Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Провокации до режисерот Митревски: Дали „Трето полувреме“ е филмска паралела на „Скопје 2014“? (ФОТО)

Солзи, емоции, аплаузи и овации, но и многу реакции и контроверзни ставови, предизвика синоќешната премиера на филмот „Трето полувреме“ на македонскиот режисер Дарко Митревски, со која се отвори 33.издание на Фестивалот за филмска камера во Битола, „Браќа Манаки“.
Приказната за Еврејката Ребека (Катарина Ивановска), која единствена во семејството го избегнала холокаустот, благодарение на љубовта и бракот со Македонецот Коста, кого го игра Сашко Коцев, повлече лавина различни реакции кај публиката и новинарите кои ја проследија премиерната проекција.
Митревски, подготвен, и во очекување на провокации врзани за политичката позадина на филмот, приложи дури и прецизна документација со која, како што рече, се потврдува вистинитоста на сцените во филмот, врзани за односот на Бугарите кон македонските Евреи, за време на Втората светска војна.
Провокациите отидоа до таму што еден од новинарите се изјасни дека режисерот се претворил од „партизан“ во „националист“, а дека филмот е конкретна паралела на „Скопје 2014“, како проекти со слична идеологија, од кои едниот облечен во руво на филмската уметност.
На таа провокација Митревски, кратко и едноставно, одговори дека сценариото и проектот за филмот се создадени многу години пред проектот „Скопје 2014“.
На денешниот утрински прес со новинарите, присутни беа и главните актери, Сашко Коцев и Катарина Ивановска.
Коцев го сподели искуството на градењето на неговата улога, за која рече дека освен физичката подготовка, исклучително важна била и емоционалната. Изјави дека жали што фудбалскиот тим со кој работел на филмот не е присутен таму, и дека истиот бил неверјатно добар за да добие меч и на современите фудбалски игралишта.
Убавата Ивановска, пак, не криеше дека по проекцијата и паднала огромна тежина, особено заради големиот притисок и очекувања од нејзината актерска игра.
- Ми беше страв и имав трема да не ја обрукам тешката улога која требаше да ја изиграм. Но, денеска, после премиерата сум задоволна – рече таа.

Е.Г
Фото: Елена Героска

http://www.plusinfo.mk/vest/57156/Provok...e=daily.mk
Без Ботев няма България
16-09-2012, 08:46 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

ПРЕМИЕРАТА НА "ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ", МЕСТО СО СКАНДАЛ, ПОМИНА СО АПЛАУЗИ

Ни трага ни глас од бугарските новинари во Битола
Актерката Катрин Денев беше скржава на зборови на свеченото отворање на фестивалот "Браќа Манаки", па добивајќи ја наградата од претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, кратко кажа само неколку реченици...

Ниту Бугари видовме, ниту пак антибугарски или антимакедонски пораки не се слушнаа во Битола на свеченото отворање на фестивалот "Браќа Манаки". Премиерата на филмот "Трето полувреме" беше испратена со бурни аплаузи, а режисерот Дарко Митревски по проекцијата емотивно и се обрати на публиката, речиси со насолзени очи. Иако се очекуваше, и на вчерашната средба со новинарите немаше никакви провокации од бугарска страна.
А официјалното отворање на фестивалот "Браќа Манаки" помина одлично, иако главната ѕвезда Катрин Денев беше скржава на зборови, па добивајќи ја наградата од претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, кажа дека е првпат во Македонија и дека и е задоволство што е тука и што ја дели наградата со Кристијан Бергер, чија работа ја цени. Дивата на европската кинематографија блескаше на црвениот тепих, а пред свечениот дел го посети и археолошкиот локалитет Хераклеја. (Де.Т.)

Сашко Коцев: Со такси ли да одам до другиот гол?
Позитивен како и секогаш, актерот Сашко Коцев и вчера раскажа кратка приказна, овојпат за тоа како се подготвувал да глуми фудбалер.
"Првпат кога отидов на стадион на тренинг си викам каде е другиот гол. Таму, ми велат. Ау, со такси ли да одам до таму. И секој ден откривав нови мускули. Нови воспаленија на мускули. Мислам дека да не пуштеа против Германија да играме, и против Германија ќе игравме", рече Коцев кој во филмот ја игра главната улога заедно со партнерката Катарина Ивановска.

Дарко Митревски: Имало јавно стрелање на деца
Еден куп документи покажа вчера режисерот Дарко Митревски кои сведочат за бугарската окупација на Македонија, а со цел да ги прекине обвинувањата дека филмот е антибугарски.
"Велат сум ставил нивни знамиња до знамињата од Третиот Рајх. Еве фотографија од знамето на Бугарија како стои до знамето на Третиот рајх. Бев обвинет дека немало јавно стрелање на деца. Еве и список на стрелани деца", рече Дарко читајќи ги имињата на деца од околу петнаесетина години, сите стрелани јавно.
Дарко кажа и дека се правела фама кај чешката Влада за да го укинат финансирањето на овој филм, како и дека на Јутјуб видел лажно монтирано интервју со него.

Денев запали цигара на прес-конференција!
Како што се очекуваше, актерката Катрин Денев, позната како страстен пушач, на вчерашната прес-конференција во Битола запали цигара! Дали ќе плати казна не се знае, но дивата остана доследна на своите убедувања и во Битола покажа дека знае да живее како што сака.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A989C1F8...358E5C8A37

Е „Гной” ОК ли е филмът – допадна ли ти?

Ни трага ни глас од бугарските новинари во Битола...Duel

А трябвало ли е да има трага и глас от бг новинарите?
16-09-2012, 10:26 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33

@Valkanizater
Не, за жал не го гледав, згрешив кога реков дека ќе го гледам во недела, бидејќи и првата и втората проекција беа во саботата, а јас бев во Скопје викендов. Но сигурен сум дека наскоро пак ќе има можност да се гледа филмот.
Let me hear you make decisions without your television.
17-09-2012, 12:42 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

(16-09-2012, 10:26 PM)Valkanizater Wrote: ПРЕМИЕРАТА НА "ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ", МЕСТО СО СКАНДАЛ, ПОМИНА СО АПЛАУЗИ

Ни трага ни глас од бугарските новинари во Битола

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A989C1F8...358E5C8A37

Е „Гной” ОК ли е филмът – допадна ли ти?

Ни трага ни глас од бугарските новинари во Битола...Duel

А трябвало ли е да има трага и глас от бг новинарите?

