Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 20.07.2012, 15:46
ШТО НАПИШАЛ БРАНИСЛАВ НУШИЌ ЗА СОЛУНСКАТА СРЕДБА СО ЈАНЕ САНДАНСКИ

Девизата „Ослободување на своите браќа“ стана беспредметна

Сандански замолчи, ја протна раката низ брадата, па одговори: - Во Бугарија не смеам! Замолчи малку и по извесна пауза одлучно додаде:- Ама и не ми треба. Тука е мојата Бугарија!, пишувал Нушиќ

Предраг Димитровски

И Бугарија и Србија во досегашната работа грешеа што се раководеа од своите најтесни интереси. Ним во работата не им била главна цел слобода на овој народ овде, туку нивните себични интереси, проширувањето на нивните држави. По овие настани, тие ќе останат каде што се, а ние тука ќе правиме татковина.

Ова е само дел од разговорот меѓу пиринскиот цар и водач на Серскиот округ на Македонската револуционерна организација, Јане Сандански, со познатиот српски комедиограф Бранислав Нушиќ, воден во јули 1908 година во Солун. Средбата била остварена во солунскиот хотел „Англетер“, во кој престојувал Сандански, а Нушиќ пристигнал како тогашен специјален известувач на белградска „Политика“. Целиот разговор, всушност, го претставува второто од трите писма, што Нушиќ ги испратил до својата редакција со наслов „Револуција во Турција“ известувајќи за настаните од Младотурската револуција, иако името на револуционерот како неизбежно се споменува во секое од нив. Временски, пак, средбата била одржана кратко по убиството на Борис Сарафов и на Иван Гарванов.

Според датумите, напишани се во период од четири дена, но интересна е содржината во поднасловот на текстот:„ Државните удари веќе почнуваат - Солун центар на царството! - Сандански, Нушиќ и Паница - едниот нем, другиот глувонем - грчки пауни - како еден офицер убеди еден оџа“.

Во воведот на текстот, пак, Нушиќ забележува дека ситуацијата во Турција с` уште е нејасна и опасна и притоа изнесува три факти. Прво, дека султанот со едно ираде веќе почнал да го менува уставот, второ, дека Арнаутите почнуваат да го применуваат уставот на тој начин што извикуваат „раја, раја, а Арнаутите се господари“ и, трето, дека бугарските четници с` повеќе му се придружуваат на движењето, но оти ги задржуваат своите организации.

Соседи во хотелот

Нушиќ средбата ја навестува уште во првото писмо кога забележува дека во хотелот нашол соба веднаш до собата на Сандански, „кој слободно шета низ Солун и држи говори“. Се разбира, пишува Нушиќ, дека утре штом се раздени, ќе размениме визити. Јас барем ќе сметам за должност да го посетам него, а тој може и да не ја возврати визитата.

Утредента, пишува во својот извештај Нушиќ, уште во осум часот во ходникот на хотелот сретнал еден „бугарски комита и веднаш го замолив да ме пријави кај Сандански како дописник на белградска ’Политика’. Тој влезе во собата број 14 и таму се задржа прилично долго... Најпосле вратата се отвори и комитата ме пушти внатре“.

Во продолжение Нушиќ ја опишува собата во која заедно на маса седеле Сандански и Паница, кого го именува како „директен убиец на Сарафов“, а потоа ги опишува и двајцата.

„Сандански е развиен човек, со силни плеќи и ковчест. Со високо чело е и со мошне бистри очи, со кои ве фиксира при разговорот... Има долга растресена брада, а коса помалку. Гестовите му се забавни, говори исто така бавно, но со силен глас. Тој не е со поголема интелигенција, ама е бистар. Одговара директно на поставените прашања и одговара кратко, прецизно и одлучно. Изгледа дека е длабоко убеден во секоја своја мисла што ја искажува.

Паница, убиецот на Сарафов, е понизок човек, со кадрава коса и со ретка мала брада. Со помрачен поглед е и помолчалив од Сандански, иако остава впечаток на човек со појака интелигенција отколку што е Сандански.

Разговорот го почнав честитајќи му ги на Сандански слободата и враќањето во мирен живот истовремено прашувајќи го дали верува во постојаноста на сето ова.

- А како е кај вас, се верува ли таму? Што пишуваат весниците? - ми одговори Сандански со свое прашање.

- Па во Европа не се верува толку многу како овде.

- Европа нема интерес да верува толку многу во искреноста на овие настани.

- Овие настани, сепак, најмногу и најнепосредно се однесуваат на нас малите народи, Срби, Бугари и Грци. Затоа и дојдов да ја испитам правата вредност на овие настани.

- Идниот живот на малите народи е без какви било услови - одлучно одговори Сандански.

- И Бугарија и Србија во досегашната работа грешеа што се раководеа од своите најтесни интереси. Ним во работата не им била главна цел слободата на овој народ овде, туку нивните себични интереси, проширувањето на нивните држави. По овие настани тие ќе останат кај што се, а ние овде ќе правиме татковина.

- Убаво, г. Сандански, јас се согласувам да верувам како и вие во искреноста на овој чин и верувам дури дека новиот режим и ќе се воведе, но не може да се оспори фактот дека причините и мотивите за прогласување на уставот не лежеле во тоа што се увидело дека на овој народ му е потребно да му се даде слобода, туку исклучително во тоа да се спречат европските реформи?

- Овој чин не само што ги спречи европските реформи, што, впрочем, биле и неискрени, туку ги спречи и претензиите на малите народи и ги осуди на бел леб. Нивната пропагандна девиза „Ослободување на своите браќа“ ја изгуби секоја основа и стана беспредметна. Тоа е една гаранција повеќе за мир и за правилен живот на нашата татковина.

- Сериозно мислите, г. Сандански, дека Вие и јас, да речеме, по три месеци вака исто ќе можеме слободно да се состанеме во Солун, во хотел?

- Јас говорам за денешната ситуација зашто ~ верувам. Ако се измени и кога ќе се измени, тогаш ќе зборуваме. Но ќе умееме ние да не дојде до тоа.

- Се разбира, ова помилување, доколку се однесува до вас и до г. Паница, важи само за Турција. Вие не смеете во Бугарија?

Сандански замолчи, ја протна раката низ брадата, па одговори:

- Во Бугарија не смеам!

Замолчи малку и по извесна пауза одлучно додаде:

- Ама и не ми треба. Тука е мојата Бугарија!

Бевме веќе при крајот на разговорот. Сандански се чувствуваше уморен, а Паница за сето време на разговорот кажа само збор-два.

Сметав дека е веќе време да се простам дотолку повеќе што сакав да побрзам овој разговор да ви го испратам уште со денешната пошта“, го завршува текстот Бранислав Нушиќ.

Народот од роб до господар

Специјалниот известувач на белградска „Политика“ од Солун го споменува името на Јане Сандански и во третото писмо, во кое ја опишува ситуацијата во градот. Нушиќ, меѓу другото, забележува дека низ шаренилото од свет што се движи по улиците најмногу се истакнуваат фигурите на бугарските и на грчките комити, кои се предале.

„Тие се движат низ градот со оружје, исто како во планина. Така со оружје играат оро, така со оружје седат во кафеана и се бакнуваат со турските офицери. Солун е полн со такви. Од бугарските тука се Сандански, Паница, Делирадев, Чернопеев, Христо Диманов...“.

Но, се разбира, ќе подвлече Нушиќ, во центарот на сите овие комити е Сандански, кој, како што забележува авторот, говорел на „Плаце дела либерте!“, како што бил именуван просторот околу Беас-кулата.

„Рече дека радосно ја поздравува слободата, дека неговата и борбата на неговите другари и досега била насочена кон тоа да му извојуваат на овој народ слобода. Тие се предаваат, но секогаш остануваат подготвени да продолжат таму каде што застанале ако некој се обиде оваа слобода повторно да има ја одземе, па кој и да биде тоа.

Kолку во вој момент Сандански претставува важна фигура, доказ е и тоа што синоќа издаде манифест на народот со потпис - Сандански. Во почетокот на манифестот Сандански им се обраќа на сите народи во Турската Империја и им вели: „Народот, до сега роб, стана господар. И неговата прва пресуда е осуда на апсолутизмот и на тираните на смрт!“

Обраќајќи им се во манифестот на едно место на христијаните, тој им вели: „Да ја погребаме заедно со апсолутизмот и со братоубиствената борба!“

А обраќајќи им се на своите сонародници Бугари, тој им ги кажува овие карактеристични зборови: „Не подавајте им се на лекомислените агитации, што можеби ќе се поведат од официјална Бугарија против вашата заедница со Турците и против заедничката борба со нив за слобода!“

Така Бранислав Нушиќ известувал од Солун за Сандански.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...7C0985F733

Не знам – говори се, че на Сандански му е било забранено да преминава отдясно на Струма – в Кршиака;
Нещо не е бил симпатичен на тамошните хора;
Във Влахи, където е роден /това е отляво на Струма – високо в Пирин – под Синаница – чуден връх от бял мрамор.../, обикновено е възприеман като „контраверзен”....;
Мир на праха му...
22-07-2012, 10:45 AM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

20.07.2012, 15:36
Ставрески: Пругата кон Бугарија станува реалност
Проектот предвидува рехабилитација на делницата Куманово-Бељаковце во должина од 31 километар

Република Македонија ја затвори финансиската конструкција за рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридорот 8 кон Бугарија. Средствата во износ од 46,4 милиони евра се обезбедени од Европската банка за обнова и развој, по исклучително поволни услови.

Ова го соопшти вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на прес-конференција денеска на која истакна дека проектот предвидува рехабилитација на делницата Куманово-Бељаковце во должина од 31 километар.

- Реконструкцијата на оваа делница, а и целокупната изградба на пругата на Коридорот 8 станува реалност по 15 години тапкање во место Република Македонија конечно ќе може да почне со реализација на овој значаен проект, рече министерот и додаде дека пругата кон Бугарија е еден од клучните проекти за македонската економија и стопанство.

Средствата се обезбедени со рок на отплата од 15 години со грејс период од четири години и каматна стапка што во моментов изнесува 1,7 отсто.

Градбата на делницата се очекува да почне во првиот квартал од 2013 година, а работите на терен да завршат за три до четири години. Тендерот за изградба треба да се објави во септември годинава, откако договорот за заемот со ЕБОР ќе помине во Собранието на Република Македонија.

Министерот потенцира дека е обезбеден и грант од ЕБОР од 2,5 милиони евра средства со кои треба да заврши целокупната проектна документација и да може да се аплицира и за втората фаза од проектот кој опфаќа изградба на пругата од Бељаковце до Крива Паланка, а потоа и трета фаза кој се однесува на делот од Крива Паланка до границата со Бугарија.

Очекувањата, како што рече министерот, се дека до крајот на 2013 година ќе биде завршена проектната документација за делот од Бељаковце до Крива Паланка и да може на Борд на ЕБОР да бидат одобрени средства и за реализација на втората фаза. - Етапно ќе одиме, но фактот дека со обезбедените средства од 46,4 милиони евра и грантот покажува дека ЕБОР целосно застана зад овој проект и Република Македонија ќе го реализира целиот проект, истакна Ставрески.

Тој најави дека во исто време ќе се работи на проектната документација за западниот дел од Коридорот 8, односно делот од Кичево до албанска граница, за што, исто така, се користат грант средства од ЕБОР за подготовка на физибилити студија и потоа проектната документација, по што ќе може да се пристапи кон преговори за кредит од ЕБОР.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот истакна дека за Македонија како земја без море значајна е пругата кон Бугарија и кон Албанија за пристап до пристаништата во Бургас и Драч.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8525F...2E60F1E1AB

Удивен съм до каква степен тези информации – пругата Изток-Запад - напомнят на информациите за разговорите за името с Гърция...
Куманово – Беляковце сигурно ще ни радва към 2015 – 2016 г.г. – но до там.
На едно нещо като му е писано да не стане – не става и това е.
По лесно ще е да се спретне жп връзка между Струмица – Петрич – Ген. Тодоров .../хем никой няма да е ползва; хем ще има жп инфраструктура между двете държави.../ - всъщност до Струмица дали има пруга?


22-07-2012, 11:07 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

СПОРЕД ГЕРМАНСКИ ЕКСПЕРТ

Негативни оценки за Бугарија и Романија, оти нема демократија


Бугарија и Романија во извештаите на ЕК добиваат негативни оценки, а причината за тоа е што во овие земји има недоволна демократија


Негативните оценки за Бугарија и Романија во извештаите на Европската комисија се последица на недостигот на демократија во тие земји, оцени професорот по историја од Лајпцишкиот универзитет Волфганг Хопкен. Во анализата објавена на веб-страницата на германското радио Дојче веле, Хопкен нагласува дека тој недостиг се должи на фактот дека Бугарија и Романија имаат мало искуство во одржувањето на демократските системи.

