за тоа што мислат за него. Сите ми рекоа дека филмот е добар и дека има интересна приказна. Политичарите во регионот ваквите пригоди ги користат за политички кавги“, вели Тонев за Јутарњи лист.

http://www.mkd.mk/63291/kultura/ova-ne-e...chko-delo/
Без Ботев няма България
30-09-2012, 10:08 AM
Reply