За съжаление в Македония каквото и да се направи срещу България винаги намира оправдание дори и сред най умерените и благоразположени към нас македонци.Помните ли наскоро имаше едно предаване по БТВ за Скопие 2014 в което и ако нямаше никакво държавно участие направи лошо впечетление и дори много българи тогава се съгласихме че подобни предавания не помагат на отношенията ни.
Представете си Франция да да даде милиард и половина ( точно така - милиард и половина , защото толкова е процетно от бюджета , съответно в двете държави ) за филм в който германците дивеят в Париж. А те имат много повече истории и материяли за такива филми.

ПС - За късмет един от бг журналистите на премиерата ми е познат , човекът ми каза , че му се е допорвъщало.
Без Ботев няма България
17-09-2012, 05:25 AM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33

(17-09-2012, 05:25 AM)Топорчо Wrote: За съжаление в Македония каквото и да се направи срещу България винаги намира оправдание дори и сред най умерените и благоразположени към нас македонци.
Од каде влечеш таков заклучок?
Let me hear you make decisions without your television.
17-09-2012, 04:38 PM
Reply
Илиян_Луков Offline
Senior Member
****

Posts: 456
Joined: Aug 2011
Reputation: 6

Имаше статия в news.bg, интервю на Спас Тошев, който казва,че Дарко Митревски бил наполовина сърбин ... по-нататъшния коментар е излишен ...

П.С. Нещо сте направили и не може да се слагат хипер-линкове към някой сайтове ...
17-09-2012, 05:55 PM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35

Какво значение има дали е половин или 2/3 сърбин?И цял сърбин може да е човек!И цял българин може да е магаре!безДарко си е слуга и подлога,без значение гените му...
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
17-09-2012, 06:51 PM
Website Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35

дубъл!
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
(This post was last modified: 17-09-2012, 06:51 PM by TATAP.)
17-09-2012, 06:51 PM
Website Reply
Илиян_Луков Offline
Senior Member
****

Posts: 456
Joined: Aug 2011
Reputation: 6

Просто в основата на всички провокации към нас има сръбска връзка ... иначе не ми дреме ни за Дарко, ни за Слободан, ни за Душко ... също така и за 3,4,5,6 и 10 полувреме ...

П.С. Тоя като Латас, баща сърбин и чист македонец ... Icon_razz




17-09-2012, 08:16 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Не ми ебавайте темата с алабалщини Icon_razz Тук е за публикации
Без Ботев няма България
17-09-2012, 08:25 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9


Дојче Веле: Бугарија би можела да ги уценува Македонија и Србија

Приматарова за "Дојче Веле" го наведува примерот со граничниот спор меѓу Словенија и Хрватска, поради кој Љубљана со години го блокираше приближувањето на Загреб кон ЕУ. Според Приматарова, овој граничен спор има јасна правна димензија, додека бугарско-македонските спорови околу јазикот, историјата и културата е тешко да се дефинираат правно


Бугарија сака да го искористи приближувањето на Македонија и Србија кон Европската унија за решавање на некои отворени билатерални прашања, објави германското радио Дојче Веле".
Неодамна, бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов изјави дека Бугарија треба да ги дефинира насоките на својата политика кон соседите, во рамките на процесот на евроинтеграција на државите од Балканот, притоа не сакајќи да говори за детали од тие насоки, наведува Дојче Веле".

Како што пренесува Танјуг, радиото потсетува дека минатата пролет во Србија имало негативни реакции на изјавата на бугарската потпретседателка Маргарита Попова, која во обраќањето на една трибина во Босилеград нагласила дека Србија нема да стане членка на ЕУ доколку не ги реши проблемите на своето бугарско малцинство.

Попова тогаш изјави дека Софија би можела да го искористи своето право на вето за да обезбеди почитување на правата на бугарската заедница во Србија.
Бугарскиот политиколог Марин Лесенски во изјава за Дојче Веле" вели дека во планираните насоки гледа добро средство против тензиите меѓу Бугарија и нејзините соседи.
На тој начин од политиката ќе бидат протерани непромислените изјави на владините кругови во Софија и популистичките написи во бугарските медиуми, смета Лесински.
Според него, за историјата треба да расправаат историчарите, а од политичарите се очекува да ги решаваат практичните билатерални и трилатерали прашања, економските и трговските односи, инфраструктурата и енергетските проекти.

Лесенски смета дека Бугарија како членка на ЕУ има обврска во билатералните односи секогаш да постапува одмерено.

Поранешниот шеф на бугарскиот преговарачки тим за членство во ЕУ, Антоанета Приматарова смета дека инструментализацијата на европските перспективи на Македонија и Србија од страна за Софија за решавање на отворените билатерални спорови, би била несоодветна и невкусна.
Приматарова за Дојче Веле" го наведува примерот со граничниот спор меѓу Словенија и Хрватска, поради кој Љубљана со години го блокираше приближувањето на Загреб кон ЕУ. Според Приматарова, овој граничен спор има јасна правна димензија, додека бугарско-македонските спорови околу јазикот, историјата и културата е тешко да се дефинираат правно.
- Се надеваме дека нема да доживееме бугарско продолжение на лудата расправија меѓу Грција и Македонија околу името, потенцира Приматарова.

http://vecer.com.mk/?ItemID=191ED872CF47...0144D91B19

Цедката за коментари днес е широко отворена.

Od 1913 -2013, 18.09.2012 00:06:45
Znaci i vo Srbija ima Tatari...........
18.09.2012 00:06 | (2) | Like

Langer, 17.09.2012 23:21:17
Ebati zivotot koga dojde edna Bugarija da gi ucenuva Srbija i Makedonija.
17.09.2012 23:21 | (3) | Like

крис, 17.09.2012 23:15:51
како тоа Грција и Бугарија, биле примени во ЕУ со толку отворени прашања со соседите? тогаш истите прашања не постоеле, а сега постојат?
17.09.2012 23:15 | (3) | Like

ПС - Има ли ден , когато изявата на денот в про правителствения вечер да не е на някой сърбин ? Нищо против србите , просто търся закономерности.
Без Ботев няма България
18-09-2012, 04:59 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ПО СТОТИНА ТЕКСТОВИ, НЕ НАПИШАА НИ РЕД ПОСЛЕ ПРЕМИЕРАТА НА "ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ"


Откако се изнаплукаа на невидено, Бугарите ги снема


Со "Трето полувреме" Македонија сака морално да не понижи, вели Спас Ташев, поранешен заменик-претседател на Агенцијата за Бугарите во странство, само еден ден пред премиерата на филмот на фестивалот "Браќа Манаки"


Молк и штама по бугарските медиуми после премиерата на филмот "Трето полувреме". Само во неколку бугарски медиуми е пренесена веста дека филмот е прикажан. И тоа кратко, без никакви коментари и ставови.