Експертот по историја на Југоисточна Европа вели дека пред Втората светска војна двете земји биле лишени од стабилна демократска база, а потоа во нив се појавиле комунистичките режими, кои го продлабочиле проблемот, создавајќи недоверба кон јавните институции. Според Хокпен по падот на Железната завеса недостигот на демократски традиции претставувало голема препрека за Бугарија и Романија. - Наивно е да се очекува итно воспоставување на демократски поредок, вели тој.

Во анализата на германското радио се цитира и Франц-Лотар Алтман, професор по меѓународни односи од Букурешкиот универзитет, кој посочува дека Романија и Бугарија имаат потреба од парламентарна култура и политичка дискусија.
- Зад сегашната ситуација се крие основниот концепт, дека мојот политички опонент е непријател, кој треба да биде поразен со сите средства, констатира Алтман.
Во анализата Хопкен сепак ги предупредува земјите од Западна Европа да не се поставуваат надмено кон нивните источни соседи, а Алтман напоменува дека и западните демократии имале свои падови во минатото.

http://vecer.com.mk/?ItemID=8F11174F3098...0AAF516292
Без Ботев няма България
23-07-2012, 05:37 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 23.07.2012, 18:19
СОФИЈА БАРА ПРИЧИНА ЗА ДА СТАНЕ АТИНА
Многу Спаски за бугарско вето

Бугарија се пофали дека има одговор за македонскиот филм „Трето полувреме“ - книгата „Јас, Бугаринот од Македонија“, која ја раскажува човек кој тврди дека бил малтретиран поради бугарските чувства. Приказната потсетува на онаа за Спаска Митрова, која ги обвинуваше македонските власти за репресија поради нејзините бугарски национални чувства
Oфицијална Софија почнува да води поагресивна политика кон Македонија. Во рок од два дена, во Бургас се промовираше книга преку која се опева страдањето на Бугарите во Македонија, бугарскиот парламент реши да испрати комисија во Охрид која ќе испитува дали се репресирани оние што имаат бугарски чувства, а претседателот Росен Плевнелиев преку писмо го поздрави славењето на Илинден во Смилево.

Бугарија се пофали дека има одговор за македонскиот филм „Трето полувреме“, за кој бугарските европарламентарци реагираа дека шири историски манипулации во однос на нивната земја. Тоа е книгата „Јас, Бугаринот од Македонија“, чиј автор е Здравко Здравески, Бугарин од Прилеп.

Ваквите чекори покажуваат дека официјална Софија може да го примени словенечкиот модел за блокирање на Хрватска или грчкото однесување кон Македонија - да пронајде причина за да стави рампа на македонскиот пат кон ЕУ.

Kнигата „Јас Бугаринот од Македонија“ во соседната земја се претставува како приказна за тоа „што се случувало со човек кој бил храбар да пее бугарски патриотски песни“. Приказната за Здравески потсетува на онаа за Спаска Митрова, која ги обвинуваше македонските власти за репресија поради нејзините бугарски национални чувства, а во чија одбрана застана и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

За Здравески се вели дека имал лажно обвинение и лежел затвор поради неговата бугарска самосвест и борбата за Бугарите во Македонија. Медиумите од Софија објавија дека тој бил еден од основачите на „Лавовите“, од 1998 година работел во МВР, а по падот на владата на Љубчо Георгиевски бил прогонуван, тепан од полицијата, а неговото семејство било под постојана закана.

„Kнигата е за сите што можат да издржат жив оган, топла крв, детски солзи во своите раце. Сакавме да кажеме по навика дека е пријатна за читање, но се сепнавме навреме: овој филм на ужасите се гледа меѓу убиствената тишина, во која се слуша само глуво крцкање на забите“, објавија медиумите. На промоцијата во Бургас во саботата гостин бил и Спас Ташев, советник од кабинетот на вицепремиерот Симеон Џанков.

- Со едниот дроб дишам кислород, со другиот не можам. Првиот се вика Бугарија, а вториот Македонија. Од вас барам на Македонија да ~ дадеме вештачко дишење - рекол Здравески на промоцијата, објаснувајќи дека имал цел да ги обедини сите Бугари. Истовремено, во бугарскиот парламент се одржала и средба на пратеници на која се постигнал договор за посета на Охрид за да се испитало какви биле проблемите на Бугарите.

Промоцијата на книгата и средбата во бугарскиот парламент временски се совпаднаа со бугарското славење на Илинден, изминатиот викенд на гробот на Даме Груев, кое беше поздравено од бугарскиот претседател Росен Плевнелиев и од Агенцијата за Бугарите во туѓина.

- Ако целта на бугарските револуционери беше да се ослободат од ропските окови, наша цел е да ги скинеме оковите на една измислена историја, која насадува омраза - рекол Лазар Младенов, претседател на Бугарскиот културен клуб од Скопје.

И заменик-претседателот на Kомисијата за надворешни работи во Европскиот парламент, Андреј Kовачев, од групата на ГЕРБ испратил поздрав до Бугарскиот културен клуб во Скопје по повод одбележувањето на Илинден во Смилево. Иницијативата ја сметаат за исклучително важна за да се препознае заедничката историја на Македонија и Бугарија. Kовачев пишува дека се надева оти наскоро македонските учебници ќе се прочистеле од манипулации и фалсификати. Во писмото, како што пренесуваат бугарските медиуми, пишува и дека бугарските европарламентарци внимателно ја следат ситуацијата во Македонија и се залагаат за почитување на демократските вредности.

ивана костовска

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B3D353...3C7B2C4D86

24-07-2012, 09:47 AM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Ама и каква снимка са избрали от Дневник Icon_razz
Без Ботев няма България
24-07-2012, 01:12 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Стотина измамени Бугари на пат кон бугарската Амбасада во Стокхолм


колу стотина Бугари, кои се дел од групата буграски државјани кои биле измемени да дојдат да работат како берачи на ситно овошје во шведската област Хелсингланд, утрово со автобуси се упатија кон бугарската амбасада во Стокхолм.

Автобусите ги обезбеди општината Ованакер, откако градоначалникот и шефот на општинската социјална служба имаа средба со бугарските работници.

- Тие се изјаснија дека сакаат да одат во Амбасадата за да се обидат да добијат помош за враќање дома. Нивната ситуација е исклучително тешка, изјави градоначалникот на Ованакер, Јоми Ренстром.

Бугарските берачи на ситно овошје, кои тргнаа кон Стокхолм, беа сместени во еден камп во близина на местото Свабенсверк, каде што месното население им помагало со храна. Ноќеска спиеле во една општинска сала.

Инаку, шведските медиуми деновиве веќе јавија дека околу 200 бугарски државјани кои допатувале во Шведска за да работат како берачи на ситно овошје, се собраа пред зградата на Амбасадата на Бугарија во центарот на Стокхолм, барајќи помош за да се вратат дома.

Медиумите објавија дека бугарските работници допатувале во Шведска откако им било ветено дека ќе работат како берачи на ситно овошје на плантажи во северниот дел на земјата, но кога стигнале на посочената локација увиделе дека се измамени и биле препуштени самите да се снаоѓаат.

Извори во бугарската Амбасада во Столхолм изјавија дека овие работници биле измамени да дојдат во Шведска од страна на засега неидентификуван човек.

Дел од измамените Бугари успеале да се вратат дома, но оние кои немале пари за пат се решија на протест пред бугарската Амбасада, од каде што е најавено дека засилено работат за да се обезбеди враќањето на демонстрантите во Бугарија

http://sitel.com.mk/dnevnik/balkan/stoti...o-stokholm
Без Ботев няма България
25-07-2012, 07:40 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ПОРАДИ “СТРАВ ОД КРИМИНАЛЦИ”

Норвешка не ги сака романските и бугарските Роми


Пратеничка на владејачката коалиција се залага земјата да преземе контрола врз своите граници што би значело излегување или лимитирање на Шенгенскиот договор

Пратеничката Јени Клинге од владејачката коалиција во Норвешка, која не е членка на Европската унија, но е членка на шенгенскиот простор, се изјасни дека нејзината земја треба самата да ја преземе контролата врз своите граници, соопшти порталот Јурактив.
Според соопштение во норвешките медиуми, цитирано од Јурактив, пратеничката Клинге од Центристичката партија смета дека договорот од Шенген го олеснува пристапот на криминалците во нејзината земја, па затоа настојува владата да ја преземе контролата врз границите. Според Клинге проблемот е особено сериозен заради веројатното приклучување кон Шенгенскиот простор во текот на есента на Бугарија и Романија, кои, според Јурактив, технички се подготвени за тоа.
Романските медиуми посочуваат дека изјавата на Клинге се појави во медиумите откако над 200 мигранти, од кои повеќето романски и бугарски Роми, создале проблеми во јавниот ред кога незаконски се населиле на територијата на приватен каменолом во регионот на Осло.
Бугарските и романските Роми, како и сите останати граѓани на ЕУ, имаат право на безвизен влез во земјите од Шенгенскиот простор, посочува Јурактив. И покрај тоа, присоединувањето на двете земји кон слободната зона за движење од некои земји се интерпретира како опасност, главно заради организираниот криминал во двете земји, како и заради стравувањата дека Бугарија и Романија не можат да ја контролираат нелегалната миграција преку нивните граници кон останатите земји од Шенген, посочува Јурактив.

http://vecer.com.mk/?ItemID=B2472658582D...3DDE1B6C23
Без Ботев няма България
26-07-2012, 06:44 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Стокхолм

Протест на стотина измамени Бугари во Шведска


Околу стотина Бугари, кои се дел од групата од околу 200 бугарски државјани кои биле измамени да дојдат да работат во шведската област Хелсингланд како берачи на ситно овошје, вчера со автобуси дојдоа пред бугарската амбасада во Стокхолм.
“Тие се изјаснија дека сакаат да одат во Амбасадата за да се обидат да добијат помош за враќање дома. Нивната ситуација е исклучително тешка, изјави градоначалникот на Ованакер”, Јоми Ренстром.
Претходната ноќ тие ја минале во една општинска сала во близина на местото Свабенсверк, каде што месното население им помагало со храна.
Медиумите објавија дека бугарските работници допатувале во Шведска откако им било ветено дека ќе работат како берачи на ситно овошје на плантажи во северниот дел на земјата, но кога стигнале на посочената локација, виделе дека се измамени и биле препуштени самите да се снаоѓаат. Од бугарската амбасада во Стокхолм велат дека работниците биле измамени од засега неидентификуван човек. Дел од измамените Бугари успеале да се вратат дома, но оние кои немале пари за пат, се решија на протест пред бугарската амбасада, која споре најновите информации, ветила дека измамените ќе ги врати во Бугарија.

http://vecer.com.mk/?ItemID=ABC7A7BAC84E...6E67956D1C
Без Ботев няма България
26-07-2012, 06:45 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 16.07.2012, 17:58
БОРИС САРАФОВ
Го славиме востанието, ама не и водачот

Секое спомнување на Сарафов предизвикуваше сомнеж кон намерите и чистотата во разговорот за нашата историја. Во една таква дебата во Собранието дури доживеавме овој великан да биде ословуван како предавник, токму од луѓе кои немаат прочитано ниту еден ред за неговиот живот, потекло, убедувања и дело
„Ние, Македонците, не сме ни Срби ни Бугари, ами просто Македонци. Македонскиот народ постои независно од бугарскиот и од српскиот. Ние сочувствуваме и со едните и со другите, и Бугарите и Србите, и кој ќе го помогне нашето ослободување - нему ќе му речеме благодарам, но Бугарите и Србите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците!“ Оваа изјава не е на никој друг, туку лично на Борис Сарафов, еден од најголемите водачи на Организацијата и водач на Илинденското востание (така го ословуваат светските весници од тоа време). Оваа изјава на Сарафов долго време е печатена како главно мото на весникот на Димитрија Чуповски, издаван во Русија. Ваква јасна, остра и прецизна изјава нема дадено ниту еден друг револуционер од неговото време. Тоа треба да се почитува.

Пред неколку години имав трема секогаш кога ќе требаше да го спомнам Сарафов. Знаев дека луѓето или не чуле за него или она што го слушнале е целосно искривоколчено на штета на неговата големина. Секое негово спомнување предизвикуваше сомнеж кон намерите и чистотата во разговорот за нашата историја. Во една таква дебата во Собранието на Република Македонија дури доживеавме овој великан да биде ословуван како предавник, токму од луѓе кои немаат прочитано ниту еден ред за неговиот живот, потекло, убедувања и дело. Така требало да биде, за жал, така некој ја кроел и ја прекројувал историјата.