"Филмот предизвика скандал уште пред неговото појавување, кога од трејлерот стана јасно дека манипулативно ќе го претставуваат депортирањето на Евреите за време на Втората светска војна, со јавна антибугарска насоченост", пишува бугарскиот "24 часа".

А очекувањата беа дека после премиерата негативната кампања против филмот ќе биде најсилна. Дури и на ден пред премиерата, Спас Ташев, поранешен заменик-претседател на Агенцијата за Бугарите во странство, излезе со интервју насловено "Со Трето полувреме Македонија сака морално да не понижи". Таму Ташев вели дека станува збор за еден груб фалсификат на историјата на фудбалскиот клуб "Македонија", што е инспирирана од Србија. Дури го нарекува режисерот Митревски половина етнички Србин.

"Со филмот пропагандата на комунистичка Југославија, кои некои ја нарекуваат Србославија, денес продолжува да се спроведува во современа Македонија", вели Ташев.
Како и да е, Дарко Митревски викендов во Битола најави дека веќе не се занимава со таа фама, откако покажа архивски документи за страната на Бугарија во почетокот на 1940-тите. Со тоа, тој со факти покажа по чиј налог од своите домови биле собрани 7.200-те македонски Евреи и депортирани во логорот Треблинка каде биле убиени повеќе од 750.000 жртви на фашизмот.
Премиерата на "Трето полувреме" во Скопје ќе се случи на 27-ми септември. Филмот е избран за македонски кандидат за номинација за Оскар.

http://vecer.com.mk/?ItemID=4E0AFD289673...8B30F38CB4

Няма угодия , като плюкаш лошо , като не им обръщаш внимание - още по лошо Icon_razz
Без Ботев няма България
18-09-2012, 05:03 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ОМД: Бугарија да и се извини на Македонија за судбината на Евреите во Втората светска војна



Обединетата македонска дијаспора (ОМД) реагира на изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Младенов, кој најави вето и воведување црвени линии на Бугарија кон нејзините соседи. Новата регионална политика на Младенов беше најавена во време кога бугарски политичари реагираа поради снимањето на филмот „Трето полувреме“ во Македонија.

Бугарските политичари реагираа на филмот кој раскажува љубовна приказна од Втората светска војна и во него се опишува депортирањето на Евреите од Македонија за време на окупацијата од страна на Бугарија.

- Бугарија денес вели дека спасила најголем дел од своето еврејско население од концентрационите логори, но забораваат да спомнат дека 98 отсто од еврејското население во Македонија, за време на бугарската окупација, беше уништено. Повеќето од нив беа однесени во концентрациониот логор „Треблинка“ во Полска – вели Стојан Николов од ОМД.

Оттаму порачуваат дека Бугарија и должи на Македонија искрено извинување за трагичната судбина на македонските Евреи во Втората светска војна.

http://www.libertas.mk/%D0%BE%D0%BC%D0%B...%BD%D0%B8/
Без Ботев няма България
18-09-2012, 05:13 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Филе прецизира: Имате проблем со Бугарија

Од СДСМ велат дека Филе видел прогрес зошто му е задача како еврокомесар за проширување да шири оптимизам

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе за Радио Слободна Европа прецизира дека новиот проблем се односите со Софија, бидејќи во Унијата сe почесто слуша за комплексноста на односите на Македонија со Бугарија.

„Нема дистинкција, сите соседи се важни за земјата кандидат, за земјата која сака да се приклучи кон Европската унија. Случајот со Грција е очигледен, тоа е прашањето за името кое треба да се реши. Дополнително на тоа, сe почесто слушам за комплексноста на односите со Бугарија. Слушам голем број изјави од бугарски претставници кои се осврнуваат врз проблемите во односите меѓу Софија и Скопје. Тоа треба да се реши, тоа треба да биде водено од политичарите од двете страни. Политичарите од двете страни ја имаат одговорноста. Патот кон ЕУ минува низ добрососедските односи и ако сакате да станете добар член на Унијата, единствен можен начин е во исто време да стaнетe добар сосед“, изјави Филе.

Прашањето за добрососедските односи досега не беше дел од дијалогот и еврокомесарот во Скопје најави дека за првпат се отвора и тоа прашање. Во интервјуто Филе истакна дека патот кон ЕУ минува токму низ добрососедските односи и дека тоа е еден од основните копенхагеншки критериуми, кои секоја земја-членка мора да ги исполни, затоа што Унијата сака да се прошири со нови членови, но не сака да ги увезе и нивните билатерални проблеми.

Иако овој аспект од посетата на еврокомесарот беше најударен за медиумите во Македонија, реакциите на политичките партии сепак се вртеа на домашни теми, а пред се околу оценката - не фалеше или не еврокомесарот, т.е. има ли според него прогрес или не во реформите. Од СДСМ изјавија дека како партија не се изненадени од изјавите на Еврокомесарот Филе, бидејќи како комесар за проширување на Европската Унија „тој е задолжен да шири оптимизам кај земјите кои сакаат да станат полноправни членки на ЕУ“.

„ Да не ги заборавиме и изјавите на највисоките преставници на ЕУ чија улога е да не соочуваат со реалноста.Жалиме што наместо порано, Владата во последен момент се обидува да ги исполни задачите од дијалогот, притоа задржувајќи се многу повеќе на формата отколку на содржината. Во јавноста затоа се создава впечаток дека предпристапниот дијалог е многу повеќе формален отколку суштински имајќи предвид дека токму најважните и суштински препораки на ЕУ не се имлементирани во предложените закони, а за жал се нотира само нивното формално поднесување“, оценија вчера од СДСМ.Како пример го наведоа Извештајот за имлементација на рамковниот договор, кој е набројан како постигнување, а денес во Македонија , според оваа оценка, меѓуетничките односи се на најлошо можно ниво во последните шест години.

„Поднесените измени на Изборниот законик не ги содржат суштинските препораки на ОБСЕ и ОДИХР, ниту пак декриминализацијата на клеветата и навредата не можат да бидат замена за очигледниот недостаток на слобода на медиумите. Очекуваме ЕК во наредниот период внимателно ќе ги следи политичките случувања во земјата во контекст на исполнување на критериумите за нашите евроатлански интеграции“, порачуваат од СДСМ. (Н.Р.)

http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemI...EEC6F5825A
Без Ботев няма България
18-09-2012, 03:37 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

РУБИК
Пехар за добрососедство


На интернет станаа популарни електронските книжулиња во кои се напишани студии за добрососедството. Ако решите да си купите нов стан или куќа, а имате вишок време за истражување на глобалната мрежа, може да си најдете соседи со совршени препораки. Во Kанада, на пример, не само што се организираат настани за поттикнување на добрососедството туку и се доделуваат награди за оние што гордо ја носат титулата соседи за пример. Советниците за тоа како да се биде добар сосед препорачуваат ако со соседот имате заеднички ѕидови, да не ги сместувате во близина апаратите што прават бучава, како машината за перење или телевизорот, а вашето куче треба да го држите на краток синџир за да не ги вознемирува. Листата со чекори е долга: ако правите забава, културно е да ги поканите соседите, лисјата од вашиот двор не смеат да завршат зад соседската ограда, ако правите скара - оџакот да не биде свртен кон терасата од другата куќа, да ги каните на чај соседите, да се понудите да им ги причувате децата или милениците, да им бидете при рака секогаш кога им треба помош.

Најголемата пародија е што истите нашминкани правила важат и за добрососедските односи меѓу државите.

Kај нас прашањето за добрососедство го актуализира еврокомесарот Штефан Филе при последната посета во Скопје кога побара Македонија да ги подобри односите со сите соседи. Но и претходно добрососедските односи беа тема на дневен ред оти македонската Влада предложи неколку иницијативи за добрососедство кон Грција, за кои грчкиот премиер Андонис Самарас не изусти ниту збор.

Со „другиот сосед“ кој го спомена Штефан Филе, алудирајќи на Бугарија, пред извесно време имаше идеја да се дефинираат правила за добрососедство. Официјална Софија предложи триесетина точки од повеќе области во кои Бугарија сака да ја унапредува соработката со Македонија. Преку ваквиот договор Софија сакаше да ги условува наредните чекори во евроинтеграцијата на нашата земја и да добие механизам за притисок преку кој ќе н` држи во заложништво. Kако што кажа шефот на бугарската дипломатија, Николај Младенов, договорот за добрососедство не бил услов за членство на нашата држава во ЕУ, но ќе го забрзал нејзиното пристапување. Kога Македонија понуди реципроцитетна формула, Софија, барем привремено, го стави договорот во фиока.

Но да ги оставиме предлог-договорите за добрососедство и да тргнеме по чекорите што ни ги нудат советниците. На пример, може ли македонското раководство да биде укорено дека не се однесува добрососедски оти одбива да организира седенки и културно не го кани својот пријател од другата страна на меѓата, Андонис Самарас? Ќе биде ли претерано ако кажеме дека Грците и Бугарите не ги вртат оџаците кон нашата куќа или дека лисјата од својот двор ги туркаат кон нашиот? Kолку врева слушаме од екстремистите од двете земји, потпрени на заедничките ѕидови? Според тоа, на крај мора да прашам: Дали Европската комисија би им дала пехар за добрососедство на Софија и на Атина, онаков каков што си делат на улиците во Kанада? Имаме ли ние заслуга за таква награда?

Во последниот извештај на бугарската влада, кој беше усвоен овој месец, се вели дека нема да дозволи никому да се плетка во нејзините историја и идентитет. Бугарскиот министер за надворешни работи кажа дека документот треба да содржи црвени линии кои нема да може да се преминуваат во билатералните односи.

Од Европската унија треба најдобро да знаат дека добрососедство не се гради со црвени линии. Не се гради преку држење на соседот на синџир. Оти тоа би изгледало како да се обидувате со вашиот сосед да имате добри односи преку висока ограда.

Македонија нема можност да се пресели и да си најде соседи со добри препораки. Затоа, сите треба заеднички да работиме, за да ја носиме тутулата соседи за пример.

Ивана КОСТОВСКА

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=107A93DBD8...A28020D43D

И тая дава своя скромен принос за развитието на добросъседските отношения Icon_razz
Без Ботев няма България
19-09-2012, 12:16 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Брисел повторно бара алиби за да ги одложи преговорите



Брисел повторно бара алиби за да ги одложи преговорите

Други вести
Се создаваат услови за посета на Папата на Македонија
Кралев: Општината Чаир да го слуша инспекторатот
ДУИ чека датум за преговори од Европската комисија
За Хрватите, „Скопје 2014“ е успешен туристички проект
Судот одлучува за судбината на штрајкот на лекарите
Пониски даноци и акцизи, поголемо производство на храна
Највести

„Клетата“ Македонија и „кутрите“ ѝ соседи
За кирија 50 евра, за чистачка 200 евра?!
За Хрватите, „Скопје 2014“ е успешен туристички проект
Брисел повторно бара алиби за да ги одложи преговорите
Што е тоа што треба да го разбереме за Западот?
Се создаваат услови за посета на Папата на Македонија

Коментари и дебати
Искра Опетческа
„Клетата“ Македонија и „кутрите“ ѝ соседи
Од кога судските пресуди се делат на минати, сегашни или идни? И каква врска имаат разговорите меѓу еврокомесарот на Унијата и премиерот на Македонија кога е донесена една пресуда, која вака или онака мора да се спроведе ...

Методи Хаџи -Јанев
Што е тоа што треба да го разбереме за Западот?
Западната политика е заснована на концептот на ширење на демократијата преку универзализација на вредностите за заштита на интересите ...

Мирослав Пендароски
Синдромот мак-депра (македонска депресија) - зачеток (прв дел)
Знам, ќе помислите дека повторно пишувам за неубавите нешта за нас. Знам, ќе велите дека премногу генерализирам, обопштувам, пикам сѐ во една кошница ...