Фактот дека раководел (заедно со Груев и Лозанчев) со востанието не бил доволен. Иронијата на нашето (не)знаење е во полн израз, го славиме востанието, ама не и неговиот водач. Фактот дека бил еден од најблиските соработници на Груев, на Шатев, на Чернодрински, на Матов за македонската историографија во периодот до 1990 година не бил значаен. Имав среќа да прочитам повеќе материјали за дејноста на велешките војводи во илинденскиот период и да осознаам дека токму тие, велешките војводи (Алабакот, Андреја Димов, Тодор Христов...) како директни учесници во ослободувањето на Kрушево, биле и најблиски соработници на Сарафов. Дури постои и се памети една изјава на најзначајниот велешки војвода Иван Наумов – Алабакот, кој вели дека ќе ја гази Бабуна и ќе биде сарафист. Во Велес (во мандат кога на власт беше СДСМ, но со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ) се направи споменик токму посветен на овие војводи. Повторно иронија, ги величаме неговите соработници, а Сарафов го негираме.

Долги години заборававме да го споменеме и фактот дека токму Сарафов е човекот кој ги обезбедува финансиските средства за спроведување на солунските атентати. Со парите што тој лажно пријавува дека ги потрошил на лесни жени во Софија е купен динамитот кој подоцна се користи за спроведување на атентатите. За ова постои јасен спомен на еден од гемиџиите, Павел Шатев, кој го пишува следното: „Не само Орце Попјорданов, туку и сите останати гемиџии се чувствувавме морално задолжени кон Борис Сарафов не само поради материјалната помош што ни ја даваше и големата доверба што (посебно Орце, но и другите) ја имавме во него, туку и поради оној гест што го направи за време на конгресот на ВK кога му побараа отчет за дадената ни сума... Во нашите очи Борис Сарафов се извишуваше далеку над сите останати водачи од кои никој не би го сторил тоа, што го стори тој - да си го поткопа сопствениот авторитет... За таа негова постапка Сарафов остана благословен од сите нас“. Иронија. Ги славиме гемиџиите, но човекот без кога веројатно немало ниту да се случат атентатите го негираме, го забораваме или го омаловажуваме. Фактот дека и во овој случај Сарафов е близок соработник на револуционери од мојот роден град Велес, ми дава само дополнителен потстрек да читам и да истражувам за неговото дело. Но, сепак, внимавам во текстот посветен на него да користам негови изјави и изјави на несомнени авторитети (Шатев и Kрсте Петков Мисирков) за да не дозволам мојот став да биде тема на политичко препукување. Овде пишувам за факти.

А, токму Kрсте Петков Мисирков, како еден од најголемите дејци и поборници на македонизмот, нема дилема околу улогата на Сарафов. Сите оние што го побиваат и негираат делото на Сарафов, го негираат и Мисирков, зошто тој за Сарафов го вели следното: „Борис Сарафов по потекло е Македонец и целиот свој живот го посвети во борбата за ослободување на Македонија... И не во Турција од турски куршум, туку во престолнината на Бугарија, од предавнички куршум падна тој за слободата на Македонија. Го убија Сарафов и заборавија на него, иако едно време тој беше центар на македонското движење против Турците за ослободување на Македонија. Вистина, тој имаше непријатели и сред раководителите на Внатрешната македонска организација, а да не зборуваме пак за Централниот македонски комитет во Софија под раководство на генерал Цончев. Но, Борис Сарафов беше идолот на македонскиот народ: на селаните и на граѓаните. Тој беше претставник на македонските идеали во странство, заради што ги посетуваше европските престолнини, разговараше со претставниците на европскиот печат, па дури и ги посетуваше дипломатските канцеларии. Борис Сарафов претставува идеален борец за слободата на Македонија. Па, сепак, каде е споменот за Борис Сарафов? Зошто веќе не зборуваат за него? Зошто тој толку бргу е заборавен од страна на Бугарите со чувство на признание? Бугарите, Ботев го креваат до небеси, а Б. Сарафов? Сарафов треба до небеси да го крева Македонија: но каде е таа? Благодарение на непријателите на Сарафов, таа е разделена на три дела и поднесува ропство неспоредливо потешко од турското. Сарафов е убиен физички и морално во престолнината на Бугарија... ,,Авантуризмот” на Б. Сарафов и нему сличните лица се состои во тоа што стојат здраво врз единството и неделивоста на Македонија; тие водат чисто македонска политика што никако не се совпаѓа со бугарската политика. Единството и автономијата на Македонија - тоа е идеалот на Б. Сарафов; разграбувањето на Македонија од Бугарија или, во најмала рака, нејзина поделба помеѓу Бугарија и Србија со присоединување на поголем дел од Македонија кон Бугарија - тоа е идеалот на бугарските националисти.“

Овој текст е посветен на мојата желба за надминување на идеолошките разлики во македонското национално ткиво. Мораме да разбереме дека треба да се обединуваме, а не да се делиме и етикетираме. Борбата за слобода на Македонија не е ексклузивно право или наследство ниту на левите ниту на десните. Kако Сарафов, неправилно запоставени и негирани, досега, има многу: Матов, Чаулев, Александров, Прличев, Шанданов, Шарло, Шатев, Брашнаров, Полежина, Ченто, Пирузе... Долг е списокот на оние на кои конечно треба да им се одолжиме и да ги почитуваме. Не заради нив, туку заради следните генерации кои не смеат да живеат во мисла за нашите несреќни поделби. До Сандански треба да застане Сарафов, а до Ченто треба да застане Апостолски. Така ќе покажеме јасна намера да градиме држава со капацитет за обединување на националното ткиво.

П.С. Им благодарам на сите оние што со мене ги споделуваат историските факти, досега недоволно познати во македонската јавност.

П.С.С. За сите оние што само од партиска перспектива ќе почнат да ме навредуваат за овој текст, замолувам, пред да почнат да етикетираат, да пробаат да прочитаат нешто повеќе за да знаат за што пишувам. Еве, нека почнат да го бараат следниот факт. Kој е човекот што од Софија го носи динамитот за гемиџиите? Kога ќе го дознаат неговото име, ќе знаат дека треба да престанат да говорат без да прочитаат нешто повеќе.
Илија ДИМОВСКИ
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...D67CB6BA57

31-07-2012, 06:23 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

ЗА САРАФОВ ВТОРПАТ
До Јане треба да е Борис

Со внимание ги проследив текстовите што овие денови беа напишани за македонските медиуми, а се однесуваа на улогата на Борис Сарафов во македонската револуционерна борба и големината и значењето на неговото дело. Kога првпат решив да напишам текст на оваа тема (во колумна за „Дневник“ пред две недели), едноставно знаев дека таквиот текст ќе предизвика низа реакции, пофалби, но и неаргументирани критики. Фактот дека таа моја колумна предизвика дури и насловна страница на еден од опозициските дневни весници, за мене е признание дека темата за Сарафов е тема за која заслужно треба да се пишува, анализира и дебатира. Борис Сарафов несомнено е лик кој незаслужно бил запоставуван, а во одредена мерка и негиран од идеолошки компонираната историографија. Немам намера да ја супституирам дебатата што треба да ја водат професионалните историчари, но среќен сум што храброста прв јавно и гласно да се прозборува и напише за Борис Сарафов донесе резултат и беше повод во јавноста да се изнесат многу факти и конкретни докази за неговото дело и за прецепцијата што ја имале за него сите останати.

Пред с`, кога се дискутира и кога се размислува на оваа тема, историјата на нашата борба, не треба да си дозволиме да влегуваме во замка на градење на стереотипи и одржување во живот на разни предрасуди. Наследството на идеолошки градениот систем на историска наука не прави крути во перцепцијата и прифаќањето на аргументи и разумни логики. Наспроти тоа, генерално, нашиот концепт на поимање на историјата, како нашата, така и туѓите, е врз база на барање на границата помеѓу доброто и лошото. Kако американски филм. За секоја личност, настан или политика ние сме учени да подредуваме и да увеличуваме. Или тоа за нас е крајно добро или е крајно лошо. А тоа не е така, бидејќи ни животот не е таков. Ниту борбата ниту револуционерниот дух, ниту дипломатските активности, ниту политиката не се такви категории каде што може да се подредат работите исклучиво врз база на апсолутно идеализирање или апсолутна деградација. За да бидеме коректни и прецизни во перцепцијата и нашите толкувања мораме да ги бараме фактите и да бидеме подготвени да ги разбираме без желба за апсолутно воздигнување или целосна негација. Треба да не си ставаме граници на нашиот ум и знаење.

Фактот што оваа тема предизвика повеќе текстови, дебати, па дури и насловни страници на дневни весници е доказ дека во Македонија недостига аргументирана дебата, во овој случај за нашата историја, но и генерално за с`. Борис Сарафов бил водач на Илинденското востание (заедно со Дамјан Груев и Анастас Лозанчев, за кого исто така знаеме многу малку). Борис Сарафов е човек кој успевал да обезбеди пари за Организацијата, за Гемиџиите, за набавка на оружје, за финансирање на македонски весници во странство. Борис Сарафов е човек кој рамноправно соработувал со Груев, со Делчев, но и со Ѓорче Петров, со Војдан Чернодрински, но и човек кој финансиски го помогнал првото поставување на Македонска крвава свадба. Бил дипломат, но и војвода. Тој бил еден од најсилните поддржувачи на сите македонски емигрантски друштва во Софија и пошироко низ Бугарија. За него во најпозитивно светло се изразуваат Kрсте Петков Мисирков, Павел Шатев и многу други негови современици. Борис Сарафов бил ликот на нашата борба и на Организацијата во странство зошто како никој друг во позитивно светло бил споменуван во најтиражните весници во Јапонија, Русија, Австрија, Франција, САД и други. Неуморно се борел, тој и неговата фамилија, против грчката црква, влијание и пропаганда врз славјанското население во Мелник, Драма, Серес и околината. Но, не го идеализирам, ниту него, ниту било кој друг, туку прифаќам дека како и сите други, така и тој има свои слабости, жив човек. Најзначајно е што целата негова борба е за македонска држава со посебен македонски народ, различен од српскиот и бугарскиот.

Денес да не се знае ништо за Сарафов е проблем на македонската наука, историографија и образовен систем. Тоа не така заради случајности. Некој одлучил да го избегне, исто како и за Шарло, Марковски, Полежина, Чаулев,.. За нив не смеело да се знае. За волја на вистината, професор Блаже Ристевски го обработува ликот и делото на Борис Сарафов во една негова студија работена длабоко во времето на комунизмот. Ќе си дозволам, но според моето скромно познавање, ликот и делото на Борис Сарафов, во овие материјали воопшто не е претставен во негативно светло. Во последните години, скромно, но повеќе историчари во различни студии и изданија или изјави, веќе го внесуваат како еден од најзначајните водачи на нашата борба во илинденскиот период. Тој има и заслужно место во Музејот на македонската револуционерна борба.

Меѓу другото, Павел Шатев за него и ќе напише: „Борис Сарафов според целите, методите на борбата, тактиката на Внатрешната организација во ништо не се разликува во становиштето на Ѓорче Петров и Гоце Делчев“. Или, пак, фактот дека самиот Димо Хаџи Димов во одредени периоди бил дел од четата на Борис Сарафов, доволно говори дека во однос на Сарафов граден е непотребен негаторски однос од нашата историографија. Има стотици и стотици примери како овие погоре споменатите кои треба да бидат само потстрек да се отвори дебатата и да се отвори процес на реално согледување и анализа и на добрите и на лошите страни на секој од нашите борци. Одговорноста е наша да им се поклониме на оние кои и животот и смртта ги дале за Македонија.

Да се градат политикантски тези и напади заради отворање на една сериозна дебата, како оваа за ликот и делото на Сарафов, е неодговорно и нема за цел меѓусебно разбирање. Историјата нема можност да припаѓа ниту на едната ниту на другата партија. Таа треба да биде основа врз база на која ќе градиме заедничка иднина. Афирмацијата на една личност од историјата, никогаш не може да значи негација на друга. Тие меѓу себе соработувале или не, се разбирале или не, имале исти методи или не, но на крај имале иста цел, се бореле за Македонија. Затоа треба да ги рашириме нашите погледи, да прочитаме нешто повеќе од тоа што досега сме го научиле, да се прифатиме и да изградиме концепт во кој на сите оние кои се бореле за Македонија, ќе им се поклониме. Затоа до Гоце е Даме, до Јане треба да е Борис, а до Ченто треба да е Апостолски.

На сите Македонци и на сите граѓани на Република Македонија им го честитам Илинден, оној првиот, крушевскиот и оној вториот, асномскиот. Нека е жива борбата за слобода на Македонија.
Илија ДИМОВСКИ
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...A6DEB79661

31-07-2012, 06:25 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Татко и мајка Бугари, еден брат Грк, друг Србин!