Печати | Прати ја страницата | Врати се назад


Филе во изјава за Радио Слободна Европа порача дека, покрај односите со Грција, сѐ почесто слуша и за комплексноста на односите со Бугарија. Познавачите укажуваат дека, покрај очигледниот притисок на Брисел за решавање на спорот за името, европскиот врв се обидува да најде оправдување зошто нема датум за почнување на преговорите со Македонија, која се очекува во октомври четврти пат да добие позитивен извештај од ЕК




ДОБРОСОСЕДСКИТЕ ОДНОСИ НА МАКЕДОНИЈА НАЈНОВ ИЗГОВОР НА ЕВРОПА

Европската Унија го користи прашањето за добрососедските односи на Македонија за да си создаде алиби за нереализирање на препораката за почнување преговори со нашата земја, која се очекува Европската комисија во октомври да ја даде по четврти пат. Покрај спорот за името со Грција, како можна причина за блокирање на преговорите сега се појавува и Бугарија, која користејќи ги механизмите што ѝ се на располагање како земја-членка на Унијата се обидува да издејствува отстапки од Македонија, оценуваат домашните експерти.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски истакна дека првпат отворено се зборувало и за добрососедските односи, иако тоа досега не беше дел од дијалогот на високо ниво помеѓу Македонија и ЕК. Уште повеќе, Филе во изјава за Радио Слободна Европа вчера порача дека, покрај односите со Грција, сѐ почесто слуша и за комплексноста на односите со Бугарија.

- Слушам голем број изјави од бугарските претставници, кои се осврнуваат на проблемите во односите меѓу Софија и Скопје. Тоа треба да се реши, тоа треба да биде водено од политичарите од двете страни. Политичарите од двете страни ја имаат одговорноста. Патот кон ЕУ минува низ добрососедските односи и, ако сакате да станете добар член на Унијата, единствен можен начин е во исто време да стaнетe добар сосед - истакна Филе.

Што ни забележува Софија?

Според еврокомесарот, нема дистинкција и сите соседи се важни за земјата-кандидат што сака да се приклучи кон ЕУ. Познавачите укажуваат дека, покрај очигледниот притисок на Брисел за решавање на спорот за името, европскиот врв се обидува да најде оправдување, еден вид алиби, зошто нема датум за почнување на преговорите со Македонија, која се очекува во октомври четврти пат да добие позитивен извештај од ЕК.

- ЕУ сака само да си даде оправдување за нереализирање на препораката за почнување преговори, која ЕК се очекува годинава четврти пат да ја даде. Отворањето на прашањето за добрососедските односи може да се толкува како повторно инсистирање за надминување на спорот за името со Грција - вели Малинка Јорданова од Институтот за европски политики.

Јорданова истакнува дека бугарските пратеници континуирано имаат негативни реакции во однос на одредени прашања кон Македонија.

- Бугарските претставници се гласни во реакциите во Брисел. Треба да се внимава на односите со Бугарија - вели Јорданова.

Познавачите укажуваат дека бугарските претставници во Брисел ретко јасно прецизираат кои се наводните проблематични акции на Скопје што претставуваат проблеми во односите со Софија. Таков е и случајот со бугарскиот европратеник Кристијан Вигенин, кој пред извесен период порача дека Бугарија мора да ја заостри политиката кон Македонија. Според него, Софија мора да ја преиспита политиката кон нашата земја. Без подетално да образложи во својот настап, Вигенин обвини дека „има нешто погрешно во функционалноста и размислувањето на македонскиот политички систем“.

- Кампањата против Бугарија што периодично се појавува во Македонија е многу остра и позлонамерна од онаа што е насочена против Грција - се пожали Вигенин пред бугарските студенти во европарламентот, без конкретно да ги посочи наводните погрешни чекори на македонските власти.

Официјална Софија имаше остри забелешки дека Македонија наводно ги прекршува човековите права на гевгеличанката Спаска Митрова, која се чувствува како Бугарка, со одлуката на судот нејзиното дете да му се додели на старателство на сопругот, но чувствителноста на бугарските власти за ваков поединечен случај е предимензионирана, сметаат експертите. Особено во споредба на многу помасовното прекршување на човековите права од страна на Софија во случајот на одбивањето да се регистрира партијата на Македонците ОМО Илинден Пирин.

Особено силни реакции од бугарска страна имаше против филмот на Дарко Митрески „Трето полувреме“, кој е болна рана за улогата на властите во Софија за време на Втората светска војна во протерувањето на македонските Евреи во концентрационите логори на Хитлер. Ова ламентирање над историјата исто така, според познавачите на условите, не би смеело да предизвика какви било проблеми во меѓудржавните односи, зашто станува збор за уметничко творештво, но и за историска вистина, која нема врска со денешна Бугарија.


Обвинувања и провокации одвреме-навреме ја подгреваат атмосферата

Срамота е Македонија да се обвинува

Бившиот шеф на македонската дипломатија Слободан Чашуле истакнува дека станува збор за остварување на долгогодишната стратегија на Софија за изнудување одредени отстапки од Македонија.
- Благодарение и охрабрена од тоа што ЕУ им дозволи на Грција, Словенија, Романија и на Унгарија да ги наметнат билатералните спорови во преговорите со, на пример, Хрватска и Србија, воопшто не е за изненадување Бугарија да се обиде да изнуди некакви отстапки од Македонија.

Според него, тоа не е ништо ново и е дел од бугарската стратегија.

- Ново е тоа што од полето на медиумите и квазиакадемските расправи, таквите бугарски ставови преку европскиот парламент станаа и став на бугарската држава - додава Чашуле.

Познавачите истакнуваат дека Брисел, како и ЕК, во случајот со Македонија, избегнува јасно да ги посочи наводните проблеми во односите на нашата земја со соседите. Според нив, покрај потребата за надминувањето на спорот за името, еврокомисијата воопшто не ги посочува проблемите на Македонија со соседите. Тие укажуваат дека Брисел мора јасно да дефинира што подразбира под добрососедски односи, бидејќи, во спротивно, тие се злоупотребуваат, како што е случајот со грчкиот и, во најава, бугарскиот однос кон македонските евроинтеграции.

- Потребно е да се дефинираат добрососедските односи. По нивното формулирање, треба да се тргнат сите причини што се пречки за добрососедските односи - вели аналитичарот Алберт Муслиу.

По нивното дефинирање, смета Муслиу, нашата дипломатија треба да продолжи на понатамошно развивање на добрососедските односи, додека, пак, политичарите дома да развиваат добрососедска клима. Професорот и поранешен вицепремиер за евроинтеграции Ивица Боцевски укажува на фактот дека Македонија е пример токму за добрососедските односи во регионот.

- Срамота е Македонија да се обвинува за недостиг од добрососедски односи. Зарем половината милијарда евра што македонските туристи ги оставаат во Грција не се пример за добрососедски односи - вели Боцевски за „Нова Македонија“.

Попоски: Очекуваме поддршка од соседите

Добрососедските односи се логичен дел од европската интеграција. Така било од самиот почеток, така е и сега. Од наша страна, клучно во градењето на тие односи се отвореноста, заедничките инвестиции и поврзувањето. Затоа и се фокусираме на изградба на автопати, железнички пруги, стимулирање проекти што ја поврзуваат соработката преку граница, изјави вчера министерот за надворешни работи Никола Попоски при неговата посета на Кавадарци, за добрососедските односи, прашање што завчера во Скопје го отвори еврокомесарот Штефан Филе.
Попоски вели дека Македонија гради добри односи со соседите, нуди иницијативи и проекти, работи на создавање позитивна клима на Балканот и очекува тоа да биде препознаено во претстојниот извештај на Европската комисија.

Интензивна прекугранична соработка


Пречките не се непремостливи: Груевски и Борисов

Ако се суди според соработката со соседите, особено на локално ниво, каде што се секојдневните и реални потреби и проблеми на граѓаните, земјава одамна требаше да биде дел од Европската Унија. Меѓу Македонија и соседите веќе со години непречено функционира меѓуграничната соработка, особено за луѓето што живеат во населени места во длабочина од 15 до 30 километри внатре во државата. Жителите на овие населени места непречено ја поминуваат границата и за нив важат целосно либерализирани процедури при преминувањето на границата.
Од почетокот на годинава, пак, сите македонски државјани без пасош, само со лична карта, може да патуваат во Србија. Во името на добрососедските односи Албанија и Македонија од неодамна потпишаа билатерален договор според кој и во оваа држава сите граѓани на Македонија (а не само македонските Албанци) ќе можат да патуваат само со лична карта и нема да мора да плаќаат по десет евра за влез, како досега.
Што се однесува до соработката на Македонија со Грција, речиси сите градови на македонско-грчката граница работат на меѓудржавни проекти чија цел е олеснување на секојдневниот живот на граѓаните од пограничните места. Последен поважен настан во името на добрососедските односи беше посетата на градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, на општината Битола, при што заедно со градоначалникот на Битола, Владимир Талески, потпиша декларација за директна соработка и партнерски настап пред фондовите на Европската Унија во рамките на ИНТЕРРЕГ и ИПА-програмите со проектот „Културни индустрии“.
Не помалку важна е и многу годишната соработката меѓу Македонија, Грција и Албанија за заштита на Преспанско Езеро.
- За да се заштити Преспанско Езеро меѓудржавната соработка е примарна затоа што мора да постои единствен став при настапите во своите држави, а и пред европските институции. За најновиот проект „Заштита на Преспанско Езеро“, иако ќе се работи само од македонска страна, сепак резултатите ќе бидат видливи и во Албанија и во Грција. Имаме целосна поддршка и од двете држави - вели Димитар Сековски, раководител на проектот „Заштита на Преспанско Езеро“.
Ако нема добра соработка меѓу Македонија и Албанија, попусто може да се зборува за заштита на најголемиот извор на вода во регионот, Охридско Езеро и Дримскиот басен.
Уште од почетокот на прогласувањето на Косово за држава, Македонија најде начин како да не ги влоши односите со Србија, а да почне да соработува со Косово. Релативно брзо ја призна државата со која три години подоцна има најголема трговска размена. Без многу помпа помина и обележувањето на границата со оваа најмлада држава во светот.
И.О.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22683
Без Ботев няма България
19-09-2012, 04:13 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Статия - тип вечната жертва

„Клетата“ Македонија и „кутрите“ ѝ соседи

Од кога судските пресуди се делат на минати, сегашни или идни? И каква врска имаат разговорите меѓу еврокомесарот на Унијата и премиерот на Македонија кога е донесена една пресуда, која вака или онака мора да се спроведе или, пак, како во овој случај, најмалку што треба да се направи, да биде земена предвид при преговорите со Грција?



Речиси за неверување е од каде сега наеднаш добрососедските односи станаа критериум за влегување на Македонија во Европската Унија. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе, завчера, по средбата со премиерот Никола Груевски, нѐ „искара“ дека Македонија мора да се концентрира на подобрување на односите со соседите.

На што мислеше Филе кога го кажа ова? Со кои постапки Македонија ги загрозува добрососедските односи и што тоа лошо прави за државите-соседи нонстоп да се жалат? Со што Македонија ги загрозува добрососедските односи? Еве на пример со Грција.

Со тоа што именува улици, споменици или аеродроми по имиња на општоприфатени историски личности или со тоа што властите во Македонија, макар и привидно, никогаш не одбиле средба со кој било грчки политичар? Или можеби тоа што Грција не ни ги признава ниту територијата, ниту народот, ниту пак Македонците што живеат таму? Или тоа што како ѓавол од крст бегаат од прашањето за враќање на имотите на Македонците од Егејска Македонија, што е светска цивилизациска практика? Дали Македонија прави проблем од тоа што јужниот сосед одбива да се соочи со реалноста оти Меѓународниот суд на правдата одлучи дека Грција ја прекршила Привремената спогодба? Македонија само легално бара да се почитува една судска одлука.

„Би сакал хашката пресуда да биде магично решение за решавање на спорот со името, но не е. Таа гледа кон минатото, а ние овде зборуваме за иднината“, изјави завчера Филе по средбата со премиерот Никола Груевски.

Од кога судските пресуди се делат на минати, сегашни или идни? И каква врска имаат разговорите меѓу еврокомесарот на Унијата и премиерот на Македонија кога е донесена една пресуда, која вака или онака мора да се спроведе или пак (како во овој случај) најмалку што треба да се направи е да биде земена предвид при преговорите со Грција!

Ако одиме по оваа логика, тогаш зошто и пресудата на Хашкиот трибунал со која Јохан Тарчуловски беше осуден на 12 години затвор да не биде минато, па и тој да биде ослободен и сите заедно да се свртиме кон иднината?!

Што прави оваа држава за Бугарија да се жали дека Македонија ѝ ги загрозува државните интереси? Со тоа што Македонија легално бара од Бугарија доследно и принципиелно да ја почитува одлуката на судот во Стразбур за регистрација на партијата на Македонците или, пак, со тоа што режисерот Дарко Митревски решил во својот најнов филм да ја обработи темата за прогонот на македонските Евреи во Втората светска војна!? Или, пак, можеби затоа што судот во Гевгелија сметал дека старателството врз детето на бугарската државјанка Спаска Митрова треба да му припадне на таткото-Македонец?