Оттука се гледа дека Македонците не се ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци, туку дека тоа е само поделба направена од пропагандите во Македонија, зашто глупо е да се докажува дека една мајка и еден татко можат да имаат три деца од разни националности. Пропагандната борба меѓу Србите и Бугарите во Македонија не е национална, туку политичко-полициска борба, која со тортури сака од Македонците да направи Срби или Бугари

„Почнувајќи од деведесеттите години на деветнаесеттиот век во Македонија, освен бугарската и српската, почнуваат да работат и грчката, романската и австриската пропаганда. Агентите преку црквите наметнуваа народност на припадниците на соодветната црква. Секоја пропаганда, освен австриската, покрај црквата отворала и свои таканаречени народни училишта и примала деца на издржување и воспитување, без оглед на која црква ѝ припаѓаат нивните родители. Школите биле пропагандни, ги имало секаде, а многу малку од нив биле квалитетни. Во Битола, на пример, во 1904-1905 година имало осум разни пропагандни средни училишта: пет гимназии - турска, бугарска, грчка, романска и српска; три граѓански училишта - училиште на француските калуѓери лазаристи, еврејска и американска протестантска мисија.
Имало деца што во текот на школувањето менувале по три-четири училишта, а со училиштето ја менувале и својата народност, односно национална припадност. Не биле ретки случаите од една иста куќа едно дете да оди во српско, друго во бугарско училиште, трето во грчко, а по завршувањето да стануваат чиновници и поборници на српството, бугаризмот или грцизмот“, пишува Светозар Томиќ, инспектор во Министерството за просвета и црковни работи на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците во книгата насловена како „Македонија и Македонците“, печатена во 1918 година во Државната кралска печатница во Белград.
Заедно со Томиќ, како коавтор на книгата посветена на македонското прашање, едно од најважните политички проблеми, како што велат авторите, за кое многу се пишувало и расправало, е потпишан и Јован Марковиќ, началник во Министерството за надворешни работи на Кралството со кое владеел Петар Први Караѓорѓевиќ. Станува збор за книга составена од многу богат материјал расфрлан по разни списанија, книги, брошури и новински статии, кои го третираат македонското прашање, а според Томиќ и Марковиќ, етнографските статистики и прегледи на македонското население, кои ги средувале Србите, Бугарите и Грците, секогаш биле само пропагандистичка литература без научна база.

ТРОЈЦА БРАЌА - ТРИ НАЦИИ!

- Еден наш професор, - сведочи Томиќ за некој Македонец, српски професор - роден од Воден, има роден брат што се изјаснува како Грк, а татко и мајка што одат во бугарската црква и се изјаснуваат како припадници на бугарската народност. Во Битола, во 1905 година, тројцата браќа Талевче, Стефан, Николас и Димитрије, добри трговци, припаѓаат на три народности: бугарска, романска и грчка народност. Значи, оттука се гледа дека Македонците не се ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци, туку дека тоа е само поделба направена од пропагандите во Македонија, зашто глупо е да се докажува дека една мајка и еден татко можат да имаат три деца од разни националности. Пропагандната борба меѓу Србите и Бугарите во Македонија не е национална, туку политичко-полициска борба, која со тортури сака од Македонците да направи Срби или Бугари. Старите луѓе, - вели Томиќ - од срам црвенееја, а од страв ги кршеа прстите за делата на своите деца. Многупати, на пример, лично слушав како Младен Рајов од Скопје го проколнува својот син Ѓорѓе, секретар на бугарската митрополија во Скопје, затоа што му ја навлече омразата на целата околина врз куќата. Објективниот истражувач не може да прифати дека Павле Хаџиевски, српски учител во Галичник, е Србин, а неговиот брат Јосиф Хаџиевски, бугарски учител, Бугарин. Или двајцата браќа се Бугари, или двајцата се Срби, но кога еден е Бугарин а другиот Србин, тогаш очигледно не се ни Бугари ни Срби, туку Македонци, се вели во книгата.
Според Светозар Томиќ, сите Бугари го докажуваат бугаризмот на Македонците со тоа што го прифатиле бугарскиот егзархат во Цариград за поглавар на новосоздадената црква на местото на дотогашната грчка патријаршија, односно, наместо грчка, прифатиле словенска служба. Словенската служба била укината со укинувањето на Охридската архиепископија и Пеќската патријаршија. Значи, вели Томиќ, факт е дека сето она што денес Бугарите го имаат во Македонија, а врз основа на што изведуваат заклучок „дека Македонците се Бугари“ е последица на создавањето на егзархијата во Цариград. Егзархатот го создадоа интересите на официјална Турција и словенофилството на Русија, а Бугарите од него извлекоа корист и со тоа му нанесоа најголема несреќа на словенското население во Македонија и Стара Србија. Да не постоеше егзархијата, онаква каква што беше, немаше да ја има онаа жестока пропагандистичка хајка во Македонија, а не би се случила ни Втората балканска војна, смета тој.
Според него, христијанството кај македонските Словени е многу постаро од христијанството кај Бугарите. Токму затоа Кирил и Методиј, по враќањето од Моравија, не одат во Бугарија, туку во средниот и западниот дел на Балканскиот Полуостров, меѓу чистите Словени. Државниот јазик на бугарската држава во тоа време бил сосема туѓ за словенските проповедници. Бугарскиот двор, владата и болјарите секогаш чувствувале дека Македонците не се нивен народ и токму поради тоа никогаш својот државен центар не го поместувале кон Македонија. Со Македонија владееле како со сите земји надвор од Бугарија, вели Томиќ, давајќи објаснување од негова и српска гледна точка за периодите кога бугарската држава владеела со Македонија.
Според Томиќ и Марковиќ, српското владеење со Македонија траело 131 година, нешто помалку од бугарското, но владеењето било без прекин, и за разлика од Бугарите, како што велат, Србите граделе разни таканаречени задужбини, манастири и цркви, мислејќи дека на таков начин ќе влијаат врз претопувањето на Македонците.

ЕГЗАРХИЈАТА Е РУСКО МАСЛО

Двајцата автори наведуваат дека Бугарија ја изгубила политичката и црковна самостојност во 1393 година; Турците ја окупираат, а црквата ја потчинуваат на Цариградската патријаршија. Одеднаш целиот бугарски народ е претворен во раја и сите станале робови. Во текот на 15 и 16 век, султаните сосила и со специјални укази го населувале Балканскиот Полуостров со Турци од Мала Азија, а тоа населување најмногу ја опфатило Бугарија. Оттаму, денес, велат авторите на книгата пред деведесет години, во Бугарија како држава има 800.000 илјади души, ако не и повеќе, вистински Османлии. До доселувањето на овие населеници, Бугарите ја одржувале својата бројна надмоќност, но по овие преселби тие се губат во јавниот живот. Освен тоа, Фанар, односно Цариградската патријаршија, за да може да поставува свои луѓе за митрополити, владици, свештеници и игумени во Бугарија, постојано притиска пред Портата дека Словените не се сигурни за да бидат поставени на такви места. Портата тоа го примала како вистина и, по само неколку години од окупацијата, сите Бугари, виши црковни службеници, биле заменети со Грци.
Патријаршијата имала свои привилегии врз основа на кои можела да отвора грчки училишта. Во тоа време пропагандата во Бугарија била толку засилена што само селаните и овчарите говореле бугарски, а целото преостанато население, како градското така и побогатото селско население, говорело само грчки и турски. Дури и градските чорбаџии се срамеле да кажат дека се Бугари.
Ваквата состојба во Бугарија траела од крајот на 14 век до триесеттите години на 19 век, до кога речиси сосема била уништена бугарската национална свест. Професорот Дринов, опишувајќи го животот на бугарскиот народ под Турците, вели дека Бугарите под турска власт биле подјармени, потиштени и разорени до крајна беда. Не постоеле како нација, јазикот речиси им се изгубил. За разлика од Бугарија, во Македонија работите никогаш не стигнале до ваква состојба; Македонците, вели Томиќ, постојано се бунтувале, воделе борби со Турците, го зборувале својот јазик.

Руска стратегија

Во Бугарија настануваат промени откако Русија во првата половина на 19 век преку Рутен Венелин и уште неколкумина почнува да работи на будење на Бугарите и ширење на бугаризмот, затоа што тоа одело во нејзина полза. Со тајниот план на Русија, преку дејствувањето на Венелин, полека почнува таканареченото црковно движење, кое инсистира на словенска служба и народни владици. Словените веќе не можеле да ги трпат митрополите, владиците и свештениците од грчка националност, па поради тоа го прифатиле тоа движење и почнале да праќаат пратеници во Цариград и да пишуваат молби до султанот за поставување за владици луѓе од народот што го знаат народниот јазик. Центар на тоа движење во Македонија бил Велес. Агитацијата била жива и остра, и тоа траело десетина години, од 1860-та до 1870-та. Идејата за ослободување од грчките свештеници и желбата за словенска служба, а со тоа и наклонетоста кон Русија како заштитничка на православието во Турција, ги соединува сите поддржувачи на движењето и сите се почувствувале како една целина. Како центар на тоа движење во Бугарија бил градот Софија, град во кој се говори шопски јазик. Во седумдесеттата година на деветнаесеттиот век, по силни локални борби и интервенција на официјална Русија, но и наклонетост кон таа идеја на Портата, доаѓа до основање на словенска црква во Турција под назив Бугарска егзархија, со седиште во Цариград. Кон егзархатот во Цариград пристапуваат сите епархии во Бугарија, освен неколку во приморјето, потоа нишката епархија со Пирот и Врање во Србија, а од Македонија само велешката.
По 1872 година егзархијата добива епископи во Скопје и во Охрид, а подоцна и во неколку други епархии. Факт е дека патријаршијата и грчкото свештенство го пљачкале словенското население, но во народот ја зачувале верата и не им наметнувале хеленизам, сметаат српските автори на книгата (во делови од книгата авторите не успеваат да се одвојат од српско-грчката), додека бугарските патриоти веднаш преку црквата почнуваат да наметнуваат бугаризација и бугарска народност. Првите денови по востановувањето на егзархијата ги менуваат сите свештеници со свои луѓе и сите верници ги заведуваат во книгите како Бугари. Оваа очигледно бугаризирање на Македонците полека предизвика контрадвижење, односно многу села и градови отворено почнале да бараат да не се напушта патријаршијата. Меѓу 1870 и 1880 година пропагаторите на егзархијата работеле на тоа што повеќе луѓе во Македонија да ја признаат и прифатат егзархијата. Во тоа помагаат Русија и руската дипломатија, руските интелектуалци и турската власт.

БЕЛА СВИЊА, ЦРНА СВИЊА!

На оваа бугаризација на Македонија, за која зборуваат Томиќ и Марковиќ, ни Србите не стоеле со скрстени раце. Од деведесеттите години на деветнаесеттиот век и тие почнуваат нагло да отвораат свои училишта секаде каде што власта допуштала и, како што велат авторите на книгата, бидејќи српските школи биле многу подобро уредени, а наставниците подобро подготвени, одреден број таканаречени егзархиски места почнале да бараат српски свештеници и српски училишта. Плашејќи се од српски успех на теренот, Бугарите основаат одбори за сузбивање на српската пропаганда. Тогаш почнуваат првите убиства на Македонците меѓу себе, затоа што едни следат настава во бугарски, а други во српски училишта, односно затоа што одат во српска, или патријаршиска, а не во бугарска, егзархиска црква. Така, во тие неколку години се убиени Петре Ташев, претседател на српското црковно училиште во Башино Село, потоа Ѓорѓе Патриотот од Гевгелија, прота Ташко од Куманово, поп Кочо Минов од Кожле, поп Марко од Кочани, учителот Нешо Георгиевиќ од Чучер. На 18 јануари 1899 година учениците од сите средни бугарски училишта во Скопје, околу 210 ученици, ги нападнале децата од српското нижо училиште во Тафталиџе, па биле ранети 17 деца, а неколку учители одлежале неколку месеци затвор во „Куршумли-ан“. Поради убиствата и пресметките меѓу Македонците од разни училишта, тогаш можело да се чуе како Турците велеле: „Бела свиња, црна свиња, сеедно, нека се убиваат“.

Автор: Блаже Миневски
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22643




31-07-2012, 06:27 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

29.07.2012, 19:37
Македонските политичари да се обединат во одбрана на името
Пограничната средба на Македонците од егејскиот дел на Македонија годинава ја проследија едвај околу 1.000 граѓани и само двајца заменици-министри
Битола - „Да се соединат сите македонски политичари во одбрана на името и македонскиот идентитет“. Ова е главната порака од 32. Погранична средба на Македонците од егејскиот дел на Македонија, која вчера се одржа во потпелистерското село Трново.

Под дебелите сенки во дворот на црквата „Пресвета Богородица“ годинава се собраа едвај околу 1.000 граѓани, иако години наназад на оваа Погранична семакедонска средба доаѓаа и по пет до десет илјади посетители, особено на почетокот на деведесеттите години. Сега имаше повеќе скараџии и посматрачи отколку гости на средбата. И државниот врв реши годинава во Трново да присуствува само со заменици-министри. Дојдоа Емил Димитриевски, заменик-министер за одбрана, и Зоран Коњановски, за земјоделство. Тука беа и пратениците Лилјана Кузмановска и Влатко Ѓорчев, кому веројатно му беше здодевно, па додека претставниците од дијаспората ги читаа официјалните поздравни говори, тој си читаше весник „Его“. Индиферентноста на државниот врв особено падна во очи бидејќи пограничната средба отсекогаш била место од каде што се упатувале политички пораки и се тонирале односите со Грција.

„И денес ќе речеме отворено: Бугарија, Грција и Албанија се окупатори на Македонија. Нема ниту да се криеме, ниту да се молиме за името. Името е едно и нема никој да ни го земе. Само македонските политичари тука да не се напаѓаат едни со други, да се борат заедно за името Македонија, кое го има со илјади години и пред Грција. Вечна да е Македонија“, рече Андон Шекревски, член на „Виножито“.

На средбата беше искоментирана и посетата на генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун на Македонија, како и потегот на премиерот Никола Груевски да го отвори прашањето за правата на македонското малцинство во Грција, од враќање на имотите, давање двојно државјанство и слободно движење.

„Лека-полека работите доаѓаат на свое место. Тоа е така зашто се најде човек кој кажа пред целата меѓународна јавност дека таму во Беломорска, односно Егејска Македонија има Македонци. Тие останаа вџашени“, рече Ефтим Митревски, претставник на партијата на Македонците за европска интеграција од Албанија, заклучувајќи дека правата на Македонците во егејскиот и пиринскиот дел се потешки отколку во Албанија.

Со поздравен говор срочен во стихови претставникот на ОМО „Илинден Пирин“, Димитар Иванов, ги загатна односите меѓу Гоце Делчев и Даме Груев, за историски недоистражените и темни петна околу предавството и убиството на Делчев. Пеце Аспровски, пак, претседател на Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија со седиште во Битола и оваа година апелираше за вклучување на што повеќе млади во организацијата. (А.Б.)
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...ED9C6C42DD

Датум: 29.07.2012, 18:10
32.ТРНОВСКА СРЕДБА

Немаше кој да ги чуе силните пораки

Политичките партии во Македонија да се обединат во заедничка битка за одбрана на името и на македонскиот идентитет. Ова е пораката што ја испратија Здружението на Македонците од егејскиот дел и партијата Виножито на 32. семакедонска средба што вчера се одржа во потпелистерското село Трново. Ова беше најслабо посетена погранична средба досега, имаше одвај 1.000 гости, за разлика од претходните години кога се збираа до 5.000. Државниот врв го претставуваа заменици-министри.

- Политичарите да не се напаѓаат меѓусебно, туку заедно да се борат за името. Да речеме отворено дека окупатори на Македонија и денес се Грција, Бугарија и Албанија. Нема да се криеме и да се молиме за името и за идентитетот. Името е едно и не може никој да ни го земе, но за тоа е потребна сплотена битка - порача од говорницата Андон Чекревски од партијата на Македонците во Грција - Виножито.

Тој ја обвини Грција дека е недемократска и дека не ги признава правата на македонското малцинство. Kако еден од примерите го посочи противењето на грчката држава на иницијативата за формирање македонски културен дом во Лерин, за што беше поведен и судски спор во Стразбур. Чекревски се пожали дека врз Македонците во Грција се вршат големи притисоци да не присуствуваат на народните собири на кои се пеат и се играат македонски песни. Додаде дека имало закани за собирот во Овчарани дека 50 автобуси со луѓе ќе пристигнат за да го растурат, но ни со тоа не успеале да ги исплашат неколкуте илјади Македонци што присуствувале на ова традиционално собирање.

Здруженијата на Македонците во соседните земји позитивно го оценија апелот на премиерот Груевски до генералниот секретар на ОН, Бан Kи-мун, за реално согледување на правата на Македонците во Грција.

- Лека-полека работите одат на своето место. Премиерот по вторпат му ја плесна вистината в очи на Бан Kи-мун - изјави Ефтим Митревски од Партијата на Македонците за европска интеграција од Албанија.

Димитар Иванов од Организацијата ОМО „Илинден“ - ПИРИН од Бугарија низ рецитал порача: „Да даде Господ една нова духовна Херонеја која ќе ги запре грчките претензии кон нас, нашата историја и нашата татковина“.

Организаторите од Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија, пак, се пожалија дека кубурат со подмладок.

- Молам за поголема активност на помлади граѓани во нашето здружение за остварување на правата на Македонците во соседните земји, во Грција, Бугарија и во Албанија и за спротивставување против недемократски и нечовечки притисоци, од каде и да се насочени, за елиминирање на нашиот македонски идентитет - изјави Пеце Аспровски, претседател на Здружението.

Жанета Здравковска
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...661F45618C

Заедничко славене – един вид – Живи–здрави и да ви е честит празникът
31-07-2012, 06:38 PM
Reply
Филибе Offline
Member
***

Posts: 196
Joined: Jun 2010
Reputation: 9

Една обективна статия за България

Бугарските еколози ги победија бизнисмените

Општество / Активизам / Екологија
Александар Андреев/ Снежана Кобешчак

Бугарските активисти за заштита на природата, со масовни протести ги принудија политичарите да го одбијат законот што се закануваше со уништување на шумите. Во Бугарија тоа е прв таков успех за дигитално организирање на културата на протестирањето.
„Орловиот мост“, во главниот град Софија, во Бугарија е место исполнето со симболика. На оваа преполна раскрсница во центарот на градот, која е оддалечена само неколку чекори од зградата на Парламентот и Универзитетот, во јуни 1990 година беа одржани најголемите протести против комунизмот во Бугарија.
Дваесет и две години подоцна, во јуни 2012 година, овде се разви една нова протестна култура, илјадници млади, организирани преку твитер и фејсбук, го заземаа овој мост во знак на протест заради спорниот закон за користење на шумите. Меѓу другото, тој закон ја олеснува изградбата на скијачки терени во заштитениот шумски предел, на југот од земјата.
Инвеститорите и градителите на скијачките патеки се правдаат со економски причини: помалку бирократија-поголема корист за туризмот.Предлог-законот предвидуваше, скијачките терени, жичарниците и хотелите да можат да се градат во заштитеното планинско и шумско подрачје, а притоа да не биде задолжително да се бара екстензивна и скапа пренамена на земјиштето во градежно. Претходно таквите барања се поднесувале пред започнување со какви било градежни работи. Инвеститорите и градителите на скијачките патеки се правдаат со економски причини: помалку бирократија-поголема корист за туризмот. На тој начин, бугарските скијачки подрачја ќе станат поконкурентни.
Скијачкиот туризам против заштитата на шумите
Не е неважно тоа што скијачкиот туризам игра огромна улога, особено во економски неразвиените планински подрачја на југозападот од Бугарија, каде невработеноста е многу голема. Тоа беше и главниот аргумент на министерот Мирослав Најденов, кој е одговорен за овие прашања. Највисокиот скијачки службеник во земјата, стопанственикот Цеко Минев, изјави: „Општеството е заведено. Развојот на скијачкиот туризам не претставува никаква опасност за околината“.
Со тоа сакаше да ја намали силата на сомнежот што владееше кај оние кои протестираа, меѓу кои беа и претставниците на Светскиот фонд за заштита на природата.
Младите активисти за заштита на природата беа уверени дека ќе дојде до големо сечење на шумите.Младите активисти за заштита на природата беа уверени дека ќе дојде до големо сечење на шумите. Затоа беа налутени, но мирно протестираа против алчноста и незнаењето, кои ѝ се закануваат на природата. Бугарската влада пак, се обиде да им излезе во пресрет на претставниците од бизнис секторот.
Откриена политичка сила
Во врска со овој закон постојано се изразуваше и сомнеж за можните економски интереси на членовите на владата, за корупцијата и системот на врски и познанства. Во ваква напната атмосфера, заговорниците на законот им возвратија со иста мерка на активистите за заштита на природата.
Кога конфликтите помеѓу лобистите за скијачките терени и еколошките активисти се заострија, како посредник се јави бугарскиот премиер Бојко Борисов.Тие ги обвинија дека се финансирани од претставници на австриската, швајцарската и германската зимска туристичка бранша, со цел бугарските скијачки центри да не им претставуваат конкуренција.
Кога конфликтите помеѓу лобистите за скијачките терени и еколошките активисти се заострија, како посредник се јави бугарскиот премиер Бојко Борисов. Иако тој претходно се залагаше за новиот закон, рече дека ќе го послуша гласот на јавноста и ако таа се противи, тој ќе го повлече спорниот предлог-закон. Затоа, претседателот на државата и партискиот колега Розен Плевниев, му стави вето на законот. Како причина за тоа ја наведе некомпатибилноста на законот со законодавството на ЕУ.
Претседателот заклучи дека стравувањата на критичарите се оправдани и дека законот „не одговара на темелните начела од уставот и граѓанското право“.
На овој начин, барем засега, заштитниците на природата ја освоија победата. Но, победник е и протестната култура во Бугарија. Собирот на мостот беше првиот успешен масовен протест, организиран преку социјалните мрежи, а со тоа една нова генерација во Бугарија го откри сопствениот политички глас.

http://www.okno.mk/node/21212
06-08-2012, 08:32 PM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35

Quote:претседателот на државата и партискиот колега Розен Плевниев
Razmisluva
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
06-08-2012, 08:47 PM
Website Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Пореден българо-македонски скандал

Дума

2. Август 2012, брой 178

Преди броени дни (на 21 юли 2012 г.) Българският културен клуб - Скопие (БККС) проведе честване на Илинденско-Преображенското въстание в Смилево, Република Македония, с участието на около 400 граждани, общински съветници и общественици от всички краища на България и РМакедония. Тази първа по рода си проява беше организирана в съответствие с препоръките на Европейския парламент за съвместно отбелязване на значими събития от общата история на РМакедония и съседните й страни и беше поздравена от президента Плевнелиев, Държавната агенция за българите в чужбина, кмета на Варна, общественици и европарламентаристи.
Проявата предостави поредната чудесна възможност за подобряване на добросъседските отношения между двете страни, която и този път се натъкна на бойкот, омаловажаване и враждебност от страна на ретроградни представители на македонските власти и медии. Само седмица след събитието председателят на БККС Лазар Младенов е посетен от Блажо Чамински, началник на македонската ДБК (Държавна сигурност и контраразузнаване) за гр. Струмица. Чамински цитира обръщението на БККС пред народния събор в Смилево, че "ако целта на востаниците од 1903 г. беше да ги скинат робските окови, нашата цел е да ги скинеме оковите на една измислена история, коя ги дели люгето и насадува омраза" и грубо заплашва Лазар Младенов и семейството му заради пробългарската им дейност.
От вчера г-жа Виолета Младенова, дългогодишна служителка на държавната фирма "Струмишки слив" с 29-годишен трудов стаж и съпруга на председателя на БККС Лазар Младенов, вече е без работа под благовидния претекст за съкращение на персонала на фирма в ликвидация (докато същевременно с протекции на управляващата ВМРО-ДПМНЕ почти всички останали служители са прехвърлени в нова фирма с паралелна дейност). Това уволнение ознаменува края на неколкогодишния психически тормоз на г-жа Младенова заради българското й гражданство и самоопределение и особено заради активната обществена дейност на нейния съпруг като председател на Българския културен клуб - Скопие.
Неотдавнашната резолюция на Европейския парламент относно напредъка на РМакедония е практически засекретена от македонските власти - не може да се намери неин превод на официалния език на страната, който да е достъпен за гражданите и обществеността. Вместо това македонските медии посрещнаха резолюцията "на нож" и засега не се вижда никаква политическа воля за изпълнение на препоръките й на практика

http://www.duma.bg/duma/node/36655

С добро не става - трябва да играе тоягата вече
Без Ботев няма България
07-08-2012, 09:36 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 433
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 05.08.2012, 17:25
СО ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА ДО ПРОСПЕРИТЕТ НА РЕГИОНОТ
ЕУ да си го одржи зборот за Западен Балкан


Нема ризик за проширувањето на Унијата за време на кипарското претседателство, бидејќи Kипар имал да понуди многу и во знаење и искуство, вели бугарската европарламентарка Надежда Нејински
Членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ е неизбежен дел од комплетирањето на политичкиот проект за мирна и обединета Европа и тоа ќе донесе стабилност, просперитет, долготраен мир и социјален развој во овие земји, смета поранешната бугарска министерка за надворешни работи Надежда Нејински (Михајлова), сега пратеничка во Европскиот парламент. Во интервју за порталот „ЕУИнсајд“ таа вели дека членството во Унијата ќе придонесе за поголема отвореност на нивните граѓани, ќе им овозможи да ги надминат „раните“ од минатото и да имаат просперитет. Истовремено, нивната благосостојба позитивно ќе влијае и врз Бугарија, бидејќи ќе се засилат економските врски на Софија со соседите.