Аххх, оваа „клета“ Македонија што не им дава мир на соседите, па исто така легално, како во односите со Грција и со Бугарија, од Српската православна црква бара да ја признае Македонската православна црква-Охридска архиепископија, која, иако е православна национална црква како и сите други, нема автокефален статус во православниот свет. Како тоа Македонија не гради добрососедски односи со северниот сосед, кога за „мир во куќа“ се откажа од одбележувањето на АСНОМ во автентична атмосфера во манастирот „Прохор Пчињски“, кој сега е на територија на Србија, и мораше на своја земја да прави бледа копија на местото на одржувањето на АСНОМ?

Албанија со години се обидува да покаже дека ги почитува малцинствата, меѓу кои и Македонците, ама кога дојде ред да се спроведе пописот и граѓаните на Албанија да се изјаснат како навистина се чувствуваат, веднаш се отвори проблем. Не само Македонците туку и Грците и Власите од Албанија беа ставени во небрано да решаваат дали ќе се изјаснат како Албанци или, пак, ќе го бојкотираат пописот. Македонија ниту тогаш ниту сега не помисли да се меша во внатрешните работи на земјата, што не може да се каже и за Албанија во нашиот случај.

На крајот ќе излезе дека најдобри односи Македонија има со Косово. Имаме најголема трговска размена, релативно брзо ја признавме како држава, без голема помпа помина и обележувањето на границите. Од постоењето на државата до денес, во овие две-три години немало поголеми проблеми во соработката помеѓу македонската и косовската полиција. Напротив. Но затоа дома со нашите Албанци очи ќе си извадиме. Веројатно за да ја смири тензијата, но и да ни испрати јасна порака, повеќе од кога и да е, беше очигледно дека еврокомесарот Филе од петни жили се обидуваше да најде соодветно одбрани зборови, ем за да нѐ искара ем за да не нѐ навреди.

„И овој пат дојдов загрижен затоа што партиите апелираа на етничката основа на сметка на политичката стабилност и тоа не води никаде“, изјави завчера Филе.

На кого точно мислеше еврокомесарот кога го изјави ова? На ВМРО-ДПМНЕ и спомениците што во последните години никнуваат како печурки или, пак, на СДСМ, кој вели дека ќе ги сруши кога ќе дојде на власт? Или, пак, на ДУИ и на ДПА, кои секогаш кога немаат аргументи за расправа, веднаш се закануваат со сила? Зошто е толку тешко и за Унијата, и за политичарите во Македонија, сите заедно прецизно да ги лоцираат проблемите и работите да ги наречат со нивните вистински имиња?

Филе не кажува како ќе нѐ оцени Европската Унија за сработеното во минатата година. Сепак имал добро чувство. Имам добро чувство дека стапот секогаш има два краја.

Автор: Искра Опетческа

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22683
Без Ботев няма България
19-09-2012, 04:20 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Европската комисија ја советува Бугарија да тужи за филмот Трето полувреме?

Европската комисија најави неутралност во спорот меѓу Бугарија и Македонија за културно-историското наследство, но во исто време сугерира како да се надминат тензиите по филмот Трето полувреме.

[Европската комисија ја советува Бугарија да тужи за филмот Трето полувреме?]

Во интервјуто за бугарското национално радио, Петер Стано, портпаролот на еврокомесарот за проширување Штефан Фуле индиректно ја повика Софија да покрене правна процедура за решавање на спорот.

Пораката на Стано доаѓа само два дена откако неговиот шеф Фуле од Македонија побара да најде начин да ги подобри односите со Софија и само три дена откако по премиерата на филмот во Битола бугарските медиуми го намалија интензитетот на нападите против филмот.

Според Стано доколку двете страни не успеат да најдат решение, а евентуална правна експертиза покаже дека филмот е проблематичен, Бугарија може да преземе соодветни правни мерки и тогаш Европската Комисија би можела да се вмеша во спорот за филмот кој зборува за холокаустот на македонските Евреи.

Канал 5 денеска го контактираше бугарското министерство за надворешни работи, но од таму засега нема одговор дали официјална Софија ќе започне правна процедура против Македонија поради филмот на режисерот Дарко Митревски. Доколку тоа се случи тоа ќе биде единствениот пример во Европската Унија една држава да се обиде да забрани уметничко дело.

Горан Момироски

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37...ntId=96611
Без Ботев няма България
19-09-2012, 07:51 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Митревски: Приказната не е иста, а насловот е сосема случаjно идентичен
Не треба да си многу паметен за да крстиш филм за фудбал „Трето полувреме“, вели режисерот Дарко Митревски за оваа, како што вели, коинциденција во насловот со рускиот „Трето полувреме“ од 1962 година, во кој се работи за фудбалски натпревар помеѓу руски заробеници и германска војска



РУСКИ ФИЛМ СО НАСЛОВ „ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ“ СНИМЕН ВО 1962 ГОДИНА



Руски филм од 1962 година има наслов „Трето полувреме“, а темата е фудбалски натпревар меѓу германска војска и советски воени заробеници. Снимен е според настан што се случил на 22 јуни 1942 година. Режијата е на Евгениј Карелов. За идентичниот наслов со македонскиот долгоочекуван филм на Дарко Митревски, кој својата премиера ја имаше на отворањето на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, режисерот вели дека е коинциденција. Тој знае за овој филм, и тоа уште од минатата година.

- Приказната воопшто не е иста, а насловот е сосема случајно идентичен. Тоа е коинциденција. Инаку уште лани дознав за овој филм, иако не сум го гледал, а би сакал, но не ни помислив да го сменам насловот. Видете, не треба да си многу паметен за да крстиш филм за фудбал „Трето полувреме“. Уште пред некој месец ме прашаа бугарски новинари токму за оваа работа, им кажав, но не го објавија тоа - вели Митревски.

Според него, насловите воопшто не се предмет на плагијат во филмскиот свет, и тоа се случувало многупати досега.
- Нема листа на наслови за кои можеш да провериш дали постојат, не се заштитени итн. Исто така има и два филма со наслов „Неславни копилиња“, едниот е на Тарантино, другиот е од 1970-тите години, а двата филма немаат врска еден со друг. Истата паралела може да се направи и со „Трето полувреме“. Но целата оваа приказна воопшто не ме потресува - вели Митревски.