- Пред десет години ЕУ покажа посветеност кон земјите од Западен Балкан и само прашање на време е оваа посветеност да се одржи – вели Нејински.

Во врска со можниот ризик за процесот на проширување за време на кипарското претседателство, таа вели дека еден од приоритетите на Никозија е токму проширувањето и додава дека не гледа какви било проблеми, барем не во однос на спроведувањето на европските заложби.

Оценка на Нејински е дека не само што нема ризик за проширувањето за време на кипарското претседателство, туку напротив, Kипар имал да понуди многу и во знаење и искуство во процесот на проширување. Истовремено таа не гледа проблем ни во однос на Исланд кој веќе преговара со Унијата, а единствениот ризик може да биде за Турција, поради цврстото спротивставување на Анкара да соработува со Kипар. Според Нејински, во овој случај Турција би можела да биде губитник бидејќи токму меѓусебниот респект треба да биде во основата на преговарачкиот процес, а истовремено е основа на односите и врските меѓу земјите членки.

Изјавите на Нејински се во контекст на нацрт документот на Kомитетот за надворешна политика во Европскиот парламент во кој стои дека на земјите кои сакаат да станат членки на ЕУ треба да им се дозволи да преминат во наредна пристапна фаза само ако ги исполниле сите услови од претходната фаза.

Според документот драфтиран од грчката европратеничка Марија Елени Kопа и за кој ќе се расправа наесен, се предлага воспоставување мониторинг механизам, заради проблемите со демократизација што ги имале Унгарија, Романија и Бугарија, а Нејински е една од членовите на Парламентот кој поднесоа амандмани. Фокусирана главно за интеграцијата на земјите од Западен Балкан, таа инсистира да се спомене и Kосово, бидејќи новата држава имала значајна улога за безбедноста во регионот. Според неа, почетокот на дијалог со Kосово е клучен елемент зашто ќе ~ овозможи на земјата да ја зголеми соработката со ЕУ, но и да има голема придобивка од помошта и поддршката од Унијата.

- Идејата е да се забрзаат реформите и да се забрза развојот на Kосово, со оглед на претстојната целосна административна независност и укинувањето на меѓународното набљудување. Ова се значајни чекори кои треба да бидат поддржани од ЕУ со реални активности. За жал, с` уште има пет земји членки кои не го признале Kосово, а тука е и постојниот спор со Србија. Токму од тие причини, дијалогот е од најголема важност – вели Нејински.

Во однос на Србија особено по изборот на новиот претседател, таа не покажува преголем оптимизам бидејќИ, како што вели, првите индикации не биле охрабрувачки. Сепак, додава дека е рано да се каже што точно ќе се случува со владеењето на новиот претседател Томислав Николиќ, бидејќи засега, освен зборови, од него не виделе многу активности.

- Но, ако Србија назадува тоа ќе биде лошо за нејзиниот развој и ќе има негативни последици за останатите земји од Западен Балкан. На Србија ~ треба свеж капитал кој може да се обезбеди преку претпристапните фондови, но треба умешност за да се дојде до нив – вели таа.
Дијалог со Македонија
- Хрватска на 1 јули в година Хрватска ќе стане 28 полноправна членка на Унијата, Црна Гора ќе започне преговори, Србија ќе може да користи поголема финансиска помош од ЕУ бидејќи има кандидатски статус. Исто така има подобрен дијалог со Kосово и со Македонија, кој ќе продолжи – објаснува во интервјуто бугарската европарламентарка
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...834D73267F


Датум: 07.08.2012, 10:41
Европратеникот Ковачев: Нема македонско малцинство во Бугарија

Има ли македонско малцинство во Бугарија? - „Не, не, не, не, се разбира дека нема, колку пати сакате тоа да ви го кажам. Во Бугарија нема такво малцинство. Во Бугарија нема малцинства“, вака одговара бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев на прашањето од телевизија Канал 5.

На прашањето дали и Бугарија ќе се залага исто како и Грција за поткопување на македонските напори за евроинтеграција, Ковачев одговора дека за Македонија ќе има лош извештај.
Причината за тоа е што тој не е задоволен од политиката на Македонија кон тие што се изјаснуваат како Бугари и вели дека истата е дискриминаторска. Како најсвеж пример тој го посочи случајот со претседателот на бугарскиот културен клуб во Скопје Лазар Младенов.

- Јас не сакам Македонија да има негативен извештај од Европскиот парламент, но кога има дискриминација кон Македонците кои се искажуваат како етнички Бугари тоа не можеме да го замолчиме. Јас неколку пати кажав за да ги надминеме раните од минатото, дека е потребна европската интеграција. Но, европскиот сојуз се темели на правила, а едно од тие е недискирминација кон луѓето кои го искажуваат својот идентитет - вели Андреј Ковачев.

Имаме сведоштва на луѓе кои јавно велат дека се Македонци и дека не им е дозволено да се искажат како Македонци во нивната држава Бугарија?

Во Бугарија има секакви луѓе кои зборуваат што сакаат. Бугарија ги исполнува сите обврски што се неопходни за членството во Европската Унија“, додава Ковачев за Канал 5.

Негова желба е Македонија да пристапи кон ЕУ, но мора да се расчистат проблемите што Македонија ги има со нејзините соседи во врска со историјата.

Тој додава дека нема ништо против Македонија да влезе во ЕУ под нејзиното уставно име
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...A73DB76F08




Македонците од Пиринска и од Вардарска да се обединат
Партијата смета оти основниот дел на македонскиот народ е тој да се организира во државен и национален поглед во рамките на Федеративна Народна Република Југославија, како Народна Република Македонија, а за тоа треба да претстои обединување на другите делови на македонскиот народ, се вели во службеното писмо од 17 август 1946 доставено до Јосип Броз Тито од Бугарската работничка партија - комунисти, кое го испратил Георги Димитров



Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во својата неодамнешна изјава дадена за една македонска телевизија изјави дека во Бугарија нема Македонци.
- Не, не, не, не, се разбира дека нема, колку пати сакате да ви го кажам тоа. Во Бугарија нема такво малцинство. Во Бугарија нема малцинства - е буквалниот цитат на она што го изјавил Ковачев.
Ковачев уште додава дека Македонија ќе добиела лош извештај од ЕУ, зашто имало дискриминација кон Македонците што се искажуваат како етнички Бугари.
- Јас неколку пати кажав дека за да ги надминеме раните од минатото е потребна европската интеграција. Но Европската Унија се темели на правила, а едно од тие е недискриминација кон луѓето што го искажуваат својот идентитет - рекол Ковачев.
На темата за македонско малцинство во Бугарија се пишувало и говорело многупати. На сите во македонската јавност им се познати проблемите со кои се соочуваат нашинците во оваа земја и проблемите за забраната за повторно регистрирање на партијата ОМО Илинден-Пирин.
Но дека тврдењата на европратеникот Ковачев се контроверзни и негаторски ќе објавиме помалку познат документ зачуван во белградските архиви, кој е поврзан со оваа проблематика. Самиот документ го изнесува ставот на бугарската држава на средината на минатиот век и го докажува токму спротивното од она што денес го говори европратеникот на нашиот сосед Ковачев.
Писмото што е испратено на 17 август 1946 е официјална кореспонденција помеѓу генералниот секретар на Бугарската работничка партија (комунисти) Георги Димитров и Јосип Броз Тито. Документот денес се чува како реликвија на официјалната документација со која располагал Централниот комитет на СКЈ и КПЈ.

Пиринскиот крај да се присоедини кон Македонија

Димитров во дописот го информира Тито за одлуките на десеттиот проширен пленум на Централниот комитет на Бугарската работничка партија (БРПк), кој бил одржан на 9 и 10 август 1946 година.
Дописот почнува со констатацијата дека основната цел на македонскиот народ е тој да се организира во државен и национален поглед во рамките на Федеративна Народна Република Југославија, како Народна Република Македонија. За тоа да се случи, пишува Димитров, треба да претстои организирано обединување на другите делови на македонскиот народ врз база на Македонската Народна Република, која би функционирала во рамките на Федеративна Народна Република Југославија.
Понатаму авторот изнесува друг заклучок на Бугарската комунистичка партија, кој вели дека требало да се направат соодветни подготовки за да се формираат потребните услови целиот процес да се изврши, а со што би се финализирал планот за обединување на пиринскиот крај кон Народна Република Македонија.
Токму присоединувањето, според бугарскиот комунист и тогашен водач на Бугарија, било од големо значење како за самите Македонци така и за Отечествениот фронт на Бугарија и на Федеративна Народна Република Југославија.

Да се учи и да се шири македонскиот јазик и култура

Димитров во својот службен допис до Тито посочува дека за да се изврши присоединувањето на пиринскиот крај кон Народна Република Македонија требало систематски да се работи врз културното зближување на македонското население од овој крај со она население што живее во Народна Република Македонија.
- Треба да се популаризираат во јавноста успесите на Македонската Народна Република, на македонскиот јазик и на македонската литература, а со тоа во пиринскиот крај луѓето да се запознаат со историјата на македонскиот народ.
Понатаму, според она што е напишано во документот, Димитров предлагал во училиштата во пиринскиот крај да почне да се учи на македонски и да се работи активно врз олеснувањето на пограничните услови помеѓу Македонија во Југославија и пиринскиот крај.
Шефот на Бугарската работничка партија му објаснува на Тито дека во иднина двете држави требало заеднички да работат на подобрување на широкиот заемен контакт на македонското население од едната и од другата страна на границата и да се преземат низа други мерки што би гарантирале културна автономија на пиринскиот крај, со што би се овозможило да се развива националната свест на македонското население и би се олеснило неговото обединување со основниот дел на македонскиот народ во Народна Република Македонија.
Дописот детално разработува стратегија што вели дека е неопходно активно учество на Македонците во борбата на Отечествениот фронт заради зацврстување на демократскиот режим во Бугарија.
- Македонците од пиринскиот крај треба да имаат свои македонски кандидати на изборите за Великото народно собрание, а во самото Велико народно собрание своја македонска парламентарна група - пишува Димитров.
Бугарскиот комунист објаснува дека тогашниот весник „Пиринско дело“ треба да има главно македонски карактер и во сето време треба да води решителна борба против михајловистите и нивните странски покровители, кои се опасни непријатели на националното обединување на македонскиот народ, на расцутот на Македонската Народна Република, на братскиот сојуз меѓу Бугарија и Југославија и на словенското единство.
Токму овие активности, истакнува Димитров, ќе помогнат да се спречат великобугарскиот, великосрпскиот и великогрчкиот шовинизам на овие простори, а со тоа ќе се воспостави најтесна соработка меѓу пиринските Македонци и македонската емиграција во Бугарија, заради активна поддршка на Македонската Народна Република.

Присоединување со сојузен договор

Во службениот допис на БРП(к) доставен до КПЈ уште се наведува дека територијалното присоединување на пиринскиот крај кон Народна Република Македонија треба да биде врз база на сојузен договор меѓу Бугарија и Југославија. Токму овој договор требало да ги земе предвид волјата и заедничките интереси на самиот македонски народ, исто така и правото на кооптација (воведување) на бугарското државјанство за жителите на пиринскиот крај, кои евентуално би сакале да го искористат тоа право.

Бришење на границите меѓу двете земји

Самиот договор со кој ќе се регулира македонското прашање ќе го опфати и враќањето на западните окупирани покраини на Бугарија, кои сега се наоѓаат во Југославија. Тука се мисли на деловите од сегашниот димитровградски и босилеградски крај. Димитров во писмото посочува дека БРП(к) смета дека сѐ што ќе се случи со ваквиот договор би било во интерес на македонскиот народ и на државите Бугарија и Југославија.
Самиот план што го разработеле комунистичките партии на Белград и на Софија предвидувал да се изврши практично спојување на двете држави преку територијата на Македонија. Тоа би било изградено на начин што фактички не би постоела царинска или која било друга граница помеѓу Македонија и Бугарија, како што таква граница не постои меѓу Народна Република Македонија и другите единици на Федеративна Народна Република Југославија. Писмото Димитров го завршува со ветување дека тој ги обврзува сите членови на партијата и пред сѐ членовите од пиринскиот крај да се придржуваат строго и да ја спроведуваат практично оваа партиска директива за македонското прашање и ѝ препорачуваат на македонската емиграција со сите средства да го помага зацврстувањето на овој договор врз база на сојуз меѓу Отечествено-фронтовската Бугарија и Федеративна Народна Република Југославија.
Од историјата е познато дека во Пиринска Македонија до 1948-та постојат библиотеки, училишта, театри и литература на македонски јазик, но тогаш Бугарија ја напушта политиката на признавање на македонското малцинство, за што свое влијание има и Комунистичката интернационала. Димитров и Тито не успеваат да ја реализираат идејата за обединување на двете држави во една федерација. Сепак, Македонците во Пиринска Македонија не исчезнаа, и покрај тоа што официјална Софија ги асимилира со децениската денационализаторска политика.