Скопската премиера на „Трето полувреме“ ќе се одржи во киното „Милениум“ на 27-ми месецов. Главните ликови ги толкуваат Сашко Коцев, Катарина Ивановска, Рихард Замел, Митко Апостоловски, Раде Шербеџија, Емил Рубен и Владо Јовановски, а режисер на овој филм е Дарко Митревски.

Филмот е снимен во Скопје и во Битола. На филмското платно е преточена вистинска приказна од 1940-тите години, кога фудбалскиот клуб Македонија, претходник на Вардар, успеал да влезе во финале во лигата.

Филмот раскажува и љубовна приказна на Еврејка (Ребека) што ги избегнала холокаустот и депортацијата на 7.200-те македонски Евреи, меѓу кои и сите нејзини најблиски, благодарение на љубовта, иако поради неа била исклучена од својата заедница.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22683

Не съм съвсем сигурен, но мисля, че филмът на Мосфилм може да се види в интернет - той е с известни съветски/руски артисти от онова време.
Качен е документален филм с истинската история за случилото се в Киев.
Руснаците/украинците - всъщност не са заторници - а професионалисти от Динамо Киев, които намират начин да се прехранват играейки с непрофесионалсти от германските, румънските и унгарските окупационни войски през гладните военни години.
Случилото се, героизирането на случайно загиналите динамовци след кавга и нелепо сбиване с немски офицер (въпреки паметника на стадион Динамо в Киев повечето футболисти "щастливо" дочакват края на войната)
Цялата история и нейната екранизация по времето на Горбачов се сочеха за класическа сталинска манипулация ...
Но не мисля, че руският филм е лош - от гл. точка на тогавашната стилистика...
Освен това немци и руснаци са воювали - все пак - при това като никой друг преди тях - т.е. бих разбрал потребността от манипулация от едната или от другата страна; а украинците - не масово - но посрещат германците с цветя...все пак; руснаците така и не им простиха този грях - между другото при освобождаването на Киев Червената армия разрушава някои от символите на украинското православие...сега разбира са възстановени - пред манастира - Михайловский собор - мисля се казваше - направиха прекрасен паметник от бял мрамор на Кирил и Методий - между другото наблизо живееше Юлия Тимошенко; и така...;
Та Трето полувреме на Мостфилм не е какъв да е филм, много символика има в него;
Ще видим и македонския Трето полувреме - какво да мисли човек за филм, който не е гледал - не е като да прочетеш статия във вестник...;
19-09-2012, 09:40 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 19.09.2012, 18:14
БУГАРСKИТЕ ЕKСПЕРТИ СЕ ОПТИМИСТИ
Софија нема да н` блокира во ЕУ

Портпаролот на Европската комисија Петер Стано изјавил дека Kомисијата нема да зазема страна во споровите меѓу Бугарија и Македонија
Бугарија и Македонија мора да соработуваат како добри соседи, а отворените прашања да ги решаваат без закани, со билатерален дијалог, оценуваат бугарските експерти. По предвидувањата дека Бугарија може да стане втора Грција и да ја блокира Македонија во евроинтегративниот процес, дел од експертите сметаат дека тоа нема да се случи, но дека има прашања кои двете земји треба да ги решат.

Професорот на софискиот универзитет „Св. Kлимент Охридски“, Петар-Емил Митев, вели дека не недостига добрососедство.

- Бугарија нема да стане втора Грција. Не помислувам на тоа. Не мислам дека која и да е бугарска влада може да стави пречка за членството на Македонија во ЕУ и во НАТО – вели Митев.

Според него, во Бугарија има загриженост за некои прашања од меѓусебните односи, пред с` за односот кон граѓани на Македонија со бугарско национално сознание и односот кон историските настани.

- Има повици за „тврда линија“ за овие прашања. Но, не мислам дека таква линија одговара на бугарските интереси, како и на ставовите на мнозинството – додава Митев.

Неговата оценка е дека има многу неискористени можности за соработка во областа на медиумите и културата, при што нема дури ни размена на весници и списанија, а малку се пишува и се знае за современите работи во двете земји.

Бугарскиот експерт од Европскиот совет за надворешни прашања, Димитар Бечев вели дека двете земји мора да соработуваат како добри соседи на Балканот.

- Но, актуелната влада во Скопjе изгледа дека нема посебен интерес за соработка. Од друга страна, антиквизациjата ги радикализира националистичките гласови во Софиjа кои jа повикуваат владата да прави притисок врз Македониjа – одговара за „Дневник“.

Неговата оценка е дека таквата состоjба не води во позитивен правец. Бечев објаснува дека тој секогаш се залагал Бугариjа да ~ помага на Македониjа во неjзините напори за пристап во ЕУ. Но доколку ова нема да биде можно со оглед на проблемите во меѓусебните односи, Бечев не исклучува дека Софиjа би можела да ги фокусира своите надворешни иницијативи кон други земји од Западен Балкан.

Портпаролот на еврокомесарот Штефан Филе, Петер Стано вчера изјавил дека Европската комисија нема да зазема страна во споровите меѓу Бугарија и Македонија за културно-историското наследство и сака тие да бидат решени преку билатерален дијалог.

За Бугарското национално радио тој ги коментирал односите меѓу Софија и Скопје, конкретно во врска со филмот „Трето полувреме“, кој според бугарските политичари и историчари поттикнувал омраза кон Бугарија.

- Ние нема да ги коментираме чувствата или интерпретациите на која и да било страна. Ако тој филм поставува прашања, ако допира чувствителни теми и ако создава проблеми во односите меѓу двете земји, тогаш тие треба да ги разгледаат тие проблеми и да ги надминат. Во овој случај говориме за филм кој обработува настани од Втората светска војна и препорачливо е историчарите да водат дебати за него. Не е работа на Европската комисија да суди или да кажува чии интерпретации се точни, а чии погрешни - изјавил Стано.
Жана П. Божиновска

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...5A6AC0C745

Ако не ми изменя паметта преди няколко месеца македонските медии се занимаваха с Петър Емил Митев в един малко по-различен и по-твърд контекст...(поводът мисля бе конференция организирана от българските евро-депутати....)
Експерти-либерали за каквито минават в България хора като П-Е Митев и Д. Бечев обикновено са оптимисти...
На мен обаче все повече ми се привижда максимата за това, че осведоменият оптимист всъщност е песимист...
19-09-2012, 10:27 PM
Reply