Автор: Александар Србиновски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22650

Малко Нейнски, малко Ковачев - останалото - "Сталин, Тито, Димитров"...

И в друга връзка - прочетох някои от извещаите в досието на Коста Балабанов - намерих за странен подробния му доклад за престоя му в България - очевидно от днешна гледна точка съдържанието на доклада трудно може да се разбере - изглежда лишен от смисъл - като изключим македоно-българските клишета и предрасъдъци, които и сега се "въртят" ...Но личи, че материалът е писан от културен и обективен човек - имам чувството, че имената на някои от събеседниците му в България са оставени преднамерено - Снегаров, Венедиков...
Чудех се дали Коце Лазаров Балабановски и Коста Лазар Балабанов са едно и също лице - колко имена е имал този човек?

Както и да е...
08-08-2012, 02:06 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Во Бугарија има се, само Бугари не!


Петров вели дека Бугарија е исто што и поранешна Југославија. Ако ја разложите на Македонија, Мизија и Тракија, "њама Б'лгарија, од Бугарија ништо не останува!" Претседателот на СМК смета дека всушност, проблем за Софија не се Македонците, туку ако продолжат процесите на емиграција и депопулација, Ромите и Турците стануваат мнозинство и затоа на Софија и се потребни Македонците и Македонија, да го одржат етничкиот баланс во просторот и времето


Во Бугарија има се, само Бугари не! Во Бугарија нема македонско малцинство, затоа што Македонците се мнозинство! Во Бугарија само Ѓупците и Турците не се Македонци! Не е прашањето дали Македонците во Македонија се Бугари, туку има ли Бугари во Бугарија без македонски корени, вели претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, реплицирајќи му на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев кој изјави дека во Бугарија нема ниту македонско, ниту какво било друго малцинство. Со иста реторика, Петров вели дека Бугарија е исто што и поранешна Југославија. Ако ја разложите на Македонија, Мизија и Тракија, "њама Б'лгарија, од Бугарија ништо не останува!" Претседателот на СМК смета дека всушност, проблем за Софија не се Македонците, туку ако продолжат процесите на емиграција и депопулација, Ромите и Турците стануваат мнозинство и затоа на Софија и се потребни Македонците и Македонија, да го одржат етничкиот баланс во просторот и времето. Тодор Петров предупредува и дека со приклучувањето на Бугарија во ЕУ, од неа се иселени околу два милиони претежно млади и образовани, а епилогот е катастрофално брзото стареење на нацијата.
- И не случајно Македонија е најголемата романса за Бугарија. Културата и историјата на Македонците е инкорпорирана како државна култура и историја на Бугарија и затоа се е исто. Славиме исти датуми, настани и личности, само зависи кој од која страна на границата е, за да каже мои се. А, во основа никој од никого ништо не краде, затоа што основата на Бугарија е Македонија! Ако Татарите се протобугари, а во Бугарија денес имаат статус на малцинство, што се мнозинството? Зошто Светскиот бугарски конгрес нема седиште во Софија, туку во главниот град на Татарстан - Казан? Зошто Тодор Живков своевремено на Стане Доланц му реплицирал "Како да го поставам македонското прашање во Бугарија, кога мнозинството од членовите на Политбирото на Централниот комитет на Бугарската комунистичка партија се Македонци?" Зошто Георги Димитров му предлагал на Тито обединување на Пиринска со Вардарска Македонија, обединување на македонскиот народ од двете страни на границата? Зошто корените на современите Бугари како политичка нација им ги врзуваат за Кина и Монголија, а упорно бегаат од генезата на Македонија, Империја се до Индија? Впрочем и таму има историска школа, која ги кине заблудите за врските со Далечниот Исток и современата бугарска историја ја врзува за старата, една и единствена Македонија, вели Петров во дописот до медиумите.
Тодор Петров тврди дека квазиисторијата на платениците и (нео)врховистите кои ги има и кај нас и агитираат за Македонците како Бугари, е трајно минато свршено време. А ние треба да ги разбереме и да им помогнеме на луѓето од другата страна на границата, затоа што се наши - други на овие простори создавале држави, цртале граници и пишувале истории за овие територии како нивни колонии, не носеле нови народи, туку историјата и културата на поделените Македонци ја инкорпорирале како државна во државите на овие простори.
- И затоа се е исто! Од сите страни на границите, бидејќи основата на "Балканите" е Македонија! Не живееме на Балканскиот, туку сите заедно на Македонскиот Полуостров. Кога и да е, таа вистина 'рти и никне. Како Феникс од пепелта Македонија повторно е тука! Аладин од волшебната ламба е надвор и никој не го враќа назад во затвореното шише. Еееј, Македонија повторно е држава! Да, Македонија е држава и тоа повеќе никој и никогаш не може да го смени! Историјата на Македонија повеќе не се пишува во Софија, туку во Македонија, ја пишуваат Македонци и на македонски јазик! Амин!, завршува претседателот на СМК, Тодор Петров.

http://vecer.com.mk/?ItemID=778AEDA0CCDB...0343AE2716
Без Ботев няма България
08-08-2012, 05:42 PM
Reply
Филибе Offline
Member
***

Posts: 196
Joined: Jun 2010
Reputation: 9

....Александар Србиновски - вчера написа:


Грчки план за инвазија на Македонија

Уште од времето на Студената војна, нешто повеќе од шеесет години, сѐ уште во сила е грчка стратегија за воено навлегување во Македонија, која предвидува заземање територија во длабочина од најмалку 40 километри од нашата граница кон нашата држава! Оваа информација за „Нова Македонија“ ја тврдат двајца добро информирани соговорници, едниот пензионирано воено лице од врвот на АРМ, а вториот експерт по безбедносни прашања, кои побараа да останат анонимни. Ваквото сценарио за воена инвазија на Македонија досега трипати било во можност да се примени, а последен пат било за време на воената криза во 2001-та, за што дознаваме и од документите од досието на Николче Бабовски од Битола, кои ги објави Комисијата за верификација на фактите, а за кои пишувавме во „Нова Македонија“.
Во суштина, станува збор за разработен воен план, кој своите корени ги влече од педесеттите години на минатиот век, за време на Студената војна. Имено, објаснува еден од нашите соговорници, оваа воена доктрина е развиена од НАТО, а нејзината примарна односно првична намена не била уништувањето на Македонија, туку заштита на земјите-сојузнички од можна агресија на Варшавскиот комунистички блок предводен од СССР.
- Имено, иако Југославија во тоа време се декларира како воено неутрална земја и не била таргетирана како директна закана од Алијансата, сепак НАТО неа ја перцепира како можен непријател. Според тогашните пресметки, на воените аналитичари главните битки помеѓу НАТО и Варшавскиот пакт, ако некогаш се почнела светска војна, би се одвивале генерално во Западна Германија, објаснува соговорникот.
Злоупотребена доктрина за НАТО
Токму поради ова, вели изворот, на помош на западните држави требало да им пристигнат војските на најистурените НАТО-земји, односно Грција и Турција. Тие токму преку Македонија и преку Вардарската долина требало да ја минат нашата држава и странично или, пак, од зад грб да ги нападнат армиите на комунистичкиот блок држави.
- Со текот на времето, оваа оригинална доктрина на НАТО добива целосно различен концепт и е злоупотребена. Тоа е така, бидејќи овие воени податоци дополнително се разработени од грчката страна и профилирани во нивни цели насочени против Македонија - објаснува соговорникот.
Во 1992 година, сегашниот премиер на Грција, Андонис Самарас, во јавноста претставува грчко-српски план за дестабилизација на Македонија. Планот е наречен „Самарасова клешта“ и тој имал два стратегиски потези. Првиот бил економски притисок на Македонија, преку воведување трговско ембарго што требало да предизвика социјални безредија, а вториот бил воен притисок од страна на тогаш сѐ уште присутната ЈНА на почвата на Македонија, која била под директна силна команда на Белград. Доколку се разгори граѓанска војна, силите на Грција би им дошле „на помош на нивните српски пријатели“.
- За среќа, објаснува соговорникот, најверојатно под притисок на Запад, оваа доктрина никогаш не била применета и била исечена во самиот корен, најверојатно веднаш по неофицијалните средби на Милошевиќ и Мицотакис - објаснува познавачот на проблематиката.
Дека овие сомневања за воената интервенција се издржани се потврдува со изјавите на првиот грчки највисок дипломат во Македонија, Александрос Маљас. Тој годинава во интервју за еден дневен македонски весник објасни дека ваквиот план реално постоел и бил активиран последен пат во 2001-та година.
За време на кризата во Македонија, според Маљас, наводно бугарската држава имала намера да изврши заедничка воена интервенција со Грција користејќи го нивниот план за дејствување. Оваа здружена акција би имала за цел да ја стабилизира безбедносната ситуација во Македонија. Грчкиот дипломат во интервјуто објаснува дека Атина најверојатно поради големиот ризик од инволвирање во македонскиот конфликт го одбива барањето на Софија.
Инвазијата би се одвивала во неколку фази

Воената инвазија, барем теоретски, би се одигрувала во неколку фази, а планот имал за цел да се освојат четириесетина километри од македонската земја, која потоа би била тампон-зона, откаде во иднина би дејствувале грчките сили доколку би било потребно во соработка со српската или, пак, со бугарската страна.
- Најпрво, грчките сили би требало да бидат составени од еден корпус и две дивизии и да имаат помеѓу 30 и 40 илјади војници. Грчката армија за време на инвазијата најверојатно би се поделила на неколку правци на дејствување - елаборира добро упатениот експерт.
Тој верува оти прво оружје што би се употребило би била авијацијата на нашиот сосед, која е доволно бројна за во неколку напади да може да се уништат нашите разузнавачки и извидувачки армиски центри и аеродромот близу Скопје. Потоа грчката армија во втората фаза на нападот би се обидела копнено да воспостави линија на контрола што би се движела паралелно со нашите езера. Симултано со овие акции би се координирале и напади копнено да се заземе Штип и да се излезе на Брегалница.
Тенковите и пешадијата би имале главна улога во ова борбено дејствување, објаснува експертот, во евентуалните битки од гевгелиската рамнина до клисурата кај Демир Капија.
- Таму е многу тешко да се мине, со тешка механизација и оклопни средства, но кога ќе се стори тоа, патот е отворен до Велешко. Паралелно со овие напади, планот предвидува втора акција на напредување на грчката војска, која откога ќе стигне до Радовиш, преку Штип би излегла на Свети Николе. Токму оттаму оваа непријателската војска со оние сили што би биле стационирани во Велешко многу лесно здружено би се доближила до скопската долина - дециден е соговорникот.
Анонимниот експерт раскажува дека доколку во овој грчки план во зависност од моменталните политички потреби би се вклучиле и армиите на Бугарија и на Србија, нивните војски не би имале повеќе од по две дивизии или вкупно приближно 20 илјади војници.
- Бугарската војска би ги зазела Струмица и Делчево, а Србите за главни цели на нивните напади би ги имале Куманово и Скопје. Така што, со релативно голема надбројност, барем теоретски, доколку овие земји би нѐ нападнале со грчкиот план македонскиот отпор би се скршил за само неколку дена.



Военото сценарио од 2001-та во досието на Бабовски
Во досието на Николче Бабовски, лидер на партија на Власите од Битола, кое е обработено од Комисијата за верификација на фактите и кое јавно е достапно на Интернет може да се забележи дека во редот на објавени документи се пронаоѓаат информации за грчката идеја за тампон-зона во Македонија од времето на конфликтот во 2001 година.
Во документите што се насловени под кодното име „Ветеринар“ има пикантерии од тоа дека грчкиот конзул во Битола бил во врска со секретарката до информации важни за безбедноста на државата.
- „Ветеринар“ по наше инсистирање ја отвори темата што беше исклучително значајна. Станува збор за негова средба во ГКВ-Скопје во пролетта 2001 година, придружуван од ОО...... (името е избришано), а во присуство на високи претставници од ГКВ-Скопје, вклучувајќи го и политичкиот директор од МНР на Грција. Во кратки црти, грчките државјани спрема двата лидери на елино-влашките популации во Битола зазеле став за сестрана поддршка доколку воените дејства ескалирале и на југ, децидно ја промовирале сега познатата идеја за тампон-зона, и искажале голема загриженост, но и подготвеност за акција поради заштита на грчкиот капитал во Македонија.
Во документот означен со бројот 19 стои дека грчката држава сметала на поддршка од Власите во форма на митинзи, јавни осуди и слично.
Натаму, се истакнуваат информации дека самиот Бабовски остварувал успешна соработка на неколку полиња со Заедницата на Србите во Битола, што дополнително се вклопува во комплетното грчко сценарио за воена инвазија на Македонија.
Самиот Бабовски, во деведесеттите години на минатиот век редовно контактирал и со извесно лице што било бизнисмен и сопственик на месна индустрија од Јанина, Грција. Бизнисменот од грчка страна бил по потекло Влав и голем финансиер на влашката партија во Македонија, а самиот активно учествувал во сегрчкото влашко здружение.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22649

Господин Србиновски сигурно забрави, че България нападна Македония, но от нейната многохилядна армия в Мк останаха само тенковете и...

08-08-2012, 05:48 PM
Reply
Филибе Offline
Member
***

Posts: 196
Joined: Jun 2010
Reputation: 9

Велјановски: Посилните ќе притискаат да ги прифатиме бугарските ставови

Историчарот Новица Велјановски, еден од најистакнатите македонски експерти, со кого разговаравме за препораката на Европскиот парламент Македонија и Бугарија во заедничка комисија да ги решава комплицираните теми од образованието по историја, предупредува на опасноста од можни злоупотреби од европската политичка елита, од политизација и притисок врз Македонија.
Барањето за македонско-бугарска комисија по историја според Велјаноски е поттикнато пред сè од политички, а не од научни причини.

- Мислам дека таа препорака нема да значи ништо бидејќи ставовите во однос на историските настани и личности со бугарската историографија се спротивставени и тешко е, ако не и невозможно, да се постигне заедничко гледање. Бугарија сè уште не престанала да го негира постоењето на македонската нација, јазик и историја сметајќи ги Македонците како Бугари.

За кои историски периоди најмногу би се кршеле копјата меѓу македонските и бугарските историчари?

- Од средновековието тоа е односот кон Самоиловата држава. Ние ја сметаме за македонска средновековна држава, а Бугарите за бугарска. Самоил го сметаат за Бугарин бидејќи тој правел обиди да се обнови старата бугарска држава во Македонија. Сличен е и односот кон македонските просветители св. Кирил и Методи, св. Климент и св. Наум Охридски, кои во Бугарија се сметаат не за словенски, туку за бугарски просветители. Спорен е периодот на преродбата од крајот на 18 век. Речиси сите преродбеници и културнонационални творци, како на пример Миладиновци, Жинзифов, Цепенков, Прличев и други, бугарската историографија ги смета за бугарски преродбеници. Тоа не го прифаќа македонската историографија. За периодот на Втората светска војна спорно е прашањето дали Бугарија како припадник на Хитлеровата коалиција во текот на Втората светска војна изврши окупација на Македонија или пак присоединување на „свои“ територии и исправање на историската „неправда“ кон Бугарија од минатото. Тоа за Македонија не е прифатливо бидејќи според меѓународното право, освојувањето територии на други држави во војна се смета за окупација. За периодот по 1994 година се смета дека Македонија на Првото заседание на АСНОМ во 1994 година е конструирана и создадена на антибугарски национални основи, што упатува на тоа дека, според нивното гледање, требало да биде составен дел на бугарската држава.
Во бугарската наука се тврди дека македонскиот народ не бил прашан за својата иднина, туку насилно бил втурнат во југословенската федерација. Всушност, нема период што со нешто не е спорен во историографијата на Бугарија и на Република Македонија.
Имаме ли ние доволно стручен кадар, имаме ли документација што би ја користеле во „справувањето“ со бугарските историчари?

- Имаме доволно кадри. Во документацијата сме малку хендикепирани бидејќи поради непостоење држава што би се грижела за културното наследство на Македонија се изнесувани документи и артефакти што денес се наоѓаат во соседните балкански држави или на други места во светот.

Со оглед на негаторската политика на соседна Бугарија и големите разлики во толкувањето на историското минато очигледно е дека несудена ќе биде заедничката комисија по историја? Како да се најде вистинското решение за овој проблем?

- Мислам дека нема потреба од таква комисија. Тие прашања треба да ѝ се препуштат на науката. Тоа се прашања што не се решаваат преку ноќ и со една комисија, туку со тек на време и со спротивставување на аргументите. Има и други земји во светот (на пример, Турција и Ерменија), кои имаат спротивставени гледања за некои прашања, па тоа не може да го реши комисија. И во развиената Европа има спротивставеност по одредени прашања (Германија и Чешка и Франција и Германија и др.), па никој не им формира комисија за решавање на тие прашања.

Здружената комисија е по барање на бугарскиот европратеник Евгениј Кирилов. Нејзината задача ќе биде толкување на историските настани, зголемување на соработката на академско ниво и подобрување на ставот што младината го има кон своите соседи. Господине Велјановски, сака ли Европа да нè натера да ја учиме историјата на бугарски начин?

- Формирањето комисија е политички потег, не научен. Таква опасност постои. Секогаш поголемите држави им ги наложуваат своите ставови на помалите. Типичен пример е „проблемот“ со името на нашата држава. Кога бевме во рамките на Федеративна Југославија, никому не му пречеше тоа име и тоа не асоцираше на територијални претензии. Уверен сум ако ние бевме поголема и посилна држава, Грција никогаш не ќе го поставеше прашањето за името како проблем. Нешто такво може да се очекува и со формирањето на комисијата за прашања поврзани со Бугарија. Ќе се бара да преговараме , но да ги прифатиме бугарските ставови.

Стојанка Митреска

http://www.mkd.mk/9306/makedonija/interv...e-stavovi/
08-08-2012, 06:00 PM
Reply
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

РАЗОТКРИЕНА ГОЛЕМА ПЕДОФИЛСКА И КАНИБАЛИСТИЧКА МРЕЖА РАСПРОСТРАНЕТА НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ


Шокантно: Сексуално ги злоупотребувале и јаделе деца


Инспекторите откриле дека зајачето со кое педофилите ги намамувале жртвите било главен лик од холандска детска серија и книга. Преку него тие успеале да дојдат до Роберт Микелсон во Амстердам, кој признал дека злоупотребил над осумдесет деца. Меѓу обвинетите кои биле вклучени во педофилската мрежа биле фатени и четиринаесет бугарски државјани


Слатко плишано зајаче помогнало да се разоткрие големата педофилска мрежа распространета низ целиот свет. За две години криминалистите успеале да уапсат 43 лица од вкупно седум земји, кои биле директно инволвирани во овој случај. Еден од главните водачи на групата педофили, бил детскиот куклар од Флорида, а во групата членови биле и хотел-менаџер во Масачусетс, медицински техничар во Канзас, работник од Холандија. Фотографијата на кое се наоѓало 18-месечно бебе кое позира со плишаната играчка било причина да се дојде до главните извори на мрежата со седиште во Амстердам, пренесуваат американските медиуми. Инспекторите откриле дека зајачето со кое педофилите ги намамувале жртвите било главен лик од холандска детска серија и книга. Преку него тие успеале да дојдат до 27 - годишниот Роберт Микелсон во Амстердам, кој работел како бебиситер во детска градинка. Тој признал дека злоупотребил над осумдесет деца и е осуден на 18 години затвор, со задолжителен психијатриски надзор. Во компјутерот на Микелсон се најдени илјадници слики од мали деца. Уапсените мажи се обвинети за сексуално злоупотребување на деца, размена на експлицитни фотографии како и он-лајн разговор за киднапирање и јадење на младите жртви. Повеќе од 140 млади жртви беа идентификувани од страна на властите според кои немало крај на откриените фотографии во компјутерите на осомничените, зашто постојано се појавувале нови. Тие исто така се обидуваат да се утврди дали мажите сериозно зборувале за убиство и канибализам или тоа биле споделување на изопачени фантазии.


- Тие се најлоши од најлошите. Ова е детето што е буквално силувано од страна на возрасни, изјави Брус Фокарт, агент задолжен за царината на САД и за домашна безбедност и имиграција, агенција за спроведување на истраги во Бостон.
Разоткривањето на педофилската мрежа почнала да се случува кога Роберт Дудика од хотел Шератон испратил фотографија на голо холандско момче до таен агент во Бостон, кој се инфилтрирал во мрежата, по претходно добиените сознанија за педофилската група, пишува статесман. Дудика е оженет и татко на три деца, а го користел псевдонимот Бабѕтоддд. Сликата со бебе која Дудика ја испратил на друг човек со исти склоности, директно стигнала кај агент на Интерпол. Сведок за холандската полиција признал дека играчката - полнето зајаче познато како Миффѕ, според познатиот лик од серијата е користена за намамување на децата. Полицијата открила слики и он-лајн разговори во компјутерите на Роберт Дудика, а откај него фотографиите биле праќани на други осомничени во седум земји, вклучувајќи ги и Канада, Велика Британија, Германија, Шведска и Мексико. Најстарата жртва во Холандија имала четири, а најмладата само 19 дена. Дудика се изјасни за виновен за детска порнографија и сексуална експлоатација и е осуден на 18 години затвор. Неговиот адвокат, Ричард Свини, рекол дека Дудика бил сексуално злоупотребуван како дете од страна на другар. Во мај, властите го најдоа и третиот клучен човек Мајкл Арнет во Канзас, кој ги обработувал фотографиите и ги препраќал. Агентите откриле фотографии, кога пребарувале низ компјутерот и откриле разговор со Микелсон. Разговорите се воделе околу киднапирање и убивање на децата, а биле испраќани фотографии на деца кои се ставени во рерна. Арнет најмногу сакал да зготви дете за Велигден, што било само негова фантазија. Но тоа не го убедило обвинителството откако ги виделе фотографиите на 2 - годишно дете кое го ставаат во рерна. За среќа во домовите на осомничените не биле пронајдени докази дека некое дете навистина било зготвено. Меѓу обвинетите кои биле вклучени во педофилската мрежа биле фатени и четиринаесет бугарски државјани.

ГРОЗОМОРЕН СЛУЧАЈ ВО КУМАНОВО


Тројца кумановци силувале 13 годишно девојче


Тројца кумановци, меѓу кои и еден малолетник, викендов силувале тринаесетгодишно девојче во двор од основно училиште, информираше МВР. Станува збор за М.Д. (19), О.С. (20) и Ч.В. (15) против кои биле поднесени кривични пријави за полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години, но засега нема информации дали завршиле во притвор.
Според полициските информации деветнаесетгодишникот ја искористил довербата на малото девојче со кое претходно бил во љубовна врска и ја викнал да дојде во училишниот двор. Таа, не сомневајќи се во неговите намери, се појавила само за да види дека ја чекаат тројца момчиња. Осомничениот не губел време и веднаш со сила го соборил девојчето на земја, ја соблекол и ја силувал. Ако тоа не било доволно и другите двајца ги задоволиле своите гнасни страсти врз беспомошното девојче кое го оставиле да лежи во дворот.
Нивните закани не помогнале, бидејќи силуваната малолетничка веднаш им раскажала на своите најблиски за пеколот низ кој минала, а тие пак пријавиле во полициската станица во градот. Лекарскиот преглед ги потврдил изјавите на девојчето и тројцата осомничени веднаш биле уапсени.

(И.Р.)

http://vecer.com.mk/?ItemID=A52A784D1FE5...F75F93391D

Македонско издание твърди, че 14 българи са арестувани в рамките на операция за разбиване на международна педофилска мрежа
09 август 2012 | 09:41 | Агенция "Фокус"
Начало / Македония
Скопие. 14 българи са били арестувани в рамките на операция за разбиване на международна педофилска мрежа. Това твърди македонският вестник “Вечер”, като цитира американски медии. В статията под заглавие „Шокиращо – сексуално злоупотребявали и изяждали деца” скопското издание пише, че в мащабна полицейска операция в седем страни, за две години са били арестувани 43 души, обвинени в педофилия. Един от водачите на групата бил кукловод. Сред арестуваните и обвинените педофили, според „Вечер” имало и 14 български граждани.
Проверка на Агенция “Фокус” в интернет посочва, че в информацията за арестувани педофили, разпространена от световни медии, няма данни за арестувани българи


Без Ботев няма България
09-08-2012, 04:26 PM
Reply